Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
Број 341
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
goodini
192
2 - 2018
23.02.2018
СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - СОЗДАВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ПОИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ НА КЛУБОТ НА КОНСУЛТАНТИ/ ЕКСПЕРТИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА – Поддршка на активностите и формирање бази на податоци за консултанти/експерти од различни области достапни за компаниите од земјата и од странство
1
FS 549642
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
3
ПОСЕТИ
СРЕДБА МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА КОМОРИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - СОЗДАВАЊЕ УСЛОВИ ЗА ПОИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ По повод посетата на претседателот на Република Бугарија, д-р Румен Радев, на Република Македонија, на 17 февруари 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок на којшто, покрај претседателите на Република Бугарија и Република Македонија, присуствуваа и претседателите на стопанските комори од Македонија и претставници на бизнис заедницата.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во своето поздравно обраќање истакна дека му претставува особена чест што денес гости во Стопанката комора на Македонија се претседателот на Република Бугарија, д-р Румен Радев, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов и претставниците на бизнис заедницата.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ПОСЕТИ Тој посочи дека досега Стопанката комора на Македонија има воспоставено одлична соработка со Трговско-идустриската комора на Бугарија, со којашто уште во 1994 година заеднички го иницираше создавањето на Асоцијацијата на балкански комори. Вкупната трговска размена меѓу Република Бугарија и Република Македонија во 2017 година изнесува 665 милиони САД $, што претставува раст од 19,13% споредено со 2016 година. Извозот од 333 милиони САД $ има раст од 35,1%, додека увозот од 332,1 милиони САД $, бележи зголемување од 6,54% во споредба со 2016 година, при што за прв пат во последните 7 години, забележан е суфицит на македонска страна во висина од 0,83 милиони САД долари. Во 2017 година Република Бугарија е шести надворешно-трговски партнер на Република Македонија. Во наредниот период потребно е владите на двете земји своите активисти да ги насочат кон реализирање на веќе отпочинатите проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување, според поставените рокови и обезбедените средства што, од друга страна, би придонеле во иднина трговската размена меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија да се зголеми двојно.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
5
ПОСЕТИ Претседателот на Република Македонија, д-р Иванов, посочи дека потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија со кој двете договорни страни се согласија за создавање неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал и за поттикнување на заеднички инвестиции, придонесе за значаен раст на трговската размена меѓу двете земји во последните месеци од 2017 година. Со цел реализација на сите отпочинати и идни проекти со Р. Бугарија, претседателот Иванов посочи дека е поднесена иницијатива за потпишување договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Во наредниот период, покрај напорите за завршување на проектите за инфраструктурно и енергетско поврзување, владите на двете земји потребно е да се насочат кон дигитална трансформација и да се вклучат кон глобалните трендови, како и да одговорат на потребите на новите генерации во бизнисот. На ова поле Р. Македонија очекува интензивна поддршка од Р. Бугарија особено ако се земе предвид дека комесарот за дигитална економија и општество во европската комисија, г-ѓа Марија Габриел, е токму од Р. Бугарија. Република Бугарија во последните години бележи значителни резултати во областа на дигитализацијата и ИТ-технологиите. Од друга страна, Р. Македонија има голем потенцијал на ова поле, што создава одлични услови за партнерство меѓу двете земји за отворање нови перспективи. Претседателот на Република Бугарија, д-р
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ПОСЕТИ Радев, му се заблагодари на претседателот Иванов за поканата за посета на Република Македонија и можноста за средба со бизнис секторот од Р. Македонија во Стопанската комора на Македонија. Тој посочи дека особено охрабрувачки е фактот што во време на недоверба, лоша инфраструктурна поврзаност и многу пропуштени можности, бизнис
секторот продолжи успешно да соработува, што на владите на двете земји им дава нови насоки со јасно дефинирани цели и рокови за унапредување на соработката. Поддршката на Р. Македонија што побрзо да стане членка на НАТО и да ги отпочне преговорите за влез во Европската унија ќе бидат дел од клучните активности за време на бугарското претседателство со ЕУ. Д-р Румен Радев посочи дека Р. Бугарија има големо искуство во користењето на европските фондови и дека е подготвена да даде целосна поддршка и да ги сподели добрите искуства со Р. Македонија на ова поле. Дополнително, двете земји треба да работат и на билатерални проекти за подобрување на работата и спроведувањето на формалностите на граничните премини. Решавањето на овие клучни прашања ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу двете земји, а со тоа и експанзија на обемот на билатералната стоковна размена. м-р Сања Николова д-р Татјана Штерјова
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
7
КЛУБ НА КОНСУЛТАНТИ/ЕКСПЕРТИ
ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ НА КЛУБОТ Поддршка на активностите и формирање бази на податоци за консултанти/експерти од различни области достапни за компаниите од земјата и од странство
Стопанската комора на Македонија преку своите активности се залага и придонесува за преод на македонската економија во економија која се заснова на знаење и иновации, односно создавање економија способна за натпревар на меѓународниот пазар преку квалификувана работна сила и иновативни компании. Во насока на остварување на ваквата определба, во Стопанската комора на Македонија се основаше Клуб на консултанти/ експерти, како тело кое ќе обединува стручњаци од повеќе области. Со цел презентирање на планираните активности на Клубот на консултанти/ експерти, на 20.02.2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работна средба на која покрај претставници од Комората, присуствуваа и д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Хуберт Хосп и Никола Битрак, како претставници од AF-Consult Switzerland Ltd., која претставува една од водечките светски консултантски компании (како дел од Групацијата AF AB). Клубот на консултанти/експерти ќе обединува експерти и стручњаци од повеќе различни области (вклучувајќи ги помеѓу другото енергетиката, индустријата и
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
КЛУБ НА КОНСУЛТАНТИ/ЕКСПЕРТИ инфраструктурата). Во рамките на Клубот ќе биде основан Регистар на консултанти - база на податоци за консултантите/експерти од определена област или подрачје, сумирајќи податоци за нивните стручни квалификации, работно искуство, ангажман на изведување активности на специфични проекти, како и други информации кои се однесуваат на нивните професионални референци. Регистарот на консултанти ќе биде достапен на заинтересирани субјекти од земјата или од странство, кои имаат потреба од ангажирање определен профил на консултант/експерт од определена област. Во
своето обраќање, д-р Кочо Анѓушев посочи дека Стопанската комора на Македонија ги препознава правците во коишто треба да се движи македонската економија, а овој настан е потврда за тоа. Република Македонија има голем потенцијал во образовен стручен кадар што го препознаваат многу странски компании кои почнаа да инвестираат кај нас. - Македонија досега беше препознатлива како земјоделска земја, чиј извоз претежно се засноваше на извезување храна и вино. Во иднина потребни се промени во структурата на извозот во сферата на индустријата и високите технологии, односно извоз на знаење преку соработка со развиени консултанстки компании, како што е AF-Consult Switzerland Ltd., -истакна д-р Анѓушев. Тој ги презентираше и развојните политики на Владата на Република Македонија каде се предвидени низа мерки за поддршка на истражувања и развој на иновациите. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, посочи дека целта на Клубот на консултанти/експерти е„извоз на ум“ од Македонија на организиран начин преку обединување на експерти и стручњаци од различни области. Господин Хуберт Хосп, потпретседател, директор на пренос и дистрибуција и регионален директор за Африка и Југоисточна Европа на АF-Consult Switzerland Ltd. се заблагодари за соработката на Стопанската комора на Македонија и ги презентираше активностите на консултантската компанија како развиена компанија со традиција од
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
9
КЛУБ НА КОНСУЛТАНТИ/ЕКСПЕРТИ 1895 година. Господинот Хосп посочи дека компанијата се фокусира на енергетика, инфраструктура и проекти во областа на индустријата, работи на повеќе од 1.500 тековни проекти во над 75 земји ширум светот и има 25 претставништва и повеќе од 2.000 искусни консултантни во енергетскиот сектор. Никола Битрак, директор на AF-Consult Ltd - Скопје и директор за продажба за Југоисточна Европа на AF-Consult Switzerland Ltd. истакна дека компанијата остварува соработка во повеќе земји од Балканот, Источна Европа, но и од другите контитенти како Азија и Африка. Во насока на остварување соработка и искористување на потенцијалите на Клубот на консултанти/ експерти, на средбата беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Стопанската комора на Македонија и АFConsult Switzerland Ltd. за ангажирање експерти за различни консултантски задачи. Регистарот на консултанти/ експерти којшто ќе го води Клубот, ќе биде достапен за компанијата која во зависност од потребниот профил и стручна подготвеност, ќе може да ангажира консултанти/ експерти за реализација на нејзините тековни проекти. м-р Нена Николовска
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
СОВЕТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ДОМАШНИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СО ЦЕЛ ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНАТА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО РАМКИТЕ НА ИПА ПРОЕКТОТ Бенефитите од странските инвестиции во една земја се пред се` директно отворање нови работни места и генерирање доход, зголемување на извозот и негова диверзификација, прилив на странски капитал во форма на странски директни инвестиции и создавање додадена вредност во економијата. Додека пак, индиректните
ефекти, се многу посложени и нивната важност во најголем дел се манифестира преку нивниот долгорочен придонес за економскиот развој. Како најважни се издвојуваат структурните трансформации на економијата, унапредувањето и зголемувањето на отвореноста, индиректното отворање работни места и трансферот на технологија и надградба на вештините на работната сила. Еден од клучните приоритети на Советот на странски инвеститори е интензивирање на соработката на странските инвеститори со домашните компании и нивна поголема инклузивност за зајакнување на конкурентноста на целокупната економија. Во таа насока, Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
11
СОВЕТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ СОРАБОТКА Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започнуваат заеднички проект за зацврстување на соработката меѓу странските компании и локалните добавувачи кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи. Проектот што ќе трае 24 месеци е финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со Виенскиот универзитет за технологија - Институт за менаџмент во науката и е поддржан
од Владата на Република Македонија која посветено ја охрабрува ваквата соработка. Целта на Проектот е да се стимулираат врските помеѓу домашните мали и средни компании и големите странски компании коишто работат во слободните зони и надвор, преку зголемување на продуктивноста и конкурентноста на локални добавувачи да воспостават долгорочна соработка за да можат да бидат вклучени во глобалниот систем на набавки на добавување. Во рамките на проектот, на 21.02.2018 година во Стопанската комора на Македонија, беше организирана тркалезна маса на која земаа учество голем број странски компании во земјава, заинтересирани за продлабочување на соработката со домашните компании. На тркалезната маса учествуваше и проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Во дискусијата се идентификуваа потребите и барањата на странските инвеститори кон домашните добавувачи, во однос на квалитетот на производите и
12
БИЗНИС ИНФО
СОВЕТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
СОРАБОТКА
услугите, конкурентната цена, термините на испорака и поседувањето на потребните сертификати за квалитет, за полесно да се поврзат со домашни фирми и од домашни фирми да ги набавуваат своите инпути, со што би се постигнал многу позначаен мултипликативен ефект за нашата економија.
Кога станува збор за соработката со локалните добавувачи, во делот на вкупните набавки на компаниите од слободните зони, бројот на домашните добавувачи е минимален. Најчесто соработката се сведува на користење обезбедување, угостителски услуги, одржување, комунални услуги, а исклучително малку во делот на производствениот процес, - истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Во насока да се промени оваа ситуација Владата ги подготвува новите мерки со јасно дефинирани критериуми, инкорпорирани во Планот за економски развој, коишто важат подеднакво како за странските така и за домашните компании и тоа: за трајно воспоставена деловна соработка на СДИ со домашни претпријатија, за набавка на 10% од производните инпути од домашни фирми над просекот за последните 3 години, финансиската поддршка ќе изнесува 1% од вредноста на набавките; за секои дополнителни 10% набавени инпути од домашни претпријатија, финансиската поддршка ќе се зголемува за 2% од вредноста на набавките.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
13
СОВЕТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ Претседателот на Советот на странски инвеститори, м-р Штефан Петер, истакна дека ова не е прв пат да се дискутира за предизвиците при соработката на странските и домашните компании, нагласувајќи дека клучниот бенефит од таквата соработка е двостран и значителен. -Потребно е да се премине од говори на дела и преку сеопфатни анализи да се детектираат барањата на странските компании и што можат да очекуваат од локалните
добавувачи во поглед на квалитет, цена, услови на испорака и стандарди во работењето, – истакна Петер. Д-р Роберт Миновски, водечки партнер и професор на Машинскиот факултет во Скопје, пред присутните претставници на странските компании ги презентираше клучните поенти и цели на Проектот. Следната фаза е организација на конференција на којашто на едно место ќе се соберат странските и домашните компании кои би биле потенцијални директни корисници на придобивките од овој проект. На тркалезната маса се идентификуваа потребите и барањата на странските инвеститори кон домашните добавувачи, во однос на квалитетот на производите и услугите, конкурентната цена, термините на испорака и поседувањето на потребните сертификати за квалитет, со цел полесно да се поврзат со домашни фирми и од домашни фирми да ги набавуваат своите инпути, со што би се постигнал многу позначаен мултипликативен ефект за нашата економија. Влатко Стојановски
14
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
РАБОТИЛНИЦА: Олеснување на трговијата
ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ТРГОВИЈАТА Како дел од активностите за поддршка на институциите на Република Македонија во имплементација на реформите за олеснување на трговијата, Проектот на УСАИД за регионален економски раст - УСАИД РЕГ преку Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на
Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ на 22 февруари 2018 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија се оддржа Работилница за олеснување на трговијата. Основната цел на работилницата беше информирање на деловната заедница за најновите глобални и регионални иницијативи насочени кон забрзување и поедноставување на постапките во прекуграничната трговија и обврските кои од нив произлегуваат за Република Македонија, како и запознавање на компаниите со резултатите од анкетата за бариерите во прекуграничните постапки спроведена од страна на УСАИД РЕГ Проектот и ИДЕАС ДеПо во текот на 2017 година.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
15
РАБОТИЛНИЦА: Олеснување на трговијата Многу е важно деловната заедница да биде информирана за рамката за спроведување на реформите за олеснување на трговијата, претставена преку Спогодбата на Светската Трговско Организација за олеснување на трговијата и утврдувањето на минималните барања кои треба да се спроведат за да се зголеми ефикасноста на прекуграничните постапки - истакна Гордана Тошева, регионален координатор на активностите за олеснување на трговијата- Проект на УСАИД за регионалните економски раст -РЕГ. Таа во своето излагање додаде дека Македонија како мала земја со ограничен пазар, во
голема мера го базира својот раст и развој врз интензивна вклученост во регионалните и глобалните надворешно –трговски текови. Во тој контекст, степенот на трговската отвореност и ефикасност на движењето на стоките преку граница претставуваат клучни фактори на конкурентноста на македонската економија и правопропорционално влијаат на нивоата на домашни и странски инвестиции и на потенцијалот на домашните компании за вклучување во глобалните синџири на вредност. Во своето обраќање, г-дин Ѓоко Танаскоски, генерален директор на Царинската управа на Република Македонија истакна дека токму поради тоа што македонската економија во голема мера зависи од присутноста и конкурентноста на домашните компании на регионалните и глобалните пазари, Царинската управа своите активности интензивно ги фокусира кон имплементација на добри практики со цел олеснување и забрзување на протокот на стоки од и кон Република Македонија. Како резултат на
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
РАБОТИЛНИЦА: Олеснување на трговијата постојаните напори за либерализација на трговската политика, во последните петнаесет години Република Македонија успеа да спроведе либерален надворешно- трговски режим, кој се карактеризира со: членство во Светската трговска организација (СТО) и користење на МФН царинските стапки; потполна либерализација на царинските постапки во взаемната трговија со земјите потписнички на ЦЕФТА спогодбата; бесцарински пристап до пазарите на ЕУ преку имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и потпишувањето на договорите за слободна трговија со Турција, Украина и земјите од ЕФТА. Досегашните аранжмани ја намалија царинската заштита со најважните трговски партнери на Македонија, но сепак останува фактот дека ефикасниот проток на стоките преку граница претставува важна конкурентска предност, со што се повеќе расте и актуелноста на напорите за олеснување на трговијата. Од тие причини во рамки на СТО беа иницирани преговори за глобално регулирање во насока на олеснување на трговијата и поттикнување на растот на светската трговија, кои во 2013 година резултираа со усвојување на мултилатералната Спогодба на СТО за олеснување на трговијата а којашто по ратификација од страна на 2/3 од членките на СТО, во февруари 2017 година стапи на сила – додаде Танаскоски. За царинските застапници од особена важност е функционалноста на EXIM
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
17
РАБОТИЛНИЦА: Олеснување на трговијата системот, бидејќи во моментов неговото функционирање кое има основна цел забрзување на постапките за царинење и побрз проток на стоки, не може да биде во целост исполнета кога имаме непостоење на безхартиена околина и одреден број на дозволи, а за кои треба да се преиспита нивната потреба. Заедничката контрола на граничните премини треба да профункционира во вистинска смисла, како и да има пошироко промовирање и употреба на поедноставените царински постапки, истакна Ѓино Шкријељ, претседател на групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија. Успешната имплементација на Спогодбата за олеснување на трговијата во Македонија ќе значи директна инволвираност на државните институции но и на приватниот сектор. Во планирањето и спроведувањето на реформите во оваа област, клучната улога ќе ја имаат компаниите коишто на транспарентен начин ќе можат да ги адресираат потребите и проблемите со коишто се соочуваат при извоз и увоз на стоки, подвлече Билјана Додевска, државен советник за евро-интеграции и меѓународна трговска соработка при Министерството за економија. Од тие причини, Спогодбата предвидува секоја земја да воспостави механизам за дијалог и координација, таканаречен Национален комитет за олеснување на трговијата, кој ќе ги планира и
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
РАБОТИЛНИЦА: Олеснување на трговијата координира активностите за олеснување на трговијата и во кој покрај институциите надлежни за постапките во меѓународната трговија, ќе бидат вклучени и претставници од бизнис секторот. Покрај ратификацијата на Спогодбата на СТО, Република Македонија паралелно ги спроведе и преговорите со членките на ЦЕФТА при што сите земји од ЦЕФТА спогодбата едногласно го усвоија Дополнителниот Протокол 5, како задолжителен документ со кој земјите потписнички се обврзуваат да имплементираат конкретни активности за понатамошно забрзување на протокот на стоките во нивната меѓусебна трговија. Одредбите на Протоколот 5 се во голема мера засновани и усогласени со барањата на Спогодбата на СТО за олеснување на трговијата – истакна Илир Шабани, раководител на секторот за меѓународна трговска соработка при Министерството за економија. Во врска истражувањето спроведено во рамки на Проектот на УСАИД за регионален економски раст, Тошева посочи дека за да постои квалитетен процес на утврдување на приоритетите во реформите за олеснување на трговијата, покрај формирањето на Комитетот како институционално решение, од особено значење се и конкретните податоци од компаниите во врска проблемите и предизвиците со коишто тие реално се соочуваат во постапките за увоз и извоз. За собирање на тие информации, РЕГ проектот спроведе анкета за бариерите во прекуграничната трговија која беше реализирана во периодот од март до мај 2017 година во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ. Република Македонија, како членка на СТО и ЦЕФТА, има обврска да продолжи со имплементација на реформите за олеснување на трговијата во насока на целосно усогласување на домашната легислатива и постапки со одредбите на СТО и Протоколот 5 на ЦЕФТА за олеснување на трговијатаистакна Златко Ветеровски, помошник директор во Секторот за царински систем во Царинската управа на Република Македонија. Ветеровски потенцираше дека во наредниот период Царинската управа
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
19
РАБОТИЛНИЦА: Олеснување на трговијата на Република Македонија планира да превземе дополнителни активности за имплементација на реформите за олеснување на трговијата преку: поголема и транспарентна достапност на информации потреби за увоз- извоз на стоки; имплементација на нови софтверски решенија за обработка на царински декларации - без хартија и воведување на систем за следење на “pre-arrival” информации што ќе овозможи сите царински процедури да бидат завршени во внатрешноста, а преку границите пратките слободно да поминуваат без дополнителни задржувања. Воедно поактивно ќе се работи на концептот за воведување на овластен економски оператор, сертифицирање на одобрени трговци од Македонија коишто при увоз -извоз на стоки во ЦЕФТА земјите, а понатаму и во земјите од ЕУ, нема да подлежат на царински проверки. Приоритет на Царината ќе биде комплетно ревидирање на EXIM системот со што ќе се разграничи и ќе се намали бројот на потребните дозволи за внес и пуштање на стоки во слободно движење; формирање на заеднички тимови за контрола на граничните премини со цел олеснување на протокот на стоки на границите со Република Србија и Република Албанија. Учесници на работилницата беа компании чиешто деловно работење и резултати се тесно поврзани и директно зависат од ефикасното одвивање на постапките за увоз, извоз и транзит на стоки, како и претставници од надлежните институции. м-р Сања Николова
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ДЕЛ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ОТВОРААТ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИЦИТЕ
Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на седницата одржана на 20.02.2018 година, во присуство на претставник на Бирото за јавни набавки, расправаше по текстот на Нацрт-законот за јавни набавки. Андреја Серафимовски, претседател на Здружението, изрази задоволство од причина што предложениот Нацрт-закон се носи во една транспарентна постапка, а истиот беше презентиран пред голем број членки на Комората. Имајќи предвид дека градежништвото има голем број забелешки на се` уште важечкиот Закон, побарано е, а од страна на Бирото е прифатено, да се одржи посебен состанок и да се расправа одделно само за градежништвото. Во расправата е заклучено дека предложената содржина на Законот за јавни набавки видно е различна од текстот на содржината кој досега се применуваше и тоа во неколку клучни елементи.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
21
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Прво и најбитно е што механизмот на задолжителна електронска аукција во која основен критериум беше најниска цена како основно решение веќе е променето. Се користи новиот термин економски најповолна понуда. Ова беше едно од основните барања на економските оператори бидејќи на голем дел од набавките нереално им се симнуваа цените на набавките што доведуваше до нереална конкуренција. Сепак, подобрување на содржината на текстот на законот во однос на ова решение е на Министерството за финансии и на Бирото за јавни набавки да им се даде појаснување дека во различни сектори, економски најповолната понуда се дефинира на различен начин, а општото решение, односно дискреционото право на договорниот орган да ги утврдува критериумите за економски најповолна понуда повторно може да доведе до злоупотреби во тендерските постапки. Се предлага да се изработи методологија за утврдување на критериуми за најповолна понуда во зависност од набавката која се спроведува за секоја гранка одделно, кои ќе бидат правци преку кои ќе се утврдуваат дефинитивни и подетални критериуми за одделните јавни набавки, и тоа што претставува економски најповолна понуда. Втора позитивна работа која е изменета со овој закон е тоа што отстранети се одредби кои беа преземани од другите закони, модифицирани и применети во овој закон и кои предизвикуваат недоволна јасност во нивната примена. На пример, недоволно прецизирана е одредбата за 10 години гаранција, која е преземена од Законот за облигационите односи, а е во врска со стабилноста на градежништвото, која пак, во никоја смисла не може да се земе како гарантен период за изградба на
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ одделни објекти. Во обемната дискусија се поставија многу прашања и се отворија повеќе дилеми. Посебно беше потенцирано дека се избришани повеќе дефиниции, како на пример за вишоци и кусоци, кои мора соодветно да се регулираат, со цел да не се јават проблеми со термините кои сега постојат во овој предлог, а и како истите ќе се земат предвид при утврдувањето на надминувањето на вредноста на договорот и можноста за негова измена. Се предложи да се размисли дали е подобро решение да се вратат тие дефиниции во овој текст или пак од наша страна да ги изготвиме узансите за кои веќе има еден предлог-текст кој ќе ги опфати дефинициите на овие специфични термини со што би требало да се надминие овој проблем. Се поставија следните дилеми: - да се предложи измена на одредбата за гарацијата на понуда која во овој законски текст не е уредена со ограничување, така што се заклучи дека претходното решение со максимален износ од 3% да остане и да се имплементира во овој закон; - новини се поставени и во одредбите за докажување на способноста на економските опрератори и условите за учество, при што треба да се дефинира што претставува техничко докажување на потребните квалификации; - за измени во договорот за јавните набавки ќе има потреба за прецизирање, бидејќи има утврдено ограничување од 20% од вредноста на договорот, а при тоа не е јасно што тоа претставува дали ги опфаќа дополнителните непредвидени и вишоци и кусоци. Се поставија многу други прашања и се отворија повеќе дилеми, при што беше истакнато дека од Бирото за јавни набавки се подготвени да се одржат и дополнителни состаноци на кои ќе се разговара за предложените законски решенија. Марија Петроска
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
23
ар Н
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ТРКАЛЕЗНА МАСА: ,,ФАКТОРИНГОТ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ“ Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија , во соработка со „Фактор Труст“, Проект на УСАИД за факторинг, на 20.02.2018 година, се одржа тркалезна маса на тема: „Факторингот како алтернативен извор на финансирање“. Проектот на УСАИД за факторинг има за цел да им помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски продукти. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансии, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
25
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Пред присутните компании од бизнис секторот, поздравно обраќање имаше директорот на Проектот за факторинг, Ловре Ристевски, а потоа факторинг - експертот Димитар Ангелкоски ги запозна присутните со тоа што е факторинг, како функционира факторингот и кои се придобивките од истиот. Ангелкоски истакна дека Проектот за факторинг обезбедува техничка помош и имплементира опсег на активности преку три компоненти: подигање на свеста и значењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности, имплеменација на правната регулатива за факторинг и финансиска едукација за малите и средни претпријатија. За време на дискусијата, претставниците на бизнис заедницата побараа измени во законската регулатива со цел да можат и физички лица да бидат вклучени во факторингот. Интересот на компаниите за темата беше голем и се донесе взаемен заклучок за повторна средба, организирање обука за компаниите, со цел поддршка на економскиот раст, развој на деловниот еко-систем, како и инклузија и иновации во микрофинансирањето. Тања Мицева
26
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Се бара разумен рок за усогласување на стопанските субјекти со новиот Правилник за поблиско определување на изборот на видовите и на количините на противпожарни апарати со кои треба да располагаат правните лица Членовите на Групацијата за противпожарна заштита на седницата одржана на 22.02.2018 година расправаа за актуелните состојби во оваа дејност посебно за новиот Правилник за поблиско определување на изборот на видовите и на количините на противпожарни апарати со кои треба да располагаат правните лица и граѓаните, како и за утврдување на критериумите што треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на пп апарати, кои се однесуваат на техничката опрема и просторот за работа („Службен весник на РМ“, бр. 26 /3018). Членовите на Групацијата констатираа дека во член 12 од Правилникот стои дека одделните простории за работа од член 11 од овој Правилник поради специфичноста во работата и работа со опасни материи под висок притисок не треба да бидат (меѓу другото) и во деловни градби. Поради тоа што во член 11, став 6, точка 1 од овој Правилник, на кој се повикува член 12, стои дека во „просторија за водење административни работи - канцеларии”,
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
27
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ не би требало да бидат во деловни градби. Се поставува прашањето дали во канцеларијата за водење административни работи се работат „специфични работи”. И кои се тие, како и „работи со опасни материи под висок притисок”, како што стои во член 12. Скоро сите правни лица кои вршат сервисен преглед и контролно испитување на противпожарни апарати (поточно околу 95% од сервисите) постојат и работат повеќе од 10 години, и во делот на локацијата на просторот за работа, усогласени се со условите пропишани во претходниот Правилник. Тоа значи дека сите тие се мали правни субјекти по обемот на работење, со огромни напори ги вложуваат нивните средства во набавка на објекти и средства за работа кои сега, поради драстичната промена во тој дел од новиот Правилник, не се усогласени со член 12 од новиот Правилник. Се работи за долгорочни вложувања во набавка и изградба на објекти кои не можат така брзо да се преструктуираат, однодно да се отуѓат и да се изградат или да се набават други објекти кои ќе ги исполнат условите предвидени во член 12, а новиот Правилник ќе се применува 30 дена од денот на неговото влегување во сила, односно од 9.3.2018 година. Се поставува прашањето дали деловните субјекти можат да ги исполнат тие услови за 30 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“. Во дискусијата се истакна дека процесот на приспособување на условите што се предвидува во новиот Правилник може да трае повеќе години, што би значело престанок со работа на повеќе стопански субјекти, со што наместо да се развиваат малите и средни бизниси, како што најави Владата, на овој начин околу 95% од сервисите за противпожарни апарати ќе се затворат, со што се доведува во прашање егзистенцијата на стопанските субјекти и вработените во тие фирми. На состанокот се предложи член 12 од новиот Правилник да не важи за сервисите на противпожарни апарати кои се отворени и работат пред влегување во сила на новиот Правилник или да се остави разумен рок за усогласување со членот. Ова е од причина што треба старите објекти да може да се отуѓат, па потоа да се најдат нови локации на коишто ќе се дислоцираат нови објекти, а тој процес во никој случај не може да се заврши за 30 дена. Војкан Николовски
28
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Одржано предавање на тема: „ЛИЧНА МОТИВАЦИЈА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ - НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ - МИЛЕНИУМЦИ“ Секој од нас си има свои стремежи и цели, и секој се свртел кон својот врв. Но, што е она што е заедничко помеѓу милијардите различни луѓе на планетата? Сите сонуваме еден ден да ги постигнеме своите соништа и цели. Некои успеваат да достигнат одреден врв и потоа си поставуваат други цели, други пак цел живот се водат од недостаток на волја и мотивација и не успеваат да го достигнат она за што сонуваат. Всушност е многу тешко да се одржуваш мотивиран, ако работите не се добиваат. Но ете тука е разликата помеѓу успех и неуспех - првите едноставно не се откажуваат! Клубот на менаџери-претприемачи, на 22.02.2018 година, реализираше едукативно предавање токму на оваа многу актуелна тема: „Лична мотивација и мотивација на вработените - надминување на проблемот на новите генерации - милениумци“. Обуката беше реализирана со Митко Керамитчиев, кој е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Тој е еден од најдокажаните македонски консултанти со повеќе од 600 успешно реализирани обуки, семинари, работилници и консултантски сесии за најуспешните македонски компании од речиси сите деловни сектори. Според Керамитчиев, мотивиран вработен е пола завршена задача. Ова е многу важен аспект од работењето, кој мораат предвид да го имаат како менаџерите во средните и големи компании, така и претприемачите кај малиот бизнис. Проблематиката на мотивирањето е предмет на многу теории, дискусии, дебати и концепти, но важно е да се истакне дека не постои единствен начин на мотивирање, како што не постои ниту единствена структура на организација, позиција или работна задача.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
29
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Одделот за човечки ресурси (Human Resources), покрај улогата во селекција, едукација и обука на кадри, пресметка и исплата на личен доход, има голема улога во мотивацијата, односно ја вклучува истата во активностите кои ги спроведува. Но, оваа организациона единица во најголем дел ги имплементира инструкциите на менаџментот и претприемачите, како и сопствениците на компаниите. Но кога говориме за мотивација, едновремено треба да се укаже и на нејзиното отсуство, односно демотивацијата. Вистинскиот менаџер треба да препознае кога вработените покажуваат симптоми на демотивираност, пред да биде доцна, односно кога тие ќе почнат отворено да изразуваат незаинтересираност, а во краен случај, и незадоволство од моменталниот ангажман. Бидејќи демотивираниот работник е полош од нестручниот, односно неангажираниот вработен. Од една страна, не придонесува кон резултатите како што умеел претходно, а од друга страна, претпоставениот нема причина да го замени со друг вработен, бидејќи стагнира со процесите, но не го загрозува работењето. Учесниците на ова едукативно предавање можеа интерактивно преку вежби да споделат и осознаат техники и стратегии за она што компанијата може да го направи за своите вработени и да ги пронајде начините кои ќе ја разбудат личната мотивација на вработените и нивниот внатрешен потенцијал. Компаниите кои паметно вложуваат во развојот на своите ресурси, свесни се за големото значење на мотивираните вработени за успехот на компанијата. Тие користат микс од финансиски бенефиции кои ги нудат на своите вработени, но модерните теоретичари сметаат дека материјалните бенефиции немаат толку големо влијание на мотивацијата колку што има структурата на самото работно место. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
30
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
31
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
26.2.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА
Стопанската комора на Македонија на 26 февруари 2018 година, Ве поканува на еднодневна обука на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со продажба, т.е. деловно и трговско работење, со посебен акцент на договорот за продажба и неговото законско регулирање и практичните прашања, како и трговските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со продажбата. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите. Во рамките на обуката ќе биде опфатен и теоретски дел од оваа област, каде ќе бидат презентирани ефективни методи и алатки за разрешување на дилемите и недореченостите. Покрај наведеното, на обуката ќе се даде одговор на прашањата поставени од учесниците. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
28.2.2017 година (среда) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ
Стопанската комора на Македонија на 28 февруари 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Контролинг во набавките“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето. За кого е наменета обуката? Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.). Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
34
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
27 февруари - 1 март 2018 година Штутгарт, Германија
МЕЃУНАРОДНИТЕ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ „R + T 2018
Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Германија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, што се организираат во рамките на Саемот „R + T 2018“ што ќе се одржи од 27 февруари - 1 март 2018 година, во Штутгарт, СР Германија. „R + T 2018“ е водечки светски саем за ролетни, врати, системи за заштита од сонце, противпожарни врати и опрема за безбедност. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате најдоцна до 27 февруари 2018 година на следниот линк: https://www.b2match.eu/RT-2018. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА САЕМОТ „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија
Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
36
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
20.02.2018 година (вторник) 10.00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневна обука на тема: УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)
ПРОГРАМА: 1. Основите на GDPR: -Преглед и основно запознавање со законската регулатива со фокус на клучните елементи, обврски кои произлегуваат, санкции и средства за заштита. 2. Усогласување со GDPR: -Иницијални чекори и методи на пристап кон патеката на усогласеност со законската регулатива. 3. Модели на усогласеност: -Преглед на моделите кои постојат за постигнување на усогласеност во кои компаниите лесно ќе се препознаат и ќе дефинираат модел за нив. 4. Конструкција на трошоци за усогласеност: -Во поглед на типовите на модели постојат и типови на трошоци со посебен пристап на нивна конструкција. Предлог-планирање на буџет за GDPR усогласеност. Предавачи: - Мане Пиперевски, искусен експерт за информатичка технологија со долгогодишно искуство во безбедноста на информациите. - Горан Велески, дипломиран економист по менаџмент и експерт за деловна анализа и развој на бизнис, со работно искуство во меѓународните прописи за заштита на податоци за приспособување на деловните барања и усогласување со прописите.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
37
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.2.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со продажба, т.е. деловно и трговско работење, со посебен акцент на договорот за продажба и неговото законско регулирање и практичните прашања, како и трговските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со продажбата. Предавачи: - м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Маринела Јакасановска, судија на Основен суд Скопје II - Скопје. Предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје. - д-р Татјана Штерјова, доктор на правни науки од областа на граѓанското процесно право, секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
38
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
27.02.2018 година (вторник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Клучно за овој семинар се: учење, надградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација на тема: • Управување со конфликти (хоризонтално и вертикално во компанијата); • Мерење перформанси (сектори/процеси) и конкретни совети за реално подобрување на работата; • Врска помеѓу мерењето перформанси и конфликт-менаџментот. Целна група Интерактивната работилница/обука е наменетa за раководители на продажба, на комерција, на набавка, на производство, на финансии, на човечки ресурси, раководител на правна служба, како и вработени во продажба, производство, набавка, финансии, односно сите главни процеси во компанијата, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање, како и вработени чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на решавање на конфликти и подобрување на перформанси. Предавач: - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант (обука, консалтинг) во 20 земји со 22-годишно искуство и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
39
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.02.2018 година (среда) 9:30 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
Менаџерите ги планираат своите барања за човечки ресурси, исто онака како што ги планираат останатите ресурси, тие се обидуваат да се осигураат дека имаат доволен број на лица на вистинско место, во вистинско време во насока на реализација на стратешкиот план на организацијата. Користејќи го тој план, наменет за реализација на нивните цели, а притоа имајќи ги предвид сите финансиски и други пречки, како и промени во средината, систематски ги анализираат барањата за човечки ресурси. Предавач: - д-р Татјана Џокиќ, помошник раководител на сектор за нормативно правни работи во Министерството за транспорт и врски, доктор на науки со посебна специјализација во областа на стратегискиот менаџмент на човечки ресурси во државната администрација, автор на трудовите: „Нови правци во менаџментот на човечки ресурси“ и „Управување со знаењето во менаџментот на човечките ресурси“ – објавен во „Економија и Бизнис“. Во делокругот на своите квалификации, г-ѓа Џокиќ е и сертифициран координатор за управување со ризици ISO 9001:2008, Quality Management System –Requirements and ISO 19011:2011 Guidelines for Auditing Management System – Internal Auditor. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување и - сертификат за присуство на семинарот.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
40
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095
Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
БИЗНИС ИНФО
41
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632
Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921
Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
42
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 23 Февруари 2018, Бр. 341
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088