Бизнис ИНФО, број 336

Page 1

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

Број 336

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

19.01.2018

СОРАБОТКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

ИНИЦИЈАТИВИ, БАРАЊА И ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРОМЕНИ ВО НОРМАТИВНАТА РАМКА ЗА ПОВОЛЕН ДЕЛОВЕН АМБИЕНТ


2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

СОРАБОТКАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ИНИЦИЈАТИВИ, БАРАЊА И ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРОМЕНИ ВО НОРМАТИВНАТА РАМКА ЗА ПОВОЛЕН ДЕЛОВЕН АМБИЕНТ На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (15.01.2018 година), посветена на соработката на Комората со Владата на РМ во делот на реализација на иницијативите за промени во законските и подзаконските прописи во насока на воспоставување поволен деловен амбиент, беше потенцирано дека Планот за економски раст преточен во неколку мерки, кој неодамна ги промовираше заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, генерално ги содржи насоките и барањата на деловната заедница за коишто Стопанската комора на Македонија континуирано имаше свои предлози и укажувања до креаторите на економската политика. Планот за економски раст, дефиниран преку три столба, има за цел остварување на поголем економски раст преку поддршка на компании кои се во добра кондиција и истовремено може да испорачаат уште поголеми позитивни резултати - нови вработувања, нови инвестиции, како и зголемување на извозните потенцијали на македонското стопанство. Посочувајќи дека Стопанската комора на Македонија не ги бара недостатоците во


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА системот со цел да критикува, туку да презентира конкретни решенија за проблемите на бизнис заедницата, засновани на подолгорочни истражувања, експертски мислења и анализи, денес беа претставени дел од иницијативите кои се поднесени изминатиот период, за кои се очекува што побрза и поефикасна операционализација од надлежните министерства, со нагласување дека од 1 јуни до крајот на 2017 година се поднесени вкупно 19 иницијативи, од кои ниту една не е одбиена, а комуникацијата е во тек. Како позначајни иницијативи, за кои од надлежните министерства се очекува побрза реализација во наредниот период, беа посочени Иницијативата за законско нормирање на холдинг друштвата преку уредување на даночен режим приспособен на специфичностите на неговото функционирање, измените во Предлог-законот за нотаријат и за извршување, Иницијативата за изменување на одредбите од Законот за трговија со кои се уредуваат ограничувања во однос на продажбата на алкохолни пијалаци, Иницијативата за уредување на даночниот третман на кусоците во трговијата на мало, Нацрт-законот за индустриски емисии, како и Иницијативата со систематизирани предлози за проблемите и прашањата од областа на градежништвото. Генерална оценка на соработката со Владата е дека постои силна волја за соработка и воспоставен е јавно-приватниот дијалог на највисоко ниво (претседателот на Владата на РМ, заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања...), но има реални потреби за подобрување на комуникацијата, не само на највисоко ниво, туку на оперативно ниво (со министерствата и со другите органи на управата), што ќе биде во насока на поттикнување на ефикасноста и ажурноста на јавните и на државните службеници и намалување на административните бариери, бидејќи без брзи и ефикасни административни постапки, без намалување на бирократизацијата и без професионална администрација, не може да одиме напред и да очекуваме брза реализација на нашите иницијативи кои се во интерес на унапредување на деловната клима во државата. Имајќи го предвид фактот дека бизнис заедницата, развојната компонента на секој буџет на државата ја гледа главно преку издвоените средства за капитални инвестиции и целосна реализација на истите, Стопанската комора на Македонија укажа на потребата, на секои три месеци, јавно и транспарентно да се прави пресек на проектираните наспроти реализираните активности во делот на капиталните инвестиции, воедно да се понесе одговорност доколку не се реализираат проектираните капитални инвестиции. Поради тоа, на оваа прес-конференција се потенцираше дека се следат состојбите и се очекува реализација на договорените активности на овој план. М-р Елена Милевска Штрбевска


bsi.

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

5

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ПОСЕТИ

АМБАСАДОРОТ НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА КОМОРАТА

На 16 јануари 2018 година, Амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија Н.Е. Хосеин Карими реализираше официјална посета на Стопанската комора на Македонија, и одржа состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија, господин Бранко Азески. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена помеѓу двете земји, и беше постигната согласност дека е неопходно приватниот сектор да биде главниот носител на економскиот раст. Амбасадорот Карими уште еднаш ја потенцираше подготвеноста на Исламската Република Иран да обезбеди поддршка за зголемување на економската и трговската размена помеѓу двете земји, и за конкретна реализација на иницијативите за соработка. За таа цел, Амбасадорот ја поздрави иницијативата на Стопанската комора на Македонија доставена до Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделство и го информираше претседателот Азески дека во наредниот период Иранската Комора ќе превеземе чекори за реализирање на билатерални средби меѓу


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

7

ПОСЕТИ стопанствениците на двете земји во Република Македонија. Во насока на што поскоро реализирање на предвидените активности, двете страни одредија официјалната посета на иранска бизнис делегацијата предводена од страна на претседателот на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделство, г-дин Голам Хосеин Шафеи да се реализира на 23-24 април 2018 година. Претседателот Азески додаде дека оваа посета ќе биде во насока на ревитализација на економските врски и зацврстување на можностите кои ќе се постигнат преку интензивирање на соработка меѓу двете земји и поттикнување на заедничките активности меѓу бизнис заедниците од Република Македонија и Исламската Република Иран. Вкупната трговска размена во периодот јануари- ноември 2017 година изнесува 4,58 милиони САД $, што претставува опаѓање од 3,58% споредено со истиот период од 2016 година. Извозот изнесува 365 илјади САД $, што е на исто ниво како и минатата година заклучно со ноември (намалување ≈0,78%), додека увозното салдо изнесува 4,22 милиони САД $, или намалување од 3,65% во споредба со периодот јануари - ноември 2016 година. Исламска Република Иран е 59-ти трговски партнер во надворешно -трговската размена на Република Македонија во период јануари – ноември 2017 година. М-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

СОРАБОТКА

МОЖНОСТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И САД

На 17 јануари 2018 година, Стопанската комора на Македонија, Американската стопанска комора во Албанија и Стопанската комора на Северозападна Македонија организираа Бизнис форум на тема „Зголемување на економската соработка меѓу Македонија, Албанија и САД“. Настанот се одржа во Стопанската комора на Македонија, а на истиот учествуваа компании - членки на Американската стопанска комора во Албанија, како и компании - членки на двете комори од Македонија. Целта на настанот беше да се разгледаат потенцијалите и можностите за продлабочување на билатералната и економската соработка меѓу Р. Македонија и Р. Албанија, којашто во моментот не е на завидно ниво. Билјана Пеева- Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија, истакна дека близината не секогаш е главен предуслов за успешна економска соработка меѓу две земји, на што укажуваат и статистичките податоци во однос на трговската размена меѓу Р. Македонија и Р. Албанија. Според последните


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

9

СОРАБОТКА податоци, Р. Македонија бележи поголема трговска размена со САД од вкупно 210 милиони САД $, при што САД се 16-ти трговски партнер на Р. Македонија, додека Албанија којашто е на само 160 км оддалеченост од Македонија е наш 25-ти надворешнотрговски партнер со вкупна трговска размена од 131 милион САД $. На настанот се дискутираше и за потребата за подобрување на патната и железничката инфраструктура по должината на Коридорот VIII. Од македонска страна се преземаат конкретни мерки за подобрување на инфраструктурната поврзаност, за што се обезбедени финансиски средства, во голема мера од меѓународни финансиски институции и дел од буџетот на Република Македонија. Покрај инфраструктурата, компаниите ги потенцираа и нетарифните бариери, различните прописи, неусогласените царински системи и големите давачки при извоз на стоки од Р. Македонија во Р. Албанија, како едни од основните пречки при обидот за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Република Македонија во рамките на ЦЕФТА - Договорот за слободна трговија ги има идентификувано и проследено сите детектирани проблеми од бизнис заедницата до ЦЕФТА – Секретаријатот, а за решавање на истите, активно се залага и Коморскиот инвестициски форум, формиран од земјите на Западен Балкан. Присутните се согласија дека во иднина потребно е да се организираат повеќе вакви настани и деловни средби меѓу бизнис заедниците од Р. Македонија и Р. Албанија, со цел интензивирање на соработката меѓу двете земји. Вкупната трговска размена меѓу двете земји во првите 11 месеци од 2017 година изнесува 131,5 милиони САД $, со зголемување од 39% споредено со истиот период од минатата година. Извозот на Република Македонија во Република Албанија изнесува 67,7 милиони САД $, што претставува зголемување од 19%, додека увозното салдо изнесува 63,8 милиони САД $,со зголемување од 70% во споредба со истиот период од 2016 година. За тој период, евидентиран е суфицит во трговската размена од 3,9 милиони САД $. Во периодот јануари - ноември 2017 година Албанија е 25-ти надворешно-трговски партнер на Македонија, како и во 2016 година.

М-р Сања Николова


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Работен состанок на Регионалната комора со седиште во Битола - ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД/МАКЕДОНИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЛОВНИОТ ЕКОСИСТЕМ На 17.01.2017 година, во организација на Регионалната комора со седиште во Битола, се одржа работен состанок на којшто беше претставен новиот Проект на УСАИД/Македонија за развој на деловниот екосистем. Тоа е четиригодишен проект (2017–2021 година) кој цели да ја трансформира конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија. Проектот ќе дејствува преку комбинација на активности фокусирани на: (1) зајакнување на организациите за бизнис поддршка, (2) помагање на ММСП во пристапувањето до финансии и (3) развивање бизнис врски меѓу компаниите за поттикнување иницијативи за зголемување на продуктивноста и вработувањата во ММСП, дизајнирани за негување на социјалната корпоративна одговорност во приватниот сектор. За да се квалификуваат за избор, активностите предложени од водечките компании


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ќе треба да ги задоволат следните општи и задолжителни критериуми, во рамките на целите на Проектот: - предложената активност мора да резултира со раст на вработувањата во рамките на синџирот на снабдување на водечката фирма или во целиот сектор и/или - предложената активност мора да резултира со раст на приходите на подизведувачите на водечката компанија; - да се постигне ефект на локалниот економски и општествен развој на заедницата каде што делува водечката компанија; - предложената активност мора да биде кофинансирана со минимален учинок на водечката компанија од 50%; - кофинансирањето може да биде парично и/или во стоки и услуги (човекови ресурси, опрема, простор, материјали итн.). Компаниите поддржани од Проектот ќе имаат ексклузивна можност да учествуваат во националната кампања за зголемување на свеста на приватниот сектор за социјалната корпоративна одговорност, со што се придонесува и за развој на локалната економија. На состанокот учествуваше и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски. м-р Никола Димковски


12

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

13


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23.1.2018 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

Стопанската комора на Македонија, на 23 јануари 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: Рокови за законски престанок на работниот однос, отказни рокови, основи за законски прeкин на работниот однос, неосновани причини за престанок на работниот однос, услови за стекнување на право на регрес за годишен одмор во приватниот и во јавниот сектор, надомест на штета на работник и работодавач, разлики помеѓу надомест на материјална штета и исплата на плати, Член 78 од ЗРО, понуда на нов променет договор за вработување, отказ на договор за вработување од деловни причини. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавач: - д-р Лазар Јовевски, Доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II Скопје и - Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II Скопје

Краен рок за пријавување: 22 јануари 2018 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24 јануари 2018 година, Ротердам, Холандија

Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Холандија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, на 24 јануари 2018 година, во Ротердам, Холандија. Овие деловни средби се организираат во рамките на Саемот за градежништво „Facade 2018 Match Event“, што ќе се одржи од 23-25 јануари 2018 година. Овој настан е отворен за сите регистрирани учесници на Конференцијата (www. Gevel-online.nl) за микро, мали, средни и големи претпријатија, спин и нови компании, истражувачки институции, владини институции, инвеститори, проектни компании и за сите заинтересирани за производи за фасади Зошто да учествувате? Како купувач - имате можност да пронајдете квалификувани европски добавувачи за време на состаноците. Како менаџер на продажба - имате можност да пронајдете нови европски клиенти и да го проширите пазарот. Како производител - имате можност да пронајдете партнери за да разговарате за нови технологии и иновативни решенија. Учеството на деловните средби се бесплатни и доколку сакате да учествувате во прилог е линкот каде што ќе можете да се регистрирате најдоцна до 23 јануари 2018 година: https://www.databadge.net/gvl2018/reg/#_ga=2.123274956.638067132.151548823341254095.1515488233 Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25.01.2018 година (четврток) 9:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

Стопанската комора на Македонија во изминатите 4 години во континуитет организираше семинари за совладување на техниките и методите на ‘Risk management’, a согласно барањата во законската регулатива на Република Македонија, (Закон за јавна внатрешна финансиска контрола („Службен весник на РМ“, бр. 188/2013); Законот за заштита и спасување („Службен весник на РМ“, бр. 93/1212) и Законот за безбедност и здравје при работа („Службен весник на РМ“, бр. 53 од 11.04.2013) и други). Нашето анализирање на бизнис секторот покажува дека компаниите во Република Македонија се соочуваат со поедини тешкотии при дизајнирање на сопствен, рационален и ефективен - одржлив систем за управување со ризикот како дел од компанискиот менаџмент систем и интегриран сегмент во системот за управување со квалитет. Предавач: д-р Зоран Доревски консултант за безбедност.

Краен рок за пријавување: 22 јануари 2018 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25-27 јануари 2018 година Солун, Грција

Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.12.2017 година (четврток) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

Стопанската комора на Македонија, на 21 декември 2017 година, организира еднодневен семинар на тема: „Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ, причини и услови за отказ; основи за престанување на важноста и за прекин на договорот за вработување; мирување на правата и обврските од договорот за вработување; плаќање на работата, надоместоци на плата; работно време, скратено работно време, распределба на работното време, прекувремена работа, работа во смени, ноќна работа”. Во рамките на семинарот опфатени се сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предмената проблематика. Предавачи: М-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II Скопје Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II Скопје Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

25-27 јануари 2018 година Солун, Грција

Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

Стопанската комора на Македонија од 25-27 јануари 2018 година , Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози) кое ќе се одржи во во Солун, Грција. Согласно Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15), од јануари 2018 година истите задолжителното - 100% ќе се спроведуваат по електронски пат. На советувањето ќе се разгледаат најчести грешки и проблеми кои настануваат при спроведување на јавните набавки и тоа од подготовка на годишниот план за јавни набавки до објавување на склучените договори, електронските постапки и на што треба да се ВНИМАВА, што е исклучително важно за сите лица инволвирани во јавните набавки. Котизација за советувањето: - Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ). Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 10% попуст на котизацијата; - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Солун - Скопје (тргнување на 25 јануари 2018 година, во 6:00 часот и враќање на 27 јануари 2018 година во вечерните часови); - 2 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел сo 4 * во Солун; - свечена вечера во традиционален грчки ресторан, таверна „Лададика“; користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузите на советувањето; - панорамски разглед на Солун: Белата кула, Гаелерисовата арка, црквата Свети Димитрија; - посета на шопинг центарот „Медитеран Космос“ и на „Икеа“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година.

БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018”

Enterprise Europe Network, Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ве информираат дека Стопанската комора на Србија, во соработка со ЕУ Делегацијата во Република Србија, го организира Бизнис настанот, на 31.01.2018 година, под покровителство на Европскиот парламент. ГЛАВНИ ТЕМИ - Аграр; - Дигитализација; - Индустрија 4.0; - Бизнис услуги. ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? Настанот ќе претставува единствена можност за претпријатијата, со цел: - испитување на бизнис можностите за инвестирање; - испитување на пазарот во Србија и неговите клучни играчи; - воспоставување прекугранични контакти со локални компании; - реализирање состаноци со потенцијални деловни партнери. Учеството е бесплатно. За конференцијата ќе биде обезбеден превод. Регистрација: 11 декември 2017 година - 26 јануари 2018 година, на http://eu-serbia.talkb2b.net/ Селекција на состаноци: 8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1-2 февруари 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

Стопанската комора на Македонија на 1-2 февруари 2018 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042035

Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134

Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги. UA00000041975

Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар. UA00000041963

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно

Украина Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово


Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

БИЗНИС ИНФО

23

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000041950 Украина Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно. UA00000041951 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947

Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000037834

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1432

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939

Кина Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041923

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 19 јануари 2018, Бр. 336

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2017

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.