петок, 21 април 2017, Бр. 304
Број 304
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
21.4.2017
СТАБИЛНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ И ГРИЖА ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 21 април 2017, Бр. 304 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРИ
СТАБИЛНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ И ГРИЖА ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ - Според официјално објавените финансиски показaтели за 2016 година во осигурителната индустрија се потврдува дека осигурителниот пазар е стабилен и покрај нагласеното влијание на ризици од неекономска природа, истакна Весна Ѓорчева, потпретседателка на Здружението на осигурувањето на редовната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија (18.4.2017 година). Осигурителната индустрија покажува дека настојува да биде што поблиску и поотворена за потребите на осигурениците. Покрај стандардните форми на канали за продажба, постојат вебплатформи како модерно ИТ-решение и останати алатки како резултат од се` пораширената дигитализација. Може да се каже дека купувањето на полисата за осигурување никогаш не било полесно и таа никогаш не била подостапна до клиентите. Развојот на каналите за продажба на осигурувањето мора да резултира и со зголемување на бројот на продадени полиси, како што се осигурувањето на домаќинствата, семејните пакети, здравственото осигурување, животното осигурување и сл. Во таа насока е и настојувањето на Здружението да го популаризира осигурувањето. Тоа беше направено во 2016 година преку
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА два циклуса на предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ, во кои беа вклучени експерти од осигурителните компании и кои имаа за крајна цел да се подигне свеста за постоење на осигурителни производи, освен задолжителните, кои нудат сеопфатна заштита на имотот на стопанствениците. Друштвата за осигурување се високо професионално организирани и стручно екипирани, и тие даваат соодветна услуга на своите осигуреници, од приемот во осигурување, до решавање на штета во случај на штетен настан. Но од друга страна, особено важно и значајно за секој осигурител е осигуреникот да знае конкретно каков вид и тип на осигурителна услуга бара, што му е потребно, односно кои ризици и за која цел. На таков начин би се избегнале многу недоразбирања и неусогласености меѓу двете договорни страни. Оттука, произлегува потребата за продолжување на едукацијата на стопанствениците и презентација на осигурителните производи преку Здружението на осигурувањето. Во корелација со сето ова, неодамна Стопанската комора на Македонија издаде брошура како каталог-водич за запознавање со сите инволвирани страни во индустријата, а тоа се осигурителните друштва, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Верица Ѓоргиевска, претседателка на Асоцијацијата на осигурително брокерски друштва при Комората, ја објасни улогата на осигурително брокерските друштва кои се организирани како акционерски друштва кои имаат добиено лиценца за работа од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Основната нивна дејност е посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие, како и посредување при реализација на оштетени побарувања по остварен осигурен штетен настан. Осигурително брокерските друштва во согласност со желбите и можностите на договорувачот, предлагаат најдобар осигурителен производ од сите осигурителни производи кои се нудат на пазарот, врз претходна направена стручна анализа. Сите новини во однос на информациската технологија за побрз и полесен пристап на осигурителниот производ до клиентот, како и промовирањето на нови осигурителни производи и пакети од компаниите, се широко прифатени од брокерските друштва и истите понудени на пазарот. Д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), објасни дека во 2016 година е остварена бруто полисирана премија (БПП) во вкупен износ од 8,72 милијарди денари, што претставува пораст на приходите од 5,34% во однос на остварените 8,28 милијарди денари од 2015 година. Ова укажува дека зголемената понуда на осигурителни продукти, како и сѐ поизразеното препознавање на предностите коишто го нуди осигурувањето како механизам за компензирање финансиски загуби од потенцијалните ризични настани, влијае врз порастот на БПП. Во текот на 2016 година друштвата за осигурување склучиле 1.292.748 договори, при што се забележува пораст од 7,74% во однос на 2015 година, кога беа склучени 1.199.860 договори. Од
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
вкупниот број склучени договори, 1.279.015 полиси се во рамките на неживотно осигурување, што претставува пораст за 7,37% во однос на бројот на полисите во 2015 година, додека 13.733 се полиси за осигурување на живот, односно 8.683 полиси т.е. зголемување од 58,16% во споредба со 2015 година. Друштвата за осигурување во 2016 година исплатиле бруто-износ на штети од 3,61 милијарди денари. Учеството на реосигурувањето во бруто исплатените штети изнесува 23,44%. Во споредба со 2015 година бруто исплатените штети бележат пораст од 13,26% (2015 година: 3,18 милијарди денари). Минатата година беше исплатена најголемата поединечна штета во Република Македонија и тоа, во износ од 411 милиони денари, а се однесува на незгодата со хеликоптер од 2014 година. И покрај влијанието на ризици од неекономска природа и во 2017 година се очекува позитивна стапка на пораст на бруто полисираната премија. Во насока на развој на осигурителниот пазар и финансиското знаење, финансиските институции во Македонија организираат хепенинг на тема: „Финансиско знаење во областа на осигурувањето“, којшто ќе се одржи во мај 2017 година. Ивона Каранфиловска
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СЕКУНДАРНИ СУРОВИНИ И РЕЦИКЛАТОРИ Неповолната законска регулатива во делот на извозот, увозот и транзитот на отпад, која во голема мера го отежна работењето на субјектите кои вршат дејност на управување со неопасен отпад, како и на индустриските капацитети кои го користат како суровина беше основната тема на расправа на седницата на Собранието на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, одржана на 19 април 2017 година во Комората. -Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад, којшто беше донесен на барање на Асоцијацијата во текот на минатата година, наместо очекуваната либерализација на тековите на отпадот од зелената листа, како што е впрочем регулирано во земјите од Европската унија, повторно ги остави согласностите за извоз, увоз и транзит на отпад и ги ограничи стопанските субјекти во вршењето на дејноста, истакна во своето излагање во однос на минатогодишните активности претседателот на Асоцијацијата Владо Момировски. Неповолната регулатива предизвика значителни финансиски штети, особено кај индустријата која како основна суровина го користи старото железо. Со цел надминување на овој проблем, Асоцијацијата предложи до Министерството за животна средина и просторно планирање текст на Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад, но и натаму нема резултати од покренатите активности. Раководителот на Секторот за управување со отпад при Управата за животна средина м-р Ана Каранфилова Мазневска информираше дека кон крајот на минатата година започна Твининг-проект „Зајакнување на
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
7
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема“ и истиот како резултат треба да даде нацрт-текст на Законот за управување со отпад во согласност со европските директиви. Една од суштествените измени на Законот за управување со отпад ќе се однесува на разграничувањето на отпадот од секундарните суровини, а како што истакна Мазневска ќе се смени хиерархијата на приоритети, при што првиот акцент ќе биде ставен на намалувањето на количините отпад коишто се создаваат. Токму оваа измена, како и потребата од разграничување на комерцијалниот од комуналниот отпад ќе бидат двете приоритетни активности на Асоцијацијата до крајот на тековната година. Асоцијацијата ќе даде свој придонес во донесувањето и имплементирањето на новините во Законот за управување со отпад и законите за посебните текови на отпад кои би приденеле во унапредување на дејноста управување со отпад, особено во делот на непречено движење на неопасниот отпад од зелената листа, без административни процедури, како дозволи и согласности, како што е праксата во земјите од Европската унија. До донесување на новата законска регулатива, Асоцијацијата ќе го обнови своето барање за измени и дополнување на Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад. Зорица Мешкова
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО РУДАРСТВОТО - тема на расправата на Македонската асоцијација на рударството На 21.4.2017 година, Македонската асоцијација на рударството расправаше за актуелните состојби во рударството во присуство на претставници на министерствата за економија, за животна средина, професори од Рударскиот факултетот од Штип и претставници на активните рудници, при што беше истакнато дека на оваа средба присутни се одговорни лица кои се носители на стручноста за геологијата, рударството, проектирањето, изработка на елаборати и друго. Во кратки црти, Марија Петроска од Комората изнесе податоци за состојбата во рударството, при што истакна дека во оваа област активно работат 189 компании со околу 7.000 вработени, но ако се има во предвид дека производството на неметалите минерали се дел од оваа индустриска гранка, тогаш вкупниот број изнесува и преку 13.000 работници. Кај вадењето на руди на метал, состојбата постепено се стабилизира и таа во двата месеца од 2017 година скоро е идентична со истите месеци од 2016 година, односно има само минимално опаѓање од 0,7%. Податоците говорат дека споредено само за месец февруари 2017 година со истиот месец од 2016 година, има зголемување на производството од 4,3%. Овде сигурно има позитивно влијание рестартирањето на рудникот „Злетово“, но и на „Тораница“, така што во наредниот период може да се очекува натамошно зголемување. Според податоците добиени од страна на Министерството за економија, од Секторот за минерални суровини, за истражување се доделени околу 34 концесии, од кои 13 концесии се за метали, а додека за експлоатација се доделени 375 концесии, за сите видови минерални суровини, од кои 12 концесии се за метали. Рударството засега во БДП учествува само со околу 1,0%, додека во извозот учествува со околу 3,85%, а во увозот учествува со околу 6,04%, или искажано во вредност, се извезува стока во вредност од околу 185 милиони САД долари, а додека се увезува стока во вредност од околу 410 милиони САД долари. За жал, се увезуваат неметални минерални производи во вредност од околу 370 милиони САД долари, а се извезуваат само во вредност од околу 47 милиони САД долари. За ваквата состојба често на седниците на МАР се расправа, а приоритет се дава и се бара од ресорното министерство, за донесување на Стратегија за развој на минералните суровини во нашата земја. Идејата за донесување на Стратегија не е прв пат да се истакнува, истата беше поддржана од Управниот одбор на Комората, а исто така, беше поддржана од страна на присутните. Стратегијата
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
9
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
треба да ја даде насоката за развој на рударството, со вклучување на стручњаците од геологијата и рударството. Во обемната расправа, беше потенцирано дека изостанува активно учество на стручната јавност за одредена тема со аргументи и податоци, потоа се истакна дека треба да преовладува и поголема доверба меѓу стручните лица, а сето тоа да се пласира и во јавноста, за донесување на правилна оцена за одредени концесии, било да се во фаза на истражување, било да се во фаза на експлоатација. Посебно незадоволство беше потенцирано за состојбата што е во Гевгелија, каде и покрај тоа што Општина Гевгелија има дадено позитивно мислење при добивањето на дозволата за истражување, сега нестручни лица пласираат податоци со кои се доведува населението во заблуда и се оди на референдум. Фирмата повеќе од три години врши истражување, поднесува годишни извештаи до ресорното министерство и до сега немало никаков проблем, ниту од Министерството ниту од Општината. За жал, од непознати причини, се направи голема заблуда кај населението. Ваквите состојби можат да имаат негативно влијание кај странските инвеститори при што постои можност за нивно повлекување или откажување за искажаниот интерес за вложување во рударството. Во расправата беше нагласено дека сите рудници имаат обврска да поседуваат А интегрирана дозвола, со што во целост се исполнуваат и условите за зачувување на животната средина. Посебно беше потенцирано дека МАР, Рударскиот факултет во Штип, вклучувајќи ги и соодветните стручни институции, треба почесто да соработуваат и да расправаат за теми кои се неопходни, како за размена на информации меѓу себе, така и за поголемо присуство во јавноста. Марија Петроска
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ОДРЖАА ТРЕТА ПО РЕД РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГРЕГУЛАТИВАТА ЗА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ Согласно договореното на претходниот состанокот на тема: Регулативата за индустриските емисии, во рамките на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија денес се одржа трета по ред работна средба на којашто се разгледуваа предлозите и сугестиите доставени од страна на претставниците на индустријата и на другите засегнати страни по оваа значајна регулатива. Состанокот е одржан во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на Твининг-проектот којшто го спроведува Министерството со цел зајакнување на капацитети на централно и на локално ниво за спроведување на Директивата за индустриски емисии во Македонија, преку подготовка на примарна и секундарна законска регулатива за индустриските емисии. На состанокот покрај претставници на индустријата на основни метали и на други индустриски капацитети засегнати со предметната проблематика, учествуваа и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, постојаниот советник во Твининг-проектот „Конрад Клеменс“, претставник на бугарското
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
Министерство за екологија, како и претставници на невладини организации од областа на животната средина. Презентацијата којашто ја даде ескпертот за животна средина од Р. Бугарија, Бојкло Малинов ги содржеше и одговорите на дел од отворените прашања, како и коментарите коишто претставниците на индустријата ги дадоа во изминатите две недели по однос на понудените законски решенија за контрола на индустриските емисии. Повторно беа актуелизирани и беше побаран одговор на дел од прашањата поврзани со најдобрите достапни технологии, усогласеноста на Законот со Националниот план за емисии, еднаквиот однос на законските решенија во однос на сите индустриски инсталации што не е актуелна пракса, а едно од суштестевните прашања се однесува на транзициониот период. Имено, новиот Закон за индустриски емисии треба да се донесе во 2018 година, а да се применува после 2 години од донесувањето. Транзиционен период во ЕУ за имплементација на новата Директива е 4 години. Со оглед на фактот дека голем дел од индустријата Интегрираните еколошки дозволи ги има добиено во 2014 година, односно 2015 година, како и на актуелната економска состојба во стопанството во РМ, беше укажано на кусиот транзиционен период со јасно барање, односно роковите за приспособување кон барањата од новата регулатива да бидат поголеми од 4 години, бидејќи РМ не е земја-членка на ЕУ. Имајќи го предвид значењето на регулативата, чијашто примена бара значителни инвестициони вложувања, претставниците на индустријата ќе го следат Законот за индустриски емсии во сите фази од неговото донесување, давајќи свои предлози и сугестии за негова практична примена во реалниот сектор. Зорица Мешкова
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Одржана осмата информативна сесија во Струмица - ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа осмата информативна сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законите од областа на даночната и царинска политика“, во хотел „Тивериопол“ во Струмица, на 20.4.2017 година. Пред присутните се обрати м-р Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, која истакна дека целта на овие инфо-сесии e информирање на претставниците од бизнис-заедницата за даночната и царинската регулатива, но и детектирање на клучните прашања што би требало да се изменат или дополнат во соодветните закони или подзаконски акти, со цел нивна ефикасна примена во практиката. Во рамките на Проектот пет клучни сектори: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТтехнологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива и дека оваа инфо сесија претставува исклучителна можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија во овие области со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот.
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Предавачи на информативниот настан беа господин Славко Лазовски, кој работи во областа на даноците и даночната политика и госпоѓа Ленка Петковска, која работи во областа на даноците и даночната политика при Министерството за финансии на Република Македонија. Во првиот дел од сесијата, господинот Славко Лазовски имаше свое излагање за даноците, со посебен осврт на прописите поврзани со персоналниот данок, данок на добивка, ДДВ, како и правилно утврдување на даночната основица, одредби за санкционирање и сл. Вториот предавач Ленка Петковска пред присутните компании го објасни Законот за царинска политика, во делот на увоз и извоз на текстилни и земјоделски производи, при што ги наброја правата и обврските во царинските постапки и потребната документација во царинската постапка, како и правните процедури при вршење на царинскиот надзор. Целта на овој информативен настан беше детално информирање на компаниите за законите од областа на даночната и царинска политика, со цел полесно спроведување на истите, но и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. На настанот присуствуваа повеќе од 35 учесници од повеќе сектори и тоа од: градежништво, текстил, финансии, трговија, земјоделие и производство на мебел . Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат микро, малите и средните претпријатија, како и можност за подобрување на јавноприватниот дијалог во земјата во наредните години во кои е предвидено да се спроведува Проектот. Организирањето на овие информативни сесии е отпочнато со одржувањето на првата информативна сесија во Велес на 22 март 2017 година. Сите вкупно предвидени 18 информативни сесии ќе бидат организирани до 7 јуни 2017 година во неколку градови во Македонија и тоа во: Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје на три теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа; 2. Права и обврски кои произлегуваат од законите од областа на даночната и царинска политика и 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување на подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен Проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ирена Жарова
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Во Штип одржан информативен настан на тема: ИПАРД 2 – ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА АГРОБИЗНИСИТЕ Во организација на Регионалната комора со седиште во Штип на 21.4.2017 година во просториите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието во Штип беше одржан информативен настан на тема: ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите. Компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија - потенцијални апликанти, беа информирани за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програма 2014-2020. Предавачи на овој информативен настан беа Илчо Маролов, советник во АПРЗ Штип и м-р Васко Златковски од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тие пред присутните компании, претежно од земјоделскиот сектор ги презентираа двете мерки: „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
15
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ производи“ и „Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020, а се разгледуваа и прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување барања, склучување договори, поднесување барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година. Исто така, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието изјавија дека стојат на располагање на потенцијалните апликанти во подготовката на целокупната документација. Беше истакнато дека за разлика од претходниот период има промени во критериумите за аплицирање кои се олеснети, и тоа дава позитивен знак дека на наредниот повик се очекува да бидат искористени многу повеќе средства. Регионалната комора со седиште во Штип и понатаму им стои на располагање на компаниите организирање вакви и слични информативни настани и работилници, се` со цел навремено добивање на потребните информации за помош и поддршка на стопанството. Моника Стоичева
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ФОРУМ
Развој на приватниот здравствен сектор БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ТУРСКИ КОМПАНИИ ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ СЕКТОР Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, Стопанската комора на Македонија, во соработка со МАТТО - Стопанската комора на Македонија-Турција и Трговската комора на Измир, организираа билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании од Измир. На билатералните деловни средби што се одржа на 20 април 2017 година, во хотелот „Холидеј Инн“ во Скопје, учествуваа 22 компании од Турција и 20-тина компании од Македонија. На деловните средби учествуваа македонски и турски компании од секторите за информатичко-комуникациски технологии и здравство (опрема и услуги за здравствени установи), со цел унапредување и зголемување на заедничката соработката меѓу компаниите од овие дејности од двете земји, заедничко учество во ЕУ-проекти, настап на трети пазари и др. Од името на Стопанската комора на Македонија пред присутните се обрати д-р Андреја
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
17
БИЗНИС ФОРУМ Арсовски, претседател на Групацијата на приватни здравствени установи во рамките на Асоцијацијата за здравство при Стопанската комора на Македонија. Тој го поздрави овој настан и гостите од Измир. Во своето обраќање д-р Арсовски накратко го претстави здравствениот систем во Република Македонија, притоа истакнувајќи дека во Македонија има јавно здравство, коешто се финансира од Фондот за здравствено осигурување, но во последните 20-тина години се појавија и приватни здравствени установи. Во најголем дел услугите на приватните здравствени установи се покриваат од самите пациенти, но мал дел и од Фондот за здравство. Во наредниот период се очекува со зголемување на приватното здравствено осигурување да се зголеми и бројот на пациенти во приватниот сектор. Д-р Арсовски исто така истакна дека приватниот здравствен сектор во Македонија е отворен за инвестиции од странство. Резултат на тоа се инвестициите во „Аџибадем Систина“, во Европската очна болница, „Санте +“ и во Дијагностичкиот центар во Тетово. Затоа, д-р Арсовски се надева дека и денешниот форум ќе биде во правец на зголемување на инвестициите бидејќи навистина постојат бројни можности за натамошна соработка. Според д-р Арсовски, во Турција е доста развиен здравствениот туризам, додека во Македонија оваа гранка е на почетокот. Тој се надева дека има големи можности во приватниот здравствен сектор за да се развие здравствениот туризам и во Македонија. -Со оглед на капацитетите кои ги има турскиот здравствен систем и турските компании мислам дека ова ќе биде само еден вовед во натамошна успешна соработка затоа што постојат многу можности кои треба да се искористат, - изјави Арсовски. На крајот од своето излагање, д-р Андреја Арсовски ги покани присутните да се испитаат сите можности за соработка преку Групацијата на приватните здравствени установи при Стопанската комора на Македонија. Пред присутните се обратија и госпоѓа Марија Томевска, потпретседател на МАТТО, како и господинот Емре Илалан, член на Управниот одбор на Трговската комора на Измир. Република Македонија и Република Турција во изминатиот период имаат создадено значителни стратешки врски, а економската размена изнесува над 450 милиони евра. Сепак, постои простор и интерес за зголемување на трговската размена и за нови инвестиции од Турција, особено во областа на ИТ и во здравствениот сектор. Од Трговската комора на Измир се надеваат дека ќе се воспостави соработка и контакти со компании од ИТ-секторот и од здравствениот сектор со цел за да се зголеми соработката меѓу двете земји. Станка Дамјановска
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ФОРУМ
Бизнис форум Македонија Босна и Херцеговина ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Во рамките на официјалната поста на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, господинот Младен Иваниќ на Република Македонија, на 20 април 2017 година во Министерствотo за надворешни работи беше организиран Бизнис форум, со билатерални средби меѓу стопанственици од двете земји. Бизнис форумот го отвори заменикот-министер за надворешни работи, Илија Исајловски, кој што истакна дека Македонија и Босна и Херцеговина уште од минатото имаат одличен политички дијалог и дека во иднина треба да се вложат напори за подобрување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. -Посетата на господинот Иваниќ на Република Македoнија и овој Бизнис форум се израз на подготвеноста на нашите државни институции да им помогнат на стопанствениците од двете земји. Тука сме за да отвараме нови перспективи, да создаваме нови правни рамки за поконкретна соработка, да одговориме на потребите на стопанските субјекти и да им овозможиме на нашите народи да продолжат да го негуваат традиционалното пријателство, - истакна претседателот на Република Македонија, д-р Иванов. Статистичките податоци укажуваат дека Босна и Херцеговина е дури 20-ти трговски партнер на Македонија, а трговкста размена во 2016 година изнесувала вкупно 155,7 милиони САД долари, од коишто 82 милиона САД долари се во извозното салдо, а 73,7 милиони долари отпаѓаат на увозот. Според претседателот Иванов овие статистички податоци не соодветствуваат со високото ниво на политички, културни и општествени односи што постојат меѓу двете држави и додаде дека треба интензивно да се работи на зајакнување на билатералната соработка која треба да се темели на взаемната доверба и отвореноста на двата пазара за веќе препознатливи брендови и компании од двете земји. Во насока на продлабочување на економската соработка, Иваниќ истакна дека постојат големи можности за компаниите од двете земји. – И двете држави имаат релативно стабилна валута, стабилна даночна политика, дел сме од современиот свет и тежнееме кон исти цели, односно да станеме дел од Европското семејство, - потенцираше Иваниќ. Во насока на зајакнување на билатералните односи, Иваниќ додаде дека покрај интензивната работа на правната регулатива, Македонија и Босна и Херцеговина се стремат
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
19
БИЗНИС ФОРУМ
и кон преземање дополнителни активности коишто ќе ја олеснат економската соработка. Тој изрази надеж дека наскоро ќе успеат на граѓаните од двете земји да им овозможат патување од една во друга држава со лична карта, отворање на директна авионска линија меѓу Скопје и Сараево, и заеднички настап на трети пазари на македонските и босанските компании. Во следниот период се очекува двете држави да потпишат договор за економска соработка, како и да се случат договори за соработка меѓу стопанските комори од двете земји. По официјалното обраќање на двајцата претседатели, пред стопанствениците од двете бизнис заедници, од страна на Билјана Додевска, државен советник за меѓународна соработка при Министерството за економија на Република Македонија беа презентирани бизнис можностите за инвестирање во Македонија, додека пак можностите за инвестирање и соработка со Босна и Херцеговина беа презентирани од страна на господин Бруно Бојиќ, потпретседател на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина и Нина Побриќ, шеф на Одделот за промоција на инвестиции во Агенцијата за странски инвестиции на Босна и Херцеговина. По официјалниот дел беа организирани и билатерални средби меѓу македонски и босански компании на коишто учествуваа повеќе од 30 стопанственици од двете бизнис заедници. м-р Сања Николова
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
Регионална конференција
Регионална конференција во Будва на тема: ТРАНСПАРЕНТНОСТ СО ЦЕЛ ЗА РАМНОМЕРЕН РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЧКАТА ЕКОНОМИЈА Транспарентност во функција на рамномерен развој на заедничката економија беше тема на Регионалната конференција која Стопанската комора на Црна Гора ја организираше на 19 април 2017 година во Будва, во соработка со Дирекцијата за развој на мали и средни компании на Црна Гора. На овој настан учествуваа претставници на стопанските комори на земјите од регионот кои го издаваат сертификатот Excellent SME, Министерството за економија на Република Црна Гора, Европската комисија, Инвестиционо развојниот фонд, Европската банка за обнова и развој, „Coface“ и други. Одржувањето на Конференцијата го поддржа Европската комисија во рамките на Форумот за единствен пазар. Заклучоците од Конференцијата ќе бидат претставени пред членовите на Европскиот парламент, учесниците и стејкхолдерите на Малта, на 19 јуни 2017 година, а воедно ќе бидат објавени на сајтот на Европската комисија. Потпретседателката на Стопанската комора на Црна Гора Лилјана Филиповиќ ја опиша Конференцијата како средба на бројни актери од државите каде што малите и средни компании се основа на стратегијата на вкупниот општествен развој. Според неа, богатството на специфичности и уникатни вредности, високиот степен на компатибилност во третирањето на значењето на малите и средни бизниси се заеднички именител за учесниците на оваа средба. Таа оцени дека посебна вредност на средбата претставува презентирањето на искуствата на стопанствениците и менаџерите на Проектот „Excellent SME“ од Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и од Словенија, со што се отвораат можности за нови креативни партнерства кои ќе придонесат за зајакнување на регионалната конкурентност со нови иницијативи, иновативни производи и услуги. Од вкупно 20 милиони компании, колку што се во Европската унија, 99% се мали и средни компании. Овие компании придонесуваат во бруто домашниот производ на ЕУ со 75% и обезбедуваат преку 80 милиони работни места . Во основата на единствениот европски пазар е слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал. Европската комисија со стратегијата која ја регулира оваа област, има дефинирано план за остварување на целосните потенцијали на пазарот низ: овозможување на балансиран развој на заедничката економија, помош на секторот на мали и средни компании во започнувањето на нови бизниси, унапредување на можностите за бизнис и движење на работната сила помеѓу земјите, модернизирање на системот на стандардизација, креирање на транспарентен ефикасен
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
21
Регионална конференција
и одржлив систем за јавни набавки, обединување на европскиот систем на интелектуална сопственост и спроведување на единствениот пазар. Регионалниот директор на бонитетната куќа „Coface“, господинот Живановиќ, смета дека е клучно создавањето на здрав бизнис амбиент за работа на малите и средни компании. „COFACE“ со своите услуги дава придонес во развојот на малите и средни компании во 165 земји во светот. Со Проектот „Excellent SME“ со кој координираат во партнерство со стопанските комори, придонесува за поголема транспарентност и овозможува усогласување со Директивите на ЕУ. На панелот посветен на темата „Искуства од промоцијата и поттикнувањето на малите и средни компании“, свои искуства споделија Андреј Чушин од „Conet“, Маја Ѓуровиќ од Стопанската комора на Црна Гора, Наташа Кецман од Стопанската комора на Србија, м-р Анета Трајковска од Стопанската комора на Македонија, Луција Маринчиќ од „Coface Adriatic“ - Хрватска и Мојца Осојник од Стопанската комора на Словенија. М-р Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање и работење при Комората истакна дека Стопанската комора на Македонија е вклучена во овој проект во 2013 година. Денес во Македонија Excellent SME-компаниите вработуваат преку 5500 вработени. Најголем број на Excellent SME-компании во Македонија се во дејноста трговија, производство и градежништво. Таа истакна дека од особена важност е соработката меѓу компаниите носители на Excellent SME-сертификатот од сите земји од регионот како одговор на глобализацијата на големите компании, а стопанските комори имаат голема улога во развојот на овие релациите помеѓу компаниите. Валентина Цветковска
22
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Одржан настан во КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ на тема: „Важноста на емоционалната писменост во работни организации“ Клубот на менаџерипретприемачи на 21.04.2016 година реализираше едукативното предавање на тема: „Важноста на емоционалната писменост во работни организации“ со м-р Катерина Наумовска-Ристовска, психолог и сертифициран тренер по емоционална писменост. Денешната тема е многу актуелна и сите многу често си поставуваме прашање Кој се најголемите предизвици со кој се соочувааат компаниите? Компаниите пред се мораат да се изборат и прилагодат со масовната брзина на промените, потребно е да управуваат со се поголемите количини на информации, работниците треба да бидат се повеќе мотивирани и посветени, потребно е да работат подобро заедно, да се согласуваат и да одржуваат добри меѓучовечки односи, а менаџерите е потребно да ја зголемат лојалноста на клиентите, да ги користат талентите со кој располагаат , да ги препознаваат лидерите, да носат добри одлуки и да постигнат добри релации со вработените. Тоа ќе им овозможи да ги потикнат вработените на искреност, мотивираност, лојалност и задоволство од работата. Токму тука е нагласена важноста на емоционалната интелигенција во работната организација. Доколку таа недостасува, а зачестуваат психолошки игри со текот на времето се јавува незадоволство кај сите кој понатаму негативно се манифесита врз хомеостазата и развојот на работната организација. Затоа организациите можат да го зголемат нивото на организациона емоционална интелигенција најпрво преку едукација на менaџментот, бидејќи емоционалната интелигенција ги диференција добрите од просечните менаџери, оние со високи перформанси од оние со просечни перформанси. Следен чекор е да се образуваат вработените на емоционална интелигенција и интегрирање на јазикот на емоционална компетенција што би довело до пораст на самосвеснот, организациска снаодливост, меѓусебна соработка и партнерство. Емоционалната интелигенција овозможува поединецот полесно да се носи со конфликтните ситуации без преголем стрес и нарушување на хомеостазата на организмот.
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
23
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Развивањето на вештини за самоконтрола, самоиницијатива, учење за соочување со проблемите, фрустрациите и стресот, учење за носење со емоциите кои произлегуваат од проблематичните ситуации, допринесува развој на квалитетен живот од кој би биле целосно задоволни како менаџерите , така и работниците. Согласно Годишната агенда и денес беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери - претприемачи при што менаџерите имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. Валентина Цветковска
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 21 април 2017, Бр. 304
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.4.2017 година 12:00 часот Агенција за поттикнување и развој на земјоделието - Штип
Информативен настан на тема: ИПАРД 2 - ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА АГРОБИЗНИСИТЕ
Регионалната комора со седиште во Штип, во соработка со Агенцијата за поттикнување и
развој на земјоделието, организира заеднички информативен настан на тема: „ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите“. Целта е да се информираат потенцијалните апликанти за можностите кои ги нуди новата ИПАРД Програмата 2014-2020.
На овој настан акцент ќе се стави на две мерки : 1) Инвестиции во физички средства на
земјоделски стопанства и 2) Диверзификација на земјоделските стопанства и развој на бизниси од ИПАРД-Програмата 2014-2020, а воедно ќе се разгледуваат прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување барања, склучување договори, поднесување барања за исплата, проблеми од претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година.
Предавачи на овој информативен настан ќе бидат Ристо Огнанов и Илчо Маролов од Агенцијата
за поттикнување и развој на земјоделието во Штип.
Предвидено е свое излагање пред присутните да има и м-р Васко Златковски од Земјоделскиот
факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Настанот ќе се одржи на 21.4.2017 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во просториите на
Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието - Штип (сала за состаноци).
Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите кај Моника Стоичева, тел: (032) 300-282; 070 275-801; е-адреса: monika@mchamber.mk најдоцна до 20.4.2017 година (четврток).
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Регионална конференција „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“
26 април 2017 година (среда) Хотел „Александар Палас“- Скопје
Стопанската комора на Македонија во заедничко партнерство и со поддршка на ДИХК – ЦЕФТА (Асоцијација на трговско-индустриските комори на Германија и ЦЕФТАкоморите) организира Регионална конференција на тема: „Медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови“, што ќе се одржи на 26 април 2017 година (среда) во хотелот „ Александар Палас“ во Скопје. Целта на Регионалната конференција е подигнување на јавната свест за мирното решавање на споровите со помош на алтернативни начини на решавање на споровите како што е медијацијата и тоа со посебен осврт на стопанските спорови, тргнувајќи од фактот што организатор на оваа конференција е Стопанската комора на Македонија, а таа по вокација е заштитник на бизнис заедницата и стопанството. На Конференцијата ќе бидат презентирани актуелните случувања од областа на медијацијата, односно како функционира истата во земјата, регионот и во други европски земји низ примери од пракса.
Ве молиме за присуството на Регионалната конференција да не` информирате најдоцна до 20 април 2017 година. Контакт-лице од Стопанската комора на Македонија: Елизабета А.Ефтимова, тел: 02 32 44 074, е-адреса: beti@mchamber.mk .
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 21 април 2017, Бр. 304
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
27 април 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема:
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ
Целта на обуката е стекнување со теоретски и практични знаења за правилната примена на
законската и даночната регулатива која го уредува готовинското денарско, девизно, благајничко работење и евиденција - уплата на дневниот промет (малопродажба). Со синергија на законската регулатива која го уредува благајничкото работење, даночната регулатива и пренесувањето на искуството од практицирање на дадената проблематика во изминатите 20 години на сите учесници ќе им се овозможи правилно да се едуцираат и да ги применуваат законските одредби од оваа област, а ризикот ќе го сведат на минимум на изречување глоби при инспекциски надзори и трпење прекршочни санкции.
На обуката низ практични примери ќе биде објаснета методологијата за пресметка и исплата
на дневници за службени патување како во земјата така и во странство и управување со која законски пропишана документација се врши исплата / уплата на готовински пари сметки за материјални трошоци како и значењето на одлуката за благајнички максимум.
Исплатата на издатоците (трошоци) при службено патување и влијанието на истите
(процентуално) на пресметката на дневниците и исплатата на издатоците и дневниците над утврдените лимити согласно законската и даночата регулатива.
Предавачи:
- м-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје, со 18-годишно работно искуство во областа на даночниот менаџмент, деловното планирање и хармонизација на финансиското известување во Р.М. - м-р Билјана Патлиџанковска, раководител на Секторот за организациски работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ – Скопје, со 16-годишно работно искуство во областа на административното и благајничкото работење.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 21 април 2017 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“
6 - 8 јуни 2017 година Сараево, Р. Босна и Херцеговина
Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 6 - 8 јуни 2017 година, во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Игор Тасевски, телефон + 389 (02) 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk - Сања Николова, телефон:+ 389 (02) 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 21 април 2017, Бр. 304
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9-10 мај 2017 година во Луксембург
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”
Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при
Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург
Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа
2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.
„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и
технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .
На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на
филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.
Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и
партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,
Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник
од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “
15 мај 2017, во Нови Сад, Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 21 април 2017, Бр. 304
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
31
32
БИЗНИС ИНФО
петок, 21 април 2017, Бр. 304
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хем икалии,полипропилен,полиестер итн Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-30
Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик,алуминиум,пластика итн). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина се занимава со дистрибуција и транспорт на разновидна стока.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина се занимава со производство на челик,градежни материјали,обложување на хемикалии итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-25
Кина
Валидно до: 2017-07-10
Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Пакистан
Валидно до: 2017-07-10
Компанија од Пакистан се занимава со производство на хир ушки,стоматолошки,ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-07-01
Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед осветлувања.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг,челик,бакар,железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-25
Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови.Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.
Грција
Валидно до: 2017-06-20
Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно
петок, 21 април 2017, Бр. 304
БИЗНИС ИНФО
33
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА изработени кујни и врати.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина се занимава со транспорт,дистрибуција,увоз и трговија на различна стока.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Грција
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Кинеска компанија која се занимава со производство и продажба на квалитетни градежни дигалки.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-22
Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови од пластика произведува.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-25
Компанија од Кина e голем производител на челик кастинг,нерѓосувачки челик и свое леење.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Шведска
Валидно до: 2017-06-20
Шведска компанија произведува хигиенски марамчиња,заштитни елечиња и инвалидски колички за подобра нега на пациентот.Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Производител од Кина на селотејп, ПВЦ ленти за заштита од опасности на патишта.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина е голем производител на сите видови на пвц и хартиени картички(иц карта,сдкарт,метал карт итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Португалија
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Португалија се занимава со производство на тела за автобуси и камиони.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Компанија од Кина е една од поголемите производители на квалитетни гумени подлоги во различни модели. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Валидно до: 2017-06-20
Специјализирана компанија од Кина се занимава со производство на челична жица ,спирала хидроулични црева,метални црева итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Контакт: Стево Серафимов Тел: +389 2 3244-032 Моб: +389 72 236 484 stevo@mchamber.mk
www.mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 21 април 2017, Бр. 304
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088