Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
Број 373 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
goodini
192
2 - 2018
23.03.2018 23.11.2018
ПРЕПОРАКИТЕ ОД „БЕЛАТА КНИГА“ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ - ТЕМЕЛ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА И ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА ВО МАКЕДОНИЈА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ ПРЕКУ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Еднодневна специјалистичка обука на тема:
DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis 11.12.2018 година (вторник), 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ ПРЕКУ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ФОРМАЛНОТО И НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
-Работници од градежната струка, од прехранбениот сектор со акцент на пекари, машинци, ИТ-кадар, се најдефицитарните занимања согласно потребите на бизнис секторот. Во услови на глобален пазар и интензивна конкуренција притисокот врз компаниите да ги подобрат своите процеси е се` поголем. Подобрувањето на процесите во современото работење во голема мера зависи од квалитетот на човечкиот капитал со кој располага компанијата, кој пак зависи од квалитетот на образованието, - истакна м-р Борис Тримчев на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (19.11.2018 година). Со цел поттикнување и поддршка на развојот на формалното и неформалното образование, со посебен акцент на експерименталните модели на образование во насока на задоволување на потребите на пазарот на труд, Комората активно е вклучена во процесите на реформирање на формалното образование и поддршка на неформалниот систем на едукација. М-р Тримчев посочи дека државниот систем на образование сам по себе претставува формализирана структура која треба да задоволи пошироки социјални интереси, а следствено на тоа станува збор за прилично ригидна структура која не може да се менува согласно пазарната динамика, и не може за кратко време да одговори на потребите на пазарот. Во таа насока, Стопанската комора на Македонија е директно надлежна за спроведување на практичниот дел од образовните програми кои се реализираат во
4
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА компаниите и во таа насока работиме во подобрување на квалитетот на реализацијата на програмите, вклучувајќи аспекти од работната средина, интеграција на работното место за учениците и, секако, квалитетот на менторите во компаниите. -Она на што Комората става акцент е флексибилноста на изведување на практичната настава. Флексибилноста ја толкуваме од аспект на можноста самите компании да можат да направат план и програма за реализација на практичната настава со цел пореална претстава на работните задачи. Битен аспект е секако и осигурувањето на квалитет при реализација на практичната настава, а Комората е директно вклучена во тој процес. Во овој дел би потенцирал на секојдневната соработка со Министерството за образование и наука и односните државни органи од областа на образованието, изјави м-р Тримчев. Стопанската комора на Македонија, заедно со партнерите во Проектот„Образование за вработување во Македонија“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, работи на компонента посветена на формалното стручно образование во насока на подобрување на квалитетот и соработката помеѓу стручните училишта и компаниите. Од особен интерес е имплементацијата на дуалниот модел на образование, кој во себе ги инкорпорира општо образовните аспекти реализирани во училиштето, како и стручните вештини кои се стекнуваат директно на работното место. Новост во таа област е информацијата дека на третата Европска недела на стручни вештини, која се одржа во Австриската стопанска комора од 5-9 ноември оваа година, за прв пат беше истакнат терминот трипартитно образование кое во себе содржи комбинација од училиште, компанија, а посебна компонента е посветена на дигиталните вештини. Она што е од особено значење од аспект на брзото задоволување на потребите на компаниите е неформалното образование, информира Борис Тримчев, а во таа насока Комората работи на неколку проекти финансирани како од надворешни донатори, така и од сопствени средства на Стопанската комора на Македонија. Освен работата на Бизнис центарот за тренинг и обука, кој е тренинг провајдер со повеќе од 15 верифицирани програми од Центарот за образование на возрасните и лиценцирани од Министерството за образование и наука за различни струки, во делот на неформалното образование работиме на експериментални модели со цел тестирање и изготвување предлози за најдобрите практики. Почнувајќи со „Build Up Skills“ Иницијативата во 2012 година која го таргетираше градежниот сектор, поддржана преку Програмата „Интелигентна енергија“ на Европската унија, во втората фаза наречена „Обука на градежни работници за енергетска ефикасност“, тестиравме систем на препознавање, или формализација на претходно стекнати вештини за кои лицата не поседуваа формална потврда. Во тој процес 967 лица од градежниот сектор поминаа низ системот на валидација со цел да
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА се верифицира нивното знаење и вештини од областа. Овој систем беше нотиран, беа идентификувани слабите страни и беа предложени корективни мерки. Денес овој систем претставува база за формално признавање претходно стекнато знаење и државните институции се активно вклучени во неговата формализација. Почнувајќи од 2017 година со влезната фаза, Стопанската комора на Македонија преку Проектот„Образование за вработување во Македонија“ работи на подобрување на понудата која ја испорачуваат приватните тренинг провајдери. Во оваа фаза тестираме заедничка соработка помеѓу компаниите и провајдерите во насока на подготовка на програма, меѓународна експертиза и реализација на тренингот со цел компаниите да се здобијат со квалитетна работна сила, а провајдерите да ја прошират својата понуда на обуки. Во моментот тестираме модели на соработка помеѓу компании од ист сектор кои ја креираат понудата, а тренинг провајдерот ја врши обуката за нив, со што процентот на вработливост по завршување на обуката на овие лица е релативно висок. За овој пример беше разговарано на состанок на Работната група која го составува Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 година, а една од мерките ќе биде дизајнирана согласно позитивната практика. Ова се само неколку примери имајќи предвид дека првата фаза од Проектот започна во март оваа година, а целокупното времетраење на истиот е 10 години. Во следниот период ќе следат уште повеќе позитивни примери кои подоцна ќе доведат до значајни ефекти на пазарот. Дека образовниот процес е битен говори и информацијата дека дел од 101 милијада евра од Европскиот социјален фонд ќе бидат искористени за поддршка на стручното образование и тренинг на младите лица, како и за преквалификација и доквалификација на возрасните. Во наредниот период двојно ќе се зголеми фондот за „Ерасмус +“ Програмата на 30 милијарди евра, затоа што Европската унија сака да инвестира во луѓето, бидејќи иднината ги носи најголемите предизвици, а тоа се дигитализацијата и роботизација. Дел од овие средства ќе бидат достапни и за Македонија. Покрај наведените активности, Стопанската комора на Македонија преку Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст, работи на регионална програма која има за цел да се инвестира во опрема за спроведување практична настава, од кој бенефит ќе имаат училиштата, тренинг провајдерите и компаниите. М-р Борис Тримчев
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ДИПЛОМАТСКИ ПОСЕТИ
АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА МОЛДАВИЈА ВО СОФИЈА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На 22 ноември 2018 година, претседавачот на Собранието на Стопанската Комора на Македонија, Антони Пешев, оствари работна средба со амбасадорот на Република Молдавија со седиште во Софија, Н.Е. Штефан Горда и конзулот госпоѓа Ирина Кожокару. Посетата беше реализирана со цел размена на мислења за постојната меѓусебна економска соработка и отворање можности за унапредување на истата. Господинот Пешев ја претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис заедницата и идните подвизи што дополнително ќе придонесат за развој на бизнис секторот во Македонија. Европските перспективи, зајакнување на конкурентноста на компаниите, олеснувањата во трговијата, дигитализацијата, едукацијата, привлекувањето странски инвеститори и остварувањето на подолгорочни облици на соработка се основните приоритети на кои се посветува особено внимание во сите коморски активности. Постојат можности за зголемување на соработката во земјоделскиот сектор, винската индустрија, информатичко-комуникациските технологии, подвлече претседавачот на Собранието на Комората. Според Н.Е. Штефан Горда, размената на информации и искуства е многу важен фактор за креирање позитивна перцепција за земјите, кај бизнисмените од двете земји.
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
7
ДИПЛОМАТСКИ ПОСЕТИ
Во таа насока, амбасадорот информираше дека се планирани деловни средби, односно посета на бизнис делегација од Молдавија во Македонија, во првата половина на 2019 година. Таков бизнис форум кој не е организиран многу долго време, ќе помогне да се создадат одлични предуслови за поттикнување и продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, потенцираше амбасадорот. Стопанската комора на Македонија ќе биде навреме информирана од страна на Трговскоиндустриската комора на Република Молдавија, со која е во долгогодишна одлична соработка, за интересите на бизнисмените од страна на Молдавија со цел пронаоѓање соодветни партнери за деловните поврзувања. Гледано според тековите во трговската размена помеѓу Македонија и Молдавија, може да се забележи зголемување на извозот почнувајќи од 2016 година, каде во однос на 2015 година истиот е зголемен за 340,4%, период од кога се остварува трговски суфицит на македонска страна. Според последните податоци за периодот I-IX-2018 година реализиран е извоз од 2,31 милиони САД$, со опаѓање од 51,37%, додека увозот изнесува 1,83 милиони САД$, со зголемување за 79%, споредено со истиот период од 2017 година. Генерално, во структурата на македонскиот извоз се застапени зеленчукот, цевките и лековите, додека на страната на увозот најголемо учество имаат производите од стакло, шипки и прачки од железо или друг легиран или нелегиран челик и електрични спроводници. Билјана Пеева-Ѓуриќ
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА
РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП: УШТЕ ЕДЕН ИНФОРМАТИВЕН НАСТАН НА ТЕМА: „ИПАРД 2 – ЕВРОПСКИ ПАРИ ЗА АГРОБИЗНИСИТЕ“
Во организација на Регионалната комора со седиште во Штип, а во соработка со Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието во Штип и Општина Карбинци, а на барање на компаниите од регионот, на 20.11.2018 година, беше одржан информативен настан на тема: „ИПАРД 2 – Европски пари за агробизнисите“. Компаниите - членки на Стопанската комора на Македонија - потенцијални апликанти, коишто искажаа посебен интерес за учеството на овој настан, беа информирани за можностите кои ги нуди новата ИПАРД-Програма 2014-2020. Предавач на овој информативен настан беше Илчо Маролов, советник во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието - Штип. Тој пред присутните компании, претежно од земјоделскиот сектор, ги презентираше двете мерки: „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ и „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и производи од риба“ коишто ќе бидат финансирани од ИПАРД-Програмата 2014-2020. Следниот повик се очекува да биде отворен до крајот на месец ноември годинава. На информативниот настан се разгледуваа можностите за прифатливи инвестиции, критериуми, потребни документи за поднесување барања, склучување договори, поднесување барања за
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
9
ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА
исплата, проблеми од претходниот програмски период на ИПАРД 2007-2013 година. Исто така, од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието изјавија дека стојат на располагање на потенцијалните апликанти во подготовката на целокупната документација. Беше истакнато дека за разлика од претходниот период, има промени во критериумите за аплицирање кои се олеснети, што дава позитивен знак дека се очекува во наредниот повик да бидат искористени многу повеќе средства. Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, кој најнапред се заблагодари на Регионалната комора со седиште во Штип за организацијата на овој настан и истакна дека како градоначалник на Општина, којашто претежно е земјоделски ориентирана, вработените секојдневно се во комуникација како со земјоделските компании, така и со индивидуалните земјоделци, а напомена дека, како досега, така и во иднина ќе им стојат на располагање за секоја поддршка и помош во работењето. На настанот присуствуваа и раководителот на Подрачното одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Павел Иванов, како и претставник на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Моника Стоичева
10
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА
ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЗАКОНИТЕ, СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ДИРЕКТНО СО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, КАКО ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СТРУЧЕН КАДАР, ПРЕДЛАГААТ БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ПРИЛЕПСКИОТ РЕГИОН
Претседателката на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска, на прес конференција информираше за активностите на Работната група која работи во склоп на Регионалната комора Прилеп, со цел анализа на проблемот со недостигот на квалификувана работна сила во стопанството, во регионот и пошироко. Претседателката Јакимовска информираше дека Работната група прави длабински анализи за причините и последиците од проблемот со недостиг на работна сила. Првичните резултати од истражувањето на Работната група ги презентираа Јасмина Цветаноски, раководител на Човекови ресурси во компанијата Комфи Ангел, координатор на групата и Орде Ѓорѓиоски, директор на правен сектор во компанијата Витаминка . Во презентацијата на двајцата дискутанти преовладуваше констатацијата дека една од главните причини за овој проблем е во нееднаквиот третман на домашните компании и компаниите од ТИРЗ, што се рефлектира со флуктуација на кадрите во странските компании. Како друга причина се посочи несоодветноста на постоечкиот кадар според
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
11
ОРГАНИ И ТЕЛА НА КОМОРАТА
потребите на стопанството, односно дека средните стручни училишта не продуцираат кадар погоден за стопанството во регионот Дискутантите напоменаа дека за надминување на гореспоменатите причини треба интервенции и во законската регулатива. Согласно нивното излагање и констатираните проблеми, посочија свои видувања и сугестии за надминување на проблемот со акцентирање на краткорочни и долгорочни мерки за решавање на истиот. Работната група изнесе и конкретни предлози за ублажување на овој проблем преку заедничка соработка со локалната самоуправа и другите државни институции, односно за следната година да се направи точна анализа какви кадри се потребни во стопанството и врз основа на тие податоци средните училишта да продуцираат такви струки. Од сето погоре кажано, како заклучок на Работната група за надминување на оваа состојба е интензивирање на соработката со средните стручни училишта, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование,Стопанската Комора на Македонија како и активно учество во Проектот на Амбасадата на Швајцарија во Македонија, Е4Е@ mk. Горан Попоски
БИЗНИС ИНФО
12
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
МОЈ СТАВ
Бранко Азески, заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум
30.11.2018, АТИНА, БИЗНИС-ФОРУМ ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!
Отсекогаш сме говореле дека бизнисот е тој кој прв гради мостови и непрекинато ја одржува билатералната соработка помеѓу две земји, дури и кога политичките процеси затајувале – нашата соработка со Грција е веројатно најдобриот доказ за тоа. Години наназад додека политиката молчеше, деловните врски од двете страни на границата непречено се развиваа - компаниите од двете земји секојдневно соработуваа, реализираа инвестиции и заеднички проекти. Во изминативе години Грција континуирано е на врвот на листата на надворешнотрговски партнери на Република Македонија. Така, на пример, минатата година со Грција била остварена вкупна трговска размена во вредност од 821,5 милиони САД$, а за првите 9 месеци од оваа година, остварена е вкупна размена во вредност од 748 милиони САД$, со пораст од 24,8% во споредба со истиот период минатата година, што ја поставува Грција на второто место на најголемите трговски партнери на Република Македонија, веднаш зад Германија. Дополнително, стотици компании со грчки капитал долги години наназад успешно работат во земјава во повеќе различни сектори (банкарскиот сектор, енергетиката, прехранбената и текстилната индустрија, градежништвото и трговијата на мало), вработувајќи повеќе десетици илјади работници,
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
13
МОЈ СТАВ и се активно вклучени во работата на Стопанската комора на Македонија. Сепак, географската близина, инфраструктурната поврзаност, но и воспоставените деловни врски помеѓу компаниите од двете земји, ни даваат основа да веруваме дека оваа соработка може понатаму да се унапредува и да се зајакнува. Ова е една од причините поради кои во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, организираме заеднички Бизнис-форум во Атина, следниот петок, на 30.11.2018 година. Средбата не е прва од ваков вид, напротив, со грчките комори отсекогаш сме имале одлична соработка. Уште од 1994 година заедно со Унијата на грчките трговскоиндустриски комори сме коосновачи на Асоцијацијата на балканските комори, со различните грчки комори сме организирале и неколку деловни средби и бизнисфоруми, како тој во Солун во мај 2003 година, со Солунската комора долго разговаравме за заеднички влез во сопственичката структура на Солунското пристаниште, со Комората од Пела имаме одлична регионална соработка со нашата Регионална комора со седиште во Битола, со Комората од Пиреја реализиравме неколку активности, со Комората од Кукуш пред неколку години имплементиравме заеднички проект, а од почетокот на следната година ќе започнеме со имплементација на заеднички проект со Атинската комора, за поддршка на брзорастечки компании „газели“. Сепак, потенцијали и можности за унапредување на таа соработка секако постојат, а бизнис-форумот следната недела ќе биде уште еден чекор во таа насока. Унијата на грчките трговско-индустриски комори ги претставува 59-те локални грчки комори (за трговија, индустрија и занаетчиство), кои имаат седишта низ територијата на целата земја. Господин Константинос Михалос, претседател на Унијата на грчките трговско-индустриски комори, истовремено е и претседател на Атинската трговско-индустриска комора, која постои и активно функционира од 1841 година, како најголема и најбројна бизнис асоцијација во земјата. П.С. Се надевам дека надлежните органи во двете држави ќе го следат ентузијазмот на бизнис-асоцијациите и дека што побрзо ќе биде дооформена правната рамка за заемната економска соработка, што особено се однесува на склучувањето договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу двете земји, за што со грчкиот колега Михалос повикувавме во повеќе наврати во изминатите неколку години.
Chamber Investment Forum
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ПРЕПОРАКИ
ПРЕПОРАКИТЕ ОД „БЕЛАТА КНИГА“ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ - ТЕМЕЛ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА И ИНВЕСТИЦИОНА КЛИМА ВО МАКЕДОНИЈА
Билјана Пеева-Ѓуриќ, в.д. Извршен директор Стопанска комора на Македонија Првото издание на „Белата книга“ на Советот на странски инвеститори (ССИ) при Стопанската комора на Македонија излезе во 2014 година, како најважен писмен документ на Советот кој понуди конструктивни предлози, опфаќајќи група приоритети за економската политика, идентификувани од страна на странските инвеститори, а кои се во насока на подобрување на деловното опкружување во Македонија. Овој документ е како збирка на погледи за постигнатите цели и препораки за отстранување на непотребните пречки кои ги засегаат инвеститорите, со цел да се постигне подинамично инвестирање на странскиот капитал, преку искуството на странските инвеститори кое ќе послужи како основа за понатамошна и поголема соработка заснована на заемно разбирање и усогласување на локалната практика со меѓународните стандарди на функционирање и деловната етика. Според странските инвеститори, можно е подобрување на бизнис климата во земјата доколку се следат препораките кои ги даваат во областа на администрацијата, законодавството, човечките ресурси, даночните и финансиските прашања. Дел од изнесените препораки во 2014 година се земени во предвид, како, на пример, барањето на инвеститорите моделот на раст да биде поттикнат од извозот, како и зголемена поврзаност со локалните добавувачи, што како мерка се најде во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, донесен оваа година, кој е позитивна стартна позиција во оваа насока. Прифатени се и забелешките дадени на
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
15
ПРЕПОРАКИ Законот за јавни набавки во однос на критериумот за избор на најповолна понуда во постапките за јавни набавки и во Предлог на законот за јавните набавки, кој е во собраниска процедура, наместо критериумот најниска цена се предвидува економски најповолна понуда како одлучувачки критериум при изборот на најповолна понуда. Во врска со барањата за поедноставување на постапката за издавање на дозволите за престој и работните дозволи од аспект на кадарот, постапката за издавање работни дозволи за странски државјани во голема мера е либерализирана, како голема помош за компаниите поради тоа што им се даде можност да добијат дозвола за престој и/ или дозвола за работа на членовите на нивниот персонал во пократки постапки со јасно дефинирана временска рамка, со што се поттикна и подобра комуникација и координација со Агенцијата за вработување, Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи. И барањето на Советот да им се даде можност на младите луѓе да стекнат професионални вештини и да се донесе Закон за практикантство, се надеваме, ќе стане реалност за кратко време бидејќи истиот е подготвен и е започната постапка за негово донесување. Но кога станува збор за работната сила која е квалификувана во областите од интерес за работодавците, се` уште има отворени прашања и потреба од измени во Законот за вработување и работа на странски државјани и Законот за работни односи. Анализирајќи ги препораките, евидентно е дека повеќето реформи кои имаат потенцијал значително да ги подобрат прописите со кои се регулираат правата на сопственост и други права од имотно-правен карактер не се спроведени. Електронската комуникација и недостатоците во дигиталниот систем се најчестите проблеми, односно воочено е дека капацитетот на системот за електронска апликација за пренос на информации се стеснува, наместо да се проширува (ваков е случајот со ЗЕЛС), додека пак транзицијата на Агенцијата за катастар на недвижности од аналоген во дигитален систем не е секогаш успешна во однос на усогласувањето, со што оценка е дека е потребна и подобра хармонизација на националните прописи за правата на сопственост со законодавството на ЕУ за сопственост. Во таа насока, се` уште е потребно да се работи на промена на регулативата во однос на поедноставување на административните постапки и начинот на наплата на таксите, поедноставување и скратување на постапките за издавање дозвола, усогласување на катастарските планови со деталните урбанистички планови донесени од општините, ажурирање на катастарот на недвижности и негово вклучување во проектната документација. Треба да се вложат напори за усогласување на Агенцијата за катастар на недвижности со Законот за градење со цел да се спречат различни толкувања и недоследна примена
16
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ПРЕПОРАКИ на некои правни регулативи од надлежните јавни органи, како и од органите на локалната власт. Сериозно прашање кое предизвикува тешкотии за деловниот сектор е прашањето за нееднаков третман меѓу субјектите од приватниот и јавниот сектор кога станува збор за правната регулатива, со оглед на тоа дека често се случува државните ентитети целосно да бидат исклучени од примената (Закон за извршување) или им се дава можност за задоцнета примена (Закон за финансиска дисциплина). За странските инвеститори од клучна важност е натамошната реализација на градежните проекти долж паневропските коридори 8 и 10, која треба да продолжи со засилен интензитет, изградбата на железничката пруга кон Бугарија, како и градежните работи за модернизирање на Рутата 9 и Рутата 6 од автопатиштата од македонската граница до Приштина. Кога станува збор за инфраструктурата и тоа енергетската, едно од барањата на Советот е процесот на гасификација да остане стратешки приоритет за државата и независно од предизвиците кои се јавуваат во оваа област да се продолжи со напорите и активностите за изградба на примарниот национален гасоводен систем и на системот за секундарна дистрибуција на гас во Скопскиот регион, но и да се најде решение со кое би се осигурило долгорочна стабилност на дистрибуцијата на гас. Ова се приоритетни прашања од аспект на зголемување на конкурентноста на македонската економија, а во овој правец не помалку важно е и очекувањето да се стави приоритетот и на постигнување взаемни договори со царинските управи од соседните држави кои би овозможиле заеднички процедури за царинење, што сега е можно само со Србија на граничниот премин Табановце. Според членовите на Советот на странски инвеститори примената на законите сè уште е предизвик, особено кога станува збор за административни постапки неопходни за добивање разни дозволи, лиценци, одобренија и регистрации. Советот си останува на ставот дека во процесот на подготовка на законодавството мора да бидат вклучени сите засегнати страни, без разлика дали се работи за закон или за подзаконски акт. Притоа, годишната програма за работа на Владата мора да се објавува на почетокот на годината, а објавениот документ треба да ја претставува вистинската програма по која Владата ќе работи во дадената година, а не да се прават дополнувања и отстапки кои само ќе ја зголемуваат непредвидливоста во услови кога е неопходно водење на стабилни бизниси. Произлегува дека и препораките за подобрување на правосудството не се спроведени, на пример, интернет-страниците на судовите често се нефункционални и недостапни. Обидот за приклучување на интернет-страницата одзема многу време, а дополнително на тоа, клучната препорака, според која треба да се класифицираат
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
17
ПРЕПОРАКИ судските пресуди по година на донесување и по предметот на спорот за да се олесни пребарувањето воопшто не е земена предвид. Некои подзаконски акти се централни документи за компаниите, но дури и како такви не се земаат предвид и не се третираат како релевантни документи во рамките на судските постапки или кога се донесува судска одлука. Од горе наведеното може да се констатира дека и натаму остануваат како предизвик клучните приоритети и предлози иницирани од членовите на ССИ, за кои не може да се очекува целосна разрешница во период од 4 години, иако и за нив се преземени одредени мерки но не во доволна мера за да може да се видат поголеми ефекти и тоа пред се` во делот на: • воспоставување стабилно, предвидливо и конкурентно опкружување преку предвидливост на регулаторната рамка, како и политичка и макроекономска стабилност како елементи од суштинско значење за секој странски инвеститор; • зајакнување на јавно-приватниот дијалог преку засилување на соработката помеѓу деловната заедница и владините институции, како суштински фактор за создавање подобро деловно опкружување преку отворен дијалог меѓу властите и засегнатите субјекти, наспроти досегашната пракса честите и брзи промени на законите да доведуваат до нестабилна клима која влијае на сегашните и идните странски и домашни инвеститори; • намалување на севкупните административни постапки и законските оптоварувања, како и продолжување на борбата против корупцијата и поддржување на владеењето на правото; • со забрзано темпо да се одвиваат реформите во јавната администрација за да се подобри спроведувањето на прописите и • да се спроведат суштински реформи во образовниот систем за да може да се обезбеди висококвалитетен и стручен кадар, кој ќе има соодветни знаења и вештини потребни на пазарот на труд, како за странските, така и за домашните компании. Дел од овие препораки сигурно ќе се најдат и во новото издание на „Белата книга“ на Советот на странски инвеститори за 2018 година, кое ќе биде промовирано до крајот на оваа година, но збогатено и со нови предлози и идеи кои треба да наидат на слух во државата за да се обезбедат подобри услови за инвеститорите и да се зголемат повеќекратно ефектите од нив, како предуслов за раст на вкупните економски перформанси во земјата.
18
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ПРЕПОРАКИ
м-р Анета Трајковска
в.д. оперативен директор на Стопанската комора на Македонија
По серијата домашни анализи и предупредувања и извештаи на релевантни меѓународни организации, особено четири прашања остануваат отворени – до кога ќе може Буџетот да го помага Фондот, ќе има ли пари за пензии за идните пензионери, ќе може ли реалниот сектор да издржи дополнителни оптоварувања и дали постои соодветен сооднос на уплатениот придонес и максималната пензија. Во својот последен Извештај и Светската банка предупреди дека државниот пензиски фонд е доведен во опасност, а во прашање е доведена и одржливоста на Фондот и на среден рок и на долг рок. Проблемот го лоцираа во новокреираните работни места субвенционирани од Владата кои практично значат помали приходи во касата на Фондот. Дополнителен ризик кој ќе притиска врз касата на Фондот е иселувањето на младите работоспособни луѓе кои се важни за полнење на Фондот. Вкупната бројка на досега отселени од земјава е огромна, а во најголем дел се работи за младо работоспособно население, што предизвикува односот „вработен - пензионер“ да станува сè помал, а самото тоа ја загрозува тековната одржливост на Фондот. Структурата на проблемот со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија започнува уште пред скоро три децении. Имено, во периодот 1991-1998 година Република Македонија има најголем пад на вработувањето. Заклучно со 1998 година, скоро 35% од населението било невработено, а дијагонално спротивно на тоа бројот на пензионери пораснал за 69%. Бизмарковиот модел може и е применлив да функционира така што најмалку или минимум тројца вработени да издржуваат еден пензионер, но во 1991 година тројца вработени издржувале еден пензионер, а сега
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
19
ПРЕПОРАКИ односот е околу 1,6 вработени издржуваат еден пензионер. Истовремено, од 2000 година наваму има побрз пораст на расходите за пензии од изворните приходи на Фондот на ПИОМ, што го зголемија дефицитот во Фондот. Порастот на дефицитот во Фондот на ПИОМ пред се` е резултат на два клучни фактора: - воведувањето на вториот столб во 2006 година и преносот на средства од првиот кон вториот столб и - втор повеќе значаен фактор, кој има сериозно влијание започнувајќи од 2008 година, е неусогласениот тренд на зголемување на пензиите, во повеќе наврати, кој е најчесто над износот предвиден за усогласување и над стапката на пораст на домашната економија. До 2008 година, економијата, во просек, растела за 3,1%, а пензиите за 2,9%, додека по 2008 година, економијата растела, во просек 2,4%, додека пензиите речиси тројно повеќе или за 6,5%. Дополнително, помалиот пораст на приходите во Фондот на ПИОМ, главно, беше движен и од намалувањето на стапката на социјалните придонеси од 21,2% на 19% во 2009 година и на 18% во 2010 година. Притисокот што пензискиот систем го прави врз јавните финансии исто така е важен сегмент на одржливоста на системот. Пензиите учествуваат со 10% во домашниот бруто-производ и во последниве две децении бележат раст за 2%. Исто така, трансферите од буџетот на Република Македонија за надополнување на недостигот на средства во пензискиот фонд се зголемија двојно во истиот период. Трансферите од буџетот се зголемуваат, како резултат на намалениот број осигуреници и истовременото зголемување на бројот на корисниците на пензии анализирано во периодот од 2001 до 2009 година. Од 2010 година, трансферите забрзано растат, пред се` како резултат на намалувањето на стапката на придонеси и ад хок зголемувањата на пензиите. Но, она за што досега релативно малку било говорено и експонирано во јавноста е постоењето на енормна разлика помеѓу соодносот на највисок износ за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување како основица на којашто се плаќаат придонесите и максималниот износот на пензија кој може да биде исплатен. Во Република Македонија највисоката основа за пресметување на придонеси од 01.01.2018 година е определена на ниво од шеснаесет просечни месечни плати, додека пак највисоката пензија која може да биде исплатена е само два пати поголема од просечната плата, што значително и сериозно отстапува споредбено со уредувањето на системот на пензиско осигурување во европските земји кои уредуваат највисок износ на кој се плаќаат придонеси, и највисок износ на пензија кој може да биде исплатен од
20
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
ПРЕПОРАКИ системот на пензиско осигурување (државниот задолжителен столб, уреден според принципот „pay-as-you-go“).
Како што покажуваат податоците добиени од анализите кои ги спроведе Стопанската комора на Македонија, единствено во Република Македонија постои толку голема разлика помеѓу соодносот на највисок износ на кој се плаќаат придонеси и највисок износ на пензија којшто може да биде исплатен од системот на пензиско осигурување. Највисоката основа за пресметување на придонеси која беше определена на ниво од 12 просечни месечни нето-плати (од март 2015 година до декември 2017 година) со највисоката пензија која може да биде исплатена е само 1,66 пати поголема од просечната плата, што претставуваше можност за искористување само 13,87% од уплатените средства. Доколку се анализира споредбено со постојната основица од 16 просечни нето плати воспоставена од јануари 2018 година на која се уплатувааат придонесите, највисоката пензија која може да се оствари во моментот во РМ е само 2 пати поголема од просечната плата и укажува на уште помала стапка на можноста за искористување од 12,74%. Од анализата може да се забележи дека со измените на Законот за задолжително социјално осигурување кои се во примена од 2018 година и со кој се зголеми највисокот износ на кој се плаќаат придонеси од 12 на 16 просечни нето плати, во Република Македонија постои највисоката основа за пресметување на придонеси, а соодносот на максималната основица и максималната пензија е најнизок, имено плаќаме најмногу, а користме најмалку. Овој сооднос, на највисок износ на кој се плаќаат придонесите и износот на максималната пензија која може да се исплати во Република Македонија е најголем
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
21
ПРЕПОРАКИ компарирано со земјите од регионот и ЕУ, а таквиот голем сооднос претставува, ако може да се каже и демотивирачки фактор на вработените кои остварувааат поголеми примања, а воедно на тоа и плаќаат и поголема висина на придонеси во текот на својот работен век, а правото на максимална пензија која можат да ја остварат е пониска од соседството и од земјите од ЕУ. При вакви состојби се јавува една латентна, прикриена намалена продуктивност на истите, а како таква индиректно, а и директно би се одразила на економскиот раст. Затоа, одржливоста на пензискиот систем не може и не смее да се темели единствено на зголемување на највисоката основа за пресметка на придонеси и зафаќања на релативно мал број на обврзници, кои со несразмерните зафаќања се доведени во состојба да плаќаат најмногу, а користат најмалку споредено со сите земји од регионот и ЕУ. Поради наведеното, како најголема бизнис асоцијација во земјата сакаме да укажеме на потребата за итна реформа на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, но реформа која ќе поддржи и раст на економијата. Реформата треба да опфати промена на уредувањето на методологијата за пресметка на обврските по основ на плаќање на придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување во функција на солидарната, но и во функција на пазарната компонента, а сето тоа во насока на креирање на уредувањето на соодносот помеѓу највисокиот износ на кој се плаќаат придонеси и највисок износ на пензија што може да биде исплатен од системот на пензиско осигурување (државниот задолжителен столб, уреден според принципот „pay-as-you-go“) и тоа или преку намалување на максималниот износ на кој се плаќаат придонеси, или преку зголемување на највисокиот износ на пензија која може да биде исплатена од државниот фонд. Потоа, за решавање на дефицитот во Фондот на ПИОМ решението треба да се бара и во запирање на постојаното зголемување на пензиските издатоци и нивно сведување најмногу на растот на економијата, запазувајќи го моментот на зголемување на конкурентноста на македонската економија, која ќе овозможи раст на вработеноста, платите и животниот стандард, а со тоа и пораст на приходите на Фондот. Трето, социјалните пензии не треба да се на товар на Фондот на ПИОМ бидејќи истите се социјална мерка. Потоа, она што е особено битно за реалниот сектор е да се користат комбинираните реформи на пензискиот систем, бидејќи даваат подобри резултати и главно поради фактот што тие го распоредуваат товарот од пензиската реформа на сите засегнати страни. Пензиската реформа треба да биде комбинирана со цел товарот да се подели помеѓу моменталните генерации, помеѓу засегнатите страни, додека пак имплементацијата да биде постепена и скалеста за да не ја загрози и онака кревката економија.
22
БИЗНИС ИНФО
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
Одржано предавање на тема: „ВЕШТИНИ ЗA ПРЕЗЕНТИРАЊЕ“
Зборувањето пред поголема група на луѓе е дел од нашето секојдневие. Без разлика дали станува збор за официјален настап пред голема публика или презентирање идеја во рамките на работен состанок. Усовршувањето на овој квалитет воопшто не е лесна задача. Формалното образование ниту ги поттикнува, ниту пак нуди можност за развој на овој тип на вештини. Од друга страна, пак, вакви квалитети се барани да ги поседуваат вработените во секоја професионална дејност. Не е доволно само да се има стручни вештини и да се има квалитетен продукт, подеднакво важен е и начинот на којшто ќе се претставиш себеси и своите идеи или услуги пред колегите, клиентите и соработниците. Тоа е нешто коешто нѐ издвојува од останатите и дава дополнителна важност на тоа што го работиме – прави да бидеме избор број 1, единствен избор. Клубот на менаџери-претприемачи на 22.11.2018 година реализираше едукативно предавање токму на оваа многу актуелна тема: „Вештини за презентирање“. Обуката беше реализирана со Митко Керамитчиев, кој е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Тој е еден од најдокажаните македонски консултанти со повеќе од 600 успешно реализирани обуки, семинари, работилници и консултантски сесии за најуспешните македонски компании од речиси сите деловни сектори. Според Керамитчиев, за да биде успешна една презентација важно е: да има квалитетна содржина и презентерот вешто да ја пренесе пораката. Презентацијата треба да биде кратка, поткрепена
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
23
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ со факти, со кои јасно и концизно ќе се пренесе целта на самата презентација. Доколку презентацијата не се пренесува добро, резултатите од презентацијата се искривуваат и сработеното не се покажува во своето право светло. За да може презентерот да ги развие своите вештини потребно е многу самодоверба, искуство и знаење. -Презентирањето пред публика е еден од најчестите стравови на луѓето, поголем дури и од страв од височина, летање или смрт. Се` што треба да направиме е да ги оставиме работите да течат по својот природен тек. Публиката која не` слуша сака ние да успееме и да направиме добра презентација истакна, - Керамитчиев. При тоа, особено е важно да не се обидуваме да ги потиснеме пеперутките што ги чувствуваме, туку да се обидеме да се фокусираме на презентацијата. Зборувањето мора да биде јасно, да не зборуваме на многу висок тон, а истовремено и да не шепотиме. Исто така, менувањето на брзината на зборувањето или бојата на гласот е многу важно, бидејќи тој начин ќе ги размрда слушателите и ќе ја направи презентацијата поинтересна. Контактот со очи е еден од најважните елементи при презентирање и е една од најчестите грешки што ги прават презентерите. Мора да се воспостави контакт со слушателите, со сите доколку сакаме да успее презентацијата. Тоа ќе им даде важност на слушателите и уште повеќе ќе ги заинтересира темата за која презентираме. И на крај, но не најмалку важен е говорот на телото бидејќи тој кажува многу за презентерот. Презентерите кои ја поседуваат ретката вештина на доаѓање веднаш до поентата за кратко време се најценети. Дури и ако презентацијата содржи одлична содржина, нашата публика нема да има трпение бесконечно долго да седи и да не` слуша нас додека ние мирно зборуваме. Долгите говори ја црпат енергијата на слушателите и нема да е потребно многу време пред да почнеме да ги губиме слушателите. Најуспешните говорници во историјата ја разбираат важноста на прецизноста во презентирањето на нивните идеи. Учесниците на оваа обука имаа ретка можност да добијат одлични совети кои ќе им помогнат да ги подобрат своите вештини за презентирање, бидејќи презентацијата во суштина е продавање. Преку презентација сите се трудат на најдобар начин да го продадат она што го презентираат. Ако презентацијата (содржината) и вештините се слаби, ќе се постигнат и слаби резултати. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите придобивки на едно место, со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
24
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
25
15
T
O
IS
БИЗНИС ИНФО
26
9001:20
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 5.12.2018 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
МАРКЕТИНГ ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ
Извозно ориентираните компании имаат многу предизвици при пробивање на своите производи и услуги на странските пазари. Еден од тие предизвици е правилно маркетирање односно рекламирање на тие производи или услуги, соодветно на пазарот кој се таргетира. Секој пазар има различни потреби и побарувања, но за да се обезбеди правилна промоција и успех на продажбата на извозно ориентираните компании, потребно е да се следат неколку основни чекори кои се задолжителни во маркетинг активностите на овие компании. Во време на голем избор на производи и услуги на странските пазари, пониските цени на нашите компании не се доволен фактор за успех. Извозно ориентираните компании треба да најдат начин како соодветно да се рекламираат и директно да стигнат до својот краен корисник во странство, со цел да ја зголемат продажбата. Употребата на одредени стратегии и алатки за соодветна маркетинг комуникација во светот е клучна за успехот на извозно ориентираните компании. За таа цел, најновиот семинар во Стопанската комора на Македонија, на 5 декември 2018 година, ќе се одржи на тема „Маркетинг за извозно ориентирани компании“. Овој семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите да ја одберат и да ја реализираат соодветната маркетинг стратегија за странските пазари, за да постигнат полесна пенетрација на пазарот и зголемена продажба. Предавач: -Теодора Николовска, сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг агенција, маркетинг консултант и тренер. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 10.12.2018 година (понеделник) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ
Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на архивското и канцелариското работење, приемот и движењето на документите, распределувањето на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица за нивно натамошно процесирање во рамките на институциите и пошироко. Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на водење на деловодникот и останатата пропратна документација, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење; начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување; водењето попис на документи, со кој се олеснува и растоварува водењето на деловодникот, како и затворање на тековната година и подготовка на соодветна документација за тековното работење во наредната година. Предавач: -м-р Валентина Тодоровска , магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 11.12.2018 година (вторник) 9:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
DMFEA DESIGN FAILURE MODE AND EFFECT ANALYSIS
Стопанската комора на Македонија на 11 декември 2018 година организира еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis (Анализа на ризикот и последиците од грешките направени во процесот и во производот). FMEA е анализа на сите можни грешки и последици од истите ( Failure Mode and Effect Analysis), систематска и формализирана метода за анализа на проектни решенија на производот и процесот од аспект на ризикот од појавата и последицата на производните грешки кои би можеле да се изложат кај купувачот, односно крајниот корисник. Предавач: - Зоран Вуксановиќ, дипломиран инженер по машинство и електроника. Менаџер е за квалитет, екстерен и интерен проверувач за ISO 90001, ISO 140001, HACCP SIstem, ISO/TS 16949:2002, ISO 17025. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 23 Ноември 2018, Бр. 373
T
15
30
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2-2
018
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088