Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
Број 380 345
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk
1
97 godini
192
2 - 2019
23.03.2018 25.1.2019
EФЕКТИ ОД ОБЈАВЕНИТЕ МЕРКИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА ОДРЕДЕНИ ЧЕЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015
ISO
http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
EФЕКТИ ОД ОБЈАВЕНИТЕ МЕРКИ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА ОДРЕДЕНИ ЧЕЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Oбјавените конечни заштитни мерки за увоз на одредени челични производи во Европската унија, кои ќе се применуваат во наредните три години почнувајќи од февруари 2019 година, а коишто на 15 јануари ги објави Европската комисија, беа тема на прес-конференцијата одржана во Стопанската комора на Македонија (21.01.2019 година). -Уште во приодот кога беше најавено дека времените заштитни мерки, кои беа на сила од јуни минатата година, ќе продолжат и во наредните три години, внесе сериозна загриженост кај засегнатите компании од челичниот сектор, - истакна д-р Митко Кочовски, претседател на Здружението на металургијата при Комората.
БИЗНИС ИНФО
4
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Производителите на челични цевки„ИГМ Трејд“, ФЗЦ„11 Октомври“ и„Металопромет“, за кои се предвидени национални квоти базирани на испораки во периодот 2015-2017 година и кои 2018 година ќе ја завршат со пласман над тој тригодишен просек, би имале квота помала за цца 70.000 тони, што би претставувало намалување на приходите за цца 45,0 милиони евра. Производителите на метални цевки поради истрошените квоти од времените мерки кон крајот на минатата година веќе почнаа со редуцирање на производството. Покрај заштитните мерки на Европската унија за ограничување на увоз на челични производи од Република Македонија, производителите на метални цевки дополнително се оптоварени и со антидампинг постапка за увозот на заварени цевки,
цевки и шупливи профили од квадратен или правоаголен пресек од железо, којашто во моментот е во тек. За производителот за топловалани дебели лимови„Макстил“ е предвидена глобална квота, базирана на испораките во ЕУ во периодот 2015-2017 година, од која кога ќе се изземат определените максимуми за Украина, Јужна Кореја, Русија и Индија, останува количина од 1,2 милиони тони за сите останати земји. Тоа носи реално стравување дека нема да можат да бидат реализирани испораките за 2018 година заради малата
15
T
O
IS
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
9001:20
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
5
БИЗНИС ИНФО
6
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА годишна квота. Доколку испораките во 2019 година би биле сведени на околу 100.000 тони годишно, значително помалку од оваа година, намалените можности за пласман би значеле помали испораки на годишно ниво од 120.000 тони, или редуцирано 4,5 месечно производство. Финансиските реперкусии само од нереализираната додадена вредност би биле 25,0 милиони евра, односно 78,0 милиони евра по полната продажна цена на лимовите. За производителот на ладновалани, пластифицирани и поцинкувани лимови „Арчелор Митал“, кој од скоро има нов сопственик, е предвидена национална квота за пластифицираните лимови и новина е што е предвидена глобална квота за ладноваланите лимови. Во сегментот на пластифицирани и поцинкувани лимови се очекува намалено производство за околу 11.000 тони за цело времетраење на мерките, вкупна изгубена продажба за овој сегмент 24 милиони евра, со тоа што намаленото производство би влијаело на зголемување на фиксните трошоци по тон, а со тоа и на целокупната профитабилност и рентабилност на производството. Во сегментот на ладновалани лимови загубата би била 24 милиони евра. Овие ограничувања на увозот во ЕУ, во отсуство на други алтернативни решенија создаваат сериозни проблеми во компаниите: нереализирани приходи, зголемени фиксни трошоци по единица производ, редуцирање на производството, отежнато договарање на комерцијалните аранжмани на подолг рок. Се доведуваат во прашање започнатите и предвидените инвестициони вложувања, ќе се предизвикаат одредени проблеми со вработените и нема да застанат само тука, туку ќе се прошират и кај останатите поврзани компании во синџирот на снабдувањето со што негативните последици повеќекратно ќе се мултиплицираат. Понатаму во своето излагање д-р Митко Кочовски ги истакна активностите кои беа преземени во однос на овие заштитни мерки и посебно ја истакна добрата соработка остварена со надлежните институции во однос на ова прашање. Во периодот на консултациите, кога веќе не може реално да се очекува изземање на нашата челична индустрија од овие заштитни мерки, беше побарано квотите да се одредат на ниво на преткризните години од работењето на компаниите, можноста да се користи глобалната квота по искористувањето на државната квота во третиот наместо во последниот квартал. Во услови кога над 60% од националното производство на челик и челични производи се реализира на ЕУ-пазарот и кога нема друг развиен алтернативен пазар, заштитните мерки ќе имаат големо негативно влијание врз овој индустриски сектор, но и врз целата македонска економија. Зорица Мешкова
БИЗНИС ИНФО ЦЕНТАР ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ BSI
bsi.
TM
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
FS 549642 Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380СТОПАНСКА СТОПАНСКА КОМОРА КОМОРА ISO 9001:2008
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА НА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER ECONOMIC CHAMBER ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA OF OFMACEDONIA MACEDONIA
НА КВАЛИТЕТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО И УСЛУГИТЕ
НАША ЦЕЛ • давање поддршка за имплементирање на меѓународните стандарди со цел полесен пристап на фирмите на европските пазари и зголемување на деловната активност со партнерите, • обезбедување на ажурирани податоци и информации од областа на квалитетот, стандардите , а од интерес на фирмите, • унапредување на знаењата и искуствата со цел подобрување на перформансите на работењето на фирмите Контакт: Емилија Тодоровска Телефон: +389 02 3244047 Факс: + 389 02 3244088 emilija@mchamber.mk www.mchamber.mk Стопанска Комора на Македонија ул.”Димитрие Чуповски” бр. 13 Скопје , Република Македонија
7
НАШИ АКТИВНОСТИ Консултантски услуги за : - имплементација на Систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2015; - имплементација на HACCP (систем за анализа на ризици и критични контролни точки); - имплементација на Систем за управување со безбедноста на храната согласно ISO 22000:2005; - имплементација на Систем за управување со животната средина согласно ISO 14001:2015; - имплементација на HALAL стандард; - имплементација на систем за управување со здравјето и безбедноста при работа, согласно OHSAS 18001
8
БИЗНИС ИНФО
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИ БИЗНИС ФОРУМ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА Раст на обемот на трговската размена од речиси 17%, раст на бројот на туристи од Македонија во Бугарија и обратно, како и најавите за продлабочување на меѓусебната соработка, се ефектите кои ги чувствуваат економиите на двете земји по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Бугарија пред една ипол година, беше констатирано на денешниот Бизнис форум организиран од владите на двете земји. Интерес за соработка на економски план има, но клучно е да се работи на решавање на инфраструктурните проблеми, како и на олеснување на административните бариери за подобар бизнис и проток на стоки и луѓе, посочија Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашња и координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на министри на Бугарија, Томислав Дончев, како иницијатори за одржување на Бизнис форумот. Од македонска страна беше потенцирано дека интензивно се работи на изградба на патната индраструктура, а сериозно се пристапува и на железничко поврзување на Македонија и Бугарија. Заменик-претседателот на Владара на РМ, д-р Анѓушев, на бизнисмените им порача дека во наредниот период ќе се интензивира изградбата на експресниот пат од Куманово до границата со Бугарија, како и изградбата на првата фаза од железницата кон Бугарија на делот од Куманово до Бељаковце. Веќе се тендерира втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка во вредност од 147 милиони евра, за која е добиен и грант од 68 милиони евра, а проектирана е и третата делница од Крива Паланка до Ѓуешево во вредност од 350 до 400 милиони евра, за која е обезбеден ист грант од 68 милиони евра преку Вест Балкан инвестмен фондот. На денешната средба со Дончев, како што истакна, станало збор и за заеднички царински премин, како и за подобрување на соработката во енергетиката каде веќе е потпишан договор за заедничка берза на електрична енергија, а во зачеток се и разговори за учество на Македонија во изградбата на бугарската нуклеарна електрана „Белене“. Бугарскиот вицепремиер Дончев посочи дека во следниот период активно треба да се работи на утврдување на пречките за натамошно подобрување на меѓусебната соработка и истите да бидат отстранети. -Во таа насока се разгледува опцијата за заедничка гранична контрола при преминувањето на државната граница меѓу двете
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
9
РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА
земји што би го забрзало протокот на стоки и луѓе, - истакна Дончев. Бугарија беше шести најголем трговски партнер на Македонија во 2016 година, а лани го зазеде петтото место. По потпишувањето на Договорот со Бугарија се зголемува бројот на туристи од Бугарија во Македонија и обратно. Минатата година Бугарија ја посетиле 88.247 македонски граѓани кои оствариле близу 250 илјади ноќевања, а во Македонија престојувале 41.399 бугарски туристи кои оствариле 70.356 ноќевања. Двете земји имаат потенцијал да креираат заедички туристички понуди, поради различните природни туристички атракции. Пред македонските стопанственици беа претставени и предностите што им се нудат за инвестирање во Бугарија, со акцент дека во последните години во земјата има странски директни инвестиции во вредност од 20 милијарди евра. На малите и средните претпријатија од двете земји им порачаа дека мораат да бидат извозно ориентирани и да произведуваат производи со додадена вредност. - Во таа насока, се` што зависи од Бугарија ќе биде исполнето, - вети бугарскиот вицепремиер Дончев. На денешниот Бизнис форум, прв по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, учествуваат компании од двете земји, а во делегацијата беа присутни и градоначалници на општините од пограничниот регион со Македонија, како и директори на повеќе државни економски институции од Бугарија. Во рамките на Бизнис форумот се одржаа деловни средби меѓу бизнисмените од двете земји. Даниела Михајловска Василевска
БИЗНИС ИНФО
10
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
ПРЕВЗЕМЕНО
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КОМИСИЈА ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На ден 31.12.2018 година во Службен весник на РМ број 248/2018 е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, кој влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на РМ. Со измената на предметниот Закон, поточно во член 5, се предвидуваат нови критериуми за заедничко дејствување, кои се однесуваат на утврдување на заедничко дејствување врз основа на дадено полномошно за присуство и гласање на собрание на акционери. Согласно Законот, за заедничко дејствување не се смета остварувањето на правото на глас врз основа на овластувања дадени од повеќе акционери на еден полномошник во постапка согласно со Законот за трговски друштва, освен ако тоа претставува прикриен начин на договарање чија цел е стекнување и зацврстување на контролата врз целното друштво.
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
11
ПРЕВЗЕМЕНО Со последната измена се воведува обврска за полномошникот задолжително да ја извести Комисијата за хартии од вредност на РМ за намерата и причините за давањето на полномоштвата од повеќе акционери, во рок од пет работни денови пред одржувањето на собранието на акционерите. Согласно оваа измена, известувањето кои полномошникот има обврска да го достави до Комисијата, задолжително треба да ја содржи намерата и причината за давањето на полномоштвата, бројот на акции за кои е дадено полномошното, како и дали истото е со или без инструкции за гласање. Согласно измената на Законот исто така, доколку полномошникот не ја извести Комисијата во наведениот законски рок, ќе се смета дека остварувањето на правото на глас врз основа на овластувањата дадени од повеќе акционери на тоа лице е прикриен начин на договарање, чија цел е стекнување и зацврстување на контролата врз целното друштво согласно ставот 8 од член 5 од Законот. Врз основа на горенаведените одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, укажуваме на потребата од доследно почитување на оваа законска обврска, која претставува должност за ополномоштени лица кои присуствуваат на собранието на акционери. Во оваа прилика известуваме дека до крајот на месец јануари 2019 година, на веб страната на Комисијата ќе биде објавен образец на известување на полномошник на собрание на акционери, кој ќе може во иднина да го користат полномошниците за да ја известат Комисијата за хартии од вредност на РМ. Дотогаш полномошниците можат да ја известуваат Комисијата во форма која самите ќе ја одредат. Комисија за хартии од вредност на Република Македонија
12
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
bsi.
ISO 9001
Quality Management
bsi.
ISO 9001
ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922
Founded 1922
FS 549642
Quality Management
FS 549642
13
БИЗНИС ИНФО
14
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.01.2019 година (среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар на тема: ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА
За да успеете во бизнисот денес неопходно е брзо приспособување на условите на пазарот, за што предуслов е флексибилноста на компанијата и нејзината способност за реорганизација, како и пристапот до финансии, односно до капитал. Во динамично окружување компаниите мора да се во состојба брзо да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат и максимум да ги искористат капацитетите со кои располагаат, со цел да ја зголемат продуктивноста, сопствената конкурентност и да овозможат раст на компанијата.
Предавачи: - Анета Димовска, економист со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Министерството за финансии и во Министерството за економија на Република Македонија. Нејзиниот професионален ангажман е насочен првенствено кон подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија, со особен акцент на областите даночна и царинска политика и пазар на труд; - Катарина Чилиманова Јордановски, економист, магистер од областа на Бизнис администрација. Таа поседува долгогодишно практично искуство на раководна позиција во областа на финансии во компанија од телекомуникацискиот сектор, како и работно искуство од областа на финансиите во енергетскиот сектор. Рок за пријавување: 18.01.2019 година.
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
15
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30.01.2019 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ – КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Постојат различни гледишта на организациите во однос на вложувањето во нивните вработени преку обука и развој. Едни, обуката и развојот на човечките ресурси ја гледаат како креирање на вредност со цел организацијата успешно да се справи со конкурентските предизвици, додека други пак сметаат дека преку иновативни практики за обука и развој на човечките ресурси ќе се подобрат финансиските резултати на организацијата и на тој начин таа ќе биде поконкурентна на пазарот. И од двете гледишта, обуката и развојот им помага на организациите да се справат со конкурентските предизвици. Промените во економијата, па и во другите области, резултираа и со намалување на буџетите за обука и развој на вработените. И покрај тоа, организациите треба да продолжат да применуваат ефикасни и ефективни практики за обука на вработените со цел да ги подобрат и развијат нивните компетенции, а со цел да се подобри или да се креира нов производ, услуга, да се генерираат нови идеи, да се обезбеди висококвалитетна услуга, да се подобри продуктивноста и сл. Исто така, грижата за професионалниот и кариерниот развој на вработените овозможува да се подготват вработените за менаџерски и лидерски позиции, да се привлечат и задржат вработените на сите нивоа и сите работни места. Предавач: - проф. д-р Даниела Карадаков, директор на „БАС“ Високата школа и професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Обучувачот својата експертиза ја развива и ја споделува во областа на менаџмент на човечки ресурси, менаџмент во образование, личен менаџмент, организациско комуницирање, интерперсонални деловни вештини, организациско учење и сл. Таа истовремено е и обучувач и консултант во „ДЕТРА“ Центар Скопје, каде извршува обучувачки и консултантски услуги во наведените области. Научните достигнувања ги гради и како доцент, односно како научен соработник во „БАС“ Институтот за менаџмент во Битола. Посветена е на научни истражувања во областа чии резултати ги објавува на научни и стручни собири, како и во научни списанија со импакт фактор. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
16
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31 јануари 2019 година и 21 февруари 2019 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
Најнови измени на Законот за јавни набавки
НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневни семинари на 31 јануари и 21 февруари 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.
Предавач: Предавачи на семинарите ќе бидат директно изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои ќе имате непосредна можност да разговарате за новините и толкувањата на одредбите. Предавачите се воедно експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија: Рита Глигоријевска; Марија Јованоска; Александар Аргировски и Горан Давидовски. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
17
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 31 јануари 2019 година (четврток) 9:50-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Во услови на сè понагласена животна и деловна динамика и недостаток на време за реализација на сите зацртани цели или желби и потреби, ефикасноста на оние субјекти чиј доминантен продажен модел е со користење телефон, секако добива значење. Под временскиот притисок, на клиентите им е полесно да го одбијат или да го прекинат телефонскиот повик, оставајќи го телефонскиот комерцијалист со ограничена можност да воспостави кредибилитет и да успее да го информира нестрпливиот клиент за користа со која може да се стекне. Телефонската продажба има свои одлики кои ја прават различна и специфична во однос на класичната продажба. Секој оној кој (ќе) се занимава со оваа професија има потреба во детали да се запознае со тие специфики и да завладее со критично ниво на техники со кои ќе го подигне својот учинок. Предавач: Митко Керамитчиев е деловен консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во продажба, услуга и дистрибуција. Последен рок за пријавување за семинарот: 28.01.2019 година. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1.02.2019 година (петок) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата
Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на архивското и канцелариското работење, приемот и движењето на документите, распределувањето на документите по организациони единици и доставувањето до одговорните лица за нивно натамошно процесирање во рамките на институциите и пошироко. Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на водење на деловодникот и останатата пропратна документација, согласно Законот и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење, односно начинот на користење и одбележување на документите со соодветни организациони единици и користење на рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, со кој се олеснува водењето на деловодникот, како и затворање на тековна година и подготовка на соодветна документација за тековно работење во наредна година. Предавач: -м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 29.01.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
19
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7.02.2019 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ
Интерактивниот семинар се фокусира на теоретско и практично изучување на начините за регрутација на нови вработени со помош на социјалните медиуми. Социјалните медиуми заземаат сè поголемо место во комуникацијата на брендовите во светот, не само во нивните маркетинг оддели, туку и во целокупното работење. Корисниците се навикнати секоја информација да ја проверуваат„онлајн“, да споделуваат на социјалните медиуми, а сè повеќе и да ги извршуваат нивните секојдневни обврски со помош на нив. Користењето социјални медиуми при регрутација на нови вработени дава големи можности за детално истражување и таргетирање на целната публика, како и нови можности за остварување контакт со потенцијалните кандидати. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 7 февруари 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ“, каде главен фокус ќе биде даден на користењето на социјалните медиуми како алатка за привлекување нови вработени на краток и на долг рок. Овој семинар е наменет за претставници на секторите за човечки ресурси во компаниите, како и лица задолжени за регрутација на нови вработени. Секој од посетителите е потребно со себе да донесе лап топ. Предавач: Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација за дигитален маркетинг. Дујак има повеќе од осумгодишно работно искуство како главен оперативен директор во маркетинг агенцијата „Brand Union“. Автор е на наградуваните блогови „This is Not a Social Media Blog“ и „Skopje Casual“. Држи бројни обуки од областите маркетинг и дигитален маркетинг. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
20
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 февруари 2019 година 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“
Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Широк спектар на структури, вештини, знаење и аналитички капацитети се потребни за да се координираат и имплементираат сите елементи кои ги сочинуваат националните системи на безбедност и здравје при работа, така што заштитата достигнува до работниците и животната средина. Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата на Република Македонија, работодавачите и работниците. Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како што е и правилното управување со опасни материи и отпад, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија на 7 февруари 2019 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“. На семинарот писутните ќе се стекнат со неопходни познавања за опасниот отпад и одредени компетенции за управување со истиот. Предавач: М-р Кире Станојоски, дипл. инж. по Заштита на животната средина, Управител за отпад, Стручно лице за Безбедност и здравје при работа и вработен во РИ-ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244088 Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015 Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
21
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.02.2019 година (четврток) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА
Овој семинар го објаснува значењето на податоците и нивното користење за носење квалитетни бизнис одлуки. Наменет е за претставници на бизнис заедницата кои директно или индиректно се вклучени во процесите на бизнис анализите и носењето на деловни одлуки. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за data mining, бази на податоци, идентификација и класификација на сетови на податоци, бизнис анализа на кластери на податоци. Идентификувањето на сеопфатни и квалитетни бази на податоци и практикувањето подготовка на анализи е дел од бизнис културата на развиените компании. Особено е важно користењето на релевантни економски податоци на патот за зголемување на конкурентноста. Предавач: -Благица Новковска, експерт, професор и истражувач. Повеќе од 25 години работела во официјалната статистика, од кои 10 години како директор на Државниот завод за статистика. На академско ниво, Новковска е доктор на економски науки (докторирала на тема ,,Застапеност и мерење на сивата економија во Република Македонија,,) и доцент по група предмети од областа на економските науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Последен рок за пријавување: 8 февруари 2019 година. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
22
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.2.2019, 20.2.2019 и 21.2.2019 година Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
РЕАЛИЗИРАЊЕ ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка. Согласно законската регулатива, компаниите кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците. *Минимален број за реализација на обуката е 5 учесници. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
23
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19 – 20.02.2019 година (вторник и среда) 9:00 -14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала1 на 5-ти кат
Стратегиско планирање со примена на SWOT матрица и Карта на врамнотежени резултати (КВР)
Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа. Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Започнувајќи од најчесто поставуваното прашање, кој треба да го направи стратегискиот план, потоа преку прашањето кои алатки најчесто се користат во процесот на стратегиско планирање и насоки за нивна примена, потоа со употреба на Картата на врамнотежени резултати (КВР) и насоките за дефинирање на организациска визија и мисија ќе се добие комплетна слика за вкупниот процес на стратегиското планирање. Тоа е креативен пристап кој во фокусот ја има иднината на сегашните одлуки, преку прилагодување на потенцијалот на организацијата. Предавач: - проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Рок за пријавување: 13.2.2019 година Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
24
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21 февруари 2019 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат
Најнови измени на Законот за јавни набавки
НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, по одржаниот семинар на 31 јануари 2019 година, организира еднодневен семинар и на 21 февруари 2019 година и истиот е наменет за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ. Поради голема заинтересиранотст и ограничен број на места, Ве молиме Вашите пријави да ги доставите најдоцна до 15 февруари 2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
25
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.02.2019 година 10:00 - 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА
Секој вработен поседува знаење, сила, креативност и потенцијал. Овие содржини може да се искористат само ако вработениот е доволно мотивиран. Доколку организацијата има систем и менаџери кои можат да ги мотивираат луѓето во неа ќе се случуваат неверојатни работи и ќе има огромен успех. Мотивираните вработени се подготвени да вложат многу труд, многу енергија, многу посветеност, многу креативност и упорност за да ја постигнат поставената цел. Функционирањето на организацијата е сложен процес, кој опфаќа постојана размена на информации внатре во компанијата заради успешно работење. Свесноста за важноста на овој комуникациски тек е една од важните компоненти за успехот на работењето на компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, процесите ќе бидат не ефикасни, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и организацијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици. Предавач: -проф. д-р Гордана Петрушевска, експерт и менаџер. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање успешни проекти“. Своите докторски студии ги завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград, во 2012 година, на тема:„Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети, предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Односи со јавност итн. Рок за пријавување: 18.2.2019 година Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
26
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26.02.2019 година (вторник) 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО
Стопанската комора на Македонија на 26 февруари 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО. Цел на семинарот: Запознавање на учесниците на семинарот со производствениот менаџмент, начините како можеме да го организираме и управувавме производството преку зголемување на ефикасноста и ефективноста преку оптимизирање и организирање на работните места; да влијаеме на зголемување на продуктивноста и намалување на ризикот од повреда на работно место; да се препознаат деловите во производството коишто додаваат вредност на крајниот продукт; да се воспостави ефикасна и одржлива комуникација помеѓу секторите производство, продажба и набавка; да се намали непотребното трошење на ресурси и време кое е потребно да се произведе некој производ; да се изгради систем за постојани подобрувања во коишто секој вработен во производството ќе придонесува во унапредувањето на работата на своето работно место; да се мотивираат вработените за да бидат поактивни чинители во воспоставениот систем на постојани подобрувања итн. Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Последен рок за пријавување: 18.02.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
27
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.02.2019 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА
Ефикасната комуникација е важна за развојот на една организација. Преку комуникацијата се извршуваат основните и комплексните работни задачи и менаџерски функции. Комуникациските вештини, без разлика дали се вербални или невербални, претставуваат основа за секоја деловна активност. Комуникацијата служи како основа за секој аспект на бизнисот, па токму затоа секојдневното подобрување на организациското комуницирање може да донесе многу придобивки за организациите: • Комуникацијата влијае на мотивацијата на вработените; • Комуникацијата претставува извор на информации и помага во процесот на донесување одлуки; • Комуникацијата помага во градење на ставот кај вработените; • Комуникацијата влијае на интерперсоналните односи меѓу вработените; • Комуникацијата помага во процесот на контролирање и сл. Предавач: - проф. д-р Даниела Карадаков, директор на БАС Високата школа и професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси. Рок за пријавување: 22.02.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Елизабета АндриевскаЕфтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
БИЗНИС ИНФО
28
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
3-7 март 2019 година Рим, Р. Италија
Советување на тема: ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Стопанската комора на Македонија, од 3-7 март 2019 година, Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: „ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО“, што ќе се одржи во Рим, Р. Италија. Предавач: - Виш предавач м-р Горазд Смилевски, наставник по консултантство и претприемништво во високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент и еден од нејзините основачи. АРАНЖМАН Сместување и авионски превоз - Цената за сместување во хотел со 3 * во Рим на база 4 ноќевања со доручек во двокреветна соба, по учесник, изнесува 32.200 денари. За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 7.450 денари за сите денови. - авионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје (тргнување на 3 март 2019 година, во 13:20 часот од Меѓународниот аеродром во Скопје и враќање на 7 март 2019 година во 15:35 часот од Аеродромот „Чампино“ во Рим; - транфер во Рим од аеродром до хотел и од хотел од аеродром на враќање; - користење конференциска сала; - кафе и освежување за време на паузата на советувањето; - пратител на групата; - разглед на Рим. Минимален број за реализирање на оваа обуката е 15 учесници. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
29
СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
11 април 2019 година, Диселдорф, СР Германија
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија „Startup-Woche“
Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Германија (Северна Рајна Вестфалија во западна Германија), преку Европската мрежа на претприемачи ЕЕН, ве покануваат да учествувате на Mеѓународните деловни средби на стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Германија „Startup-Woche“, што ќе се одржат на 11 април 2019 година во Диселдорф, СР Германија. Пазарите на Источна Европа се развиваат брзо и се сметаат за најбрзо растечки економии во Европа. Овие економии дефинитивно имаат што да понудат, но и да научат од високо развиените европски земји преку техники и начини за водење бизнис, деловни стилови за преговорање и договарање, трансфер на технологии и знаење. Ниските трошоци на работна сила, човечките ресурси со добри квалификации, географската близина, се битни фактори што земјите од Источна Европа можат да ги понудат на западноевропските развиени земји. На настанот ќе присуствуваат голем број источноевропски стартап компании, мали и средни компании кои ќе ги споделат своите бизнис планови, идеи, можности и проекти. Тие ќе работат во групи со ментори за да најдат соодветни решенија за одредени прашања, кои потоа ќе бидат презентирани пред посетителите. Ова ќе биде проследено со неформални деловни средби, кои ќе бидат почеток за воспоставување нови партнерства. Краен рок за избор и потврда за учество е 8.3.2019 година. Учеството е бесплатно, трошоците за патување и сместување се на товар на учесниците. Место на одржување на настанот: Schloß Mickeln, Alt-Himmelgeist 25, 40589 Düsseldorf. Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија Телефон: ++ 389 2 3244 009 E-адреса: irena@mchamber.mk Стопанската комора на Македонија
30
БИЗНИС ИНФО
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Србија
Продажба на фабрика за рециклажа во Србија
Хрватска
4-ти меѓународен конгрес за рурален туризам
Босна и Херцеговина
Босанска компанија производител на алуминиумска и ПВЦ столарија е заинтересирана за воспоставување на деловна соработка co компании од Република Македонија
Индија
Компанија од Индија, производител на најквалитетна сурова волна и волнени предива е заинтересирана за долгорочна соработка со бизнис партнери од Македонија
Босна и Херцеговина
Јавен повик за учество во реорганизацијата на ХИДРОГРАДЊА д.д. Сараево
Италија
Мултинационална компанија со седиште во Италија бара македонска компанија за пакување на производи
Турција
Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС
Украина
Италија
Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија
Египет
- Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“
Компанија која произведува маслиново масло,маринирани маслинки, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија
Украина
Египет
Украина
Иран
Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер)
Производител на метални мрежи и огради
Компанија од Египет е заинтересирана за увоз на минерални суровини
Македонија
СЕ ПРОДАВА МОНТАЖНА ХАЛА
Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и плас
Македонија
Иран
АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
БИЗНИС ИНФО
31
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Мексико
Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги.
Македонија
Реномирана компанија од Македонија, производител на високо квалитени и стандаридизирани цевки, профили, спроводници, бара компании странски компании за соработка.
Македонија
Компанија нуди производство и печатење на самолепливи етикети во ролна.
други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспорт
Украина
Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Украина
Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Украина
Украина
Украина
Пакистан
Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за д
Компанија од Украина која произведува, електрични грејни тела за домаќинства од керамика со различни дезени и бои, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Украина
Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и
Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македон
Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан.
Украина
Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.
Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS
O
Петок, 25 Јануари 2019, Бр. 380
T
15
32
9001:20
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
97 godini 1
922 - 2019
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088