БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2016
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 263
www.mchamber.mk
14.4.2016
ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ - СИЛЕН ПОТТИК ЗА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
B
UR
O
НИКО
SE
C
MC Robin
ЕЗБЕД ОБ У
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
3
ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО
„Витаминка“ доби сертификат за воведување на Халал-стандардот
ОТВОРЕНА МОЖНОСТА ЗА ИЗВОЗ НА ПАЗАР СО 1,8 МИЛИЈАРДИ ЖИТЕЛИ Нашата најголема прехранбена компанија „Витаминка“ доби сертификат за воведување на Халалстандардот. Овој сертификат што го издава Агенцијата за Халал-стандард во Македонија во состав на ИВЗ, за компаниите значи овозможено учество на странските пазари што зависат и се вклучени во Халал-системот. Со стекнување на овој сертификат за „Витаминка“ се отвора можноста за извоз на пазар со 1,8 милијарди жители, или вреден 2,3 билиони САД долари. Само во Европа Халалпазарот изнесува 70 милијарди САД долари, а во нашиот регион 2 милијарди. -Воведувањето на Халал-стандардот во „Витаминка“ е од големо значење за унапредување на нашата компанија, а тоа ни овозможува да бидеме застапени и конкурентни на светските пазари каде претходно не сме биле присутни. Исто така, ова ја зголемува и довербата кај потрошувачите и ја потврдува нашата корпоративна цел, секогаш да се стремиме кон производство на прехранбени производи што ќе бидат според стандардите за свесност и безбедност на храната, - изјави Лидија Каранфилоска, технички директор на „Витаминка“. HALAL e aрапски термин кој означува „се` што е дозволено“ на муслиманите по Шеријатското (верското) право, но за многумина овој стандард е синоним за здрава храна. Производите што носат ознака дека се правени според Халал-стандарди се мошне барани како меѓу потрошувачите со исламска религија, така и кај оние од останатите религии. Воведувањето на Халал-стандардот долги години е пракса на најголемите прехранбени производители на светскиот пазар, и со тоа се олеснува патот на компанијата својот извоз да го насочи кон нов и брзорастечки пазар, кој се предвидува дека до 2020 година ќе надмине 6 билиони САД долари на светско ниво. („Витаминка“)
БИЗНИС ИНФО
4
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
ПОКРОВИТЕЛИ
„Филип Втори“ ја проширува листата на услуги
ТРАНСПОРТ, ДИЈАГНОСТИКА И ОПЕРАЦИЈА ВО ЕДЕН ДЕН Специјалната болница „Филип Втори “ ја проширува листата на услуги. Во еден ден на пациентите ќе им овозможи авионски транспорт, дијагностика и операција. Пациентите ќе ги превезува авио-операторот „Ер-Панонија“ од Хрватска, кој во својата флота има 11 авиони, специјализирани за медицински транспорт на пациенти. Оваа соработка ќе биде уште еден исчекор во медицинскиот туризам и извоз на македонска медицина во светот. Соработката беше најавена со потпишување договор меѓу д-р Жан Митрев и г-ѓица Зринка Влашиќ, менаџер на авио-компанијата.
На оваа средба се најави и соработката со Специјализираната болница „Св. Катарина“ од Хрватска. Значењето на една болница како што е „Филип Втори“ за државата, но и пошироко, го потенцираше проф. д-р спец. Драган Приморац, кој е редовен професор на ПЕН Универзитетот во САД. Тој истакна дека државата не може да изгради ваква болница и токму затоа треба да биде горда што ја има, бидејќи постоењето
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
5
ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО
на „Филип Втори“ е голем чекор за приватниот здравствен систем во целиот регион. Почесен гостин на овој настан беше и Н.Е. госпоѓа Даниела Баришиќ, амбасадор на Р. Хрватска во Р. Македонија.( „Филип Втори“)
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
МОЖНОСТИ
Над 10.000 семејства во Република Македонија живеат од тргувањето на отворено
ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ СИЛЕН ПОТТИК ЗА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Групацијата на пазари во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, ги здружува пазарите кои функционираат на локално ниво како самостојни комунални претпријатија или се дел од комуналните фирми кои обединуваат повеќе дејности, водовод, отпад, пазари и сл. Една од целите на оваа Групација е преку осовременување и модернизација на пазарите да останат атрактивни за купувачите наспроти појавата на големите хипер маркети кои во еден дел стануваат конкуренција на зелените пазари. Согласно процените и споредбените анализи кои се прават од страна на компаниите во изминатите години, од 10 до 20% се чувствува пад на продажбата на зелените пазари по појавата на продажба на зеленчук и
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ овошје во големите супер маркети. Сепак, ова не е проблем и тренд само во Македонија. Искуството е исто во целиот регион. За таа цел, а во насока на задржување на атрактивноста на пазарите како удобно место за пазарење, согласно традицијата, но пред се` и поради значајниот економски ефект на државно ниво, организаторите на пазари се` поактивно се организираат и разменуваат искуства пред се` со земјите од регионот, поради близината, но и сличноста на менталитетот. Размената на идеи и искуства оди во две насоки: - модернизација на пазарите преку инвестиции во изгледот и условите за пазарење и - воведување нови содржини на пазарите со цел задржување на купувачите на пазарите. Во тие рамки се и активностите на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија, која преку организирање посети на пазарите во регионот, учество на регионални и меѓународни конференции со цел размена на искуство и воведување новини на пазарите кои функционираат на локално ниво, ги следи светските текови во дејноста. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „Инвестиции во зелените пазари како услов за локален економски развој“ (18.4.2016 година). Последната конференција на која учествуваа организаторите на пазари од седум градови во Македонија, преку Групацијата на пазари беше Меѓународната конференција што се одржа во Суботица, од 6 до 8 април оваа година, каде покрај учесници од пазарите во Србија како домаќини, беа присутни и претставници на пазарите од Република Српска, Босна и Херцеговина и Република Унгарија. На Конференцијата се разговараше на две теми: • Приспособување на пазарната дејност на пазарните предизвици на XXI век и • Модели на формирање на цената, издавање тезги под закуп и наплата на пазарните услуги. Во рамките на трибината беа презентирани различните начини на организациска поставеност на пазарите, предизвиците со кои се соочуваат, влијанието на големите хипер маркети на дејноста. Беа презентирани и моделите на организација и техничка поставеност на пазарите на големо во Унгарија. Заклучокот на Конференцијата беше дека е нужна модернизација на пазарите и следење на новите трендови на купувањето согласно желбите на потрошувачите, но и динамичниот начин на живеење, имајќи го предвид фактот дека пазарите се` уште имаат големо значење во вкупната економска активност на секоја од земјите од регионот, од повеќе аспекти: - од аспект на вработување (директно кај организаторите на пазари, но и индиректно преку регулирање на статусот на закупците на тезги);
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
МОЖНОСТИ - од аспект на плаќање даноци од страна на организаторите на пазари по основ на вршење трговија со закуп на тезги и деловни простори со кои располагаат и сл.; - од аспект на плаќање данок на закупците на тези и трговците на пазарите; - прометот што се реализира на пазарите кој во обем и не е така мал. За информација, согласно податоците од пазарите, во Македонија постојат околу 15.000 до 20.000 закупци на тезги, што значи дека над 10.000 семејства живеат од тргувањето на зелените пазари. Повеќе статистички, како и економски податоци за влијанието на пазарите врз вкупната економска активност во овој момент е тешко да се добијат, пред се` поради фактот што за оваа дејност се` уште нема изработено стратегија преку која ќе се потврди нивната важност пред се` за локалниот економски развој. На Конференцијата во Суботица беше договорено како следна активност да биде потпишување меморандум за соработка, со можност за формирање регионална асоцијација на пазарите, во насока на зголемување и подобрување на меѓусебната соработка, користење на искуството од останатите земји и следење на светските текови. Се иницираше конференција со регионален, па и меѓународен карактер да биде организирана и во Македонија до крајот на годината. Инаку, беше организирана и посета на пазарите во Ниш и во Нови Сад. Активноста на Групацијата за посета на конкретни пазари е пред се` иницирана од потребите на организаторите на пазари во Македонија да разменат идеи и да ги споделат различните искуства од организациски аспект за тоа како пазарите да останат атрактивно место за купувачите. Во последните години реализирани се посети и на пазарите во Белград, Суботица, Вараждин, Загреб, Љубљана, како мотив за добивање идеи во насока на воведување нови содржини на нашите пазари, како и модернизација на истите. Посетите на пазарите, поврзани со политиката на локално ниво да се инвестира во пазарите со цел да се задржи нивната атрактивност имајќи го предвид економското значење, веќе даваат резултати. За таа цел, информација од активностите на Групацијата на пазари ќе биде доставена и до Министерството за економија во насока на потврдување на важноста на дејноста и нејзиниот вкупен економски ефект на домашната економија и на локалниот економски развој. Имено, во многу градови низ Македонија вклучително и Скопје, во фаза е реконструкција, обнова на пазарите, па дури и изградба на класично нови пазари. При тоа, во голема мера се користи и искуството од веќе модернизираните пазари во земјите од регионот, преку изградба на нова инфраструктура, нови комунални решенија во делот на собирање и рециклирање на отпадот, одржување на хигиената на пазарите, набавка и изработка на нови посовремени и помодерни тезги, начин на покривање на пазарите (особено онаму каде што нема услови за изградба на класично нови пазари). Ова не е проблем само во Македонија,
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО МОЖНОСТИ тоа е искуство и од земјите во регионот. За таа цел, на прес-конференција што се одржа во Комората (18.4.2016 година), присуствуваа директорите и раководителите на пазарите во Битола, Штип и Скопје, кои секој од свој аспект информираа за значењето на зелените пазари на локално ниво и за инвестициските зафати кои се прават. Крајната цел на денешната прес-конференција е да се потенцираат улогата и важноста на зелените пазари во вкупната економска активност, пред се` на локално ниво, потребата од нивна модернизација согласно интересите и желбите на купувачите и при тоа важноста од искуството што се добива при учество на регионални, меѓународни собири, како и посета
на пазарите со цел размена на искуство за начинот на функционирање, организациската поставеност, законските прописи и, на крајот, формирање регионална асоцијација преку која континуирано ќе се следат искуствата во регионот, па и пошироко во светски рамки. Секако, битно е да се изработи и стратегија на пазарите, по теркот на веќе изработени вакви документи во Србија и Хрватска, согласно кои во периодот што следи ќе може да се иницираат и други активности со кои ќе се потенцира значењето и ќе се потврдува важноста на функционирањето на пазарите, како и нивниот позитивен ефект во домашната економија. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
ФОКУСИРАНО Д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје, учествуваше на Научната конференција „SEECURE 2016“ по повод Месецот на НАТО
ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАВА - ЛЕК ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО СТОПАНСТВОТО На само неколку месеци пред Самитот на НАТО, што ќе се одржи во Варшава, светот се соочува со голем број безбедносни проблеми. Сајбер и енергетската сигурност, тероризмот, хибридните војни, масовните миграции и другите невоени фактори за нарушување на стабилноста ја доведуваат во прашање безбедноста. Соочени со овие предизвици, а воедно и по повод Месецот на НАТО кој традиционално секоја година се прославува од страна на Евроатлантскиот совет на Македонија, заедно со Министерството за одбрана на Република Македонија, на 14.4.2016 година, беше организирана Научна конференција на тема: „SEECURE 2016“. Една од панел-дискусиите на Конференцијата беше и „Значењето на евроатлантските интерграции врз економиите во Југоисточна Европа“, на која говореше и д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје при Стопанската комора на Македонија. Панелот го водеше Трифун Костовски, кој напомена дека НАТО бара силни економии и силни држави во кои владее правото и кои се спремни да одговорат на предизвиците на модерното време. Воедно, сите говорници се согласија дека
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
11
ФОКУСИРАНО ПОДВЛЕЧЕНО
статистичките податоци покажуваат дека со приклучувањето на државите кон НАТО Алијансата значително пораснал и бројот на директни странски инвестиции во истите, цел кон која треба да се стреми и Република Македонија. Д-р Рафајловски истакна дека во пресрет на сите настани кои се случија во последниот период во Република Македонија треба да се запомни дека бизнисзаедницата секогаш ќе постои и ќе ги преживее сите предизвици. Тој напомена дека денес повеќе од кога и да било, мора да се биде упорен и истраен кога се во прашање евро-атлантските интеграции на Македонија, потсетувајќи дека секогаш упорноста се исплатува. Како најдобро решение за иднината на бизнис-заедницата д-р Рафајлоски предложи дека треба во соработка со Македонската академија за науките и уметностите да се изготви стратегија за развој на стопантвото. Истата би опфаќала програма за наредните 5, 10 и 15 години, и воедно би била направена независно од сите владини мерки, програми и стратегии. Воедно, тој ги замоли и припадниците на бизнис-заедницата дека најдобро нешто што во моментот можат да направат е да ја игнорираат моменталната политичка состојба во државата и да се насочат кон развој на стопанството, бидејќи истото е движечка сила на секоја држава. Д-р Рафајловски испрати апел до НАТО Алијансата дека можеби е време да ни излезат во пресрет и да ни помогнат со нашата интеграција, иако веќе не ги исполнуваме условите на она ниво на кое што бевме на претходните два самита, бидејќи тоа е најдобриот потег за стабилна иднина на Република Македонија. Марија Дукоска
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ GS1 Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во Битола организираа работилница
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ХРАНАТА И ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ GS1 KАТАЛОГ
GS1 Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија организираа работилница на тема: „Правилник за информации поврзани со храната и промоција на новиот GS1 Kаталогот“, што се одржа на 13.4.2016 година, во Битола. На настанот беа поканети и присуствуваа и претставници на Регионалната комора со седиште во Битола и компании од битолскиот регион. Во првиот дел од работилницата претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ дадоа стручно толкување на новиот Правилник за информациите поврзани за храната, објавен во „Службен весник на РМ“, бр.150 од 2.9.2015 година. Тие ја потенцираа важноста на донесените закони и правилници од страна на Агенцијата кои се однесуваат на означувањето на производите и кои се усогласени со европските
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
регулативи и директиви и дека со нивното донесување и спроведување македонските компании се подготвени своите производи да ги продаваат надвор од границите на Република Македонија. Во вториот дел од работилницата, тимот на GS1 Mакедонија го претстави GS1 Kаталогот со комплетно нов лик, односно: усогласен согласно новиот Правилник на АХВ и ЕУ-регулативата 1169/2011, тројазичен – македонски, англиски и албански портал, проширен со дополнителни сегменти понуда-побарувачка и синхронизиран со каталогот FOOD GATE на GS1 Русија што е само прв чекор, бидејќи се планирани синхронизации со сите каталози на кои работаат GS1 организациите во регионот. GS1 Kаталогот како проект на GS1 Mакедонија постои повеќе од една година. Преку воспоставената синхронизација, целта на GS1 Mакедонија беше да даде придонес кон зголемување на конкурентноста на македонските производи преку интернет- мрежата. По завршување на стручните предавања следеа низа прашања и во однос на новиот Правилник и во однос на пополнување на Каталогот. Работилницата заврши со повик до компаниите за заедничка соработка со цел заеднички да се изгради регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди. М-р Никола Димковски
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Презентација во Кичево
ПРАВНА ЗАШТИТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Општина Кичево, во рамките на Проектот со УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост и заштита на човечките права, на 13 април 2016 година, организираше јавна дискусија и презентација на тема: „Правната заштита на лицата со попреченост во областа на работните односи, образованието, социјалната и здравствената заштита - Што граѓаните треба да знаат?“. Претставникот на Општина Кичево Емин Насуфи, раководител на Секторот на образование, ги поздрави присутните и ги претстави приоритетите на Општината Кичево во делот на подобрувањето на инфраструктурата и условите за работа на лицата со попреченост, а воедно и се заблагодари за поддршката на локалните институции и на компаниите за вклучување во проектот и за зголемување на сензитивноста за
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
15
РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ
потребите и правата на маргинализираната категорија на граѓани. Целта е имплементација на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост во Македонија, со што ќе се зголеми учеството на лицата со попреченост во општеството, со подобрување на нивните вештини за вработување преку обуки и практикантска работа, како и поддршка при вработување кај работодавачите и при започнување на сопствен бизнис, истакна Лидија Дамческа, проектен менаџер на Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост. Гоце Коцевски, проектен менаџер на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, презентираше за правната заштита на лицата со попреченост во областа на работните односи, образованието, социјалната и здравствената заштита при практиканска работа и вработување, како и првата на работодавачите. На настанот присутвуваа и членки на Регионалната комора со седиште во Кичево, додека Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Кичево ги сподели позитивните искуства во однос на вработувањето на три лица со попреченост и инклузивната работна средина. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Охридска банка Сосиете Женерал
ПРОМОТИВНИ УСЛОВИ ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ОД СВОЕТО КРЕДИТНО ПОРТФОЛИО Промотивни услови за производите од своето кредитно портфолио нуди на своите клиенти Охридска банка Сосиете Женерал. Најновата понуда за станбен кредит со кредитно животно осигурување нудат фиксна каматна стапка од 4,60 проценти за првите пет години, а притоа се ослободени од административниот трошок за одобрување на кредитот и од трошокот за проценка на имотот. Клиентите кои ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување ја добиваат можноста да изберат меѓу основниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,44 отсто осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85 отсто годишна осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен кредит, е достапен и за сите други кредитокорисници. Охридска банка Сосиете Женерал промотивно нуди и Кеш Експрес кредит со кредитно животно осигурување, со фиксна каматна стапка од 5,90 отсто за првата година и без административен трошок за одобрување на кредитот. Промотивната трае до 10 јули 2016 година. ( Охридска банка Сосиете Женерал)
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
17
ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА
Фабриката за шински возила „Велес“ наполни точно 100 години од своето постоење
ЈУБИЛЕЈОТ СО ДОГОВОР СО МЖ ЗА ПОПРАВКА НА 75 ТОВАРНИ ВАГОНИ Фабриката за шински возила од Велес и ЈП „Македонски Железници“ потпишаа договор за поправка на 75 товарни вагони. Борис Алчев, директор на Фабриката за шински возила „Велес“, истакнува дека договорот значи и добивање сигурна работа и плата за вработените, кои подолго од една година немаат работно ангажирање. - Тоа ќе значи сигурна работа во наредните три – четири месеци и сигурна и редовна плата за 132 - та вработени. Воедно ова значи дека во рок од 12 месеци ќе можеме да склучиме и други договори за поправка на вагони на ЈП „Македонски Железници, појасни Алчев. Според директорот Алчев, ваквиот договор е разултат на измените на Законот за сигурност во Железничките системи. - При што во првата измена на овој Закон, Фабриката за шински возила „Велес“ доби сертификат за одржување на железничките возови, а со втората измена на Законот и можност да склучува договори со непосредна спогодба. Во целата постапка голема е ангажираноста на Министерството за транспорт и врски и на министерот Владо Мисајловски во изминатите три месеци и моја откако сум поставен за директор на оваа велешка фирма, потенцира Алчев. Тоа што е посебно важно за вработени во Фабриката за шински возила „Велес“ е што овој договор ќе значи и редовна плата. - Така неделава вработените ќе добијат една до една и пол од неколкуте заостанати плати. Воедно понатаму со активирање на погоните и започнување на работата ќе ги добијат и преостанатите заостанати плати, најави Алчев. Од особена важност е неодамнешниот заклулчок на Владата при што е усвоен акциски план за започнување на постапка за присоединување на оваа велешка фирма кон ЈП „Македонски Железници“-Транспорт АД Скопје. - Постапката е забрзана и очекуваме во најскоро време, во наредните месец - два најдоцна во текот на летово, нашата фабрика по 20 години повторно да биде во состав на Македонски Железници, а тоа ќе значи реновирање и усовршување на погоните и набавка на нови машини и алатки за работа, потенцира директорот Алчев.
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Како што потсети, Фабриката за шински возила „Велес“ до пред 20 години, поточно до 1 јули 1996 година беше Погон на МЖ, а со одлука на Управниот одбор на МЖ, почна да работи како самостојно правно лице. Во Фабриката за шински возила „Велес“ годишно се поправаат околу 150 товарни вагони и пет до шест патнички вагони. Фабриката за шински возила „Велес“ наполни точно 100 години од своето постоење. Формирана е на 15 април 1916 година под името „Колска Работилница“ во време на Првата светска војна, а за потребите на германските сили односно за поправка на возовите на Железницата и оттогаш непрекинато работи цел еден век. По војната била една од поуспешните велешки фирми со многу награди и признанија за својот квалитет, а меѓу другото, е добитник на златна статуетка за квалитет-добиена во Париз, Франција, во 2002 година.(МИА)
Соковите „Вива“, произведени од компанијата „Вивакс“ , се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија
ПОТВРД ЗА ВРВНАТА ТЕХНОЛОГИЈА И ВИСОКИТЕ СТАНДАРДИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО Соковите „Вива“, произведени од компанијата „Вивакс“ , се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија, што претставува потврда за нивниот висок квалитет, природните состојки и отсуството на конзерванси и вештачки додадатоци. -Здружението на педијатри на Македонија беше детално запознаено со производниот процес на нашите сокови и токму тоа ги убеди во квалитетот што го создаваме. Сепак станува збор за врвна технологија и високи стандарди што ги следиме како компанија изминативе две децении. Потврдата од нивна страна е всушност само потврда за високиот квалитет на нашите производи.Токму добиената потврда од Здружението на педијатри е причина и за започнување на кампањата за едукација на потрошувачите, во поглед на консумирањето течности, со цел разјаснување на дилемата што е здраво, а што не. Здружението од медицински аспект ќе ги објасни основните суштински начела кои што секој потрошувач треба да ги знае, а ние од технолошки и производствен аспект ќе ја објасниме целокупната процедура на производство на
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
19
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА сокови, - изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на „Вивакс“. Кампањата, иницирана од најголемиот производител на сокови во Македонија, е насочена кон сите потрошувачи, но најмногу кон родителите со цел да се заштитат најмладите потрошувачи, децата, од консумирање на неквалитетни сокови. Доедукацијата како потреба произлегува и од зголемениот тренд за водење здрав начин на живот и консумирање здрава храна при што информациите најчесто се добиваат од интернет, и многу често се нерелевантни и не се медицински поткрепени. Истражувањата покажуваат дека многу мал процент од населението има навика да чита декларации на производите, а уште е помал процентот на оние кои што го разбираат составот и знаат што е добро и корисно за консумирање, а што не. -Високиот квалитет на „Вива“ соковите придонесе да отпочнеме кампања која што е во цврста корелација со начелата и принципите на нашата работа. Верувам дека Здружението на педијатри со едукативната улога во оваа кампања ќе даде дополнителен придонес за менување на ставовите и подигнување на свеста, пред сè кај родителите, за сите прашања поврзани со консумација на течности, сокови, како и вистинските придобивки од истите. Потврдата за квалитетот на Вива соковите од страна на Здружението на педијатри доаѓа како резултат на постојаниот развој и иновативност на компанијата „Вивакс“ , што претставува доказ дека го имаме вистинскиот соработник за оваа кампања, - изјави Аспазија Софијанова, претседател на Здружението на педијатри на Македонија. Кампањата ќе опфати повеќе активности во насока на едукација и на возрасните и на младите, едукативни видеa и летоци со информативни содржини, како и едукативни посети на децата во производните погони на „Вивакс“.(„Вивакс“)
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
СВЕТСКИ ПЕЧАТ „Млади, динамични и без шанси?“
НА МЛАДИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ИМ ТРЕБА РАБОТА „Млади, динамични и без шанси?“- тоа е мотото на годинашната Духовна акција на католичката хуманитарна организација Реновабис, која укажува на тешката ситуација во која се наоѓаат младите во југоисточна Европа. 70 проценти од младите во Босна и Херцеговина сакаат да ја напуштат земјата, тоа е резултат на депримирачкото секојдневие и фрустрирачки лошите шанси за иднината. Ситуацијата е слична и во земјите од Западен Балкан, истакна Перо Судар, помошникот на врхбосанскиот бискуп, на отворањето на Духовната акција на хуманитарната католичка организација Реновабис во бискупијата Шпејер во Германија. Целта на акцијата е свртување внимание кон состојбата на младите во југоисточна Европа и будење солидарност кон нив. Со години во речиси сите земји од Западен Балкан се бележат исти бројки. Првенствено стапката на неврабтеност кај младината е причина поради која тие немаат перспектива во своите татковини. Во Србија, Македонија, БиХ и на Косово, според статистиките, невработеноста меѓу младите е меѓу 45 и 60 проценти. Ако кон тоа се додаде сиромаштијата, политичката нестабилност, корупцијата и непотизмот, многумина се едноставно песимистички настроени и резигнирани. Загубена генерација Бискупот Судар предупреди дека младите во овој дел од Европа имаат загубено доверба во демократските институции, па дури и во самата демократија. Судар во овој контекст ја нагласува геополитичката положба на балканските земји и мултиетничкиот и мултирелигискиот карактер на општествата во нив. Зашто, со социјалните проблеми, на проба се става и спремноста на христијаните и муслиманите, на католиците и православните, да живеат заеднички во мир. Во тек е вистински егзодус на младите од југоисточна Европа, што претставува сериозна закана за земјите од овој дел на Европа. Притоа, на Балканот не постои долгорочна стратегија за совладување на невработеноста на младите луѓе. Последица е што младите најчесто остануваат да живеат кај родителите, финансиски зависат од нивните приходи или од пензиите на бабите и дедовците. Разочарувањето и безнадежноста кои произкегуваат од тоа будат нови опасности, нагласија учесниците на разговорите во Шпејер. Социјалните работници во ова гледаат плодно тло за за
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
21
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ
оддавање на младите на дрога и алкохол, како и игри на среќа и криминал. Последната година порасна и ризикот од верска радикализација. „Овде се живее понормално“ Владите на земјите од југоисточна Европа одамна ја препознаа експлозивната сила на ваквиот развој на ситуацијата, но конкретни решенија немаат. Не им недостигаат само пари, туку првенстевно и желба и способност за спроведување на нужните реформи на образовниот систем, пазарот на труд, како и подобрување на стручното образование и усовршување. Според актуелните истражувања, околу 80 проценти од младите луѓе не веруваат дека со факултетска диплома можат да си обезбедат себе си подобри услови на живот. Истражувања се спроведени и во другите балкански земји и добиени се слични резултати. Директорот на Реновабис, Герхард Алберт, има ист поглед на работите и смета дека актуелниот развој на ситуацијата е „огромен предизвик“. Важно е владите и политичарите да не се ослободат од одговорноста за континуираниот егзодус на младите, што го загрозува развојот на источноевропските држави. Бискупот од Сараево на крајот сепак сакаше да биде оптимист, наведувајќи еден позитивен пример. Во текот на неговата посета на Сан Франциско, тој запознал еден успешен претприемач, кој му раскажал дека сака со сопругата и со петте деца да се врати во Босна и Херцеговина. Набрзо на една свеченост во централна Босна се сретнале повторно и на прашањето зошто се вратил во татковината, тој одговорил: „Овде се живее понормално!“ (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
СВЕТСКИ ПЕЧАТ Ефект од санкциите
НА РУСИЈА И` СНЕМУВА ПАРИ Ниски примања од продажба на нафтата, санкции и структурни проблеми - Русија е во економска криза, а државните резерви се топат. Но, и покрај тоа конфликтите со Запад би можеле да се зголемат. Русија се подлабоко запаѓа во економска криза. Во минатата година економскиот учинок падна за 3,8 проценти. Светска банка очекува дека годинава ќе се намали за дополнителни 1,9 проценти. Притоа, тука се цела низа проблеми. На пример, цената на нафтата која во последниве две години е преполовена, така што државата и нафтените компании собираат многу помалку пари. „Со толку ниски цени на нафатата и на природниот гас, екстремно е тешко да се финансира буџетот“, вели Штефан Мајстер, експерт за Русија во Германското друштво за надворешна политика (ДГАП). Владата може да ги затне дупките во буџетот само ако земе пари од државните резерви, кои пред неколку години беа пополнети со огромниот профит од енергетскиот сектор. Санкциите на Западот, кои се реакција на анексијата на Крим и конфликтот во Украина, создаваат дополнителен притисок. Тие ја прекинаа трговијата, поради што штети трпат и клучните германски сектор како што се автомобилската и машинската индустрија. Уште поболно за Русија е тоа што санкциите го отежнуваат финансирањето на инвестициите. Проблеми со финансирањето „Западните санкции им оневозможија на нашите банки и фирми да земаат кредити во странство, и тоа не само во Европа туку во целиот свет“, вели Владимир Милов, директор на московскиот институт за енергетска политика. „Никој пеќе не ни позајмува пари, дури ни Кина“, вели Милов ,кој исто така е основач на опозициската партија „Демократски избор“. Кредитите во последните десет години беа основа на рускиот стопански раст. Со санкциите, вели Милов, кредитниот волумен е намален од 700 на 470 милијарди долари. Оваа огромна загуба на капитал доведе до тоа вредноста на државната валута - рубљата да падне за околу половина во однос на доларот. А тука се уште и структурните проблеми. Со стопанството владеат неколку големи претприемачи кои се упатени на политиката. „Постојат недостатоци за пазарна конкурентност но и недостатоци кога станува збор за правната држава“, вели Мајстер за ДВ.
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
23
СВЕТСКИ ПОДВЛЕЧЕНО ПЕЧАТ
Структурни проблеми А тоа се’ стана јасно и пред санкциите, уште во 2013. година, вели енергетскиот експерт Милов. „Руската економија веќе тогаш не бележеше раст. Таа зависи од неколку државни монополи кои не се ефициентни. А на тоа дојдоа и санкциите и падот на цената на нафтата. Овие три фактори нам не ни влеваат надеж дека наредните години ќе дојде до економски раст.“ Руското раководство сака да управува со продажбата на државните фирми и планира најголем бран на приватизација во последниве години. Но, во секој случај не планира да го продаде мнозинскиот дел во компаниите. „Режимот тука игра на време“, вели Мајстер. „Нема да дојде до одржливи одлуки со кои би се подобрила ситуацијата во економијата. Се обидува да се продаде само дел од фирмите додека можеби повторно не се зголемат цените на нафтата и земниот гас.“ Поради ваквиот развој на ситуацијата трпи народот. Според податоците на Светската банка, бројот на сиромашни во Русија порасна на 20 милиони, од вкупно 140 милиони жители, што е најголем број во последните 9 години. Стапката на инфлација официјално изнесува 12,9 проценти. Стапката на невработеност не порасна, но незадоволството на граѓаните би можело да стане проблем за претседателот Путин, за што тој токму се подготвува. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневна обука 25.4.2016 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
„ПРОИЗВОДСТВЕНИ НОРМИ, КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО И ЗАШТЕДИ ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ ПРОЦЕС ПРЕКУ УПРАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ“ PDCA Methodology
25
ПРОГРАМА: - Планирање на производството; - Изработка на оперативни планови за ниво на производствена единица; - Поставување на правилен редослед на операции; - Изработка на производствени процедури; - Контрола на квалитет; - Распоред на активности во контекст на управување со време; - Управување со луѓето во производствениот процес. ПРЕДАВАЧИ: - Михаил Китановски, консултант за организација и менаџмент повеќе од 15 години. - Јасмина Илиевска, консалтинг менаџер во компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“ од Скопје. За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија. • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка. • Се добива сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: М-р Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач
БИЗНИС ИНФО
26
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 25 до 28 април 2016 година во Шпанија
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ ВО БАРСЕЛОНА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со„Alimentaria Exhibitions Slu“ - Барселона, ве покануваат да бидете дел од оваа саемска манифестација што ќе се одржи во просториите на „Gran Vía“ изложбениот салон во Барселона. Веќе четири децении овој саем придонесува за мотивирање на најголемите промени во индустријата на храна, како и на прехранбените навики. Од 1976 година светската прехранбена индустрија го избира „Алиментариа“ како настан на кој ќе ги презентираат своите бројни креации, откритија и иновации во сите сфери и аспекти на производството (процесите, аблажата, материјалите, состојките и одржувањето), како и дистрибуцијата, логистиката и технологијата во индустријата коишто со тек на време станаа значаен дел од „Алиментариа“. Целта е да се излезе во пресрет на секојдневните потреби на потрошувачите и нивните нови купувачки навики. Денес „Алиментариа“ е посветена на промоција на прехранбената индустрија и зголемување на нејзиното севкупно интернационално присуство, што воедно го направи и еден од главните светски саеми и лидер во оваа индустрија. Оваа година предвидено е Саемот да го посетат повеќе од 140.000 професионалци од дадените области, од кои 42.000 доаѓаат од повеќе од 143 земји од светот. Водечките оперативци во интернационалните сиџири на прехранбената индустрија ќе ја посетат „Алиментариа“ со цел да пронајдат нови иновативни решенија за производство на храна и пијалаци со врвен квалитет. Саемот „Алиментариа“ можат да го посетат, но и да земат учество на истиот: увозници; дистрибутери; агенции за купување; угостители; кетеринг услуги; трговци на големо; трговци на мало; менаџери и генерални директори на угостителски објекти, произведувачи на храна; комерцијални директори и директори на продажба; раководители на маркетинг; готвачи; сомелиери; професионални носители на одлуки во прехранбената индустрија. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
27
Семинар: „ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ“
27.4.2016 година (среда) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Програма • Договор за превоз согласно Законот за облигациони односи - Карактеристики; - Обем на права и обврски; - Основи за одговорност; - Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка. • Договор за шпедиција - Карактеристики; - Обем на права и обврски; - Основи за одговорност; - Видови докази кои треба да бидат приложени и предложени во текот на судската постапка. Овој семинар е наменет за вработените во правните служби на друштвата, адвокатите и за законските застапници.
Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; закуска и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневна работилница: ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ И ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА
27.4.2016 година(среда) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ПРВ ДЕЛ Готовинско благајничко работење -Готовинско благајничко работење (подигање, плаќање, наплата и исплата во готови пари); -Утврдување на благајнички максимум и одлука за благајнички максимум; -Главна, помошна и девизна благајна; -Денарска благајна за материјални и патни трошоци: -Прием на готовински пари во благајна – каса прими; -Исплата на готовински пари од благајна – каса исплати; -Врз основа на кои законски документи и до кој износ се врши готовинска исплата од благајна; Благајна за дневен промет: -Врз основа на кои документи се прави прием на готовински пари од дневен промет; -Во кој законски рок готовинскиот дневен промет се уплатува на трансакциска сметка во деловните банки; Девизна благајна: -Врз основа на кои документи се врши откуп и подигање на девизи; -За кои трошоци се наменети девизните средства; -Прием и исплата на готови девизи.
ВТОР ДЕЛ Благајнички извештај - задолжителна деловна книга -Благајнички извештај за материјални и патни трошоци; -Благајнички извештај за дневен промет; -Девизен благајнички извештај - двојна евиденција во девизи и во денарска противвредност.
ТРЕТ ДЕЛ
Пресметка на дневници за службени патувања во странство во 2015 година -Дневници за службени патувања; -Утврдување на висината на дневниците за службени патувања во земјата;
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ -Право на дневници за службени патувања во странство; -Последните измени на Уредбата за дневници за службени патувања во странство, се враќаат старите правила кои важеа до 21.6.2010 година; -Уредба за службено патување и селидби во странство; -Решение и налог за службено патување; -Патен налог за службено патување во меѓународен транспорт; -Издатоци за сместување, исхрана, превоз и друго за службени патувања во странство; -Трошоци за службени патувања во меѓународен транспорт; -Износ на дневница за исплата; -Утврдување на бројот и висината на дневниците; -Пресметка на трошоците искажани во странска валута.
ЧЕТВРТ ДЕЛ Благајничкото работење во однос на даночните регулативи во РМ -Закон за даночна постапка; -Закон за ДДВ; -Закон за персонален данок на доход; -Закон за данок на добивка. ПЕТТИ ДЕЛ -Правилник за благајничко работење; -Интерни акти; -Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во странство; -Практични примери за пресметка на дневници и трошоци за службени патувања во земјата.
Предавачи: - м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје. - м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје. Учесниците на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 27 до 30 април 2016 година во Република Турција
САЕМ ЗА МАСЛИНИ, МАСЛИНОВО МАСЛО И ТЕХНОЛОГИИ ВО ИЗМИР
Стопанската комора на Македонија, во соработка со саемските услуги и култура од Измир и организацијата IZFAS, ве покануваат да бидете дел 6. Саем за маслини, маслиново масло и технологии. Овогодинешниот саем ќе се одржува во просториите на Измирскиот саем. Саемот за маслинки, маслиново масло и технологии е место каде што се собираат компании кои се занимаваат со производство на маслини и маслиново масло, почнувајќи од дрво до дистрибуција на финален производ, односно оние кои се заинтересирани за машини за производство и преработка, како и за најновите технолошки иновации во дејноста. На манифестацијата ќе има посетители од повеќе земји од светот, што им дава добра можност за остварвање на бизнис-контакти. 6. Саем за маслини, маслиново масло и технологии е наменет пред се` за оние кои се занимаваат со: • одгледување на маслини; • производство на маслиново масло; • производство на расад, семенски материјал и ѓубрива; • производство на амбалажа; • технологии за производство; • складирање и сл. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20 април 2016 година (среда).
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 2 до 5 мај 2016 година купувачка мисија и посета на Меѓународниот саем за санитарија, водовод, греење, ладење и климатизација во репоублика Турција
Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Турција во Скопје, организира купувачка мисија и посета за компаниите од Македонија, за време на саемската манифестација „ISK-SODEX 2016“. Станува збор за еден од најважните настани во секторот, кој е значаен за сите професионалци кои сакаат да останат во чекор со најновите случувања и иновации. На него ќе се појават повеќе од 1300 изложувачи, кои ќе ги посетат повеќе од 80.000 посетители од 126 земји од светот. На овогодинешното издание на „ISK – SODEX 2016“ ќе бидат претставени следниве сектори: • греење; • ладење; • климатирирање и вентилација; • конструкторство; • енергетика; • прочистување на вода; • инсталација на пумпи; • соларна енергија; • производство на механизација и друго. Во рамките на оваа купувачка мисија планиранo е остварување на билатерални средби со турски компании, извозници на гореспоменатите производи на база на однапред договорени средби (matchmaking). Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.
„ISK-SODEX 2016“ ВО ИСТАНБУЛ Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија, ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција. За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат формуларите на Стопанската комора на Македонија и на Потсекретаријатот за надворешна трговија, кои се дадени во прилог и да ги достават до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 17.4.2016 година. За повеќе информации околу настанот посетете ја официјалната веб-страна на Саемот: http://www.sodex.com.tr/ Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-ФОРУМ ВО САРАЕВО
На 4 и 5 мај 2016 година во Република Босна и Херцеговина
Бизнис-форумот има за цел да ги собере бизнисмените и сопствениците на проекти од Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија од една страна и нивни потенцијални соработници од повеќе од 30 земји од светот. Настанот претставува платформа за поврзување на бизниси и отворање на можности за инвестиции во регионот на Југоисточна Европа со единствена цел да се поттикне економскиот развој. Секоја година Бизнис-форумот под еден кров собира повеќе од 1000 учесници и има комплетна медиумска поддршка како на локално така и на глобално ниво. Бизнис-форум во Сараево на учесниците ќе им понуди презентации од инвеститори од областа на: • енергетиката; • инфраструктурата; • земјоделието; • ИТ-секторот; • туризмот; • здравата храна; • образованието. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Бизнис-форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 25.4.2016 година (понеделник). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„GO - INTERNATIONAL“ – ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот бизнисот, Ви нуди можност да бидете дел од тренинг-програмата „GO - INTERNATIONAL“ - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА, во која се применува ЛЕНА - модел на учење. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот ќе бидат разработени следниве модули: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Што е WIFI International? WIFI Институтот за економска промоција е партнер на австрискиот бизнис на полето на едукација и развој на човечки ресурси, со фокус на стручно образование и обука за мали и средни претпријатија. Водени од мотото на „доживотно учење“ целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси, можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. За да ја оствари оваа цел, WIFI одржува постојана размена на искуства со претприемачи, сопственици и менаџери за човечки ресурси. Врз основа на оваа врска и информациите кои ги добиваат од експертите како и врз основа на состојбите на пазарот на трудот, WIFI континуирано развива иновативни едукативни продукти кои се конзитентни со барањата на стопанството. Интернационален know-how трансфер Тимот на WIFI задолжен за интернационален know-how трансфер обезбедува семинари и менаџмент курсеви ширум светот кои нудат дополнителна предност на начин кој на учесниците кои што успешно ќе ги завршат овие курсеви им овозможуваат директен контакт со австриски компании, со цел да имаат активна улога во економскиот развој на целните земји додека истовремено имаат активна улога во отворањето на вратите кон австрискиот бизнис.
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Поради интернационалниот фокус и директните контакти, праксата покажува дека австриските компании биле во можност да склучат договори за набавка со странски добавувачи вредни 138.000.000 САД долари на три години, благодарение на активностите на WIFI. Што го издвојува WIFI од другите тренинг-програми? Тренерите Ангажирани од WIFI се избрани по препорака од бизнисзаедницата. Тие гарантираат пренос на практични know-how техники, високи способности за предавање и теоретски заснована ексертиза и на тој начин осигуруваат дека знаењето стекнато преку курсевите на WIFI може да биде применето директно во соодветната професија. Обука се состои од три дела: 1. теоретски предавања; 2. практични примери; 3. дискусија - feedback, прашања и дијалози.
Методологија на работа Со цел постигнување максимални резултати во текот на тренинг-програмата, методологијата се заснова на следните елементи: • индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално; • фокус на практичниот аспект во текот на обуката; • дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците; • обуката ја спроведуваат високо квалификувани и искусни тренери од интернационалната мрежа на WIFI; • посебно внимание се обрнува на изборот на преведувачи за симултан превод кои ќе мора да бидат високо квалификувани согласно стандардите на WIFI со цел најдобро можно пренесување на знаењето; • обуките се наменети за сите претпријатија.
Тренинг-модули
Модул 1: Корпоративни финансии и финансиско известување Содржина на модулот: - Ризици во финансирање на извозот и меѓународни договори; - Управување со ризик и методи за плаќање; - Транспортни документи, сертификати; - Меѓународни финансиски инструменти
Датум на одржување
Тренер
26-28 мај 2016 година
Максимилијан Фоедингер
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг-модули
Модул 2: Управување со резултати во меѓународните активности Содржина на модулот: - Европски пазар; - Маркетинг стратегии за меѓународни пазари; - Управување со ризик; - Анализа на резултати; - Управување со резултати. Модул 3: Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство Содржина на модулот: - Системи за управување со човечки ресурси; - Видови на човечки ресурси; - Управување со работа во тимови; - Мотивација; - Компанија, лидери, вработени.
Датум на одржување
Тренер
23-25 јуни 2016 година
Маргит Венделбергер
9-11 јуни 2016 година
Александра Веселиновиќ
Времетраење на обуките Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, можат да учествуваат на деловните средби организирани од Австриската федерална комора во Виена и да се стекнат со меѓународно признат сертификат. Сертификатите и дипломите кои ги добиваат учесниците се признати од бизнисзаедницата. WIFI Институтот е сертифициран по ISO стандардите и континуирано применува проверка на квалитет. * Напомена: Потребен број на учесници за реализација на обуките: 15 – 20 лица. Обуката нема да се реализира доколку не е формирана група од минимум 15 учесници. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: • Тренинг-курсот е дел од WIFI IKT е специјално дизајнирана програма за специфичните потреби, предизвици и можности со кои се соочуваат целните групи. • Овој курс на учесниците им обезбедува стекнување на финансиски и бизнис-основи коишто секој менаџер треба да ги поседува за да може да опстои во конкурентска средина и да стекне профит од својот бизнис. • Програмата нуди надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет.
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • Учесниците учат: - како да се справат со пречките и предизвиците кои произлегуваат од недостаток на време, пари, искуство и други ресурси; - како да ги откријат начинот на размислување, визијата, вештините и стратегиите потребни за успех; - како да профитираат на пазарот; - како да размислуваат различно и стратегиски ориентирано со цел да го развијат бизнисот; - како да работат и да имплементираат иновативни стратегии; - како на најефективен начин да ги користат стратегиските партнерства со цел да се обезбедат повеќе можности и да се зголемат шансите за успех. • Учесниците можат да се вмрежат со претприемачи и менаџери од австриски компании. • Учесниците добиваат искуство од странски експерти. Котизацијата за сите WIFI обуки изнесува 54.900 денари + ДДВ и истата вклучува: * обука за конкретна програма во времетраење од 9 дена (3 модули x 3 дена) и тридневен престој во Виена, Австрија; * хотелско сместување во двокреветни соби во Виена; * превоз аеродром – хотел – аеродром; * преведувач за време на престојот во Виена и за време на целата обука; * работни материјали; * организација и присуство на Бизнис форум и индивидуални термини за учесниците; * организирана свечена вечера во Виена и доделување на WIFI сертификати. *Во котизацијата не е вклучен превозот Скопје – Виена – Скопје.
Краен рок за пријавување: 11.5.2016 година. Напомена: Ве молиме, да се има предвид дека согласно Меморандумот за соработка со WIFI International, Стопанската комора на Македонија не е во можност да прими пријави по истекот на крајниот рок. Истиот рок се однесува и на уплатите за котизација за обуката.
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел:++ 389 2 3244084 E-адреса:ivona@mchamber.mk Контакт: Симона Ристоска Тел:++ 389 2 3244067 E-адреса:simona@mchamber.mk
38
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 11 до 15 мај 2016 година во Р. Црна Гора
САЕМ НА ЕКОЛОГИЈАТА ВО БУДВА
Учеството на саемот Стопанската комора на Македонија го организиеа во соработка со Јадрански сеам – Будва. Саемот, покрај останатото, има за цел дополнително да ja унапреди и поттикне соработката помеѓу граѓанскиот сектор, владините институции и бизнис-секторот во областа на екологијата. На манисфестацијата ќе бидат организирани различни тематски настани од бизнискарактер, кои примарно ќе бидат наменети да излезат во прилог на барањата и потребите на посетителите и учесниците на Саемот. Саемот за екологија е наменет пред се` за: • производителите и давачите на услуги од областа на заштитата на животната средина; • одржливиот развој на животната средина; • енергетската ефикасност; • обновливи извори на енергија; • рециклажа; • нови технологии околу планирање и изградба на објекти; • мониторинг на системи и друго. За сите заинтересирани компнании коишто ќе се пријават за учество како излагазчи на оваа саемска манифестација, Стопанската комора на Македонија им овозможува заеднички попуст од 30 %. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО БЕЛГРАД
Од 16 до 20 мај 2016 година во Р. Србија
Стопанската комора на Македонија учеството на саемот го организира во соработка со Белградскиот саем. Меѓународниот саем за техника веќе 60 години претставува најголем развојно-технолошки настан во целиот регион. Тој е голем поттикнувач на меѓународната деловна соработка овозможувајќи им на странските излагачи да ги претстават на српскиот пазар нивните експонати кои не се произведуваат во државата, а на домашните компании да ги прикажат сопствените производи наменети за извоз. Минатата година на Саемот учествувале 510 излагачи од 23 земји од светот, а настанот го посетиле повеќе од 20.000 посетители. Саемот за техника има за цел на едно место да промовира повеќе сегменти, но како главен акцент ќе биде ставен на: • електроенергетиката; • индустриската автоматизација и фабриките на иднината; • иновациите и новите технологии; • телекомуникациите; • новите материјали; • инсталациите; • опрема за професионална и научна цел. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
40
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
На 18 и 19 мај 2016 година во Загреб, Р. Хрватска
AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 „БИЗНИС СУБВЕНЦИИ И ФИНАНСИРАЊЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА“
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Трговското одделениот при Амбасадата на Австрија во Македонија, ве покануваат да бидете дел од Конференцијата AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа 2016 – „Бизнис субвенции и финансирање во Југоисточна Европа”, што ќе се одржи на 18 и 19 мај 2016 година, во хотелот „Дубровник“, во Загреб, Р. Хрватска. Главен акцент на Конференцијата ќе биде ставен на можностите за унапредување и финансирање во земјите од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија, Косово и Грна Гора). Паралелно со тоа се отвора поле за меѓусебно поврзување на компаниите и размена на искуства. Целта на Конференцијата е на едно место да ги собере претприемачите од Австрија, управителите на австриски компании во Хрватска и во регионот, како и нови потенцијални инвеститори и економски експерти за стимулирање и развој на екомониите во Југоисточна Европа.
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
41
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
БИЗНИС-СРЕДБИ „AgroB2B@NSFair“ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 16.5.2016 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак настанот е отворен и за сродните сектори, како што се: земјоделски машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување, итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Во 2016 година, земја-партнет е Холандија. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да си ги покриете трошоците трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. Пријавата и барањето за учество на меѓународните бизнис-состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да го направите преку линкот http://agrob2b.talkb2b.net Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
42
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 20 до 22 мај 2016 година во НР Кина
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ 2016 – BITE ВО ПЕКИНГ
Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, да им овозможи на излагачите промоција на своите услуги, да ги зајакнат своите брендови, како и да ја подобрат својата меѓусебна соработка со професионалци од истата дејност. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 81 држава и 27 локални провинции, а се очекуваат и над 120.000 посетители од целиот свет. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
D CE ON IA
M
A
БИЗНИС ИНФО
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
45
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„ЕНЕРГА 2016“ ВО ТУЗЛА
Од 7 до 9 јуни 2016 година Меѓународен саем за енергетика во Р. Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Тузланскиот саем од Тузла, ве поканува да бидете дел од 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 7 - 9 јуни 2016 година, во Тузла, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“. 6. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2016“ главен акцент ќе стави на следните дејности: електрична енергија; јаглен; гас и нафта; соларна енергија; еолската (ветерна) енергија; биомаса; енергетска ефикасност и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 20.5.2016 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
46
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 8 до 10 јуни 2016 година, Саем за текстил и мода во Р. Албанија
„TEXTILE, FASHION AND FAÇON SHOW“ ВО ТИРАНА
Учеството на саемот, што ќе се одржи во Конгресната палата, го организира Стопанската комора на Македонија во соработка со „Klik Ekspo Group. Покрај изложбениот дел ќе бидат организирани и: деловни средби; ревија (претставување модели); посета на институции и конференции, на коишто ќе се дискутира за развојот на текстилната индустрија со претставници од албанските институции, како што се Албанската агенција за инвестиции и равој и Стопанската комора на Албанија. Ќе бидат организирани и посети на албанските производствени капацитети, како и модни ревии на кои ќе бидат прикажани сите производи од Саемот. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 18.4.2016 година (понеделник).
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
47
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
48
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 22 до 24 април 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
49
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
50
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА крекреи, чипс и сл.), бара компании за соработка од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Украина производител на сите видови сол за човечка исхрана, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Украина која произведува додатоци за прехранбената индустрија, за пекарската и млечната индустрија, која исто така произведува и шеќер, козметика, фармација, како и полимери, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година.
Водечка компанија од Украина која се занимава со истражување, развој, имплементација и производство на системи за прочистување на гасови, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 1.7.2016 година.
Компанија од Украина производител на тапети со богат избор на дезени, бои, димензии, бара компанија од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 1.7.2016 година.
Компанија од Украина која произведува земјоделска механизација, покрај другото и аеро-сепаратори, елеватори и сл. за житни култури, бара компании од Р. Македонија за Компанија од Укрaина која е во состав на соработка и пласман на своите поизводи. меѓународно афирмирана корпорација, а произведува разни грицки (семки, кикирики, Валидност до 1.7.2016 година.
четврток, 21 април 2016, Бр. 264
БИЗНИС ИНФО
51
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Украина која произведува мултифункционални дизел возила за потребите на железницата, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Укрина која произведува разна челична опрена и делови за машини и шински возила, бара компанија за соработка во Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година. Компанија од Украина која призведува жита, сончоглед и други земјоделски култури, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 1.7.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Украина која се занимава со комплетен циклус на производство на зеленчук: обработка на почвата, сеење, одгледување, собирање, обработка, длабоко замрзнување на грашок, пченка, пиперки, карфиол, брокула, кромид, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 1.7.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088