петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
Број 296
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
1
Quality Management
FS 549642
24.02.2017
ЕУ-ИНСТРУМЕНТ ЗА ПОДДРШКА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈАТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
ЕУ-ИНСТРУМЕНТ ЗА ПОДДРШКА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Европскиот пазар, со своите 450 милиони консументи, претставува вистински бизнис-потенцијал, но од друга страна и вистински предизвик за интернационален излез на локалниот мал бизнис. Како да се најдат нови пазари, како до нови деловни партнери, што значи ЕУлегислативата за работењето на „мојот“ бизнис, како до нови технологии и иновации, како да се аплицира за европски фондови итн., се најчесто поставуваните прашања, а воедно и проблеми со кои се соочуваат малите и средни претпријатија (МСП). На овие прашања одговорија Софче Јовановска, советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и проф. д-р Виктор Стојмановски, проект-менаџер на ЕЕНМакедонија, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (20.02.2017 година).
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Токму поради тоа постои Европската мрежа за бизнис можности (Enterprise Europe Network- ЕЕН) којашто претставува моќна алатка и најголемата мрежа за подобрување на процесот на имплементација на иновациите во реалниот сектор, за интензивирање на бизнис-релациите, за поефикасна соработка на науката и индустријата, трансферот на технологии и користењето на резултатите од научните истражувања во стопанството. Што е ЕЕН (Enterprise Europe Network)? Европската мрежа за бизнис можности во Македонија, како македонски национален конзорциум во рамките на Европската мрежа на претприемачи – Enterprise Europe Network, започна со работа кон крајот на март 2008 година, само еден месец после официјалната промоција на Мрежата во Брисел, кога на иницијатива на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како проектен лидер, ја иницираше подготовката на апликацијата за да може Македонија да биде дел од оваа мрежа, заедно со Комората и Фондацијата МИР.
Во моментов Мрежата е присутна во 60 земји. Географски ја надминува територијата на Европа и е присутна на скоро сите континенти. Неа ја сочинуваат околу 600 организации - стопански комори, универзитети, владини агенции, центри за трансфер на технологии, технолошки паркови, национални структури за поддршка на иновации и сл.
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Oд економски аспект, проектот ЕЕН-М е оправдан и е заеднички финансиран од Владата на Република Македонија и од Европската комисија кои врз таа основа изградија партнерство во сооднос 40%-60% од вкупниот буџет на проектот. Само неколку остварени соработки преку мрежата ќе внесат поголеми средства отколку што е уделот на земјата во ова партнерство. Тоа финансиски го оправдува проектот. Токму таквиот однос кон работите придонесе некои други земји да ја препознаат вистинската вредност на Мрежата и во целост сами си ги финансираат активностите без удел на Европската комисија како што се САД, Русија, Кина, Израел, Јужна Кореја, Чиле и др. Нашиот проектен конзорциум делува во организиран систем заедно со слични конзорциуми од други држави на огромен економски и географски простор. Во рамките на тој систем имаме внатрешни правила на игра, а целата мрежа е обединета во заеднички електронски алатки за комуникација каде се разменуваат сите информации за бизнис-партнерства, технологии, учество во заеднички европски проекти, заеднички иницијативи и сл. Ние таму комуницираме како партнер со партнер или како држава со држава.
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ Колку ЕЕН-М ја користат домашните мали и средни бизниси? - Мрежата претставува моќна платформа за комуникација, барање бизнис-партнери, поддршка за малите и средните претпријатија, но и инструмент за доближување до ЕУпазарите. Нејзиното користење е бесплатно и зависи единствено од добрата волја на компаниите. На фирмите им се достапни и низа специјализирани услуги за интернационализација на нивната дејност. Можеби најсликовито тоа ќе се објасни на следниот пример: компанија од Македонија сака да отвори производство во некоја странска држава, но сака да направи анализа на потенцијалните добавувачи. Има неколку земји-кандидатки, но се` уште не знае каде, а за таква анализа треба многу време. Ние како дел од Мрежата во тие услови можеме да помогнеме така што ќе ги контактираме релевантните партнери од тие средини и ќе добиеме листа на потенцијални компании - добавувачи или пак анализа на тековите во соодветниот сектор. Тоа многу ќе и` помогне нашата фирма – клиент да донесе вистинска одлука и веднаш да воспостави контакти.
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
7
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ИНДИКАТОРИ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА Во овој проектен период 2015-2016 година информациите за Мрежата допреле до 9605 компании во Македонија. Орагнизирани се 19 регинонални или локални настани на кои учествувале 483 компании, а 139 компании добиле совети за интернационализација на бизнисите. Во соработка со партнерите од ЕЕН Мрежата организирани се 32 Б2Б средби (14 планирани) на кои учествувале 143 компании од Македонија кои оствариле 549 средби (540 планирани) со компнаии до странство. 44 компании од Македонија склучиле деловни договори со компании од странство, односно со помош на ЕЕН оставрена е интернационализација. Во обратна насока 182 компании (140 планирани) од странство побарале соработка со македонски компании прекиу ЕЕН, а 88 македонски компании побарале информации (80 планирани) за странските пазари или деловни партнери од странство. ИНДИКАТОРИ ЗА ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ И ИНОВАТИВНОСТ Европскиот пазар, со своите 450 милиони потрошувачи, претставува вистински бизнис-потенцијал и предизвик за интернационализација на локалниот мал бизнис. Нам ни е јасно дека голем дел од деловните луѓе најчесто се прашуваат како да најдат нови пазари и бизнис-партнери, имаат потреба од запознавање со ЕУ-легислативата, честопати им се потребни нови технологии и иновации, но и сигурни партнери да дојдат до парите од европските програми и фондови. Токму поради тоа постои EЕН Мрежата каде што тие има на кого да му се обратат, да добијат практична помош. Во изминатиот двегодишен период продуцирани се 30 технолошки и R&D профили на македонски компании, а склучени се 22 технолошки договора за партнерство. Соработката меѓу партнерските организации е реализирана преку 113 размени на информации, а конзорциумот од Македонија учествувал на 38 заеднички активности во рамките на Мрежата. Од јануари 2014 година Европската комисија отпочна со реализација на новите програми за истражување, развој и иновативност за следниот седумгодишен период „Хоризонт“ и „Косме“, кои се од интерес на членките на Стопанската комора на Македонија, компаниите и институциите во Македонија. Средствата од Програмата „Хоризонт 2014-2020“ се наменети за поддршка на иновативни технологии, истражување и развој од страна на универзитети, истражувачки центри, инкубатори, компании и слични организации. Во рамките на Програмата
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ постојат повеќе потпрограми, зависно од политиките според различни области. За оваа програма обезбедени се 79 милјарди евра за периодот од 2014-2020 година. Во рамките на оваа програма постои и посебен инструмент т.н. SME Instrument наменет за МСП кои може да аплицираат сами, но МСП мора да бидат иновативни компании со интернационални амбиции, цврсто решени да успеат на пазарот. КОЛКУ Е МОЌНА МРЕЖАТА? Колку е моќна оваа мрежа на европско ниво потврдуваат и фактите што од 2008 година од кога почна да функционира ЕЕН Мрежата на европско ниво, опслужени се преку 3 милиони МСП од Европа. Таа помогнала во создавање на 7.000 деловни партнерства и овозможила 2.400 компании да аплицираат за ЕУ-фондови. Со нејзина помош се изработени над 100.000 прегледи за технологии, интелектуални сопствености и бизниси упатени према МСП, помагајќи им во лиценцирање или пронаоѓање на партнери за технологии. Уште повпечатливи се податоците колку ЕЕН Мрежата како партнер им помогнала на компаниите. Во просек 44% од клиентите директно го имаат зголемено годишниот обрт поради соработката со Мрежата, а секој четврт дошол до нов бизнис-партнер преку неа. Тројца од четворица кои се обратиле до ЕЕН успеале да излезат на нови пазари, а дури 60% од технологиите успеале да најдат излез и примена на нови пазари. Со поддршка од ЕЕН 40% од малите и средни бизниси почнале нов бизнис, а скоро 50% успеале да развијат нов производ, услуга или да имплементираат новитет во работењето. Дали има поголема реклама од овие бројки и факти за користење на Мрежата? Речиси сите (85%) од оние кои што се „закачиле“ на неа еднодушно во анкети потврдуваат дека би ја препорачале кај останатите деловни луѓе да ги искористат нејзините можности. Во оваа прилика, се апелира до македонските компании, што повеќе при рака да ја имаат оваа моќна алатка во помош на нивниот економски раст и развој. Во тоа на располагање им стои Стопанската комора на Македонија, но и партнерите во Конзорциумот. Софче Јовановска
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
9
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 17 24 февруари 2017, Бр. 295 296
СОРАБОТКА
ГРУПАЦИЈАТА ЗА ДОМУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОДРЖА СЕДНИЦА ЗА ПОВЕЌЕ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА Примена на Законот за извршување, нелојалната конкуренција, проблемот со колективните водомери во станбените згради, беа дел од темите за кои членките за домување и управување со станбен и деловен простор дискутираа на состанокот организиран во Стопанската комора на Македонија. При тоа, беа разменети искуства како новините од Законот за вон судско порамнување се применуваат и како се одразуваат на работата на лиценцираните управители. Беше констатирано дека овие новини се несоодветни за дејноста домување од неколку аспекти. Прво, затоа што домувањето не е комунална дејност, а второ затоа што станува збор за релативно мали износи на фактурирани обврски за кои нема економска оправданост покренувањето вон судска постапка. Во таа насока, членките на Групацијата на состанокот посочија дека во следниот период ќе бидат доставени конкретни забелешки по Законот за извршување, а ќе се иницира средба и со надлежните државни институции надлежни за дејноста со цел да се предочат проблемите со кои се соочуваат.
петок, 17 24 февруари 2017, Бр. 295 296
БИЗНИС ИНФО
11
СОРАБОТКА
Членките во рамки на Групацијата иницираат и креирање на одредени правилници и неформални документи, согласно кои ќе се обезбеди примена на фер однос помеѓу Лиценцираните управители. Сепак беше заеднички констатирано дека неформалните документи, секогаш ќе бидат предмет на непочитување од страна на оние субјекти кои и сега немаат интерес да работа согласно пазарните законитости. Од дел од лиценцираните управители, кои работат на територијата на градот Скопје, беше побарано толкување како останатите управители се справуваат со колективните водомери, кои некаде воопшто и не се инсталирани, а од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје стигаат сметки за потрошена вода од заеднички водомер. Во оваа насока, беше договорено да се организира среда со претставници од Јавното претпријатие, со цел да се разговара како да се реши проблемот со појавување на заеднички водомери после неколку децениско постоење на одредени станбени згради, за кои до овој момент никој не плаќај за заедничка вода, дотолку повеќе што такви водомери не постојат. Даниела Михајловска Василевска
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
РЕГИОНАЛНИ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО РЕГИОНОТ
Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија учествуваше на Вториот регионален форум на тема „Унапредување на регионалната соработка во областа на туризмот“, што се одржа на 24.02.2017 година на Белградскиот саем, во рамките на Саемот за туризам, што се одржува во Белград. На Форумот беше претставена првата брошура со 7 регионални туристички дестинации помеѓу Србија и Црна Гора, кои како заеднички производ ќе бидат продавани на саемите, кои ќе се одржат во текот на март годинава во Берлин, Шангај и во Москва. Иницијатор на ваквата идеја се стопанските комори на Србија и на Црна Гора, поддржани и помогнати од Туристичкиот сојуз на Србија и Националната туристичка организација на Црна Гора. Македонија во овој проект за кој има поддршка и преку Коморскиот инвестициски форум, ЦЕФТА-Проектот, но и преку ЕУ-проектите за регионална соработка, се вклучува преку Стопанската комора на Македонија, конкретно преку Здружението на угостителството и туризмот.
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
13
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
Секако, во рамките на реализирањето, односно на вклучувањето на земјата во оваа регионална соработка, Комората се надева на институционална поддршка од надлежните државни институции. Согласно активностите, идејата е до крајот на оваа година Македонија со свои туристички дестинации да се најде на мапата на регионални туристички производи, кои потоа ќе се промовираат во Европа, во земјите на Блискиот и Далечниот Исток и сл. Инаку, идејата на ваквите активности е обезбедување на што поголем број туристи од Кина, Јапонија, од земјите од Далечниот и Блискиот Исток, но исто така и од цела Европа. Денешниот форум се организира пред одржувањето на уште еден форум за туризам, со фокус исто така на регионалната соработка, што ќе се одржи на Копаоник на 6 март 2017 година, во организација на коморите на Словенија и Србија, на којшто се поканети да учествуваат и претставници на туристички агенции, хотели, бањи, wellness&spa центри кои се заинтересирани за поврзување во регионот. Даниела Михајловска Василевска
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПЛАТНИТЕ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ВО СКОПЈЕ По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжи со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацита низ сите градови во Македонија. Така, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, после одржаниот семинар на 24.01.29017 година во Стопанската комора на Македонија, на 21.02.2017 година исто така во Стопанската комора на Македонија, се продолжува со одржување на семинари за медијација на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“. На семинарот во Комората имаше над 70 присутни учесници и на истиот беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвори и канцеларија за вршење на дополнителните услуги. Стопанската комора на Македонија продолжува со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација како и со експерти со долгогодишно познавање и искуство од областа на медијацијата. Следниот бесплатен семинар во Скопје ќе се одржи на 21 март 2017 година, а после тоа следаТ бесплатни семинари низ повеќе градови и регионални комори во РМ.
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
15
АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА
Задолжителен обид за медијација во стопанските спорови: (2) Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. (3) При поднесувањето на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеа. (4) Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член ќе ја отфрли. (Член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 124 од 23.7.2015 година). * Единствено лиценциран медијатор може да спроведе постапка за медијација: (1) Медијатор може да биде деловно способно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи (во натамошниот текст: лиценца за медијатор). (2) Лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата (во натамошниот текст испит за медијатори) пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (во натамошниот текст: Одборот) и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно член 24, став (4) од овој Закон. (Член 46, став 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на Република Макединија, бр. 188 од 31.12.2013 година). * Листата на лиценцирани медијатори е објавена на веб-страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk. Повеќе информации во Стопанската комора на Македонија во врска со медијацијата можете да добиете на тел. 02/3244-031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева.
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
ПРЕЗЕНТАЦИИ
Презентирана палетата на производи
ХРВАТСКАТА КОМПАНИЈА „ИКОМ“ ПРЕД ВОДОВОДНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Компанијата „ИКОМ“ ДОО, индустија за комунална опрема и материјали од Загреб, Р. Хрватска, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираше презентација на водомери, регулатори, опрема за индустријата и мерни инструменти за водоводни, канализациони системи и системи за производство и дистрибуција на гас, пред претставници од водоводните македонски комунални претпријатија. Презентацијата ја реализираа Мислав Чориќ, технички комерцијален директор и Звонимир Баче, раководител на Одделот за читање на мерни инструменти на далечина и заменик технички комерцијален директор во „ИКОМ“ ДОО. Во рамките на презентацијата беа претставени неколку аспекти од производната палета на хрвастката компанија. Во таа насока, присутните беа информирани за: - повеќе млазните водомери, начинот на кој истите се користат при мерење на потрошена вода, мерење и предности во однос на другите производители, намалување на загубите со користење на ист квалитет, трошоците за одржување, сервисирање и сл.; - волуметриските и хибридните волуметриски водомери, начинот на мерење, трошоците за одржување, сервисирање и сл.;
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
17
ПРЕЗЕНТАЦИИ
- новата генерација на Woltmann водомери со електронско индуктивно читање на проточноста, карактеристики, материјали, предности, надградба, планирање на водоводна мрежа во иднина; - системите за далечинско читање, можноста за мобилна мрежа, фиксна мрежа, пренос на податоци, придобивки за дистрибутерите, придобивки за потрошувачите, технологијата и изведби на мрежата за далечински читања, иднината на далечински читања, како и за - дата податоците и SCADA-системите со софтверски решенија, читање и DMAзонирање и контрола на загубите во мрежата. Во своето 60-годишно постоење „ИКОМ“ ДОО има основано независни компании во Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, имаат интерес за проширување на работењето и во Македонија, Косово, Албанија, Бугарија преку отворање домашни фирми во матичните земји. Компанијата инаку е генерален дистрибутер за производите на ELSTER Messtechnik, METRIX, MESURA-CAVAGNA Group, LACROIX Electronics, за Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 17 24 февруари 2017, Бр. 295 296
ЕУ ПРОЕКТИ Почнува постапката на подготовка на лица со хендикеп за вработување преку соодветни обуки и тренинзи во новоформираниот Центар за вработување на лица со хендикеп
ДО КРАЈОТ НА 2017 ГОДИНА ЌЕ СЕ ЗАВРШАТ АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОЕКТОТ ОД 4-ТА ИПА КОМПОНЕНТА ЗА РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ започнаа со реализација на заедничкиот Проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“ на денешната конференција што се одржа во хотелот „Holiday Inn“ во Скопје (22.02.2017 година). Овој проект е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА. Генерална цел на Проектот е поголемо вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на труд преку подобрување на нивните вештини, образование и квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството. На конференцијата, господинот Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика во Владата на РМ, нагласи дека лицата со инвалидност се идентификувани како посебна целна група во различни стратешки документи на Министерството, при што унапредувањето на нивната положба, можностите за нивно вработување и социјално вклучување, секогаш се еден од приоритетите на политиките и програмите. - Во насока на унапредување на услугите за социјална инклузија и вклучување на пазарот на труд на лицата со инвалидитет, од страна на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука во соработка со релевантните агенции и институции, вклучувајќи ги и социјалните партнери и невладините организации, беше подготвена и Оперативната програма „Развој на човечки ресурси 2007-2013 година“, која се реализираше со финансиска поддршка од ИПА и согласно со оваа програма, во тек е реализација на Проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“, - истакна Ибрахими. Проектот, рече тој, ќе ги подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и ќе ги унапреди еднаквите можности на пазарот на труд. Директорот на Агенцијата за вработување на РМ, Влатко Поповски, истакна дека АВРМ издвојува средства за инклузија на лица со хендикеп и дека е отворен повик за
петок, 17 24 февруари 2017, Бр. 295 296
БИЗНИС ИНФО
19
ЕУ ПРОЕКТИ
лица со хендикеп со можност да аплицираат. - Тие исто така може да аплицираат и за дополнителни 100.000 денари за адаптација на нивното работно место, доколку имаат потреба од адаптација, исто така неповратни средства од АВРМ, посочи господинот Влатко Поповски. - Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Полио Плус“, преку овој Центар, ќе воспостави иновативен сервис за вработување на лица со хендикеп преку стекнување практични знаења и вештини во нашите партнерски компании, но и во самиот Центар, а особено ќе придонесе во јакнење на капацитетите на бизнис-секторот за вклучување на лицата со хендикеп во работниот процес. Конкретно, ќе се работи на зајакнување на капацитетите на високиот и средниот менаџмент во компаниите со цел поголема информираност за можностите и придобивките од вработување на лица со хендикеп. Ќе се организираат серија на информативни денови и работилници, на коишто компаниите ќе можат детално да се запознаат со придобивките и условите кои треба да ги создадат за полесно и поуспешно вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на трудот, - истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија - Со оглед дека лицата со хендикеп еднаквo придонесуваат во работните процеси, како и останатите вработени лица, ќе придонесеме компаниите да го препознаат тоа и да покажат поголема корпоративна и општествена одговорност за нивно вклучување и вработување, - посочи м-р Милевска Штрбевска на денешната конференција. Елена Кочоска, програмски раководител на „Полио Плус“, партнер-организација на овој проект истакна дека Македонија издвојува средства за вработување на лицата со хендикеп и дека сите се ангажираат тоа да се случи, а креатори на тие иницијативи треба
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
ЕУ ПРОЕКТИ да се токму лицата со хендикеп. Начинот на кој ќе бидат вклучени, според Кочоска, е договор помеѓу бизнис заедницата и хендикепираните, а улогата на државата е да даде поддршка и да биде гарант на тој договор дека ќе биде остварен како и за лице без хендикеп. Новоформираниот Центар за вработување на лица со хендикеп ќе претставува иновативно решение кое цели да ја унапреди и да ја зајакне вработливоста на лицата со хендикеп и да ги зголеми нивните капацитети за напредување во професионалната кариера. Од друга страна, цел сет на активности е насочен и кон институциите и компаниите од отворениот пазар на труд, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси. Центарот за вработување на лица со хендикеп е мост помеѓу лицата со хендикеп кои сакаат да ја зголемат својата вработливост и компаниите од бизнис секторот – активни на отворениот пазар на труд. Токму затоа, овој проект има за цел да ја зголеми вклученоста на лицата со хендикеп, како лица со зголемен ризик за да се вклучат на отворениот пазар на труд. Оваа цел ќе се постигне преку надградување на вештините, унапредување на образованието и квалификациите на лицата со хендикеп, но и преку развој на социјални сервиси во заедницата кои ќе ја поддржат целосната интеграција на лицата со хендикеп во отворениот пазар на труд и во поширокото општество преку: 1. воспоставување на иновативен сервис за вработување за лица со хендикеп; 2. со јакнење на капацитети за вработување и напредување во кариерата на лицата со хендикеп; 3. со јакнење на капацитети на бизнис секторот за вклучување на лицата со хендикеп, како и зголемување на нивната корпоративна одговорност; 4. со зголемување на свеста за лицата со хендикеп кои се еднакви придонесувачи во работните процеси, како и останатите вработени. Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе понуди пет различни програми наменети за индивидуалните потреби на лицата со хендикеп, како и во согласност со потребите и интересите на отворениот пазар на труд. Четири од овие програми се наменети за лицата со хендикеп и тоа: 1. Програма за подготовка за вработување – преку унапредување на знаењето и вештините на лицата со хендикеп се зголемуваат нивните шанси за квалитетно и достоинствено вработување; 2. Програма за поддршка при наоѓање работа – зголемувајќи ја самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп ќе се подобри
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
21
ЕУ ПРОЕКТИ
самопретставувањето на лицата со хендикеп пред потенцијалните работодавачи; 3. Програма за претприемништво – развивање на капацитети за и поддршка на самовработување на лицата со хендикеп; 4. Програма за волонтерство – стекнување практични знаења и вештини во партнерските компании, но и во самиот Центар. Исто така и со Бизнис програмата ќе се таргетираат компаниите кои се спремни и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Ќе се настојува да се отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, затоа што сме свесни дека колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е и битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп. Преку градење на капацитетите на бизнис-секторот, преку ориентациони обуки за соработниците на лицата со хендикеп, но и преку константна поддршка на овие компании од страна на врвни експерти, ќе се овозможи инклузивна, професионална, пријателска и продуктивна атмосфера за сите. Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе биде лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, координатор на Проектот. Овој проект е финансиран од Европската комисија, спроведувач е Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот заедно со „Полио Плус“ - партнер во Проектот и Министерството за труд и социјална политика, како координатор на програмата за социјална инклузија. м-р Ирена Мојсовска
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28 февруари 2017 година (вторник) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Еднодневен семинар: ПРАВНИТЕ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
топанската комора на Македонија на 28 февруари 2017 година организира еднодневен семинар
на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, што се однесуваат на: содржина ,изменување и промени на договорот за вработување, основани и неосновани причини за откажување на договорите за вработување, престанок на договорот поради повреди на работниот ред и дисциплина, како и на додатоци, надоместоци на плата со трошоци при работа и некои задолжителни постапки на работодавачот согласно ЗРО.
Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат
работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и државниот сектор.
На семинарот ќе бидат изнесени законските решенија во однос на одредени правни институти
од областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса, но дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми и дилеми што ги имаатаат при практична примена на легислативата од областа на работните односи, односно на семинарот ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи.
Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски
застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
6. МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ
2 - 3 март 2017 година Нови Сад, Република Србија
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Новосадскиот саем, ве покануваат да бидете дел од 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, собир на енергетсккиот сектор и инвестициите, што ќе се одржи во периодот од 2 - 3 март 2017 година во Нови Сад, Република Србија. Настанот 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите има за цел да ги поттикне бизнис контактите и соработката помеѓу сите релевантни чинители во областа на енергетиката, градежништвото, заштитата на животната средина и локалниот развој во Србија и во регионот, како и да се стимулира поголема инвестиција во овие области. Настанот ќе се одржи во пресрет на 5 Март - Денот на енергетската ефикасност. Целта е да се обезбедат презентации на проекти и изнаоѓање соодветни финансиски и технички партнери за нивно спроведување Во фокусот на Меѓународниот ден на енергијата и инвестициите ќе бидат темите во областа на енергетиката, финансирањето и изградбата, како и специјални градежни обврзници и енергија преку енергетската ефикасност во зградите. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен на најактуелната тема денес - борбата против климатските промени. Настанот на сите учесници им нуди единствена можност за дводневна презентација на своите компании, технологии и проекти пред компании инволвирани во енергетскиот сектор, како што се претставници од локалната самоуправа, агенции, здруженија, како и воспоставување директна цврста врска со посетителите и учесниците на настанот.
Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават
за посета на настанот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.02.2017 година (четврток).
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.3.2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Стопанската комора на Македонија на 3 март 2017 година организира еднодневен семинар на
тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.
5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и
воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија.
5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска
методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места.
Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на
однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.
Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација
(Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или
производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија.
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ДЕЛОВНА СРЕДБА НА КОМПАНИИ ОД РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КАВАДАРЦИ И РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ШТИП
03.03.2017 година (петок) 12:00-14:00 часот („Кожувчанка“ Кавадарци)
Регионалната комора со седиште во Кавадарци и Регионалната комора со седиште во Штип во рамките на Стопанската комора на Македонија, организираат деловна средба меѓу компаниите од двата региона со цел зголемување на соработката. На деловната средба ќе присуствуваат компании од бизнис-секторот од двата региона, а поканети се и претставници на локалната самоуправа на општините: Кавадарци, Неготино, Росоман, Штип и Карбинци. Предмет на деловната средба: • Интензивирање на меѓусебната соработка на регионалните комори и општините од Кавадарци и Штип; • Предлог-иницијативи за поддршка на бизнис-секторот од двата региона, инфраструктурно поврзување и др. Присуството на што поголем број стопанственици на овој настан е од особено значење за развојот на регионите и на деловното работење. Деловната средба ќе се одржи на 03.03.2017 година (петок), со почеток во 12:00 часот, во деловните простории на „Кожувчанка” Кавадарци. Контакт: Тања Мицева Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tanja@mchamber.mk
Контакт: Моника Стоичева Тел: ++ 389 32 300 282 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: monika@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 март 2017 година (вторник) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема: РЕГИСТРАЦИЈА НА ХЕМИКАЛИИТЕ
Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Регистрација на
хемикалиите, на којшто ќе се образложи законската регулатива во Република Македонија, постапките и потребната документација за увоз на суровини наменети за производство на домашен готов производ, регистрација на готови производи наменети за пазарот во Македонија, како и регистрација на домашен готов производ наменет за домашниот пазар и за извоз.
Семинарот е наменет за сите вклучени во процесот на производство и промет на хемикалии,
како и други заинтересирани лица кои сакаат да ги прошираат своите знаења. Предавач:
-д-р Татјана Петрушевска,
раководител на сектор во Министерството за здравство,
дипомиран фармацевт, специјалист за испитување и контрола на лекови (Фармацевтски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје), магистер за меѓународен бизнис менаџмент и маркетинг (UACS - University American College – Скопје), доктор на медицински науки (Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје). Д-р Татјана Петрушевска од 2001 година е проект лидер на 6 проекти финансирани од Европската комисија во областите на наркотични дроги и прекурсори (ФАРЕ; КАРДС, ИПА).
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Повик за учество на обуки и меѓународни Ready2Go деловни средби на мали и средни претпријатија од Македонија Стопанската комора на Македонија во организација со Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), ве покануваат да учествувате во активностите на проектот “Ready2Go” (EASME / COSME / 2015/028), подржан од страна на Европската комисија (ЕК) и Европската агенција за мали и средни претпријатија (EASME), наменет за малите и средните претпријатија од Европа. Оваа иницијатива на пилот-проектот “Ready2Go” има за цел да ги поддржи динамичните мали и средни претпријатија (МСП), од Европа во нивната интернационализација, со цел истите да учествуваат и да се натпреваруваат во ЕУ земјите и на уште 5 дополнителни целни пазари, и тоа во Камерун, Канада, Чиле, Индија и САД. Секое мало и средно претпријатие од Македонија може да учествува во активности во максимум 2 земји. За секоја земја од групата на учесници ќе бидат составени од околу 20-30 компании од следните целни сектори: 1. Агро-храна; 2. Биотехнологии; 3. Хемиска индустрија; 4. Занаетчиство (керамика, накит, украси, кројачи, керамика); 5. Креативни индустрии (филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални медиуми, музика, рекламирање, фотографија, дизајн, игри и дигитална анимација); 6. Животна средина; 7. Здравствена заштита и лекови; 8. ИКТ; 9. Интелигентна енергија (обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност); 10. Нано и микро-технологии (нанотехнологија, микро-и наноелектроника, напредни материјали, индустриски биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); 11. Материјали (композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, био-материјали) ; 12. Трговија и услуги; 13. Одржливо градежништво; 14. Текстил и мода; 15. Дрвна индустрија и мебел.
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:
„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.
Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот
циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.
По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
31
32
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 24 февруари 2017, Бр. 296
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088