Бизнис ИНФО, број 365

Page 1

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

Број 365 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 21.09.2018

ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО СЕКТОРОТ

КАКО ДО СИЛНИ ДОМАШНИ БРЕНДОВИ?


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА БИЗНИС МОЖНОСТИ (ENTERPRISE EUROPE NETWORK) ВО ПОДГОРИЦА, ЦРНА ГОРА - ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА ВАЖНА Е РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА

-Регионалната соработка и интеграција е клучна компонента за поттикнување на конкурентноста на МСП, за поддршка на претприемничката култура и промоција на нивниот раст и интернационализација на европските пазари. Затоа е неопходно да се развиваме како единствена инвестициона дестинација со различни компетитивни предности кои ги имаат сите економии од регионот, со акцент за развивање на регионалната инфраструктура за подобро поврзување со европските држави. Ова е пораката од регионална конференција на партнерските организации од Европската мрежа на бизнис можности (ЕЕН) од Југоисточна Европа, што се одржа на 12-13 септември 2018 година, во Подгорица, Црна Гора, - истакна Влатко Стојановски, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (17.9.2018 година). На дводневната конференција земаа учество на преку 70 претставници на партнерски институции од регионот на Југоисточна Европа - Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА „Благодарение на Enterprise Europe Network и на Минхенската комора, стапивме во контакт со еден партнер во Холандија кој ни помогна да започнаме со нов бизнис. Немаше да успееме без нивната професионална поддршка.” Werner Kubitscheck, Zieltraffic, Минхен, Германија, потпомогнат од од страна на Комората за трговија и индустрија на Минхен и Горна Баварија „Благодарение на Мрежата, ние бевме целосно

во нашите апликации за финансирање од страна на европските фондови” Grzegarz Kozak, Virtual People, Шчечин, Полска, кој беше потпомогнат од страна на Западнопомеранската асоцијација за економски развој. „На сите прашања што ги поставуваме во врска со европските тендери или за новите извозни пазари, ние секогаш добиваме брза, прецизна и ефективна помош од страна на сите канцеларии на Enterprise Europe Network во Унгарија.” Bagnar Miklos, Bagnar KFT. Унгарија, поддржан од страна на ITD Унгарија.

Enterprise Europe Network во Македонија Универзитет „св. Кирил и Методиј“ во Скопје (координатор) Тел: (02) 3239 204 Факс: (02) 3072 814 Е-адреса: eiicm@ukim.edu.mk Фондација за менаџмент и индустриско истражување Тел: (02) 3108 891 Факс: (02) 3108 891 Е-адреса: mir@mir.org.mk Стопанска комора на Македонија Тел: (02) 3244004 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: vlatko@mchamber.mk

.

KI

RIL I ME TO

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

VO SKOPJE

IN SKOP JE

VO SKOPJE

J”

ERZITET

VE

DI

S CYRIL AND V SS M

ET

RS

IV UN

R IL I M KIHODIUS UNI ETO J” DI ITY

.

Neither the European Commission nor any person acting on behalf of the European Commission is responsible for the use which might be made of the information contained herein. The views in this publication are those of the author and do not necessarily reflect the policies of the European Commission.

“S V

и совети имаа големо влијание на нашиот успех

ZITET

финансирање на нашите идеи. Нивните искуства

I V ER UN

информирани за сите можни извори за

Сé што му треба на вашиот бизнис

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

MIR

FOUNDATION

een.ec.europa.eu

Целта на настанот е партнерите од земјите од регионот да ја унапредат соработката во насока на обезбедување на поквалитетни ЕЕН услуги, како и размена на искуства со цел да се развие секторот на малите и средните претпријатија и да се подигне нивото на конкурентност на регионот на пазарот на Европската унија. Заедничка констатација од конференцијата е дека Европската мрежа на бизнис можности, која функционира веќе десет години, не само што постигна завидни резултати во делот на интернационализација на МСП, поттикнување на иновациите и градење на иновативни капацитети, туку исто така придонесе за зголемување на конкурентноста и на растот на малите бизниси низ цела Европа. Според Натали Мартинез Парамо од Европската комисија, ЕЕН-Платформата постигна импресивен број на активности и резултати и овозможи малите и средните претпријатија да ја подобрат својата позиција на пазарот, да ги намалат трошоците и да отворат нови работни места. -Улогата на овој регион во постигнувањето на овие заеднички цели станува сè поважна. Eвропската комисија на почетокот од оваа година ја усвои Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и зајакнување на ангажманот на ЕУ со Западен Балкан, а со тоа и ја потврди европската иднина на регионот. Целиот Западен Балкан сега има вистинска шанса да оди напред по нивниот европски пат, - изјави директорката на Извршната агенција за мали и средни претпријатија (EASME). -Југоисточна Европа добро напредува во оваа област, не само во однос на услугите на COSME, туку и преку воведување на „Хоризонт 2020“, а Стратегијата на ЕЕН-мрежата има важна улога врз ЕУ-интегративните процеси на земјите од Западен Балкан, - истакна Парамо.


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Enterprise Europe Network:

Ваш бизнис партнер за да профитирате од вашата иновација, Мрежата

Сакате да влезете на нови пазари?

може да ви помогне тоа да го остварите. Користејќи

„Би можел да продавам на друг европски пазар, a

ја најголемата светска база на податоци за понуда

ce што треба да знам е како.”

и побарувачка на технологии, Мрежата, која содржи повеќе од 7.000 технолошки профили, ги соединува

Мрежата може да ви помогне да најдете нови

науката, ‘ истражувањето и нивната комерцијална

бизнис партнери и нови пазари.

примена.

Enterprise Europe Network ja сочинуваат повеќе од

Доколку едноставно чувствувате дека вие можете

600 организации за поддршка на бизнисот во и

повеќе, но не може да ви текне што е тоа што треба

надвор од ЕУ. Co тоа, таа е добро позиционирана

да го промените можете да ја повикате мрежата.

за да ви помогне да пронајдете набавувачи,

Нејзините експерти ќе ве посетат и заедно ќе

дистрибутери, доверливи извозни партнери и

изработите се што ви е потребно за најповолно

начини за откривање и продажба на технологија.

да ги искористите можностите што ви се нудат.

Експертски совети и практична поддршка

Стручниот совет може да ве „просветли” a најважно е

од локалните партнери, на вашиот јазик се

што тоа нема да Be чини пари.

оддалечени само со еден телефонски повик.

He знаете од каде да почнете?

Барате помош во врска со технологиите? „Треба да пронајдам пазар за новата технологија која ја развиваме”. Мрежата може да ви овозможи контакти со други мали и средни претпријатија кои можатда ви обезбедат примена на вашата нова технологија или пак да ви обезбедат технологија што ви недостасува. Потребни ви се финансии? „Концептот е навистина здрав и сега треба да истражувам. Но, тоа ќе одземе и време и пари!”

„Мора да пронајдам правник, да најдам дистрибутер Мрежата има докажана евиденција во

и пo можност да најдам и партнер. Треба и да засукам

помагањето на луѓето како вас при

ракави бидејќи ми треба нова технологија”. Повикајте

зголемувањето на нивните шанси во

ja Enterprise Europe Network, вашиот едношалтерски

добивањето тендер или пристап во европските

систем за се што им е потребно на малите и средни

фондови.

претпријатија. Мрежата е едношалтерски систем кој ви овозможува

He сте сигурни како да го подобрите вашиот

се што ви е потребно за бизнисот. Доколку директно

бизнис?

не можеме да одговориме на вашето прашање, ние ќе

„Речиси сме тука на целта, но сепак нешто не е како-

пронајдеме лице кое ќе го стори тоа, Имаме цврсти

што треба.” Мрежата може да ви даде соодветен совет

врски со институциите на ЕУ и дејствуваме како

кој одговара на вашиот бизнис.

посредник помеѓу нив и локалните клиенти како на пример: регионалните власти, даночните власти,

Доколку ви е потребна одредена технологија за

царината и сл. Ако не знаете од каде да почнете,

подобрување на вашиот бизнис или пак барате начин

побарајте не, ние ќе ве упатиме на вистинскиот пат.

Европската мрежа на бизнис можности (ЕЕН) е најголемата мрежа за деловна соработка во Европа, која им помага на компаниите да го подобрат своето работење и да воведуваат иновации преку партнерства, размена на информации и професионални советувања. Денес, ЕЕН обединува 600 организации за поддршка на работењето на претпријатија од 50 различни земји. Тие се поврзани преку моќни бази на податоци за 25 милиони компании од ЕУ и од други земји што учествуваат во мрежата. Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности, преку националниот конзорциум во кои покрај Комората, партнери се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - МИР. Инаку, во текот на минатата година, преку македонскиот национален конзорциум, информациите од ЕЕН-мрежата стигнале до 5.213 компании, 489 компании учествувале на локални и на регионални настани организирани од ЕЕН Македонија, а 119 компании добиле индивидуална поддршка за партнерство преку експертите од мрежата. Организирани биле 23 деловни средби, на кои македонските компании оствариле 227 средби со партнери од странство. Преку ЕЕН-мрежата, 137 странски компании искажале интерес за соработка со македонски компании, при што биле остварени 36 партнерства. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

ТРИБИНА

Трибина со учество на претседателот Азески и вицепремиерот Анѓушев во Штип:

ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО На 19.9.2018 година, на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Стопанската комора на Македонија организираше Трибина на тема: „ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО“, на којашто учествуваа претседателот на Комората, Бранко Азески, и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев. Пред повеќе од стотина стопанственици од регионот, Азески и д-р Анѓушев дискутираа за клучните прашања кои се од важност за понатамошниот развој на македонското стопанство. При тоа, анализирани беа првичните резултати во однос на примената на

мерките од Планот за економски раст, преточени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите и програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, кои во својата основа кореспондираат со барањата кои Стопанската комора на Македонија ги истакна во предлозите за нов модел на економски развој во 2010 година. Оценето беше дека станува збор за мерки кои се од големо значење за унапредување на конкурентноста на македонската економија, при што деловната заедница го изрази очекувањето имплементацијата на овие мерки да продолжи да се реализира со зголемен интензитет. На трибината беше разговарано и за клучните предизвици за подобрување на условите за стопанисување во Македонија, вклучувајќи ги прашањата за обезбедување владеење на правото и подобрување на ефикасноста на јавната администрација, која треба да биде сервисно ориентирана и ажурно да одговара на барањата и потребите на граѓаните и на


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

7

ТРИБИНА

бизнис-заедницата. Како прашање од суштинско значење за работењето на компаниите во источниот регион, но и на целата територија на Република Македонија, беше отворена дискусија за прашањето за обезбедување квалификувана работна сила согласно потребите на работните процеси. Д-р Анѓушев накратко ги образложи планираните мерки за надминување на состојбите за недостигот од квалификуван кадар, кои се состојат од програми за преквалификација и доквалификација кои ќе се спроведуваат преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, како и новиот Закон за практикантство, кој е во процедура на усвојување. Истовремено, посочи дека се работи и на процесот за воведување дуален систем на образование, кој дава позитивни резултати во земјите каде се применува (Германија, Австрија, Швајцарија), очекувајќи дека процесот ќе биде поддржан од бизнис секторот. На трибината беше посочено дека спроведувањето на процесите на евро-атлантските интеграции за македонската економија ќе значи унапредување на продуктивноста и конкурентноста на македонското стопанство, трансфер на технологии и know-how, унапредување на извозните можности за македонските компании, како и можност за учество на компаниите на јавните набавки на НАТО. Со присутните стопанственици беше отворена дискусија и за повеќе актуелни прашања од тековното работење. Трибината беше организирана во рамките на серијата активности кои се преземаат за остварување на стратешките определби и цели на Комората, а со цел да биде перманентно во служба на бизнисот, придонесувајќи во остварувањето побрз раст и развој на економијата преку зголемување на инвестиционите активности, поврзување и проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план со партнери од потесното и поширокото опкружување. Моника Стоичева


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СТАВ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА ФОРУМ ПИКНИК

МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД МЕТАЛНАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ, НО СО ПРЕТХОДНА СЕРТИФИКАЦИЈА И СТАНДАРДИЗАЦИЈА

-Организирањето на Македонско-австриските деловни средби ги одразува повеќе од една деценија континуираните деловни активности на Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија, со цел унапредување и интензивирање на вкупната економска соработка помеѓу двете земји. Во таа насока беа организирани и денешните Македонско-австриски деловни средби, кои се одржаа во Стопанската комора на Македонија, а на коишто акцент на продлабочување на соработката е ставен на металната и метало-преработувачката индустрија, - истакна Даниела Михајловска Василевска, координатор на Дирекцијата на здруженијата и регионалните комори при Комората. Во своето поздравно обраќање Марлене Бургсталер, заменик-раководител на Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Србија, задолжена и за Македонија, истакна дека Република Австрија е значаен инвеститор во Македонија и потребно е соработката континуирано да се продлабочува. Ова е прва средба од ваков вид на којашто австриски компании нудат можност македонски фирми да бидат производители на делови од финалните производи кои би се извезувале во Австрија и во трети земји. Пазарите на Европската унија немаат големи бариери за македонските производи од металната и електроиндустријата, но како главна пречка поради што се оневозможува некои производи од металната и електроиндустријата да влезат на пазарите на ЕУ претставува се` уште недоволното воведување на потребните стандарди кои се бараат за секој производ. Металната и електроиндустријата учествуваат со околу 30% во вкупниот извоз на земјата


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА БИЗНИС ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС кон странство, со тенденција на континуиран раст. Ваквото зголемување се должи пред се` на зголеменото производство во сите гранки од металната и електроиндустријата. Учеството на секторот во бруто домашниот производ изнесува околу 5,5%. Најголем извоз е остварен во производството на моторни возила, производството на мaшини и опрема. Според статистиката, над 80% од производството се пласира во земјите на ЕУ, поранешните ЈУ-републики, Југоисточна Европа, САД и други земји, а останатиот дел на домашниот пазар. Најзастапени производи во извозот се: моторни возила - автобуси и делови за моторни возила, машини и апарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, електроника за автомобилската индустрија, табли, плочи, пултови и ормани, челични конструкции, решеткасти столбови и нивни делови, бојлери,електрични проводници - кабли, жичани производи, шпорети на цврсто гориво и уреди за загревање, акумулатори и нивни примарни келии, сопирачка опрема за шински возила, пумпи и нивни делови, медицинска опрема, трансформатори, апарати за заштита на електрични струјни кола, разни видови машини, печатени кола и други производи. Трговската размена помеѓу Република Македонија и Република Австрија, неколку години последователно бележи континуиран пораст со значително зголемување на извозот на македонски производи на австрискиот пазар и помала динамика на пораст на увозот од Австрија во Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија и Република Австрија во периодот јануари-јули 2018 година изнесува 183,2 милиони САД $, што претставува зголемување од 77,11% споредено со истиот период од 2017 година. Извозот изнесува 89,3 милиони САД $ и евидентирано е зголемување од 187,7%, додека увозното салдо изнесува 93,8 милиони САД $ и бележи пораст од 29,65% во споредба со истиот период од 2017 година. При тоа, евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 4,5 милиони САД $. Секоја наредна година Австрија зазема се` повисоко место како трговски партнер на Македонија. Од 19-ти партнер во 2016 стана 12-ти во 2018 година. Структурата на застапеност на производите во размената, и на страната на увозот и на извозот е перманентно идентична. Според податоците на Народната банка на Република Македонија за состојбите на странските директни инвестиции во земјава, Австрија во 2016 година има остварено најмногу инвестиции во земјава во износ од 567,5 милиони евра. Најзначајни австриски инвестиции во Република Македонија се инвестициите во електроенергетскиот сектор, банкарскиот и финансискиот сектор, телекомуникацискиот сектор, градежништвото. -Очекувањата се дека Mакедонско-австриските деловни средби ќе дадат позитивни резултати и ќе придонесат за зголемување на обемот и секторите на соработка меѓу двете земји, а Стопанската комора на Македонија како претставник на бизнис секторот во земјата, останува да биде силен поддржувач во развивањето и унапредувањето на извозот на македонски производи на странските пазари како еден од клучните предуслови за развој на економијата на земјата што претставува и едно од основните начела на Комората, констатираше Михајловска Василевска. Даниела Михајловска Василевска


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ СО ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО СЕКТОРОТ

Бавната реализација на капиталните инвестиции, мораториумот на градби во неколку општини и недоречената законска регулатива од областа на градежниот сектор се дел од прашањата кои беа предмет на широка дискусија на седницата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, што се одржа на 21.9.2018 година во Стопанската комора на Македонија. На седницата, покрај стопанствениците, присуствуваа и директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија, м-р Џеват Кицара, и д-р Соња Черепналковска, раководител на Секторот за стандардизација во рамките на Институтот. Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, Андреа Серафимовски, на почетокот на седницата даде осврт на состојбите во градежништвото според последните статистички податоци, истакнувајќи дека во последниот период статистичките показатели бележат надолен


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

тренд. - Во првото полугодие на 2018 година има значително намалување на градежната активност во однос истото од претходната година, а ако се земе предвид дека и лани градежништвото забележа пад во однос на 2016 година, податоците се уште позагрижувачки. Падот на учеството на градежниот сектор во БДП за ова полугодие изнесува 25,1 %. Во ова полугодие наспроти истото од претходната година, бројот на издадени одобренија за градење се намалил за 32,08 %, а предвидената вредност на градежните работи за 35,7%. Истовремено, пад од 48,59 %, односно 13,11 % наспроти првото полугодие од минатата година, забележа и номиналната вредност на вкупните договорени, односно извршени градежни работи. Дополнително, намалени се и градежните работи во странство, при што вредноста на договорените работи во изминатиот период забележала пад од 54,6 %, – информираше Серафимовски. Причините за состојбите, членките на Здружението сметаат дека се должат на застојот и забавената реализација на капиталните проекти, што воедно доведе и до ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции предвидени во државниот буџет, кое заклучно со јули 2018 година изнесува 21,33% или 5,13 милијади денари, наспроти 39,9% реализација за истиот период или 9,46 милијарда денари во 2017 година. Дополнително, проблем претставуваат и ниското ниво на доделени договори за јавните набавки, кои се незначителни во изминатите месеци, но и зачудувачки ниските цени кои се понудуваат во постапката за доделување на договорите. Во делот на високоградбата, се дискутираше дека веќе подолго време има застој на спроведувањето на деталните урбанистички планови, односно мораториум на градби во неколку општини.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Имајќи го предвид наведеното, се заклучи дека во идниот период е неопходно да се одржат средби на Здружението со надлежните институции и органи со цел заедничко изнаоѓање решенија за актуелните состојби во градежништвото и во рамките на Здружението да се формира тело кое ќе ја следи реализацијата на набавките и цените по кои се доделуваат договорите. Во однос на мораториумот, беше посочено дека иако Здружението се залага и ги поддржува активностите кои се во насока на планско работење и урбано живеење, компаниите очекуваа ревизијата на плановите да се одвива со позабрзано темпо и досега да биде изготвен извештај со цел запознавање на бизнис заедницата со

дејствијата преземени во текот на процесот на ревизија. Во таа насока, Здружението алармираше дека мораториумот трае предолго што може да предизвика сериозни штети и загуби за градежните компании, при што усвоија заклучок во следниот период да се иницира заедничка средба со градоначалниците на општините во кои се спроведува мораториумот на градби со цел да се отвори дискусија за наведените прашања и да се изнајдат заеднички решенија кои се во насока на надминување на проблемите во урбанизмот, но нема да го попречат тековното работење на компаниите. Недореченостите во законската регулатива и понатаму претставуваат еден од најгорливите проблеми на секторот. Бавноста на постапката за издавање на одобренијата за градење, административните процедури и несоодветната уреденост на одредени прашања во Законот за градење, беа посочени како едни од клучните причини поради кои во идниот период е потребно донесување на нов законски


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ текст во којшто ќе бидат имплементирани предлозите за кои изминатиот период постојано се залагаше бизнис заедницата, а се однесуваат на посоодветно уредување на критериумите за добивање на лиценците и овластувањата за проектирање, ревизија, изведба и надзор, предвидување законски критериуми и квалификации за лицата вработени во надлежните органи во постапката за издавање на одобренијата за градење, дополнување на категоризацијата на објекти со уште една категорија – сложени објекти со нивна соодветна уреденост во Законот за градење. Се дискутираше и за проблемите поврзани со имплементацијата на Законот за просторно и урбанистичко планирање кој во моментот е во процес на подготовка и донесување, а за кој Здружението во изминатиот период изготви и прикачи Мислење на страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) со цел да даде придонес во додефинирање на одредени постулати кои претставуваат спој на претходниот и новиот закон заради континуитет на постапките, започнатите акти на донесување и спроведување на планските документации, стекнатите права на досегашните учесници во градбата, следење на потребата за развој во просторот, прибирање на податоците, нивно чување, модернизирање и упростување на постапките. Здружението се осврна и на потребата за дефинитивно отпочнување на процесот за донесување на Законот за посредување во прометот на недвижностите што претставува клучна заложба на Групацијата на агенции за недвижности во рамките на Здружението, во изминатите неколку години. Во присуство на претставниците на Институтот за стандардизација на Република Македонија, се констатираше дека имплементацијата на стандардите за градежните производи е особено значаен сегмент за квалитетот на градбите и зголемување на конкурентноста на компаниите за настап на странски пазари, но ја посочија потребата од поголема контрола на увезените производи, при што со инклузивност на сите чинители треба да се дејствува во насока на зголемување на квалитетот на градежните производи на пазарот во РМ. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

СТАВОВИ

КАКО ДО СИЛНИ ДОМАШНИ БРЕНДОВИ? Бранко Азески, претседател Стопанска комора на Македонија Често се вели дека производите се креираат во фабриките, но брендовите се креираат во свеста. Затоа, за некој производ да стане бренд, не е единствено доволно тој да биде создаден, туку можеби уште поважно е тој да биде потврден на пазарот - не само во свеста на купувачите и во нивните емоции, туку и преку нивните впечатоци, кои можат да се сметаат како додадена вредност на тој производ. Впрочем, производите може да се менуваат во текот на годините, но брендовите се тие што успеваат да ги надминат сите просторни, временски, генерациски и социјални граници. Во нивната суштина лежат довербата на купувачите, нивното верување дека делат исти вредности со тој бренд, но и лојалноста кон тој бренд. Тоа е отворено ветување за купувачот дека неговите барања и преференци ќе бидат секогаш исполнети. Македонија е мала економија, која (повеќе или помалку успешно) се справува со многу од предизвиците на глобалната економија, но сепак, помеѓу нашите производи има и такви кои во текот на годините успеаја да се изградат како брендови кои се препознаени и вреднувани не само на регионално, туку и на светско ниво. Такви, помеѓу другите, се „Бекутан“ на „Алкалоид“ АД - Скопје, и „Стоби Флипс“ на „Витаминка“ АД - Прилеп, два бренда кои годинава прославуваат 40 години постоење – бројка која секако е за одбележување. А оваа бројка е уште повредна ако се има предвид дека


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

15

СТАВОВИ овие два домашни бренда веќе одамна ширум ги отворија вратите на регионалните, но и на светските пазари, и станаа обележја со кои лично се идентификуваат многу генерации од овие подрачја, кои биле составен дел од нивното растење, но и гаранција за квалитетот кој го носат. Затоа, брендирањето неопходно мора да биде составен дел на процесот на зајакнување на конкурентноста на домашните производи и креирањето на повисока додадена вредност во домашната економија, и тоа во сите сектори и дејности. Така, на пример, во Штип, каде во текот на оваа недела ќе имаме трибина за перспективите на македонската економија, клучниот предизвик во претстојниот период ќе биде да се забрзаат процесите на модернизација и автоматизација, за да се премине од „ЛОН“ во класично производство и формирање на повеќе сопствени брендови во текстилната индустрија. Создавањето бренд значи лично заложување во тој производ, а купувачите тоа секако ќе знаат да го валоризираат! п.с. Стапката на раст на БДП од 3,1% за второто тримесечје од 2018 година секако дава позитивни сигнали, после петте последователни квартали во кои македонската економија во услови на ценовна стабилност остваруваше резултати на стагнирање наспроти потребата од позабрзани позитивни економски текови. Сепак, ваквите бројки не треба да предизвикуваат еуфорија – напротив, тие треба да послужат како поттик во последните месеци од годината да се работи за подобрување на индикаторите и секторите кај кои сé уште се бележи пад.


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

Клубот на менаџери-претприемачи

ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА: „Како да ја зголемите самоиницијативноста на вработените со емоционална интелигенција?” Членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, после летните одмори продолжиja со однапред утврдената динамика согласно годишната агенда за 2018 година. На задоволство на компаниите - членки на Клубот на менаџери - претприемачи се одржа предавањето на тема: „Kако да ја зголемите самоиницијативноста на вработените со емоционална интелигенција?“, во соработка со Нела Јолеска од „EQ EXCELLENCE“, стратегиски консултант за емоционална интелигенција, талент менаџмент и менаџирање на перформанси. Компаниите се` почесто се соочуваат со проблемот недостаток на самоиницијативност кај вработените. Причините за тоа се различни. Прстот на вработените често е вперен во менаџментот поради недостаток на нивна проактивност или недостаток на можности и перспективи на компаниите каде вработените може да ја развиваат својата кариера. Самоиницијативноста на вработените не е пасивно чекање да се случи нешто, туку е способност на препознавање и креирање нови можности во работењето. Всушност, преземањето иницијатива го претпоставува ризикот од нивен можен неуспех. Кога го прават тоа - работите не одат секогаш како по планот. Но, алтернативата е да не се активни. Ако сте проактивен менаџер и лидер, од витално значење е членовите на тимoт да го направат вистинскиот избор помеѓу тоа: 1. да не прават ништо и 2. да направат нешто и да преземат акција. Модерните компании, свесни дека наметнувањето на потребата од креативно размислување и барањето да се биде прв во нешто, не е доволно, бараат нови методи за тоа како да ги инспирираат и мотивираат вработените на вистинскиот начин. Компанијата „Google“ има воспоставено програма со која на вработените им се овозможува 20% од работното време да го „потрошат“ на споредни проекти. Од оваа програма, поради времето и просторот коешто им е овозможено за иновативно


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

17

Клубот на менаџери-претприемачи размислување без притисоци, „Google“ за возврат од вработените доби еден од своите најдобри производи – „Google news“. Според Јолеска, доколку вработените треба да се насочат да размислуваат„надвор од кутијата“, таквото размислување не треба да биде само поттикнато, туку и наградено. Наградата може да биде едноставно и фактот дека менаџментот сериозно размислувал за предлогот, односно претпоставените дел од своето време да посветат, да го разгледаат, па дури и да дадат предлози за доразвивање. На тој начин вработените ќе мислат дека нивниот труд не е бесполезен и дека идеите кои ги предлагаат се земени предвид. Некои луѓе немаат проблем да ги искажат своите идеи пред надредените или пак менаџмент-тимот на компанијата, но секако голем број вработени не се чувствуваат пријатно при јавно презентирање и токму поради тоа нивната креативност не излегува на површина, а идеите не се реализирани. Кутија за предлози би била одлично решение во овој случај, при што доколку сакаат вработените можат да останат анонимни, а сепак да придонесат со својата иновативност. Од друга страна пак, практиката покажува дека сепак најдобрите идеи произлегуваат од brainstorming-сесии и тимска работа, па токму поради тоа е потребно да се балансира помеѓу јавното и анонимното предлагање на идеи. Еден од најконструктивните начини е да се поттикне креативното размислување во една компанија, при што најчесто на тимовите им се дава задача да разработат определен процес или пак да предложат сосема нов начин на извршување некоја активност. Преку интерактивно вклучување во обуката учесниците посебно внимание посветија на идеи преку кои ќе се зголемите самоиницијативноста на вработените. Согласно Годишната агенда и денес беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери – претприемачи, при што менаџерите имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. Валентина Цветковска


18

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

19


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

20

9001:20

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

На 26 септември 2018 година, во Нови Сад, ќе се одржи Меѓународен брокерски настан – Бизнис средби, за време на Регионалниот бизнис форум. На Регионалниот бизнис форум и на бизнис средбите ќе бидат претставени секторите: - Земјоделство и храна; - Метална преработувачка индустрија; - Туризам. Настанот ќе ја промовира деловната соработка меѓу регионите, вклучувајќи и договори за трговија и производство, заеднички вложувања и заеднички пристап на трети пазари, како и размена на технологија и „know-how“ и соработка на проекти со цел зголемување на конкурентноста и иновациите, финансирани од ЕУ и други донатори. Зошто да учествувате: Бизнис средбите обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери на Форумот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа се изготвува листа на состаноци што се одвиваат на одредено место и во точно одредено време. Секој учесник ја добива својата листа на состаноци најмалку еден ден пред настанот. Учеството на меѓународниот брокерски настан е бесплатно. Пријавете се преку линкот: http://rbf2018novisad.talkb2b.net/ Забелешка за учесниците: превозот од аеродромот во Белград до Нови Сад го обезбедуваат организаторите. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 септември 2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, а голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. Предавачи: - Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија. Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници. На семинарот ќе бидат презентирани и некои од новините кои се однесуваат на областа на е-набавките, а кои се предложени во Нацрт-законот за јавни набавки, како што се: концепт на е-пазар за набавки од мала вредност и е-каталози; објава на е-план измени/дополнувања; новиот концепт на Економски најповолна понуда; е-жалба; пристап до сите понуди на конкретен тендер и останати теми. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.9.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

Стопанската комора на Македонија, на 28.9.2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за договорен залог кои го регулираат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека), и Законот за облигациони односи, кои предвидуваат воспоставување на заложно право, како и судски спорови кои произлегуваат од реализацијата на заложното право. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.

ПРЕДАВАЧ: - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 октомври 2018 година Стопанска комора на Австрија, Виена https://food2018. b2match.io

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ГОЛЕМО И МАЛО

Стопанската комора на Австрија, заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат деловни средби меѓу австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. Настанот ќе се одржи на 17.10.2018 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и на мало со храна и пијалаци од целиот свет. На средбите ќе учествуваат најпознатите увозници и трговски фирми на прехранбени производи од регионов, како, на пример: „Atlantic Grup“, „Delhaize“ - Србија („Maxi“- супермаркети), „Delta DMD“, „METRO Cash & Carry“ - Србија, „Orbico“, „Al Grosso“ - Србија, „Balfin Group-Spar“ - Албанија, „Distribution & Development ADD“ - Албанија, „RE WE-Group-Billa“ - Хрватска и други, кои се пријавени и ќе учествуваат на овој настан. За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се до лицата за контакт од Стопанската комора на Македонија: м-р Ивана Крстевска, телефон: 02 3244-051, е-адреса: ivana@mchamber.mk и м-р Ирена Мојсовска, телефон: 02 3244-009, е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk.


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 Стопанската комора на Македонија е поддржувач на настаните. - За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија. За обезбедување на поединечен или групен штанд ќе добиете посебен попуст. Пријавете се на: http://seeitsummit2018.talkb2b.net/

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

БИЗНИС ИНФО

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 21 Септември 2018, Бр. 365

T

15

28

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.