Бизнис ИНФО, број 308

Page 1

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

Број 308

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

19.05.017

МАКЕДОНСКО-БРИТАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ потпишан Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Јужен Лондон


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 19 мај 2017, Бр. 308 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

3

БИЗНИС ФОРУМ

МАКЕДОНСКО-БРИТАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ

Можности за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји На 15 мај 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа Бизнис форум, со билатерални деловни средби меѓу компании од Велика Британија и од Република Македонија. На настанот беа присутни претставници на 23 британски компании кои што остварија деловни средби со 40-тина македонски бизнисмени од областа на туризмот, хотелиерството и угостителството, банкарство и финансии, консултантски услуги, развој и управување со недвижности и имот и др. Настанот го отвори Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој што како домаќин им се заблагодари на присутните за искажаниот интерес и воедно додаде дека денешниов настан претставува значаен импулс во унапредувањето на стопанската соработка меѓу Македонија и Велика


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ФОРУМ Британија и дека ова е можност за подобро меѓусебно запознавање како услов за натамошен развој на соработката. - И двете земји имаат одлични пријателски врски и треба објективно да се согледаат можностите за деловна соработка како во делот на трансфер на нови технологии, инфраструктурата, енергетиката, така и во размената на производи со вклучување на успешни практични и иновативни решенија. Целта на денешниот Бизнис форум е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за развој на економската соработка со Велика Британија, да се согледаат потенцијалите за нејзино интензивирање и развивање, што во иднина треба да резултира и со зголемен обем на надворешно-трговската размена, - додаде Пешев. - Ми причинува особено задоволство да бидам дел од овој настан каде што

средбите меѓу бизнис заедницата на Велика Британија и Македонија ќе придонесат за зацврстување и продлабочување на веќе одлично воспоставената економска соработка меѓу двете земји. Се надевам дека водени од примерот на „Џонсон Мети“, „Комфи Ангел“, „Ендава“ и други компании коишто веќе инвестираа во Македонија, бизнисмените присутни на денешниот настан ќе успеат да најдат соодветни партнери и решенија за понатамошна соработка, - додаде амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Чарлс Гарет. Претседателот на Стопанската комора на Јужен Лондон Џери Мекдона, во своето обраќање изрази благодарност до Стопанската комора на Македонија за организирање на денешниот настан, како и до македонските компании за искажаниот интерес за средби


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

5

БИЗНИС ФОРУМ

со претставниците од Велика Британија. - Се надевам дека денешните билатерални средби ќе резултираат со успешна идна бизнис соработка и ќе претставуваат чекор кон градење на пријателски односи, - додаде Мекдона. Во рамките на Бизнис форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Јужен Лондон со цел да се олесни поврзувањето на македонските и британските компании и да се воспостават директни бизнис контакти кои ќе прераснат во трајни партнерства. По завршувањето на официјалниот дел беа организирани и индивидуални деловни средби меѓу стопанствениците од Велика Британија и од Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Велика Британија во периодот јануари - март 2017 година достигна вредност од 192,1 милиони САД$, што претставува раст од 4,47% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 19,4 милиони САД$ или зголемување од 24,93%, додека увозното салдо изнесува 172,7 милиони САД$ или зголемување од 2,78 % споредено со истиот период од 2014 година. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 153 милиони САД$. Велика Британија е втор трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари - март 2017 година, како и во истиот период од 2016 година. м-р Сања Николова


БИЗНИС ИНФО

6

ПРОМОЦИЈА

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОФИЦИЈАЛНО СТАНА ЧЛЕНКА НА КОМОРАТА ЗА МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА „ПАТОТ НА СВИЛАТА“ (SILK ROAD CHAMBER OF INTERNATIONAL COMMERCE – SRCIC) Стопанската комора на Македонија како најстара и најреспектирана комора во земјата, која членува и одржува одлични билатерални и мултилатерални релации со разни владини и невладини институции од целиот свет, доби директна покана од претседателот на Комората за меѓународна трговија „Патот на свилата“ (SRCIC), господинот Лу Јианзонг, да пристапи кон зачленување во SRCIC, со цел заеднички да се придонесе за развојот на активностите и продлабочување на релациите со земјите од Патот на свилата (Silk Road). На 15 мај 2017 година, Стопанската комора на Македонија и официјално го доби сертификатот за членство во SRCIC, со што на компаниите-членки на Комората им се отвора простор за запознавање со нови клиенти и бизнис партнери од различни индустрии, преку учество на семинари и работилници, конференции и тркалезни маси во Кина, но и во останатите земји од Патот на свилата и пошироко. Комората на своите членки им нуди ексклузивна можност за вмрежување и поврзување, размена на искуства, know-how, експертиза, технологии и иновации. Од формирањето до денес, SRCIC брои вкупно 54 членки, меѓу кои се и Конфедерацијата на Азиско-пацифичкиот сојуз на стопански и трговски комори, Унијата на трговско-индустриските комори и стоковни берзи на Турција (ТОББ), меѓународните стопански комори на Италија, Мексико, Израел и на Грција, Стопанската комора на Косово, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина и др. Иницијативата да се обноват старите проекти на Патот на свилата (Silk Road) кои со векови беа движечка сила на трговијата и инвестициите беше претставена од Владата на НР Кина во 2013 година. Поттикот на она што претходно беше познато како „Belt and Road“ - иницијатива, сега вклучува проекти кои ja поттикнуваат меѓународната трговија и генерираат инвестиции кои вклучуваат компании и организации од целиот свет. Основната цел на Комората за меѓународна трговија „Патот на свилата“ (SRCIC) е да го зголеми учеството на глобалниот бизнис во развојот на Патот на свилата од 21-от век со тоа што ќе поврзе повеќе од 60 земји со население од 4 милијарди жители. Одделение за информирање


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

7


БИЗНИС ИНФО

8

ПРОМОЦИЈА

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во Стопанската комора на Македонија, пред слушателите на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители

ПРЕЗЕНТИРАНА УЛОГАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И УЛОГАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО УТВРДУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА РАБОТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ - Скопје, на 18.5.2017 година, се одржа обука за улогата на Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) во преговорите и склучувањето на колективните договори и улогата и значењето на Стопанската комора на Македонија во утврдувањето и развојот на работното законодавство. Пред присутните слушатели на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, го истакна значењето на колективните договори во законодавството на РМ како стожер на социјалниот дијалог помеѓу работодавачите и Синдикатот. Економскосоцијалниот дијалог е исто така значаен механизам во постигнувањето на консензус помеѓу засегнатите страни - Владата, синдикатите и здруженијата на работодавачите, во креирањето на политиките од економско-социјалната сфера, - истакна Димитров. Посебен осврт беше даден на законските услови и критериумите потребни за добивање на статусот на репрезентативност на ОРМ за застапување на интересите на работодавачите во преговорите за склучување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

9

ПРОМОЦИЈА областа на стопанството, како и на потребните услови за репрезентативност на Организацијата на работодавачите за склучување на гранските колективни договори. При тоа, Ангел Димитров истакна дека Општиот колективен договор е задолжителен и се применува за сите работодавачи, додека гранските колективни договори за работодавачите кои пристапиле во членство на Организацијата на работодавачи која го склучила гранскиот колективен договор. Ангел Димитров осврнувајќи се на предметот на регулирањето на односите помеѓу трудот и капиталот во колективните договори, преку примери од праксата, ја објасни потребата за дорегулирање на прашањата од работното законодавство со колективните договори. Улогата и значењето на Стопанската комора на Македонија во застапување на интересите на членките, се врши низ процес на артикулирање на интересите и формите на мислење на секој член врз принципите на отвореност, јавност и непосредно договарање и информирање, - истакна Љупка И. Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Интересите на членовите на Комората се презентираат преку изградени и усогласени ставови во органите и телата на Комората пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдувањето на макроекономската и развојната политика, како и давање иницијативи за подготовки на законски и други прописи од областа на стопанството, што е всушност една од приоритетните задачи на Комората. Во рамките на овие процеси, и како партнер на Организацијата на работодавачите на Македонија, Комората ги испорачува барањата и потребите на своите членови во утврдувањето и развојот на работното законодавство. Љупка И. Самарџиска Сашо Деспотоски


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СО КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ БАРААТ НАМАЛУВАЊЕ НА ОПТОВАРУВАЊАТА Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 17.5.2017 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите - кабелските оператори во Република Македонија. Компаниите укажаа дека сегашните зафаќања од остварениот приход на кабелските оператори (особено за наплата на авторските права и филмскиот фонд), како и другите финансиски обврски, се пазарно нереални и претставуваат можен предуслов и закана за прелевање на товарот на крајниот потрошувач, преку вградување на дополнителните трошоци во сметките на граѓаните.


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Се потврди ставот на бизнис заедницата дека треба да се плаќа надомест за авторските и другите сродни права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат да се обезбеди намалување на надоместот за авторите и економски одржливи трошоци. За тоа се потребни почитувани критериуми во односите со сите засегнати страни, преку транспарентност во работењето, отворени разговори со аргументирани ставови, за да се дојде до прифатлив договор за сите субјекти. За враќање на довербата на пазарот и институциите, неопходна е континуирана информираност од страна на компаниите, здруженијата и институциите за финансиските и други резултати од тековното работење, односно за што се трошат парите, кој ги собира од правните субјекти согласно законската обврска и кои правни субјекти плаќаат надомест. Во Стопанската комора на Македонија, согласно добрите практики, ќе се негува и ќе се афирмира процесот на преговарање и дијалог на засегнатите страни, во кој треба да се најде решение на проблемите, имајќи ги предвид реалните параметри, економскиот амбиент во државата и економскиот капацитет на компаниите. Лазо Ангелевски


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

ПРЕЗЕНТИРАНА „Анализата на развојниот производствен потенцијал и можности за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата“ На заедничката седница на Здружението на металургијата и на Здружението на металната и електроиндустријата при Стопанската комора на Македонија, пред членките од металниот комплекс беа презентирани резултатите од обемното истражување за развојниот потенцијал и можностите за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата. „Анализа на развојниот производствен потенцијал и можности за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата“, од авторите д-р Дарко Лазаров и д-р Митко Кочовски е изработена на иницијатива на Здружението на металургијата согласно определбата на Стопанската комора на Македонија за делување базирано на издржани научно-истражувачки анализи со нивна нагласена апликативност


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ и настапување пред надлежните институции со барања поткрепени со научни студии и анализи. Проектот, како што истакнаа авторите, претставува продолжување на претходната опсежна студија која имаше за цел да ја проучи улогата на металната индустрија во производната структура на македонската економија преку квантифицирање на нејзиното учество во креирање на БДП на земјата, извозот, вработеноста и да се видат поврзаностите со останатите индустрии и сектори. Студијата којашто денес се презентираше ги анализира развојните можности на металната и металопреработувачката индустрија во насока на динамизирање на извозната дизверзификација на земјата со можност истражувањето да биде проширено на целата индустрија. Претседателот на Здружението на металната и електроиндустријата Аце Антевски, од аспект на индустриите на кои во најголем дел е фокусирано истражувањето истата ја оцени како добра анализа врз чија основа би се граделе идните економски политики за менување на односот кон индустријата и нејзиниот развој, а во таа насока се добредојдени и изнесените предлози во дискусијата на присутните стопанственици. Зорица Мешкова


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ПРОЕКТИ

ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ – ОДРЖАНА ШЕСНАЕСЕТТАТА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ВО КАВАДАРЦИ

Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, на 17.5.2017 година, во хотелот „Фени“ во Кавадарци, се одржа Шеснаесеттата информативна сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективните договори“. Пред присутните се обрати м-р Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави учесниците и истакна дека целта на овие информативни сесии e информирање на претставниците на бизнис-заедницата за законската регулатива од областа на работните односи и колективните договори, како и детектирање на клучните прашања што би требало да се изменат или дополнат во соодветните закони или подзаконски акти, со цел нивна ефикасна примена во практиката. Таа посочи дека во рамките на Проектот пет клучни сектори: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива и дека оваа информативна сесија претставува исклучителна


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

15

ПРОЕКТИ можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот. М-р Ивана Крстевска од Стопанската комора на Македонија накратко ги претстави Проектот и активностите кои произлегуваат од него, а Димче Мицевски од „Епицентар“ ги покани присутните да поставуваат прашања во СЛИДО-системот, со можност за поголема интерактивна дискусија во однос на проблематиките кои ги засегаат компаниите. Предавач на информативниот настан беше Снежана Петковска, адвокат од областа на деловното право од Скопје, која пред присутните компании го објасни Законот за работни односи во делот на засновање на работен однос, заштита на личноста и личните податоци на работникот, договорите за вработување и условите за работа, како и правата и обврските кои се уредени со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Снежана Петковска пред присутните компании детално го објасни Законот за работни односи со кој се уредуваат работните односи помеѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување договорот за вработување, како се регулирани платата и надоместокот од плата, прекувремената работа, ноќната работа, паузите и одморите. На настанот присуствуваа повеќе од 30 учесници од повеќе сектори и тоа: текстил, транспорт и откуп на грозје, туризам и угостителство, производство на метални конструкции, синџир на супермаркети, електрика, градежништво, трговија, земјоделство, превоз и шпедиција, производство на метал и правен консалтинг.


БИЗНИС ИНФО

16

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ПРОЕКТИ

Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат микро, малите и средните претпријатија, како и можноста за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години во кои е предвидено да се спроведува Проектот. Организирањето на овие информативни сесии е веќе затпочнато и досега беа одржани петнаесет информативни сесии во повеќе градови во Македонија и тоа во: Велес, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Битола, Струга, Струмица, Охрид и Штип. Од вкупно предвидените 18 информативни сесии, уште 2 информативни сесии ќе бидат организирани до 7 јуни 2017 година во Охрид и во Скопје на две теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од законите од областа на даночната и царинска политика и 2. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен Проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Тања Мицева


БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

17


БИЗНИС ИНФО

18

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Прилеп ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ ЗА БИЗНИС НА ГОДИНАТА

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп и неделникот „ЗЕНИТ“ на 15.5.2017 година се организираше традиционалната манифестација „Избор на бизнис на годината за 2016“. Награди од категоријата микро и мали компании од нашиов регион добија компаниите: 1. „ВИКОМ- ИНЖЕНЕРИНГ“ - Прилеп, градежна компанија; 2. „ВИКЕЛИ“ - Прилеп, графичка дејност и трговија и 3. „ВЛАДО КОМПАНИ“ - Прилеп, трговска компанија за бела техника. Целта на манифестацијата е афирмација на компаниите, особено на малите компании од регионов и поттикнување на локалниот економски развој во нашиов регион. Малите претпријатија се значајни за секоја економија, тие најчесто се нарекуваат мотор на економскиот развој. Нивното значење произлегува од можноста за отворање на нови работни места, ангажирање на соодветен капитал и зголемување на конкуренцијата. Тие помагаат и во реструктуирањето на вработеноста, притоа апсорбирајќи го вишокот работници и според нашите сознанија најголем дел од претпријатијата во Република Македонија се микро и мали претпријатија. Неделникот„ЗЕНИТ“ континуирано отстапува простор за да ги претстави бизнис идеите и патот на успехот на малите компании и инвестициите во сопствени производствени капацитети кои се развиваат во Општина Прилеп. Во присуство на голем број гости претставникот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Ристо Најдоски им ги додели признанијата на најбизнис компаниите за 2016 година. Ристо Најдоски


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Битола СЕМИНАР ЗА УТВРДУВАЊЕ И НАПЛАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДАНОЦИ

Како дел од серијата бесплатни семинарина Стопанска комора на Маедонија на тема „Утврдување и наплата на локалниданоци по законот за данок на имот“ на 18.5.2017 година во организација наРегионалната комора со седиште во Битола се одржа интерактивна работилница. Целта на семинарите беше запознавање назаинтересираните страни со утврдувањето и наплатата на локалните даноци, таксии други надоместоци согласно Законот за даноците на имот. Присутни учесници на семинарот беадиректорите/раководителите на финансискосметководствените сектори вокомпаниите, вработените во компаниите задолжени за финансиско работење и другизаинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите насоветувањето. Се расправаше и беа презентираниподетално темите за администрирањето на данокот на промет на недвижности,данокот на наследство и подарок, на јавните и фискалните приходи како основенизвор на приходи во единиците на локалната самоуправа, локалните даноци,нивната наплата, како и присилната наплата на даноците и таксите. Учесниците активно се вклучија водискусијата со практични примери прашања од секојдневното работење напрезентираните теми од интерес. м-р Никола Димковски


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 19 мај 2017, Бр. 308

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 19 мај 2017, Бр. 308

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

21


22

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

петок, 19 мај 2017, Бр. 308


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

22 - 23 мај 2017 година Сараево, Р. Босна и Херцеговина

Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од 8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ. Овогодинешниот Бизнис форум ќе се одржува во периодот од 22 - 23 мај 2017 година во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Бизнис форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 30 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој. Секоја година Бизнис форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво. 8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ на учесниците ќе им понуди презентации од инвеститори од областа на: • финансиите; • енергетиката; • инфраструктурата; • градежништвото; • земјоделието; • туризмот; • образованието; • услужните дејности. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис форумот на линкот за директна регистрација: http:// www.sarajevobusinessforum.com/registration-participant најдоцна до 15.5.2016 година (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 мај 2017 година (понеделник) 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

RBT-RISK BASED THINKING УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

Стопанската комора на Македонија на 22 мај 2017 година организира еднодневен семинар

на тема: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ. „Постои ризик, а постои и сигурност. Чамецот во пристаниште е сигурен, но со тек на

време му скапува дното.” Џ Браун (J. Brown)

Во согласност со ISO 9001:2015, секоја организација има обврска да утврди дали постои ризик

во работењето, како и да најде адекватни решенија и можности кои треба да се имплементираат, се` со цел системот на менаџмент со квалитет да ги постигне посакуваните цели, односно производите и услугите да се усогласени, да се спречи непосакувано надворешно и внатрешно влијание и да се оствари подобрување на системот, на производите и на самите процеси. Пред организациите секогаш постојат нејасни прашања за тоа како да извршат проценка на ризикот, во кои процеси е неопходно да се процени ризикот, кој треба да ја спроведе проценката на ризикот и како понатаму да постапува со значајните ризици и истите да се намалат или елиминираат. Во текот на семинарот на учесниците ќе им бидат посочени алтернативни можности и одговори на повеќе недоумици.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ

Менаџерите, претставниците на раководството од различни системи на менаџмент и

вработените во организацијата одговорни за управување со различни видови на ризик, како и вработените кои се или ќе бидат вклучени во процесот на идентификација, проценка и следење на ризикот во организацијата, како и на сите оние кои сакаат да научат повеќе како да ја подобрат својата работа преку примена на техники за намалување на различните видови на ризик во прифатлива мерка.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23 мај 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Содржината на оваа напредна обука за управување со промени, претставува презентирање и имплементација на реални методи и примери за управување со промени во рамките на компанијата, како и соодветно учење во врска со индивидуални промени во рамкита на компанијата. Компаниските промените се потребни и се од исклучителна важност поради континуираните промени во врска со процесите во компанијата, пазарот, производите, конкуренцијата, вработените и слично. Прилагодувањето на тие промени подразбира потреба за имплементација на систем за управување со промени и користење на соодветни техники на сите нивоа во компанијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со конкретни карактеристики на системот за промени, како и техники за имплементација на истите. Семинарот е наменет за: менаџери и раководители, вработените во компаниите, професионалци и експерти за човечки ресурси кои се одговорни за управување на нивните корпоративни тимови, проекти и луѓе, како и за сите оние кои имаат интерес за учество на семинарот. Предавач:Михаил Китановски, сопственик и управител на „Д2ЕМ“ Консалтинг со повеќе од 16 години консултантско искуство во 20 земји во светот. Главна експертиза во областите: Организациски инженеринг; Balanced Scorecard; Системски дел и процес на продажба; Лидерство и управување; Оптимизација на производствени процеси; Стратешки менаџмент и Бизнис планирање; Менаџмент на финансии, како и Имплементација на меѓународни стандарди. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7- 9.6.2017 година 3-5.7.2017 година 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот

развој на Австриската федерална комора – WIFI, ја организираат третата по ред Тренинг-програма на тема: МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР.

Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат

голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренингпрограмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект.

Програмата се состои од 6 дена обука од странски предавачи во Стопанската комора на

Македонија (2 поединечни модула, секој во времетраење од 3 дена) и 3 дена студиски престој во Виена, Австрија. По завршување на обуката која се одржува во Стопанската комора на Македонија следува тестирање на теоретскиот дел. Учесниците кои успешно ќе го поминат тестот и кои ќе остварат 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора.

Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои

се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици.

Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и

организациони единици, водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции.

Модул 1: Комуникациски вештини и техники за преговарање, Период на одржување: 7 - 9.6.2017

година., Предавач: Александра Веселиновиќ.

Модул 2: Меѓународен маркетинг и менаџирање со извоз , Период на одржување: 3 - 5.7.2017

година.Предавач: Асетила Костингер.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

онтакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

23 мај 2017 година (вторник) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

Стопанската комора на Македонија на 23 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР, што се однесуваат на: преземените мерки и процесуираните постапки од надлежниот орган, потпишувањето на договор за вработување, со посебен осврт на неговата форма, содржина, измена, време за кое се склучува договорот, склучување на договор со странски државјани, видови договори, дополнителна работа, договор за работа во странство, посебни договори и престанок на договорот за вработување. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и од државниот сектор. На семинарот ќе бидат изнесени најчестите повреди на одредбите од законските решенија во областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса. Дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми кои ги имаат при примена на легислативата од областа на работните односи, а кои не се предвидени во агендата. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29 мај 2017 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4 кат

ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија, на 29 мај 2017 година, следејќи ги проблемите на

компаниите при прибирање и презентирање соодветни докази во настанатите судски спорови, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со видовите на докази согласно Законот за парничната постапка. Предмет на разгледување ќе бидат особено видот на докази кои можат да бидат употребени во текот на судката постапка, времето до кога можат истите да бидат предложени, на кого лежи товарот на докажувањето, со посебна анализа на доказите – сведок, странка, вештак, нивен распит, начин на определување на вештачењето и супер-вештачењето, увидот на самото место. Ќе се анализираат поединечните одредби од Законот за парнична постапка, ќе се посочи различното регулирање со одредбите од новелата на Законот за парнична постапка, проблемите и можните решенија.

Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови,

проблеми во врска со примената на ЗПП и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување. ПРОГРАМА • Видови докази согласно ЗПП, видови, рокови за нивно користење, товар на докажување во парницата; • Видови докази, распит на сведок, странка, вештак, вештачење, супер-вештачење и увид на самото место.

Целна група: Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата,

адвокатите и за законските застапници на трговските друштва.

Предавач: Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 -

Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30 мај 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Имате чувство дека Вашиот тим работи многу, но се` уште не ги постигнува очекуваните резултати за Вас и за Вашата компанија? Времето во компанијата не се користи доволно ефикасно и има многу „слободно време”? Вие сами не постигнувате да сработите се` што е потребно и она што е важно за Вас? Целта на семинарот е да се потенцираат клучните елементи на продуктивност и учесниците да добијат практични алатки со кои ќе ја подобрат личната и продуктивноста на тимот. Врз основа на Каизен пристапот (континуирано подобрување), обуката помага да се развијат лични и тимски способности и навики за зголемување на продуктивноста веднаш по завршувањето на семинарот. Основни пристапи за семинарот се учење од практични примери, разработка на теоретски концепти, преку докажани техники и алатки, дискусии и учење врз основа на детални повратни информации. Семинарот е наменет за: сите оние кои сакаат да научат како да ги подобрат своите комуникациски и организациски вештини, со цел зголемување на ефикасноста и продуктивноста на тимот. Обуката е наменета само за оние кои се подготвени да ги променат своите навики и на тимовите кои сакаат побрзо, подобро и поквалитетно да функционираат, во согласност со барањата, во добри односи со колегите, како и одговорноста за животната средина. Предавач: Младен Јовановиќ, тренер и консултант со 14 години работно искуство. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30.5.2017 година ( 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат

на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во Деловодникот како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

Цел на семинарот: Да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното

водење на деловодникот и е-деловодник како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.

За кого е наменета обуката?

Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите,

вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.

Предавач: Валентина Тодоровска, магистер по економски науки и управител на „Акаунтинг

Солушнс“ ДООЕЛ – Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење, како консултант, обучувач и специјалист во областа на финансиски менаџмент.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

1 јуни 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Резултатите на досегашните светски и домашни студии укажуваат дека проблемот со психосоцијалните штетности кај работниците е присутен во различни земји, упатувајќи на глобалните димензии на ова прашање и на неговите автохтони, национални карактеристики. Појавата на синдромот на согорување е евидентна и во Република Македонија. Следејќи ги актуелните проблеми од областа на безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа на 1 јуни 2017 година организира еднодневен семинар на тема:„Анализа на стерсогените фактори поврзани со работата и синдримот на согорување и планирање и имплементација на организациски интервенции“, со цел информирање на сите чинители од областа на безбедноста и здравјето при работа за основните принципи на примарната превенција како оптимален пристап во заштита и унапредувањето на здравјето на работниците. Целта на овој семинар е дефинирање на психолошките аспекти кои влијаат на работното место, навремено идентификување на мобинг и стрес на работното место и преземање активности за намалување на штетните здравствени ефекти кои се ефектуираат кај вработените и кои влијаат на намалување на нивната продуктивност. Досегашните податоци за факторите коишто влијаат на појавата на синдромот на согорување кај испитуваните работници, како и податоците за можните несакани ефекти од синдромот на согорување врз здравјето на работниците претставува солидна основа во креирањето на стратегија за превенција на синдромот на согорување и унапредување на здравјето и безбедноста на работното место. Предавачи:

• проф. д-р Јованка Караџинска – Бислимовска, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар

на СЗО;

• проф. д-р Јордан Минов, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;

• науч. сор. д-р Драган Мијакоски, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО;

• науч. сор. д-р Сашо Столески, Институт за медицина на труд, Колаборативен центар на СЗО.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија

10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress

Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред

Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.

Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години

во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.

Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им

создаде услови за :

- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат

односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.

Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа

можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.

- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува

размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,

(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.

Проектот на Европската комисија е

развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални

• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото

Украина Валидно до: 31.07.2017 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.

Украина

Украина Валидно до: 31.08.2017 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.

Валидно до: 02.06.2017 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.

Украина Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.

Пакистан

Украина

Валидно до: 31.10.2017 Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата

Валидно до: 31.05.2017 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.


петок, 19 мај 2017, Бр. 308

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина

Кина

Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.

Пакистан Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Кина

Кина

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина Валидно до: 25.06.2017 Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

www.mchamber.mk

Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 19 мај 2017, Бр. 308

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.