Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
Број 349 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 20.04.2018
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ НА АРБИТРАЖНИТЕ ПОСТАПКИ - КОМПАНИИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕПОЗНААТ ПРЕДНОСТИТЕ КОИ ГИ НУДИ АРБИТРАЖАТА И ДА ГО СЛЕДАТ ЧЕКОРОТ СО ТРЕНДОВИТЕ НА СВЕТСКИТЕ КОМПАНИИ
ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИВНОСТ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ЛОКАЛНИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ СИНЏИРИ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ МАКСИМИЗИРААТ ЕФЕКТИТЕ ОД СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈАТА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ - Најава за Меѓународна конференција на 19 и 20 април 2018 година
На денешната прес-конференција, претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, д-р Горан Рафајловски, најави дека на 19 и 20 април 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, во организација на Арбитражата со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) ќе се одржи Меѓународната конференција: „АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ“. Д-р Рафајловски информираше дека истакнати експерти, теоретичари и практичари од 10 различни европски земји, вклучувајќи адвокати од водечките светски адвокатски друштва, арбитри со децениско искуство во арбитража, како и професори кои долги години се занимаваат со овие прашања, два дена ќе дискутираат за најактуелните прашања од областа на арбитражното право. Излагањата на говорниците на конференцијата ќе опфатат теми од важност за работењето на компаниите, а кои се поврзани со постојаната тенденција за проширување на кругот на споровите кои можат да се решаваат во арбитражна постапка особено оние кои произлегуваат од правото на интелектуална сопственост, антимонополското и концесиското право.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Понатаму ќе бидат разгледани и практичните прашања поврзани со арбитражните постапки и активностите кои се преземаат за остварување на нивна поголема ефикасност и Њујоршката конвенција од 1958 година, благодарение на која странските арбитражни одлуки за разлика од судските одлуки уживаат поедноставен режим на признавање и извршување, а ќе се дискутираат и придобивките и идните предизвици поврзани со нејзината примена. Конечно, акцент ќе биде ставен и на инвестициската арбитража која се покажа како ефикасен механизам за заштита на инвеститорите од нерамноправен третман од страна на државата - домаќин и билатералните инвестициски договори кои се основа за покренување на ваквите спорови. Како што истакна д-р Рафајловски, на светско ниво, арбитражата е префериран метод за решавање на споровите кои произлегуваат од деловното работење за 90% од компаниите, и е најчесто применуван метод за решавање на споровите кои произлегуваат од областите градежништво и енергетика. Компаниите како најпозитивна карактеристика на арбитражата ја гледаат извршноста на одлуката, по што следат флексибилноста, можноста за самостоен избор на арбитрите кои ќе постапуваат во спорот и временската ефикасност на постапката. Д-р Рафајловски посочи дека арбитражното решавање на споровите кое се одликува со голема ефикасност, квалитет и брзина на постапката, како и стручност на арбитрите кои постапуваат во споровите може да придонесе за враќање на довербата во правосудниот систем во државата, при што домашните компании наместо да ја договараат надлежноста на арбитражите во Париз, Цирих или Лондон, ќе ја договараат надлежноста на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија може да се пофали со голема ефикасност на постапката имајќи предвид дека просечното времетраење на постапката изнесува 232 денови (7,5 месеци) – и тоа се однесува од моментот на поднесување на тужбата до моментот на донесување на правосилна одлука. Во практиката, Арбитражата бележи и случаи на траење на постапката од 125 денови (речиси 4 месеци), што за компаниите значи значителна заштеда на време и трошоци за решавање на споровите кои произлегуваат од нивното работење. д-р Татјана Штерјова м-р Нена Николовска
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ НА АРБИТРАЖНИТЕ ПОСТАПКИ - КОМПАНИИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕПОЗНААТ ПРЕДНОСТИТЕ КОИ ГИ НУДИ АРБИТРАЖАТА И ДА ГО СЛЕДАТ ЧЕКОРОТ СО ТРЕНДОВИТЕ НА СВЕТСКИТЕ КОМПАНИИ Во присуство на домашни и странски арбитри, претставници од бизнис заедницата, реномирани адвокатски друштва, студентите и пошироката јавност, на 19.4.2018 година започна меѓународната арбитражна конференција „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ- АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ“, која Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија ја организира со поддршка на Централно – европската иницијатива (ЦЕИ).
Конференцијата ја отвори д-р Горан Рафајловски, претседател на Постојаниот избран суд – Арбитража, кој во своето поздравно обраќање посочи дека Конференцијата е една од активностите кои Арбитражата ги презема во насока на поголема промоција на арбитражата како метод за решавање на споровите и се заблагодари на поддршката
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), која ги препозна и поддржи ваквите заложби. Рафајловски истакна дека арбитражата може да придонесе за враќање на довербата во правосудниот систем во државата. Во таа насока, Арбитражата при Стопанската комора на Македонија располага и со капацитет и потенцијал да администрира и решава и до 10% од вкупниот број на стопански спорови во државата. Ефикасноста, квалитетот и стручноста на арбитрите се едни од карактеристиките на Арбитражата поради кои компаниите може да ја искористат како корисна алатка со која ќе заштедат време и средства при решавањето на споровите – посочи Рафајловски. Пред присутните се обрати и г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската
комора на Македонија кој истакна дека состојбите во системот за решавање на споровите несомнено влијаат и врз економскиот развој на стопанството. Азески порача дека компаниите треба да ги препознаат предностите кои ги нуди арбитражата и да го следат чекорот со трендовите на светските компании, кои се почесто своите спорови ги доверуваат на арбитражните судови. Иако во моментот компаниите во Република Македонија се уште претпочитаат своите спорови да ги решаваат пред државните судови, Азески верува дека оваа состојба може да се промени, но за тоа покрај заложбите на Посотојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, потребно е активно да се вклучат и сите чинители во процесот, претставниците од адвокатската фела и бизнис секторот за кои од најголем интерес е да ја договараат и применуваат арбитражата при решвањето на нивните спорови и на тој начин да ги скратат трошоците за решавање на споровите– истакна Азески.
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА
Првиот панел на денешната конференција беше посветен на арбитрабилноста, која ги означува границите на примена на арбитражните правила, односно дозволеноста по одредени спорови да постапуваат и одлучуваат арбитражните судови. Модераторот на првиот панел, проф.д-р Татјана Зороска – Камиловска, потпретседател на Постојаниот избран суд – Арбитража и искусен арбитер во повеќе арбитражни спорови, го отвори првиот панел со поставување на прашањето дали воопшто се потребни границите на арбитрабилноста, односно дали треба да постојат ограничувања во однос на примената на арбитражата за решавање на одредени спорови. Првите панелисти, д-р Валентин Пепељугоски и д-р Ана Пепељугоска, адвокати во Адвокатско друштво „Пепељугоски, во своето излагање ја истакнаа тенденцијата за постојано проширување на границите на арбитрабилноста во однос на споровите од областа на правото на конкуренција (антимонополското право), при што посочија дека премисата дека овие спорови треба да бидат во исклучива надлежност на државните спорови повеќе не е универзално прифатлива. Во таа насока, д-р Пепељугоски презентираше повеќе примери од компаративното право и судската практика. Проф. Четина ди Салво, Libera Università Maria Ss. Assunta Rome ги презентираше актуелните случувања во италијанското законодавство кои се преземаат во насока на проширување на границите на арбитрабилноста, вклучувајќи ги измените од 2014 година кои дозволуваат странките да ги пренесат споровите кои се поведени пред редовните судови во надлежност на арбитражните судови. Ова се однесува и на второстепената постапка, со што се дозволува можноста доколку странките се согласат, првостепената судска одлука да биде преиспитана од страна на арбитрите на кои им е доверен спорот. На оваа тема говореше и проф. Тони Кол, University of Leicester & Counsel Gentium Law Switzerland кој во своето обраќање се осврна на прашањето дали се уште треба да постојат граници на арбитрабилноста, и што би било основата за нивното постоење.
БИЗНИС ИНФО
8
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
ИНВЕСТИЦИИ МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Вториот панел беше посветен на практичните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите, при што панелот го модерираше проф.д-р Тони Дескоски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Панелистите се осврнаа на некои од практичните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите.Проф. д-р Алеш Галиќ од Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, говореше за можноста за проширување на арбитражната спогодба на трети лица кои не се нејзини потписници и која е практиката на арбитражните судови во таа насока. Пјотр Новачук, од Nowaczyk Law Office, Poland се осврна на имунитетот на арбитрите и дали тој претставува стварност или фикција, имајќи предвид дека арбитрите постапуваат во спорови од милионска вредност, како и спорови кои го засегаат националниот интерес, поради што може да се соочат со многу критики, несогласувања, па и несакани последици, вклучувајќчи и директна закана по нивниот живот. Проф. д-р Татјана Зороска Камиловска пак говореше за ефикасноста на арбитражните постапки која во последно време е доведена во прашање, при што ги истакна своите гледишта и препораки за зголемување на ефикасноста на арбитражните постапки, со акцент на оние кои се водат пред Постојаниот избран суд Арбитража. Денешните излагања ги заокружи проф.д-р Горан Коевски кој ја презентираше успешната приказна и искуствата на македонските студенти од учеството на меѓународните натпревари по арбитражно право. М-р Нена Николовска
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ТРКАЛЕЗНА МАСА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
9
ар Н
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
ИНВЕСТИЦИИ КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Одржан настан на тема:„Професионален стрес Препознавање на психолошките игри во работната организација (Зошто настанува синдром на согорување - burn out“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Клубот на менаџери-претприемачи на 19.04.2018 година реализираше едукативното предавање на тема: „Професионален стрес - Препознавање на психолошките игри во работната организација (Зошто настанува синдром на согорување (burn out)?“ со м-р Катерина Наумовска-Ристовска, психолог и сертифициран тренер по емоционална писменост, едукатор во Центарот за едукација при Друштво за деловни и консултанстки активности „Гравитрон “ – Скопј.
Секоја успешна компанија низ својот пат до успехот има безброј пречки, кои во текот на работењето би излегле на виделина. Современиот развој и напредок на технологијата, колку и да се смета за предност во работењето, не ретко во пракса си го зема својот долг. Зголемениот стрес, нервоза и бес на работа станаа составен дел од животот на секој вработен. Зголемени обврски, сè помалку време, поавторитетен работодавец или менаџер, тешки соговорници, сè понезадоволни вработени. Ова се дел од проблемите во секојдневието.Постојат голем број на причини кои на вработениот би му предизвикале стрес на своето работно место, дел од нив се банални и не би требало да влијаат на ефикасноста во работењето, но сепак постојат и такви кои имаат долгорочни последици.
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
11
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Најчести причини за стрес се: преголема работа, незначајни задачи, премала плата во однос на обврските, нерационални барања, нејасни одговорности и очекувања, конфликтно однесување, неефикасни комуникациски вештини, чести промени на позициите и дуги причини. Како резултат на честите промени, новите барања кои се поставуваат пред вработените и потребата од стекнување на нови вештини и способности, испреплетено со неопходноста од постојана комуникацијата со сите вклучени субјекти,
придонесуваат вработените постојано да бидат изложени на стрес на своето работно место. Со тоа физички и емоционално се исцрпува организмот, што значително ја намалува мотивацијата за работа на вработениот. Ваквата состојба доведува до појава на синдромот на професионално согорување, познат уште како burnout. Познавањето на неговата суштина, факторите кои доведуваат до оваа појава, симптомите преку кои се манифестира, како и знаењата за начините на превенција, може да придонесе да се намали изложеноста на вработените на стрес, а со тоа да се влијае и врз намалување на можноста за појава на професионално согорување. Според Катерина НаумовскаРистовска, синдромот на согорување не се смета за болест, туку за состојба која е реакција на долготрајна изложеност на стрес, која како резултат има намалена отпорност и ниско ниво на виталните ресурси. Лицето кое страда од синдромот на согорување е многу
ранливо во однос на предизвиците на околината. Сето тоа придонесува за влошување на веќе постоечките и развој на нови заболувања и пореметувања, различни соматски компликации, како што се подложност на инфективни болести, главоболки, болки во
12
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ грбот или мускулите. Забележано е и отежнато функционирање во меѓучовечките односи, заборавеност, експлозивност, грубост, пречувствителност на надворешни влијанија (бучава, светло, мириси), негативен став кон работата, бесчувствителност, ригидност, постојана окупиранот со професионални обврски, чувство на неадекватност, немоќ и безнадежност. Доаѓа и до семејни конфликти, распаѓање на пријателства, развод, сериозно нарушување на здравјето. Учесниците на ова едукативно предавање можеа интерактивно преку вежби да споделат и осознаат техники и стратегии на самопомош во превенцијата на синдромот на согорување. Најпознатитехники кои често се применуваат се:познавање на сопствените можности и ограничувања, поставување на граници,емпатија, навремено барање на мислење и поддршка од колегите и претпоставените и свест за сопствените потреби. Препораките на предавачот Катерина Наумовска-Ристовска се да не чекаме „сè да ни се собере“ туку, веднаш штом ќе ги почувствуваме првите симптоми на burnout да се потрудиме да ја погледнеме пошироката слика. Ако чувствуваме дека стресот само се зголемува, да направиме пауза, да прошетаме, да се одмориме, да слушаме музика која ја сакаме и не опушта. Физичката активност исто така прави чуда – да избереме некој рекреативен спорт и да му посветиме три пати во неделата. Исто така пожелно е да зборуваме за нашиот проблем со оние кои ни се блиски, тоа може да ја намали нашата напнатост. Веќе самото сознание дека некој не разбира го намалува нивото на стрес. И најважно, да не забораваме на хуморот. Секогаш треба да имаме реални очекувања. Ако нашите цели не се реални, чувството на неуспех расте, а стресот се интензивира. Потребно е да градиме позитивни ставови, бидејќи негативноста ја црпи енергијата и ја уништува мотивацијата. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
13
ПРЕС СОВЕТ НА СТРАНСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИТОРИ ДЕЛОВНА СРЕДБА
ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИВНОСТ НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ЛОКАЛНИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ СИНЏИРИ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ МАКСИМИЗИРААТ ЕФЕКТИТЕ ОД СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈАТА Конференцијата за зацврстување на соработката меѓу странските компании и локалните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи, во организација на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 20.4.2018 година се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
Настанот е во рамките на Проектот „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ што ќе трае 24 месеци е финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со виенскиот универзитет за технологија - Институт за менаџмент во науката и е поддржан од Владата на Република Македонија која посветено ја охрабрува ваквата соработка.
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ Бенефитите од странските инвестиции во една земја се пред сé директно отворање нови работни места и генерирање доход, зголемување на извозот и негова диверзификација, прилив на странски капитал, создавање додадена вредност и пошироки позитивни ефекти за целокупната економија во којашто делуваат. Сепак, стратегијата на државата за привлекување на странски директни инвестиции треба да биде проследена со амбициозна стратегија за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) посебно на оние домашни компании кои имаат потенцијал да бидат нивни локални добавувачи, со цел максимизирање на бенефитите од работењето на мултинационалните компании во земјава. Со јакнење на интегрираноста со домашните субјекти се зголемуваат позитивните ефекти од нивното работење, а со крајна цел постигнување порамнотежен економски развој и поголема конкурентност на националната економија. И покрај напредокот постигнат во привлекувањето на извозно ориентираните странски директни инвестиции, способноста на локалните МСП подлабоко да се интегрираат во синџирот на снабдување на глобалните СДИ во земјава е лимитирана пред се од нивното релативно ниско ниво на продуктивност, корпорациски вештини, технолошките капацитети, бизнис софистицираност и некои аспекти на деловното опкружување на локално ниво. Резултатите на определени истражувања покажуваат дека износот на вкупните набавки на компаниите од индустриските зони од субјекти на домашниот пазар во 2014 и 2015 година изнесуваат по околу 45 милиони евра, додека во 2016 година износот е близу 33 милиони евра, со тенденција за среднорочно и долгорочно зголемување.
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
15
СТАВ ГРУПАЦИИ На протоколарниот дел од конференцијата, пред полната сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обратија проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје како и проф. д-р Роберт Миновски. Модератор на настанот беше Аврам Стојчевски, директор на „Ван Хоол Македонија“ кој е воедно претседавач со Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори. „Владата на РМ има јасна претстава за ситуацијата во оваа проблематика и за да го решаваме проблемот треба прецизно да ги дефинираме околностите и да им веруваме на бројките – а тоа е дека вкупните набавки на компаниите од слободните зони од домашните фирми е околу еден одсто. Најчесто соработката се сведува на користење обезбедување, угостителски услуги, одржување, комунални услуги, а исклучително малку во делот на производствениот процес“ - истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Но од друга страна пак мораме да ја сфатиме и суштината и природата на СДИ во земјава: странските компании во слободните зони, генерално, набавката на суровини и основни компоненти за нивните производи ја вршат централизирано, од познати и веќе традиционални партнери и изнаоѓањето на нови локални добавувачи за нив би имплицирало дополнителни трошоци и долгорочни инвестиции. Додека пак, некои од странските фирми во зоните кои изработуваат финални производи, како што е случајот со Ван Хол Македонија имаат поголем простор за избор на домашни фирми кои би ги вклучиле во нивниот локален систем на набавки. Како што истакна заменик премиерот Анѓушев, Владата на РМ ќе им обезбеди поддршка и на двете страни – да се стимулираат СДИ да ги зголемат набавките на производи и услуги од локалните СМЕ, а локалните фирми да воведуваат нови технологии и иновативни процеси во производството преку новите мерки инкорпорирани во Планот за економски развој, коишто важат подеднакво како за странските така и за домашните компании. На крајот, д-р Кочо Анѓушев истакна дека во завршна фаза се преговори на 30 нови странски инвестиции, за коишто допрва ќе се потпишат договори за нивно инвестирање во Република Македонија.
16
ГРУПАЦИИ
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
СОРАБОТКА
„Со заменик премиерот Анѓушев ги делиме истите мислења на ова тема, а тоа е дека странските инвеститори треба да бидат поотворени и пофлексибилни, а домашните да бидат похрабри во пристапот кон странските компании и да работат на нивото усовршување и модернизирање“ – посочи м-р Штефан Петер, Претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и, секако, можност за извоз на странски пазари. Од тие причини, македонските компании треба се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава, да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании, пред се` со квалитетни производи, конкурентни цени и поседување на потребните сертификати за квалитет. „Бизнисот не ви доаѓа во канцеларија туку треба да одите кај СДИ и да ги понудите своите производи и услуги“ – истакна претседателот на Советот. Треба да поседувате професионален продажен тим што знае да го продаде својот производ или услуга и добро да ги знае и проучи барањата и потребите на своите клиенти. Треба да се слушаат потребите на клиентите, поточно што е тоа што им треба на клиентите. Магичниот триаголник за успешна соработка којшто треба да го исполнуваат како странските така и домашните фирми се состои од три фактори: квалитет, цена и време на испорака -прецизираше Петер.
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
17
ПОСЕТИ Д-р Роберт Миновски, водечки партнер и професор на Машинскиот факултет во Скопје ги презентираше клучните поенти и цели на Проектот како и резултатите од неодамнешната анкета спроведена помеѓу странските инвеститори. Следната фаза е спроведување истражување перформансите на домашните компании во поглед на нивните производствени и технички капацитети, ниво на продуктивност, финансиски, менаџерски и човечки ресурси за прелиминарна селекција на 20 локални добавувачи коишто имаат потенцијал да станат локални партнери на странските компании. Д-р Томаш Соботка од Универзитетот за техника од Виена, Република Австрија, се осврна на техничката помош и меѓународната експертиза која преку проектот ќе биде понудена на локалните компании заинтересирани да ја зголемат својата софистицираност со цел да се интегрираат преку своите производи и услуги во глобалните и регионалните синџири на снабдување на големите странски компании лоцирани во и надвор од технолошко-индустриските развојни економски зони (ТИРЗ). Посебен интерес кај присутните учесници на настанот предизвикаа споделените успешни приказни на заедничка соработка на дел од странските инвеститори во земјава и домашните добавувачи, презентирајќи го патот којшто треба да се изоди за ваквите партнерства да бидат одржливи и успешни на долг рок. На панелот, претставници на „Ван Хол“, „Арцелор Митал“ и „Комфи Ангел“ од една страна и на „Унипласт“ и „Мондо“од друга страна ги пренесоа нивните искуства од самите почетоци на воспоставената соработка, од првичните контакти, преку периодот на преговарање и унапредување на производството и инвестирање во нови технологии за задоволување на критериумите на странскиот партнер, до првите пробни нарачки и градење на зедничка доверба и успешна соработка до денес. На последната панел-дискусија од страна на претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светска Банкаканцеларија во Скопје, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и од УСАИД Македонија, беа промовирани инструментите и програмите за поддршка на локалните мали и средни компании за зајакнување на нивните капацитети со цел да станат локални добавувачи на странските директни инвеститори. Влатко Стојановски
18
БИЗНИС ИНФО
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ПОСЕТИ
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
СОРАБОТКА
ЊУЈОРШКАТА КОНВЕНЦИЈА И ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА ВО ФОКУСОТ НА ПАНЕЛИСТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА -АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ-
Меѓународната конференција „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТВИТЕ АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ-“ која Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија со поддршка на Централно-европската иницијатива продолжи и денес во присуство на претставници од бизнис заедницата, реномирани адвокатски друштва, студентите и пошироката јавност и реномираните
експерти од коишто дел имаа и свои излагања на настанот. Говорниците во рамки на третиот панел на Конференцијата, своите излагања ги посветија на Конвенцијата за признавање и извршување на странските арбитражни одлуки (Њујоршка конвенција) која воедно оваа година прославува и 60 години јубилеј од своето постоење. Панелот го модерираше проф. д-р Алеш Галиќ, од Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана. Првиот панелист, проф.д-р Тони Дескоски, од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје во рамките на неговото излагање говореше за материјалноправните претпоставки (пречки) за признавањето на странските арбитражни одлуки, со фокус
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
19
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ РЕГИОНАЛНИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ КОМОРИ на повредата на правото на странките да бидат сослушани за време на арбитражната постапка, од чл. VI од Конвенцијата. Проф. д-р Дескоски се осврна на ситуациите кога странката може да бара да се одбие признавањето на странската арбитражна одлука повикувајќи се на тоа дека и било повредено правото да биде сослушана во постапката и каква е практиката на судовите во оваа насока. Д-р Татјана Штерјова, секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во своето излагање ја истакна важноста на Њујоршката конвенција како еден од најзначајните меѓународни документи (камен – темелници) во арбитражното право, но ја отвори дилемата дали Конвенцијата е подготвена да го положи тестот на времето особено кога станува збор за основата на арбитражните постапки – арбитражната спогодба. Д-р Штерјова истакна дека денес има повеќе меѓународни документи и национални законодавства кои предвидуваат пошироки и полиберални услови за полноважноста на арбитражната спогодба од оние дефинирани во Конвенцијата, поради што се поставува прашањето дали Конвенцијата ги задоволува критериумите во современото право или пак е „зрела за промени“. Панелот го заокружи излагањето на проф. Кристина Флореску, USH Faculty of Juridical Political and Administrative Sciences, Bucharest која говорејќи за примената на Конвенцијата, посочи дека некои од нејзините одредби може да се прилагодат за да одговараат на современите случувања, но сепак Конвенцијата продолжува, во целина, да ја исполнува својата цел на задоволителен начин и според мислењето на мнозинството нема потреба дополнително да се ревидира.
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
Според проф. Флореску, современите барања повеќе се состојат во донесување на меѓународно прифатливи и применливи стандарди и истото се однесува и за правилата на институционалните арбитражи, при што ги наведе реформите кои во таа насока ги презема Судот за меѓународна трговска арбитража при Комората за трговија и индустрија на Романија. Четвртиот панел кој побуди особен интерес кај учесниците беше посветен на она што е една од најактуелни теми во сферата на арбитражата во последните години – Инвестициската арбитража. М-р Илија Митрев Пенушлиски од Shearman & Sterling LLP Paris, говореше за легитимитетот на меѓународниот режим за заштита на инвестициите, глобалната експанзија на билатералните инвестициски договори и инвестициската арбитража. М-р Пенушлиски говореше и за дејствијата кои ги преземаат државите како резултат на нивната загриженост во последно време дека билатералните инвестициски договори го загрозуваат нивниот регулаторен простор, а кои несомнено влијаат врз режимот на заштитата на инвестициите. Д-р Мориц Келер, од Freshfields Bruckhaus Deringer Vienna се осврна на трендот на откажување на инвестициските договори склучени помеѓу државите – членки и инвеститорите од Европската унија како одговор на притисоците од Европската комисија и негативното чувство кое преовладува во однос на ISDS (Investor-state dispute settlement). Во таа насока, д-р Келер ги посочи своите гледишта во врска со практичните импликации од откажувањето на договорите и начинот на кој најдобро може да се заштитат инвеститорите. Презентацијата на м-р Јурај Брозовиќ, подготвена во соработка со проф.д-р Алан Узлеац од Правниот факултет во Загреб беше посветена на Investor-state Dispute Settlement system – ISDS кој стана основен механизам за заштита во меѓународните инвестициски договори склучени од Европската унија, а кој е содржан и во други меѓународни трговски договори како EUSFTA, EUVFTA, CETA и draft TTIP, во кои Европската унија инсистира на постоење на алтернативен механизам за решавање на споровите помеѓу инвеститорите и државите којшто ќе ги ублажи прашањата поврзани со арбитражата како стандарден форум, имајќи предвид дека во очите на Европската комисија на арбитрите им недостасува отчетност, а арбитражните постапки не се доволно или не се воопшто транспарентни. Во излагањето м-р Брозовиќ даде приказ на своите гледишта поврзани со дилемата дали моделот на ISDS ќе може да претставува сериозна алтернатива на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски споровит - ICISID и ad hoc арбитражата.
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
21
Олег Темников, од Wolf Theiss Sofia говореше за случајот Achmea и одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) со која тој пресуди дека арбитражната клаузула во билатералниот инвестициски договор помеѓу Холандија и Чехословачка не е компатибилна со правото на Европската Унија. Темников поконкретно се осврна и на ефектите кои оваа одлука ќе ги предизвика врз државите од Централна и Источна Европа, државите – членки на ЕУ, но и оние кои се стремат кон членство и се уште не се членки на Унијата. Постојаниот избран суд – Арбиража при Стопанската комора на Македонија и понатаму ќе продолжи да презема активности во насока на поголема препознатливост и примена на арбитражата, а со цел компаниите да ги искористат предностите и придобивките кои ги нуди арбитражното решавање на споровите. М-р Нена Николовска
22
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
23
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 април 2018 година (Четврток) Хотел „Тивериопол“Струмица 11:00-14:00 часот
ИНФО СЕСИЈА НА ТЕМА: РАЗВОЈНИ НАСОКИ НА ПРОГРАМИТЕ ЗА СОВЕТОДАВНИ УСЛУГИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА
Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Целта на овој информативен настан е да се посочат идеи и предлози за идниот развој на советодавните услуги во земјоделието. Да се иницираат конкретни решенија за финализирање на предложените Законски промени како и дополнување на определени Законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на овој систем, како и одредувањето на државната поддршка за истиот. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 25 ти април 2018 година (среда) на е-адресата: ivana@mchamber.mk, тел: 02/3 244-051.
Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.4.2018 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Овој семинар е наменет за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, продажба, социјални мрежи и односи со јавноста. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот маркетинг, алатките, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната јавност. Учесниците ќе спознаат функционални модели за маркетинг планирање, бренд стратегија и разбирање на социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат материјали корисни за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми. Предавач: -д-р Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон Односи со Јавност, Бренд менаџмент, Интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – Агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24.04.2018 - 29.04.2018 Истанбул, Турција
СОВЕТУВАЊЕ ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА
Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“. Предавач: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија
Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 8-9 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористете можноста за претставување на вашата фирма и да остварите директни средби со австриски фирми, поврзување со повеќе од 500 учесници од 40 земји, организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни проекти во Виена и околината (6 различни тури) и вечерен прием во Австриската дипломатска академија на презентација и доделување на наградата на владиниот Проект „Austrian Green Planet Building”. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби со австриски фирми, ве молиме, да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https:// buildings2018.b2match.io/, најдоцна до 30.4.2018 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)
Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград
Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005
Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 20 Април 2018, Бр. 349
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088