Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
Број 354 345
БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
1
FS 549642
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 23.05.2018
ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВО ПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИ НА ХОТЕЛСКИТЕ И РЕСТОРАНСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
ZAN MITREV
C L I N I C
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
3
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА
ДАЛИ КОНЕЧНО ДОЧЕКАВМЕ НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО? Бранко претседател Стопанската Македонија
Азески, на комора на
Во изминатите десетина дена беа официјализирани нови инвестиции на четири домашни компании, што упатуваат на заклучокот дека се создава позитивна клима за нови инвестиции на македонското стопанство Еден подолг период инвестициските активности на домашните компании беа редок исклучок, наместо редовно правило – што во определена мерка, можеби и не е чудно, имајќи ги предвид политичката и безбедносната ситуација во која македонските компании се најдоа затечени. А ова е уште повеќе разбирливо кога на оваа состојба ќе се придодадат „хроничните“ проблеми кои вообичаено ги носи со себе македонското бизнис опкружување – корупцијата, „сивата“ економија, неефикасните судови и даночниот систем, нерешените имотни права, слабите банкарски услуги и ограничените можности за финансирање кои им стојат на располагање на домашните компании, отсуството на предвидливост во системот која е клучна за донесување на деловните одлуки, неразвиената инфраструктура... - и можеби листава може да продолжи до крајот на оваа страница. Затоа можеби и ќе звучи изненадувачки што во изминатите десетина денови присуствував на отворањето на четири нови инвестиции на домашни компании, долгогодишни успешни членки на Стопанската комора на Македонија, секоја од себе бренд и лидер во својата област, пример кој треба да се истакне и јавно да се пофали.
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА На почетокот на минатата недела, во Тетово, во рамките на неодамна изградениот комплекс „РЕМ Центар“ во центарот на градот, беше отворен првиот хотел брендиран под името на меѓународниот синџир на хотели „Mercure“ – инвестиција во вкупна вредност од 40 милиони евра и извонреден објект со пет ѕвезди кој се простира на 60.000 метри квадратни. Особено импонира смелоста таков врвен објект со толку голем капацитет да се отвори надвор од главниот град, но ако се има предвид реномето на инвеститорот „Ренова“ како вистински препознатлив домашен бренд и лидер во индустријата на градежните производи, не се сомневам дека овој објект ќе придонесе за значителен развој на туристичките потенцијали на градот, но и за унапредување на деловниот амбиент во тој дел од државата. Во текот на истата недела беше отворен уште еден голем инвестициски проект во областа на угостителството и туризмот – хотелот „Unique“ во Охрид, во близина на мостот Билјанини Извори – уште едно извонредно хотелско здание со 130 просторни и луксузно уредени соби, што придонесува за подигнување на нивото на туристичката понуда во нашиот главен туристички центар. Инвеститорот – компанијата АД„Илинден“ е докажан и етаблиран лидер во градежниот сектор, а проширувањето на делокругот на активности и во областа на хотелиерството само ја потврдува премисата дека градителите се тука за да создаваат нови вредности во домашната економија. Крајот на неделата го донесе отворањето на уште еден инвестициски објект – а овој се карактеризира по специфичноста што се наоѓа надвор од нашите граници – пример што особено треба да се истакне. По веќе реализираните инвестиции во Косово и во Албанија, македонската компанија „Даути Комерц“ ја официјализираше новата инвестиција во регионот во дистрибутивен центар во Подгорица, Црна Гора, во вредност од 3,5 милиони евра - магацин на големо, за увоз и дистрибуција на мешана стока, каде што ќе се третира увезена стока од Македонија, Србија, од земји-членки на Европската унија, Азија и Јужна Америка. Компанијата веќе има обезбедено доминантна позиција на производите и брендовите кои ги застапува на пазарите каде што е присутна, и е вистинска движечка сила за активностите што треба да бидат основата во работењето на секоја наша компанија – освојување на странските пазари, па верувам дека овој дистрибутивен центар значително ќе придонесе за постигнувањето на овие цели. Конечно, почетокот на неделата што полека изминува го одбележа отворањето на новиот производствен погон на компанијата „Единство“ – с. Челопек - една од најголемите компании во секторот фармерство со вкупен капацитет од 24.000 свињи, како и сопствено производство на сточна храна. Во новиот производствен капацитет, кој се наоѓа во с. Брвеница, Тетово, се планира расекување на свежо месо, како и мали
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА деликатесни серии преработки од сопствено свежо месо. Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милиони евра, но што е уште поважно, станува збор за современ капацитет направен по највисоки европски стандарди, а кој функционира во рурална средина – што е исклучително позитивен пример за процесот на децентрализација, кој се` почесто се наметнува како предуслов за растот на приватниот сектор. Зошто се осврнувам на овие примери? Од едноставна причина што нивните мали инвестициски победи значат зрак на надеж за целата македонска економија и придонесуваат за создавање позитивна клима за нови инвестиции – а неспорно е дека економскиот раст може да се постигне само ако постојано се инвестира – во нови технологии, во замена на постојната застарена опрема, реконструкции за проширување на капацитетите, технолошки модернизации, воведување нови производи во производните програми, подобрување на работните услови, проширување на трговската мрежа и освојување нови пазари, подигнување на стручното ниво на работниците, воведување нови форми на организација и управување....можностите се неограничени. Не сум сигурен дали од овие изминати десетина дена може со сигурност да се наѕира нов инвестициски циклус во македонската економија – но посакувам тоа да е така, затоа што веќе доволно долго време македонското стопанство беше несигурно и претпазливо. За ова значително треба да придонесе и новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите усвоен на почетокот на месецов, кој поставува законски нормирана рамка за финализирање на иницијативата за поддршка на успешните македонски компании, како и зголемување на нивната конкурентност и инвестициска активност. Затоа, охрабрете се, извадете ги инвестициските планови кои ги чувавте некаде во задните фиоки, реализирајте ги идеите за нови производни линии кои потајно ги планиравте со години, освојувајте нови пазари – затоа што ниедна инвестиција не останува без резултат!
6
БИЗНИС ИНФО
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОИЗВОДЕН ФОРУМ КАПАЦИТЕТ
ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВО ПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИ НА ХОТЕЛСКИТЕ И РЕСТОРАНСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија во изминатиот период реализираше повеќе активности со конкретни инцијативи за изменување и дополнување на законската регулатива во секторот, со цел остварување подобри резултати кои треба да покажат и поголем инпакт на угостителството и туризмот
во домашната економија. За таа цел беа одржани серија работни состаноци на коишто се дискутираше за конкретни проблеми во дејноста; пред речиси една година е доставен допис до министерот за економија со предлог за отпочнување разговори за решавање на конкретни проблеми од секторот туризам и угостителство, во кој се дефинирани повеќе од 20 прашања; одржани се и две работилници во ноември и тркалезна маса во декември 2017 година со цел да се стимулира дискусија – кои стимулативни мерки е потребно да се воведат со цел да се обезбеди раст и приход на туризмот согласно проекции во домашната економија. По сите овие активности, во јануари 2018 година беа формирани работни групи во Министерството за економија со цел изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Законот за угостителската дејност и за Стратегијата за туризам која е се`уште во форма на нацрт-верзија. Се преземаат
активности за дефинирање на конкретни предлози и во рамките на УСАИД-Проектот
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ за подобра бизнис регулатива, каде се вклучени четирите стопански комори. Сепак, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, преку оваа прес-конференција има за цел да укаже дека некои од проблемите кои се наведени во предлозите за изменување и дополнување на законската рамка, потребно е интервентно да се решат. - Едно од тие прашања е како да се елиминирана нелојалната конкуренција согласно продажбата на хотелските и другите видови услуги за ноќевање преку светски познатите „онлине“ оператори во услови на нерегулирана категоризација на сите сместувачки капацитети кои постојат на пазарот и непостоење на регистри на објектите, освен за хотелите, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. - Во таа насока, со цел да се овозможи реална евиденција на бројот на туристи и ноќевања, што ќе значи и пореално евидентирање на девизниот прилив, како и други поволности со кои ќе се зголеми учеството и влијанието на туризмот и угостителството во домашната економија, предлагаме да се воспостави систем на контрола и следење на работата на сместувачките капацитети, во меѓусебна комуникација и соработка токму со светските „онлине“ оператори, истакна Горан Дамчевски заменик-претседател на Здружението при Комората. Членките на Здружението не се против функционирањето на платформата на „онлине“ продажба дотолку повеќе што и Македонија е пазарно ориентирана држава. При тоа, истакнуваме дека „онлине“ операторите се сериозни тур-оператори преку кои во светски рамки се одвива продажбата на сместувачки капацитети во голем процент. Нивното постоење и функционирање и на македонскиот пазар има големо значење бидејќи проценките на бизнис секторот се дека околу 50% од вкупниот обем на продажба на хотелските услуги се одвива преку „BOOKING“. Сепак, бизнис заедницата од угостителскиот сектор преку Стопанската комора на Македонија во насока на елиминирање на нелојалната конкуренција предлага да се преземат активности по два основа: 1. да постои задолжително категоризација и регистри за сите видови сместувачки капацитети на државно и на локално ниво и 2. да се воспостави директна соработка со светските „онлине“ тур-оператори, за да се обезбеди систем на контрола на сместувачките капацитети на домашни субјекти кои се продаваат на пазарот. Здружението на угостителството и туризмот укажува дека во моментов освен категоризација на хотел, мотел, пансион и апартмани регистрирани од физички лица на локално ниво, не постои јавно достапна информација колку капацитети се регистрирани под други називи, надвор од оние што подлежат на категоризација, како апартмани, преноќувалишта, резиденции, куќи за одмор, вили, планинарски, ловни домови и други
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА КЛУБ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ НА СЕСИЈА ИЗВОЗНИЦИ ФОРУМ форми под чии називи се издаваат преку „онлине“ продажните оператори и при тоа постои само Регистар на хотели. На локално ниво речиси и да не постојат регистри за физичките лица кои работат угостителска дејност. Туристичките бироа не функционираат, договорите со туристичките агенции не се видливи. Во таа насока, членките на Здружението при Комората предлагаат Министерството за економија да воспостави директна соработка со светските„онлине“ тур-оператори за да се обезбеди систем на контрола на сместувачките капацитети на домашни субјекти (правни и физички лица) кои се нудат за продажба и дали истите ги почитуваат критериумите. Ова пред се` е поради фактот дека секојдневно само на „BOOKING“ се огласуваат над 600 сместувачки капацитети само во Скопје, или над 1500 во цела Македонија. Голем број од апартманите се рекламираат со три и четири ѕвезди, а категоризација на апартмани не постои. Нема информација кој од овие субјекти работат како правни лица, дали плаќаат данок, дали имаат евидентирано вработени лица, дали пријавуваат во Заводот за статистика број на туристи, дали водат книги за евиденција на гости, дали истите се пријавуваат во МВР согласно законските прописи. За разлика од системот на „BOOKING“, каде огласените објекти мора да работат согласно Законот, продажбата на сместувачки капацитети преку „AIRBNB“ системот е поразлична и овозможува издавање и од физички лица без при тоа да имаат регистрација на угостителска дејност. Сепак, и едниот и другиот „онлине“ систем за продажба имаат интерес да постојат на пазарот и имаат поставени соодветни услови и критериуми за работа, кои согласно светските искуства сите страни во процесот се обидуваат да го почитуваат. Доколку се воспостави систем на следење и контрола, ќе се елиминира нелојалната конкуренција, ќе се намали „сивата“ економија преку: 1. евидентирање и на туристите, кои престојуваат во објекти кои се издаваат преку „онлине“ операторите; 2. вклучување на лицата кои работат во овие објекти во активен работен однос во секторот, со што и бројката на вработени во туризмот и угостителството би била поголема, а со тоа и приходите од туризмот и угостителството во буџетот по основ на плаќање на придонеси и даноци; 3. раст на приходите од вршење дејност, преку плаќање даноци по разни основи согласно Закон, како и евиденција на девизниот прилив од туристичка дејност што значи и поголеми приходи во буџетот. Крајно подобриот систем на контрола и евиденција на угостителските објекти за ноќевање ќе даде пореална и позитивна слика на учеството на туризмот и угостителството во домашната економија, преку бројот на туристи, приходи во буџетот, како и во делот на вработувањето. Даниела Михајловска Василевска
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
9
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА
ПОВИК ЗА ИЗДАВАЊЕ МИСЛЕЊЕ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ УСЛОВ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА НА ВЛАДАTA („Службен весник на РМ“, бр. 86/2018) Стопанската комора на Македонија согласно Одлуката зa укинување на увозната давачка - царинска стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистено од месо и живинско сало, неистопени или поинаку издвоени, свежи или разладени, замрзнати, солени, во саламура, сушени или чадени („Службен весник на Република
Македонија“, бр. 86 од 11.5.2018 година), известува дека издавањето Мислење за исполнување на економскиот услов ќе се врши по пат на поднесување барање од страна на заинтересираните регистрирани производители на храна.
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
ИНВЕСТИЦИИ КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ Со цел навремено издавање на мислењата во интерес на корисниците - оператори со храна, регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство како производители на сувомесни производи, се повикуваат корисниците до Стопанската комора на Македонија, до крајот на месец мај 2018 година, да ги приложат следните документи: - барање за издавање Мислење за исполнување на економскиот услов, во кое подносителот е должен да наведе податоци за вкупна произведена, фактурирана и наплатена количина на готови производи во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање царинска давачка, за 2017 година; - извод од финансиска картичка од Агенцијата за храна и ветеринарство за платени фактури за 2017 година за произведен готов производ; - фотокопии од приложените извештаи на секој оператор доставени до официјалните ветеринарни инспектори за изработка и наплата од Агенцијата за храна и ветеринарство, во вкупни количини за 2017 година; - извештај за фактурирана количина на готови производи во 2017 година во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање царинска давачка; - извештај за наплатена количина на фактурирани готови производи во 2017 година во кои како суровина се користени стоките за кои се бара ослободување од плаќање царинска давачка со состојба 30.4.2018 година; - изјава дадена од страна на подносителот, под полна морална, материјална и кривична одговорност дека податоците кои се наведени во барањето и приложените документи се вистинити. Непотполните и ненавремено доставените барања ќе се сметаат за невалидни.
БИЗНИС ИНФО bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
ај те
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
11
ар Н
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
12
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
13
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12-15 јуни 2018 година, Хановер, Германија
МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ИНФОРМАТИЧКОКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ “CEBIT”
Здружението на информатичко-комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија информира дека на Саемот за телекомуникаци, информатичкокомуникациски и интернет услуги “CeBIT”, во Хановер, Германија, ќе се одржат бизнис средби „Future Match 2018“ од 12-15 јуни 2018 година. Во рамките на Саемот ,,CeBIT’’ ќе се организираат: изложба, конференција и фестивал, што опфаќа дигитализација на бизнисот, администрацијата и општеството. Паралелно со изложбата, во организација на Европската мрежа на претпријатија, ќе се случуваат и бизнис разговори „CeBIT 2018“. Повеќе информации на: https://futurematch2018.b2match.io/ Зошто да учествувате на деловните средби? -Запознајте се со најновите информации за ИКТ-трендовите и иновациите. -Промовирајте ги вашите производи, технологија и знаење. -Најдете решенија за вашите ИТ-проблеми. -Најдете нови партнери. -Најдете нови клиенти и креирајте нови партнерства со деловните партнери. -Разговарајте за нови идеи за проекти.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.5.2018, 30.5.2018 и 1.6.2018 година Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Информации за организираноста на обуката: • обуката ќе се организира во Стопанската комора на Македонија во претходно договорен термин, со можност истата да се организира и во вашите просториите во претходно договорените термини; • времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа; • по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование и обука; • обезбеден работен материјал; • обезбеден ручек и освежување; • цена на обуката по учесник изнесува 10.000 денари + ДДВ 18%; *Минимален број за реализација на обуката е 5 учесници. Предавачи на обуката се преставници од Центарот за стручно образование и обука кои воедно се и носители на работната група за изработка на оваа програма: м-р Бранко Алексовски, м-р Роза Арсовска и м-р Зоран Јовчевски.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
11-15 јуни 2018 година Мадрид, Шпанија
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“
Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да земете учество на 19. Меѓународен саем за градско планирање, уредување и градска чистота, кој ќе се одржи во периодот од 11 до 15 јуни 2018 година во Мадрид, Шпанија. Истиот за првпат ги соединува најголемите саеми од секторот и тоа: Форумот за одржливи решенија за животната средина – Меѓународен саем за рециклирање, Меѓународниот саем за урбанизација, градско планирање и животна средина и Трговскиот саем за хигиена и чистота. Во рамките на саемските активности, ќе бидат организирани и работни средби со раководни лица од градски комунални претпријатија од Мадрид со цел размена на искуства и споделување добри практики. За реализација на програмата потребно е минимум 10 лица. Последен рок за пријавување е 30 мај 2018 година.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19-21.6.2018 ГОДИНА, Сараево, БиХ
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ
Зошто да учествувате? Учеството е бесплатно и вклучува: -персонализиран распоред за состаноци (однапред подготвени 20-минутни состаноци); -информативен пакет обезбеден на денот на настанот; -деловна помош на партнерите на Enterprise Europe Network. Рокови: -18 јуни 2018 година: Онлајн-регистрација на учесниците - внесување на профилот за соработка на веб-страницата за настани: http://www.energa2018.talkb2b.net/ . -18 јуни 2018 година: избирање на интересни профили и резервација на деловни средби на веб-страницата за настани. -19 јуни 2018 година: бизнис средби.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)
Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград
Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании
Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
БИЗНИС ИНФО
21
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939
Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912
www.mchamber.mk
Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk
22
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
Петок, 18 Мај 2018, Бр. 353
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка
goodini 1
922 - 2018
Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088