петок, 24 март 2017, Бр. 300
Број 300
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
bsi.
ISO 9001
1
Quality Management
FS 549642
24.3.2017
ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ ЗАПОЧНУВА СЕРИЈА ИНФОРМАТИВНИ НАСТАНИ
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 24 март 2017, Бр. 300 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
3
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА КОМОРИ
ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ ЗАПОЧНУВА СЕРИЈА ИНФОРМАТИВНИ НАСТАНИ Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во периодот од 22 март до 7 јуни 2017 година ќе се реализираат серија информативни настани за детална презентација на тековните прописи и законските барања кои се однесуваат на малите и средните претпријатија во Република Македонија. Темите за овие инфо сесии произлегоа од претходно истражување кое стопанските комори го реализира помеѓу компаниите, а тоа се: * права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Закон за безбедност и заштита при работа; * права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика и * права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот.
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 24 март 2017, Бр. 300
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- Ќе се реализираат 18 информативни сесии во 10 градови: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје, со што ќе бидат покриени сите плански региони во земјата. Информативните сесии ќе бидат одржани со присуство на докажани експерти од овие области, кои ќе бидат достапни за дискусија во текот на настанот. Во рамките на Проектот пет клучни сектори - земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија (20.3.2017 година). Освен информативната цел на настаните, истовремено тие ќе претставуваат и можност за да се соберат значајни податоци за најгорливите проблеми на малите и средните претпријатија во овие области. Ова искуство на компаниите добиено од прва рака ќе се искористи како материјал за организирање други целни активности во рамките на Проектот и за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во претстојните години во кои ќе се спроведува Проектот. Според директорот на „Епицентар интернационал“ – Скопје, Љупчо Димовски, целта на овие сесии е двојна – подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените што фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи. Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог се во крајна линија и главните поенти на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Јадранка Аризанковска
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕЗЕНТАЦИИ
Одржана бесплатна презентација на словенечката фирма „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ - МОЖНОСТИ ЗА ДЕЛОВНА СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија на 16.3.2017 година во Стопанската комора на Македонија организираа презентација на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“. Настанот го отвори Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија која потенцираше дека оваа презентација е уште една потврда дека двете земји имаат воспоставена одлична деловна соработка и во континуитет ќе се работи на зголемување на соработката од ваков тип на презентации на компании од двете земји. „Целта на оваа презентација е да се интензивира деловната соработка и да се поттикне можноста компаниите и институциите да се поврзуваат и да остваруваат
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
ТРКАЛЕЗНА МАСА
успешни деловни контакти, како и заеднички да се работи на подобрување на услугите, квалитетот и цената која се нуди“, - додаде Јадранка Аризанковска. „Соработката традиционално е на високо ниво и таа треба да продолжи да се интензивира и да се поттикне можноста компаниите и институциите да се поврзуваат со цел да остваруваат успешни деловни контакти“, - истакна aмбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, проф. д-р Милан Јазбец. Тој искажа надеж дека професионалното работење на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ ќе овозможи уште подобри услуги за компаниите и институциите од Македонија. Госпоѓата Моника Зајц, заменик извршен директор на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“, при презентацијата ја претстави компанијата како најголем центар за електронско работење и достава во Југоисточна Европа, со месечна испорака на
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
7
ТРКАЛЕЗНА МАСА
повеќе од 8,5 милиони пратки од различни видови и форми на маркетинг материјали кои се движат од 100 до над еден милион пратки месечно за индивидуални клиенти. Покрај услугите за подготовка и печатење на извештаи, компанијата „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ нуди и електронско (бесхартиено) е-управување на документи, „оддалечено печатење“, подготовка и испраќање на е-сметки, како и електронско зачувување на документацијата во нивниот акредитиран архив. Со иновативниот развој на технологиите и професионален консалтинг, „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ помагаат во модернизирање на работењето, намалување на трошоците и поефикасно спроведување и контрола на бизнис-мрежата во повеќе од 650 компании од различни области, во Словенија и во странство. Компанијата „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ е фирма-ќерка на „Словенечки пошти“, основана во 1998 година и е 100% сопственост на „Словенечки пошти“. На презентацијата присуствуваа околу 70 претставници од Македонија и тоа од банки, осигурителни компании, јавни комунални претпријатија, град Скопје, министерства и општини, администрација, електродистрибуција и основни и средни училишта кои заинтересирано ги следеа услугите кои ги нуди оваа компанија. По завршувањето на презентацијата, претставниците на „EPPS - Elektronsko Pismo Pošte Slovenije“ имаа можност да разменат контакти и да споделат искуства со македонските претставници за можна идна деловна соработка. м-р Ирена Мојсовска
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 24 март 2017, Бр. 300
МЕДИЈАЦИЈА
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПЛАТНИТЕ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ВО СКОПЈЕ По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжи со агендата на оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацита низ сите градови во Македонија. Така, согласно големиот интерес, после одржаните семинари за медијација на 24.01.2017 година и на 21.02.2017 година во Стопанската комора на Македонија со присутво на повеќе од 150 учесници претставници од компаниите и од државните институции, на 21.03.2017 година исто така во Стопанската комора на Македонија, се одржа бесплатниот семинар на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“. И на овој семинар во Комората имаше над 60 присутни учесници и на истиот беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвори и канцеларија за вршење на дополнителните услуги. Стопанската комора на Македонија во следниот период продолжува со организација на циклусот на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори преку организација на промотивни настани и семинари низ повеќе градови и регионални комори во РМ. Следете не’ за новите агенди! Законски одредби: Задолжителен обид за медијација во стопанските спорови: (2) Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација.
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
9
МЕДИЈАЦИЈА
(3) При поднесувањето на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. (4) Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член ќе ја отфрли. (Член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 124 од 23.7.2015 година). * Единствено лиценциран медијатор може да спроведе постапка за медијација: (1) Медијатор може да биде деловно способно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи (во натамошниот текст: лиценца за медијатор). (2) Лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата (во натамошниот текст испит за медијатори) пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (во натамошниот текст: Одборот) и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно член 24, став (4) од овој Закон. (Член 46, став 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на Република Макединија, бр. 188 од 31.12.2013 година). * Листата на лиценцирани медијатори е објавена на веб-страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk. Повеќе информации во Стопанската комора на Македонија во врска со медијацијата можете да добиете на тел. 02/3244-031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева. д-р Јелисавета Георгиева
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
ОДРЖАН СОСТАНОК НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЕБОР И ЗДРУЖЕНИЕТО НА БАНКАРСТВОТО Во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок на претставниците на ЕБРД, г. Џим Тарнбул, помошник-директор и поранешен банкар, г. Фади Алраис, аналитичар, коишто се дел од тимот за Развој на локалните валути и пазари на капитал, ЕБОР Лондон и г.Наум Рибароски, ЕБОР - Скопје со претставниците на Здружението на банкарството предводени од Николче Петковски, претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка АД - Скопје. На состанокот се дискутираше за состојбата во домашната економија, движењата на домашниот финансиски пазар на капитал и можноста за искористување на средства од страна на компаниите преку пазар на капитал и нивно поголемо инволвирање. Претставниците на ЕБОР покажаа посебен интерес во врска со процесот на евроизација на кредитите и депозитите во земјата и можноста пазарите на капитал да бидат извор за финансирање на компаниите со цел зголемено искористување на кредитите кои ги нуди
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ ЕБРД преку домашните банкарски канали. Со цел подобрување на финасискиот менаџмент на компаниите, беше истакнато дека ЕБРД ќе предложи да реализира програма во Македонија која ќе им помогне на компаниите со правна, финансиска и сметководствена поддршка преку овозможување на достапност на правни, финансиски и сметководствени експерти. Беше истакнато дека согласно февруарските извештаи на НБРМ двете области каде што политичката криза имаше најголеми ефекти се стабилизираат ‒ штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи. Имено, првичните февруарски податоци упатуваат на понатамошен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем, односно депозитите на население се зголемуваат девет месеци последователно. На девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите два месеца од годината, збирно, НБРМ интервенирала со нето-откуп на девизи. Исто така, во февруари, петти месец по ред, продолжува зголемувањето на ликвидноста во банкарскиот сектор. На состанокот беше заклучено дека и во услови кога ризиците од домашните политички случувања се присутни и изразени, банкарскиот сектор е стабилен. Јадранка Аризанковска
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ
ЕФЕКТИТЕ НА ИЗМЕНИТЕ ВОВЕДЕНИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА НОТАРИЈАТОТ И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ВРЗ РАБОТЕЊЕТО НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД СЕКТОРОТ ТРГОВИЈА Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 21.3.2017 година, расправаше за ефектите на измените воведени со новиот Закон за нотаријатот и новиот Закон за извршување врз работењето на деловните субјекти од секторот трговија. Членките на Здружението истакнаа дека новите законски измени донесоа нови, зголемени трошоци во тековното работење, спротивно од заложбите од јавната расправа, за избегнување од дополнителни оптоварувања на стопанството. Конкретните забелешки се однесуваат на обврската за задолжително учество/ присуство на адвокат, кое предизвикува значителни негативни финансиски импликации врз работењето на компаниите, и ја одолговлекува постапката, и на обврската за задолжително учество/присуство на адвокат, кое претставува нееднаков третман на дипломираните правници – вработени во компаниите во однос на адвокатите. Беше договорено да се продолжи со преземање активности кои се однесуваат на
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ примената на Законот за нотаријат и Законот за извршување, и ќе даде соответен придонес за креирање заедничко мислење на стопанските субјекти. Здружението на трговијата направи анкета за видовите занимања во рамките на секторот и шемите на вработување. Притоа, се анализирани повеќе претпријатија од областа на трговијата: големите трговски синџири исклучиво со маркети, или како дел од дејноста, заедно со пазари; потоа трговски претпријатија со свои стоваришта, и трговски претпријатија со дистрибуција, како основна дејност. Во собирањето на податоците беа вклучени најзначајните компании од повеќе дејности од трговијата и е спроведено анкетно истражување меѓу компаниите, кое се реализираше во насока на дефинирање на приоритетите кај соодветните струки и занимања . Компаниите со искуствени примери ги дефинираа карактеристиките кои треба да ги има една образовна програма да биде релевантна и применлива во компаниите. Се укажа дека е потребно реално спроведување на бараното образование со неопходен практичен дел од наставата во програмите за образование, главно да се одвива во стопанството со соодветна финансиска поддршка и поттикнувачки мерки за компаниите кои реализираат висококвалитетна практична настава и обука. За ова е потребна законска основа за висок стандард на квалитетот на наставните планови и програми. Лазо Ангелевски
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Регионалните комори со седиште во Кичево и во Велес организираа деловни средби меѓу компаниите од двата региона - ВОСПОСТАВЕНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФИРМИТЕ Регионалните комори со седиште во Кичево и во Велес организираа деловна средба меѓу компаниите од двата региона со цел зголемување и интензивирање на соработката (24.3.2017 година). Средбата се одржа во Регионалната комора со седиште во Кичево, а на која присуствуваа претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево Игор Соколески и претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Георги Чадиев, претставници од Југозападниот плански регион и Вардарскиот плански регион, како и над 20-тина компании од двата региона, кои ги вклучуваат општините Кичево, Велес, Македонски Брод, Чашка, Пласница и Градско. Во своето обраќање Игор Соколески ги поздрави присутните и им заблагодари за покажаниот интерес за соработката, при што потенцираше дека бенефитот од досегашните
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
15
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
средби е значаен фактор за поуспешна комуникација меѓу компаниите од двата региона. Тој исто така ја истакна и целосната поддршка од Општина Кичево во делот на интензивно заедничко дејствување се` со цел да се воспостави подобра бизнис клима и зајакнување на капацитетите за поголема профитабилност во заедничкото работење. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Велес Георги Чадиев пред присутните се заблагодари за поканата за оваа деловна средба и пред присутните накратко го претстави функционирањето на фирмите во велешкиот регион во соработка со Регионалната комора и интензивната соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со единиците од локалната самоуправа на Општина Велес Во своите излагања претседателите од двата региона како најголем проблем во работењето го истакнаа недостатокот на работна сила и побараа да се воспостави ист третман на домашните и на странските компании во Р. Македонија. Заменик на градоначалникот на Општина Кичево, Рамиз Речепи, истакна дека за Кичево и Велес е од заеднички интерес со стопанскиот сектор за се зајакне и продлабочи соработката меѓу стопанството и локалната самоуправа, при што ја истакна поддршката од локалната самоуправа. Исто така, кажа дека во Општина Кичево има и две локални индустриски зони, една индустриска зона која е сместена во Иванидол, каде веќе работат неколку домашни инвеститори, другата индустриска зона е Кашејца во Карбуница и ТИРЗ Кичево развојната технолошка зона, каде работи фабрика од автомобилската индустрија. Во Општина Кичево е формиран и Локално економски социјален советот кој ќе биде поттикнувач и ќе даде нови идеи и инвестиции и проекти на локално ниво.
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Душица Малинова, претставник од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион истакна дека Регионалната комора со седиште во Велес и Бизнис канцеларијата на Вардарскиот плански регион се во постојана соработка и организација на повеќе заеднички настани, обуки, семинари инфо-сесии, се` со цел да му се помогне на бизнисот во Вардарскиот регион полесно да дојде до информации за да може да ги искористи средствата кои ги нудат европските програми. Арбриша Влаши, претставник на Југозападниот плански регион ја претстави работата и поддршката на малите и средни претпријатија од овој регион. Оживување на економијата во внатрешноста на државата е главниот мотив на Стопанската комора на Македонија за ваквиот вид на меѓурегионална соработка која ќе се интензивира во иднина. Регионалните комори, освен интензивирање на меѓусебната соработка со цел освојување на нови пазари, имаат намера да ги поддржат компаниите и во искористување на средства од програмите на Европската унија, како и заеднички настап на саеми во опкружувањето и настапи на трети пазари.
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
17
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Присутните деловни луѓе ги презентираа своите компании и своите интереси за соработка. На оваа средба застапени беа компании од областа на прехранбената индустрија, градежништвото, металургијата и трговијата. Бизнисмените разменија искуства и мислења за мерки кои се потребни да се преземат за подобрување на климата за инвестирања, а го посочија и проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила според потребите на стопанството. Исто така, деловната средба беше искористена како директна можност за воспоставување меѓусебна соработка. На крајот на средбата присутните ја посетија Индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево каде има 20-тина домашни инвеститори. Дијана Лазороска Јованоска Ирена Жарова
18
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПРИЛЕП ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОДРАЧНАТА СТОПАНСКА КОМОРА НА БАЊА ЛУКА, РЕПУБЛИКА СРПСКА Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп на 15.3.2017 година, повеќечлена делегација од Прилеп оствари работна посета на Подрачната стопанска комора на Бања Лука, Република Српска. Во делегацијата покрај претставникот на Регионалната комора со седиште во Прилеп Ристо Најдоски, учествуваа и раководни лица на повеќе компании и институции од Прилеп и тоа: АД „Витаминка“, „Прилепска пиварница“, Месната индустрија „Марфил“, „Мермер Империјал“, Винарницата „Пирган“, од прехранбената индустрија „Дониа“, Фабриката за амбалажа „Бравадо“ од Прилеп, како и д-р Стевчо Димески, регионален директор на Стопанска банка АД - Скопје, член на Управниот одбор во Регионалната комора со седиште во Прилеп.
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
19
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Работната посета се реализира на покана на Подрачната стопанска комора на Бања Лука и Општината Бања Лука, со цел да се воспостави меѓусебна соработка и по можност истата да се прошири во повеќе области, базирана на економските потенцијали на двата региона, како и посета на Саемот за градежништво, декор и дизајн „ГРАМЕС 2017“ во Бања Лука, кој се одржуваше во истиот термин од 15-18 март 2017 година. За време на дводневниот престој на делегацијата, во Подрачната стопанска комора на Бања Лука се оствари средба со раководството на Комората, при што се потпиша Спогодба за меѓусебна соработка меѓу двете комори. Од страна на Регионалната комора со седиште во Прилеп во рамките на Стопанска комора на Македонија беше претставена организационата поставеност и нејзиното функционирање, како и економските потенцијали и ресурси на регионот што го покрива оваа Комора. Раководството на Подрачната стопанска комора на Бања Лука ја презентираа нивната комора која функционира во единствениот коморски систем на Република Српска заедно со пет други подрачни комори организирани по моделот на австриската и германската комора со задолжително членство. Регионот што го покрива Подрачната комора од Бања Лука ги опфаќа градовите: Бања Лука и Приједор, како и 19 општини и тоа: Градишка, Источни Дрвар, Језеро, Кнежево, Козарска Дубица, Котор Варош, Крупа на Уна, Костајница, Купрес, Лакташи, Мркоњиќ Град, Нови Град, Оштра Лука, Петровац (Дрниќ), Прњавор, Рибник, Србац, Челинац и Шипово. За време на средбата посебно се нагласи економската соработка меѓу Македонија и Република Српска, како и регионот на Бања Лука со Македонија, за што се констатира дека меѓусебната размена за 2016 година изнесува околу 30 милиони САД долари, а постојат
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
реални предуслови таа да биде многу поголема. Во продолжение на престојот во Бања Лука се посетија компаниите „Фрутела Гроуп“, „Фратело Траде“ и „Огимил“ кои соработуваат со македонски компании од областа на прехранбената индустрија и винарството. Исто така, се реализира посета на Саемот за градежништво, декор и дизајн „ГРАМЕС 2017“ на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Австрија и др. На Саемот претежно учествуваа компании од градежната индустрија, обновливите извори на енергија, од преработувачката индустрија, електроиндустријата и информатичката технологија.
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
21
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
За време на посетата на Саемот се реализира и средба со директорот на Саемот Драгољуб Бојаниќ, кој изрази големо задоволство за посетата, посакувајќи и компании од Македонија да учествуваат на саемските манифестации кои ги организира Саемот од Бања Лука. Разгледувајќи го Саемот, претставниците од Македонија остварија контакти со повеќе излагачи на Саемот, со цел да воспостават меѓусебна соработка. На крај од работната посета на Подрачната стопанска комора од Бања Лука договорено е да се продолжат меѓусебните контакти и да се оствари возвратна посета на нивна делегација во Прилеп во текот на јуни 2017 година. Ристо Најдоски
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 24 март 2017, Бр. 300
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ - ПРВАТА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗАПОЧНА ВО ВЕЛЕС Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа првата информативна сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Закон за безбедност и заштита при работа“. Настанот се одржа во хотелот „Романтик“ во Велес, на 22.3.2017 година. Предавач на информативниот настан беше Снежана Петковска, адвокат за деловно право од Скопје, која пред присутните компании го објасни Законот за работни односи во делот на засновање на работен однос, заштита на личноста и личните податоци на
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
23
РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
работникот, договорите за вработување и условите за работа, како и Законот за безбедност и здравје при работа. Главен осврт даде на дел од подзаконските акти кои се однесуваат на секторите: градежништво, ИТ-секторот, земјоделството и текстилната индустрија. Целта на овој информативен настан беше информирање на компаниите и институциите за подобра усогласеност со законската регулатива преку детектирање на промените што би сакале да ги видат во соодветните регулативи. На настанот присуствуваа повеќе од 30 учесници од повеќе сектори и тоа од градежниот, текстилниот, металниот и прехранбениот сектор, од трговските друштва на големо и мало, како и претставници од Јавното комунално претпријатие, од општините Велес, Чашка и Градско и претставници од Вардарско-планскиот регион кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на законите. Овој настан претставуваше и можност каде се детектираа и се запишаа значајни податоци за проблемите на микро, малите и средните претпријатија во овие области кои ќе се искористат како материјал за организирање други целни активности во рамките на Проектот за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во претстојните години во кои ќе се спроведува Проектот. Во периодот од 22 март до 7 јуни 2017 година ќе се реализираат 18 информативни сесии во 10 градови: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје на три теми: 1. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и Законот за безбедност и заштита при работа; 2. Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика и 3. Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Донесувањето на подобра бизнис-регулатива и полесно имплементирање на законите, како и јакнење на јавно-приватниот дијалог се главните приоритети на новиот четиригодишен проект предводен од трите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ирена Жарова
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 24 март 2017, Бр. 300
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
28.03.2017 Презентација Факултет за информатички и комуникациски технологии
Инфо сесија на Фондот за иновации и технолошки развој и Македонска банка за поддршка на развојот
На оваа средба ќе бидат претставени инструментите за финансирање преку Фондот за иновации од објавениот четврт повик за Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф, и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, како и кредитните продукти, кредитно осигурување и факторинг од Македонска банка за поддршка на развојот. Ги покануваме сите заинтересирани претприемачи, менаџери, старт ап компании, студенти и други лица кои сакаат да дознаат повеќе информации за можностите за финансирање кои се нудат преку овие инструменти, да земат учество на инфо денот кој ќе се одржи на 28-ми март 2017 година во Факултетот за информатички и комуникациски технологии, ул.Партизанска бб (комплекс Касарна) Битола со почеток од 11:00 часот.
Контакт: Никола Димковски Тел: +389 47 225 088 Факс:+389 47 202 614 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: regiobt@mchamber.mk
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар: ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ
28.03.2017 година (вторник) 10:00-14:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија, на 28 март 2017 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на договорите за превоз на стоки и шпедиција, нивната правна природа, видот на правата и обврските кои произлегуваат од нив и доказите кои се неопходни за разрешување на спорните прашања во текот на судските постапки. Предмет на разгледување ќе бидат одредбите од Законот за облигациони односи кои се заеднички за сите видови договори кои се среќаваат при реализацијата на услугата транспорт на стоки, ќе се анализираат поединечните одредби и ќе се посочи на особената важност на одделни права и обврски на превозникот или шпедитерот, нивната застапеност во споровите од трговското право. Паралелно за секој од видовите договори ќе се посочат и доказите кои како нужни треба да се приложат кон тужбата или одговорот на тужба при различни основи на побарувања, долг, штета, осигурување. Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови, проблеми во врска со примената на Законот за облигациони односи и ќе се дадат можни решенија за нивно надминување. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
26
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29 март 2017 година (среда), 11:00-14:30 часот Хотел „Фени “ Кавадарци
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА
Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА. Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони. Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за даночна и царинска политика, што ќе се одржи на 29 март 2017 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Фени“ – Кавадарци. Предавач на информативниот настан од областа на царинската регулатива ќе биде Ленка Петковска, која работи во областа на царинската законската регулатива од 1990 година, и како правник вработена во Министерството за финансии на Република Македонија, учествувала во изработката и донесувањето на сите акти во областа на законите за царина, правилници и подзаконски акти, почнувајќи од изработка, носење и имплементација на првиот Закон за царина во 1993 година и во изработка и носење на сите следни законски акти. Како претставник на Министерството за финансии, учествува во комисии и меѓуминистерски работни групи во текот на изработка на важечкиот царински закон, Законот за царинска тарифа и други прописи од областа на царинската регулатива. Од областа на даноците предавач ќе биде Славко Лазовски, кој целиот работен текст го поминал работејќи на полето на даноците, започнувајќи како општински даночен инспектор, па републички инспектор, началник на Републичкиот финансиски инспекторат до советник на неколкумина министри за финансии. По пензионирањето, како раководител на Одделението за ДДВ во Министерството за финансии, активно работи во Центарот за даночна политика (еден од основачите) и во Здружението на финансиските работници од локалната самоуправа, каде им стои на располагање на општинските даночни администрации за консултации. Потесни специјалности: ДДВ, даночна постапка и локални даноци. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 24 март 2017 година (петок), со регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click: https://goo.gl/forms/t5SSa7F4jzEalrDC3 Контакт: Тања Мицева, Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044, E-адреса: tanja@mchamber.mk
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Дводневен семинар на тема: РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО
30-31.3.2017 година 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Лошото препознавање, евидентирање и следење на ИТ-ризикот, како и користењето на небезбедни решенија може да доведе до одлив на доверливи информации, нарушување на работењето, пад на продажбата, губење на важни клиенти или едноставно – престанок на работењето на компанијата. Денес голем број компании ги екстернализираат своите услуги со цел да ги оптимизираат своето работење и ресурсите кои ги ангажираат. Дали во Вашата компанија овој процес е добро уреден? На кој начин најдобро ги дефинирате гаранцијата на нивото на квалитет на услугите (SLA), чувањето на доверливи информации (NDA), пенали и други критични ставки? Семинарот е наменет за: раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТстандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои имаат потреба од заштитен пристап, како и заштита на самите информации поради висок степен на одговорност и ризик во стопанските друштва. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 24 март 2017, Бр. 300
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
6.4.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар: ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА СЕГАШНОСТ И ИДНИНА
Во современите услови на работење, се` поактуелна е темата за дигитална трансформација.
Компаниите како: Airbnb, Uber, Alibaba и многу други, претендираат да бидат лидери во својата област, област која се базира исклучиво на давање електронски услуги на корисниците преку примена на нови технологии. Со тоа се развива свеста дека е неопходно да се промени аголот на гледање и сфаќање на традиционалните начини на водење на бизнисот. Тоа е причината за уште позначајната улога која ја има топ менаџментот, а тоа е сфаќање и прифаќање на можностите кои ги нуди новата технологија.
Појавата на нови технологии како: Cloud Computing, IoT, 3D printing, Machine learning, Big-
Data и многу други, драматично ја зголемуваат потребата за трансформација на традиционалните бизнис процеси со нови бизнис модели, процеси и услуги, каде што корисниците се во центарот на вниманието, со цел да се добие подобра конкурентска
позиција
во
немилосрдната
конкуренција. Во контекст на дигитализацијата, дури и класичната економија го доби „Д” префиксот и стана дигитална економија. Затоа не е чудно што се појавија и крипто валути, како и Bitcoin, кои меѓу другото претставуваат алтернатива на класичните пари.
Сепак, треба да се има предвид дека
изобилството на новата технологија има и друга страна, а тоа е нивото на безбедност кое злонамерните актери сакаат да го искористат. Трансформацијата на бизнис процесите со оптимален сооднос на примената на новите технологии и соодветна заштита обезбедува предуслови за успешна дигитална трансформација на компанијата.
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 24 март 2017, Бр. 300
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
9-10 мај 2017 година во Луксембург
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”
Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при
Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург
Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа
2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.
„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и
технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .
На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на
филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.
Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и
партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,
Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник
од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 24 март 2017, Бр. 300
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “
15 мај 2017, во Нови Сад, Србија
Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
32
петок, 24 март 2017, Бр. 300
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
„Global Business & Markets“
Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува
да воспоставите контакти со нови деловни партнери
Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија
Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.
Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за
поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.
На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна
соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:
www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на
www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 24 март 2017, Бр. 300
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
33
34
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 24 март 2017, Бр. 300
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088