Бизнис ИНФО, број 272

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Број 272

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2016

FS 549642

24.06.2016

Висока делегација од Р. Франција во посета на Стопанската комора на Македонија

ФРАНЦУСКИТЕ ИСКУСТВА И УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОМЕЃУ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ОД РАЗЛИЧНИ СТОПАНСКИ СЕКТОРИ И БАНКАРСКИОТ СЕКТОР Во организација на Стопанската комора на Македонија се одржа тркалезна маса помеѓу претставници од компаниите и банкарскиот сектор кои работат во Република Македонија, посветена на кредитната поддршка од страна на банките за компаниите од различни стопански сектори (22 јуни 2016 година). Целта на тркалезната маса беше да се идентификуваат поедноставни решенија за поефикасна поддршка на конкурентноста на компаниите преку обезбедување поволни финансиски средства.

Настанот го отвори Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности при Стопанската комора на Македонија, при што ги истакна неопходноста и потребата од поефикасна и поинтензивна соработка помеѓу претставниците од реалниот и банкарскиот сектор во Република Македонија, во насока на поттикнување на добри проекти кои би биле финансирани од страна на банките.


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

АКТУЕЛНО

Претставниците на компаниите ја истакнаа неопходната потреба од финансиски средства како би ја подобриле самата ликвидност во работењето, имајќи предвид дека плаќањето на репроматеријали спрема странските добавувачи е однапред или со давање на банкарска гаранција, а од друга страна мора да ги почитуваат роковите на испорака спрема купувачите. Оттука, суштината во ваквата моментална состојба на стопанството не е правење профит на фирмите, туку одржување на ликвидноста како би можеле да опстојат и самите компании. Од страна на банките беше истакнато дека имаат доволно финансиски средства за кредитирање како на населението така и на стопанството, имаат воведено и дополнителни кредитни линии од сопствени средства за одредени стопански дејности (земјоделство, преработувачка индустрија и транспорт) каде каматните стапки се движат од 5-6%. Исто така, посочија дека и покрај последната одлука од страна на НБРМ, комерцијалните банки во моментот не носат одлуки за зголемување на каматите на кредитите и дека има простор и можност за финансирање на стопанството со поволни каматни стапки.


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

5

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

Висока делегација од Р. Франција во посета на Стопанската комора на Македонија

ФРАНЦУСКИТЕ ИСКУСТВА И УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија организираа деловна средба преку посетата на високата делегација од Република Франција која престојува во Република Македонија. Во центарот на интересот на делегацијата е промоцијата на регионот Алзас и унапредувањето на економската соработка со Република Македонија (21.6.2016 година). - И покрај потенцијалите на двете страни и присутноста на инвестиции во повеќе области во Република Македонија, веќе подолг период стопанствениците од Република Македонија и воопшто Комората нагласува дека економската соработка треба и може уште повеќе да се унапреди, - истакна д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. - Но, нашата бизнис-заедница на Република Франција гледа како иден поддржувач на техничко-технолошкиот развој во Република Македонија, особено во развојот на винскиот туризам, медицинскиот сектор, текстилот и прехранбениот сектор, и тоа треба да се поддржи и да се спроведе од страна на сите заинтересирани страни. За таа цел, како што имаше средби до сега така и во следниот период од страна на Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Р. Франција во Р. Македонија ќе бидат преземени чекори за организација на повеќе деловни средби меѓу македонски и француски компании меѓу кои и од регионот Алзас со цел поврзување на целиот регион на Република Македонија, со фирмите од останатите 16 активни комори кои делуваат во нашата земја. Исто така, како што подвлече д-р Георгиева, во 2009 година во Стопанската комора на Македонија е формиран Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји, кој брои околу 40-тина македонски и француски компании. -Со големата поддршка што ја добиваме од страна на амбасадорката Оер, имаме заедничка цел да ја подобриме соработката во наредниот период, бидејќи, според статистичките


6

БИЗНИС ИНФО

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

7

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

податоци, трговската размена меѓу двете земји може да биде многу подобра, - истакна д-р Георгиева. Реална можност за пообемен и поефикасен влез на францускиот, а со тоа и на европскиот пазар на македонските компании, исатакна Георгиева се очекува и со потпишаната Конвенција за Фокална точка меѓу Стопанската комора на Македонија и Меѓународната франкофона организација со седиште во Париз. Имено, со тоа се вклучуваме во мрежа од фокални точки кои на компаниите ќе им помогнат и ќе ги охрабрат да ги согледаат предностите и користа од пазарот што се отвора за нив преку јавните меѓународни тендери низ кои тие можат да пласираат свои производи и услуги во земјите од регионот па и пошироко во други земји во развој, како Африка, Блискиот Исток и слично. Во врска со ова, Комората ќе објавува редовно тендерски информации, ќе организра семинари и ќе им помага на фирмите да ги подготвуваат тендерските досиеја со цел да направат конкурентна понуда и да ги задоволат критериумите на меѓународните тендери за набавки. - Оваа средба ја инициравме со цел да ги разгледаме можностите и начинот за соработка што се нудат во Република Македонија и отворени сме за соработка со регионите и компаниите од Македонија во делот на туризмот, гастрономијата, виното, преку взаемно пренесување на технологии и добри пракси, - истакна госпоѓата МариРен Фишер, регионален советник и заменик-претседател на Агенцијата за промоција на регионот Алзас. - Уште пред 2 години додјдовме на идеја и отпочнавме да ја стимулираме и


8

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА унапредуваме соработката во делот на виното и се надеваме дека тој тренд ќе го задржиме и ќе го зголемиме и наредните години, - подвлече Лоренс Оер, амбасадорката на Република Франција во Република Македонија. – Можности за зголемена соработка постојат во земјоделско-прехранбениот сектор, гастрономијата, текстилот и резервните делови од автомобилската индустрија. Амбасадорката порача дека во Република Македонија постои финансиска стабилност и капацитет и одлично деловно опкружување за да може во земјава да се позиционираат француските компании. Делегацијата, предводена од госпоѓата Лоренс Оер, амбасадор на Р. Франција во Р. Македонија, ја сочинуваа госпоѓата Мари-Рен Фишер, регионален советник и заменик-претседател на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, господинот Филип Шукрун, директор на Агенцијата за промоција на регионот Алзас, господин Жерар Стедел, претседател на Меѓународната унија на Алзашаните и директор на Претставништвото на „Crédit Mutuel” во Германија, господин Жак Шлеф, претседател на Здружението Алзас - Македонија, кои го промовираа овој регион, особено на економски, туристички и гастрономски план, со цел зајакнување на соработката со Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Франција во првите четири месеци од 2016 година достигна вредност од 41,3 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 8,3 милиони САД $ додека увозното салдо изнесува 33 милиони САД $. Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 24,8 милиони САД$. Република Франција е 23-ти надворешнотрговски партнер на Република Македонија во периодот јануари-април 2016 година. Ирена Мојсовска


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

9

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор

ЕЛИМИНИРАЊЕ НА „СИВАТА“ ЕКОНОМИЈА - РЕШЕНИЕ ЗА УСПЕШНО УПРАВУВАЊЕ СО КОЛЕКТИВНИТЕ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, на прес-конференција (20.6.2016 година), информираше за активностите што ги презема со цел елиминирање на „сивата“ економија како основа за успешно управување со колективните станбени згради. Претседателот на Групацијата, Васе Самараков истакна дека согласно последниот извештај од Регулаторната комисија за домување, од вкупно 47 правни лица во моментов во регистарот што го води Комисијата активни се 36 правни лица регистрирани во 11 градови низ земјата, во кои директно се вработени преку 360 лица, а индиректно преку договори за услуги од делокругот на управувањето (одржување хигиена, занаетчиски работи и слично)


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА се обезбедува работа и за голем број вработените во правните субјекти кои нудат услуги од ваков тип. За сите нив, посочи Самараков, лиценцираните управители како правни субјекти редовно ги плаќаат обврски кон државата, придонеси, даноци и други видови давачки. Во таа насока, учеството на овие правни субјекти во домашната економија не е за занемарување, ако се има предвид неколкукратниот бенефит. Нови вработувања, редовно плаќање на давачките кон државата, намалување на „сивата“ економија, од аспект на евиденција на вработувања за хигиена по влезовите, мајсторските работи и сл.

Заклучно со декември 2015 година, 2 577 станбени згради се управувани од лиценцираните управители (со вкупно 53 321 посебен дел, односно станови и деловни простории), за разлика од првото полугодие на 2015 година кога тој број изнесуваше 2 412 (со вкупно 52 781 посебен дел). За истиот период во Централниот регистар на Македонија има регистрирано вкупно 2 896 заедници на сопственици, при што во пораст е тенденцијата на бришење на заедници на сопственици на посебни делови, а зголемување на бројот на ангажирање на управители, или вкупно 5 473 станбени згради се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесува. Оваа бројка, според извештајот на Регулаторната комисија за домување, покажува дека повеќе од 50% од вкупно регистрираните 10.000 згради со пописот во 2002 година функционираат согласно Законот за домување. Но имајќи ја предвид градежната експанзија во делот на станбени згради во изминатите години, може слободно да се каже дека бројката


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО на станбени згради е далеку поголема. По 6 години функционирање на пазарот, лиценцираните управители преку Групацијата при Комората, по одржани серија последователни седници и состаноци заклучија дека постојат проблеми со кои се соочуваат во тековното работење од аспект на непочитување на законите кај дел од правните субјекти регистрирани за дејноста кои претставуваат нелојална конкуренција на пазарот, во повеќе сегменти, додаде Даниела Михајловска Василевска, од Стопанската комора на Македонија. Како проблеми за коишто е неопходно итно решение, Групацијата ги посочува: 1. функционирањето на лиценцирани управители кои се` уште не издаваат фактури за своето работење, туку уплатници и тоа за неколку месеци однапред што е спротивно на законот; 2. кај одредени лиценцирани управители не се дефинирани ставките во резервниот фонд, а други пак со дел од парите од фондот што се исклучиво наменети за инвестициски активности, плаќаат за тековно одржување, што е исто така незаконски; 3. проблеми настануваат и при преземање на зградите од еден на друг управител, во обврската да се предаде целосната документација, поради што се случува да се оставаат згради со огромни долгови, а средствата од резервниот фонд се потрошени; 4. членките на Групацијата за домување бараат надлежните релевантни институции да ги заострат мерките при одземање на лиценците на управителите; 5. да се регулира постоењето на подружниците, со образложение дека лиценцирани управители регистрирани со седиште во еден град немаат подружници кога го шират својот бизнис во друг град и нема каде да им се обратат ниту станарите ниту пак други фирми кога треба да остварат контакт со нив; 6. да се иницира формирање посебна инспекција за домување на државно ниво (за разлика од сега која постои на локално ниво), која би била под надлежност на Инспекцискиот совет. Сите овие таксативно наброени проблеми, се доставени и до Регулаторната комисија за домување, а ќе бидат доставени и до надлежното Министерство за транспорт и врски, со надеж дека нивното елиминирање, односно решение ќе обезбеди фер услови на пазарот во насока на задоволување на потребите на крајните корисници, а тоа се граѓаните. Решавањето на проблемите во дејноста не е за занемарување, ако се имаат предвид податоците и бројките за учеството на оваа дејност во вкупната економија, наброени на самиот почеток. Даниела Михајловска Василевска


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ВЕЛЕШКИ „БРАКО“ ЌЕ ВРАБОТУВА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ Ученици кои годинава матурирале во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес ќе имаат можност оваа лето да се вклучат во платена пракса во Металната индустрија„Брако“ во Велес, врз основа на склучениот договор на БРАКО и ССОУ „Коле Неделковски“, а со поддршка на Општина Велес и Стопанската комора на Македонија. Како што информира Кочо Анѓушев, претседател на Одборот на директори на „БРАКО“, најдобрите триесет ученици кои ќе бидат вклучени во праксата на 1 септември годинава ќе имаат можност да бидат и вработени во компанијата. Како што информира Анѓушев „БРАКО“ инвестира 4 милиони евра во изградба на нова хала за која веќе е набавена најсовремена опрема CNC компјутерски водени машини и за кои оператори ќе бидат обучени нововработените во оваа програма. - Сметаме дека овие машини треба да ги водат млади обучени луѓе кои не се плашат од техника и технологија. Воедно, сакам да искажам благодарност до ССОУ „Коле Неделковски“,


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

13

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

со кои воспоставивме соработка како и со Општина Велес. Ова е можност за младиот кадар од ова училиште прво практично да се обучи, а потоа и да најде свое вработување. Што е посебно важно соработка со училиштето нема да биде еднократна туку трајна, а дел од нашите постари машини на „БРАКО“ и кои се во добра состојба ќе бидат префрлени во училиштето за да можат на нив да се обучуваат и следните генерации ученици, потенцира Анѓушев. Боро Ристовски директор на ССОУ „Коле Неделковски“ искажа голема благодарност до раководниот тим на „БРАКО“ и до Општина Велес за искажаната доверба и соработка. - Ваков вид соработка е неопходна од аспект на пренесување на вештини и знаења, но уште повеќе со можност за вработување. Тоа многу придонесува и за развој на заедницата преку создавање добро обучени и подготвени кадри кои ќе продолжат да создаваат кариера на локално ниво, потенцира Ристовски. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија која го поддржа овој проект, информира дека ова е прв ваков пример во Македонија. - Овој пример на кој работиме веќе една година е по пример во Германија, Австрија и Швајцарија и тој е одлична можност за соработка на стопанството и образованието што е многу важно за развојот на стопанството во една земја, потенцира Азески. Како што потсети Кочо Анѓушев, „БРАКО“ е лидер за производство на метални, челични, жичани и други производи кои се неопходни за индустријата, медицинскиот и транспортниот сектор. - Веќе 13 години „БРАКО“ е препознатлив возен бренд на Македонија од секторот на металната индустрија, од кој дури 95 проценти од производството во Велес и неговата фабрика на „БРАКО“ која се наоѓа во Панчево во Србија е наменет за извоз во 21 држава во Европа, како и САД и Јапонија. Вкупниот промет на „БРАКО“ моментално е близу 27 милиони евра, информира Анѓушев. (МИА)


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ПРВАТА ДИВИДЕНДА НА „ОКТА“ АД Скопје ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА ПРЕКУ ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ Централниот депозитар за хартии од вредност за првпат посредува во пресметка и исплата на дивиденда што компанијата ОКТА ќе им ја подели на своите акционери. Во 2015 година компанијата ОКТА оствари подобрени резултати и профитабилност споредено со претходните години. За првпат од основањето на компанијата, на акционерите на ОКТА ќе биде доделена дивиденда.

„Резултатот од позитивниот раст на компанијата е дивидендата што ќе ја добијат нашите акционери. Се одлучивме да одиме преку Централниот депозитар за хартии од вредност затоа што поседува технички, персонален и институционален капацитет за извршување на овој вид трансакција за исплата на дивиденда на брз и ефикасен начин. Извршувањето на овој процес преку оваа институција има бенефити и за акционерите, но и за нас како акционерско друштво“, изјави Јанис Героланос, Главен извршен директор на ОКТА.


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

15

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА

Депозитарот е единствена специјализирана институција во Република Македонија која врши упис на новоиздадените хартии од вредност и ги евидентира сите други промени кои се однесуваат на издадените хартии од вредност, притоа применувајќи бројни домашни и меѓународни стандарди. Депозитарот располага со податоци со ажурирана состојба на сопственоста на хартиите од вредност во секој момент. Токму тоа и овозможува брзо и ефикасно трансферирање на дивидендата. „Бенефитот за компаниите од користењето на услугите на Депозитарот при исплатата на дивидендата и данокот кон Управата за јавни приходи на Република Македонија е капацитетот на Депозитарот во извршувањето на овие активности и сеопфатноста на услугата која ќе ја спроведеме, при тоа гарантирајќи високо ниво на доверливост и прецизност што на крајот ќе резултира со задоволни акционери на компанијата. Задоволство ни е што ОКТА АД-Скопје ги препозна овие квалитети на Депозитарот и што исплатата на дивидендата за нејзините акционери ќе ја спроведе токму преку Депозитарот”, изјави Елена Јакимовска Петровска, Извршен директор на Депозитарот. Сите акционери на ОКТА на адресите кои се евидентирани во Депозитарот ќе бидат писмено поканети да достават податоци за нивните трансакциски сметки заради исплата на дивидендата. Со цел мисијата да биде успешно реализирана, Депозитарот ќе ги стави на располагање своите човечки ресурси и сите акционери кои ги немаат ажурирано своите податоци во Депозитарот, можат да се обратат директно до Депозитарот. На овој начин, реализацијата на акционерските права на акционерите на ОКТА ќе зависи само од нивната ажурност за доставувањето на потребните информации до Депозитарот.


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори

НЕОПХОДНИ СЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ДОНЕСЕНИОТ ПРАВИЛНИК ЗА ИЗВОЗ, УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ОТПАД Иако донесен пред 20-ина дена, Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад („Службен весник на РМ“ бр. 107 од 6.6.2016 година), неопходно е да претрпи измени и дополнувања, со цел истиот да може непречено да се применува, беше заклучено на седницата на Управниот одбор на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори, одржана на 22 јуни 2016 година во Стопанската комора на Македонија. Членовите на Управниот одбор на Асоцијацијата ги дефинираа предлозите за измените и дополнувањата, а едно од посуштествените барања се однесува на членот кој ја дефинира премолчената согласност при извоз и увоз на неопасен отпад, со којшто впрочем се овозможува најавениот процес на либерализација и поедноставување на постапките на извозот, увозот и транзит на неопасниот отпад. Доколку не дојде до


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

ваквите измени, стопанствениците можат да се соочат со долгите рокови за добивање согласност, што не е во склад со потребните процеси на слободно движење на неопасниот отпад, присутно во регулативите на земјите-членки на Европската унија. Неопходно е и дополнување на Правилникот во делот каде што се дефинираат субјектите кои можат да вршат трговија со неопасен отпад, со тоа што е потребно да се додаде дека посредникот треба да поседува дозвола за вршење на дејноста складирање, третман и/или преработка на отпад, согласно член 32-а од Законот за управување со отпад. Предлозите уште денес ќе бидат доставени до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за добивање приоритет во реализација на бараните измени и дополнувања. Процедурата за донесување на Правилникот за извоз, увоз и транзит на отпад траеше речиси една година, по што стопанствениците се соочија со решение кое и натаму го отежнува процесот на работење. Во тој контекст, до реализирање на потребните измени и дополнувања од присутните претставници од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање беше побарано во најкус можен рок да се даваат потребните согласности за извоз и увоз на неопасен отпад. Зорица Мешкова


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Групација за противпожарна заштита

ЌЕ СЕ ИСПОРАЧААТ НОВИ БАРАЊА НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА ДО ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА АМБИЕНТОТ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ Членките на Групацијата за противпожарна заштита, на седницата одржана на 22.6.2016 година во Стопанска комора на Македонија, расправаа за заклучоците од работилницата на Противпожарниот сојуз на Македонија, одржана на 26.11.2015 година, а во врска со актуелните состојби во оваа дејност и за активностите кои треба да се преземат за подобрување на амбиентот за стопанисување на стопанските субјекти од оваа област. Како проблеми во работењето се посочија недостатокот на контрола на исправноста на противпожарните апарати и квалитетот на сервисирањето на истите и нелојалната конкуренција. Се посочија проблеми и за дефинирање која институција ги спроведува и ги контролира уредите, опремата и средствата за гасење, во согласност со прописите за стандардизација, акредитација и оценка за сообразност. Во дискусијата се истакна дека за подобрување на работата на стопанските субјект неопходно е да се изврши ревидирање на лиценците и да се провери нивната усогласеност со Законот за пожарникарство, а ревидираната листа да се објави на сајтот на Дирекцијата за заштита и спасување. Воедно, се истакна дека е потребно поконкретно да се дефинираат техничките нормативи и стандарди, како и да се укаже на задолжителните постапки при одржување,


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

сервисирање и испитување на ПП согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителот. Укажана е потребата од донесување на дополнителни прописи од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, за начинот, постапката и роковите во кои треба да се изврши испитувањето на противпожарната опрема. Исто така, неопходно е Дирекцијата за заштита и спасување да изврши контрола на сите сервиси за противпожарна заштита, односно со каква опрема располагаат, начинот на сервисирање и сл. На седницата се поддржаа заклучоците за изготвување на измени и дополнување на прописите со кои ќе се издвојат овластувањата за вршење на работа на сервисирање и одржување на системи за откривање и јавување на пожар, за гасење пожар и за системи за откривање експлозивни маси, воведување правна обврска за полагање стручен испит за изведба, сервисирање и одржување на ПП-системи, воведување подзаконски акти за сервисирање, одржување и испитување на ПП-апарати, вршење задолжителен годишен инспекциски преглед, доследно спроведување на стандардизација и акредитација, сообразност при увоз на ПП-апарати и друго. Војкан Николовски


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Битола

ОДРЖАНА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА: „КАКО ДА ДОБИЕТЕ ПАРИ ЗА СВОЈАТА ИДЕЈА ВО 7 ДЕНА?“ На 18.6.2016 година во Битола во организација на ЦЕФЕ Македонија и Регионалната комора со седиште во Битола се одржа еднодневна обука на тема: „Како да добиете пари за својата идеја во 7 дена?“. Обуката беше наменета за претставници од бизнис-секторот, невладини организации, претприемачи, менаџери, студенти, иноватори, вработени, професори, вработени во јавната администрација, финансиери и сите кои имаа интерес да добијат информации за дополнителни финансии за реализација на своите идеи. Обучувач на настанот беше Сем Вакнин, претприемач, писател и косопственик на неколку странски компании од сферата на финансиите, економски аналитичар, поранешен економски советник на влади и мултинационални компании на 3 континенти, вклучувајќи ја македонската Влада и Министерството за финансии на Република Македонија. На оваа обука беа презентирани преку 30 алтернативни модели на финансирање на стартапи, мали и средни фирми, фамилијарни бизниси (краудфандинг, бизнис-ангели, акцелератори, иновациски фондови, европски фондови, билатерални фондови, ризичен капитал и др.). Присутните имаа можност да учествуваат во три сесии составени од презентации, дискуси и студии на случај и практична работа. Подетално беа претставени: • информации за над 30 некласични начини на финансирање кои се на располагање за реализација на секакви идеи; • мотивација за проактивност во барањето и искористување на овие фондови и • практично знаење за пополнување на апликациите и конструкција на бизнисплановите. Најголем акцент на алтернативното финансирање му се даде на краудфандинг (crowdfunding) или во лесен превод масовно финансирање како најактуелен и најпопуларен начин за пристап до инвестициски капитал. Иако релативно нов термин кој зема замав во последните две години, според статистичките показатели во 2015 година бележи тренд


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

21

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

на развој на ниво на индустриска гранка. Вкупната глобална crowdfunding индустрија по проценетата количина на прибирање финансиски средства во 2015 година изнесува околу 34 милијарди САД $ од кои: • P2P или директно кредитирање 25 милијарди САД $; • награди и донации од crowdfunding: 5,5 милијарди САД $; • капитален crowdfunding: 2.5 милијарди САД $. По светски региони, распределбата на пласирани средства е: Северна Америка 17,2 милијарди САД, Азија 10,54 милијарди САД $, Европа 6,48 милијарди САД $, Океанија $ 68,6 милиони САД $, Јужна Америка 85,74 милиони САД $, Африка 24,16 милиони САД $. Како во моментот најпопуларни интернет-апликации за овој начин на финансирање кои се достапни и за Република Македонија се www.kickstarter.com и www.indiegogo.com за кои пред присутните се претставија и практични примери за аплицирање. Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе продолжи да организира информативни настани од овој карактер, како и да обезбедува информации за сите заинтересирани компании од регионот кои имаат потреба за поддршка на своите бизнисидеи и инвестиции. М-р Никола Димковски Регионална Комора Битола


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Презентирани можности за финансирање иновациски проекти

ИНФО-ДЕН НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ ВО БИТОЛА Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Регионалната комора со седиште во Битола, на 23.6.2016 година во Битола, организираа информативна сесијата за повикот за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт ап и спин оф компании“. Целта на оваа сесија е да се дадат потребните информации за аплицирање во рамките на достапните фондови и поддршка што ги нуди ФИТР. Фондот за иновации и технолошки развој служи за поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и на иновации


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

23

РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

што придонесуваат за создавање нови работни места и за економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за развој на конкурентските способности на компаниите. За презентираниот инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог-проект. Презентациите се прават на територијата на целата земја. На територијата на Пелагонискиот регион досега се одобрени два проекта - на една фирма од Битола и една од Прилеп. И за бизнис-заедницата од регионот е во интерес да се добиваат што повеќе средства за проекти. Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани да го погледнат Јавниот повик на веб-страницата на Фондот http://www.fitr.mk/ и да земат активно учество на информативните настани. Со цел да се поттикне иновативноста и да се зголеми степенот на информираност на самите компании за овие финансиски средства, Регионалната комора со седиште во Битола и во претходниот период имаше организирано две вакви информативни средби во соработка со Фондот и со општините од регионот, а и во иднина ќе продолжи со информирање на компаниите за сите достапни можности за финансиска поддршка. М-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ВЕСТИ ОД СВЕТОТ

ЕВРОПСКА УНИЈА - НЕВРАБОТЕНОСТА КАЈ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ СЕ’ ПОЧЕСТА Над четири милиони млади луѓе во Европската унија се невработени, а тој проблем е уште поголем во земјите од Западен Балкан. Поради тоа неопходно е подобро усогласување на образованието и вештините кои ги бараат работодавачите, оценија учесниците на конференцијата за перспективата на младите на Западен Балкан. Обраќајќи им се на учесниците на собирот, одржан во седиштето на Европскиот парламент во Брисел, еврокомесарката за регионална политика Корина Крецу рече дека над 40 отсто работодавачи во ЕУ тврдат дека не вработуваат луѓе, кои не ги поседуваат соодветните вештини.

Промена на сопствеништвото СЛОВЕНЕЧКАТА „ПАЛОМА“ ПОВТОРНО НА ПРОДАЖБА По повлекувањето на полскиот финанскиски фонд „Абрис Капитал“ од словенечката „Палома“, сега интерес за неа пројави словачката фирма „Еко-Инвест“, пишува љубљански „Дневник“. Наместо одредениот минимален износ од ланската година, за докапитализација на „Палома“ од 15 милиони евра, „Еко-Инвест“ за словенечката компанија нуди повеќе од 18 милиони евра свеж капитал. Докапитализацијата би била со откуп на акции. Словаците за акција нудат 4,01 евро, додека понуда на „Абрис Капитал“ изнесуваше 3,3 евра.


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

25

ВЕСТИ ПОДВЛЕЧЕНО ОД СВЕТОТ

Сингапур - ПРИФАЌАЊЕ НА „СИЛАТА“ НА КИНЕСКАТА ВАЛУТА Централната банка на Сингапур соопшти дека од јуни оваа година финансиските вложувања во кинески јуан ќе ги третира како дел од своите официјални девизни резерви. Тој потег го рефлектира растечкото меѓународно прифаќање на кинеската валута. Монетарните власти на Сингапур наведоа дека оваа одлука ја „признава стабилната и добро одмерена либерализација на кинеските финансиски пазари и растечкото прифаќање на (јуански) активи во глобалното портфолио на институционалните инвеститори”.

Република Грција „БОЛКАТА“ НА НЕПЛАЌАЊЕ ДАНОК Грција губи близу 12 милијарди евра годишно поради неплаќање на даноци, а во исто време на годишно ниво таа троши 28 милијарди евра за пензии, 15 милијарди евра за плати во државниот сектор и 12 милијарди евра годишно за отплата на долговите на државата, покажа истражувањето на организацијата „Дианеосис“. Како што објави весникот „Имерисија“, организација си поставила за цел да го разгледа проблемот со неплаќањето на даноците во Грција и да предложи решенија, бидејќи според неа, од 1975 година во земјата се донесени 240 закони за даноци и не е решен проблемот со даночните затајувања. Грчките експерти проценуваат дека за да се реши проблемот со неплаќањето на даноци во земјата, треба да биде намалена даночната стапка, да се зголеми даночната контрола и борбата со корупцијата, да се воведе употреба на виртуелни пари или електронско плаќање и да се работи на создавање на нови структури и формирање на даночна свест.


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

28 јуни 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел да им се овозможи соодветна стручна подготовка на лицата кои се имаат пријавено за полагање стручен испит по безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 28 јуни 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневна обука на тема: МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ СТРУЧЕН ИСПИТ ПО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на Р. Македонија“ БР.138). Врз основа на член 46, став 2 од Законот на безбедност и здравје при работа („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 92/07), донесен е Правилник за условите, начинот и програмата за полагање сручен испит за безбедност и здравје при работа. Обучувачи на оваа обука ќе бидат: Претставници на Држaвен Инспекторат за труд, инженери и стручни лица за безбедност при работа, кои работат и делуваат секојдневно во областа на безбедноста и здравјето при работа во сите индустриски гранки и доктор по медицина на труд.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до: 23 јуни 2016 година.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27.6.2016 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРАВИЛНИЦИ И АКТИ НА РАБОТОДАВАЧОТ, ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА, ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ КАЈ ВРШИТЕЛИ НА ЕКОНОМСКА ДЕЈНОСТ

Стопанската комора на Македонија во соработка со „Каунт“ - Скопје на 27.6.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Правилници и акти на работодавачот, плата и надоместоци на плата, практична примена на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување при пресметка на придонеси кај вршители на економска дејност, вршители на професионална и друга интелектуална услуга, практични примери на пресметки на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси и надоместоците од плата низ примена на Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на добивка“. Цел на семинарот Примена на легислативата со која се уредува пресметката на плата и надоместоци на плата, пресметка на придонеси кај економските вршители на дејност, специфичности во начинот на пресметка на плата, практични примери, како и кои интерни акти мора да ги има компанијата во согласност со законската регулатива за дадената тема. На семинарот ќе им се овозможи на присутните правилно да ги применуваат законските одредби од оваа област со што ќе се избегне ризикот од изрекување на глоба при инспекциски надзор. Предавач: -- М-р Симонида Георгиевска, косопственик и раководител на Секторот за финансиски и сметководствени работи во Друштвото за даночен консалтинг „КАУНТ“ ДООЕЛ - Скопје - Гордон Јовановски, правник, Сектор за правни работи на „Каунт“ ДООЕЛ - Скопје

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 јуни 2016 година (среда) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ШТО ВЛЕГУВА ВО СИЛА ОД 1 АВГУСТ 2016 ГОДИНА

-Компарација на стариот и новиот Закон за градежно земјиште -Начин на водење на постапките за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, засновање на стварна службеност и пренесување на право на сопственот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15 и 31/16). Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште. Целта на семинарот е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Предавач: - Анета Јорданова, дипломиран правник, Раководител на Сектор за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

УПРАВУВАЊЕ СО ИНВЕСТИЦИСКИ РИЗИЦИ ВО КОНТЕКСТ НА НОВАТА ДИРЕКТИВА СОЛВЕНТНОСТ II

30 јуни 2016 година (четврток) 11:00-17:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Солвентност II (Solvency II) ќе донесе значајни промени во разбирањето на функцијата за управување со ризици во осигурителните друштва. Со оваа регулаторна рамка, осигурителните друштва ќе требa да пресметуваат 99,5% VAR за период од една година преку употреба на интерен модел или стандардната формула дадена од EIOPA. Од друга страна, финансиските пазари стануваат се` понепредвидливи и состојбата на околина на ниски каматни стапки на долг рок, комбинирана со зголемена волатилност на пазарите на акции и обврзници претставуваат комплексни фактори за осигурителните друштва во насока на обезбедување на краткорочните и долгорочните обврски. Поради тоа, станува клучно практичарите од индустријата во потполност да ги разберат клучните концепти на кои се темели наведената регулаторна норма, како и основните очекувања кои се поставени пред организацијата во доменот на управување со ризици, капитал и ликвидност. Насоките за надзор, кои по малку прераснуваат во практики за надзор, бараат од управите на компаниите да работат на креирање на рамка на стандардизирани процеси во управувањето со ризици во насока на создавање на интерни акти на практично дејствување и добиените релевантни информации (мислења, проценки, извештаи) за менаџерите за управување со ризик да бидат достапни низ сите сегменти на организацијата. На тој начин системот за управување на ризици на ниво на организација ќе биде вклучен во работните процеси на сите нивоа: од долгорочни стратешки до краткорочни оперативни. Гостин-предавач: Д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување. Краен рок за пријавување: 28.6.2016 година.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30 јуни 2016 година 10:00-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

„МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ, ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДРУШТВАТА“

Семинарот има за цел да ги обучи учесниците за значењето на добро поставените работни односи преку квалитетно изготвување и спроведување на договори за вработување и менаџерски договори, со кои се регулираат суштинските прашања за успешното водење на бизнисот. На семинарот учесниците ќе имаат можност на практичен начин преку примери на различни видови договори постепено да бидат запознаени со сите релевантни и практични аспекти на работните договори, во смисла на нивно правилно изготвување, спроведување, можни причини за раскинување, како и повреди на одредби или делови од договорите. Семинарот овозможува практично запознавање со сите аспекти од работењето во смисла на изготвување и спроведување на менаџерските договори, договорите за вработување и нивно откажување Предавачи: Данче Чакаровска Гроздановска, адвокат, има долгогодишно адвокатско искуство во работење на предмети од областа на работните спорови и облигационите односи, како и широко познавање на корпоративното право. Д-р Марјан Маџовски има повеќегодишно искуство во стручното следење на економското законодавство, автор е и коавтор на студии и публикации од оваа област, а има магистрирано на прашањата поврзани со квалитетот на работните услуги, административно-управните и легислативните аспекти на работниот ангажман.

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Саем 21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора. Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации: • на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).

Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на обновливите извори на енергија (ОИЕ), бара соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Кина која произведува спортска опрема за пливање, маски, перки, дишалки и сл. бара компании за соработка од Р. Македонија, за дистрибуција и пласман на своите производи. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Р.Хрватска нуди сликарски платна кои се нов и иновативен производ и бара компанија за дистрибуција на платната за територијата на Р. Македонија и за други соседни земји. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Македонија која се занимава со производство на слатко, кое е изработено по сите стандарди во строго контролирани услови и по НАССР Реномирана холдинг компанија од Романија систем бара компании за соработка и која може да обезбеди комплетни решенија дистрибуција во Европа и пошироко. Нуди традиционални македонски слатка со за енергетска контрола, консултантски препознатлив вкус кој со векови се сервира услуги за енергетска ефикасност и на македонските трпези, а тоа се слатката обновливи извори на енергија; програми, од смокви (зелени и зрели) и од тиква. дизајн и специјализирани инженеринг Исто така, произведува и слатко со вкус услуги, претприемништво за сложени на капини, портокал, рендана тиква со електрични инсталации, производство сусам, вишна и јагода, кои спакувани во на среден и низок напон, опрема, уникатна амбалажа нудат прекрасно вкусно електрична опрема, практичната примена


четврток, 24 јуни 2016, Бр. 272

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА доживување. - Слатко од зелени смокви/пакување 900 и 350 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 900 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 350 гр. - Слатко од тиква / пакување 900 гр. / 350 гр. - Слатко од рендана тиква со сусам/ пакување 350 гр. - Слатко од портокали / пакување 900 гр./350 гр. - Слатко од вишни / пакување 350 гр. - Слатко од капина / пакување 350 гр. - Слатко од јагода/ пакување 350 гр. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија за превод и толкување од Македонија, како една од најголемите

www.mchamber.mk

агенции за јазични услуги во Република Македонија со над 35-годишно искуство во преведувачката дејност, нуди квалитетни услуги по поволни цени: превод и толкување од/на сите европски јазици, заверка на документи од овластен судски преведувач, лекторирање и уредување. Валидност до 29.7.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.