Бизнис ИНФО, број 299

Page 1

петок, 17 март 2017, Бр. 299

Број 299

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

1

Quality Management

FS 549642

17.3.2017

ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА:

СИГУРНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТОКИ И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ - МОЖНОСТИ И АЛТЕРНАТИВИ


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 17 март 2017, Бр. 299 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

3

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ПОСЕТИ

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На 13 март 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок меѓу амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Н.Е. Карло Ромео и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Амбасадорот Ромео изрази голема благодарност за приемот и воедно изрази интерес во иднина ваквиот вид на средби да станат редовна пракса и на ниво на претставници на бизнис-заедниците на двете земји. Бидејќи ова беше прва посета на амбасадорот на Комората, претседателот Азески ја претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнисзаедницата, идните подвизи што дополнително ќе придонесат за развој на бизнис-секторот во Македонија. Тој исто така ја искористи приликата да ја потенцира и досегашната одлична соработка којашто Комората успешно ја оставрува со Амбасадата на Р. Италија.


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 17 март 2017, Бр. 299

ПОСЕТИ На состанокот беа дискутирани и разгледани можностите како да се продлабочи релацијата помеѓу Италија и Македонија и да се зголеми економската и трговската соработка. Амбасадорот Ромео истакна дека Македонија за Италија претставува одлична можност за инвестирање, со големи потенцијали во различни сектори и индустрии. - На Македонија треба да се гледа како стратешки партнер бидејќи Македонија е земја отворена за соработка, про-европски ориентирана со одлични поволности за инвестирање и развој на бизнисите според потребите на ЕУ, - истакна Ромео. Според амбасадорот Ромео размената на информации и искуства е многу важен фактор за креирање позитивна перцепција за земјите кај бизнисмените од двете земји и од тие причини потребно е досегашните активности на билатерален план да продолжат со ист континуитет. - Италија е една од ЕУ-земјите којашто на Македонија и` дава целосно разбирање и поддршка во начинот на подобрување на економијата и продлабочување на билатерлната соработка во бизнис-секторот, за што говорат и големиот број странски инвестиции од Италија во Македонија особено во последните десетина години, - додаде Азески. Во иднина Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Италија ќе се стремат кон организирање на што поголем број заеднички настани и активности, што ќе овозможат ширење на пазарите како во насока на извоз на македонски производи, така и во насока на увозот на италијански производи и остварување нови можности за партнерства. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија во 2016 година изнесува 560,1 милиони САД долари, што претставува пад од 1,28% споредено со 2015 година. Извозот изнесува 175,2 милиони САД долари, при што претставува пад од 3,38% споредено со минатата година. Увозното салдо е 384,8 милиони САД долари, што претставува пад од 0,29% споредено со 2015 година. Остварен е негативен трговски биланс од 209,6 милиони САД долари. Италија е петти најголем трговски партнер на Р. Македонија во 2016 годината. м-р Сања Николова


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

5

ТРКАЛЕЗНА МАСА

ОДРЖАНА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА: СИГУРНОСТ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТОКИ И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ МОЖНОСТИ И АЛТЕРНАТИВИ Стопанската комора на Македонија на 16.3.2017 година одржа тркалезна маса на тема: „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати - можности и алтернативи“, се` со цел во присуство на компаниите и надлежните државни институции да се разгледаат расположливите решенија во процесот на сигурно снабдување со стоки кои се неопходни за тековните потреби на стопанството, посебно во услови на се` позачестени блокади кои предизвикуваат застои и нефункционалност во превозот на стоки во патниот и во железничкиот сообраќај кон Република Грција. Во однос на досегашните загуби, констатaција е дека истите се значителни и не можат едноставно да се надополнат, имајќи го предвид фактот дека блокадите не се


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 17 март 2017, Бр. 299

ТРКАЛЕЗНА МАСА

инцидентни и краткотрајни. За висината на загубите, секоја компанија си прави сопствени анализи и пресметки, кои покрај финансиските негативности може да повлечат и последици во деловните односи на партнерите, како резултат на неисполнување на договорените услови во целост, во однос на роковите, зголемените трошоци, довербата, што во крајна линија ја доведува во прашање и натамошната соработка. Интензитетот на штетите, гледано по одделни дејности е различен, а ако појдеме од податокот кои производи се вклучени во нашата надворешно-трговска соработка со Република Грција, може да се констатира дека тоа во најголема мера се производите од металуршкиот, металопреработувачкиот сектор, акцизната стока (нафтата и тутунот), како и текстилните производи и мермерот, секако, тука не исклучувајќи ги и логистичките оператори, транспортните компании вклучени во патниот сообраќај и двете компании „МЖ Транспорт“ и „МЖ Инфраструктура“ кои ја губат можната добивка од користењето на вагоните и на железничката инфраструктура. - Кога се мисли на наоѓањето соодветни решенија за надминување на овие проблеми, треба да се гледа многу пошироко, загубата не е само на страна на приватниот сектор во земјава, големи се и загубите кои како земја ги чувствуваме како резултат на изгубената добивка за стоката која е во транзит. Со ова атрактивноста на Коридорот 10 се намалува, странските компании не` заобиколуваат и користат други патни правци, што долгорочно гледано остава трајни економски последици, истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. „Иако македонскиот пазар на горива е либерализиран и горивата доаѓаат од различни извори, главното снабдување на земјата доаѓа од југот, најмногу од Групацијата


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

7

ТРКАЛЕЗНА МАСА „Хеленик Петролеум“. Македонскиот пазар зависи од ова снабдување, бидејќи алтернативните извори не можат ефикасно да ги задоволат неговите потреби. Снабдувањето беше прекинато веќе три пати во период пократок од една година, и тоа: од мигрантската криза, снегот на грчката страна на границата и неодамна, со протестите на грчките земјоделци. Неефективноста на железничкиот сообраќај само ги надополни логистичките ограничувања. За време на сите овие проблематични периоди, „ОКТА“ успеа да го обезбеди снабдувањето на земјата преку своите резерви и алтернативните рути на снабдување. Снабдување со зголемен трошок, меѓутоа непрекинато. Ниту една од овие тешкотии немаше да настане доколку нафтоводот Вардакс беше во функција: безбедноста на снабдувањето на пазарот ќе беше загарантирана под сите услови. Би сакал да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на македонските власти кои ни помогнаа за време на последната криза, како и на Канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија, за нивната поддршка во решавањето на проблемите од грчката страна“. Јаннис Героуланос, главен извршен директор на „ОКТА“ АД - Скопје Д-р Ристо Јаневски, директор на Секторот логистика и услуги на клиенти во „ОКТА“ АД - Скопје и претседател на Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, преку својата презентација на тема „Синџирот на снабдување на „ОКТА“ АД Скопје, предизвици и алтернативи“ ја дополни сликата за значењето што компанијата го има во снабдувањето на македонското стопанство со нафта и нафтени деривати, давајќи соодветен придонес во конципирањето на предложените решенија за подобрување на состојбите на ова поле. Господинот Иван Петровски, генерален директор на „Фершпед“ АД - Скопје и претседател на Македонската транспортна асоцијација при Стопанската комора на Македонија, вниманието на присутните го задржа со својата богата презентација на тема „Сегашните состојби и новите предизвици во транспортот на стока од Солунското пристаниште“. Во своето обраќање, тој преку бројки и податоци ги истакна големата улога и значењето што Пристаништето во Солун ги има за македонското стопанство во однос на другите морски пристаништа во поблиското и подалечното опкружување, давајќи му монополско значење во поглед на оддалеченоста, трошковниот аспект, инфраструктурната поврзаност, капацитетот и сл. Со новите промени, давањето под концесија на Пристаништето во Солун на голем глобален пристанишен оператор,


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 17 март 2017, Бр. 299

ТРКАЛЕЗНА МАСА

а од друга стана и либерализацијата на грчкиот железнички сообраќај и влезот на железничките оператори, се очекува уште поголемо намалување на економските разлики и приближување до македонското стопанство. Затоа, истакна Петровски, не треба да не` чудат податоците дека преку Пристаништето во Солун поминале 3.322.000 тони стока во 2016 година и 4.056.840 тони во 2015 година, од кои количината на стока за Република Македонија за 2016 година е 885.000 тони во увоз и извоз од Република Македонија. Изразено во проценти тоа изнесува 27%. Бројот на контејнери изработени во Пристаништето во Солун сметано во TEU бил 344.316, од кои за Македонија се 23.448 или 6,8%. Интересен е податокот дека за 98% од вкупниот број, транспортот е извршен камионски.

ЗАКЛУЧОЦИ од тркалезната маса: • Споредувајќи ги сите инфраструктурни, технички, економски и безбедносни аспекти во однос на синџирот на снабдување со различни стоки и нафтени деривати, коридорот Југ - Север (на релација Македонија - Грција) во моментов нема алтернатива. Од тие причини, воспоставувањето на целосна инфраструктурна функционалност на Коридорот 10 и обезбедување на непречен пристап на стоките од и до Пристаништето


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

9

ТРКАЛЕЗНА МАСА

во Солун претставува прв приоритет во активностите на сите инволвирани субјекти во земјата и во соседството, како од страна на надлежните државни органи и институции, така и од непосредните учесници во транспортниот синџир, апелирајќи за нивно навремено делување во насока на создавање нормални услови за непречено одвивање на сите меѓусебни увозно-извозни бизнис-релации. • Инфраструктурата, царинските премини и терминали на коридорот Исток - Запад не е доволна и не е соодветна за редовно снабдување со стоки, а особено за нафтени деривати во подолг период. Инцидентно може да помогне во одредени ситуации кога има нарушување на снабдувањето преку Коридорот 10. • Краткорочно гледано, во случај на нарушување на снабдувањето со деривати и други стоки, неопходна е диверзификација на превозните средства (користење на железница и автоцистерни или камиони) и користење на повеќе влезни и излезни царински премини во државата. • Стратешки гледано, за редовно снабдување со нафтени деривати од Република Грција, употребата на продуктоводот е неопходност. • Промени на легислативата за зголемување на капацитетот на резервоарскиот простор кај трговските компании како услов за добивање на лиценци за трговија. • Со заокружување на процесот на приватизација на Пристаништето во Солун, односно негово давање под концесија, како и либерализација на пристапот кон грчката железничка инфраструктура и влез на приватни оператори, ќе се овозможи либерализирање на односите по повеќе основи (избегнување на можни штрајкови, подобрување на брзината на испораките, намалени трошоци...). Билјана Пеева – Ѓуриќ Митко Митевски


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 17 март 2017, Бр. 299

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОСИГУРИТЕЛНОБРОКЕРСКИ ДРУШТВА На редовната седница на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва при Стопанската комора на Македонија, што се одржа на 14.3.2017 година, се избра новото раководство на Асоцијацијата. Имено, за претседател на Асоцијацијата едногласно беше избрана Верица Ѓоргиевска од „Наше Осигурување“, а за потпретседатели беа назначени Владо Исјановски од „Мобилити брокер“ и Елена Тодорова од „АМ Брокер“. Присутните членови на седницата го презентираа Извештајот за работењето на Асоцијацијата во изминатата 2016 година и предложија работни активности за реализација во тековната 2017 година. Главен приоритет ќе бидат предлози за измени на новиот Закон за осигурување во рамките на Твининг-проектот на Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурувањето „Понатамошна хармонизација со ЕУ во полето на осигурувањето и зголемување на пазарните операции“, финансиран од ИПА ТАИБ 2012-2013 година. Стопанската комора на Македонија во моментов изготвува и брошура за секторот осигурување чија промоција е предвидена да се одржи во април 2017 година. За таа цел, членките на Асоцијацијата ги повикаа и останатите брокерски друштва да станат дел од работењето на Стопанската комора на Македонија, а со тоа и активно да партиципираат во активностите на Асоцијацијата. Само така моќноста на фелата ќе расте и ќе биде слушнат гласот на бизнисот. Ивона Каранфиловска


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА КОМОРА ШТИП

ОТВОРЕН ЧЕТВРТИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ Во организација на Источниот плански регион и Фондот за иновации и технолошки развој, а со поддршка на Регионалната комора со седиште во Штип, на 14.3.2017 година во Општина Штип, беше одржан информативен настан со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот Четврт јавен повик за доделување средства преку Инструментот за подршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. За овој инструмент средства може да добијат микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Пред бројни учесници од бизнис-секторот од Источниот плански регион, од страна на претставниците на Фондот за иновации детално беа презентирани начинот и условите за аплицирање, начинот на финансирање, односно распределбата на буџетските средства, како и подготовката на предлог-проекти, информации за софтвер и презентација на апликацискиот пакет. Исто така, на настанот присуствуваа и претставници од Македонската банка за поддршка на развојот, кои што имаа презентација на кредитни продукти, кредитно осигурување и факторинг на МБПР. Моника Стоичева


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 17 март 2017, Бр. 299

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Oдржано предавање на тема:

„МЕНАЏИРАЊЕ НА ТИМОВИ“ Функционирањето во тим е многу присутно во денешното секојдневно живеење. Семејството, емотивниот партнер, роднините, друштвото со кое го поминуваме слободното време, пријателите со кои рекреираме, работната група во која припаѓаме на работното место, се групи кои имаат потенцијал да прераснат во тимови. Способноста успешно да се функционира во тим е навистина сложен начин на однесување. Таа опфаќа квалитети за добра проценка на членовите на тимот, прилагодување на однесувањето кон секој до членовите, свесно инвестирање во градење на довербата, способности за справување со личности од тимот кои имаат поспецифичен карактер, квалитети за успешно менаџирање на тимски конфликти, способност за несебично служење на тимските цели и задачи наместо само на личните. Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџерипретприемачи, на 17.03.2017 година, се одржа предавањето на темa: Менаџирање на тимови, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Инстутутот


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

13

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

за индивидуален и организациски развој – „Симбиотика“ . Учесниците за време на настанот имаа можност да се запознаат што всушност значи работењето во тим и како формирањето на тим ќе функционира, бидејќи самото формирање на тимот не се случува преку ноќ, менаџерот може да соберете една група на вработени и да ги наречете тим но, додека тие станат функционален тим групата ќе помине низ процес на ускладување и развој.Трансформацијата на групата во тим, бара вештини кои раководителот треба да ги поседува за да менаџирањето на тимот функционира ускладено и дава одлични резултати. Една од главните активности на Клубот на менаџери – претприемачи, покрај организирање на едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 17 март 2017, Бр. 299

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:

„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.

Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот

циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.

По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 17 март 2017, Бр. 299

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

16

петок, 17 март 2017, Бр. 299

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

„Global Business & Markets“

Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува

да воспоставите контакти со нови деловни партнери

Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.

Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за

поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.

На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна

соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:

www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на

www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 17 март 2017, Бр. 299

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

17


18

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 17 март 2017, Бр. 299

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.