БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 295
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
17.02.2017
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 95 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ЈУБИЛЕЈ
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – 95 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕДенес, 17 февруари 2017 година, во присуство на комлетната домашна бизнис елита, придружувана од присуството на дел од влијателните, за Македонија, домашни и меѓународни економски и политички личности, на свечен и достоен начин и во работен дух, се одбележа 95 годишнината од постоењето и функционирањето на најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата, Стопанската комора на Македонија. Одбележувањето на годишнината беше збогатена со организирање на тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“, иницирана од двегодишната работа на стопанските комори и нивните членки за развивање и практично заживување на една значајна иницијатива - Иницијативата за поврзување
1922
goodini
2017
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
ЈУБИЛЕЈ на претприемачите од малите земји, која произлезе од потребата за нивно поврзување, заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во особено тешки времиња.
На тркалезната маса учествуваа реномирани претставници од бизнисот, науката и од бизнис-асоцијациите, поранешни премери и претседатели од регионот и пошироко, кои потекнуваат или работат во мали земји, и тоа: Mило Ѓукановиќ, црногорски државник, искусниот хрватски политичар и државник Стипе Месиќ ; Бранко Роглиќ, сопственик на „Орбико“, хрватски милијардер, меѓу најуспешните претприемачи во регионот, водечки дистрибутер во Европа; Свето Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, македонски бренд во бизнисот и менаџерството; д-р Владимир Глигоров, меѓународен економски експерт од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, чија работа е насочена на научно-истражувачки студии во земјите од Балканот; д-р Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и главен организатор на Копаоник бизнис форумот; проф. д-р Кочо Анѓушев, главен извршен директор на Групацијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје, професор на Машинскиот факултет при УКИМ, потпретседател на Комората и успешен македонски бизнисмен и претприемач; проф. д-р Драган Микеревиќ, редовен професор на Економскиот факултет во Бања Лука, претседател на УО на Сојузот на сметководители и ревизори на Република Српска; поранешен премиер на Република Српска; Џемал Инаишвили, претседател на Конфедерацијата на азиско-пацифичките трговско-индустриски комори и
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО
5
ЈУБИЛЕЈ член на Генералниот совет на Светската коморска федерација, поранешен пратеник и заменик претседавач на грузискиот парламент; Сава Далбоков, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и член на Управниот одбор на „Steiermärkische Bank und Sparkassen AG“, Австрија; д-р Златко Симоновски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ФАКОМ АД Скопје, една од најголемите компании во Југоисточна Европа во металопреработувачката индустрија, Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Сафет Ѓерѓалиу, претседател на Стопанската комора на Косово. Модератор на тркалезната маса беше проф. д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје“. Во дискусијата, учесниците ги изнесоа своите видувања и искуства, дискутирајќи околу следните прашања: Да се биде мала економија е предност или недостаток? Како треба да реагираат малите економии на тековните случувања во големите економии? Можат ли малите економии да изградат сопствени мултинационални трговски марки или таквите „брендови“ треба да се увезат од „светот“? Можно ли е да се биде мал, а конкурентен, во отсуство на соодветна инфраструктура, образована и квалификувана работна сила, стабилни и ефикасни институции и структурни реформи? Како да се финансира растот на малите економии и нивното приближување кон светските пазари? Имаме ли доволно големи банки, коишто се заинтересирани да ги финансираат фирмите од малите економии? Кои би биле правилата на фискалната и монетарната политика за малите економии? Дали ниските даноци и каматни стапки се лек за сè, или пак за успех се неопходни предвидливост, стабилни макроекономски политики и правично постапување?
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
ЈУБИЛЕЈ Како заклучок од дискусијата по наведените прашања, беше и фактот дека оваа тркалезна маса несомнено го оправда нашето очекување дека е неопходно зголемување на директната соработка меѓу претприемачите од малите земји и дека се реални и оправдани заедничките иницијативи, активности, барања, но и потреби за поврзување, заедничко дејствување и соочување со предизвиците за водење бизнис во вакви особено тешки времиња и услови за водење бизнис.
Во таа насока беа и следните заклучни согледувања, произлезени од излагањата на учесниците: Развојот на земјите не зависи од големината, туку од институционалните капацитети на државата и нејзината стабилност. Имаме неограничен светски пазар и постојат реални претпоставки да се направи добар бренд. Малите земји имаат капацитет својот развој да го овозможат преку развој на компаративните предности на секоја од нив, но наместо да се навраќаме на минатото, потребно е да се свртиме кон индината. Нашите активности во иднина треба да се насочат кон: • Обединување на напорите за соработка на претприемачите од малите држави и на соработката на малите држави меѓусебно ; • Дефинирање на предизвиците, активностите и конкретните заеднички проекти на кои ќе работиме и тоа од различни области.
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО
7
ЈУБИЛЕЈ За да го постигнеме тоа потребно ни е да изградиме една култира на соработка, како увертира во нешто ново - одржлива структура/ здружение или еден интегриран концепт на состаноци на високо ниво, и во ваков или сличен состав да се гледаме и да работиме почесто. Со други зборови, ова да прерасне во традиционален настан кој со тек на време ќе придонесе за градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави и за унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави. Во сегашни услови не е можно да се биде мал и конкурентен, во отсуство на соодветна инфраструктура, образована и квалификувана работна сила, стабилни и ефикасни институции и структурни реформи, а не помалку значајни фактори кои можат негативно да се одразат врз успешноста на малите економии се и недостатокот на одговорност, недостатокот на демократски институции и правда. Деловниот свет е се посложен и тешко е да се остане надвор од политичките и општествените збиднувања. Моќта на здружувањето е токму во можноста за директно состанување на најдобрите претприемачи од малите земји, конкретни заеднички активности и проекти кои ќе следат понатаму. Најбитно е да се има сон. Да се има желба нешто да се направи. Само така ќе придонесеме да живееме во мали, но во богати, среќни и убави држави. По повод значајниот јубилеј, традиционално на овој настан се додели и Наградата на Стопанската комора на Македонија на следните компании- членки на Комората: ИГМ Трејд ДОО – Кавадарци; Мали хидроелектрани (МХЕ) – Скопје; Халкбанк АД – Скопје; Алкалоид
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
ЈУБИЛЕЈ
АД – Скопје; Дуна комјутери ДОО Скопје; ЗЗ Единство, Тетово; Печатница Европа 92 ДООЕЛ Кочани. Специјални признанија на Стопанската комора на Македонија се доделија на г-дин МИНЧО ЈОРДАНОВ, претседател на Бордот на директори на МАКСТИЛ АД – Скопје и г-дин НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ, заменик генерален директор на Рудникот БУЧИМ ДОО – Радовиш. Комората традиционално доделува и Награда за најдобар партнер на Стопанската комора на Македонија од државните институции, а добитници на наградите за добрата соработка во 2016 година се Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. М-р Елена Милевска Штрбевска, Оперативен директор на Стопанска комора на Македонија
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ИНФО
10
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
СОРАБОТКА
Одржани билатерални деловни средби меѓу македонски и српски компании
ОСНОВАНИ МАКЕДОНСКО-СРПСКИОТ И СРПСКО-МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛОВЕН СОВЕТ Како продолжение на активностите кои започнаа во октомври 2016 година, на Бизнис форумот што го организираше Стопанската комора на Србија, на 16.02.2017 година во организација на Стопанската комора на Македонија се организираа деловни средби помеѓу стопанственици од двете земји. Настанот го отвори господинот Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој потенцираше дека овие средби се уште една потврда дека двете комори имаат беспрекорна соработка и во континуитет се работи на зголемување на трговската размена помеѓу двете земји. „Целта на овие активности е да се интензивира веќе постојната добра деловна соработка, но пред се` да се поттикне можноста компаниите-членки на двете комори да се поврзуваат и да остваруваат успешни деловни односи, како и заеднички да се работи на отстранувањето на бариерите кои се јавуваат во меѓусебната соработка, што во крајна линија ќе доведе до позитивни економски резултати и развој на регионот во целина. Надворешно-трговската размена меѓу двете земји во последните 5 години надминува 600 милиони евра, со континуирана тенденција за раст како во извозот,
БИЗНИС ИНФО
11
СОРАБОТКА
така и на страната на увозот“, истакна д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. „Соработката традиционално е на високо ниво, а тоа пред се’ се должи на околноста што се работи за пазари кои се блиски и им се познати на стопанствениците од двете земји. Оваа соработка помеѓу нашите две комори уште повеќе се интензивира последните години, во рамките на Коморскиот инвестициски форум, кој веќе е признат како најсилниот кохензионен фактор на економиите на државите од Западен Балкан и кој придонесува за поголема видливост, конкурентност и атрактивност на пазарите од овој регион“, потенцираше г-ѓа Даница Миловановиќ, директор на Центарот за регионална соработка и иницијативи при Стопанската комора на Србија. Врз основа на Спогодбата за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Србија, беа одржани конститутивните седници на Македонскосрпскиот деловен совет и на Српско-македонскиот деловен совет, кои се формираа како посебна форма на организирање и работење во рамки на двете комори. М-р Живко Мукаетов, генерален директор на„Алкалоид“ АД - Скопје и потпретседател на Стопанската комора на Македонија беше избран за претседател на Македонскосрпскиот деловен совет. Во своето обраќање, м-р Мукаетов истакна дека „Алкалоид“ АД успешно работи на пазарот на Република Србија повеќе од седум децении, со 4 регионални канцеларии и сопствен производствен погон, кој е единствен надвор од територијата на Република Македонија, со повеќе од 100 вработени.Тој искажа надеж дека работењето на овие деловни совети ќе обезбеди синергија која ќе овозможи уште подобри резултати од заедничката соработка, како и дека активностите на овие
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
СОРАБОТКА деловни совети ќе обебзедат пред се` логистичка поддршка на компаниите. Господинот Миле Коциќ, генерален директор на „Јумис“ ДОО - Ниш, беше избран за претседател на Српско-македонскиот деловен совет. Тој во своето обраќање посочи дека „Јумис“ ДОО - Ниш има големо искуство во соработката со Република Македонија, а македонскиот пазар е еден од главните столбови на нивното работење. Притоа тој посочи дека активностите на овие деловни совети ќе ги насочат кон заеднички настапи на компаниите на пазарите на трети земји, вклучувајќи ги пазарите на Русија и Белорусија. М-р Мукаетов и господинот Коциќ заеднички ќе претседаваат со Координативното тело, кое беше основано на денешната седница, а кое ќе ги координира активностите на двата деловни совета, во насока на остварување на нивна интензивна соработка. За членови на Координативното тело беа именувани следните истакнати стопанственици од двете земји: 1. проф. д-р Кочо Анѓушев, „Феро Инвест“ ДОО - Скопје; 2. Аце Антевски, „Раде Кончар Сервис и поправки на електрични производи“ ДОО - Скопје; 3. Благој Дончев, „Адинг“ АД - Скопје; 4. Александар Јањиќ, „Свисслион“ ДОО - Скопје; 5. Стојанче Стојанов, „БИМ“ АД - Свети Николе; 6. Милош Ненезиќ, „Трајал Корпорација“ - Крушевац; 7. Срѓан Миленовиќ, „Пут Инженеринг“ ДОО - Ниш; 8. Милорад Андрејевиќ, „Симпо Шик“ АД - Врање; 9. Горан Ѓуриќ, „Еуроконс Груп“ – Вршац и 10. Драган Станковиќ, „Езо Група“ - Белград. Деловните совети ќе имаат задача да им помагаат на своите членови во нивното надворешно-трговско работење, со цел развивање на трговските контакти и насочување на извозно-увозни можности за повисоки облици на соработка, како и во насока на унапредување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Србија. Активностите на овие тела ќе имаат за задача да придонесат за постигнување на повеќе значајни цели, вклучувајќи:
БИЗНИС ИНФО
13
СОРАБОТКА
- зајакнување на односите и развивање на врските меѓу бизнис заедниците од двете земји; - воспоставување на континуирана комуникација со релевантните институции во двете земји со цел да се создаде подобра бизнис клима; - подготовка на конкретни проекти и предлози за зајакнување на економската соработка, како и за организирање на компаниите од двете земји за заеднички настап на пазарите на трети земји. По завршувањето на конститутивните седници на Македонско-српскиот деловен совет и Српско-македонскиот деловен совет беа организирани и билатерални средби на коишто повеќе од 130 македонски и српски стопанственици и претставници на компании од двете земји имаа можност да разменат искуства и контакти за понатамошна соработка. м-р Татјана Штерјова
БИЗНИС ИНФО
14
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
СООДВЕТНА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ - УСЛОВ ЗА РАСТ НА ТУРИЗМОТ По повеќе од 6 години колку што трае политиката на субвенционирање, за која од 2010 до 2017 година ќе бидат исплатени 11,9 милиони евра и позитивниот нагорен тренд на бројот на туристи и реализираните ноќевања во земјава, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, констатира дека досегашната политика за поддршка и промоција на секторот на државно ниво дава резултати, од аспект на раст на вкупниот број на туристи, со акцент на странските гости. Сепак, согласно годишните индикатори кои ги обработува Заводот за статистика, се констатира дека, просечно туристите остануваат по помалку од 3 ноќи во Македонија, 91,2% од странските туристи престојуваат во Хотелите во земјава. Нето-стапка на искористеност на леглата во хотелите и во слични капацитети на годишно ниво е 22,99%. Согласно статистичката евиденција, над 70% од туристите престојуваат во хотелите во Македонија и тоа 23,6% во хотели со 5*, 43,2% во хотели со 4* и 22,1% во хотели со 3*. Статистиката исто така покажува континуирано секоја година се намалува бројката на туристи што престојуваат во хотели со две и една ѕвезда, информираше на денешната прес конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Според капацитетите за сместување во Македонија се констатира исто така раст на бројот на хотели со 3 и повеќе ѕвезди и намалување на објектите со помалку од две ѕвезди. Согласно изнесените статистика, но и движењата на светскиот туристички пазар, Македонија се уште има слободни капацитети да ги прими туристите кои бараат нови и различни дестинации, а има и интерес за подобрување на условите и модернизирање на хотелите согласно трендовите кои постојат во светот, пред се од аспект на категоризацијата на објектите. Во согласност со актуелната политиката на поддршка на туризмот на државно ниво, членките на Здружението на угостителството и туризмот при Комората сметаат дека има простор и можности да се привлечат повеќе туристи во следниот период, но потребно е да се направат одредени промени во начинот на кој се презентира земјата на меѓународните саеми како туристичка дестинација пред потенцијалните партнери, светски познатите тур оператори и локални агенции и оператори од конкретни земји кои имаат интерес да носат туристи во Македонија, што како крајна цел има раст на странските туристи по број и
БИЗНИС ИНФО ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ реализирани ноќевања. Освен севкупна промоција на земјата, членките на Здружението при комората, констатираат дека во интерес на правните субјекти е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да обезбеди и организира и други активности кои ќе бидат во насока на поддршка на домашните правни субјекти, со акцент на неколку сегменти, информираше Асим Меџедович, член на Здружението на угостителството и туризмот, кој посочи дека во следниот период Агенцијата ќе треба да: 1. Да овозможи и организира директно поединечно претставување на македонските тур оператори, туристички агенции и другите учесници кои се јавуваат како учесници на саемите на заедничкиот штанд со Агенцијата, со Сведските тур оператори Thomas Cook, TUI , Corendon и др. во организација на презентации и промоции на клучните луѓе од мрежата на овие тур оператори за вклучување на останатите земји од нивната мрежа. 2. Активна комуникација меѓу АППТ, амбасадите и економските промотори во организацијата на средби и презентации со потенцијални тур оператори заинтересирани за Македонија како туристичка дестинација вклучувајќи го директно приватниот сектор и здруженијата на тие настани. 3. Најмалку 1/3 од закупениот простор на македонскиот штанд да се обезбеди за Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и за ХОТАМ, со можност доколку постои интерес и некои од општините да имаат вакви поволности. 4. Членките на Здружението на угостителството и туризмот при комора кои имаат интерес за одредени саемски манифестации да може да пратат свој претставник и материјали на коморскиот дел од штандот. 5. На дел од саемите да се вклучат и Авто камповите со дизајн и материјали. Здружението на угостителството и туризмот при Комората исто така констатира дека е потребно: * Упростување на документите потребни за субвенции. * Доследна и наверемена eвалуација односно обработка на документите за субвенции според правилникот за субвенционирање. * Навремена исплата на субенциите. Во таа насока, се иницира и потпишување Меморандум за соработка помеѓу Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со кој подиректно ќе се дефинираат условите и активностите кои би се преземале во насока на поддршка на бизнис секторот со крајна цел зголемување на нето девизниот ефект од дејноста како и поголемо учество на туризмот и угостителството во вкупната домашна економија.
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности одржано второ предавање од модулот: „Менаџмент вештини“
Менаџментот претставува комплексна задача, која во денешни услови е тешко да КЛУБ НА биде вршена само од еден човек и затоа СКМ ♦ КМ МЕНАЏЕРИ управувањето е доверено на група луѓе ПРЕТПРИЕМАЧИ – менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуства и вештини. Основните предизвици со кои се соочуваат менаџерите во денешно време се остварување на конкурентска предност, одржување на етички стандарди, раководење со работна сила и користење на нови технологии. Во таа насока на 20.02.2017 година во Клубот на менаџери- претприемачи беше одржано второто предавање на тема: „Менаџмент вештини“ со г-дин Љупчо Георгиев, лиценциран Густав Кезер тренер и генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Пред учесниците, менаџери и вработени во мали и средни компании, предавачот Љупчо Георгиев ја нагласи важноста на менаџерските вештини за водење на бизнисот, начинот на мерење на успешноста во менаџирање на бизнисот и поврзаноста на менаџмент вештините за остварување на целите на менаџерите. Клубот на менаџери – претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех. Членовите имаат можност да следат едукативни, но и забавни настани во текот на целата година, со предвидена програма, да споделат знаења и искуства, како и можност за раст и поврзување со партнери. м-р Ивана Крстевска
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.02.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
Оптимизација на производството и управување со проекти во реална околина, претставува
клучен предизвик за многу компании кои како главни процеси имаат различни типови на производство, поради фактот дека во 2017 година потребно е да се реализира баланс помеѓу одржувањето на тековните деловни процеси (профитабилност, квалитет на услугите, односи со клиентите, продуктивност, компетентност на вработените итн.), од една страна, а од друга страна т.н. деловен напредок и имплементација на интерни промени, кои ќе дадат максимален придонес.
PRINCE2 претставува една од корисните алатки и знаење во сите клучни процеси во
компанијата, посебно во делот на производството. Клучните ефекти во работењето на една компанија можат да се добијат преку имплементација на систем на работење кој има за цел трансформација (во континуитет на работењето) од управување на бизнисот во управување на проектно работење во реална и контролирана околина. Целта на овој семинар е учесниците да се стекнат со клучни знаења за PRINCE2 методологијата и истите да ги применат во реалното работење земајќи ги предвид реалните услови во Македонија. Речиси во секој производствен процес постои потреба за проектно управување и имплементација на знаење и создавање на мултифункционални тимови.
Овој семинар е наменет за проектни менаџери и раководители на проекти, раководители на
набавка, раководители на производство, интерни проверувачи (контрола на квалитет), раководители во големопродажба, како и за сите оние кои сакаат да го надградат своето знаење.
Рок за пријавување: 21.02.2017 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
6. МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ
2 - 3 март 2017 година Нови Сад, Република Србија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Новосадскиот саем, ве покануваат да бидете дел од 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, собир на енергетсккиот сектор и инвестициите, што ќе се одржи во периодот од 2 - 3 март 2017 година во Нови Сад, Република Србија. Настанот 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите има за цел да ги поттикне бизнис контактите и соработката помеѓу сите релевантни чинители во областа на енергетиката, градежништвото, заштитата на животната средина и локалниот развој во Србија и во регионот, како и да се стимулира поголема инвестиција во овие области. Настанот ќе се одржи во пресрет на 5 Март - Денот на енергетската ефикасност. Целта е да се обезбедат презентации на проекти и изнаоѓање соодветни финансиски и технички партнери за нивно спроведување Во фокусот на Меѓународниот ден на енергијата и инвестициите ќе бидат темите во областа на енергетиката, финансирањето и изградбата, како и специјални градежни обврзници и енергија преку енергетската ефикасност во зградите. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен на најактуелната тема денес - борбата против климатските промени. Настанот на сите учесници им нуди единствена можност за дводневна презентација на своите компании, технологии и проекти пред компании инволвирани во енергетскиот сектор, како што се претставници од локалната самоуправа, агенции, здруженија, како и воспоставување директна цврста врска со посетителите и учесниците на настанот.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за посета на настанот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.02.2017 година (четврток).
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.3.2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Стопанската комора на Македонија на 3 март 2017 година организира еднодневен семинар на
тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.
5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и
воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија.
5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска
методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места.
Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на
однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.
Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација
(Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или
производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088