Бизнис ИНФо, број 379

Page 1

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

Број 379 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 18.1.2019

ОФИЦИЈАЛНО ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА

„60 ГОДИНИ ВИТАМИНКА“ ЗАПОЧНАА КОНКРЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА Chamber КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ Investment Практична имплементација на најсилната алка на Берлинскиот процес преку австриска поддршка во три клучни области - дигитализација, Forum образование и бизнис интегритет


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ПРЕХРАНБЕНАТА, МЕТАЛНАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА И ОГРАНИЧУВАЧКИТЕ ФАКТОРИ ЗА НИВНИОТ РАЗВОЈ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство за периодот јануари – ноември 2018 година споредено со истиот период од 2017 година евидентира пораст од 5,2%. Според движењата по сектори, евидентиран е раст на преработувачката индустрија од 6,5%. Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има раст од 0,7%, а рударството пад од 2%. Од особено значење е фактот дека во вкупното индустриско производство на РМ, што бележи раст од 6,5%, преработувачката индустрија учествува со 81,3 %. За периодот од 11 месеци во 2018 година наспроти истиот лани, од вкупно 23 дејности, во 15 е остварен раст, а опаѓање кај 8 дејности, информира Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Пораст во секторот на преработувачката индустрија во периодот јануари – ноември 2018 година, споредено со истиот период лани, е забележан во повеќе дејности со значајно структурно учество во вкупната преработувачка индустрија, како што се производството на машини и уреди, прехранбени производи, моторни возила,


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА приколки и полуприколки, производство на електрична опрема, метали. Согласно статистичките податоци, може да се сублимира дека Република Македонија како мала и суровински зависна економија, во отсуство на современа технолошка структура во нашата индустрија, со директна и индиректна зависност од реализацијата на јавните набавки и капиталните инвестиции, а во услови на позитивни движења на меѓународниот пазар, каде продажните цени всушност и се повисоки во однос на лани, даде доста поволни резултати во однос на физичкиот обем на производството, извозот и намалувањето на невработеноста. Анализирајќи ги деловните тенденции, индикаторите се поволни, како од аспект на довербата, обезбеденост на производството со нарачки, очекувањата за обемот на производство, како и за економската состојба на деловните субјекти. Сепак, при преглед на период од неколку години наназад, просекот на искористувањето на деловните субјекти во преработувачката индустрија не надминал 70%. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 28,6 %, недоволната домашна побарувачка со 16,2 %, недоволната странска побарувачка со 15,7%. -Со цел да се одговори на барањата на бизнис заедницата, Стопанската комора на Македонија пристапи кон идентификување на тековните потреби на компаниите во рамките на секторите од аспект на бројот на работници и соодветни квалификации, во насока на адресирање на моменталниот работен потенцијал со кој располага земјата по одделни региони со цел да се поврзе тековната побарувачка со понудата на пазарот на трудот. За дефинирање на потребните занимања, профили, квалификации и знаења се пристапува преку детално проучување на производната и извозната структура, како и идентификување на развојните потенцијали на одредените потсектори и производи, - посочи м-р Борис Тримчев од Стопанската комора на Македонија. Во таа насока, Комората континуирано ги подготвува споменатите анализи на пазарот, првично од страна на побарувачката на квалификации и вештини искажани преку потребите на компаниите. Особен акцент се става на потенцијалната работна сила која доправа ќе се вклучи на пазарот на трудот. Имено, интересот на средношколците е се` помал за техничките и стручните средни училишта, а најголем дел од завршените средношколци денес го продолжуваат своето образование без да имаат интерес да се вклучат во работните процеси. Ова повлекува неколку проблеми. Прво, се намалува работниот потенцијал во економијата поради интересот на средношколците да се запишат на факултет. Второ, завршените средношколци излегуваат без потребните знаења затоа што поголем дел од нив завршуваат општа гимназија. Трето, тие средношколци што завршуваат во техничките стручни училишта немаат доволно практично знаење и вештини затоа што најчесто учат по наставни програми кои не се


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА усогласени со потребите на пазарот на труд и со барањата на самите компании. -Потребата од воведување дуално образование на кое ќе биде базирано средното стручно образование е повеќе од неопходна, - констатира Тримчев. Неопходни се промени во Законот за средно образование со цел да се создаде простор за имплементирање на концептот на дуално образование што треба да овозможи зголемување на практичната вредност на знаење што учениците во средните стручни училишта ќе го стекнуваат во насока на исполнување на сегашните и идните потреби на компаниите. Стопанската комора на Македонија во секторските анализи ги констатира следните предизвици значајни од аспект на проблемот со недостиг на квалификувана работна сила: 1. Континуирано опаѓа бројот на запишани ученици во средните стручни училишта, а во земјоделско-ветеринарната струка бројот на учениците во последните десет години опаднал за повеќе од 65%, а скоро и да нема запишани ученици во квалификации со двегодишно и тригодишно траење на образованието. 2. Учениците не се доволно вклучени во практична обука кај работодавачите, а од друга страна работодавачите не се доволно мотивирани да примаат ученици на практична обука. Меѓу друго, тоа се должи и на недоволната операционализација на одредбите од Законот за стручно образование и обука. Иако Законот предвидува право на работодавачот кој прима ученици на практична обука да се стекне со финансиски, царински и даночни олеснувања, во пракса не се операционализирани тие одредби од Законот. 3. Уписната политика не соодветствува со реалните потреби на пазарот на трудот на локално ниво. Се забележува несовпаѓање меѓу понудата и побарувачката на пазарот на работна сила. Училиштата повеќе се ориентирани околу заштита на наставниците да не останат без часови, а не на реалните потреби од кадри за потребите на локално ниво. 4. Недоволна опременост на училиштата за изведување на стручно теоретските предмети, а особено за изведување на практичната обука. Особено е евидентно отстапувањето од нормативите за опрема и просторни услови за реализирање на наставните планови и програми за образовните профили. 5. Системот на постсредно образование е доста застарен и нефлексибилен и се изведува според образовни програми развиени при крајот на минатиот век. Процесот на иновирање на програмите за постсредното образование е побавен од промените во технологијата, а со тоа и од промените на пазарот на трудот. Иако уште во 2010 година е донесена Концепцијата за постсредното образование, до денеска не се започнати вистински реформи во тој вид образование што значително го отежнува преминот на


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА учениците од техничкото во постсредното образование. 6. Квалитетот на стручното образование и обука не е на задоволително ниво ниту од аспект на вработливоста и расположливите стручни компетенции на завршените ученици, ниту од расположливите компетенции на младите за продолжување на образованието. Наставата и учењето во стручното образование и обука покажуваат слабости, како во поглед на употребата на современи модели и стратегии за учење, така и во поглед на начините на вреднување на постигнувањата на учениците. За таа цел се препорачува: 1. Да се изградат силни механизми кои ќе ја засилат и ќе ја подобрат финансиската поддршка на учениците во текот на нивното школување. 2. Потребно е да се воведат стимулативни мерки за бизнис секторот заради негова поголема вклученост и соработка со стручните училишта, како и стимулативни мерки за наставниците кои се ангажирани во училишните економии, но и можност за наградување на учениците кои учествуваат во создавање приходи преку училишните економии. 3. Неопходно е подобрување на состојбата во стручните училишта со лаборатории, работилници, нагледни објекти, опрема и потрошен материјал. Ваквата интервенција ќе овозможи подигање на квалитетот на учењето и зајакнување на училишната пракса. 4. Следење на потребите од нови квалификации и креирање нови посебни програми за образование на возрасните и верификација на институции и установи за реализирање на посебните програми за образование на возрасните. Во контекстот на доживотното учење да се воспостави систем за валидација на неформалното и информалното учење и сертифицирање на лица кои стекнале знаења, вештини и компетенции во текот на животот. Даниела Михајловска Василевска


15

T

O

IS

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

7


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА, РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија на 10.01.2019 година, во Министерството за одбрана на Република Македонија, одржа работна средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска и претставници на Министерството. На работната средба се дискутираше за перспективите на компаниите од наменската индустрија и трговијата со оружје и воена опрема од аспект на зачленувањето на Република Македонија во НАТО, придобивките од евроатлантските интеграции и можностите за развој на деловна соработка во рамките на споменатата воена организација. Членките на Групацијата истакнаа дека средбите од ваков карактер, како и континуираната соработка на Групацијата и Министерството се од особена важност за согледување на капацитетите, потенцијалите и можностите за натамошен развој на наменската индустрија во земјата, како и деловната активност поврзана со прометот на оружје и воени средства, остварување соработка во рамките на Северноатлантската алијанса и информирање во врска со стандардите и условите за учество на тендерите во рамките на Алијансата. Дополнително, компаниите дискутираа за потребата да се разгледаат можностите за унапредување на законската регулатива, особено во делот на јавните набавки, како и можноста за воведување на оф-сет програмите во набавките на опрема и вооружување во Армијата на Република Македонија. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, посочи дека евроатлантските интеграции се стратешка определба на Министерството и дека членството во НАТО нуди многу можности и перспективи за компаниите, но од особена важност е тие да бидат конкурентни на меѓународниот пазар. Дискутирајќи за тековните состојби во оваа област, таа истакна дека се работи на подготовка на планови за модернизација на Армијата, а во моментот во тек на подготовка е и посебен Закон за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, по примерот на европските земји, кои во досегашната практика не беа уредени со посебен закон, при што носител на процесот за донесување на Законот е Министерството за финансии.


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

В.д. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска, говорејќи за развојот на капацитетите на наменската индустрија во земјата, истакна дека стратешки приоритети на Стопанската комора на Македонија се процесите за извозна диверзификација и модерна реиндустријализација како фундаментални процеси за забрзување на растот на македонската економија. Според податоците, индустриското производство во земјата е значително намалено во последните години, при што ако учеството на индустријата во БДП во 1992 година изнесувало 32%, во 2016 година истото изнесувало 15%. Во таа насока, Трајковска посочи дека е потребно преку заеднички заложби на Комората и институциите да се дејствува во насока на зголемување на учеството на индустријата, вклучувајќи ја и наменската индустрија, во креирањето на бруто домашниот производ. На работната средба беше изразена подготвеност за соработка со бизнис заедницата и продолжување на практиката за реализирање средби од ваков карактер, со цел унапредување на состојбите и деловното опкружување на компаниите во делот на наменската индустрија и прометот со оружје и опрема, како значаен сегмент од областа на безбедноста и одбраната на земјата. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

ПРОМОЦИЈА

ОФИЦИЈАЛНО ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „60 ГОДИНИ ВИТАМИНКА“

Денес,16.01.2019, во Стопанската комора на Македонија промовирана е монографијата „60 години Витаминка“, чиј автор е Тачко Локвенец. Монографијата е посветена на успешната приказна за 6 децениското постоење на овој национален бренд, како и личниот придонес на Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на „Витаминка“ АД - Прилеп и неговиот ангажман за растот и развојот на компанијата. - Моето 44-годишно работно искуство во „Витаминка“ ме научи дека внимателното, грижливото и домаќинското работење секогаш се исплати. Имало различни моменти во мојата кариера - и лесни и тешки. Но, секогаш сум имал среќа околу себе да имам одлични соработници, вработени и колеги кои верувале на одлуките на раководството и бескомпромисно се посветувале на обврските, работејќи одговорно. Сите овие човечки вредности заедно со потенцијалите и искористувањето на технолошките капацитети придонесоа денес „Витаминка“ да биде еден од најуспешните прехранбени производствени капацитети - лидер на македонскиот пазар и во регионот, пошироко. Со гордост можам да кажам дека „Витаминка“ АД - Прилеп денес претставува вистински репрезент на квалитет и успех, - изјави Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на „Витаминка“ АД - Прилеп. - Успехот на „Витаминка“ несомнено е врзан за успехот на првиот човек на


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ компанијата како претседател на Одборот на директори, кој сам по себе претставува бренд, ако се следи неговиот деловен развој паралелно со развојот на една од најуспешните македонски компании, лидер во прехранбената индустрија и производител со европски квалитет, - истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. При тоа, тој посочи дека, зборувајќи за периодите на развој на „Витаминка“ од страна на Симон Наумоски на денешната промоција на монографијата може да се забележи дека успехот на компанијата се темели на неколку клучни одлуки што ги донел како лидер. Прво, воспоставил квалитетна кадровска структура, второ, упорноста е значаен сегмент во креирањето и реализирањето на деловната политика и трето, фокусот на развој на компанијата го темели на изнаоѓање нови пазари во светот. На свечената промоција на монографијата „60 години Витаминка“ присуствуваа голем број познати македонски стопанственици и претставници на бизнис секторот од Македонија, кои со своето присуство го потврдија негувањето одлични деловни односи на „Витаминка“ АД - Прилеп. Успешната приказна на „Витаминка“ започнува во далечната 1956 година како компанија за производство на мелен црвен пипер. Во 1974 година, со развивање на нови производи, отворање нови пазари и континуирани инвестиции во производството, компанијата започнува да го гради својот пат кон успехот, прераснувајќи во лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар. Покрај зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, истовремено, „Витаминка“ АД - Прилеп преку своите продукти станува сѐ поприсутна и на странските пазари, пласирајќи околу 45% од своето годишно производство во повеќе од 30 земји во светот. Заедно со позитивниот удел во националната економија, од голема важност е и значењето на „Витаминка“ АД - Прилеп во унапредувањето на локалната економија преку големиот број вработени и дополнителниот синџир на соработници.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

ПРАКТИЧНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НАЈСИЛНАТА АЛКА НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС ПРЕКУ АВСТРИСКА ПОДДРШКА ВО ТРИ КЛУЧНИ ОБЛАСТИ - ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ И БИЗНИС ИНТЕГРИТЕТ Во Виена, денес, 14.01.2019 година, во Австриската федерална стопанска комора, официјално беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Коморскиот инвестициски форум, Австриската федерална стопанска комора и Австриското федерално министерство за Европа, интеграции и надворешни работи, кое ја координира работата на Австриската агенција за развој. Меморандумот обезбедува основа во следниот петгодишен период да биде обезбедена австриска поддршка и пренос на добри практики, вештини и know-how за шесте комори од земјите на Западен Балкан, од што директен бенефит ќе имаат компаниите од целиот регион. Активностите во рамките на соработката која ќе биде воспоставена ќе се фокусираат на три клучни сектори: забрзување на процесот на дигитална трансформација на компаниите од целиот регион на Западен Балкан проследена со едукација и тренинг во областа на дигитализацијата, развивање на заеднички програми на средно стручно образование, првенствено со фокус на областа на дигитализацијата, но и зајакнување на бизнис интегритетот на компаниите од Западен Балкан, преку промовирање на чесни деловни практики и спречување на корупцијата. Во рамките на настанот, претседателот на Стопанската комора на Македонија и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески,оствари работни средби со Карин Кнејсл, министер за Европа, интеграции и надворешни работи во Австриската федерална влада и Хералд Марер, претседател на Австриската федерална стопанска комора, како и со претставници на менаџментот на водечки австриски компании. Карин Кнејсл, министер за Европа, интеграции и надворешни работи во Австриската федерална Влада, потенцираше дека регионот е нераскинлив дел од економската и социјалната историја на Европската унија и дека процесот на приклучување на земјите од Југоисточна Европа кон ЕУ останува врвен приоритет. - Зајакнувањето на регионалната соработка и поддршката за овие земји на нивниот пат кон ЕУ треба да придонесе на луѓето од регионот да им се дадат нови перспективи, при што заемното признавање на квалификациите ќе игра клучна улога во овој процес.


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

13

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

Австрија ќе го даде својот придонес особено преку заложбите во областа на дуалното образование, - посочи Кнејсл. - За Македонија, Австрија е еден од дваесетте најголеми трговски партнери и еден од најголемите странски инвеститори во земјата, и, што е уште поважно, Австриската федерална стопанска комора долги години наназад е предводник на трендовите и позитивен пример за сите комори од државите на Западен Балкан, воведувајќи најдобри практики за унапредување на националните економии и предводејќи ги трендовите во областите на дигитализацијата и образованието, како два основни столба за услугите кои ние ги обезбедуваме за нашите компании-членки. Потпишувањето на Меморандумот денес е пионерски чекор за ревитализирање и унапредување на оваа соработка, која во една или друга форма ја имавме во регионот долги години наназад. Верувам дека австриските искуства и know-how во областа на дигитализацијата и дуалното образование ќе придонесат за унапредување на нашето работење, но ќе претставуваат и солидна основа за идниот развој не само на македонската економија, туку на економиите на сите држави од регионот на Западен Балкан, како целина, - посочи претседателот Азески. д-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ФОРУМ

МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИ БИЗНИС ФОРУМ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА Раст на обемот на трговската размена од речиси 17%, раст на бројот на туристи од Македонија во Бугарија и обратно, како и најавите за продлабочување на меѓусебната соработка, се ефектите кои ги чувствуваат економиите на двете земји по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Бугарија пред една ипол година, беше констатирано на денешниот Бизнис форум организиран од владите на двете земји. Интерес за соработка на економски план има, но клучно е да се работи на решавање на инфраструктурните проблеми, како и на олеснување на административните бариери за подобар бизнис и проток на стоки и луѓе, посочија Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашња и координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на министри на Бугарија, Томислав Дончев, како иницијатори за одржување на Бизнис форумот. Од македонска страна беше потенцирано дека интензивно се работи на изградба на патната индраструктура, а сериозно се пристапува и на железничко поврзување на Македонија и Бугарија. Заменик-претседателот на Владара на РМ, д-р Анѓушев, на бизнисмените им порача дека во наредниот период ќе се интензивира изградбата на експресниот пат од Куманово до границата со Бугарија, како и изградбата на првата фаза од железницата кон Бугарија на делот од Куманово до Бељаковце. Веќе се тендерира втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка во вредност од 147 милиони евра, за која е добиен и грант од 68 милиони евра, а проектирана е и третата делница од Крива Паланка до Ѓуешево во вредност од 350 до 400 милиони евра, за која е обезбеден ист грант од 68 милиони евра преку Вест Балкан инвестмен фондот. На денешната средба со Дончев, како што истакна, станало збор и за заеднички царински премин, како и за подобрување на соработката во енергетиката каде веќе е потпишан договор за заедничка берза на електрична енергија, а во зачеток се и разговори за учество на Македонија во изградбата на бугарската нуклеарна електрана „Белене“. Бугарскиот вицепремиер Дончев посочи дека во следниот период активно треба да се работи на утврдување на пречките за натамошно подобрување на меѓусебната соработка и истите да бидат отстранети. -Во таа насока се разгледува опцијата за


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

15

БИЗНИС ФОРУМ

заедничка гранична контрола при преминувањето на државната граница меѓу двете земји што би го забрзало протокот на стоки и луѓе, - истакна Дончев. Бугарија беше шести најголем трговски партнер на Македонија во 2016 година, а лани го зазеде петтото место. По потпишувањето на Договорот со Бугарија се зголемува бројот на туристи од Бугарија во Македонија и обратно. Минатата година Бугарија ја посетиле 88.247 македонски граѓани кои оствариле близу 250 илјади ноќевања, а во Македонија престојувале 41.399 бугарски туристи кои оствариле 70.356 ноќевања. Двете земји имаат потенцијал да креираат заедички туристички понуди, поради различните природни туристички атракции. Пред македонските стопанственици беа претставени и предностите што им се нудат за инвестирање во Бугарија, со акцент дека во последните години во земјата има странски директни инвестиции во вредност од 20 милијарди евра. На малите и средните претпријатија од двете земји им порачаа дека мораат да бидат извозно ориентирани и да произведуваат производи со додадена вредност. - Во таа насока, се` што зависи од Бугарија ќе биде исполнето, - вети бугарскиот вицепремиер Дончев. На денешниот Бизнис форум, прв по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, учествуваат компании од двете земји, а во делегацијата беа присутни и градоначалници на општините од пограничниот регион со Македонија, како и директори на повеќе државни економски институции од Бугарија. Во рамките на Бизнис форумот се одржаа деловни средби меѓу бизнисмените од двете земји. Даниела Михајловска Василевска


16

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

17


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.01.2019 година (среда) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ - МАРКЕТИНГ СО ДОБРА КАЗУА -

Овој семинар ќе разработи нов модел на синергија на маркетинг комуникациите со општествено одговорните активности кои компанијата ги презема. Забележани се бројни напори на многу македонски компании да се позиционираат како „добри“, но со силно отсуство на постојаност, стратегија и скоро никакво систематско поврзување на општествено одговорните проекти со бизнис моделот и маркетинг стратегијата на компанијата. Корпоративно-општествената одговорност е дисциплина која сè уште нема дефинирана форма и припадност во организациите. Како активност која зазема сè поголема улога, може многу силно да помогне во реализацијата на подобри резултати во смисла на имиџ и репутација, а во некои случаи и подобрување на продажбата доколку стратешки се реализира и во склад со маркетинг активностите. Оттука, се јавува потреба од интегрирање на општествената одговорност во маркетинг комуникацискиот микс и негово надградување во функција на зголемена ефикасност. Овој модел на нов интегриран маркетинг комуникациски микс коресподира со потребите и навиките на современиот купувач, новонастанатите пазарни услови и нови медиуми. Предавач: -д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Рок за пријавување: 18.01.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.01.2019 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

Дигиталниот маркетинг е од клучно значење за успехот на сите бизниси. Потребата да се биде присутен на дигиталниот пазар секојдневно се зголемува и се` повеќе компании се одлучуваат да ги оптимизираат трошоците преку насочување на своите „офлајн“ маркетинг активности, кон „онлајн“. Секој бизнис има различни потреби и можности за остварување на својот потенцијал на пазарот. Она што е добро за дигиталниот маркетинг е што сите податоци се мерливи и реално го прикажуваат успехот или неуспехот на активностите. Затоа, од особено значење е сите компании кои сакаат да бидат во чекор или пред конкуренцијата, да бидат активни во дигиталниот свет. Во време кога голем дел од популацијата во светот поминува барем по еден час дневно на својот мобилен телефон, компаниите сфаќаат дека дигиталниот маркетинг е многу голем фактор за успех на бизнисот. Предавач: -Теодора Николовска, сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг, маркетинг консултант и тренер. Николовска има седумгодишно работно искуство во областа на маркетингот, од кои веќе две години работи со клиенти од светот. Таа е директор на „Startup Grind“ за Скопје (иницијатива поддржана од Google for Startups). Како консултант, главни области кои ги опфаќа се дигитален маркетинг, маркетинг стратегија, координација на маркетинг процеси и продажба, организациска структура, претприемништво и лидерство.

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.01.2019 година (среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

За да успеете во бизнисот денес неопходно е брзо приспособување на условите на пазарот, за што предуслов е флексибилноста на компанијата и нејзината способност за реорганизација, како и пристапот до финансии, односно до капитал. Во динамично окружување компаниите мора да се во состојба брзо да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат и максимум да ги искористат капацитетите со кои располагаат, со цел да ја зголемат продуктивноста, сопствената конкурентност и да овозможат раст на компанијата. Пристапот до финансии во континуитет претставува еден од главните ограничувачки фактори на развојот на претпријатијата во Република Македонија. Честопати, претпријатијата не се информирани за различните можности кои им стојат на располагање. Исто така, продуктивноста во Република Македонија е значително пониска од просекот на ниво на Европската унија, што индиректно упатува на помала конкурентност на нашите претпријатија, а продуктивноста станува еден од ограничувачките фактори за нивен развој. Во вакви услови, покрај технологијата, односно опременоста на трудот, компетенциите и вештините на вработените, како и организацијата на работата се од исклучително значење.

Предавач: - Анета Димовска, економист со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Министерството за финансии и во Министерството за економија на Република Македонија. Нејзиниот професионален ангажман е насочен првенствено кон подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија, со особен акцент на областите даночна и царинска политика и пазар на труд; - Катарина Чилиманова Јордановски, економист, магистер од областа на Бизнис администрација. Таа поседува долгогодишно практично искуство на раководна позиција во областа на финансии во компанија од телекомуникацискиот сектор, како и работно искуство од областа на финансиите во енергетскиот сектор. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31 јануари 2019 година (четврток) 9:50-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

Во услови на сè понагласена животна и деловна динамика и недостаток на време за реализација на сите зацртани цели или желби и потреби, ефикасноста на оние субјекти чиј доминантен продажен модел е со користење телефон, секако добива значење. Под временскиот притисок, на клиентите им е полесно да го одбијат или да го прекинат телефонскиот повик, оставајќи го телефонскиот комерцијалист со ограничена можност да воспостави кредибилитет и да успее да го информира нестрпливиот клиент за користа со која може да се стекне. Телефонската продажба има свои одлики кои ја прават различна и специфична во однос на класичната продажба. Секој оној кој (ќе) се занимава со оваа професија има потреба во детали да се запознае со тие специфики и да завладее со критично ниво на техники со кои ќе го подигне својот учинок. Предавач: Митко Керамитчиев е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Последен рок за пријавување за семинарот: 28.01.2019 година. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.01.2019 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

Постојат различни гледишта на организациите во однос на вложувањето во нивните вработени преку обука и развој. Едни, обуката и развојот на човечките ресурси ја гледаат како креирање на вредност со цел организацијата успешно да се справи со конкурентските предизвици, додека други пак сметаат дека преку иновативни практики за обука и развој на човечките ресурси ќе се подобрат финансиските резултати на организацијата и на тој начин таа ќе биде поконкурентна на пазарот. И од двете гледишта, обуката и развојот им помага на организациите да се справат со конкурентските предизвици. Промените во економијата, па и во другите области, резултираа и со намалување на буџетите за обука и развој на вработените. И покрај тоа, организациите треба да продолжат да применуваат ефикасни и ефективни практики за обука на вработените со цел да ги подобрат и развијат нивните компетенции, а со цел да се подобри или да се креира нов производ, услуга, да се генерираат нови идеи, да се обезбеди висококвалитетна услуга, да се подобри продуктивноста и сл. Исто така, грижата за професионалниот и кариерниот развој на вработените овозможува да се подготват вработените за менаџерски и лидерски позиции, да се привлечат и задржат вработените на сите нивоа и сите работни места. Предавач: - проф. д-р Даниела Карадаков, директор на „БАС“ Високата школа и професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Обучувачот својата експертиза ја развива и ја споделува во областа на менаџмент на човечки ресурси, менаџмент во образование, личен менаџмент, организациско комуницирање, интерперсонални деловни вештини, организациско учење и сл. Таа истовремено е и обучувач и консултант во „ДЕТРА“ Центар Контакт: Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19-20 февруари 2019 година (вторниксреда) 9:00 -14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа. Цел на обуката: Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Предавач: - проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Ангажирана е како самостоен консултант во ДЕТРА Центар каде се стекнува и со експертиза за примена на СКИТОП методологијата, посебно во делот на организациска дијагноза и стратегиско планирање. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Србија

Продажба на фабрика за рециклажа во Србија

Хрватска

4-ти меѓународен конгрес за рурален туризам

Босна и Херцеговина

Босанска компанија производител на алуминиумска и ПВЦ столарија е заинтересирана за воспоставување на деловна соработка co компании од Република Македонија

Индија

Компанија од Индија, производител на најквалитетна сурова волна и волнени предива е заинтересирана за долгорочна соработка со бизнис партнери од Македонија

Босна и Херцеговина

Јавен повик за учество во реорганизацијата на ХИДРОГРАДЊА д.д. Сараево

Италија

Мултинационална компанија со седиште во Италија бара македонска компанија за пакување на производи

Турција

Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС

Украина

Италија

Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија

Египет

- Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“

Компанија која произведува маслиново масло,маринирани маслинки, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија

Украина

Египет

Украина

Иран

Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер)

Производител на метални мрежи и огради

Компанија од Египет е заинтересирана за увоз на минерални суровини

Македонија

СЕ ПРОДАВА МОНТАЖНА ХАЛА

Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и плас

Македонија

Иран

АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.

Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи.


Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

БИЗНИС ИНФО

25

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Мексико

Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги.

Македонија

Реномирана компанија од Македонија, производител на високо квалитени и стандаридизирани цевки, профили, спроводници, бара компании странски компании за соработка.

Македонија

Компанија нуди производство и печатење на самолепливи етикети во ролна.

други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспорт

Украина

Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина

Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина

Украина

Украина

Пакистан

Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за д

Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина

Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и

Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македон

Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан.

Украина

Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 18 Јануари 2019, Бр. 379

T

15

26

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.