Бизнис ИНФО, број 358

Page 1

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

Број 358 345 357

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 08.06.2018 22.06.2018

СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРААТ ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

3

КОНФЕРЕНЦИЈА

ПОВИК ДО КОМПАНИИТЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА МЕРКИТЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ На денешната прес конференција во Владата на Република Македонија, во присуство на министрите за привлекување на странски инвестиции, директорите на ТИРЗ и на Агенцијата за промоција на инвестиции, како и претставници од Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев заедно со министерот за економија м-р Крешник Бектеши ги презентираа правилниците за доделување и исплата на финансиска поддршка како и потребната документација кои треба да ја обезбедат компаниите за

да можат да аплицираат и да ги користат поволностите кои им се нудат со мерките наведени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Рокот за поднесување на барања за поврат за средствата за сите компании кои имале инвестициски активности и кои го одржале или зголемиле бројот на вработени лица во текот на 2017 година истекува до крајот на месец јуни 2018 година. Апликациите на компаниите ќе се евалуираат до 31 јули, а во текот на месеците август и септември ќе се пристапи кон потпишување на договорите по што ќе следи и исплатата.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

КОНФЕРЕНЦИЈА Оние компании кои веќе инвестираат и планираат да инвестираат во текот на 2018 година ќе имаат можност да аплицираат во текот на годината, за нив не се поставени рокови, а средствата ќе им се исплаќаат со буџетот од 2019 година. Поднесувањето барања од страна на компаниите ќе може да се врши електронски преку пополнување на апликација, за што постои целосна информација на интернет страниците на Владата, на Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, Министерството за економија, ТИРЗ, конкурентност.мк. Во самиот Правилник за формата и содржината на барањето за исплата на финансиската поддршка и потребната документација е јасно дефинирано дека компаниите е потребно да пополнат барање до надлежните институции со деловен план за инвестицискиот проект, тековна состојба за деловниот субјект издадена од Централниот регистар, потврда од Централен регистар дека над деловниот субјект не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, потврда од Царинската управа дека деловниот субјект нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, уверение од Управата за јавни приходи дека нема настанати и ненамирени даночни обврски, годишни сметки со финансиски извештаи и консолидирани годишни сметки и финансиски извештаи. На прес-конференцијата беше презентиран и калкулаторот за инвестиции со кој секоја компанија пред да аплицира за државна поддршка, но и пред воопшто да инвестира, ќе може да направи реална проценка колку средства приближно ќе добие назад (calculator.konkurentnost.mk). Билјана Пеева-Ѓуриќ


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА

СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ И СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРААТ ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го најавуваат третото издание на т.н. „Светски пикник“ кој ќе биде отворен за сите посетители.

- По големиот успех од минатогодишните изданија на „Светскиот пикник“, продолжуваме да ја одржуваме идејата за промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија по пат на неформално дружење и претставување на културата на земјите од каде потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни, како и другите културни обележја – истакна м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори. Се очекува на овогодишното издание на Светскиот пикник граѓаните да вкусат карактеристични рецепти од над десетина различни земји од каде што потекнуваат странските инвеститори - членови на Советот и тоа од: Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Франција, Холандија, Хрватска, САД, Словенија, Турција и Швајцарија, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА КОМОРИ ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Македонската јавност - граѓаните и претставниците на бизнис заедницата кои ќе присуствуваат на Светскиот пикник покрај можноста да се запознаат со различните вкусови на интернационалните кујни ќе уживаат во музиката на овогодинешните претставници на Евровизија - музичкиот бенд Eye Cue, а настанот ќе биде збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца.

На крајот на прес конференцијата м-р Штефан Петер ја покани македонската јавност да го посети настанот којшто ќе се одржи на 24 јуни 2018 година (недела) во Градскиот парк во Скопје, зад споменикот Гоце Делчев, со почеток во 12 часот. Влатко Стојановски


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ

ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА СТРУЧНИТЕ ВЕШТИНИ – започна проектот Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk) Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија Сибил Сутер, заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерот

за образование и наука на Република Македонија Арбер Адеми, денес во Скопје го одбележаа почетокот на проектот Образование за вработување во Македонија (Е4Е@ mk). Проектот е поддржан од Швајцарија и истиот има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјава. Во следните 10 години проектот ќе биде имплементиран од страна на Хелветас Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија, и ќе има за цел да овозможи повеќе граѓани, особено младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне во развојот на стручни вештини кои ќе придонесуваат кон зголемено вработување во земјава. Во првите четири години од спроведувањето на проектот се очекува 2,250 лица, од кои поголемиот дел млади, да се вработат благодарение на подобрените стручни вештини.


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА “Пристапот до пазарот на трудот е особено важен за младите својата иднина да ја гледаат во Република Македонија. Еден од факторите коишто би можеле да придонесат кон ваквиот приод е квалитетното стручно образование и обука,“ нагласи премиерот Заев.

Зборувајќи за важноста на постоењето на систем за развој на стручни вештини во една земја, швајцарската амбасадорка Сутер посочи дека намерата на овој проект не е да се претстави швајцарскиот модел во Македонија, туку преку прилагодување на одредени елементи од швајцарскиот систем, соодветни за тоа, да се развие посебен систем за развој на стручни вештини кој ќе биде карактеристичен за Македонија. “Еден таков елемент е принципот на партнерство,” истакна амбасадорката Сутер. “Партнерството помеѓу стручните училишта и приватниот сектор е од клучно значење за да се осигура дека младите ги стекнуваат вештините што им се потребни на работодавците и кои ќе им помогнат полесно да добијат вработување. Ова е причината зошто вклучувањето на приватниот сектор е во суштината на нашиот проект.“ Еден од предизвиците што го идентификувавме во текот на изминатите години, а којшто компаниите го потенцираат, е проблемот поврзан со недостигот на квалификувана работна сила како и нејзиното бавно адаптирање на работните задачи и процеси. Во бројните средби и спроведени анкети, идентификувано е дека недостасуваат определени образовни профили, недостасува практично искуство и определени вештини и компетентност кај лицата кои бараат да влезат во работен процес, истакна в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ.


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Формирањето на образовните програми треба да произлегува од пазарните текови, а дополнителна флексибилност на наставната програма може да помогне при прилагодување на понудата и побраувачката на работна сила. Во оваа прилика би истакнала дека воведувањето на дуалниот модел на средно стручно образование со едновремено подобрување на јавно приватното партнерство помеѓу засегнатите страни може да води до подобрување на состојбата на пазарот на труд, а Стопанската комора на Македонија како репрезент на бизнис секторот е тука да ги поддржи тие активности, додаде Пеева-Ѓуриќ.

Во своето обраќање, министерот за образование и наука на Република Македонија Арбер Адеми потенцираше дека “секоја образовна мерка, проект или активност треба да даде придонес кон развојот и унапредувањето на квалитетот на националниот систем и да понуди нови образовни можности за граѓаните, но истовремено, треба да има и удел во намалувањето на јазот кој постои на пазарот на трудот, помеѓу реалните потреби и понудата на човечки капитал. “ Претставници од релевантни министерства и образовни институции, средни стручни училишта, единици на локална самоуправа, како и претставници од бизнис секторот и граѓанските организации, учествуваа на официјалниот настан со којшто се означи почетокот на проектот Е4Е@ mk.


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРОЕКТ СВЕТСКИ НА ПИКНИК УСАИД

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ СО ПОЗАБРЗАНО ТЕМПО Стапката на реален раст на брутодомашниот производ (БДП) за првото тримесечје годинава од само 0,1%, покажа дека реализираните економските активности не ги забележаа очекуваните подинамични движења. Првиот квартал годинава е петти квартал по ред (по претходните четири квартали од минатата година), во кој македонската економија во услови на ценовна стабилност остварува незадоволителни резултати, односно резултати на стагнирање наспроти потребата од позабрзани позитивни економски текови. Главниот чинител за незадоволителниот раст на БДП во првиот квартал годинава, според компонентите на БДП по производен модел, е падот во градежништвото за 37,2%. Имено, вредноста на извршени градежни работи од страна на деловните субјекти од областа на градежништвото, за трите месеци годинава е намалена за 36,5%, ефективните часови за 8,1%, како и бројот на вработените за 6,7% во однос на истиот период минатата година. Ако на ова се додаде и намалувањето кај услужните сектори - информации и комуникации за 6,9%; финансиските дејности и дејностите на осигурување за 0,8%, јавната управа и одбраната намалување од 1,6%, не може да се добие поповолна позитивна стапка и покрај растот на бруто додадената вредност кај секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 6,6%; рударство, преработувачка индустрија; снабдувањето со електрична енергија, за 1,4%, во чии рамки преработувачката индустрија оствари раст од 5,5% која е главно условена од растот на физичкиот обем на индустриското производство кај истата за 7,4%, во трите месеци годинава. Најголемото негативно отстапување и најнеповолната макроекономска карактеристика што го обележа првиот квартал годинава, е намалувањето на бруто инвестициите од 9% во БДП, што главно се должи на ниската реализација на капиталните инвестиции од една, како и сеуште недоволниот оптимизам или охрабрување за инвестиции во приватниот сектор, од друга страна, и покрај позитивниот раст на странските директни инвестиции.


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ЕВРОПСКИ - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ФОРУМ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА СЕСИЈА ПРЕС Имено, во првиот квартал годинава странските директни инвестиции бележат раст од околу 113% во споредба со истите од првиот квартал лани. Исто така, повисоки се за околу 3,3% во однос на вкупните директни инвестиции за цела 2017 година, што е добар показател за враќање на довербата во институциите. Од друга страна, вкупната финална потрошувачка, во првиот квартал забележа раст од само 1,5%, во чии рамки финалната потрошувачка на домаќинствата од 2,3%, а финалната јавна потрошувачка забележа намалување за 1,4% што сепак е позитивна тенденција од аспект на фискалната консолидација. На крајот, извозот на стоки и услуги, како компонента на БДП по расходниот модел, забележа раст од 10,6%, а увозот раст од 5,1%, при што извозот забележа позабрзана динамика на раст од увозот за 5,5 индексни проценти, што е и вообичаена појава при пониско користење на капацитетите во суровински увозно зависните економии. Сепак, ако незадоволителните резултати во претходните четири квартали односно во минатата 2017 година, беа главно условени од политичката криза и нејзините последици, првиот квартал годинава ни покажа дека опоравувањето на македонската економија започна многу бавно и покрај поволното надворешно опкружување, како на пример во земјите кои се наши крајни извозни дестинации. Според бизнис заедницата, во очекување на позабрзани реформи од носителите на економската политика, се уште оптимизмот не е на потребното ниво за да услови позабрзани економски активности, а од друга страна свое соодветно влијание имаат и општо познатите перманентно присутни ограничувања. На пример, според деловните тенденции во преработувачката индустрија, за мај годинава, просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти изнесува 67,4 % од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостатокот од квалификувана работна сила со 23%, недоволната домашна побарувачка со 18,7%, недоволната странска побарувачка со 18,4 % и финансиските проблеми со 10,1 %. Согласно наведеното, неопходниот раст на оптимизмот кај приватниот сектор за нови инвестиции во производните и извозните сектори покрај системската поддршка со Законот за финансиска поддршка на инвестиции, налага забрзување на потребните реформи согласно Програмата за работа на Владата на РМ 2017-2020, пред сè во делот на владеење на правото од аспект на заштита на сопственоста, создавање услови за посилна кредитна активност кон стопанството, зголемување и реализација на инвестициите во инфраструктурата, елиминирање на „сивата“ економија и евидентирање на средствата во легалните текови, како и зголемување на транспарентноста и ефикасноста на јавните набавки. М-р Игор Тасевски, Стопанска комора на Македонија


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРОЕКТ ЕВРОПСКИ СВЕТСКИ НА ПИКНИК ФОРУМ УСАИД

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ Со цел користење на средствата за финансирање на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија, а со кој се уредуваат видовите, висината, условите начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на деловните субјекти кои ќе инвестираат, Стопанската комора на Македонија организира презентација на подзаконските акти за користење на поволностите согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Презентацијата ќе ја реализира Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на РМ, заедно со своите соработници. Во таа насока се повикуваат заинтересираните компании да присуствуваат на презентацијата на која ќе биде отворена дискусија за сите прашања околу условите и начинот на аплицирање за користење на средства, со цел поттикнување на инвестициите и технолошкиот развој, како и подигнување на конкурентноста на македонските компании. Презентацијата ќе се одржи на 26.6.2018 година (вторник), со почеток во 10:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат. Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 25.6.2018 година (понеделник), кај лицата: Ивана Крстевска, е-адреса: ivana@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 051 и Сашо Деспотоски, е-адреса: saso@mchamber.mk, телефон: (+389) 2 3 244 089.


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

РЕГИОНАЛНА ПРЕС НОВА ЕВРОПСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ФОРУМ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

13

ар Н

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

ПРОЕКТ НА УСАИД

ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП Регионалната комора со седиште во Прилеп при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на Управниот одбор во проширен состав на која пред бизнис заедницата, градоначалникот на Општина Прилеп, и другите присутни беа презентирани мерките за поддршка на инвестиции од трите столба на Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Во поздравното обраќање, претседателката на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска, истакна дека стопанствениците од регионот имаат можност и во директнат комуникација со владините претставници да добијат конкретни информации околу начинот на аплицирање и одредени прашања за кои постои дилема во прибирање на документите и подготовка на апликативните решенија. Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и Општина Прилеп и соработниците ги презентираа можностите и начините за користење директна финансиска поддршка на инвестирањето.


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА На средбата беше посочено дека со новите мерки се дава уште посилна поддршка за странските инвеститори, а пред присутните беа презентирани петте мерки од третиот столб, кои се исклучиво наменети за малите и средните претпријатија преку Фондот за иновации и технолошки развој. Прилепските стопанственици покажаа голем интерес за овие мерки, а побараа објаснување како да се имплементираат одредени законски решенија од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Во понатамошниот тек на седницата, беше презентирана мерката поддршка на локални спортски клубови преку ослободување од ДДВ.

Горан Попоски


16

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

17


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26.06.2018 Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 кат

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Со цел користење на средствата за финансирање на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија, а со кој се уредуваат видовите, висината, условите начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на деловните субјекти кои ќе инвестираат, Стопанската комора на Македонија организира презентација на подзаконските акти за користење на поволностите согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Презентацијата ќе ја реализира Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на РМ, заедно со своите соработници. Во таа насока се повикуваат заинтересираните компании да присуствуваат на презентацијата на која ќе биде отворена дискусија за сите прашања околу условите и начинот на аплицирање за користење на средства, со цел поттикнување на инвестициите и технолошкиот развој, како и подигнување на конкурентноста на македонските компании. Презентацијата ќе се одржи на 26.6.2018 година (вторник), со почеток во 10:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.7.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ: Семинарот за вовед во ISO 37001 Ви овозможува да ги разберете основните поими на системот за борба против подмитување (ABMS). Со учеството на воведниот семинар ISO 37001, ќе ја разберете важноста на системот за борба против подмитување и предностите кои организацијата, општеството и Владата ќе ги добијат. Ќе ги научите поимите, методите, техниките и пристапите кои се користат за имплементација на системот за борба против давање мито. Ќе ги разберете основните елементи на системот за борба против подмитување (ABMS). Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации - Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7ми јули (сабота), 2018 година Национална палата на културата, 1, плоштад Бугарија, Софија

7МИ САМИТ И БИЗНИС ФОРУМ НА ШЕФОВИТЕ НА ВЛАДА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА И КИНА

Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина - СЕЕС, би сакале да Ве информираме дека Република Бугарија има чест да биде домаќин на 7-та Средба на шефовите на Влади на земјите од Централна и Источна Европа (СЕЕС) и Кина што ќе се одржи во Софија на 7 јули, 2018 година. Давајќи голема важност на процесот на зацврстување на соработката со Кина и СЕЕС согласно Иницијативата 16+1, Министерството за економија на Бугарија и БСМЕПА организираат Деловен форум во рамките на 7-та Средба на шефовите на Влади, кој ќе се одржи исто така на 7-ми јули, 2018 година во Софија во Национална палата на културата. Во рамки на Деловниот форум ќе бидат организирани четири панел дискусии за секторите: - Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување; - Инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика); - Земјоделство; - Туризам. Паралелно ќе бидат организирани и Б2Б средби за вмрежување и сесија за презентација на проекти во рамките на кои ќе се презентираат инвестиции и проекти за кои Кинеските инвеститори бараат партнери.

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

БИЗНИС ИНФО

23

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 22 Јуни 2018, Бр. 358

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.