БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 289
www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
goodini
192
2 - 2016
23.12.2016
Како дојде до идејата за организација на тркалезна маса на тема:
ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - предности и недостатоци -
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
ПРЕКУ ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ ДО ПОДОБРО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ И ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ Заеднички проект на коморите за подобра бизнис регулатива
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
Како дојде до идејата за организација на тркалезна маса на тема:
ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - предности и недостатоци Стопанската комора на Македонија на 17 февруари 2017 година (петок) ќе одбележи значаен јубилеј – 95-годишнината од коморското организирање и работење во Република Македонија. По тој повод, продолжувајќи ја традицијата на организирање значајни настани на овој ден, поврзани со реализација на клучните коморски иницијативи, Стопанската комора на Македонија ќе организира тркалезна маса на тема: ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - предности и недостатоци -
Водејќи се од појдовните претпоставки дека во малите земји (за нас мали држави се оние држави чие население брои помалку од десет милиони жители), најголемата пречка за развој на бизнисот е недоволната регионална инфраструктурна поврзаност, како и фактот дека условите за водење бизнис во малите земји се разликуваат од оние во големите земји, реални се тврдењата дека на мал пазар ретко се случува да се заработи основен капитал за проширување на деловните активности. Дополнително на тоа, факт е дека големите држави и
4
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба. Исто така, на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои се штетни за нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното опкружување. Поради наведеното, се оценува дека е неопходно потребно да се зголеми директната соработка и поврзување меѓу претприемачите од малите земји, при што заеднички ќе се работи и на унапредување на взаемната економска соработка. Како дојде до оваа иницијатива за поврзување на претприемачите од малите земји? На 31.01.2015 година во Скопје, иницијатива на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и претседавач на Асоцијацијата на балканските комори за 2015 година, се состанаа група бизнисмени од регионов (Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина), кои играа значајна улога во градењето на независноста на сопствените земји. Идејата беше да се поразговара како да им се овозможи на бизнисите од тие земји да бидат поефикасни. Размислувањата одеа во правец на тезата дека нема јасно утврдени приоритети, дека се поставуваат неостварливи цели и дека треба да се промени стратегијата во правец на одење чекор по чекор, а не на распливнување на сите страни. Многу брзо во текот на дискусијата, но и едногласно се дојде до заклучок дека би било корисно деловната заедница да формулира една заедничка цел чија реализација би создала нови можности за претприемачите на целата територија. Една од предложените цели беше создавање на модерна железничка инфраструктура со која би се поврзал целиот регион. Се сметаше дека тоа е најголемата пречка за развој на бизнисот бидејќи Балканот е слабо поврзан регион, а интеграциите на земјите не се на задоволително ниво. Меѓу условите што припаѓаат тука се заедничко планирање на инфраструктурата, заеднички настап за привлекување меѓународни инвеститори и обезбедување услови за заштита на овие инвестиции. Дискусијата што започна тогаш помина низ различни фази и многу брзо сите заедно излеговме од границите на идеализмот или со други зборови иницијативата ги надмина првичните цели отворајќи ги клучните и темелни прашања: каква е позицијата на малите земји во поголемите интегративни процеси, дали процесите во малите земји имаат посебни карактеристики, дали тие можат да се сублимираат на едно место и дали некој се занимавал со овие прашања?. Така дојдовме и до оваа иницијатива за подобрување на економските можности на бизнисите од малите земји, т.е. држави. Во нашите активности мораме да се водиме од помислата дека општествените проблеми
БИЗНИС ИНФО
5
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ не можат да се решаваат рестриктивно. За да се најде решение за сложените општествени проблеми важно е да се даде јасна дефиниција на интересите. Во нашиот случај тоа се интересите на претприемачите од малите држави. Наша задача е да ги надминеме реалните бариери, кои им наштетуваат на можностите на претприемачите од малите земји. Тие се ограниченоста и безначајноста на малите иницијални пазари, недостигот на деловно искуство и недоволното познавање на општествената мрежа. Така ги поставивме и основните тези: • условите за водење бизнис во малите земји се разликуваат од оние во големите земји; • на мал пазар ретко се случува да се заработи основен капитал за проширување на деловните активности; • големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба; • малите земји имаат многу послаби дипломатски мрежи; • на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои се штетни за нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното опкружување. Значи, јасното дефинирање на интересите и креирањето на општествени мрежи се првите два чекора кон создавање еднакви можности на глобалниот пазар. За да ги разработиме и да ги разгледаме овие теми со релевантни субјекти од земјата, регионот и пошироко, оценивме дека е најсоодветно да организираме тркалезна маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈA - предности и недостатоци“, и тоа на денот кога ја одбележуваме 95-годишнината од коморското организирање и работење во Македонија. На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници од научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на мали држави од регионот, како и звучни имиња од бизнисот, кои потекнуваат или работат во мали земји. Тркалезната маса ќе биде организирана во еден несекојдневен амбиент, со проследување на излагањата на еминентните учесници од страна на најуспешните компании-членки на Стопанската комора на Македонија. Во наредните неколку денови ќе прецизираме какви се нашите намери, како тоа би требало да го направиме, кои ќе бидат учесници на тркалезната маса. Следете не`... М-р Елена Милевска Штрбевска
БИЗНИС ИНФО
6
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ
ПРЕКУ ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ ДО ПОДОБРО БИЗНИС ОПКРУЖУВАЊЕ И ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ Заеднички проект на коморите за подобра бизнис регулатива
Во насока на донесување подобра бизниз регулатива, а со цел јакнење и поддршка на микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија за полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог, на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (19 декември 2016 година) беше промовиран новиот четиригодишен проект на УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. За прв пат трите комори во Република Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и
комуникациски технологии (МАСИТ) здружено настапуваат во оваа иницијатива предводени од консултантската куќа „ЕПИ Центар Интернационал“ од Скопје. Согласно брзите промени и честото менување на законите во последниве години, истите треба да се поедностават за да можат претпријатијата во Македонија непречено да работат, беше потенцирано на денешната прес-конференција.
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
-Во 2015 година Собранието на Република Македонија донесе 541 закон, од кои 57 отсто, без јавни консултации. Иако тоа беше во насока на подобрување на регулативата, сепак, се покажа како голем предизвик за бизнисите, за нивните напори да се приспособат кон направените промени, истакна Џејмс Стаин, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија. Џејмс Стаин укажа на потребата од постојани, транспарентни консултации меѓу државните институции и бизнисот со цел да се донесе подобра законска регулатива, која ќе биде полесно разбирлива за компаниите и поедноставна за примена. -Законите се добри на хартија, но во пракса создаваат проблеми. Овој проект ќе биде голем предизвик за нас, коморите, зашто првпат се здружуваме со иста, заедничка цел, напомена Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија истакна дека со Проектот, микро и малите бизниси ќе ја подобрат усогласеноста со законските барања, а бизнис организациите ќе воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата. - Како комори сме подготвени да спроведеме се` што е од значење за нашите членки. Ќе овозможиме успешно имплементирање на Проектот и кај компаниите надвор од Скопје, нивна вклученост преку мрежата на регионални комори, посочи м-р Елена Милевска Штрбевска. Според Горан Попоски од МАСИТ, планираните активности ќе ги зацврстат позициите на коморите во креирањето подобра бизнис клима. - Проектот ќе биде основа за натамошна долгорочна соработка на коморите и нивен заеднички настап пред институциите, - потенцира Попоски. Според Љубомир Димовски од „ЕПИ Центар Интернационал“ кој е координатор на Проектот, коморите првпат ќе ги здружат капацитетите за постигнување заедничка цел - подобра бизнис регулатива. - Проектот предвидува развој на неколку иновативни алатки, агрегатен портал и мобилна апликација, како и механизми за полесно следење на регулативата, но и мониторинг на изречените казни кои треба да бидат превенција и едукација, а не санкционирање, - подвлече Димовски. Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е вреден 1,9 милиони САД долари, а го финансира УСАИД. Ќе се фокусира на земјоделството, текстилот, ИТ-секторот и градежништвото. Овие четири сектори практично ќе послужат како модел за развој на натамошни мерки за усогласување со регулативата и за развивање на јавно-приватниот дијалог во останатите сектори. Јадранка Аризанковска
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Новоименуваниот амбасадор на Република Романија во Република Македонија со почесниот конзул на Република Романија во Штип ја посетија Регионалната комора со седиште во Штип Новоименуваниот амбасадор на Република Романија во Република Македонија, Виорел Станила, заедно со почесниот конзул на Република Романија во Штип, Штерјо Наков, на 21.12.2016 година. ја посетија Регионалната комора со седиште во Штип, која е во рамките на Стопанската комора на Македонија. Романскиот амбасадор истакна дека како и досега и понатаму неговата земја стои на располагање, односно во целост го поддржува македонското стопанство и во иднина ќе се залага за реализирање деловни средби помеѓу македонски и романски компании. Исто така, амбасадорот Станила напомена дека Штип е еден од ретките градови што има почесен конзул на Романија и токму заради тоа во Штип се реализира една од неговите првичните посети. Ова е втора официјална посета на Регионалната комора со седиште во Штип од романски амбасадор, откако претходно ја посети и поранешниот амбасадор Јустинијан Фокша. Исто така, амбасадорот Станила и почесниот конзул Наков реализираа работна средба и со градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев. Моника Стоичева
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
АПОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Амбасадорот Коинума изрази голема благодарност за приемот и воедно изрази интерес во иднина ваквиот вид на средби да станат редовна пракса и на ниво на претставници од бизнис заедниците од двете земји. Антони Пешев ја претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис заедницата и идните подвизи што дополнително ќе придонесат за развој на бизнис секторот во Македонија. На состанокот беа дискутирани и разгледани можностите како да се продлабочи релацијата помеѓу Јапонија и Македонија и да се зголеми економската соработка. Амбасадорот Коинума истакна дека Јапонија е заинтересирана за инвестирање во Македонија и пренесување на своите бизнис практики и know-how на нашиот пазар. Според амабасадорот, Македонија нуди одлични услови за сите јапонски компании коишто имаат потреба своите производствени капацитети да ги преселат од пазарите на североисточна Азија, Кина и Африка, и да ги пласираат своите производи на европскиот пазар. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Јапонија во десетте месеци од 2016 година достигна вредност од 60,85 милиони САД $, што претставува раст од 28,15% во однос на истиот период во претходната 2015 година. Јапонија е 28-ми трговски партнер на Р. Македонија во десетте месеци од 2016 година. М-р Сања Николова
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
ОДРЖАНА ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Вмрежување и соработка помеѓу членките на Клубот на менаџерипретприемачи при Стопанската комора на Македонија и членките на ГС1 Македонија СКМ ♦ КМ
КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
На 23 декември 2016 година, Клубот на менаџерипретприемачи при Стопанската комора на Македонија пред повеќе од 80 учесници ја одржа Годишната конференција по повод нејзиното едногодишно успешно постоење со кое беше заокружена агендата на предвидени настани за 2016 година, а воедно беше промовирана новата за 2017 година. За една година од формирањето до сега, Клубот на менаџери-претприемачи брои 46 претставници од мали и средни компании. Во текот на оваа година, заедно со членките, Клубот реализираше 26 едукативни настани со реномирани предавачи од земјата и од странство на повеќе теми како: „Продажни и комуникациски вештини”; „Емоционална интелигенција”; „Лидерство и односи со вработените”; „Управување во организациите со промени” итн. Клубот во овој период одржа 3 вмрежувања во земјата и во странство, како и 2 team building настана на коишто членките имаа можност да споделат искуство, да разменат информации, како и да стекнат нови пријателства. Годишната конференцијата на Клубот, која се одржа во Стопанската комора на Македонија, ја отвори д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и иницијатор за формирање на Клубот, која пред присутните ги презентираше привилегиите од членувањето во Клубот, потенцирајќи ја можноста за вмрежување, следење на едукативни настани и останати услуги, како што се промоција на производите и пронаоѓање деловни партнери, секојдневно информирање за сите коморски активности, доставување економски информации, споделување настани во земјава и во странство, економски и правен консалтинг, промоција на арбитражата и медијацијата како ефикасни начини на решавање на споровите меѓу компаниите и сл., како и нудење можности за бизнисите од страна на тимот кој работи во Клубот, а кои се креирани согласно потребите на своите членки. Пред присутните на Конференцијата свои впечатоци од досегашната соработка со Клубот и неговите членови сподели и г-дин Љупчо Георгиев, генерален директор на
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ
„Мајкрософт“ за Македонија и Косово и лиценциран тренер за „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ за Македонија, а искуство од членувањето во Клубот споделија и претставниците на „Б-Воч“ ДОО – Скопје, г-дин Божидар Богоевски и г-дин Иван Богоевски. Извршниот директор на ГС1 Македонија, г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ имаше презентација за практичната примена на ГС1 стандардите, а потоа од аспект на бенефити од користење и членување во ГС1 Македонија семејството настапија ПИ „Витаминка“ АД – Прилеп, „Реплек Фарм“ ДООЕЛ – Скопје, „Зегин“ ДОО – Скопје и „Веропулос“ ДООЕЛ – Скопје. Според Годишната агенда на Клубот на менаџери-претпиемачи кој делува во рамките на Стопанската комора на Македонија, на членките на Клубот им беа доделени посебни сертификати за поминато ниво на едукација. Клубот на менаџери-претприемачи за една година од своето работење прерасна во интегрирана мрежа на мали и средни претпријатија, здружени во целта преку едукација и вмрежување континуирано да растат и да постигнуваат успеси кои ќе ги диференцираат од останатите копмании, а со тоа и да обезбедат конкурентна предност и лидерска позиција на пазарот. Како и претходната година и наредната 2017 година ќе биде исполнета со многубројни едукативни настани, team building настани каде членките ќе имаат можност за промоција и бизнис вмрежувања сè со цел да се овозможи полесно следење на глобалните трендови и взаемно помагање за нивен постојан раст. На денешната Годишна конференција, покрај членките и соработниците на Клубот, присутни беа и фирми-членки на ГС1 Македонија кои учествуваа во наградната игра организирана од страна на Клубот на менаџери, односно од нејзините членки кои доделија многубројни награди на присутните. Михајло Донев
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионална комора со седиште во Велес
ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ВЕЛЕС На 20.12.2016 година се одржа Четвртата пленарна седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Велес, на којашто присуствуваа околу 20-ина фирми-
членки на Регионалната комора со седиште во Велес. Пред присутните стопанственици своја презентација имаше м-р Анета Трајковска за поволностите на компаниите од добивањето сертификат за деловно работење Excellent SME MACEDONIA. Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигури бизнисот, да се подобрат добрите бизнис-практики и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тоа ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Георги Чадиев отвори дискусија за поволностите и предностите од работењето на странските инвеститори во Република Македонија во однос на домашните компании. Основен проблем во политиката на привлекување директни странски инвестиции се слабата поврзаност на странските
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ инвестиции со домашните компании. Пред присутните м-р Анета Трајковска ги презентираше заклучоците усвоени на Седницата на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија во кои е наведено дека Комрата ќе се залага за носење мерки на економската политика со кои ќе се стимулира партнерството помеѓу странските производствени компании што работат во Република Македонија, локалните мали и средни претпријатија и за поголема транспарентност на политиката за поддршка на привлекувањето директни странски инвестиции преку политиката на субвенционирање, како и обезбедување рамноправен третман на домашните со странските инвеститори и тоа, пред се` преку: рамноправен третман на домашните компании со странските во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива, субвенционирањето на странските компании со субвенции по основ на државна помош - вработување и стручно оспособување да се однесува само за нови вработувања преку Агенцијата за вработување на РМ, а не преку преземање на вработен квалификуван кадар од други компании и субвенционирање и на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување. Исто така истакна Трајковска, Стопанската комора на Македонија ќе се залага за системска поддршка фокусирана исклучиво врз странски директни инвестиции во производни индустриски капацитети, со интензивни активности за привлекување на greenfield инвестиции, имајќи предвид дека клучот на успехот за развој на македонската економија се инвестициите во преработувачката индустрија со високо додадена вредност и тоа преку: • еднаква системска поддршка (даночни олеснувања, царински олеснувања, помош со покривање на дел од оправданите трошоци за отворање на нови работни места и за усовршување на вработените, поврзани со вложувањето) за домашните и за странските инвестиции во преработувачката индустрија, како за инвестициите во зоните, така и за инвестициите надвор од рамките на индустриско-технолошките развојни зони, имајќи предвид дека инвестициите на приватниот сектор, вклучувајќи домашни и странски директни инвестиции, се клучниот главен поттик за економски развој, за отворање нови работни места и развој на македонската економија; • за привлекување и генерирање на инвестиции од приватниот сектор, потребна е рамка на услови, како законска рамка подеднаква за домашните и странките инвестиции, со ефикасни и применливи процедури со кои ќе се создадат услови да се максимизираат економските вредности и да се отворат нови работни места од инвестициите на приватниот сектор, фокусирани на производно-извозните капацитети Претседателот Георги Чадиев пред присутните ги презентираше Предлог-програмските насоки на Регионалната комора со седиште во Велес за 2017 година и ги информираше за потпишаните меморандуми за соработка помеѓу Регионалната комора со седиште во Велес и Општина Велес и Центарот за развој на Вардарски плански регион. Ирена Жарова
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО
15
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
18.01.2017 - 19.01.2017
Ротердам, Холандија
Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Холандија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на 12. Саем „InfraTech“ за инфраструктура, што ќе се одржи од 18-19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија. „InfraTech“ е основан во 1996 година во Холандија. На Саемот главен акцент ќе се даде на нови проектни идеи и нови партнери за соработка од областа на: 1. инфраструктурата; 2. водата; 3. јавниот простор и мобилност; 4. канализацијата; 5. иновации за инфраструктурата и др. На 18 јануари 2017 година учениците ќе имаат можност да остварат директни средби со холандските владини претставници од градот Ротердам. Во рамките на Саемот „InfraTech“, на 19 јануари 2017 година, ќе се одржат и деловни средби, кои ќе обезбедат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со компании, универзитети и истражувачи од цела Европа, заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање соработка со компании и партнери од областа на инфраструктурата. 12. Саем за инфраструктура „InfraTech“ ќе се одржи од 18 до 19 јануари 2017 година, во Ахоу арената во Ротердам, Холандија, на простор од околу 30.000 м2. Доколку сакате да се пријавите и да присуствувате на Саемот „InfraTech“ и на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/infratech2017, најдоцна до 13 јануари 2017 година.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
16
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција
„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
12. САЕМ „INFRATECH“ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
Бизнис-средби
06.04.2017 Софија, Р. Бугарија
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува да воспоставите контакти со нови деловни партнери Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија Ве информираме дека Enterprise Europe Network во соработка со Интер Експо Центар ги повикува заинтересираните индустриски компании да учествуваат на годишниот брокерски настан, со однапред договорени деловни средби, „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ на 6 април 2017 година (четврток), од 10: 30-18: 00 часот, во Софија, Република Бугарија. Деловните состаноци ќе се одржуваат за време на меѓународните изложби „MachTech & InnoTech“ (http://machtech.bg/en); Саемот „MachTech & InnoТech“, е најголемиот меѓународен саем на машини, технологии и индустриска опрема. Целни сектори: - „MachTech“: машини за сечење метал, опрема за заварување, пумпи, компресори, хидраулични машини и алатки, пневматски машини и алатки, ласерска опрема; - „InnoТech“: индустриска автоматизација и софтвер, системи за автоматизација, контрола и мерење, опрема, индустриска електроника, опрема, роботика. Целна група се претставници на светски компании кои работат во секторите за автоматизација, роботика, машиноградба, металургија, леење и алати, електротехника, индустриска електроника, компоненти, мерење, телекомуникации, услуги и др. Консултантски компании и посредници, без техничка експертиза во соодветните сектори не се целна група на овој настан. Учеството на овие деловни средби е бесплатно. Работен јазик: англиски.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Босна и Херцеговина чија основна дејност е увоз и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, вино, кондиторски производи, чаеви и многу други производи наменети за угостителството, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на голем број разни семки, како и суровини за кондиторската индустрија бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.
Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка со акцент на кондиторски производи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на нивните производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на кондиторски, хемиски производи козметика, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година.
Компанија од Полска која врши големопродажба и дистрибуција на безалкохолни и енергетски пијалаци е заинтересирана за соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Полска компанија која врши дистрибуција на освежителни безалкохолни пијалаци бара компанија од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите компании од Полска кои вршат дистрибуција на алкохолни, безалкохолни, газирани и негазирани пијалаци, како и пиво, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите дистрибутерски компании од Босна и Херцеговина,
петок, 23 декември 2016, Бр. 289
БИЗНИС ИНФО
21
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА којашто врши дистрибуција на огромен број познати брендови со врвен квалитет, со широк асортиман на козметика, прехранбени и непрехранбени производи, технички и електрични апарати, фармацевтски производи, текстил, играчки, цигари и моторни масла, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на цигари, производи од тутун, прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на разновидни
www.mchamber.mk
производи за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуциоја на прехранбени, кондиторски производи и сокови, бара компании од Р. Македонја за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.
Контакт: Александро Крстевски Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-036 Факс: +389 2 3244-088 aleksandro@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088