Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
Број 377 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 21.12.2018
ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ, ЗА ДА НЕ СЕ СЛУЧИ ПОВЕЌЕ ОД 6.000 ЗАКУПЦИ НА ТЕЗГИ ДА ОСТАНАТ НАДВОР ОД ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА 2019 ГОДИНА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ДА СЕ ОДЛОЖИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ, ЗА ДА НЕ СЕ СЛУЧИ ПОВЕЌЕ ОД 6.000 ЗАКУПЦИ НА ТЕЗГИ ДА ОСТАНАТ НАДВОР ОД ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА 2019 ГОДИНА
-Групацијата на пазари во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари. За таа цел, доставен е и официјален допис до министерот за економија, м-р Крешник Бектеши, со кој се посочува дека постои потреба за ревидирање на одредени одредби од Законот за трговија на зелени пазари, како и на Правилникот за формата и содржината на легитимацијата, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Групацијата на пазарите при Комората, како што беше речено на денешната пресконференција, со Законот за трговија на зелените пазари во голема мера ги дефинира
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА правата и обврските како на закупците, така и на уредување на односите со организаторите на пазарите. Но во делот на одредбите со кои одредени категории на лица се исклучени од можноста да се јават како трговци на пазарите, како и на одредбите со кои се уредува т.н. коморски систем, Групацијата смета дека е неопходно да се ревидираат одредени одредби од Законот и Правилникот, со цел да се овозможи непречено вршење на дејноста од страна на организаторите на зелени пазари и спречување на ефекти кои се спротивни на интенцијата за донесување на овој Закон. Согласно доставениот допис до Министерството за економија со кое се бара и итна работна средба со министерот Бектеши, се посочува дека има потреба од ревидирање на 5 члена во Законот и тоа: - да се прошират категории на лица кои може да закупуваат тезги на трговци поединци; лица кои остваруваат приход по основ на пензија; лица кои остваруваат приход по основ на работен однос; лица кои остваруваат приход по основ договор за дело. Во спротивно ќе се намали за најмалку 30% вкупниот број на трговци на тезги и пазари. Нивното исклучување од дејноста, покрај загуби за трговците би предизвикало големи загуби и за организаторите и би довело до намалување на нивните приходи по основ на закупнина, испразнување на тезгите и дополнителни трошоци, а со тоа и до тешкотии во работењето и намалување на бројот на работните места кај организаторите. Дополнително, наведеното би довело и до намалување на приходите на државата по основ на даноци, поради што според Групацијата државата треба да им дозволи на овие лица да го остварат правото на вршење на дејноста и да изнајде механизми да ги внесе во системот на оданочување. Ограничувањата би можеле да предизвикаат и зголемување на „сивата“ економија преку трговија на нерегистрирани продажни места што е спротивно на интенцијата на законодавецот за регулирање на
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА трговијата на зелените пазари. Исто така, се бара од Правилникот за формата и содржината на легитимацијата, зборовите „број на тезга” да се бришат, бидејќи невозможно е Комората на закупци да навлегува во деловните односи на организаторите со закупците. Групацијата на пазарите бара и да се преиспитаат одредбите со кои се уредува коморскиот систем на закупците на тезги, со прашање како ќе постапи надлежното Министерство во случај кога повеќе субјекти ги исполнуваат условите од Законот за да се стекнат со правото да вршат јавни овластувања и истовремено да поднесат барање за добивање овластување до Министерството. На кој субјект во тој случај ќе биде доделено овластувањето, со оглед дека Законот наведува на постоење само една деловно стручна асоцијација – Комора? Последните два предлога за измена на Законот со кои се бара одложување на примената се однесуваат на пренесување на правото на користење на лиценцата во одредени објективни ситуации, како и на можноста со една лиценца да се закупат повеќе тезги. -Во таа насока, посочените недоречености на Законот, недоволната подготвеност и информираност на трговците за обврските кои за нив произлегуваат од овој Закон, како и дека подзаконските акти за неговото спроведување беа донесени со задоцнување, односно беа донесени во рок од 8 месеци по влегувањето на Законот во сила, наместо во рок од три месеци како што е предвидено со преодните и завршните одредби, Групацијата смета дека е неопходно примената на Законот да се одложи во разумен рок, во кој ќе бидат ревидирани спорните одредби и ќе бидат разгледани предлозите на Групацијата, - констатираше Михајловска Василевска од Комората. На зелените пазари сега тргуваат повеќе од 20.000 закупци на тезги. Даниела Михајловска Василевска
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
АСОЦИЈАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ
СИСТЕМСКИ РЕФОРМИ ВО РЕГИОНОТ И ПРИСПОСОБУВАЊЕ КОН ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР КОЈ Е ЦЕНТАРОТ НА ТРГОВИЈАТА ЗА ОВИЕ ПРОСТОРИ – ПОРАКА ОД ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ (АБК) ВО ИСТАНБУЛ Билјана Пеева Ѓуриќ, в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија, присуствува на годинешното Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК) кое се одржува во Истанбул, Р. Турција, земја која годинава претседава со Асоцијацијата. На Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК) во Истанбул, воведен збор имаше господинот Рифат Хисарџиклиолу, претседател на Унијата на трговски комори и стоковни берзи на Турција и претседател на АБК. Високи претставници од стопанските комори во рамките на Асоцијацијата на балканските комори на Годишното собрание дискутираа за повеќе теми осврнувајќи се на: актуелните случувања во земјите-членки на Асоцијацијата на балканските комори, со акцент на економскиот развој и подобрување на функционирањето на коморскиот систем; потребата од поддршка и развој на стручното образование, а акцент ќе биде ставен и на темите поврзани со дигитализацијата и женското претприемништво. Воведен збор имаше господин Рифат Хисарџиклиоглу, претседател на Унијата на трговски комори и стоковни берзи на Турција и претседател на АБК, кој посочи дека се потребни системски реформи во целиот регион и приспособување кон потребите на единствениот пазар бидејќи центарот на трговијата за овие простори е Европската унија. Министерката за трговија на Р. Турција, Рушар Пекчан, само потврди дека Балканот е важна економска точка за турската економија, што се потврдува низ бројки. Меѓусебната размена на Турција со членките на Асоцијацијата на балканските комори се зголемува за 9% на годишно ниво. На Генералното собрание излагање имаше и в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, потенцирајќи дека Комората, како најстара и најбројна бизнис асоцијација во земјата, чии членки генерираат приближно 95%
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
7
АСОЦИЈАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ
од националниот БДП, претставува еден клучен ентитет, мост помеѓу стопанството и јавниот сектор, вклучена во креирањето на економските политики во земјата, која континуирано предлага бројни реформи кои требаа да бидат инкорпорирани во националните стратегии за економски развој. -Изземајќи ја стагнацијата од 2017 година, физичкиот волумен на индустриското производство во просек бележи раст од околу 5% додека пак преработувачката индустрија која учествува со скоро 83% во целокупното индустриско производство на земјата бележи просечен раст од околу 5,4%. Најкарактеристично е тоа што во текот на изминатите години сѐ поголем удел и раст во истата заземаат потсекторите со средно висока и висока технолошка интензивност на сметка на трудоинтензивните дејности. Гледано наназад, во нашиот извоз до 2010 година, доминираат производите од трудоинтензивните гранки, но веќе од 2011 година на прво место во извозот почнуваат пополека да ги заземаат првите места производите со повисока додадена вредност. Со ова, ние како економија можеме слободно да кажеме дека сме во одредена фаза, па нека биде и на почеток на реиндустриjализација, преку премин од трудоинтензивни гранки кон гранките со поголема додадена вредност и производи со поголеми компаративни предности, - истакна на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори Пеева-Ѓуриќ. -Единствена развојна алтернатива која и` стои на располагање на Македонија како мала отворена економија се однесува на иницирање и интензивирање на процесите на модерна реиндустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП преку пренасочување на ресурсите кон индустриски гранки,
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
АСОЦИЈАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ сектори и потсектори кои имаат поголема додадена вредност и повисоко ниво на продуктивност) и извозна диверзификација (зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација и ниво на комплексност, пораст на бројот на извозни компании и зголемување на бројот на земји каде земјата извезува), - констатираше в.д. извршниот директор на Комората во својот говор на Собранието на Асоцијацијата на балканските комори. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија со реномирани меѓународни и домашни експерти во следниот период ќе работи на мапирање на тие стратешки индустриски сектори, потсектори и производи и детално проучување на одделните индустриски гранки (на ниво на производ) и нивната репродукциска поврзаност (вертикално и хоризонтално) со цел идентификување на развојните можности и потенцијали на земјата. За овој нов развоен модел, констатира в.д. извршниот директор на Комората, има согласност со носителите на економските политики во земјата и идните мерки и политики. Сепак, за да може да се спроведат вакви реформи, од особено значење за нашето стопанство е расположливоста со соодветен кадар. Бројките покажуваат дека вработеноста од година во година се зголемува и од 36% невработеност регистрирана во 2006 година, денеска бројот на невработени лица е околу 21%. Најголем раст на вработувањата се во преработувачката индустрија, особено во потсекторите со повисока технолошка интензивност. Аналитички гледано, голема пропорција на невработени лица во овие 20-тина проценти се лица без или со ниска школска подготовка, за кои е потребно доквалификација и/или преквалификација со цел нивните вештини да бидат соодветни на потребите на пазарот на трудот. Тргнувајќи и од податокот дека во нашата земја стапката на невработени млади лица е многу висока, како Комора во изминатите неколку години се залагаме за спроведување реформи во образовниот систем, како и помасовно промовирање на моделот на дуално образование, бидејќи во моментов најограничувачки фактор за развој на економските активности е недостатокот на
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
9
АСОЦИЈАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ КОМОРИ
квалификуван кадар, констатираше в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ. Имајќи го предвид регионалниот контекст кој го има Асоцијацијата на балканските комори, претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Константинос Михалос, истакна дека подобрувањето на грчката економија е детерминирано од реформите на пазарот на трудот, подобрувањето на општата економска клима, зголемувањето на довербата помеѓу потрошувачите и бизнисите и слично. Планираниот раст за 2019 година на грчката економија е проектиран на 2,5%, со што се очекуваат позитивни ефекти на регионот во целост. На Генералното собрание на АБК во Истанбул се дебатираше и за улогата на Коморскиот инвестициски форум, за креирањето регионална платформа која има за цел да ја поддржи и да ја унапреди економската соработка помеѓу земјите од Западен Балкан со силна поддршка од ЕУ согласно Берлинскиот процес. Мандатот на претседавачот на Асоцијацијата на балканските комори е една година. Почнувајќи од 2019 година, Стопанската комора на Албанија ќе го преземе претседавањето со Асоцијацијата. Асоцијацијата на балканските комори (АБК) е основана во 1994 година во Романија, со цел создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот. Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Македонија, се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија и Унијата на трговски комори и стоковни берзи на Турција. Одделение за информирање
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
НАГРАДИ И ЈУБИЛЕИ
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ДОБИТНИК НА ПРИЗНАНИЕТО „19 ДЕКЕМВРИ - СВЕТИ НИКОЛА“ ДОДЕЛЕНО ОД ОПШТИНА ШТИП Општина Штип традиционално го одбележува 19 декември, празник којшто е посветен на Патронот на градот „Свети Никола“. На свечена академија беа доделени признанијата и орденот по повод овој празник.
Еден од добитниците на Признанието „19 Декември - Свети Никола“ е Бранко Азески, почесен конзул на Црна Гора во Македонија со седиште во Штип и претседател на Стопанската комора на Македонија. Признанието му се доделува за особени заслуги како долгогодишен поддржувач и афирматор на градот Штип. - Добивањето на оваа награда е огромна обврска, бидејќи јас бев избран за почесен конзул на Црна Гора во Македонија со седиште во Штип за да ги поттикнам активностите на бизнисот од Источна Македонија кон Црна Гора, со оглед на фактот дека најголем дел од истиот се одвиваше во Западна Македонија. За мене е голем предизвик да помогнам во поттикнувањето на извозните активности на компаниите од Источна Македонија, затоа што некако се чувствува дека се запоставени на некој начин во однос на Скопје и на запад. Многу сум среќен што и градоначалникот и Општината
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
11
НАГРАДИ И ЈУБИЛЕИ ја препознаа таа моја активност, и со тоа ме обврзаа во наредниот период да истраам во таа работа, - истакна во своето обраќање претседателот Бранко Азески. - Дозволете ми на почетокот да го честитам празникот „Свети Никола“ на сите граѓани на Општина Штип. Оваа година добитниците на годишните признанија се заслужни граѓани и организации кои придонесуваат кон градењето и зацврстувањето на општественото ткиво. Општина Штип знае да ги препознае, но и да ги вреднува и цени оние личности и субјекти кои покажуваат со личен пример како се ценат и негуваат вистинските општествени вредности. Затоа, ми претставува особена чест што како градоначалник по втор пат имам можност да ги доделам овие признанија на овие заслужни личности, - истакна градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
ПРОМОЦИЈА
ВО КИЧЕВО ОДРЖАНА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „БИОЕНЕРГЕТСКИ СЕЛА“
Националната конференција на тема:„Искористувањето на биомасата како обновлив извор на енергија во биоенергетски села и мали заедници“, се одржа во Кичево, а беше организирана во рамките на Проектот „Биоенергетски села (BioVill) - Зголемување на продорот на одржлива биоенергија на пазарот“, финансиран од Програмата на Европската унија за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ (19.12.2018 година). На конференцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколоски, голем број претставници од институциите, бизнис секторот, од средните и основните училиштата и невладини организации кои имаат свој придонес за реализација на Проектот. Наташа Марковска од „SDEWES“ – Скопје, ја истакна целта на Проектот, а тоа е поддршка на развојот на регионалните концепти за биоенергија, како и основање биоенергетски села, користејќи ги искуствата од европските земји. Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, го истакна значењето на
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
13
ПРОМОЦИЈА Проектот за зачувување на животната средина преку обновливи извори на енергија, како и поголем локален економски развој. Свое излагање имаа Васил Божикалиев за Проектот „Биоенергетски села (BioVill)“ и Љупчо Димов за „Концепт на биоенергетска заедница во Кичево“. Од Светска банка го презентираа Проектот на ЕБРД за регионална програма за енергетска ефикасност (РЕЕП) за Западен Балкан, со кој се обезбедува техничка помош на општините во подготовка на ESCО-проекти за тендери кои се целосно финансирани од фондовите на ЕУ, а беа претставени и можности за финансирање проекти. Во Регионалната комора со седиште во Кичево, како соработник на Проектот, заинтересирани чинители ќе можат да се информираат за Проектот. Проектот трае три години, почнувајќи од март 2016 година до февруари 2019 година, финансиран од Европската програма „Хоризонт 2020“. Претставници на фирми презентираа за енергетски ефикасни мрежи за централно греење и ладење и топлификационен систем на биомаса и комунален отпад, како и алтернативен економски развој на Кичевскиот регион - можности и предизвици. Според Проектот, во Кичево со дрвени струготини ќе се затоплуваат најпрво три училишта и една детска градинка, а во втората фаза Проектот ќе се прошири и на резиденцијалниот дел на населбата Ламели и згради во близина на училиштата. Дијана Лазороска Јованоска
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
МОЈ СТАВ
Бранко Азески, заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум
2019 Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и заменикпретседател на Коморскиот инвестициски форум Крајот на една календарска година обично со себе поведува процес на критичко осврнување наназад. На овие страници на „Слободен печат“ повеќе од шест месеци направив еден експеримент и пишував за предизвиците на македонската економија, перспективите на регионалната соработка изразени низ работата на Коморскиот инвестициски форум, но и за низа позитивни примери во економијата кои треба да се одбележат. Идејата дојде сосема случајно кога направивме анализа колку нашите иницијативи и со која брзина го здогледуваат светлото на денот таму каде што се наменети – за Владата на Република Македонија. Ние не бевме задоволни ниту од брзината, ниту од повратниот ефект. Тоа уште еднаш нé увери дека треба да го актуелизираме прашањето за дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор и регулирањето на односите меѓу државата и бизнисот. Наредната година ни претстојат многу предизвици на тој план за да можеме на крајот идната година да ја наречеме година на бизнисот. Ние сме подготвени максимално да учествуваме во тој процес со сиот свој капацитет, искуство и знаење. За
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
15
МОЈ СТАВ тоа имаме создадено и добри предуслови. Постигнат е потребниот консензус за моделот на економските политики со кои приоритет ќе добијат диверзификацијата на извозот и реиндустријализацијата. Независноста на монетарната власт нема да биде доведена во прашање, ќе се работи стратегија за забрзан и одржлив раст, ќе го отвориме прашањето за единствен и моќен коморски систем, и се надеваме дека ќе станеме членка на НАТО. За таа цел, Стопанската комора на Македонија во новата година го засилува својот тим со вистински лидери во своите сектори, кои минатата недела беа избрани во органите на Комората: Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ Банка“ - Скопје, Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска Пиварница“, Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кроација осигурување“, Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ и Нина Ангеловска, основач и директор на „Групер“. Убеден сум дека нивното искуство, но и ентузијазмот ќе придонесат за поуспешно работење на нашите органи. Нека им е честито раководењето со најстарата и најголема бизнис асоцијација. П.С. Сето ова зборува дека бизнисот мора да побара посилна поддршка од медиумите и од јавноста. Затоа му се заблагодаруваме на „Слободен печат“ што ни даде можност да ги искажеме нашите ставови, но нема да се срамиме да побараме помош и во текот на наредната година, во која ќе се решаваат крупни прашања за економијата.
Chamber Investment Forum
16
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
17
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.01.2019 година (среда) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ - МАРКЕТИНГ СО ДОБРА КАЗУА -
Овој семинар ќе разработи нов модел на синергија на маркетинг комуникациите со општествено одговорните активности кои компанијата ги презема. Забележани се бројни напори на многу македонски компании да се позиционираат како „добри“, но со силно отсуство на постојаност, стратегија и скоро никакво систематско поврзување на општествено одговорните проекти со бизнис моделот и маркетинг стратегијата на компанијата. Корпоративно-општествената одговорност е дисциплина која сè уште нема дефинирана форма и припадност во организациите. Како активност која зазема сè поголема улога, може многу силно да помогне во реализацијата на подобри резултати во смисла на имиџ и репутација, а во некои случаи и подобрување на продажбата доколку стратешки се реализира и во склад со маркетинг активностите. Оттука, се јавува потреба од интегрирање на општествената одговорност во маркетинг комуникацискиот микс и негово надградување во функција на зголемена ефикасност. Овој модел на нов интегриран маркетинг комуникациски микс коресподира со потребите и навиките на современиот купувач, новонастанатите пазарни услови и нови медиуми. Предавач: -д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Рок за пријавување: 18.01.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
15
T
O
IS
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
19
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.12.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ
Стопанската комора на Македонија, на 24 декември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Исполнување на паричните обврски помеѓу правните субјекти и начини за наплата на побарување“. Правната, но и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Оттука, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за наплата на побарувањата помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти? Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. При тоа, детално ќе бидат објаснети сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавач: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. Контакт: Елизабета АндриевскаКонтакт лице: Анита Митревска Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244088 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19-20 февруари 2019 година (вторниксреда) 9:00 -14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)
Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа. Цел на обуката: Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Предавач: - проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Ангажирана е како самостоен консултант во ДЕТРА Центар каде се стекнува и со експертиза за примена на СКИТОП методологијата, посебно во делот на организациска дијагноза и стратегиско планирање. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 21 Декември 2018, Бр. 377
T
15
22
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2-2
018
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088