Бизнис ИНФО, број 273

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Број 273

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2016

FS 549642

01.07.2016

ПРЕДЛОЗИ И АКТИВНОСТИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО ВРСКА СО АКТУЕЛНАТА ЕКОНОМСКА СИТУАЦИЈА

ПОТРЕБНИ СЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СТОПАНСТВОТО Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРЕДЛОЗИ И АКТИВНОСТИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ВО ВРСКА СО АКТУЕЛНАТА ЕКОНОМСКА СИТУАЦИЈА – ПОТРЕБНИ СЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА НЕГАТИВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СТОПАНСТВОТО Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 21.6.2016 година, донесе Заклучоци, а кои се врзани со потребата за што поитно постапување при спроведувањето на редовните административни постапки кои ги покренуваат компаниите пред државните органи, како и функционирањето на Солунското пристаниште, кои се моментално најактуелни теми кои негативно се одразуваат на работењето на компаниите, истакна Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија, на редовната прес-конференција (27.6.2016 година).


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

АКТУЕЛНО Со оглед на актуелните состојби поврзани со подолготрајната политичка криза која предизвика и определени застои во административните постапки на компаниите пред државните органи, бизнис-заедницата укажува на потребата од навремено, одговорно и ажурно постапување на сите надлежни органи (министерства и други органи на управата) во спроведување и завршување на сите управни постапки кои се водат пред истите, а се во врска со издавање на определени одобренија, дозволи, согласности и/или издавање на други потребни документи кои се во функција на непречено одвивање на бизнис-активностите на компаниите поврзани со нивната основна дејност на работење. Во последно време забележано е дека во определени органи на управата има невообичаени барања за дополнителни документи (кои ги имаат кај нив) и неоправдани застои во постапките, кои претходно не биле случај. За таа цел, донесен е Заклучок министерствата и другите органи на управата со полн капацитет да ги исполнуваат своите обврски заради ефикасно остварување на со закон утврдените права и интереси за сите учесници во управната постапка, почитувајќи ги начелата на законитост, одговорност, ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост, - подвлече Пеева-Ѓуриќ. Првото алармирање за проблеми од ваков вид е утврдено и во анкетното истражување што го спроведе Стопанската комора на Македонија во периодот од 19 до 22 април 2016 година, каде врз основа на добиените 1.000 одговори од компаниите со различни стопански дејности, како забелешка на прашањето поврзано со тоа дали компаниите имаат најави за откажување на договори со странските партнери, е наведено дека поради состојбата и настанатите промени во министерствата не се процесуираат навремено редовните административни постапки и истото беше и јавно презентирано во неколку наврати, почнувајќи од 26 април оваа година. Вториот Заклучок усвоен од Управниот одбор на Комората се однесува на потребата да се преземат мерки за итно надминување на состојбите поврзани со штрајкот во Пристаништето во Солун и тоа од страна на владите на двете земји. Иако штрајкот е официјално прекинат на 24 јуни 2016 година и е во функција веќе два дена, како резултат на досегашните повеќекратни примери кога работата на Пристаништето беше оневозможена поради блокади и штрајкови од различна природа, потребно е и во иднина да се алармира навреме на највисоко државно ниво за да се ублажат последиците и штетите кои ги трпи стопанството. Воедно, задолжена е стручната служба на Комората да преземе активности во насока на промоција на условите за превоз преку други пристаништа во регионот (Драч, Бургас, Бар). Со цел да им се помогне на компаниите во спроведувањето на постапките пред


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

надлежните државни органи, за навремено, ефикасно и ажурно остварување на нивните права и интереси, заклучено е да се воспостави оперативна канцеларија за оваа намена во Стопанската комора на Македонија. Комората во меѓувреме формираше тим кој ќе работи по поднесено барање од компаниите, за помош и поддршка во комуникацијата и во спроведување на административните процедури пред министерствата и другите органи на управата, со цел да им се излезе во пресрет на оние компании кои имаат потреба за навремено завршување на сите управни постапки што се во тек, а се итни и поради нивниот застој би трпеле штета во нивното редовно работење. Оперативната канцеларија ќе биде на располагање на компаниите 24 часа и започна со работа од денес - 27 јуни 2016 година, за што соодветно ќе се информираат и компаниите. Билјана Пеева-Ѓуриќ


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

АКТУЕЛНО

ПРЕЗЕНТИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ И МОЖНОСТИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ДРАЧ Со цел запознавање на стопанските субјекти со потенцијалите и можностите што ги нуди Пристаништето во Драч, Република Албанија, како второ најблиско морско пристаниште за потребите на македонското стопанство, а во функција на интензивирање на соработката за негово поголемо искористување, во Стопанската комора на Македонија (1.7.2016 година) се одржа презентација на потенцијалите и можностите за користење на услугите на Пристаништето во Драч. Презентацијата ја реализираше стручна екипа од Пристаништето во Драч, предводена од генералниот директор, Газменд Шалси. Брзината и фреквентноста на протокот на стоките меѓу земјите од поширокиот балкански регион имаат се` поголемо значење за подобрување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар на стоки и услуги, со што преку користење на услугите на Пристаништето во Драч се прошируваат можностите на нашите компании за практично реализирање на потребата за користење и на други превозни патишта, како алтернативни решенија на традиционалните меѓународни патишта, за доставување и прием на стоките до и од определените дестинации за прием и испорака, истакна м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. Оваа презентација претставува и реализација на еден од Заклучоците на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, од седницата одржана на 21.6.2016 година, на која беше укажано на потребата повторно да се актуализира организирање на циклус презентации на најблиските морски пристаништа од опкружувањето, коишто како алтернативна замена на Пристаништето во Солун можат да ги користат македонските стопанственици, со цел во одредени ситуации на блокади, штрајкови и слично, преку нивно користење да се амортизира негативното влијание врз економско-финансиското работење на компаниите. Значењето и потребното внимание што го заслужува Пристаништето во Драч


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО

за македонското стопанство произлегува, пред се’, од неговата оддалеченост од дистрибутивните центри во Република Македонија (само три часа возење од Ќафасан), а кое што по овој основ е второ најблиско пристаниште по Пристаништето во Солун. Исто така, географската положба го прави ова Пристаниште исклучително стратешки важно бидејќи, како завршна точка на западниот дел од Коридорот 8, директно поврзува три мориња - Јонското, Средоземното и Јадранското море и е индиректно поврзано со сите медитерански земји, а по оската исток-запад тоа е поврзано и со останатите пан-европски коридори (коридорите 4, 9 и 10) кои ги поврзуваат и другите европски и воневропски земји. Генералниот директор на Пристаништето, Газмен Шалси, заедно со соработниците, во презентацијата на основните карактеристики на Пристаништето, потенцијалите и можностите за интензивирање на соработката со корисниците, го нагласи следното: Пристаништето во Драч е едно од најстарите пристаништа во регионот и најголемото пристаниште во Албанија., кое се наоѓа на долниот дел на брегот на Јадранското Море. Морското корито е со површина од 67 хектари и 120 хектари копнена површина, а длабочината на доковите се движи од 5,8 до 11 метри. Влезниот канал е со должина од 3,65 милји, со ширина 60-195 метри, како и спуст за заринување ограничен на 8,5 метри, додека во центарот на сливот има длабочина од 10,5 метри. Пристанишната Капетанија Драч има 4 (четири) терминали и работи 24 часа/ ден, 365 дена во годината.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

АКТУЕЛНО

Терминалот за контејнери ги извршува своите дејности на кејот со должина од 314 мл, плато за обработка (зад кејовите) 55.000 м², подвижни кранови (гуми) MХЦ, кран МХЦ со капацитет од 130 тони и кран МХЦ со капацитет од 65 тони. Максималниот капацитет на обработка на овој терминал е 250 илјади ТЕУ годишно. Интерактивниот карактер на презентацијата им даде можност на присутните непосредно да добијат информации за актуелностите поврзани со користењето на ова пристаниште, посебно за поволностите што ги нуди при користењето на контејнерските услуги, предностите во поглед на тарифите на услугите во однос на другите морски пристаништа, начинот на соработката и сл. Со цел зголемување на атрактивноста на ова пристаниште и користење на услугите од страна на македонските компании во поголем обем, директорот на Пристаништето, Газмен Шалси ја презентираше и идејата за отворање на суво пристаниште во Либраш, во близина на македонско-албанската граница, со цел подобрување на оперативните можности и намалување на трошоците на компаниите при користење на нивните услуги. По завршената презентација, м-р Елена Милевска Штрбевска им се заблагодари на гостите во име на стопанствениците и ја искористи приликата да нагласи дека квалитетот на инфраструктурната поврзаност со ова пристаниште не е на потребното ниво, затоа перманентна заложба на бизнис-заедницата е да се подобрат состојбите на тој план, за која цел и носителите на економската политика во земјата ја зацртаа како стратешка определба, која треба да се реализира во што пократок временски период. Митко Митевски


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕЗЕНТАЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

ГРУПАЦИЈАТА ЗА ОРУЖЈЕ И ОПРЕМА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НА РМ ЌЕ РАБОТАТ НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВЗАЕМНАТА СОРАБОТКА

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА НА ЧЛЕНКИТЕ НА ГРУПАЦИЈАТА И МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ВО ВЛАДАТА НА РМ, Д-Р ЗОРАН ЈОЛЕВСКИ

Во Стопанската комора на Македонија, на 30.6.2016 година, се одржа работна средба на претставниците од Групацијата за оружје, експлозивни и опасни материи, пиротехнички средства и програма за воена и цивилна намена со д-р Зоран Јолевски, министер за одбрана во Владата на РМ и неговите соработници. - Оваа средба е значајна за сите членки на Групацијата, како од областа на производството на оружје и опрема, така и за компаниите кои се занимаваат со трговија со


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ПРЕЗЕНТАЦИИ муниција, експлозивни и опасни материјали, трговија на наменски средства (вооружување и воена опрема), обуки за теоретско и практично оспособување за ракување со оружје, стрелиштата за цивилна намена, како и за концесиониерите на ловишта и ловечките друштва. Веруваме дека преку овие средби ќе придонесеме во подобрување на соработката на Министерството за одбрана со домашните наменски компании, во согласност со тековните потреби и планирања на Министерството, на кои домашните компании со своето знаење, искуство и капацитет се подготвени соодветно да одговорат, - истакна Димитар Мангутов, претседател на Групацијата.

Компаниите-членки на Групацијата, на презентацијата имаа можност детално да ја претстават својата широка палета на производи и услуги, меѓу кои и тренажери (за оклопна техника, хеликоптери, ракетни системи и друго, по потреба на добавувачите), гранати, панцири, гумени палки, производи за интервентна заштита, војнички ремени, заштитни воени ракавици, униформи, ќебиња, ткаенини за потребите на војската, сервисно логистички услуги за одржување на различни типови лесни и теренски возила, надградба на транспортни возила, конверзија и надградба на разни видови оружје, одржување, сервисирање, калибрација и баждарење на разни видови детектори, ремонт и модернизација на хеликоптери и блокови за воздухоплови, сервисирање и бојадисување на авиони, опрема за заштита на јавниот ред и мир, опрема за инспекција на возила, cyber-заштита, радари и други производи и услуги што би можеле да бидат од интерес за потребите на Министерството за одбрана.


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕЗЕНТАЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО Министерот за одбрана д-р Јолевски се заблагодари за деталната презентација на членките на Групацијата за оружје и опрема, при што нагласи дека од интерес за Министерството за одбрана е да се развива производството на оружје и опрема на домашните компании, како и да се унапредат услугите за сервисирање и подобрување на перформансите на постојната опрема. Тој посочи и на препораките од последниот Самит на НАТО за запирање на процесот на постојано намалување на средствата за вооружените сили и постепено зголемување на буџетите за одбрана на државите-членки, во насока на обезбедување на безбедноста и мирот, како генерална цел. Министерството за одбрана е отворено за соработка со домашните компании. - Ние, како држава почнавме процес на

модернизација и преку зајакнување на капацитетите на домашните компании во наменскиот дел и взаемна соработка, веруваме дека заеднички ќе придонесеме да заживее оваа гранка од економијата, – истакна д-р Јолевски. Членките на Групацијата го истакнаа предлогот за формирање сервисно-логистички центар, кој би функционирал по принципот на јавно приватно партнерство и истиот би бил корисен и за РМ, но и за околните држави, а воедно на тој начин ќе може да се искористи и акумулираното знаење и искуство коешто го имаат домашните компании. На средбата се заклучи дека е неопходно продолжување на овој дијалог, а предлозите и идеите од компаниите упатени до Министерството за одбрана се добредојдени и можат во голема мера да придонесат за унапредување на взаемната соработка. М-р Елена Милевска Штрбевска


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

„ВИТАМИНКА“ ПРОСЛАВИ 60 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ СО СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА Со повеќе од 600 вработени и нивните семејства„Витаминка“ го прослави 60-годишното успешно работење на македонскиот пазар. Под мотото „Витаминка“ е моето семејство“ со многу забава, подароци за вработените и нивните семејства, детско катче за најмалите во кругот на компанијата беше одбележан големиот и значаен јубилеј. Пред вработените се обрати Симон Наумоски, претседател на Одборот на директори на „Витаминка“, кој истакна: „Досегашното, 42-годишно искуство во „Витаминка“ ме научи дека внимателното, грижливо и домаќинско работење секогаш се исплатува. Во моето време поминато во компанијата, а тоа го вклучува и сегашното, имало секакви моменти и лесни и тешки. Но, секогаш сум имал среќа околу себе да имам вредни и паметни соработници, вработени кои што верувале на одлуките на раководството и кои што бескомпромисно се посветувале на обврските и одговорно работеле. Сите овие врвни вредности придонесоа денес „Витаминка“ да биде еден од најуспешните производствени капацитети и лидер на македонскиот кондиторски пазар. Заслугата, а воедно и благодарноста за денешниот успех ја упатувам на вас и сите досегашни вработени, кои што биле дел од ова големо семејство и што придонеле за растење на оваа вистински вредна и за нас скапоцена приказна наречена „Витаминка“. Денес„Витаминка“ претставува голем македонски бренд во деловниот свет и компанија зад која стојат голем број познати и изградени брендови. Својата лидерска позиција на домашниот пазар ја аргументира со добро изграден корпоративен бренд кој се поистоветува со национална вредност, врвен квалитет и традиција. Под слоганот на компанијата „Свет на вкусови“ се наоѓа широката палета од околу 350 типови пакувања. Највпечатливи и најпознати брендови на „Витаминка“ се популарните и вонвременски „Стоби Флипс“, инстант витаминскиот пијалак „Цевитана“, чоколадните морски школки со уникатен и квалитетен вкус „Атлантис“, „Витанез“, кечап и секако додатокот за јадења, „Дафинка“. „Зад нас стојат вистински резултати, производи кои се развивале со години, бидејќи зад нас стојат нашите вработени. Затоа сме најдобри. Не сме само лидери во Македонија, туку и во регионот. Покажавме дека е можно македонски производи да бидат конкурентни, да бидат високо квалитетни и на исто ниво со светските брендови. Тоа е поради сите нас кои секојдневно придонесуваме, се обидуваме да одиме чекор понапред од барањата


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

13

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРАТА на потрошувачите и истовремено функционираме како едно големо семејство. На тоа се додаваат постојаните инвестиции во високо технолошко производство и континуираната едукација на вработените. Заедно направивме многу, а сигурен сум во иднина дека ќе направиме уште повеќе. „Витаминка“ е на пат да постигне уште многу успеси“, истакна Сашо Наумоски, генералниот извршен директор на „Витаминка“ по повод прославата. Успешната приказна на „Витаминка“ започна во 1956 година како компанија за црвен мелен пипер. Производството на само еден производен асортиман беше доволно за цели 18 години успешно работење, се` до 1974 година. Со новопоставена бизнис-стратегија, развивање на нови производи, отворање нови пазари и континуирани инвестиции во производството, компанијата започна да го гради својот пат кон успехот, прераснувајќи во лидер во прехранбената индустрија на македонскиот пазар. Покрај зацврстувањето на позицијата на домашниот пазар, паралелно и интензивно растеше и присуството на странските пазари каде што во повеќе од 30 земји во светот, пласира околу 45% од своето годишно производство. „Витаминка“ стана една од најсилните македонски компании и претставува вистински репрезент на квалитетни прехранбени производи. Покрај позитивниот импакт во националната економија, не помалку важно е значењето на „Витаминка“ во унапредувањето на локалната економија преку големиот број вработени и дополнителниот синџир на соработници.


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

КОМПАНИЈАТА „ЕКО КЛУБ“ И УНГАРСКАТА ТРГОВСКА КОМОРА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ИНВЕСТИРААТ ВО ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВО ЕКОНОМСКАТА ЗОНА „ИЛИНДЕН“ Компанијата „Еко Клуб“ и Унгарската трговска комора за Западен Балкан, денеска со поставување камен темелник го означија почетокот на заедничката инвестиција на првиот логистички центар за унгарски производи во локалната економска зона во Илинден. Инвестицијата изнесува 1,5 милиони евра, деловниот објект ќе се протега на површина од 8.700 метри, во него ќе се складираат унгарските производи коишто од Македонија ќе се транспортираат во околните земји, а во објектот е предвидено да се вработат нови 80 лица. Камен-темелникот беше поставен во присуство на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, унгарскиот амбасадор Јозеф Бенце и сопственикот на компанијата „Еко Клуб“, Сашо Јанакиевски. Логистичкиот центар ќе биде местото каде ќе се врши презентација на унгарските производи за македонскиот пазар, но и за земјите во регионот. Потребата од изградба на ваков центар резултира по сублимирањето на податоците дека повеќе од 200 разни видови производи се предмет на трговска соработка меѓу Македонија и Унгарија, истакна сопственикот на компанијата „Еко Клуб“, Сашо Јанакиевски, кој истовремено е и почесен конзул на Република Унгарија во Република Македонија. Градоначалникот Стојановски изрази задоволство што со несмалено темпо продолжува инвестицискиот циклус во општината, поточно што во деветте локални економски зони секојдневно се отвораат нови погони кои овозможуваат отворање на нови работни места. Стојановски додаде дека општината нуди низа поволности за инвеститорите со цел да се привлечат што поголем број компании и да се отвораат нови работни места за граѓаните. - Пред две години за првпат отворивме претставништво на Унгарската трговска комора за Западен Балкан, што придонесе за нагло зголемување на обемот на размена меѓу нашите земји. Благодарејќи на ова и на успешно реализираните бизнис-форуми во повеќе градови во Македонија, во 2014 година постигнавме најголем обем на размена дотогаш. Оваа размена во 2015 година ја зголемивме за уште 36 проценти, а годинава за нови седум проценти, - истакна унгарскиот амбасадор Јозеф Бенце. Според најавите на инвеститорот, логистичкиот центар за унгарски производи се очекува да почне со работа во втората половина на следната година. Компанијата е долгогодишен, активен член во Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ИЗВЕСТУВАЊА

Известување на Царинската управа на Република Македонија

ОД 1 ЈУЛИ 2016 ГОДИНА СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СТАПКИТЕ НА СПЕЦИФИЧНАТА И МИНИМАЛНАТА АКЦИЗА НА ЦИГАРИТЕ И НА ТУТУНОТ Согласно одредбите од Законот за акцизите од 1 јули 2016 година стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутун за пушење како фино сечкан тутун се зголемуваат. • Акцизата за цигари ќе изнесува 1,853 денари по парче цигара. Ако комбинирана акциза е под износот од 2,053 денари по парче се применува акциза од 2,053 денари по парче. • Акцизата на тутун за пушење како фино сечкан тутун ќе изнесува 1.650,00 денари по килограм. Производителите и увозниците на тутунски добра треба: • на денот на почетокот на примена на зголемувањето да направат попис на затечени залихи на тутунски добра обележани со контролни марки, без контролни марки и затечените залихи на подигнати контролни марки во акцизни складови или складови на увозникот или во други нивни простории и да подготват записник за извршениот попис; • да ја пресметаат зголемената акциза на вкупната затечена залиха и да достават барање за доплата на акциза заедно со направената пресметка и записници, доколку акцизата на денот на извршениот попис е поголема од платената акциза за подигнатите контролни марки. Овластените дистрибутери на производителот и увозникот на тутунски добра треба: • на денот на почетокот на примената на зголемената акциза за тутунски добра и на денот на почетокот на примената на зголемената малопродажна цена да направат попис на затечени залихи на тутунски добра во своите складови и во други свои простори, како и во складовите и просторите на со нив поврзани друштва, да подготват и да достават записник од извршен попис до Царинската управа и до производителот или увозникот на тутунски


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

17

ИЗВЕСТУВАЊА ПОДВЛЕЧЕНО

добра, не подоцна од два работни дена од денот на извршениот попис; • да му ја надоместат разликата во акцизата на производителот и увозникот на тутунски добра за залихата што е во неговите складови и во други свои простори, како и во складовите и просторите на со него поврзани друштва, при нејзината промена во рок од 30 дена од денот на извршениот попис. Барањето за доплата, при промена на акциза или при промена на малопродажна цена, заедно со пресметката и записниците се поднесуваат до Царинската управа не подоцна од пет работни дена од денот на извршениот попис. Царинска управа на Република Македонија


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Трибина на Македонската Енергетска Асоцијација - МЕА

ФОТОВОЛТАИЧНИТЕ СИСТЕМИ БЕЗ ПОВЛАСТЕНА ТАРИФА – РЕАЛНА МОЖНОСТ Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, реализираше трибина на тема: „Опции, отворени прашања и можни решенија за поставување фотоволтаични системи врзани на дистрибутивна мрежа што не користат повластена тарифа“ (28 јуни 2016 година). Трибината беше во насока на реализација на иницијативата за воведување можност за поставување фотоволтаични системи на покривите на објекти од кои би се произведувала електрична енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот би се пласирал во дистрибутивната мрежа. Иницијативата произлезе од 5-тиот Форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливи извори на енергија. Воведни презентации на темата имаа проф. д-р Димитар Димитров и претставници од „ЕВН Македонија“. Димитров истакна дека намалените цени на компонентите и релативно високиот потенцијал на сончевото зрачење во нашето поднебје овозможуваат исплатливост на овие системи и без примена на повластени тарифи. Проблемот со пласирањето на произведената енергија може да се намали доколку се користи за задоволување на сопствените потреби од електрична енергија. Домаќинство чија месечна сметка за потрошена електрична енергија изнесува 3.000 денари (36.000 денари во тек на една година), годишно троши околу 7000 kWh. Ова количество енергија може да се произведе со фотоволтаичен систем со моќност од 5 kW, кој чини околу 6000 евра. Фотоволтаичните модули можат да се постават на покрив на куќа, при што би зафаќале површина до околу 35 м2. Вишокот енергија произведена дење може да се реши со овозможување на размена на електричната енергија со снабдувачот, при што негова обврска би било преземањето на вишокот електрична енергија. И снабдувачот би имал корист од ова, бидејќи презема електрична енергија дење, кога тарифата е висока, а ја компензира за исто толку енергија во ноќните часови, кога тарифата на електричната енергија е ниска.За реализирање на ваква можност во наредниот период треба да се направат измени и подобрувања во законската регулатива.


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Претставниците од „ЕВН Македонија“ искажувајќи поддршка на идејата за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите од индивидуални куќи за домување ги презентираа можните проблеми при нивното приклучување на дистрибутивната мрежа. Тие истакнаа дека треба да се донесе соодветна законска и подзаконска регулатива како оваа идеја би овозможила генерирање на нови количини на електрична енергија пороизведена од обновливи извори. На трибината се дискутираше и за отворените прашања на кои учесниците дадоа свои видувања во однос на: - максималната инсталирана моќност на фотоволтаичните системи по објект; - кој би требало да ја користи оваа можност - само индивидуални домаќинства или и колективни станбени и деловни згради и помали индустриски капацитети; - оптималниот коефициент и временскиот интервал на размена на електрична енергија помеѓу домаќинството и снабдувачот; - обврската за фактурирање ДДВ од страна на индивидуалното домаќинството; - третманот на домаќинството - производител на електрична енергија на кој му треба лиценца за вршење енергетска дејност; - документацијата која треба да биде вклучена во поедноставената процедура за добивање решение за поставување на фотоволтаичните системи на покриви на објекти и др. Позитивниот прием од сите страни дава надеж дека со квалитетна и функционална регулатива која ќе биде добро обмислена, имплементирањето на оваа идеја станува реалност. Перо Авакумовски


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

КОМУНАЛНИТЕ ВОДОВОДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА БАРААТ ЗАШТИТА ПРЕКУ ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО РЕГУЛИРАЊЕТО НА ВОДАТА КОЈА СЕ КОРИСТИ ОД ПРИВАТНО ИЗГРАДЕНИ БУНАРИ Комуналните водоводни претпријатија во повеќе општини реагираат дека за еден дел од водата што ја управуваат немаат контрола кој ја троши, како и за тоа кој се` испушта вода во канализационите системи што се во нивна надлежност. Согласно укажувањата на членките на Групацијата за водовод во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, се` повеќе во општините има капацитети кои самите си градат бунари, за што дел од нив добиваат дозвола од


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

21

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, а дел се градат на диво, а при тоа ниту едните ниту другите не плаќаат надомест што водата по употребата ја испуштаат во канализационите системи на водоводните претпријатија. Дополнителен проблем е што нема ниту механизам како да се наплати водата што индустриските капацитети ја користат од бунарите бидејќи ниту една институција во државата не баждари водомери врз основа на кои може да се фактурира трошок за испуштена вода во канализационите системи користена преку бунари. Сите овие проблеми ќе станат уште поактуелни со примената на Законот за регулирање на цени на водни услуги, согласно кој Регулаторната комисија за енергетика по однапред дефинирана методологија ќе ја утврдува цената на водата во секоја општина одделно. Имено, проблемот станува актуелен бидејќи по овој закон секоја општина ќе мора да изгради пречистителна станица, согласно која секој непредвиден трошок ќе иницира зголемување на цената на водата, што како крајни корисници ќе ја платат населението и деловните субјекти како потрошувачи. За таа цел, на денешниот состанок членките на Групацијата констатираа дека ќе се побара и официјално од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање да добијат информација кои се капацитети имаат дозвола за бунари за техничка вода во урбаните средини и согласно тоа ќе се бара начин како да се обезбеди наплата на овие субјекти за испуштањето на водата во канализационите системи. Даниела Михајловска Василевска


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Велес

Обука и инфо-сесија – КОФИНАНСИРАНИ ГРАНТОВИ ЗА НОВООСНОВАНИ ТРГОВСКИ ДРУШТВА „СТАРТ-АП“ и „СПИН ОФ“ Бизнис центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион, во соработка со Регионалната комора со седиште во Велес при Стопанската комора на Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој, организираа Инфо-сесија и обука за повикот за ЕУ-инструментот: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин оф“ (29 јуни 2016 година).


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

23

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПОДВЛЕЧЕНО КОМОРИ

Начинот и постапката на аплицирање подетално ја објаснија Катарина Кречева, советник во Одделението за подготовка на програми при Фондот за иновации и технолошки развој и Никола Клопчевски, виш советник во Одделението за финансии и сметководство при Фондот за иновации и технолошки развој. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог-проект. На настанот присуствуваа дваесетина претставници од бизнис-заедницата од Велес и од регионот. Ирена Жарова Регионална комора со седиште во Велес


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Регионална комора со седиште во Штип

ОТВОРЕН ТРЕТИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ Во оранизација на регионалната комора со седиште во Штип, при Стопанската комора на Македонија, Источен плански регион и Фондот за иновации и технолошки развој, на 24.06.2016 година во хотел Изгрев во Штип, беше одржан информативен настан со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот трет јавен повик за доделување средства преку Инструментот за подршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт – ап и спин-оф. За овој инструмент средства може да добијат микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог проект. Пред бројни учесници од бизнис секторот од источниот регион, од страна на претставниците на Фондот за иновации и технолошки развој, г-ѓа Катерина Кречева и г-н Никола Клопчевски детално беше презентиран начинот и условите за аплицирање, како и начинот на финансирање, односно распределбата на буџетските средства. Ние како Стопанска комора, сме спремни за соработка при организирањето вакви или слични информативни настани, се со цел нашите компании да бидат благовремено известени за сите случувања и јавни повици од страна на државните институции, како и можностите за добивање на грантови овозможени за компаниите преку програмите на европската унија. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ВЕСТИ ОД СВЕТОТ

ИЗЛЕЗОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОД ЕУ МОЖЕ ДА ЈА РАЗНИША И ОНАКА СЛАБАТА ГЛОБАЛНА ЕКОНОМИЈА Падот на британската фунта на најниско ниво во последните 30 години е предзнак за тоа што ќе се случува во следниот период по одлуката за Брегзит, смета магазинот „Економист“. Велика Британија може да влезе во рецесија, а тоа значи помалку работни места, пониски даночни приходи, а можеби и дополнителни мерки за штедење. Според прогнозите на „Економист“, излезот на Велика Британија од ЕУ може да ја разниша и слабата глобална економија. Велика Британија се подели на референдумот според возраста, имотниот статус, но и географски, а сега следува период на неизвесност. Никој се уште не знае кога Велика Британија ќе ја напушти Европската унија и под кои услови.

ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ ЗАБЕЛЕЖАА ОСТАР ПАД За само еден ден 400-те најбогати луѓе во светот изгубија 127,4 милијарди долари како резултат на изгласаниот Брегзит, оцени агенцијата Блумберг. Во исто време, богатите Британци изгубиле „само‟ 5,5 милијарди долари. Одлуката Британците да ја напуштат ЕУ предизвика тешки потреси на сите светски пазари на капитал. Поради Брегзитот европските пазари забележаа најостар пад од 2008 година. Фунтата падна на рекордно ниско ниво, што не се памти уште од времето на премиерката Маргарет Тачер. Индексот за милијардерите на Блумберг покажува дека милијардерите изгубиле 3,2 отсто од нето капиталот, што се проценува на 3,9 билиони долари. Меѓу европските милијардери, најголеми загуби има Амансио Ортега, најбогат Европеец, кој загуби шест милијарди долари.


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

27

ВЕСТИ ПОДВЛЕЧЕНО ОД СВЕТОТ

„АГРАНА“ ОД АВСТРИЈА ЈА ПРЕВЗЕМА „СУНОКО“ СРБИЈА Австрискиот концерн за производство на шеќер, скроб и овошје „Аграна“ има намера да го преземе мнозинскиот удел на српскиот производител на шеќер „Суноко“, соопшти концернот. Со сопствениците на „Суноко“, компанијата „Агри Јуроп Сајпрус“ потпишано е писмо за намери со цел постигнување договор за преземање на мнозински удел, се прецизира во соопштението на „Аграна“. „Суноко“, како што истакнува „Аграна“, е најголем преработувач на шеќерна репка на Балканот.

ЈУНКЕР ПЛАНИРА СИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ ДА ГО ВОВЕДАТ ЕВРОТО По одлуката на мнозинството Британци за Брегзит, Европската комисија планира да ја лансира идејата сите земји членки на ЕУ да го воведат еврото како национална валута, објави лондонскиот весник „Дејли Експерс“. - Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, како што се верува, сака секоја земја членка да го воведе еврото, откако на 23 јуни граѓаните на Британија гласаа за Брегзит, наведува „Дејли Експрес“. Според весникот, Јункер инисистира на „забразување на европската интерграција“ на тој начин што и простантите осум земји членки на ЕУ, кои сега користат сопствени национални валути, би ги замениле со еврото. Станува збор за Бугарија, Данска, Полска, Романија, Унгарија, Хрватска, Чешка и Шведска. Во исто време и германскиот весник „Франкфуртер Алгемејне Цајтинг“, повикувајќи се на свои извори во седиштето на ЕУ во Брисел, наведува дека Европската комисија сака да ја „забрза доизградбата на монетарната унија“. - Имајќи го предвид претстојниот процес за Брегзит, Европската комисија сака да и стави крај на постоењето на „ЕУ со повеќе валути“, тврди франкфуртскиот весник, Според „Франкфуртер Алгемајне Цајтинг“, главен промотор на оваа идеја е самиот Јункер, која сака „посилно поврзување“ на Европската монетрана унија.


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ИНФОРМАЦИЈА - СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ НА ТЕМА: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од февруари 2016 година. Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија - Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација. Динамиката на бизнисите, трендот на интензивно намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста, технолошките придобивки со можности за моментален трансфер на информации, мобилност во сите сегменти од живеењето, ја наметнуваат потребата да се надмине традиционалното водење на судските постапки и да се бараат нови начини за ефикасно разрешување на споровите и конфликтите преку иницирање постапки со ефикасни начини на решавање на споровите како што е медијацијата. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката, што не е случај во најголем дел од споровите кога се води јавна судска постапка. Оттука, согласно потребите на компаниите, Стопанската комора на Македонија, како најголема


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, започнува со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведува поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките, согласно горенаведените одредби. Со цел најпрво да се информираат компаниите за законските измени на ЗПП, текот на постапката за медијација, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи - лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација, за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“. Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите: Датум Место 1 јули 2016 година (петок) Хотел „Оаза“ - Штип 2 јули 2016 година (сабота) „Кожувчанка“ ДОО - Кавадарци 8 јули 2016 година (петок) Хотел „Арабела“ - Кичево 9 јули 2016 година (сабота) Мала сала во зградата на Општина Охрид 2 септември 2016 година (петок) Хотел „Салида“ - Прилеп 3 септември 2016 година (сабота) Хотел „Милениум“ - Битола 14 септември 2016 година (среда) Стопанска комора на Македонија

Час 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00

ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ: * Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата); * Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи: - Медијабилни предмети - предмети погодни за медијација; - Медијацијата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015); - Медијацијата во работните спорови – решавање на работните спорови според Законот за медијација и Законот за мирно решавање на работните споровите; - Надомест на штета и медијацијата; - Заштита на потрошувачите во постапка за медијација; - Придобивките од медијацијата. ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на сектор за човечки ресурси... Контакт: Елизабета А. Ефтимова тел: 02 32 44 074 Е-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Инфо-сесија и обука на Фондот за иновации и технолошки развој за повикот за Инструментот за поддршка кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

7 јули 2016 година (четврток) 10:00 - 12:15 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Ве покануваме да учествувате на информативниот настан во организација на Стопанската комора на Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој кој го отвори третиот ЈАВЕН ПОВИК за доделување средства преку Инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог-проект. Со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка Стопанската комора на Македонија, ве поканува на информативна сесија. Информативната сесија ќе се одржи на 7 јули 2016 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Учеството на настанот е бесплатно. Фондот за иновации и технолошки развој ги охрабрува сите заинтересирани да го погледнат Јавниот повик на веб-страницата на Фондот: http://www.fitr.mk/ и да земат активно учество на информативниот настан.

Ве молиме да го пријавите вашето присуство најдоцна до 6 јули 2016 година.

Контакт: - Сања Николова, телефон: 02 32 44 091 е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: 02 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина

САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)

Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

САЕМ ЗА ХРАНА И КЕТЕРИНГ „CHINA FOOD & CATERING EXPO 2016“ - 9-12.9.2016 НР КИНА

9 – 12 септември 2016 година Чангша, Народна Република Кина

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Пекинг и Министерството за надворешни работи на Република Македонија, ве поканува да бидете дел од Саемот за храна и кетеринг „China Food & Catering Expo 2016“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 9 – 12 септември 2016 година, во просториите на Хунан Интернационалниот центар за конференции и саеми (Hunan International Conferece & Exhibition Center) во Ченгша, Народна Република Кина. „China Food & Catering Expo“ е еден од најпрофесионалните и најзначајни трговски настани посветени на индустријата за кафе во Кина. Накратко, Саемот на своите посетители ќе им понуди подлабоко разбирање на развојот на индустријата за кафе во Кина, како и нејзината голема потреба од висококвалитетно кафе. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 19 август 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот и сите поволности за учесниците, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk

- Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора.

Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации:

• на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk

- Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРВ ЕКОНОМСКИ, ТРГОВСКИ И КУЛТУРЕН ФОРУМ

27-29 септември 2016 година Шенжен, Народна Република Кина

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Кинеските совет за промоција на меѓународна трговија во Шенжен, Кинеската комора за меѓународна трговија во Шенжен и Економската и културна асоцијација за Централна и Источна Европа во Шенжен, ве поканува да бидете дел од Првиот економски, трговски и културен форум. Манифестација ќе се одржи во периодот од 27-29 септември 2016 година во Шенжен, Народна Република Кина. Целта на овој форум е темелна имплементација на националната стратегија за развој „One belt, One road“, како и зајакнување на пријателството и соработката со државите од Централна и Источна Европа. Покрај тоа, главен акцент ќе биде ставен на промоцијата на градот Шенжен и сите неговите потенцијали за економска и културна соработка. На Форумот се очекува учество да земат околу 100 претприемачи од земјите од Централна и Источна Европа. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 август 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот и сите поволности за учесниците, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091 е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

5-6 октомври 2016 година Краков, Р. Полска

7. МЕЃУНАРОДЕН ТРГОВСКИ САЕМ ЗА КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ, ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ „KOMPOZYT – EXPO“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен трговски саем за композитни материјали, технологии и производи „Kompozyt – Expo“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 5-6 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Седмиот меѓународен трговски саем за композитни материјали, технологии и прозиводи е еден од најзначајните настани за индустријата за композитни материјали, во Полска и во Централноисточна Европа. Меѓународни посетители, бројни индустриски новитети, машини, зона за техничка презентација – се само мал дел од понудата на оваа манифестација. „Kompozyt Expo“ дава можност за реализирање деловни контакти, проследени со демонстрирање на машини, како и богата програма на семинари и престижни награди за учесниците. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • суровини и материјали; • меѓупроизводи; • композитни производи; • животната средина; • истражување и развој; • машини и алати; • услуги. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да изложуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 9 септември 2016 година (петок). За сите заинтересирани што сакаат да го посетат Саемот, рокот за пријавување е до 16 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„31. TRADE EXPO INDONESIA“

12-16 октомври 2016 година Џакарта, Р. Индонезиjа

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Републик Индонезија, ве поканува да бидете дел од „31. Trade Expo Indonesia“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 12-16 октомври 2016 година во Џакарта, Република Индонезија. Како и изминатите години, Саемот има за цел да ги прикаже најдобрите извозни производи на Индонезија од индустријата, рударството, земјоделието, па се` до секторот за ракотворби. Минатата година настанот успешно привлекол повеќе од 10.000 посетители од повеќе од 100 земји од светот и генерирал трансакции со обрт од повеќе од 900 милиони САД$. Фактот дека илјадници купувачи од повеќе земји од светот доаѓаат секоја година да го посетат саемот докажува за големата посветеност на трговските партнери низ светот. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • производство на добра и услуги; • монтажни куќи и мебел за градина; • храна и пијалаци; • мода, животен стил и креативни производи; • висококвалитетни производи за мали и средни претпријатија. Стопанската комора на Македонија на прво-пријавените учесници им овозможува: • 2 бесплатни ноќевања; • трансфер (аеродром – хотел - саем и обратно); • вечери организирани од страна на Амбасадата на Република Индонезија со претставници од бизнис-заедницата на Индонезија со цел да се зголемат шансите за потенцијална соработка помеѓу двете држави. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании за посета на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 31 август 2016 година (среда). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18-20 октомври 2016 година Краков, Р. Полска

21. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МАШИНИ, АЛАТИ, УРЕДИ И ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МАТЕРИЈАЛИ – „EUROTOOL“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 21. Меѓународен саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали –„Eurotool“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 18-20 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Меѓународниот саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали – „Eurotool“ е еден од најзначајните настани кој на едно место ги обединува професионалците од Источна и Централна Европа. Секоја година овој саем ги отвора своите врати за водечките компании од Полска и од странство за да го презентираат своето портфолио. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • машини за редуктивна обработка; • машини за пластика; • алати; • мерни и контролни инструменти и уреди; • опрема за машини; • опрема за индустриски работилници; • услуги и други консултации и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да бидат дел од овој саем да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА на обновливите извори на енергија (ОИЕ), бара соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Кина која произведува спортска опрема за пливање, маски, перки, дишалки и сл. бара компании за соработка од Р. Македонија, за дистрибуција и пласман на своите производи. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Р.Хрватска нуди сликарски платна кои се нов и иновативен производ и бара компанија за дистрибуција на платната за територијата на Р. Македонија и за други соседни земји. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Македонија која се занимава со производство на слатко, кое е изработено по сите стандарди во строго контролирани услови и по НАССР Реномирана холдинг компанија од Романија систем бара компании за соработка и која може да обезбеди комплетни решенија дистрибуција во Европа и пошироко. Нуди традиционални македонски слатка со за енергетска контрола, консултантски препознатлив вкус кој со векови се сервира услуги за енергетска ефикасност и на македонските трпези, а тоа се слатката обновливи извори на енергија; програми, од смокви (зелени и зрели) и од тиква. дизајн и специјализирани инженеринг Исто така, произведува и слатко со вкус услуги, претприемништво за сложени на капини, портокал, рендана тиква со електрични инсталации, производство сусам, вишна и јагода, кои спакувани во на среден и низок напон, опрема, уникатна амбалажа нудат прекрасно вкусно електрична опрема, практичната примена


четврток, 1 јули 2016, Бр. 273

БИЗНИС ИНФО

41

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА доживување. - Слатко од зелени смокви/пакување 900 и 350 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 900 гр. - Слатко од зрели смокви / пакување 350 гр. - Слатко од тиква / пакување 900 гр. / 350 гр. - Слатко од рендана тиква со сусам/ пакување 350 гр. - Слатко од портокали / пакување 900 гр./350 гр. - Слатко од вишни / пакување 350 гр. - Слатко од капина / пакување 350 гр. - Слатко од јагода/ пакување 350 гр. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија за превод и толкување од Македонија, како една од најголемите

www.mchamber.mk

агенции за јазични услуги во Република Македонија со над 35-годишно искуство во преведувачката дејност, нуди квалитетни услуги по поволни цени: превод и толкување од/на сите европски јазици, заверка на документи од овластен судски преведувач, лекторирање и уредување. Валидност до 29.7.2016 година.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.