Бизнис ИНФО број 388

Page 1

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

Број 388 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 22.3.2019

ПРОМОВИРАН НОВИОТ ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА БАРАЊАТА ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ НА МЕЛЕНО МЕСО, ПОДГОТОВКИ ОД МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

Бранко Азески

РЕГИОНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ ПО 100-ТИ ПАТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРОМОВИРАН НОВИОТ ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА БАРАЊАТА ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ НА МЕЛЕНО МЕСО, ПОДГОТОВКИ ОД МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на операторите со храна - преработувачи на месо и во соработка со Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, донесе нов подзаконски акт - ПРАВИЛНИК ЗА БАРАЊАТА ВО ОДНОС НА КВАЛИТЕТОТ НА МЕЛЕНОТО МЕСО, ПОДГОТОВКИ ОД МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО. Во соработка со експерти од областа на технологијата на преработка на месо, со невладиниот сектор и со бизнис заедницата, во новиот Правилник, се допрецизираа одредени прашања кои се однесуваат на квалитетот на месото, со што беше создадена основа за подобрување на деловната клима во овој дел од стопанството, односно за еднаквата поставеност на сите субјекти на пазарот. Новите одредби се и во насока на унапредување на правата за заштита на потрошувачите, поточно нивното право да бидат навремено, соодветно и детално информирани за тоа каква храна купуваат и консумираат.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во Правилникот се направени измени кои се однесуваат на деталното уредување на тоа кои категории месо може да се користат за производство на одредени производи. Унапредената заштита на потрошувачките права е во насока на обезбедување нивна подобра информираност за тоа што купуваат и тоа со воведување на задолжително декларирање на потеклото на месото и давање информации во декларацијата дали производот е добиен од свежо или замрзнато месо, дефинирање на содржината на вкупни протеини и содржината на вода во производите. Ваквите новини се основа за гарантирање не само на подобра информираност на потрошувачот, туку претставуваат и основа за спречување на евентуална можност за нивна измама. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамките на годишните планови и програми за работа вршат контроли на операторите со храна, дали го имаат усогласено работењето со општите и посебните барања за безбедност на храната, а од аспект на квалитетот на оваа категорија производи регулиран со подзаконските акти за барањата по однос на квалитетот на меленото месо, подготовките од месо и производите од месо. - Кај оваа категорија оператори, по имплементацијата на новите одредби од Правилникот, планирано е спроведување и на засилени инспекциски контроли со кои ќе се утврдува дали се почитуваат допрецизираните стандарди кои треба да ги исполнат операторите, а се во насока на гарантирање на повисок квалитетот на овој тип производи, - истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. Од аспект на подобрување на деловната клима, во периодот што следи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе пристапи и кон поедноставување на документацијата која задолжително треба да ја следи пратката. Комерцијалниот документ за храна од животинско потекло кој ја следи пратката ќе се интегрира и ќе се поврзе со слични типови на документи кои се потребни при транспортот на пратката, односно ќе се изврши редуцирање на можноста од удвојување на документацијата, а ќе се воведе и можност за електронско водење на таквата евиденција. Васко Ристовски


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

5

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Средба на претседателот на Советот на странските инвеститори, Штефан Петер, со Себастијан Соса, шеф на Канцеларијата на ММФ

Претседателот на Советот на странските инвеститори, Штефан Петер, со своите соработници, одржа работна средба со шефот на Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Себастијан Соса, во Стопанската комора на Македонија (19.3.2019 година), на којашто се разговараше за актуелните состојби во економијата и предизвиците со коишто се соочуваат странските инвеститори во земјава. Во рамки на дискусијата, претседателот Петер потенцираше дека одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност, како и на политичката стабилност, се клучни предуслови, но сами по себе не се доволни. Факт е дека изборните процеси во државата значително можат да влијаат и врз економијата, па така состојбите на политичка нестабилност може да ги одложат планираното производство и инвестициите кај компаниите. За да се постигне побрз и одржлив раст, Македонија мора да ги спроведе и неопходните структурни реформи кои значително ќе ја зголемат ефикасноста и продуктивноста на севкупното стопанство и ќе создадат деловна средина во која ќе се воспостават еднакви правила за сите чинители и, истовремено, тоа ќе придонесе за дополнително зацврстување на приватниот сектор. - Секоја економија има потреба од


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ поволно деловно опкружување, стабилни и предвидливи работни услови и стабилни функционални институции. Во тој контекст, клучниот приоритет е промовирање на јавно-приватниот дијалог со зацврстување на соработката со надлежните институции кои ќе донесат придобивки и за странските инвеститори и за домашните компании, поентираше Петер. Во оваа прилика, м-р Штефан Петер го запозна шефот на Канцеларијата на ММФ со препораките од минатогодишното издание на „Белата книга 2018“, коишто во најголем дел се фокусирани за подобрување на деловната клима и олеснување на бизнисот, пред се`, преку создавање предвидливо деловно опкружување, поефикасна администрација, намалување на целокупните административни постапки и правни оптоварувања и преструктурирање на образовниот систем со цел да се создаде висококвалитетна и стручна работна сила, во согласност со потребите на пазарот на трудот. Притоа, м-р Штефан Петер посочи дека компаниите-членки на Советот на странски инвеститори, но и Комората интензивно работат на системски промени во образованието во Македонија, во насока на имплементирање на дуалното образование во средните стручни училишта, со цел создавање квалитетна и квалификувана работна сила и намалување на проблемот со недостаток на соодветни стручни кадри за потребите на странските инвеститори во земјава. Исто така, беше потенцирано дека Советот на странски инвеститори е силен поддржувач на евроатлантската перспектива на земјата која е најсилна гаранција дека економскиот развој ќе продолжи со забрзано темпо. Членството во ЕУ и во НАТО ќе и` донесе на Македонија позитивни перспективи, посебно за бизнис-секторот, преку воспоставување на европските стандарди и полесен пристап на компаниите до ЕУпазарот. Од друга страна, решението на проблемот со името и спроведувањето на неопходните реформи кои ќе ги отвори пристапните преговори со ЕУ ќе резултираат со нова доза оптимизам и доверба кај инвеститорите, а во процесот на усогласување на законодавството со правото на Европската унија и отворањето на поглавјата од економијата, значаен придонес ќе дадат и Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори, - беше истакнато на средбата. м-р Елена Милевска Штрбевска Влатко Стојановски


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

7

ЕВРОПСКА УНИЈА

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ ОДРЖАН Е ДВОДНЕВЕН ФОРУМ НА ТЕМА: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ КВАЛИТЕТНА РАБОТНА СИЛА ВО МОДЕРНОТО ВРЕМЕ“ Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Северна Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 19.3.2019 година (во Тетово), се организираше Форум на тема: „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила во модерното време‟, а истиот ќе се одржи и во Скопје. Настанот беше поделен на две панел-дискусии: во првиот дел во кратки црти се дискутираше за трендовите во работните односи што даваат мотив со цел луѓето да останат во една држава, правната регулатива, кои се нашите обврски со пристапување кон ЕУ и како законските прописи на ЕУ ќе влијаат на нашето законодавство. На втората панел-дискусија беше прикажана компаративна анализа со соседните држави во однос на прашањето како да се одржи кадарот во земјата и какви мерки е потребно да се преземат за да се задржи работната сила во земјата. Предавачи на настанот беа експерти, универзитетски професори, претставници на бизнис секторот и на јавни институции кои што дискутираа на темата и со задоволство ги споделија своите искуства. На инфо-сесијата присуствуваа над 30 учесници, претставници на компании од повеќе сектори, односно од градежништвото, прехранбената индустрија, трговијата, едукацијата и од државни институции. Од учесниците на неколку наврати беше побарано активно да учествуваат во дискусијата, по што голем дел од учесниците поставуваа прашања, се произнесоа за своите мислења и проблеми и отворено дискутираа за темата. Сите заклучоци кои ќе бидат истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите, што е всушност и главна цел на овој четиригодишен проект каде што е потребно да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива. Проектот е имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. м-р Ивана Крстевска, Ана Стерјовска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

АЗЕСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ВО САРАЕВО

Во насока на поeфикасно исполнување на целите и задачите за креирање на единствен, развиен и силен економски регион, стопанските коморите кои се и основачи на Коморскиот инвестициски форум, во Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, во рамките на Конференцијата на тема: „Дигитализација на општеството во Босна и Херцеговина“, остварија работна средба, со цел дефинирање на натамошните активности во рамките на проектите кои се во фаза на имплементација. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во својство на заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум, истакна дека Коморскиот инвестициски форум спроведува активности насочени кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот со поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан. Очекувањата од Коморскиот инвестициски форум се големи, мора да се направат напори да се обезбеди слободна трговија во регионот на Западен Балкан, да се продлабочи и да се интензивира економската соработка помеѓу шесте држави од


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

9

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ регионот на Западен Балкан, како и да се подобри и да се зголеми конкурентноста во регионот, што е неопходно, - истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум, Сафет Ѓерѓалиу, истакна дека мора да се направат напори регионот да оди напред, да се промовира, да се зголеми меѓусебната соработка, со цел зголемување на растот и развојот на сите земји. -Како мерки и чекори кои треба да се преземат во наредниот период се: формирање на заедничка арбитража од сите земји-членки на КИФ, каде компаниите ќе можат побрзо и полесно да ги решаваат регионалните стопански спорови, а истата би се промовирала во наредниот период; формирање на регионален економски совет (каде ќе има по 10 претставници од секоја земја-членка); активности околу ЦЕФТА, односно како да се намалат или укинат ветеринарните, фитосанитарните и царинските бариери кои постојат со цел да се зголеми регионалната соработка помеѓу земјите, да се утврди динамиката на реализација на активностите, како и неопходноста од хармонизација на документите при извоз и увоз на производи во регионот како би се намалил протекционизмот на регионално ниво, - потенцираше Сафет Ѓерѓалиу. На состанокот се зборуваше и за процедурите, препораките и можностите за користење на фондовите и финансиските инструменти кои им стојат на располагање од Европската унија, како и покренување иницијатива за избор на 100 најголеми и најзначајни компании од 6-те земји во регионот, како би се подигнала конкурентност на целиот регион. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

САМИТ

АЗЕСКИ ВО ДУБРОВНИК - УЧЕСТВО НА 6. РЕГИОНАЛЕН САМИТ НА ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО СРЕДНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА Во периодот од 22 до 24 март 2019 година, во Дубровник, Р. Хрватска, ќе се одржи 6-тиот Регионален самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа. Основната цел на Самитот е да се промовира важноста и придонесот на претприемништвото во креирањето на целокупниот раст и развој на економиите и општеството, како и да се истакне важноста за креирање подобри услови и политики за поголем развој на претприемачкиот дух во регионот. Во рамките на тридневниот Самит, претставници од реномирани компании од регионот, професори и експерти ќе дискутираат на теми од областа на претприемништвото во 21. век, како малите и големите компании придонесуваат за развој на економиите во земјите од регионот и пошироко и како едукацијата и напредните алатки ќе придонесат за раст на претприемништвото. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на панел-дискусијата подетално ќе говори за тоа што и колку локалните деловни асоцијации можат да придонесат за претприемништвото во Република Северна Македонија и во регионот и каква е улогата и со што придонесуваат деловните институции во развојот на претприемништвото. Стопанската комора на Македонија активно работи на креирање политики за создавање претприемачки еко-систем кој ќе создаде олеснет пристап до финансирање, програми насочени кон потребите и целите на претприемачкиот развој, транспарентност на внатрешниот пазар, пристап до претприемачката инфраструктура, како и поттикнување и поддршка на младите претприемачи на домашен терен поради стекнување соодветни услови за излез на меѓународните пазари. За времетраењето на Самитот и оваа година ќе бидат доделени награди и признанија на компании за особен придонес за развој на претприемништвото во земјите од Средна и Југоисточна Европа - „Stvaratelji za Stoljeca”, со што на пошироката јавност ќе им бидат претставени големите визионери и лидери на иднината чијашто храброст, работа, знаење, креативност и долгогодишни успешни резултати се темел и главен двигател за напредок на заедницата во којашто живееме и се креатор за предизвиците на новото време. м-р Сања Николова


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

11

УСАИД

ПРОМЕНИ ВО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ, ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА НЕВРАБОТЕНИТЕ, КРЕИРАЊЕ ДОБРО ПЛАТЕНИ МЕСТА, КАКО ДЕЛ ОД ПРЕПОРАКИТЕ СО КОИ НА КОМПАНИИТЕ ЌЕ ИМ СЕ ОБЕЗБЕДИ РЕГРУТАЦИЈА НА КВАЛИТЕТНА РАБОТНА СИЛА И ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ Форум на тема: „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила во модерното време“, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа на 20 март 2019 година, во хотелот „Холидеј Инн“ во Скопје. На Форумот присуствуваа претставници на бизнис заедницата, владини претставници, домашни и странски експерти кои ги споделија своите искуства и дадоа предлози за намалување на квалитетниот кадар од државата. На Форумот свое обраќање имаше вицепремиерот за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, кој посочи дека активностите треба да се насочат кон отворање работни места кои ќе бидат подобро платени и поатрактивни за младите да останат во државата и да се обезбедат услови за преквалификација на невработените кои немаат соодветна едукација. Според д-р Анѓушев, веќе не е проблем отворањето работни места, туку како да се пополнат, а невработените да се оспособат и преквалификуваат за најбараните и најдефицирани работни позиции. -Иако во државава има рекордна ниска невработеност од 19,4% од осамостојувањето досега, проблем е структурата на 105.000 невработени граѓани затоа што 42 процента се постари од 50 години, 50% се без или со основно образование, а 26,5% со средно образование, но не од бараните техничките училишта. Анкетата на 3.140 компании покажала дека 1.883 од нив во наредните шест до 12 месеци ќе имаат потреба од 18.643 работни места и ако се претпостави дека уште толку вработувања се потребни кај неанкетираните, моменталната потреба на работни места е над 35.000 до 40.000. Најбараните занимања се: машински инженер градежен инженер, електротехничар, шивач, пекар, готвач, слаткар, додаде д-р Анѓушев. Љубомир Димовски од„Епицентар“ истакна дека досега како заеднички став на приватниот сектор се изработени девет позициони документи во делот на работните односи. -Ги повикувам сите, особено помладите надежни кадри кои допрва треба да влезат на пазарот на трудот, да ги следат измените на регулативата, но и активно да даваат предлози за подобрување на законите, а исто така во активностите на Проектот може да се вклучат и претприемачите и инвеститорите со јавно изразување на нивните ставови во врска со разни проблеми, а коишто ние ќе ги објавиме и доставиме до надлежните институции со цел да се подобри пазарот на трудот во државава и да се намали иселувањето на луѓето, - посочи Димовски.


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

ПРОЕКТИ

ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ДЛАБИНСКИ АНАЛИЗИ ВО КОМПАНИИТЕ ОД МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА - РАБОТЕН СОСТАНОК ВО КОМПАНИЈАТА „БРАТСТВО“ ОД ОХРИД Во рамките на Проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните МСП“, кој е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој со средства од Светската банка, во тек е одржување на работни состаноци со селектирани компании од металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор. Во рамките на Проектот, реализирана е работна средба со компанијата „Братство“ од Охрид од страна на оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, Анета Трајковска и Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет во Штип. Компанијата „Братство е дел од селектираните компании каде директно ќе се направи длабинска анализа и ќе се идентификуваат технолошките, производните и организациските слабости со цел дизајнирање на план кој ќе биде насочен кон решавање на технолошките капацитети и надградба на истите со цел зголемување на извозната конкурентност. За таа цел, најпрво ќе биде спроведена длабинска анализа во насока на детално скенирање на постојните производни и технолошки процеси со цел детектирање на потребите (производни, техничко-технолошки, организациски, менаџерски, кадровски, еколошки) кои треба да бидат задоволени и мапирање на дополнителните условите кои треба да бидат исполнети во насока на постигнување поголема пазарна, стратешка и трошочна конкурентност. Планот за подобрување ќе биде изготвен во соработка со компаниите врз база на длабински технолошки анализи и економски студии со детално скенирање на производните перформанси, мапирање на технолошките слабости и идентификување на точните потреби за производни, технолошки, менаџерски, кадровски и организациски подобрувања како главен предуслов за зголемување на извозната конкурентност. Реализацијата на длабинската анализа во компанијата„Братство“ од Охрид ќе поттикне инвестициски активности преку набавка на нови машини и опрема, инсталирање на нови производни линии и деловни процеси и организациски подобрувања во насока на зголемување на извозната диверзификација на производите и подобрување на извозната структура преку подобрување на технолошките способности. Јадранка Аризанковска


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

13

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

КОРИСТИ ЈА ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА (FEEDBACK) ВО ТВОЈА КОРИСТ Една од главните активности на Клубот на менаџери - претприемачи, покрај организирање едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата Годишна програма за 2019 година и со цел обезбедување сe` поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 21.3.2019 година како седми настан во агендата на Клубот, беше реализирано предавањето на тема: „Користи ја повратната информација (feedback) во твоја корист“, во соработка со предавачот Катерина Ангеловска, која е прв сертифициран тренер на Балканот за принципи за успех по методот на Џек Канфилд (Jack Canfield). Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгите „333 афирмации“ и „Будење на свеста“. Програмата „Успех без граници“, по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Џек Канфилд. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. „Користи ја повратната информација (feedback) во твоја корист“ е една од најефективните алатки која во голема мера го забрзува процесот на постигнување на успехот. Доколку сакаме да бидеме успешни, тоа не можеме да го направиме без повратна информација (feedback). Ваквиот начин на повратна информација (feedback), ни овозможува да увидиме дали сме на вистинскиот пат во остварување на нашите цели и нашата визија. Овој принцип е дизајниран да ни овозможи да ја препознаеме повратната информација (feedback) како корисна, а барањето за повратна информација (feedback) ја ја демонстрира нашата посветеност во остварувањето на целите. Целта е да ја користиме повратната информација (feedback) едноставно како информација, да не се плашиме од истата или пак да ја прифаќаме како навреда или критика .Оваа повратна информација (feedback), како што истакна предавачката Катерина Ангеловска, не е нешто што не го знаеме, туку, напротив, треба ја користиме во нашето секојдневие. Преку својата презентација Катерина Ангеловска на многу интересен и сликовит начин успеа на сите присутни да им го приближи патот како да ја искористиме повратната информација (feedback) во своја корист или за подобрување на нашето секојдневно работење. Валентина Цветковска


14

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 22 март 2019, Бр. 388


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

15

НОВИ ПРОПИСИ

ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА ЗАКОНИ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ 19.03.2019 РЕШЕНИЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ МЕСТА ЗА КОНТРОЛА НА ХРАНА ОД НЕЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ОД УВОЗ „Службен весник на РСМ“ бр. 56 од 15 март 2019 годинаВрз основа на член 20 став (1) алинеја 5, а во врска со член 90 став (1) точка 1) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157 ... 21.03.2019 I. Донесени подзаконски акти на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 57 ОД 18 МАРТ 2019I. Донесени подзаконски акти на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам:Врз основа на член 52 став (3), член 54 став (7) и член 59 став (2) од Законот за ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


16

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 22 март 2019, Бр. 388

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 22 март 2019, Бр. 388

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

17


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ај ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

ар Н

18

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

19

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.3.2019 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

МЕХАНИЗМИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ ОБВРСКИ И НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ

Стопанската комора на Македонија, на 25 март 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Механизми за исполнување на парични обврски и наплата на побарувања помеѓу правните субјекти“. Правната, но, и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависат од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Во насока на обезбедување што поголема правна заштита за правните субјекти, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти. Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. Посебен осврт ќе биде направен на каматните побарувања и сите аспекти поврзани со казнената камата. При тоа, детално ќе бидат објаснати сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавачи: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 29.3.2019 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВАТА НА РАБОТНОТО МЕСТО (ABSENCE MANAGEMENT)

Студиите покажуваат дека доколку работниците имаат континуирана потреба да отсуствуваат од работното место, време е за организациски промени во системот на организацијата. Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија, методи и алатки за намалување на директните трошоци од апсентизмот во компаниите и подобрување на квалитетот на работниот процес. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно се вклучени во процесите на менаџирање на човечките ресурси, но и на заштитата при работа и правните сектори. Исто така, семинарот се препорачува и за сопствениците и менаџерите на малите и средни претпријатија кои немаа јасно разграничена функција на управување со човечките ресурси. Семинарот особено ја потенцира потребата за правна доедукација во односната проблематика, особено поради честите недоразбирања, погрешните толкувања, а со тоа и примена на правната регулатива во контекст на апсентизмот. Последен рок за пријавување: 26.3.2019 година.

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 22 март 2019, Бр. 388

БИЗНИС ИНФО

21

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Хановер, од 1-4 април 2019 година

БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

За време на одржувањето на Саемот во Хановер, СР Германија, ќе се одржат Денови на деловна и технолошка соработка, од 1 до 4 април 2019 година. Целта на организацијата на Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија е да го зголемите Вашиот бизнис со европски проекти за истражување и развој. Овој меѓународен брокерски настан е место каде што иновативните компании за дигитална економија и истражувачките институции можат да најдат партнери за технолошки и истражувачки кооперации или деловни партнерства на однапред организирани средби. Главниот фокус на настанот е: - индустрија 4.0 и Smart Factory решенија; - енергетски ефикасни технологии за производство; - одржлива енергија и мобилност; - алатки за мерење. Редовната цена е 119 евра, а Бесплатно за компаниите кои ќе се регистрираат до 1 март 2019 година. Регистрацијата за состаноците е можна до 17 март 2019 година, а до 24 март 2019 година може да се потврдат барањата за средба. Искористете ја Вашата шанса да иновирате! Стекнете нови можности и конкурентни предности преку истражување и развој и технолошка и деловна соработка.

Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244090 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

23


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 22 март 2019, Бр. 388

T

15

24

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.