СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
1
Членка на: Број 42 од 24.02.2011
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Конечно потпишани 18 нови договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини
ВО РУДНИЦИТЕ ЌЕ СЕ КОПА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА РЕАГИРАЊА Здружението на трговијата за најновите измени во Законот за трговија и за добивање лиценци за алкохол
НОВИТЕ ДАВАЧКИ ЌЕ ГО „ИСПИЈАТ“ ЌАРОТ НА МАРКЕТИТЕ
АКТУЕЛНО Економски аспекти на започнатата транзиција на арапските земји
(Р)ЕВОЛУЦИИТЕ ЈА НОСАТ ДЕМОКРАТИЈАТА И ГИ ОТВОРААТ ПАЗАРИТЕ
БИЗНИС ИНФО
2
четврток, 24 февруари 2011
ПОДВЛЕЧЕНО НЕ ГРАНИЧИМЕ СО ЦВРСТИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ПР ЕКОНОМИИ ОД КОИ МОЖЕ МНОГУ СО ФРАНЦУСКА ЕКСПЕРТИЗА ДА СЕ НАУЧИ Во Франција е многу тешко да Реформите се константни. продадете вино кое не Усвоивме и неколку пакети е француско. Од 100% на антикризни мерки, но за потрошувачка во Франција, економијата се позначајни само 1% е увоз, 99% е долгорочните мерки, пред се, домашно, француско во подрачјето на намалување вино. Францускиот пазар е на административните пречки. најзатворениот вински пазар Тврдам дека Македонија веќе сега во светот! Но, пристапот во е подобро подготвена за членство „Тиквеш“ е поинаков, со поинаква цел. Се во ЕУ, во користи француската експертиза за да му споредба со се покажат производите на „Тиквеш“ на подготвеноста американскиот пазар, потоа на европскиот, на неколку па и на кинескиот пазар. Ние ја користиме с е г а ш н и експертизата за пласман како и другите членки. Ги врвни светски извозници. намалуваме Инаку, францускиот пазар, освен и даноците, иако Македонија веќе што е најзатворен, тој е и најнеинтересен. сега е на листата на држави што Францускиот потрошувач пие само даночно најмалку го оптоваруваат француски вина, но и тоа не е од сите бизнисот. резерви, туку само од одредени локални Но, немаме влијание на подрачја. Кога станува збор за „Тиквеш“, конкурентноста. На запад и на север тој во меѓународниот ПР се користи со не граничиме со Италија и Австрија, француска експертиза која е битна за како Словенија, односно со држави почеток на маркетинг-стратегијата за со цврсти економии, од кои може настап на странски пазари. „Тиквеш“ оди многу да се научи и кои нудат многу во Париз, пред француските новинари во можности за економска соработка. реномирани француски списанија за вино Наша реалност се Косово и Србија, и кога тие ќе напишат нешто во Франција но и инвеститори кои се прашуваат за нашето вино, тоа се смета за најголема каде можат да го шират пазарот ако референца во индустријата во светот. Ако дојдат во Македонија. Очекувам француски магазин специјализиран за промени кон подобро, бидејќи вино напише дека вие имате добро вино, сите држави во регионот се трудат тоа е најреферентно и во таков случај со да ја зацврстат економијата. тие текстови им се приоѓа на увозниците на вино во Америка, се приложува листа (Bицепремиерот со производи, ценовник и објави од Владимир Пешевски за новинарите. Но, на истите новинари нема словенечкиот весник „Финанце“) да им биде интересно доколку „Тиквеш“ нема врвно енолошко име. Тие неколку
ПРЕМИУМ Покровители
Покровители
енолози се референтни во целиот свет. (Филип Камби, водечки светски енолог и консултант во ББ „Тиквеш“) СПРОВЕДЕНИ РЕФОРМИ ГИ ПРИВЛЕКУВААТ ТУРИСТИТЕ Македонија стана попозната за холанѓаните, вклучувајки ги и холандските инвеститори. Успеавме преку туристичките оператори да ги привлечеме луѓето, па оваа година ќе има дуплирање, ако не и тројно зголемено присуството на холандски туристи во Македонија, што е многу позитивно. Исто така за тоа помогнаа и одредени реклами кои владата ги промовираше и кои се емитуваа во Холандија, „Македонија тајмлес“ и спотот за предностите за инвестирање во Македонија. Секако кога некој ќе дојде тука треба да се најде во ситуација каде реалноста соодветствува на ветувањата од рекламите и брошуите. Mислам дека е направен голем напредок на хартија, во согласност и со извештајот на “Дуинг бизнис“, но мислам дека владата мора да направи се за тие реформи да не останат само на хартија, туку да ги имлементира во практика и да ја направи земјата многу интересно место за инвестирање од страна на нови компании. Ова може не е земја позната по инвестиции, може не е првата земја по која ќе посегнат инвеститорите, но може да биде интересна опција како клучна за останатиот дел од Балканот, но мора да направат се за да ги исполнат ветувањата. (Симоне Филипи, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија)
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
3
СВЕЧЕНОСТИ Стопанската комора на Македонија го одбележа значајниот датум - 89 години од своето постоење
ЗА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА НАЈВАЖНИ СЕ ИНИЦИЈАТИВИТЕ НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!
На грандиозна свеченост во скопскиот хотел „Холидеј Ин“, во присуство на најголемите бизнис и коморски лидери во регионот, на преку 300 членки, политичари, претставници на партнерските институции, дипломатскиот кор, како и на најголемите странски инвеститори во државава, Стопанската комора на Македонија го одбележа значајниот датум - 89 години
rochambres, и претседател на Унијата на турските комори и стоковни берзи – ТОББ, кој зборуваше за движењата во светската, односно европската економија во посткризниот период. -Се уште има многу непознати во поглед на правецот на справувањето со силната криза која го потресува целиот свет.Потребно е да се редизајнираат темелите на реформите кои се применуваат во пракса, бидејќи очигледно има незнаење и неснаоѓање кај клучните инситуции во светот и кај владите и на најразвиените екомомии. За излез од тешката економска состојба најважни се иницијативите на приватниот сектор. Истовремено многу битно е да се запре трошењето на јавните пари. – посебно подвлече Рифат Хисарџиолу. Според неговото мислење, излезот од големата економска криза не може да се оствари со поединечни мерки на земјите, туку е неопходно да се воспостави соработка на сите заедно, на сите институции на глобално ниво. -Турција е една од 16 земји која што успеа да го сочува својот раст на нивото пред почнувањето на кризата. Во тоа најмногу помогна што се задржа слободната конкуренција на пазарот, се одржа квалитетот
од своето постоење (18.2.2011 година). - Ние имаме јасна визија. Наша стратешка цел, како најстара и најбројна бизнис асоцијација, оваа година е да наметнеме дискусија за промена на досегашниот модел на економски развој. Не претендираме дека нашата вистина е единствена, туку сакаме да ги убедиме сите носители на економска политика дека она што го прави Турција е можно и во нашата земја дека само таков раст може да го подигне нивото на животниот стандард и на стандардот на компаниите, истакна Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија . Според Бранко Азески, Комората покажува и докажува и испраќа јасна порака дека ќе ги поддржува сите активности во државата што ќе бидат во насока на и се зголеми извозот. – нагласи Рифат Хисарџиолу. – Во државите максимално треба да се подржат иницијативите на приватниот сектор и да се избегне свртувањето кон централизмот. Д-р Слободан Милосављевиќ, министер за трговија и услуги во Владата на Република Србија и поранешен претседател на Стопанската комора на Србија, зборуваше за Балканот како заеднички економски простор, а посебно се осврна на економските релации меѓу Република Македонија и Република Србија - која е втор најголем надворешно-трговски партнер на земјава. -Српската држава обезбедува од 2.000 до 10.000 евра за отворање на работно место. Со тој потег успеавме, на пример, да ја ревитализираме замрената автомобилска индустрија во Србија, а годинава ќе нејзин развој, пред се, на зголемувањето на инвестициите, отпочнат и да се произведуваат два нови типа на извозот и развојот на инфраструктурата. автомобили.Од тука е и пораката до македонските На собирот се обрати Рифат Хисарџиолу, заменик- производители на автомобилски делови да се вклучат претседател на Асоцијацијата на европските комори, Eu- во целиот тој проект. Инаку, годинава или следната
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
СВЕЧЕНОСТИ горди и тоа треба да го искористиме. Знаењето е недоволно искористено, а може да им донесе конкурентска предност на нашите стопанства. – додаде д-р Слободан Милосављевиќ. *
се надеваме дека размената меѓу нашите две земји ќе стигне до 1 милијарда долари. – порача д-р Слободан Милосављевиќ. – Економиите во регионот се мали, а токму ЦЕФТА договорот, но без бариери, е развојната шанса за сите овие држави во правец на привлекување
на странските инвестиции кои треба да бидат двигател на нивниот развој. Според д-р Слободан Милосављевиќ, единствено земјите кои имаат производ имаат шанса за настап во Европската Унија и воопшто на глобалниот пазар. Затоа е неопходно да се креираат и заеднички производи и со нив да се настапува на трети пазари. Меѓу нив, тој ги спомена дел од државите на некогашниот СССР, со кои Србија има склучено договори за слободна трговија (Казакстан, Белорусија...), пазарите на Северна Африка, регионот на земјите од голфот, или некои трети пазари.Тука се гледа шансата и перспективите на земјите од регионот. - Со оглед дека во регионот немаме некој големи природни ресурси, ниту енергија, ниту метали, ни останува да работиме посебно на економијата на знаења. Тоа е нешто со што во регионот може да бидеме
*
Традицијата на претставување на најуспешните компании и бизнис-лидери во Комората продолжи и годинава. Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија донесе Одлука за доделување награди на компании за 2010 година, за бизнис-лидери и специјални признанија. Нив им ги врачи Владимир Пешевски, потпретсадетел на Владата на Република Македонија. „Игм - Трејд” ДОО – Кавадарци ја доби наградата за компанија со најголем пораст на производството во 2010 година. „Фени индустри” АД – Кавадарци, ја доби наградата за компанија со најголем пораст на нето-извозот во 2010 година. АД „Електрани на Македонија“ ја доби наградата за компанија со најголема инвестициона активност во 2010 година. „Алкалоид“ АД - Скопје ја доби наградата за компанија со најголема инвестициона активност во научно-технолошки развој во 2010 година.„Македонски телеком“ АД - Скопје ја доби наградата за најпрофитабилна компанија во 2010 година. Штерјо Наков, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Фершпед“ АД - Скопје, ја доби наградата за долгогодишна коморска активност. Минчо Јорданов, како претседател на Одборот на директори на „Макстил„ АД - Скопје, ја доби наградата за најголема донаторска активност во 2010 година. „РЕНОВА“ од с. Џепчиште доби специјално признание и од Стопанската комора на Македонија за најдобра средна компанија од Македонија во изборот на Eurochambres во 2010 година. „Макпрогрес” ДОО – Виница доби специјално признание за компанија која во 2010 година извезе во најмногу земји во светот, а „Технички гасови” АД – Скопје, доби и специјално признание за компанија која присуствуваше на најголем број едукативни настани во Комората во 2010 година. Честитајќи им ги признанијата, потпретседателот на Владата на Република Македонија, Владимир Пешевски, посебно нагласи дека во посебно време се зголемува соработката помеѓу извршната власт и Стопанската комора на Македонија: -Се разбира, понекогаш секој има свој поглед на работите. Честопати нив ги вкрстувамке едни со други и од тоа произлегуваат сосема солидни решенија. Посакувам оваа соработка да продолжи и натаму и сметам дека само на тој начин ќе дојдеме до поквалитетни решенија. Саво Пејчиновски
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
5
СВЕЧЕНОСТИ
ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА -------------------------------------------1----------------------------------„ИГМ-ТРЕЈД” ДОО – Кавадарци ОД 1462 ТОНИ ЗАВАРЕНИ ЦЕФКИ И ПРОФИЛИ ДО 100 ИЛЈАДА ТОНИ Основана во 1994 година, за трговијата со производи од црната металургија, првата производна линија започнува со работа во 1998 година. Денес, во компанијата работат седум производни линии, а производството од 1462 тони заварени цевки и профили во 1998 година, достигна над 100 илјади тони, од коешто над 80% се пласира на странските пазари. Пазарно и извозно ориентирана останувајќи на определбата за реинвестирање на профитот, компанијата сигурно чекори на својот пат да се потврди како еден од најголемите металуршки центри на Балканот и пошироко. Во 2010 година, иако стопанисуваше во општопознатиот посткризен период, сепак компанијата успеа да произведе 103 илјади тони производи, со значаен пораст од 83% во однос на производството во 2009 година, поради што „ИГМ-ТРЕЈД” ДОО – Кавадарци ја добива наградата за компанија со најголем пораст на производството во 2010 година. ----------------------------------------- 2 ---------------------------------„Фени Индустри” АД – Кавадарци ИЗВОЗОТ СО ПОРАСТ ОД 62 ОТСТО Со значајни и континуирани техничко-технолошки инвестиции, обуки и мотивација на човечките ресурси, од 2005 година, кога стана составен дел на групацијата „Кунико Ресурсис„ (Cunico Resources), производството и извозот, бележат континуиран пораст, со исклучок на критичната 2009 година, кога компанијата плански ги забави своите активности и успеа да го премости кризниот период. Во 2010 година, производните и извозните тенденции се вратија во позитивната насока. Остварен е пораст на производството од 20%, а на извозот пораст од 62%, во однос на 2009 година. Од вкупниот извоз во 2010 година, 85% е нето-извоз, кој забележа пораст од 107% во однос на нето-извозот реализиран во 2009 година, поради што „ФЕНИ ИНДУСТРИ” АД – Кавадарци, ја добива наградата за компанија со најголем пораст на нетоизвозот во 2010 година. ------------------------------- 3--------------------------------------------АД „Електрани на Македонија“ ИНВЕСТИРАНИ 54 МИЛИОНИ ЕВРА Со вкупно инвестирани 54 милиони евра само во 2010 година, за започнати и за нови проекти, како и за одржување на погонската подготвеност на постојните енергетски објекти, од кои позначајни се: - 22 милиона евра за завршената модернизација на првиот блок ТЕ „Битола“; - 18,2 милиони евра, за Површински коп Брод – Неготино, што е во завршна фаза; - 7,5 милиони евра за проектот Хидроелектрана „Св. Петка“; - 1,4 милиони евра за доистражувањата на јагленовото лежиште Мариово; - 1,7 милиони евра за нов Диспечерски центар (SCADA) и други зафати. АД „Електрани на Македонија“ ја добива наградата за компанија со најголема инвестициона активност во 2010 година. --------------------------------------4 -----------------------------------„Алкалоид“ АД - Скопје ПОСТОЈАНО ВЛОЖУВАЊЕ ВО КВАЛИТЕТ Својата определба за производство на квалитетни лекови и посветеноста на перманентниот развој во изминатите 75 години од основањето, ја потврди со отворањето на Институтот за развој и контрола на квалитетот. Инвестицијата од 9 милиони евра, во високо софистицирана технолошко-аналитичка единица, која е прва од ваков вид во земјава, овозможува да се развиваат нови, модерни форми на генерички лекови со имплементирање на најновите научни сознанија од областа на фармацијата. Покрај Институтот, компанијата работи и со најсовремениот
6
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
СВЕЧЕНОСТИ податочен информационен систем SAP, вреден над 2 милиона евра, кој е исто така, првиот SAP систем, што една компанија го инсталирала во нашата земја. Со тоа „Алкалоид“ АД - Скопје ја добива наградата за компанија со најголема инвестициона активност во научнотехнолошки развој во 2010 година. -------------------------------- 5 ------------------------------------------„Македонски телеком“ АД – Скопје ВОДЕЧКИОТ НАЦИОНАЛЕН ОПЕРАТОР СО НАЈГОЛЕМА ПРОФИТАБИЛНОСТ Како водечки национален оператор за електронски комуникации, на своите корисници им нуди широк спектар на врвни телекомуникациски услуги и забавни содржини. Со развивањето на иновативни производи и услуги, компанијата го промовира личното и социјалното вмрежување меѓу луѓето во македонското општество, со што станува главен национален носител на изградбата на информатичкото општество во државата. Во изминатите 5 години според „Листата на 200 најуспешни компании во Македонија“, се наоѓа на врвот како компанија со највисока реализирана добивка пред оданочување, а податоците за 2010 година укажуваат на натамошен раст на добивката и успешното работење. „Македонски телеком“ АД - Скопје ја добива наградата за најпрофитабилна компанија во 2010 година. ---------------------------------6------------------------------------------Штерјо Наков, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Фершпед“ АД – Скопје ЕДЕН ОД НАЈАКТИВНИТЕ ПОДРЖУВАЧИ НА КОМОРСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ И РАБОТЕЊЕ Како активен учесник во работата на органите и телата на Стопанската комора на Македонија, почнувајќи од 1983 година, е еден од најактивните поддржувачи на коморското организирање и работење, долги години наназад. Беше член на тимот за реорганизирање на Комората во 2004 година и нејзиното преструктуирање во отворената конкуренција и за коморското организирање. На тој план, кога местото на Комората во голема мера зависи од придонесот на менаџерите, преку активната вклученост на нивните компании, несомнена заслуга има Штерјо Наков, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Фершпед“ АД - Скопје, за што ја добива наградата за долгогодишна коморска активност. ------------------------------------------7 ---------------------------------Минчо Јорданов, претседател на Одборот на директори на „Макстил„ АД - Скопје ИСКЛУЧИТЕЛНИ ДОНАЦИИ ВО КУЛТУРАТА И ВО ЗНАЧАЈНИ ОПШТЕСТВЕНИ НАСТАНИ Несебично, преку донации, помогнал голем број значајни реализирани активности во повеќе области од пошироко општествено значење: - Шарпланинскиот куп; - Галичката свадба; - набавката на концертното пијано “Стенвеј“ на македонскиот пијанист Симон Трпчески; - комплетна изградба на спомен-куќата на Григор Прличев во Охрид; - целосна финансиска поддршка на спортското друштво „Металург“; - едукативниот семинар за млади лидери под покровителство на Претседателот на државата, д-р Ѓорѓе Иванов, во Охрид, и други. Во текот на 2010 година, позначајни се: донацијата за поставување и осветлување на Крстот Христов, најголемата желба на Тоше Проески, кој беше амбасадор на Стопанската комора на Македонија, како и донацијата за настапот на Лондонската филхармонија со нашиот амбасадор, пијанистот Симон Трпчески. Минчо Јорданов, претседател на Одборот на директори на „Макстил„ АД - Скопје, членка на Стопанската комора на Македонија, ја добива наградата за најголема донаторска активност во 2010 година.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
7
СВЕЧЕНОСТИ -------------------------------------8 -------------------------------------------„РЕНОВА“ од с. Џепчиште крај Тетово НАЈДОБРА СРЕДНА КОМПАНИЈА СПОРЕД EUROCHAMBRES Во 1992 година, Шефки Идризи ја отвори фирмата „РЕНОВА“, којашто на почетокот беше само трговска и услужна фирма. Во 1997 година почнува со производство на Renofix малтери, во 1999 година гради фабрика, во Косово, потоа во Република Албанија, а пред две години ја отвора кожарницата „РЕНОВЕЛУР“. Денес, производите на „РЕНОВА“ можат да се сретнат во секој дел на Балканот. Прикажаниот раст е аргументот што „РЕНОВА” од с. Џепчиште, Тетово, е единствената компанија од Македонија, која во 2010 година ја доби Наградата на Асоцијацијата на европските комори - Eurochambers за најбрзорастечка и иновативна компанија - во категоријата мали и средни претпријатија, за што компанијата „РЕНОВА“ од с. Џепчиште добива специјално признание и од Стопанската комора на Македонија за најдобра средна компанија од Македонија во изборот на Eurochambres во 2010 година.
---------------------------------------- 9 ---------------------------------------„Макпрогрес” ДОО – Виница ИЗВОЗ НА ТРИ ЧЕТВРТИНИ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО ВО 30 ЗЕМЈИ По 20 години од основањето, достигна производство од 9000 тони кондиторски производи, од коешто 75% завршува на странските пазари во 30 држави: 5 земји членки на ЦЕФТА, 8 земји-членки на ЕУ; на пазарите во прекуокеанските земји: САД, Канада, Австралија, како и на новоосвоените пазари, во текот на 2010 година: Израел, Либија, Либан, Ирак, Јемен. Останувајќи на определбата за проширување на пазарот и во други земји, посебно за пазарите во земјите од Блискиот Исток, „МАКПРОГРЕС” ДОО – Виница добива специјално признание за компанија која во 2010 година извезе во најмногу земји во светот.
------------------------------------ 10-----------------------------------------„Технички гасови” АД – Скопје ПОСТОЈАНА ЕДУКАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ Континуираната и квалитетна едукација на вработените за компанијата е процес во којшто силно верува. Тоа се потврдува со фактот што нејзини вработени присуствуваа на најголем број едукативни настани во 2010 година, организирани од страна на Стопанската комора на Македонија . Благодарејќи на силниот производствен и кадровски потенцијал, ТГС „Технички гасови” АД - Скопје станува силна база за развојот на италијанската Групација „СОЛ“, нејзин сопственик од 1995 година, поради што „Технички гасови” АД – Скопје, добива и специјално признание за компанија која присуствуваше на најголем број едукативни настани во Комората во 2010 година.
8
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
ЗАФАТИ Потпишани 18 нови договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини ВО РУДНИЦИТЕ ЌЕ СЕ КОПА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА * Во државниот и општинските буџети се слеаја 40, 7 милиони денари Mинистерот за економија потпиша 18 нови договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини. Потпишувањето се реализираше во просториите на Министерството за економија, а врз основа на Јавниот повик кој беше објавен на 13 септември 2010 година, при што беа доставени понуди за различни видови на минерални суровини на неколку различни локалитети. Во Соопштението на Министерството за економија се наведува дека по спроведувањето на постапката и извршената евалуација од страна на посебно формираната Комисија за таа цел, Владата на Република Македонија донесе Одлука да додели концесии за вршење на детални геолошки истражувања на 31 локалитет на домашни фирми. Преку склучувањето на договорите за концесии, ќе им се овозможи на најдобрите понудувачи да отпочнат со деталните геолошки истражувања. Изразувајќи ја длабоката увереноста дека овие геолошки истражувања во најголем дел ќе имаат позитивни извештаи, како би се пристапило кон отворање на нови рудници, министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, додава: - Ние продолжуваме во правец на поттикнување на развојот на рударството со тоа што веќе во тек е и тендерот за доделување концесии за детални геолошки истражувања, по што очекувам во блиска иднина повторно да склучиме нови договори за концесии. Притоа, по основ на надоместок за геолошки истражувања уплатени се средства во износ од 40.770.499,00 денари. Од наведените средства, 22 отсто се приход на Буџет на Република Македонија, или речиси 9 милиони денари, додека останатите 78 отсто се приход на буџетите на општините, на кои се врши концесиската дејност, во износ од над 31 милион денари. Министерот за економија потпиша договори за концесии за детални геолошки истаржувања на минерални суровини со следниве фирми: „Кадиица метал“ - Скопје, „Боровдол“ - Радовиш, „Фелпс доџ Вардар“ – Скопје, „РФ Индустриал солушнс“ - Радовиш, Цементарница „УСЈЕ“ – Скопје, „ИГМ Џумајлија„ Лозово, „Емви комерц“- Василево, „Градба промет“ – Кавадарци, „Концепт маркетинг“ – Скопје, „Борос“ – Куманово, „Хепро компани“ – Радовиш, „Фидем“ – Скопје, „Корп минералс“ – Куманово, „А-БРИК компани“ – Битола, „Алфадиас“ – Богданци, „Пела ЗЦ 2010“ – Охрид. По потпишувањето на договорите МИА ја цитира констатацијата на Николајчо Николов, претседател на Македојската асоцијација на рударството – МАР при Стопанската комора на Македонија и извршнен директор
на „Бучим“ од Радовиш, дека рударството во Македонија бележи подем и се очекува годинава да биде многу успешна, имајќи го предвид фaктот што на светските берзи растат цените на металите. - Рудниците, а особено рудниците за метали во Македонија работат добро. Очекуваме 2011 да биде успешна за сите со исклучок на оние кои се занимаваат со производство и преработка на градежен камен, кои стагнираат или бележат одредени проблеми зашто градежништвото се уште не работи со полн капацитет, изјавил Николајчо Николов. Како управител на новоформираните фирми „Боров дол“ и „Кадиица метал“, тој потпишал договори за концесија за детални геолошки истражувања за две локации, едната во близина на Радовиш, а другата кај Пехчево. - На двете локации ќе се истражува суровината бакар. Во локалитетот Боров дол треба да претставува континуитет на работа на „Бучим“ за следните 10тина година, а „Кадиица метал“ ќе биде сосема ново претптријатие доколку резултатите се покажат позитивни. Деталните геолошки истражувања, нагласил, се основа за натамошниот развој на рударството во Македонија. - Во последните пет до шест години практично немаме ни едно отворање на нови рудници. Потпишувањето на концесиите ќе биде значителен импут во рударството во Македонија. Очекуваме дека резултатите од деталните геолошки истражувања ќе бидат позитивни и оти на сите места дадени под концесија ќе никнат претпријатија кои ќе значат ново производство и нови вработувања, подвлекол Николајчо Николов.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
9
РЕАГИРАЊА Прес-конференција во Стопанската комора на 1. КЛУЧНИ ПОКАЗАТЕЛИ Македонија за најновите измени во Законот за Учество на Учество во трговија и за добивање лиценци за алкохол трговијата на вработените на НОВИТЕ ДАВАЧКИ ЌЕ ГО „ИСПИЈАТ“ ЌАРОТ НА големо и мало во трговијата на МАРКЕТИТЕ БДП големо и мало во Лиценците за продажба на алкохол да се вадат само еднаш, не секои две години, да чинат 5000 денари наместо 15.000 и да се укине обврската за плаќање 0,05 отсто од вкупниот годишен промет, бара Здружението за трговија при Стопанската комора на Македонија. - Последните измени на Законот за трговија кои предвидуваат трговците со повеќе од три маркети во кои се продава алкохол да плаќаат 0,05 проценти од вкупниот годишен промет, ќе предизвикаат дополнителен финансиски товар, а тоа
стопанството
10,1%
13,6%
29.270
Вкупниот промет на трговијата на мало за 9 месеци од 2010 година изнесува 68.435 милиони денари, што е пораст од 3,6% во однос на истиот период од 2009 година, каде што прометот на мало изнесуваше 60.060 милиони денари. Додека кај трговијата на големо зголемувањето на прометот за 9 месеци од 2010 година е поголемо, каде изнесува околу 8,5% во однос наистиот период 2009 година, односно прометот на трговијата на големо за првото полугодие во 2010 година изнесува 100.704 милиони денари, додека во 2009 година е 92.770 милиони денари. 2. ТЕКОВНИ ПОДАТОЦИ
индиректно, преку зголемување на цените, најмногу ќе го почувствуваат потрошувачите, истакна Елизабета Ицева, член на Управниот одбор на Здружението на трговијата на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (21.2.2011 година). Според проценките, поголемите маркети, годишно, по основ на оваа законска обврска ќе треба да исплаќаат 40.000 до 50.000 евра. - Тоа ќе не` натера да размислиме дали да продолжиме со продажба на алкохол. Воедно сме обесправени и со цената за лиценците од 15.000 денари која помалите трговци ја плаќаат 5000 денари, додаде Ицева. Членките на Здружението сметаат дека е нелогично да се издаваат лиценци секоја втора година зашто ако трговецот еднаш ги исполнил потребните технички услови, нема потреба повторно тоа да го докажува. Како што беше речено на прес-конференцијата, трговците не отстапуваат од барањето продажбата на алкохол и во зимските месеци да се пролонгира до 21 часот. Инаку, анализите на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија покажуваат дека учеството на прометот во трговијата на големо и мало во БДП во земјава е 10,1%, а додека учеството на вработените во оваа стопанска дејност во бројот на вработените во стопанството е 13,6%.
Број на активни субјекти во трговијата на големо и трговијата на мало
милиони денари
Внатрешна трговија
Промет 1-9-2009 во мил.ден
Промет 1-9-2010 мил.ден
Индекс 1-9/10 1-9/09
трговија на мало
66.060
68.435
103.6
трговија на големо
92.770
100.704
108.5
Вкупно
158.830
169.139
106.5
Од вкупниот промет во трговита на мало за 9 месеци од 2010 година од 68.435 милиони денари, најголем дел од прометот во трговијата на мало,
според начинот на плаќање и остварен во готови пари од 91,8%, а 1,2% отпаѓа на потрошувачки кредит, а по други основи 7,0%. Од вкупниот износ на готови пари најголем дел се трошат за прехрана 96,2%, а додека со потрошувачки
10
БИЗНИС ИНФО
МОЖНОСТИ кредит најмогу се продаваат моторни возила и тоа од 18,4%, Според главната дејност на претпријатијата во трговијата на мало, од вкупниот број на продавници за 9 месеци од 2010 година, на трговијата на мало отпаѓаат 80,8% или 77,5% од вкупниот број на вработени во таа дејност, а на трговијата на големо 2,9% или 3,8% од вкупниот број на вработени во оваа дејност, а остатокот од продавници и вработени отпаѓа на другите дејности (промет, поправка и одржување на моторни возила, земјоделство, шумарство, преработувачка индустрија и останати дејности). Според главната дејност на претпријатијата во трговијата на големо, за 9 месеци од 2010 година, од вкупниот промет на трговијата на големо отпаѓа 37,2% или 37,9% од бројот на вработените во таа дејност, а на трговијата на мало 19,2%, или 34,1% од бројот на вработени, а останатите проценти опраѓаат на останатите дејности (промет, поправка и одржување на моторни возила, земјоделство, шумарство, преработувачка индустрија и останати дејности). Во оваа анализа, Здружението ги нотира и следните актуелни проблеми во овој секор: -да се изнајде инструмент за плаќање во домашниот платен промет како би се намалила внатрешната задолженост меѓу компаниите, односно би се зголемила ликвидноста меѓу истите; -активно вклучување на банките во работењето на компаниите каде што компаниите ќе ги истакнат своите проблеми со кои се соочуваат во работењето; -навремено враќање на данокот на додадена вредност од страна на државата, како и компаниите да не плаќаат ДДВ на ненаплатени побарување од страна на нивните должници; -побарувањата кои се застарени повеќе од 3 години да се ослободат од плаќање на данок на добивка; -компензација на вредноста на акцизата што ја плаќаат фирмите со износот на побарувањата кои ги имаат од страна на државата по основ на повраток на ДДВ.
четврток, 24 февруари 2011
Заклучоци од Управниот одбор на Здружение за трговија ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДА СЕ ОТСТРАНИ ОГРОМНИОТ ФИНАНСИСКИ ТОВАР ЗА ТРГОВЦИТЕ На седницата на Управниот одбор на Здружението за трговија при Стопанската комора на Македонија, одржана на 7.2.2011 година, беше посебно разгледанa и анализирана законската обврска за плакање на надоместок за продолжување на лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци утврдена во член 23-а став 8, од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (Службен весник, бр. 158 од 9 декември 2010 година). Компании кои имаат повеќе од три продажни објекти – ланците на супермаркети се должни, за продолжување на лиценцата да платат надоместок од 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти и плус 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година. Имајќи го во предвид фактот дека законската обврска претставува огромен финасиски товар за компаниите, Здружението за трговија при Стопанската комора на Македонија предлага да се изменат одредбите од член 23-а став 8 алинеа 2 од Законот за трговија, односно за продолжување на лиценцата, сите трговци без разлика на бројот на продажни објекти да платат надоместок од 5.000 денари за секој продажен објект. Во прилог на иницијатива e следното образложение: Со последните измени на Законот за трговија, трговците со повеке од три продажни објекти се ставени во нееднаква положба со останатите трговци, од причина што за продолжување на лиценцата, трговецот треба да плати различен надоместок, во зависност од бројот на продажните објекти кои ги има и тоа: - 5.000 денари за секој продажен објект ако има до три продажни објекти; - 15.000 денари за секој продажен објект, ако има над три продажни објекти и 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година Предвидениот надоместокот од 0,05% од вкупниот промет остварен во претходната година, е категорија која се однесува за сите видови на стоки кои се продаваат во продавниците односно во ланците на супермаркети и не треба да се врзува со лиценцата за продажба на алкохол. Овој надоместок ќе предизвика дополнителен финансиски товар за трговците, кој истовремено ќе се рефлектира директно и на крајниот потрошувач. Од друга страна за остварениот годишен промет компаниите плаќаат ДДВ, данок за остварена добивка, како и сите неопходни даноци и придонеси кон државата.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
Нетарифните административни бариери ја забавуваат трговската размена меѓу Република Македонија и Република Србија МЕСТО ПРЕЧКИ, ДА КРЕИРАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОИЗВОДИ ЗА ИЗВОЗ *Презентацијата на српските компании-производители на земјоделски машини, комунална опрема и процесна опрема за прехранбената индустрија во Стопанската комора на Македонија отвори и расправа за меѓусебните трговски односи
Трговската размена не треба да биде единствен начин на економска соработка меѓу Македонија и Србија. Мора да се интензивира заедничкиот настап на трети пазари и реализирањето заеднички проекти за што реално има оргомен потенцијал, беше речено во Стопанската комора на Македонија, каде што презентација одржаа српски компании, производители на земјоделска механизација (22.2.2011 година). Неадминистративните бариери при увозот и извозот од двете страни и натаму се клучна причина за забавен и скап промет, но, како што посочија бизнисмените, се` уште постои и резервираноста во однос на кавалитетот, убедувањето дека другите земји можат подобро. - Проблем се нетарифните бариери. Ниту една од нив досега не е отстранета, а главно се однесуваат на администрирањето при увозот и извозот, издавањето разни согласности, стандарди. Се` додека двете земји немаат
11 СРЕДБИ меѓусебно признавање на сертификатите за квалитет и за технички стандарди, се` додека подеднакво немаат направено апроксимација на регулативата во однос на ЕУ, нетарифните пречки ќе го забавуваат и поскапуваат прометот, - истакна Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање во Стопанската комора на Македонија. Минатата година трговскиот дефицит меѓу двете земји достигна преку 160 милиони САД долари. - Тоа значи дека размената не треба да биде единствен начин на соработка. Веќе сме созреани за заеднички производства и за заеднички настапи на трети пазари, - додаде Љубица Нури. Според српските стопанственици, освен унапредување на досегашната соработка, неопходно е и воспоставување нови деловни односи. - Размената меѓу Македонија и Србија лани беше 875 милиони САД долари, бројка со која не можеме да бидеме задоволни. Не можеме да бидеме задоволни и поради фактот што имаме многу малку заеднички проекти наспроти реалните можности. Нашите пазари многу добро се познаваат, стопанствата ни се комплементарни и не многу конкурентни што е услов за зголемување на стоковната размена, - посебно подвлече Митар Пржуљ од Стопанската комора на Србија. Трговијата од двете страни е целосно либерализирана и од овој аспект нема посериозни проблеми освен признавањето на ветеринарните и санитарните уверенија. Тие, пак, како што истакна Пржуљ, треба да се решаваат на билатерално ниво. - Трговските бариери во регионот се генерално исти, административни пречки на граничните премини, непризнавање на ветеринарните и фитосанитарните уверенија. Дополнителните, поединечни проблеми се решаваат во од, но мора да се трудиме да не се создаваат нови, - нагласи Пржуљ. Патот кон ЕУ, заклучија бизнисмените, ќе отвори можности за надминување на економските проблеми и за подобрување на животниот стандард. Стопанската комора на Скопје на 25.2.2011 година ќе учествува на Бизнис-форум што го организира Стопанската комора на Белград. СОРАБОТКА
Регионалната комора со седиште во Велес во посета на Сомбор ПОТПИШАНА МЕЃУКОМОРСКА СПОГОДБА ЗА СОРАБОТКА И ОСТВАРЕНИ БРОЈНИ БИЗНИС-КОНТАКТИ Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес, Трајче Трајков, во придружба со градоначалникот на Општина Велес, Горан Петров и група стопанственици од Велес, беа во посета на Сомбор, на Денот на градот (18.02.2010 година). Покрај збратимувањето на двата града, беа остварени и контакти меѓу велешките стопанственици и бизнисмените од регионот на Сомбор. За да ја потврдат својата досегашна соработка и да ја зајакнат уште повеќе во иднина, претседателот на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора на Сомбор, Татјана Маглиќ и Трајче Трајков, претседател на Регионалната комора со седиште во Велес, потпишаа Спогодба за деловно- техничка соработка на коморите од двата града. На потпишувањето на Спогодбата, покрај стопанствениците, присуствуваа и градоначалниците на двата града - Немања Делиќ и Горан Петров, потоа претседателот на Собранието на град Сомбор, Синиша Лазиќ и Лилјана СоколоваЃокиќ, началник на Западнобачкиот управен округ. Претседателката на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора на Сомбор, Татјана Маглиќ, го изрази своето задоволство од потпишувањето на Спогодбата и го истакна значењето на стопанството за локалната самоуправа, но и значењето на локалната самоуправа за стопанството:
Стопанството е темел на локалната самоуправа и на задоволните граѓани. Трајче Трајков, претседател на Регионалната комора со седиште во Велес, изразувајѓи го своето задоволство од присуството на еден ваков настан и остварените контакти меѓу бизнисмените од двата региона, истакна дека до 90-тите години двата града имале добра соработка, така што потпишаната Спогодба е влог во нова соработка. Но, според неговите зборови, оваа посета и потпишаните документи уште повеќе ќе ја зацврстат соработката меѓу стопанствениците од двата града. Тој предложи, а присутните го поддржаа неговиот предлог, да се покрене иницијатива за воспоставување економска унија на земјите-членки од поранешна СФРЈ. Венера Андриевска
БИЗНИС ИНФО
12 АКТУЕЛНО Економски аспекти на започнатата транзиција на арапските земји
четврток, 24 февруари 2011
(Р)ЕВОЛУЦИИТЕ ЈА НОСАТ ДЕМОКРАТИЈАТА И ГИ ОТВОРААТ ПАЗАРИТЕ Видливиот процес на транзиција на арапските земји од југот на Медитеранот (нашето подалечно соседство и непосредно соседство на ЕУ), во Јемен и Бахреин, како и невидливиот или контролиран, за сега, во некои други земји од Блискиот Исток, го отвора прашањето дали потребата за демократизација на општествата и економиите е спонтан чин на народот, контролиран процес во рамките на некој мастер план, начин да се најдат нови инструменти за излез од светската финансиска, економска и воопшто криза на вредности, идеи и лидерството, или е - од се` помалку заедно. Овие денови, со цел да го фатат чекорот со настаните, министрите за надворешни работи на ЕУ ветија “нови партнерства“ (ЕУ со сите југоисточни медитерански земји има билатерални договори за партнерство, освен со Либија). Целта е да се поддржи демократијата и владеењето на правото и да се пренесе европското искуство во транзицијата, со поддршка на цивилното општество, младите и зголемување на економската соработка. Сите овие препораки и програми, ќе бидат и финансиски поддржани од страна на ЕУ. Кетрин Ештон, шефот за надворешна политика на ЕУ, изјави дека ќе побара од владите да обезбедат додатни 1,4 милијарда евра од Европската инвестициона банка (ЕИБ), како заем за северноафриканските земји со цел поддршка на демократизацијата. Што би можела да значи демократизацијата на овие општества? Покрај олабавувањата на политичките системи, на економски план, несомнено, ќе се демократизира пазарот, ќе се отвори уште повеќе за увоз на финализирани производи, ќе се отвори за извоз на суровини и енергентни, ќе биде уште повеќе достапан за странски инвестиции и за ангажман на млада работна сила, овој пат дома. Во рамките на Евромедитеранското партнерство, во 2009 година, Европската унија има извезено во земјите од југоисточен медитеран 119 милијарди евра, а има увезено 105 милијарди евра, а вкупната размена изнесува само десетина од вкупната трговска размена на ЕУ со светот. Вкупната интрарегионална трговска размена меѓу југоисточните медитеранските земји, во 2009 година изнесувала само 15 милијарди евра, што претставува најниското ниво на регионална економска интеграција во светски размени. Дотолку повеќе што земјите од Евро-мед-партнерството, заклучно со 2010 година, се влезени во зоната на слободна трговија. До 2008 година, ЕУ има инвестирано 41 милијарда евра во земјите на Магреб, главно во инфраструктурата, енергетиката, водените ресурси, земјоделието и развојот на бизнисите преку поддршка на малите и средни компании. Во рамките на Евро-мед-партнерството 2011-2013, Европската комисија има одвоено 288 милиони евра за поддршка на регионалната интеграција, инвестициите, за промена на законодавството, за одржлив развој и културен дијалог. ЕУ во овој регион извезува технологии и опрема, енергија, индустриски финални и полуфинални производи, црна и обоена металургија, транспортни средства, хемиски и прехранбени производи, а увезува енергентни, суровини и репроматеријали, земјоделски производи... Застојот во општата и економската комуникација со овие земји нема влијание врз македонската економија, бидејќи вкупната трговска размена со медитеранскиот регион, блискиот исток и земјите од Заливот изнесува само 53,1 милиони САД $. Притоа е остварен извоз во вредност од 15,7 милиони САД $ и увоз во вредност од 37,1 милиони САД $. Во вкупната трговска размена на Република Македонија, размената со овие земји учествува со 0,6%, извозот во вкупниот извоз со 0,5%, а увозот со 0,7% во вкупниот увоз на земјава. Може да се очекува дека општите состојби ќе влијаат на скокот на цените на нафтата. Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во 2010 година е зголемен за цели за 140% во однос на обемот на размената во истиот период од минатата година. Извозот бележи раст од 78%, а увозот е зголемен за цели 179%. Трговскиот дефицит изнесува 21,5 милиони САД $, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 42,2 %. Најголема трговска размена, во САД $, во 2010 година е остварена со Иран (7мил.), Ирак (6 мил.), Египет (5,8 мил.), ОАЕ (4,5 мил.) Либија (3 мил.), Кувајт, Тунис, Мароко, (повеќе од 1 милион САД $ за секоја земја).
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
13 АКТУЕЛНО
Колку ќе трае застојот во општата и економската СЕ РАЃА НОВ БЛИСКИ ИСТОК комуникација со оние земји кои се соочени со нереди – не е предвидливо. Од стопанските комори Терминот “Нов блиски исток“ го на Египет и Тунис имаме информацији дека се промовираше Кондолиза Рајс, државен секретар на , во присаство на израелскиот премиер Олмерт, очекува најмногу за еден месец да се стабилизираат САД во Тел Авив, во јуни 2006 година. Тој беше замена на условите за нормално стопанисување со странство. стариот термин “Голем Среден Исток“. Новиот пристап Дури, нивните очекувања се големи во правец на коинцидираше со промоција на Баку-Тбилиси- Чејхан, создавање на подобри и потранспарентни услови за нафтен терминал во југоисточен Медитеран. Проектот предвидува повеќегодишна стопанисување. Стратегијата на Стопанската комора динамика, преку “конструктивен на Македонија е да се поддржи промоција на хаос“ и “контролирани немири“ да се компаниите за пазарно позиционирање во земјите дојде до новиот поредок во регионот. цел на САД е заштита не од Блискиот Исток, а за земјите од Медитеранот. нема Крајната најзините интереси во поширокиот таа исто така да се менува. Комората во соработка со регион. Овој проект, исто така, партнерските комори, ќе продолжи со иницијативи коинцидираше со тезата на Збигнев кон овие земји но, исто така, тоа ќе го прави и преку Бзерзински, поранешен советник за заеднички акции со ЦЕФТА-коморите. Партнерската одбрана на САД, за воспоставување комора од Либија ја извести Стопанската комора на на евроазиски Балкан: Кавказ (Грузија, Азербејџан и Македонија дека има обезбедено бесплатан штанд Ерменија) и Централна Азија (Казахстан, Узбекистан, киргистан, Тадикистан, Туркменистан и Афганистан) и за Комората на Меѓународниот саем во Триполи, во во извесна мера Турција и Иран како гранични земји април годинава. Посетата на Комората од Катар во помеѓу Европа и Руската федерација. Евроазиискиот рамките на официјалната посета на катарскиот Емир балкан располага со извори на нафта, плин и злато и се коридори. Термин Балкан или балканизација на Македонија, е најавена за јуни месец. Република транзитни се употребува во контекст на важна геостратешка Турција, која е стратешки партнер на сите овие земји позиција, мултиетнички спротивности и желба за и која изведува и големи инфраструктурни работи, доминација, како и ривалитет на странски сили со на доминација на едната. Дали сегашните нема да се повлече од овие пазари, но сигурно дека отсаство турболенции во југоисточен Медитеран и потенцијални започнувањето со нови бизниси ќе биде со задршка. Тоа нови во некоја од земјите на Блиски Исток се дел од значи дека турските бизниси повеќе ќе се ориентираат Проектот “Нов Блиски исток“ останува да каже времето кон Централна Азија, Кавказ и кон Балканот, што е пред нас. уште една можност за нашето стопанство. Промените на Блискиот Исток и Медитеранот се неодминливи, ние немаме влијание врз нив, но мора активно да се прилагодуваме и секоја промена да се разбере како нова шанса и предизвик. Љубица Нури Трговија на Република Македонија со арапските земји РАЗМЕНАТА ВО 2010 ГОДИНА СКРОМНИ 53 МИЛИОНИ САД ДОЛАРИ * Со повеќе од 200 милиони потрошувачи пазарите на земјите од медитеранска Африка, МАГРЕБ и државите на Блискиот Исток се огромен потенцијал за македонските компании Република Македонија во 2010 година има остварено трговска размена со : Обединетите Арапски Емирати, Бахреин , Ирак , Либан, Тунис, Мароко, Сирија, Алжир, Египет, Јордан, Израел, Либија, Кувајт , Оман , Катар и со Саудиска Арабија. Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија во посочениот период со земјите од Блискиот Исток и од Магреб достигна вредност од 53,1 милиони САД $, при што е остварен извоз во вредност од 15,7 милиони САД $ и увоз во вредност од 37,1 милиони САД $. Земја
Извоз
Увоз
Количина во кг
Сума во САД$
Количина во кг
Либан
79.965
292.843
44.216
Тунис
840.956
496.121
Мароко
190.451
Сирија
86.260
Алжир
135.170
Вкупно Сума во САД$
Количина во кг
Сума во САД$
56.716
124.181
349.559
128.633
683.650
969.589
1.179.771
297.612
224.448
1.354.080
414.899
1.651.692
287.518
38.613
126.849
124.873
414.367
224.018
0
0
135.170
224.018
ЕУРО - МЕДИТЕРАНСКИ ЗЕМЈИ
БИЗНИС ИНФО
14 АКТУЕЛНО
четврток, 24 февруари 2011
Египет
958.831
1.217.154
31.233.391
4.614.368
32.192.222
5.831.522
Јордан
106.667
97.167
25.736
28.797
132.403
125.964
Израел
438.204
843.757
10.241.233
18.272.988
10.679.437
19.116.745
Либија
152.581
269.627
472.791
2.731.340
625.372
3.000.967
2.836.504
4.025.817
41.936.270
27.868.788
44.304.376
31.894.605
Вкупно Еуро Мед
ЗЕМЈИ ОД ЗАЛИВОТ Об.Ар.Емирати
96.045.018,00
3.507.193,00
363.896,00
983.528,00
96.408.914,00
4.490.721,00
987
76.250,00
3
1.471,00
990
77.721,00
Ирак
22.315.003,00
6.218.326,00
100
3.174,00
22.315.103,00
6.221.500,00
Кувајт
4.447,00
34.125,00
799.054,00
1.090.195,00
803.501,00
1.124.320,00
Оман
2.236,00
13.885,00
272
1.822,00
2.508,00
15.707,00
Катар
11.711,00
62.847,00
373.191,00
508.844,00
384.902,00
571.691,00
Саудиска Арабија
304.859,00
203.280,00
808.607,00
1.187.835,00
1.113.466,00
1.391.115,00
118.684.261,00
10.115.906,00
3.776.869,00
3.776.869,00
121.029.384,00
13.892.775,00
260.205,00
1.782.365,00
4.250.095,00
5.489.415,00
4.510.300,00
7.271.780,00
122.721.335,00
15.675.140,00
49.963.234,00
37.135.072,00
169.844.060,00
53.059.160,00
Бахреин
Вкупно земји од заливот Иран ВКУПНО Блиски исток и Магреб
Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во 2010 година е зголемен за цели за 140% во однос на обемот на размената во истиот период од минатата година. Извозот бележи раст од 78%, а увозот е зголемен за цели 179%. Трговскиот дефицит изнесува 21,5 милиони САД $, додека покриеноста на увозот со извоз изнесува 42,2 %. Во вкупната трговска размена на Р. Македонија, размената со овие земји учествува со 0,6%, извозот во вкупниот извоз со 0,5%, а увозот со 0,7% во вкупниот увоз на земјата. (Подготвил: Влатко Стојановски) Поради кризата во Либан СКОК НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Барел нафта на берзата во Њујорк деновиве веќе се продаваше за повеќе 93 долари поради насилните протести во Либија, кои се закануваат да го нарушат производството на овој енергенс, како и немирите да се прошират на другите големи земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК). Цената на американската „лесна“ нафта за достава во март на берзата во Њујорк денеска забележа раст од 7,70 долари и се продаваше за 93,90 долари за барел. Во истовреме, европската „брент“ нафта за достава во април на берзата во Лондон поскапше за 1,15 долари и се продаваше за 106,89 долари за барел. - За разлика од Египет, Либија е значителен производител на нафта и поради тоа може да дојде до најголемо нарушување на снабдувањето со овој енергенс уште од почетокот на Заливска војна во 1990 година, се наведува во извештајот на американската консултантска фирма „Шорк рипорт“.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
15 МОЖНОСТИ
Презентирана Претпристапната економска програма 2011- 2013 година РАСТ НА БДП ОД 4,5 ОТСТО, НИСКА И СТАБИЛНА ИНФЛАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИИ ДО 5 ОТСТО ОД БДП Раст на БДП од 4,5 отсто, ниска и стабилна стапка на инфлација од околу 2 до 3 проценти, намалување на дефицитот во тековната сметка од 3 до 6 отсто, балансиран раст на увозот и извозот, како и постепено зголемување на инвестициите до 5 проценти од БДП. Ова е само дел од макроекономското сценарио на Македонија содржано во Претпристапната економска програма (ПЕП) 2011- 2013 што ја презентираше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а пренесува МИА. Раст на индустријата од 5 до 8 отсто, на услугите меѓу 3 до 5 проценти и на земјоделството до 4 отсто, се исто така дел од проекциите за периодот 2011-2013 година. - Претпристапната економска програма е клучен стратешки документ во кој Република Македонија пред Европската унија ги презентира среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и агендатата за структурните реформи за периодот 2011-2013. ПЕП е воедно и потврда пред ЕУ дека македонската Влада ќе се залага за одржување на макроекономската и фискалната стабилност во рамки на утврдените Мастришки критериуми, најмногу до 3 отсто буџетски дефицит и до 60 проценти државен долг, истакна Ставрески на презентацијата на програмата. Според него, преку изработка на програмата Македонија се подготвува за постепена интеграција во мултилатералниот фискален надзор во економската и монетарната унија и Стратегијата на ЕУ - 2020. Претпристапната економска програма 2011-2013 детално ги елаборира и предвидените структурни реформи чија цел е, како што напомена вицепремиерот и министер за финансии, македонската економија да стане поконкурентна, подготвена да се соочи со предизвиците по зачленувањето на земјата во ЕУ. Документот ќе биде презентиран во Брисел во мај годинава од министерот Ставрески и гувернерот на Народната банка Петар Гошев. Промовирана веб страницата на Државниот пазарен инспекторат WWW.DPI.GOV.MK СО ПОДРШКА НА УСАИД Бизнис заедницата, јавноста и потрошувачите ќе можат повеќе да се информираат за работењето на Државниот пазарен инспекторат. Тоа им го овозможува денеска промовираната веб страницата www.dpi.gov.mk на Инспекторатот изработена со поддршка на УСАИД проектот за деловно опкружување и Министерството за економија.објавува МИА - Овој проект значи промоција на нов менталитет во државните институции и бизнис заедницата и промовирање на проактивен партнерски однос меѓу нив. Заедно со УСАИД успеавме да направиме софтверска апликација за многу поефикасна комуникација помеѓу сите делови на Државниот пазарен инспекторат низ Република Македонија, рече министерот за економија Фатмир Бесими на промоцијата. Оделенија на Државниот пазарен инспекторат Тој посочи дека со тоа ќе се овозможи побрз и поефикасен проток на информации, архивирање на документи и создавање архива за работењето на секој стопански субјект со цел да се заштити конкуренцијата на пазарот. - Партнерскиот однос ќе помогне во делот на комуникација и информирање на стопанствениците за нивните права и можности, како и за начинот на кој функционира пазарот со што ќе се зголеми и транспарентноста, додаде Бесими. Директораката на Државниот пазарен инспекторат Елизабета Чингаровска истакна дека во рамките на проектот се изработени и брошури и флаери кои се наменети за бизнис заедницата и потрошувачите. - Водичот низ Државниот пазарен инспекторат ќе им помогне на идните субјекти кои ќе почнат бизнис во Македонија околу она што треба да го завршат како обврска спрема Инспекторатот. Водичот за потрошувачите јасно ги објаснува правата на потрошувачите и како Инспекторатот може да ги заштити, додека Водичот за стопанствениците е наменет за оние кои веќе започнале свој бизнис и е поделен во повеќе групи - трговија, угостителство, туризам,.... и се што покрива работењето на Државниот пазарен инспекторат, рече Чингаровска. Тие, како што кажа, ќе бидат дистрибуирани до таргет групите преку стопанските комори, Комората на занаетчиите и Организацијата на потрошувачи, а ќе бидат достапни и преку сите одделенија на Државниот пазарен инспекторат во Македонија на македонски и на албански јазик. Управа за јавни приходи ОТВОРЕНИ ШЕСТ НОВИ ДАНОЧНИ ШАЛТЕРИ Управата за јавни приходи отвори уште шест нови даночни шалтери преку кои граѓаните и фирмите од општините Боговиње, Липково, Чешиново-Облешево, Ранковце, Демир Капија и Дојран ќе имаат полесен и директен пристап до услугите на даночната администрација. Сите даночни шалтери, како што соопштуваат од УЈП, се сместени во админстративните згради на општините / единиците на локална самоуправа. Дојран Ланецот на 24-те даночни шалтери кои беа отворени изминатите две години, но и кои допрва ќе се отвораат во најмалите општини, имаат за цел поедноставување на постапките за пријавување на даноците и вадење на документи од УЈП (уверенија, потврди ...), намалување на трошоците за даночните обврзници при плаќањето на нивните обврски, но пред се поквалитетна услуга.
БИЗНИС ИНФО
16 ОПШТИНСКИ БИЗНИС Урбанизација на поранешната битолска касарна ПРИХОДИ ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Министрите за одбрана и за транспорт и врски Зоран Коњановски и Миле Јанакиески во Битола имаа работна средба со градоначалникот Владимир Талески, на којашто разговараа за локалниот економски развој и проектите што Владата ги реализира во оваа општина (20.2.2011 година). Коњановски, Јанакиески и Талески присуствуваа и на јавна презентација на Деталниот урбанистички план за поранешната касарна во Битола и изворно беа запознати со повеќе планирани содржини за градба на овој простор со површина од над 103 хектари, – објавува МИА. - Проектот „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“ се движи во вистинска насока. На општина Битола и` предаваме на трајно користење шест нови објекти и очекувам до крајот на годината да завршиме со
целосно примопредавање на целата касарна на општината. Продажбата на објектите ќе обезбеди приходи од околу 15 милиони евра, средства кои ќе овозможат инвестиции за локалниот економски развој на градот, - посочил министерот Коњановски. Министерот Јанакиески информирал дека со Одлука на Министерството за транспорт и врски во битолската касарна се огласени 22 локации, 12 се за станбено домување, дел од локациите се за комерцијални дејности, катна гаража, хотели и други објекти. - Нашата намера е земјиштето што не е во функција во Битола и во другите македонски општини да се продаде за да се развива градежништвото и да се поттикнува локалниот економски развој. Целта ја остваруваме насекаде, освен во општината Карпош. Очекуваме Битола да биде градилиште како што тоа сега е општината Аеродром, каде продадовме 14 згради и каде сега интензивно се гради, - посочил министерот Јанакиески. Според усвоениот Детален урбанистички план, во битолската касарна создадени се услови за изградба на објекти од јавен карактер, за индивидуално домување или изградба на куќи во подножјето на Тумбе кафе, изградба на спортски објекти, училиште, детска градинка и други урбани содржини. - Просторот во касарната и индустриската зона Жабени за нас се важни објекти и веруваме дека 2011 е година за економски развој на градот. Зад нас е економската криза, а пред нас времето на инвеститорите и во таа смисла, ние како општина создаваме поволни услови за реални вложувања, истакна. битолскиот градоначалник Талески. Според Деталниот урбанистички план, на просторот од поранешната касарна „Стив Наумов“ предвидена е изградба на нова сообраќајница, паркиралиште со околу 2800 места и други можности за населба со околу 7000 жители.
четврток, 24 февруари 2011
Јавна објава за отуѓување градежно земјиште на Република Македонија ПАРЦЕЛИ ЗА ИЗГРАДБА НА ХОТЕЛИ ВО ГЕВГЕЛИЈА, КРАТОВО И ВО БИТОЛА Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотели во Гевгелија, Картово и во Битола. Станува збор за една градежна парцела во општина Гевгелија со површина од 3092 метри квадратни, една градежна парцела во општина Кратово со површина од 1657 метри квадратни и две градежни парцели во општина Битола со површина од 5669 и 11.443 метри квадратни. Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, предвидено е почетната цена на земјиштето со оваа намена да изнесува 61 денар за метар квадратен, а пријавите за учество во јавното наддавање може да се достават најдоцна до 17 март годинава. За учество во јавните наддавања можат да се пријават физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица ( домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централниот регистер на
Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата наРепублика Македонија). Целосниот текст на јавните објави може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернетстраницата на Министерството за транспорт и врски www. mtc.gov.mk. Патните правци Кавадарци – Мушов Гроб и Струга – Дебар на тендер на Агенцијата за државни патишта ОТВОРАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА 4 АПРИЛ 2011 ГОДИНА Двата патни правцa Р108 Кавадарци – Мушов Гроб и Р418 Струга – Дебар се најдоа на меѓународниот тендер за проектот за извршување на градежни работи за рехабилитација и подобрување на регионалните патишта во
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
земјата од страна на Агенцијата за државни патишта. За општина Кавадарци овој тендер е од голема важност бидејќи се работи за регионален пат кој го поврзува низинскиот со ридско-планинскиот дел од општината во должина од 16 километри значаен за неколку компании: „Фени Индустри“ и рудникот „Ржаново“, „Кожувчанка“, „Горска“, ШС „Бор“, винарницата „Грков“, како и за жителите на селата од Бошавијата и поранешната општина Конопиште. Оваа делница е дел од регионалниот пограничен пат Кавадарци – Рожден – Старавина - Битола, за чија изградба е заинтересирана и Европската унија. Патот е значаен и како крак од патот кој води од Кавадарци до Ски центарот Кожуф. Отворањето на тендерската документациија е на 4ти април оваа година. Нов тендер на Струшката локална самоуправа ДО ПОЧЕТОКОТ НА МАЈ РЕШЕНИЕ ЗА ЗА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ Општина Струга распиша тендер за ново улично осветлување во висина од пет милиони денари. Покрај поставување нови улични светилки во повеќе делови на градот, предвидена е и набавка на електроматеријали, но и на т.н економични светилки кои ќе помогнат во заштеда на електрична енергија и на средствата кои општината ги одвојува за наплата на сметки. – објавува МИА. - Се надеваме дека со ова во голема мера ќе се реши проблемот со уличното осветлување кое долго време во најфреквентните делови на градот, но и во руралните средини беше надвор од употреба, а граѓаните со право реагираа, вели Ташгур Сулејмани од општина Струга. Градските власти очекуваат дека до почетокот на мај ќе биде решен проблемот со улично осветлување онаму каде што го има. За сега најкритична е ситуацијата покрај кејот на реката Црн Дрим, на потегот од „Еврохотел“ до селото Калишта, како и на машка плажа. Уличното осветлување таму е надвор од употреба подолго време. Слично е и во најголем дел од руралните средини во општината. Најавена за новата индустриска зона „Сачево“ кај Струмица ИЗГРАДБА НА 16 ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ Во новата индустриска зона „Сачево“ кај Струмица, највено е отворање на 16 производствени капацитети што ќе ги градат заинтересирани домашни компании и инвеститори од Грција и Германија и во кои ќе бидат вработени околу две илјади лица. Продажбата на градежното неизградено земјиште е во правна процедура, а општина Струмица ќе инвестира околу 300 илјади евра за изградба на комуналната и патната инфраструктура до и во самата зона, која со површина од 400.000 квадратни метри ќе биде втора
17 ОПШТИНСКИ БИЗНИС
по големина во нашава земја. – објавува МИА За таа цел, во рамките на програмата за прекугранична соработка, 50 општини од Република Македонија и Република Бугарија ќе настапат со заеднички проекти за искористување на средствата од ИПА фондовите на Европската Унија во висина од 4,1 милиони евра за двете земји. - Со програмата ќе им биде даден приоритет на оние проекти кои ќе значат гаранција за поттикнување на економскиот развој и соработката во регионот. Во прв ред, предвидена е изградба на пристапни патишта, улици, тротоари, водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, како и улично осветлување низ целиот простор на индустриската зона. Планираме оваа зона целосно да биде уредена и подготвена за пристап на домашни и странски инвеститори најдоцна до крајот на 2012 година, изјавил Зоран Ѓорѓиев, раководител на Секторот за локален економски развој на Општина Струмица. Според пројавениот интерес на домашните и странските инвеститори, во зоната „Сачево“ ќе бидат изградени фабрики за кожа, за кондиторски производи, за брикети и други, како и голема сушилница за зеленчук и овошје, што ќе значи директен поттик за натамошен развој на аграрот во овој регион и пошироко. Геотермалниот потенцијал во Кочанско со дублет систем на искористеност ИСКЛУЧИТЕЛНИ ЕКОЛОШКИ ПРИДОБИВКИ СО АВСТРИСКА ПОМОШ Проектот „Еколошка санација и енергетска рационализација на геотермалниот систем Геотерма“ во Кочани, кој се реализираше во изминатите четири години е целосно завршен. Со донација од австриската Влада, Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Кочани и Комуналното јавно претприја „Водовод“ се вложени 2 милионa евра, од кои 1,6 милиони евра се донација на австриската Влада. Oбјектот го предаде во употреба (22.2.2011 година) амбасадорот на Австрија во Македонија Алојз Краут, кој рече дека ова е мошне значаен проект, бидејќи се работи за еколошки и енергетски ефикасен проект од кој корист ќе имаат земјоделството, индустријата, општината. - Поддржувањето вакви проекти од екологијата се приоритет на нашата билатерална соработка. Австрија и натаму ќе биде присутна во Македонија. Моментно 50 наши фирми се застапени во Македонија, а има присуство и на австриска банка, - истакна Краут. Според градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски, како што објавува МИА, со овој проект е воспоставено решение за рационално користење на геотермалната енергија со обезбедување целосен биланс на подземните води и стабилна еколошка животна средина. Со директната експлоатација и директното реинектирање на 350.000 метри кубни геотермална вода, со оддавање на топлинската енергија ќе се супституираат 1600 тони нафта годишно за топлификација на оранжерискиот комплекс од 6 ха, со што се намалуваат емисиите на гасовите и другите штетни материи. Еколошките придобивки се гледаат и во чувањето на животната средина од неконтролираното термално загадување. Дублет системот со кој искористената геотермална вода се враќа назад во утробата на земјата, ја сместува општина Кочани меѓу општините на Балканот кои во истовреме обезбедуваат рационален и еколошки третман на геотермалниот потенцијал.
18 МОЖНОСТИ
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
ПОКРОВИТЕЛИ Годинава најмногу субвенции за зголемување на доходот на земјоделските стопанства ЗА 15 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ Од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството годинава најмногу средства, околу 5,1 милијарда денари, се предвидени за зголемување на доходот на земјоделските стопанства за растително, сточарско и органско производство. За житните култури, пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, сирак, просо, хмељ, леќа, кикирики, соја, сончоглед,..., директните плаќања, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изнесуваат по 8.500 денари за хектар.
Производителите на ориз и на сончоглед ќе добијат дополнителни 3.500 денари за хектар, додека за подигање нови лозови насади се планирани по 140.000 денари за хектар вински, односно по 160.000 денари за хектар трпезни сорти грозје. Во 2011 останува субвенцијата од 3.000 денари за земјоделците кои ќе користат сертифициран семенски материјал по хектар. Според Програмата, како и претходните години, производителите ќе можат да аплицираат за субвенции за премии за осигурување, за заштита на земјоделското земјиште и за повисоки стандарди за квалитет. Оваа мерка е проектирана на околу 317 милиони денари. Програмата за финансиска поддршка во земјоделството оваа година изнесува околу 6,23 милијарди денари или 115 милиони евра за разлика од лани кога беше 100 милиони евра.
Благодарница за успешната презентација на прилепска „Витаминка“ на НАТО Базарот во Брисел ПРОДУКТИ ЗА СИЛИТЕ НА НАТО НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ Прилепската прехрамбена индустрија „Витаминка“ доби признание за успешната презентација на производите на „НАТО Базарот во Брисел 2010„. – објавува МИА. Благодарницата од НАТО Мисијата во Брисел за успешното претставување на ланскиот „НАТО базар“ на кој учествуваа сите национални претставници на членките на НАТО, ја праќа македонскиот амбасадор во НАТО мисијата во Брисел Мартин Тренески, а ја врачи потполковникот Душан Станков од касарната од Кичево. - Македонија имаше можност да ги претстави своите капацитети, вели потполковник Станков. На таа презентација, истакнува тој, целта беше да ја промовираме државата не само од аспект на воените ктивности и на нашето учество како долгогодишна членка на Партнерството за мир, туку и да прикажеме еден дел и од нашите производи и од општото живеење, односно капацитетите и можностите на Македонија. Ова е трет донаторски настап на „Витаминка“ од 2008 на НАТО Базарот. Според претсдателот на УО, Симон Наумоски битни се два аспекта-хуманитарниот и можноста нивните производи да ги користат НАТО силите. - Едниот аспект е дека излегуваме како хуманитарна организација, бидејќи производите
кои ги праќаме пред старешините на НАТО имаат улога да обезбедат скромни средства во име на „Витаминка“ кои понатаму НАТО ги дели за хуманитарни цели во светот. Вториот аспект е дека веќе три години се обидуваме со нашиот настап нашите производи да бидат продукти за силите на НАТО низ целиот свет, вели Наумоски, а го цитира МИА.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
„Витаминка“ 40 насто од производството извезува низ светот, со тендецнија процентот да го зголеми. Од тоа лани е остварен приход од 8,5 милиони евра, најмногу во подрачјето на поранешните ју-републики, а се извезува и во Австралија, Америка, во членките на ЕУ и на Блискиот исток. Тенденција е за година- две од извозот да добие 10 милиони евра годишно. „Витаминка“ константно е во инвестирање. Почнува да гради нов погон за чоколадо кој треба да проработи догодина. Во наредните три години инвестициите треба да достигнат 7 до 8 милиони евра, дел средства обезбедени од банкарски кредити, дел од сопствени извори. СТАТИСТИКА Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2011 година ЕНЕРГИЈАТА ГИ ЗАГРЕА ЦЕНИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, за прибирање и обработка на податоците за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар ја примени новата Национална номенклатура на индустриски производи (ННИП) 2008, а за пресметка и објавување на индексите на продажните цени ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). За да се обезбеди временска серија со споредливи податоци, месечните индекси на продажните цени
на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, од 2005 до 2010 година, се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, се повисоки за 12,7%. Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемените цени во групата Енергија за 21,2%,
19 СТАТИСТИКА
Интермедијарни производи, освен енергија за 10,9%, Капитални производи за 1,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8%. Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, се повисоки за 15,3%, во секторот Преработувачка индустрија цените се повисоки за 13,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 10,1%. Трошоци на животот, јануари 2011 година (според COICOP) ТРАНСПОРТОТ НАЈВИСОКО „ВОЗИ“ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари 2011, во однос на декември 2010, изнесува 100,9, а во однос на јануари 2010 изнесува 103,2. Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јануари 2011, во
однос на декември 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 2,3%, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,5%, Здравје за 0,8%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0,5%, Комуникации и Ресторани и хотели за 0,2%. Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 0,6%, Алкохолни пијалаци, тутун и Останати стоки и услуги за 0,1%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Образование.
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
ИЗДВОЕНО ПОТРЕБА ОД ИНТЕРВЕНИРАЊЕ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ Убеден сум и сите гледаме дека навистина има потреба од интервенција во железничкиот сообраќај во Македонија. Кога ќе ја погледнете картата на Балканот, ќе видите дека Македонија е во срцето. Железницата навистина ни треба, бидејќи овој транспорт е неспоредливо поевтин од камионскиот. Потенцијалните инвеститори велат дека ако досега беше изградена пругата ќе почнеле да инвестираат. Во иднина и патната инфраструктура треба да се модернизира. Но, тоа не се прави за година или две. (Владимир Талески, градоначалник на Битола) ЖЕЛЕЗНИЦАТА БИ БИЛА ИНТЕРЕСНА КОГА ДРЖАВАТА БИ ГИ ПРОДА(ВА)ЛА АКЦИИТЕ Законот за железнички систем е донесен минатата година. Mеѓутоа, неговата примена е предвидена дури од почетокот на 2012 година Во моментов единствен оператор е АД МЖ-Транспорт чиј единствен акционер, односно сопственик, е државата. Мислам дека сериозна заинтересираност од други оператори би постоела само од моментот кого државата би ги продала акциите и би се овозможил рамноправен настап на пазарот од сите заинтересирани инвеститори. (Зоран Арнаутов, оперативен директор во „Фершпед„) ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ, ПА ПРИВАТИЗАЦИЈА Германската железница беше заинтересирана и за словенечката железница, меѓутоа, се откажаа од приватизација. Долгорочни процеси се тоа. Мислам дека единствено се опипува пулсот какви се можностите за капитал. Ниту хрватската железница не е приватизирана. Таму нема спроведено ниту делумна либерализација, а за македонската ќе биде многу тешко, затоа што мора прво да има интерес од инвеститори, а за да има интерес треба да има осовременување на железницата, финансиското работење да биде солидно и да има соодветни, човечки ресурси. (Оливер Дерковски, директор во АД МЖ-Транспорт)
ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
Потпишан договор меѓу АД МЕПСО и „Електромонтажа“ од Белград ИЗГРАДБА НА 110 КИЛОВОЛТЕН ДАЛЕКУВОД Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО денеска во Битола склучи договор со конзорциумот „Електромонтажа“ и „Електроисток изградња“ од Белград, за изградба на 110 киловолтен далекувод. Договорот вреден 2,4 милиони евра за највредната инвестиција во преносната мрежа за потребите на Пелагонија во последните 10 години, го потпишаа генералниот директор на АД МЕПСО Дејан Бошковски и Миленко Бабиќ,
претставник на конзорциумот од Србија. – објавува МИА. - Со изградбата на далекуводот ќе бидат поврзани трите најголеми трафостаници во битолскиот регион, најголемиот производител на електрична енергија во државата. Новосоздадениот прстен значи зголемување на сигурноста во напојувањето со електрична енергија, засилување на доверливоста на електроенергетскиот систем и подобрување на напонските прилики, посочил Дејан Бошковски. На промотивниот настан во Битола беше потврдено дека поврзувањето со двосистемскиот далекувод меѓу трафостаниците „Битола 3“ и „Битола4“ е капитален преносен капацитет, а паралелно се одвива и ревитализацијата на најголемата трафостаница во регинот „Битола2“. - Нашето големо искуство и знаење во проекти од ваков тип, всушност е гаранција дека доверената задача ќе ја завршиме според утврдените стандарди и во предвидениот рок. За време на изведувачките работи очекуваме остварување и на дополнителна соработка со деловни партнери од Битола и регионот, истакна Бабиќ, претставник на конзорциумот кој овој ангажман го доби на меѓународен тендер. Потпишувањето на договорот се одржа во просториите на општина Битола, каде градоначалникот Владимир Талески во улога на домаќин истакна дека најновата инвестиција на АД МЕПСО претставува порака и покана за идни инвеститори во Пелагонија. АД МЕПСО наскоро ќе почне и со реализација на новиот 400 киловолтен далекувод Битола-Елбасан, Албанија. На планот на меѓународното електроенергетско поврзување АД МЕПСО ги врши подготвителните работи за изградба на 400 киловолтен далекувод Штип-Ниш, додека во државата просолжува изградбата на 110 киловолтниот далекувод во регионот на Полог со кој значително ќе се подобри квалитетот на снабдувањето со електрична енергија на Тетово и околината. „Жито Лукс“ од Скопје НОВИ ПРОИЗВОДИ „ПАЛЕНТА“ И „ПЧЕНКАРНО БРАШНО“ „Жито Лукс“ од Скопје започна со пласман на нови производи - палента и пченкарно брашно. -Секогаш се насочуваме кон внесување на новитети и оригиналност во нашето работење. Задоволството на крајниот потрошувач ни е примарна цел и со лансирање на овие нови производи сметаме дека ќе ги задоволиме потребите на семејствата за приготвување на вкусни јадења. Особено се надеваме дека помладите членови на семејствата - децата ќе уживаат во храната приготвена со палента и пченкарното брашно - изјавила Лидија Трајковска, менаџер во секторот за маркетинг во Жито Лукс за „Вечер“. Наскоро „Жито Лукс“ подготвува изненадување за потрошувачите. Со секое купено пченкарно брашно или палента, се добива подарок прирачник со 10 рецепти за оригинални јадења по сечиј вкус. Покрај новото пченкарно брашно и палента, „Жито Лукс“ на своите потрошувачи им нуди голем асортиман на брашна: екстра бело брашно тип 400 достапно во пакувања од 1, 2 и 5 килограми, сенаменско бело брашно од 1 килограм, пекарско Т-500 брашно во пакувања од 1 и 5 килограми и гриз пченичен тип 400 од половина килограм.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
21
ПРЕНЕСЕНО Рифат Хисарчиклиоглу, претседател на Унијата на комори и берзи на Турција КОМПАНИИТЕ ДА НЕ ГЛУМАТ „СИЛНИ МОМЦИ“ И ДА СЕ ФАТАТ ЗА РАБОТА * Сопствениците на бизниси треба да излезат и да ги запознаат своите клиенти. Со години, многу компании од различни сектори се фокусираа само на пазарниот удел. Но, сега целта на секој сектор е стабилен и профитабилен раст. Во конкурентна средина компаниите не можат да растат ако се насочени исклучиво кон пазарниот удел. Резултатот на тоа е опаѓање на профитабилноста. Затоа е бесмислено да се крати голем дел од профитабилноста за зголемувањето на пазарниот удел. Потрошувачите имаат се повеќе барања. * Одржливоста на долгот и фискалната нестабилност, стојат како критични предизвици, кои не само што предизвикуваат закана за моменталниот период, туку и за престојните години. Друг проблем кој заслужува внимание се високите стапки на невработеност. Создавањето работни места и намалувањето на постојано високите стапки на невработеност ќе бидат тешки проблеми за решавање, особено во време кога буџетскиот дефицит и јавниот долг се на рекордно високо ниво. Претседателот на Унијата на комори и берзи на Турција, Рифат Хисарчиклиоглу, кој беше гостин на Стопанската комора на Македонија, по повод одбележувањето 89 години коморско работење во земјава, даде интервју за дневниот весник „Капитал“. Во овој број на „Бизнис Инфо“ го пренесуваме целото интервју кое го подготви Спасијка Јованова, заменик главен и одговорен уредник на весникот. * Турција е економското чудо во Европа во време на криза. Која е формулата за овој успех? -Турската економија имаше цврсти принципи. Од 2002 година имплементиравме економска програма, која вклучуваше фискална дисциплина, претпазлива монетарна политика, реформи во банкарскиот сектор и детални структурни реформи за зголемување на конкурентноста на економијата. Трошоците
од позајмување се намалија, а односот на јавниот долг со БДП се намали под критериумот од Мастрихт. Според тоа, на почетокот од кризата во 2008 година постигнавме многу ефикасна економија, силен банкарен сектор и фискален простор за маневри. Довербата е во сржта на таквите политики. Големо внимание посветивме на подобрување на целосната доверба во економијата. Во тој поглед, силните фискални биланси, силните
финансиски и домашни структури на билансот на плаќања, претпазливиот политички пристап и политичката стабилност се клучни фактори во Турција кои ја зголемија довербата. Во периодот на огромни долгови, растечки буџетски дефицити и влошена доверба, благодарение на зајакнатите принципи, Турција успеа да се оддели со тоа што многу рано го објави и имплементира својот план за консолидација. Нашата економија почна да расте во последниот квартал од 2009 година. Во првите три квартали од 2010 година, турската економија порасна за 8,9%. Се очекува Турција да биде најбрзо растечка економија во Европа во 2010 и 2011 година. За време на првите три квартали, околу еден милион нови работни места се отворени во Турција. Ова ја намали стапката на невработеност за 2,1 процентен поен во спроедба со минатата година. * Колку одличните економски резултати се должат на соработката помеѓу владата и бизнис заедницата? -Интернационализацијата на економиите и политиките ги присилија владите да развијат нови стратегии, соодветни на контекстот. Овие стратегии, карактеризирани со поголем степен на интеракција со невладините клучни актери и особено со бизнис-светот, се наречени локална или урбана управа. Турската законодавна клима стана поотворена за мислења од приватниот сектор. Ова често се нарекува јавно-приватен дијалог. Таквата соработка е многу корисна и ефикасна. Бидејќи сега е јасно дека таквата соработка ќе даде плодни исходи бидејќи денешните демократии се повеќе од владеење на мнозинството. Навистина, денешните демократии се карактеризираат со мнозинско право, како и со голема зависност од научно-техничките вештини и размената на технички информации. Бизнис-општеството може да даде такви информации за подобар процес на одлучување. Благодарение на оваа соработка, Турција ги усвои поволните инвеститориски политики, ги реформираше макроекономските основи, ги подобри инвестициската клима и бизнис-околината. * Во земјите на Балканот владите најчесто бизниз-заедницата ја доживуваат како непријател, кој е финансиски моќен и ја загрозува политичката власт. Предлозите кои доаѓаат од коморите тешко се прифаќаат или имплементираат. Која може да биде штетата од ваквиот однос? -Политичката средина игра важна улога во бизнисодлуките. Негативните и нестабилни односи помеѓу бизнисот и владата создаваат несигурна средина. Бизнисмените страдаат од големо ниво на несигурност. Тие ги откажуваат одлуките за инвестирање. Домаќинствата ги откажуваат одлуките за потрошувачка. Сите овие фактори предизвикуваат забавување на економските активности, што значи пад на националниот приход. Од друга страна, кога владата ги намалува бизнис тешкотиите, земјата добива повисока кредибилност, а економијата може да започне период на стабилен раст. Бизнис-политичката несигурност е чувство на несигурност за одлуките за инвестирање, предизвикани од макрополитичките и макроекономските одлуки. Несигурноста претставува предизвик. Кога бизнисот учествува во создавањето позитивна политичка клима, учеството во процесот на одлучување станува поефикасно и се контролира бизнис-несигурнста. Бизнисот може да придонесе за создавање на поволен однос со владата. Поволниот однос е институционален и ја дава основата за политичка стабилност, стабилен раст и за широка демократија. Во овој поглед, природата на односот влада-бизнис го одредува квалитетот на демократијата во земјата. * Зошто земјите во транзиција се уште не можат да излезат од тој процес и да се насочат кон поголем економски развој? - Постојат неколку причини. Од овие причини, одржливоста на долгот и фискалната нестабилност, стојат како критични предизвици, кои не само што предизвикуваат закана за моменталниот период, туку и за престојните години. Друг проблем кој заслужува внимание се високите стапки на невработеност. Создавањето работни места и намалувањето на постојано високите стапки на невработеност ќе бидат тешки проблеми за решавање, особено во време кога буџетскиот дефицит и јавниот долг се на рекордно високо ниво. Високата невработеност, особено во
22
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
ПРЕНЕСЕНО развиените земји, многу ќе ги притиска економските политики. Третата причина е се уште финансискиот сектор. Кога ги гледаме билансите, гледаме дека на многу банки ќе им треба повеќе време да се вратат во нормала. БЕЗ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА НЕМА ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА * Економската криза ја погоди цела Европа. Како ги коментирате состојбите? Кои земји се најкритични? -Економската и финансиска криза создаде огромен пораст на јавните дефицити и долгови во европските економии. Способноста на овие земји да ги преземат потребните чекори за да го донесат под контрола јавниот долг е с$ попредизвикувачка, исто така од финансиските пазари. Предизвикот започна во еврозоната. Заразата од грчката и ирската кризи се прошири во Португалија и Шпанија. Шпанските и ирските проблеми започнаа со многу мал
долг во приватниот сектор поради станбениот меур, финансиран од долговите. Грција има невнимателна фискална политика повеќе од една деценија, што доведе до криза со јавниот долг. Португалија и Италија имаат пониско ниво на приватен долг, но голема количина на јавен долг. Грција и Ирска веќе загубија пристап на пазарот и им помогнаа ММФ и ЕУ. Изгледа дека европскиот спасувачки фонд има доволно пари за да ги покрие можните спасувања на повеќето критични земји како Ирска, Грција и Португалија. Ако ЕУ не преземе радикална реформа, ќе има ризик од големо непридружување од фискално потресените земјичленки и дури и распад на монетарната унија. Моменталниот пристап за провлекување низ кризата е да се финансираат фискално потресените земји-членки (под услов тие држави да имплементираат фискално приспособување и структурни реформи) со надеж дека нивните проблеми настанале поради неликвидност, а не поради несолвентност. Но, ова може да доведе до големи проблеми и распад на Европската монетарна унија ако набрзо не се имплементираат институциналните реформи и други политики кои водат до потесна интеграција и враќање на растот во еврозоната. * Кои се Вашите прогнози? Дали 2011 година конечно ќе биде крај за кризата? -Економскиот раст закпренува во целиот свет. Најновите прогнози за глобалниот раст за 2011 година изнесуваат 4,5%. Ова е повисоко од просекот во последната деценија. Но, тоа не е закрепнувањето кое сите го чекаа. Тоа е закрепнување обеземено од тензии и оптоварувања, кое дури може да ги посее семињата на следната криза. Постојат две опасни нерамнотежи. Прво, закрепнувањето е нарушено. Додека растот останува под потенцијалот во напредните економии, новите и развојните економии растат многу побрзо, а дел од нив може многу брзо да прегреат. Второ, закрепнувањето е неурамнотежено. Глобалната невработеност останува на рекордно високо ниво, со проширување на нееднаквоста на приходот како дополнување на социјалните проблеми. Исто така гледаме загрижувачки развој: преткризниот
модел на глобалните нерамнотежи повторно се јавува. Растот на економиите со големи надворешни дефицити, како американскиот, с$ уште е придизвикан од домашната побарувачка. А растот на економиите со големи надворешни суфицити, како во Кина и во Германија, с$ уште го придвижува извозот. Овие глобални нерамнотежи ја ставаат на ризик стабилноста на закрепнувањето. Соодветно, закрепнување ќе добиеме ако не се фокусираме само врз стандардните макроекономски и финансиски политики, туку и на создавањето работни места и социјална заштита. Без работни места и сигурност на приходот, не може да има одбивање на домашната побарувачка, а со тоа и одржливо закрепнување. * Со какви политики и мерки државите треба да се справуваат со кризата и да му помагаат на стопанството? -Во новата ера, движечка сила на економскиот раст ќе бидат приватниот сектор и приватните претпријатија. Затоа, една од главните цели на стратегијата за раст треба да биде поддржувањето на локалните претприемачи. Националните политики треба да се адаптираат на глобализацијата. Развојот на приватниот сектор е потребен за да се унапредат врските помеѓу локалната и глобалната економија. Претприемачите се тие кои ги менуваат светот и државата. Просперитетот на една земја е блиско поврзан со бројот на претприемачи. Поради тоа мора да го поттикнуваме и охрабруваме претприемништвото. * Што им советувате на компаниите, односно на нивните менаџери – како да се носат со кризата? Дали со кратење на трошоците, со освојување нови пазари, со нови инвестиции... -Целиот свет е подложен на големи промени. Технологијата и условите за бизнис предизвикаа трансформација на корпоративниот свет. Резултатот е преработка на конкурентната средина. Најважното нешто што треба да го направат компаниите е да им дадат значење на клиентите и на нивните потреби. Компаниите треба да престанат да глумат “силни момци# и да се фатат за работа. Сопствениците на бизниси треба да излезат и да ги запознаат своите клиенти. Со години, многу компании од различни сектори се фокусираа само на пазарниот удел. Но, сега целта на секој сектор е стабилен и профитабилен раст. Во моменталната конкурентна средина, компаниите немаат можност да растат ако се насочени исклучиво кон пазарниот удел. Секоја компанија која се обидува да го стори ова ќе увиди дека резултатот е опаѓање на профитабилноста. Од таа причина, бесмислено е да се скрати голем дел од профитабилноста во име на зголемувањето на пазарниот удел. Потрошувачите имаат с$ повеќе барања. Производителите почнаа да развиваат продукти наменети за потребите на различни клиенти. Денес, особено во потрошувачкиот и во секторот за услуги, се шири сегменатцијата на производите. Своевремено, управувањето на односите со клиентите беше метод кој беше насочен кон секој клиент. Но, стремежот сите да станат клиенти на компанијата не беше профитабилен пристап. Важно е да се добие клиент за вистинската цена. Постои значителен интерес за користење надворешни ресурси. Во последните десет години, употребата на надворешните ресурси е мошне застапена, од типот на финансиски операции, решенија за обработка на податоци и логистика. Компаниите мора да започнат да соработуваат со повеќе провајдери на стратешки услуги во оваа област. Падот на инфлацијата ја зголеми важноста на оперативната профитабилност. Падот на каматните стапки го пренасочи вниманието на компаниите кон оние фактори кои обезбедуваат продуктивност. Причините за намалување на трошоците се променија. Во минатото, таквите методи се применуваа само во време на криза. Во такви ситуации, првата реакција на компаниите беше да отпуштаат работници. Но, денес може да се види дека тој метод не ги дава посакуваните резултати. Всушност, овој метод на намалување на трошоците има силно негативно влијание врз човечките ресурси. Тоа ја спречува компанијата да има ефикасна работна сила. Поради тоа, на компаниите им се потребни структурни промени, а не моментални и радикални реакции. Трошоците може да се намалат со одржување на бизнисот со ист капацитет, но со помалку труд, капитал и инвестиции.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
23
ПРЕНЕСЕНО РЕГУЛАТОРНИ ПРОБЛЕМИ ГИ ОДВРАЌААТ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ОД МАКЕДОНИЈА * Турција и Македонија се традиционални трговски партнери, но со огромен дефицит на македонска страна иако Турција е огромен пазар. Зошто е тоа така? -Водечките партнери на Турција кај увозот се земјите од ЕУ, освен Русија. Од друга страна, Македонија има силни трговски врски со нејзините соседи. Двете земји не се приближуваат една кон друга како целни пазари. Исто така, македонските производи мора да ги имаат неопходните сертификати за квалификација според регулативите на ЕУ.
ПРЕТПРИЕМАЧ И БИЗНИС ЛИДЕР
нивната малубројност е тоа што Македонија има регулаторни проблеми, особено кога се во прашање странските инвестиции. Едношалтерскиот систем беше ратификуван во 2008 година преку реформите на ЕУ, но поради владините избори, беше забележано забавување, што го отежна добивањето на дозволи за странски инвестиции. Секторите за евиденција во министерствата не се доволни за да водат сметка за сите барања кои се на листата на чекање. Ако се смени министерот, речиси е невозможно да се најдат неопходните документи за следење на случајот. Работните дозволи за турските работници се главен проблем за турските инвестиции бидејќи бирократските постапки за да се извади или продолжи работната дозвола траат долго, а тоа влијае врз ефикасноста на инвестицијата.
Рифат Хисарчиклиоглу е претседател на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ) и заменик претседател на Европската стопанска комора *Еуроцхамбрес. ТОББ е најголема непрофитна бизнис-асоцијација во Турција и опфаќа 365 комори и берзи. ТОББ претставува 1,3 милиони компании и делува како најефикасна професионална организација со мрежа на членови кои ги опфаќаат сите видови бизниси од различни сектори, од големи до мали во сите региони во Турција. Хисарчиклиоглу по дипломирањето на Универзитетот Гази во Анкара, во областа економија и менаџмент, го започнува својот професионален живот во приватниот сектор. Тој е претседател на Ескихисар групацијата, која работи во областа на градежништвото, градежните материјали, извоз и увоз, земјоделство, инвестиции, развој на земјиштето, прехранбената и автомобилската индустрија. Во 1990 година, е избран за советник во Трговската комора на Анкара. Од јуни 2001 година е претседател на Унијата на комори и берзи на Турција, функција на која два пати е реизбран ппради покажан извонреден труд како водач на турскиот приватен сектор. Хисарчиклиоглу е претседател и на Одборот за надворешни економски односи (ДЕИК), кој има за цел унапредување на надворешните економски односи на Турција преку деловни совети во целиот свет. Вакви деловни совети се основани со 86 земји. Со мотив да се подобри квалитетот на работната сила и да се унапреди образованието преку соработка меѓу академскиот и приватниот сектор, Хисарчиклиоглу го основа Универзитетот на ТОББ за економија и технологија во Анкара во јули 2003 година. Денес, ТОББ-ЕТУ е рангиран како “најпрефериран универзитет„ во Турција. Хисарчиклиоглу е пионер и во создавањето на *тхинк-танк. Во моментот е претседател на ТЕПАВ (Турска фондација за истражување на економската политика), која е ангажирана за истражување на економски и студии за стратешка и надворешна политика. Негова е и иницијативата за формирање Одбор за евалуација на економски прашања (ЕСДК), кој се состои од министерства, ТОББ и претставници на приватниот сектор. Целта е турската економија да се прилагоди на внатрешните и надворешните пазари. Хисарчиклиоглу има добиено бројни награди од многу земји и реномирани организации, меѓу кои се Златен медал за заслуги од Австрија, *Цоммендаторе од Италија, Медал на инспирација од Монголија, Почесен докторат од Карадениз Техничкиот универзитет во Турција, Почесен докторат од Универзитетот за економија во Измир, Медал за заслуги од Собранието на Трговско-индустриските комори на Франција, Почесно членство од Трговско-индустриската комора на Романија, “Пример за граѓанско општество”, награда на годината од Економист. *Кои се производите кои ги има Македонија, а и требаат на Турција и кои може да придонесат за поголема размена меѓу двете земји? -Македонија ги развива земјоделството и сточарството и има плодни почви. Органското земјоделство би било добра соработка за двете страни. Амбалажирањето е уште една област која ветува. Урбаните и инфраструктурните потреби во Македонија создаваат пазар за градежните материјали, како и за градежните услуги. Турција има големи познавања од градежниот сектор и се наоѓа на второ место, веднаш зад Кина, според бројот на градежници кои работат на меѓународно ниво на глобалниот пазар. * Колку турските бизнисмени се задоволни од соработката со македонските компании? -Не сме добиле конкретни поплаки од турските компании во врска со нивните македонски партнери. Но, таму каде што има бизнис, секогаш има место за разлика во интересите. Турските и македонските компании може да го надминат овој ризик со помош на долгогодишната културна размена, која ги вклучува и деловните односи. * Зошто, и покрај многуте најави од Турција и рекламите на Македонија како атрактивна бизнис-дестинација нема турски инвестиции во земјава? -Турција има неколку инвестиции во Македонија, како Зираат банк, Узел макина, Улак амбалај... Причината за
* Како тогаш ја оценувате бизнис климата во Македонија? -Иако постои нестабилност во Владата, економијата е во фаза на закрепнување. Ако Владата успее да ги ратификува регулативите со кои ќе се поедностават процедурите околу странските инвестиции, тогаш сум сигурен дека повеќе турски компании ќе бидат расположени за инвестирање. Кампањата за инвестиции е добар почеток, но маркетиншкиот дел треба да се избалансира со спроведување на плановите и со примери за успех. Мора да создадеме повеќе успешни приказни за заедничките вложувања на Турција и Македонија. *Што ќе ги советувате македонските бизнисмени при Вашето обраќање по повод 89 години Стопанска комора на Македонија? -Турција, според економскиот развој, се наоѓа на 17то место меѓу најсилните светски економии. Би им препорачал на нашите македонски колеги да бараат повеќе можности за соработка со Турција. Стопанската комора на Македонија игра клучна улога во олеснувањето на овие можности за двете страни, во соработка со ДЕИК (Турско-македонскиот бизнис совет). Двете страни во Бизнис советот се трудат да доведат бизнисмени од различни сектори и региони. Учеството на саеми во двете земји ја зголемува бизнис интеракцијата. На пример, Саемот на машини во Конја, кој ќе се одржи во мај 2011 година, ќе биде добра прилика за проценка на бизнис партнерствата околу машинскиот дел во земјоделството и амбалажната индустрија.
24
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
РЕГИОН Соработка меѓу Руската Федерација и Словенија ЗАЕДНИЧКА ФИРМА ЗА ЈУЖНИ ПОТОК
Хрватска ПРОСЕЧНАТА БРУТО-ПЛАТА ВО ДЕКЕМВРИ 1054 ЕВРА
Рускиот „Газпром“ планира со словенечката компанија „Геоплин Плиноводи“ во март да потпишат договор за основање на заедничко претпријатие за изградба на делница на гасоводот Јужен поток.
Просечната месечна нето-плата во Хрватска за декември 2010 година изнесувала 5450 куни (736 евра), соопштува хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). Во споредба со просечната плата за ноември 2010 година која изнесуваше 5584 куни (754 евра), декемвриската е номинално помала за 2,4 проценти или 18 евра. Тоа е резултат на фактот дека со ноемвриската плата, што се исплатува во декември, се исплатени и додатоци за Божик. Во споредба со платата од декември 2009 година, минатогодишната е номинално поголема за 1,6 проенти или за 88 куни (12 евра), но треба да се земе предвид дека на нето платата за декември 2009 година влијаеше и кризниот данок од два процентa за плати поголеми од 408 евра и четири проценти за плати поголеми од 816 евра. ДЗС соопшти дека просечната месечна бруто-плата за декември 2010 година изнесувала 7806 куни (1054 евра) и дека во споредба со претходниот месец бележи намалување од 1,1 процент. На годишно ниво, просечната бруто-плата за декември е номинално поголема за 0,3 проценти или 23 куни (3,1 евро) од платата во декември 2009 година.
- Словенија ќе стане една од водечките транзитни земји на Балканот, рече рускиот министер за комуникации и копретседател на руско-словенечката меѓувладина комисија, Игор Шчегољев. Тој потсети дека Русија и Словенија во рамки на реализацијата на проектот Јужен поток во ноември 2009 потпишаа меѓудржавен договор за соработка на изградба и експлоатација за транспорт на руски гас преку територијата на Словенија. Со договорот е предвидено работите на проектирање, изградба и натамошна експлоатација на словенечката делница Јужен поток да се доверат на заедничка проектанска компанија, која на паритетен принцип ќе ја основаат „Газпром“ и „Геоплин Плиноводи“, а на основа на подготвена физибилити студија. „Газпром“ веќе соработува со словенечката компанија „Геоплин Љубљана, која увезува и дистрибуира природен гас на територијата на Словенија, во рамки на испораките и транзит на руски природен гас. Албанија со скок на цените од 3,3 отсто во јануари СО ИНФЛАЦИЈА ЗАПОЧНА ГОДИНАТА Во јануари цените на сите продукти во Албанија забележаа раст, продолжувајќи го трендот на поскапување кој според ескпертите ќе биде присутен во цела 2011 година, пренесува весникот „Панорама“. Како што јавува дописникот на МИА од Тирана, податоците објавени од Институтот за статистика, ИНСТАТ, во врска со индексот на цените на потрошувачката во текот на минатиот месец потврдуваат дека е забележан раст на цените кај сите производи, освен кај подгрупата „облеката и обувки“, каде цените се пониски за 0,2 отсто. Вкупниот раст на цените за јануари изнесува 0,8 отсто споредено со месец декември, додека инфлацијата достигна ниво од 3,3 отсто. Индексот кај групата „храна и безалкохолни пијалоци“ бележи раст од 1,2 отсто, цените се зголемени и во повеќе подгрупи, како што се „леб и бели печива“ - 1,6 отсто, „шеќерот и слатките“ - 2,5 отсто, овошјето 0,4 отсто. Индексот кај алкохолните пијалоци и тутунот забележа раст од 5,8 проценти каде посебно зголемување е забележано кај тутунот со 10,6 проценти, се наведува во извештајот на ИНСТАТ. Големо влијание врз поскапувањето имале и зголемените цени на горивата. Во јануари нафтата поскапе за 5,8 отсто, додека бензините за 6,4 отсто.
ММФ ја ревидираше прогнозата за Црна Гора од 4,5 на 2 отсто РАСТОТ ДА ГО ВОДИ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР! Шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Црна Гора, Гервин Бел, изјави дека Црна Гора излегла од рецесија и оти оваа година може да очекува економски раст од околу два проценти. Со тоа ММФ ја корегираше прогнозата од ноември минатата година дека црногорската економија ќе биде една од најбрзо растечките на регионот, и дека оваа година нејзиниот економски раст ќе изнесува 4,5 проценти. Корегирана е и прогнозата за минатата година, според која растот на економијата требало да биде 0,3 отсто, а најновата проценка на ММФ зборува за раст од 1,1 отсто. Шефот на мисијата на ММФ по двонеделната посета на Црна Гора укажа дека индустријата и туризмот забележале раст во втората половина на 2010 година и оти во наредиот период може да се очекува забрзано опоравување, со поддршка на високите цени на светскиот пазар и побарувачка за индустриски извоз на Црна Гора. Кон растот можат да придонесат и нови проекти во туризмот и враќањето на довербата по финансискиот систем, изјави синоќа во Подгорица Бел. Препораката на ММФ е растот да го предводи приватниот сектор, да се намали државната управа и да продолжи дерегулацијата. Бел изјави дека Црна Гора мора да се врати на политиките кои подразбираат воведување флексибилност, јакенење на надзорот на банкарскиот сектор и консолидација на буџетот.
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
25
СВЕТ Земјите од Г 20 изготвија серија мерки за борба против финансиските кризи КОМПРОМИСЕН ДОГОВОР ЗА ВООЧУВАЊЕ НА НЕРАМНОТЕЖИ ВО ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА Министрите за финансии од водечките светски економии, на состанокот на Групата 20 најразвиени земји во светот и оние со забрзан развој, на состанокот во Париз, постигнаа компромисен договор за мерките за воочување на нерамнотежи во глобалната економија, јавува дописникот на МИА од Франција. Меѓу другото, во иднина е предвидено да се проверуваат државните долгови, квотите на штедење, како и трговските биланси на водечките индустриски земји. Тие ја потврдија определбата на земјите од Г 20 да ја координираат нивната политика, што би довела до „силен, траен и урамнотежен“ економски пораст, се вели во коминикето. До идниот состанок закажан во Вашингтон во април тие треба да постиган договор за „директорските линии на индикаторите“ за проценка на идникаторите на неурамнотеженоста како што се државните долгови, заштедите и приватната задолженост. Тоа се серија мерки за кои експертите сметаат дека тие значително придонеле за финансиската криза. Земјите од Г 20 сочинуваат 85 проценти од економијата на светско ниво. Министерката за финансии на Франција, Кристин Лагард искажа задоволство од резултатите од состанокот, чиј компромисен договор беше постигнат откако Кина успеа да наметне во финалниот документ да се најде една поублажена форма во однос на размената на валутите, кои го фаворизираат кинескиот јуан (според многумина девалвиран) во однос на доларот и еврото. На состанокот во Париз не е постигнат никаков напредок околу вртоглавиот пораст на цените на суровините и основните прехранбени производи, како пченицата. Преземањето на Гензиме од фармацевтскиот гигант Санофи - Авентис значајна зделка во светскиот бизнис СО АСИСТЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ЕКСПЕРТ РОБЕРТ АРСОВ Преземањето и спојувањето на биотехнолошкиот лидер Гензѕме Цорп. (Genzyme), од страна на фармацевтскиот гигант Санофи-Авентис СА (Sanofi-Aven�s SA) за 20,1 милијарди долари е бизнис зделка на неделата на светско ниво. Меѓу имињата на важните играчи кои учествуваа во преговорите за склучување на оваа мега - зделка е и експертот со потекло од Македонија Роберт Арсов. Овој 36-годишен експерт за спојување и преземање, моментално работи како директор на одделот за инвестиционо банкарство во водечката
швајцарска банка Кредит Свис (Credit Suisse), која е инвестициски советник на Гензиме. Роберт Арсов исто така е член на Одборот на директори на Македонија 2025 (www.macedonia2025. com), визионерска организација посветена на развојот и промоцијата на деловниот сектор во Македонија, како и обезбедувањето поцврсто поврзување на македонската дијаспора низ целиот свет. Понуда на Телеком Австрија Групацијата во повеќе од 50 земји ПОЕВТИНО СУРФАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СО ЕДИНСТВЕНА СТАНДАРДНА ЦЕНА Телеком Австрија Групацијата, која е пристуна во Македонија преку Вип Операторот, ја лансираше својата нова понуда со која во повеќе од 50 земји ќе им овозможи на корисниците да сурфаат по единствена цена од 59 центи за мегабајт без разлика на нивниот провајдер на мобилни услуги. Со новата услуга, како што истакнаа на промоцијата на новата услуга од Групацијата во Барселона на Мобилниот светски конгрес, кој се одржа од 14 до 17-ти овој месец, се заштедува до 80 отсто во споредба со стандардните роаминг тарифи, а се добива интернет-пристап со големи брзини со опсег на симнување на содржини до 7,2 Мbps. Услугата ќе биде достапна на онлајнпродавницата преку интернет-адресата www.abroadband.com. Претплатата ќе биде лимитирана на почетокот на 27-те земји-членки од ЕУ, вклучувајќи ја и Швајцарија, а може да се плати со кредитни картички Американ Експрес, Дајнерс, Мастер кард, Виса и ПејПал. Наскоро ќе биде достапна и во земјите од регинот и во Македонија. Истражувањето што е спроведено од страна на ГФК Австрија за користењето на интернетот покажува дека оние кои патуваат бараат поевтини мобилни интернет-тарифи кога се во странство. Поголемиот дел од испитаниците во Австрија, Германија и Велика Британија се изјасниле дека биле изненадени од високите трошоци за роаминг по патувањето во странство. Во просек 82 отсто од испитаниците на трите пазари чувствуваат дека општеството станува се` помобилно и дека ова ќе го забрза развојот на телекомуникациите и ќе бара луѓето да научат да бидат пофлексибилни. Затоа не претставува изненадување што 57 отсто од Австријците кои патуваат, 67 отсто од Германците и 54 отсто од
26
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
СВЕТ Британците сметаат дека мобилните интернет-податочни тарифи за роаминг треба да го следат овој развој и да станат поевтини, покажуваат податоците на истражувањето што го претстави Телеком Австрија Групацијата на Мобилниот конгрес во Барселона, на кој беа пристуни над 1600 учесници мобилни оператори, провајдери на услуги, производители на апарати и компании кои се занимаваат со развој на апликации. Најновите достигнувања ги претставија пред повеќе од 60.000 посетители. Бизнисот со оружје постојано расте ВО 2009 ГОДИНА ПРЕКУ “ИСПУКАНИ“ 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Стоте најголеми производители на оружје во светот, без кинеските, имале продажба од 401 милијарди долари во 2009 година, додека САД се на чело на листата, покажува извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм. - Продажбата на оружје на стоте најголеми компании за оружје (топ сто) се зголемиле за 14,8 милијарди долари во 2009, во споредба со 2008 година, а во процентно изразување тоа е за осум отсто, истакнуваат експерти на институтот, познат по кратенката СИПРИ. Продажбата на топ сто во секторот во 2009 година биле вкупно 401 милијарди долари (295 милијарди евра), а од нив 247 милијарди (61,5 отсто) отпаѓаат на 45 компании, чии цнетрали се наоѓаат во САД. - Трошоците за производи и услуги за воени цели на владата на САД играат решавачка улога за зголемување на продажбата на американските компании од секторот и на групите од Западна Европа, претставени на американскиот пазар, посочува експертка за индустрија за оружје во СИПРИ Сјузан Џексон. Американската група за оружје Локид Мартин го однесе првото место од британската БАЕ системс со продажби од 33,4 милијарди, наспроти 33,3 милијарди долари. Европа во топ сто е претставена од 33 групи, кои работат во девет земји (Германија, Шпанија, Финска, Франција, Италија, Норвешка, Велика Британија, Шведска и Швајцарија). Нивните вкупни продажби се зголемиле за 120 милијарди долари или за 30 отсто во споредба со претходната година.
Спас од гладот е во прехранбениот фонд РУСКИ РЕЦЕПТ ЗА СВЕТСКАТА БОЛКА Прехранбениот фонд ќе го спаси светот од глад. Американски експерти предлагаат за пример да се земе механизмот од житниот интервентен фонд кој е формиран во Русија. Експертите се почесто зборуваат за тоа дека идната светска криза ќе биде прехранбена. ОН истакнуваат дека цените на многу намирници достигнаа историски максимум и продолжуваат да растат. Поскапува буквално се – од пченица, палмино масло, од пченка па се до сок од портокали. Постојат неколку причини за наглото поскапување на храната: неповолните природни услови, зголемување на бројот на светската популација, зголемена потрошувачка, а последицата е секогаш иста – глад. Американски експерти анализираа како се решава проблемот за обезбедување на храна во разни земји. На крајот дојдоа до заклучок дека рускиот модел – интервентен фонд – е најперспективен. Основање на сличен фонд ќе биде фактор на стабилизација, изјави директорот на Ерт Полисти Инститјут, Лестор Браун. Светскиот прехранбен фонд може да обезбеди стабилност на светскиот пазар на храната. Кога цените ќе паднат под утврдениот праг, стабилизацискиот фонд ќе купува житарици. Кога цените ќе го достигнат врвот, житариците од фондот ќе одат на пазарот за да се избегне колебање на цените. Механизмот на житните интервенции делува во Русија веќе 10 години. Одлуката за продажба на житарици од фондот ја донесува владата. Со политиката на Светскиот прехранбен фонд треба да се бават сите заинтересирани страни, смета Лестор Браун. Политиката на фондот треба да определи совет на директори кој би носел основани одлуки. Во него би влегле претставници на земји извознички и увознички на житарици и светски производители на житарици. На нив таа соработка им е неопходна. Советот би ги штител интересите на извозниците и увозниците на житарици. Во меѓувреме експертите прогнозираат намалување на светското производство на житарици. Нема никакви надежи дека ќе се зголемат посеаните површини. Така во Америка не остана неискористена земјоделска површина. За сега нема ниту технологија која би овозможила да се зголемат приносите. Затоа решавањето на проблемот со храната не смее да се одложува за во иднина. Сега цел свет болно реагира само на растот на цените на нафтата. Но, во случај на нафтата постои можност малку да се намали нејзината потрошувачка, а потребите на човекот за храна не можат да се намалат. Може да се постигне целта, количината на храна да не паѓа под влијание на многубројни фактори и рускиот житен фонд тоа веќе го докажа. (“Глас на Русија” - Москва)
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
27
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на проектот
MK-Скопје:градежни работи за деловен објект
Референца
ECZ62983-земји кандидати
Финансиска референца.
2011/S 31-051790
Вид на набавка
изведбени работи
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
10.2.2011
Краен рок за апликација
3.03. 2011
Сектори
градежништво-инжинеринг
Опис на проектот
Изведба на занаетчиски работи за изградба на административна зграда на ЈП Водовод и канализација Скопје.
Контакт ЈП Водовод и канализација Скопје ул.Вељко Влаховиќ 11 За Тони Јаревски 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23240355 +389 23240355 E-mail: toni.jarevski@vodovod-skopje.com.mk www.vodovod-skopje.com.mk
Назив на проектот
MK-Скопје: инжинеринг услуги
Референца
ECZ62982земји кандидати
Финансиска референца.
2011/S 31-051791
Вид на набавка
услуги
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на
11.2.2011
Краен рок за апликација
4.04. 2011
Сектори
градежништво-инжинеринг заштита на околина финансии банкарство програма-управување со ресурси
Опис на проектот
подготовка на инвестициона и техничка документација во делот на градежништво, машинско инжинерство, електрика, инфраструктура, градежен инжинеринг,еколошки извештаи и архитектура
Контакт Град Скопје бул.Илинден бб за Марија Петрова Блажевска 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 023297240 +389 023297240 E-mail: javninabavki@skopje.gov.mk Fax +389 023297292
Назив на проектот
MK-Скопје: делови за електрична дистрибуција и контролни апарати
Референца
ECZ62981-земји кандидати
Финансиска референца.
2011/S 31-051792
Вид на набавка
испораки
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Финансиска референца.
Објавено на
11.2.2011
Вид на набавка
испораки
Краен рок за апликација
21.03. 2011
Финансиер
Европска комисија
Сектори
енергетика
Земја
Црна Гора
Лотови
лот 1. Procurement of complete electronic 3 phase meters for direct connec�on лот 2. Procurement of complete electronic 3 phase meters for direct connec�on
Објавено на
4.2.2011.
Краен рок за апликација
отворен
Сектори
информатичка технологија јавна администрација општествени служби транспорт
Опис на проектот
Набавка на комплетни 3 фазни броила за директно поврзување
Контакт EVN Македонија АД Скопје ул.11 октомври бр.9 Контакт Орце Трајковски Република Македонија Tel. +389 23205000/41362 E-mail: orce.trajkovski@evn.mk Fax +389 23205000/45936 Internet address(es) www.evn.com.mk
Назив на проектот
ME-Подгорица: IPA —испорака на опрема за гранична полиција и полицискиот директорат
Референца
EuropeAid/131017/C/SUP/ME
Опис на проектот лотови лот 1. blue border security. лот 2. green border security. лот 3. Police Directorate ипорака на 2 патролни бродови за граничната полиција, — испорака на опрема за граничната полиција за базата на интерпол на 4 гранични премини, — испорака на опрема за компјутерската мрежа на полицискиот директорат Контакт
БИЗНИС ИНФО
28
четврток, 24 февруари 2011
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Назив на проектот
MK-Скопје: медицинска компјутерска опрема
Референца
ECZ63014-земји кандидати
Финансиска референца.
2011/S 32-053385
Вид на набавка
испораки
Финансиер
европска комисија
Земја
Македонија
Објавено на Краен рок за апликација
5.04. 2011
Сектори информатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware здравство Опис на проектот
2 ангиографи за потребите на Универзитетската клиника за кардиологија Скопје и клиничката болница Штип
Контакт Министерство за здравство 50 дивизија бр.6 Контакт: Mr. Be�m Lamallari 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23112500 +389 23112500 E-mail: be�m.lamallari@zdravstvo.gov.mk Fax +389 23113014 Internet address(es) www.moh.gov.mk
Опис на проектот Набавка на нафтени деривати за задолжителни резерви на нафтаи нафтени деривати за Република Македонија: — Eurosuper BS 95, — Eurosuper BS 98. Контакт Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати Орце Николов, No.71 A�n: Станиша Николовски 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23225228 +389 23225228 E-mail: stanisha.nikolovski@dcor.gov.mk Fax +389 23225165 Internet address(es) www.dcor.gov.mk
Назив на проектот
Проект за урбана инфраструктура и за испорачување услуги дополнително финансирање
Референца
WB893-794/11
Финансиска референца.
Credit No.: 3954-1-BOS; Project Id: P083353; MostarAF-ICB-13-G-0103954-1BOS
Вид на набавка
испораки
Финансиер
Светска банка
Земја
Босна и Херцеговина
Објавено на Краен рок за апликација
31.03. 2011
Назив на проектот
MK-Скопје: техничка помош (EIB
Сектори
информатичка технологија:
Референца
EIBZ63059
лотови
Финансиска референца.
2011/S 33-053389
Вид на набавка
услуги
Финансиер
Европска инвестициона банка
лот 1. Supply, implementa�on and training of the required licensed opera�on so�ware лот 2. Procurement of the IT equipment for realiza�on of projects “Monitoring of the Spa�al Plan
Земја
Македонија
Опис на проектот
набавка на софтвер и на опрема за проектот за мониторинг на просторниот план
Објавено на Краен рок за апликација 21.03. 2011 Сектори
градежништво-инжинеринг
Опис на проектот
техничка помош за спроведување на проектот за патишта долж Коридорот 10 секција Демир КапијаСмоквица
Контакт Агенција за државни патишта за: Мишко Арсов ул. Даме Груев 14, 1000 Скопје Република Македонија . Tel: +389 23118044. Fax: +389 23220535
Контакт Contact: Sarajevo Canton Planning Ins�tute; Project Implementa�on Team (PIT). Street: Branilaca Sarajeva 26. Town: 71 000 Sarajevo. Country: Bosnia and Herzegovina. Tel: (387-33) 555-175, 555-166. Fax: (387-33) 206-830
Назив на проектот
MK-Скопје:фармациски стоки
Назив на проектот
MK-Скопје:безоловен бензин
Референца
ECZ63081-земји кандидати
Референца
ECZ63058-земји кандидати
Финансиска референца.
2011/S 34-056681
Финансиска референца.
2011/S 33-055079
Вид на набавка
испораки
Финансиер
Европска комисија
Вид на набавка
испораки
Земја
Македонија
Финансиер
Европска комисија
Објавено на
15.2.2011
Земја
Македонија
Краен рок за апликација
24.03. 2011
Објавено на
16.2.2011
Сектори
здравство:
Краен рок за апликација
30.93. 2011
Опис на проектот
Сектори
енергетика
Лотови
ЛОТ 1.набавка на нафтени деривати ЛОТ 2. набавка на нафтени деривати
лекови за Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија,реанимација интензивно лекување и Ургентен центар Скопје за 2011/2012.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
29
СЕМИНАРИ, МЕЃУНАРОДНИ САЕМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ТЕНДЕРИ Контакт ЈЗУУК Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија,реанимација интензивно лекување и Ургентен центар Скопје Водњанска 17 Contact: ЈЗУУК Трауматологија, Ортопедски болести, Анестезија,реанимација интензивно лекување и Ургентен центар Скопје Република Македонија Tel. +389 23124443 +389 23124443 E-mail: jzuuktoarilucskopje@yahoo.com Fax +389 23124443 +389 23124443
Назив на проектот
Проект за Интегриран менаџмент на крајбрежна зона и за чистота
Референца
WB927-794/11
Финансиска референца.
Project ID No. P086807; Credit No. 4083-ALB
Вид на набавка
изведбени работи
Финансиер
Светска банка
Земја
Албанија
Објавено на Краен рок за апликација
11.04.l 2011
Сектори
градежништво-инжинеринг транспорт
Опис на проектот
изградба на терминал на пристаништето Саранда
Контакт Contact: A�n: Mrs. Majlinda HOXHA/Project Coordinator. Ministry of Public Works and Transport . Project Coordina�on Unit (PCU)/ 3nd- floor, Room no: 306 . Integrated Coastal Zone Management and Clean-up Project. Square: “Skenderbej” No. 5. Tirana, Albania. Tel/Fax: (355-4) 227-3738. E-mail: iczmp@abissnet.al; iczmcp@gmail.com
Назив на проектот
обнова и асфалтирање на 4 патни секции
Референца
UNDPZ63103
Финансиска референца.
BIH/ITB/002/11; 6632
Вид на набавка
услуги изведбени работи
Финансиер
УНДП
Земја
Босна и Херцеговина
Објавено на
18-Feb-11
Краен рок за апликација
21.03. 2011
Сектори Опис на проектот
Назив на проектот
подготовка на извештај за светска обнова
Референца
WB966-794/11
Финансиска референца. Вид на набавка
услуги
Финансиер
Светска банка
Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe Објавено на Краен рок за апликација
9.03. 2011
Сектори
градежништво инжинеринг човекова околина
Опис на проектот
консултантски услуги за подготовка на светскиот извештај за обнова:
Контакт Contact: Electronic Submissions through World Bank Group eConsultant2
Назив на проектот
Развојно парнтерство со приватниот сектор (PPP
Референца
GIZZ63126
градежништво инжинеринг
Финансиска референца.
81133440
реконструкција и асфалтирање на 4 патни секции во општината Братунац
Вид на набавка
услуги
Финансиер
Deutsche Gesellscha� fur Technische Zusammenarbeit
Контакт UNDP BOSNIA AND HERZEGOVINA 48 MARSALA TITA STREET, 1st floor 71000 SARAJEVO or upon request through E-mail to: registry@undp.ba Note: request for BIH/ITB/002/11 documents
БИЗНИС ИНФО
30
четврток, 24 февруари 2011
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe
Опис на проектот
Објавено на Краен рок за апликација
набавка на консултантски услуги за подготовка на анализи за можноста и оправданоста државата да остварува приходи од регистрација на бродови кои пловат со знамето на Република Македонија за морска навигација и подготовка на легислативаоста
Контакт Министерство за транспорт и врски на Република Македонија ул.Црвена Скопска општина бр.4 за Љупчо Настевски kapetanija@mtc.gov.mk/ Borce Razmoski borce.razmoski@mtc.gov.mk 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23145530 +389 23145530 Fax +389 23226392 Internet address(es) www.mtc.gov.mk
Назив на проектот
Вода-прочистување на вода
Референца
GIZZ63131
Финансиска референца.
81133446
Вид на набавка
услуги
Финансиер
Deutsche Gesellscha� fur Technische Zusammenarbeit
31.03. 2011
Назив на проектот
MK-Скопје: физибилити студија, советодавни услуги, анализи
Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe
Референца
ECZ63127-земји кандидати
Објавено на
Финансиска референца.
2011/S 35-057992
Краен рок за апликација
31.03. 2011
Вид на набавка
услуги
Сектори
земјоделски култури, рурален развој човекова околина
Финансиер
Европска комисија
Земја
Македонија
Опис на проектот
Конкурентни иде за Вода и прочистување на вода
Сектори информатичка технологија стопански развој трговија индустрија менаџмент со ресурси Опис на проектот
подршка на одржлив развој во земјите партнери и помош за подобрување на животниот стандард
Контакт Implemen�ng organisa�on Deutsche Gesellscha� f?r Interna�onale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Dag-Hammarskj?ld-Weg 1-5 65760 Eschborn Germany Tel. ++49-(0)6196-79-0 Internet: www.giz.de Your contact Daniela Schlick Tel. ++49-(0)6196-79-2280 Fax ++49-(0)6196-79-7244
Објавено на Краен рок за апликација
12.04. 2011
Сектори
програма, менаџмент со ресурси законодавство транспорт
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
31
МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Контакт Implemen�ng organisa�on Deutsche Gesellscha� f?r Interna�onale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Dag-Hammarskj?ld-Weg 1-5 65760 Eschborn Germany Tel. ++49-(0)6196-79-0 Internet: www.GIZ.de Your contact Daniela Schlick Tel. ++49-(0)6196-79-2280 Fax ++49-(0)6196-79-7244
Назив на проектот
Земјоделство.шумарство, рибарство (Agrobusiness)/биодиверзитет
Референца
GIZZ63129
Финансиска референца.
81133444
Контакт Implemen�ng organisa�on Deutsche Gesellscha� f?r Interna�onale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH Dag-Hammarskj?ld-Weg 1-5 65760 Eschborn Germany Tel. ++49-(0)6196-79-0 Internet: www.giz.de Your contact Daniela Schlick Tel. ++49-(0)6196-79-2280 Fax ++49-(0)6196-79-7244
Назив на проектот
Бања Лука-Добој проект за автопат
Референца
EBRDZ63094
Финансиска референца.
6315-GPN-41370
Вид на набавка
услуги, изведбени работи ЕБРД
Вид на набавка
услуги
Финансиер
Финансиер
Deutsche Gesellscha� fur Technische Zusammenarbeit
Земја
Босна и Херцеговина
Објавено на
18.02. 2011
Краен рок за апликација
17.02. 2012
Сектори
градежништво-инжинеринг
Опис на проектот
изградба на автопат Бања Лука- Добој, секција Прњавор-Добој, поврзување на автопатот Бања Лука-Градишка и планиран автопат на Коридорот Vc. Проценета вредност 180 милиони евра
Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe
Контакт Dusan Topic, General Manager Public Company “Republic of Srpska Motorways” Banja Luka Veselina Masleše br. 22 78000 Banja Luka, Republic of Srpska, Bosnia and Herzegovina Tel: +387 51 233 670 Fax: +387 51 233 700 Email: dtopic@autoputevirs.com
Објавено на Краен рок за апликација
31.03. 2011
Сектори земјоделски култури, рурален развој човекова околина Опис на проектот
Земјоделство.шумарство, рибарство (Agrobusiness)/биодиверзитет
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044
факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневен семинар „ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ 28 февруари 2011 година 08:30-15.30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел зголемување на капацитетите на претпријатијата за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) и IFC (Меѓународна финансиска корпорација) ISTR (Програма за меѓународни стандарди и технички регулативи), ќе реализираат стручна тематска обука од областа на безбедноста и здравјето при работа. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања од областа на безбедност и здравје при работа кои треба да се применуваат на работните места, како и запознавање со меѓународниот систем за управување со безбедност и здравје при работа ОНЅАЅ 18001. Обучувачи на семинарот ќе бидат: еминентен предавач од Државниот инспекторат за труд, Благица Трајчевска, додека од МЗЗПР ќе бидат дипломираниот инженер по ЗПР, Борче Стојчевски, стручно лице за безбедност при работа како и дипломираниот инженер по ЗПР, г-ѓа Снежана Јанкова Петковска, стручно лице за безбедност при работа. Презентација за Системот за управување со безбедност и здравје при работа на OHSAS 18001 ќе ја реализира дипломираниот инженер по ЗПР, Милан Петковски, стручно лице за безбедност при работа. Тие на учесниците на обуката ќе им го претстават Законот за безбедност и здравје при работа, со посебен осврт врз правата и обврските на работодавачите и работниците. Во делот на законските акти и прописи, присутните ќе имаат можност да се запознаат со толкувањето на најважните барања од: Законот за БЗР; Правилникот за инспекциски надзор; Правилникот за проценка на ризик; подзаконските акти кои ќе произлезат како прашања на самата обука. Подготвувањето на изјавата за безбедност и проценката на ризик, се сметаат за една од најголемите новини на Законот за БЗР, па затоа и на оваа обука ќе и` се посвети посебно внимание на оваа тема, а воедно ќе биде презентиран и Европскиот водич за проценка на ризик на работно место. Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа во македонските претпријатија, на присутните на оваа обука ќе им се претстави меѓународниот Систем за управување со безбедност и здравје при работа ОНЅАЅ 18001, во контекст на идентификување и управување со ризиците врзани за безбедонста и здравјето при работа, намалување на потенцијалните несреќи, и постојано подобрување на своето работење Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24 февруари 2011 година. Сите учесници на обуката ќе добијат збирка на материјали со важечки законски прописи и важни документи од областа на БЗР во Македонија, брошура за ОНЅАЅ 18001, презентација за ОНЅАЅ 18001, а на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество. Контакт: Ленче Зикова Елизабета Андриевска-Ефтимова тел: 02 32 44 054 тел: 02 32 44 047 факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088 lence@mchamber.mk be�@mchamber.mk
Семинар на АОТС Македонија и Стопанската комора на Македонија РАЗВОЈ НА НОВ ПРОИЗВОД – КОНЦЕПТ НА ГЕНЕРИРАЊЕ НА НОВ ПРОИЗВОД 3 и 4.3.2011 година 09:00 – 17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5 -ти кат АОТС Македонија e стручна организација којашто промовира техничка соработка преку активни обуки во Јапонија, фокусирајќи се главно на менаџерите и инженерите. АОТС Јапонија е основана во 1959 година со поддршка на Министерството за интернационална трговија и индустрија (сега Министерство за економија, трговија и индустрија: METI), како прва техничко-кооперативна организација на приватна основа во Јапонија. Нејзината главна цел е да промовира интернационална економска соработка, со цел да го развие заедничкиот економски развој, како и да развие пријателски односи меѓу земјите и Јапонија. Со цел зголемување на капацитетот на претпријатијата во нашата земја, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонската асоцијација за странско техничко стипендирање (АОТС Македонија - AOTS Macedonia ),ќе реализира стручна тематска обука на тема: “Развој на нов производ – Концепт на генерирање на нов производ”. Бидејќи развојот на нов производ е значаен за идниот успех за многу организации, економската стручна мисла обрнува големо внимание за процесите на новиот производ и негово изложување на пазарот. Во бизнис-опкружувањето, развојот на нов производ е термин којшто го опишува целокупниот процес од добивање информација, донесување одлука, до донесување на новиот производ или услуга на пазарот. На оваа тема ќе предава врвен професор од земја која е лидер во тоа поле, земја која со помош на ваквиот начин на приод кон економскиот развој им пркоси на земјите кои се богати со природни суровини, земји кои имаат поевтина работна сила, земји кои имаат поголеми економски пазари. Предавањето за “Развој на нов производ“ ќе го одржи реномираниот Професор Акихиро ИНОУЕ (Prof. Akihiro INOUE). Професорот при своето предавање ќе користи практични примери од јапонската автомобилска индустрија (Toyota – Lexus). Професорот Иноуе e редовен професор на Кеио Универзитетот за бизнис-администрација, се стекнал со професорска титула на Универзитетот во Калифорнија – Лос Анџелес, Андерсон факултет за менаџмент во 1996 година. Предава на Квансеи Гакуин Универзитетот до 2006 година, потоа се сели како професор на Кеио Универзитетот. Негово поле на истражување е маркетинг менаџмент, маркетинг науки и комуникациски маркетинг менаџмент. Медија маркетингот и интернет-маркетингот се негови неодамнешни полиња на истражување. Тема: – КОНЦЕПТ НА ГЕНЕРИРАЊЕ НА НОВ ПРОИЗВОД Преглед на маркетинг и процес на развој на нов производ; практични примери од јапонски ситуации; можност за идентификација; дизајн; тестирање; практични примери од – TOYOTA – LEXUS. КОНТАКТ: Горан Антевски, престедател на АОТС Македонија Тел. (02) 2402 481 e-mail: info@koncar.com.mk
Војкан Николовски Тел. (02) 3244 068 e-mail: vojkan@mchamber.mk
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 2 до 6 март 2011 година во Република Хрватска „ГАСТ 2011“ ВО СПЛИТ Во периодот од 2 до 6 март 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество и посета на македонски компании на Меѓународниот саем за храна, пијалоци, кафе, хотелска и угостителска опрема, туризам и мебел „ГАСТ 2011“ во Сплит, Жњан, Република Хрватска. Стопанската комора на Македонија во соработка со Сплитскиот саем организира учество на македонските компании на заеднички национален штанд по привилегирани услови (20% попуст за уреден штанд и 25% за неуреден штанд, како и бесплатна страница во Каталогот на саемските излагачи). За сите посетители од земјава обезбедени се бесплатни влезници за Саемот. На 35.000 метри квадратни изложбена површина „ГАСТ 2011„ е една од најголемите специјализирани саемски манифестации и клучно место каде што се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната, пијалоците, хотелска и угостителска опрема. Исто така, ГАСТ е во бизнис-круговите познат и како место за договарање и логистика за туристичката сезона. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании своето учество за посета и излагање на Меѓународниот саем „ГАСТ 2011„ да го пријават најдоцна до 25.02.2011 година. Поoпширни податоци и пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска Тел: 3244037; Факс:3244088 Е-адреса: venera@mchamber.mk Од 2 до 6 март 2011 година Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни во Република Турција “UNICERA 2011” ВО ИСТАНБУЛ *Стопанската комора на Македонија и „Адонис груп“ организираат посета со обезбедено бесплатно хотелско сместување Во периодот од 2 до 6 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 23. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни “UNICERA 2011”. Истовремено ќе се одржат неколку саемски манифестации: 23. Меѓународен саем за керамика, бањи и кујни „UNICERA 2011“, 2. Меѓународен саем за цевки, вентили, пумпи и филтри „PIPEXPO“, Саем за осветлување, мебел и декорација „DEKOREKS„ и 8. меѓународен саем за кујни, бањи, мебел и вградени апарати – „KITCHEN WORLD“. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“, организира посета со групен автобуски превоз на македонски компании на оваа саемска манифестација, од 2 до 4 март 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок и ручек, влезница за Саемот, трансфер од хотел до Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци
по лице за саемскиот организатор „АДОНИС“ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз и 35 евра административни трошоци), како и трошоците за организација на Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 20 февруари 2011 година. Пријавниот лист може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk
Елизабета A. Ефтимова тел.02 3244 074 факс:02 3244 088 be�@mchamber.mk
На 4 март 2011 година во Стопанската комора на Македонија СРЕДБА СО ИШТВАН ПАСТОР, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА АП ВОЈВОДИНА Потпретседателот на Владата на АП Војводина во Република Србија, Иштван Пастор, изрази интерес за остварување средба со македонски компании заинтересирани за запознавање со потенцијалите на војводинската економија, инвестиционите и стопанските планови за развој, во насока на интензивирање на трговската размена и изнаоѓање деловни партнери од овој развиен српски регион . Со оглед на интерактивниот карактер на средбата, таа ќе биде искористена македонските компании директно да ги пренесат своите досегашни искуства, реалните потреби и идните планови за соработка со војводински партнери, како и да предложат иницијативи за унапредување на билатералната трговска соработка со оваа Автономна Покраина на Р. Србија. Средбата со потпретседателот на Владата на Војводина ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Исто така, господинот Пастор ќе присуствува на презентацијата на Новосадскиот Саем, што ќе се одржи истиот ден, во 11:00 часот, во Стопанската комора. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на средбата со потпретседателот на Владата на Војводина, со претходно пријавување најдоцна до 22.02.2011 година. На 4.3.2011 година во Стопанската комора на Македонија ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НОВОСАДСКИОТ САЕМ * Промоција на Меѓународниот саем за земјоделство, меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille” Со цел поблиско запознавање со овогодинешните саемски манифестации на Новосадскиот саем, од страна на претставници на водечката саемска куќа во Србија, на 4 март 2011 година, во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи бесплатна саемска презентација пред заинтересираните
БИЗНИС ИНФО
34
четврток, 24 февруари 2011
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ македонски компании. Главен акцент на презентацијата ќе биде ставен на 78-то издание на Меѓународниот саем за земјоделие, што ќе се одржи од 14-21 мај 2011 година. Оваа саемска манифестација прерасна во најголем регионален саем и најважен агробизнис настан во Југоистона Европа со најголема и најдолга традиција. Како што се очекува оваа година ќе настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и останатите сектори. Целта на презентацијата е заинтересираните македонски компании да се запознаат со условите, можностите и бенефитите од настап на Меѓународниот саем за земјоделие, како и за воспоставување нови деловни контакти и афирмација на меѓународниот пазар. Во таа прилика ќе бидат претставени и предностите на меѓународните саеми за лов, риболов и спорт “Лорист”, Саемот за туризам и Саемот за коњарство “HorseVille”.
со појадок, влезница за Саемот, трансфер од хотелот до Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за лице, за саемскиот организатор „Адонис“ во износ од 95 евра со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 35 евра административни трошоци). За реализација на автобускиот превоз потребно е обезбедување на минимум 17 патници. Уплатените средства до „Адонис“ и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Посетата е ограничена на максимум 2 претставници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 1 март 2011 година. Подетални информации на веб-страната: h�p://www. tuyap.com.tr Контакти: Билјана Пеева - Ѓуриќ Тел.02 3244 034 Факс:02 3244 088 biljana@mchamber.mk
Ванчо Спасески тел.02 3244 095 факс:02 3244 088 vanco@mchamber.mk
Од 18 до 20 март 2011 година, во Коња, Турција АГРОБИЗНИС ПАРТНЕРИЈАТ НА “KONYA AGRICULTURE FAIR 2011” Според изразениот интерес, предвидени се билатерални разговори на компаниите со менаџментот на Новосадскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да присуствуваат на бесплатната презентацијата, што ќе се одржи на 4 март 2011 година, со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат. Контакт: Венера Андриевска Тел: 3244037 Факс:32 44088 venera@mchamber.mk
Влатко Стојановски Тел:3244004 vlatko@mchamber.mk
Од 10 до 13 март 2011 година во Република Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И СТАКЛО ВО ИСТАНБУЛ Во периодот од 10 до 13 март 2011 година, во Истанбул, Република Турција се организираат три меѓународни саемски манифестации: * ISTANBUL WINDOW 2011 – 12. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства; * ISTANBUL DOOR EXPO 2011 – 3. Меѓународен саем за врати, блендирани врати, панел, системи и помошни средства за врати и * ISTANBUL GLASS EXPO 2011 - Саем за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии. На овие меѓународни саемски манифестации учествуваат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „АДОНИС ГРУП“ организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 10 - 12 март 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување со две ноќевања,
Во периодот од 16 до 20 март 2011 година во Коња, Турција, ќе се одржи реномираниот Меѓународен саем за агробизнис “Konya Agriculture Fair 2011”. На овој најголем саем за земјоделие во регионот ќе земат учество околу 600 најпознати и најголеми компании од Европа и Азија од земјоделскиот сектор и пропратните индустрии, на кој ќе бидат претставени нови технолошки иновации, земјоделска механизација, агрохемиски производи, агроопрема, сточарство прехрана итн. Во рамките на Саемот, на 19 март 2011 година, ќе се одржи Меѓународен деловен партенаријат – билатерални средби “B2KONYA-AGRI 2011”, на кој ќе земат учество голем број компании од агроиндустријата од повеќе земји. Учеството за македонските компании е бесплатно. Што претставува меѓународниот деловен партенаријат (МДП)? Меѓународниот деловен партенаријат е брз, современ и ефективен начин на пронаоѓање соодветен и сигурен деловен партнер од странство, преку претходно автоматско поврзување (business match-making), од агробизнисот и пропратните стопански сектори. Настанот претставува одлична можност, особено за компаниите заинтересирани за проширување на своите деловни активности во брзо растечката економска сила на Турција и на пазарите во Југоситочна Европа, да остварат директни средби со потенцијалните партнери: извозници, увозници, дистрибутери, што од своја страна ќе придонесе за склучување деловни договори, договори за застапување, заемни активности во трети земји, трансфер на know-how технологии, истражување и развој итн. Кои се предвидените стопански сектори? - Земјоделска механизација и технологии; технологии за стаклени градини; води и системи за наводнување; земјоделска медицина; семиња, хортикултура, цвеќарство; еколошко земјоделство; земјоделски машини и земјоделство, опрема; услуги; агроинформатика; млеко и млечни производи; живина; суровини и материјали во агроиндустријата. Стопанската комора на Македонија, како овластен координатор и партнер на организаторот - Стопанската комора на Коња, организира учество на деловните средби и посета на
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
35
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Саемот во Коња, од 18-20 март 2011 година. Трошоците за авионскиот превоз и за хотелското сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 25.2.2011 година. За повеќе информации посетете ја интернет страната: h�p://www.b2match.eu/b2konya-agri-2011/ За он-лајн ртегистрација: h�p://www.b2match.eu/ b2konya-agri-2011/par�cipants/new Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Контакт: Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vasko@mchamber.mk На 23 и 24 март 2011 март во Мериленд, САД БИЗНИС-САМИТ САД – ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БАЛТИМОР Од страна на Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, преку нашето Министерство за надворешни работи, информирани сме за можноста од организирање на Бизнис Самит: САД – Западен Балкан. Планирано е тој да се одржи во Балтимор, Мериленд, на 23 и 24 март 2011 година. Како земји-учеснички од Западен Балкан би се јавиле: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија. Целите на Самитот, кој државата Мериленд за првпат го организира, а на кој ќе бидат поканети учесници (компании) и од неколкуте околни држави од САД, се: зајакнување на економските и трговските врски со САД и помош во интеграцијата на земјите од Западен Балкан; директни средби меѓу компаниите од САД (Мериленд и околните држави) со компании од овој регион; средби на претставниците на владите од регионот со заинтересираните компании за инвестирање; запознавање на учесниците со состојбите и потенцијалите на земјите од Западен Балкан и зајакнување на контактите меѓу владините и приватните претставници, НВО-и со цел да се засили економската соработка меѓу Западниот Балкан и САД. Планирано е да се организираат панел-дискусии и работилници на коишто би се разговарало за натамошно зголемување на трговијата и инвестициите во секторите: ИТтехнологија, туризам, енергетика, трговија (дистрибутивни канали), производство и воено-одбранбена индустрија. Целокупните логистички и административни формалности ќе бидат навремено дефинирани и истите ќе бидат проследени на сите заинтересирани македонски компании. Вашиот интерес за учество на Бизнис-самитот во САД, може да го најавите најдоцна до 25 февруари, 2011 година (понеделник). Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk или на e-mail адресата: biljana@mchamber.mk, кај лицето Билјана ПееваЃуриќ (тел: 3244-034, факс: 3244 088). Од 29.3 до 1.4.2011 година посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” во Братислава СРЕДБИ СО СЛОВАЧКИ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ Во периодот од 29.03 до 1.04.2011 година во Братислава, Р. Словачка, Стопанската комора на Македонија во соработка со Регионалната комора на Братислава, организира билатерални деловни средби меѓу македонски и словачки компании од градежниот сектор. Истовремено, планирана е посета на реномираниот Меѓународен саем за градежништво “Coneco” На овој најголем саем за градежништво во Словачка
минатата година земаа учество над 600 компании од повеќе европски земји од следниве градежни сектори: високо и нискоградба; градежни материјали; технолошки иновации; греење и ладење; мерење; пумпи, компресори, и др. опрема; климатизација и вентилација; недвижности; суровини и материјали во градежништвото. На деловните средби што ќе се одржат на 30 март 2011 година во Братислава, Словачка, македонските компании од градежниот сектор ќе имаат одлична можност за воспоставување директни контакти и средби со словачки компании, со цел проширување на своите деловни активности и пронаоѓање на потенцијални партнери: извозници, увозници, дистрибутери, агенти, застапници итн. Стопанската комора на Македонија, како овластен координатор и партнер на организаторот – Регионалната комора на Братислава, организира учество на македонските компании на деловните средби и посета на Саемот за градежништво од од 29.03-1.04.2011 година. Трошоците за авионски превоз и за хотелско сместување се на товар на компанијата. Ве покануваме да го пријавите Вашето учество најдоцна до 25.2.2011 година. Од 13 до 17 април 2011 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Супетар, Република Хрватска БРАЧ СО „БИСЕР НА МОРЕТО“ Меѓународниот гастрономски натпревар „Бисер на морето“ ќе се одржи од 13 до 17 април 2011 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар на островот Брач во Република Хрватска. Организатор на шестата по ред традиционална манифестација и овојпат е Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони со седиште во Сплит. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во шест дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од средните угостителски училишта, гастро изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето на рацепти од ова поднебје и се вратија со вкупно 36 медали. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи, учениците, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено бесплатно сместување. Сите заинтересирани компании кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 март 2011 година. Повеќе информации и Пријавниот лист може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk Контакт: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 E-mail:Venera@mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
четврток, 24 февруари 2011
Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ
На 22 и 23 март 2011 година Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Франција БИЗНИС�ФОРУМ ВО ДИЖОН За време на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон, ќе се одржи бинзис-форум (брокерски настан) на којшто ќе можат да се разменат искуства со други учесници за време на конгресот. Овој настан ги таргетира индустриите за прехранбени производи, лабораториите, технички центри кои се занимаваат со храна и исхрана. Поентата на овој настан во споредба со други настани со слични теми е сензорскиот пристап (вкус, арома, структура/ состав....). Секоја организација (индустрија, јавна или приватна истражувачка лабораторија, технички центар), која има технолошка или know-how понуда или барање или која бара партнери е добредојдена за да се приклучи во деловните средби со компании од цела Европа. Брокерскиот настан се организира во рамките на 6. Меѓународен конгрес за исхрана и здравство во Дижон. Над 370 средби меѓу компаниите се организирани за време на последниот Конгрес во 2010 година.
На 30 и 31 март 2011 година во Виена, Австрија МЕЃУНАРОДНИ B2B СОФТВЕР ДЕНОВИ Вмрежување и споделување на знаењето и стручноста е фокусна точка на B2B Софтвер деновите, организирани од FFG, AWO, Vite, zit и Виена Бизнис Агенцијата, во соработка со Enterprise Europe Network. На настанот ќе се претстават познати говорници, претходно ќе се договорат лице-в-лице B2B состаноци и посети на центри за компетентност и компании. Фокус Настанот цели кон сите фирми, универзитети и истражувачки институции заинтересирани за споделување на нови проектни идеи, технологии и бизнис-можностите на софтверот за B2B решенија. Главни теми: • ИКТ Апликации • Системи и мрежата на технологијата • Интернет технологии • Софтвер и обработка на податоци • Мултимедија • Когнитивни системи Кои се вашите предности? • Најнови информации од меѓународни реномирани говорници • Средба со бројни потенцијални партнери за соработка на едно место во ист ден • Да се дискутира и да се развиваат нови идеи и проекти на меѓународно ниво • Посети на интересни компании и компетентни центри • Промоција на Вашата организација во Австрија и во остатокот од Европа
Сите информации и регистрација ( пред регистрација на брокерскиот настан) може да се најдат на www.tastenutri�on-health.com или на линкот на горенаведениот конгрес. On-line Регистрација h�p://b2match.eu/taste-nutri�on-health2011/par�cipants/new ЕЕН Проект www.een.mk Софче Јовановска sofce@mchamber.mk, Тел: +389 (02) 3244060 Лазo Ангелевски laze@mchamber.mk Тел: +389 (02) 3244090
Работен јазик: англиски Трошоци: бесплатно Меѓународни B2B Софтвер денови - прв чекор кон соработка! Контакт: Лазо Ангелевски, проектен консултант тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk
четврток, 24 февруари 2011
БИЗНИС ИНФО
37 Стопанска комора на Македонија – ЕИИЦМ
САЕМИ ВО МАРТ Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, во Стопанска комора на Македонија го организира Вашиот настап на саемите и бесплатно ќе Ве поврзе со сите странски учесници на некој од следниве настани каде е организатор партнер на ЕЕН мрежата:
01/03/2011 01/03/2011 02/03/2011 04/03/2011 04/03/2011 10/03/2011 18/03/2011 19/03/2011 22/03/2011 22/03/2011 25/03/2011 29/03/2011 29/03/2011 30/03/2011 30/03/2011 30/03/2011
Interna�onal Brokerage Event of Renewable Energy ENEX 2011 Interna�onal brokerage event Future Match at CeBIT 2011 Ecobuild match-making event 2011 expoEnergy 2011 in Wels Tourism@GAST 2011 Successful R&D in Europe - 3rd European Networking Event BUD-GRYF & ENERGIA Brokerage Event for Construc�on and Energy Sector B2KONYA-AGRI 2011 konya (Turkey) Technology B2B for Finance 6th Taste Nutri�on Health Interna�onal Congress WOOD Mee�ngs 2011 IT/ICT POLISH-ISRAELI MATCH-MAKING EVENT TELMI’2011: Linguis�cs, seman�cs & ereputa�on AMPER 2011 AERODAYS 2011 Brokerage Event in Aeronau�cs Interna�onal B2B So�ware Days
Kielce (Poland) Hannover (Germany) London (United Kingdom) Wels (Austria) Split (Croa�a) Duesseldorf (Germany) Szczecin (Poland) konya (Turkey) Warsaw (Poland) Dijon (France) Namur (Belgium) Warsaw (Poland) Lille (France) Brno (Czech_Republic) Madrid (Spain) Vienna (Austria)
БИЗНИС ИНФО
38
четврток, 24 февруари 2011
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Швајцарска компанија е заинтересирана да гради фабрика за производство на протеински пијалоци(слични на Red Bull) вообласта на Прилеп и Крушево, со можност за врабоотување на 350 лица,извозот е загарантиран Валидност до:04.12.2011 Швајцарска компанија е заинтересирана да купи хотел во непосредна близина на Охридското Езеро Валидност до:04.12.2011 Швајцарска компанија бара да инвестира 40 милиони долари во областа на Охридското Езеро(Охрид,Струга),во изградба на најсовремен хотел со казино Валидност до:04.12.2011 Швајцарска компанија е заинтересирана да го купи Фудбалскиот клуб Вардар и во близина на стадионот Филип Втори да игради рекреативен и трговски центар Валидност до:04.12.2011 Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на руска вотка од марката Стличнаја, Столичнаја кристал, Московскаја и Рискаја Швајцарска компанија е заинтересирана да го купи Фудбалскиот клуб Вардар и во близина на стадионот Филип Втори да игради рекреативен и трговски центар Валидност до:04.09.2011
македонски компании во керамичката и индустрија за гума за пласман на цинк оксид Валидност до:20.06.2011 Македонска компанија нуди еколошки тврди грејни горива (брикет, пелет и сл.) и мебели орнаменти (летниковци, дрвени куќички и сл.) за македонскиот пазар Валидност до:25.12.2011 Македонска компанија нуди комплетни логистички решенија за индустријата и широка потрошувачка, меѓународен и локален транспорт за секаков вид на пратки Валидност до:25.12.2011 Компанија од Босна и Херцеговина бара застапник на опрема за користење на обновлива енергија,еколаин камини на биомаса, котли на биомаси -палети со снага (20кЊ до 600кЊ) и соларни колектори Валидност до:26.06.2011 Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на 100% акрил предиво за плетење и ткаење - 100% ПП конец за ткаење теписи - 50% памук + 50% акрил (ЦОТОНЕЛ) - 50% акрил + 50% вискоза - предива и мешавина од акрил Валидност до:1.07.2011
Компанија од Црна Гора бара да откупува јаболки од Република Македонија од сортите ајдаред,златен и црвен делишес,гремит смит,муцо,глостер прва класа ,калибража од 75 до 85 мм франко Подгорица Валидност до:07.12.2011
Романска компанија бара да откупува македонско вино за потребите во 2011 година 5.000.000 литри бело и црвено вино со следните карактеристики: бело вино околу 2.000.000 литри ферментирано но под контролирана температура свежо, богато по вкус ,арома и мирис минимум 11,5% алкохол Црно вино 3.000.000 литри индекс на бојата најмалку 7-8 пoени минмум 11.5% алкохол, бараат достава на мостри и по нивната анализа на мострите се заинтересирани да ги посетат сите винарии за идна соработка Валидност до:2.12.2011
Македонска компанија нуди електрични апарати за домаќинствата и радио и телевизиски уреди Валидност до:07.12.2011
Компанија од Србија бара соработка со комунални претријатија во Република Македонија за плсаман на комунални возила Валидност до:09.09.2011
Македонска компанија нуди услуги за фарбање на медијапан и метал Валидност до:07.12.2011
Компанија од Србија бара соработка со топлани,хидроелектрани,термоелктрани и водоводни претпријатија во Република Македонија за пласман на индустриска арматура, лептирачки затварачи и електромоторни погони Валидност до:10.07.2011
Компанија од Црна Гора бара да откупува ореви,луштени струмички кикирики,тетовски грав и кромид од Република Македонија Валидност до:07.12.2011
Македонска компанија продава и монтира собни врати од Леснина-Словенија, хрватски паркет и оков за врати Валидност до:07.12.2011 Македонска компанија изработува чуварници и настрешници Валидност до:07.12.2011 Македонска компанија бара партнери за соработка во Европска унија за извоз на работна облека Валидност до:18.12.2011 Турска компанија бара соработка со
Српска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за апарати за дозирање на хлор и дезинфексија на водата за пиење хлорогени системи Валидност до:10.07.2011 Бугарска компанија заентересирана е за соработка со македонски фирми што се занимаваат со трговија на брашно и производи од брашно
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
Валидност до:10.07.2011 Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автомати -машини за кафе користени Валидност до:11.06.2011 Компанија од Тунис бара да откупи јаболки од Република Македонија за пласман во Тунис Валидност до:11.12.2011 Македонска компанија бара партнери во Европска Унија за пласман на чоколади, бонбони и кондиторски производи Валидност до:14.12.2011 Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати за анализирање на плачењето на бебето во светот признат како единствен производ со сигурност од 98% да може да се утврди дали бебето е гладно, дали му се спие, дали нешто го боли или бара внимание од своите родители Валидност до:14.06.2011 Компанија од Полска бара соработка со македонски компании од пластичната индустрија за да инвестира во машини и технологија Валидност до:14.12.2011 Компанија од Полска бара заедничка соработка со фирми во Република Македонија кои произведуваат ткаенини за медицинска облека комбинација од волна и полиестер Валидност до:16.12.2011 Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на работна облека кои би произведувале по нарачка или пак имат свој производ, кој би ги задоволил нивните критериуми и би ги откупувале од нив и пласирала на својот пазар. Валидност до:16.12.2011 Компанија од Полска бара соработка со македонски производители на некој делови за железница/шински со можност за заедичко вложување Валидност до:17.12.2011 Компанија од Босна и Херцеговина е заинтересирана за соработка за набавка на 5000 тони битумен и 50000 тони цемент годишно од Република Македонија Валидност до:21.12.2011
Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал
www.mchamber.mk
Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk