СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
1
Членка на: Број 50 од 21.04.2011
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Единствено компаниите од земјава три години по ред не искористија ниту денар европски пари од ЦИП-Програмата
ПЕТ МЕСЕЦИ ЗА СЕФТЕ ЕКО-ИНОВАТИВНОСТ
ДОСТИГНУВАЊА
ПОРАКА Бизнис-секторот на потег со идеи за одбрана од ценовните зголемувања
ВЛАДАТА Е ОТВОРЕНА ЗА НОВИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СТОПАНСТВОТО И НА ГРАЃАНИТЕ!
Македонските готвачи „зготвија“ 15 медалји на Гастрономскиот фестивал „Бисер на морето 2011“ на островот Брач во Хрватска
ПОЗЛАТЕНИ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ ОД СКОПЈЕ, „МЕТРОПОЛ“ ОД ОХРИД И „РОМАНТИК“ ОД ВЕЛЕС
ФОКУСИРАНО Сериозен зафат за средување на државната администрација по современи стандарди
ИСО ЌЕ ГО „СТРОИ“ ЈАВНИОТ СЕКТОР
БИЗНИС ИНФО
2
четврток, 21 април 2011
ПОДВЛЕЧЕНО ВРВНО ВИНО ВО СТРАНСТВО, А ДОМА НЕПРИЗНАЕНО!?
СО ИНВЕСТИЦИСКА ПРЕМИЈА ДО СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
Новиот закон за вино се повикува на табела на препорачани и одобрени сорти за производство на вино кои можат да се одгледуваат во Македонија, која e донесена на почетокот на 2007 година без воопшто да направи редефинирање на препорачаните и одобрени сорти грозје по виногорје. Ова е сериозен пропуст во Законот, кој ги ограничува винарниците во декларирањето на квалитетните вина, односно на вината со географско потекло. Листата и табелата е направена уште во времето на поранешна Југославија. Тогаш, некои наши научници од регионален карактер немале поим дека сортите грозје имаат клонови. Ако еден клон не одговара на Скопското виногорје, ќе одговара на некое друго виногорје.
Вистински инвестиции се само гринфилд-инвестициите, а не заеми од странство или реинвестирана добивка. Странските инвеститори во земјава добија дури и наднационален третман, што значи дека се попривилегирани и од домашните, но сепак, гринфилд-инвестиции нема. Сметам дека единствено решение што може да даде подобри резултати е методот на инвестициска премија, односно директна финансиска поддршка од буџетот за стимулирање на инвестициите, како што беше случајот со Џонсон контролс. Тие стимулации треба да се наменат само за инвестиции во извозните сектории и никако да не се условуваат инвеститорите што треба да направат за возврат. Тоа е лоша тактика.
Табелата навистина нема смисла, а многу влијае врз декларирањето на квалитетот на вината. На пример, ние имаме врвно вино кое е фантастично прифатено на странските пазари, а освои и златен медал на натпреварот Мундис винди во Германија. Тоа е од сортата “жупљанка“, а според Правилникот од неа во Тиквешкото виногорје не може да се произведе квалитетно вино. (Делчо Балтовски, сопственик на винарницата „Далвина“)
за т.н. лежерен туризам, односно помасовно да доаѓаат туристи во дестинацијата. Ова е цената што ни ја укажуваат големите туроператори кои постојано ги анимираме да ја стават Македонија во своите програми. Ние изразуваме задоволство што навистина одредени хотелиери, посебно во Охридскострушкиот регион тоа го направија за холандските и финските туристи. Дефинитивно инвестирањето во содржини е неопходно, а добро е што голем број хотелиери веќе се во фаза на инвестирање, па така следната година ќе имаме хотели кои ќе имаат содржина. Истовремено, најважно е да (Методија Несторовски, професор на туристите кои ќе доаѓаат да бидат задоволни Економскиот факултет при Универзитетоте од престојот и да препорачаат. Локалните „Св. Кирил и Методиј“) самоуправи во туристичките места треба да ја подобрат туристичката инфраструктура, туристичката сигнализација, да се подобри ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ јавниот превоз, чистотата да се унапреди, да ДА ЈА ПОДОБРАТ се постават информативни табли, музеите ТУРИСТИЧКАТА ИНФРАСТРУКТУРА во текот на туристичката сезона да работат до вечерните часови, а пред културноЦената на хотелските услуги ја историските споменици музеите да постават одредува манаџментот на хотелот и за тоа си информативни табли на англиски јазик со 2понесува одговорност. Агенцијата за промоција 3 реченици објаснување за тој објект, да се на туризмот им укажува на хотелиерите за отворат туристички информативни центри, да трендовите во хотелиерството во однос на ја анулираат гласната музика, да определат цените. Исто така, треба да се прави разлика места каде што ќе се постават унифицирани дали зборуваме за градски хотели во главниот тезги за да се избегне панаѓурот кој ни се град за т.н. бизнис-туризам или хотели за т.н. јавува во текот на летото.... лежерен туризам (за одмор) како и видот на (Зоран Стрезоски, договорот што го потпишуваат. Но, сепак, на Агенција за промоција и поддршка светско ниво цената на ноќевање со појадок во на туризмот) хотел со 4 ѕвезди по лице во двокреветна соба е 15-16 евра или двокреветна соба е 30 евра за хотелски капацитети во туристичките места
ЗЛАТЕН ПАРТНЕР
ПРЕМИУМ Покровители
Златен партнер за 2011 година
Покровители
на
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
3
МОЖНОСТИ Единствено компаниите од земјава три години по ред не искористија ниту денар европски пари од ЦИП-Програмата
ПЕТ МЕСЕЦИ ЗА СЕФТЕ ЕКО-ИНОВАТИВНОСТ
Од 28 април годинава почнува рокот за поднесување барања по Програмата за конкурентност и иновативност ЦИП Еко-иновации на Европската комисија, беше обелоденето на редовната конференција за печат во Стопанската комора на Македонија (18.4.2011 година). Фирмите ќе имаат можност да ги доставуваат апликациите во следните пет месеци, до септември. - Програмата предвидува вкупно 40 милиони евра, средства за кофинансирање исклучиво иновативни проекти чија имплементација ќе значи подобрување на животната средина, технолошки решенија за поквалитетно производство... Половина од сумата е практично инвестиција на самата компанија, - истакна Јадранка Аризанковскa. Во Стопанската комора на Македонија очекуваат годинава да има барем 20 до 30 апликации од Македонија со оглед дека досега, за периодот 2008-2010, не беше поднесена ниту една. Компаниите од земјава не ги искористија европските пари што им беа на располагање. - Компаниите имаат одлични идеи, но им недостига институционална поддршка. Во таа насока, Стопанската комора преку Центарот за имплементација на развојни идеи (ЦИРИ) обезбедува обуки. Првата е веќе закажана за 5 и 6 мај годинава. Целта е што поголем број фирми да изготват издржани проекти,
прифатливи за Европската комисија, - нагласи Аризанковска. Откако функционира ЦИРИ, веќе четири месеци, до Комората се пристигнати над 40 проектни идеи, посочи Аризанковска, кои се навистина добри и заслужуваат да бидат преточени во апликации, односно проекти за ЕКОиновации. Според неа, банкарскиот сектор ќе им излезе во пресрет на домашните компании кои сакаат да конкурираат за ЦИППрограмата, ќе им овозможи поволни услови за успешно да ги покријат предвидените 50 отсто од планираната инвестиција. Од минатата недела, информира Стопанската комора, Македонија може да се вклучи и во ЕУ-Програмата за интелигентна енергија која за 2011 година изнесува 58 милиони евра, а кофинансирањето е 75 отсто. Освен фирмите, може да конкурираат и државни институции. Услов е проектите да се однесуваат на искористување обновливи извори енергија и на енергетска ефикасност. Програмата за интелигентна енергија се базира на еден од клучните ЕУ-постулати според којшто до 2012 година 20 отсто од енергијата мора да биде намалена и да се добива од алтернативни извори.
ИЗДВОЕНО
ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТА НА ФИРМИТЕ РЕЗУЛТАТ ОД СОРАБОТКАТА СО СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ Владината мерка со која фирмите ќе можат да го приватизираат земјиштето за едно до пет евра за метар квадратен ќе значи заокружување на сопственоста, но и можност за доградба на капацитетите.Mерката ќе им овозможи на стотици и илјадници производни и услужни капацитети кои користат државно земјиште, а заради високите цени досега неможеа да го откупат, да можат да го откупат и да го користат. До сега не само што тешко можеше да се направи надградба, доградба во некои случаи беше тешко да се направи и поголемо реновирање. Сега на земјиштето ќе може да градат и нови капацитети веднаш до постоечките. Ќе може да го даваат под хипотека за да земаат кредити и да инвестираат во нови капацитети во кои ќе вработат нови луѓе. Едновремено со оваа мерка државата им излегува во пресрет на долгогодишните барања од стопанските комори во Македонија. Најдовме начин како да се изведе и да се донесе таква одлука. Тоа е дел на добрата соработка на оваа Влада со стопанските комори и слухот што го имаше на нивните барања и на барањата на бизнис заедницата. (М-р Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија)
ВЛАДАТА Е ОТВОРЕНА ЗА НОВИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СТОПАНСТВОТО И ГРАЃАНИТЕ Владата и понатаму ќе остане активна во делот на разгледување и носење на евентуални нови мерки и анализи што може да се направи доколку и натаму има притисок во однос на инфлацијата. Ние остануваме активни и отворени за секакви нови мерки. при што во сите ситуации мора да се води сметка и за одржливоста на Буџетот и буџетската рамка во која приходите од делот на ДДВ и акцизи се најзначајните. Мерките за заштита на граѓаните и на стопанството во делот на ценовните зголемувања ги носиме сукцесивно зависно од тоа каде е најургентно и колку се можностите да се интервенира.
Спроведовме неколку мерки во делот на интервенцијата со пченицата, интервенцијата во насока на намалување на царината за некои прехранбени производи и последната најзначајна мерка со која интервениравме во делот на намалување на акцизите за намалување на цената на бензините и дизел-горивата. (M-р Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија)
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ВО ПРВ ПЛАН Советот на Европската унија даде зелено светло за потпишување на значаен документ РЕГИОНАЛНА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПАН-ЕВРО-МЕДИТЕРАНСКИ ПРАВИЛА ЗА ПОТЕКЛО ВО ЈУНИ Советот на ЕУ одобри потпишување на регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло (24 и 25 април 2011 година). Одлуката значи конкретна економска вредност, бидејќи воспоставува преференцијални царински стапки за земјите од јужен Медитеран. Со конвенцијата, што е предвидено да биде потпишана во јуни месец годинава, ќе се надминат тешкотиите во менаџирањето на мрежата од 60 билатерални протоколи за правилата за потекло меѓу земјите и териториите на евромедитеранската зона. Таа ќе го замени важечкиот систем на пан-евромедитеранската кумулација на потекло базирана на билатералните протоколи потпишани меѓу државитепартнери, сега со единствен правен инструмент во форма на регионална конвенција за преференцијални правила за потекло. Договорни страни коишто ќе ја потпишат конвенцијата се: ЕУ, Фарските Острови, земјите на ЕФТА, југоисточно-медитеранските партнери – учесници во Барцелонскиот процес, потоа Алжир, Египет, Израел, Јордан, Либан, Мароко, ПЛО во полза на палестинските власти на Западниот Брег и Појасот Газа, Сирија, Тунис и Турција и земјите од Западен Балкан (Албаниа, БиХ, Хрватска, Македонија, Србија и Косово, согласно Резолуцијата 1244 на ОН). Советот на ЕУ повика на брзо напредување во развој на нови партнерства со регионите, засновани на подлабока економска интеграција, прекуграничен пристап на пазарите и потесна политичка соработка. Всушност, Советот апелира на брз прогрес базиран врз Предлог-пан-евро-медитеранските правила за потекло. Конвенцијата овозможува дијагонална кумулација на потеклото меѓу медитеранските земји кои не се членки на ЕУ со ЕУ и земјите-потписнички на ЦЕФТА, освен Молдавија. За да се користи конвенцијата, договорните страни меѓусебно треба да имаат билатерални договори за слободна трговија. Во моментот, Република Македонија најбргу ќе оствари имплементација на дијагоналната кумулација за потекло со ЕФТА и ЕУ, со оглед дека веќе имаме Договор за слободна трговија со ЕФТА-земјите (Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд), веќе користиме дијагонална кумулација со Турција, Србија, Црна Гора и ЕУ, а со земјите од југоисточен Медитеран и ЕУ - кога ќе склучиме билатерални договори за слободна трговија. Исто така, Европската комисија очекува од договорните земји да подготват листа на приоритетни гранки или производи на кои би се применувале поедноставни правила на потекло и дијагонална кумулација. Тие листи треба да се достават најдоцна до 15 мај 2011 година. Љубица Нури
Сериозен зафат за средување на администрација по современи стандарди ИСО ЌЕ ГО „СТРОИ“ ЈАВНИОТ СЕКТОР
државната
Владата донесе Oдлука за воведување на стандардот ИСО 9001:2008 во сите институции на јавната администрација, информираа на прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања м-р Владимир Пешевски и министерите за образование и наука и за информатичко општество и администрација, Никола Тодоров и Иво Иваноски. Овој стандард, според заменик-претседателот на Владата задолжен за економски, ќе овозможи подигање на квалитетот на раководење со институциите, на услугата и дополнителна професионализација. - Очекуваме во наредните шест месеци до една година процесот успешно да биде завршен, - рекол м-р Владимир Пешевски, а го цитира МИА. ИСО стандардот веќе е воведен и успешно функционира во Министерството за образование и наука, а започната е постапката за сертифицирање и на Генералниот секретаријат на Владата. ИСО сертифицирањето, како што појаснил министерот Иваноски, значи воведување на правила и протоколи како да функционираат институциите и постојано следење на процесите со цел нивно унапредување. - Ова е уште еден значаен проект со кој се докажува посветеноста на Владата за реформата на јавната адимнистрација, со цел да се стекне со една стручна компетентна и ефикасна адиминстрација која ќе биде услужно ориентирана, - истакнал Иваноски. Сите протоколи што ќе бидат опфатени со овој сертификат, како што додал, се светски стандарди со коишто, која било институција која ќе биде оценувана од ревизија и од внатрешни контроли ќе се знае според кои протоколи треба да функционира, односно ќе се знаат резултатите и почетните параметри со кои институцијата е задолжена во процедурите да ги имплементира во текот на своето работење. - Со воведувањето на овие стандарди покрај тоа што институциите ќе бидат поорганизирани и граѓаните ќе имаат можност да бидат подобро информирани до каде се нивните предмети, односно следејќи го ИСО 9001:2008 точно ќе знаат доколку некој од институцијата не ги спроведува своите решенија и предмети, - рекол Иваноски. Имплементацијата на овој стандард, според министерот Тодоров, ќе овозможи значително подобрување на квалитетот на функционирање од аспект на точно дефинирање на одговорностите на определено работно место, прецизирање на роковите за завршување на задачата, мерење на ефективноста и ефикасноста, идентификување на ризиците на процесите, како и активностите кои треба да се преземат за надминување на тие ризици, одредување на меѓусебната поврзаност на процедурите итн. - Ова значи дека дури и лице кое не работи во Министерството за образование и наука и не е вклучено во соодветен процес, преку овие процедури може самостојно да го разбере текот на активностите и да ги лоцира одговорните лица во одреден процес. Тоа е од исклучително значење за раководството, бидејќи му овозможува квалитетно управување, појаснил Тодоров, во чие Министерство веќе се имплементира системот за управување со квалитет.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
5
ДОСТИГНУВАЊА
Македонските готвачи „зготвија“ 15 медалји на Гастрономскиот фестивал „Бисер на морето 2011“ на островот Брач во Хрватска ПОЗЛАТЕНИ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ ОД СКОПЈЕ, „МЕТРОПОЛ“ ОД ОХРИД И „РОМАНТИК“ ОД ВЕЛЕС Три златни медали за хотелите „Александар палас“ од Скопје, „Метропол“ од Охрид и „Романтик“ од Велес за квалитетот на кујната со којашто се претставија на Меѓународниот готвачки фестивал „Бисер на морето 2011“ (СКМЕР), што се одржа по 6-ти пат. И оваа година локацијата беше градот Супетар на островот Брач во Хрватска. Уште 12 други (вкупно 15 медали) освоија македонските готвачи на овој меѓународен гастрономски натпревар. „Александар Палас“ се закити и со бронзена медал за национална кујна. Тимот го предводеше Ленка Станоевска од престижниот скопски хотел. Трето место и бронзен медал освои и тимот од Хотелот „Романтик“ лоциран крај Велешкото Езеро, а предводен од готвачот Силвана Мудроња. Во поединечна конкуренција најдобриот македонски готвач на овогодинешниот СКМЕР
беше Стевче Стеваноски од Прилеп. Освои златен медал за поединечно готвење на риба, бронзен за вегетаријанска храна, сребрен за национална кујна како лидер на готварскиот тим од Крушево. На Стевановски овој тип натпреварување не му е непознат. И минатата година тој учествуваше на меѓународниот гастрономски натпревар на Брач. Откако пред светските судии за гастрономија го потврди својот готвачки квалитет, остана да работи во Далмација во рамките на својата потврдена професија. На гастрономскиот натпревар на Брач и оваа година се претстави Дејан Христовски, познатиот готвач на шоуот “4 сезони”. Се натпреваруваше во поединечна конкуренција и освои две трети места за вегетаријанска храна
и десерт. Христовски се натпреваруваше и во квалификациите за Купот “Бисер на Морето 2011”, како главен настан меѓу готвачите, каде што учесниците добиваат „црни кутии“ со непозната содржина на производи, од кои за време од 90 минути треба да напишат рецепт и да подготват јадење, но за еден поен не успеа да влезе меѓу 5-те најдобри. Во оваа категорија „Куп Бисер на морето 2011“, приматот го понесе Преземек Чеката од Полска. Тоа што лани Христовски блесна и како готвач и како шоумен во Брач за разлика од годинава кога освои само две награди, самиот тој го објаснува со фактот што годинава повеќе бил фокусиран на Меѓународниот натпревар што се одржал во Белград, каде што тој освоил 5 медали
и неколку признанија. Македонската делегација во Супетар на Брач беше претставена и преку ученици од средните угостителски училишта од Скопје, Охрид, Крушево, Велес и од Штип. Јуниорите своите почетни готварски вештини ги потврдија со сребрени и бронзени медали. Зоран Николовски, директор на Средното угостителско училиште од Скопје „Лазар Танев“, вели дека ваквите натпревари се одлична можност за нив како образовни институции да им овозможат на учениците директно да го почувствуваат жарот на професијата. Имајќи предвид дека училиштето, односно учениците угостители подготвуваат и разни видови кетеринг-услуги, манифестациите, како „Бисер на морето 2011“ им помага да понудат уште подобри, поквалитетни, по содржина различни услуги за своите клиенти. Македонските готвачи освоија вкупно 15 медали. Средните училишта по угостителство и хотелите-учесници („Александар Палас“, „Метропол“ - Охрид, „Романтик“ од Велес) добија и посебни благодарници за организирање на Македонската вечер, на којашто нашите готвачи за гостите на Фестивалот, но и за домаќините од Брач подготвија традиционални македонски јадења. Тавче гравче, кукурек, компир јанија,
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ДОСТИГНУВАЊА
скара со крушевски колбаси, кебапчиња, џигер, квалитетот на понудената храна, тогаш фактот крезли, зелник, познатото македонско макало, што македонската трпеза беше речиси празна за неполни 15 минути говори за квалитетот на македонската кујна, што го потврдија странските гости. На Меѓународниот фестивал “Бисер на морето 2011”, што се одржа од 13 до 17.4.2011 година, се натпреваруваа готвачи од 17 земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Срија, Црна гора, Македонија, Италија, Словенија, Чешка, Австрија, Романија, Турска, Украина, Латвија, Молдавија, Албанија, Саудиска Арабија и Русија. Беа доделени многу признанија и благодарници за оние кои придонеле да се одржи и да се реализира Фестивалот „Бисер на морето пржени пиперки и патлиџани, сето тоа збогатен 2011“. Организаторите и` доделија Благодарница со познатиот македонски кашкавал, сувомесни на Венера Андриевска од Стопанската комора производи, но и многу благ специјалитети. Како на Македонија за начинот на кој е организиран врв на се` беше понудено и македонско сортно и учествува македонскиот тим на оваа вино од домашните познати и добро прочуени манифестација. винарии. Ако некако и можеше да се измери
ИЗГЛЕДОТ МАМИ, АМА ВКУСОТ ЈА ПРАЗНИ ТРПЕЗАТА
ВЕНЕРА АНДРИЕВСКА АМБАСАДОР НА СКМЕР ВО МАКЕДОНИЈА
Стручното жири кое што ги оценуваше подготвените јадења беше составено од истакнати судии од цела Европа. Дегустаторите, но и оценувачите на приложените експонати што ги зготвија готвачите беа главно од Германија, Словенија, Скандинавските земји. Македонските учесници со право констатираа дека изгледот на којшто првенствено се фокусираа судиите-дегустатори не е секогаш потврда за најдобар квалитет. Велат, македонската храна има пред се` многу повеќе квалитет о т к о л к у надворешна перфекција. Фактот што за Македонската вечер која била организирана лани се зборуваше и до денот кога повторно г од и н а в а дојдовме на Брач, а таа што ја подготвивме за „Бисер на морето 2011“, гостите со нетрпение ја очекуваа еден час однапред, по што истата беше испразнета за само половина час, го потврдува високиот квалитет на македонската кујна. Оттука, се поставува прашањето дали има поголемо признание од тоа цела година да се зборува за квалитетно подготвената македонска кујна?
СКМЕР годинава именуваше и амбасадори од сите земји-учесници на „Бисер на морето 2011“ кои што во иднина ќе бидат координатори секој во својата земја, со цел Меѓународниот гастрономски натпревар да се организира на уште повисоко и попрофесионално ниво. Амбасадор за Македонија е Венера Андриевска од Стопанската комора на Македонија.
Таа на присутните, а посебно на организаторот на Сојузот на готвачи од Медитеранот и од европските региони, Миро Богданович, му посочи дека ќе работи како амбасадор за Македонија, во насока на тоа следната година, но и годините потоа, македонските готвачи заеднички и организирано да се престават на СКМЕР.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
7
СОРАБОТКА
Македонско-турски бизнис - форум во организација на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) ЗАЕДНИЧКО УЧЕСТВО ВО ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ Воспоставување директни контакти меѓу македонски и турски компании и заедничка соработка на европски проекти е целта на Македонско-турски
бизнис форум што се одржа во Скопје ( 14.4.2011 година) во организација на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ). Од директните средби меѓу 20-те турски и стотина македонски компании се очекува да произлезат партерства за соработка, а меморандумот што беше потпишан во рамки на форумот меѓу партнерите на ЕИИЦМ и две стопански комори од Турција ќе претставува основа за заедничко учество во европски проекти. - Меморандумот ќе отвори идни перспективи за заедничка соработка на европски проекти, за заедничко организирање и на други манифестации со цел да се развие економска, н а у ч н о истражувачка и технолошка соработка меѓу двете држави. Ова е долгорочен договор којшто треба да овозможи учество во заеднички европски проекти бидејќи Република Македонија и Република Турција се две земји кандидати на Европската Унија кои имаат слични отворени можности за соработка во рамки на Унијата, изјави пред почетокот на форумот Виктор Стојмановски, менаџер на конзорцуимот Европски информативен и иновативен центар во Македонија. Турските бизнисмени оценија дека со потпишувањето на меморандумот уште повеќе ќе се доближат двете држави, но според нив, треба повеќе да се работи на продлабочување на стопанската
соработка што ќе придонесе за зголемување на трговската размена меѓу двете држави. Бизнис - форумот беше во организација на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) кој е проектен конзорциум составен од четири партнери: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. ЕИИЦМ е член на Enterprise Europe Network. Во организацијата учествуваа и коморите на Газијантеп и на Елазиг од Република Турција.
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Претставниците на Агенцијата зе електронски Дигитализација на регионалните и локалните комуникации појаснија дека од осумте мултиплески за терестријални тв-станици во Македонија пренос на дигитални содржини кои и` се доделени на ОБВРСКАТА ДА СЕ „ПОТПРЕ“ СО ПРАВИЛА Локалните телевизиски станици бараат да се дефинира начинот на којшто ќе преминат на дигитално емитување на програмата од 2012 година, преку кој оператор ќе се одвива преносот и по која цена. Едно од решенијата кои ги предлагаат е да им се овозможи сами да формираат мултиплекс за пренос. На работниот состанок на тема: „Дигитализација на регионалните и локалните терестријални тв-станици
во Македонија“, што се одржа во Стопанската комора на Македонија (19.4.2011 година), претставници на локалните тв-станици изразија сомневање дека поради неутврдените правила нема да можат да работат и дали ќе имаат фреквенција преку која ќе зрачат. Протоа, реагираа дека надлежните институции - Советот за радиодифузија, Агенцијата за електронски комуникации и Министерството за транспорт и врски, не ги дефинирале условите за дигитализација и оти не се координираат меѓусебе за надминување на проблемот. Според Стојан Давчев од МТМ ТВ, наспроти националните тв-станици за кои било регулирано прашањето за дигитализацијата, тоа не е случај кај локалните и регионалните тв-станици иако, како што рече тој, имаат обврска и желба за тоа. Надлежните институции, односно АЕК и СРД, досега не се изјасниле како ќе се одвива дигитализација, - наведе Давчев, а го цитира МИА. Арбен Саити, раководител на Секторот за технологија и информатика при СРД, рече дека Советот ја почнал дигитализацијата со доделување на трите мултиплекси, со што тој процес е почнат на државно ниво. Во дигитализацијата на локалните и регионалните медиуми Советот се раководи со Стратегијата за развој на радиодифузната дејност од 2007-2012 година. Го направивме првиот чекор, а сега најверојатно АЕК треба да планира колку мултиплекси ќе бидат доделени на операторите на јавни комуникациски мрежи кои ќе оперираат на ниво на региони, - рече Саити. Гордана Милкоска, претседател на Здружението на локални тв-станици, побара пристап до Стратегијата на која се повикува СРД, бидејќи имале информации оти со нејзината содржина е предвидено нивно згаснување. Таа претстави иницијатива со која бараат со новиот закон за радиодифузија да им се овозможи да си формираат свој мултиплекс.
Македонија, согласно Меѓународниот план за фреквенции, на национално ниво се останати уште три, но уште не е дефинирано дали некој ќе се додели на оператор кој ќе го врши преносот на локалните тв-станици. - За регионалните и локалните тв-станици моментално нема слободни фреквенции кои би можеле да се доделат на некој оператор за дигитален пренос на локалните, но по исклучувањето на аналогната телевизија ќе има фреквенции за тие оператори. Додека не се исклучат аналогните телевизии ќе треба да се користат и другите начини на пренос на програмите, односно преку кабелските оператори, - велат од АЕК. Раководителот на Секторот за електронски комуникации при Министерството за транспорт и врски Димитар Буковалов информира дека работна група од регулаторните тела веќе работи на нов закон за електронски медиуми, со кој ќе престане да важи постојниот Закон за радиодифузна дејност. - Целта е имплементација на новата директива за аудиовизоелни медиумски содржини, подобрување на текстот на законот во однос на линераните радиодифузери, како и ставање одредби за дефинирање на дигитализацијата како мошне сериозен процес, рече Буковалов. Според него, сега не вможе да се даваат дозволи за дигитализација бидејќи постојниот Законот за радиодифузна дејност не предвидува постапка за давање дозвола за радиодифузија преку ДВДТ. Тоа треба да се прецизира, да се доразработи, треба да се стават доста одредби со обврските на операторот кој ќе има ДВДТ-мрежа, да се уредат односите на операторот со радиодифузерите, како и непочитувањето на меѓусебните обврски, - појасни Буковалов. Дигитализацијата кај медиумите, истакна тој, е премин од аналогно емитување во етер со дигитално емитување во етер. Не може промената на преносот да влијае
на слободата на медиумите, односно не смее промената од аналогно во дигитално емитување да влијае на состојбата на постоење или непостоење на радиодифузија, независно дали тоа е локално, регионално или национално, рече Буковалов и додаде дека преминот во дигитално емитување мора да гарантира постоење на медиумите бидејќи се дигитализира преносот.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
9
СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Групација за противпожарна заштита и безбедност при работа ПРЕПИСКАТА СО ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ТРАЕ, НЕУСОГЛАСЕНАТА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ОПСТОЈУВА! Групацијата за противпожарна заштита и безбедност при работа расправаше за активностите кои беа реализирани во текот на 2010 година, односно за покренатите иницијативи за изменување и дополнување на Правилникот за задолжителна ПП-опрема во возилата, Правилникот за противпожарна заштита и други законски прописи (19.4.2011 година).
Регионалната комора со седиште во Прилеп ја поздрави одлуката на Владата на РМ за намалување на цената за откуп на градежно земјиште за фирмите УПОРНОСТА ВО БАРАЊЕТО НА ПРИЛЕПСКАТА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА ВРОДИ СО ПЛОД
По повод најновата Уредба донесена од страна на Владата на Република Македонија, објавена во Службен весник на РМ бр.48 од 11 април 2011 година, за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежното земјиште, Регионалната комора со седиште во Прилеп одржа прес конференција (13.4.2011 година). Симон Наумоски, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп ја поздрави оваа одлука на Владата на Република Македонија. Притоа, тој изрази големо задоволство, бидеќи со оваа уредба целосно беше прифатен предлогот на Регионалната комора со седиште во Прилеп за цените по квадратен метар за приватизација на градежното земјиште за фирмите. Како што е познато, Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на неколку предходни седници донесуваше заклучоци и барања до Владата на РМ во врска со приватизацијата на градежното земјиште за правни лица, коишто владата на свои седници ги разгледуваше и делумично ги усвојуваше. Конкретно во 2007 година цената по квадратен метар на градежното земјиште за приватизација во вонцентралното градско подрачје на општина Прилеп изнесуваше 1380,00 деннари (22.4 евра) и можеше да се купи на 10 еднакви рати.. Притоа, беше истакнато дека за реализирање на Во 2010 година за истото градежно земјиште цената овие активности Групацијата преку Стопанската комора беше за 30% намалена и изнесуваше 966,00 денари (15.8 на Македонија со писмени дописи на неколку наврати се обрати до Министерстводо за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, за организирање работни средби за разгледување на иницијативата и давање конкретни предлози. По овие иницијативи Министерството за внатрешнии работи достави информација дека не се надлежни по Правилникот за противпожарна заштита, додека Дирекцијата за заштита и спасување не достави одговори за реализирање на средба со претставници на Групацијата. Членовите на Групацијата повторно ги потенцираа проблемите со кои се соочуваат фирмите од оваа дејност, како што се неусогласеноста на законската регулатива, нелојалната конкуренција, недоволната соработка со надлежните институции и инспекции. Посебно беше истакнат проблемот во делот на работата на контролите на испекциските служби евра) со можност за купување на 10 еднакви рати. Управниот на Дирекцијата за заштита и спасување, задолжени за одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп итно противпожарната заштита, при што се побара при контролата реагираше со ново барање до Владата на РМ за нова корекција изготвувањето на записниците да биде под реден број. со конкретен предлог цената да се намали за нови 68% и да се За надминување на неповолната состојба во овие движи од 5 до 7 евра за вонцентрално градежно земјиште, дејности, беше заклучено најдоцна до крајот на месец со напомена дека намалувањето треба да се однесува за сите јуни годинава Групацијата да изготви предлози за измени општини и населени места во Република Македонија. и дополнување на правилниците согласно искуствата и На база на ваквото барање, после одржаните законската регулатива на Европската унија и соседните консултативни состаноци со вицепремиерот, м-р Зоран земји и истите ги достави до надлежната институција. За Ставрески, Владата на РМ во целост го прифати предлогот реализација на овие активности беа формирани работни на Регионалната комора со седиште во Прилеп и ја донесе групи. Уредбата за изменување на уредбата за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира Војкан Николовски која изнесува 438,00 денари за метар квадратен (7 евра) на 10 еднакви рати или 306,60 денари (5 евра) за одеднаш плаќање. Ристо Најдоски
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Собрание на акционери на Македонски Tелеком ПОДЕЛБА НА ДИВИДЕНДА ВО ИЗНОС ОД 5,947 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ Македонски Телеком а.д Скопје ќе исплати дивиденда за минатата година во вкупен бруто износ од 5.947.479.162 денари, односно бруто износ од 68,95 денари по акција, одлучи на седница Собранието на акционери на Македонски Tелеком (14.4.2011 година). Компанијата соопштува дека согласно важечката регулатива на денот на исплата на дивидендата, од бруто износот на дивидендата по акција од 68,95 денари при исплатата на физичките лица ќе задржи и уплати по 10 проценти данок на добивка и персонален данок на доход, а при исплатата на странските правни лица ќе задржи и уплати по 10 проценти данок на добивка и данок по задршка. Право на дивиденда за 2010 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 21 овој месец. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 18 април, а прв ден на тргување без право на дивиденда 19 април. Дивидендата ќе се исплаќа од 29 април до 11 следниот месец.
На годишна седница Собранието усвоило и Одлука за продажба на три административни згради на Македонски Телеком и за купување новa административна зграда во Скопје. Трите административни згради му се продаваат на инвеститорот Дивелоп Груп дoоел Скопје за вкупен износ од 17.200.000 евра. - Новата административна зграда на Кеј 13 Ноември во Скопје се купува на принципот клуч на рака, за износ од 37.300.000 евра, заедно со Т-Мобиле Македонија, како Друштво во единствена сопственост на Македонски Телеком, од истиот инвеститор Дивелоп Груп дооел Скопје за возврат. Македонски Телеком ќе ја плати разликата од 16.600.000 евра без ДДВ (т.е. разликата помеѓу куповната цена на новата Административна зграда од 37.300.000 евра и продажната цена на трите згради на Македонски Телеком (МКТ) и Дирекцијата на Т-Мобиле Македонија (ТММК) од 20.700.000 евра на шест еднакви годишни рати, информираат од Македонски Телеком. Првата исплата треба да се изврши по стекнувањето на сосопственост врз новата Административна зграда од страна на МКТ и ТММК. Собранието одлучило дека влегувањето од страна на Друштвото во каква било обврзувачка договорна обврска, во врска со продажбата и купувањето на зградите и потпишувањето на какво било поврзано писмо за намери или какви било договори, ќе настапи само врз основа на и по задоволителното извршување на дополнителна
длабинска анализа. На Одборот на директори на Друштвото му се дава ексклузивно овластување да го потврди таквото задоволително извршување, се вели во соопштението. Собранието на МКТ за овластен ревизор за ревидирање на консолидираните Финансиски извештаи и на Финансиските извештаи на Друштвото за 2011 година, ја избрана независната ревизорска куќа PricewaterhouseCoopers ревизија Доо Скопје. Собранието го одобрило и работењето на членовите на Одборот на директори на Македонски Телеком за 2010 година. Поради истекување на мандатот на Методи Стоименовски и на Ромео Деребан, Собранието за нови независни неизвршни членови на Одборот на директори на Македонски Телеком ги избра Манојил Јаковлевски и Александар Стојков, со мандат од 18 следниот месец. На седницата на Собранието е отповикан Николај Бекерс од функцијата член на Одборот на директори на МКТ, а за нов член на Одборот на директори е избран Даниел Сас, со мандат од 1 јули годинава. АД ЕЛЕМ имплементира бизнис-информациски систем во работењето СОФТВЕР ЗА ПОБРЗО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ И ЕФИКАСНО ОРГАЗНИЗИРАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) започна со имплементација на бизнис-информациски систем (САП ЕРП) чија примена треба да ги стандардизира, интегрира и автоматизира бизнис-процесите во сите подружници на компанијата. Овој напреден софтвер ќе овозможи побрзо донесување одлуки и ефикасно организирање на производството и услугите. Покрај тоа, имплементацијата на софтвер за планирање на ресурси во претпријатието ќе му помогне на ЕЛЕМ да се насочи кон европските трендови во своето деловно работење, - соопштуваат од ЕЛЕМ. Имплементацијата на системот ќе се одвива во две фази во текот на следните 18 месеци. Во првата фаза, софтверот ќе почне да се применува во секторите финансии, човечки ресурси, набавки, залихи и магацини, купопродажба на електрична енергија и управување со капитални инвестиции. Во втората фаза, пак, бизниссистемот ќе биде воведен во сегментите одржување,
финансиски контролинг и документ менаџмент систем, со што целосно ќе бидат опфатени сите постојни деловни единици во компанијата. Од ЕЛЕМ информираат дека инвестицијата за
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
системот е со вредност од четири милиони евра. Најавуваат дека неговата примена ќе овозможи поефикасни бизниспроцеси низ различните подружници, навремени и точни информации на различни нивоа на работењето, усвојување на најдобрите практики во индустријата, потоа оптимизација во користењето на ресурсите, како и целокупно подобрување на бизнис-перформансите на компанијата. Проектот ќе го имплементира конзорциумот НЕРАС, составен од реномираните фирми НЕСС (Чешка), РСЦ (Македонија) и Сап Концепт и Адвен (Бугарија), избран преку меѓународен тендер. - Новиот систем ќе го поддржи деловното работење на АД ЕЛЕМ на сите нивоа и ќе ги зајакне заложбите на компанијата за одржување на лидерството во енергетскиот бизнис во земјава. Исто така, овој систем ќе претставува основа, АД ЕЛЕМ во иднина да се наметне како сериозен играч на регионалниот пазар на електрична енергија, - се вели во Соопштението на компанијата. Договор за соработка меѓу ИЗИС и администрација за менаџирање земјотреси ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И РАЗМЕНА НА НАУЧЕН КАДАР
кинеската
Спроведување заеднички билатерални проекти за превенција од земјотреси и размена на научен кадар предвидува Договорот за соработка во областа на редукцијата на ризикот од земјотреси, што го потпишаа раководствата на македонскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС) и кинескиот Институт за инжинерска механика од кинеската администрација за менаџирање земјотреси (18.4.2011 година). - Кинеската администрација се занимава со предвидување, превенција и интервенција по катастрофални земјотреси, а македонскиот Институт тоа го прави најмногу во областа на превенцијата, но ќе се обиде да почне да соработува и во предвидувањата на земјотресите иако се предвидуваат многу тешко, изјавил директорот на ИЗИС, Михаил Гаревски, а го цитира МИА.
Според него, моментно нема никакви индиции за опасност од сеизмички активности, но соработката со кинескиот Институт е значајна затоа што станува збор за институција со околу 30.000 вработени стручњаци, со голем буџет. Најнови трендови во заштита при земјотреси, појаснил Гаревски, се мониторирањето на конструкциите во реално време со цел да се алармира во случај да дојде до оштетување за време на земјотресот и т.н. брзо предупредување со поставување сензори. Во Македонија, тврди директорот на ИЗИС, од
11 ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА аспект на некласичното проектирање само зградата на училиштето „Песталоци“ е базно изолирана и на некој начин 100 проценти сигурна од земјотрес. - Во светот се` повеќе, а особено за виталните капитални објекти се оди кон т.н. интелигентни конструкции каде што се поставуваат одреден вид на дисципатори на енергија меѓу самите рамки, се поставуваат одредени изолатори на самите темели и со помош на компјутери се води управување на самиот објект, односно се прават контрасили на силите кои делуваат на зградата како резултат на дејството на земјотресот, - рекол Гаревски. Законската регулатива секогаш покрај статичките пресметки подразбира и сеизмички, но колку се применуваат и колку се издржани според Гаревски не може да се каже бидејќи Институтот во последно време речиси и немал никаков увид на проекетите во Скопје. Но, истакнува, тоа не значи дека тие објекти не чинат. Претпоставувам дека би требало да бидат добри бидејќи нив ги проектираат инженери, рече Гаревски. Гарантира за безбедност на објектот на театарот што се гради како дел од Проектот Скопје 2014. ИЗИС детално го испитал тлото и објектот е една од најсигурните конструкции која би ги издржала дури и јапонскиот земјотрес, - тврди директорот на Институтот. Градењето институционални истражувачки капацитети за редукција на штетите од природните катастрофи е основна цел на Hyogo Декларацијата усвоена на Светската конференција за намалување на последиците од природните катастрофи. Последиците од земјотреси изразени преку човечки жртви или материјални загуби се едни од најкастрофалните природни катастрофи. Доказ за тоа се минатогодишните земјотреси во Хаити и Чиле и неодамнешните разурнувачки земјотреси во Јапонија. Малите хидроцентрали на ЕВН со одлично производство на електрична енергија од обновливи извори ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ЗА 40 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ПЛАНИРАНОТО ЕВН Македонија соопштува дека во првиот квартал од годинава е надминато планираното производство на електрична енергија од обновливи извори. Малите хидроцентрали произвеле за 40 проценти повеќе од планираното. Производството на електрична енергија во првите четири месеци годинава изнесува 45 GWh, наспроти планираните 32 GWh. Споредено со просекот на производство во истиот период во последните 10 години кој изнесува 25,5 GWh зголемувањето е за 117 проценти. Ваквата состојба се должи на целосно заокружената ревитализација на малите хидроцентрали и воведувањето модерна технологија во нив. Производството на енергија од обновливи извори е стратешка цел на ЕВН Македонија, се вели во соопштението од ЕВН Македонија.
БИЗНИС ИНФО
12 ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА “Фершпед“ лани остварил позитивни финансиски резулатати со остварен приход од 4,214 милијарди денари И БЕЗ ЦАРИНСКО ПОСРЕДУВАЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ ДОБИВКА ОД 134,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
Шпедитерската компанија “Фершпед“ лани остварила позитивни финансиски резулатати со остварен приход од 4,214 милијарди денари и добивка по оданочување од 134,2 милиони денари, стои во ценовно чуствителната информација доставена од компанијата, а објавена на Македонската берза.Компанијата исплатила дивиденда во вкупен износ од 29.986.310 денари или 1.680 денари по една акција. Од “Фершпед“ напоменуваат дека ова е постигнато во година кога компанијата работела со намален број на дејности, без царинското посредување и складирање. Од компанијата информираат дека се прифатил предизвикот за разработување на барското пристаниште, следејќи ја стратегијата на коминтентите во Србија, Косово и Црна Гора за барање на алтернативни решенија на солунското пристаниште. “Во Албанија се отпочна со развој на овој пазар, што претставува само почеток, но цел е понатамошно развивање на транспортот кон пристаништето Драч. Во Грција иако имаме добра позиција, би требало да се насочиме кон унапредување на работењето со царинските формалности, како и соодветно развивање на контејнерскиот транспорт“, пишува во извештајот на Фершпед. Според нив, позитивните резултати и добивката во работењето се остварени благодарение на солидната исполнетост на работните задачи, успешното менаџирање, долгогодишното градење на коректни односи со коминтентите, со интерес за продолжување на сооработката со голема доверба. “Лани се извршени инвестициони вложувања во износ од 28,4 милиони денари, од кои вложувањата во градежните објекти изнесуваат 14,7 милиони денари, а остатокот од 13,7 милиони денари се вложувања во опрема. Инвестирано е во реконструкција на јавните царински складови, а помал дел од парите во хотелот “Александар палас“ за обновување на телевизори, мебел и за ИТ опрема. Краткорочните вложувања лани бележат пораст од 41 отсто во однос на претходната година и изнесуваат 383,2 милиони евра. Тие се однесуваат на вложувањата во Сковин и во Алфа ТВ, - соопштуваат од “Фершпед“. МЕПСО и ОСТ почнаа активности за електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Албанија ПОДГОТОВКА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ 400 КИЛОВОЛТЕН ДАЛНОВОД ОД БИТОЛА ДО ЕЛБАСАН Раководставата на АД МЕПСО и Албанскиот електропреносен систем оператор ОСТ во Охрид склучија Меморандум за разбирање, со кој ги започнуваа подготвителните работи за изградба на нов 400 киловолтен
четврток, 21 април 2011
далновод меѓу Македонија и Албанија на Коридорот БитолаЕлбасан.
Првиот билатерален договор во историјата на електропреносните систем оператори на двете држави го потпишаа генералните директори на МЕПСО и на ОСТ Дејан Бошковски и Сокол Рамадани. Со договорот се уредуваат правата, обврските и активностите на двете компании во изработката на Студијата за оправданост (Физибилити студија) за изградба на 400 киловолтниот далновод меѓу двете држави на коридорот Битола (Р.Македонија) и Елбасан (Р.Албанија). Изработката на Студијата ќе биде основен документ со кој ќе се потврдува оправданоста на изградбата на далноводот по што двете компании ќе може да бараат кредити за изградба на првото електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Албанија. Изработката на физибилити студијата ќе биде финансирана со донација од WBIF(Инвестициска рамка за Западен Балкан), целосно финансиски поддржана од Европската банка за обнова и развој, за што се планирани 650.000 евра. Проектот, покрај студија за оправданост на инвестицијата содржи и студии за влијанието врз животната средина од изградбата на далноводот на териториите на двете држави. Предвидено е овој проект да биде изработен во период од една година откако ќе биде усвоена Проектната задача за проектот од страна на МЕПСО, ОСТ и донаторот ЕБОР. Од МЕПСО оценуваат дека електроенергетското поврзување со Албанија е еден од врвните приоритети на македонскиот електропреносен систем оператор заради значењето на Коридорот 8. - Новото електроенергетско поврзување ќе биде од големо значење заради тоа што преку електроенергетските системи на Албанија и Црна Гора ќе се поврземе и со електроенергетскиот систем на Италија. Дополнително овој проект ќе значи зголемување на капацитетот на преносната мрежа на АД МЕПСО, а воедно поврзувањето ќе значи намалување на опасноста од испади и зголемување на нивото на доверливост и сигурноста на македонскиот електроенергетски систем, истакнуваат од МЕПСО, а пренесува МИА.
четврток, 21 април 2011
Од октомври 2011 година големи се шансите да се скрати патот на македонските производи до Европската унија ПРИЗНАВАЊЕ НА ДОМАШНИТЕ КОНТРОЛИ НА КВАЛИТЕТОТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГО И CE-ЗНАКОТ *Се очекува меѓународната Европска акредитација (ЕА) да го прифати барањето поднесено од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за потпишување договор за меѓусебно признавање на резултатите (Mul� Lateral Agreement-MLA) со што ќе се овозможи целосно прифаќање
на македонските извештаи од тестирање, инспекција и сертификација на пазарот на ЕУ Од октомври 2011 година големи се шансите да се скрати патот на македонските производи чија крајна цел е Европската унија и земјите од регионот. Се очекува меѓународната Европска акредитација (ЕА) да го прифати барањето поднесено од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија за потпишување договор за меѓусебно признавање на резултатите (Mul� Lateral Agreement-MLA), со што ќе се овозможи целосно прифаќање на македонските извештаи од тестирање, инспекција и сертификација на пазарот на ЕУ. На тој начин ќе се обезбеди побрз и поедноставен проток на македонските производи, ќе се намалат вкупните трошоци при извоз и увоз преку отстранување на комплицираните процедури, двојната контрола на стоките на граничните премини, задржување на возилата поради неусогласеност и непризнавање на сертификатите за квалитет. Една од главните цели за потпишување на овој договор е поддршка и промоција на меѓусебно признавање на акредитациите и резултатите од оцената на сообразност што е од особена важност за развојот на економијата во Република Македонија и елиминација на техничките бариери во трговијата на европско ниво. Овој договор дава доверба
БИЗНИС ИНФО на услугите кои се добиваат од акредитираните лаборатории, инспекциски и сертификациони тела и на тој начин се издава соодветен документ, кој претставува „пасош“ за меѓуграничен премин во Европа и пошироко. Новите европски Директиви поставуваат основни сигурносни барања кои мора да се исполнат, за да се обезбеди слободен проток на производи кои се во согласност со основните барања. Една од тие директиви е и CЕозначувањето. CE-знакот е кратенка за Conformité Européenne (европската усогласеност) и за разлика од стандардите за квалитет е задолжителна, а се однесува на безбедноста за употреба на производите. Земјите-членки на ЕУ со своите законски прописи и со други мерки обезбедија да се пласираат на пазарот само производи кои не ја загрозуваат безбедноста, животот и здравјето на луѓето или на другите јавни интереси. Производи без CE-ознаката не можат да се најдат на пазарот на ЕУ. CE-ознаката е сертификат за извоз за следниве производи: • играчки; • градежни материјали; • опрема под притисок; • радио и телекомуникациска опрема; • медицински помагала; • машини; • опрема за лична заштита; • сателитска опрема; • апарати на гас; • опрема што работи со висок притисок; • разни уреди; • неавтоматски уреди и опрема за мерење на телесна тежина; • фитнес опрема; • лифтови; • заштитна опрема; • мерни инструменти; • ин витро дијагностика на медицинска опрема; • наутичка опрема; • електрични апарати; • парни котли; • цивилни експлозиви; • опрема за ладење и др. По усогласување со хармонизираните стандарди, производителот ќе биде во можност да ги обележува релевантните производи со CE-знакот и да декларира дека производите се во согласност со основните барања на европските директиви Производите кои го носат знакот CE можат законски да се пуштат
13 РЕШЕНИЈА во промет на пазарот, а знакот исто така обезбедува слободно движење на производот во рамките на единствениот пазар на ЕФТА и Европската унија. Влатко Стојановски
КОНТРАВЕРЗИ Европската Комисија бара зголемување на буџетот на ЕУ за речиси пет отсто ЗАБОРАВЕНО ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧКАТА, СЛЕДАТ ТЕШКИ ПРЕГОВАРАЊА Европската комисија го предложи нацрт буџетот за 2012 година во кој бара зголемување од речиси пет отсто и со тоа практично ја стави на страна битката со државите членки на ЕУ, кои во време на кризата и сеопшто штедење, бараат замрзнување на потрошувачката. Европскиот комесар за буџет Јануш Левандовски својот предлог буџет го опиша како „деликатен баланс меѓу мерките за штедење и мерките за подобрување на стопанскиот раст за 500 милиони Европејци“, но и самиот призна дека следат тешки преговори.
Нацрт буџетот што го усвои ЕК подразбира износ од 132,7 милијарди евра, што е за 6,2 милијарди, односно 4,9 отсто повеќе од годинешниот буџет. Според предлогот, за функционирање на европските институции ќе бидат издвоени шест отсто, што значи дека остантите 94 отсто од приодонесите на 27-те држави членки ќе им бидат вратени на европските региони и градови, од што половината ќе бидат потрошени на подобрување на стопанскиот раст и вработувањето. Со оглед на фактот дека предлозите на ЕК не се во целост со очекувањата на националните влади, ниту со Европскиот парламент, може да се очекува и годинава во европските институции да се води жестока борба околу буџетот, како шпто беше онаа за буџетот во 2010 година. Тогаш буџетот беше усвоен во последен момент, па постоеше реална опасност ЕУ во 2011 година да влезе со привремено финансирање.
14
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО Нова инвестиција на ЕБОР во македонскиот сектор на обновлива енергија ЗАЕМ ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЧЕТРИ МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ
ЕБОР го поддржува приватното учество во македонскиот сектор за генерирање електрична енергија со втор кредит од 6 милиони евра со кој се финансираат мали хидроцентрали. Кредитот е одобрен на ПЦЦ Хидро ДООЕЛ за финансирање на изградба на четири мали хидроцентрали. Распространети на различни реки во земјата, хидроцентралите имаат вкупен капацитет од 4,1 мегавати. – соопштуваат од ЕБОР. Хидроцентралите на ПЦЦ ќе бидат вклучени во македонската дистрибутивна мрежа, а компанијата ќе има договори за приоритетен откуп со Македонскиот оператор на дистрибутивниот систем, како и специјална тарифна шема наменета за проекти за обновлива енергија. ПЦЦ е компанија за обновлива енергија во сопственост на германската ПЦЦ ДЕГ Рињуабл ГмбХ (ДООЕЛ помеѓу германскиот холдинг ПЦЦ СЕ и ДЕГ, членка на КфЊ банкарската групација). Ова е втора инвестиција на Банката во приватниот сектор на генерирање на енергија во Македонија и се финансира преку директна кредитна линија за инвестиции во одржливи извори на енергија на Западен Балкан. Финансирањето на ЕБОР е поддржано со директен договор, потпишан од македонскиот Министер за економија. Кредитот на ЕБОР е дополнет со средства од техничка помош обезбедена од Фондот на Западен Балакан, Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и Норвешката влада. По успешното завршување на проектот, ППЦ Хидро ДООЕЛ, ќе се квалификува за прием на стимулативно плаќање поврзано со намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид. Ова стимулативно плаќање го обезбедуваат Фондот на Западен Балкан, Специјалниот фонд за акционери на ЕБОР и Европската Унија. ,,ЕБОР со задоволство го поддржува со долгорочно финансирање, вториот проект за обновлива енергија од приватниот сектор. Оваа инвестиција претставува потврда на континуираната поддршка на Банката за македонската програма за концесии на мали хидроцентрали, укажува на деловната оддржливост на малите проекти за обновлива енергија, со кои се придонесува за решавање на растечките потреби за енергија во Македонија”, истакна Елена Урумовска, Претставник на ЕБОР за Македонија. ,,Оваа поддршка е голем чекор напред за ПЦЦ во насока на реализирање на нашите планирани проекти од хидроенергетскиот сектор во Македонија. Горди сме што ЕБОР го избра овој проект и го поддржува портфолиото за хидро-електрична енергија на ПЦЦ за југо-источна Европа”, изјави Дирк Герзенич, Генерален дирекор на германскиот ПЦЦ ДЕГ Рињуабл ГмбХ. Од почетокот на своето работење во Македонија ЕБОР има обезбедено средства во вредност од над 550 милиони евра во над 60 проекти во клучните сектори на економијата на земјата, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од повеќе од 700 милиони евра.
Стопанска банка НОВ АВТОМОБИЛСКИ КРЕДИТ СО НАЈМАЛА МЕСЕЧНА РАТА
Стопанска банка АД - Скопје во ексклузивна соработка со „Автонова“ и „Аутомобиле СК“ (генерални импортери на Ситроен, Фиат, Ланчија и Алфа Ромео) воведе нов автомобилски кредит што првпат овозможува
за најмала месечна рата да се купи автомобил од соништата. Она што го прави кредитот уникатен е можноста да се одобрува кредитен лимит поделен на еднакви месечни рати + 1 макси рата која доспева на истекот на рокот на отплата. Макси ратата е, всушност, одложено бескаматно учество, односно каматата и административните трошоци се пресметуваат и плаќаат само на износот на кредитот намален за вредноста на макси ратата. Годишната каматна стапка изнесува 7,62 проценти, но стапката на вкупни трошоци, поради специјалната програма Макси рата, изнесува само 5,77 проценти годишно, што е најмала каматна стапка за автомобилски кредит во Македонија. Рокот на отплата е од 3 до 6 години со можност за минимално учество од 20 отсто. Макси ратата се плаќа заедно со последната месечна рата од кредитот. Добра вест за корисниците на кредити во Македонија ЗАШТИТА ПО СТАНДАРДИТЕ НА ЕУ Корисниците на потрошувачки кредити во Македонија во иднина ќе ги уживаат истите права и заштита како граѓаните од земјите-членки на Европската унија. Тоа го овозможува новиот Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, кој веќе стапи на сила и е целосно усогласен со стандардите и принципите на Европската унија. Ова беше истакнато на прес-конференција на вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставрески, министерот за економија, д-р Фатмир Бесими и претседателот на Организацијата за заштита на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Со измените е зголемена горната граница од 20.000 на 75.000 евра на она што се дефинира како потрошувачки кредит одобрен на физички лица. Сега како потрошувачки кредит се смета кредит во износ од 200 до 75.000 евра. - Измените се во насока на заштита на потрошувачите. Тоа ќе значи поголем број на кредитобаратели, односно корисници на кредити ќе ги уживаат правата на измените на Законот, рекол вицепремиерот Ставрески, а го цитира МИА. Тој како втора и најзначајна измена ја истакна воведувањето на обврската за сите даватели на потрошувачки кредити задолжително на корисниците на кредитите да им даваат пред договорни информации во кои ќе им се презентира се` што е потребно за да бидат целосно информирани. - Посебно е значајно што се унифицира образецот на кој таа информација ќе биде презентирана со што се избегнува можноста за прикривање на одредени трошоци или различен начин на нивна презентација, односно давање на асиметрична информација. Со тоа секој барател на кредит ќе може да ги спореди условите што ги даваат банките и кредитините институции и ќе може точно да види кои услови му се подобри, - рекол Ставрески. Со измените се пропишува и точно кои информации треба да ги содржи образецот, при што дефиницијата за вкупни трошоци на кредитот прецизно се дефинира и ги опфаќа сите трошоци поврзани со кредитот што треба да ги плати потрошувачот, односно камати, провизии, даноци, надоместоци и евентуално осигурување со што се избегнува плаќање на т.н. скриени трошоци. Се продолжува и рокот од пет на 14 дена во кој кредитобарателот може да се премисли и да го откаже кредитот. - Висината на надоместокот што ја наплатува кредиторот во случај на предвремена отплата на кредитот досега не беше ограничена и секоја финансиска институција наплаќаше онолку колку што сака. Со измените е ограничена 1 отсто од износот што се плаќа предвреме ако периодот до целосна отплата на кредитот е подолг од една година и 0,5 отсто ако периодот до целосна отплата на кредитот е пократок од една година, - појаснил Ставрески. Се воведува и новина според која освен писмената форма кредитните институции се должни да го доставуваат договорот и преддоговорните информации како известување до
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
15
ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО потрошувачите и преку друг траен медиум – дискета, електронска пошта, ЦД Ром, ДВД. - Се воведува и заштита на потрошувачите преку телефон или други средства за гласовна комуникација на далечина преку пропишување на информациите што задолжително се даваат на потрошувачот, а се проширува и опфатот на информации при презентирањето, односно рекламирањето на потрошувачките кредити. Се воведува стандардизиран пристап кои се` информации е должна финансиската институција да ги презентира при рекламирањето на своите производи вклучително каматна стапка, износ на кредит, рок на кредит и евентуално ако се бара уплата во готово, - истакнал вицепремиерот Ставрески. Барањата за евентуално кршење на правата, граѓаните ќе може самостојно да ги доставуваат или преку Организацијата за заштита на потрошувачите. Како следни активности на планот на заштита на потрошувачите, среднорочно, се размислува за воспоставување на единствен орган надлежен за супервизија на кредиторите од аспект на заштита на потрошувачите, како што е во најголем дел од земјите-членки на ЕУ. Министерот за економија нагласил дека воведувањето на измените ќе доведе до воспоставување фер позиции меѓу сите учесници на пазарот. - Со измените се создаваат услови за зголемување на довербата и заштита на компаниите и стопанствениците кои работат фер. Можноста потрошувачите да бидат целосно информирани за тоа што им се нуди и се бара од нив на долг рок создава основа за здрава економија и за зголемување на потрошувачката, а тоа е поттик за повеќе инвестиции и нови работни места, - рекол д-р Фатмир Бесими. Министерството за економија ќе биде надлежно во делот на издавање на кредити со одложено плаќање, а контрола ќе врши Државниот пазарен инспекторат како во делот на договорите, така и во делот на рекламирањето и веродостојноста на информациите доставени до потрошувачите. - По иницијатива на Државниот пазарен инспекторат и Организацијата за заштита на потрошувачите, Министерството за економија ќе може да ја одземе дозволата за издавање на кредити со одложено плаќање или да изрече казна забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена, - рекол Бесими. Претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачи истакнала дека се задоволни од поканата да учествуваат во изработката на Законот и дека тој претставува позитивен чекор напред кон заштитата на правата на потрошувачите заедно со
донесувањето на Законот за финансиските друштва и најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на потрошувачите во доменот на нечесното пазарно однесување. - Со ваквото заокружување на правната регулатива се придонесува кон подобра заштита на потрошувачите, но треба многу да се внимава на имплементацијата на Законот за да не остане празно слово на хартија, - рекла Лончар Велкова. Според статистиката, од над 4.800 предмети во општи правни советувања во доменот на финансиските услуги 103 советувања имало на граѓани кај банкарските услуги, а 48 кај осигурувањето. Поплаките оделе во насока од неправилно менување на општите услови на договорите, неискажување на вкупните трошоци, нетранспарентноста на членарината, менување на каматните стапки и покрај договорените за одредени периоди фиксни стапки, измамното рекламирање, до неможност за раскинување на договорите за кредит. - Тоа укажува дека граѓаните треба да бидат информирани во однос на преддоговрните и постдоговорните информации и услуги кои се нудат. Треба континуирано да се работи и на финансиксата писменот на граѓаните, како и да постојат советувалишта во кои граѓаните ќе можат да се информираат за се` што ги интересира, рекла Лончар Велкова и побарала да се зголеми влијанието на НБРМ во спогодбеното решавање на споровите меѓу банките и потрошувачите. Шпаркасе банка Македонија ПОВОЛНИ КРЕДИТИ ЗА СТУДЕНТИ Шпаркасе банка Македонија нуди кредити за поддршка на студентите. Тие отсега ќе имаат можност да се школуваат со студентскиот кредит од Шпаркасе банка. На апсолвентите, пак, им се нуди кредит за апсолвентски екскурзии, кои исто така се актуелни во овој период. Студентскиот кредит за школување е со максимален износ до 5.000 евра (300.000 ден.). Каматната стапка за денарскиот кредит изнесува 12 отсто (годишна /променлива), без обврска за префрлување на платата преку Шпаркасе банка и 8,45 отсто за девизниот кредит, со обврска за префрлање на платата преку банката, во рок од 3 месеци од одобрување на кредитот. Рокот на отплата е 36 месеци.
Здружение на банкарство - СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница. Со почит,
ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Нов објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Табановце ДОЗВОЛАТА ЗА УВОЗ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ПО СКРАТЕНА ПРОЦЕДУРА
истовремено најавил дека ЕУ ќе продолжи и натаму со поддршка и покрај тековната поддршка од три милиони евра, а посочил и на нова програма во вредност од пет милиони евра.
На граничниот премин Табановце пуштен e во употреба новиот објект за ветеринарна и фитосанитарна контрола кој ќе овозможи максимална проверка на пратките и ефикасна заштита на здравјето на населението, животните и растенијата. Вредноста на објектот е 1,3 милиони евра обезбедени од ЕУ. Објектот го предадоа во употреба евроамбасадорот Петер Соренсен, вицепремиерот и министер за финансии, мр Зоран Ставрески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, Деан Рунтевски. - Со изградба на овој објект создадени се најсовремени услови за работа на официјалните ветеринари, инспектори за храна и фитосанитарни инспектори и квалитетно вршење на преглед на пратки за живи животни, храна и други производи од животинско потекло, растенија и производи од растително потекло кои се увезуваат или транзитираат низ Република Македонија. Дизајнот на објектот е во согласнот со европските стандарди, а со неговото пуштање во употреба Македонија ги исполнува стандардите поставени со европското законодавство за ветеринарна и фитосанитарна контрола, рекол вицепремиерот Ставрески на предавањето во употреба на објектот, а пренесува МИА.
Со пари од ЕБОР БАС-Програмата ќе се подобрува конкурентноста на македонските мали и средни компании СОВЕТОДАВНИ УСЛУГИ ЗА ЖЕНАТА ВО БИЗНИСОТ, ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И ЕКОЛОГИЈАТА
Според него, пуштањето во употреба на овој објект е најзначајно за увозниците бидејќи од сега дозволите за увоз наместо на централно ниво ќе можат да се добиваат на граничниот премин. - Со ова значително ќе се скрати процедурата која порано траеше и по неколку недели, а сега ќе се сведе на неколку часа. Ова ќе значи и дополнително намалување на трошоците за транспортерите на кои ќе им биде овозможено да ги користат просториите на објектите на Агенцијата за храна и ветеринарство при увоз на стоки во земјава, истакнал Ставрески. Потребата од изградба на ваков објект ја потенцирал директорот на Агенцијата за ветеринарство Дејан Рунтевски, кој истакнал дека е неопходна бидејќи ова е еден од најфреквентните гранични премини на кои годишно поминуваат 7.000 пратки од животинско потекло, двапати повеќе од неживотинско и илјада пратки со прехранбени производи. - Најголема вредност на овие објекти е токму во постигнувањето квалитет на она што поминува, рекол Рунтевски кој потенцирал дека со нивното отворање граничниот премин Табановце конечно стана модерен и европски. Според евроамбасадорот Соренсен, отворањето на овој објект кој е со поддршка од Европската унија ќе овозможи целосно и полесно да ја извршуваат работата ветеринарните служби и да дејствуваат на заштита од болести и на населението и на животните. - Увозот на производи од животинско потекло претставуваат ризик од пренесување на болести на човекот и токму затоа адекватната контрола е важна да се спречат вакви ризици за во земјата да се внесат безбедни производи, рекокол Соренсен кој
Македонските мали и средни претпријатија во наредните две години ќе можат да искористат донација од околу милион евра преку ИПА-Програмата на Европската унија за консултантски услуги за да ги подобрат нивните перформанси и да станат поконкурентни на пазарот. Тоа ќе го овозможи проект „Имплементација на БАСПрограмата“ финансиран од Европската унија, а наменет за поддршка на македонските приватни претпријатија со домашен капитал со најмногу 250 вработени од сите сектори со исклучок на банкарството, финансиските услуги, наменското воено производство, игри на среќа и тутунската индустрија, што беше презентиран во ЕУ Инфоцентарот. Проектот реализиран преку ЕБОР БАС-Програмата за деловно советување за техничка поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со финансиска поддршка од ЕУ предвидува до март 2013 година да се финансираат 96 советодавни проекти што ќе ги спроведат локални консултанти со микро, мали и средни претпријатија, како и да организира дополнителни активности за развој на пазарот. - Денеска имавме прилика да презентираме еден нов проект за поддршка на бизнисот во Република Македонија со средства од ИПА-фондовите на ЕУ заедно со ЕБОР во износ од околу милион евра. Целта на Проектот е поддршка на советодавни услуги за мали и средни претпријатија од локални советодавни компании, - изјавил министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, а го цитира МИА. Тој нагласил дека советодавни услуги ќе можат да се дадат во три области - жената во бизнисот, енергетска ефикасност и екологија. - Станува збор за давање советодавни услуги за еден сектор кој е значаен за македонската економија што создава значаен дел од бруто домашниот производ, а во кој се вработени над 80 отсто од вработените. Сметам дека заедно со кредитот од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра ќе биде дополнителен импут за домашните фирми за соочување со нивните предизвици и зголемување на нивните шанси за успех на пазарот, - истакнал Бесими. БАС-Програмата е присутна во Македонија од 2002 година и досега преку неа се поддржани 487 проекти со преку 4,3 милиони евра. Дури 34 отсто од поддржаните проекти покажале исклучителна успешност, а 96 отсто од нив се оценети како задоволителни.
Потпишан Протокол за либерализација на превозот меѓу Македонија и Црна Гора ОД 1 МАЈ БЕЗ РЕЖИМ НА ДОЗВОЛИ Мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на патници и стока на Македонија и Црна Гора, на состанок во Подгорица, потпиша Протокол со кој билатералниот превоз на стока меѓу двете земји ќе биде либерализиран, односно ќе се одвива без режим на дозволи. Протоколот, како што соопштува Министерството за транспорт и врски, ќе почне да важи од 1 мај годинава, а со него
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
17
ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА се укинуваат 2.000 билатерални дозволи кои македонските превозници требаше да ги поседуваат за вршење превоз на стока во Црна Гора. На состанокот на Македонскоцрногорската мешовита комисија било договорено за 2011 година, освен основниот контингент од 300 дозволи за и од трети земји да се разменат и дополнителни 100 дозволи за и од трети земји. Дополнителниот контингент во целост ќе ги задоволи потребите на македонските превозници за превоз на стока за и од трети земји од Црна Гора. Царинска управа на Република Македонија СОЗДАВАЊЕ БЕЗХАРТИЕНА ОКОЛИНА Во просториите на Царинската Управа на Република Македонија (14.04.2011) во присуство на претставници на бизнис заедницата и царински службеници беше одржана конференција на тема „Создавање на бесхартиена околина“. Во првиот дел од конференцијата беа презентирани придобивките за економските оператори од употребата на едно-шалтерскиот информационен систем EXIM (искуството на „Алкалоид“) и работењето на „Родон“ од Битола на Надворешниот портал на електронскиот систем за управување со документи – eDMS. Изнесени беа позитивните ефекти од работењето во двата системи, кои довеле до намалување на многудневните трошења на ресурси, обезбедување на лиценци, поголема економичност и едноставност во пребарувањето. Од страна на советникот на директорот на Царинската Управа, Горан Георгиев, беа презентирани законските измени со цел воведување во бесхартиена околина. Пред се, тука се мисли на измените во Царинскиот закон (последната измена објавена во службен весник на РМ 44/2011) и измените кои се во тек, како предлог измените на Уредбата за спроведување на царинскиот закон (УСЦЗ) и предлог измените на Правилникот за начинот на пополнување на царинските декларации и кодексот на шифри кои се употребуваат (Правилник). Најзначајните промени во царинскиот закон се однесуваат на: - влезни збирни декларации (допрецизирање и хармонизација на терминологијата); - излезни збирни декларации (хармонизација на терминологијата и промена во збирот на податоци кои наместо како досега во УСЦЗ, ќе се вршат преку Правилникот); - царински декларации (задолжителни електронски декларации во различни царински постапки); - транзитна постапка (допрецизирање на терминологијата, што ќе оневозможи преклопување на транзитната и извозната постапка); - царински долг (нова одредба за општа гаранција, нова одредба на критериумите за користење на поволностите кај гаранциите, други облици на гаранции освен оние кои ги дава банката – осигурителни компании, целосно преформулирање на членовите 233, 234 и 235, воведување употреба на термин `внесување на сметководствена евиденција` и различни можности за времето на плаќање – одложено плаќање во различни услови и плаќање на камата за задоцнето плаќање). Овие промени се очекува да настанат од 1.1.2012
година.
Покрај клучните промени во Царинскиот закон, беа демонстрирани и предлог измените и надополнувањата на прилозите кон Правилникот, како и предлог измените на Уредбата (царински долг, транзитна постапка, влезни и излезни збирни декларации, овластен економски оператор, управување со ризик и анализа на ризик, рационализација на одобренијата за поедноставување на царинските постапки и режимите на увоз – задолжително електронско поднесување на царинска декларација со рок до 2013). На Конференцијата беше презентиран и новиот компјутеризиран транзитен систем (NCTS), кој е базиран на размена на стандардни пораки со царинските испостави во ЕУ. Половината од околу 400.000 транзитни операции на годишно ниво во Македонија, почнуваат или завршуваат со премин во ЕУ. Со пристапувањето кон овој систем значително ќе се поедностави транзитната постапка и ова ќе значи наша подготвеност за влез во Европската Унија. Овој систем ќе стане оперативен во Македонија од 1.01.2013 година, а за шпедитерите ова ќе значи и повисок износ на банкарските гаранции. Како последен нов развоен проект координиран од Царинската Управа, беше презентиран Системот за анализа на ризик – CAP, кој е интегриран електронски систем за координирано управување со ризик при влез на стоки во РМ, од надлежните органи за контрола. Тој треба да обезбеди: контрола базирана на систем проценка на ризици од сите надлежни органи, воведување One Stop Shop контрола, забрзување на движењето на `доверливите` економски оператори. Корисници на овој систем покрај Царинската Управа се Агенцијата за храна и ветерина, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделие, Бирото за лекови, Државниот инспекторат за животна средина. Придобивките за бизнис заедницата се однесуваат на забрзување на протокот на т.н доверливи трговци, заштита на нелојалната конкуренција и намалени трошоци. Биљана Пеева-Ѓуриќ Државна помош за земјоделството во 2010 година ВКУПНО 4,59 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ, НАЈГОЛЕМ ИЗНОС ДОСЕГА За финансиска поддршка на земјоделството во 2010 година согласно владината Програмата до 11 април се исплатени 4,59 милијарди денари, информирале на заедничка пресконференција вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Вицепремиерот Пешевски посочил, како што наведува МИА, дека само во лозарството за 2010 година по разни основи се исплатени субвенции во вкупен износ од приближно 10,75 милиони евра. - Овој износ на субвенции за лозарите досега како износ не е забележан во историјата на Македонија и е апсолутно највисок
износ што која било влада кога било го исплатила за лозарите. Тоа ја покажува политичката определба, но и стратегијата на Владата и понатаму да продолжиме со слични мерки за стимулирање на лозарството, кое традиционално е една од најсилните гранки со голем извозен потенцијал, рекол Пешевски.
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Во оваа сума, додаде, спаѓаат и над два милиона евра исплатени до деновиве за два денара за килограм предадено грозје со кои Владата интервенираше за да се справи со проблемот што се создаде лани со откупот на грозје. - Резултатите генерално гледано беа позитивни и ние сме умерено задоволни, рекол Пешевски и посочил оти од овие средства речиси еден милион евра се исплатени за лозарите во Кавадарци и околу 750.000 евра за лозарите во Неготино. Министерот Димовски информирал за досега исплатените средства во согласност со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството во делот на растителното производство и во сточарството. Тој посочи дека остануваат до крајот на месецот да се доисплатат уште 325 милиони денари по основ на зголемен откуп на грозје кон винарските визби, за одредени мерки за растително и сточарско производство по одредени подрачни единици. За пчелите во скопскиот регион исплатата ќе се изврши по завршување на контролата од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, како и во делот на органското производство, за овците и козите за се уште неисконтролираните 2.000 сточари и за отстранување на одредени неправилности при поднесувањето на апликациите. Министерот за земјоделство очекува тие да бидат исплатени најдоцна до крајот на месецов, а веднаш потоа ќе следи исплатата за тутунопроизводителите за 2010 година, која треба да започне во втората половина на месец мај. Вицепремиерот Пешевски се осврнал и на позитивните трендови во однос на откупот и продажбата на земјоделските производи, особено во првите два месеца од годинава, кои подвлекува, ги надминуваат очекувањата. - Согласно податоците од Државниот завод за статистика во јануари годинава во однос на јануари минатата година вредноста на откупот и продажбата на земјоделските производи е за 222 проценти поголема, а вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски произведители е поголема за 150 проценти, додека продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 330 проценти, подвлекол Пешевски. Во февруари вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи е зголемена за 191 процент во однос на истиот период лани, кај индивидуалните производители има зголемување од 357 отсто. Во однос на земјоделски култури пораст на количината односно на вредноста се забележува речиси кај сите земјоделски култури, а најголема е кај компирот каде произведеното количество е за 360 проценти поголемо, а неговата вредност е зголемена за 1.800 проценти. Кај зелката порастот во количината е за 53 проценти, а во однос на вредноста е 240 проценти. - Генерално од трендот за зголемување на количините можеме да бидеме задоволни. Во делот на покачување на цените се работи за светски тренд. Тука ефектите се позитивни за земјоделците, но за граѓаните може да се дискутира бидејќи го рефлектира податокот дека има пораст на цените на храната на светско ниво, рекол вицепремиерот Пешевски. Мерки и сектори кои ќе бидат третирани како стратешки приоритети на Владата покрај земјодлеството ќе биде и секторот преработка на храна со интенција за зголемен извоз на преработени производи бидејќи просечна вредност на земјоделски производ којшто не е преработен е меѓу 20 и 40 центи по килограм, додека на пакуван и обработен е меѓу 1 и 1,2 евра по килограм. Заокружена финансиската конструкција за автопатската делница Демир Капија – Смоквица ЕБОР ОДОБРИЛ ЗАЕМ ОД 107 МИЛИОНИ ЕВРА Одборот директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и одобри на Македонија заем од 107 милиони евра за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица од Кориодорот 10, во должина од 28,2 километри, објавил на пресконференција во Владата вицепремиерот и министер за финансии, м-р Зоран Ставревски во присуство на владиниот тим економски министри. Со обезбедувањето на заемот од ЕБОР, истакна Ставрески, а го цитира МИА, целосно се заокружува финансиската конструкција
во износ од 270 милиони евра за изградба на автопатското решение на потегот Демир Капија - Смоквица, единствена делница што не е на ниво на автопат од делот од Коридорот 10 што поминува низ Македонија. Претходно 130 милиони евра кредит се обезбедни од Европската инвестициска банка, 45 милиони евра како грант од ЕУ, а шест милиони евра обебзедува Македонија. ЕБОР го доделува заемот под исклучително поволни услови, односно 15 години рок на отплата со вклучен грејс период од три години и варијабилна каматна стапка која моментно изнесува 2,59 проценти. Според вицепремиерот Ставрески, од заемот од 107 милиони евра 90 милиони евра се за изградба на нова модерна автопатска делница, а 17 милиони евра за воспоставување електронски систем за наплата на патарина на постојните наплатни станици и изградба и опремување на четири нови на Коридорот 10. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески најавил наскоро распишување на тендерот за изградбата на автопатот, а склучување договор со идниот изведувач на градежните работи на крајот на годината. Се очекува градежните активности да траат околу пет шест години. Вкупната ширина на автопатот ќе биде 25,6 метри, односно ќе има две ленти од по 3,5 метри за секој правец и лента за застанување со ширина од два метри, како и зелен појас од три метри и останати дополнителни елементи на трупот на патот. Понуди за втората фаза од постапката за концесионирање на патиштата РОКОТ ПРОДОЛЖЕН ЗА 90 ДЕНА Владата го продолжи за 90 дена рокот за доставување понуди во втората фаза од постапката за доделување концесија за вршење на работите на изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарини и користење на дел од државните патишта во Македонија. Одлуката за продолжување на рокот, кој сега е 25 јули годинава, Владата ја донела на седница на 12.4.2011 година, соопштува Министерството за транспорт и врски. По завршување на постапката за евалуација на доставените барања во првата фаза, по меѓународниот јавен оглас, надлeжаната комисија утврди дека пет компании ги исполниле условите за учество во понатамошната постапка. Тоа се конзорциумите Shikun & Binui LT и Grupo Soares De Costa CGPS, Bousques Travoux Publics, DTP Terrassement и Inter Toll Europe, Strabag AG и Гранит АД Скопје, Aktor CA и Aktor Concession Macedonia (Alpien Bau GmbH, Limak Inseaat Sanazi ve Ticaret AS и Soma и Soma Enerprise Limited). Тие ги исполнуваат условите утврдени со Јавниот повик и Документацијата за доставување барање за учество во постапката и се квалификувани да бидат поканети да учествуваат во втората фаза од постапката - прибирање на понуди. По спроведената прва фаза од постапката комисиите за спроведување на постапката за доделување на концесија за вршење на работите на изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Македонија (Пакет 1) и (Пакет 2), согласно заклучокот на Владата, доставија покани за подигнување на Тендерската документација до преквалификуваните кандидати со што започна втората фаза од постапката - прибирање на понуди од квалификуваните кандидати.
четврток, 21 април 2011
И Тетово ќе добие технолошкоиндустриска развојна зона ГРАДБА ПО МОДЕЛОТ НА ЈАВНОПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО
По моделот на јавно-приватно партнерство во Тетово ќе се гради технолошко-индустриска развојна зона. Станува збор за пилот-проект во кој ќе бидат вклучени приватни инвеститори кои ќе оперираат со зоната. За неа, како што информираат од Министерството за економија, веќе има заинтересирано неколку компании од Турција, Индија, Кина и од земјите од Централна Европа, известува МИА.
- Ова што го правиме со Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Тетово е дополнителен нов модел каде економската оправданост ќе ја најдат самите инвеститори кои сакаат да станат оператори на зоната, односно тие што ќе ја развиваат, изјави министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, кој заедно со надлежните од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции го промовираат овој пилот-проект. За економската оправданост на ТИРЗ - Тетово изработена е физибилити студија, а според министерот Бесими, доколку активно се промовира проектот може да се најде солиден инвеститор кој има искуство во оваа област во други земји. Бесими смета дека во Македонија треба да се применува моделот на отворање на технолошкоиндустриските развојни зони бидејќи, како што рече, тие се можност за привлекување странски инвестиции и за отворање на нови работни места. На светско ниво, како што посочи, се зголемува бројот на технолошко-индустриски развојни зони кои се отвораат, а странските директни инвестиции во некои
БИЗНИС ИНФО држави се зголемени за 30 до 40 проценти. Во Македонија според сегашните проекции се очекува во зоните да има околу 30 индустриски капацитети и околу 7 до 10 илјади вработени на ниво на зона. Според директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, има интерес за инвестирање и во моментов се преговара со неколку компании. - Со неколку компании сме во крајни разговори околу нивната одлука за инвестирање во Македонија. Некои компании начелно имаат донесено таква одлука, но целиот тој процес на потпишување на договорот и договарање на условите под кои тие ќе влезат во Македонија треба да завршат, пред да се објави името на фирмата. Со повеќе од овие компании сме во подолгорочни разговори, а со некои тие разговори траат околу две години, рече Мизо. Општина Неготино стана носител на Проектот од Програмата „Европа за граѓаните“ „КРЕИРАЊЕ МРЕЖА НА ЕВРОПСКО ВИНО, ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА И ЕКСПЕРТИЗА“
Во рамките на спроведувањето на Програмата „Европа за граѓаните“, Општина Неготино стана носител на Проектот „Креирање мрежа на Европско вино, традиција, култура и експертиза“, – јавува МИА. Главна цел на Проектот е остварување соработка на различни нивоа преку заеднички активности со партнерите и за меѓународна соработка преку
воспоставување мрежа на тим на експерти од винарници, на домашни производители на вино и менаџери од винарници со угостителски објекти, за да се промовираат, да се шират знаењата и да се поврзат повеќе луѓе од овој сектор.
19
ОПШТИНСКИ БИЗНИС Покрај Општина Неготино, која ја има улогата на лидерска организација, во Проектот како партнери се вклучени и општините Черномелј - Словенија, Минервино Ди Лече - Италија и Попово Бугарија. Првиот од планираните настани во рамките на овој проект се одржа во Општина Черномелј – Словенија, од 14 до 18 април годинава, со едукативна средба насловена „Стандардите на ЕУ во производството на вино, како да се произведе подобар квалитет на вино“. Средбата беше збогатена со презентации од сите земји-учеснички со фокусирање на тоа кои се клучните фактори и како да се подобри квалитетот на виното, презентација на процесот на производство во фабриката за производство на вински лози, како предуслов за производство на квалитетно вино, винскиот туризам и едукација прилагодена на локалните потреби за развој на винскиот туризам, како и краток осврт на историјатот на производството на вино. Во натпреварот „Најдобро вино од учесниците“ учествуваа претставници од сите земји-учеснички во Проектот. Во конкуренција од 26 примероци на бели и црвени вина, комисијата додели 3 награди за бели и 3 награди за црвени вина. Во категоријата на црвени вина 3-то место за виното Мерло Барриљуе на Винарницата „Дудин“ - Неготино, 2ро место за виното Мерло Барриљуе од Винарницата „Попово“ –Бугарија и 1-во место за виното Мерло Барриљуе од Винарската визба „Две могили“ - Бугарија. Во категоријата на бели вина, 3-то место беше доделено за Шардоне од Винарницата „Дисан Хилс“ - Неготино, 2-ро место за Мускат од Винарската визба од Попово и 1-во место за Шардоне од Винарницата „Дудин” - Неготино. Имаше и мал Саем на вино со претстваување на вина од сите учесници, а следуваа и награди за најдобро уреден штанд на вино. Првото место беше доделено на Општина Минервино Ди Лече Италија, второто место на Општина Чрномелј - Словенија и третото место го понесе Општина Неготино -Македонија.
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ОПШТИНСКИ БИЗНИС Производители од Словенија и Хрватска го посетија Кавадарци СОРАБОТКА ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ОРГАНСКА ХРАНА
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов имаше средба со делегација на
производители на органска храна од Словенија и Хрватска. Притоа, тој ги запозна Марјан Орлиќ од Копар, сопственик на фирма за автоматска преработка на печурки, артичока и зеленчукови органски производи, Тодор Брдарски од Пула, производител на печурки, како и Неда Стојановиќ, експерт специјалист за производство на компост и органски ѓубрива, со карактеристиките и стопанските капацитети на Општината, акцентирајќи го големиот потенцијал за производството на здрава храна. – објавува МИА. Со оглед дека гостите беа заинтересирани за типизирано производство, Панов ги претстави и можностите за продукција на печурки, посебно буковка, лозарството и винарството. Делегацијата од Словенија и Хрвтаска покажа голем интерес и за виното, гроздовиот мед, ширата и традиционалните тиквешки рецепти за слатки производи од грозје. Орлиќ, Брдарски и Стојановиќ беа во Македонија неколку дена и посетиле неколку винарници и производители на вино и храна. Притоа оствариле контакти за соработка. Тие го поканија градоначалникот панов идниот месец да го посети специјализираниот Саем на вино во Истра „Истра вин експо“ каде изложуваат само истарските винарници. Во Богомила организиран Саем „Поблиску до природата“ СЛЕДНИОТ ЧЕКОР СЕРТИФИЦИРАЊЕ НА ЕКОЛОШКИ ЗДРАВАТА ХРАНА
Во организација на Општина Чашка и ОУ „Петар Поп Арсов‘‘ во
селото Богомила се одржа 5. Саем на здрава храна, под мотото „Поблиску до природата“. На Саемот жители од Богомила и уште 12 села од реонот на Азот од еколошки чисти регион на посетителите, главно од Велес, им понудија еколошки здрава храна како грав, ориз, сирење, компир, чај, ореви, мед, риба, природен јаболков оцет и друго. Посетителите потоа имаа можност да вкусат и од разновидните домашни рецепти подготвени од вредните домаќинки мајки и баби на учениците од ОУ „Патар Поп Арсов‘‘ кои го прославуваа својот патронен празник (17.4.2011година) и беа домаќини на годинашниот Саем на здрава храна. Градоначалникот на општина Чашка Горан Пановски, како што наведува МИА, изјавил дека целта
на Саемот е сите овие земјоделски производи да бидат сертифицирани како еколошки здрава храна и потоа да се пласираат насекаде во светот како еколошки здрава храна од Македонија. Пановски потенцира дека како градоначалник ќе се залага за промоција на храната, природата и традицијата да бидат вековит корен за Азот и како честа туристичка дестинација во Македонија која треба да се посети. Богомила се наоѓа на 500 метри надморска височина во центарот на Македонија заградена на север со планината Јакупица, на запад со Даутица и на југ со планината Бабуна. Богомила заедно со уште 12 села од овој еколошки чист регион го претставува регионот на Азот познат по своите природни убавина и чистата почва идеална за производство на земјоделски здрава храна. Саемот на здрава храна почна во 2007 година во Богомила, а потоа се одржа во селата Извор, Теово Согле и годинава повторно во Богомила.
Струмица конечно ќе ја гради станицата за прочиститување на фекалните води ОД ИПАРД ФОНДОВИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ 9,8 МИЛИОНИ ЕВРА
Годинава во близина на населеното место Сачево кај Струмица се очекува да почне изградбата на прочистителна станица за фекални води, чии што темели беа поставени пред повеќе од една и пол деценија. Овој комунален зафат требаше да се реализира со гранд од Република Грција, но поради спорот со името нашиот јужен сосед не ги одобри предвидените средства. - По недоразбирањата со грчките парнери, се одлучивме на друга варијанта и аплициравме за средства преку ИПАРД програмата, односно преку компонентата за заштита на животната средина. Успеавме од Европската Унија да обезбедиме 9,8 милиони евра и изградбата на прочистителната станица очекуваме да почне наесен и да заврши до 2013 година, изјавил градоначалникот на Струмица Зоран Заев, а го цитира МИА.
Струмица Оваа фабрика за прочистување на фекалните води ќе има капацитет за опслужување на 60 илјади жители на Струмица и населените места во наредните 30 до 40 години. Нејзиното ставање во функција ќе значи огромна еколошка придобивка за целиот Струмички регион, но и за делови од Бугарија и Грција, бидејќи фекалните води преку реките Струмица и Струма загадуваат региони и во овие две соседни земји, како и дел од Егејското крајбрежје.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
21
ИНФО-ПУЛ Студентите од ФОН се вратија од Вашингтон со наградата на Светска банка за најдобро идејно решение СОФТВЕР ЗА ПОРАКИ ОД ЗЕМЈИ НА КОИ НАЈМНОГУ ИМ ТРЕБА ПОМОШ И мала земја како Македонија може да се носи со светската елита во науката, но само со знаење, работа и компетентност, беше истакнато на прес-конференција по повод
случајна, туку е резултат на конкретна работа. Решнието што се бараше не беше нималку лесно и тривијално. Тие пред себе немаа едноставен проблем, напротив, стануваше збор за широк, отворен концепт кој бара иновативност и креативност, истакна деканот на Факултетот за информатика при ФОН, Солза Грчева. На светскиот конкурс што го објави Светска банка беа пријавени преку 2.000 кандидати од кои 15 влегоа во финалниот избор.
Промотивна сесија на „ЦеПроСАРД“ за објавување јавен оглас за демонстративни пилот фарми ФИНАНСИСКА ПОДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ наградата што ја добија студентите од ФОН Универзитетот за проектот WORLD на Светска банка. Даница Ѓоргеска, Марко Марковски, Дарко Божиновски, Кристина Биковска, Тина Чурлиновска и Игор Нешев Тимот е тимот студенти од втора и трета година на Факултетот за информатика при ФОН кој го изготви бараниот софтвер врз база на податоците од Светска банка. - Целта на нашиот проект беше информирање и подигање на свеста кај луѓето особено студентите, за сегашната состојба во светот од аспект на проблемите кои Обединетите нации ги дефинираат како милениумски цели. Изработивме веб сервис што ги користи отворените податоци на Светска банка за генерирање случајна реченица во комбинација со мапа, слика или видео. Речениците содржат факти од различни области за земјите на кои најмногу им треба помош. Решението беше мало, функционално и уникатно. Токму тоа ни ја донесе наградата, објасни Чурлиновска, а ја цитира МИА. Софтверското решение технички ќе се надогради, базата на податоци ќе се освежи со нови од 2010 година, ќе се преведе на неколку јазици, а ќе биде ставена и на социјалната мрежа Фејсбук. - Наградата што ја добија нашите студенти во исклучително силната конкуренција, воопшто не е
Во организација Здружението на граѓани „ЦеПроСАРД“ -Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој, во Скопје се одржа промотивна сесија за објавување јавен оглас за избор на демонстративни пилот фарми за финансиска поддршка за искористување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност. Земјоделскиот инженер Дамјан Сурлевски од „ЦеПроСАРД“ изјавил, како што наведува МИА, дека две промотивни сесии претходно се одржале во Струмица и Битола и најави оти сесии ќе се одржат во Штип и Гостивар.
Тој информирал дека промотивните сесии се еден сегмент од проектот „Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во руралните заедници во Република Македонија“ Агроенергија. Проектот е финансиски поддржан од Шведската агенција за развој и
соработка - Sida. - На сесиите ќе се промовира јавниот оглас што ќе биде објавен околу 20 април годинава. Јавниот оглас е за поддршка на демонстративни пилот фарми, каде дел од опремата ќе биде кофинансирана од овој проект. Пилот фармите понатаму ќе служат како мали едукативни центри за обука на лице место на сите заинтересирани субјекти, посебно за земјоделците, кои ќе имаат можност да видат како функционираат системите, колку чини да се постави еден систем, што значи, кои се придобивките и кои се проблемите, ако ги има, изјавил Сурлевски и додал дека иако се работи за нови практики, сепак, има заинтересирани фармери. Посочил дека има одлични примери во европските земји оти овие системи се широко распостранети и се употребуваат постојано. Нискотарифната авиокомпанија „Флај Ники“ најавува ОД СЕПТЕМВРИ ДО ВИЕНА И НАЗАД ЗА ПОМАЛУ ОД 100 ЕВРА Н и с к о т а р и ф н а т а авиокомпанија „Флај Ники“, членка на Ер Берлин“ реализираше промотивен лет на релацијата Виена - Скопје како најава на редовните нискобуџетни летови што ќе ги спроведува од септември годинава. Со првиот авион на „Флај Ники“ лично пилотираше поранешниот повеќекратен шампион во „Формула 1“ Ники Лауда, а со него на скопскиот аеродром „Александар Велики“ пристигнаа и повеќе туристи од Австрија. Лауда, кој е и сопственик на „Флај Ники“, прави втор обид за работа на македонскиот пазар во авио-бизнисот откако пред 20 години беше присутен со тогашната авиокомпанија „Лауда ЕР“. Изборот на Скопје како дестинација, според него, е резултат на понудата на два тур-операторa и очекувањата и можностите за добра работа. - Сега има подобри услови за работа бидејќи „Флај Ники“ е нискобуџетна компанија што е сега тренд. Имаме одлични услуги и сме квалитетна нискотарифна компанија, изјавил Лауда на аеродормот „Александар Велики“, а го цитира МИА.
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ИНФО-ПУЛ „Флај Ники“ ќе сообраќа најмалку двапати неделно на релацијата Скопје - Виена - Скопје од септември. Договорот за линијата е постигнат преку нивниот партнер „Максан Травел“, компанија која се занимава со обезбедување туристички аранжмани и соработува со ТАВ, концесионерот на македонските аеродорми. Според најавите од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и раководството на „Максан Травел“, повратен билет
заедно со аеродромските такси ќе чини под 100 евра. Билетите ќе се продаваат во канцеларијата на Максан Травел и електронски. Резервациите за картите почнува следниот месец кога ќе има и промотивни бесплатни билети. Министерот Јанакиески по промотивниот лет изрази задоволство од присуството на „Флај Ники“ во Македонија бидејќи, како што рекол, станува збор за нискотарифен авиопревозник кој ќе нуди пристапни цени на авиобилетите за патниците. - Промовирањето на овој нов лет е само еден очекуван резултат од целокупниот проект за модернизација на македонскиот аеродромски систем. Со стапувањето во сила на договорот за концесија на македонскиот аеродромски систем веќе е зголемен интересот на редовни и нискотарифни авиокомпании, рекол Јанакиески на прес-конференција на скопскиот аеродром. Министерот истакна дека има реални очекувања бројот на патниците на аеродормот во Скопје до крајот на годинава да достигне 900.000, имајќи предвид дека во февруари нивниот број е зголемен за девет проценти, а во март за 2,5. Поголем раст на бројот на патниците Јанкиески очекуваат по јуни од кога авиокомпанијата Виз Ер има најавено евтини летови до Лондон и назад. - Со тоа ќе се зголеми
бројот на патниците, но исто така има најави и од добро познати компании со кои ТАВ е во финални преговори. Очекуваме во јуни да дојде до зголемен број летови и патници и намалување на цената на авиобилетите, наведува Јанакиски. Оценил дека полека, но сигурно, веќе се исполнуваат целите поради кои македонските аеродорми беа дадени под концесија, нивна модернизација и изградба, како и почести и поевтини летови. Евалд Кениг, директор на Максан Травел и партнер на „Флај Ники“, информирал дека нивниот маркетинг тим постојано работи на наоѓање и склучување договори со други авиокомпании за други дестинации. Веќе е воспоставена дестинацијата за Лондон, преку „Виз Ер“, исто така ќе има летови за Венеција со некои туроператпри за да ги насочиме луѓето да патуваат со авион, бидејќи сега почесто патуваат со автобуси, посочил Кениг. Максан Травел лани во Македонија донела околу 7.000 туристи и организирала 15.000 ноќевања. Македонски железници Транспорт од 15 април 2011 година воведува ИЗМЕНИ ВО ВОЗНИОТ РЕД Македонски железници Транспорт од 15 април 2011 година ќе сообраќа со измени во возниот ред. На релација Скопје – Гевгелија – Скопје воведува нов пар патнички возови, кој ќе тргнува од станицата Скопје во 9 часот и ќе пристигнува во Гевгелија во 11 часот и 39 минути.
Од Гевгелија возот ќе тргнува во 9 часот и 56 минути, а пристигнувањето во Скопје е предвидено за 12 часот и 40 минути. Со новиот пар патничи возови сега
кон Гевгелија ќе сообраќаат три пара возови. Според МЖ Транспорт, меѓународните возови кои сообраќаа на релација Скопје – Солун – Скопје се укинати по еднострана одлука на грчките железници. На релација Скопје - Кочани – Скопје и Скопје – Кичево – Скопје од утре до 15 октомври се укинува по еден пар ноќно/вечерни возови, освен во недела и празнични денови. Во овој временски период кон Кочани ќе сообраќа еден пар возови, а кон Кичево два пара. Во Струмичко посеани околу 5.000 хектари со раноградинарски култури НАЈМНОГУ ПОСЕВИ СЕ ОЧЕКУВА ПОД БОСТАН Во Струмичко досега, кога почнува најголемиот интензитет на пролетната сеидбена кампања, со раноградинарски култури се посеани околу 5.000 хектари, или безмалку една третина од вкупно планираните површини. Овој месец за струмичките земјоделци е најзначаен за запазување на оптималните сеидбени рокови и за искористување на речиси идеалните услови за извршување на сеидбата, со која ќе бидат опфатени над 18.000 хектари. К а к о што се очекува, од вкупните планирани површини, раноградинарските култури ќе бидат застапени на околу 7.800 хектари, при што речиси на една четвртина, односно 1.900 до 2.000 хектари ќе зафаќаат посевите под бостан. Пролетната зелка веќе е посеана на околу 1.300 хектари, раните пиперки исто така на 1.300, доматите на 1.200, краставиците на 1.100, раниот компир на 600 и другите раноградинарски култури на над 300 хектари. Во текот на наредниот месец со пченка ќе бидат посеани 4.000 хектари, со тутун околу 1.700, а за сеидбата на инустриски домати и пиперки преостануваат уште 3.500 до 3.600 хектари. - објавува МИА.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
23
ИНФО-ПУЛ Пролетна сеидба во Гостиварско на шест илјади хектари НАЈЗАСТАПЕНИ ПЧЕНКАТА, ГРАВОТ И ГРАДИНАРСКИТЕ РАСТЕНИЈА Пролетва, со земјоделски култури, во Гостиварско треба да бидат засеани над 6 илјади хектари. Најзастапени и понатаму ќе бидат нивите со пченка, грав и градинарски растенија.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство, информираат дека пролетната сеидба идната недела ќе влезе полн ек. Годинава, во горнополошките ниви со пченка и грав ќе се засеат околу 2.900 хектари. Од предвидените 1.050 хектари, повеќето од половина, земјоделците ги засеале со фуражни кулутури. Од градинарските растенија, традиционално по нивите наскоро ќе се сади кромид на 430, домати на 600 и пипер на 300 хекатри. Поголемиот дел од планираните 740 хектари, веќе се засадени со компир. Комунална хигиена доби 116 жичени контејнери за селектирање на ПЕТ амбалажа, лименки и хартија ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ВРШАТ СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Ракип Дочи промовираа 116 жичени комбинирани контејнери за селектирање на ПЕТ амбалажа, лименки и хартија. Контејнерите се долги 3,2 метри, високи 1,3 метри и широки еден метар, а ќе бидат поставени
во осум скопски општини. Според проектот, по 10 жичени контејнери ќе добијат општините Ѓорче Петров и Карпош, 15 Кисела Вода, 16 Центар, Аеродром 21, Гази Баба и Чаир по 14, Бутел 11, а во Сарај ќе се постават пет контејнери на три локации. - Со поставувањето на овие контејнери на територијата на градот Скопје, ќе им овозможиме на граѓаните да вршат селекција на отпадот и да придонесат за почиста животна средина со намалување на количеството отпад што ќе завршува на депониите, бидејќи дел од селектираниот отпад ќе може да се рециклира, изјавил Коце Трајановски, а го цитира МИА. За новите контејнери Градот потроши три милиони денари, а издвоени се 3,5 милиони денари за набавка на уште 150 жичени контејнери за селективно собирање отпад. За потребите на ЈП „Комунална хигиена“ Град Скопје досега има набавено 130 жичени контејнери за собирање пластика. Анкета на ИСППИ: Граѓаните се свесни за одговорноста кон животната средина ЧЕТРИ ПЕТТИНИ СЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИТЕ-ЗАГАДУВАЧИ Најголем дел од граѓаните, односно над 92 отсто, сметаат дека се одговорни за заштита на животната средина, покажува истражувањето спроведено минатата година на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ). Како што соопштува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), 75 отсто од граѓаните се согласуваат дека треба да се одреди рок за исклучување на патничките возила кои не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови, околу 81 процент се за забрана на работата на фабриките-
загадувачи додека не ги исполнат еколошките стандарди, а над 79 отсто се за подигање на стандардите за градба заради заштеда на енергија. Најголема поддршка, дури 90 проценти од испитаниците даваат на строгите/високите казни за фрлање ѓубре на места кои не се определени за тоа (диви депонии), а над 84 отсто се согласуваат и со задолжителното селектирање на ѓубрето од домаќинствата заради рециклирање. Позитивно е оценета и забраната на употреба на пластичните ќеси и нивна замена со хартиени и платнени, за што се изјасниле 80 отсто од анкетираните.
За плаќањето кауција за амбалажа која ја загадува животната средина се согласуваат околу 60 отсто од испитаниците. Според истражувањето, 76 проценти се согласуваат да се забрани ловот на диви животни, кој влијае на намалувањето на биолошката разновидност, а понекогаш и на истребување одредени видови животни. Во соопштението на МЦМС е наведено дека за најголем дел од мерките граѓаните со повисоко образование кои сметаат дека припаѓаат на повисоките социјални класи даваат повисока согласност. Согласноста со мерките варира во регионите, а во скопскиот регион граѓаните скоро за сите мерки даваат повисока согласност од онаа на национално ниво. Во останатите региони за различни мерки согласноста е различна.
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
СТАТИСТИКА Индекс на прометот во индустријата во февруари 2011 година НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР ПОРАСТ ОД 6,9 ОТСТО, А НА СТРАНСКИТЕ 2,6 ОТСТО Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, изнесува 104.3. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, бележи пораст од 6.9%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 2.6%. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2011 година, во однос на претходниот месец, бележи пораст од 5.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3%. Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2011 година, во однос на јануари 2011 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9%, Капитални производи за 45.2% и Трајни производи за широка потрошувачка за 21.4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.2%. Индексот на прометот во индустријата во февруари 2011 година, во однос на февруари 2010 година, изнесува 134.6, додека во периодот јануари-февруари 2011, во однос на периодот јануари-февруари 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 136.7. Индекс на цените во земјоделството во март 2011 година РАСТИТЕЛНОТО ПРОИЗВОДСТВО СО НАЈВИСОК ПОРАСТ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 16.2%, а кај аутпутот е зголемен за 15.0%. Во март 2011 година, во споредба со март 2010 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 116.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 103.3. Во делот аутпут, во март 2011
година, во споредба со март 2010 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 116.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.3. Цени на земјоделските производи на зелените пазари, на пазарите на големо и на добиточните пазари НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КОМПИРИТЕ, ЛУКОТ И ЗЕЛКАТА Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во март 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, е забележан кај компирите, лукот и зелката. Најголемо намалување на цените е забележано кај оризот и кај морковот. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во март 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, е забележано кај компирите, лукот, зелката, кикириткитезрно и лупените ореви. Најголемо намалување е забележано кај оризот, црвените домати, краставиците, морковот и портокалите
МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА Евростат: Најголем пад во градежништвото регистриран во Шпанија, Словенија и во Бугарија НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ГЕРМАНИЈА, ПОЛСКА И ХОЛАНДИЈА Најголем пад во градежниот сектор во февруари е забележан во Шпанија (за 31,3 отсто), потоа во Словенија (20 проценти) и во Бугарија (13,6 отсто), покажуваат податоците на Евростат. Во 27-те земји-членки на ЕУ показателот за една година се зголемил за 2,9 проценти, а во еврозоната за 3,5 отсто. Градежништвото за една година најмногу се развило во Германија (за 56,3 проценти), во Полска (21,3 отсто) и Холандија (15,4 проценти). На месечно ниво податоците за февруари покажуваат пораст на градежната дејност за 0,7 проценти во ЕУ и намалување од 0,7 отсто во еврозоната. Најголемо зголемување во споредба со јануари има во Велика Британија (8,2 отсто), Португалија (4,3 отсто) и Германија (3,4 отсто), додека најголем месечен пад е регистриран во Словенија (7,9 отсто) и Словачка (3,8 отсто).
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
ИНТЕРВЈУ - Милош Бугарин, претседателот на Стопанската комора на Србија
25
СОСЕДИ: СРБИЈА туку 2011 година ќе ја завршиме со планираната едноцифрена стапка на инфлација.
ЗАГРИЖУВА ШТО ИМАМЕ НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО РЕГИОНОТ
* Кој курс моментално најмногу и одговара на српската економија? Стопанството, а тука мислам на извозниците Србија статистички излезе од рецесија, и на увозниците, очекуваат предвидлив курс. но кризата се уште не е завршена и граѓаните не Не фиксен, туку флуктуирачки, кој се движи +/чувствуваат подобрување на стандардот во својот 5%. Засега, Народната банка на Србија и новиот џеб. Стопанството и понатаму има проблем со гувернер успеваат добро да го избалансираат. неликвидноста, невработеноста е висока и тоа Мене многу повеќе ме загрижува порастот на треба да биде приоритет на реконструираната цените на храната, што може да предизвика Влада, вели во интервју за српскиот весник големи инфлаторни удари. “Новости“ претседателот на Стопанската комора на Србија, Милош Бугарин. * Што треба да направи итно Владата за да не ја завршиме годината со најлоши економски параметри во регионот, на што предупредуваат економистите? Ни во време на најжешката криза немавме најлоши економски показатели во регионот, па верувам дека така нема да биде и сега. Загрижуваат две работи – тоа што имаме највисока инфлација во регионот и тоа што на листата со земји по конкурентност паднавме од 93-то на 96-то место, а целта ни беше да го достигнеме 70-тото место. *Може ли премиерот Цветковиќ со новиот тим да го направи тоа што не можеше да го постигне претходните три години? Се надевам дека новиот кабинет ќе почне наскоро да ги реализира петте приоритети: да ги намали неликвидноста и сивата економија, да ги реши проблемите во секторот за јавни набавки, каде што се губи огромна сума пари поради нетранспарентност, да ја довршат гилотината на прописите и да донесе пакет-мерки за поттикнување на извозот. * Во овој момент колку фирми имаат проблем со неликвидноста? Полесно е да се одговори колку фирми немаат проблем. Владата доцни со исплатата на обврски на буџетските корисници и тоа предизвикува домино-ефект на целото стопанство. Неопходна е промена во Законот за облигациони односи, бидејќи тој сега го штити должничкото лоби. * Верувате ли во изјавите на гувернерот Шошкиќ дека по највисокото ниво на инфлација во април таа стапка ќе почне да паѓа? Очекувам тоа да се случи. Мислам дека нема да се оствари најпесимистичкото сценарио за инфлација од 15% до 16% на крајот од годината,
РАЗВОЈНА БАНКА – МОЖЕБИ ДО КРАЈ НА ГОДИНАВА! * Дали наскоро ќе биде формирана развојна банка, за што Вие веќе долго време се залагате? На тоа инсистираме 2,5 години, но досега не постоеше политичка волја. Стратегијата 2020 предвидува основање развојна банка и се надевам дека до крајот на годинава конечно ќе биде формирана. Таа е неопходна за да ги зголемиме развојот на производство, нивото на конкурентност и финансирањето инфраструктурни проекти. Долгот на Србија достигна 12,7 милијарди евра ВО МАРТ СЕКОЈ ДЕН ПО 333 ИЛЈАДИ ЕВРА НОВ ДОЛГ Само во месец март со секој ден државниот долг на Србија се зголемил за 333.000 евра и сега вкупните задолжувања достигнале 12,69 милијарди евра, пишува весникот „Блиц“. Кога државниот долг на Србија од 12,7 милијарди евра ќе се раздели на бројот на полнолетните државјани, излегува дека секое лице над 18 години, должи по 1.900 евра, посочува „Блиц“. Весникот истакнува дека вкупниот државен долг на Србија во моментот е 39,8 проценти од БДП
26
БИЗНИС ИНФО
СОСЕДИ: СРБИЈА * Владата подготвува низа потези за да ја контролира цената на храната... Се надевам дека по жетвата, пакетот-мерки кои ги најавува Министерството за земјоделство ќе ја стабилизира цената на прехранбените производи. Тука мора да се внимава тие мерки да не бидат репресивни и да не ги кршат правилата на слободниот пазар, бидејќи на долг рок не е во интерес на српската економија.
* Може ли мерките за репрограмирање на кредитот, кои ги најави премиерот, долгорочно да го зголемат стандардот или за тоа се неопходни инвестиции и отворање нови работни места? Тоа е краткорочна мерка која има ефект само во првиот момент, кога граѓаните ќе почувствуваат релаксација и зголемување на стандардот за 30 до 50 евра месечно. Но, доколку за две години не порасне продуктивноста на стопанството, големи проблеми ќе имаат и граѓаните и банките кои давале кредити. Владата треба да се ориентира на долгорочни мерки кои ќе привлекуваат инвестиции и ќе овозможат отворање на нови работни места. * Колку загрижува брзината на задолжување на државата? Јавниот долг во февруари достигна 12,6 милијарди евра, што е за 518 милиони евра повеќе во однос на крајот од 2010 година. Надворешниот долг е 23 милијарди евра. Се уште не влеговме во црвената зона на високозадолжени земји, но многу сме блиску до таа граница. Важно е под кои услови се задолжува таа земја, а клучно е за што се користат средствата. Ако одат за пополнување на буџетскиот дефицит поради јавната потрошувачка и социјални притисоци, тогаш ќе имаме голем проблем. * Мислите ли дека Владата треба да се откаже од продажбата на Телеком Србија? Тоа е една од малобројните компании од јавниот сектор која остварува висока добивка. Владата не треба да прифати каква било понуда
четврток, 21 април 2011
на земјата. Спорд „Блиц“, на пролетните средби на ММФ и Светската банка премиерот Мирко Цветковиќ се договорил за нов четиригодишен кредитен договор во вредност од 800 милиони САД долари. Во Република Србија платите на државните службеници и пензиите ќе се зголемат за 5,5 отсто НАСПРОТИ СТАВОТ НА ММФ, А ЗА ДА СОПРАТ ШТРАЈКОВИТЕ Платите на државните службеници и пензиите од овој месец ќе бидат зголемени за 5,5 проценти. На тој начин се игнорираат предупредувањата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кој бара зачувување на финансиската стабилност на земјата. Во соопштението на српската Влада се наведува дека одлуката за зголемување на платите е донесена согласно законот за буџет и специјалното фискално правило за формирање на платите и пензиите. Белград Ваквото решение на Владата е донесено во момент кога српските власти се соочуваат со протести на неколку категории службеници, како професори, лекари и полицајци, барајќи зголемување на приходите. Наградувањето на трудот во Србија беше замрзнато две години поради условите наложени од ММФ за одобрување кредит од околу три милијарди евра. Шефот на делегацијата на ММФ, Алберт Јегер, предупреди во февруари дека ситуацијата ќе биде тешка и дека дополнителното зголемување на платите „ќе има негативен ефект врз секого“.
која е под минималната пазарна цена од 1,4 милијарди евра. Секако, еднакво е важно парите од Телекомот, како што е ветено, да бидат потрошени на инфраструктурни проекти и поддршка за производството наменето за извоз. * Кои работи би можеле да се реализираат во наредниот период, по посетата на српската делегација во Кувајт? Кувајт планира во наредните пет години за инвестиции да издвои 130 милијарди долари и тука е големата шанса за српското стопанство во многу области, од земјоделство до градежна индустрија. Бизнисмени од Кувајт ќе дојдат во октомври во Србија и тогаш ќе им понудиме конкретни проекти од областа на бањскиот и планинскиот туризам, за што најмногу се заинтересирани.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
27
ЕВРОПСКА УНИЈА Околу еден милион млади во Велика Британија се невработени КРАТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКАТА ПОТРОШУВАЧКА ДОПРВА ЌЕ ПРИТИСКА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД Околу еден милион млади луѓе во Велика Британија се невработени, покажуваат најновите податоци на Бирото за државна статистика. Вкупно 963 илјади луѓе, на возраст меѓу 16 и 24 години, немаат никаква работа, што изнесува над 20 отсто од младата популација во земјата, јавува дописникот на МИА од Лондон. Вкупната невработеност бележи стагнација во текот на март, откако во овој месец бројот на луѓето кои бараат работа е помал за 17 илјади. Во Велика Британија и понатаму 2,48 милиони граѓани се невработени, а невработеноста изнесува 7,8 отсто од бројот на вкупното работоспособно население. Околу 1,4 милиони луѓе побарале социјална помош затоа што се невработени. Според државната статистика, б а р а њ е т о парична помош од државните с о ц и ј а л н и фондови во текот на еден месец е незначително зголемено. Лондон Бројот на невработените е различно распределен низ Велика Британија. Најголема невработеност има во источна и југоисточна Англија, како и во Шкотска и Северна Ирска. Највисок раст на вработеноста во март е забележан во северна и северозападна Англија. Економски и социјални експерти препорачуваат на внимателност при соочувањето со најновите статистички податоци, забележувајќи дека вистинската слика за невработеноста ќе се види подоцна оваа година. Нивните проценки се дека бројот на луѓето без работа забрзано ќе се зголеми откако ќе почне да функционираат острите мерки за кратење на буџетската потрошувачка, што за последица ќе има укинување на голем број работни места во јавниот сектор. Експертите предупредуваат дека британскиот приватен сектор и домашната економија не се способни да обезбедат преку 140 илјади работни места. Економски раст меѓу новите земји членки на ЕУ во 2012 година РОМАНИЈА И БУГАРИЈА СО НАЈВИСОКИ СТАПКИ Романија и Бугарија, кои беа последни погодени од економската криза од сите земји од Европската унија, ќе забележат најголем економски раст меѓу новите членки на ЕУ во 2012 година, се
наведува во објавениот извештај на Светската банка за новите членки на Унијата (ЕУ10). Две и пол години по започнувањето на светската економска криза економската активност во новите земји-членки на Европската унија се враќа паралелно со онaa на старите членки на Унијата. Темпото на економско закрепнување во ЕУ 10 ќе се зголеми во 2011 и 2012 година, но ќе биде различнo во десетте нови членки - Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Литванија, Латвија, Полска, Романија, Словачка и Словенија. - Се очекува Романија да биде лидер во однос на економското закрепнување во 2012 година во споредба со останатите земји од ЕУ10, со економски раст од 4,4 проценти, изјавиla Каталин Пауна, економист во Светската банка и коавторка на извештајот. Светската банка очекува Бугарија во 2012 година да забележи економски раст од 3,4 проценти. Бугарите се задоволни со месечни примања од 257 евра, но... САМО 1 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ЖИВЕАТ ДОБРО Просечни месечни приходи во висина од 257 евра се доволни Бугарите да не се чувствуваат сиромашни, покажуваат податоците од истражувањето на Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија (КНСБ). Само еден процент од бугарските работници сметаат дека живеат добро, 2,5 проценти сметаат дека сегашниот официјален праг на сиромаштијата од 106 евра е реален, додека 96,6 проценти сметаат дека треба да биде значително поголем. Според резултатите од истражувањето, 60 проценти од работниците имаат замрзнати плати, а 70 проценти никогаш немаат примено бонуси или социјални додатоци. Податоците, кои ги изнесоа претседателот на синдикатот Пламен Димитров и директорот на Институтот за социјални и синдикални истражувања Љубен Томев, покажуваат дека 80 проценти од бугарските работници немаат обезбедени можности за обука и квалификации од странските компании.
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ФОКУСИРАНО Европа е загрижена, но и понатаму е поделена околу атомската енергија СТРАВОТ ГО КОНТАМИНИРА НУКЛЕАРНИОТ СЕКТОР Иако поминаа 25 години од катастрофата во украинската електрана „Чернобил“, Европа е поделена околу прашањето за користење на нуклеарната енергија, а кризата во нуклеарката „Фукушима“ во Јапонија поттикнува нов страв кој може да ја успори експанзијата на нуклеарната енергија, се укажува во студијата на француската компанија за истражување на пазарите „Ксерфи глобал“, објавена по земјотресот во Јапонија.
Нуклеарниот сектор заживеа по 2000 година, при што се планираше проширување на нуклеарните капацитети низ Европа, Азија и САД, но таа експанзија „сега се чини е доведена во прашање, иако можеби не сосема спречена“, се укажува во студијата. Кризата во „Фукушима“, по 25 години од траумата која беше предизвикана од катастрофата во Чернобил на 26 април 1986 година, може да има уште попогубен ефект по јавното мислење во Европа, изјави активистот на „Гринпис“ за енергија, Аслихан Тумер: - По „Чернобил“ во нуклеарниот сектор се инсистираше на тоа дека тоа било застарена технологија од советско време и дека Украина не е позната по безбедносна култура. Меѓутоа, кога се случи катастрофата во Јапонија, позната по безбедносна култура, стана јасно дека тоа може да се случи каде било. Германскиот канцелар Ангела Меркел призна дека цената на „ефектот од Фукушима“ е „болно намалување на поддршката“ во Германија, каде што над 60 отсто од населението сакаат нивната земја веднаш да се откаже од нуклеарната енергија. Јавната поддршка за нуклеарната енергија исто така е во пад и во другите членки на Европската унија. Во Британија 35 отсто испитаници ја намалија или слабо ја поддржуваат програмата за замена на постојните британски реактори. Тој показател во ноември минатата година изнесуваше 47 отсто. Во Бугарија јавната поддршка за нуклеарната енергија исто така е во пад, иако мнозинството дава поддршка за изградбата на втората атомска електрана во таа земја, по „Козлодуј“ која е изградена во време на Советскиот Сојуз. Едно неодамнешно истражување покажа дека
дури и во Франција, која 75 отсто од својата електрична енергија го произведува од нуклеарките, над 80 отсто жители сакаат замена на нуклеарната енергија со обновлива енергија. Околу една третина испитаници одговориле дека „се плашат“ од атомски електрани. Наспроти зголемената загриженост во јавноста, членките на ЕУ и понатаму не се согласуваат околу иднината на атомската енергија. За земјите кои ни сега немаат нуклеарки – Данска, Австрија и Португалија – иднината е без атомска енергија. Германија минатата недела соопшти дека настојува да го забрза преминот на производството на струја од други извори, меѓу другото и со експанзија на развојот на секторот за енергија на ветер. Наспроти Германија, Франција и повеќето европски членки се` уште даваат предност на зголемување на нуклеарните капацитети. Повеќето источноевропски земји, наспроти тоа што се поблиску до „Чернобил“ од западните членки, се преокупирани со обезбедување на енергетска независност. - Во Источна Европа од историски причини напорите за прекин на зависноста од единствениот испорачател Русија, се посилни отколку во Западна Европа, изјави директорот на Европското нуклеарно здружение за Романија, Михаела Стипол. - Не можам да замислам да прекинат со работа нуклеарните електрани. Во нашата земја тоа ќе предизвика економски проблеми, кои би биле на работ на економска катастрофа. Со други зборови, ние тоа дефинитивно нема да го направиме, - укажа премиерот на Чешка Петр Нечас. Прага сака да изгради уште два реактора во нуклеарката „Темелин“. Состојбата е слична и во соседна Словачка, каде што во изградба се два нови реактора во електраната „Моховце“. Сепак, членките на ЕУ одлучија да спроведат стрес-тест во своите 143 нуклеарни реактори кои ќе доведат до затворање на тие кои нема да го поминат безбедносниот тест. Експертите веруваат дека истекувањето на радијацијата од „Фукушима“ веројатно ќе доведе до успорување на плановите за изградба на 24 нови реактори во ЕУ. Италија соопшти дека може на две години да ги одложи плановите за изградба на нуклеарки. -Сметаме дека генерално постојните атомски електрани ќе продолжат да функционираат, но дека потешко ќе се одлучува за изградба на нови проекти,заклучува Стиопол.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
29
ФОКУСИРАНО Британската банка ХСБЦ избрана за советник за бугарската нуклеарка „Белане“ ХОНОРАР ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МНОГУ ТЕШКИ ПРАШАЊА Британскиот банкарски гигант ХСБЦ ќе и дава советодавна помош на Бугарија при проценка на економската изводливост на плановите за изградба на нуклеарната централа „Белане“, соопштил бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој изрази надеж дека најдоцна до 1 јуни ХСБЦ ќе одговори на „најитните прашања“ во врска со изградбата на оваа нуклеарка. Бугарскиот министер за енергетика Трајко Трајков информира дека за советодавните услуги ХСБЦ ќе добива фиксен хонорар во висина од два милиони евра, што изнесува 0,95 проценти од вкупниот обем на странски инвестиции за изградбата на „Белане“. Стартот на проектот за изградба на нуклеарката „Белане“, која треба да биде со моќност од 2.000 мегавати, досега доживеа неколку одлагања, а се појавија и спорови околу тоа дали воопшто треба да се продолжи со неговата реализација.
Во 2008 година Бугарија ја ангажираше руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на два нуклеарни реактори со моќност од по 1.000 мегавати, кои според планот требаше да бидат пуштени во работа во 2014 година, но во 2009 од проектот се повлече германскиот гигант РВЕ, кој учествуваше со 49 отсто во инвестициите, со што реализацијата на целиот проект се одложи. Првобитно беше проценето дека изградбата на нуклеарката ќе чини 3,9 милијарди евра. Меѓутоа, руската компанија дополнително информира дека неможе да го реализираат планот за помалку од 6,3 милијарди евра, додека Бугарија одбива да плати повеќе од пет милијарди. Минатата недела „Атомстројекспорт“ и бугарската Национална енергетска компанија (НЕК) се договорија сите работи околу изградбата на „Белане“ да се стопираат за период од три месеци, во кои треба да бидат решени сите спорни прашања околу трошоците и безбедноста на нуклеарната централа. На овој начин ХБСЦ ќе има време до 1 јуни детално да го разгледа проектот, да го пресмета капиталот на проектната компанија, да даде советодавно мислење за можните кредитни линии
и да помогне во подготовка на нацртот на конечниот договор. Според најавите на Трајков, ХБСЦ има и задача да пронајде нов партнер што ќе ја замени германската РВЕ. Европската комисија претстави нов предлог за оданочување на енергетските горива ПОГОЛЕМИ ДАНОЦИ НА НАФТАТА И ЈАГЛЕНОТ ЗАРАДИ ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Европската комисија претстави нов предлог за оданочување на енергетските горива, кој би требало да биде поправеден, а стопанството на Унијата да го насочи кон поштедлив однос кон животната средина. Предлогот во прв план го истакнува влијанието на користените горива врз животната средина, што е еден од приоритетите на стратегијата на Европа 2020. Првата фаза на промени би требало да се случи во 2013 година, по која енергетските извори ќе се оданочуваат според секторите и врз основа на нов образец. Тој ќе се состои од два елементи, еден од нив ќе биде 20 евра за тон емитуван јаглерод диоксид, а вториот ќе се базира на нивната енергетска ефикасност. Дискусијата меѓу земјите-членки е предизвикана особено од новата филозофија на оданочување на погонските материи. Зголемувањето на крајната цена зависи од нафтата, што Комисијата го оправдува со тоа дека горивата треба да се оданочуваат врз основа на тоа колкава количина на јаглерод диоксид се испушта во атмосферата со нивното согорување. Според ЕК нафтата, односно дизел горивото, не би требало да чини помалку од бензинот, како што тоа во моментов е случај во повеќето земји-членки. Исто такво оданочување би требало да се примени и на јагленот, чие претворање во енергија дополнително ја загадува животната средина.
Постепено до 2013 година минималниот данок на нафтата би требало да се зголеми од 0,33 евра на 0,412 евра по литар. Во случајот на бензинот минималниот данок ќе остане на ниво од 0,359 евра по литар, додека кај земниот гас постепено ќе се зголемува од 0,125 евра за килограм на 0,501 евро за килограм. Предлогот на ЕК треба да биде усвоен од Европскиот парламент и земјите-членки во Советот на ЕУ.
30
СВЕТ Визија на премиерот Владимир Путин РУСИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕДНА ОД ПЕТТЕ ВОДЕЧКИ ЕКОНОМИИ Премиерот на Русија Владимир Путин изјави денеска дека Русија до 2020 година може да стане една од петте водечки светски економии и нејзината економија треба да биде доволно силна да се спротистави на надворешни закани. Путин во говор до Државната дума рече дека инфлацијата во 2011 година нема да биде над 6,5 до 7,5 отсто и укажа дека во март веќе е регистрирано опаѓање. Руското Министерство за економија неодамна ја зголеми прогнозата за инфлација во 2011 година на 77,5 отсто, од 6-7 отсто.
Путин наведе дека БДП на Русија во првиот квартал е зголемен на 4,4 отсто и оти во 2011 година е прогнозиран раст од 4,2 отсто. Според Министерството за економија БДП на Русија во 2012 година ќе се зголеми 3,5 отсто, 4,2 отсто во 2013 година и 4,6 во 2014 година. Додаде дека БДП на Русија по жител до 2020 година треба да биде 35.000 долари. „што е повеќе од сегашните такви показатели во државите како Франција и Италија“. Тој рече дека се работи на остварување на таа цел и во следната деценија ќе има зголемување на продуктивноста на трудот за двапати и зголемување на иновативните производи во вкупното производство од сегашните 12 отсто на 25 до 35 отсто. Путин не прецизира со какви надворешни закани Русија може да се соочи, но рече
БИЗНИС ИНФО дека „економската слабост и чувствителност на надворешни шокови се закана за националниот суверенитет“. - Во современиот свет ако сте слаби, дефинитивно ќе дојде некој кој ќе советува во која насока треба да одите, укажа Путин. Смирувачка изјава на министерот за нафта на Саудиска Арабија НА ПАЗАРИТЕ СЕ НУДИ ПРЕМНОГУ НАФТА Испораките на нафта на светскиот пазар се поголеми од побарувачката, изјавил министерот за нафта на Саудиска Арабија, Али Наими, што ги намалува надежите дека членките на ОПЕК наскоро ќе го зголемат производството за да ја намалат цената на енергенсот. Наими во Кувајт рече дека државата во случај на потреба може да ја задоволи побарувачката, но засега на пазарот има поголема испорака. Тој потсети дека Саудиска Арабија во март го намали дневното производство на 8,3 милиони барели од 9,1 барели во февруари поради како што рече, преголема испорака.
Наими смета дека производството веројатно ќе се зголеми во април. Саудиска Арабија има капацитети за експлоатација на 12,5 милиони барели дневно и е најголем светски извозник на нафта. Се смета за неофицијален лидер во 12-члената ОПЕК.
четврток, 21 април 2011
Данскиот ресторан „Нома“ старонов шампион „МАГАЦИНОТ“ НА РЕНЕ РЕЏЕПИ НАЈДОБАР ВО СВЕТОТ! Исто како и во 2010, данскиот ресторан „Нома“ на 32годишниот шеф Рене Реџепи е прогласен за најдобар ресторан во светот од страна на британската ревија „Ресоторан Магазин“. Вториот по ред успех на данскиот шеф Рене Реџепи ја крунисува неговата креативност, вистински амбасадор на нордиската кујна составена од локални сезонски производи: млеко, лангустин, костени, црн леб, домашни киселини... Рестораното „Нома“ се наоѓа во еден реновиран магацин на пристаништето во Копенхаген. Изборот на најдобар ресторан се прави од страна на 800 килинарски критичари и експерти од целиот свет. Шпанија меѓу првите пет од листата на 50 ресторани во светот има два ресторани „Ел Целер де Кан Рока“ и „Мугаритаз“, „Арзак“ е осми. Легендарниот „Ел Були“ на Феран Адриа повеќе не е на листата иако четири пати беше победник. Најголем пробив според комуникето на конкурсот, прави бразилскиот ресторан „Д.О.М.“ на Алекс Аѕтала кој скокна единаесет места и се најде на седмото место. Италијанскиоот ресторан „Остериа Францескана“ и „Фат Дак“ на англичанецот Хестон Блументал, приврзаници на молекуларна кујна се наоѓаат меѓу првите десет. САД со „Алинеа“ на 6 и „Пер Се“ на 10-то место, додека Франција меѓу првите дест има само еден ресторан „Ле Шатобријан“ на Инаки Аизптарте на 9-то место. Франција има осум ресторани меѓу најдобрите 50 во светот. Како по обичај ова рангирање ќе биде оспорувано од незадоволните како не многу строго и дека тоа ја одразува модата во светската кујна, што е случај секогаш кога се објавува оваа ранг листа на 50 најдобри ресторани во светот.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
31
ДОСИЕ: ММФ ММФ ги повикува политичарите да се позанимаваат со корените на економската криза НАМАЛУВАЊЕ НА ПРЕЗАДОЛЖЕНОСТА И СРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИИТЕ И НЕДВИЖНОСТИТЕ
Доминик Строс-Кан, првиот човек на ММФ, пред економските експерти во Вашингтон ВРАБОТУВАЊЕТО И ЕДНАКВОСТА - ТЕМЕЛИ НА ЕКОНОМСКОТО ЗАЗДРАВУВАЊЕ
Глобалниот финансиски систем и натаму останува чувствителен на шоковите, па затоа политичарите треба сериозно да се позанимаваат со причините за неодамнешната светска економска криза, се оценува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) посветен на финансиската стабилност во светот. - Политичарите треба да воспостават вистинска рамнотежа и да го префрлат тежиштето од политиката што се занимиава со симптомите на кризата, кон мерките што ќе работат на отстранување на нејзините причинители, се препорачува во документот на Фондот.
Економското заздравување е видливо, но тоа се уште не придонесува за создавање нови работни места со што голем број луѓе во многу земји се соочуваат со социјална криза, којa не е ништо помалку сериозна од финансиската, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан во обраќање на собир на економски експерти во Вашингтон. Строс-Кан потенцира дека глобалната економска криза без работа остави околу 30 милиони луѓе ширум светот, со што во моментот невработени се над 200 милиони луѓе на Земјата, од кои најголемиот дел се млади лица. Доминик Строс-Кан
Според Фондот, за таа цел потребно е владите да се насочат кон намалување на презадолженоста на земјите и кон средување на финансискиот и на секторот на недвижности, но во исто време треба да се води сметка и да не дојде до „прегрејување“ на економијата. Фондот проценува дека ризикот по глобалната финансиска стабилност во последните шест месеци е намален, но дека во многу развиени земји билансите и натаму се под притисок. Структурната слабост и чувствителност на еврозоната претставува значаен ризик за билансите на банките со што кредитниот ризик останува висок, а приливот на капитал во економиите во развој би можел да ги надмине нивните капацитети. Голем број развиени земји се борат со наследството на големите долгови и нивните државни биланси се под притисок, па недовршените политички акции и реформи оставија сегменти на глобалниот банкарски систем незаштитени од натамошни шокови. Наспроти подобрувањата некои банки останаа недоволно капитализирани и се ранливи на поголеми финансиски трошоци, проценува ММФ. Според Фондот, главни предизвици што стојат пред политичарите за трансформирање на сегашната обнова во трајна се намалување на презадолженоста и зајакнување на финансиските системи со зголемување на финансиската дисциплина во развиените земји и следење на ризиците од „прегрејување“ и создавање финансиска нерамнотежа во државите со забрзан економски развој. За развиените земји тоа ќе значи поместување на рамнотежата од потпирање на макроекономијата и поддршката на ликвидноста кон структурална финансиска политика, додека економиите со забрзан развој треба повеќе да се потпираат на макроекономските мерки, а во некои случаи од полза би можеле да бидат и мерките за контрола на капиталот, сметаат експертите на ММФ.
- Како што во 80-те години успеавме да ја скротиме инфлацијата, во оваа деценија би требало сериозно да се зафатиме со општата невработеност, изјавил Строс-Кан, додавајќи дека за таа цел потребно е да се изврши реформа на финансискиот сектор, со што банките повторно ќе се стават во служба на реалната економија со одобрување на кредити за малите и средните претпријатија кои треба да бидат клучните двигатели на зголемувањето на бројот на работни места и на економскиот раст. Според првиот човек на ММФ, строгите фискални политики на краток рок можат да го попречат економскиот раст, со што долгорочно ќе се зголеми невработеноста и цикличниот проблем ќе се претвори во структурален. Суштината е во тоа сите даночни промени да се спроведуваат со внимателно следење на нивните потенцијални влијанија врз економскиот раст, нагласил Строс-Кан. Тој потенцирал дека втора карактеристика на актуелната светска социјална криза и на нееднаквоста, што одредени земји ги прави поподложни на финансиски кризи, особено доколку имаат гломазна финансиска структура. - Нееднаквоста подеднакво ги погодува и развиените земји и државите во развој. Потребна ни е политика на намалување на оваа нееднаквост и обезбедување поправедна дистрибуција на можностите и ресурсите,
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
ДОСИЕ: ММФ нагласил Строс-Кан, додавајќи дека истражувањата на ММФ покажале оти одржливиот развој со текот на времето го следи и поправедна дистрибуција на приходите. Тој потенцира дека нееднаквоста која ја диктира пазарната сфера може да се намали со изградба на силен систем на социјална сигурност во комбинација со прогресивно оданочување. - За намалување на нееднаквоста од клучна важност се и инвестициите во здравствената заштита и образованието. Социјалното партнерство е добра рамка бидејќи овозможува правична распределба и на придобивките од економскиот раст, но и на проблемите од прилагодувањето, изјавил првиот човек на ММФ. - Вработувањето и еднаквоста се темел на економската стабилност и просперитет, а со тоа и на политичката стабилност и мирот, па затоа тие се на врвот на агендата на институциите каков што е ММФ, истакнал Строс-Кан во обраќањето пред економските експерти во Вашингтон.
ММФ: Нема да има „двојна рецесија“ ПАЗАРНИ ПОЛИТИКИ, НО И ДРЖАВНА РЕГУЛАТИВА! Растот на цените на нафтата предизвика загриженост, но не се очекува дека тоа ќе го исфрли од колосек глобалното економско јакнење. Јакнењето на глобалната економија по „големата рецесија“ која завршува, добива на сила, иако не е изедначено. Поспоро оди опоравувањето во развиените економии, а значително подинамично е во „економиите во брз развој“ и генерално во земјите во развој.
Најновиот извештај на ММФ штотуку објавен во Вашингтон не ги менува многу прогнозите посочени во јануари оваа година, но сепак малку категорично ја отфрла можноста за појава на „дупла рецесија“ – по релативното јакнење повторно да се влезе во криза. Основите за тоа се и во наодите дека во развиените економии падот на побарувачката на јавниот сектор, истакнувањето на тамошните програми на економските стимуланси, се заменува со растот на побарувачката на приватниот сектор, со што работите се враќаат во нормала. Како и претходните прогнози и со оваа се констатира дека економскиот раст во развиените земји ќе биде многу поскромен, околу 2,5 отсто, од растот во економиите во брз развој, како што се Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка... Тие денес се во улога на „економска локомитива“: нивниот раст во просек ќе биде околу 6,5 отсто. Тоа што предизвикува загриженост е зголемениот раст на цените на суровините и храната од очекуваниот раст. До тоа дојде поради растот на побарувачката, а и поради пореметувањето во производството. Конкретно, се работи пред се за непланиран раст на цените на нафтата поради политички (и воени) прилики на Блискиот исток и во северна Африка, но ММФ не очекува дека тоа може да биде иницијална каписла за голема глобална инфлација, ниту тоа да го исфрли од колосек глобалното екокомско зајакнување. Една од причините за тој оптимизам е фактот дека нафтениот удел во енергетските биланси на развиените економии константно се намалува.
Сепак, се потенцира дека постојат ризици од поголеми пореметувања. Анализирајќи го ова нерамномерно зајакнување, ММФ во извештајот од 242 страни укажува на високата невработеност во развиените земји, која пред се е последица на скромниот раст, поради кое уште некое време ќе постојат проблеми и од политичките последици. Се укажува и на проблемите на периферијата на Европската унија. Не се спомнуваат земји поединечно, но од „каталогот“ на тие неволји каде се потенцираат нискиот раст, фискалната нерамнотежа и финансиските притисоци, јасно е дека се работи за „пациенти“ од евро зоната, меѓу кои овие денови во фокусот е Португалија. Инаку, во Вашингтон на крајот од минатата недела се состанаа министрите за финансии од Г-20, форум на најголемите светски економии, а на дневен ред беше дефинирање на нов пакет критериуми врз чиј основ би се одредувало кога некоја земја влегува во „црвената зона“ и почнува да води политика која може да ги загрози и другите, па и глобалниот економски систем. Тоа би бил некој нов систем за „глобално економско предупредување“. Вакво нешто форсира САД за да ја натераат Кина својата валута да ја препушти на пазарната, наместо на државната регулатива, поаѓајќи од тоа дека на ваков начин пореалната вредност на јуанот ќе донесе и поголема рамнотежа на глобалните економски текови. Но, покрај тоа, ако не се постигне овој договор, ММФ освен улогата на „светски финансиски полицаец“, ќе стане и „финансиски с о о б р а ќ а е ц“, препуштајќи ги или спречувајќи ги тие национални фискални политики и модели на раст, кои ја погодуваат или се закануваат на глобалната хармонија. Внимание привлекоа и ставовите на директорот на ММФ Доминик Штрос-Кан, кој е во четвртата од петте години на својот мандат, а се посочува како можен ривал на Никола Саркози на претстојните претседателски избори во Франција. Штрос-Кан промовира фундаментален пресврт во економската филозофија која ММФ ја застапуваше од своето основање: наместо силата на пазарите како единствен економски арбитер, тоа сега треба да биде комбинација на пазари и државни регулативи. - Тежата од пазарите премина кон државата, порача Строс-Кан во минатонеделното предавање на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“. - Глобализацијата ни донесе многу добри работи, но таа има и своја темна страна – зголемување на јазот меѓу богатите и сиромашните. Очигледно ни треба нов вид на глобализација, вели Кан, за да се спречи „невидливата рака“ со лабаво регулирани пазари да стане „невидлива тупаница“. Накусо, директорот на ММФ се залага за зголемени државни регулативи на пазарите, глобална политика која би донела поправедна дистрибуција на приходите и поголема улога на централните банки во спречување на финансиски „балони“. Интересен пресврт, без секаков сомнеж. (Политика – Белград)
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
33
ДОСИЕ: ММФ Игри околу престолот на најмоќната финансиска институција во светот: Гордон Браун еден од „силните кандидати“ за нов директор на ММФ АМА ДЕЈВИД КАМЕРОН Е ПРОТИВ! Поранешниот британски премиер Гордон Браун, кој десет години беше министер за финансии, е еден од „силните кандидати“ за иден директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Браун веќе има направено серија средби со министри за финансии на земјите низ светот, како и со генералниот директори на влијателни светски банки, а на неколку пати се има појавено и на американските телевизиски станици каде зборува за финансиските состојби во светот, јавува дописникот на МИА од Лондон.
Парламент, каде остана да биде пратеник, но затоа често патува по светот. Формалното кандидирање на Браун за иден директор на ММФ зависи и од подготвеноста на британската Влада, а посебно на сегашниот министер за финансии Џорџ Озборн, да го поддржи поранешниот премиер. Озборн важи за најостар критичар на Браун како министер и премиер, обвинувајќи го дека е виновен за сегашната економска состојба во Велика Британија и за огромниот буџетски дефицит од 150 милијарди фунти. Но, од кога почнаа да се шират гласините, Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави јасно и гласно дека е против кандидатурата на Гордон Браун за нов генерален директор на ММФ.
Дејвид Камерон Гордон Браун Претставник на поранешниот премиер не ги коментираше пишувањата на лондонските медиуми, но близок соработник на Браун, чиј идентитет не се открива, рекол дека „тој е кандидат“ за престижната функција во меѓународните економско-финански односи. Објавувањето на кандидатурата на Браун ќе зависи од решението на сегашниот директор Доминик Строс-Кан, чиј мандат истекува во јуни 2012 година, дали ќе се кандидира на француските претседателски избори следната година како претставник на тамошните социјалисти. Гордон Браун неодамна беше во САД и учествуваше во работата на форумот на највлијателните економисти во светот, што се оддржа во Бретон Вудс, каде по завршувањето на Втората светска војна се оддржа меѓународната финанско-монетарна конференција на која се поставени основите на сегашниот монетарен систем во светот и формирани се Светска банка и ММФ. Поранешнот премиер, по поразот на минатогодишните избори и оставката на лидерската функција во Лабуристичката партија, ретко се појавува во британската јавност, како и во британскиот
Во интервју за радио Би-Би-Си, тој рече „некој кој не мисли дека Велика Британија има проблеми со внатрешниот долг“ можеби и не е најдоброто решение да раководи со една глобална институција каква што е ММФ. Велика Британија, како и другите големи светски економии имаат право на вето при именувањето на генерален директор во ММФ. Според британскиот премиер, Строс-Кан добро ја обавува својата функција и смета дека по него треба да се избере некој кој е „исклучително компетентен“ за таа работа. - Ако некој (Браун) кој не мисли дека нашата земја има сериозни проблеми со долгот, тогаш тој не е најдобрата личност за да им кажува на другите земји за нивните долгови и за нивниот дефицит“, изјави британскиот премиер за Би-Би-Си. Камерон сугерира да се измени досегашната пракса, генералниот директор на ММФ да биде биран од кандидати од некоја од европските земји, како Германија, Велика Британија или Франција, па предлага на таа функција да се постави човек од Кина или Индија.
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 21 април 2011
ТРЕНДОВИ, ПРОГНОЗИ, ДВИЖЕЊА Побарувачката на челик во светот продолжува да расте РЕКОРДНО НИВО ВО 2012 ГОДИНА Побарувачката на челик во светот наредната година би требало да порасне на рекордни 1,44 милијарди тони, соопшти Светското здружение за челик, кое тој раст го објаснува со оживување на глобалната економија. Растот на побарувачката, според нив, би бил поголем, доколку Кина која е најголем потрошувач на челик во светот, не воведеше мерки за штедење.
Неповолната ситуација во градежништвото во Јужна Европа ќе потрае уште неколку годни, укажуваат експертите. Меѓутоа, Здружението за челик предвидува висок раст на побарувачката оваа година во САД, дури за 13 отсто, што според нивно мислење е резултат на вториот круг на квантитативни олеснувања. Светската прогноза, меѓутоа, не ги зема предвид последиците на мартовскиот разорен земјотрес во Јапонија на секторот за челик. Светското здружение за челик сепак проценува, дека иако од една страна особено во автомобилската индустрија се очекува одреден пад на побарувачката, а од друга на страна Јапонија ќе и` биде потребна голема количина на челик за обнова на земјата. ОПЕК со анализа за поголема потрошувачка на нафта во оваа година ПОВЕЌЕ ЗА 1,39 МИЛИОНИ БАРЕЛИ НА ДЕН
Кон очекуваниот рекорд во голема мерка придонесуваат економиите во развој. Додека кај нив побарувачката значително ќе го надмине нивото од пред кризата, потрошувачката на челик во економски развиените земји и понатаму ќе заостанува зад рекордно ниво од 2007-2008 година. Побарувачката во Кина која, покрај тоа што е најголем потрошувач е и најголем произведувач, во наредните две години ќе расте за приближно пет отсто на 605 милиони тони оваа и 635 милиони тони во 2012 година, укажуваат од Здружението за челик. Кина, меѓутоа, ќе ја надмине Индија каде што оваа година се очекува раст на побарувачката на челик за 13,3 отсто, а наредната 14,3 отсто. Економиите во развој во 2012 година на побарувачката на челик би требало да имаат удел од 72 отсто, додека во 2007 година тоа би било околу 61 процент. Од друга страна, побарувачката во Европската унија оваа година поради кризата во градежниот сектор би требало да порасне за 4,9, а во 2012 година да се намали за 3,7 отсто.
ОПЕК ја зголеми проценката за светската побарувачка за нафта во оваа година и прогноза за сопственото производство. Светската потрошувачка на нафта оваа година ќе се зголеми за 1,39 милиони барели на ден или за 1,61 отсто на 87,94 милиони барели, се вели во априлскиот извештај на ОПЕК. Картелот претходно очекуваше раст на побарувачката од
87,74 милиони барели дневно. Организацијата оценува дека 12-те членки оваа година ќе мора да произведат во просек по 29,9 милиони барели дневно за да се подмири зголемената побарувачка што е за 100.000 барели повеќе отколку во мартовската прогноза. Производството вон ОПЕК ќе се зголеми за 600.000 барели на ден во оваа година, на 52,8 милиони барели.
Меѓународната агенција за енергија ИЕА, претходно ја остави непроменета прогнозата за потрошувачка на нафта за оваа година на ниво од 98,4 милиони барели дневно што е за 1,6 отсто повеќе отколку во 2010 година и покрај тоа што цената од 100 долари за барел почнува негативно да влијае врз светската економија. Следниот состанок на ОПЕК ќе се одржи на 8 јуни во Виена. ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ДОСТИГНА НОВ ИСТОРИСКИ РЕКОРД Цената на златото се зголеми на околу 1.500 долари за фина унца, откако агенцијата „Стандард енд Пурс“ објави дека САД би можеле во следните три години да го загубат најголемиот инвестициски рејтинг ААА и истовремено ја намали долгорочната прогноза на кредитната способност на американската економија од„стабилна“ на „негативна“.
По објавувањето на извештајот на „Стандард енд Пурс“ цената на златото достигна историски максимум од 1.497,20 долари за фина унца, со тоа што денoвиве се продаваше за 1.494,85 долари, додека предтоа чинеше 1.495,08 долари. Цената на златото за испорака за три месеци се зголеми во Њујорк за 2,60 долари на 1.495,50 долари за унца. - Се укажува на натамошен раст на цената: стравувањата поради европската валута, инфлацијата, американскиот долг, високата побарувачка во Кина и ќе биде чудно доколку цените не достигнат 1.500 долари за унца, а ќе биде и изненадувачки, доколку се издигнат над тоа ниво, - изјавил аналитичарот од „Митсуи Прешс Металс“, Девид Џоли.
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
35
НОВИ ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ Во Холандија произведен електричен „супер автобус“ ПРЕВОЗ СО 250 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Во Холандија произведен е првиот електричен „супер автобус“, кој може да прими 23 патници и да развие максимална брзина од 250 километри на час. Возилото е дело на Вуба Окелс, првиот холандски астронаут и професор за одржливо воздухопловно инженерство и технологија.
Автобусопт повеќе наликува на поголем автомобил, а неговото производство чини 13 милиони евра. Окелс планира да го промовира електричниот автобус на саемот во Дубаи, што се одржува во мај. Револуционерна мобилна телефонија УПРАВУВАЊЕ СО МИСЛИТЕ На денешниот модерен човек, во пренатрупаниот дневен распоред, се чини, и барањето броеви на мобилниот телефон му одзема премногу време, па американските научници пронајдоа решение, а тоа е мобилен телефон што е можно да се управува со мислите. За да ја користат оваа технологија, корисниците мораат да носат специјално дизајнирана лента за глава, поврзана со блутут апаратот, што по безжичен пат испраќа команди до мобилниот телефон Нокиа N73. Оваа технологијата работи на тој начин што ги детектира сигналите што доаѓаат од мозокот. Експертите веруваат дека сите можат да ја совладаат оваа технологија по едноставната обука. Тие се надеваат дека ова откритие ќе доведе до развој на посигурните мобилни телефони, но и едноставни за стари лица и лица со инвалидитет, што во поголема мерка ќе им помогне на професионалците кои се
занимават со посложени работи. Според пишувањето на „Хафингтон пост“, научникот Ѕу-Пинг Јунг од универзитетот во Калифорнија, кој ја разви оваа технологија, вели дека апаратот се темели на електроди на ел ектроенцефалограм(ЕЕГ), поставени на главата, а кои „препознаваат што мозокот сака да каже“. Се верува дека по едноставната обука технологијата може да има 100 отсто прецизност. Корисниците носат ЕЕГ лента, што детектира сигнали на мозокот, потоа блутут апаратот ја пренесува инструкцијата до мобилниот телефон. Во текот на експериментот, на корисниците при различни брзини на екранот им се покажувани бројки од нула до девет, а електродите успеале да го детектираат истото. Првите експерименти биле со прецизност меѓу 70 и 85 отсто при бирање телефонски број од десет бројки. Компјутерите со кои се управува со умот постојат веќе извесно време, а ова е прв пат оваа технологија да се користи во комбинација со мобилните телефони. „Нокиа“ ПРЕТСТАВЕНИ ДВА НОВИ СМАРТ ТЕЛЕФОНИ Финската компанија „Нокиа“ претстави денеска два нови модели на смарт телефони „нокиа Е6“ за деловни лица и „нокиа Икс-7“, кој е наменет за забава, а особено за љубителите на игри. Двата телефони ја користат најновата верзија на оперативниот систем „Симбиан“ со нови икони и унапредени можности за користење на внесување на текст, пребарувачот е побрз, а иновирана е и апликацијата „Ови мапс“. Новата „нокиа Е6“ е елегантен деловен смарт телефон со цела кверти тастатура и екран со висока резолуција, кој е чувствителен на допир. Изработен е од стакло и некородирачки ч е л и к , компактен и едноставен за користење со една или две раце. „Нокиа Е6“ нуди извонредна издржливост на батеријата и има одличен пристап до програмите „Мајкрософт Ексчејнџ“, „Мајкрософт Комјуникејшн Мобајл“ и „Мајкрософт ШерПоинт“. „Нокиа Икс-7“ е смарт телефон наменет за забава, има голем екран со дијагонала од четири инчи, кој е идеален за играње на игри и камера со резолуција од осум мегапиксели, која овозможува ХД квалитет на снимките. Моделот се испорачува со веќе популарните ХД игри „Галакси он фајр“ и „Асфалт 5“.
„Дејлибрн“ претстави нова апликација за „Ај Фон“ СО ПОМОШ НА СЛИКИ ПРЕСМЕТКА НА КАЛОРИИТЕ ВО ХРАНАТА Најновата апликација за „Ај Фон“ им овозможува на сите корисници кои се грижат колку калории содржи едно парче пица, чоколадно колаче или порција пржени компирчиња, тоа и да го дознаат. Се што е потребно корисникот да направи е со помош на мобилниот телефон да го фотографира оброкот кој сака да го изеде и апликацијата сама автоматски ќе го пресмета количеството на калории. Апликацијата „Милснеп“ (MealSnap) е создадена од Интернет страницата за социјално вмрежување „Дејлибрн“ (DailyBurn) кој се занимава со фитнес. „Дејлибрн“ има развиено уште неколку „Ај Фон“ апликации за фитнес и диети. Во рок од само неколку минути по фотографирањето во базата на податоци, која содржи повеќе од 500.000 видови на храна, се врши идентификација на оброкот по што корисникот добива предупредување за бројот на калории, како и количеството на протеини, маснотии, јаглехидрати, витамини и сите останати состојки кои се содржани во оброкот, истакнува „Дејлибрн“. До крајот на летото нов производ од „Сони“ НА ПАЗАРОТ СО СОПСТВЕН ТАБЛЕТ УРЕД
Јапонската електронска компанија „Сони“ соопшти дека до крајот на летото на пазарот ќе го пласира нејзиниот мини пренослив таблет уред, што ќе работи под оперативниот систем „Андроид 3.0“. Засега нема никакви технички податоци за овој таблет на „Сони“, но се претпоставува дека тој би можел да содржи „Тегра 2“ процесор на „Нвидија“ и екран чувствителен на допир со големина од 9,4 инчи и резолуција од 1.280 на 800 пиксели. Се очекува овој таблет уред да има и функции со што ќе се овозможи негово поврзување на играчката конзола „Плеј Стејшн 3“, како што тоа го стори „Мајкрософт“ со неговите конзола „Икс Бокс 360“ и мобилниот телефон ВП7. Најавениот уред ќе биде прв таблет произведен во погоните на „Сони“ што ќе се појави на пазарот.
БИЗНИС ИНФО
36
четврток, 21 април 2011
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на проектот
MK-Скопје: Опрема за телевизиска проекција
Назив на Проектот
AL-Тирана: ИПА - надзор над изградбата на центар за сместување и тренинг на полицискиот едукативен центар (фаза III) надополнување
Референца
ECZ64424-земји кандидати
Финансиска референца
2011/S 72-118635
Референца
EuropeAid/131096/C/SER/AL
Вид на набавка
Испораки
Финансиска референца
Финансиер
Европска комисија
Вид на набавка
Услуги
Земја
Македонија
Финансиер
Европска комисија
Објавено на
13.4.2011 година
Земја
Албанија
Краен рок за апликација
3.6. 2011 година
Објавено на
01.4.2011 година
Сектори
Телекомуникации
Краен рок за апликација
13.5. 2011 година
Опис на Проектот
TV master control
Сектори
Градежништво-инженеринг
Опис на проектот
IPA - надзор на изградбата на тренинг центар на полицискиот едукативен центар
Контакт ЈП Македонска радиотелевизија Бул. Гоце Делчев бб Контакт: Лазе Новески 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 25511786 +389 25511786 E-mail: tenderi@mrt.com.mk Fax +389 23221104 Internet address(es) www.mrt.com.mk
Контакт Delega�on of the European Union to Albania, ABA Business Centre, Floor 17, Rruga Papa Gjon Pali II, Tirana, ALBANIA, For the a�en�on of: Mr Philippe Adriaens — Contracts, Finance and Audit Sec�on. Tel. +355 42228320.
Назив на Проектот
Проект за менаџмент со земјишна администрација
Назив на Проектот
Креирање одржлив бизнис за економија на знаење
Референца
WB1783-797/11
Референца
WB1779-797/11
Финансиска референца
Loan No.: LN 7647-ME, Project Id: P106906
Финансиска референца
Project Id: P123827
Вид на набавка
Изведбени работи
Вид на набавка
Услуги
Финансиер
Светска банка
Финансиер
Светска банка
Земја
Црна Гора
Земја
Armenia, Azerbaijan, Belarus, Georgia, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Moldova, Tajikistan, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan
Објавено на
14.4.2011 година
Краен рок за апликација
27.5. 2011 година
Објавено на
13.4.2011 година
Сектори
Градежништво-инженеринг
Краен рок за апликација
13.5. 2011 година
Опис на Проектот
Изградба на администартивен објект на Катастарот во Подгорица
Сектори
Информатичка технологија Економски развој Образование
Опис на Проектот
Организација, домаќин на иницијативата за градење на капацитет во ИКТ политика за Источна Европа и Централна Азија
Контакт Contact: InfoDev. A�n: Siddhartha Raja. E-mail: sraja2@worldbank.org, copy: info@infodev.org. Web: www.infodev.org, www.ictregulatorytraining.wikispaces.org, h�p://www.infodev. org/en/Project.121.html (Broadband Compe��veness Program)
Назив на Проектот
Проект за урбана инфраструктура
Референца
WB1749-797/11
Финансиска референца
Loan No. 4869-UA; Project Id: P095337
Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
Светска банка
Земја
Украина
Објавено на
13.4. 2011 година
Краен рок за апликација
20.5. 2011 година
Сектори
Градежништво-инженеринг Урбан развој
Опис на Проектот
Завршување на длабински тунел колектор, секција од MH NO.1 до MH NO.2
Контакт Communal Enterprise “Agency for Development Programs of Odessa”. Odessa City Council. A�n. Mr. Sergey Artemenko, Head of Regional Project Management Unit. Polskaya Street, 17. Odessa, 65014, Ukraine. Tel.: +380 482 42 80 51/52.. Fax: +380 482 42 80 55. E-mail: sergey.artemenko@gmail.com.
Контакт Катастар. ул Краља Николе 27/V. 81000 Подгорица, Црна Гора. Tel: +382 20 444 010 . Fax: +382 20 634 201, +382 20 634 208. E-mail: mirjana.ljumovic@uzn.gov.me, mirjanalj@gmail.com
Назив на Проектот
MK-Скопје: опрема за чување на медиуми
Референца
ECZ64451-земји кандидати
Финансиска референца
2011/S 73-120289
Вид на набавка
Испорака
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
14.4.2011 година
Краен рок за апликација
6.0. 2011 година
Сектори
Информатичка технологија телекомуникации
Опис на Проектот
LOT 1. Produc�on system for recording, video edi�ng, arrangement, export and program broadcast LOT 2. Permanent archives for data storage audio-visual material
Контакт ЈП Македонска радиотелевизија Бул Гоце Делчев бб Контакт-Лазе Новески 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 25511786 +389 25511786 E-mail: tenderi@mrt.com.mk Fax +389 23221104 Internet address(es) www.mrt.com.mk
Назив на Проектот
RS-Белград: Изградба на автопат
Референца
EIBZ64462
Финансиска референца
2011/S 74-120299
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
37
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Вид на набавка
Изведбени работи
Земја
Македонија
Финансиер
ЕИБ
Објавено на
16.4.2011 година
Земја
Србија
Краен рок за апликација
15.6. 2011 година
Објавено на
15.4.2011 година
Сектори
Краен рок за апликација
14.6. 2011 година
Информатичка технологија Односи со јавноста Јавна администрација
Сектори
Градежништво-инженеринг
Опис на Проектот
Опис на Проектот
LOT 1. Изградба на автопат E80, пат и мостови на секцијатаПросек-Банчарево околу 9.4 km, LOT 2. Изградба на автопат E80, пат и мостови на секцијата Банчарево-Црвена Река од 13.1 km LOT 3. Изградба на автопат E80, Тунел Банчарево од 750m,
Стратегија за развој на пазарот на електронски комуникации преку Агенцијата за електронски комуникации
Контакт Коридори Србије ДОО, Белград, A�n: Mr. Ненад Иванишевиќ., ул. Краља Петра 21, спрат II, соба 228, 11000 Белград, Србија. Tel: +381 113344174. Fax: +381 113248682. E-mail: n.ivanisevic@koridor10.rs, Web site: www.koridor10.rs.
Контакт Агенција за електронски комуникации Ул Димитрие Чуповски 13 За :Виолета Попацева 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23280212 E-mail: violeta.popaceva@aec.mk Fax +389 23224611 Internet address(es) h�p://aec.mk
Назив на Проектот
AL-Тирана: ИПА-проектирање и тендерски документи за системот за прочистување во Velipoja — фаза III
Референца
EuropeAid/131274/C/SER/AL
Назив на Проектот
RS-Приштина: Испорака на лиценци за софтвер надополнување
Референца
EuropeAid/130172/D/SUP/XK
Финансиска референца
Contract No CFSP/2010/46/EULEX Kosovo — Bout de Marnhac
Вид на набавка
Услуга
Вид на набавка
Испорака
Финансиер
Европска комисија
Финансиер
Европска комисија
Земја
Албанија
Земја
Косово
Објавено на
16.4.2011 година
Објавено на
15.4.2011 година
Краен рок за апликација
отворен
Краен рок за апликација
16 .6. 2011 година
Сектори
Земјоделство - рурано Градежништво Животна средина Урбан развој
Сектори
Информатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware
Опис на Проектот
ИПА-проектирање и тендерски документи за системот за прочистување во Velipoja — фаза III I
Опис на Проектот
LOT 1. addi�onal quan��es for exis�ng licences/add-ons for exis�ng licences. LOT 2. new specialised licences. LOT 3. job-specific so�ware I. LOT 4. job-specific so�ware II. LOT 5. renewal of so�ware assurance for exis�ng Microso� licences for 12 months
Финансиска референца
Контакт European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary countries, Tirana, ALBANIA
Контакт The Head of EULEX Kosovo, Pris�na, KOSOVO Назив на Проектот
Проект на регионални и локални патишта
Назив на Проектот
MK-Скопје: Градежни работи на катна гаража
Референца
WBZ64552-d
Референца
ECZ64541-земји кандидати
Финансиска референца
Финансиска референца
2011/S 75-123459
Вид на набавка
Изведбени работи
Вид на набавка
Изведбени работи
Финансиер
Светска банка
Финансиер
Европска комисија
Земја
Албанија
Земја
Македонија
Објавено на
17.4.2011 година
Објавено на
16.4.2011 година
Краен рок за апликација
26.5. 2011 година
Краен рок за апликација
3.6. 2011 година
Сектори
Градежништво-инженеринг
Сектори
Градежништво-инженеринг
Опис на Проектот
Изградба на катна гаража Голем Ринг - Скопје
Опис на Проектот
Реконструкција на патот Llongo to Koshovice, Gjirokastra Region (5,3 km). рок на изградба 10 месеци. Реконструкција на патот од Hotolisht to Frar, Elbasan Region (6,2 km). рок на изградба 12месеци.
Контакт ЈПССДПМ Ул Орце Николов 138 контакт:Александра Пецова 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 72241151 E-mail: aleksandra.pecova@jpssdp.gov.mk, jnabavki@jpssdp.gov.mk Fax +389 23111195 Internet address(es) www.jpssdp.gov.mk
Назив на Проектот
MK-Скопје: Општествени и лични услуги
Референца
ECZ64542-земји кандидати
Финансиска референца
2011/S 75-123458
Вид на набавка
услуги
Финансиер
Европска комисија
Контакт Valen�na Kazanxhi Chief Procurement Unit Albanian Development Fund Rr. “Sami Frasheri”, Nr.10, Tirana, Albania Telephone: 00355 4 2234885 Fax: 00355 4 2234885
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 и 21 јуни 2011 година при официјалната посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија АВСТРИСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО ВИЕНА Во рамките на најавената официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија, на 20 и 21 јуни 2011 година, планирано е одржување на Австриско-македонски бизнис- форум, во Виена, доколку за истиот постои интерес од страна на македонските компании. Бизнис-форумот претставува можност за продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу македонски и австриски компании. За успешна реализација на настанот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со австриски компании најдоцна до 13.4.2011 година, преку пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија www.mchamber.mk, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Врз основа на наведениот интерес на македонските компании, ќе бидат идентификувани посочените сектори и соодветно на тоа ќе се обезбеди учество на австриски компании. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Еднодневен семинар “НОВИОТ ЗАКОН ЗА ХЕМИКАЛИИ И ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА REACH” 27 април 2011 година (среда), од 9:00-16:00 часот Сала 4 на V кат, Стопанска комора на Македонија Новиот Закон за хемикалии кој ги транспонира европските регулативи REACH и CLP ќе влијае на скоро секој бизнис-сектор во Македонија, од трговците на мало до градежниците, производителите на храна до фотокопирниците, т.е. сите бизниси кои користат некаква форма на хемикалии во своите секојдневни работни активности. Бидејќи секоја компанија може да биде засегната од измените направени во Законот за хемикалии со имплементацијата на REACH, особено важно за компаниите и индустријата во целост е да разберат кои се нивните должности според него. Одредувањето на местото на компаниите во синџирот на набавка е многу важно, бидејќи ова ќе ги дефинира нивните обврски. Хемикалиите се поприсутни во работењето на компаниите отколку што тие се свесни за тоа. Многу компании кои не мислат дека се занимаваат со хемикалии може да бидат засегнати од новиот Закон за хемикалии и REACH. Запознавањето и едукацијата на бизнис-секторот во Македонија е од есенцијално значење особено заради фактот што имплементирањето на новиот Закон за хемикалии и REACH претпоставува пренасочување на обврските за управување со хемикалиите од надлежниот орган кон самата индустрија. Компаниите треба да бидат комплетно свесни за нивната улога во системот за менаџирање со хемикалиите што има основна цел -
намалување на штетното влијание на хемикалиите врз човечкото здравје и животната средина. ПРОГРАМА • Обврски на правните лица и производителите согласно Законот за хемикалии • Класификација и означување на хемикалиите согласно Глобалниот хармонизиран систем Предавач: Лидија Савиќ, шеф на Секторот за хемикалии, Биро за лекови, Министерство за здравство на РМ • Запознавање со REACH и обврските на производителите, увозниците и корисниците на хемикалии кои следуваат од оваа регулатива Предавач: Драгана Јанева, административно лице во Проектот за тренинг и едукација на надлежните органи во соработка со Европската агенција за хемикалии. • Систем за ставање на биоцидите во промет • Законски обврски за ставање на детергентите во промет • Законски обврски на индустријата согласно конвенциите Предавач: Лидија Савиќ, шеф на Секторот за хемикалии, Биро за лекови, Министерство за здравство на РМ Семинарот е наменет за компаниите, aкционерските друштва, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои што работат директно или индиректно со хемикалии. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и ќе им бидат презентирани новите информативни брошури наменети за едукација на индустријата. Пријавување најдоцна до 21 април 2011 година. Пријавниот лист и Агендата за семинарот може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Зорица Мешкова тел: 02 32 44 019 факс: 02 32 44 088 zorica@mchamber.mk;
Ленче Зикова тел: 02 32 44 054 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk;
Можност за македонските компании во Република Турција КУПУВАЧКИ МИСИИ ВО ИЗМИР И ТРАБЗОН * Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција! Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира две купувачки мисии за компаниите од Македонија и тоа: - Купувачка мисија во Трабзон, од 27 до 30.4.2011 година, во рамките на 2. Самит на патот на свилата, наменет за компании од секторите: земјоделие, прехрана, градежни материјали, машини и опрема и - Купувачка мисија во Измир, од 10 до 13.5.2011 година, наменет за компании од секторите: земјоделие, прехрана, градежни материјали, дрвна индустрија и мебел, текстил и конфекција, автомобилска и машинска индустрија. Во рамките на овие мисии планирани се билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи. Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ македонски компании потребно да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија (преземанје од веб порталот на Стопанската комора на Македонија - www.mchamber.mk) и да ги достават до Стопанската комора на Македонија, најдоцна до наведените рокови во нив. Контакт: Влатко Стојановски Тел: 3244 004; факс: 3244 088 vlatko@mchamber.mk На 3 мај 2011 година МАКЕДОНСКО-ГРЧИ БИЗНИС-ФОРУМ СО КОМПАНИИ ОД РЕГИОНОТ ИМАТИЈА *Доаѓаат компании од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и производители на земјоделска механизација (Стопанска комора на Македонија, 11:00 часот) Стопанската комора на Македонија е домаќин на Македонскогрчки бизнис-форум што ќе се одржи на 3 мај 2011 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија. Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компании од двете земји. Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу македонски и грчки компании. Бизнис-делегацијата предводена од претставници на грчката Регионална комора на Иматија е составена од реномирани компании главно од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и земјоделска механизација, кои се сериозно заинтересирани за соработка со деловни партнери од Македонија. Македонските компании кои се заинтересирани за учество на Бизнис-форумот, можат да се пријават најдоцна до 21.4.2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Од 7 – до 11.5.2011 година во Република Италија САЕМ ЗА ХРАНА “TUTTOFOOD 2011” ВО МИЛАНО Во периодот од 7 до 11 мај 2011 година, Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна “TUTTOFOOD 2011” во Милано, Република Италија. Оваа саемска манифестација со својата разновидна концептуалност, професинална публика и излагачи, меѓу кои и најголемите светски трговски синџири го зазeма приматот на една од најзначајните манифестации од меѓународен карактер за прехранбена индустрија. “TUTTOFOOD 2011” ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на сите видови прехранбени производи и тоа: - леб, замени за леб и пекарски производи; ориз, житарки и додатоци; какао, шеќер и засладувачи; кафе; млечни производи; кондиторска индустрија и додатоци; слаткарство; диететска и храна за бебиња; месо, сувомесни производи, јајца и масла за јадење;
свежа и замрзната храна; гастрономија; здрава и органска храна; суровини, полупроизводи и адитиви; вино, алкохолни безалкохолни пијалаци; кетеринг-услуги и др. Идеалниот амбиент за ваков реномиран настан може да биде само Италија, каде што потрошувачката на храна претставува еден од најважните економски извори на земјата, а посебно Милано, кој е познат како светски гастрономски центар. Стопанската комора на Македонија организира заедничка посета на македонски компании на овогодинешното издание на “TUTTOFOOD 2011”, со организиран авионски превоз и хотелско сместување. Посетата на Саемот ќе се одржи од 7 до 11 мај 2011 година (четири ноќевања), а трошоците за превоз и сместување ги покриваат учесниците. Сите заинтересирани компании своето учество на Меѓународниот саем за храна во Милано, можат да го пријават најдоцна до 6.4.2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk
Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Од 12 - 14.5.2011 година САЕМ ЗА КАЛАПИ ВО БУРСА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 12 до 15 мај 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржат четири меѓународни саемски манифестации: • 5. Саем за технологија на калапи; • 10. Саем за пакување, пластика и гумена индустрија; • 4. Саем за автомобилска индустрија, гаражи и опрема, бензински пумпи и нивна опрема и ЛПГ-системи и • Саем за безбедносни системи и индустриско чистење. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, АДОНИС ГРУП, организира посета на саемската манифестација со групен автобуски превоз од 12-14 мај 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфер од аеродром до хотел и од хотел до саем, како и бесплатни влезници за Саемот.
Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци за саемскиот организатор Адонис, 95 евра по лице со автобус (доколку е со
40
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 април 2011 година. Пријавен лист и детали на веб сајтовите: www.mchamber.mk и h�p://www.mouldeurasia.com/ Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
Војкан Николовски, тел.02 3244068 E-mail vojkan@mchamber.mk Од 14 - 21.5.2011 година во Република Србија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД *Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови ! Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агроиндустрискиот сектор. Новосадскиот саем на едно место ги собира најзначајните компании од Европа од земјоделскиот сектор, аграрното производство, механизацијата, најдоброто во сточарство итн.
Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија „SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа.
Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа. Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија. Контакт:
На овогодинешното издание на Саемот ќе бидат претставени стопански сегменти од областа на: прехранбената индустрија; органска храна; земјоделски производи; вино ; земјоделска механизација; сточарство; агрохемија и билкарство; индустриски машини и градежништво; амбалажа и пакување и др. Се очекува оваа година да настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и др. За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Португалија. Стопанската комора на Македонија, имајќи ја предвид одличната соработка со Новосадскиот саем, обезбеди заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови за македонските компании (10% попуст за неопремен штанд во хала 3 и 80 евра попуст за задолжителна објава во каталог (како соизлагач). Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад за заинтересираните македонски компании со организиран превоз и сместување. Вкупните трошоци за превоз и сместување, како и на внатрешното уредување (стандардната опрема) на штандот се на товар на секој учесник/фирма. Стопанската комора на Македонија ги повикува заинтересираните македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 12 април 2011 година. Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт : Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
четврток, 21 април 2011
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 21.5.2011 година во Република Косово САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА *За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово. „EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 15 април 2011 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГ Обезбеден бесплатен штанд за излагачите! Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина. Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот. На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата
за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти.
Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2011 година. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел:02 3244037; Факс:02 3244088 venera@mchamber.mk Од 28 до 31 мај 2011 година Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини во Република Турција “TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ *Организирана посета за македонски компании на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување ! Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа: • 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“; • 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTANBUL YARN RAIR“ и • Саем за ткаенини „FABRIC EXPO 2011“.
Станува збор за еден од поголемите меѓународни саемски манифестации на којашто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: текстилни ткаенини, текстилни предива, трикотажа, машини за шиење, везење, боење и печатење, текстил за домаќинство, теписи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година, со автобуски превоз. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок,
БИЗНИС ИНФО
42
четврток, 21 април 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 април 2011 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk
Венера Андриевска тел.02 3244 037 факс:02 3244 088 venera@mchamber.mk
Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ПРЕХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за прехрана и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалоци; за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници; млеко и млечни производи; риба; какао, бонбони, чоколади, сладолед; брашно и производи од брашно; диетална, макробиотичка храна; производители на здрава, био и органска храна; пакување (хартија, фолија, пластика); конзервирана храна; природна минерална и изворска вода; безалкохолни и енергетски пијалаци; сокови сирупи и екстрати; пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; вина од сите винарски земји и региони; вински и овошни ликери, овошни и други ракии; јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини.
Целта на оваа заедничка соработка е промоција и
изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбенатаиндустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 15.3.2011 година. Контакти: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 E-mail:Venera@mchamber.mk
Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 biljana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2011
43
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Турска компанија бара да увезува јагнешка, овча и говедска кожа од Република Македонија. Валидност до:16.12.2011 година
топлинска и електрична енергија со јачина од 10 до 400 кв (ел), а врши и нивно одржување, Валидност до:29.6.2011 година
Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на системи за следење и мониторинг на такси возила. Валидност до:21.5.2011 година
Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува кромид и трпезно грозје од Република Македонија. Валидност до:07.12.2011 година
Компанија од Грција бара застапник за продажба на машки чевли во Република Македонија. Валидност до:2.7.2011 година Компанија од Србија бара пласман на опрема за наводнување во Република Македонија. Валидност до:2.08.2011 година Компанија од Србија бара пласман на амбалажа за пакување во кондиторската индустрија, козметика, зачини во Република Македонија. Валидност до:2.7.2011 година Компанија од Хрватска бара партнери за соработка во Република Македонија за пласман на лекови, козметика, чаеви и средства за општа употреба. Валидност до:3.9.2011 година Компанија од Америка производител на медицински уреди за здравствениот сектор бара соработка со македонски компании кои дистрибуираат лекови, односно бараат пласман на најнов производ MEDPOD уред за навремено користење на лекови од страна на пациентите кои имаат тешки и хронични болести. Валидност до:25.9.2011 година Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во изградба на Спа Центар во Република Македонија. Валидност до:28.12.2011 година Компанија од Индија заинтересирана е да инвестира во градежништвото во Република Македонија. Валидност до:28.12.2011 година Германска компанија заинтересирана е за био производство на житни култури, малини, боровинки и др. видови на овошје во Република Македонија. Валидност до:28.12.2011 година Компанија од Германија бара соработка за користење на 100 ха земјоделско земјиште за одгледување на култури потребно за нивното производство. Валидност до:29.12.2011 година Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на ефикасни комбинирани електрани за
Германска компанија производител на ТВ-опрема за инспекција и системи за испитување на протекување нуди решенија за различни области на инспекција на канализација, од главна инспекција на канализација, па се` до дренажни системи. Валидност до:08.7.2011 година Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални камери кои се употребуваат при дефекти во канализација и водовод. Валидност до:08.9.2011 година Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на енергетската технологија. Валидност до:08.9.2011 година Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сточна храна. Валидност до:09.7.2011 година Компанија од Полска бара застапник во Република Македонија за пласман на детски пелени и хигиенски влошки. Валидност до:09.5.2011 година Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на топлинска техника за бањи и радијатори, печки на цврсти горива. Валидност до:09.9.2011 година Компанија од Црна Гора заинтересирана е да пласира во Република Македојиа сточно брашно од 50 до 100 тони и брашно од 300 до 400 тони месечно. Валидност до:11.9.2011 година
Британска компанија со седиште во Загреб заинтересирана е да инвестира во Охрид и во новиот зимски туристички центар Кожув. Валидност до:12.12.2011 година Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ориз. Валидност до:12.5.2011 година Германска компанија бара соработка со надлежни институции за издавање на лични документи во Република Македонија, а тие нудат технологија за нивна изработка, Валидност до:12.9.2011 година Компанија од Црна Гора бара да увезува електроматеријали, железни мрежи за армирање на меѓукатни конструкции,пластични цевки за водовод и канализација од Република Македонија. Валидност до:12.12.2011 година Германска компанија е заинтересирана за туристичко-маркетиншка соработка со Македонија. Целта на воспоставување маркетиншка соработка е етаблирање на Македонија во важна туристичка дестинација на германската туристичка берза. Тие би сакале да ги интегрираат хотелите, авиокомпаниите, туристичките агенции, националните паркови,терените за скијање преку својот веб-мастер за 350 евра и би биле достапни на германските туристи. Валидност до:12.12.2011 година Компанија од Бугарија заинтересирана е за соработка со компании од Република Македонија во областа на испраќање и прием на пратки. Валидност до:13.8.2011 година Компанија од Сан Марино заинтересирана е да инвестира во изградба на најсовремени еколошки системи и еколошки постројки за уништување на ѓубре и сите видови отпадоци во Република Македонија. Валидност до:13.12.2011 година
Турска компанија бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за пласман на користени машини за производство на текстил. Валидност до:11.9.2011 година
Чешка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на противпожарни апарати. Валидност до:14.6.2011 година
Реномирана македонска компанија производител на мебел бара дистрибутер за продажба на мебел во други земји. Валидност до:11.12.2011 година
Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал
Француски бизнисмен е заинтересиран за инвестирање во Република Македонија, да купи или да изгради луксузни хотели со казина крај Охридското Езеро или во некој од зимските туристички центри. Валидност до:11.12.2011 година
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
www.mchamber.mk
Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk