Бизнис ИНФо бр 30 од 18.11.2010 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

1

Членка на: Број 30 од 18.11.2010

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Целосната либерализација - голема шанса за забрзано движење на економијата во регионот

КОМПАНИИТЕ MOЖАТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕД СВОИТЕ ДРЖАВИ!

Фокусирано Градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали порачува

КВАЛИТЕТНА РЕВИЗИЈА ОСИГУРУВА ДОБАР ПРОЕКТ!

Можности Наменски кредити за компаниите и за граѓаните

ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ПОЛЕСНО ДО БАНКАРСКИ ПОТПИС


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 18 ноември 2010

Подвлечено Шест децении на Економскиот факултет

СОЗДАЛДЕНИ МНОГУ БИЗНИСМЕНИ, МЕНАЏЕРИ И УСПЕШНИ ЛИДЕРИ

Економскиот факултет е институција за оние млади луѓе кои знаат и веруваат дека знаењето е основа на која се потпира животот. Во своето постоење факултетот покажал дека од обични студенти создава карактерни и успешни луѓе, кои знаењето лесно го претвораат во мудрост за среќен живот. Факултетот, низ сиве овие години, создаде елита која е препознатлива во сите области на економскиот живот. Со гордост можеме да речеме дека за овие 60 години од своето постоење Економскиот факултет создал многу бизнисмени, менаџери, успешни лидери, но пред се` професионалци во вистинска смисла на зборот.

ПОСТОЈАНО КРЕИРАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ Шпаркасе банка Македонија постојано работи на креирање нови производи, односно на подобрување на веќе постојните, со цел да ги задоволи потребите на нејзините главни целни групи, физичките лица и малите и средни претпријатија. Моментално банката работи на нови кредитни производи со цел да обезбеди поволни кредити за инвестиции. Понатаму ќе се понудат бараните кредити во рамките на програмите ИФАД и ИПАРД. Во однос на физичките лица, утврдивме, пред се’, побарувачка за долгорочни станбени кредити и за потрошувачки кредити, кои се вклучени во палетата на производи на банката и се планира нивно подобрување во иднина. Постојано работиме на оптимизирањето на квалитетот на услугите, каде што клиентите се во преден план на нашето дејствување. Ова е поширока тема и е тесно поврзана со сите области на дејствување на банката. На пример, работиме во насока на скратување на периодот на обработка на барањата, понатаму се предвидуваат подобрувања во електронското банкарство. Моментно се обучуваат специјалисти за проектно финансирање.

(Благоја Ѓорѓијовски, в.д. декан на Екоомскиот факултет)

Покровители

(Франц Кербер, претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе банка Македонија)

МАКЕДОНСКИТЕ МЕНАЏЕРИ НЕ ИНВЕСТИРААТ ВО СЕБЕ Има една голема заблуда дека бизнисмен и претприемач е исто. Во Македонија имаме бизнисмени, но немаме претприемачи. Да погледнеме само колкаво е нивото на корпоративна или општествена одговорност, која сите компании треба да ја имаат кон општеството, кон граѓаните. На прсти може да се избројат луѓето што со бизнис се занимаваат онака како што треба, се грижат за себе, постојано инвестираат во своето работење и постојано се трудат да одат напред. Едно скорешно истражување покажа дека меѓу првите 25 бренда на просторите на поранешна Југославија нема ниту еден македонски бренд. Тоа покажува дека македонските менаџери воопшто не инвестираат за од своите производи и од своето работење да направат вредност. Македонските менаџери речиси воопшто не инвестираат во себе и во сопствената едукација, што е многу лоша состојба. Во последно време има мал напредок на ова поле и се’ повеќе млади луѓе се едуцираат како да водат бизнис и како се станува вистински претприемач. (Синиша Пекевски, консултант за претприемаштво „ПСМ Фондација)


четврток, 18 ноември 2010

БИЗНИС ИНФО

3

Актуелно

Стопанската комора на Македонија на Неделата на ЦЕФТА во Белград, Република Србија

ПРЕКУ ЦЕЛОСНО КОРИСТЕЊЕ НА КУМУЛАЦИЈАТА РЕГИОНАЛНИТЕ КОМПАНИИ ПРЕДВРЕМЕ ВО ЕУ

ЦЕФТА се движи кон посложени теми, како што се единствен инвестициски пазар, слободна трговија со услуги или отворен пазар за јавни набавки, - истакна Винсент Дежер, претставник на ЕУ во Белград, на Неделата на ЦЕФТА. Неделата на ЦЕФТА, состанок на претставници на земјите-потписнички на ЦЕФТА-договорот, ја организираше Србија, како претседавач за оваа година. На Неделата на ЦЕФТА во Белград, Република Србија, присуствуваше и делегација на Стопанската комора на Македонија. Состанок во Хотелот „Континентал„ во Белград официјално го отвори министерот за економија и регионален развој во Владата на Република Србија, Млаѓан Динкиќ. Тој ја истакна важноста на ЦЕФТА-договорот за Србија, не само како договор за слободна трговија во регионот, туку и како основа за либерализација на јавните набавки и услуги, што е подготовка за компатибилен економски простор. -Освен дека за три години, колку што постои, ЦЕФТА беше инструмент за подготовка на земјите за членство во ЕУ, ЦЕФТА е значајна и за привлекување инвестиции. Инвеститорите доаѓаат бидејќи сметаат на целиот пазар, - нагласи министерот Динкиќ. - Важно е да ги искористиме можностите што ги нуди дијагоналната кумулација на потеклото и да привлечеме инвеститори кои произведуваат производи со висока додадена вредност. Претседателот на Стопанската комора на Србија, Милош Бугарин, зборуваше за работата на Форумот на стопанските комори-потписнички на ЦЕФТА, којшто се одржа во Стопанската комора на Србија. Беа претставени извештаите на работните групи за нецарински и технички бариери во трговијата во регионот, за царината и правилата за потеклото, како и за земјоделство. -Потеклото на стоките, како инструмент за подигнување на конкурентната и партнерската способност на економиите во земјите-членки на ЦЕФТА и привлекувањето на странски инвестиции и понатаму треба да биде во фокусот на интересите и активностите на коморите. Преку целосното користење на потеклото на стоките, нашите компании ќе бидат етаблирани на пазарот на ЕУ и пред формалното вклучување. Оваа европска димензија на унапредување на користењето на потеклото на стоките во рамките на ЦЕФТА има уште една димензија, а тоа е дека потеклото на стоките е инструмент за подлабока интеграција на стопанството во регионот. Ова се дел од констатациите што на Неделата на ЦЕФТА во Белград ги усвои Работната група за царина во чија работа учествуваа претставници на стопанските

комори на земјитепотписнички на ЦЕФТА 2006 договорот, Македонија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Известувач на оваа работна група беше токму Стопанската комора на Македонија. Притоа, тие се запознаа со заклучоците на Работната група за царина и за правилата на потекло на стоките, што се одржа на 12 мај 2010 година во Скопје. Претставник на секоја комора даде извештај за активностите на коморите и за активностите во врска со потеклото на стоките во нивните земји меѓу двата форума на ЦЕФТА и како резиме, како што истакна Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање во Стопанската комора на Македонија, Работната група за царина и правилата за потеклото на стоките, го констатираше, покрај погоре споменатото, и следното: * Потеклото на стоките, како инструмент за подигнување на конкурентската и партнерска способност на економиите во земјите-членки на ЦЕФТА и привлекувањето на странски инвестиции и понатаму треба да бидат во фокусот на интересите и активностите на коморите. * Преку сеопфатното користење на потеклото на стоките, нашите компании ќе се етаблираат на пазарот на ЕУ и пред да бидат формално вклучени. Оваа европска димензија на подобрување на користењето на потеклото на стоките во рамките на ЦЕФТА има уште една димензија, а тоа е дека потеклото на стоките е инструмент за подлабока интеграција на економиите во самиот регион. * Во четиригодишниот период на имплементација на ЦЕФТА 2006 договорот, констатиран е напредок во реализацијата на политичките одлуки од Самитот во Солун во однос на европската иднина на земјите од Западен Балкан - во однос на потеклото на стоките, како инструмент за економски развој во регионот. * ЦЕФТА-регионот денес ги имплементира: ЦЕФТА-билатералната и дијагоналната кумулација на потеклото; дијагонална кумулација со влез во ЕУ со потекло во рамките на ЦЕФТА и кон ЕУ; и дијагоналната кумулација која ја применуваат Македонија, Србија, Црна Гора, Турција и ЕУ во извозот и увозот. * Заеднички приоритет, на приватниот сектор и на владите, треба да биде, што е можно поскоро, постигнување на усогласени и изнивелирани услови за еднаков капацитет на сите земји-членки на ЦЕФТА за приклучување на регионот кон паневропската кумулација на потеклото. * Во ЦЕФТА-земјите кои имаат либерализирана трговија со ЕФТА-земјите или имаат неусогласени протоколи за потекло, приватниот сектор ќе ги поддржи владите во процесот на усогласување и поврзување на Регионот во


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

Актуелно дијагоналната кумулација, како чекор кон паневропската кумулација. * Политичката одлука за приклучување на земјите од Западен Балкан кон преференцијалните правила за пан-евро-медитеранскиот регион од 2007 година, уште еднаш е потврдена, на 9 декември 2009 година, со одлука на Министерската конференција во Брисел - земјите од Западен Балкан да се приклучат кон Единствената регионална конвенција за преференцијални правила за потеклото на паневро-медитеранскиот регион. * Свесни дека тоа е процес, којшто зависи и од Брисел и од нас, коморите ја нудат својата поддршка на владите за да се забрза процесот на либерализација на билатералната трговија со земјите од ЕУ-медитеранското партнерство. * Синхронизацијата во овој процес е клучот за брз напредок во процесот на приближување кон ЕУ, преку можноста за користење на пан-европската кумулација. * Коморите, врз основа на секојдневната пракса и знаење врз основа на анкетите спроведени меѓу членството, заклучуваат дека е неопходно да се продолжи воспитно-образовниот процес преку единствени или синхронизирани активности, како што е заеднички Водич или информатор за правилата за потекло, коишто би го опфатил целиот ЦЕФТА-регион и во којшто би учествувале сите членки на ЦЕФТА, поддржани од Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК. * Натамошното учество на царинската администрација во процесот на едукација за потеклото на стоките, но и нивно поактивно учество во коморските ЦЕФТА-работни групи ќе придонесе за унапредување на партнерскиот и консултативен однос со приватниот сектор. * Коморите во целост ги нудат своите капацитети на царинската администрација на ЦЕФТА-земјите во процесот на утврдување на потеклото на стоките и на фактичката состојба на терен. * На барање на своите членки коишто учествуваат во јавните набавки во некои земји-членки на ЦЕФТА, коморите издаваат потврди за националното потекло на стоките кои се предмет на јавните набавки. * Работната група констатираше дека е потребно усогласување на критериумите и синхронизирано прифаќање на учесниците во јавните набавки од нематичните земји, бидејќи е очигледно дека постои двоумење во поглед на критериумите и на значењето и имплементацијата на начелото за недискриминација, односно на член 35 од ЦЕФТА-договорот. * Работната група заклучи дека е неопходно да се работи на промовирање на единствен пазар за јавни набавки и вмрежување на стопански комори во врска со набавка на регионот на ЦЕФТА. * Работната група за царина и за правилата за потеклото на стоките, имајќи ја предвид релативно малата физичка територија на ЦЕФТА-регионот и бројноста на граничните контроли, ја истакнува потребата во ЦЕФТАрегионот што побрзо да се преземат активности за: - електронско поврзување на царинските испостави во однос на царинските прекугранични процедури; - спроведување на заеднички царински и други контроли на граница, пред се` врз основа на на проценки на ризиот.

Исто така, на ЦЕФТА-секретаријатот му се препорачува да ја испита можноста ЦЕФТА-регионот да имплементира проект за примена на електронска документација во сите увозно-извозни и транзитни процедури, како што е проектот во процес на имплементација во ЕУ, а треба да се заврши во 2013 година во согласност со заедничката Одлука на Европскиот парламент и на Советот (ЕЗ „Службен весник„ L 23/2008), а којашто воедно ги поканува земјите кои се во процес на пристапување и земјите-кандидати да учествуваат во овој процес како подготвителна активност за пристапување кон ЕУ, - истакна Љубица Нури.

Работна група за нетарифни и технички бариери

ГРАНИЦИТЕ И НАТАМУ ТЕШКО ПРООДНИ

На Неделата на ЦЕФТА во Белград (9-12.11.2010 година) Групата за нетарифни и технички бариери стави акцент на начините за надминувањето на проблеми со што се постигнуваат повеќекратни ефекти -отстранување на корупцијата, развој на економијата и обединување на трговскиот пазар во регионот. Оваа група имаше цел да формулира став којшто потоа ќе се пренесе до владините органи со цел брзо надминување на овие проблеми. Како што беше истакнато од самите учесници на работната сесија, досега е направено многу во овој дел и на добар пат сме кон воспоставување на една економска заедница со унифицирани правила и стандарди. Оваа работна група се состана по седми пат, но иако нотираше одреден напредок, сепак, констатира дека нема доследно спроведување на ЦЕФТА-одредбите и се прават билатерални или мултилатерални договори. Од друга страна, со доближување на земјите-кандидати до ЕУ се појавуваат и нови бариери во трговската размена. Како најчести бариери кои беа посочени, пред се`,

од македонска страна, во трговската размена со земјитечленки на оваа организација се: долгите и комплицирани процедури на граничните премини, сложените процедури за проверка на здравствената состојба, како и микробиолошки проверки, застој на граничниот премин со Србија, посебно за камиони со сезонски земјоделски производи, високи цени на лабораториските анализи во Србија што ја подига


четврток, 18 ноември 2010

БИЗНИС ИНФО

5

Актуелно цената на извозот за 3 - 4%, дополнително плаќање за инспекција во Србија за транзит на производи од животинско потекло од Македонија, двојни контроли на стоките како резултат на непризнавање на сертификатите за квалитет, фитосанитарните и ветеринарните документи итн. Генерално, постојат два проблема со коишто се соочуваат сите земји: задржување на стоките на граничните премини и покрај укажувањата од ЕУ за отстранување на граничните контроли и брз проток на истите и, непризнавање на сертификати и документи за стоките. Земјите-членки на ЦЕФТА немаат исти прописи, па во тој случај испитувањата се прават согласно прописите и барањата на земјата-увозник. Членовите на работната група на крајот од состанокот усвоија заклучоци. Имено, беше констатирано дека има: мал број на новопојавени трговски бариери, коморите како фактор во нивното детерминирање треба да заземат поактивна улога во алармирање на државните органи за нивно решавање, а со цел привлекување на странски капитал, функционирање на билатералните или мултилатерални договори, подготвеност на земјите на ЦЕФТА да размислуваат глобално, иницијативи за воведување исти процедури и уверенија, транспарентност меѓу економиите на земјите, соработка на коморско ниво и истовремен пристап со владите со цел елиминирање на царинските бариери, промена на процедурите на граничните премини, издвојување на поимите КВАЛИТЕТ и БЕЗБЕДНОСТ- како приоритет да биде безбедноста, а потоа квалитетот на стоките, мониторинг на земјите на патот кон ЕУ, заживување на ЦЕФТА-порталот со цел подобра информираност за сите релевантни прописи и процедури, визна либерализација, организирање на обуки од страна на коморите за бизнисзаедницата, како и меѓусебно признавање на документите од акредитираните тела.

дискусија, се` со цел поддршка на стопанствата со максимална употреба на позитивни ефекти од создавањето на зона на слободна трговија во регионов. Врз основа на целокупната дискусија што беше водена по голем број прашања, беше констатирано дека по примената на Договорот ЦЕФТА 2006, најголема размена на земјоделски и прехранбени производи е достигната во 2008 година, во износ од 1.590 милијарди евра, а во 2009 година како резултат на светската економска криза, има намалување за 3,8% и размената изнесува 1.530 милијарди евра. Во првата половина од 2010 година нивото на трговијата е задржано како претходната година. Што се однесува за Република Македонија, за 6 месеци од 2010 година извозот на земјоделско-прехранбени производи во земјите од ЦЕФТА изнесува 113 милиони САД долари. Најголем партнер каде што извезуваат македонските компании е Република Србија - во висина од 43,7 милиони САД долари. На страната на увозот од земјите-членки на ЦЕФТА за првите 6 месеци од 2010 година увезени се земјоделскопрехранбени производи во износ од 53,4 милиони САД долари, што значи дека во надворешно-трговската размена остваруваме суфицит од околу 60 милиони САД долари. Работната група расправаше и за големиот број на нецарински и нетарифни бариери, кои на поедини членки им ја ограничуваат размената и го намалуваат протокот на стоки. Притоа беше оценето дека е достигнат определен напредок и транспарентност во врска со законодавството со ЕУ и националните законодавства меѓу потписничките на ЦЕФТА, при што на овој начин превентивно се делува за смалување на можностите од појава на нови бариери и препреки во трговијата со земјоделски производи. Исто така, забележан е

Васко Ристовски Работната група за земјоделство

НАТАМОШНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ТРГОВИЈАТА ВО „ЗЕЛЕНАТА ГРАНКА“

Почнувајќи од досегашните активности и резултати од сработеното во рамките на ЦЕФТА 2006, како и од воспоставувањето пракса за одржување средби, по повод Неделата на ЦЕФТА, што се организираше во Белград, во Стопанската комора на Србија, на 9.11. 2010 година, се одржа состанок на Работната група за земјоделство. На средбата присуствуваа претставници на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, стопанските комори на Република Српска, на Црна Гора, на Хрватска, како и на Стопанската комора на Македонија. Во работата беа вклучени и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (Одделение за ветеринарна медицина и Генералниот инспекторат) и од Министерството за економија и регионален развој на Република Србија. Секретарот на Здружението за земјоделство, прехранбена и тутунска индустрија при Стопанската комора на Србија, Милан Простран, го отвори третиот состанок, изразувајќи надеж дека наредниот период ќе биде период за натамошна либерализација во ЦЕФТА-регионот и период на зголемување на надворешно-трговската размена меѓу земјите. Трговијата со земјоделски производи во ЦЕФТАрегионот, економската соработка на членките на ЦЕФТА, како и приоритетите коишто треба да се исполнат во наредниот период, беа вовед во една сеопфатна отворена и конструктивна

извесен напредок во билатералните соработки на одговорните државни органи, којшто придонесува за решавање на проблемите, но тоа повеќе се однесува на поединечни случаи, отколку на системско решавање на проблемите. Врз основа на изнесените информации и констатации, Работната група за земјоделство ги донесе следните Заклучоци: - стопанските комори ги поздравуваат и ги поддржуваат активностите за обезбедување натамошна либерализација на земјоделско-прехранбените производи; - стопанските комори го поздравуваат потпишувањето на Спогодбата за меѓусебно признавање на цертификати меѓу Босна и Херцеговина и Србија; - исто така, сите стопански комори целосно го поддржуваат отпочнувањето на работа на трговскиот портал за ЦЕФТА и очекуваат со неговото функционирање да се обезбеди смалување на постојните, како и превентивно спречување од појава на нови нецарински бариери во трговијата. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 18 ноември 2010

Актуелно

ПРОМОВИРАН ТРГОВСКИОТ ПОРТАЛ ЦЕФТА Осумте потписнички на Договорот за слободна трговија ЦЕФТА 2006 го промовираат Трговскиот портал ЦЕФТА во текот на Неделата на ЦЕФТА 2010 во Белград. За ова тие добија поддршка од Германската техничка соработка (ГТЗ) во име на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Новиот Трговски портал ги содржи сите релевантни и практични информации за трговија со страните на Договорот за Прес-конференција на тема: “Заклучоци од Конференцијата на слободна трговија - ЦЕФТА 2006. Трговците кои што ЦЕФТА одржана во Белград - нови мерки во рамките на ЦЕФТА увезуваат и извезуваат стоки во и од секоја од членките размената” на ЦЕФТА се подложени на одреден број на важни ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ВЕРТИКАЛНОТО правила и регулативи во врска со царините, лиценците, СПС и процедурите за ветеринарна контрола, технички ПОВРЗУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА ВО РЕГИОНОТ и други регулативи. Досега практиката покажала дека понекогаш биле потребни недели за да ги добијат Коморскиот ЦЕФТА-Форум, заедничкиот ЦЕФТА-комитет составен информациите што им се потребни. Целта на порталот од претставници на владите на земјите-членки на ЦЕФТА, претставниците на е да го скрати времето на компаниите и да ги намали меѓународната заедница, ЕК, ОЕЦД, ИФЦ, УНЕЦЕ, Светската банка, Деловниот трошоците за добивање на овие информации, како и да совет при Пактот за стабилност, ГТЗ, Шведскиот национален совет за трговија, Владата на Република Германија, ГТЗ, ДИХК и Советот за регионална соработка ја зголеми транспарентноста на трговските процедури, беа единствени во Белград во оценката на имплементацијата на ЦЕФТА-договорот. – соопштуваат од Министерството за економија на Во неколку зборови, тоа значи: постигнат е напредок, но треба интензивно да Република Македонија. се продолжи во исполнувањето на обврските од Договорот бидејќи тие ќе го Осмислен како единствено место за пристап претворат регионот во заеднички економски простор на либерализирана трговија, до релевантни информации од сите осум членки на услуги и инвестиции, што ќе биде евалуација на подготвеностa за ЕУ-интеграција, ЦЕФТА, порталот вклучува и објаснување на секоја фаза а директно ќе влијае врз зајакнувањето на конкурентностa на регионот и од трговските процедури. Таму не се само наведени, привлекување на странски инвестиции. туку се и обезбедени ’онлајн’ сите релевантни документи што им се потребни на компаниите за да увезуваат или извезуваат стоки. Јазичните бариери, кои често го усложнуваат процесот на собирање трговски информации, се надминати со понуда на информациите на сите официјални јазици, како и на англиски јазик. Порталот ќе ја зголеми транспарентноста за регулативите и формалностите што се однесуваат на трговијата во регионот. Неговата цел е да ја олесни трговијата преку елиминација на нетарифните бариери. Освен на приватниот сектор, порталот ќе и’ биде од корист и на јавната администрација на членките Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на ЦЕФТА, за да се запознае со сите формалности, на Македонија на тема: ``Заклучоци од Конференцијата на ЦЕФТА одржана во регулативи и правила за трговијата во регионот. Белград – нови мерки во рамките на ЦЕФТА размената`` (15.11.2010 година). - Клучно за натамошниот развој на регионот ќе биде длабинско, Порталот е дополнување на заложбите на различни институции на ЦЕФТА за размена на информации во вертикално поврзување на економските процеси и создавање на регионални пазари по сите сегменти. Тоа ќе се постигне со изнивелирани тој поглед. Се смета дека со ова порталот ќе придонесе единствени - апроксимирани регулативи и процедури. ОЕЦД го промовираше проектот за зајакнување на конкурентноста и промоција на којшто ќе го поддржи овој процес. Потребно е да се смени структурата на интрастранските инвестиции, како и на соработката во регионалната трговија и повеќе да бидат застапени производи со зголемена регионот. додадена вредност. Сега доминираат земјоделските производи, суровини, Промоцијата на порталот е резултат на полупроизводи. Регионот мора што побргу да создаде заеднички пазар за комплексен процес во којшто беа вклучени министрите инвестиции, заеднички пазар за јавни набавки, енергетски пазар, транспортна одговорни за трговија од сите осум членки на ЦЕФТА. заедница на регионот. Ова се процеси коишто владите треба да ги препознаат како приоритетни и како индикатори за напредок во процесот на стабилизација Процесот започна пред повеќе од една година и и асоцијација, додека за приватниот сектор тоа е одамна приоритетна потреба се имплементираше како проект на ГТЗ „Отворени во битката за конкурентност на производот и регионот, - нагласи Љубица Нури, регионални фондови за унапредување на надворешната директор на Дирекцијата за меѓународни односи, промовирање и информирање трговија во Југоисточна Европа“ (ОРФ ФТ). Проектот во Стопанската комора на Македонија. ЦЕФТА-договорот е инструмент за реализација на одлуките на Солунскиот што трае од 2008-2010 година го водеше албанското самит (2003) регионот забрзано да се интегрира во ЕУ, како пат за неговиот Министерство за економија, трговија и енергетика. економски развој и глобална интеграција. Денес, регионот веќе има можност да Промовирањето на Трговскиот портал ЦЕФТА кумулира потекло на стоките меѓу себе, ЕУ и Турција и се доближува до целосна е првиот чекор во унапредувањето на повеќејазичен паневропска кумулација на потеклото. Нетарифните бариери се намалуваат, портал што ќе им го олесни работењето на деловните треба да се работи на целосна либерализација во јавните набавки, да се заврши субјекти и ќе им помогне да соработуваат со која процесот на целосна либерализација на трговијата, да се започнат преговорите за било друга членка. Страните на ЦЕФТА, под водство мултилатерално признавање на документите за квалитет и технички стандарди... - Претставници на Стопанската комора на Македонија имаа активно на ресорното министерство на Република Албанија, ќе учество во работните групи за земјоделие, нетарифни бариери, за царински продолжат да соработуваат заедно за да ја збогатат прашања и потекло на стоките. Овие работни групи беа подржани од партнерскиот содржината на порталот и да развијат нови функции. проект ЦЕФТА - ДИХК. Заклучоците од коморските работни групи беа доставени до Новиот ГТЗ ОРФ ФТ проект ќе продолжи да им работните групи на Заедничкиот ЦЕФТА-комитет, – додаде Љубица Нури. Трговската размена на Македонија со членките на ЦЕФТА во првите шест обезбедува таргетирана поддршка до декември 2012 месеци од годинaва достигна 729,6 милиони САД долари, односно 11,5 проценти година. До новата Интернет-алатка, наречена Трговски од вкупната надворешна трговска размена. Во тој период е остварен извоз во од 447,7 милиони САД долари и увоз од 282 милиона САД долари. портал ЦЕФТА, може да се пристапи на h�p://www. вредност Извозот во земјите на ЦЕФТА во првата половина од годинава учествува со 31,2 ce�atradeportal.com. Ги покануваме сите посетители отсто во вкупниот извоз на земјата, а во увозното салдо ЦЕФТА-земјите имаат и заинтересирани лица да го посетат порталот и да ја учество од 11,90 отсто. проверат корисноста и точноста на информациите.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

7

Актуелно

РАЗМЕНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕФТА

Бројки и факти

Надворешно-трговската размена на Република Македонија со ЦЕФТА-земјите (Албанија, БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Молдавија) во првите шест месеци од 2010 година достигна вредност од 729,6 милиони САД $, или 11,5% од вкупната надворешно-трговска размена. При тоа, остварен е извоз во вредност од 447,7 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 282 милиони САД$.

Трговска размена на Македонија со ЦЕФТА-земјите во периодот јануари-јуни 2010 година ЗЕМЈА

КОЛИЧИНА ВО КГ.

ИЗВОЗ во САД$

КОЛИЧИНА ВО КГ.

УВОЗ во САД$

Албанија

69.431.533,00

32.562.310,00

77.561.044,00

8.783.033,00

Босна и Херцеговина

43.425.759,00

38.303.044,00

28.743.025,00

21.320.970,00

59.624.014

Хрватска

64.364.993,00

60.189.652,00

40.139.780,00

51.071.095,00

111.260.747

Црна Гора

22.939.308,00

13.185.099,00

611.273,00

429.659,00

13.614.758

138.210.830,00 112.308.538,00 281.818.707,00 190.399.276,00

302.707.814

Србија Молдавија

1.038.594,00

ВКУПНО во САД$ 41.345.343

197.194,00

566.045,00

400.491,00

597.685

Косово

498.596.979,00 190.974.208,00

27.408.728,00

9.522.477,00

200.496.685

Вкупно ЦЕФТА

838.007.996,00

456.848.602

281.927.001

729.647.046

447.720.045

Компаративна анализа на обемот на трговска размена на Р.Македонија со ЦЕФТА-земјите 01-06.2010 – 01-06.2009 година

Извозoт во земјите на ЦЕФТА за периодот 01-06,2010 година учествува со 31,2% во вкупниот извоз на земјата, а во увозот ЦЕФТА-земјите учествуваат со 11,90%. Вкупната трговска размена со ЦЕФТА-земјите учествува со 11,5%. Споредбено со истиот период од минатата година, вкупната размена со ЦЕФТА е зголемена за 14,8 милиони САД $ или раст од 2,1%, извозот остана непроменет, а увозното салдо бележи покачување од 15 милиони САД $ или + 5,6%. Име на земја

Вкупна размена 01-06 2009

Извоз

01-06 2010

Индекс

01-06 2009

Увоз

01-06 2010

Индекс

01-06 2009

01-06 2010

Индекс

Албанија

48.061.600

41.345.343

86,0

37.673.345

32.562.310

86,4

10.388.255

8.783.033

84,5

Босна и Херцеговина

58.018.723

59.624.014

102,8

37.369.403

38.303.044

102,5

20.649.320

21.320.970

103,2

Хрватска

131.868.433

111.260.747

84,4

80.415.229

60.189.652

74,8

51.453.204

51.071.095

99,3

Црна Гора

11.191.441

13.614.758

121,6

10.323.042

13.185.099

127,7

868.399

429.659

49,5

391.258.008

302.707.814

77,4

210.521.260

112.308.538

53,3

180.736.748

190.399.276

105,4

1.094.386

597.685

54,6

44.890

197.194

437,8

1.049.496

400.491

38,1

Косово

73.347.497

200.496.685

273,3

71.512.841

190.974.208

267,1

1.834.656

9.522.477

519

Вкупно ЦЕФТА

714.840.088

729.647.046

102,1

447.860.010

447.720.045

99,9

266.980.078

281.927.001

105,6

3.508.534.385

3.877.142.984

110,5

1.191.214.934

1.436.072.996

120,6

2.317.319.451

2.441.069.988

105,3

Србија Молдавија

Вкупно Р.М.

Обем на трговската размена на Република Македонија со земјите од ЦЕФТА-регионот во 2009 година Надворешно-трговската размена на Република Македонија со ЦЕФТА-земјите (Албанија, БиХ, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Молдавија) во 2009 година достигна вредност од 1.600,7 милиони САД $, или 20,7% од вкупната надворешно-трговска размена. При тоа, остварен е извоз во вредност од 1.000,4 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 600,4 милиони САД $. Поволниот биланс во трговската размена на Република Македонија со ЦЕФТА-земјите го изразува годишниот суфицит од над 400 милиони САД $ и е помал во однос на минатата година за 38,6 отсто. Само со Република Молдавија имаме незначителен трговски дефицит. Име на земја

Извоз количина во кг

Вкупно

Биланс

сума во САД $

количина во кг

Увоз сума во САД $

сума во САД$

сума во САД$

Албанија

194.700.296

83.949.490

192.696.332

24.098.045

108.047.535

+59.851.445

Косово

815.939.067

314.541.893

23.749.230

9.658.411

324.200.304

+304.883.482

Босна и Херцеговина

93.352.924

86.643.758

54.200.626

46.530.444

133.174.202

+40.113.314

Хрватска

155.681.085

152.719.779

81.510.324,

118.341.303

271.061.082

+34.378.476

Србија

513.305.077

337.591.191

547.710.361

397.054.505

734.645.696

-59.463.314

Црна Гора

26.222.470

24.881.686

1.943.501

1.750.513

26.632.199

+23.131.173

Молдавија

376.600

93.045

5.254.351

2.930.910

3.023.955

-28.378.865

1.799.577.519

1.000.420.842

907.064.725

600.364.131

1.600.784.973

+400.056.711

ВКУПНО

Извоз во земјите на ЦЕФТА за посочениот период учествува со 37,2% во вкупниот извоз на земјата, а во увозот, ЦЕФТА-земјите учествуваат со 11,90%. Вкупната трговска размена со ЦЕФТА-земјите учествува со 20%.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 18 ноември 2010

Актуелно Трговска размена со ЦЕФТА-земјите по групи на производи во 2009 година ИЗВОЗ 2009 ИЗВОЗ ЦЕФТА по гранки САД$

Име на отсекот/секторот

УВОЗ 2009

ТОТАЛ ИЗВОЗ НА РМ по гранки САД$

ЦЕФТА%

УВОЗ ЦЕФТА по гранки САД$

ТОТАЛ УВОЗ НА РМ по гранки САД$

ЦЕФТА%

ВКУПНА РАЗМЕНА СО ЦЕФТА по гранки 2008

ЦЕФТА Суфицит/ Дефицит по гранки 2009

Земјоделси и прехранбени проиводи

186.895.100

283.045.216

66

182.133.000

560.370.000

35

929,233,000

-277.324.800

Вино и други алкохолни пијалоци

18.203500

86.227.500

21

3.200.000

33.419.000

10

129,200,000

+52,808,500

Тутун и цигари

30.178.000

110.606.000

27

7.600.000

18.289.000

41

141,277,000

+83.317.000

Метална и електро индустрија

83.345.700

227.998.190

36,5

54.216.000

1.417.000.000

3,8

213.000.000

+29.129.700

Црна и обоена металургија

46.042.526

666.000.000

6,9

48.334.000

465.000.000

10,3

455.600.000

-2.292.000

Хемиски и фармацевтски производи

61.394.500

188.000.000

32,9

77.641.000

692.210.000

11,1

221.900.000

-16.245.500

7.277.886

627.500.000

1.6%

2.005.254

461.563.000

0.5%

1.334.790.000

165.937.000

Текстил и конфекција

Компаративна анализа на трговската размена со ЦЕФТА во 2009 година вкупна размена

% на учество РМ вкупно

Извоз

% на учест-во во РМ вкупно

Увоз

% на учест-во во РМ вкупно

ЦЕФТА

1.600.784.973

20,7%

1.000.420.842

РМ

7.734.643.000

100%

2.691.528.000

37,2%

600.364.131

11,90%.

100

5.043.115.000

100

Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена со ЦЕФТА-земјите во 2009 година оствари пад од 576 милиони САД $ што е за 26,4 отсто понизок од обемот на размената во 2008 година. Извозното салдо бележи пад од 29,3%, додека увозот е намален за 21,4% во споредба со претходната година.

Име на земја Босна и Херцеговина Србија

Вкупна размена 2008

Извоз

2009

Индекс

2008

Увоз

2009

Индекс

2008

2009

Индекс

157.442.869

133.174.202

84,6

104.841.195

86.643.758

82.6

52.601.674

46.530.444

88,4

1.466.734.500

734.645.696

50,1

934.717.207

337.591.191

36,1

532.017.293,

397.054.505

74,6

Црна Гора

39.784.625

26.632.199

66,9

38.571.696

24.881.686

64,5

1.212.929

1.750.513

144,4

Хрватска

366.672.520

271.061.082

73,9

228.958.881

152.719.779

66,7

137.713.639

118.341.303

85,9

3.393.449

3.023.955

89,1

28.680

93.045

324,4

3.364.769

2.930.910

87,1

142.429.471

108.047.535

75,8

106.773.054

83.949.490

78,6

35.656.417

24.098.045

67,6

Молдавија Албанија Косово *

-

314.541.893

ВКУПНО

2.176.457.434

1.600.784.973

73,58

-

324.200.304

1.413.890.713

1.000.420.842

70,7

-

9.658.411

762.566.721

600.364.131

* Статистичките податоци за Косово во 2008 година не се водат одделно, туку во склоп на трговската размена со Србија * Државниот завод за статистика за Косово не води поединечни статистички податоци за трговската рамена

ПРИКАЗ НА ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД ЦЕФТА-ЗЕМЈИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Земји

2005

2006

СДИ во Република Македонија

2007

2008

Вредност

Албанија

3.570.681

11.600.709

16.628.804

23.899.994

Босна и Херцеговина

200.134

1.003.883

1.323.285

1.816.078

Хрватска

20.338.018

30.594.727

44.265.745

53.226.525

Црна Гора

0

0

175.464

238.081

Молдавија

-45.760

-21.545

6.914

109.590

Србија

0

0

66.329.442

62.314.349

Србија и Црна Гора

32.830.400

53.769.542

0

0

Вкупно ЦЕФТА

1.768.974.786

2.098.572.637

2.545.166.869

2.968.754.631

Вкупно Р.М

1.768.974.786

2.098.572.637

2.545.166.869

2.968.754.631

78,6


четврток, 18 ноември 2010

БИЗНИС ИНФО

9 Соработка

На 12 ноември 2010 година во организација Стопанската комора на Македонија - ЕИИЦМ се одржаа деловни средби со компании од Република Србија

ДОГОВОР ЗА ПОВИСОКИ ОБЛИЦИ НА СОРАБОТКА Во организација на Стопанската комора на МакедонијаЕвропскиот информативен и иновативен центар во Македонија, а со цел воспоставување директни контакти и запознавање со потенцијални партнери, мали и средни претпријатија од Србија и Македонија, на 12 ноември 2010 година, се одржаа деловни средби во Стопанската комора на Македонија. Делегацијата од Србија, предводена од EEN - Enterprise Europe Network во Србија, беше составена од директори на мали и средни претпријатија од следните области: издаваштво,, трговија, инженеринг, машинство и металопреработувачка, ракотворби, ИТ консалтинг и менаџмент, прехрамбена индустрија , едукација за wellness i SPA програми, дрвна индустрија, угостителство и графичка дејност Бизнис форумот беше добра можност за унапредување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Србија, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи

меѓу 50-те компаниите од двете земји. Стопанската комора на Македонија-Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија бесплатно ја организираше оваа средба, и им обезбеди ЦД – директориум за македонското стопанство и најважни податоци за препријатијата од Република Македонија, како и брошура за Меѓународните т р г о в с к и документи, кои ќе им помогнат да донесат правилни одлуки за натамошната работа. Одзивот за средбата беше одличен, кое уште еднаш ја истакна потребата Стопанската комора на МакедонијаЕвропскиот информативен и иновативен центар во Македонија да продолжи и понатаму да организира вакви деловни настани, со цел да им помогне на малите и средни претпријатија да ја интернационализираат својата стопанска активност. Лазo Ангелевски и Софче Јовановска

Фокусирано Управен одбор на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали

КВАЛИТЕТНА РЕВИЗИЈА УСЛОВ ЗА ДОБАР ПРОЕКТ * Искажан интерес за поголема соработка и транспарентност во работењето со Комората на овластени архитекти и овластени инженери (Комора ОАИ) На иницијатива на Управниот одбор на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, на 12.11.2010 година, се одржа состанок со претставници на УО на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (Комора ОАИ), на којшто се расправаше за повеќе прашања кои се во интерес за фирмите, но и за спроведување на законските ингеренции согласно Законот за градење. На состанокот беа потенцирани повеќе проблеми со кои се соочуваат фирмите, пред се`, во спроведување на законските решенија, но и брзо носење на нови измени, како што беа и последните измени посебно во делот за добивање на лиценци за странски компании. Во законската регулатива за градежништвото големи потешкотии има и влијанието на други закони кои создаваат дуализам во законската регулатива. Во расправата се потенцираа и прашањата околу критериумите при издавање на овластувањата, членарината на членовите на Комората ОАИ, доцнењето со донесување на тарифник за минимални цени и друго. Во насока на подобрување на квалитетот на проектите, се потенцираше дека за лиценците за ревизија на проектите подобро е критериумите да бидат доста поригорозни и со поголеми одговорности, поаѓајќи од начелото дека добрата ревизија дава сигурност за добар проект. Како посебно прашање за кое се разговараше беа и лиценците за урбанизам, а квалитетното идејно решение за

детални урбанистички планови треба да биде основа за избор при негова реализација, а не цената. Лошо урбанизиран простор има далекусежни последици на просторот, кои не ќе можат да се поправат со децении и генерации. Претставници од Здружението на градежништвото, беше предложено, да се вклучат со свои сугестии околу доизработка на предлог-тарифникот, секој од својата област (урбанизам, архитектура, статика и т.н.), за што е потребно, Комората на ОАИ да достави листа за кои оддели се потребни сугестии и стручни лица. Во изработка и давање на конечно мислење на тарифникот треба да се вклучи и ресорното министерство, се` со цел, истиот да се усвои што е и законска обврска. Заради поголема транспарентност во работата на Комората на ОАИ, е предложено почесто да се информираат членките, преку медиумите, преку прес-конференции, како и отворање на регионални центри во државата. Наредна активност на Комората на овластени архитекти и овластени инженери е одржување на годишно собрание, кое се планира да се одржи во месец декември оваа година. Заедничкото настапување на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, пред надлежните институции и навремено вклучување во делот на давање на мислења и сугестии во измена и дополнување на законската регулатива, како и подзаконските акти, ќе биде од интерес, како за компаниите така и за државата. Марија Петроска


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

Енергија Бизнис-средба на македонски и австриски компании од областа на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина

ДОБРОДОЈДЕНИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ЗА ДОБЛИЖУВАЊЕ ДО ЕВРОПСКАТА ПРАКТИКА

Обновливите извори на енергија и заштита на човекова околина е темата на македонско австриските деловни средби кои што во организација на Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија и Секторот за енергетика при Стопанската комора на Македонија се одржаа на 17 ноември 2010 година. Трговското аташе во Амбасадата на Република Австрија, Анита Бавдаж, на почетокот на презентацијата и бизнис средбите најнапред го истакна значењето на настанот за продлабочување на соработката, и особено на директните средби меѓу стопанствениците, како можност за рзмена на искуства и продлабочување на бинис контактите. Австриската делегација беше во состав од 8 компании со особено значајно искуство од областа на обновливите извори на енергија и заштита на животната средина, кои се заинтересирани за соработка со балканските земји и посебно со Република Македонија. Дел од нив се веќе присутни на македонскиот пазар. Но, има и компании кои за прв пат доаѓаат да воспостават соработка со македонски фирми. -Овие средби се уште еден придонес во зголемување на досега успешната соработка помеѓу двете земји. Австрија досега има реализирано над 60 инвестиции во Република Македонија а трговската размена бележи повеќегодишен тренд на пораст (со исклучок на 2009 година, кога е забележан пад поради глобалната економска криза), - додаде Анита Бавдаж. Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје во своето обраќање исто така ги истакна одличните односи помеѓу Република Македонија и Австрија, како на економски, така и на институционален план. Потребно е нивно натамошно динамизирање со лоцирање на конкретни пунктови на идна успешна соработка, а презентација на австриските компании и особено билатералните средби се уште една можност за продлабочување на соработката, во енергетскиот, како клучен сектор на стопанското и вкупното живеење во државата. На австриските стопанственици им се обрати и заменик министерот за економија, Методиј Хаџи Васков, кој истакна дека Република Македонија во моментот 16,3% од енергијата ја обезбедува од обновливи извори, а овој процент реално се очекува во 2020 година да достигне 21%. Надлежното министерство активно работи на планот на создавање услови за стимулирање на производството на обновлива енергија. Денешните презентации, истакна Методиј Хаџи Васков, вклучитално и презентациите на државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, како и размената на искуствата помеѓу македонските и австриските компании од овој сектор ќе го дадат придонесот за постигнување баланс помеѓу можностите за зголемени економски ефекти на планот на обновливите извори на енергија и можностите за зачувување на животната средина. Средбата го третираше особено значајното и актуелно прашање од областа на енегриката и заштитата на животнта средина, активностите насочени кон постигнување на глобалниот енергетски одржлив развој со што поголемо искористување на обновливата енергија, што е, пак, придонес и кон намалување на емисиите на јаглерод двооксид, а со тоа и на спречување на климатските промени. На глобално ниво, присутен е консензус чија цел е справување со предизвиците на денешното време, како што се постојаното зголемување на потребата од енергија, глобалното затоплување и растечките цени на енергијата. Ваквите состојби ја одредува светската потреба од значително зголемување на користењето обновлива енергија за краток временски период, што пак бара мобилизирање на човечките, технолошките и финансикси капацитети. Република Македонија има голем потенцијал за користењето на обновливите извори на енегрија - сонцето, водата (хидропотенцијалот), биомасата, геотермалната вода и ветерот. Прашањето, пак, на енергетската ефикасност, рационално користење на енергијата и зачувување на животната средина добива се поголемо значење за економскиот и се вкупниот живот во државава. Имајќи го предвид фактот дека енергетските потреби

во светот се во постојан пораст, а конвенционалните ергенси се со надолен тренд, домаќинското користење или енергетската ефикасност на сите расположиви енергенси се наметнува како императив во современото живеење. Ова е особено значајно

за земјите со ограничени економски можности и енергетски ресурси. Од таа причина, ова проблематика е еден од приоритетите и на надлежните органи, сврзани и со ЕУ агендата на Република Македонија. Новиот закон за енергетика, кој е во собраниска процедура, дава посебно место на производството на енергија од обновливи извори и на енергетската ефикасност. Веќе е донесена Стратегијата за обновливи извори на енегрија, а во фаза на усвојување е и Стретегија за енегретска ефикасност со Прв акционен план за нејзина реализација. Со тоа се врши заокружување на регулативата и стратешките документи за овие значајни теми од областа на енергетиката. Република Македонија превзема активности за доближување кон европските таргети - до 2020 година да се постигне 20% производтво на енергија од обновливи извори и да се намали за емисијата на СО2. Зорица Мешкова Во Крива Паланка ќе се градат мини-проточни хидроцентрали на цевководите на потегот од Калин Камен

ШЕСТ ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ СО 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Кривопаланечките советници донесоа одлуки за усвојување на физибилити студии за изградба на мини-проточни хидроцентрали на цевководите на потегот од „Калин Камен“ – главен резервоар во Крива Паланка и село Станци – Фабрика за вода во Крива Паланка. За оваа намена Советот ја измени и одлуката за долгорочно задолжување на Општината во висина од 1.220.805 евра, колку што ќе изнесува и кредитот наменет за изградба на шесте мини-проточни хидроцентрали. – објавува МИА. Претходно, јавна презентација на физибилити студијата и ревидираните идејни проекти за изградба на овие хидроцентрали одржа фирмата ЛТД „Техника“ од Кавадарци, кои се и изготвувачи на идејните проекти по претходна согласност одобрена од Факултетот за електротехника и информатичка технологија

при УКИМ. Тие истакнаа дека оптимална рентабилност е изградба на четири мини хидроцентрали на цевоводот од „Калин Камен“ – главен резервоар во Крива Паланка и две на потегот од селото Станци – Фабрика за вода во Крива Паланка со нивна трајност, односно искористување од 26 години со добивка од 2,8 милиони евра. Општината моментално ќе учествува со финансиски средства за урбанистички планови, физибилити студија, идејни и изведбени проекти и други трошоци се до отпочнување со работа на хидроцентралите, а потоа како побарување ќе се вратат средствата на буџетската сметка од новоформирањето јавно претпријатие, истакнал кривопаланечкиот градоначалник Арсенчо Алексовски.


четврток, 18 ноември 2010

БИЗНИС ИНФО

11 Банкарство

Фондот Green for Growth Fund, Southeast Europe обезбеди заем од 5 милиони евра за ИК Банка

ФИНАНСИРАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Фондот Green for Growth Fund, Southeast Europe (GGF) и Извозна и кредитна банка АД – Скопјe, во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ потпишаа Договор за заем во износ од 5 милиони евра (12.11.2010 година). Овој заем ќе придонесе за проширување на кредитната активност на Банката во доменот на енергетската ефикасност, помагајќи им на домаќинствата и на компаниите во Македонија да ги намалат трошењето и давачките за енергија, како и да го намалат испуштањето на јаглерод диоксид. Ова е прва инвестиција на GGF во Македонија. Извозна и крединтна банка (ИК Банка) ќе ги искористи средствата од заемот од GGF за финансирање проекти за подобрување на фасади (на пример, топлинска изолација, заменување врати/ прозорци), системи за затоплување (на пр., менување бојлери, соларни топлински системи за топла вода), распоредување топлина (на пр., електронски пумпи за системи за затоплување), внатрешно и надворешно осветлување, како и преминување на природен гас и користење обновлива енергија. -На GGF му е мило што во ИК Банка најде нов партнер кој ќе ја поттикнува енергетската ефикасност меѓу деловните субјекти и домаќинствата во Македонија, - истакна Кристофер Ноулз, член на Одборот на директори на GGF. - Овој проект ќе им помогне на македонските фирми и домаќинства да ја намалат потрошувачката на енергија и да ги скратат трошоците. - Со оваа нова кредитна линија ИК Банка уште повеќе ќе го прошири својот широк спектар на кредитни производи и ќе ја надополни постојната Програма за енергетска ефикасност. Сега можеме на сите клиенти, од физички лица до фирми од која било големина, да им ги понудиме придобивките од лесно и флексибилно финансирање на инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност. Претходно овие посебни кредити

не беа воопшто достапни или беа достапни само за големите фирми. Овие инвестиции самите ќе се отплатат преку заштедата на енергија и ќе ѝ помогнат на Македонија да ги постигне енергетските цели. ИК Банка е посветена на поддршката на македонското стопанство и ние се развиваме заедно со клиентите. Ја зголемивме кредитната активност во 2010 година и ќе продолжиме да даваме нови и софистицирани понуди на клиентите во сите сегменти, - изјави Јуџел Инан, генерален директор на ИК Банка. Од ИК Банка нагласуваат дека највисоката поединечна сума за добивање средства од оваа кредитна линија за компаниите изнесува 500 илјади евра, а каматата ќе изнесува 7 отсто на годишно ниво. Досега оваа банка има одобрено кредити во висина од 8 милиони евра на 1.000 домаќинства во Македонмија за унапредување на условите за живот.

ФОНДОТ GGF Е ЈАВНО�ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО

Фондот Green for Growth Fund, Southeast Europe (GGF) е основан од Европската инвестициска банка и KfW Германската развојна банка. Тој е наменет за подобрување на енергетската ефикасност и поттикнувањето обновлива енергија во Југоисточна Европа, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово (според Резолуцијата 1244/99 на Советот за безбедност на ОН), Црна Гора, Србија и Турција. GGF нуди рефинансирање на финансиски институции за натамошно кредитирање деловни субјекти и домаќинства за финансирање проекти за енергетска ефикасност. Исто така, Фондот директно инвестира во специјализирани фирми за енергетски услуги, фирми за снабдување со енергија и проекти за обновлива енергија. Активностите на GGF се поддржани од единицата за техничка поддршка. Фондот е јавно-приватно партнерство. Базата на инвеститори вклучува донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и институционални приватни инвеститори. Фондот е регистриран според законите на Луксембург како Инвестициска компанија со варијабилен капитал (SICAV). Со GGF приватно управува Oppenheim Asset Management Services S.à r.l., Luxembourg, заедно со советникот на Фондот, Finance in Mo�on GmbH, Frankfurt/Main, Germany, и техничкиот советник MACS Management & Consul�ng Services GmbH, Frankfurt/Main, Germany. (за повеќе информации за Фондот Green for Growth Fund, Southeast Europe, посетете ја интернет страницата: h�p://ggf.lu ).

НЛБ Тутунска банка од Скопје

НАМАЛЕНИ КАМАТНИ СТАПКИ, ПОЕДНОСТАВНИ УСЛОВИ И НОВ ПРОИЗВОД НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитните продукти, воведе нов кредитен производ и ги поедностави кредитните услови. Воведени се поповолни услови за кредитирање на населението во однос на обезбедување, жиранти и кокредитобаратели. Каматната стапка за новоодобрени кредити од продуктите Виолетов и Сребрен потрошувачки кредит е намалена за 1 процентен поен. Воведен е нов кредитен продукт – Виолетов потрошувачки кредит во ЕВРО клаузула со каматна стапка од 8,4%. Каматната стапка кај станбените

кредити е намалена за 0,5% и сега, за новоодобрените кредити, изнесува 6,5% фиксно за првите три години на отплата на кредитот. Во периодот од 08.11.2010 до 31.12.2010 година НЛБ Тутунска банка води промотивна кампања во која станбените кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци. Кај новоодобрени автомобилски и хипотекарни кредити каматната стапка е намалена за 0,4%. НЛБ Тутунска банка и понатаму овозможува рефинансирање на потрошувачки, станбени кредити и кредитни картички од НЛБ Тутунска банка и од други банки.

Промовиран интернет-портал на Македонска берза за хартии од вредност АД - Скопје

„МБ МОНИТОР“ ЗА МЕДИУМИТЕ

Македонска берза на хартии од вредност АД - Скопје го промовираше веб-порталот „МБ Монитор“ наменет ислучиво за медиумите, чија цел е полесно и подобро информирање на јавноста за пазарот на хартии од вредност. „МБ Монитор“ овозможува брзо и ефикасно преземање на сите релевантни дневни и неделни случувања на пазарот на хартии од вредност (www.mbmonitor.com.mk). Тие се достапни во Word, Excel и PowerPoint во зависност дали се работи за пишан или електронски медиум. Информацијата во Word може да се користи за радија и на неа има кратка текстуална и аудио информиација со најбитните информации, за телевизиите може да се користи PowerPoint презентацијата на која се достапни табели и графички прикази, исто како и на Excel во кој е достапен и извештајот за движењето на дневниот промет и вредноста на индексите на регионалните берзи. Во прво време, како што најавуваат од Берзата, иако станува збор за веб-портал замислен како комерцијален, тој ќе биде достапен бесплатно и на него ќе бидат достапни најновите податоци од 14:30 часот во тековниот ден, односно веднаш по официјализирањето на денот на тргување, со исклучок на деновите кога има јавни берзански аукции кога ќе доцни извештајот поради подоцното почнување на аукциите.


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 18 ноември 2010

Статистика Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

ЕНЕРГИЈАТА СО НАЈВИСОК ПОРАСТ ОД 17,1 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, се повисоки за 8,7%. Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемените цени во групата Енергија за 17,1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.2%, Капитални производи за 3,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%. Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, е повисок за 3,0%, во секторот Преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 9,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 6,6%. Во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, индексот на продажните цени во групата Елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 5,4%.

Индекси на цени во земјоделството во октомври

ЦЕНИТЕ НА РАСТИТЕЛНОТО ПРОИЗВОДСТВО СО НАЈВИСОК РАСТ ОД 12 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2010 година, во однос на истиот месец од претходната година и кај инпутот и кај аутпутот е зголемен за 9,6%. Во октомври 2010 година во споредба со октомври 2009 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 109,8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 104,4. Во делот аутпут, во октомври 2010 година, во споредба со октомври 2009 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 112,0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,8.

Деловни тенденции во трговијата на мало

ПОРАЧКИТЕ, БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ И ЦЕНИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ ВО НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите оцениле дека сегашната економска состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третиот квартал од 2010 година е поповолна во однос на третиот квартал од 2009 година, како и во однос на вториот квартал од 2010 година. Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во третиот квартал од 2010 година е многу поповолна во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните очекувања за економската состојба во наредниот период се малку понеповолни. Менаџерите оцениле дека количината на залихите во текот на третиот квартал од 2010 година е малку зголемена во однос на вториот квартал од 2010 година. Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се многу пооптимистички во однос на претходниот квартал од 2010 година.Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третиот квартал од 2010 година забележале намалување во однос на вториот квартал од 2010 година. Во третиот квартал од 2010 година, во споредба со претходниот квартал, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третиот квартал од 2010 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 36,8%, зголемената конкуренција со 15,1%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,2% и зголемената понуда на пазарот со 8,8%.

Деловни тенденции во градежништвото

ОЧЕКУВАЊЕ ПРОДАЖНИТЕ ЦЕНИ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ, А ПОРАЧКИТЕ ДА СЕ НАМАЛАТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третиот квартал од 2010 година како малку понеповолна во однос на претходниот квартал, како и во однос на третиот квартал од 2009 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на вториот квартал од 2010 година, како и во споредба со истиот квартал од претходната


четврток, 18 ноември 2010

БИЗНИС ИНФО

13 Статистика

година.

Во третиот квартал од 2010 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се дека ќе се намалува, оценката за сегашната состојба со порачки е поповолна во споредба со претходниот квартал, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму е незадоволнителна и под нормалата, но со понатамошна тенденција за подобрување. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, а вкупните порачки (договори) да се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност и понатаму имаат следниве фактори: зголемените трошоци за материјали со 16.1%, немањето доволна побарувачка со 15.3%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 14.4% и недостигот на опрема со 12.4%.

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство до крајот на септември 2010 година

ПЕТТИНА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2010 година, вкупната вредност на договорените градежни работи изнесува 3 653 491 илјади денари што е за 21,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Р е п у б л и к а Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1 441 094 илјади денари, што е за 35,9% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период е забележан зголемен обем на договорените градежни работи во Украина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Германија, Романија, Словачка, Полска, Словенија, Холандија, Италија и Австрија.

Издадени одобренија за употреба на градежни објекти

ВО ТРЕТОТО ТРОМЕСЕЧИЕ 9,1 ОТСТО ПОВЕЌЕ УПОТРЕБНИ ДОЗВОЛИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2010 се издадени 228 одобренија за употреба на градежни објекти што е за 9.1% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Според издадените одобренија за употреба на градежни објекти, проценетата вредност на објектите изнесува 3 268 662 илјади денари, што е за 207.5% повеќе во однос на истиот период претходната година. Според издадените одобренија за употреба на градежни објекти, 202 (88.6%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба на градежни објекти се наменети за објекти од високоградба, 7 (3.1%) за објекти од нискоградба и 19 (8.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 228 објекти, во 194 (85.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 34 објекти (14.9%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период издадени се употреби на 428 станови, со вкупна површина од 36 248м2.

Туризмот во Република Македонија, септември 2010 година

ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ, ПОМАЛКУ НОЌЕВАЊА Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2010 година изнесуваше 44 923, а бројот на ноќевањата изнесуваше 106 524. Бројот на туристите

во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е зголемен за 3,3%, а бројот на ноќевањата е намален за 0,4%. Бројот на домашните туристи во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е зголемен за 3,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 3,3%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2010 година, во однос на септември 2009 година, е зголемен за 14,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 9,4%. Во периодот јануари- септември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 2,0% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 2,8%, а кај странските е забележано намалување за 0,9%. Во периодот јануари- септември 2010 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 4,7% и тоа: кај домашните туристи намалувањето изнесува 4,4%, а кај странските е забележано намалување за 5,6%.

Прелиминарна електронска распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТ

ЗГАСНУВААТ ДОЗВОЛИТЕ ЗА ЕУРО 3 Во организација на Министерството за транспорт и врски, на 14.10.2010 година, се изврши прелиминарна распределба на меѓународни транспортни дозволи - ЦЕМТ по електронски пат за 2011 година. На електронската распределба на ЦЕМТ-дозволи, што се одржува по петти пат, учествуваа 678 фирми кои конкурираа за вкупно 1.114 ЦЕМТ дозволи. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочил, како што наведува МИА, дека преку практичната реализација и примена на електронскиот систем за аплицирање на транспортните дозволи во изминативе четири години се потврдува заложбата на Министерството и Владата за целосна елиминација на секоја можност за корупција во секторот за транспорт и јакнење на транспарентноста во давањето на јавните услуги на граѓаните. Миле Јанакиески информира дека Министерството за транспорт и врски годинава успеа да обезбеди дополнителни контингенти од 9.450 транспортни дозволи за Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Италија, Данска, Германија, Босна и Херцеговина и за Белгија. - Ги охрабрувам сите оние кои поседуваат ЕУРО 3 возила, а сакаат да се занимаваат со меѓународен транспорт да купуваат возила со минимум ЕУРО 5 бидејќи времето ќе ги прегази и потоа колку и да сакаат да им обезбедиме меѓународни дозволи ќе биде многу тешко оти контингентот на дозволи не го определува Министерството за транспорт и врски, туку се определува од страна на ЕК и на Меѓународното ЦЕМТ-здружение. Бројот на транспортни дозволи од година вo година за ЕУРО 3 возилата се намалува и прашање на време е кога ќе се сведе на нула. Тогаш товарните возила со ЕУРО 3 ќе може да се возат само на територијата на Република Македонија, - истакнал министерот Јанакиески. Тој изразил задоволство што бројот на возила со ЕУРО 5 стандард годинава во однос на 2009 година е зголемен за близу 50 проценти. Во однос на процесот на лиценцирање на транспортните компании со цел стандардизирање на транспортната дејност во Република Македонија тој информирал дека досега се издадени 2.820 лиценци за компании кои ги исполниле соодветните услови. Од нив за јавен превоз на стоки издадени се 1.883 лиценци, 470 се издадени за превоз на стока за сопствени потреби, додека за јавен превоз на патници издадени се 410 лиценци, а 57 лиценци за превоз на патници за сопствени потреби.


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

Истражувања Компаниите од регионот на ЦИЕ остваруваат два пати поголема добивка од вложениот капитал во споредба со компаниите на Запад

ИСТОКОТ ПОПРИВЛЕЧЕН ЗА ИНВЕСТИЦИИ

Kомпаниите од централна и источна Европа (ЦИЕ) значително помалку се задолжени, попрофитабилни се и остваруваат два пати поголема добивка од вложениот капитал благодарејќи на поголемата ефикасност при работењето. Така, земјите од ЦИЕ се попривлечни во трката за капитал во однос на западните компании. Ова се главните клучни забелешки во посебниот макроекономски извештај на Ерсте групата, во којшто се оценува ефикасноста на работењето на различни бизнис-сектори (населението, државните институции, нефинансиски и финансиски корпорации). “Во текот на последната деценија нефинансискиот корпорациски сектор беше нето заемопримач во многу европски земји. Инвестициите се зголемија драстично и ги зголемија приходите, но, од друга страна, пак, компаниите акумулираа огромни долгови. Затоа, и корпоративниот сектор мора да се преструктуира - да ја зголеми профитабилноста во работењето и да го намали коефициентот на задолженост (да го намали износот на долгот),” – истакна Јурај Котиан, еден од директорите на истражувачкиот тим на Ерсте групата, одговорен за макроекономија. “Јасно е дека економското закрепнување во наредните неколку години ќе се потпира на корпоративниот сектор - дали е конкурентен, способен ефикасно да го користи капиталот и да отвора нови работни места. За среќа, на земјите од ЦИЕ им оди добро, бидејќи капиталот се користи релативно ефикасно, остварувајќи речиси двојно повисока добивка од вложениот капитал во однос на еврозоната (околу 8%). Во текот на кризата е зголемена и продуктивноста на трудот во многу земји во централна и источна Европа за да се одржи нивната конкурентност/профитабилност.” *Компаниите од ЦИЕ значително помалку задолжени и попрофитабилни од западноевропските Ирска, Шпанија, Португалија и Белгија имаат најзадолжен корпоративен сектор со бруто долг, којшто вкупно изнесува околу 300-400% од бруто додадената вредност што ја произведуваат и одговара на нето-добивката по оданочувањето за 920 години. Во споредба со западноевропските економии, компаниите од ЦИЕ во принцип се помалку задолжени во однос на додадената вредност што ја произведуваат и нето-добивката. Словачка и Чешката Република имаат најмалку задолжен нефинансиски корпоративен сектор, каде што бруто долгот е помал од додадената вредност што ја остваруваат во текот на една година, односно одговара на нето-добивката по оданочувањето за 3-4 години. Од ЦИЕ само Унгарија е рангирана над просекот во еврозоната. Котиан истакнува дека “поради импликациите на глобалната финансиска криза, компаниите мора да го намалат своето нето-задолжување. Тие тоа го правеле главно преку значително намалување на инвестициите (балтичките држави), задржувајќи ја готовинската заштита или дури и намалувајќи го вкупниот долг. Големо намалување на коефициентот на нето долгот веќе е реализирано во балтичките земји, Унгарија, Романија и во Словачка, каде што нефинансиските корпорации поминале од позиција на нето-задолжување на позицијата нето кредитирање во однос на другите сектори. “ *Високa ефикасност во работењето во ЦИЕ, што ја одразуваат коефициентите на добивка на вложениот капитал од околу 15% Набљудувајќи ја ефикасноста на акумулираниот капитал, резултатите јасно покажуваат дека, и покрај застојот во економската активност, компаниите од ЦИЕ произведуваат многу поголеми добивки од вложениот капитал во однос на компаниите на Запад. Најпродуктивно насочување на капиталот во нефинансискиот корпоративен сектор е регистрирано во Словачка, а е остварена бруто добивка на вложениот капитал околу 26% и нето добивка на капиталот по оданочувањето од 19%, дури и во текот на застојот на економските активности. Во западна Европа на компаниите од ЦИЕ во ефикасноста во работењето можеше да им конкурира само Германија, со просечна бруто добивка на вложениот капитал од околу 15% и добивка на капиталот од околу 20% во текот на последните пет години. На самиот врв се рангирани Белгија, Шпанија и Португалија, каде што добивката на вложениот капитал се движеше околу 4-6% во текот на последните пет години. Најнеефикасен, односно најнепрофитабилен корпоративен сектор во ЦИЕ беше во Унгарија (во просек од 7% во 2005-2009). Генерално, кај земјите со фиксни девизни курсеви (членки на еврозоната, земјите со валути врзани за еврото) стана јасна склоноста да се задолжуваат повеќе од она што би можело да се објасни со нивната добивка од вложениот капитал. *Јасна потреба за подлабоки структурни промени, односно за намалување на коефициентот на задолженост “Многу поголемата добивка од вложениот капитал делумно го оправда нето задолжувањето на многу земји од ЦИЕ. Кај Шпанија и Португалија тоа не беше случај, бидејќи нивната мала добивка од вложениот капитал укажува на помалку ефикасно насочување на капиталот”, - коментира Котиан. Намалувањето на коефициентот на задолженост веќе почна во Ирска,Велика Британија, Белгија, Унгарија, во балтичките земји и, зачудувачки, во земјите коишто одржуваат силно економско закрепнување, како што се Германија, Чешката Република и Словачка, коишто би биле во состојба да го отплатат долгот од својата добивка. “Со оглед на повисоката добивка од вложениот капитал, ЦИЕ треба да остане привлечна за прилив на капитал во корпоративниот сектор. Многу помалата задолженост и високата добивка од вложениот капитал на компаниите од ЦИЕ им овозможуваат да извлечат корист од задолжувањето кога во овие земји ќе почнат да растат инвестициите”, - заклучува Котиан.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

15

Европска Унија Во енергетиката илјада милијарди евра

НОВА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА СИГУРНОСТ

Европската унија соопшти дека треба да се инвестираат илјада милијарди евра во нафтоводи, гасоводи, во соларна технологија и во технологија за енергетски капацитети на ветер. Со тоа Европската унија во следната деценија може да ги задоволи своите енергетски потреби. Комесарот на ЕУ за енергетика, Гинтер Етингер, истакнал дека унијата на 27-те земји мора да изгради нова инфраструктура со цел да ја осигура својата меѓународна конкурентност и да воспостави сигурни извори на енергија, како и да обезбеди широк избор при увозот. “Соочени сме со голема потреба од инвестиции. Мора да ја унапредиме и да ја замениме застарената технологија”, - истакнал Етингер. ЕУ веќе се обврза на амбициозни енергетски цели коишто треба да се остварат до 2020 година, ветувајќи дека ќе ги намали емисиите на штетни гасови за 20 проценти, ќе ги зголеми обновливите извори на енергија за 20 отсто и ќе ја зголеми ефикасноста. Европа мора да ја адаптира својата застарена енергетска мрежа за да ги исполни овие цели. “Што се однесува до гасот и електричната енергија, се` уште функционираме на нивото од 19. век”, - истакнал Етингер во сликовита проценка на инфраструктурата на ЕУ. Тој додал дека 27-те нации се` уште размислуваат на ниво на феудални држави, понекогаш на штета на другите. “Мораме да ја европеизираме енергетската политика”, - истакнал Етингер, додавајќи дека е неопходно да се создаде систем којшто ќе ги надмине границите, со цел да бидат поефикасни увозот и дистрибуцијата на енергија. Минатата зима, како и во 2006 година, неколку земји-членки на ЕУ западнаа во тешкотии поради проблемите со испораките на руски гас. Прекините во снабдувањето го привлекоа вниманието на фактот дека Унијата една четвртина од потребниот гас го увезува од Русија и ја нагласија потребата за интеграција на гасоводите во рамките на ЕУ. Европа засега без буџет за 2011 година

НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА НИЗА ПРОЕКТИ Последниот обид на Советот на Европската унија за економски и финансиски прашања и делегации на Европскиот Парламент не постигнаа договор за буџетот за 2011 година, поради што ЕУ во првите месеци од идната година ќе се финансира на основа на буџетот за 2010, а Европската комисија ќе мора да подготви нов предлог-буџет. Советот и Парламентот се согласија за ограничување на вкупниот износ за европскиот буџет на 126,527 милијарди евра што е за 2,91 отсто повеќе од буџетот за годинава. Според Лисабонскиот договор, во рок од 21 ден сите страни треба да се согласат за буџетот, но бидејќи рокот истече, Европската комисија ќе треба да изготви нов предлогбуџет. Фактот дека ЕУ во 2011 година, се додека не биде усвоен новиот буџет, ќе се финансира на месечно ниво на согласнот со буџетот од годинава, има сериозни последици и негативно ќе влијае на проектите како што се воспоставување европски дипломатски служби и нови органи за финансиска контрола. Според прописите на ЕУ, Комисијата сега мора да изготви нов нацрт-буџет за што нема врeменски рок, но се очекува тоа да биде во што е можно покус период. Кога ќе биде изготвен предлогот, Советот на ЕУ мора да усови заеднчки став во рок од 30 дена, а потоа пратениците имаат 42 дена да реагираат.


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 18 ноември 2010

ПОВИК

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ИЗБОР НА КОМПАНИЈА СО ДОБРО КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ ВО 2010 ГОДИНА

3. 4.

Невладината организација “Транспарентност – Нулта корупција” во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, во рамките на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготвија листа на критериуми врз основа на кои ќе се врши евалуација на компаниите.

5.

6.

МЕТОДОЛОГИЈА

Експертскиот тим ги утврди следната постапка и рокови за избор на компанија со добро корпоративно управување: 1. право на учество во изборот имаат сите компании регистрирани во Република Македонија; 2. компаниите треба да достават одговор на секое

од поставените прашања од критериумите за евалуација. При тоа треба да се наведе точниот број на прашањето на кое се однесува објаснувањето; со доставениот одговор да се достават документи, образложенија и други информации од кои може да се потврди тврдењето; одговорите на прашалникот и документите да се достават најдоцна до 26 ноември 2010 година, на адреса: “Транспарентност – Нулта корупција”, ул. Наум Наумовски Борче 58, П. Фах 270 1000 Скопје; експертите ќе ги разгледуваат документите и ќе го извршат изборот на компаниите. Сертификати ќе им бидат доделени на компаниите кои ќе освојат 90% од предвидените бодови; сертификатите на избраните компании ќе им бидат доделени на Светскиот ден за борба против корупцијата - 9 декември 2010 година.

Ве повикуваме да се вклучите во оваа активност која е насочена кон зајакнување на стандардите во корпоративното работење, но и кон засилување на севкупните мерки за нулта толеранција на корупцијата во Република Македонија.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОМПАНИЈА СО ДОБРО КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ 2010 Бр.

Критериуми за евалуација

Одговори

Бодовна скала

1.

Како менаџментот ги спроведува своите активности?

35

1.1

Дали во компанијата се донесени, се спроведуваат бизнис -планови на среден рок/годишни?

5

1.2

Дали компанијата користи/ангажира независни ревизорски услуги за контрола на финансиското работење?

10

1.3.

Дали ревизорските извештаи се објавуваат јавно?

5

1.4

Дали менаџментот на компанијата имал обуки, стручно усовршување или специјализација во последните три години? во РМ во странство во РМ и странство

5

1.5

Дали во последните три години компанијата го подобрила квалитетот на работење со воведување ISO- HASAP или други сертифицирани стандарди за квалитет? -започната постапка -сертификација - одржување

10

2.

Како се однесувате со своите вработени?

35

2.1.

Дали директорите се придржуваат кон Меѓународната декларација за човекови права?

5

2.2

Дали компанијата е потписник на Колективен договор?

10

2.3

Дали во компанијата постои лице или единица задолжена за човечки ресурси на вработените?

5

2.4

Дали постои систем на обука (интерна и надворешна, формална и неформална)?

5

2.5

Дали во компанијата постои подеднаков пристап до работните места за сите категории на граѓани?

5

2.6

Дали компанијата имала судски спорови или решенија на трудовата инспекција во врска со спроведувањето на прописите од работното законодавство?

5

3

Комуникација со потрошувачите/ клиентите

10

3.1.

Со колку клиенти компанијата има континуирана соработка во последните пет години?

6

3.2.

Дали производството/услуги за одреден временски период се планира врз основа на барањата на купувачите?

2

3.3

Дали компанијата врши испитувања на мислењето на потрошувачите/клиентите?

2

4

Како се однесувате со вашите снабдувачи?

10

4.1

Дали спецификациите на производство се во согласност со пропишаните етички стандарди (дали содржат целосни/вистинити податоци)?

5

4.2

Колку рекламации и судски спорови сте имале со добавувачите во последните пет години?

5

5

Како влијаете врз заедниците и околината во различни локации на кои дејствувате?

10

5.1

Дали се придржувате кон пропишаните стандарди за заштита на животната средина, индустриски стандарди, дали се почитува Еколошката декларација?

4

5.2

Дали се даваат средства во вид на донации (согласно покажаните финансиски резултати) за различни хуманитарни активности?

4

5.3

Дали компанијата е отворена за комуникација со сите надлежни органи, социјални, јавни и интересни групи?

2

ВКУПНО

100

Подетални информации на: www.transparency.org.mk, www.mchamber.mk и www.oemvp.org .


четврток, 18 ноември 2010

БИЗНИС ИНФО

17 КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Коморско-партнерски проект CEFTA - DIHK Дводневен семинар

ПРАВИЛА ЗА ПОТЕКЛОТО НА СТОКИТЕ ВО ЦЕФТА�РЕГИОНОТ � ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ 23 и 24 ноември 2010 година Стопанска комора на Македонија

Во функција на иновирање на знаењата на стопанските субјекти во примената и користењето на правилата за потеклото на стоките, во рамките на ЦЕФТАДоговорот, Стопанската комора на Македонија со Унијата на германските трговско-индустриски комори (ДИХК) организира дводневен семинар на тема: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРАВИЛАТА ЗА ПОТЕКЛОТО НА СТОКИТЕ ВО ЦЕФТАРЕГИОНОТ. Предавањето ќе биде реализирано од страна на Хелмут Бернд, виш царински експерт за единствениот царински систем на ЕУ и за потекло на стоките од Берлин, Германија. Интерактивниот карактер на семинарот дава можност и за билатерални разговори со експертот, што може да се наведе и во самата пријава. Заинтересираните за учество на дводневниот семинар можат да се пријават најдоцна до 18 ноември 2010 година (контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ, тел: 3244 034, biljana@mchamber.mk и Венера Андриевска, тел: 3244 037, venera@mchamber.mk). Поопширни информации и Пријавниот лист можат да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Од 9 до 12 декември 2010 година во Република Турција

“FOODIST 2010” ВО ИСТАНБУЛ * Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на Саемот “FOODIST 2010” со обезбеден бесплатен штанд и регистрација за излагачите и 50 % попуст за хотелско сместување, а за посетителите бесплатно хотелско сместување Во периодот од 9 до 12 декември 2010 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи 4. Меѓународен саем за храна и пијалоци “FOODIST 2010”. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира учество и посета на македонски компании на саемската манифестација, од 8 до 10 декември 2010 година. За излагачите на Саемот е обезбеден бесплатен штанд и регистрација, како и 50 % попуст за хотелското сместување (транспортот е на товар на излагачите). За посетителите, пак, обезбедени се бесплатно две ноќевања со доручек, влез и ручек на Саемот, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотел, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран

хотел со 4 или 5 звезди. Посетителите ги покриваат патните и административните трошоци за саемскиот организатор АДОНИС ГРУП во висина од 95 евра по лице, за тие што патуваат со организиран автобус (доколку е со сопствен превоз партиципацијата е 35 евра за административни трошоци). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество и посета на саемската манифестација најдоцна до 30 ноември 2010 година. Пријавен лист на h�p://www.tuyap.com.tr Контакт: Венера Андривска Тел.02 3244 037 Факс:02 3244 088 mail: venera@mchamber.mk **********************

Од 10 до 11 декември 2010 година, во Порт Ел Кантаноуи, Тунис

“ДЕНОВИ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО 2010” СО КОМПАНИИ ОД ЕВРОПА, АЗИЈА И АФРИКА Под покровителство на претседателот и премиерот на Република Тунис, на 10 и 11.12.2010 година во Порт Ел Кантаноуи, ќе се одржат 25-те Денови на претприемништвотo. Настанот предвидува конференција, средби и панел-сесии со учество на преку 800 компании од целиот свет, јавни личности и светски лидери, мултинационални корпорации и универзитети од преку 21 земја од Европа, Азија и од Афика. Соочувајќи се со се` посложени, динамични и непредвидливи текови на меѓународната економија, компаниите се соочуваат со низа предизвици: *Како да ги консолидираат нивните конкурентни позиции? *Како да се одржи на нивниот развој? *Како да се освојат нови пазари? Овие прашања се поактуелни денес отколку порано, во услови на промени на менаџментските парадигми кои произлегуваат од најновите светски кризи. Оваа манифестација дава можност учесниците да ги прошират своите знаења и искуства за различни аспекти поврзани со главната тема на сесијата: “Одговорот на компаниите на предизвиците”. Првата панел-сесија на тема: “Бизнисот и предизвиците на интернационализацијата” е посветена на проучување на стратешки можности на компаниите, како дел од една поширока конкуренција (економска интеграција и отворање на пазарите) и со време (намалување на животниот циклус на производот и брзина на промените). За таа цел, интернационализацијата е претставена како цел за секој бизнис во развој. Втората панел-сесија: “Компанијата и предизвиците на конкурентноста “, е предмет на дискусија и идентификација, за конкурентната предност на компанијата денес. Третата панел-сесија: “Бизнисот и предизвиците на иновациите”, се обидува да ги открие ограничувачките


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 18 ноември 2010

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

фактори кои ги спречуваат компаниите од поставување успешна политика на иновации. Со оглед на инзвонредната можност за интернационализација на македонските компании, Стопанската комора на Македонија организира учество на македонска делегација на овој меѓународен деловен настан. Најбројната бизнис асоцијација во земјава, како национален партнер на организаторот - Арапскиот институт за бизнисменаџмент, за своите членки обезбеди исклучителни услови за учество на овој значаен меѓународен настан и тоа: попуст од 50% за регистрација за учество во висина од 400 евра (регистрацијата покрива ексклузивно хотелско сместување, печатени материјали и локални патни трансфери); попуст од 50% за авионски превоз со официјалниот партнер, авионската компанија “Тунис Аир”. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 22.11.2010 година, во Стопанската комора на Македонија. **********************

На 24 и 25.11. 2010 година дводневен семинар

ФИДИК � КЛУЧ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ВО ЕУ И СВЕТОТ �FEDERATION INTERNATIONAL DES IN� GINEUR COUNSELLE � FIDIC� ГРАДЕЖНИШТВО И ИНЖЕНЕРИНГ

08:30 -16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел зголeмување на конкурентноста на фирмите од Македонија на меѓународните и на домашниот градежен пазар, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи семинар на којшто ќе се презентираат стандардите што ги пропишува FIDIC, кои се користат скоро во сите градежни инвестиции во светот. Најголемиот број меѓународни финансиски институции (EIB, EBRD, World Bank, Asian Bank), водечките меѓународни комерцијални банки, инвестициски фондови, како и други инвеститори, бараат инвестициските проекти да се реализираат по овие стандарди, кои даваат насоки за правење на разни видови меѓународни договори. Договори кои ги користат инженерите, правниците и менаџерите на фирмите при изведување на работите. Семинарот ќе овозможи учесниците да се стекнат со знаења за отпочнување со работа односно проширување на знаењата за ФИДИК стандардите, кои се применуваат и на тендерите и во нашата земја. Обучувач на семинарот : м-р Живко Димов, дипл.инг. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 ноември 2010 година. Уучесници ќе добијат работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Цената за еден учесник изнесува 4.720 денари (4000+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Марија Петроска Тел: (02) 3244017; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 marija@mchamber.mk

Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 lence@mchamber.mk

**********************

Од 2. до 5.12.2010 година, во Бурса, Република Турција

САЕМИ ЗА МЕТАЛ И ЕНЕРГЕТИКА * Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 до 3 декември 2010 година Во периодот од 2 до 5.12.2010 година во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 9-тиот традиционален Меѓународен саем за метал и енергетика: - “BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR 2010’’ – Саем за машини за обработка на метал, за заварување, за рачен алат, пневматика и хидраулика; 8. Меѓународен саем за електрична енергија, електронска автоматизација, просветлување и комуникација-ELECO 2010; - 2. Меѓународен саем за лим, цевки и нивна обработка - BURSA SHEET METAL TECHNOLOGIES 2010 и - Бурса хардвер и безбедност на работното место-BURSA HARDWARE AND JOB SECURITY FAIR. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми за метал и енергетика, на кој свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 - 3 декември 2010 година. Обезбедено е бесплатно хотелско сместување со две ноќевања и вклучен доручек, трансфер од хотелот до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор Адонис во износ од 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 35 евра административни трошоци). За реализација на автобускиот превоз потребно е обезбедување на минимум 17 патници. Уплатените средства до Адонис и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 26 ноември 2010 година (петок). Повеќе информации за саемската манифестација се достапни на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 18 ноември 2010

19 КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ

Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 biljana@mchamber.mk

Контакт: Војкан Николовски Тел: (02) 3244068; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk

**********************

Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија

САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”

Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот.

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk **********************

Oд 2 до 5 декември 2010 година Меѓународен саем за пластика, во Истанбул , Република Турција

“PLAST EURASIA 2010” Во периодот од 2 до 5 декември 2010 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 20-ти традиционален Меѓународен саем за пластика “PLAST EURASIA 2010. Ова е еден од најголемите меѓународни саеми за индустријата за пластични маси во светот, на кој се очекува учество на преку 880 светски познати компании од 43 земји од светот (Германија, САД, Австралија, Австрија, Турција, Италија, Бразил, Канада, Кина и др.). На овогодинешното издание на манифестацијата ќе бидат промовирани и претставени најновите технологии и иновации на машини за производство на пластика, хемикалии и суровини, машини од помошните индустрии, инсталации за контрола и топлина, опрема за лиење на калапи, хидраулични и пневматски апарати и многу други технологии, машини и материјали од пластичната индустрија. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 до 3 декември 2010 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две

ноќевања со доручек, влез за саемот, трансфер од хотел до саемот, ручек за два дена и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис„ - 95 евра со автобус по лице, а доколку е со сопствен превоз 35 евра адмистративни трошоци. Заинтересираните компании можат да се пријават најдоцна до 25 ноември 2010 година. Подетални информации на: h�p://www.tuyap.com.tr и на www.mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk

Зорица Мешкова тел.02 3244 019 факс:02 3244 088 zorica@mchamber.mk

**********************

Oд 24 до 28 ноември 2010 година, Меѓународен саем во Истанбул, Република Турција

“PRINTTEK 2010’’. Во периодот од 24 до 28 ноември 2010 година, во Истанбул, Република Турција се организира саем “PRINTTEK 2010’’. На саемот за технологија и хартија за печатење, свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 23 - 25 ноември 2010 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, влез за саемот, трансфер од хотелот до саемот и влезница за саемот. Сместувањето е во реномирани хотели со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис„ - 95 евра за лице, со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци за лице). Уплатените средства до „Адонис„ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 18 ноември 2010 година. Подетални информации на: h�p://www.tuyap.com. tr и на www.mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 Vlatko@mchamber.mk

Ванчо Спасески тел.02 3244 095 факс:02 3244 088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 18 ноември 2010

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Хрватска компанија нуди кровни панели со камена волна Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Градежништво Валидност до:28.12.2010

Вид на соработка:Соработка во производстводоработка Област на соработка : Производство на машини и апарати Валидност до:2.02.2011

************

************

Хрватска компанија нуди кровни панели со експандиран полистирен Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Градежништво Валидност до:28.12.2010

Српска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија на чоколадни бонбони и чоколади со врвен квалитет во ексклузивни пакувања Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.03.2011

************ Романска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на замрзната риба и морска хранa Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:28.12.2010 ************ Грчка компанија бара соработка со кои произведуваат или пакуваат вода,вино и други течности во Република Македонија за пласман машини за полнење и пакување Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Производство на прехранбени производи,пијалоци И тутун Валидност до:29.12.2010 ************ Турска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на висококвалитетна санитарна опрема Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:29.12.2010 ************ Компанија од Америка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лепила,индустриска херметика, лепливи траки, брусани материјали и специјални производи за потребите на производители во градежн иштвото,транспорт,машинска и печатарска индустрија, индустрија на мебел и уредување на ентериери,индустрија на пластика и гума Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:1.11.2011 ************ Грчка компанија бара соработка со македонски компании кои собираат употребувано масло (по основа на нафта) од кое се произведуваат регенерирани масла Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:1.01.2011 ************ Српска компанија бара соработка со македонски компании во машинската индустрија за пласман на машински елементи по цртеж и мостри и материјал по барање на купец како сто се завртки навртки,подлошци, осигурачи за кочници,чивии,клинови, лежишта

************ Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,склад ирање,преработка и дистрибуција на храна во Република Хрватска Вид на соработка: Заедничко вложување Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010 ************ Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман стаклени фолии за заштита од топлина, преголема светлина наменети за згради-објекти како и заштитни фолии за прозорци и компјутери Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Градежништво Валидност до:2.12.2010 ************

за возрасни,медицински чаршави за кревети,анатомски влошки-медицински помагала Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:3.12.2010 ************ Грчка компанија бара соработка со супермаркети во Република Македонија за снабдување со секаков вид на хартија,почнувајќи од тоалетна хартија, хартија за раце, салфети Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:3.03.2011 ************ Грчка компанија специјализирана за изработка на термосифонски резервоари и резервоари за централно греење бараат компании во Република Македонија од сектор (соларно греење и индрустриско/домашно греење) за соработка Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Заштита на жувотна средина И обновлива енергија Валидност до:3.03.2011 ************ Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни панели Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Заштита на животна средина и обновлива енергија Валидност до:3.03.2011

Компанија од Израел бара соработка со откупувачи на земјоделски производи во Република Македонија за пласман на пазарите во ЕУ- компанијата е заинтересирана да врши откуп на 5 шлепери земјоделски производи неделно Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разни видови кабли, како ЛАН кабли, алармни и коаксијални кабли, кабли за звучници Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:3.03.2011

************

************

Компанија од Црна Гора е заинтересирана да увезува конзервиран зеленчук од Република Македонија (пиперки,краставици,лутеница,ајвар и феферони) Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Производство на прехранбени производи,тутун и пијалоци Валидност до:3.12.2010

Македонска компанија нуди машини за пакување и репроматеријали Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:5.11.2011

************ Компанија од Црна Гора бара да откупува свежи калинки од Република Македонија за производство на сок Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Земјоделије Валидност до:3.12.2010 ************ Македонска компанија бара соработка со албански компании за пласман на производи за инконтиненција(пелени

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

************

************ Германска компанија бара соработка со увозници на свинско месо и месни производи за пласман на македонскиот пазар Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:5.03.2011 ************ Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.