Петок, 19 април 2019, Бр. 392
345 Број 392
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
97 godini
192
2 - 2019
23.03.2018 19.4.2019
КОМОРАТА АПЕЛИРА: ЗАЕДНИЧКИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ЌАФАСАН И ТАБАНОВЦЕ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
2
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ФАКТОРИНГОТ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ФИНАНСИСКИ МЕХАНИЗАМ ВО НАСОКА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПРИВАТЕН СЕКТОР
Факторингот, како алтернативен извор на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансии, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите без дополнително обезбедување. Факторингот е финансиски продукт кој им овозможува на претпријатијата брз и ефикасен пристап до финансиски средства, преку продавање на недоспеаните побарувања. На тој начин ја подобрува ликвидноста и го поттикнува растот на претпријатијата. Извозниот факторинг е производ наменет за македонските извозници кои имаат побарувања од странски купувачи, настанати како резултат на остварен извоз на стоки и услуги. Тој е одлична алатка за освојување на нови пазари и купувачи. Проектот на УСАИД за факторинг има за цел да им помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА продукти, флексибилни финансиски решенија, специјално приспособени за деловните потреби со цел да се унапреди разбирањето на факторингот како финансиска алатка која може да генерира моментална исплатлива ликвидност, со што ќе се зголеми продажбата и добивката на фирмите. Факторингот како алатка особено е приспособен за извозно ориентираните компании, чијашто основна цел е зголемување на конкурентноста и проширување на пазарните можности на малите и средни претпријатија во Македонија преку едукација и информирање за пристап и користење на алтернативни извори на финансирање. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите. -Компаниите во Македонија, посебно микро, малите и средните фирми, многу малку или воопшто не користат факторинг. На ниско ниво се и свеста, како и информираноста за овој алтернативен начин на финансирање, - истакна Сузана Димовска Тунтева, сопственик на „Фактор Траст“ ДООЕЛ – Скопје.
Факторингот помага во подобрување на готовинскиот тек на компаниите, обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога им е најпотребен, го поддржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот претставува преземање на недоспеани побарувања. Според него, одложеното плаќање е голем проблем за нашите мали и средни претпријатија, а факторингот
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА може да го скрати рокот, па наместо да чекаат трговецот да им ги даде парите за 90 дена, фирмите ќе ги добијат веднаш и ќе ги искористат во некој друг, поприоритетен правец. За разлика од банкарските кредити, факторингот не бара дополнително обезбедување, истакна Тунтева. Факторингот обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога им е најпотребен, го поддржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот претставува преземање на недоспеани побарувања. Меѓународниот, односно двостепениот факторинг без регрес е овозможен преку членството во Factor Chain International (FCI). Финансиското друштво за факторинг „Фактор Траст“ ДООЕЛ - Скопје е основано во 2010 година, имплеметатор е на УСАИД од 2017 година, а оваа година стана прва членка на FCI од Македонија. Factor Chain International е водечка меѓународна организација за факторинг на независни факторинг компании низ целиот свет со репрезентативна мрежа за факторинг од околу 400 членови во 90 земји. Препознавајќи го потенцијалот на интернационалниот факторинг, Factor Chain International прерасна во организација која првенствено има за цел воведување на факторингот во земјите каде што сè уште не е достапен и развивање на рамка (платформа) за меѓународен факторинг, што ќе им овозможи на факторинг компаниите, членките на Factor Chain International, извозниците и увозниците да воспостават блиски меѓусебни односи и соработка. Концептот на двостепен факторинг и можноста на истиот да се работи без регрес е сè уште нов, но нуди огромни можности за малите и средни препријатија. Factor Chain International е глобален претставник на факторинг индустријата во светски рамки, гласот на индустријата преку ЕУ-Федерацијата, репрезентативно тело за факторинг и комерцијално финансирање во Европската унија. -Регионалната Конференција за факторинг во организиција на Проектот на УСАИД за факторинг, имплементирана од страна на ФД „Фактор Траст“ во соработка со Factor Chain International, ќе се одржи на 14 мај 2019 година, со почеток во 9:00 часот во „Double Tree Hotel by Hitlon“ во Скопје. Конференцијата ќе биде одлична можност за македонските претпријатија, претставниците од финансискиот систем, регулаторната и правна заедница како и професионалните бизнис здруженија да се запознаат со предизвиците и можностите на факторинг индустријата, презентирани од претставниците на Factor Chain International, истакна Сузана Димовска Тунтева, сопственик на „Фактор Траст“ ДООЕЛ - Скопје. Јадранка Аризанковска
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ПРОЕКТИ
ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПОДДРШКА КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД КОМПАНИИТЕ Во присуство на претставници на голем број компании, на 15.4.2019 година во Стопанската комора на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, се одржа презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, во своето обраќање информираше дека Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации е наменет за микро, мали и средни претпријатија од сите сектори, како и приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. Целта на Инструментот е да се поттикне зголемување на активностите за истражување и развој во приватниот сектор, меѓусебната соработка на компаниите и соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останатите форми на соработка за комерцијализација на иновации. - Добро е што профилот на компании - апликанти кои аплицираат во рамките на повиците што ги објавува Фондот во последно време се менува во позитивна насока, при што во рамките на повиците аплицираат компании од најразлични дејности, од кои околу 60% од апликантите се компании од ИТ-секторот, додека околу 40% се апликанти од другите сектори – енергетика, животна средина, земјоделие и други сектори. Воедно, ги поттикнуваме компаниите од сите региони и градови да аплицираат во рамките на повиците, - истакна Деспотовски. Во рамките на презентацијата беше посочено дека активностите коишто може да бидат финансирани во рамките на проектот се однесуваат на активности за истражување и развој, тестирање, заштита на интелектуална сопственост, дизајн, развој на пилот линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба кои се насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
7
БИЗНИС ПРОЕКТИ
подготвеност и зрелост за воведување на пазарот, додека времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци. За апликантот да биде подобен за добивање кофинансиран грант, треба да станува збор за трговско друштво кое е основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или за приватна здравствена установа основана согласно Законот за установи и регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија кои имаат до 250 вработени, и се во мнозинска (50,1% или повеќе) македонска сопственост, чии годишни приходи не надминуваат 10.000.000,00 евра, според финансиските извештаи за претходните две фискални години. Трошоците кои се прифатливи за финансирање може да се однесуваат на бруто платите на вработените (за лица вработени кај корисникот и членовите на конзорциумот), набавка и/или изнајмување опрема и потрошни материјали за истражување и развој, поддоговорни услуги за истражување и развој (на пример, тестирање, лабораториски услуги и сл.), ангажирање експерти/советници за истражување и развој, ангажирање консултанти за останати потреби директно поврзани со очекуваните резултати на проектот, подготовка и поднесување пријава за патент, заштита на трговска марка/или индустриски дизајн, како и трошоци за маркетинг и канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци и сл.). Во рамките на презентацијата беше нагласено дека прифатливи се само оние трошоци кои за апликантот би настанале
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ПРОЕКТИ по добивање на грантот, додека трошоците за реализирани активности (на пример, пишување проектна апликација) не се прифатливи за финансирање. Максималниот износ на финансиска поддршка од страна на Фондот може да изнесува до 325.000,00 евра, при што зависно од големината на правното лице апликант максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот изнесува 70% за микро и мали компании и 60% за средни компании, а преостанатите 30%, односно 40% од вкупниот буџет на проектот треба да бидат обезбедени од страна на апликантот. Деспотовски го истакна и принципот на „ројалти“, чија цел е заедничка поделба на ризикот, но и успехот помеѓу добитникот на грантот и Фондот. Овој принцип подразбира
дека во случај на успешна реализација на проектот, корисникот треба да отплатува „ројалти“ кон Фондот во износ од 5% од вкупниот приход генериран од резултатите на проектот, во времетраење од 5 години по завршувањето на проектот, или пак до исплата на 120% од доделената сума од страна на Фондот. Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 15.5.2019 година. За финансирање проекти под овој повик за овој инструмент обезбеден е вкупен буџет од 5 милиони евра, од кои 3 милиони евра ги обезбедува Владата на Република Северна Македонија, а 2 милиона евра се обезбедени од Светската банка. м-р Нена Николовска
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
9
БИЗНИС ПРОЕКТИ
ГРАНТОВИТЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ ПРЕТСТАВЕНИ И ВО БИТОЛА Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија, Фондацијата за развој на претприемништво, регионална и прекугранична соработка Регионален центар за поддршка на претпријатија - Битола во просториите на Општина Битола одржа презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Пред големиот број присутни стопанственици и истражувачи од научната сфера од Пелагонискиот и Југозападниот регион, беше посочено дека активностите коишто може да бидат финансирани во рамките на Проектот се однесуваат на активности за истражување и развој, тестирање, заштита на интелектуална сопственост, дизајн, развој на пилот-линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба кои се насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот. Јавниот повик, како што информираше директорот на Фондот, Јован Деспотовски, се однесува на кофинансирање на предлог-проекти до максимален износ на финансиска поддршка од страна на Фондот до 325.000,00 (тристотини дваесет и пет илјади) евра, при што зависно од големината на правното лице - апликант максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот е 70% за микро и мали претпријатија и 60% за компании со средна големина. При оцената на предлог-проектот се користи табела за оцена на предлог-проектите која содржи одредени критериуми како: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, пазарен потенцијал и влијание. Оценувањето се врши во две фази: претселекција и селекција. Краен рок за поднесување на апликациите е 15.5.2019 година, а времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци. м-р Никола Димковски
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ФОРУМ
РЕГИОНАЛНО ПОВРУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија беше организатор на настанот: Поврзување на компаниите од регионот и воспоставување нови партнерства за да се поттикне и продлабочи меѓусебната деловна соработка, во рамките на Проектот „Е-БП (e-bussines pager - систем за електронски деловни поврзувања)“ од Балкан МЕД Програмата. Целта на настанот е да се создадат нови контакти и да се постават темели за нови потенцијални партнерства, а компаниите да остварат долготрајна соработка за потенцијално учество на заедничките или трети пазари. Во таа насока, преку зголемените економски активности во Балканско-медитеранската област, поквалитетни понуди за вработување, имплементацијата на проекти од овој тип ќе има економско значење и за локалните заедници каде се реализира Проектот. Имплементатор на Проектот од македонска страна е „GAUSS“ Институт од Битола, а останатите 4 партнери се организациите „HRDA“ - Бугарија, „HMA“ - Грција, „LCCI“ - Кипар и „CCP“ – Албанија. Во рамките на деловните средби приближно 100-тина наши компании, меѓу кои „Витаминка“ - Прилеп,„Млекара“ - Битола,„Комфи Ангел“ - Прилеп,„Хемометал“,„Киро Дандаро“, „Интерворкс“, имаа можност да се сретнат со претставници на компании од Бугарија, Кипар, Грција и Албанија, заинтересирани за развивање деловна соработка од областа на ИТсекторот, земјоделството и индустријата за храна, преработувачката индустрија, пакување, деловни услуги и инвестиции. Во рамките на настанот претставници од Регионалната комора со седиште во Битола остварија средба со претставници на Трговско-индустриската комора од Лимасол, Кипар, со кои беше искажан интерес за воспоставување и поактивна меѓусебна комуникација во следниот период. Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија останува на определбата и во иднина да поддржува и организира манифестации кои ќе помогнат во развојот и унапредувањето на компаниите од регионот и нивните можности за извозни активности и учество на странски пазари. м-р Никола Димковски
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
11
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ
КОНКУРЕНТНОСТА И ИНОВАТИВНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА БИТНИ ЗА ПОГЛАВЈЕТО 20 Развојот на конкурентноста и иновативноста на претпријатијата и добрата индустриска политика што се вклучени во Поглавјето 20, се важни во процесот на хармонизирање на законодавството со ЕУ и во целокупниот процес на преговори. Земјата добро напредува на тој план со усвојување на новата Индустриска стратегија 2018-2027 година. Ова беше една од главните пораки пренесени на првиот ден од Интернационалниот форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, што се одржа во Скопје. Целта е да овозможи вмрежување и размена на добри практики во областа на Поглавјето 20 кои се однесуваат на претпријатијата и индустриската политика. На отворањето на Форумот, шефот од Делегацијата на ЕУ, Фејк Јанмат, истакна дека имплементацијата на препораките од Поглавјето 20 во нашата држава се во напредна фаза. -Има добри резултати во спроведувањето на Законот за мали и средни претпријатија (МПС), ги следиме политиките на Владата за помош на МПС, индустриска политика. Индустријата е во срцето на приватниот сектор, мотор за инвестиции, двигател на развојот и извозот. Преку неа во ЕУ се отвораат 36 милиони работни мести. Но време е на нова индустриска револуција во која спаѓаат технолошкиот развој, вештачка интелигенција, роботиката. На европскиот пазар недостасуваат ИТ-вештините, - посочи Јанмат. -Со започнување на преговорите многу е важно конкурентските предности на компаниите да бидат поддржани од институциите пред се` затоа што покрај стратегиите, главно што ќе се оценува ќе биде конкурентноста и иновативноста на македонската економија, - посочи Јадранка Аризанковска, виш советник при Стопанската комора на Македонија. На Форумот присуствуваа над 70 учесници, експерти во областа на Поглавјето 20, претставници од релевантни национални и регионални институции, стопански комори, бизнис инкубатори, технолошки паркови, факултети и компании. Интернационалниот форум се одржува во организација на Фондацијата за претприемачки сервис за млади во состав на Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавјето 20”, финансиран од Европската унија. м-р Ивана Крстевска
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ИНИЦИЈАТИВИ
ЗАЕДНИЧКИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ЌАФАСАН И ТАБАНОВЦЕ -Стопанската комора на Македонија, како претставник на најголемата бизнис заедница во државата, интензивно во минатите години презема иницијативи за поедноставување на постапките и скратување на времето кое товарните возила го поминуваат во чекање на границите. Според податоци на Светската банка, балканските земји губат една милијарда американски долари годишно заради чекање на граничните премини. Транспортните средства, а посебно камионите, 80 проценти од своето време го поминуваат во чекање на границите, а само 20 проценти на автопатите. Чекањето на границите доведува до намалување на вредноста на извозот од 1%, а кога станува збор за извоз на земјоделски производи вредноста на извозот се намалува и до 7%, - истакна м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија на прес-конференцијата на Комората (17.4.2019 година).
Со цел намалување на трошоците на македонските компании, зголемување на нивната конкурентност, а пред се` конкурентноста на македонските производи, но и со цел зголемување на извозот од државата, неопходно е натамошно олеснување на протокот на стоки преку поедноставување на процедурите и намалување на времето кое се минува граничните премини, бидејќи транспортните трошоци претставуваат значителен фактор во формирањето на цените на чинење на производите .
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
13
ИНИЦИЈАТИВИ За таа цел, Стопанската комора на Македонија спроведе мерење на проток на стоки на граничните премини Ќафасан и Табановце на 15.4.2019 година, при што се утврди следното: Во периодот од 10:00 до 20:00 часот на граничниот премин Ќафасан,при излез од нашата држава регистрирани се67 товарни возила. Просечно на граница товарните возила се задржувале по 13 минути. Најчесто, транспортирани стоки на излез од Република Северна Македонија во времето на спроведување на мониторингот се отпадно железо, кнауф плочи, бетонски столбови, железни конструкции, лепила и други материјали потребни за градежништвото, како и прашоци, детергенти и вода во шишиња и сокови, а од земјоделски производи забележан е извоз само на ориз. Просечно време на техничка обработка на документи и ослободување на возило при излез од нашата држава на Царинската испостава е околу 2 минути, а исто така при излез од Република Северна Македонија и контролата од страна на МВР изнесува околу 2 минути. Во истиот период на граничниот премин Ќафасан, при влез во Република Северна Македонија забележани се 147 товарни возила. Просечно на граница од македонска страна товарните возила се задржувале по 23 минути, по укажување на транспортерите, постапките пред органите од соседната држава (Р. Албанија) во просек траеле околу 40 минути . На 15.4.2019 година, во периодот од 10:00 до 24:00 часот на граничниот премин Табановце при излез од Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 380 камиони, од коишто 193 товарни возила се евидентирани како возила кои вршат извоз и тоа: • - 135 камиони со збирна стока од кои најмногу метални, железни и пластични цевки, автокатализатори и сл.; • - 41 камион со земјоделски производи (најчесто зелка, пиперки, домат, млад кромид, краставици, корнишони, јаболка и праски, кои се извезуваат за Србија, Хрватска, Полска, Русија и Унгарија) и • - 17 камиони со текстилни производи. Од транзитните постапки, во времето на мониторинг забележано е дека многу често транзитна стока се земјоделски производи и истите се со потекло од Грција, Турција и Албанија, а се извезуваат во Србија, Хрватска, Русија, Шпанија и Чешка. Товарните возила на излез од РСМ кон соседната држава не се задржуваа подолго од 2 минути во просек вкупно на двата пункта на Царина и на МВР , а не е забележан ниту застој и долги чекања во колона, односно чекањето во колона не трае подолго од 15 минути. Во истиот период, на граничниот премин Табановцепри влез во Република Северна Македонија регистрирани се 231 товарно возило. По укажување на транспортерите, постапките пред надлежните органи во соседната држава во просек траеле околу 30 минути, а во меѓуграничниот простор се чекало околу 5 минути. Просечното време на чекање на камионите на царинскиот терминал во услови на транзитна постапка изнесува 40 минути, додека во услови на внатрешна транзитна постапка со цел завршување на царинската постапка со царинење во царинарница во внатрешноста
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ИНИЦИЈАТИВИ на државата изнесува околу 60 минути . Во услови кога царинската постапка завршува со царинење во царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, просечното време на чекање зависи од видот на стоката и е условен од времетраењето на фитосанитарната и ветеринарната контрола . Доколку стоката не подлежи на фитосанитарна и ветеринарна контрола, царинската постапка се завршува просечно за еден час. Ако станува збор за стока која подлежи на фитосанитарна контрола (на пример, пченица), царинската постапка во просек трае околу 3 часа. Во случај на ветеринарна контрола (за стока како месо, риба, кашкавал, млеко и сл.), постапката трае многу подолго, во одредени случаи и повеќе од еден ден. Генерално, на граничниот премин Табановце, при излез од Република Северна Македонија, во одредени периоди се создава застој од причина што на македонска страна функционираат две ленти - стандардна лента за извоз и брза (зелена) лента за извоз на: земјоделски производи, празни товарни возила и транзит, а при влез во Република Србија истите завршуваат во само една лента. По укажување на превозниците има дополнително задржување на граничниот премин од српска страна заради поставување и вадење уреди за следење на стоката при превоз на територијата на Република Србија. При влез во Република Северна Македонија утврдено е дека голем дел од времетраењето на постапките на граничниот премин отпаѓа на фитосанитарната и ветеринарната контрола. Имајќи ги предвид резултатите од овој мониторинг, Стопанската комора на Македонија во наредниот период ќе продолжи со активности за забрзување на протокот на стоки и камионскиот превоз на граничните премини, во насока на реализирање работни средби со надлежните институции и предлагање конкретни мерки во функција на олеснување на меѓународната размена, со особен акцент на регионот. Во следниот период ќе следи компаративна анализа на земјите од Западен Балкан (Србија, Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија), во рамките на активностите на Коморскиот инвестициски форум со цел на аналитичен и аргументиран начин пред органите на овие држави да се укаже на неодложната и итна потреба за воспоставување заеднички гранични контроли , истакна м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. Во исто време, Стопанската комора на Македонија апелира до надлежните институции да се преземат сите неопходни мерки, да се продолжат и интензивираат активностите за потпишување на билатералните договори помеѓу институциите на Република Северна Македонија и Република Србија, од една и помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, од друга страна, за што поитно да започнат заедничките контроли на посочените гранични премини, најдоцна до 1 октомври 2019 година, со што ќе се овозможи на едно место, во исто време на заедничка локација, со помалку ресурси на државните администрации, преку едно застанување - превозните средства и стоките побрзо да поминуваат на граничниот премин. м-р Анета Трајковска
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
15
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ
МРЕЖНИТЕ ПРАВИЛА ПРЕД ДИСТРИБУИРАНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, на 17.4.2019 година, одржа седница на којашто се дискутираше за Предлог-мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија. Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија треба да ги уредат условите и начинот на користење и пристап на дистрибутивниот систем на трета страна, техничко-технолошките услови и начинот на приклучување на дистрибутивната мрежа на потрошувачите и на производителите на електрична енергија. На седницата, која ја водеше претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев, покрај фирмичленки на Групацијата на обновливи извори на енергија присуствуваа и претставници од операторот на дистрибутивниот систем. Се разви конструктивна дискусија по која се заклучи дека Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија треба да бидат изготвени така што ќе бидат лесно применливи и без давање поголеми права на некоја од страните. Сите забелешки што фирмите ги имаат во врска со Предлог-мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија, во писмена форма да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 22.4.2019 година. Перо Авакумовски
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ПОКРОВИТЕЛИ
„СЕАВУС“ НАГРАДЕН ЗА РАБОТОДАВАЧ НА МЛАДИ ВО РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Во организација на „Bosna Bank International“ (BBI) и во соработка со Islamic Development Bank Group (IDB Group), а под покровителство на Претседателството на Босна и Херцеговина, почна 10. „Сараево бизнис форум 2019“, како еден од најистакнатите и најголеми бизнис конференции во Југоисточна Европа. Во рамките на активностите на Форумот, кој започна денеска како тридневна меѓународна манифестација, беше одржана конференцијата, на која се разговараше за можностите за
надминување на предизвиците со кои се соочуваат претприемачите во Југоисточна Европа, со посебен акцент на темата: „Одржлив развој, интересот за соработка и инвестициите во регионот“.
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
17
ПОКРОВИТЕЛИ Како дел од активностите на Форумот се и организираните презентации, сесии, деловни средби, при што фокусот е како да се изнајдат решенија за искористување на потенцијалите од областа на енергетиката, образованието, 4-та индустриска револуција - дигитална револуција, улогата на лидерството и одржливиот развој. Беше презентирана и инвестициската клима во регионот, природните и човечките ресурси со кои располага, како и можностите со кои располагаат компании како би добиле пристап до меѓународните пазари. Една од панелдискусиите беше посветена конкретно на економските потенцијали на земјата домаќин, Босна и Херцеговина. На Форумот учествува и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од еминентни македонски компании, каде истите остварија контакти и средби за потенцијални трговски партнерства со голем број претставници од земјите од Западен Балкан и Европа. Годинава беа доделени голем број награди и признанија на успешни компании и поединци, а меѓу наградените е и нашата долгогодишна членка, компанија „Сеавус“, номинирана во категоријата „Youth Employer of the Year“ – работодавач на годината. „Сеавус“ е компанија за развој на софтверски и консултантски решенија и со докажано искуство во обезбедување успешни бизнис-решенија. Компанијата има над 900 ИТ-експерти ширум светот и нуди разновидни производи и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар од неколку канцеларии во светот. Портфолиото на „Сеавус“ вклучува повеќе од 3.500 клиенти, меѓу кои и водечки светски производители на телекомуникации и мобилни телефони, организации од банкарската и финансиската индустрија, електроника, технологија, едукација, влади, здравство и др. Нивните поголеми развојни центри се во Македонија и Србија, каде што просечната возраст на вработените е 31 година каде го ценат знаењето, што подразбира посветеност на голем број можности за обука, што резултира со континуирано проширување на знаењето и развој на компетентност. За новодојденците обезбедуваат основни и напредни програми за патување, вклучително обуки за меки вештини за теми од интерес, како тековен процес на интеграција и сместување на новите вработени, обезбедувајќи им алатки, ресурси и знаење, со цел да станат успешни и продуктивни на нивното работно место, во најкус рок. -Инвестираме во личен и професионален напредок и совршеност на нашите вработени и од таа причина дефинираме стандардизирана линија на активности кои треба да ги преземе менаџментот и кадрите за човечки ресурси на компанијата со цел систематски да се изгради, да се поддржи и да се унапреди знаењето и професионалната експертиза на нашиот персонал, - истакна Мирослав Поповиќ, претставник на „Сеавус“ задолжен за Босна и Херцеговина, Инаку, „Сараево бизнис Форум“ претставува меѓународна платформа за бизнис средби, размена на нови идеи, искуства и можности за соработка, за вмрежување и истражување на можностите за инвестирање во регионот на Западен Балкан со цел поттикнување на развојот. Сашо Деспотоски
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ИНИЦИЈАТИВИ
ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПРОМОЦИЈА НА ЗАНИМАЊАТА ЗА КВАЛИТЕТЕН СТРУЧЕН КАДАР На иницијатива на Стопанската комора на Македонија, а поддржано од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, се одржа работилница на тема: „Предизвици за подобрување на имплементацијата на дуалното образование (споделување искуства)“. На работилницата, покрај претставници од Комората како партнер од бизнис секторот во Проектот„Е4Е“, присуствуваа и претставници од Центарот за стручно образование и обука, средни стручни училишта и компании кои имаат започнато активности во областа на учење преку работа на самото работно место или пак своите следни активности ги насочуваат кон соработка со средните стручни училишта по принципот на јавно-приватно партнерство. М-р Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, пред присутните ја презентираше потребата преку ваков тип работилници да се поврзат на едно место оние образовни институции каде се креира идната работна сила и бизнис секторот кој има потреба од квалификувани работници. Вака организираните настани врз основа на споделените искуства, како што посочи Јаневска, ќе бидат основ за одржување работилници на регионално ниво, по сектори. -Досегашните ангажмани беа насочени кон учењето преку работа, каде се’уште функционира предметно-часовен систем, кој во себе вклучува елементи на дуално образование, но самиот по себе не претставува дуално образование, - посочи м-р Зоран Јовчевски, советник во Центарот за стручно образование и обука. Имено, дуалното образование не е само зголемување на фондот на часови по практична настава, туку концепт на соработка помеѓу компаниите и стручните училишта во облик на јавно приватно партнерство со учество на бизнис секторот во развивање на образовната програма, изведување на образовниот процес и трансфер на стручните компетенции на учениците. - Потребата од соработка на стручните училишта со компаниите е повеќе од нужна, но сериозен проблем е што училиштата не располагаат со соодветна опрема, што упатува на предизвикот дуалното образование да се уреди со посебен закон. Од следната 2019-2020 година, феријалната практика ќе стане задолжителна за сите сектори и преку овој модел до 8.000 ученици од стручните училишта ќе може да се вклучат во практична настава, за што преку Проектот „Е4Е“ е изработено и упатство за феријална практика, - додаде Јовчевски. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска, посочи дека Комората и нејзините членки го поддржуваат дуалното образование,
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
19
ИНИЦИЈАТИВИ разбирајќи ја потребата ученикот да реализира практична обука кај работодавач, како една од можностите за воспоставување рамнотежа помеѓу потребите за квалитетна работна сила на пазарот на труд и оспособените и лесно вработливи стручни кадри кои излегуваат од образовниот систем и пред се`, намалување на невработеноста и подобрување на состојбата во стопанството и економијата. Пред присутните беше споделено искуството на компанијата „ЕВН Македонија“ АД, кои пред 3 години пионерски ја започнаа соработката со СЕУГС„Михајло Пупин“ од Скопје, водени од тешкотиите на долг рок да обезбедат работна сила од профилот на електромонтери, кои претставуваат дури 40% од вкупниот број на вработени во компанијата. За таа цел, пилотнаставата по Програмата „20-20-20“, предвиде поголем процент од наставната програма да се базира на практична обука која се изведува по корисничко енергетските центри на компанијата. - „ЕВН Македонија“ инвестираше и во опремување на училница-лабораторија, лична опрема на учениците, а во тек е и подготовка на полигон во рамки на училиштето каде би се изведувале теренските активности, - информираше Силвана Космач од „ЕВН Македонија“. Согласно овој проект наставата веќе ја следат 33 ученици од втора година и 21 ученик во прва година. Најголемиот предизвик за компанијата е што во 2020 година завршува првата генерација од 20 ученици кои ќе се вработат во компанијата. - Потребата од стручен кадар беше мотив и за вклучување на компанијата „Костал Македонија“ преку свој придонес да се вклучи во изведување на практичниот дел наставата и да обезбеди продуцирање на кадар кој ќе одговара на барањата и потребите на компанијата. За таа цел, во соработка со „ОДВ Електрик“ и „ЛТХ Леарница“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беше формирана паралелка од 18 ученици кои 1 ден во неделата ќе посетуваат практична настава во една од трите компании, - додаде Нада Мисоска, од„Костал“ Македонија. Концептот на јавно приватно партнерство е применет и во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид каде е запишана паралелка од образовниот профил автомеханичар-мехатроничар. Како проблеми и предизвици за следниот период од страна на директорот на училиштето, Сашо Недески, беа потенцирани законскиот минимум за паралелка од 25 ученици, но и потребата од вклучување на повеќе компании кои се подготвени да го поддржат образовниот процес. Пред присутните, м-р Борис Тримчев го презентираше и Вториот повик од Фондот за можности во рамки на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, кој е наменет за понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката. Во рамките на предвидената дискусија помеѓу учесниците беа изнесени неколку заклучоци, а тоа се: потреба од хармонизација на законските регулативи кои се во колизија, потреба од закон за дуално образование како и недостиг од промоција на стручните занимања. Михајло Донев
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ИНИЦИЈАТИВИ
ИНОВАТИВНИТЕ ГРАНТОВИ ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД БИЗНИСМЕНИТЕ ВО КИЧЕВО Регионалната комора со седиште во Кичево во рамките на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, организираше презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Присутните претставници од компании кои припаѓаат на: ИТ-индустријата, металната индустрија, градежништвото, трговијата, се информираа за можностите за финансирање преку повикот во рамките на Проектот што го спроведува ФИТР. Бизнис интересот беше во делот на можностите за поддршка на истражување и развој, тестирање, заштита на интелектуална сопственост, дизајн, развој на пилот-линии, активности поврзани со обезбедување квалитет и активности за маркетинг и продажба кои се насочени кон доведување на иновацијата до инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот. Претставникот на Фондот Искра Лазарова, во своето обраќање информираше дека Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации е наменет за микро, мали и средни претпријатија од сите сектори, како и приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. Пред бизнисмените од Кичево беа претставени условите за аплицирање. Максималниот износ на финансиска поддршка преку Фондот може да изнесува до 325.000,00 евра, односно 70% за микро и мали компании и 60% за средни компании. Останатиот процент од вкупниот буџет на проектот треба да бидат обезбедени од страна на апликантот. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, истакна дека може да се очекува ваквиот тип на државна поддршка може да поттикне зголемување на активностите за истражување и развој во приватниот сектор, меѓусебната соработка на компаниите и соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останатите форми на соработка за комерцијализација на иновации. Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци, а рокот за аплицирање на јавниот повик трае до 15.5.2019 година. Дијана Лазороска Јованоска
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
21
ИНИЦИЈАТИВИ
ПРОДАЖНО СЦЕНАРИО Членките на Клубот на менаџери-претприемачи во рамки на активностите кои ги реализираат на неделно ниво имаа обука на тема: „Продажно сценарио“, како една од серијата на меки вештини која значи дополителна наобразба и подигнување на менаџерските и прфетприењмачки вештини на лидерите во компаниите. Акцент на обуката беше ставен на продажбата и продажната функција во еден бизнис, како основа за нормално и успешно функционирање на деловниот субјект. Обуката беше реализираше во соработка со Петар Лазаров, консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Пред присутните Лазаров акцентираше дека без продажба, нема приход, нема ни пари за финансирање на бизнисот. Тоа е основата на функционирањето на секој бизнис. Во рамки на обуката члнеките на клубот беа запознаени и со начините на кои се одвива продажбата, како одреден вид на контакт помеѓу бизнисот (најчесто продажно лице) и купувачот. Беше посочено дека развојот на технологијата и интернетот во голем дел доведоа до промени во можностите во начинот на изведување на продажбата. Сега не мора да постои директно продажно лице за да се изведе самата продажба, но сепак во голем дел принципите остануваат исти. Психологијата на човекот иако малку е изменета сепак размислувањето и клучниот елемент на донесување на одлука останува приближно ист. Предавачот Лазаров ја потенцираше и разликата помеѓу продажна стратегија или сценарио од маркетинг сратегијата. Разликата помеѓу двете стратегии како што Лазаров потенцира е во тоа што кога завршува маркетинг стратегијата започнува продажната стратегија. На обуката на практичен начин беше направено продажно сценарио со акцент на тактиките за продажба. Како најкористени се посочуваат: - тактики за пројавување на интерес; - тактики за будење на желба; - тактики за купување. Обуката која беше реализирана меѓу членките на Клубот на менаџери-претприемачи, има за цел да помогне компаниите да остварат поголема продажба на нивните производи или услуги. Валентина Цветковска
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
ВАЖНИ ПОРАКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД „САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ 2019“ М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања
Европската унија треба да го гледа прашањето за проширување на ЕУ помалку како техничко, а повеќе како политичко прашање, рече Борут Пахор, актуелниот претседател на Словенија, во своето излагање на „Сараево бизнис форум 2019“, на 17 април 2019 година. Пахор посочи дека иднината на Западен Балкан е геополитичко прашање. Регионот се наоѓа на крстопат и ако ЕУ го запостави проширувањето тогаш ризикува загрозување на безбедноста во овој дел од светот и враќање на националистичките сили кои ќе се обидат да ги менуваат границите. Затоа, ЕУ треба да покаже поголема флексибилност. Иако консолидацијата внатре во ЕУ е примарен приоритет на Унијата, проширувањето на ЕУ треба исто така да биде третирано како прашање со висок приоритет. Со цел
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
23
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР да се засили оваа порака, претседателот Пахор ќе иницира покренување соодветна иницијатива на планираната средба со лидерите на земјите од Западен Балкан во јуни годинава . Притоа, останува обврската на владите од регионот да ги забрзаат потребните реформи. Ахмет Давутоглу , поранешниот премиер на Турција, зборуваше за иднината на светскиот поредок и опасноста од популистичка автократија и етноцентрични политики. Осврнувајќи се на регионот на Западен Балкан, тој посочи дека методологијата за иднината на регионот треба да се потпира на три елементи. Прво, пристапот треба да биде насочен кон визија, а не насочен кон спречување кризи. Второ, пристапот на регионот треба да биде со поглед кон иднината, а не со поглед кон минатото. Трето, пристапот на регионот треба да биде пристап базиран на вредности, а не пристап базиран на идеологија. Како да се постигне тоа?Давутоглу истакна неколку политички принципи. Најпрвин, принципот на инклузивност, во сé што правиме треба да бидат вклучени сите, сите религии, сите етнички групи, итн. Понатаму, потребна е широка регионална реинтеграција. Таа треба да биде економска, политичка, културна. Треба да се однесува на слободна трговија, заеднички политики. Третиот политички принцип е заедништво во поставеноста на европскиот континент и во тој контекст улогата на југоисточното крило на континентот. Конечно, потребно е регионот да гради заеднички позиции за глобални политички прашања. Ова се важни пораки за земјите од Западен Балкан од пријателите на регионот. Треба да размислиме, што тие всушност сакаат да ни кажат.
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР
OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања
Искусните лидери - визионери во деловниот свет се свесни дека моменталниот успех и остварувањето добри резултати во работењето можат да бидат краткорочни, доколку не се развие одредена стратегија за развој. На пазарот мора и да се опстане. Во таа смисла, општествено одговорното работење станува долгорочна, конкурентска предност и услов за опстојување на пазарот, како за големите, така и за малите и средните компании . Затоа, воопшто не е чудно што современите поими од практиката на корпоративното работење, како што се: општествено корисно работење, корпоративна совест, општествени перформанси, одговорно и одржливо работење и други, стануваат дел од стратегијата за корпоративно управување на компаниите. Ако ги земеме како пример компаниите „Алкалоид“ АД - Скопје, „ЕВН Македонија“ АД - Скопје, „Шпаркасе банка Македонија“ АД - Скопје, „Бетон“ АД - Скопје, „Гранит“ АД Скопје, „ИГМ Трејд“ АД - Кавадарци, „Витаминка“ АД - Прилеп, НЛБ Банка АД - Скопје од каде што доаѓаат потпретседателите на Стопанската комора на Македонија, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои корпоративната општествена одговорност претставува нераскинлив дел од нивното работење, нешто по што секој граѓанин ги препознава. Корпоративната општествена одговорност на „ Алкалоид“ АД - Скопје претставува главен приоритет во оперативната агенда, која вклучува поддршка на талентирани студенти по фармација и медицина, традиционалните хуманитарни акции за опремување
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
25
НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР Детската клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - Скопје, поддршката во ракометот и други спортови, културата и слично. Такви се и активностите на „ЕВН Македонија“ за подигање на свеста за разумно користење на електричната енергија, заштита на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување опасни материјали од трансформаторските станици, поддршка на настани поврзани со македонската традиција, инвестирање во промоцијата на спортот и здравјето итн. „Шпаркасе банка Македонија“ низ повеќегодишната традиција ја унапредува сопствената стратегија за корпоративна општествена одговорност, која се развива во рамките на „SPARKASSE LIFE“ платформата, преку поддршка во повеќе сегменти: локална заедница, култура, образование, здравство, спорт, преку кои Банката создава дополнителни вредности за клиентите, вработените, здруженијата, локалната заедница и за заштита на животната средина. НЛБ Банка АД - Скопје, исто така, е активно вклучена во поддршката на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на спортот, културата, хуманитарната дејност и образованието во земјава, а целите и начелата за општествено корисно работење се интегрирани во деловната политика и стратегијата на Банката. Истото се однесува и за „ИГМ Трејд“, „Гранит“ и „Бетон“, кои, преку бројните општествено корисни активности за заштита на животната средина, справувањето со отпадот и бројните спонзорства и донации во јавните дејности придонесуваат за унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото окружување во кое работат. Концептот на општествено одговорно работење не е само минлива работа, туку императив во деловниот свет кој сите компании, порано или подоцна, ќе мораат да го прифатат доколку сакаат да го задржат и унапредат своето место на деловната сцена. Со таквото работење, во голема мера се придонесува и за намалување на митото и корупцијата, се учествува во градењето на јавната политика, се влијае кон придржување на важечките прописи, почитување на човековите права и етичките норми. Доколку секој од нас даде по еден дел од нештото, веројатноста дека ќе се реши одреден проблем е многу поголема отколку тоа да го направиме сами. Општествено корисните активности на компаниите го потврдуваат тоа и во практиката, придонесувајќи активно кон подобрување на севкупното живеење и на поединците, и на семејствата и на пошироката општествена средина.
26
БИЗНИС ИНФО
ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
27
НОВИ ПРОПИСИ 15.04.2019 ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА Измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва се однесуваат на глава десет – прекугранично спојување: Десеттата глава од Законот за трговски друштва – Прекугранично спојување , согласно Предлог – законот се ...
15.04.2019 Нов подзаконски акт на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба („Службен весник на РСМ“ бр. 74 од 9 април 2019 година): Врз основа на член 5 точка 1) од Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/05, 84/07, 158/10, 136/11, 199/14, 192/15 и 53/16), Владата на Репуб ...
16.04.2019 ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Со одредбите од овој закон се врши усогласување со Директивата на Советот 85/374/ЕЕЗ од 25 јули 1985 година за приближување на законите и другите прописи на државите-членки за одговорноста за неисправни производи , однос ...
17.04.2019 Донесени измени и дополнувања на Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77 од 15 април 2019 година) Врз основа на член 90 став (3) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/ ...
19.04.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ Според известувањето на Министерството за финансии, со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови се врши доусогласување со Директивата 2009/65/ЕУ за Друштва за колективно инвестирањ ... 15.04.2019 Донесен подзаконски акт на Законот за ветеринарното здравство („Службен весник на РСМ“ бр. 72 од 5 април 2019 година): Врз основа на 77 став (4), член 81 став (5), член 84 став (3), член 85 став (5), член 86 став (4), член 87 став (3), член 88 став (10), член 91 став (3) и член 93 став (3) од Законот за ветеринарно здравство („Службен ве ...
17.04.2019 Донесени измени и дополнувања на Правилникот за посебните барања за храната од животинско потекло (*), објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77 од 15 април 2019 година Врз основа на член 44 став (4) точки 5, 9 и 10 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), директор ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
28
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 19 април 2019, Бр. 392
СТОПАНСКА КОМО
Osnovan
ECONOMIC CHAM
Founded
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 19 април 2019, Бр. 392
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОРА НА МАКЕДОНИЈА
na 1922
FS 549642
MBER OF MACEDONIA
d 1922
29
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ај ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ар Н
30
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
31
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.4.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРАКТИЧНА АНАЛИЗА И КОМПАРАЦИЈА НА ЛИЧНИ ПРИМАЊА ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПО ОСНОВ НА ДОГОВОР ЗА ДЕЛО
Стопанската комора на Македонија, на 22 април 2019 година, организира еднодневна работилница на тема:„Практична анализа и компарација на лични примања по основ на договор за вработување и по основ на договор за дело“, со цел да се направи сеопфатна анализа на сите дилеми поврзани со плаќањето на работата по основ на работен однос и по основ на договор за дело, преку разработка на бројни практични примери. Притоа, по спроведената дискусија, дел од прашањата кои ќе бидат одговорени се следните: од што е составена платата како сложена категорија, кои се најновите параметри за пресметка на плата, по што платата се разликува од другите лични примања по основ на договор за дело, кои се најчестите дилеми кои произлегуваат од надоместоците на плата за боледување и годишен одмор, што се трошоци поврзани со работата, како и на кој начин може да се врши порамнување и задржување на исплаќањето на платата. Со еднодневната работилница ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област, сé во насока на поголема правна заштита и сигурност. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска, правен консултант, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.4.2019 година (вторник) 9:50-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ
Грижата за потрошувачите и корисниците на услугите е постојан и бескраен процес. Со промените на потрошувачките навики и напливот на лесно достапни информации, компаниите се судираат не само со борба за стекнување со нови клиенти, туку и со постојана потреба од задржување на постојните клиенти, зголемување на нивното задоволство и класифицирање во најпосакуваната категорија клиенти – лојални. Учениците на овој семинар активно ќе учествуваат во идентификацијата на сите клучни фактори кои ја прават услугата една од клучните продажни, односно деловни алатки и во таа интеракција ќе добиваат тековна повратна информација за своите знаења, ставови, идеи и следни чекори во нивната работна пракса. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ“. Предавач: Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
33
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
23.4.2019 година (вторник), 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Кршењето на работниот ред и дисциплина или работните обврски како предуслов за отказ на договорот за вработување, заштита на правата пред работодавачот и пред надлежен суд, привремени мерки во спорови од работен однос, синдикалниот претставник и негова заштита согласно Законот за работни односи. Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.05.2019 Бизнис средби Меѓународен саем за земјоделство, Нови Сад
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair“
Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери на Меѓународниот брокерски настан „AgroB2B@NSFair“, кој ќе се одржи на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, на 14 мај 2019 година. Главни сектори на настанот се: * производители на храна и пијалаци и трговци; * машини за земјоделство и опрема; * хемиски производи за земјоделство; * пакување; * обновлива енергија; * обработка и опрема за стаклена градина; * применета наука и истражување; * иновативни технологии во земјоделството. AgroB2B Зошто да учествувате? Меѓународните брокерски настани обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите со цел да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа ќе се објави распоред на состаноци што ќе се одвиваат на одредено место и точно определено време. Секој учесник добива своја лична листа најмалку еден ден пред настанот. Учеството во „AgroB2B@NSFair“ Б2Б бизнис средбите е бесплатно. Пријавете се на: http://agrob2b2019.talkb2b.net/
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
БИЗНИС ИНФО
35
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
4-5 јуни 2019 година, Виена, Австрија
Конференција и деловни средби „FUTURE OF BUILDING“
Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 4-5 јуни 2019 година, во Виена, Австрија. Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност, преку различни предавања, панел-дискусии, работилници и други активности да се запознаат со најновите технологии за иновативни решенија и идни трендови во следниве области на градежништвото: - модерно урбанистичко планирање (Smart City-Виена); - интелигентни згради; - нови градежни методи и роботика; - нови градежни материјали / компоненти и склопови; - енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи); - одржлива и зелена зграда; - градежна конструкција; - природни материјали со нулта емисија; - патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура; - интелигентна и домашна автоматизација; - дигитализација BIM и VR; - модерно реновирање на градот; - социјално и достапно домување. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористите можноста да остварите директни средби со над повеќе од 60 австриски фирми и 300 интернационални фирми, поврзување со повеќе од 600 учесници од 50 земји и организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни објекти во Виена. Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://buildings2019.b2match.io/home, почнувајќи од 18.3.2019 година.
36
БИЗНИС ИНФО
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради
Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
T
O
15
БИЗНИС ИНФО
IS
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
37
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 19 април 2019, Бр. 392
T
15
38
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
97 godini 1
922 - 2019
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088