БИЗНИС ИНФО, број 369

Page 1

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

Број 368 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 19.10.2018

АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

ПРОЕКЦИИ ЗА НАРЕДНИОТ ПЕРИОД


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА - ПРОЕКЦИИ ЗА НАРЕДНИОТ ПЕРИОД

Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот каде во овој сектор особено дојдоа до израз претприемачките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа, и претставува една од водечките преработувачки индустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, беше истакнато на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (15.10.2018 година). Преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери каде во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на извоз отпаѓаат 7%. Според податоците за индустриското производство за осум месеци од 2018 година споредено со истиот период од 2017 година, кај производството на текстилни ткаенини има зголемување од 11,2%, а додека кај производството на облека има намалување од 6,7 %.


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА За 7 месеци од 2018 година извозот во оваа дејност изнесува 386 милиони САД долари, а поодделно кај производството на текстилни ткаенини изнесува 56,2 милина САД долари, додека кај производството на облека изнесува 330 милиони САД долари, што е зголемување од 14,8% во споредба со истиот период од претходната година, и тоа претставува околу 9,8% од вкупниот извоз во државава. Во истиот период, увозот изнесуваше 382,7 милиони САД долари, од кои облека во износ од 56 милиони САД долари, а текстил во износ од 326,7 милиони САД долари, или 7,3% од вкупниот увоз во државава. Бројот на вработени од година во година постепено се намалува, односно од 43.848 вработени во 2007 година, последните години се движи околу 36-38 илјади вработени во оваа дејност, односно во 2017 година вработени се 4.939 во производство на текстил и 36.490 во производство на облека, што сепак претставува голем процент на вработени. Очекувањата до крајот на 2018 година се дека ќе бидат на исто ниво како 2017 година и тоа најмногу се должи на неколку фактори и тоа: - македонските текстилни компании се` уште се интересни за странските партнери пред се` поради близината до европскиот пазарот и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена; - на повисоките фази на обработка и доработка на производите каде што веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување и сл.) и - поволната економија во Европската унија, пред се` Германија, што компаниите ги продолжуваат на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји. Значи, оваа гранка вработува околу 40% од вработените во преработувачката индустрија, како и индустрија која е целосно нето-извозник на производите, кои се од големо значење за платниот биланс во делот на прилив на девизи. Побарувачката од страна на странските партнери, пред се` од партнерите од Германија, моментално е поволна и покрај што дел од своето огромно производство во континуитет го насочува кон источните азиски земји. Со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонската текстилна индустрија мора да добие поддршка од државата во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, обезбедувања преку користење на гарантни фондови итн. Со тоа ќе се овозможи да се направат вложувања во автоматизација на производните процеси,


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА со што ќе се подобри квалитетот и ќе се обезбеди поголема продуктивност од страна на текстилните компании. Во поглед на мерките согласно Законот за минимална плата од првата мерка искористувањето на таа финансиска поддршка е минимална, а од втората мерка, иако се користи само неколку месеци, се очекува таа финансиска поддршка да биде искористена од страна на самите компании. Она на што се надеваат компаниите, а

би се постигнал и огромен бенефит за самите нив, а истото го потврди и заменикпретседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, е можноста да имаме замрзнување на придонесите за трудоинтензивните индустрии, а притоа со тоа да растат самите нетоплати. Со тоа ќе се зголеми конкурентноста на компаниите и ќе можат да ги задржат работниците, со можност за зголемување на платите, бидејќи во тој случај се овозможува платите да се зголемуваат, а сето тоа да не влијае во голема мерка врз компаниите и да може да биде поддржано со зголемување на продуктивноста и конкурентноста на компаниите. Исто така, се смета дека со примената на една ваква мерка нема да се предизвика големи буџетски импликации и проблеми во фондовите бидејќи и средствата кои беа планирани и обезбедени за предвидената финансиска помош со Законот, не беа искористени соодветно, потенцирање Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ЕНЕРГЕТИКА

„ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА И НАТО И ПЕРСПЕКТИВИТЕ ВРЗ БИЗНИСОТ“ Во организација на Меѓународниот институт за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ - Скопје, се одржa Форумска дебата на тема: „Членството во Европската унија и НАТО и перспективите врз бизнисот“. Дебатата беше отворена од страна на д-р Улрих Зеител, претседател на деканската управа на Институтот, кој истакна дека од економски аспект ќе дадат придонес за македонските компании да имаат образовани лица, кои ќе се дообразоваат во рамките на самиот Институт. Доколку во земјата има добро образовани лица, тогаш и економијата ќе расне, ќе се отвораат нови работни места и со тоа ќе има економски просперитет и развој и само на тој начин Македонија ќе стане и поконкурентна земја. Пред присутните се обрати и д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој потенцираше дека во Македонија не недостасуваат млади и образовани луѓе, туку недостасуваат млади и едуцирани луѓе со претприемачки дух. Сите треба да го препознаат моментот кон приклучување во ЕУ и НАТО каде ќе ни бидат достапни одредени фондови за купување технологија, а за користење на тие технологии мора да постои претприемачки дух. Д-р Анѓушев потенцираше дека членството во НАТО и ЕУ не значи само безбедност во земјава, туку многу повеќе, како подобра економија и квалитетен живот за граѓаните, а со самото тоа и достигнување на стандардите на живот како во земјите - членки на Унијата. Во рамките на Форумската дебата свое обраќање имаше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој се осврна на потребата политичките елити да обезбедат рамка за воспоставување економски врски кај бизнис заедницата. Претседателот Азески истакна дека Република Македонија како мала и отворена економија, со 5.245 САД долари бруто домашен производ по жител, е на долната скала на земјите со повисок среден доход, а сето тоа е третина од животниот стандард кој го имаат државите-членки на ЕУ. Македонската економија е зависна од увозот и од


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

7

ЕНЕРГЕТИКА

штедењето, со висока изложеност на надворешни фактори на ризик и без значајни конкурентски предности, и функционира во услови каде државата е најголемиот работодавач, инвеститор и потрошувач. Учеството на извозот во БДП би требало да изнесува 65-70%, во случајот на Република Македонија тој достигнува до 54%, а во структурата на тој извоз, повеќе од 70% е насочен кон ЕУ. Стопанската комора на Македонија стратешките определби во идниот период ги постави на две клучни прашања - модерна реиндустријализација и забрзување на процесот на извозна диверзификација кој концепт веќе беше изложен пред клучните чинители во економската политика во земјата, и се надеваме во многу брзо време ќе доживее своја конкретна реализација. Тоа значи дека структурните промени во самата економијата, процесите на реиндустријализација и извозна диверзификација се фундаментални процеси кои ќе генерираат високи и одржливи стапки на економски раст, каде брзината и успешноста во спроведувањето на овие процеси во голема мера се детерминирани од индустриската и извозната структура на земјава. - Секако, процесот на пристапување во ЕУ и НАТО може да придонесе за забрзано остварување на овие цели, а напредувањето во процесот на евроатлантските интеграции за нас ќе значи отворање на милионски пазари. Но што е уште поважно, за македонските компании тоа треба да донесе засилена поддршка во годините што претстојат на пристапувањето на единствениот пазар, во насока на унапредување на нивната конкурентност и способностите да се приспособат на побарувањата и стандардите на заедничкиот пазар, - потенцираше претседателот Азески. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ЕНЕРГЕТИКА

ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ОД ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР НА ЈАВНА РАСПРАВА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Со донесувањето и стапувањето на сила на новиот Закон за енергетика, следи период на изготвување на подзаконски акти поврзани со истиот. Во делот на електрична енергија ќе треба да се донесат повеќе подзаконски акти, меѓу кои и три правилници кои денес беа на јавна расправа во Стопанската комора на Македонија, организирана од Министерството за економија. • Согласно член 201, став 1 од Законот за енергетика, министерот за економија треба да донесе правилник за контрола на квалитетот на електрична енергија, испорачана до потрошувачите преку електропреносниот систем или електродистрибутивните системи. • Според член 195, став 3 од Законот за енергетика, министерот донесува технички прописи за проектирање, изградба, ставање во употреба, функционирање и одржување на енергетски објекти, уреди и инсталации. Како дел од овој сет на подзаконски акти


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

9

ЕНЕРГЕТИКА

се Нацрт-правилник за технички нормативи за заштита на нисконапонските мрежи и припаѓачките трансформаторски станици, како и Нацрт-правилник за изградба на надземни водови со номинален напон од 1 кВ до 400 кВ. Нацрт-правилникот за контрола на квалитетот на електричната енергија го изготви Секторот за енергетика во соработка со консултантскиот тим на УСАИД, додека Нацрт-правилникот за технички нормативи за заштита на нисконапонските мрежи и припаѓачките трансформаторски станици го изработи Министерството за економија со помош на претставници на ФЕИТ. Нацрт-правилникот за изградба на надземни водови со номинален напон од 1 кВ до 400 кВ е изработен со помош на „ЕВН“, „МЕПСО“, „ЕЛЕМ“ и „ГЕИНГ“. Нацрт-текстот на трите правилници е објавен на веб-страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk , каде што истиот може да се преземе. Сите заинтересирани, забелешките и коментарите по предлог-правилниците ќе можат да ги испратат најдоцна до 26.10.2018 година, на e-адреса: elena.velinova@economy.gov.mk . Перо Авакумовски


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

АГЕНЦИИТЕ ЗА НЕДВИЖНОСТИ ГИ АКТУЕЛИЗИРАА ЗАЛОЖБИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ЗАКОН ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ВО ПРОМЕТОТ СО НЕДВИЖНОСТИТЕ

Групацијата на агенции за недвижности при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 17.10.2018 година, дискутираше за активностите преземени во рамките на заложбите за донесување закон за посредување во прометот со недвижностите и потребата за конечно отпочнување на процесот за донесување на ова законско решение, со цел регулирање на пазарот на недвижности и уредување на дејноста за посредување во прометот со недвижностите, како и подигнување на квалитетот на работењето на агенциите на повисоко ниво. Во рамките на ваквите заложби на Групацијата, изминатите години беше формирана Работна група во Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии, составена од претставници на министерствата за правда, економија, транспорт и врски, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, како и претставници на коморите, која работеше на изготвување на конкретен текст на закон за посредување во прометот со недвижностите. Текстот на работната верзија


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

на законот беше изготвен и усогласен од страна на Работната група, меѓутоа, процесот за негово донесување сė уште не е започнат поради неможноста да се утврди кое министерство ќе биде надлежно за овој процес. Во таа насока, на седницата се дискутираше за потребата Групацијата повторно да иницира состанок на Работната група за преземање натамошни активности за донесување на подготвениот законски текст, од што, според Групацијата, зависи и иднината на дејноста и препознатливоста на професијата агент за посредување во прометот со недвижности, имајќи предвид дека при подготовката на текстот на законот се следени примери од искуствата на земјите од регионот и развиените европските држави. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година се регистрирани 566 активни деловни субјекти кои вршат дејности во врска со недвижен имот, а бројот на вработени во дејноста изнесува 1702 лица. м-р Нена Николовска


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕМИН ОД ОБРАЗОВАНИЕТО НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

На 16.10.2018 година, Групацијата на провајдери на дигитални решенија при Стопанската комора на Македонија, расправаше за воведување европски стандарди во врска со зачувувањето на животната средина во Република Македонија, промена на законската регулатива поврзана со увоз и пуштање во промет на производи, особено од информатичката технологија, кои не се во согласност со европските регулативи. Досегашните иницијативи на членките на Групацијата за соодветни измени на домашната законска регулатива, како за промет, така и за употребата на опремата, не донесоа соодветни реакции на надлежните. На македонскиот пазар има се` поголема набавка и употреба на стари печатачи, копир-апарати, мултифункциски уреди и друга ИТ-опрема од страна на државните институции. И понатаму, Групацијата преку Стопанската комора на Македонија ќе иницира соработка со сите државни институции и невладини организации чија дејност е екологијата и зачувувањето на животната средина во Република Македонија. Компаниите иницираа предлог-решенија за подигнување на атрактивноста и на средното стручно образование во 2019 година преку активности во рамките на


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Проектот Е4Е (образование за вработување). Проектот кој почна да се имплементира од мај 2018 година, поддржан е и од Стопанската комора на Македонија, и има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјава. Во следните години Проектот ќе овозможи повеќе граѓани, особено младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне во развојот на стручни вештини кои ќе придонесуваат за поголемо вработување во земјава. Во првите години од спроведувањето на Проектот се очекува голем број лица, од кои поголемиот дел млади, да се вработат благодарение на подобрените стручни вештини. Присутните беа информирани и за активностите на ЕЕН-Проектот и за мошне големите можности македонските компании бесплатно да се вклучат во оваа европска мрежа за деловна интернационална соработка. Посебен интерес компаниите покажаа и за другите деловни услуги што Стопанската комора на Македонија ги нуди на македонските компании. Лазо Ангелевски


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЈАСНО ДЕФИНИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА И НАМАЛУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

На 17.10.2018 година се одржа седница на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, на којашто беа разгледани проблемите во тековното работење во малопродажбата на оружје и муниција. На седницата се разгледуваа прашања поврзани со проблемите во тековното работење во малопродажбата на оружје и муниција и состојбите поврзани со постапките за доделување договори за јавни набавки за потребите на министерствата. За проблемите во тековното работење во малопродажбата на оружје и муниција, членовите на Групацијата констатираа дека во постапките за увоз и внатрешен промет, од компаниите се бараат многу документи и пополнување на многу формулари, со многу податоци при секоја одделна постапка и со критериуми (за видот и бројот на документите, за количините и др.), кои не се јасно дефинирани во законската регулатива,


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ а се различно толкувани од административните лица при контролите (во праксата, на штета на компаниите). Групацијата донесе заклучок да се предложи измена на законската регулатива во оваа област, членовите на Групацијата активно да бидат вклучени во работните групи во министерствата кои ќе работат на законските измени. Ставот на Групацијата е: намалување на администрирање, дозволи и документација, измена на критериуми (број на муниција, оружје, услови за чување, време на достава на извештаи) во корист на компаниите. Групацијата расправаше и за состојбите од областа на оружјето поврзани со постапките за доделување на договорите за јавни набавки за потребите на Министерството за внатрешни работи на РМ. Присутните членови на Групацијата усвоија Заклучок да се достави Барање за одржување работна средба на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена со претставници од министерствата со цел дискутирање на посочените прашања, во насока на обезбедување непречено учество на фирмите и успешна реализација на постапките за доделување договори за јавна набавка. Во таа насока, членките на Групацијата оценија дека е потребно итно да се организира средба со претставници на министерствата на која ќе бидат разгледани определени прашања поврзани со реализацијата на постапките за доделување договори за јавни набавки за потребите на министерствата, од причина што во практиката според компаниите сė уште се случува да има: кратки рокови за доставување на квалитетни понуди имајќи ја предвид обемноста на тендерската документација, висок степен на класифицираност на тендерите, бавна реализација на постапките и нивно одложување поради потребата за дополнување на технички податоци, а потоа и определување нови рокови за доставување повторни понуди и др. Присутните истакнаа дека има придвижување на работите во однос на полагањето на испитите за ловци, кои беа и едни од заложбите на Групацијата во изминатиот период, но дека сė уште постојат проблеми во однос на дозволите кои ги издава Министерството за економија. Лазо Ангелевски


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ОТВОРЕНА ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТРИ ПРАВИЛНИЦИ ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

На состанокот на Групацијата за безбедност и здравје при работа, одржан на 18.10.2018 година, се расправаше за изменување и дополнување на: Правилникот за начинот на бодување на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување; Правилникот за стручно усовршување на стручни лица од областа безбедност при работа и за изменување и дополнување на Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа. Се истакна дека измените и дополнувањата на Правилникот за начинот на бодување на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување, Правилникот за


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ стручно усовршување на стручни лица од областа безбедност при работа со кој се регулира издавањето лиценци за стручните лица од оваа област, се бараат бидејќи не соодветствуваат со условите во нашата земја. Се истакна дека самото бодирање е нефункционално и е потребно градирање на истото. На состанокот на Групацијата за безбедност и здравје при работа беа усогласени изменувањата и дополнувањата на Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа. Членките на Групацијата констатираа дека донесените правилници се според Законот за безбедност и здравје при работа, донесени од страна на министерот за труд и социјална политика. Со Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност при работа се пропишува висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа врз основа на видот, начинот, обемот и местото на извршените стручни работи. Се констатира дека периодот на имплементација во пракса на овој Правилник, уште на почетокот покажа дека унифицираните цени за услугите не се реални и дека не треба да има унифицирање на истите, односно дека висината на цената мора да биде во правопропорционален однос со обемот и сложеноста на услугата која се испорачува, а се` во зависност од специфичноста на дејноста на работодавачот, односно компанијата во која се извршува. Имено, ако се говори за услугата - обука на вработените за безбедност и здравје при работа, потребното време и потребните човечки ресурси за подготовка на: програма за обука, презентација за обука, тестови за проверка на стекнати знаења, за спроведување на теоретскиот и практичен дел на обуката, за евалуација на обуката, за изготвување документација од спроведената обука, во голема мера варира од работното место. Не е исто да се спроведе обука за безбедност и здравје при работа на административен работник и обука за безбедност и здравје при работа на висина на инсталатер на телекомуникациска опрема. Ако се зборува за услугата изработка на проценка на ризик - потребното време и потребните човечки ресурси за увид на лице место, снимање на работното место и работните задачи на вработените, разговор/анкета со вработените, увид во постојната документација (на пример, спроведени здравствени прегледи, случени повреди во изминат период, важечки стручни наоди од спроведени прегледи и испитувања на средствата за работа, на условите во работната средина - микроклима, осветлување, хемиски штетности и друго) за давање приказ на технолошкиот и работниот процес, опис на средствата за работа и опис на средствата и опремата за лична заштита


БИЗНИС ИНФО

18

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ при работа, спроведување, препознавање и утврдување на опасности и штетности на работното место и работната средина, одредувањето на нивото на ризик, утврдување на начинот и мерките за отстранување, намалување или спречување на ризикот, апсолутно е различно за работно место административен работник и за работното место инсталатер на телекомуникациска опрема. Во измените и дополнувањата на Правилникот не се опфатени електричните мерења бидејќи ќе се бара нов правилник за овие мерења. Заради погоре наведените причини, примената на овој Правилник води кон намалување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат од страна на стручните лица и овластени компании, а секако и кон деградирање на инженерскиот кадар - стручните лица за безбедност при работа. Војкан Николовски Перо Авакумовски

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

19

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

„КРЕАТИВНО РЕКЛАМИРАЊЕ ГЕРИЛА МАРКЕТИНГ“

Клубот на менаџери-претприемачи на 18.10.2018 година го реализираше едукативното предавање на тема: „Креативно рекламирање - герила маркетинг”, во соработка со Петар Лазаров, консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Петар Лазаров со своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи, кој своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата. Герила маркетинг е рекламна стратегија што се фокусира на нискобуџетни неконвенционални и креативни маркетинг тактики коишто даваат максимални резултати. Името за прв пат беше споменато од страна на Џеј Конрад Левинсон во неговата книга објавена во 1984 година – „Guerrilla Advertising“. Џеј Конрад Левинсон е таткото на герилскиот пристап и најголемиот маркетиншки гуру на новото време и веќе трета деценија е еден од најбараните автори и предавачи ширум светот.


20

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

21


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

22

9001:20

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.10.2018 година (четврток) 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

Намалувањето на вкупните трошоци при реализација на работните процеси може да се спроведе преку идентификација на внатрешните и/или надворешните компаниски причини, вклучувајќи апсентизам, како и селективно отсуство од работа. Секоја активност во овој процес се извршува на адекватен, стандардизиран и планиран начин, со кој управувањето на трошоците станува извесно и во рамките на законските норми. Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на: Административен менаџмент и интегриран систем во процесите на деловноадминистративно работење: - Предмет, цел и содржина на процесот на намалување на вкупни трошоци; - Организациски промени при зачестеност при отсуство од работа; - Намалување на вкупни трошоци од боледување; - Причини за континуирано отсуство од работа; - Намалување на трошоци како последица од отсуство од работа; - Управување со промени, согласно законските одредби и заштита при работа; - Управување на документацијата поврзана со отсуство од работа; - Примање и издавање документи; - Процедури во контекст на отсуство oд работа.

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 октомври 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

Со цел подобрување на вештините на компаниите (концесионери) во писмената комуникација со концедентот и управните органи, изготвување стратегии и решавање на тековни проблеми, Стопанска комора на Македонија на 26 октомври 2018 година, организира еднодневен семинар на насловната тема. Семинарот ќе помогне концесионерите да се стекнат со знаења и искуства за тоа како да ги менаџираат правилно документите кои се потребни за добивање дозвола за експлоатација, како да ги толкуваат роковите, да се стекнат знаење за правните механизми/лекови за заштита на нивните права, како и кои се условите за одземање на една концесија, а кои се за пренос на концесија. Семинарот е наменет за друштвата кои се учесници во постапка за добивање на концесија за детални геолошки истражувања/експлатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експлоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини. Освен излагањето на предавачите, активно учество со поставување прашања и споделување искуства ќе имаат и учесниците. Предавачи: - д-р Eјуп Љативи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - Рено Рисковски, Адвокат од Скопје, претходно Заменик Раководител на Правната служба во Цементарница Усје АД Скопје и вработен во истата од 2008-2016, учесник во многубројни постапки поврзани со Законот за минерални суровини. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29-30 октомври 2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Односите со јавноста во презентацијата на своите пораки користат канали на комуникација, со што освен економскиот аспект, треба да се истакне специфичноста на фирмите, каде општествените и економските мотиви се единствена целина. Во создавањето на таквата комуникација, насочена кон пазарот и јавноста, вклучени се сите промотивни активности, како и односите со јавноста, кои меѓусебно се дополнуваат во создавањето на целосна слика на пазарот и во јавноста. Во креирањето на пораките на односите со јавноста, потребно е познавање на техниките на комуникација, исто како и при обликувањето на пропагандните пораки. Притоа, односите со јавноста може да вклучат некои други промотивни елементи, користејќи ги на поинаков начин и за поинаква намена од нивната вообичаена. Целна група: Извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси, односи со јавност и маркетинг менаџери; директорите/ раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење. Предавачи: - м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент; - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 23 години искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31 октомври 2018 година (среда) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% електронски јавни набавки, а голем број понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди ЕСЈН - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“, поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. На семинарот детално ќе биде објаснет процесот на спроведување на електронските постапки на ЕСЈН, ќе се споделат искуства кои се однесуваат на најчестите грешки кои се прават од страна на економските оператори во текот на постапките, како и начините на нивно отстранување. По завршување на семинарот понудувачите ќе можат поуспешно да ги подготват своите понуди, а со тоа и да бидат поконкурентни на пазарот на јавни набавки. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31 октомври 2018 година (среда) 9:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

Современиот бизнис е резултат на интензивниот техничко-технолошки развој каков што историјата не памети. Истиот бара нови профили на сите нивоа на извршување. Продажниот процес заедно со неговиот комплементарен придружник преговарањето не се исклучоци. И тие бараат брзо приспособување кон сите промени со цел да се опстане во сè поизразената конкурентска борба. На современиот успешен продажен агент му се потребни модерен пристап, алатки и техники за да остане со тој епитет – успешен. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 31 октомври 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ“. ПРЕДАВАЧ - Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Работејќи за или тесно соработувајќи со големи интернационални бизнис гиганти и светски познати брендови бил во прилика да го спроведува нивното глобално knowhow на македонскиот и на регионалниот пазар. „Wrigley“, „Allied Domecq“, „Colgate-Palmolive“, „Johnson&Johnson“, „Dr. Oetker“, „Johnson Wax“, „Hipp“, „Nestle“, „AWT International“, „Alma-M“ се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или соработувал. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува


Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

БИЗНИС ИНФО

29

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.

GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 19 Октомври 2018, Бр. 368

T

15

30

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.