Бизнис ИНФО, број 280

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

Quality Management

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО Број 280

www.mchamber.mk

ISO 9001

FS 549642

goodini

192

2 - 2016

21.10.2016

СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ВО КОМПАНИИТЕ СОГЛАСНО СТАНДАРДОТ ISO 50001

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

СПРОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА ВО КОМПАНИИТЕ СОГЛАСНО СТАНДАРДОТ ISO 50001

Стандардот е документ кој дефинира одредени правила, односно барања, упатства или карактеристики, односно активности или нивни резултати, со цел да се постигне оптимално ниво на регулирање на одреден процес. Стандардите ги издава Меѓународната организација за стандарди (ISO), која е невладина и нема овластување да го наметне спроведувањето на стандардите. Меѓутоа, земјите сами може да одлучат да ги донесат ISO стандардите како законски обврзувачки или да се повикуваат на нив во регулативата. Иако ISO стандардите се доброволни, тие стануваат барања на пазарот и се развиени во согласност со потребите на истиот. Сите стандарди се разгледуваат периодично, најмалку еднаш на секои пет години, со цел да се одлучи дали е потребно да се изменат или да се укинат.


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ISO стандардите се на некој начин технички спогодби, односно договори кои обезбедуваат рамка за компатибилни технологии насекаде во светот и се дизајнирани да бидат релевантни на глобално ниво, а да се корисни каде и да било во светот. Еден од актуелните, а во моментот можеби и најактуелен, е стандардот ISO 50001:2011. Тоа е стандард со кој се определуваат барањата за систем за управување со енергија. Истиот е објавен во средината на јуни во 2011 година, а веќе до крајот на декември 2011 година се издадоа најмалку 1981 сертификат за ISO 50001:2011. Ова се резултати објавени од прегледот на Меѓународната организација за стандарди (ISO) (прегледот е годишна студија која го покажува бројот на издадени сертификати за системите за управување во текот на една година). Најголем број сертификати се издадени во Германија, Шпанија и Данска, а најголем пораст на бројот на издадени сертификати е забележан во Германија, Данска и во Италија. Истражувањата, односно анализите откриваат дека новата енергетска политика на Владата на СР Германија (Германската енергетска транзиција, спроведена во 2011 година), е „моторот“ на неочекуваниот раст на сертификатите за ISO 50001, давајќи ѝ на Германија голема предност во споредба со други земји. Во следните неколку години се очекува зголемување на овој тренд, затоа што веќе се забележуваат краткорочните поволности од енергетската ефикасност. Со насочувањето кон широката применливост во националните економски сектори, се проценува дека овој стандард може да влијае и до 60% во светската потрошувачка на енергија, истакна Емилија Тодоровска од Центарот за квалитет при Стопанската комора на Македонија, на прес-конференцијата одржана на 17.10.2016 година . Проектот „Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии”, кој за прв пат беше презентиран во мај 2016 година, веќе ги постигна првите позитивни резултати. Тие се однесуваат на следното: Во рамките на Проектот се спроведува системот за управување со енергија во согласност со Стандардот ISO 50001 во 12 партнер компании: „Алкалоид“, „Арчелор Митал“, „Вардар Доломит“, „ЕЛЕМ Енергетика“, „Комуналец“ од Струмица, „Кнауф“, „Макстил“, „Јока“, „Џонсон Мети“, Пивара - Скопје, „РЕК“ - Битола и Технолошко-металуршкиот факултет. Спроведувањето на овој систем се врши под надзор на меѓународни консултанти. Обуката ја следат вкупно 30 претставници на овие компании. Покрај компаниите, обуката за управување со енергија ја следат 22 национални консултанти. Овие консултанти ќе можат да работат самостојно на примена на систем за управување со енергија со други компании, откако ќе бидат овластени од страна на УНИДО. Проектот може да поддржи уште 10-тина нови партнер компании во 2017 година.


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО Планирано е циклусот на обука да заврши со полагање испит на крајот на октомври 2016 година. Претставниците на компаниите и националните консултанти што ќе го положат испитот ќе добијат сертификат на УНИДО со звање Практикант за управување со енергија. Од вкупно 12 компании, најмалку 3 имаат евиденција за направени заштеди на електрична енергија и природен гас. Заштедите се направени без инвестиции, односно направени се промени во начинот на користење на енергијата преку примена на подобра оперативна контрола и оптимизирање на постојната технологија. Заштедите се движат во рамките од 3-5 проценти на годишно ниво. Секоја од партнер компаниите изработи акционен план за заштеда на енергија. Во текот на идната година ќе се продолжи со спроведување на приоритетните мерки утврдени во овие планови. Планираните заштеди без инвестирање се во опсег од 5-10 проценти од вкупната потрошувачка на годишно ниво. Партнер компаниите имаат испланирано и инвестициони проекти. Проектот ќе понуди техничка помош за подготвување на проектна документација и пристап до поволни услови за кредитирање преку Македонската банка за поддршка на развојот. Покрај обуката за системот за управување со енергија, проектот спроведува и обука за оптимизирање на индустриски парно-кондензни системи. Обуката ја посетуваа претставници на партнер компаниите и 11 национални консултанти. Меѓународниот експерт направи детална проценка на постојни парни системи на 4 компании. Тој во ноември оваа година ќе може да направи проценка во уште 2 компании. Придобивката од оваа проценка е што се предлагаат конкретни и одржливи мерки за оптимизација на системите. Како резултат на оваа проценка една компанија веќе применува дел од предложените мерки и прави заштеди на природен гас. Сите 11 национални консултанти го положија испитот за оптимизација на парните системи. Доделувањето на сертификатите ќе биде направено во присуство на компании што потенцијално би биле заинтересирани за подобрување на енергетските перформанси на парно-кондензните системи. Во наредниот период се планира да се одржи обука за оптимизација на системи за компримиран воздух. Исто така, ќе се интензивира работата на подготовката на проектна документација за инвестициони проекти, истакна Ана Петровска, технички експерт од Регионалниот центар за животна средина. Емилија Тодоровска


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Отворено претставништвото на МУСИАД во Македонија

ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА И НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА БИЗНИС СЕКТОРИТЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

На 21 октомври 2016 година, во хотелот „Александар Палас“, се одржа свеченото отворање на новото претставништво на Асоцијацијата на бизнисмени и индустријалци од Турција – „МУСИАД Македонија“ и големиот Балкански бизнис форум. МУСИАД, имајќи ги предвид денешните политички и економски системи и клучната улога на глобалното вмрежување и управување, дава огромно значење на структурното градење на надворешните односи. До сега, МУСИАД функционира во вкупно 66 земји ширум светот, со вкупно 169 контактцентри, значајни за нивната тековна работа. Во насока на постигнување на нивните цели, МУСИАД во период од една година успеа дополнително да ја прошири својата мрежа и да отвори нови канцеларии во Вашингтон, Пекинг, Брисел, Париз, Цирих, Јоханесбург, а сега и во Македонија. На настанот, покрај делегации предводени од претседателите на стопанските комори на Косово, Албанија, Црна Гора, Грција, Романија и Босна и Херцеговина, учествуваше и делегација од истакнати македонски бизнисмени, предводена од претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и извршниот директор, д-р Јелисавета Георгиева.


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

7

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА Настанот го отвори Билал Кара, претседател на„МУСИАД Македонија“, кој се заблагодари на присуството на компаниите од балканскиот регион, а особено му се заблагодари на Бранко Азески и на Стопанската комора на Македонија за одличната заедничка организација на настанот. - Задоволство ми е да го отвориме МУСИАД во центарот на Балканот и се надеваме дека успешно регионално ќе ги реализираме проектите од Скопје, – посочи Билал Кара, претседател на „МУСИАД Македонија“. „МУСИАД Македонија“ ќе даде поттик за продлабочување на соработката помеѓу турските, македонските и компаниите од регионот. Наил Олпак, претседател на „МУСИАД Турција“, во своето обраќање истакна дека МУСИАД е распространета низ целиот свет и има свои канцеларии, меѓутоа Македонија ја гледаат како одлична можност за пристап на турските компании на пазарите во Европа и пошироко. Во својот поздравен говор претседателот Азески истакна дека отворањето на новата канцеларија на МУСИАД во Македонија е од голема важност за продлабочување на досегашните економски и билатерални релации меѓу Македонија и Турција, со што воедно ќе се отворат и нови можности за конкретни активности помеѓу членките на Стопанската комора на Македонија и членките на МУСИАД од целиот свет. - Македонија и Турција имаат одлични пријателски врски и треба објективно да се согледаат можностите за деловна соработка како во делот на технологии за земјоделско


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА производство, инфраструктурата, енергетиката и минералните суровини, така и во размената на производи, со вклучување на успешни практични и иновативни решенија, - истакна претседателот Азески. - Нема што дополнително да се истакне, а да отстапува од она што и безброј пати го имаме истакнато, дека Македонија и Турција најпрво се пријателски земји, дека соработката на економски план покажува континуиран раст и дека поддршката од турските бизнисмени е важен позитивен сигнал за целата македонска економија. Затоа, особено ме радува и фактот што „МУСИАД Македонија“ ќе придонесе дополнително за развој на економските односи, а веќе следната година ќе може да зборуваме за конкретни деловни потфати, развој на компаниите од двете страни и профитни маргини, - додаде Азески. - Стопанската комора на Македонија како лидер во коморското организирање во Македонија, во февруари 2017 година ќе ја прослави 95-годишнината од своето формирање. Овој јубилеј ја покажува сериозноста и истрајноста на нашата бизнис асоцијација, а јас сакам да истакнам дека и по толку години успеавме да го задржиме младиот дух, виталноста и стремежот за просперитетна иднина. Ја користам оваа прилика да ве поканам на овој значаен ден за нас, настан кој ќе ги обедини традицијата и современото, бизнисот и пријателството, просперитетот и соработката, - истакна во своето обраќање претседателот Азески. Зголемена економска активност помеѓу деловните субјекти од двете земји, несомнено ќе биде можна и очекувана доколку како бизнис асоциајции го поттикнеме заедничкиот настап на компании од Македонија и од Турција за заедничкото учество на меѓународни тендери, заедничко финансирање на производството и трговијата, реализација на потенцијални развојни проекти, како индивидуални, така и на проекти за заеднички настап, помош на извозно-ориентираните компании за влез на трети пазари и на пазарите од ЕУ, обука на кадри за следење на новите технологии, надминување на постојниот дефицит од одредени специфични профили во конкретни дејности, соработка за изработка на заеднички проекти со цел поголемо искористување на средставата од ЕУ-фондовите на новите седумгодишни програми „Хоризонт“ и „Косме“ и др. По обраќањата на претседателите, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева пред присутните компании членки на МУСИАД од претставништвата низ целиот свет, ги презентираше работата на Стопанската комора на Македонија и услугите што ги нуди за развој на компаниите, со цел истите да помогнат во институционалната соработка и со „МУСИАД Македонија“. Д-р Јелисавета Георгиева посочи дека турските компании се значаен дел од македонската економија, за што укажуваат и податоците за директните инвестиции од Турција во Македонија коишто бележат значителен раст. - Нивото на директни инвестиции од Република Турција во Република Македонија во 2015 година изнесува 27,05 милиони САД долари (извор: НБРМ). За првите два квартала од 2016 година инвестициите изнесуваат скоро 10 милиони САД долари (извор: НБРМ). Сепак,


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

9

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

оваа инвестициона слика веруваме дека може да се подобри, а за инвеститорите остануваме да ги охрабриме и поддржиме во нивните деловни потфати, - истакна д-р Јелисавета Георгиева. Особено охрабрувачки е податокот дека во јануари-август 2016 година нотиран е раст на трговската размена од 14% споредено со истиот период лани. Извозот од Македонија бележи раст од 4,28 %, а увозот раст од 16,6%. Согласно овие податоци, во периодот јануариавгуст 2016 година, Турција е осми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија. Во рамките на свеченото отворање на канцеларијата на МУСИАД, беше организиран и Балкански бизнис форум на којшто компаниите од МУСИАД од регионот имаа можност да остварат директни бизнис средби и да разменат информации и искуства за понатамошни деловни активности. На Бизнис форумот беа присутни повеќе од 50 македонски компании. По завршувањето на деловните средби беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и „МУСИАД Македонија“. На свеченото потпишување беше истакнато дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу МУСИАД и Стопанската комора на Македонија ќе се даде дополнителен поттик за соработка и полесен пристап до информации за компаниите од двете страни. М-р Сања Николова


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА КУБА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

На 17 октомври 2016 година Стопанска комора на Македонија ја посети делегација од Куба, предводена од амбасадорот на Р. Куба, Н.Е. Сан Хорхе Родригез, со своите соработници - конзулот во Амбасадата на Р. Куба во Софија, г-ѓа Нурка Родригез и претседателот на Друштвото за Македонско-кубанско пријателство - МАКУБА, Дејан Органџиев. Во рамките на официјалната средба со претставници на Стопанската комора на Македонија, на барање на амбасадорот беа присутни и претставници на поголемите туристички агенции во Република Македонија. Амбасадорот Родригез се заблагодари на Стопанската комора на Македонија за приемот, истакнувајќи дека ваквите средби треба да станат редовна пракса со цел градење на стабилни и цврсти билатерални односи меѓу двете земји. Куба во последните неколку години е ориентирана кон развој на различни индустрии, но и зголемување на трговската размена со европските земји. Пред две години кубанската Влада усвоила и нов Закон за инвестирање со цел привлекување на што поголем странски капитал и тоа во повеќе сектори. За Куба туризмот претставува една од најважните гранки, која и покрај тоа што е во подем, имаат потреба да ја развијат уште повеќе особено во делот на отворање нови сместувачки капацитети и најсовремени туристички одморалишта. За постигнување на овие цели, кубанската Влада исто така има потреба и од дополнителни странски ивестиции во делот на градежништвото и подобрувањето на инфраструктурната мрежа.


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

11

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА На македонските агенции Куба им е веќе многу добро позната дестинација, којашто е доста атрактивна за нашиот пазар. Претставниците на агенциите сметаат дека со инвестирање во овој сектор, зголемување на сместувачките капацитети, а воедно и на целокупната инфраструктура за поврзување на целиот остров, ќе се зголеми и бројот на наши, но и на странски туристи. Конзулот во Амбасадата на Р. Куба во Софија, г-ѓа Нурка Родригез даде предлог во мај или јуни 2017 година, да се организира патување за сите туристички агенции од Македонија во Куба со цел поефективно поврзување на македонските туристички агенции и тур оператори со кубанските. Покрај можностите за инвестирање во туризмот, амбасадорот Родригез ја истакна и прехранбената индустрија како еден од секторите во коишто имаат потреба од инвестиции и пренос на нови технологии и знаење, особено во делот на пакувањето, конзервирањето и преработката на суровите прозиводи. Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, истакна дека на Македонија треба да се гледа како стратешки партнер и мост за поврзување на Куба со останатите земји од балканскиот регион, но и со Европа, бидејќи Македонија е земја отворена за соработка, проевропски ориентирана со долгогодишно искуство во креирањето производи и know -how според потребите на светскиот пазар. На средбата беше договорено во март 2017 година, со поддршка на Амбасадата на Р. Куба во Р. Бугарија, да се организира посета на бизнис-делегација од Р. Македонија во Р. Куба, предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, при што бизнис заедниците на двете земји би имале можност да се запознаат, да разменат искуства и да ги разгледаат секторите во коишто би можеле во блиска иднина да инвестираат и да соработуваат. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Куба во периодот јануари-август 2016 година е незначителна, односно изнесува само 91 илјада САД $, евидентирана само од вкупниот увозот и бележи раст од 29,68% во споредба со истиот период во 2015 година. Во периодот јануари-август 2016 година Република Македонија бележи дефицит во трговската размена со Република Куба и тоа колку што е вкупниот увоз, односно 91 илјада САД $. М-р Сања Николова


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ТЕХНОМА 2016

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА АЗЕСКИ ОСТВАРИ РАБОТНА ПОСЕТА НА ИЗЛАГАЧИ НА САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ТЕХНОМА 2016“

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески со своите соработници, на 20.10.206 година ја посети саемската манифестација „Технома 2016“, која се одржува веќе четири децении на Скопскиот саем, при што оствари директни деловни средби со повеќе компании - излагачи на Саемот. При посетата на штандот на „Сискон“ од Скопје разговори се водеа со сопственикот и директорот на компанијата, која се занимава со заштита и автоматика на индустриски системи повеќе од дваесет години. Традиционално, тие соработуваат со компании од енергетскиот и металуршкиот сектор во земјава, а повремено реализираат извоз на системите и на африканскиот пазар. Како резултат на намалениот број на индустриски капацитети во земјата, својата иднина компанијата ја гледа во учество на тендери во земјата и во странство, во делот на автоматиката. При посетата на штандот на компанијата „Аква терм“ од Гостивар се водеа


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

13

ТЕХНОМА 2016

разговори со менаџерскиот тим, кои информираа дека се застапници на повеќе фирми за опрема за парно греење, опрема за соларна енергија, котли, вентили и други придружни делови за овие системи, произведени претежно во Италија. Оваа трговска компанија успешно работи неколку години наназад и производите ги пласира на домашниот пазар. Производителите на леани производи „Железник“ од Демир Хисар го информираа претседателот Азески дека и покрај тоа што леарството во земјата и пошироко е погодено од глобалната економска криза, компанијата прави напори за изнаоѓање нови пазари во насока на зголемување на извозот. За таа цел, промоцијата на нивната палета на производи ја има главната улога во нивното присуство на домашниот и на странските пазари. Покрај изложувањето на „Технома“, каде што традиционално се присутни, учествуваат и на саемите во Германија и Бугарија. При посетата на штандот на „Леов компани“ од Велес, производители на бојлери, соларни панели, печки на цврсто гориво и др., воден е разговор со директорот Златко Леов, кој информираше дека компанијата на пазарот пушти два нови производа и тоа отворен термосифонски соларен систем, кој е полесен


БИЗНИС ИНФО

14

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ТЕХНОМА 2016

од обичните системи и бојлер со сув грејач, кој нема допир со водата и не создава бигор. Целта на воведувањето нови производи е во правец на зголемување на производството и извозот на компанијата. Со цел пласирање на своите производи на светските пазари, „Леов компани“ се претставува и на саемите во Лос Анџелес и во Дубаи. Во разговорот се истакна дека субвенционирањето на соларните панели е потребно да продолжи и во иднина, да се одржи континуитетот за да се реализира идејата за создавање на „зелена“ животна средина. Претседателот Бранко Азески при посетите на штандовите на компаниите и во разговорите со нивните менаџерски тимови истакна дека промоцијата на компаниите, посебно во странство, треба да биде приоритет на сите компании кои се извозно ориентирани, но и на оние кои планираат да ја градат својата конкурентност надвор од земјата, бидејќи извозот е единствениот излез за подинамичен раст и развој не само на компаниите, туку и на стопанството во целина. Војкан Николовски


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

16

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ПРЕЗЕНТАЦИИ

Презентација на англиската компанија „Onorach Ltd” - производител на иновативното дигитално пенкало „EncryptiDATA”

МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОВИКАНИ ДА ГО КОРИСТАТ ПЕНКАЛОТО НАЈПОГОДНО ЗА ТРАНСПОРТ, ЛОГИСТИКА, БОЛНИЦИ И АДМИНИСТРАЦИЈА

На 20 октомври 2016 година во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на англиската компанија „Onorach Ltd”, од страна на претставниците Кристин Липер и Стивен Липер, кои најрвин ги запознаа присутните претставници на компании со историјата на компанијата, како и со нивниот иновативен производ. „Onorach LTD” е динамична, брзо-растечка компанија во Европа, која се наоѓа во североисточниот дел на Шкотска, Велика Британија, и работи на глобално ниво, истакна Ирена Мојсовска од Стопанската комора на Македонија. Главниот фокус на компанијата е обезбедување на иновативен пристап за производство и продажба на мобилни иновативни производи и клиничко испитување на медицински помагала.


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

17

ПРЕЗЕНТАЦИИ Професорката Кристин, оперативен директор на „Onorach LTD”, подетално ја објасни улогата на иновативното дигитално пенкало „EncryptiDATA” - истакнувајќи дека е безбедна електронска форма за внес на податоци, дизајнирано за високо регулирани барањата на GMP, каде корисниците можат безбедно да ги напишат податоците и со помош на пенкалото во е-форма, веднаш да ги испратат електронски, преку таблет, Bluetooth или друг мобилен уред. Стивен Липер, извршен директор на „Onorach LTD”, пред присутните ја објасни компатибилноста на encryptiDATA која работи на Андроид, iOS и Windows платформи со неколку видео презентации. Исто така, toj истакна дека encryptiDATA нуди електронска „архива”, со цел да им помогне на клиентите со барањето во прописите на нивното испитување со цел да се сочуваат, на пример: судски досиеја и основни документи за најмалку 5 години по завршувањето на судскиот процес. Системот за безбедност ISO27001 е усогласен со принципот на двојна декрипциска логика, посочи Стивен Липер, бидејќи не ги зачувува датотеките како текст, туку дава ниво на заштита кое ги надминува моменталните барања, кои се бараат особено во некои индустрии, како на пример во фармацевтската индустрија. Тој посочи пример на еден случај, каде encryptiDATA може да ги испраќа податоци преку NHS IGSCO/N3 конекција директно на NHS мрежата, а системот потоа ги следи сите внесувања на податоци и нивните движења со што овозможува целосно следење на процесот. Соработката со македонските компании „Onorach LTD” ја понуди во сите области: транспорт и логистика, болници, фармацевтската индустрија, аптеки, административните оддели во градежниот сектор, металниот, енергетскиот, банкарскиот и осигурителен сектор, судови, адвокатски и нотарски канцеларии, јавните претпријатија, државните институции и општини. На настанот присуствуваа претставници на повеќе од 50 македонски компании и институции, кои со интерес ја проследија презентацијата на дигиталното пенкало. Гостите од Англија потенцираа дека Македонија ја гледаат како потенцијална земја за промоција и продажба на својот производ, како и на останатите нивни иновации кои ќе следат во иднина. Ирена Мојсовка


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Групација за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена

ЗАБРЗУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ДОЗВОЛИ

На седницата на Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена, одржана на 19.10.2016 година, беше разгледан актуелниот Закон за оружје и беше констатирано дека се потребни значајни измени и дополнувања, согласно Европските директиви и анализираните тековни состојби во работењето на членките на Групацијата. Беше укажано дека се потребни измени и на другите закони, што се од интерес за компаниите – членки на Групацијата за оружје и опрема, како Законот за пиротехнички и други материјали и Законот за ловство. За таа цел, бизнис заедницата активно ќе се вклучи во работните групи од ресорните министерства за анализа и подготовка на квалитетни нови предлог-текстови за измени и дополнувања на предметните закони. Компаниите од оваа област, од наменското производство, трговијата и ловството се соочуваат и со тешкотии во примената, извршувањето и реализирањето на своите


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ економски дејности согласно законите, подзаконските акти и повеќето правилници од надлежните министерства. На седницата беше побарано соодветните државни институции редовно да ги извршуваат своите законски надлежности и обврски и во овој предизборен период. Доколку ресорните министерства редовно не ги издаваат бараните дозволи, компаниите ќе имаат многу тешкотии да ја остваруваат основната дејност, а со тоа и неможност да ги реализираат планираните приходи и исплата на платите на своите вработени и исплатата на други законски обврски. Со проблемот за намалување, па дури и отсуство на промет со оружје во последните неколку месеци, членките на Групацијата за оружје и опрема кои се занимаваат со продажба на оружје се соочуваат подолго време. Според нивните сознанија, ваквата состојба е резултат на поголемите застои во постапките за издавање одобренија за оружје за физички лица, поради кое, подолго време обемот на продажба на оружје за ловно-спортски цели е сведен на минимум. Констатираната состојба е алармантна за компаниите кои се занимаваат со трговија со оружје, за што претходно ги имаат обезбедено сите потребни дозволи и лиценци, но поради застојот во постапките за издавање одобренија за оружје, во голема мера е намалена продажбата на оружје, а некои компании кои се занимаваат со трговија со оружје, воопшто и немаат промет, поради што се доведува во прашање нивното работење во иднина. Лазо Ангелевски


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Здружение на информатичко-комуникациските технологии

КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ БАРААТ РЕАЛНА ПАЗАРНА ВРЕДНОСТ НА ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ

Здружението на информатичко-комуникациските технологии на 19. 10.2016 година одржа состанок во Стопанската комора на Македонија со претставници на кабелските оператори, во врска со проблемите со високите финансиски оптоварувања со кои се соочуваат компаниите – кабловски оператори во Република Македонија. Компаниите укажаа дека сегашните зафаќања од остварениот приход на кабелските оператори (особено за наплата на авторските права и филмскиот фонд), како и најавени други финансиски обврски, се пазарно нереални и претставуваат можен предуслов и закана за прелевање на товарот на крајниот потрошувач, преку вградување на дополнителните трошоци во сметките на граѓаните. Присутните го потврдија ставот на бизнис заедницата дека треба да се плаќа надомест за авторското право и сродните права, во насока на негување на авторските дела, но при тоа се забележува на висината на трошоците кои ги имаат согласно оваа обврска и бараат да се обезбеди соодветен надомест за авторите и економски одржливи трошоци. За тоа се потребни почитувани критериуми во односите со сите


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

21

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ засегнати страни, преку транспарентност во работењето, отворени разговори со аргументирани ставови, за да се дојде до прифатлив договор за сите чинители. За враќање на довербата на пазарот и институциите, неопходна е континуирана информираност од страна на компаниите, здруженијата и институциите за финансиските и други резултати од тековното работење, односно за што се трошат парите, кој ги собира од правните субјекти согласно законската обврска, кои правни субјекти плаќаат и сл. Согласно добрите практики во Стопанската комора на Македонија, ќе се негува и ќе се афирмира процесот на преговарање и дијалог на засегнатите страни, во кој треба да се најде решение на проблемите, имајќи ги предвид економските параметри и економскиот амбиент во државата. Лазо Ангелевски


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Кавадарци

ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА И НОВИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ

Пред присутните членки на Стопанската комора на Македонија од подрачјето на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Комората, ја презентираше Информацијата за потенцијалите, можностите и ограничувачките фактори за преструктуирање на македонското стопанство, осврнувајќи се на најзначајните економски индикатори кои ја отсликуваат економската структура на земјата - БДП, надворешно-трговската размена, конкурентноста, можностите приватниот сектор да создава нови работни места и да биде позначаен двигател на стопанскиот развој преку инвестиции во човечкиот потенцијал, инвестирање во иновации, технолошки развој и основни средства. Љупка Илиевска-Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, ги информираше присутните за најновите прописи од значење за бизнисот. Во својата презентација таа ги опфати предложените измени и дополнувања на Законот за банки, потоа новите решенија на Закон за изменување и дополнување на Законот за виното, Законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

23

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

на деловни згради и деловни простопии на Република Македонија, Законот за изменување на Законот за нотаријатот, Законот за изменување на Законот за извршување, Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на поважните подзаконски акти кои се донесени во изминатите неколку месеци. По презентациите, присутните активно се вклучија во дискусиите, со свои предлози и согледувања преку призмата на актуелните состојби во своето работење. Тања Мицева


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионалната комора со седиште во Кичево одржа еднодневно бесплатно предавање на тема:

ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ

Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија продолжи со циклусот бесплатни предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ. На 21.10.2016 година во Регионалната комора со седиште во Кичево, дванаесет претставници од бизнис секторот од кичевскиот регион се запознаа со основните карактеристики на осигурувањето, функциите и елементите на осигурувањето. Осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци и правата на осигурениците е основната цел на едукативниот настан. Потребата за имотно осигурување, значењето на дополнителните ризици, видови на ризици, како и одговорноста кон трети лица во имотното осигурување ги презентираше Исни Абази, експерт за имотно осигурување, претставник на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија. Елена Петровска ги презентираше правата на осигурениците и можностите за нивно остварување. Исто така, беа презентирани случаи со успешно исплатена штета. Учесниците дискутира со посебен интерес за реосигурување и колективно осигурување. Дијана Лазороска Јованоска


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

25

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

На 20.10.2016 година одржан семинар

ПРОЦЕС ВКЛУЧУВАЊЕ НА „АКТИВА АУТОМОТИВ“ ВО СИНЏИРОТ НА ДОБАВУВАЧИ НА „ВАН ХООЛ“

Асоцијацијата на автомобилската индустрија во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на 20.10.2016 година во компанијата „Актива аутомотив“ од Штип организираше едукативен семинар на тема: “Вклучување на „Актива аутомотив“ во синџирот на добавувачи на „Ван Хоол”. Целта на семинарот беше домашните и странските компании-членки на Асоцијацијата да се запознаат со клучните елементи од процесот на градење успешна соработка помеѓу домашна и странска компанија, од автомобилската индустрија, претставени преку конкретна студија на случај. Аврам Стојчевски, претседавач на Асоцијацијата, воедно и генерален директор на „Ван Хоол Македонија“ истакна дека едни од целите на Асоцијацијата е унапредување на соработката на странските инвеститори и домашните компании од овој сектор, преку пренесување искуства за тоа како да ги надградат своите производствени способности, како да го унапредат производството, да применуваат нови технологии, како и соодветно да ги развиваат човечките ресурси. Како што истакна Аврам Стојчевски, за странските инвеститори е секогаш од голем интерес да најдат добавувачи на локално ниво кои би ги задоволиле нивните потреби наместо да увезуваат од други


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

земји. Процесот на вклучување на домашните фирми во синџирот на добавувачи на странските компании е долгорочен, со оглед на тоа што тие треба најпрво да поседуваат одреден број на потребни меѓународно признати сертификати, да ги задоволат стандардите за квалитет, критериумите за време на испорака, континуитет во нарачките, безбедност при работа и други услови за да станат локални доставувачи на странските компании од слободните економски зони. Меѓутоа, кога еднаш ќе влезат во синџирот на добавувачи на глобалните компании, македонските фирми ќе добијат пристап и до глобалниот пазар преку постојниот синџир на добавувачи на мултинационалните компании. Зоран Николовски, од „Актива аутомотив“, го презентираше целокупниот процес на соработка со белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хоол“, од првичните преговори за почеток на соработката до сегашното успешно партнерство кое се гради на база на лојалност и доверба. Соработката со „Ван Хоол“ уште на самиот старт била одлична, по што продолжила и со изградбата на новата фабрика „Актива аутомотив“ за производство на заварени склопени елементи за шасии за автобуси, за потребите на белгиската „Ван Хоол“. Фабриката „Актива аутомотив“ во текот на изминатиот период се здобила и со сертификати за заварување според сите европски стандарди, а истовремено имаат и отворено и посебна школа за заварувачи за нивните потреби. Николовски истакна дека во нивниот случај, клучни елементи за градење на успешна соработка се: конзистентно производство, висок квалитет, навремена и сигурна испорака, конкурентна цена, како и доверлив и лојален партнер.


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

27

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Сопственикот на „Актива“, Илија Николов истакна дека за новата фабрика која се простира на површина од 9.000 метри квадратни добиле голема поддршка во изградбата и во изборот на технологијата од страна на целиот инженерски тим на „Ван Хоол“. Интензитетот на таа соработка резултираше да се јави потреба од нов погон, отворање на нови работни места, инвестирање во нов машински парк, роботизирана опрема со цел да се задоволат потребите за нови нарачки на компанијата „Ван Хоол“, за нивните фабрики во Скопје и во Белгија. Присутните домашни и странски компании имаа можност да направат обиколка на производствениот погон на новата фабриката, која е прва капитална инвестиција од ваков вид во државата, во која се произведуваат делови за автомобилската индустрија. Согласно активностите на Асоцијацијата на автомобилската индустрија, и во наредниот период ќе се иницира поврзување на странските и домашните компании, како во технолошко-индустриските развојни зони, така и во локалните компании, со цел интензивирање на динамиката на соработка меѓу странските и домашните компании.

Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Битола

ОДРЖАН СЕМИНАР: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ На 20.10.2016 година во хотелот „Милениум“ во Битола, во организација на Регионалната комора со седиште во Битола, а во рамките на циклусот бесплатни предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија, се одржа бесплатно предавање за запознавање на компаниите од битолскиот регион за осигурителните услуги, со акцент на имотното осигурување и изложеноста на ризикот. Учесниците на настанот се запознаа со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите, како и кој се` може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување. На предавањето беа презентирани осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочено кон намалување на финансиските загуби, како и кои се правата на осигурениците. Предавач беше Даниел Мирчески, експерт за имотно осигурување, претставник на Здружението на осигурувањето, кој ги презентираше следните теми: * Основни карактеристики на осигурувањето, поделба и функции на осигурување; * Кој се` може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување; * Презентација на имотно осигурување – потреба и ризици; * Што значат дополнителните ризици – видови на пакети ризици и за што треба да се информираат осигурениците; * Што значи одговорноста кон трети лица кај имотното осигурување; * Начинот на осигурување и вид на продукт – избор на осигуреникот; * Кои се правата на осигурениците и како може истите да ги остварат?

На предавањето беа презентирани и конкретни случаи со успешно исплатена штета. Регионалната комора со седиште во Битола и во наредниот период ќе продолжи со организација на слични настани за информирање на стопанството од регионот. м-р Никола Димковски


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

29

ЕДУКАЦИЈА

Делегација од Македонија во посета на австриски компании

ТРЕНИНГ- ПРОГРАМА ВО СОРАБОТКА СО WIFI

Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора Од 12-15 октомври 2016 година, делегација од Македонија оствари посета на австирски компании како дел од Тренинг-програмата во соработка со WIFI. За прв пат во Македонија, Стопанската комора во соработка со WIFI - Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора, ја реализираа Тренинг-програмата на тема: „GO - INTERNATIONAL - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА“. Програмата овозможи надградување на личните вештини, вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет. По реализираната деветдневна обука за 3 поединечни модули во Македонија, следеше тестирање на учесниците. Првите девет учесниците од Македонија кои го положија тестот од теоретскиот дел на Тренинг-програмата се стекнаа со меѓународно признат WIFI Сертификат и учествуваа на деловните средби со австиски компании, организирани во соработка со Австриската федерална комора во Виена. Учесниците преку индивидуални средби реализираа посета во седиштето на компаниите низ Австија и се сретнаа со менаџери согласно својот интерес со цел склучување деловна соработка за искористување на стратегиските парнерства и развој на бизнисот. Исто така, за време на тридневниот престој беа остварени и деловни средби во Комората на Австрија за вмрежување, креирање на нови бизнис идеи и партнерства. Оваа успешна приказна на Стопанската комора на Македонија и WIFI ќе продолжи со организација на втората тренинг-програма за унапредување на продажни вештини и комуникација со деловни партнери преку ангажирање на странски експерти со долгогодишно искуство во светот на бизнисот. Ивона Каранфиловска


БИЗНИС ИНФО

30

петок, петок, 21 21 октомври октомври 2016, 2016, Бр. Бр. 280 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ ПРЕДАВАЊА НА ТЕМА: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ Тргнувајќи од потребите за запознавање на компаниите со осигурителните услуги со акцент на имотното осигурување и изложеноста на ризикот, Здружението за осигурување при Стопанската комора на Македонија организира циклус на бесплатни предавања на тема: ИМОТНО ОСИГУРУВАЊЕ – ПОТРЕБА И РИЗИЦИ. Учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите како и кој се може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување. Осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци ќе биде презентирана на самиот семинар како и кои се правата на осигурениците. Предавачи на семинарот: експерти за имотно осигурување, претставници на Здружението на осигурување. Со цел планирање на бројот на учесниците заради навремено и професионално организирање на семинарите, пријавувањето на учесниците е задолжително. Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите: Датум

Место

Краен рок за пријавување

Kонтакт лице

21.10.2016

Регионална комора Кичево

16 ноември 2016 година

Дијана Лазороска, Тел: (045) 257067, E-адреса: dijana@mchamber.mk

4.11.2016

Стопанска комора на Македонија

1 ноември 2016 година

Ивона Каранфиловска, Тел: 02 3244084, E-адреса: ivona@mchamber.mk

8.11.2016

„Кожувчанка“ ДООКавадарци

4 ноември 2016 година

ања Мицева, Тел (043) 415 044, regionalnakavadarci@mchamber.mk

17.11.2016

Работен Клуб на АВРМ, Штип

15 ноември 2016 година

Моника Стоичева, Тел: (032) 300 282, E-адреса: monika@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.10.2016

Стопанска комора на Македонија, 5 кат, сала 4

СО GS1 СТАНДАРДИТЕ ДО ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

GS1 Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија Ве поканува на бесплатен еднодневен едукативно-информативен семинар, на кој за прв пат во Република Македонија ќе имате можност да се запознаете со примената на GS1 стандардите во текстилната индустрија и бенефитите од нивно користење. Тоа е можност да се запозанете со најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на Вашите деловни процеси и модели, како и со новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Примената на GS1 стандардите Ви овозможува да ги намалите трошоците, ги подобрите транспортните и логистичките операции, ги одржите залихите на оптимално ниво, ја зголемите продажбата и извозот. Семинарот е наменет за сите компании од областа на текстилната индустрија, (облека, мода и обувки). Предавач на семинарот е г-дин Маркус Милер, германски експерт за воведување на GS1 стандардите во текстилната индустрија, со долгогодишно практично искуство во најголемите текстилни брендови. Од оваа година е вработен во Меѓународната организација GS1 AISBL- GS1 Global Office, Brussels, како директор на индустријски развој во делот за текстил и производи за широка потрошувачка. Искористете ја оваа можност за бесплатно проширување на Вашите знаења во функција на зголемување на конкурентноста на Вашата компанија и интернационализација на Вашиот бизнис. Ве молиме да се пријавите најдоцна до 21 октомври (петок) 2016 година.

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневна практична обука на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК

25 октомври 2016 година 9:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија заедно со Мокрогорската школа за менаџмент од Србија организираат практична обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК. Мокрогорската школа за менаџмент е основана во 2009 година како иницијатива на успешните менаџери во Србија, со цел трансфер на менаџерското знаење и подигнување на нивото на стручност на менаџерите во Србија и регионот. Во нивното досегашно работење, повеќе од 5000 учесници од домашни и меѓународни компании се стекале со знаења и вештини со крајна цел обезбедување на континуиран развој на вработените, стабилен развој на компанијата и обезбедување на додадена вредност на производите и услугите кои ги испорачува кон своите клиенти. Овој семинар е наменет за менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, експерти и други раководни позиции. Предавач: Д-р Бојан Костадиновиќ, директор за развој во Мокрогорската школа за менаџмент, со долгогодишно теоретско работно искуство како професор на Факултетот за инженерски менаџмент во Белград и практично во автомобилската индустрија, а 4 години како раководител на продажба на компанијата „Мерцедес бенз СЦГ“. Работа во Дајмлер АГ во Штутгарт, одговорен за продажба, маркетинг и спроведување на корпоративна стратегија во застапништвото на Фиат и Рено Нисан во Белград, стратегиски развој на стартап компанија, организација и обука корпоративни тимови. Од 2011 година е член на Одборот на директори на клубот за одбојка на “Црвена Ѕвезда”..

Рок за пријавување 20.10.2016 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 октомври 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА

Стопанската комора на Македонија на 26.10.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА („Службен весник на РМ“, бр. 124/2015) И ПРИМЕНАТА НА МАТРИЈАЛНИТЕ ЗАКОНИ СО СУБСИДИЈАРНИОТ ЗАКОН“ Предавачи: - Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. - М-р Рено Рисковски, - адвокат во Адвокатска канцеларија Рисковски, консултант во областа на концесии, геолошки истражувања и рударство, магистер во областа на стратегиски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси, активен учесник на многубројни семинари и тренинг-обуки од областа на правните науки и човечките ресурси. - Јане Севдински, правен советник во друштвото „Некст Левел Консалтинг“ ДОО Скопје; Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 20.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244074 Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Eднодневен семинар: ,,УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ, КОРИСТЕЊЕ НА ЕСЈН-СИТЕ АЛАТКИ И МОДУЛИ (ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, ДИГИТАЛНО ПОТПИШУАВАЊЕ, Е-АУКЦИИ/КОНЕЧНА ЦЕНА), ТЕНДЕРСКО ДОСИЕ, МОДУЛ ЗАВРШЕНИ ПОСТАПКИ“

27.10.2016

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Со измената на Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) се воведoa задолжителни електронски јавни набавки прогресивно во периодот од следните три години. Договорните органи се должни да ги спроведуваат отворените постапки, ограничените постапки и постапките со барање за прибирање понуди со користење електронски средства преку ЕСЈН, и тоа: - во најмалку 30% од објавените огласи од 1 јануари 2016 година, - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година. Имајќи во предвид дека, голем број на понудувачи се уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување на прашања пред јавно отварање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: ,,Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-сите алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул завршени постапки“. Семинарот ќе се реализира на 27 октомври 2016 година (четрвток), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за прв пат ќе биде промовиран водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн. Контакт: Ивона Каранфиловска Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244084 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28 октомври 2016 година Белград, Република Србија Стопанска комора на Србија Ул. Ресавска 13-15 (Савски Венац), Белград

МАКЕДОНСКА БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СРБИЈА СО ПРИСУСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Србија, Стопанската комора на Македонија организира посета на Стопанската комора на Србија, при што ќе бидат организирани и деловни средби меѓу македонски и српски компании. Бизнис делегацијата од Македонија ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов и претседателот на Стопанската комора на Македонија, г-дин Бранко Азески. Од српска страна домаќини на настанот ќе бидат претседателот на Република Србија, Н.Е. Томислав Николиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија, г-дин Марко Чадеж. Целта на посетата на македонската бизнис делегација во Белград е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји како и воспоставување на нови, повисоки облици на соработка меѓу компании од сектори согласно пројавениот интерес. Деловните средби ќе се одржат во просториите на Стопанската комора на Србија, на 28 октомври 2016 година (петок), со почеток во 16:00 часот. Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 07 октомври 2016 година, за да може Стопанската комора на Србија навремено да обезбеди соодветни партнери за македонските компании. Ве молиме, за Вашиот интерес да не информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог. Детална програма за средбите ќе биде дополнително доставена до сите заинтересирани учесници. Контакт-лице: -Сања Николова, тел. + 389 2 3 244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Исполнување и други начини на престанување на обврските oд должничко-доверителски односи согласно Законот за облигациони односи низ призмата на судските постапки

28 октомври 2016 година (петок) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Стопанската комора на Македонија, на 28 октомври 2016 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата врзани за исполнувањето/ затворањето на побарувања од должничко-доверителски односи согласно Законот за облигационите односи и низ призмата на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат особено општите услови на исполнувањето, задоцнувањето на доверителот и должникот, компензацијата, отпуштањето на долг, новацијата, соединувањето, невозможноста за исполнување, истекот на време и отказот, застареноста од сите аспекти.Пресметување на исполнувањето и цесијата се согласно одредбите од ЗОО. Ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на доверителот и должникот, нивната позиција во споровите од трговското право. Паралелно за секој институт ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба. На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигационите односи и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување. Предавач: - Маринела Јакасановска, судија во трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 - Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 21.10.2016година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

31.10.2016 - 01.11.2016

Стопанска комора на Македонија

Дводневен семинар: „ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“

Целта на семинарот е запознавање на учесниците со начинот на правилното менаџирање со набавките, со учесниците во набавките како купувачи, како доставувачи, правилна интерна комуникација во организацијата - набавка во однос на магацин, комуникација со добавувачите, приоритетни набавки, WIN-WIN стратегија, стратешко поврзување со добавувачите, критериуми за оценување на добавувачите и др. Семинарот е наменет за сите вработени кои се вклучени во набавката - раководители и менаџери за набавка, вработени кои вршат логистичка работа (организирање набавка, магацинско работење, транспорт и др). ПРОГРАМА Поим и значење на набавките; Цели и задачи на набавките; Организација во службата за набавка; Внатрешна организација за набавки; Односот на набавките со другите функции; Работна политика за набавките; Трошоци за набавка

Планирање на набавките; Стручни кадри за набавка; Методи и канали за набавка; Евиденција на набавките; Анализа на набавките; Електронска резервна аукција; Работилници.

Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар: Подготовка на компаниите (производители на хемикалии и прекурзори) од Република Македонија за регистрација и пуштање во промет на производи во земјите на Европската унија

1 ноември 2016 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел подготовка на компаниите (производители на хемикалии и прекурзори) за исполнување на барањата на Европската агенција за хемикалии (ECHA), Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Подготовка на компаниите (производители на хемикалии и прекурзори) од Република Македонија за регистрација и пуштање во промет на производи во земјите на Европската унија, на којшто ќе се споделат добри практики, ќе се образложат постапките и потребнната документација за централизирана регистрација на производи од Република Македонија во Европската унија и ќе се укаже на можностите за нивно пуштање во промет. Семинарот е наменет за сите вработени кои работат во секторите за промет и произвоство на хемикалии и прекурзори, како и други заинтересирани лица кои сакаат да ги прошираат своите знаења по дадената проблематика. Предавач: - д-р Татјана Петрушевска, раководител на сектор во Министерството за здравство, дипомиран фармацевт, специјалист за испитување и контрола на лекови (Фармацевтски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје), магистер за меѓународен бизнис менаџмент и маркетинг (UACS - University American College – Скопје), доктор на медицински науки (Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје). Татјана Петрушевска од 2001 година е проект лидер на 6 проекти финансирани од Европската комисија во областите на наркотични дроги и прекурсори (ФАРЕ; КАРДС, ИПА).

Рок за пријавување: 25.10. 2016 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 03.11.2016 Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

Дигитална форензика претставува примена на техники за компјутерска истрага и техничка анализа со цел утврдување на потенцијалните докази. Докази собрани преку форензички методи може да се користат во повеќе видови на истражувања неопходни на реалниот сектор. Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои сакаат да го надоградат своето знаење. Предавач: Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. *Напомена: заради практичниот карактер на семинарот, учесниците треба да носат лап-топ компјутер. Краен рок за пријавување: 28.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатен семинар: МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

01.11.2016

Хотел „Гардениа“ Велес, 10:30-14:00 часот

Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ: * Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата); * Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи: - Медијација во спорови предвидени со член 1, став 2 од Законот за медијација – практична примена; * Медијација во семејни спорови и облигациони односи; * Медијацијата во стопански спорови според измените во Законот за парнична постапка.

Рок за пријавување: 25.10. 2016 година. Контакт: Ирена Жарова Тел: ++ 389 43 22 77 36 Факс:++ 389 43 22 77 36 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.zarova@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2 - 3 ноември 2016 година Истанбул, Турција Lütfi Kırdar International Convention and Exhibition Center (ICEC)

БИЗНИС ФОРУМ ТУРЦИЈА – АФРИКА „TABEF 2016“

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција и земјите од африканскиот континент, Стопанската комора на Македонија организира посета на Стопанската комора на Турција, при што ќе бидат организирани и деловни средби меѓу македонски, турски и африкански компании. Овогодинешниот Турско-африкански бизнис форум („TABEF 2016“) ќе се одржи под покровителство на Н.Е. Реџеп Таип Ердоган, претседател на Република Турција, во соработка меѓу Министерството за економија на Р. Турција, Африканската унија (АУ) и Одборот за надворешно-економски односи (ДЕИК). Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 2-3 ноември 2016 година, во просториите на Интенационалниот конвенциски и изложбен центар (ICEC) – Lütfi Kırdar, во Истанбул, Р. Турција. Главна тема на овогодинешниот Бизнис форум е: „Финансирање на африкански инвестициски проекти: инфраструктура, транспорт и енергија”. Форумот претставува уникатна платформа за претставници од високо ниво, носители на одлуки, бизнис организации, бизнис асоцијации и други учесници од Африка,Турција и од Македонија, коишто ќе имаат можност да дискутираат за предизвиците и можностите за бизнис вмрежување. Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате најдоцна до 25 октомври 2016 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатен семинар: МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

03.11.2016

Хотел „Apollonia hotel“ Гевгелија

Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ: * Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата); * Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи: - Медијација во спорови предвидени со член 1, став 2 од Законот за медијација – практична примена; * Медијација во семејни спорови и облигациони односи; * Медијацијата во стопански спорови според измените во Законот за парнична постапка.

Рок за пријавување: 27.10. 2016 година. Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk


44

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2 ноември 2016 година (среда) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Eднодневна обука на тема:

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ, КВАЛИТАТИВНО ДОПОЛНУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА

Со цел подобрување на вештините и зголемување на конкурентноста на компаниите преку користење на дигиталниот маркетинг, Стопанската комора на Македонија на 2 ноември 2016 година (среда) организира еднодневна обука на тема: ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ, КВАЛИТАТИВНО ДОПОЛНУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА, на којшто детално ќе се обработат темите за зголемување на онлајн видливоста на брендот на компаниите, креирање стратегии за содржински маркетинг и за зголемување на продажбата со користење социјални медиуми, раст и развој на бизнисот со помош на SEO.

ЦЕЛ И ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Семинарот ќе помогне да се актуелизира прашањето за развој и унапредување кај компаниите за нивниот бренд, искористување на можностите за успешни кампањи на интернет, правилно избирање на медиум за презентирање на својот производ, таргетирање на вистинската целна публика, создавање трајна врска со потрошувачите, олеснување на продажбата по пат на интернет, информирање на клиентите за своите новитети, следење на трендовите и технологијата, стратегии за победување на конкуренцијата, организација и создавање на вистински тим за успешно работење, дефинирање на цели и годишен буџет за влог во маркетинг, развој на бизнисот со помош на SEO, креирање квалитетни содржини за зајакнат бренд. На обуката претставниците на компанииите ќе ги увидат проблемите со кои се соочуваат во тековното работење и ќе осознаат нови можности или начини за унапредување на продажбата, ќе можат да научат начини и техники со кои би се обезбедила ефективност на секој претставник во компанијата каде работи, како и споделување практични искуства од оваа област и дискусија во однос на темата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

45

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„Бизнис Форум 5. Самит на шефови на влади од земјите од Централна и Источна Европа и Кина“

05-06 ноември 2016 година Хотел “Радисон Блу Латвија“, Рига-Латвија

Стопанската комора на Македонија со особена чест и задоволство ве поканува да бидете дел од овогодинешниот Бизнис Форум и 5. Самит на шефови на влади од земјите од Централна и Источна Европа и Кина, што ќе се одржува во Рига, Латвија во периодот од 5 до 6 ноември 2016 година. Оваа година Латвија е земја домаќин на Меѓународниот бизнис форум со тема “подобрена конекција за заеднички напредок”, во чест на зголемената соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Бизнис Форумот има за цел да покрие широк дијапазон на теми од значење за подобрување на соработката, земајќи ги предвид различните аспекти од начините на комуникација и претприемништвото на 21. век. За време на панел дискусиите водени од експерти во својата област ќе бидат покриени теми од особено значење од областа на транспортот и логистиката, инвестициите и финансирањето, трговијата, туризмот, индустријализацијата и орджливиот развој во рамки на 16+1 иницијативата. Овогодинешниот самит на шефовите на влади на земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Кина, пред се е во насока да се направи детален преглед на напредокот и резултатите од ЦИЕ-Кина (16 + 1) соработката, откако Кина ја најви сеопфатната иницијатива за соработка со 16 земји од Централна и Источна Европа во 2012 година, како и имплементацијата на краткорочната агендата за соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ според насоките од Суджоу. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Бизнис форумот со пополнување на on-line регистрацијата најдоцна до 24.10.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: -Сања Николова телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

46

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 09.11.2016 Темишвар, Романија

Меѓународни бизнис средби „Innomatch 2016“ 9 ноември 2016 година, Темишвар, Романија

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери На 9 ноември 2016 година во Темишвар, Романија, ќе се одржат Конференцијата и Меѓународниот брокерски настан „Innomatch 2016“. Настанот е во организација на Агенцијата за регионален развој на Романија и „Tehimpuls“ - Центар за трансфер на регионални иновации и технологии и има за цел да се промовираат и да се поттикнат сите форми на иновации и создавање на нови врски меѓу менаџерите од регионот и претприемачите и истражувачите од Европа. Меѓународните бизнис средби се организирани под покровителство на Enterprise Europe Network и се однесуваат на бизниси, истражувачи и иноватори од областа на ИКТ, автомобилската индустрија и производството на храна. На настанот може да учествуваат и претставници од други сектори, под услов однапред да се пријават, со цел навреме да се направат потребните аранжмани. Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на настанот: https:// www.b2match.eu/innomatch2016 Регистрацијата е отворена до 8 ноември 2016 година, а билатералните средби можат да се закажуваат од 15 октомври 2016 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

9.11.2016 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 9 ноември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, на којшто со посебно внимание ќе бидат обработени и елементите како: плата, додатоци, надоместоци на плата, годишен одмор, дополнителен одмор, судска одлука за незаконски престанок на работен однос и нејзино извршување, вршење на работи надвор од договорот за вработување и видови договори и права кои можат да произлезат од истите. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и државниот сектор. На семинарот ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи. Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.

Предавачи: •Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и •Злате Стојановски, раководител во Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Краен рок за пријавување: 4.11.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


48

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 02.12.2016 03.12.2016 Бизнис средби Венеција, Италија

Меѓународни бизнис средби „LOVEAT 2016“ 2-3 декември 2016 година, Венеција, Република Италија

Enterprise Europe Network Македонија и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Настанот е инициран од страна на Здружението на Стопанската комора на регионот Венето - Eurosportello и има за цел да им помогне на компаниите да најдат нови можности за бизнис во следните области: • производство на храна и пијалаци; • иновативни технологии и машини за производство на храна и пијалаци; • туризмот и производството на храна и пијалаци. „LOVEAT 2016“ е првиот меѓународен саем за храна и пијалаци, што ќе се одржи во Венеција, во просториите на „Expo Aquae Venice Pavillon”. Предности и услуги за вашата компанија: • 2 дена деловни состаноци; • оптимално учество на настанот, што се должи на можноста состаноците да се организираат однапред; • застапеност на голем број сектори и земји; • контакт на изложувачите со посетителите на саемот; • стручна помош и совети од страна на персоналот пред, за време и по настанот; • бесплатен влез и билет за саемот; • организирање сместување за излагачите (ве молиме, контактирајте со главниот организатор за надоместоци). Учеството на настанот е бесплатно. Ве молиме, имајте предвид дека глоба во износ од 100 € ќе се фактурира со цел да се задржи квалитетот на настанот во случај компаниите да го откажале учеството 5 дена пред настанот или доколку не се претстават во текот на деловните состаноци. За повеќе информации во врска со официјалните состаноци, ве молиме погледнете го официјалниот сајт: http://www.een-matchmaking.com/loveat2016 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународна конференција „Build and Connect”

22-23 ноември 2016 година, Стразбур, Франција

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на меѓународната конференција за градежништво „Build and Connect 2016“ најголема во Европа. „Build and Connect 2016“ конференцијата е дел од програмата за соработка меѓу кластерите од регионот на Горна Рајна. Целокупната организација е на пет големи професионални мрежи, на германски, француски и швајцарски мрежи, кои со своите вештини и експертиза учествувале на повеќе од 400 градежни трговски асоцијаци и центри за обука. „Build and Connect 2016“ конференцијата ке овозможи одлична можност на учесниците за увид во меѓународните трендови со кои се соочува секторот за зелена зграда, учество во дебати и размена на искуства, наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови иновативни решенија, како и можност за поврзување со нови производители: градежни компании, произвoдители, архитекти, изведувачи, дистрибутери, снабдувачи на енергија, монтери, трговски здруженија, развојно истражувачки центри, лаборатории и универзитети. Регистрацијата за учеството на деловните средби на конференцијата се наплака по учесник, ве молиме внесете го дополнителниот промотивен код EEN06E при регистрацијата. Регистрацијата за учеството на деловните средби на конференцијата пред 10 ноември 2016 година изнесува € 85 без ДДВ, а после 10 ноември € 100 без ДДВ. Превозот и сместувањето се на товар на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ buildandconnect2016?locale=en. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

50

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Париз, Франција, од 6-9 декември 2016

Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

51

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


52

БИЗНИС ИНФО

петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


петок, 21 октомври 2016, Бр. 280

БИЗНИС ИНФО

53

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА

24 - 28 ноември 2016 година Тирана, Р. Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 23. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 24 – 28 ноември 2016 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија. Минатогодишниот 22. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска, беа посетени од повеќе од 20.000 посетители. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • туризам; • образование; • храна; • земјоделие. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 12 октомври 2016 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.