Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
Број 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018
СТАВ: ВРЕМЕ Е ЗА МУДРИ ПОТЕЗИ ВО НАСОКА НА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БАРИЕРИТЕ ЗА ПОШИРОКА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ПО ПОВОД ОДЛОЖЕНАТА СЕДНИЦА НА ВЛАДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА ВО НИШ
Претседателот Азески во работна посета на „АрцелорМиттал“ – ПОДДРШКА ЗА МЕТАЛУРГИЈАТА КАКО КЛУЧЕН СЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите - ПОДГОТВЕНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски, на прес-конференцијата одржана на 19.3.2018 година, говореше за подготвеноста на компаниите за имплементација на одредбите од Законот за градежни производи.
На почетокот, тој истакна дека според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во 2017 година, во однос на 2016 година, е скоро на исто ново, односно изнесува 100,2. Вкупно, кај рударство и вадење на камен во 2017 година, во однос на 2016 година, забележано е мало намалување од 1,8%, а додека кај вадењето на други руди и камен има опаѓање од 2,2%. Кај производство на други неметални минерални производи има зголемување од 10,9% за третираниот период. Учеството во структурата на на индустриското производство, кај вадењето на други руди и камен изнесува 2,03%, додека кај други неметални минерални производи учеството изнесува 7,43%.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Кај рударство и вадење на камен, во 2017 година евидентиран е извоз од 47 милиони СА долари, додека увоз од 12,5 милиони САД долари. Кај производството на други неметални минерални производи извозот измесува 63 милиони САД долари, додека увозот изнесува 431 милион САД долари. -Нашите реакции, како што истакна Андреа Серафимовски, се наменети кон увозот на градежни материјали, а посебно за материјали кои се произведуваат во нашата земја, а се увезуваат. На пример, воопшто не се извезуваат керамички тули, а се увезуваат во вредност од околу 5 милиони САД долари, или цемент се увезува во вредност од околу 16,6 милиони САД долари, а се извезува во вредност од околу 14,5 милиони САД долари, потоа керамиди се увезуваат во вредност од околу 4 милиони САД долари, а се извезуваат во вредност од околу 4,5 милиони САД долари и многу други материјали. За ваквата состојба придонесува слободниот увоз, за кој нема забелешки, меѓутоа, има забелешки на тоа дека, за жал, не секогаш е контролиран квалитетот на увезениот производ. Има примери во минатото каде се земени примероци кои се испитани во нашите лаборатории, а анализите покажуваат дека не се исполнети условите за квалитет на производот (на пример, цемент, бетонско железо и други материјали). Од друга страна, често има проблеми со признавањето на сертификатите на нашите
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА извозници, па тие мора да прават испитување во земјата каде извезуваат, со што се зголемуваат трошоците, а со тоа и цените на производите. За надминување на овој проблем, се прават напори за меѓусебно признавање на сертификатите, барем во земјите од регионот. Исто така, како производители на материјали се залагаме пред надлежните институции за поголема контрола на квалитетот на материјалите, односно контрола преку испитувања на увезените материјали во нашите акредитирани лаборатории. Вкупниот број на активни компании изнесува 467 компании, од кои 135 се активни кај вадење на камен и 332 компании во делот на производството на други неметални минерални суровини. Во Република Македонија има голем број деловни субјекти на кои им се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини - варовници, кварц, песок и чакал на повеќе различни локации, кои изнесуваат преку 100 компании, како и ангажирање на компании кои се вклучени во расчистување на речните корита кои вадат речен материјал (песок и чакал), за што се наметна потребата да се одржат повеќе едукативни состаноци по региони во земјата, бидејќи никој не е изземен од промени во начинот на контролата на производството, односно од обврските кои произлегуваат од Зaконот за градежни производи.
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Имплементацијата на Законот за градежни производи, кој е во постапка на измени и дополнувања, го обврзува производителот во целост да е одговорен за производството, оценување и потврдување на сообразноста на градежниот производ. Законот дава голема одговорност на производителот на градежен производ, во поглед на контролата на квалитетот и во однос на одржување на постојаност на својствата на градежниот производ. Тоа значи дека самиот производител издава потврда за квалитет за својот производ, т.е. Изјава за својства (Declaration of performance), која во целост ќе го замени досегашниот Атест. Со изготвување на Изјавата за својства, производителот ја презема одговорноста за сообразност на производот во согласност со националните (европски) стандарди. За да може производителот, било на агрегат или на кој и да било друг градежен производ, да изготви Изјава за својства со која ќе може слободно да го пласира производот на пазар, производителот треба да поседува Сертификат за сообразност на фабричка контрола на производство издаден од страна на именувано тело за сертификација на градежни производи. Именуваните тела за сертификација на градежни производи ќе спроведуваат и постојан надзор над фабричката контрола на производството, со цел производителот да ја докаже постојаната контрола на квалитет и да ја потврди исполнетоста на барањата за сертифициран производ. Услов за одржување на Сертификатот е трајно и целосно задоволување на сертификационите критериуми, од страна на производителот. Во Република Македонија, засега има три именувани тела за сертификација на градежни производи од страна на Министерството за економија и истите се објавени на веб-страната на Министерството. Тоа се Градежниот институт „Македонија“ - Скопје, Заводот за испитување на материјалите и развој на нови технологии „Скопје“ - Скопје и „ГЕИНГ“ - Скопје. Бидејќи Законот за градежни производи го обврзува производителот во целост да е одговорен за производството, за оценување и потврдување на сообразноста на градежниот производ, на барање на Здружението, а во согласност со Министерството за економија, се поддржаа иницијативите: - економскиот оператор кој пушта на пазар градежен производ од хармонизирано подрачје должен е своите производи да ги усогласи заклучно до 30.9.2018 година. Тоа значи дека производителите треба да започнат со почетно испитување, во соработка со именувано тело за сертификација на градежни производи;
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА - економскиот оператор кој пушта на пазар градежни производи од нехармонизирано подрачје, должен е своите производи да ги усогласи заклучно со 31.12.2018 година; - уште една препорака до производителите во Република Македонија, кои во производството на своите производи се` уште ги користат МКС (YUS) стандардите, а кои се повлечени од страна на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) во 2011 и 2012 година, неопходно е да започнат постапка за донесување нови национални стандарди. Стандардите, кои имаат доброволен карактер, претставуваат техничка поддршка за имплементација на техничкото законодавство – законите и подзаконските акти. Оттука, процесот на имплементација на европското техничко законодавство во македонското техничко законодавство и процесот на усвојување на европските стандарди како македонски, треба да бидат взаемно координирани. Во области каде нема европски и меѓународни стандарди, Институтот за стандардизација на РМ, развива и публикува национални македонски стандарди. Процесот на донесување на националните стандарди треба да започне во најкраток можен рок, а рокот за нивна имплементација дополнително ќе биде дефиниран, од страна на ресорните министерства. Сите овие обврски на производителите се неопходни од причина што после овие рокови нема да можат да учествуваат на тендери, доколку немаат Изјава за својства со која ќе може слободно да се пласира производот на пазар, односно производителот треба да поседува Сертификат за сообразност на фабричка контрола на производство издаден од страна на именувано тело за сертификација на градежни производи. Марија Петроска
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ИНВЕСТИЦИИ КОМОРИ МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ
РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСТВЕНИЦИ ОД ИЗРАЕЛ На 15.3.2018 година во Регионалниот центар за поддршка на мали и средни претпријатија во Битола, претставници на Центарот, компании од регионот и Регионалната комора со седиште во Битола реализираа работна средба со група бизнисмени и претставници на неколку компании од Израел. Посетата беше организирана во рамките на активностите за одбележување 75 години од депортацијата на македонските Евреи.
Средбата е иницирана со цел зајакнување и продлабочување на бизнис релациите помеѓу двете земји, Македонија и Израел, како и запознавање со можностите за бизнис соработка и инвестирање во нашата земја. Во името на Регионалната комора со седиште во Битола се обрати м-р Никола Димковски, самостоен советник при Комората, кој воедно и ги информираше за основните економски карактеристики на битолскиот и на Пелагонискиот регион.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
9
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Пелагонискиот плански регион, во кој припаѓа и битолскиот регион, има значаен удел во создавањето поволна деловна клима придонесувајќи за зголемување на домашните и на странските инвестиции, како и за зголемување на конкурентноста на целокупната економија, преку поттикнување на претприемништвото и иновативноста, како и унапредување на туризмот и промоција на природните и културните вредности
Најповолни услови за развој на регионалната економија нуди секторот земјоделство во кој има големи можности за соработка со Израел поради фактот што таа земја е една од водечките во светот со „know-how“ во тој сектор. Гостите на состанокот се информираа и за поволностите што на регионално и на национално ниво им стојат на располагање во рамките на Проектот за започнување бизнис во Република Македонија. Со цел да воспостават конкретни бизнис релации, израелските гости имаа и конкретни деловни средби со претставници на бизнис заедницата од Битола. Бизнис делегацијата од Израел во претходните денови оствари посета и во регионите на Скопје и Охрид. м-р Никола Димковски
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ИНВЕСТИЦИИ ГРУПАЦИИ
ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ, ОПАСНИ И ЕКСПЛОЗИВНИ МАТЕРИИ, ПИРОТОЕХНИЧКИ СРЕДСТВА И ОПРЕМА ЗА ВОЕНА И ЦИВИЛНА НАМЕНА На седницата одржана на 20.3.2018 година, претставниците на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена заедно со претставници на Управата за наменско производство при Министерството за економија и експерти вклучени во изготвувањето на Предлогзаконот за развој, производство и промет на воени стоки, дискутираа за актуелните прашања и состојби поврзани со подготовката на Предлог-законот.
Претставниците на Управата за наменско производство ги информираа присутните за потребата за изготвување на нов закон од областа на воената опрема чија цел е да се разјасни, поедностави и подобри правната рамка поврзана со развојот, производството и прометот на воени стоки и истата да се усогласи со европското законодавство со кое е уредена оваа област.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
11
ГРУПАЦИИ
На седницата беа разгледани прашања поврзани со новините и терминолошките определби содржани во Предлог-законот, начинот на вршење на дејноста за развој, производство и промет на воена стока, постапката и надлежностите на државните органи при издавањето дозволи за промет и обезбедување услуги на воени стоки, како и други прашања кои го засегаат работењето на компаниите - членки на Групацијата. Тие ги истакнаа своите мислења и ставови, за кои дополнително ќе бидат изготвени и доставени и конкретни предлози до Управата за наменско производство. На седницата беше изразена подготвеност за соработка со бизнис заедницата и нејзино активно вклучување во подготовката на Предлог-законот, во насока на соодветно уредување на прашањата разгледани на седницата и создавање услови за унапредување на деловното работење на компаниите. м-р Нена Николовска
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
РАБОТНА СОСТАНОК ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА РАБОТЕН
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ТАЈВАН ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 20 март 2018 година во Стопанската комора на Македонија се одржа работен состанок меѓу амбасадорот на Тајван во Република Италија, задолжен за Република Македонија, Република Албанија, Република Сан Марино и Малта, Н.Е. Хавиер Чинг-Шах Ху и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.
Бидејќи ова беше прва посета на амбасадорот на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев ја претстави работата на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис-заедницата, идните подвизи што дополнително ќе придонесат за развој на бизнис-секторот во Република Македонија, како и условите за инвестирање во земјата. Н.Е. Хавиер Чинг-Шах Ху во разговорот со својот домаќин се заблагодари за приемот, истакнувајќи дека ваквите средби треба да станат редовна пракса и воедно го пренесе интересот на тајванската бизнис заедница за средби со свои потенцијални партнери од земјава. Тој истакна дека оваа посета претставува само почеток на мисијата за зближување и иницирање идна соработка меѓу Македонија и Тајван.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
13
РАБОТЕНСОРАБОТКА СОСТАНОК
На состанокот и двете страни се согласија дека во Република Македонија постои одлична инвестициска клима, којашто во наредниот период би можела поволно да се искористи од страна на тајванската бизнис заедница. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Тајван во 2017 година достигна вредност од 37,47 милиони САД $, при што споредено со 2016 година бележи пад од 25,16%. При тоа, остварен е извоз во вредност од 11,06 милиони САД $, кој во однос 2016 година бележи значителен пад од 60,7%. Увозното салдо изнесува 26,4 милиони САД $, што споредено со 2016 година бележи раст од 20,38%. Во 2017 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена на македонска страна во износ од 15,35 милиони САД $. м-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
14
РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ СРЕДБА
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
СОРАБОТКА
Средба со потпретседателот на Стопанската комора на Австрија, Ричард Шенц - ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДУАЛЕН СИСТЕМ НА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА На 20 март 2018 година, потпретседателот на Стопанската комора на Австрија, Ричард Шенц, реализираше посета на Стопанската комора на Македонија и одржа состанок со оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска.
На состанокот на којшто присуствуваше и Н.Е. Ренате Коблер, амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија, беше изразено задоволство од досегашната одлична институционална соработка во повеќе области од заемен интерес. Можностите за воведување дуално стручно образование во образовниот систем на Република Македонија беше една од темите за разговор, со цел продолжување на активностите и заложбите на двете институции за поттикнување, унапредување и обезбедување стручен кадар во согласност со потребите на приватниот сектор.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
15
СРЕДБА -Токму по примерот на успешните системи на дуално образование што функционираат во западните земји како Австрија, Германија и Швајцарија, улогата на Стопанската комора на Македонија во изминатиот период беше клучна во процесот на реформирање на средното стручно образование при поврзување на приватниот сектор и средните стручни училишта, во делот „учење преку работа“ – истакна м-р Милевска Штрбевска. -Преку оваа иницијатива ќе им помогнеме на компаниите кои работат во индустријата да обезбедат стручен кадар со тоа што учениците уште за време на своето средно образование ќе бидат подготвувани за работа во конкретна компанија, - додаде м-р Милевска Штрбевска. Потпретседателот на Стопанската комора на Австрија, Ричард Шенц, порача дека дуалното образование е образование ориентирано кон потребите на пазарот на трудот и е инвестирање во иднината и економијата. Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, заедно со Стопанската комора на Австрија, преку своето повеќедецениско искуство и експертиза во оваа област ќе дадат директна поддршка и „know-how“ во процесот на имплементација на системот на дуално образование во средното образование. М-р Борис Тримчев, советник во Стопанската комора на Македонија, истакна дека е формирана Мешовита комисија, составена од претставници на јавниот и приватниот сектор којашто ќе го спроведува процесот на воведување на дуалниот систем на образование, а во иницијална фаза е изменувањето и дополнувањето на законската регулатива за негово спроведување. На состанокот се дискутираше и за отворените можности за соработка помеѓу македонските и австриските компании, со цел продолжување на активностите на двете стопански комори за поттикнување и проширување на деловната соработка меѓу стопанствата на двете земји. Влатко Стојановски
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
СТАВ
СТАВ: ВРЕМЕ Е ЗА МУДРИ ПОТЕЗИ ВО НАСОКА НА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БАРИЕРИТЕ ЗА ПОШИРОКА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ПО ПОВОД ОДЛОЖЕНАТА СЕДНИЦА НА ВЛАДИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА СРБИЈА ВО НИШ Бранко Азески, претседател Стопанска комора на Македонија Нема никакви дилеми дека единствен извор за одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан кој ќе ги приближи кон земјите од ЕУ е токму интензивирање на регионалната економска интеграција и зголемувањето на трговската соработка во рамки на регионот. Земјите од Западен Балкан како мали економии можат да ја подобрат алокацијата на ресурсите и да ја зголемат својата продуктивност единствено преку искористување на економијата од обем со поголема регионална и меѓународна интеграција. Тие можат да ја подобрат својата позиција на глобалните пазари само ако соработуваат со други поразвиени земји обезбедувајќи на тој начин трансфер на технологија и знаење што ќе им овозможи да се вклучат во нивните синџири на снабдување преку производство и извоз на производи со повисок степен на финализација и додадена вредност. Иако поминаа речиси 12 години од склучувањето на ЦЕФТА-Договорот, земјите од регионот не ја искористија можноста регионално да се поврзат и да соработуваат, по примерот на земјите од Европската унија кои економскиот раст го темелат токму на трговската интеграција. Треба да е јасно дека темелите на регионалната соработка треба да се зајакнат бидејќи тие се услов за поширока европска интеграција. Ако од 2006 година, кога беше потпишан ЦЕФТА-Договорот, учеството на размената со земјите од ЦЕФТА во вкупната трговија на Македонија со светот се движеше од 18,7% (во 2007 година) до 20,7% (во 2009 година), веќе од 2010 година тоа учество почна да се намалува
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
17
СТАВ и изнесува не повеќе од 11%. Истото се однесува и на Србија, БиХ, Албанија, кои како и Македонија се сконцентрирани кон пазарите на ЕУ, чие учество во извозот надминува 70%. Единствено состојбата е поразлична кај Црна Гора и Косово, кои имаат извоз од околу 30 до 40% во рамките на ЦЕФТА-регионот, приближно колку што имаат и во земјите на Унијата. Ова јасно укажува дека обемот на соработката во рамките на регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а наспроти тоа светскиот извоз во изминатиот период забележува значителен пораст. За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40% од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80% од БДП. Според истражувањето кое Стопанската комора на Македонија го нарача од Виенскиот институт за меѓународни економски односи, ако сакаме македонската економија да забележи подинамичен економски раст, потребно е учеството на извозот во БДП да биде над 70%. Повеќе години наназад, Стопанската комора на Македонија преку ЦЕФТА Коморкиот форум до владите на земјите - потписнички на Договорот апелираше дека е потребно да се продолжи со активностите во насока на елиминирање на бариерите и да се зголеми ефикасноста со скратување на времето од моментот кога економскиот ентитет поднесува извештај за одредена бариера, до моментот на решавање на барањето. Во случај кога нетарифните бариери кои се јавуваат во земјоделскиот сектор не може да се решат на билатерална основа, коморите предлагаа да се вклучи и арбитражата наместо да се пролонгира решавањето за еден подолг временски период, кој може да резултира со губење на довербата во ЦЕФТА- земјите или воведување контра мерки од некоја од земјите потписнички на договорот. Од земјите во регионот, Србија е најзначајниот надворешно-трговски партнер на Македонија, на која отпаѓа половината од вкупниот обем на размена. Ако погледнеме подетално во билатералната размена помеѓу Република Македонија и Република Србија, ќе видиме дека околу 30% од меѓусебната размена се должи на земјоделскопрехранбениот сектор. Во 2017 година овој сектор оствари извоз во Србија од околу 66,5 милиони САД $, со што во вкупниот извоз во Србија учествува со 21%, што претставува намалување од 38% во однос на 2013 година (106,9 милиони САД $). Во истиот период, од Србија е остварен увоз во вредност од околу 164,9 милиони САД $, кој во вкупниот увоз од Србија учествува со околу 30% и бележи раст од 10% во однос на истиот споредбен период (149 милиони САД $).
18
СТАВ
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
СОРАБОТКА
Ваквите движења, со континуирано намален обем на извоз од Македонија, во најголема мера се резултат на бариерите кои се јавуваат во меѓусебната размена, што услови домашните производители да бараат други пазари, наспроти традиционално добрите трговски врски и воспоставената соработка со соседите. Гледано од друг аспект, во рамките на земјоделско-прехранбениот сектор овие земји меѓу себе тргуваат многу слични производи. Србија во Македонија извезува кондиторски производи, зеленчук, производи од месо, брашно, што е речиси идентично со извозната структура од Македонија во Србија. Оттука, не треба да не` изненадат настојувањата на земјите да наметнат нетарифни бариери и покрај воспоставениот Договор за слободна трговија во рамките на ЦЕФТА-земјите. Но, и покрај краткорочните ефекти што можат да се остварат преку заштита на домашното производство, таквите мерки се надвор од видикот на големата слика која е базирана на премисата дека од слободната трговија и регионалната интеграција на долг рок добиваат сите земји. За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговијата, сега е вистинското време да се повлечат мудри потези поткрепени со силна поддршка од ЕУ и од другите релевантни меѓународни чинители во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговска соработка, што ќе обезбеди економски просперитет за сите земји. Затоа е неопходен политичкиот консензус и волја кај сите чинители во регионот за придвижување на овој процес, како и директна поддршка од ЕУ, која е вклучена во интеграцискиот процес и го гледа регионот како просперитетен иден политички и економски партнер на Унијата. П.С. Одложувањето на што и да било за бизнисот е директна финансиска штета, па макар и заеднички седници на владите. Бизнисот е „алергичен“ на тој збор.
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
19
ар Н
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
20
БИЗНИС ИНФО
САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
СОРАБОТКА
ОДРЖАНА ОСМАТА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП - ПОТПИШАНИ ДВА МЕМОРАНДУМА ЗА СОРАБОТКА На 20.03.2018 година, во Општина П р о б и ш т и п , Регионалната комора со седиште во Штип ја одржа осмата седница, на којашто присуствуваа и градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов и директорката на Источниот плански регион, Драгица Здравева. Седницата ја водеше Наум Барзов, претседател на Регионалната комора со седиште во Штип, а на истата се потпишаа меморандуми за соработка меѓу Регионалната комора со седиште во Штип со Општина Пробиштип и со Источниот плански регион. Меморандумите за соработка предвидуваат размена на информации од заеднички интерес, заедничко учество во изработка на апликации и соработка во проекти, заедничко решавање на клучни прашања од значење за бизнис секторот, подобрување на бизнис климата, како и поголема иницијативност и организираност, со еден нов модерен пристап и значителен придонес на Општината и на Источниот плански регион во унапредување на бизнисот на локално ниво. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, се обрати пред присутните и истакна дека во наредниот период ќе работи на зајакнување на односите со сите целни групи и здруженија во Општина Пробиштип и во регионот, со единствена цел за подобрување на условите за живот во општината и заедно со Регионалната комора со седиште во Штип ќе работи на решавање на отворени прашања од локално и регионално ниво
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
21
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ со директно вклучување на претставници на Комората во активностите, особено во делот на Локалниот економски развој. Пред присутните се обрати и Драгица Здравева, која што даде краток осврт на работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион, кои датираат од 2008 година, а подоцна Емил Василев, координатор во Источниот плански регион, го презентираше каталогот со реализирани проекти за периодот 2009-2016 година. На седницата присуствуваше и Ангел Димитров, сопственик на „Мода“ АД - Свети Николе и претседател на Здружението на текстилната индустрија при Стопанската комора на Македонија, кој даде свое согледување за потребата за измена на законските решенија од областа на работните односи. За крај, претседателот Барзов го презентираше Извештајот за работата на Регионалната комора со седиште во Штип во 2017 година. На седницата присуствуваше и Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, која на присутните им соопшти за отворениот Оглас за потенцијални корисници на кофинансирани консултантски услуги од делот на стручните работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа. Таа истакна дека во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се спроведува постапка за избор на потенцијални корисници на кофинансирани консултантски услуги - ваучери од делот на стручните работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за висината на трошоците за извршување стручни работи за безбедност. Максималната вредност на ваучерот, во која не е вклучена контрибуцијата на претпријатијата не може да надмине 1.000 САД долари во денарска противвредност, за едно претпријатие. Временскиот период за извршување на ангажманот е од април 2018 година до септември 2018 година. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
РАБОТНА ПОСЕТА
Претседателот Азески во работна посета на „АрцелорМиттал“ – ПОДДРШКА ЗА МЕТАЛУРГИЈАТА КАКО КЛУЧЕН СЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со претставници на Стручната служба на Комората, оствари работна посета на „АрцелорМиттал“ - Скопје, при што беше одржана средба со извршниот директор, Волфганг Марингер, како и со претставници на менаџментот на компанијата.
На средбата стана збор за повеќе прашања кои се од значење за работењето на компаниите од секторот на металургијата, и за мерките преточени во „Планот за економски раст“, кои имаат за цел зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, зголемување на извозот и регионалната поврзаност, пораст на БДП и забрзување на економскиот раст. Од страна на претседателот Азески беше истакната важноста на металургијата за македонската економија, која учествува со 16,8% во извозот, а воедно посочи дека компаниите како „АрцелорМиттал“, каде повеќе од 85% од производството е наменето за извоз на странски пазари, треба да претставуваат позитивен пример за сите домашни компании.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
23
РАБОТНА ПОСЕТА На средбата стана збор за повеќе прашања кои се од значење за работењето на компаниите од секторот на металургијата, и за мерките преточени во „Планот за економски раст“, кои имаат за цел зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, зголемување на извозот и регионалната поврзаност, пораст на БДП и забрзување на економскиот раст. Од страна на претседателот Азески беше истакната важноста на металургијата за македонската економија, која учествува со 16,8% во извозот, а воедно посочи дека компаниите како „АрцелорМиттал“, каде повеќе од 85% од производството е наменето за извоз на странски пазари, треба да претставуваат позитивен пример за сите домашни компании. Волфганг Марингер накратко ги изложи активностите на компанијата, која во моментот спроведува инвестициски активности за зголемување на капацитетите за производство на поцинкуван лим, кои треба да придонесат за зголемување на производството, коешто во текот на изминатите неколку години изнесуваше приближно 110.000 тони, во 2018 година се очекува да достигне до 180.000 тони, со проекција за достигнување на производство до 220.000 тони во 2020 година. Тој посочи дека компанијата во своето работење ги имплементира стандардите за заштита на животната средина, но и дека приоритетот на инвестициите на компанијата во изминатите години, меѓу другото, беше и во одделот за безбедност, каде што во моментот се применуваат стандарди кои се усогласени со глобалните стандарди и најдобрите практики на корпорацијата „АрцелорМиттал“. Во таа насока, компанијата има спроведено поголеми инвестиции во оваа област, вклучувајќи го и обезбедувањето на повеќе од 6000 метри „Life Lines” за висинска работа, во насока на приспособување на линијата за безбедност според стандардите за безбедност на Западна Европа. Металуршката компанија„АрцелорМиттал“ - Скопје делува како дел од корпорацијата „АрцелорМиттал“ која е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони, работи во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји, и претставува лидер во сите главни пазари за челик. Д-р Татјана Штерјова
24
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
САМИТ НАСОСТАНОК РАБОТЕН МАЛИТЕ ЗЕМЈИ
Најава за посета на бизнис делегација од Исламската Република Иран на Стопанската комора на Македонија Амбасадорот на Исламската Република Иран во работна посета на Комората На 22 март 2018 година, во Стопанката комора на Македонија се одржа работен состанок меѓу амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Хосеин Карими, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена помеѓу двете земји, а беше постигната согласност дека е неопходно приватниот сектор да биде главниот носител на економскиот раст.
Амбасадорот Карими ја потенцираше подготвеноста на Исламската Република Иран да обезбеди поддршка за зголемување на економската и трговската размена помеѓу двете земји, како и прифаќање на иницијативата на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделство, за одржување бизнис форум и билатерални средби меѓу стопанствениците од Исламската Република Иран и Република Македонија, во Република Македонија.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
25
РАБОТЕН СОСТАНОК - Амбасадата на Исламската Република Иран во Република Македонија е сконцентрирана кон зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и поттикнување на потенцијалите коишто постојат, за што поскоро надминување на постојните бариери, – додаде амбасадорот Керими. Претседателот Азески додаде дека оваа посета ќе претставува голема можност за размена на информации и воспоставување партнерски односи на македонските компании со иранските претставници и можност за пробивање на нов пазар со големи потенцијали. - Македонските компании имаат одлични производи за пласман на иранскиот пазар, додека Иран на Македонија може да и` понуди нови технологии и „know-how“, од коишто и двете страни ќе имаат бенефит, - истакна Азески. Во насока на што поскоро реализирање на предвидените активности, двете страни одредија официјална посета на иранска бизнис делегација, предводена од претседателот на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделство, Голам Хосеин Шафеи, да се реализира во периодот од 23-24 април 2018 година. м-р Сања Николова
26
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
27
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.3.2018 година 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ВО ДЕЛОТ НА: СУДСКА ПРЕСУДА КАКО ОСНОВ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ СО РАБОТА, ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа, пробна работа, правен основ за договор за вработување и другите договори, суспензија, права од договор за вработување и другите договори, потребно времено прекинување на социјалното осигурување, постапка пред отказ, и отказ поради штетно однесување, одавање деловна тајна и повреда на акти на рабoтодавачот, право на работа со скратено време и права од работен однос во случај на бременост, раѓање и родителство Предавачи: - д-р Лазар Јовевски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје; - м-р Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II - Скопје и - Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.3.2018 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СОПСТВЕНОСТ, СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ, СТВАРНИ ПРАВА НА СТРАНСКИ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА И ПОСТАПКА ЗА ЕКПРОПРИЈАЦИЈА
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката на тема: „Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните сектори на правните лица, како и лица од останатите сектори, особено во делот на сите правни лица кои се занимаат со правни прашања и проблеми поврзани со заштита на нивната сопственост, споровите во врска со сопственичките стварни права, стварните права на странските физички и правни лица, како и особено постапката за експропријација согласно Законот за експропријација и определувањето на надоместокот за експроприраната недвижност согласно Законот за вонпарнична постапка. Предавач: -м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат со искуство во сите области од правото, а особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р.Македонија. М-р Тутуновска има магистирано на тема од областа на договорното право и има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.3.2018 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ
Во брзо и динамично бизнис опкружување, онлајн комуникацијата станува значаен дел од постојниот маркетинг микс. Од компаниите веќе се очекува да имаат прецизно дефиниран пристап кој ќе им овозможи претставување на нивните брендови во најдобро светло, без разлика дали фокусот е на развивање B2B или B2C врски. Едноставното објавување на социјалните медиуми повеќе не е доволно за еден бренд да го заслужи своето место на социјалните медиуми. Потребно е прецизно планирање, дефинирање чекори, спроведување кампањи и нивно мерење со цел да се остварат позитивни ефекти од онлајн комуникацијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 30 март 2018 година, го организира еднодневниот семинар на тема: „Развивање стратегија за настап на социјални медиуми“ чија цел ќе биде фокусирање кон теоретско и практично изучување на процесот на развој на стратегија за настап на социјалните медиуми. Предавач: - Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг, има седумгодишно работно искуство во дигиталниот маркетинг, пет од нив како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија, Brand Union. Автор е на наградуваните блогови This is Not a Social Media Blog и Skopje Casual. Држи бројни обуки на тема маркетинг и дигитален маркетинг.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
10.4.2018 (вторник) Мостар, Босна и Херцегови
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „МОСТАР“ 10 АПРИЛ 2018 ГОДИНА
Интера технологија парк во Мостар, заедно со Стопанската комора на Македонија,Стопанската комора на Србија, Хрватската стопанска комора и Комората занадворешна трговија на Босна и Херцеговина организираат на Меѓународни Б2Бсредби на првиот ден од саемот Мостар, 10 Април 2018 година, со почеток во 15часот на првиот кат на Комора 1 (административна зграда). Како учесник ќе имаат и можност да се слушне деталите за можностите зафинансирање преку програмите на ЕУ (Хоризонт 2020 / SME инструмент) и на услугиза развој и интернационализација на бизнисот понудени од страна на Европскатамрежа на претпријатија (ЕЕН). ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА? Овие меѓународни Б2Б средби ќе олеснат и ќе ги забрзаат наоѓањето намеѓународните партнери на саемот затоа ние ви нудиме можност за избор напотенцијални партнери во согласност со нивните потреби и информации заделовните партнери и интересите на партнерите. Ова потоа се претвора во листана состаноци што се одвиваат на одредено место и место. Секој учесник добивасвоја сопствена листа на состаноци најмалку еден ден пред самиот B2B настан. РОКОВИ до 04. 04. 2018. - Онлајн регистрација (поставување на профил за соработка) до 09. 04. 2018. - Изберете интересни профили и закажете B2B средби 10. 04. 2018.год - Меѓународни B2B Состаноци Мостар 2018 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13-14.04.2018 година Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН МРЕЖА 13–14 АПРИЛ 2018 ГОДИНА, БАЊА ЛУКА РЕПУБЛИКА СРПСКА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Европската мрежа на претприемачи од Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Република Српска, Босна и Херцеговина, ве покануваат да учествувате на 6. Конференција на„РЕДЕТ 2018“ за претприемништво и економски развој на земјите во транзиција и на меѓународните деловни средби што се организираат од 13 - 14 април 2018 година, во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Зошто да учествувате? Имате можност да пронајдете бизнис партнери за соработка, нови клиенти, добавувачи, дистрибутери, да иницирате можности за заедничка деловна или проектна соработка. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате на следниот линк: http://www.redete.talkb2b.net/members/register. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24.04.2018 - 29.04.2018 Истанбул, Турција
СОВЕТУВАЊЕ ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА
Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“. Предавач: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034
Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005
Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
БИЗНИС ИНФО
35
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937
Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937
Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632
Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921
Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 23 Март 2018, Бр. 345
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088