Бизнис ИНФО, број 288

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО Број 288

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

goodini

192

2 - 2016

16.12.2016

СПРОВЕДЕНО АНКЕТНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО КОМПАНИИТЕ ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Редовна прес конференција ПРЕКУ СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ДО ПОГОЛЕМ РАСТ И ПРИХОД НА ТУРИЗМОТ ВО ВКУПНАТА ЕКОНОМИЈА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ

ПРЕКУ СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ДО ПОГОЛЕМ РАСТ И ПРИХОД НА ТУРИЗМОТ ВО ВКУПНАТА ЕКОНОМИЈА

Согласно официјалните статистички податоци во изминатите 6 години, од 2010 година до јуни односно септември 2016 година, инкасирани се близу 900 милиони евра како приход во државната каса по три основи од дејноста туризам и угостителство. Преку приходи од девизен ефект, во износ од 830 милиони евра, од 18% ДДВ во угостителството во делот на промет со храна и напитоци 60 милиони евра и од туристичка такса 3, 15 милиони евра. Со цел анализа на податоците и перспективите на развојот на туризмот и угостителството, минатата недела Здружението на угостителството и туризмот организираше Конференција на тема: „Преку конкретни стимулативни мерки до очекуван раст и приход на туризмот во вкупната економија“, која беше поддржана и од Министерството за економија на Република Македонија, истакна Даниела Михајловска Василевска, на денешната прес конференција. (12.12.2016 година). Преку материјалот што беше презентиран на Конференцијата, Здружението на угостителството и туризмот сублимираше Заклучоци во рамките на трите поттеми за кои


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ се разговараше, а тоа се туризмот, угостителството и образованието. Заклучоците ќе бидат доставени до надлежните институции во државата со порака дека доколку сакаме да се стремиме кон остварување на стратешки зацртаните цели, во конкретниов случај согласно Националната стратегија за туризам на Македонија, донесена оваа година со важност до 2021 година, ќе мора час поскоро да се обезбеди консензус за приоритетните чекори кои мора да бидат преземени во угостителството и туризмот. Во спротивно, се доведува под знак прашање остварувањето на клучната цел во Стратегијата - обезбедување 5% учество на туризмот и угостителството во бруто домашниот производ на државата, од сегашните 2%. Согласно актуелните состојби во туризмот, во моментов доминираат езерскиот и градскиот туризам, со фокус на Скопје дефинирано како културна дестинација. Согласно перспективите, можностите и сл., се лоцираат 3 видови туризам каде што државата треба да се концентрира во следниот период, а тоа се планинскиот, бањскиот и транзитниот туризам, истакна на прес-конференцијата Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Комората. При тоа, тој посочи дека Македонија нема доволно развиени центри за развој на планинскиот туризам, ниту пак тур-операторите имаат што да понудат. Во моментов Македонија има 3 до 4 зимски туристички центри, каде инвестициите се сведени на минимум, а дел од нив немаат ниту еден изграден хотел. - Македонија уште во 70-тите години има правено стратегија за развој на Солунска Глава, од аспект на туризмот, но засега нема преземено поконкретни активности иако има основ, - информираше Сирачевски. Во делот на бањскиот туризам, имаме 5 до 6 бањи кои биле активни во минатото, а сега дел од нив се оставени на забот на времето, а дел од топлите и минерални води наместо за бањски туризам се користат за наводнување оранжерии. Во рамките на транзитниот туризам нема изградено ниту еден хотел по должината на Коридорот 10, нема ресторани, нема менувачници. Земјата има можност за развој и на други видови туризам - алпинизам, пештерски, верски, ловен, конгресен, спортски, рекреативен, но за сето ова државата треба да овозможи неколку предуслови: 1. Соодветна хотелска инфраструктура - Во овој период изградени се само неколку нови хотели по светски стандарди. Точно е дека е 30% искористеноста. 2. соодветна патна инфраструктура; 3. квалитетен персонал; 4. квалитетни ресторански услуги; 5. транспорт; 6. подигнување на степенот на хигиената, бидејќи се` уште има многу депонии кои се во близина на туристичките места, на самиот автопат. Многу ѓубре и многу пластика на несоодветни места.


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО За таа цел, Здружението на угостителството и туризмот во следната 2017 година ќе работи на повеќе отворени прашања со цел да се остварат проекциите согласно Стратегијата за туризам, посочи Асим Меѓедовиќ, член на Здружението. Меѓу приоритетните од низата 20 отворени нерешени проблеми, како клучни се: враќање на домашните туристи, преку взаемна соработка на туристичките агенции и угостителските објекти за сместување, за прифаќање туристи во периодот вон сезона или во периодите на ниска сезона. Моделот е со државна поддршка да се овозможи одредени категории граѓани, ученици, студенти, лица со посебни потреби, пензионери, но и други категории, да користат вакви бенефиции, веќе применет во земјите од регионот, Хрватска, Србија итн. Се бара активната соработка на државните институции со бизнис секторот при креирање на политиката на туризмот од аспект на разни видови поддршка, стимулации, поголема координираност и вклученост на бизнис секторот при одржување на саемски манифестации и презентација на Македонија како атрактивна туристичка дестинација, категоризација на автобусите кои се користат за туристички патувања, контрола и следственост на работата на туристичките агенции согласно обврските по лиценцата која ја имаат добиено од Министерството за економија и спречување на нелојалната конкуренција од „човек агенциите“, пред се` во Охрид и Струга. Меѓедовиќ потенцираше и дека за дејноста е особено важно да се вложува во обновливи извори на енергија како модел на премостување на високите трошоци со кои овој дел учествува во цената на угостителските услуги, обезбедување поволни услови за нови инвестиции, за изградба на нови угостителски објекти и обновување на постојните, согласно светските трендови, менување на моделот на категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност, кој е со обемна административна процедура и сл. Во делот на едукацијата, се предлага, средните училишта но и факултетите да имаат задолжително два семестара пракса, по теркот на практичната настава во развиените западноевропски земји, каде туристичкото образование е доста успешно и да се воведе факултативен (втор јазик) на факултетите, согласно потребата во одредени региони и како резултат на странски туристи од конкретно говорно подрачје (холандски, француски, полски, турски). Инаку, согласно статистиката, анализирано по години, вкупниот број на туристи, како и бројот на странски туристи е во континуиран пораст. Иста е состојбата и со ноќевањата. За разлика од овие позитивни бројки, кај домашните гости, стагнира и бројот на гости по години, и бројот на реализирани ноќевања. Во 9-те месеци од 2016 година евидентирани се 701.168 туристи, што е за 4,3% повеќе од истиот период лани. Даниела Михајловска


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Одржана Шестата седница на Собранието на Стопанската комора на Македонија

ИЗВЕШТАЈ ЗА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО КОМПАНИИТЕ На седницата на Собранието на Стопанската комора на Македонија (15.12.2016), на која беа донесени Програмските насоки за активностите на Стопанската комора на Македонија во 2017 година и Финансискиот план на Стопанската комора на Македонија за 2017 година, се презентираше Извештајот од анкетата која Стопанската комора на Македонија во втората половина на ноември 2016 година ја спроведе меѓу своите членки заради согледување на актуелните состојби со инспекцискиот надзор што се спроведува во компаниите од страна на надлежните инспекциски органи во земјата. По оваа точка од Дневниот ред, присутни беа м-р Зоран Поповски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и г-дин Венцислав Бошковски, државен рударски инспектор од Државниот инспекторат за техничка инспекција.


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Во периодот во кој се спроведуваше анкетното истражување, во презентацијата наведе Билјана Пеева Ѓуриќ, директорка во Стопанската комора на Македонија, добиени се одговори од 440 компании различни по големина според број на вработени и остварен приход во последната финансиска година, како и од различни стопански дејности, со најголемо учество на компании од индустријата, градежништвото, транспортот и шпедицијата, текстилно-кожарскиот сектор, информатиката и компјутерското програмирање, металургијата, енергетиката, угостителството и туризмот и комуналната дејност. При тоа, 93% од анкетираните компании имаат искуство со инспекциски надзори во нивното работење. Во анализираниот период државниот инспекторат за труд вршел најчеста контрола со учество од 28%, како и Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за животна средина со по 12%, а најмалку со 1% следуваат Агенцијата за лекови, Управата за сигурност во железнички систем, Државниот архив, Министерството за економија (концесии) и Државниот управен инспекторат. Доколку во еден тековен месец повеќе пати е извршен инспекциски надзор, тогаш според одговорите на анкетираните компании, Државниот инспекторат за труд најчесто спроведувал надзор, што претставува учество од 38% од одговорите, по што следуваат Државниот инспекторат за техничка инспекција со 11%, Државниот инспекторат за животна средина и Агенцијата за храна и ветеринарство со 9%, додека


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

не е наведено спроведување на инспекциски надзор од страна на Агенцијата за лекови, Министерството за економија (концесии), државниот архив и Државниот управен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување и Дирекцијата за заштита на личните податоци. Најчести санкции изречени од инспекциските органи спрема анкетираните претпријатија се опомените со 67% застапеност, глоби само во 30% од случаите, додека привремена забрана за вршење дејност не е изречена кај ниту една компанија која учествуваше во анкетата. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-дин Зоран Поповски наведе дека интенцијата на контролите кои ги спроведува Агенцијата пред се` е во функција на едукација и превенција од настанување на последици штетни по здравјето на луѓето. При тоа, истакна дека заложбите на Агенцијата се во насока на остварување блиска соработка со компаниите за да им се укаже на правилната примена на прописите со што би се надминале евентуалните пропусти во работењето и ги повика компаниите – оператори на храна редовно да ги следат промените на легислативата и меѓународните стандарди од оваа област. Доколку компаниите имаат било какви проблеми со спроведувањето на надзорот и контролите за истите да го контактираат. И од страна на г-дин Венцислав Бошковски, државен рударски инспектор од Државниот инспекторат за техничка инспекција, беше наведено дека при вршењето


БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

9

СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО на инспекциските надзори се раководат истите да имаат корективен карактер за да не се загрози безбедноста на вработените. Заеднички е ставот и на компаниите и на инспекциите дека висината на глобата не треба да предизвика нарушување на работењето, туку да служи како превентивна мерка, прво да се изрече опомена која доколку не се испочитува, или отстрани согласно рокот, да се пристапи кон изрекување на глоба. Казните да се изрекуваат кога намерно се прават повреди на прописите заради прибавување на корист со сторување на повредата и/или со тоа намерно се предизвикуваат штетни последици. Љупка И. Самарџиска


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Состанок на кабелските оператори

ЈАСНИ ПРАВИЛА НА ПАЗАРОТ НА УСЛУГИТЕ Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 13.12.2016 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите на пазарот на услугите на членките и со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите - кабловски оператори во Република Македонија. Пазарот во кој делуваат кабловските оператори е мошне динамичен и е под влијание, како на внатрешни субјекти, така и на надворешни, меѓународни сериозни субјекти, што директно условува силен импакт на финансиското тековно работење на македонските компании.


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Кабловските оператори истакнуваат дека и сегашните зафаќања од остварениот приход на кабелските оператори (особено за наплата на авторските права и филмскиот фонд), како и најавени други финансиски обврски, се пазарно нереални и претставуваат можен предуслов и закана за прелевање на товарот на крајниот потрошувач, преку вградување на дополнителните трошоци во сметките на крајниот потрошувач. Бизнис заедницата го потврди ставот дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат да се обезбеди соодветен надомест за авторите и економски одржливи трошоци за компаниите. Потребно да се почитуваат законските прописи, критериуми во односите со сите засегнати страни, преку транспарентност во работењето, отворени разговори со аргументирани ставови, за да се дојде до прифатлив договор. Присутните потврдија дека, согласно добрите практики во Стопанската комора на Македонија, ќе се негува и ќе се афирмира процесот на преговарање и дијалог на засегнатите страни, во кој треба да се најде решение на проблемите, имајќи ги предвид економските параметри и амбиентот на стопанисување на компаниите. Лазо Ангелевски


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Штип

ПРЕЗЕНТИРАН ДУАЛНИОТ СИСТЕМ НА ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕД БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ШТИП На 14.12.2016 година, во Штип, се одржа Петтата седница на Регионалната комора со седиште во Штип, со која раководеше претседателот Наум Барзов.

На седницата присуствуваа бројни претставници од бизнис заедницата од Штип и од источниот регион, претставници од локалната самоуправа, директорите на средните стручни училишта, раководителот на Центарот за вработување од Штип, како и оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Елена Милевска Штрбевска. М-р Елена Милевска Штрбевска пред присутните го презентираше дуалниот систем на образование, во насока на обезбедување квалификуван стручен кадар во средните стручни училишта, согласно потребите на бизнис заедницата. Таа даде краток осврт за Иницијативата на Комората во делот на воведување на дуалниот систем во средното стручно образование – план и начин на реализација.


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Обезбедување на квалификувана работна сила за потребите на стопанството е еден од клучните предизвици во Македонија. Системот на средно стручно образование има значајна улога во економскиот развој и просперитет. Притоа, средното стручно образование не е само функционална мерка за промовирање на економските цели. Тоа исто така има потенцијал да го подобри преминот од училиште во работниот свет и да им понуди на младите перспектива за планирање на кариерата, а со самото тоа и за пронаоѓање на сопствената улога во општеството. Со оваа иницијатива, Комората во наредниот период ќе продолжи со активностите за обезбедување релевантни идеи, концепти, можности и аргументи коишто би ја поддржале рационалната дискусија за изводливоста и модалитетите на реформите на актуелниот систем на средното стручно образование во Македонија, а сето тоа да биде во согласност со потребите на бизнис заедницата, истакна Милевска Штрбевска. Претставниците од средните стручни училишта, поздравувајќи на иницијативата, ја посочија потребата од поголема активност и вклученост на компаниите во спроведувањето стручна пракса. Компаниите изразија поддршка во спроведувањето на Пилот-проектот и воопшто на овој процес. Сите присутни на седницата се согласија дека во процесот на спроведувањето на овие активности треба да се посвети поголемо внимание во однос на флексибилноста на наставните планови и програми, професионалната ориентација да започне уште во основното образование. Од страна на претседателот Барзов беа презентирани активностите што ги имаше Регионалната комора со седиште во Штип во 2016 година, а потоа и Предлог-активностите за 2017 година, по што следуваше дискусија, односно претставниците на бизнис заедницата дадоа свои предлози и сугестии за идното работење. Моника Стоичева


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Групација за противпожарна заштита

РЕВИДИРАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊАТА И ДА СЕ ПРОВЕРИ НИВНАТА УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

На седницата на Групацијата за противпожарна заштита, одржана на 15.12.2016 година, расправајќи за актуелните состојби во оваа дејност и за активностите кои треба да се преземат во 2017 година за подобрување на амбиентот за стопанисување на деловните субјекти од оваа област, како еден од проблемите во работењето се посочи недостатокот на контрола на квалитетот на увезените противпожарни апарати, противпожарни системи и другата опрема за заштита од пожари и спасување, како и медиуми за гасење на пожар (прашок, ЦО2 и друго) и квалитетот на нивното сервисирање. На состанокот се потенцира дека на зголемување на нелојалната конкуренција влијае и недоволната активност на надлежните инспекциски органи, злоупотреби на поедини инспектори со отворање на сервисни фирми.


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Се посочија проблеми и за дефинирање која надлежна институција треба да ги спроведува и да ги контролира уредите, опремата и средствата за гасење, односно дали тие се увезени во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност? Во дискусијата се истакна дека за подобрување на работата на стопанските субјекти неопходно е да се изврши ревидирање на овластувањата и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, а ревидираната листа на издадени овластувања редовно да се објавува на сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ. Воедно, се истакна дека е потребно поконкретно дефинирање на техничките нормативи и стандарди, како и задолжителните постапки при сервисирање одржување и контролно испитување на ПП-опремата согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот. Укажана е и потребата од донесување на дополнителни прописи од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на останатата противпожарна опрема и опрема за заштита и спасување. Ова посебно се однесува на професионалните и индустриски единици и доброволните протипожарни друштва. На седницата се поддржаа заклучоците за изготвување на измени и дополнување на прописите со кои ќе се издвојат овластувањата за вршење на работа на сервисирање и одржување на системи за откривање и јавување на пожар, за гасење пожар и за системи за откривање експлозивни смеши, како и воведување правна обврска за полагање стручен испит кој покрај сервисирањето ќе опфати и проектирање и изведба на ваквите системи. Посебен акцент се даде на потребата за воведување на институцијата овластување за обучување на вработените за противпожарна заштита и спасување, како и изработка на проценки и планови за заштита и спасување од пожари, експлозии и други опасни материи. На седницата се формира работна група за средба со надлежните раководни лица од Дирекцијата за заштита и спасување. Војкан Николовски


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

Еднодневен семинар 19.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 15 декември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната“. Целта на семинарот е да ги запознае учесниците со основните барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната – барања по ИСО и ХАСАП стандарди. Семинарот е наменет за сите лица кои се вклучени во процесот на производство на храна (примарна амбалажа, подготовка и послужување на храна, производство на безалкохолни пијалаци и сл.), снабдување и безбедност на храната. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневен семинар 20 декември 2016 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

УЛОГАТА И ПРАВАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКA И ПАРНИЦИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија, на 20 декември 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со правните последици од отворање на стечајната постапка врз правата на доверителите на стечајниот должник, пријавување и утврдување на побарувањата на доверителите, улогата на доверителите во органите на стечајната постапка и др. Предмет на разгледување ќе биде и статусот на стечајните доверители, доверителите со право на одвоено намирување, излачните доверители и доверителите на стечајната маса. Посебен осврт ќе биде даден на видовите на тужби кои произлегуваат од стечајната постапка, меѓу кои и тужбите за побивање на правните дејствија на должникот, со судска пракса. Ќе се анализираат поединечни одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителите во стечајната постапка и нивната позиција во споровите кои произлегуваат од стечајната постапка. Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за стечај и да предложат можни солуции - решенија за нивно надминување.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ДАНОК НА ДОБИВКА, КОНЦЕПТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ НА НЕПРИЗНАЕНИ РАСХОДИ И ПОМАЛКУ ИСКАЖАНИ ПРИХОДИ ...

Еднодневен семинар 21.12.2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Даночниот обврзник има законска обврска да води деловни книги согласно законската регулатива и меѓународните сметководствени стандарди, оданочувањето се темели на податоците од сметководствената документација, додека во процесот на даночна постапка даночните инспектори ги користат сите доказни средства потребни за утврдување на фактите кои се од значење за оданочувањето. Првиот дел од семинарот е дизајниран со цел да се презентира правилната примена на легислативата и законските измени кои го уредуваат поимот документација, значењето на електронската кореспонденција како доказна сила за даночни цели и во судски спорови. Во вториот дел од семинарот ќе се презентира даночниот третман на расходите направени во 2016 година, односно правилно постапување согласно одредбите од Законот за данок на добивка, методологијата за пресметка на добивката како разлика на вкупните приходи и расходи зголемени за непризнаени трошоци. На обуката ќе се споделат досегашните искуства и практики кои произлегуваат од инспекциските, односно даночните контроли во однос на доказната сила на електронската комуникација, дописи, преписи, како и значењето на пропратната документација во процесот на доказ за даночни цели, одговорноста за водењето на законски исправни трговски книги и изготвувањето на годишните сметки, како и правилна примена на одредбите од Законот за данок на добивка (непризнати трошоци) со што би се намалиле изречените санкции и искажаните податоци во даночните биланси и финансиските извештаи ќе бидат веродостојни. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.12.2016 година (понеделник) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Еднодневен семинар: „ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ“

Стопанската комора на Македонија, на 26 декември 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, нивната правна природа, видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право. Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување. Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 22.12.2016 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

18.01.2017 - 19.01.2017

Ротердам, Холандија

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Холандија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на 12. Саем „InfraTech“ за инфраструктура, што ќе се одржи од 18-19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија. „InfraTech“ е основан во 1996 година во Холандија. На Саемот главен акцент ќе се даде на нови проектни идеи и нови партнери за соработка од областа на: 1. инфраструктурата; 2. водата; 3. јавниот простор и мобилност; 4. канализацијата; 5. иновации за инфраструктурата и др. На 18 јануари 2017 година учениците ќе имаат можност да остварат директни средби со холандските владини претставници од градот Ротердам. Во рамките на Саемот „InfraTech“, на 19 јануари 2017 година, ќе се одржат и деловни средби, кои ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со компании, универзитети и истражувачи од цела Европа, заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање соработка со компании и партнери од областа на инфраструктурата. 12. Саем за инфраструктура „InfraTech“ ќе се одржи од 18 до 19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија, на простор од околу 30.000 м2. Доколку сакате да се пријавите и да присуствувате на Саемот „InfraTech“ и на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/infratech2017, најдоцна до 13 јануари 2017 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција

„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

Бизнис-средби

06.04.2017 Софија, Р. Бугарија

Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да воспоставите контакти со нови деловни партнери Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ на 6 април 2017 година (четврток), од 10: 30-18: 00 часот, во Софија, Република Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време на меѓународните изложби „MachTech & InnoTech“ (http://machtech.bg/en); Саемот „MachTech & InnoТech“, е најголемиот меѓународен саем на машини, технологии и индустриска опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „InnoТech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи за автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска електроника, опрема, роботика. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна група на овој настан. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик: англиски.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 16 декември 2016, Бр. 288

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Босна и Херцеговина чија основна дејност е увоз и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, вино, кондиторски производи, чаеви и многу други производи наменети за угостителството, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на голем број разни семки, како и суровини за кондиторската индустрија бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.

Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка со акцент на кондиторски производи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на нивните производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на кондиторски, хемиски производи козметика, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година.

Компанија од Полска која врши големопродажба и дистрибуција на безалкохолни и енергетски пијалаци е заинтересирана за соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Полска компанија која врши дистрибуција на освежителни безалкохолни пијалаци бара компанија од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите компании од Полска кои вршат дистрибуција на алкохолни, безалкохолни, газирани и негазирани пијалаци, како и пиво, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите дистрибутерски компании од Босна и Херцеговина,


петок, 16 декември 2016, Бр. 288

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА којашто врши дистрибуција на огромен број познати брендови со врвен квалитет, со широк асортиман на козметика, прехранбени и непрехранбени производи, технички и електрични апарати, фармацевтски производи, текстил, играчки, цигари и моторни масла, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на цигари, производи од тутун, прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на разновидни

www.mchamber.mk

производи за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуциоја на прехранбени, кондиторски производи и сокови, бара компании од Р. Македонја за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.

Контакт: Александро Крстевски Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-036 Факс: +389 2 3244-088 aleksandro@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.