Бизнис ИНФО, број 353

Page 1

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

Број 353 345

БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

1

FS 549642

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 18.05.2018

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ – ПРЕЗЕНТИРАН СОФТВЕРОТ „FLEX АP“ ЗА ПАМЕТНИ ФАБРИКИ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

3

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА „ДАУТИ КОМЕРЦ“ ВО ЦРНА ГОРА

Македонската компанија „Даути Комерц“ ја официјализираше новата инвестиција во регионот од 3 ипол милиони евра во дистрибутивен центар во Подгорица, Црна Гора, по веќе реализираните инвестиции во Косово и Албанија, пред голем број стопанственици, истакнати бизнисмени од целиот регион. На свеченото отворање на Дистрибутивниот центар во Подгорица присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со своите соработници.

По 14 години работа на црногорскиот пазар од 2004 година, своето присуство „Даути Комерц“ сега го заокружува со сопствен стопански објект во Подгорица, преку кој ќе се третира увезената стока од Македонија, Србија, земји - членки на Европската унија, Азија, Јужна Америка. Во своето воведно обраќање пред присутните, претседателот Азески ја поздрави одлуката на компанијата „Даути Комерц“ која продолжува да ги шири своите бизнис активности во регионални рамки во текот на 25 години и прераснува во претпознатлив регионален бренд.


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА

Азески потенцираше дека значајноста на овој стопански објект треба да се истакне имајќи го предвид фактот дека, за разлика од индустриските капацитети каде инвестициите и вложувањата се мерат првенствено во финансиски показатели, „Даути Комерц“ како трговска компанија својот успех го потврдува со исклучително професионалниот начин на продажба и пласирање на производите на пазарот, со развиени најнови технологии во сите свои претставништва и навремените одлуки за инвестиции кои се направени токму со цел подобрување на процесот на увоз и дистрибуција на стока до крајните потрошувачи. На тој начин компанијата успева да обезбеди доминантна позиција на производите и брендовите кои ги застапува на пазарите каде е присутна. Препознатлива е преку успешното пласирање на неколку македонски и меѓународни брендови на пазарите во регионот, како што се „Бекутан“ на „Алкалоид“ АД - Скопје, италијанскиот бренд за тестенини „Дивела“, млечниот бренд „Мегле“. Со новиот деловен потег, „Даути Комерц“ продолжува да ги остварува лидерските цели во сите претставништва во регионот и со тоа ја зајакнува и ја зголемува доминацијата и присуството на успешни македонски компании во регионот, докажувајќи ја на тој начин и конкурентноста на домашните компании кои следејќи ја својата визија и иновативност успеваат да се позиционираат и надвор од границите на државата. Активностите на компанијата, како што истакна претседателот на Комората Азески, треба да бидат насока и поттик за другите македонски компании, да го следат овој пример и да излезат од границите на македонскиот едвај два милионски пазар и да


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА размислуваат регионално, односно како да го освојуваат пазарот со над 20 милиони потрошувачи во регионот, но и пошироко. И н а к у , менаџментот на компанијата, досега има вложено 25 милиони евра во различни форми на стопански објекти. Освен увоз, работи и извоз, што уште повеќе го зголемува значењето на оваа компанија. Континуираното вложување во нови кадри и вработувања, возен парк, шпедитерски услуги, укажува на значајниот придонес на оваа компанија во домашната економија, по повеќе основи. Компанијата „Даути Комерц“ од 2005 година активно е вклучена во следење и поддржување на активностите на Стопанската комора на Македонија. Даниела Михајловска Василевска


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОИЗВОДЕН ФОРУМ КАПАЦИТЕТ

НОВ ПРОИЗВОДЕН КАПАЦИТЕТ НА „ЕДИНСТВО“ ОД ЧЕЛОПЕК

По цели три години, „Единство“ - Челопек, на 14.5.2018 година, го отвори новиот производен погон во с. Брвеница, Тетово, инвестиција вредна 1,5 милиони евра. Истиот е направен по највисоки европски стандарди, а план на раководството на компанијата во блиска иднина е објектот да се регистрира и за извоз.

Инаку, годинава компанијата прославува двоен јубилеј - 60 години од формирањето на Задругата, како и 40 години фармерска традиција. Се работи за една од најголемите компании во овој сектор со вкупен капацитет од 24.000 свињи, како и сопствено производство на сточна храна. Производите на „Единство“ од Челопек во најголем дел завршуваат на пазарите во Скопје, Тетово, Битола, Кочани, при што, повеќе од 50 % преку трговскиот синџир „Веро“, но и преку малите купувачи.

Инаку, во новиот капацитет на „Единство“ од Челопек се планира расекување на свежо месо, како и мали деликатесни серии преработки од сопствено свежо месо.


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ Во моментот се вработени 20 лица, кои работат на две производни линии за говедско месо, со 40 грла максимум на ден, за испорака како свежо разладено месо, и за свинско месо, со максимум двеста свињи на ден, за испорака како свежо разладено месо. Отворањето на објектот го поздрави и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој потенцира дека условите кои ги нуди Владата на РМ даваат резултати. Со овој капацитет се намалува потребата од увоз на свежо свинско месо во Република Македонија. Минатата година, истакна тој, беа произведени 13.000 тони свежо свинско месо а оваа, 2018 година, се планира зголемување на производството за 10%. Истовремено, Владата на РМ ги зголеми субвенциите во свињарството за 10%, креирајќи поволен амбиент за развој на оваа стопанска гранка, истовремено застанувајќи зад фармерите и производителите на свинско месо како гарант и нивна поддршка. Васко Ристовски


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА КЛУБ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ НА СЕСИЈА ИЗВОЗНИЦИ ФОРУМ

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА КЛУБОТ НА ИЗВОЗНИЦИ

На 14 мај 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа третата седница на Клубот на извозници. На седницата беа разгледани предлозите за идните активности, предвидени со Програмата за работа на Клубот.

Пред компаниите-членки беше презентиран каталогот „Macedonian exporting directory“, наменет за промоција на компаниите-членки на Клубот. Посебно изработениот каталог со детални информации за извозно ориентираните македонски компании-членки на Клубот, ќе биде достапен како промотивен материјал, проследен до сите потенцијални партнери во земјата и во странство, како и до странските претставништва во Македонија и дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство. Каталогот ќе биде достапен во печатена и во електронска верзија во текот на месец јуни 2018 година. Покрај каталогот, во месец јуни годинава ќе биде промовирана и веб-страната на Клубот на извозници со сите информации во врска идните активности на Клубот, како и информации за сите компании-членки.


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ ФОРУМ ПРЕС На седницата беше одржана и кратка презентација за услугите и можностите коишто Македонската банка за поддршка на развојот ги нуди на домашните компании, особено на извозно ориентираните.

Покрај можностите на МБПР, на седницата беа презентирани и услугите на Стопанската комора на Македонија, со коишто се нуди можност за деловна соработка на македонските компании со партнери од странство. „EEN – Enterprise Europe Network“, е проект во којшто Стопанската комора на Македонија учествува повеќе од 10 години и претставува мрежа на бизнис можности која има за цел да ги понуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија на нивниот пат кон европските пазари. Сертификатот „Excellent SME“ е навремено ажуриран електронски сертификат кој ги потврдува бизнис перформансите на успешни мали и средни компании и воедно го потврдува кредибилитетот на компаниите за успешна соработка со странски партнери. Како до сега така и во наредниот период, Клубот ќе работи на организирање дополнителни едукативни настани, настапи и посети на саемски манифестации, како и посети на странски компании, со цел зголемување на извозните активности на компаниите-членки.


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

ИНВЕСТИЦИИ КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ

Клубот на извозници и во наредниот период ќе продолжи со своите активности со цел помагање на компаниите во нивната промоција, изнаоѓање нови пазари и поддршка на нивните извозно ориентирани активности. Клубот на извозници беше формиран на 5 декември 2017 година како посебна форма на организирање и работење при Стопанската комора на Македонија, чии основни приоритети се насочени кон помагање на своите членови во нивното надворешнотрговско работење, со цел развивање на трговските контакти и насочување на нивните извозно-увозни можности за повисоки облици на соработка, со цел надминување на сите посочени проблеми кои во моментот претставуваат пречка за зголемување на извозот на домашните компании.

м-р Сања Николова


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

МЕЃУНАРОДЕН МЕТАЛУРШКИ КОНГРЕС: „МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“ НАУЧНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ НА МЕТАЛНИОТ СЕКТОР Kористењето на научни истражувања во функција на унапредување на индустријата на основни метали e основното мото на претстојниот Меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина – ММЕ кој по осми пат се одржува во Охрид, во периодот од 30 мај до 3 јуни 2018 година. За целите и очекувањата од оваа значајна научна меѓународна манифестација говореше претседателот на организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски, претседател

на Здружението на металурзите на Македонија. Организатор, покрај Здружението на металурзи на Македонија е и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а истиот е поддржан и од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА -И годинава, истакна проф. Цветковски, се очекува учество на еминентни автори од универзитети, истражувачки центри од голем број држави, од Австрија, Шведска, Украина, Белорусија, Турција, од земјите во регионот, како Србија, Бугарија, БиХ, Романија и други држави. Пријавени се 60 апстракти и над 30 презентации на научни трудови на голем број теми како што се: Физичка и механичка металургија, Екстрактивна металургија, Леење на метали, Корозија и заштита на метали, Заварување, Нови и напредни материјали, Заштита на животната средина и други. Оваа година се очекува учество на значителен број претставници на компании од индустријата на метали, од Италија, Словенија, Бугарија и Турција, кои ќе имаат можност преку сопствени штандови за промоција да ги презентираат своите производи наменети на металуршкиот сектор. За време на Конгресот се планира одржување тркалезна маса на која ќе се говори за потребата од интензивирање на соработката помеѓу факултетите и индустријата на планот на подготовка на квалитетни кадри за потребите на индустријата на метали. На средбата со новинарите беше дадена и информација за актуелните состојби во металургијата. Иако на глобален план од крајот на минатата година започна тренд на заживување на активностите, податоците за физичкиот обем на производството кај нас бележи пад од 18% во првите три месеци од оваа година. Ова се должи на неработењето на двата најголеми металуршки капацитета – „Југохром алзар“ и „Фени индустри“. Со рестартирањето на металуршкиот комбинат „Фени индустри“ се очекува ублажување на ваквите состојби. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА СОРАБОТКА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

13

ар Н

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА БИЗНИС СОРАБОТКА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА ФОРУМ

ОДРЖАНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА”„МЕНАЏИРАЊЕ И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕУ-ФОНДОВИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БИЗНИС МОДЕЛОТ НА ПЛАТЕЖНАТА АГЕНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА“

На 15 мај 2018 година во Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија, Амбасадата на Република Словенија во Македонија и Стопанската комора на Македонија, се одржа Бизнис конференција на тема: „ Менаџирање и искористување на ЕУ-фондовите за земјоделие - Претставување на бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија“.

На настанот беше презентиран бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија и ЕУ, особено во однос на информатичко-технолошките решенија кои претставуваат интегрален и неопходен дел од имплементацијата на Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Во соработка со нивните клучни партнери, кои ги обезбедуваат најголемите ИТ-решенија во врска со ИТ-системите за земјоделски парцели, регистри на земјоделски стопанства, поднесување и обработка на апликации, обработка и плаќање, како и документациски системи, претставниците на Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија ги презентираа своите искуства и знаења.


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

15

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Во своето поздравно обраќање пред присутните, Н.Е Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, истакна дека во наредниот период во Македонија ќе дојде словенечки тим кој ќе ги пренесе словенечките искуства и ќе овозможи „know-how“, кој и е потребен на Македонија за ефикасно искористување на ЕУ-фондовите. На настанот свое обраќање имаше и Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ, кој нагласи дека на нашата земја и е потребно да се фокусира на креирање на добар, квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи на преработувачката индустрија да обезбеди повеќе ф и н а н с и с к и средства. Бабовски информирање дека за ИПАРД 2 досега се потпишани преку 100 договори за повеќе од 4,5 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија, како и за обновување на земјоделска механизација. Тој најави дека за еден месец ќе биде распишан нов повик.


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА БИЗНИС Исто така, беше посочено дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на Словенија е компјутеризирана и работи електронки. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделстовото и руралниот развој на Словенија, Бенедикт Јеранко, посочи дека процесот за добивање информации за сите корисници е поедноставен.

На презентацијата присуствуваа повеќе од 30-тина претставници на македонски компании, претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агеницијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ. м-р Сања Николова м-р Ивана Крстевска


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ГРУПАЦИЈА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ – ПРЕЗЕНТИРАН СОФТВЕРОТ „FLEX АP“ ЗА ПАМЕТНИ ФАБРИКИ

Компаниите секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и потребата да се користат дигитални технологии за да се забрза нивниот раст, како и да се иновираат процесите, производите и услугите, со цел истите да се приспособат на новите генерации потрошувачи.

Во таа насока, во Стопанската комора на Македонија, на 15 мај 2018 година, беше организирана презентација на софтверот „Flex Аp“ за паметни фабрики, како заеднички проект на компанијата „Сим Инвест Трејд“ од Македонија, „Kowla Group“ од Хрватска и „Flex Ap“ од Италија, којшто врз основа на иновативната „Siemens Mindsphere Platform“ овозможува во компаниите да се воспостави „Cyber-Physical System“ во нивните производни еко-системи, така што секој уред е поврзан со меѓусебно поврзана инфраструктура, со цел да може секој од поврзаните уреди да ги искористи сите услуги со висока додадена вредност.


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА Паметното производство (Индустрија 4.0) се однесува на заедничко усвојување на дигитални технологии и алатки кои можат да ја зголемат интерконекцијата и соработката на ресурсите (материјалните средства, луѓето и информациите) кои се користат во оперативните процеси, како внатрешно, така и во целиот синџир на создавање на вредноста. Дигиталните иновации создаваат можности за унапредување на конкурентноста и ефикасноста на компаниите, а може да се применуваат во различни области – смарт објекти за следење на процесите, „Big Data“ за поддршка при управување со системот за квалитет, напредна автоматизација на интерната логистика, како и користење на „Cloud“

- платформи за соработка во извршните процеси. Пред присутните беше презентирано софтверското решение, наменето за максимизирање на продуктивноста и ефикасноста на работните процеси во компаниите. Господинот Филип Симоновски од компанијата „Сим Инвест Трејд” посочи дека не станува збор за комерцијално стандардизирани производи со стандардно поставени пакети по избор, туку дека станува збор за решенија скроени по мерка, кои ги земаат предвид потребите на клиентот. Софтверското решение, кое обезбедува систем за следливост и системска интеграција, придонесува за дигитализација на работниот тек и на процесите, преку интеграција на производниот систем, развој на производниот софтвер, креирање решенија за одржување и поддршка, планери за производство, како и организациски и колаборативни системи. Исто така, беше посочено дека ова софтверско решение може да придонесе за оптимизација на енергетската ефикасност, оптимизација на магацините за резервни делови и оптимизација на производните процеси, анализа на условите за работа на машините, како и предвидливост за нивното одржување. д-р Татјана Штерјова


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА РЕГИОНАЛНИ КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРИ ПОСЕТА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ИНВЕСТИЦИСКИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ ИНФО ГРУПАЦИЈА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП - ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА УСЛОВИТЕ И НАЧИНОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ НАМЕНЕТИ ЗА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РАМКИТЕ НА ТРЕТИОТ СТОЛБ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На 15.5.2018 година, во Општина Штип, Регионалната комора со седиште во Штип, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, одржа информативна сесија за отворениот јавен повик за поднесување предлог-проекти за финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Раководителот на Одделението за спроведување на програми во Фондот за иновации и технолошки развој, Ирена Ѓоргиевска, ги поздрави присутните, додека Бисера Јакимовска ги презентираше условите и начините за аплицирање за добивање финансиски средства, кофинансирани грантови и тоа: - кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“); - кофинансирани грантови за микро претпријатија; - кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста и - кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.


20

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Услов да се аплицира за финансиски средства во рамките на повикот е да станува збор за трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија, кое претставува микро, мало или средно претпријатие против кое не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација, да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси, против него да не се започнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања, како и да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош.

За да биде подобен апликантот за добивање кофинансиран грант за микро претпријатие, покрај исполнувањето на основните критериуми, потребно е да станува збор за микро компанија која има од 5 до 10 вработени и годишен приход до 3.000.000,00 денари. Финансиската поддршка преку инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („газели“) или кофинансирани грантови за микро претпријатија се обезбедува за инвестициски активности поврзани со прифаќање и спроведување на европските технички прописи во однос на безбедноста на производите, активности за анализа, подготовка, стекнување и заштита на правата од индустриска и интелектуална сопственост, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност, изработка на елаборати за заштита на животната средина, подготовка и воспоставување системи за управување со отпадот, воведување информациони системи, подготовка на развојни


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

21

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ ГРУПАЦИЈА КОМОРИ ДЕЛОВНА СРЕДБА за деловно поврзување и воспоставување деловна соработка (во период од 3 до 5 години) со странски инвеститори и домашни претпријатија. Подобни трошоци за финансирање преку овој инструмент за поддршка се трошоци поврзани со изнајмување или изградба на опрема и хали, софтвер, алатки од информатичка технологија, трошоци поврзани со подготовка и реализација на обуки, договорни услуги за истражување и развој и други трошоци поврзани со реализацијата на проектот. Преку кофинансираните грантови за подобрување на иновативноста, за коишто Ирена Ѓоргиевска посочи дека постои најголем интерес кај компаниите, се обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет на инвестицискиот проект, но не повеќе од 20.000.000,00 денари по апликант, при што е потребно апликантот да биде со доминантно македонска сопственичка структура (од 50,1% или повеќе). П р е к у кофинансираните грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица до 29 години се обезбедува финансирање до 30% од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 1.000.000,00 денари по апликант. Повикот за поднесување предлог-проекти за финансиска поддршка беше објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на 28.4.2018 година, а истиот ќе биде активен до 11.6.2018 година. Вкупниот буџет за првиот повик изнесува 185.000.000,00 денари, додека вкупниот буџет за 2018 година за финансирање проекти на малите и средни претпријатија изнесува 645.000.000,00 денари. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРОЕКТ НАСТАН СОРАБОТКА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ПРЕКУ УПОТРЕБА НА БИМ (Building Information Modelling) - ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „BIMCERT“

На 16.5.2018 година, на настанот одржан на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), на којшто присуствуваше и претставник од Стопанската комора на Македонија, беа презентирани резултатите и заклучоците од истражувањата за потребата од постоење на современа дигитална техника која се користи во градежниот сектор и формирање на информациски модел на градба, спроведени во рамките на Проектот „BIMcert“. Целите на Проектот, како што беше истакнато на настанот, се подобрување на енергетската ефикасност преку употреба на БИМ (Building Information Modelling), надградба на вештините и разработка на европска рамка на квалификации во градежништвото, дигитализација во градежниот сектор, подобри процеси, материјали, производи и извори на енергија.

Очекуваните ефекти од спроведувањето на проектните активности се зголемување на бројот на стручни градежни работници и вклучување на компаниите и професионалците во обуките кои ќе се спроведуваат во рамките на Проектот, подобрена соработка и разбирање помеѓу различните струки, намалување на разликата помеѓу проектираниот и реализираниот енергетски учинок преку подобрување на квалитетот на проектирањето и изведбата, како и заштеда на енергија за најмалку 15 %, зголемен удел на обновливите извори на енергија и употребата на отпадна енергија за најмалку 5% во вкупната потрошувачка на енергија на зградата. Конзорциумот на Проектот кој е финансиран од престижниот европски фонд „Хоризонт 2020“, го сочинуваат реномирани високообразовни и истражувачки центри: Институтот за истражување во животната средина, градежништвото и енергетика (ИЕГЕ), Belfast Metropolitan College и Construction Industry Training Board од Велика Британија, Future Analytics Consulting и Dublin Institute of Technology од Ирска, Instituto Superioro Teconico од Лисабон и Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска. Проектот ќе трае до октомври 2019 година. м-р Нена Николовска


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

23

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЕТА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ЧЕШКА ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП

На 16.5.2018 година, делегација од Амбасадата на Република Чешка во Македонија, предводена од амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Томан, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, ја посетија Регионалната комора со седиште во Прилеп.

Во присуство на поголем број членови на Управниот одбор на Регионалната комора, се разговараше за воспоставување економска и трговска соработка меѓу компании од регионот на Општина Прилеп и компании од Република Чешка. На средбата се разговараше за теми од стопанството, трговската размена меѓу двете земји и изнаоѓање начини за подобра и побрза комуникација на компаниите од двете земји. На состанокот беа изнесени позитивни искуства од досегашната соработка на компаниите од регионот со компаниите од Република Чешка. Свои искуства од работењето изнесоа директорот на „Мермерен комбинат“ и претставникот на „Витаминка“ АД - Прилеп.


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ПОСЕТА

Директорот на „Тутунски комбинат“, претставникот на „Прилепска пиварница“, сопственикот на детската конфекција „Хатра“ и сопственикот на компанијата „Кули“ со свои коментари зедоа активно учество на средбата. На крајот на средбата се заклучи дека на сите компании кои се заинтересирани за соработка со чешки компании, Амбасадата на Република Чешка преку својот советник за економски прашања, Миа Павловска, ќе им даде соодветна помош и поддршка. Горан Попоски


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

25

ПРЕС МЕЃУНАРОДЕН КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА СИМПОЗИУМ ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

Азески на Меѓународниот симпозиум за корпоративно управување: ЗА ДА СЕ ИСКОРИСТАТ ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА НАШЕТО СТОПАНСТВО МОРА ДА СЕ ВЛОЖУВА ВО ИСТРАЖУВАЊА И РАЗВОЈ Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, зема учество на 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување на тема: „Дигитална економија - двигател на економскиот раст“, кој се одржува во Босна и Херцеговина, во периодот од 16-18 мај 2018 година.

Претседателот Азески свое обраќање имаше на панелот посветен на прашањата за инвестициските политики на земјите во развојот на дигиталната ера, со презентација на моделите и стратегиите за забрзан развој на малите земји преку примерот на Македонија. Азески се осврна на институционалната политика на земјите во развој во процесот на дигиталната ера, во услови кога економскиот раст и развој на една земја најмногу зависат од пазарната ефикасност, технолошката опременост, високото образование и обуката на вработените. Пониското ниво на раст и развој на македонската економија во однос на земјитечленки на ЕУ и дел на земји од Западен Балкан, го отвора клучното прашање – за потенцијалите и можностите на македонската економија, кои се приоритетите на кои треба да се посветиме и да работиме во иднина и каде да ги насочиме нашите активности кои се од интерес за бизнис заедницата.


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ Имајќи ја предвид важноста на индустриската конкурентност и нејзиниот придонес врз ефикасноста на целокупната национална конкурентност, Македонија треба итно да ја зајакне основата на својата индустрија со цел да се овозможи одржлив раст на вкупната економија, создавање повисоки вредности на економските активности, а својата иднина треба да ја гради врз ефикасноста на технолошката опременост и пазарната ефикасност за што главен предуслов се инвестициите. Азески посочи дека успешноста во справувањето со предизвиците во остварувањето на развојните проекции и искористувањето на потенцијалните можности на нашето стопанство, во значаен дел, зависи од вложувањата во истражување и развој, како и примената на иновации и нови технологии. Во Македонија постојат повеќе иницијативи кои во моментов се реализираат и кои имаат за цел да ги поддржат бизнисите во остварувањето забрзан технолошки развој и воведување иновации, каде целта на ваквата поддршка е создавање нови работни места, економски раст и развој, како и подобрување на бизнис-климата преку развој на конкурентските способности на компаниите. -Стопанската комора на Македонија и понатаму активно ќе биде вклучена во имплементирањето на современите технолошки решенија, следејќи ги глобалните трендови од една страна, но и барањата и потребите на компаниите, од друга страна, истакна Азески на крајот од своето излагање.

На Симпозиумот свое учество и излагање имаа голем број еминентни професори од поранешните југословенски простори, кои се осврнаа на прашањата за дигитализацијата и „сивата“ економија, за влијанието на дигиталната економија за брзиот раст и развој на земјите, предизвиците за развој на малите домашни компании, како и за образовниот систем и неговото влијание за обезбедување поддршка на дигиталниот развој. Воедно, тие истакнаа дека технолошкиот напредок на една земја е најзначајниот извор на економски раст, а истиот тој раст го подобрува општествениот и материјалниот живот на луѓето. Дигитализацијата и развојот на технолошките процеси ги менуваат навиките и начинот на живот на луѓето во едно општество, а секое воведување нова технологија доведува до експоненцијален раст на една држава. Сашо Деспотоски


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

27

ПРЕС ПЛЕНАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА СЕДНИЦА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ПЕТТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА - ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА БИТОЛА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ На 17.5.2018 година, Регионалната комора со седиште во Битола ја одржа својата петта пленарна седница. На седницата се расправаше за повеќе точки од интерес на стопанството во регионот. Како гости - учесници на седницата присуствуваа градоначалниците на општините Битола и Демир Хисар, Наташа Петровска и Марјанче

Стојановски, како и Даниела Михајловска Василевска, координатор на Дирекцијата за здруженија и регионални комори при Комората, во Стручната служба на Стопанската комора на Македонија. Седницата ја отвори и водеше претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски. На почетокот на седницата членките на Регионалната комора со седиште во Битола извршија дополнување на Правилата за работа на Регионалната комора за избор на двајца заменици-претседатели. Како дополнителен заменик-претседател на Регионалната комора со седиште во Битола беше избран Драган Милошевски од Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола.


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА Во своето поздравно обраќање градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, се заблагодари на присутните за поканата и даде воведно излагање за новиот амбициозен Проект за гасификација на Општина Битола. Во тој контекст, таа најави дека вкупната инвестиција би опфатила 5,7 милиони евра, од кои во примарната фаза за идеен проект и формирање на јавно претпријатие се обезбедени 210 илјади евра од буџетот на Општината.

На деталниот дел од презентацијата свое излагање имаше Владимир Костурски, кој се осврна на податоците од анкетата направена во соработка со Регионалната комора, а која ги опфати поголемите индустриски објекти. Бројките покажуваат дека со воведување на природниот гас како енергенс се добива двоен бенефит, економска заштеда која може да биде до 50% па и повеќе, но и заштита на животната средина со намалувањето на штетните издувни гасови. Тоа побуди голем интерес кај стопанствениците од регионот, на која тема се разви дискусија за регионална гасификација и достапноста на овој енергенс. Во продолжение на седницата, Валентина Цветковска од Стопанската комора на Македонија пред присутните ги претстави бенефитите на сертификатот ExcellentSME и неговата имплементација. Во вториот дел од пленарната седница свое излагање пред присутните компании од регионот имаа претставници на Фондот за иновации и технолошки развој за отворениот Јавен повик за поднесување предлог-проекти за финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

29

ПРЕС ПЛЕНАРНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА СЕДНИЦА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Фондот за иновации и технолошки развој на 28.4.2018 година објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти за финансиска поддршка преку следниве инструменти за поддршка: кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст, кофинансирани грантови за микро претпријатија, кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста и кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица. Сите отворени прашања на стопанствениците кон Фондот за иновации и технолошки развој беа детално одговорени од страна на присутните стручни лица. Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе организира слични настани со цел подобро информирање на бизнисзаедницата од регионот и унапредување на развојот на истиот.

м-р Никола Димковски


30

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ

ПРЕЗЕНТИРАНИ НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД (2018-2024) И ПРВИОТ ПЛАН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА СОЗДАВАЊЕ НА ОТПАД Пред голем број претставници од бизнис секторот, невладините организации и други заинтересирани, денес во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација и дебата за Националниот план за управување со отпад (2018-2024) и првиот План на Република Македонија за спречување на создавање на отпад.

Во својата презентација на Националниот план за управување со отпад (2018-2024), Греам Брн, од Северна Ирска, постојан твининг претставник во Македонија, истакна дека е изработен краток стратешки документ каде се наведени целите и роковите за реализација на Планот за управувањето со отпад, додека деталите ќе бидат дадени во регионалните планови, а на ниво на општините ќе се носат и ќе се реализираат краткорочните планови за управување со отпад. -Основната цел е стапката на рециклирање на отпадот постојано да расте за сметка на континуирано намалување на стапката на депонирање, истакна Греам во своето излагање. Во моментот во Република Македонија имаме ниски стапки на рециклирање, но со воспоставување на вистински системи на управување со отпад дадените цели


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

31

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА во Националниот план може реално да се достигнат. За тоа се поаѓа од квалитетна законска рамка, вистинска институционална поставеност и она што го бара Европската унија - доследна примена на продолжената одговорност на производителот. Новините кои се очекува да придонесат во позитивен пресврт во управувањето со отпадот се формирањето на регулаторното тело за одредување на висината на надоместоците и основање Агенција за животна средина. Со исклучок на БиХ, Македонија е единствената земја во Југоисточна Европа која се` уште нема Агенција за животна средина.

Поаѓајќи од основното правило дека отпадот што не можеш да го измериш не можеш и да го менаџираш ќе ја наметне законската обврска индустриските капацитети да инсталираат опрема за мерење на отпадот и да ги доставуваат извештаите директно во Министерството за животна средина. Во своето излагање тој се осврна посебно на отпадот од градежни материјали и на медицинскиот отпад, за кои исто така треба да се нудат посебни планови за управување. Во Република Македонија за прв пат се носи План за спречување на создавање на отпад чијашто нацрт-верзија ја презентираше Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање. Во хиерархијата на управувањето со отпад на прво место стои спречувањето на создавање отпад, па оттаму Планот ги опфаќа мерките


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ кои се во насока на намалување на создадени количини на отпад и тоа мерки кои треба да ги донесе централната власт, потоа мерки на локално ниво, мерки во образовниот сектор, најдобри практики во бизнис секторот, како и мерки за граѓаните. Во дискусијата беа посочени прашања од постојната состојба и регулатива на планот на управувањето со отпад и очекувањата со новите законски акти тие да се надминат. Овие значајни плански документи, во прва нацрт-верзија презентирани на денешната средба во Комората ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во текот на следните неколку месеци кога се очекуваат коментари и предлози во насока на носење квалитетни планови за управување со отпад. Зорица Мешкова


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

33

ПРЕС МЕЃУНАРОДЕН КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА СИМПОЗИУМ ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, БРАНКО АЗЕСКИ, УЧЕСТВУВА НА 13. МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ „ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА - ДВИГАТЕЛ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ“ Во периодот од 16-18 мај 2018 година, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествува на 13. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување на тема: „Дигитална економија двигател на економскиот раст“, кој традиционално се одржува во организација на Економскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука. Во фокусот на симпозиумот ќе бидат предизвиците на четвртата индустриска револуција, односно т.н. Индустрија 4.0, и нејзиното влијание на деловните активности, преку развојот на дигиталните, физичките и биотехнологиите, како и потребата од синхронизација на активностите на универзитетите, деловната заедница, владите и другите релевантни институции, во насока на максимизирање на придобивките кои може да ги донесе процесот на дигитализацијата. Говорниците на симпозиумот ќе се осврнат на неколку клучни аспекти на дигитализацијата - нејзиното влијание на иднината на сметководствените и ревизорските практики, на справувањето со „сивата“ економија, предизвиците на патот на развојот на малите домашни компании во модерни меѓународни корпорации и придонесот на дигиталните технологии во тој развој, потребата од постоење интеракција помеѓу деловниот сектор и универзитетите и придонесот на образовниот систем за обезбедување институционална поддршка на дигиталниот развој, но и улогата на различните чинители во спроведувањето на новата индустриска трансформација – креаторите на инвестициските политики, локалната самоуправа, банкарскиот сектор.


БИЗНИС ИНФО

34

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА МЕЃУНАРОДЕН ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА СИМПОЗИУМ ФОРУМ Претседателот Азески ќе има свое обраќање на панелот посветен на прашањата за инвестициските политики на земјите во развојот на дигиталната ера, со презентација на моделите и стратегиите за забрзан развој на малите земји преку примерот на Македонија, со осврт на централното прашање на симпозиумот – дали индустриската револуција 4.0. претставува прилика за малите земји во развој, како што се земјите од регионот, за постигнување одржливо ниво на конкурентност и високи стапки на економски раст, и што можат малите земји во развој да направат за да ги забрзаат овие процеси? д-р Татјана Штерјова


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

35

ПРЕС КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА

ПРОФЕСИОНАЛЕН СТРЕС - СО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА НЕГАТИВНИТЕ МИСЛИ ПРЕВЕНИРАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН СТРЕС Клубот на менаџерипретприемачи на 18.5.2018 година реализираше едукативно предавање на тема: „Професионален стрес - со трансформација на негативните мисли превенирање на професионален стрес“ со м-р Катерина Наумовска-Ристовска, психолог и сертифициран тренер по емоционална писменост, едукатор во Центарот за едукација при Друштвото за деловни и консултантски активности „Гравитрон “ – Скопје.


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО СЕСИЈА ФОРУМ- ПРЕТПРИЕМАЧИ Негативните мисли ни го расипуваат расположението, ни ги нарушуваат концентрацијата, мотивацијата и чувството дека врз себе имате контрола. И` штетат на нашата самодоверба и ефикасност и ги парализираат нашите ментални вештини. Упорни се, траат и се јавуваат независно од нашата волја. Со нив почесто ќе се сретнеме кога се плашиме за нашата иднина, кога си ја намалуваме сопствената вредност, се самокритикуваме, се сомневаме во нашите способности или очекуваме некаков пораз. Во нашиот ум знаат да се вовлечат и кога свесно не сме ги повикале. Зошто нашиот ум ни создава негативни мисли? Заради негативните чувства кои ги имаме, а не сме ги прифатиле. Заради стравот, анксиозноста, бесот, чувството на вина, како и други негативни чувства со кои се бориме. Тие чувства го тераат нашиот ум да создава негативни мисли и тие мисли се дел од тие негативни чувства. Со нашите негативни мисли треба да престанеме да се бориме, да ги анализираме и премногу внимание да им посветуваме. На тој начин ги храниме и им даваме сила и моќ. Ако дозволиме долго време во нас да опстојуваат, стануваат наш внатрешен негативен говор. Кога умот е негативен, се јавуваат негативни чувства. Така извесен временски период се чувствуваме повредено, тажно, исплашено, несреќно, луто, круто, ирационално, безвредно, несакано, анксиозно... Работата зазема важно место во животот на луѓето. Покрај обезбедувањето можност за пари со кои ќе се обезбедат средства за живеење, исто така е важно да стекнеме самодоверба и почит. Со работата, луѓето постигнуваат искуство на социјална припадност, оптимизам и радост. Високо рангираните работни места на општествено ниво носат: репутација, престиж, статус и моќ. Работните луѓе се развиваат и задоволуваат многу потреби. Оствареното задоволство од работата обезбедува услови за подобро ментално и физичко здравје.


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

37

ПРЕС КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗДРУЖЕНИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Од друга страна, ако барањата за работа се сложени, тешки или опасни, ако не се во согласност со очекувањата, способностите, знаењето, вештините на луѓето, ако не се вклопат во вистинско време и невообичаен ритам, доколку условите за работа се надвор од границите на физичката и психолошка толеранција и морални вредности, без можност за подобрување и унапредување, ако работата е несигурна, социјално неутврдена, слабо платена, исполнета со неволја и конфликти во колективното, резултатот е деструктивно и непријатно искуство на стрес на работа. Стресот на работа е добро познат биопсихолошки феномен кој посредува меѓу работната средина, задоволството и здравјето на работниците и произлегува од притисокот создаден од барањата на работата и одговорот на луѓето на овие барања. Стресот може да предизвика психичко нарушување на лицето и разни психолошки ефекти врз неговото здравје. Стресот може да предизвика сериозна болест и да го оневозможи лицето, не само да одлучи, туку и воопшто да ја извршува работата. Стресот може да биде причина за неуспехот на работникот да работи. Стресот може да се пренесе на други работници во непосредна близина, кои инаку не се подложни на стрес. Бидејќи стресот е последица на сите организациски промени кои не се лесни за отстранување, тогаш само менаџментот, кој ги спроведува промените, престојува, учествува, управува со стресот и стресните ситуации во компанијата, со цел да го елиминира стресот, односно да се намали стресот на пожелно ниво. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


38

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

39


40

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

41


42

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

43


БИЗНИС ИНФО

44

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

12-15 јуни 2018 година, Хановер, Германија

МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ “CEBIT”

Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија информира дека на Саемот за телекомуникаци, информатичкокомуникациски и интернет услуги “CeBIT”, во Хановер, Германија, ќе се одржат бизнис средби „Future Match 2018“ од 12-15 јуни 2018 година. Во рамките на Саемот ,,CeBIT’’ ќе се организираат: изложба, конференција и фестивал, што опфаќа дигитализација на бизнисот, администрацијата и општеството. Паралелно со изложбата, во организација на Европската мрежа на претпријатија, ќе се случуваат и бизнис разговори „CeBIT 2018“. Повеќе информации на: https://futurematch2018.b2match.io/ Зошто да учествувате на деловните средби? -Запознајте се со најновите информации за ИКТ-трендовите и иновациите. -Промовирајте ги вашите производи, технологија и знаење. -Најдете решенија за вашите ИТ-проблеми. -Најдете нови партнери. -Најдете нови клиенти и креирајте нови партнерства со деловните партнери. -Разговарајте за нови идеи за проекти.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.5.2018, 30.5.2018 и 1.6.2018 година Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Информации за организираноста на обуката: • обуката ќе се организира во Стопанската комора на Македонија во претходно договорен термин, со можност истата да се организира и во вашите просториите во претходно договорените термини; • времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа; • по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование и обука; • обезбеден работен материјал; • обезбеден ручек и освежување; • цена на обуката по учесник изнесува 10.000 денари + ДДВ 18%; *Минимален број за реализација на обуката е 5 учесници. Предавачи на обуката се преставници од Центарот за стручно образование и обука кои воедно се и носители на работната група за изработка на оваа програма: м-р Бранко Алексовски, м-р Роза Арсовска и м-р Зоран Јовчевски.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

46

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

11-15 јуни 2018 година Мадрид, Шпанија

САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да земете учество на 19. Меѓународен саем за градско планирање, уредување и градска чистота, кој ќе се одржи во периодот од 11 до 15 јуни 2018 година во Мадрид, Шпанија. Истиот за првпат ги соединува најголемите саеми од секторот и тоа: Форумот за одржливи решенија за животната средина – Меѓународен саем за рециклирање, Меѓународниот саем за урбанизација, градско планирање и животна средина и Трговскиот саем за хигиена и чистота. Во рамките на саемските активности, ќе бидат организирани и работни средби со раководни лица од градски комунални претпријатија од Мадрид со цел размена на искуства и споделување добри практики. За реализација на програмата потребно е минимум 10 лица. Последен рок за пријавување е 30 мај 2018 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19-21.6.2018 ГОДИНА, Сараево, БиХ

Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

Зошто да учествувате? Учеството е бесплатно и вклучува: -персонализиран распоред за состаноци (однапред подготвени 20-минутни состаноци); -информативен пакет обезбеден на денот на настанот; -деловна помош на партнерите на Enterprise Europe Network. Рокови: -18 јуни 2018 година: Онлајн-регистрација на учесниците - внесување на профилот за соработка на веб-страницата за настани: http://www.energa2018.talkb2b.net/ . -18 јуни 2018 година: избирање на интересни профили и резервација на деловни средби на веб-страницата за настани. -19 јуни 2018 година: бизнис средби.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

48

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)

Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија

Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза

Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од


Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

БИЗНИС ИНФО

51

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


52

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.