СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
1
Членка на: Број 26 од 21.10.2010
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Стопанската комора на Македонија го отвори дијалогот за промена на досегашниот модел на економски развој
ДОСТА Е СО ШМИНКАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА РАДИКАЛНО ЕКОНОМСКО СВРТУВАЊЕ Предупредувања
Бизнис-секторот посакува зголемување на влијанието, но предупредува
БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ЛОБИРАЊЕТО ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО КОРУПЦИЈА
Актуелно Од почетокот на идната година европска шема во управувањето со отпад од пакување
МЕСТО НА ДЕПОНИЈА, ВО ПРОИЗВОДСТВО
БИЗНИС ИНФО Погледнато од страна
2
Издвоено
четврток, 21 октомври 2010
ВЛОЖУВАЊА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ТРИ ПРИНЦИПИ ЗА ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ: ПРЕДВИДЛИВОСТ, ЈАСНОСТ И ФЕР УСЛОВИ Моментално, во Солунското пристаниште имаме повеќе од 350 илјади тони стока за македонските компании, кои со големи тешкотии и маки успеавме да ги транспортираме. Перспективите на Македонија и на македонската економија и во извозот и во увозот бараат масовни транспорти и ангажирање на многу превозни средства. Ако час поскоро не се воспостават транспортните врски со Албанија, дали со Валона или Драч за помали количини, пристаништето во Солун ни е единствениот излез кон светот. Бугарските пристаништа се добри, но премногу ни се далеку. Солунското пристаниште има технички капацитети. Но, пред се` е потребно и Македонија и Грција да инвестираат во развојот, модернизирањето и проширувањето на железничкиот сообраќај. Ова посебно важи за Македонија затоа што ние како држава имаме најголем интерес од тоа, бидејќи немаме друга алтернатива. Со обезбедување на порационален транспорт и можност за поголеми транспортни капацитети ќе се намалат извозните и увозните трошоци, како и трошоците на економијата, воопшто.
Разговарав со британски комерцијални компании пред да дојдам овде. Во првите шест недели откако пристигнав, си поставив цел подобро да ја разберам организираноста на овдешната средина за можно привлекување на британски бизниси. Би сакал луѓето да забележат дека Британија е отворена за бизнис и дека споделувањето на комерцијални активности меѓу Обединетото Кралство и Македонија би биле одличен начин за придвижување од финансиската криза. Од аспект на тоа што бараат британските инвеститори овде, сметам дека тие ги бараат истите работи кои им се потребни кога размислуваат за инвестирање во која било земја. Станува збор за три принципи: предвидливост, јасност, и фер услови. Кога инвеститорите гледаат дека во земјата тие принципи се воспоставени, тоа им дава доверба дека можат да инвестираат. Затоа ги охрабрувам британските компании да видат дали ги има тие можности овде, и ги охрабрувам реформите за евроинтеграции кои би помогнале да се потврди постоењето на соодветна атмосфера. (Кристофер Ивон, амабасадор на Велика Британија во Република Македонија)
ФУНКЦИОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА Kомпаниите кои ќе дојдат во земјата ќе им биде потребен пат, железнички линии со цел да ги извезуваат продуктите кои ќе ги произведат. Исто така многу е важно е да имате вешт човечки капитал, значи да имате квалификувана работна сила, која им е потребна на странските компании, кои сакаат да инвестираат овде. Другиот аспект за кој сметам дека исто така е многу важно да се создаде е она што го нарекуваме софтверски предуслов, значи во случајов станува збор за правен систем кој е јасен и ефикасен, даночен систем кој е чист и кој е прилагоден на инвеститорите. Сето тоа се аспекти кои даваат сигурност дека администрацијата функционира како што треба.
(Штерјо Наков, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Фершпед“)
Покровители
(Дарио Сканапиеко, потпретседател на Европската инвестициона банка)
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
3
Трибина
Стопанската комора на Македонија го отвори дијалогот за промена на досегашниот модел на економски развој
ДОСТА Е СО ШМИНКАЊЕ, ВРЕМЕ Е ЗА РАДИКАЛНО ЕКОНОМСКО СВРТУВАЊЕ
* Со цел да се отвори дијалог меѓу претставниците на носечките институции во земјава во врска со потребниот развој на стопанството и се дефинираат најсоодветни предлог-решенија за главните предизвици во македонската економија, Стопанската комора на Македонија заедно со „Капитал Медиа Груп“, на 18.10.2010 година, организираше јавна расправа - трибина на тема: „ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА ДОСЕГАШНИОТ МОДЕЛ НА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ” На трибината, покрај претставници на бизнис-заедницата, присуствуваа и експерти од тематската проблематика, како и претставници од медиумите. „Високата невработеност и релативно слабата динамика на економскиот раст укажуваат дека е неопходна радикална промена на досегашниот модел на економски развој којшто, пак, треба да доведе до промени во структурата на македонското стопанство и во макроекономската политика“ - рече претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески. Мора да се преземат конкретни чекори, со цел приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и на апсорбирањето на високата невработеност, домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот, да се зголеми извозот, да се модернизира инфраструктурата и да се намали енергетската зависност. Предложените мерки од страна на Стопанската комора на Македонија, групирани во одделни сегменти од економската политика, ги изнесуваме како почетни чекори кон промената на досегашниот економски развоен модел. Тие не се попис на мерки чијашто реализација би ја предале во надлежност на Владата на Република Македонија. Тие се предлози и насоки на активности, коишто Комората ги нуди на широката јавност со цел да отвориме дијалог за промена на досегашниот модел на економски развој, со кој во изминативе 20 години не ја постигнавме главната цел - забрзан економски развој и пораст на вработеноста. Но пред дефинирањето на конкретните предлози со сите релевантни чинители во земјата, бизниз-заедницата од Стопанската комора на Македонија укажува дека за позитивни ефекти од истите неопходно е претходно да се заокружат темелните принципи на пазарната економија: загарантирана приватна сопственост, соодветен однос меѓу капиталот и трудот, ефикасна законска регулатива, ефикасно судство и заштита на сопственоста и договорите. Љупчо Зиков, директор на „Капитал Медиа Груп“, воедно модератор на трибината, истакна: „Од 1991 година, кога јас се вработив па досега, период од 20 години, резултатот во развојот на македонската економија е евидентен. Македонската економија се движи околу нулата, бетонирана е на дното, со висока стапка на невработеност, многу ниско ниво на инвестиции и нивна лоша структура, услуги кои не се продаваат надвор, туку се разменуваат дома меѓу државата и компаниите. Затоа денес да одговориме на прашањата: како парите се трошат, како да мрднеме во економијата од нулата, дека светската економска криза само ги покажа економските слабости на нашата економија. Отворено да го поставиме прашањето: дали досегашниот економски модел на развој може да обезбеди бизнис-клима којашто ќе генерира забрзан економски раст, неопходен за пораст на вработеноста, за пораст на животниот стандард. Еве веќе се најавени инфраструктурни зафати кои би можеле да генерираат раст на економијата за 5%, но останува да видиме дали тоа ќе се реализира„ Професорот на Економскиот факултет, д-р Љубе Трпески, најпрво даде осврт врз она што не треба да се менува во економската политика, а тоа е ценовната стабилност, која од 1995 година до денес е на исто ниво, затоа што теориjaта и праксата досега покажале дека само ниска стапка на инфлација дава брз економски раст. Што треба да се менува? Според д-р Трпески, тоа е потребата од замена на монетарната стратегија за примена на девизниот курс. Актуелната стратегија за примена на девизниот курс е добра кога е во зона на висока инфлација. Но откако ќе се постигне стабилност на цените, монетарната стратегија за девизниот курс ја гуши економијата. „Затоа, треба се напушти оваа стратегија и да се замени со стратегија на таргетирана инфлација, за што е неопходна доверба на јавноста кон Народната банка на Македонија. При тоа да не се примени слободна флуктуација на курсот, контролирана до плус, односно минус 5 % во првите две години. Докажано е дека таквите промени на курсот немаат влијание врз инфлацијата, а со тоа ќе се обезбеди соодветет простор за креирање на ликвидноста„ - додаде Трпески. Реалните можности за експанзија тој ги лоцира во градежништвото, што не може да се оствари без соодветна поддршка од страна на банките. Во тој контекст, предложи Македонска банка за поддршка на развојот да се стави во таа функција, откако ќе се докапитализира. Негов предлог е дел од дивидендата од „Телеком“ за 2010 година да се употреби за таа цел, како и МБПР да се изземе од супервизорските стандарди на НБМ. Според Илија Гечев, сопственик на „ИГМ„ - Кавадарци, досегашните промени беа козметички. Немаше генерации што создаваа фабрики, сите влегоа во политика. Затоа, меѓу другото, Македонија нема обучена работна сила, технолошки е многу заостаната и во најголем процент производството е мануфактурно. За Гечев, реформа значи единствено спроведување болни, јаки мерки, а не енормно зголемување на администрацијата и на бројот локални самоуправи кои се потрошувачи, а не создавачи, па решението треба да се бара во поттикнувањето на производството и извозот. „Потребни се многу појаки мерки, одколку само политиката на девизниот курс, затоа што веќе ги изгубивме пазарите, а тие што ги имавме, на нив сме неконкурентни. Многу заостануваме од конкурентите со кои се соочуваме на либерализираниот пазар, а се бориме со конкурентен увоз на домашниот пазар, со гломазна и неефикасна администрација, нелиберализиран девизен пазар карактеристичен за претходниот систем, а сето тоа ни докажува дека се нужни радикални и болни мерки„ порачува тој. Борис Стојменов, пратеник во Собранието на РМ, истакна дека целта на досегашната и актуелна економска политика беше да се спречи инфлацијата и да се привлечат странски инвестиции преку кои ќе се овозможи развој на економијата. Во центарот беа фиксниот курс на денарот и макроекономската стабилност. Но, курсот на денарот не е мерка, тоа е цената што ја плаќаме за
4 Трибина
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
макроекономската стабилност. Сега, се поставува прашањето: Дали ни покаже во кој правец да се движиме. таа цена можеме да ја компензираме со пораст на продуктивноста Директорот на „Жито Вардар“ - Велес, Ристо Ташев, и на трудот? во оваа прилика уште еднаш го истакна позитивниот ефект кој Оттаму, ако дваесет години по актуелниот модел на би се постигнал со субвенционирање од 2ден/кг при откупот на житните култури (пченица, јачмен и пченка) заокружени со субвенционирани камати за откуп на истите, согласно сезонскиот карактер на земјоделското производство. Со таква системска мерка Македонија многу брзо може од увозник да стане извозник на сточарски производи, со што би се урамнотежила надворешно-трговската размена во прехранбениот сектор. Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор на „Витаминка“ од Прилеп, ја потврди потребата од високо ниво на консензус од страна на сите општествено-политички чинители во земјата за креативна економска политика, која ќе ни обезбеди максимална искористеност на расположивите стопански ресурси, а посебно на се` уште неискористените потенцијали во прехранбениот сектор. Што се однесува до предложената контролирана инфлација, според него, мораме да имаме крајно внимателен приод дека без пораст на продуктивноста, позитивните ефекти од истата за кратко време ќе се стопат. Затоа, првенствено треба да бараме мерки за пораст на продуктивноста и изземање на непринципиелните решенија за пазарна економска политика, наместо економски развој имаме стагнација, економија, кои сега ги имаме во законот за работни односи, – зголемување на невработеноста, пад на производството, порача тој. зголемување на сиромаштијата, се` понегативен трговски биланс, Д-р Сашо Арсов, професор на Економскиот факултет огромен јаз меѓу увозот и извозот, зголемување на задолженоста при УКИМ, во дискусијата истакна дека покрај аргументираното дома и надвор..., а целта беше обратна, покажува дека мора нешто заостанување во однос на посакуваниот економски раст, сепак, во да се направи, да се промени, да се бара нов економски модел на досегашниов период имавме и позитивни промени. На пример, рзвој. имавме многу повисоки каматни стапки пред десет години, Но дали има консензус меѓу политичките структури, во имавме повисоки стапки на даноци... Но, тој прашува зошто науката, кај фирмите за да се спроведе тоа? Стратегијата за развој, немаме повисоко ниво, не само на странски, туку и на домашни изработена од МАНУ, уште во 2004 година, на извозот му даде инвестиции. Едноставно Македонија не е интересна за странските централно место. Но, без консензус, сето тоа остана на хартија. инвеститори , имаме нисок капитален коефициент, а за висок Оттаму, време е за консензус, за преземање радикални мерки за потребни се поскапи производи, односно производи со повисоко пораст на македонската економија. додадена вредност. Според неговите зборови, намалување на Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во засега високиот степен на „сива„ економија, која политички се Рудникот „Саса“ - Македонска Каменица, поддржува стабилен толерира, создава низа пароблеми и го намалува просторот за денар, а излезот од стагнирањето на македонската економија здрава конкуренција на стопанските субјекти. го посочи во порастот на додадената вредност во производството, посебно кај извозно насочените производи. Со тоа не само квантитативно, туку извозот би се зголемил и вредносно. Исто така, тој ја потенцираше и важноста на модерната инфраструктура, како и гасификацијата, за која е многу важно дали ќе биде транзитна, со што би се обезбедувал приход и по основ на транзит на гасот низ нашата земја. Д-р Рубин Заревски, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, констатира дека пазарната либерализација услови конфузија на институциите. Сега имаме држава која е најголем работодавач, немаме извозно производство, а целокупниот развој се базира на пораст на домашната потрошувачка. Оттаму, неопходна е промена на структурата на буџетот - намалување на тековните расходи, насочување на позначаен дел на расходите кон производни цели со цел да се зголеми профитабилноста. Потребна е контрола на платите на ниво на просечната инфлација. Исто така, тој укажа и на потребата од диверзификација на извозот, потоа од пораст на домашното Горан Антевски, директор на „Раде Кончар - ТЕП„ од штедење, како и од неопходноста државата да ги мотивира Скопје, спомена дека клучно прашање е пазарот: домашните инвеститори. - Без пазар немаме за кого да произведуваме, па се прашуваме Според Антони Пешев, сопственик на „Ултра“ – Скопје и зошто да инвестираме!? А, нели инвестициите се основа за раст претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, на економската активност, што ќе донесе повисок профит за креирањето на нов бизнис-модел за развој е нужен исчекор за инвеститорот? Проблем имаме со силната конкуренција, како на да не мрдне напред. Во спротивно, и натаму ќе имаме одлив на странските пазари, така на домашниот пазар, на кој слободно се мозоци, па се соочуваме со недостиг на креативен кадар и ќе увезува без каква било заштита. произведуваме високообразовун кадар, а не реално потребен. Мирче Јовановски, заменик на главниот и одговорен Едноставно, реалните состојби во македонската економија уредник на „Утрински весник“ од Скопје, праша дали ние воопшто укажуваат дека дошло време државата да зачекори во „ладна имаме модел за економски развој. До денес, според него, не вода“ преку тешките, болни, но неопходни мерки и стратешки да слушнавме за некаков модел, освен за збир на мерки за економска
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
преродба, без заокружен модел за еконмски просперитет, чии реаултати се евидентни. Решенија треба да се бараат во инфраструктурни проекти, развој на претприемништвото, стекнување на менаџерски вештини, развој и примена на информатички алатки, а на невработенсота да се гледа како на структурен потенцијал во новиот економски модел на развој. По дискусијата на сите присутни од бизнис-заедницата
Управен одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп
ИНВЕСТИЦИИТЕ, ИЗВОЗОТ И МОДЕРНИЗИРАНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ЌЕ ДОНЕСАТ РАСТ Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп во проширен состав, со присуство на градоначалникот на општина Прилеп и неговите соработници, расправаше за актуелните состојби во стопанството во овој регион (15.10.2010 година). На седницата за потпретседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп едногласно беше избран Горан Попоски, генерален директор на „Мермерниот комбинат“ од Прилеп, а за нов член на Управниот одбор Борис Јованоски, сопственик на терговското друштво за преработка на дрво и дрвени производи „Борче“ ДООЕЛ од општина Крушево. Во оваа прилика беше отворен и дијалог за иницијативата на Стопанската комора на Македонија насловена „Време е за промена на досегашниот модел на економски развој“. Неа опширно ја изложи претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски, кој истакна дека високата невработеност и релативно слабата динамика на економскиот раст, укажуваат на фактот дека мора да се изврши радикална промена на досегашниот модел на економски развој, кој треба да доведе до промени во структурата на македонското стопанство и промени во макроекономската политика. Врз основа на дискусиите и дополнителните предлози, од страна на носителите на економската политика во Република Македонија се очекуваат нови мерки и активности кои ќе условат: - домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот; - да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој; - приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и апсорбирањето на високата невработеност; - динамичниот економски раст да резултира со функционално интегрирање на земјата кон ЕУ, зголемен животен стандард; - да се модернизира инфраструктурата и да се намали енергетската зависност на земјата.
5 Трибина
и науката, претседателот Бранко Азески истакна дека јавната расправа аргументирано ја исфрли длабочината на проблемите на македонското стопанство, која само дополнително ја изостри економската криза. Таа само го покажа нивото на нашата конкурентност, на релативното економско заостанување на Македонија во однос на земјите во транзиција и земјите во регионот, и посочи на императивот од обезбедување на забрзан и стабилен економски раст. „Свесни сме дека на тој предизвик не може да се одговори со лесни и брзи решенија. Решенија има, слушнавме и мерки, кои не се содржани во нашите предлози, но сите тие предлози бараат многу пожртвуваност, бараат неопходен компромис и решителност на сите општествено-политички чинители во државата, поради што и го отворивме дијалогот на оваа тема“, - рече Бранко Азески. Модераторот Љупчо Зиков, на крајот, завршувајќи ја јавната расправа истакна дека таа е првата од наредните кои ќе се организиираат со останатите бизнисзаедници во земјата, како и со пратениците во законодавниот дом, со единствена цел - да се отвори паошироко дијалогот за нов економски модел за развој на македонската економија. Стојмирка Тасевска По барање на бизнис-секторот од овој регион, врз основа на Уредбата донесена од страна на Владата на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.125/2010) за отуѓување на градежно неизградено земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање за изградба на хотели, стопански производни објекти и пазари со минимална почетна цена од 61,00 денар/м2, опширно излагање имаше Илија Карески, раководител на Секторот за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина при локалната самоуправа на општина Прилеп, кој ги потенцира можните локации на градежно земјиште. После обемните дискусии се констатира дека најинтересна локација е зоната во с. Алинци за што побара во изработката на Буџетот за 2011 година да се предвидат потребните средства за изградба на неопходната инфраструктура во неа. Врз основа на Уредбата за изменување на Уредбата за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира за правните субјекти, донесена од страна на Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 30.03.2010 година („Службен весник на РМ„ бр.46/ 2010), расправаше Управниот одбор на Регионалната комора во присуство на градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, и го донесе следниов заклучок: 1. Итно да се достави ново барање до претседателот и до Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а преку нив и до Владата на Република Македонија, до претседателот Никола Гриевски и до заменик-претседателот на Владата на РМ и до сите надлежни институции за ново намалување на висината на надоместот од предметната Уредба за приватизација на градежното земјиште за стопански и индустриски објекти за 5568% за сите реони и зони, со што висината на надоместот би се движела во границите: на пример, за Реон III (општина Прилеп), за вонцентрално подрачје, за стопански и производни објекти од 5-7 евра/м2 (односно од 309,00-431,00 денари/м2). Се истакнува дека кое и да било намалување во предложените граници ќе биде прифатливо за правните субјекти од овој регион. На седницата се констатира дека приватизацијата на градежното земјиште ќе започне успешно, иако цврсто се убедени дека цената за метар квадратен треба да биде изедначена со висината на надоместот што важи за индивидуалното домување по цена од 61,00 денар/м2. Ристо Најдоски
четврток, 21 октомври 2010 БИЗНИС ИНФО 6 Контакти Средба на претставниците на Стопанската комора на Македонија со претставници на раководството на СДСМ, предводени од Бранко Азески и Бранко Црвенковски
ЕКОНОМСКИТЕ ИДЕИ НА ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕД БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА Посетата на СДСМ на Стопанската комора на Македонија и претходните на Сојузот на стопанските комори, како и зачестените контакти на бизнисмените со Владата даваат надеж дека се создава клима за напуштање на политичката и свртување кон економската агенда, што е исклучително значајно за земјава на патот кон излезот од кризата. Ова посебно го подвлече Бранко Азески во изјавата пред претставниците на македонските медиуми, по средбата што во Стопанската комора на Македонија се одржа меѓу претставниците на најстарата и најбројната бизнис-асоцијација во земјава и членови на раководството на опозициската партија СДСМ, предводена од Бранко Црвенковски (15.10.2010 година). Меѓусебниот контакт го остваруваме бидејќи сакаме од сите субјекти да ги чуеме новите економски идеи и сериозно кон нив да пристапиме, да ги анализираме и да видиме колку тие се поклопуваат со нашите интенции. Стопанската комора на Македонија природно е партнер на Владата, но посебно сака да ги слушне економските идеи на опозицијата. Тој дијалог треба да се фокусира на многу значајни прашања кои ние се обидовме да ги дефинираме и кои се однесуваат на инфраструктурата, инвестициите и извозот. Тие прашања се особено значајни за зголемување на стапката на брутоопштествениот производ и можат да ја повлечат земјава напред, - додаде Бранко Азески. - Сите тие идеи нашите експертски тимови сериозно ќе ги анализираат. Бранко Црвенковски посебно подвлече дека средбата е во функција на меѓусебното информирање
и во правец Стопанската комора на Македонија и бизнисзаедницата да бидат запознаени со економската програма на СДСМ. Во тие рамки е и промовирањето на проектите кои опозицијата веќе ги изнесе во јавноста или има намера тоа набрзо да го стори. Целта е да се слушнат мислењата и сугестиите од бизнис-секторот. - Приликата ја искористивме да образложиме два конкретни проектa. Едниот и` е познат на јавноста и се однесува на „Инвестиции сега“ во којшто предлагаме државата да го преземе товарот на плаќањето на каматите кон банките што би можело тројно да го зголеми нивото на домашни инвестиции преку бескаматно инвестициско кредитирање. Проектот се однесува и на бесплатно доделување градежно земјиште во слободните индустриски зони по пат на парцелизација. „Бескаматни станбени кредити“, исто така ќе овозможи тројно зголемување на нивото на нови станбени кредити, повторно со преземање на товарот на нивното плаќање од страна на државата. Според Бранко Азески, се наоѓаме во период кога е потребен нов оптимизам, нов развој. - Затоа Стопанската комора на Македонија предлага да се отвори дебата за изградба на нов економски модел што ќе го раздвижи македонското стопанство и ќе ја подигне стапката на економски раст.
Проекти Македонскиот ЕИИЦМ меѓу првите три земји со потпис врз значаен документ
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА МРЕЖАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски како претседател на Конзорциумот на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Антверпен го потпиша Кодексот на однесување на Мрежата на европските претприемачи, во рамките на годинашната конференција на таа институција (13.10.2010 година). Станува збор за проект на Европската комисија, сервисиран преку Европската агенција за конкурентност и иновации. Република Македонија спаѓа во првите три земји од Европа кои предводеа
во усвојувањето на овој Кодекс во рамките на Мрежата. Во соопштението од УКИМ, се посочува оти за одбележување е што церемонијата, розетата и повелбата на др Велимир Стојковски му биле доделени под името Македонија. Европската мрежа на претприемачи, со седиште во Брисел, претставува најголема меѓународна мрежа за поддршка на малите и средните претпријатија, во која членуваат над 600 организации (универзитети, стопански комори, истражувачки центри, национални агенции и слично) и по својот обем и распространетост почна
да го надминува европскиот економски простор со тенденција да стане глобална. Европската мрежа на претприемачи во Република Македонија е присутна преку Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ). Тоа е проектен Конзорциум координиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во него учествува и Стопанската комора на Македонија.
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
7 Фокусирано
Бизнис-секторот посакува зголемување на влијанието, но предупредува
БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ ЛОБИРАЊЕТО ЛЕСНО СЕ ПРЕТВОРА ВО КОРУПЦИЈА Лобирањето е пракса, во групи или индивидуално, со којашто се влијае врз одлуките што ги носи една влада. Тоа подразбира обид за влијание врз законодавците и официјалните лица. Во развиените општества лобирањето е инструмент со којшто се овозможува обликување на општествено-политичкото, економското или кое било друго опкружување. Лобист е лице кое што се обидува да влијае врз легислативата во име на посебни интереси или во име на член на лоби-група. Владите, често го дефинираат и го регулираат организирањето на групи за лобирање. Етимолошки, поимот потекнува од неформално собирање на парламентарци пред и по дебатите во простории на парламентот, и како израз се спомнува од 1820 година. Односот кон лобирањето најчесто разбудува контроверзи - се врзува за корупција и нечесни работи или, пак, е израз на демократијата - транспарентност, на регулативните процеси и овозможување на регулаторите и политичарите непосредно да се запознаат со состојбите и потребите на општеството. Во САД, активностите на лобирањето законски се регулирани, познати се и контролирани условите за давање услуга и надомест. Во ЕУ, со оглед на другите типови на демократија и економски модел - економско-социјални држави, лобирањето е дефинирано како Европска иницијатива за транспарентност и во целосна функција е од јули 2010 година, со објавувањето на листите на лобисти. На листите се институции, поединци, комори и други бизнис-асоцијации, синдикати, компании кои имаат право на пристап кон работата и документите на Европската комисија и Европскиот парламент, а администрацијата има обврска да комуницира со субјектите согласно нивните барања. Во ЕУ само Литванија, Полска, Унгарија, Тоскана во Италија и Република Македонија имаат закони за лобирање. Хрватска е во повеќегодишен процес на донесување на регулативата. Република Македонија има регистрирано само еден лобист, засега. Но, дали има неформални практики на лобирање - тешко е да се документира. На неодамнешниот тренинг во организација на Државната комисија за спречување на корупција, со помош на ТАИЕХпрограмата, експерти од Полска ги пренесоа своите искуства. Првично, законот е донесен со помош на искуството на САД, а сега се подготвуваат измени и дополнувања коишто би требало практиката да ја доближат до практиката на ЕУ - целосна транспарентност, како начин на администрирање. Полските пријатели нагласуваат дека клучната алка во лобирањето е транспарентност. Нивните министерства се должни секој документ, белешка, информација да ја постават на сајтот, како и најави за лобирања и средби. И покрај тоа, се` уште постојат неформални лобирања за коишто не е стимулирана пенализација, а се препознаваат кога нештата ќе ескалираат во афера. Листата на лобисти во Полска се води во Министерството за внатрешни работи и во администрацијата, каде што и се доставуваат формуларите во коишто се најавуваат лобирачките активности. Каде сме ние? Македонија е во процес на апроксимација на домашното со законодавството на ЕУ, па и Законот за лобирање
(„Службен весник на РМ„ бр. 106/2008) донесен како проект на УСАИД („Службен весник на РМ„ бр. 106/2008). Тој веќе доживеа една измена со Одлука на Уставниот суд на Македонија, а треба да се стави на уште една проверка. Пред се`, поради утврдување на основниот концепт на спроведување во пракса на влијанието, на европски или на друг начин, а потоа и заради јасна артикулација на правилата. Нашиот Закон за лобирање не дава дефиниција на лобирањето, туку ги наведува правата и должностите на лобистот, како и активностите што не се сметаат за лобирање. Законот не дава гаранции за преземената обврска во однос на нарачателот, не постои етички кодекс за лобирање и слично. Во услови на функционирање на сегашниот Деловник за работа на Собранието на РМ и во услови на нефункционална РИА, лобирањето за интересите на корпоративниот сектор, преку членовите на парламентарните комисии, пратениците, владините комисии и стручните служби на министерствата, останува единствен начин на влијанието врз регулаторните процеси во законодавниот дом на Република Македонија, но согласно практиката на ЕУ. Асоцијацијата на регистрирани парламентарни лобисти во ЕУ, во својот Статут, дефинира дека застапувањето/ лобирањето е повеќезначајна професија којашто подразбира истражување, анализа, следење/известување, присуство на парламентарните дебати во однос на легислативата, работење со интересни страни и коалиции, застапување на клиенти и едуцирање на субјекти (владини претставници, лидери во индустријата, корпоративни службеници, вработените и општо јавност кога тоа е потребно). За да се избегне каква било негативна конотација во однос на лобирањето, ЕУ лоби-мрежата се залага лобистите да бидат официјално поврзани со асоцијациите на индустриите коишто имаат репрезентативност и на тој начин да изградуваат знаења за материјата што треба да се застапува, вештините на застапување и убедување, но едновремено и да ги отвораат демократските процеси на дијалог и транспарентност. Факт е дека во ЕУ-концептот на демократијата којашто функционира во западноевропските демократии, владеењето на правото и процедурите обезбедуваат транспарентност и инклузивност во регулативните и во процесите на креирање на политиките. Во пресрет на ЕУ-членството, Република Македонија капацитетот на лобирањето треба да го гради сега во исти услови како и во Брисел. ЕУ функционира во алијансите - за да се постигне целта, потребно е да се идентификуваат истомисленици. Затоа е важно да почнеме со лобирање и во Брисел. Тоа значи, било да се работи за пласирање на иницијатива или за регулаторната сфера, успехот зависи од што порано вклучување во процесот на лобирање со вградување на сопствени ставови. Без оглед што земјите се во фаза на пристапување, тие не треба да ја испуштат можноста да влијаат врз решенијата коишто ќе се рефлектираат и на нив, по неколку години, кога ќе станат полноправни членки. Љубица Нури
8 Искуства Рецепти за лобирање во Европската унија
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
ДЕСЕТ ЗЛАТНИ ПРАВИЛА Некаде под Алпите се простира едно преубаво планинско село, именувано во Алпбах од австрискиот народ, што во превод значи ,,извор под Алпите``. На тоа место се чувствува свежиот планински воздух и според стручните лица таму извира најчистата вода на светот. Духот на ова преубаво цветно село е причината зошто веќе 63 години по ред се одржува еден од најпознатите и најпосетените форуми, гледано на светско ниво. На овој двонеделен форум, четири илјади посетители, од кои повеќе од шестотини стипендисти, имаа можност да присуствуваат на семинари, организирани летни школи, симпозиуми и најразлични културни настани. Шеснаесетмина студенти и дипломирани млади академски граѓани од Македонија ја имаа оваа исклучителна можност да присуствуваат во центарот на концентрираното знаење од полето на економијата, политиката, медицината, технологијата, религијата, образованието и многу други области и науки. Тие беа вистински амбасадори преку кои европските граѓани можеа да ги запознаат подобро македонската култура, јазик и традиција. Меѓу бројните економски теми кои беа предмет на дискусија на Форумот, на дневен ред се најде и лобирањето и социјалната мрежа во Европската унија. Панел-дискусијата ја водеа стручни лица кои директно се запознати со оваа тема и професионално вклучени во институционалната мрежа во Брисел. Што е всушност лобирање и како се дефинира? Според повеќе извори може да се именува како активност од страна на различни индивидуи, организации, компании, и други субјекти која се одвива со цел да се влијае врз развојните политики, легислативите, политичарите и други официјални органи или индивидуи за застапување и одбрана на сопствените интереси или интересите на некоја поширока група. За македонскиот граѓанин случувањата во Брисел и во Европската комисија неодамна станаа главна тема во дневните медиуми, но како всушност се стигнува до високите позиции во политички извиканиот белгиски град и како се инфилтрираат индивидуалните или заеднички интереси? Според Ханс Р. Глатц (Hanns R.Glatz), кој има повеќе од десетгодишно искуство во Брисел, поточно во ,, CNC- Communica�ons and Network Consul�ng AG, Brussels``, постојат десет златни правила според кои еден лобист треба да се води за да биде успешен во полето на постигнување сопствени или туѓи интереси. Тој треба пред се` добро да ја познава организацијата за која работи или луѓето кои ги претставува. Во таа функција, мора да биде инфилтриран и докажан неговиот кредибилитет и знаењето за размена во организацијата и надвор од неа. Одличен лоби играч во политичките, економските па и другите кругови мора да располага со одлична експертиза во полето кое сака да интервенира и да биде репрезент во вистинската смисла на зборот. Она што можеби малку од нив го применуваат, а се покажало многу пати во практиката дека е од голема важност, е создавањето на социјална мрежа и пријатели во моментите кога не им се потребни. Во таква релаксирана атмосфера луѓето повеќе се поврзуваат меѓусебно, а поврзувањето секогаш оди одвоено од лобирањето. Внатре во организацијата ваквото поврзување може да ни овозможи повратна корист од надвор, можност за собирање значајни информации, споделување на сопствените аргументи и пристап до пошироката јавност и нивната политика. Потпирањето само на личните пријателства е клучот за неуспех во лобирањето. Покрај нив, нашата социјална мрежа треба да биде широко распространета и да не се води од базата на сопствениот јазик, образование, националност, религија и политичка наклонетост. Всушност, многу позната е практиката дека употребата на туѓиот јазик во стекнувањето нови познанства секогаш носи поголема наклонетост од спротивната страна. Креирањето на критична маса, според господинот Гранц, се смета за половина пат од успехот. Во Европската унија постојат денес повеќе од 15 илјади лобисти со неколку илјади различни интереси. Ваквата поставеност може да се искористи како алтернативна или можеби единствена можност и да се успее во сопствените интереси ако тие се здружат во коалиција со нечии други интереси. Коалицијата на интереси меѓу различни компании, организации и индустриски асоцијации веќе стотина пати се докажала како успешен метод на лобирање во Европската унија. Информациите денес го движат светот, а некои економисти веруваат дека шпекулирањето со информации го донесе денес светот на работ на најголемата економска криза која го опфати скоро секој дел од светската мапа. Во продолжение, прибирањето на значајни и на прв поглед помалку значајни информации, е клучна алка во синџирот на лобирање. Многу често, практиката покажала дека не постои таква акредитирана организација која секогаш точно и доволно прецизно ќе ни ги послужи на маса сите информации што ни се потребни. Затоа, извори како веб-страни, извештаи на одделни влади, персонални контакти, случајни информации и многу други, се исклучително значајни за оформување на сопственото мислење пред да биде тоа презентирано понатаму. Во тој контекст и слушањето е помоќно средство од говорењето. Во процесот на лобирање е поволно користењето на веќе докажани аргументи, кои не се многу сложени и кои се веќе широко прифатени. Никогаш добриот лобист не треба да се потпира на поддршката која ја има од своите директни контакти. Во Брисел нема мнозинство кое се залага за цврсти ставови, туку секој политичар ги искажува своите погледи и затоа процесите за усвојување на некои легислативи одат толку бавно и комплексно. Временското усогласување со работното време и лобистичкото дејствување е исклучително важно. Без разлика на нашите директни контакти и пријателства, ако не се почитуваат временските норми на работење потежок е пристапот до луѓето кои сакаме да не` сослушаат. Во Брисел за лобирањето е познато дека `прерано` има подеднакво значење со `предоцна`. Имајќи на ум дека повеќето одлуки во Брисел досега биле резултат на компромиси, а времето за влијание врз дискусиите за компромиси е навистина кратко, вистинскиот лобист треба однапред да биде подготвен да склучи компромис во одредени ситуации. Детална претподготовка е неопходна за успешен исход, а тоа најчесто настанува во последната минута од дискусијата, кога концентрацијата на опозитите е веќе при крај. Така наречени `валкани игри и трикови` треба да бидат надвор од полето на дејствување на оној кој што лобира. Кредибилитетот секогаш се достигнува со полната вистина, па претставувањето што и кого сте застапувате секогаш треба да биде транспарентно. Вистински аргументи, фер односи и објективно, а не субјективно однесување се вистинската работа на лоби играчот. Личните награди никогаш нема да ве однесат до вашата цел - според Ханс Гранц. Секогаш оставаат впечаток дека не постои доволно верба на лобистот во своите аргументи. Тоа го потврдуваат и високите етички стандарди кои постојат во Брисел и оттука вечера, пречек во скапи ресторани и луксузни автомобили секогаш упатуваат на провидната заднина дека некој нешто очекува за возврат. Но, наградите за знаење секогаш се ценети на високо ниво. Ивана Колева
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
9 Соработка
Франкофонија во Стопанската комора на Македонија
ШАНСА ЗА РАЗВОЈ НА ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ТРЕТИОТ СВЕТ Стопанската комора на Македонија, од 19 до 22 октомври 2010 година е домаќин на франкофонската обука за Управување со проектни циклуси и на учесниците - претставници на коморите од Камерун, Конго, Демократска Република Конго, Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска, Мали, Нигерија, Сенегал, Того, Комори, Мадагаскар, Џибути, Мароко, Хаити, Тунис, како и представници на Мароко од Агенцијата за поддршка на МСП и на Маврициус од Агенцијата за поддршка на извозот. На почетокот на обуката гостите ги поздрави Методиј Хаџи Васков, заменик министер за економија во Владата на Република Македонија и Петар Митев, претставник од Министерството за надворешни работи. Меѓународната организација на франкофонските земји, чиј член е и Република Македонија, го започна проектот АМАД (2007) во повеќе земји со цел преку фокални точки да го олесни пристапот на компаниите до овие можности. Стопанската комора на Македонија беше одредена за фокална точка во нашата земја и е задолжена за промоција и реализација на целите на АМАД. Во рамките на овој проект се создаде мрежа во која се наоѓаат пазарите на земјите од МАГРЕБ, франкофонските африкански земји и Карибите. Оваа мрежа, како и самиот проект, има потенцијал да им помага на фирмите да се поврзуваат во меѓународни конзорциуми со цел да настапат на одреден тендер преку јакнење на институционалниот капацитет. Фокалната точка АМАД Средба на Бранко Азески со делегација при Стопанската комора на од Франкофонијата која е на обука во Македонија има можност да Стопанската комора на Македонија добива дневни тендерски вести за најавени, објавени КОНТАКТИ КОИ ИЗВЕСНО и доделени тендери, ЌЕ ДОНЕСАТ ЕКОНОМСКА односно идентификација на фирмите кои ги добиваат СОРАБОТКА тендерите. Овие кратки - Стопанската комора на Македонија особено ја вести редовно ќе ги цени храбрата одлука на Секретаријатот на Франкофонијата објавува преку каналите за работилницата за управување со проекти да ја организира во Македонија и со тоа да се овозможат контакти на нашите информирање. Улогата на фирми со вашите институции. Иако Република Македонија над оваа точка е да овозможи 60% од својата надворешна трговија ја реализира со ЕУ, нашата помош и советување при подготовка на документација за учество на тендер, со цел бизнис-заедница е сосема свесна дека треба да вложи енергија да се зголемат шансите за успешно поднесување на тендерска документација и во во пазарното позиционирање во земјите коишто растат со брзо темпо, а со кои македонската економија воопшто нема релации најдобар случај да се добие тендер. Во оваа насока планирани се соодветни обуки или тие се маргинални. за потребите на компаниите. Ова посебно го нагласи Бранко Азески на Република Македонија стана придружна членка на Организацијата на средбата со претставници на коморите и агенциите од Камерун, Конго, Демократска Република Конго, Буркина Фасо, франкофонските земји во 1998 година, а членка во 2006 година. Стопанската Брегот на Слоновата Коска, Мали, Нигерија, Сенегал, Того, комора на Македонија веднаш го препозна моментот на потребата и можностите Комори, Мадагаскар, Џибути, Мароко, Хаити, Тунис, Мароко и застана зад формирањето на Клубот за франкофонија (2009), со основна цел и Маврициус, кои што престојуваат неделава на обука во поттикнување на развојот на стопанската соработка со Република Франција и други Комората. Најстарата и најбројната бизнис-асоцијација во земјава е Фокална точка на франкофонскиот проект за пристап 56 земји-членки на Франкофонијата, плус 14 земји набљудувачи. Вкупната трговска кон меѓународни тендери во франкофонските земји - АМАД размена на Република Македонија со 58-те земји од Франкофонијата, во 2008 година во Република Македонија, поради што е и домаќин на оваа изнесуваше 5,701 милијарда американски долари или 52,64% од нашата вкупна делегација. - Овозможено ни е да воспоставиме драгоцени надворешно-трговска размена. Од тоа, 2,517 милијарди американски долари се контакти кои ќе се развијат не само во институционална мрежа извоз, што претставува учество од 63,26% во вкупниот извоз. Од франкофонските на соработка, туку ќе придонесат за директни контакти меѓу земји Македонија има увезено 3,185 милијарди американски долари, што компаниите. Крајната цел не е само развивање на трговијата, претставува 46,48% од вкупниот увоз на земјата. Во меѓународната организација на туку и заедничко учество на тендери. Со учество на тендерите ќе имаме можност и за пласман и размена на производи. Во франкофонијата 17 земји се членки на ЕУ, дел од нив се полноправни членки, дел се наредниот период ќе сториме се` за да дојде до размена на набљудувачи, но најголем дел од членките во франкофонијата се земји од Африка, трговски делегации. Дека тоа е реално, потврдува и интересот Блискиот Исток и Азија, земји со коишто скоро и да немаме стопанска соработка. на нашите компании за средби со членовите на делегацијата, - додаде Бранко Азески. Љубица Нури
име земја Андора Албанија Ерменија Австрија Белгија Бугарија Брегот на слоновата коска
ИЗВОЗ количина во кг 51.919 219.185.499 30.966 11.382.137 25.913.687 673.897.245 0
Љубица Нури
ЕУР 31.923 72.6142.138 192.106 15.241.594 75.066.958 253.504.044
УВОЗ количина во кг 233 379.130.703 15 37.109.098 7.833.646 494.455.067 12.245.837
ЕУР 11.935 24.212.644 883 81.581.293 28.680.209 221.627.207 1.999.975
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 21 октомври 2010
Соработка име земја Канада Централна Африканска Република Конго Швајцарија Камерун Кипар Чешка Доминика Египет Франција Габон Грузија (Георгија) Гана Екваторијална Гвинеја Грција Хрватска Хаити Унгарија Камбоџа Лаос Либан Литванија Луксембург Латвија Мароко Монако Молдавија Мадагаскар Маурициус Мали Мавританија Мозамбик Нигер Полска Романија Србија Руанда Сејшелски Острови Словенија Словачка Сенегал Сао Томе и Принципи Чад Тајланд Тунис Украина Виетнам Вануату Конго Вкупно ВКУПНО КОЛИЧИНА ВКУПНО РАЗМЕНА ВО САД $ ВКУПНО РАЗМЕНА ВО ЕУР
6.087.580.673 5.701.509.622 3.855.006.518
ИЗВОЗ количина во кг 570.453 0 0 11.407.136 0 1.626.328 13.407.609 0 945.146 18.523.694 0 46.915 14.362 16 481.844.934 198.583.763 0 7.230.831 0 0 95.582 709.525 45.600 1.122.308 293.081 4 92.068 0 0 2.750 0 0 0 8.517.140 35.184.967 1.396.021.905 1 0 46.188.118 10.506.599 0 0 0 22.943 124.609 1.386.034 51.013 0 0 3.165.026.889
ЕУР 911.293
10.883.455 1.349.961 9.701.244 1.681.159 16.431.540 1.149.516 24.183 3.103 357.507.297 155.519.479 4.844.076
181.232 474.079 42.650 750.605 352.395 2.210 18.635
2.238
11.362.168 22.402.072 631.374.950 283 43.762.519 8.116.000
6.133 92.901 1.979.613 60.798
1.697.666.551
УВОЗ количина во кг 9.491.279 1.421 866 33.363.042 25.149 1.344.381 18.356.934 25.360 24.552.631 12.529.775 3.303.850 25.560 265.882 0 441.606.599 76.843.398 3 61.508.988 6.732 269 56.730 321.549 208.188 91.288 106.203 531 3.864.670 2.010 3.965 21 40 93.395 1.051 268.201.689 103.105.212 568.094.884 0 390 64.246.745 20.611.181 123 1 1.701 3.241.831 101.937 274.280.258 1.886.842 4.619 12 2.922.553.784
ЕУР 11.919.776 6.342 3.977 198.366.046 47.371 2.769.507 44.441.888 16.673 3.404.966 82.628.293 759.223 47.755 700.245 346.112.462 93.723.971 18 54.695.829 134.641 13.148 57.413 936.569 911.597 139.139 718.526 22.690 2.273.812 37.024 77.559 8.378 3.885 179.805 212 178.511.500 77.875.056 360.866.363 1.899 138.310.551 45.051.647 4.520 262 7.031 10.689.238 633.813 136.480.353 5.153.029 479.846 1.972 2.157.339.967
% УЧЕСТВО НА ИЗВОЗОТ ВО ВКУПНИОТ ИЗВОЗ НА РМ 63,26 (%) % УЧЕСТВО НА УВОЗОТ ВО ВКУПНИОТ УВОЗ НА РМ 46,48 (%) % УЧЕСТВО НА ВКУПНА РАЗМЕНА НА ФРАНК. ВО ВК.РАЗМЕНА НА РМ 52,64 (%)
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
11
Најави Од почетокот на идната година европска шема во управувањето со отпад од пакување
МЕСТО НА ДЕПОНИЈА, ВО ПРОИЗВОДСТВО
Македонската асоцијација на пакувачите и заштита на животна средина - МАПЕК при Стопанската комора на Македонија, последните две години интензивно работеше на донесувањето на Законот за управување со пакување и отпад од пакување во координација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а согласно Европската легислатива. Co овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува пакувањето при негово производство, пуштање на пазар и ставање во употреба и постапувањето со отпадот од пакување. Toj ги регулира обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство, пуштање на пазар и ставање во употреба на пакувањето, правилата за собирање, повторна употреба, преработка и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакувањето, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпад од пакување. – ова беше нагласено на прес конференцијата во Стопанската комора на Македонија (18.10.2010 година). -Производителите спроведувањето на обврските од овој закон можат да ги остваруваат самостојно или со склучување посебен договор за преземање обврски за постапување со отпад од пакување со правно лице, коешто во согласност со овој закон обезбедува постапување со отпадот од пакување во нивно име и за нивна сметка. Како основачи на истото се јавуваат членките на МАПЕК, додека останатите фирми кои подоцна ќе пристапат кон правното лице согласно обврските од законот ќе имаат статус на клиенти. – нагласи Хрисанти Ангеловска, претседател на MAПEK - Македонска асоцијација на пакувачите на производи и заштита на животната средина при Стопанската комора на Македонија.
Демант
Здружение на производителите на тутун и производи од тутун на изјавите на Златко Арсов
ПРОФЕСОРЕ, ШТЕТИ ЌЕ ИМА, ТВРДАТ И НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ОРИЕНТАЛЕН ТУТУН ВО СВЕТОТ Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, на 7.10.2010 година, одржа седница на којашто беа договарани активностите и заземање ставови пред претстојното гласање по иницијативата на ФЦТЦ (FCTC) или (РККТ) (рамковна конвенција за контрола на тутунот) врз производството на тутун и тутунски производи - иницијатива за воведување забрана за користење адитиви кај производите од тутун Предлогот на Канада (на Конференцијата на Светската здравствена организација на Рамковната конфенција за контрола на тутунот) за измена на членовите 9 и 10, односно и дефакто укинување на изработка на бленд цигарите, што ќе значи нивно исчезнување, а и ние како производители на ориентален тутун најверојатно би се соочиле со истата ситуација и покрај фактот за непостоење докази дека редукцијата на адитивите ќе значи и редукција на пушењето и намалување на штетноста на цигарите. На состанокот беше заклучено најдоцна до среда,13.10.2010 година, од страна на фирмите и Комората да се достават сите релевантни податоци до Инститиутот за тутун кои потоа во вид на официјалн предлог-аргумент би биле доставени како информација до Владата на Република Македонија од страна на Министерството за надворешни работи и Министерството за здравство, а со цел надополнување на стратегијата за состанокот во Пунта Дел Есте во Уругвај (15-20 ноември 2010 година). Со цел објективно и аргументирано известување за развојот на настаните во тутунската индустрија во врска со Канадскиот предлог, а наспроти изјавата на професорот на атедрата за тутун при Факултетот за земјоделски науки и храна, Златко Арсов, Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија го испраќа овој демант во кој уште еднаш детално и аргументирано ги објаснува својот став и позиција по ова прашање. 1. Во изјавата на професорот Златко Арсов, дадена на пресконференцијата на Федерацијата на фармери на Р. Македонија (ФФРМ), а цитирана во дневното списание “Нова Македонија“ и други медиуми се вели дека „оваа иницијатива се однесува на забрана на користење на адитиви во цигарите, а не на забрана за производство на ориентален тутун, како што било протолкувано од страна на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун“. Во ниеден момент, ниту на седницата на Здружението ниту на пресот одржан во Комората на 12.10.2010 година од страна на директорот на Институтот за тутун и претседател на Здружението на производителите на тутун и производи од
Правното лице е должно да склучи договори за преземање на обврските за постапување со отпад од пакување со производителите кои заедно пуштаат на пазарот или увезуваат во РМ најмалку 30% од примарното, секундарното и терцијалното пакување во текот на една година. При организирањето на системот за постапување со отпад од пакување, правното лице е должно да обезбеди собирните места и центри да бидат уредени на таков начин што ќе овозможи крајните корисници да го оставаат отпадот од пакување и во случај кога преземањето на отпадот од пакување не е обезбедено, непосредно кај крајните корисници или кај последните доставувачи. МЖСПП утврдува годишни национални цели заради постепено постигнување на целите од законот претходно усогласени со Комисијата за управување со отпад од пакување, а кои на предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Владата на Република Македонија може да ги ревидира по потреба, а најмалку еднаш на три години. Правното лице кое ќе ја отпочне својата работа од 1.1.2011 година со својата активност ќе има за цел да го спречи создавањето и да се намали количината на отпад од пакување, да се намали и да се ограничи употребата на штетни метали и материи во пакувањето и со тоа да ја намали токсичноста на отпадот од пакување, обезбедување висок степен на заштита на животната средина, високо ниво на повторна употреба на пакувањето и рециклирањето, како и намалување на крајното отстранување на отпадот од пакување, обезбедување услови за воспоставување системи за враќање, селектирање,собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на отпадот од пакување. Воедно тоа треба да обезбеди еднаква положба на пазарот меѓу домашните и странските правни и физички лица и да се избегнат и отстранат трговските бариери кои можат да го нарушат пазарот. – додаде Хрисанти Ангеловска. тутун не беше дадена ваква изјава. Наспроти тоа, беше кажано дека изгласувањето на Канадската иницијатива ќе значи крај за бленд цигарите, а со тоа и на ориенталниот тутун и неговата функција како состојка во истите. 2. Збунува фактот што горенаведениот професор пред само три месеци, по одржаните седници на Здружението на производителите на тутун и производи од тутун и објавувањето на материјали од истите, како на порталот на Комората, така и во дневното списание „Време“, самоиницијативно се обрати до Комората да биде и тој член на ваквото тело кое се спротивстави целосно на Канадскиот предлог, притоа поддржувајќи ги во целост иницијативата и аргументите кои произлегоа од Комората. Три месеци подоцна, Здружението се` уште е на истиот став и во координација со Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија, ги договара активностите за гласањето следниот месец во Уругвај, наспроти дијаметрално спротивниот став на професорот за истиот временски период. 3. Иницијативата за разгледување на Канадскиот предлог и активностите кои ги презема Здружението на производителите на тутун и производи од тутун при Комората беа на иницијатива на нејзините членки, откупувачите на тутун, како и производителите на тутун и цигари: Сокотаб -Битола, Алиансе Оне Македонија, Тутунскиот комбинат - Прилеп, Империјал Тобако - Скопје, Филип Морис - Скопје, Фабриката за цигари Сарајево (ТДС) - Скопје, Фабрика духана Ровињ ФДР - Скопје, Јапан тобако - Белград и Институтот за тутун – Прилеп, а поддржани од претходно наведените министерства. Сето ова укажува на фактот дека иницијативата на Канада и последиците кои таа би ги имала е прецизно разбрана од страна на фирмитечленки на Здружението кои се во исто време и глобални сили на светскиот пазар во тутунската индустрија. 4. Македонија како земја-производител на ориентален тутун не се спротивстави самостојно на ваквата иницијатива. Напротив, десетици земји се на истиот став и гласаа против на состанокот на СЗО во Женева, во јули месец, а се очекува уште поголемо спротивставување на ноемвриското гласање во Пунта Дел Есте. Тука се пред се` земјите од Источна и Јужна Африка, Бразил, Мексико, Данска, Финска, Унгарија, Холандија, Обединетото Кралство, Алжир, Бугарија, Конго, Гана, Јордан, Кенија, Мали, Турција, Украина, Австралија, Кина, Индија, Сингапур, Тајланд. Од април повеќе држави поднесуваат жалби, како: Хрватска, Бурунди, Чиле, Египет, Гватемала, Хондурас, Индонезија, Јордан, Кенија, Мозамбик, Танзанија, Уганда, Замбија, a покрај Македонија и Јапонија, Кина, Филипини, Украина, Црна Гора и многу други држави писмено доставија коментари за инструкцијата кон членовите 9 и 10 до Секретаријатот за РККТ. Подготвил: Васко Ристовски
БИЗНИС ИНФО
12
четврток, 21 октомври 2010
Симулации Стопaнската комора на Македонија го поддржа проектот Виртуелен саем
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ НА ИНТЕРНЕТ Стопанската комора на Македонија официјално застана зад проектот наречен Виртуелен саем - efair4u. com. Станува збор за интернет-портал којшто симулира реални саемски манифестации, претставени во виртуелен свет на еден поинаков, динамичен и интерактивен начин. Виртуелниот саем му нуди можност на секое претпријатие, независно од неговата големина, дејност и финанскиски средства, бесплатно презентирање на интернет. Преку овој проект се надминуваат сите ограничувања на коишто можат да наидат изложувачите при своето претставување на реалени саемски манифестации. Презентирањето на Виртуелниот саем на порталот efair4u.com се врши преку закупување на виртуелни штандови, кои се поделени во 16 саемски хали со голем број групи и подгрупи, на кои се поставуваат информации и податоци поврзани со дејноста на фирмата, се презентираат производите и услугите што ги нудат претпријатијата, се нуди можност за поставување на видео-материјали и искористување на многу други можност за коишто претпријатето смета дека најдобро ќе го претстави како пред неговите крајни потрошувачи, така и пред неговите актуелни и потенцијални деловни партнери. Крајната цел на проектот, во неговата прва фаза, е
обединување на македонското стопанство, односно целото стопанство да биде присутно на едно место - на порталот efair4u.com. Преку сите можности што Виртуелниот саем ги нуди, им се дава можност на претпријатијата и на крајните потрошувачи целокупната понуда и побарувачка да ја најдат на едно место, место каде што можат да запознаваат нови деловни партнери, да остваруваат меѓусебна комуникација
и многу други предности, со што овој проект се издигнува како единствен од својот вид којшто нуди уникатни бенефиции за целокупниот деловен свет. Во овој момент активни земји на Виртуелниот саем се Република Србија и Република Македонија, а до крајот на оваа година се очекува сите земји од поранешните југословенски простори да бидат дел од проектот. Понатаму, преку Република Бугарија и Република Романија, се очекува влез на европскиот пазар. Финалната фаза е позиционирање на проектот на глобално ниво и вклучување на секоја заинтересирана земја од светот во проектот.
Програми Имплементација на TAM-програмата во Македонија
ПОМОШ ВО РАЗВОЈОТ НА НОВИ БИЗНИС�ВЕШТИНИ Делегацијата на Европската унија и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) од неодамна ja отпочнаа новата TurnAround (TAM) Програма. Toa е програма за градење на капацитет и е финансирана од донатор, а е раководена од ЕБРД, фокусирана на локални приватни претпријатија и нивниот менаџмент. (www.ebrd.com/tambas). TAM им помага на малите, средните и на големите претпријатија во нивната трансформација. Советниците на TAM им овозможуваат на претпријатијата да направат структурни промени и да развијат нови бизнис-вештини на ниво на сениор-менаџментот, помагајќи им да напредуваат и да се натпреваруваат во пазарните економии. Советодавните услуги на TAM ги даваат искусни директори и индустриски експерти. Советниците им го пренесуваат техничкото know-how на претпријатијата, пренесувајќи ги принципите на одговорно корпоративно управување и споделувајќи комерцијално искуство директно со сениор-менаџерите. Новата TAM-програма, финансирана од страна Делегацијата на Европската унија, стартуваше во август 2010 година. Целта е да се спроведат ТАМ-проекти со 20 компании во период од 27 месеци. Во моментов се тестираат и се селектираат потенцијалните корисници. ТАМ-тимот сака да ги запознае македонските компании со оваа нова иницијатива, којашто може
да биде интересна за секоја од нив и затоа ги очекува заинтересираните на 27 октомври 2010 година (среда), од 11:00 до 13:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.
Потврда на година.
учеството најдоцна до 25 октомври 2010
Контакт: TAM/БАС Програма Тел.: 02 329 6867, факс: 02 329 6868 tanja@basprog.com.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
13
Барања ОГрупација за климатизација, проветрување на МЕА
греење,
ладење
и
ШТО ПОБРГУ ДО ПОДЗАКОНСКИ АКТИ * Конституиран Управен одбор од 7 члена, а за претсдател на Групацијата во наредниот 4 годишен период е избран Илија Тикваровски, сопственик на „Мартик“ од Скопје Прашањето на енергетската ефикасност, рационално користење на енергијата и зачувување на животната средина добива се поголемо значење за економскиот и се вкупниот живот во државата, Ова проблематика е еден од приоритетите и на надлежните органи, сврзани и со ЕУ агендата на РМ. Во тој контекст се и зацртаните активности за натамошно интензивно, организирано делување на субјектите од областа на климатизацијата, греењето, ладење и проветрување во наредниот период.Ова беше констатирано на изборната седница Групацијата за клиамтизација, греење, ладење и провтрување одржана на 14 октомври 2010 во Стопанската комора на Македонија. Енергетската ефикаснст ги допира сите сегменти од индустриското работење, па со цел негово успешно третирање, Групацијата, покрај постојните, ќе оформи
и секции за индустриско ладење, за гасификација и за обновливи извори на енергија. Членките на Групацијата ја истакнаа потребата во најскоро време да се донесат подзаконските акти кои ја регулираат оваа проблематика, посебно Правилникот за енергетска ефикансот на градбите. Групацијата ќе организира јавна стручна расправа по овој значаен подзаконски акт, за чие изготвување исто така го понуди својот стручен потенцијал. Функционирањето на Комората на овластени архитекти и овластени инжинери ќе биде предмет на натамошна расправа пред членките на Групацијата, посебно во делот на надлежностите за формирање цени за одделни дејности од делокругот на работењето на членките на Групацијата. На членките на Групацијата им беше презентирана достапноста до ЕУ фондовите наменети за енергетика, програмите за еко иновација и FP7, начините и можностите за аплицирање од страна на заинтересираните субјекти. Во изборниот дел од седницата, Групацијата избра Управен одбор од 7 члена, а за претсдател на Групацијата во наредниот 4 годишен период е избран Илија Тикваровски, сопственик на „Мартик“ од Скопје З. Мешкова
Посети Македонски компании на Саемот за преработка на дрво и мебел во Истанбул
ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ И НОВИТЕТИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА Делегација од 30-тина македонски компании, предводени од Стопанската комора на Македонија, на 16 и 17 октомври 2010 година, ги посетија Меѓународниот саем за производство на мебел “INTERMOB 2010’’ и Меѓународниот саем за машини и алати за преработка на дрво “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” во Истанбул, Република Турција. На оваа саемска манифестација, којашто е една од најголемите во регионот од областа на дрвната индустрија, земаа учество над 700 водечки компании од преку 30 земји од целиот свет, а се очекува да го посетат околу 400 илјади посетители. Македонските компании имаа можност да се
запознаат со најновите светски текови во областа на примарната преработка на дрво, современите технологии, опрема и алати за машинска обработка, сечење и процесирање на дрво. Новите модели и современиот дизајн на сите видови мебел кои беа изложени на Саемот “INTERMOB 2010” се добра платформа за македонските производители да ги следат најновите трендови во производството на мебел и за отворање на перспективи за осовременување и збогатување и на нивниот асортиман. Деловните луѓе од Македонија имаа успешна посета на Саемот, остварија бројни контакти со турските и со останатите излагачи на Саемот. На билатералните средби беше покажана желба за натамошна соработка со македонските компании и се очекува во догледно време контактите да се претворат во реални бизниспотфати. Влатко Стојановски
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 21 октомври 2010
Членки на комората Развојни планови на АД ЕЛЕМ
„ЛУКОВО ПОЛЕ“ И „БОШКОВ МОСТ“ ДО 2016 ГОДИНА Во развојните планови на АД Електрани на Македонија ЕЛЕМ приоритетна е изградбата на нови хидроенергетски објекти, како и ревитализација на постојните хидроелектрани. Како особено значајни ЕЛЕМ ги истакнува изградбата на акумулацијата „Луково поле“ со која најавува зголемување на доверливоста на електроенергетскиот систем, како и проектот „Бошков мост“. – објавува МИА. Направената финансиска анализа, велатм од ЕЛЕМ, покажува дека „Луково Поле“ е еден од најатрактивните енергетски проекти во Македонија, анализиран според сите критериуми на исплатливост и оправданост на инвестицијата.
Вкупната вредност на проектот е 62,27 милиони eвра. ЕЛЕМ од сопствени средства ќе одвои 9,34 милиони евра, а останатите ќе бидат обезбедени преку кредит во износ од 52,93 милиони евра од Светска банка. Во тек се дополнителни геолошки, инженерско геолошки и геомеханички истражувања и испитувања на браната Луково Поле, довод на Корабски води и МХЕ „Црн Камен“, по што ќе се изработи студија за оценка на влијанието врз животната средина и физибилити студија. Според ЕЛЕМ како што наведува МИА, периодот за исплаќање на инвестицијата од 9,5 години е краток, а со животниот век на капацитетот акумулираната вода ќе се валоризира најмалку 50 години. Со изградбата на овој систем АД ЕЛЕМ годишно планира да произведе и пласира дополнителни 159 GWh електрична енергија преку веќе изградените три хидроцентрали. Воедно ќе се обезбеди стабилен домашен производствен капацитет со прифатлива цена на електрична енергија, која нема да биде зависна од негативните и турбулентни берзански удари и промени на светскиот енергетски пазар. Меѓу придобивките од изградбата на браната од ЕЛЕМ ја истакнуваат и зголемената инсталирана моќност на системот на Мавровските електрани за дополнителни 5 MW инсталирана моќност. Проектот, истакнуваат од ЕЛЕМ, е значаен и за регулација на водите и за водниот потенцијал, а од неговата реализација има придобивки и туризмот. Ќе се остварат и определбите од Стратегијата за
енергетика на Република Македонија, како и обврските на Македонија кон Европската Унија за исполнување на целта од 20 проценти обновливи извори во финалната потрошувачка на енергија на државата. Проектот „Бошков мост“ е сложен хидроенергетски систем со кој се предвидува целосно искористување на хидропотенцијалот на Мала Река, односно нејзините притоки, реките Тресонче, Росоки, Лазарополска Река, Валовница, Гарска, Звончица и река Белешница. Најновата техничка документација за проектот предвидува инсталираната моќност на централата да се зголеми, од 45 MW колку што беше дефинирана во претходниот главен проект, на 68,2 MW со цел да се зголеми рентабилноста на електраната. Просечното годишно производство на електрична енергија е предвидено да изнесува 117,546 гигават-часа, а протокот на вода ќе биде 22 кубни метри во секунда. Инвестициската вредност на централата е проценета на 76.1милиони евра. За финансирање на прокетот заинтерсираност изрази Европската банка за обнова и развој, која беше подготвена да одобри корпоративен заем на АД ЕЛЕМ за негова реализација. Но заради поповолни кредитни услови, беше одлучено проектот да се реализира со заем со државна гаранција. Од планираниот износ, а во зависност од кредитниот договор, 15 проценти од вредноста ќе биде сопствено учество на ЕЛЕМ. Според динамиката за реализација, проектот „Бошков мост“ ќе почне да се гради во следната година, а се очекува да заврши во 2014. Со неговата реализација ќе се зголеми инсталираната моќност на АД ЕЛЕМ за 70 MW и тоа со висококвалитетна вршна енергија и ќе се зголеми годишното производство за дополнителни 120 GWh. Со изградбата на хидроцентралата ќе се зголеми уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија од АД ЕЛЕМ.
Прва инвестиција на ЕБОР во македонската железничка инфраструктура
ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ОБНОВУВАЊЕТО НА ПРУГИТЕ 17,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЕБОР ја поддржува натамошната модернизација на македонската транспортна инфраструктура со државен заем од 17,6 милиони евра за финансирање на подобрување на пругите, по должина на клучните делници на Коридорот 10. Ова е прв проект на банката во железничкиот сектор во Македонија. Коридорот 10 е главна рута север-југ во Македонија која обезбедува врска со Србија кон Европа на север и кон Грција на југ. Модернизацијата на железничката мрежа е еден од клучните приоритети на земјата ако се земе предвид важноста на истата за унапредувањето на локалната индустрија и меѓународната трговија. Со заемот на ЕБОР ќе се финансира подобрување на 53 километри пруга по должина на трите делници на Коридорот 10: Табановце до Куманово, Ногаевци до Неготино и Миравци до Смоквица. Проектот ќе се имплементира од страна на ЈП Македонски железници - Инфраструктура
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
15
Членки на комората (ЈПМЖИ) и со него ќе се поддржи земјата во тековната програма за реформа на железницата која е усогласена со нормите на ЕУ. Во рамките на проектот ќе се финансира и студија за оправданоста за завршување на делот од
железничкиот Коридор 8 кон бугарската граница. Инвестицијата на ЕБОР е надополнета со грант финансирање во вредност од 1,2 милиони евра од Посебниот акционерски фонд на банката, Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), заедно со финансирањето од владите на Франција и Германија. - Поддршката на модернизацијата на транспортната инфраструктура е еден од клучните приоритети на ЕБОР во земјите во кои работи. Задоволство ни е да ја поддржиме стратегијата на Македонија за развој на железничката мрежа во земјата и за натамошно унапредување на реформата во железничкиот сектор, - истакна Сју Барет, директор на транспортниот тим на ЕБОР. Гледајќи од поширока перспектива во однос на активностите на ЕБОР во Македонија, директорот за Западен Балкан, Клаудио Вјезоли додаде: - Банката ја цени успешната соработка со македонската Влада и е посветена да ги прошири активностите во земјата, со поголем обем на инвестиции во другите економски сектори. - Ова е прва инвестиција во железничкиот Коридор 10 во последниве 30 години. Одобрувањето на овој заем од страна на ЕБОР, претставува уште една потврда за силната поддршка што ја дава оваа ме÷ународна финансиска институција на политиките и реформите кои во континуитет ги спроведува Владата на Република Македонија, - истакна заменик-претседателот на Владата и министер на финансии, Зоран Ставрески. Промовиранa публикацијата „200 најголеми фирми во Македонија“
„ОКТА„, „ЕВН„ И „МАКПЕТРОЛ“ НА ВРВОТ *Македонски телеком“, „Т-Мобиле Македонија“ и „Камени мост комуникации“ се, пак, трите најуспешни компании во Македонија за 2009 година.
„ОКТА„, „ЕВН„ и „Макпетрол“ се трите најголеми, а „Македонски телеком“, „Т-Мобиле Македонија“ и „Камени мост комуникации“ трите најуспешни компании во
Македонија за 2009 година. Според седмото издание на публикацијата „200 најголеми фирми во Република Македонија“, 200-те најголеми компании остваруваат 42,88 отсто од вкупниот приход, додека 200-те најсупешни 53,50 проценти од добивката пред оданочување на сите стопански субјекти во земјава.- објавува МИА. Публикацијата покажува дека нашите компании стануваат се потранспарентни во однос на нивното работење и постигнатите резултати што е основа за создавање здрава конкуренција, истакнал министерот за економија во Владата на Република Македонија, д-р Фатмир Бесими во обраќањето на промоцијата (15.10.2010 година). Според него, рангирањето на фирмите ќе придонесе за нивна поголема афирмација и привлекување на потенцијалните странски инвеститори. - Компаниите што се најдоа на листата, во 2009 година, кога најмногу се почувствуваа последиците од глобалната криза, остваруваа приход и создаваа профит. Евидентно е дека меѓу нив не се само оние од најголемите
индустрии, енергетиката, телекомуникациите..., туку се повеќе има и од други сектори како услуги, информатичка технологија, трговија, нагласил Бесими. Публикацијата „200 најголеми фирми во Република Македонија“ ја изготви Еурo Бизнис Центар ДОО–Скопје врз основа на податоците од Централниот регистар, со поддршка на Министерството за економија и има за цел да ја прикаже вистинската позиција на компаниите на пазарот. При рангирањето на компаниите се земени предвид показателите за вкупниот приход, нето добивката, успешноста во рамки на дејноста, градовите во кои се лоцирани, како и споредбите со најголемите и најуспешните фирми во соседството – Србија, Хрватска и Словенија.
БИЗНИС ИНФО
16
четврток, 21 октомври 2010
Покровители Заем од 6 милиони евра за Извозна и кредитна банка од ЕБОР
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И КОНКУРЕНТНОСТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ Извозна и кредитна банка од Скопје (ИКБ) со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпиша Договор за заем од 6 милиони евра за поддршка за македонската реална економија (14.10.2010 година). Средствата ќе се пласираат кон трговските друштва за инвестиции во подобрување на нивната конкурентност на локалните и на европските пазари, како и за инвестиции во одржлива енергија. На свечениот чин на потпишувањето присуствуваше и д-р Фатмир Бесими, министер за економија во Владата на Република Македонија.
ИКБ е универзална комерцијална банка со 21 филијалa низ целата земја, a ЕБОР поседува 25% од капиталот во ИКБ. Средствата на ЕБОР ќе се искористат од страна на ИКБ за обезбедување заеми за мали и средни македонски компании коишто ќе инвестираат во проекти со кои се подобрува нивната енергетска ефикасност, како и во проекти за доведување на своите еколошки, здравствени, безбедносни и квалитативни стандарди на ниво на барањата на ЕУ. Проектот ќе им помогне на македонските компании да станат поефикасни од аспект на потрошувачката на енергија и да ја зајакнат својата конкурентност со што ќе се олесни нивниот влез на пазарот на ЕУ. Финансирањето на ЕБОР вклучува заем од 3 милиони евра во рамките на новата кредитна линија на Банката за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан и дополнителни 3 милиони евра во рамките на Кредитната линија на ЕУ/ЕБОР за одржлива енергија во Западен Балкан. Двете линии се надополнети со средства за техничка помош од Европската комисија и Мултидонаторскиот фонд за Западен Балкан, што ќе и` помогнат на ИКБ и на нејзините клиенти во оценувањето, развојот и имплементацијата на релевантните инвестиции.
Поддршката вклужува и грантови кои ќе се користат за обезбедување финансиски бенефиции на компаниите по пат на надоместување на дел од трошоците за проектите по комплетирањето на истите. - Заемите на нашиот долгорочен партнер ИКБ ќе и` овозможат на банката да го збогати своето портфолио на производи за кредитирање на МСП. Истовремено, со истите се демонстрира постојана посветеност на ЕБОР на поддршката на македонските компании во подобрувањето на стандардите за квалитет, со што на локалните компании им сe помага да станат силна конкуренција на компаниите во ЕУ, истакна Клаудио Вјецоли, директор на ЕБОР за Западен Балкан. - Со овие нови кредитни линии ИКБ ќе ја прошири широката палета на кредити за МСП. Сега можеме подобро да ги поддржуваме клиентите во нивните инвестиции во обновлива енергија или подобрувања на нивните енергетски интензивни процеси и опрема, со цел да се зголеми енергетската ефикасност. Исто така ќе поддржуваме инвестиции за подобрување на стандардите поврзани со здравјето, безбедноста и екологијата на работните места и производните процеси, за да ги донесеме во линија со новите локални норми, хармонизирани со регулативите на ЕУ. Овие инвестиции самите по себе ќе се исплатат преку заштедата на електрична енергија и широкоградиот поттик обезбеден од ЕУ, преку нашата банка, во успешни проекти. Во 2010 година ги зголемивме нашите активности на кредитирање и ќе продолжиме да обезбедуваме нови и софистицирани понуди на нашите клиенти во сите сегменти, - изјави Јуџел Инан, главен извршен директор на ИКБ. - За да се интегрираме на европскиот пазар мораме да ја подобриме конкурентноста на малите и средни претпријатија кои вработуваат над 90 проценти од работната сила во државата и имаат повеќе од 50 проценти учество во трговијата, - истакна д-р Фатмир Бесими, посочувајќи оти целите на кредитната линија се целосно конзистентни со економската политика на Владата. Од почетокот на своето работење во Македонија, ЕБОР обезбеди повеќе од 510 милиони евра во повеќе од 40 проекти во клучните сектори на економијата на земјата, мобилизирајќи дополнителни инвестиции во вредност од над 620 милиони евра. Инаку, програма за поддршка на приватниот сектор во Западен Балкан е рамка од 110 милиони евра и истата е наменета за поддршка на бизнисите во регионот со цел исполнување на стандардите на ЕУ. Кредитната линија на ЕУ/ЕБОР за одржлива енергија во Западен Балкан е заедничка програма на ЕБОР и на Европската комисија која им обезбедува заеми во износ до 60 милиони евра на банките вклучени во кредитирањето на проекти за енергетска ефикасност и обновлива енергија во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
17
Финансии Совет на НБРМ
ПОДОБРЕНА ЛИКВИДНОСТ НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР, ИНФЛАЦИЈАТА НИСКА И НА СТАБИЛНО НИВО Банките во првата половина од годинава, според Извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија што го усвои Советот на Народната банка, продолжија да работат стабилно и со поголема внимателност, манифестирана преку задржување на нивото на ризици во контролирани рамки, како и одржување на релативно висока ликвидност и стабилна солвентност. Во првата половина од годинава е регистрирано забрзување на динамиката на раст на вкупните активности на банките, така што на 30 јуни 2010 година таа достигнува 282,3 милијарди денари што е за 5,1 отсто повеќе во однос на крајот на 2009 година. Во однос на работењето на банките кредитниот ризик останува доминантен. Бавното темпо на закрепнување на корпоративниот сектор и населението проследено со се` уште ограничените извори за рефинансирање имаше негативно влијание врз нивната способност за отплата на долгот кон банките. Учеството на изложеноста класифицирана во категоријата на ризик „В“, „Г“ и „Д“ во вкупната изложеност на кредитниот ризик забележа пораст од 0,5 проценти во споредба со крајот на 2009 година и на 30 јуни 2010 година изнесуваше 8,6 проценти. Учеството на нефункционалните кредити се зголемени за еден процент и достигна 10,1 отсто. Показателот за нивото на покриеност на изложеноста класифицирана во категориите „В“, „Г“ и „Д“ со издвоени исправка на вредност и посебна резерва се влоши и на 30 јуни изнесуваше 79,6 проценти, - се наведува во Извештајот на Советот на НБРМ. Во првите шест месеци на 2010 ликвидноста на банкарскиот систем е подобрен и на 30 јуни ликвидните средства на банките достигнуваат ниво од 76.358 милиони денари (годишен пораст од 53,3 отсто), што обезбедуваат задоволително ниво на покриеност на депозитите на населението и вкупните краткорочни обврски од 56,2 проценти, односно 41,3 отсто. Профитабилноста на банките е пониска во споредба со претходните години. Вкупната добивка за првите шест месеци изнесува 497 милиони денари, што е за 23 отсто помалку во однос на истиот период од 2009 година. Стапката на поврат на активата и на капиталот бележат натамошно намалување и на крајот на јуни изнесуваат 0,4 отсто, односно 3,2 отсто. Банките продолжуваат да одржуваат висока солвентна позиција.
Стапката на адекватност на капиталот на ниво на банкарскиот систем достигна 16,5 отсто, што е двапати повеќе од законски пропишаниот минимум од осум отсто. Според спроведените стрес-тест симулации од страна на Народната банка, банкарскиот систем и поединечни банки покажуваат релативна отпорност на влијанието на можните надворешни шокови. Во првата половина од годинава е забележан тренд на раст на депозитниот потенцијал и кредитната активност. Вкупните депозити во јуни споредено со крајот на претходната година забележаа пораст од 8,3 отсто, при што новото штедење во првата половина на годината претставуваше 94 отсто од прирастот на штедењето во текот на целата 2009 година. Од аспект на депозитите депонентите претпочитаат да штедат во домашна валута. Проширувањето на изворите на финансирање, постабилниот макроекономски амбиент и олабавувањето на монетарната политика од вториот квартал на годината наваму доведоа до забрзување на годишниот раст на кредитната активност на банките, - се наведува во полугодишниот Извештај што го усвои Советот на Народната банка (14.10.2010 година). Кредитите одобрени на приватниот сектор на крајот на првото полугодие на 2010 се повисоки за четири отсто во однос на крајот на 2009 година. Притоа, новото кредитирање во првата половина на годината го надминува износот на кредити пласиран во текот на целата претходна година. Зголемување во однос на крајот на претходната година бележат и кредитите на претпријатијата за 4,6 отсто и на населението за три отсто. Доминантна улога во растот на кредитирањето имаат кредитите на корпоративниот сектор со придонес од околу 70 отсто. Според Извештајот во прилог на заживувањето на кредитната активност се и намалените каматни стапки на банките. Во јуни денарската каматна стапка изнесуваше 9,6 отсто , а девизната активна каматна стапка 7,3 отсто и во однос на декември 2009 година има намалување кај денарската од 0,7 отсто , а кај девизната од 0,3 отсто . Денарската пасивна каматна стапка изнесуваше седум отсто, а девизната 3,1 отсто , што во однос на крајот на претходната година има намалување од 0,5 отсто кај денарската и 0,3 отсто кај девизната. Во полугодишниот Извештај е констатирано дека во периодот јануари - јуни 2010 година маркоекономскиот амбиент за спроведување на монетарната политика е релативно поголем. Позитивните трендови на девизниот пазар почнати во второто полугидие на минатата година продолжија и во првата половина од 2010 и заедно со подобрите прогнози за надворешниот
сектор отворија простор за натамошно олабавување на монетарната политика. Во овој период НБРМ изврши намалување на основната каматна стапка во пет наврати за 3,5 процентни поени сведувајќи ја на пет осто во јуни. Поволните движења на девизниот пазар се резултат на поволните трендови во надворешниот сектор кои се во согласност со закрепнувањето на глобалната економија и постабилните очекувања. Дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќањата
во првите шест месеци од годинава се сведе на 1,7 отсто од БДП наспроти 6,6 отсто во првата половина од минатата година. Тоа главно се должи на стеснувањето на трговскиот дефицит и повисоките приливи од приватни трансфери. Во првата половина на 2010 годинс остварен е пораст на брутодевизните резерви од 110,8 милиони евра и тие на крајот на јуни изнесуваа 1.708,4 милиони евра. Инфлацијата се одржуваше на ниско и стабилно ниво и изнесуваше 0,8 отсто. Растот на потрошувачките цени пред се` се должи на повисоките цени на енергентите, како и на административното зголемување на цената на електричната и топлинската енергија од почетокот на годината. Економската активност во првата половина на 2010 година забележа реален пад од 0,4 отсто што произлегува во целост од регистрираниот реален пад на БДП од 1,1 отсто во првиот квартал. Во вториот квартал се забележани генерално поповолни движења при реален раст на БДП од 0,4 отсто, што упатува на постепено закрепнување на економијата, – се наведува во соопштението на НБРМ.
18
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
Системи Македонско здружение за заштита при работа
ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА СО НОРВЕШКА ПОМОШ Македонското здружение за заштита при работа го промовираше проектот „Градење на капацитети за безбедност и здравје при работа“ со кој треба да се постигне поквалитетно подобрување на управувањето со безбедноста при работа. Станува збор, како што наведува МИА, за тригодишен проект финансиски поддржан од Кралството Норвешка кој предвидува воведување на систем за управување со безбедноста и здравјето на луѓето на национално и на ниво на компании. Проектот е вреден еден милион и 250 илјади евра и официјално ќе почне од
идниот месец кога ќе бидат објавени критериумите што компаниите ќе треба да ги исполнат за да добијат грант за подобрување на безбедноста при работа. Висината на грантот ќе зависи од развиеноста на компанијата во оваа област. - Целта е да се зголеми безбедноста при работа, да се намали бројот на несреќи на работното место и да се подигне свеста за потребата од безбедно и квалитетно работење. Со подобрување на безбедноста и намалување на повредите на работното место бенефит ќе имаат не само работникот и компаниите, туку и државата, истакнува Љупчо Кочовски од Македонското здружение за заштита при работа, кој е носител на проектот. Според него, во последните неколку години во Македонија има благо намалување на бројот на несреќи на работното место. Податоците со кои располага Здружението за заштита при работа добиени врз основа на информациите објавени во пишаните медиуми, покажуваат дека минатата година се случиле 42 несреќи на работното место со смртни последици. Град со најголем број повреди и несреќи со фатален исход е Скопје, по што следуваат Кавадарци, Прилеп, Пробиштип..., а во однос на дејноста, најголемиот број несреќи се случиле во градежништвото, по што следува преработувачката индустрија. Проектот за градење на капацитети за безбедност и здравје при работа беше промовиран во рамки на Европската недела за безбедност и здравје при работа која се одбележува секоја година во последната недела од октомври.
Тренинзи Семинар во Стопанската комора на Македонија
„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и IFC (Меѓународна финансиска корпорација) - ISTR (Програма за меѓународни стандарди и технички регулативи) на 15 октомври 2010 година во Стопанската комора на Макеоднија, пред 40 тина учесници одржа еднодневен семинар на тема “Зголемување на капацитетите на стручните лица за безбедност при работа”. Целта на обуката беше запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања од областа на безбедност и здравје при работа, кои се однесуваат на нивната индустриска гранка и кои треба да се применуваат на работните места. Воедно, присутните беа запознаени со меѓународниот Систем за управување со безбедност из дравје при работа ОНЅАЅ 18001. На учесниците на обуката им беше претстави новиот Закон за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците.
Во делот на подзаконските акти и прописи, присутните имаа можност да се запознаат со најважните барања од следниве правилници: - Правилник за проценка на ризик - Правилник за работен простор; - Правилник за опрема за работа; - Правилник за лична заштитна опрема;. Сите учесници на обуката добија збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, како и сертификат за активно учество на обуката кои ќе им послужат во нивната професионална работа. Елизабета А. Ефтимова
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
19
Можности Конкурси за давање концесија за стопански и рекреативен риболов на Дојранското и Преспанското Eзеро и на оделни вештачки акумулации
ОБЈАВЕНИ 15 ЈАВНИ ОГЛАСИ, КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПО 52 ДЕНА Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави 15 јавни конкурси со кои ќе издава концесии за стопански и рекреативен риболов на дел од Дојранското и Преспанското Езеро, како и на одделни вештачки акумулации. Концесиите се за период од шест години, а ќе се плаќаат на шест еднакви рати од кои првата се подмирува со потпишување на договорот. На повиците за стопански риболов може да се јават домашни и странски правни лица регистрирани за дејност рибарство, кои имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на природните науки (рибарство) или склучен договор за соработка со научна или образовна установа од областа на рибарството и кои располагаат со минимум
опрема потребна за вршење риболов утврдена во риболовната основа. За рекреативен риболов, пак, може да конкурираат риболовни здруженија и вршители на туристичка дејност регистрирани согласно со Законот за туристичка дејност кои ги исполнуваат општи услови. Висината на надоместокот за концесија на рибите од риболовното подрачје Дојранско Езеро за стопански риболов е минимум 7.98 милиони денари или 1,3 милиони годишно, додека за риболовното подрачје Преспанско Езеро за изнесува најмалку 10,752 милиони денари или 1,792 милиона годишно. Со конкурсите, освен Преспанско и Дојранско, се опфатени и Тиквешко езеро, како и акумулациите Шпилје, Мантово, Конче 1, Конче 3, Козјак, Калиманци, Турија и Водоча. Јавните конкурси во целост се објавени во Службен весник бр.137 од 14 октомври 2010 година и на веб страницата на Министерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство www.mzsv.gov.mk. Крајниот рок за доставување на понудите со потребната документација е 52 дена од денот на објавување на јавниот конкурс вклучувајќи го и денот на објавувањето. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
Се продаваат локации во стопанската зона „Блокотехна“ во Гевгелија
ОБЈЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ Шест парцели со вкупна површина од 13.430 метри квадратни во стопанската зона „Блокотехн“ во близина на Гевгелија се нудат на јавна породажба со почетна вредност од едно евро или 61 денар за метар квадратен. Градежното земјиште е во сопственост на Република Македонија и според урбанистичкиот план има намена за изградба на објекти за производство, дистрибуција и сервиси. Најмалата локација понудена на продажба има површина од 1.853 м2, а најголемата зафаќа површина од 2.743 квадратни метри. Заинтересираните понудувачи треба да депонираат 10 проценти од почетната вредност на парцелата, која изнесува од 113.033 денари за најмалата, до 167.323 денари за најголемата понудена на продажба. Новата Стопанска зона “Блокотехна“ зафаќа површина од 43 хектари и досега по пат на јавно наддавање продадени се 50 локации на кои на повеќето од нив веќе има изградено објекти од индустриска и малостопанска дејност. Огласот за јавна продажба трае до 3 ноември, а јавната лицитација ќе се одржи на 10 ноември во просториите на Министерството за транспорт и врски.
БИЗНИС ИНФО
20
четврток, 21 октомври 2010
Можности Продажба на 18 плацеви во велешката индустриска зона
ОБЈЕКТИ ЗА МАЛО СТОПАНСТВО ВО „РЕЧАНИ 2“
Министерството за транспорт и врски, по рачистувањето на имотно-правните односи, во велешката индустриската зона “Речани 2”, распиша оглас за продажба на 18 плацеви за изградба на објекти од малото стопанство. Според тендерските услови метар квадратен Министерството го продава со почетна цена од едно евро. Парцелите на кои ќе никнат производствени и занаетчиски капацитети и магацини, се со површина од 865 до 1.150 квадрати. Плацевите што се нудат на продажба се наоѓаат веднаш до автопатот Скопје-Велес, а на јавното наддавање можат да учествуваат сите заинтересирани правни и физички лица од земјава и странство. Од Министерството потврдуваат дека на трети
ноември годинава ќе се одржи лицитацијата на која на јавно наддавање ќе бидат продадени плацевите, а сите заинтересирани учесниците треба да се пријават до 27ми овој месец и да уплатат депозит од десет проценти од вредноста на плацот. Во индустриска зона “Речани 2” Европската унија и Општината инвестираа 222.000 евра. Ресорното министерството во моментов продава и седум плацеви во Индустриската зона УЗУС во која веќе успешно работат триесетина објекти од малото стопанство и во кои работат повеќе од 200 лица. Тие најавуват дека во скоро време ќе биде распишан нов конкурс и за продажба на дваесетина плацеви исто така по цена од едно евро за метар квадратен. Плацевите се лоцирани на брегот на езерото “Младост” и се наменети за изградба на хотели, мотели, ресторани и автокамп. Продолжен рокот за избор на компании за учество на тендерот за концесионирање на патиштата
УШТЕ 30 ДЕНА
Рокот за избор на способни кандидати за учество во постапката за концесионирање на дел од патиштата во Македонија долж Коридорот 8 е продолжен за 30 дена. Таква одлука донесе Владата со измени на Одлуката за почнување постапка за доделување концесија за вршење на работите за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта, информира Министерството за транспорт и врски. Според изменетата Одлука, во средината на следниот месец ќе се знае кои компании се квалификувале за втората фаза, по што ќе бидат повикани да достават официјални понуди.
Комисијата при Министерството за транспорт и врски, која врши евалуацијата на способноста на заинтересираните компании да стопанисуваат со македонските патишта на Коридорот 8, требаше да се изјасни на 16 октомври, односно на крајот на минатата недела. Министерството за транспорт и врски во средината на ноември минатата година објави јавен повик за прибирање понуди од заинтересирани компании или конзорциуми за давање под концесија на два пакета веќе изградени, но и нови патни правци по трасата на Коридор 8, т.н Источна и Западна Концесија односно над 370 километри патишта. Со источната концесија се вкупна должина од 177,5 километри се нудат на концесионирање патните правци: Крива Паланка-Романовце, Кочани-Штип, МиладиновциШтип, Миладиновци-Скопје и обиколницата на Скопје, во вкупна вредност од 434 милиони евра. Со Западната концесија со должина од 196 километри предмет на концесија се правците Стенковец-Блаце, Гостивар-Ќафасан, Требениште-Охрид, Струга-Подмолје и Гостивар-ТетовоСкопје, во вредност од 558 милиони евра. Според јавниот повик, идните концесионери ќе имаат обврска да ги изградат (доизградат) и реконструираат предвидените патни правци за најмногу осум години, а потоа со нив да стопанисуваат 35 години, но и истовремено и да ги одржуваат и да наплаќаат патарина. На иницијалниот повик за пројавување интерес за овој инфраструктурен зафат првичен интерес пројавија 48 странски и домашни компании. Продажба на градежно земјиште во општина Василево
ОБЈЕКТИ ЗА ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ
*Вкупната површина на земјиштето, кое се наоѓа во атарот на селото Градашорци, иснесува над 15 илјади квадратни метри распоредени во пет помали и поголеми парцели Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на државно градежно неизградено земјиште во општина Василево со почетна цена од само 61 денар за квадратен метар. Вкупната површина на земјиштето, кое се наоѓа во атарот на селото Градашорци, иснесува над 15 илјади квадратни метри распоредени во пет помали и поголеми парцели наменети за изградба на објекти за откуп на земјоделски производи. Јавното наддавање ќе се одржи на 15 ноември во Министерството за транспорт и врски. Ова е втор обид по пат на лицитација да се продаде ова земјиште. Првиот беше неуспешен поради тоа што тогаш цената за квадратен метар изнесуваше 500 денари за квадрат, па на огласот не се јави ниту едено правно или физичко лице. - Сегашната цена од едно евро за квадратен метар е повеќе од примамлива и максимално поволна. Ова е за прв пат во Струмичкиот регион по ваква ниска почетна цена да се продава државно градежно неизградено земјиште. Сметам дека ваквиот потез на Министерството за транспорт и врски е мошне добар и е во функција на развој на стопанството и на општините, изјави градоначалникот на Василево, Ване Стојанов.
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
21
Европска унија И Хрватска има проблеми со ИПАРД-програмата
ОД 184 ИСКОРИСТЕНИ САМО 15 МИЛИОНИ ЕВРА * На идните тендери за доделување средства од ИПАРДпрограмата за земјоделство ќе можат да конкурираат претприемачи од руралните средини кои што немаа пристап поради досегашните ограничувања Хрватска до крајот на оваа година од претпристапната ИПАРД-програма за земјоделството, во вредност од 184 милиони евра, ќе искористи само 15 милиони евра. Меѓутоа, од сега за средствата од оваа програма ќе можат да се пријавуваат претприемачи од руралните средини кои што поради досегашните ограничувања немаа пристап до средства од ИПАРД, - беше истакнато на тркалезната маса “ИПАРД - можности и пречки”, што се одржа во рамките на Осмиот Еко Етно саем во Задар.
На следниот тендер на ИПАРД, што ќе биде објавен најдоцна во ноември, ќе можат за првпат да се пријават и млекари кои што одгледуваат овци и кози, производители на месо кои што одгледуваат крави и телиња, но и производители на пршута, печурки, лековити билки и слично. “Покрај тоа, ќе се зголемат и лимитите коишто досега ги ограничуваа поголемите производители кои што имаа повеќе од 100 грла, но во иднина такво ограничување веќе ќе нема”, - истакнал Тугомир Мајдак, началник на Секторот за управување со програми за рурален развој при Министерството за земјоделство. Сите овие предлози се на хрватската страна, а како што неофицијално дознава ПД, Европската унија ги прифатила повеќето од тие предлози. Според најавите, наскоро со средства од ИПАРД-програмата, коишто 75 отсто ги финансира ЕУ, би можело да се оствари поврат на инвестиции за вложувања во системи за наводнување, подигнување нови насади на овошни дрва, обновување на стари маслинови градини и лозја и друго. “До крајот на ноември ќе се распишат два нови тендера. Првиот ќе се однесува на локалната самоуправа до 10.000 жители, каде што ќе може да се покријат до 100 отсто од инвестициите, на пример, во противпожарни патишта. Вториот тендер ќе се однесува на инвестиции во руралната економија преку селски туризам„ – најавил Мајдак. Тој изразил надеж дека нема да се повтори искуството со последниот тендер којшто се` уште е во
тек, а на којшто досега пристигнал само еден проект. Татјана Малечиќ-Пезељ, началник во Министерството за земјоделство, укажала на важноста на документацијата којашто честопати не е целосна, така што на неодамнешниот тендер пристигнале 13 проекти, од кои се одобрени само 9 проекти. Сојуз на германската индустрија
ЕКОНОМИЈАТА „ЖЕДНА“ ЗА КВАЛИФИКУВАНИ ДОСЕЛЕНИЦИ Водечките луѓе на германската економија повторно побараа од властите да обезбедат поголемо доселување на квалификувани странци, среде жешката расправа за мигрантите и нивната интеграција во германските партии. Министерот за економија, Рајнер Брудерле, изјавил дека Германија минатата година претрпела загуби од 15 милијарди евра, поради недостиг од квалификувана работна сила. Според владините извештаи, на Германија и недостасуваат околу 36 илјади инженери и 66 илјади компјутерски експерти. Шефот на Сојузот на германската индустрија, Ханс Петер Кајтел, изјавил дека на Германија годишно и требаат илјада нови градежни инженери. Претседателот на германскиот Институт за економски истражувања, Клаус Цимерман оценил дека на земјата годишно и требаат најмалку 500 илјади квалификувани работници ако сака да го зачува сегашниот стандард и позицијата на светскиот пазар. Според најавите од германската влада, еден од првите чекори за решавање на овој проблем ќе биде забрзување и поедноставување за признавањето на
странските дипломи. Во Германија меѓу 300 и 500 илјади доселеници имаат квалификации многу повисоки од тие што се бараат на работните места на кои се вработени. Не се ретки случаите кога лекари со странски дипломи работат како болничари, а инженери како приучени мајстори во фабрика.
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 21 октомври 2010
КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ
Стопанска комора на Македонија - Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата: 02/11/2010
MIDEST
PARIS (France)
03/11/2010
Dutch - Hungarian matchmaking AgroFood and Logis�cs
Györ (Hungary)
03/11/2010
Mobile Gaming Summit
St.Julian’s (Malta)
04/11/2010
ICT in Agriculture : enhancing efficiency, produc�vity and sustainability
Montpellier (France)
04/11/2010
EXTREMADURA AGROFOOD MARKETPLACE 2010
Don Benito (Badajoz) (Spain)
04/11/2010
Ecobusiness Coopera�on Event 2010
RIMINI (Italy)
05/11/2010
Polish-German Brokerage Event 2010
Torun (Poland)
10/11/2010
HERVEX 2010 - Interna�onal Salon of Hydraulics, Pneuma�cs, Sealing Systems, Fine Mechanics, Dedicated Electronic Devices and Equipment and Mechatronics
Calimanes�-Caciulata (Romania)
11/11/2010
MoneyTalks® Forum Focusing on Mobility - Matchmaking and Networking event
Espoo (Finland)
12/11/2010
ITN – Infrastructure, Telema�cs & Naviga�on
TORINO (Italy)
16/11/2010
Urban Mobility Brokerage Event
Strasbourg (France)
16/11/2010
Time for Sharepoint
Wroclaw (Poland)
17/11/2010
Matchmaking event at SICUREZZA 2010
Milan (Italy)
18/11/2010
Healthcare Brokerage Event at MEDICA 2010
Düsseldorf (Germany)
18/11/2010
Brokerage Event at Instrutec/Woodtec 2010
Tallinn (Estonia)
18/11/2010
HAPPY WINE
Gala� (Romania)
19/11/2010
VIV’EXPO 2010 - Methana�on and Small Wind Energy Day
Rennes - Bruz (France)
19/11/2010
CONTACT “denkmal” - Interna�onal Business Mee�ngs
Leipzig (Germany)
22/11/2010
MATCHING 2010 within ECO4B
Milan (Italy)
22/11/2010
Interna�onal Coopera�on Forum on eGovernment
Vienna (Austria)
24/11/2010
ENERGETICS 2010
Lublin (Poland)
24/11/2010
Transna�onal Technology Transfer Day POLEKO 2010
Poznan (Poland)
24/11/2010
ECOMEDIU 2010
Arad (Romania)
24/11/2010
Technology and Bussiness Brokerage Event within RENEXPO South-East Europe 2010
Bucharest (Romania)
25/11/2010
Renexpo-tradefair, congress and brockerage event für reneable energyR
Salzburg (Austria)
26/11/2010
II. Polymeric Composites Symposium and Brokerage Event
Izmir (Turkey)
26/11/2010
Natural Stone Exhibi�on B2B Mee�ngs
Istanbul (Turkey)
Контакт: Лазo Ангелевски, проектен консултант
тел: (02) 3244090
laze@mchamber.mk
четврток, 21 октомври 2010
БИЗНИС ИНФО
23 КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ
Од 26 до 28.10.2010 година, саеми во Република Србија
ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ И ЕНЕРГЕТИКА Во организација на Новосадскиот саем, во периодот од 26 до 28 октомври 2010 година ќе се одржат две Меѓународни саемски манифестации: • 5. Меѓунроден саем ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ • 19. Меѓународен саем за ЕНЕРГЕТИКА и заштита на животна средина Главните содржини на саемските манифестации се: *Инвестиции* Недвижнини*Енергетика*Заштита на животната средина Изложувачите и посетителите на деловно стручниот саем во Нови САД (минатата година имаше над 7000 учесници и посетители) за време на трите саемски денови ќе можат да ги проследат и да учествуваат на регионални форуми, презентации на проекти, семинари, конференции, едукативни програми. Подетални информации на www. sajam.net и www. Novisadexpo.com
На 27.10.2010 година трета работилница
„ПРОБЛЕМИТЕ НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО ВО ДЕЛОКРУГОТ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ И ПРЕДЛОГ � МОЖНИ РЕШЕНИЈА“
На работилницата е најавено присуство на градоначалникот на град Скопје Коце Трајанов, генералниот директор на Управата за јавни приходи на Република Македонија Горан Трајковски, како и претставниците од бизнис-заедницата. Работилницата ќе се одржи на 27 октомври 2010 година(среда), со почеток во 11 часот, во големата сала на Советот на Град Скопје.
Заинтересираните компании своето присуство на Работилницата можат да го најават во Стопанската комора на Македонија најдоцна до 25 октомври 2010 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: (02) 3244037; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 biljana@mchamber.mk
**********************
Од 10 до 12 декември 2010 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Република Хрватска
„ БАКАЛАРИЈАДА“ ВО ТРОГИР Заинтересираните субјекти, Пријава за учество на саемот во Нови Сад може да добијат во Стопанската комора на Македонија, тел. 02/3244 019, e-mail: zorica@mchamber.mk Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk **************** Од 10 до 13.11.2010 година во Република Бугарија
INTERFOOD & DRINK ВО СОФИЈА Од 10 до 13 ноември 2010 година во Софија во просториите на Интер Експо Центарот ќе се одржи саемската манифестација INTERFOOD&DRINK. Во нејзиниот склоп ќе има посебни специјализирани изложби како МЕСОМАНИЈА, СВЕТОТ НА ВИНОТО, БУЛПЕК, САЛОН НА ВИНОТО И ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ. Детални информации како и пријавување (вклучително и формулари и услови за пријавување) може да се добијат на официјалната веб страна на саемот- h�p://www.iec.bg/ и во Стопанската комора на Македонија. Контакт лице : Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk
Меѓународниот гастрономски натпревар „БАКАЛАРИЈАДА “ ќе се одржи од 10 до 12 декември 2010 година, во хотелот „МЕДЕНА“ и на Плоштадот Иван Павле II во Трогир, Република Хрватска. За време на 3-дневниот натпревар ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици, презентации, дегустации, изложба на хрватски и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата, тркалезни маси за руралниот туризам, маслиновото масло, лукот како бренд итн. Оваа година, покрај готвачите од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Франција, ќе учествуваат и мајсторите за готвење од Македонија. Во Трогир е предвидено одржување на „Македонска вечер“ со презентирање на традиционалните народни јадења, музика и фолклор. Стопанската комора на Македонија организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи и за македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Пријави во Стопанската комора на Македонија најдоцна до 29 октомври 2010 година. Контакт адреса : Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски 13, 1000 Скопје Контакт лице : Венера Андриевска Тел: (02) 3244037 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: venera@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија
САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011” Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот. Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk **********************
Од 25 до 30.11.2010 година во Република Албанија
„ПАНАИР“ ВО ТИРАНА * Специјален попуст за македонските компании !!! * Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на македонски компании на заеднички штанд од 100м2 со организиран превоз и сместување. Меѓународниот општ саем “ПАНАИР 2010” е најголема саемска манифетсација од општ тип во Албанија која има за цел развивање на трговските односи, директни средби со најголемите производители, увозници и дистрибутери. Секоја година на овој водечки саем како изложувачи се јавуваат реномирани компании од Југоисточна и Западна Европа и е мошне посетен од страна на деловните кругови од Албанија. Организаторот обезбеди ексклузивен попуст за македонските компании за настап на Саемот. Цената за изложбен простор со стандардна опрема е 145 евра/м2 (без 20% ДДВ). Задолжителната регистрација и осигурувањето со добиениот попуст изнесува 340 евра. Пријави најдоцна до 25.10.2010 година, во Стопанската комора на Македонија. Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk **********************
На 27.10.2010 година
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА TAM ПРОГРАМАТА ВО МАКЕДОНИЈА, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА �27 ОКТОМВРИ 2010 ГОДИНА, 11:00 ЧАСОТ�
Стартува TAM-програмата Делегацијата на Европската унија и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) го имаат тоа задоволство да Ве поканат на стартувањето на новата TurnAround (TAM) Програма која започна неодамна. TAM Програмата е програма за градење на капацитетот, финансирана од донатор, а раководена од ЕБРД, фокусирана на локални приватни претпријатија и нивниот менаџмент. (www.ebrd.
четврток, 21 октомври 2010
com/tambas) TAM им помага на малите, средните и на големите претпријатија во нивната трансформација. Советниците на TAM им овозможуваат на претпријатијата да направат структурни промени и да развијат нови бизнис-вештини на ниво на сениор менаџмент, помагајќи им да напредуваат и да се натпреваруваат во пазарните економии. Советодавните услуги на TAM ги даваат искусни директори и индустриски експерти. Советниците им го пренесуваат менаџментот и техничкото know-how на претпријатијата, пренесувајќи ги принципите на одговорно корпоративно управување, споделувајќи го комерцијалното искуство директно со сениор менаџерите. Новата TAM-програма, финансирана од страна на Делегацијата на Европската унија, стартуваше во август 2010 година. Целта е да се спроведат ТАМ-проекти со 20 компании во период од 27 месеци. Во моментов се тестираат и селектираат потенцијалните корисници. Презентацијата ќе се одржи во среда, 27 октомври 2010 година со почеток во 11:00ч во просториите на Стопанската комора на Македонија (сала 4 на 5 кат). Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 25 октомври 2010 година. Контакт: Венера Андриевска Тел: (02) 3244037; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk
Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 biljana@mchamber.mk
**********************
На 28.10.2010 година
ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВИРТУЕЛЕН САЕМ Добредојдовте на новиот начин на презентирање на фирмите на веб-порталот: efair4u.com, Ве покануваме да присуствувате на новиот начин на презентација на фирми на веб порталот efair4u.com, проект Виртуелен саем, што ќе се одржи на 28.10.2010 година со почеток во 11.00 часот, во Стопанската Комора на Македонија на 5 кат, сала бр.4. Целта на проектот е обединување на македонското стопанство за да биде присутно на едно место - на порталот www. efair4u.com. Преку сите можности што Виртуелниот саем ги нуди, им се дава можност на претпријатијата и крајните потрошувачи целокупната понуда и побарувачка да ја најдат на едно место, место на кое можат да запознаваат нови деловни партнери, да остваруваат меѓусебна комуникација, со што овој проект се издигнува како единствен од својот вид којшто нуди уникатни бенефиции за целокупниот деловен свет. Еfair4u Тимот и Стопанска Комора на Македонија Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009; Факс:3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
четврток, 21 октомври 2010
25
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на диск плочки за патнички и комби возила. Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:7.11.2010 ***************** Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на дигитални мерни броила за електрична енергија Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:7.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на транспортни линии Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Преработувачка индустрија Валидност до:10.11.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на линии за производство на дрвени палети Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на алати за истиснување на пластика и алати за шприцање на плацтика како и ПВЦ профил за пресување Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара соработка со македонски компании во областа на соларна енергија Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Заштита на животна средина и обновлива енергија Валидност до:10.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на жица и жичани производи Вид на соработка: Производи, производство
Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.11.2010 ***************** Бугарска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на зидни бои за фарбање Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:10.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара застапник во Република Македонија на линии за производство на камена волна Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Градежништво Валидност до:13.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на производи од стиропор за пакување Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:13.11.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за соларни системи за греење на вода за искористување на топлината од отпадот во производствените процеси Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:13.12.2010 ***************** Компанија од Словенија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на вентилатори, системи за вентилација и филтри Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:14.12.2010 ***************** Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на конзервирани производи, пинџур, туршија, печена пиперка како и млеко и преработки од млеко од Република Македонија Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Производство на прехранбени производи,тутун и пијалоци
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Валидност до:14.06.2011 ***************** Компанија од Црна Гора заинтересирана е да соработува со производители на алхохолни пијалоци,сирењеи кондиторски производи од Република Македонија за пласман на црногорскиот пазар Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Производство на прехранбени производи,тутун и пијалоци Валидност до:14.06.2011 ***************** Српска компанија Екофил ја нуди на продажба млекарата Хомоље од Петровец за подетални информации обратете се на слободан. николицЖбеоиноџ.цо.рс Вид на соработка: Берза на инвестиции Област на соработка : Трговија на недвижности и изнајмување Валидност до:14.12.2010 ***************** Бугарска компанија нуди консултански услуги за отварање на бизнис во Бугарија за македонските компании Вид на соработка: Консултантска услуга Област на соработка : Преработувачка индустрија Валидност до:15.11.2010 ***************** Македонска компанија бара дистрибутер во Албанија за пласман на трикотажни детски производи изработени од 100% памук боди,бенкици,пижами, јорганчиња и оградици за детски креветчиња Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:30.12.2010 ***************** Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,склад ирање,преработка и дистрибуција на храна во Република Хрватска Вид на соработка: Заедничко вложување Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010
тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk