СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
1
Членка на: Број 31 од 25.11.2010
контакт call центар (02) 15015
www.mchamber.mk
Инсистирање на бизнис-заедницата од битолскиот регион
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ СУДОВИ ЗА ПОБРЗО РЕШАВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ Стопанската комора на Македонија побара за една година да се одложи примената на казнените одредби за воспоставување служба за внатрешна ревизија
НА КОМПАНИИТЕ ИМ ФАЛАТ И ВРЕМЕ И - СТРУЧЊАЦИ!
И покрај тоа што неодамна „работничкиот устав“ беше хармонизиран со европското законодаство, бизнис-секторот детектираше низа непрецизни и тешко спроведливи одредби
ДОДЕКА ГИ ИЗВЕСТИШ ИНСПЕКТОРИТЕ, РАБОТАТА ОСТАНА НЕЗАВРШЕНА!
БИЗНИС ИНФО
2
Издвоено
ИМАМЕ ПРОИЗВОДИ ОД „СВЕТСКИ КАЛИБАР“ Постои една многу погрешна перцепција – дека фармацевтските компании и во кризни услови се предодредени да испорачаат позитивни резултати во работењето. Успехот во работењето на „Алкалоид„ во изминативе години на светската економска криза, како и претходно, се должи пред се` на квалитетот на производите, на квалитетот на кадрите кои работат во компанијата, на брендот „Алкалоид„ и поединечните брендови кои ги имаме, а кои се граделе години наназад, како и на проактивниот маркетингконцепт, што е своевидна борба за секој наш продаден производ. Најодговорно можам да кажам дека „Алкалоид„ има производи од „светски калибар„, кои се рамноправни со конкурентските, па и во некои случаи подобри. Успехот, исто така, се должи на стандардите што ги имаме применето во производството, кои исто така се супериорни, затоа што, ако сме вложиле речиси 100 милиони евра од 1998 до денес во производни капацитети, лаборатории, Институт за развој и технологии – нормално дека тоа ни обезбедува стартна пазарна позиција која е апсолутно конкурентна. Несомнено, голем удел во успехот на компанијата има и развојната стратегија на менаџментот и со задоволство можам да кажам дека сме близу да ја исполниме целта од континуиран двоцифрен годишен раст, која чинам е на добар пат да стане интерно кредо на компанијата. (Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје)
Покровители
четврток, 25 ноември 2010
ДАНОЧНА АМНЕСТИЈА За враќање на македонските заштеди од странство треба да ги искористиме довербата во нашите банки и квалитетот што го поседуваат. Прво, треба дома да смогнеме сила и со консензус, без дневна политика и злоупотреби, да донесеме одлука за даночна амнестија. Да се одреди даночната стапка за амнестираниот капитал. Таа може да биде, карикирам, 1, 2, 5 отсто или пропорционална. Тоа би го одлучил законодавецот по јавната дебата за тоа дали македонските заштеди и капитал во странските банки и’ требаат на земјава. За да се избегнат недовербата во институциите на државата, стравот дека амнестирањето ќе биде злоупотребено, а поединците санкционирани, би можело пред државата единствено банките да декларираат дека им е трансфериран капитал. (Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи)
ПАЗАРОТ (НЕ) МОЖЕ ДА ГО ДИНАМИЗИРААТ САМО ЛОКАЛНИТЕ ИГРАЧИ Дали кризата и во која форма сме ја надминале или не е комплексно прашање. Веројатно, може да се каже дека оној прв најлош период го пребродивме. Постои претстава дека берзите први антиципираат оти ќе дојдат подобри денови, меѓутоа, и тоа треба да биде предмет на сериозна анализа. Во услови на непостоење на многу развиена локална инвеститорска база, а ние знаеме дека бумот во минатото го катализираа странските инвеститори од регионот, кои сега се пасивни, при постоење општа неликвидност во системот и не толку оптимистички очекувања за иднината, прашање е и дали може пазарот да го динамизираат само локалните играчи, колку и трендот на општото економско заздравување да се наѕира. Потребна е комбинација на повеќе фактори. Да се зголеми ликвидноста во системот, да се активираат старите и да се појават нови странски инвеститори, а локалните да се охрабрат и да започнат повторно да инвестираат на берза, вклучително и иницијално да реализираат определени капитални загуби за да започнат нов циклус на вложување. Секако, оваа оптимална комбинација подразбира постоење генерален оптимизам поради познатото влијание на психолошките фактори на пазарот на капитал. (Иван Штериев, главен извршен директор на Македонската берза за хартии од вредност)
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
3
Фокусирано
Стопанската комора на Македонија побара за една година да се одложи примената на казнените одредби за воспоставување служба за внатрешна ревизија
НА КОМПАНИИТЕ ИМ ФАЛАТ И ВРЕМЕ И СТРУЧЊАЦИ
Согласно член 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва („Сл. весник на РМ„ бр. 47 од 9.04.2010 год.), што ќе се применува од 1.01.2011 година, сите акционерски друштва кои се големи трговци согласно ЗТД, сите друштва чии акции котираат на берза, како и друштвата кои согласно Законот за хартии од вредност имаат посебни обврски за известување, должни се во својата организациона структура да формираат служба за внатрешна ревизија како независна организациска единица во друштвото.
период од предвидениот краток период од донесувањето до денот на примена на обврската за организирање на службата, Стопанската комора на Македонија, застапувајќи ги барањата на бизнис-заедницата и практичните проблеми поврзани со имплементацијата на оваа одредба од ЗТД, поднесе Иницијатива до Министерството за економија. Иницијативата содржи барање да се одложи за една година примената на казнените одредби за организирање службата за внатрешна ревизија предвидени во членот 27 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Сл. весник на РМ„ бр. 47 од 9.4.2010 год.), Оваа обврска се однесува на следните трговски друштва: така што надлежните инспекциски и прекршочни органи нема да изрекуваат санкции и глоби поврзани со член 10 од Законот за 1. големи трговци, кои се организирани како изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, акционерски друштва најрано до 01.01.2012 година. Според дефиницијата во член 470 од ЗТД, за голем трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето задоволил најмалку два од можните три критериуми што следат: - просечниот број на вработените врз основа на часови на работа да е поголем од 250 работници и - годишниот приход да е поголем од 10.000.000 евра во денарска противредност или - просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е поголема од 11.000.000 евра во денарска противредност. Покрај големите трговци, обврска да организираат служба за внатрешна ревизија имаат и: 2. друштвата кои котираат на берза и
3. акционерските друштва со посебни обврски за известување, односно друштвата кои извршиле јавна понуда на хартии од вредност или имаат основна главнина од 1.000.000 евра во денарска противредност и повеќе од 50 акционери. За неисполнувањето на обврските од Законот поврзани со задолжителната обврска за организирање служба за внатрешна ревизија (почнувајки од 1 јануари 2011 година), во Законот за трговските друштва се предвидени големи санкции. Така, глобата за неисполнување на обврската изнесува од 2.500 до 5.000 евра за друштвото што нема да организира служба за внатрешна ревизија, а истовремено и секој поединечен член на органот на надзор на друштвото ќе биде казнет со глоба во износ исто така од 2.500 до 5.000 евра. Имајќи го предвид фактот дека законската обврска за организирањето служба за внатрешна ревизија во трговските друштва (со исклучок на банките и осигурителните компании) е новина во нашето законодавство за чија имплементација е потребно спроведување на низа активности кои вклучуваат спроведување на постапки за избор на внатрешни ревизори, уредување на внатрешната организација, правата и одговорностите на службата и други активности за кои е потребен подолг временски
Обврската за организирање служба за внатрешна ревизија за определени трговски друштва се воведе со измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва од 9 април 2010 година. Во врска со имплементацијата на членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, најголем дел од компаниите на кои се однесува, пристапиле кон преземање конкретни активности за воспоставување служба за внатрешна ревизија во нивната организациска структура. Имајќи предвид дека оваа обврска се однесува на големите компании, кои имаат комплексна структура и дејности, дојдовме до сознание дека предвидениот рок за имлементација на одредбата (од април 2010 до јануари 2011 година) е прекраток рок за да се спроведат сите потребни активности за организирање квалитетна служба за внатрешна ревизија, почитувајќи ги меѓународните стандарди за внатрешната ревизија, како основа за изнаоѓање и ангажирање соодветен кадар, од една страна и пропишаните процедури за организација на службата кои се предвидени во законот, од друга страна. Во прилог на барањето за одлагање на примената на казнените одредби е и фактот што во Република Македонија нема доволен број обучени и искусни кадри од областа на внатрешната ревизија, кои би можеле да бидат вработени во службите за внатрешна ревизија на трговските друштва. Имено, во моментов во државата има околу 180 лица кои имаат сертификати од областа на внатрешната ревизија, кои се вработени во органите на државната управа или во општините, на локално ниво како внатрешни ревизори (заради вршење јавна внатрешна финансиска контрола, согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола). Следствено на тоа, трговските друштва немаат можност за избор на внатрешни ревизори во Република Македонија. Доколку, при оглас, би се јавиле постојните внатрешни ревизори ангажирани во јавниот сектор, тогаш би се јавил проблемот на немање кадри за внатрешни ревизори во јавниот сектор. Наведената фактичка сосотојба во моментот создава големи проблеми за менаџерите на компаниите кои од 1 јануари 2011 година ја имаат обврската за основање служба за внатрешна ревизија во нивните организациски структури, и покрај фактот што, во функција на развој на доброто корпоративно управување, менаџерите настојуваат на најдобар можен начин да го развијат системот на внатрешна ревизија во нивните компании. Елена Милевска
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
Дијалози
Бизнис-секторот детектираше низа непрецизности во одредбите на „работничкиот устав“
ДОДЕКА ГИ ИЗВЕСТИШ ИНСПЕКТОРИТЕ, РАБОТАТА ОСТАНА НЕЗАВРШЕНА!? * Согласувајќи се со потребата да се слушнат барањата на стопанствениците, Министерството за труд и социјална политика изрази подготвеност за организирање работни средби и за другите прописи од оваа област, како што е и Законот за безбедност и здравје при работа, кој стопанствениците, исто така, го посочија како еден од попроблематичните закони за спроведување во праксата - Бизнис-заедницата бара да се најде можност за флексибилно време со почитување на максималниот број работни часови, да не се казнува прекувремена работа која е потребна за надминување на економската криза, укинување на одредбата за пријавување пред стапување во работен однос. Сакаме да има дискусија и да се дојде до најдобри решенија. Не значи дека нашите барања мора да бидат прифатени, иако мислиме дека сме во право, - нагласи
претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во изјавата за претставниците на медиумите пред почетокот на седницата на која се расправаше на тема: „Регулативите од областа на работните односи и нивна хармонизација со европското законодавство„ (18.11.2010 година). На седницата присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Џељал Бајрами и директорот на Државниот инспекторат за труд, Горан Јовановски. - Владата секогаш е подготвена да ги ислуша барањата на стопанствениците, но дел од барањата на бизнис-секторот се дискутабилни, – изјави пред новинарите Џељал Бајрами. -Ако компаниите чувствуваат дека имаат потреба да работат прекувремено, може да воведат и втора и трета смена, или да ангажираат и други лица за одреден период бидејќи не е проблем да се дозволи тоа, но кај нас се` уште свеста не е на такво ниво за да функционира прекувремена работа, зошто таа може да се злоупотребува. На средбата се разгледуваа одредби од „работничкиот устав“, од аспект на имплементацијата на последните измени и дополнувања на Законот за работните односи и можноста за измени на другите одредби од
Законот кои им создаваат проблеми на стопанствениците, поради недоволно прецизираните одредби или поради практичните проблеми при спроведувањето. Како една од најкомплицираните одредби за спроведување, воведена со последните измени и дополнувања на Законот за работни односи, која беше посочена од стопанствениците, е обврската за работодавачите за секое воведување на прекувремена работа писмено да го известат подрачниот државен инспектор за труд. Бизнис-заедницата реагираше на проблемот поврзан со спроведување на оваа обврска, барајќи појаснување дали за секое поединечно воведување на прекувремена работа работодавачот треба да ја известува инспекцијата за труд, како би се применувала оваа одредба во итните случаи, кога не е можно веднаш да се извести за прекувремено ангажирање на работници и други слични проблеми кои се резултат на секојдневните различни ситуации кај работодавачите и потребите на работниот процес, кои неминовно ја наметнуваат потребата од прекувремена работа поради недостаток на замена на болен работник, работник кој е на одмор и слично. Согласно дадените појаснувања поврзани со примената на оваа одредба воведена како став 6 во членот 117 од Законот за работните односи, оваа обврска е воведена заради поголем увид и поголема заштита на работниците во случаи на прекувремена работа, при што Инспекторатот за труд ќе има разбирање за подоцнежното пријавување на прекувремена работа кај итните случаи. Бизнис-заедницата побара да се најде можност за флексибилно време со почитување на максималниот број работни часови, укинување на одредбата за пријавување пред стапување во работен однос, со барање да се дискутира за проблематичните одредби од Законот за работни односи, со цел да се дојде до најдобри решенија. Во врска со првото барање, од Министерството посочија дека Законот е доволно флексибилен и дозволува воведување работа во смени, или ангажирање други лица за одреден период бидејќи не е проблем да се дозволи тоа. Покрај тоа, беше посочено како спорно и барањето да се врати поранешната одредба во ЗРО според која пријавувањето би се вршело до три дена по засновањето на работниот однос, бидејќи таа многу често се злоупотребувала, преку тврдењата на сите стопанственици дека непријавениот работник го примиле ден пред контролата и оти во наредниот ден ќе го пријават. Согласувајќи се со потребата да се слушнат барањата на стопанствениците, Министерството за труд и социјална политика изрази подготвеност за организирање работни средби и за другите прописи од оваа област, како што е и Законот за безбедност и здравје при работа, кој стопанствениците, исто така, го посочија како еден од попроблематичните закони за спроведување во праксата. Елена Милевска
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
5
Предлози
Управен одбор на Регионалната комора со седиште во Битола
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ СУДОВИ ЗА ПОБРЗО РЕШАВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ
Управниот одбор на Регионална комора со седиште во Битола расправаше за неколку актуелни теми од областа на стопанството во регионот: начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежното земјиште за комерцијалните и деловните објекти, новите поволни услови за инвестиции во Индустриската зона „Жабени“, донесени со одлука на Советот на Општина Битола; за иницијативата на Стопанска комора на Македонија „Време е за промена на досегашниот модел на економски развој“, од октомври 2010 година, како и за информацијата за текот на апликацијата кон ИПА-програмите за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција (17.11.2010 година).
Стопанствениците во дискусијата на седницата, со којашто претседаваше претседателот Благој Стојчев, истакнаа дека е потребно постојните стопански објекти да се сместат во урбанистичките планови со цел да може да отпочне постапката за откуп на земјиштето. - Бидејќи поседувањето сопствено земјиште е основа за развој, ќе биде потребно цените за откуп на земјиштето да се изедначат со цените на дворовите за физичките лица, - истакна Благој Стојчев. Тоа, воедно, беше и заеднички заклучок на сите присутни. На седницата беше истакната и поддршката за изградба на нови индустриски зони, а за Индустриската зона „Жабени“ беа изнесени забелешки кон понудените рокови за изградба на објектите. Беше предложено овие рокови да се продолжат од
понудените 18 месеци на 36 месеци, а и бројот на вработени во новите капацитети да се сведе на реални бројки во зависност од напредокот на бизнисот. Во однос на иницијативата на Стопанска комора на Македонија, „Време е за промени на досегашниот модел на економски развој“, стопанствениците од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар дадоа целосна поддршка. Покрај предвидените мерки за судството, беше предложена и нова мерка: формирање на специјализирани економски судови или таканаречени „стопански судови“, со цел забрзување на решавање на појавените спорови во што пократок рок. Управниот одбор и стопанствениците беа информирани и за текот на одвивањето на прекуграничната соработка на Регионалната комора со седиште во Битола со коморите на Серес и Пела од Република Грција. Апликациите беа во целост поддржани. На состанокот беше потенциран и проблемот со царинењето во неработни денови, сабота и недела, со предлог да се воведе царинење во увоз и извоз, бидејќи моментално се царини само извоз во овие денови. Стопанствениците дури се подготвени да ги сносат трошоците за цариниците во овие денови, со цел исполнување на предвидените рокови на добавување и производство. Исто така, во дискусијата се нагласија и проблемите коишто ги создаваат монополските компании од областа на инфраструктурата, проблемите со поддршката и брзината на издавање дозволи за изградба на електрични централи со користење на обновливи извори на енергија, особено сончевата енергија и ветерот. Посебно беше предложено и побарано од советите на општините пред носењето одлуки од областа на економијата да бидат консултирани коморските здруженија и стопанствениците од пелагонискиот регион. За тоа ќе мора да се најде форма на соработка меѓу коморите и советодавните тела од економската сфера (комисиите за стопанство) во советите на општините. Исто така, беше договорено на наредните состаноци на Управниот oдбор на Регионалната комора со седиште во Битола да се разгледуваат прашања од областа на нелојалната конкуренција, монополскиот однос на одредени фирми, „сивата„ економија, односот на инспекциските служби, висината на казните, потребното знаење од исполнување на стандардите, како и натамошната соработка со општините од регионот. Никола Димковски
Предлози Средба на Црвениот крст на Македонија со членки на Стопанската комора на Македонија
СТРАТЕГИЈА ЗА МОБИЛИЗИРАЊЕ НА ФОНДОВИТЕ ОД КОРПОРАТИВНИОТ СЕКТОР
Стопанската комора на Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, нa 18 ноември 2010 година, во Бизнис салата на Скопски саем, организираше средба со членките на коморите. На средбата Црвениот крст на Република Македонија изврши презентација на Стратегијата за мобилизирање на фондовите од корпоративниот сектор во периодот од 2010 до 2015 година. Со цел да се обезбедат поквалитетни услуги на населението се преземаат активности и иницијативи за подобрување на финансиската стабилност и мобилизирање на дополнителни средства од корпоративниот сектор за потребите на
Црвениот крст. Имајќи предвид дека големите и растечките претпријатијата во Македонија се` повеќе ја практикуваат корпоративната општествена одговорност, Црвениот крст на Македонија, следејќи ги светските деловни промени, интезивно работи на внатрешно реорганизирање и јакнење на сопствените ресурси. Сето ова е во правец да стане вистински партнер на корпоративниот сектор. Партнерскиот однос на Стопанската комора на Македонија со Црвениот крст на Македонија се заснова на взаемен интерес и со воспоставена одлична соработка. Ирена Мојсовска
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 25 ноември 2010
Соработка
Средба на претставниците на коморите на Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија во Приштина
ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕТАРИФНИТЕ БАРИЕРИ
* За да се привлечат странските инвестиции, регион треба да се фокусира на подобрување на транспортната инфраструктура, енергетски да се оспособи, да ја подобри прекуграничната инфраструктура, да елиминирање нетарифни бариери и да го забрза процесот на создавање на заеднички економски простор согласно ЦЕФТА обврските На повик на Сафет Ѓерѓалију, претседател на Стопанската комора на Косово, во Приштина се одржа средба со Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Илир Жила, претседател на Унија на трговските и индустријските комори на Албанија, Павле Радовановиќ, генерален секретар на Стопанската комора на Црна Гора и Едвард Шварц, проект менаџер на Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК (17.11.2010 година). Разговорите беа во врска со имплементација на ЦЕФТА договорот во пресрет на превземање на претседавањето со ЦЕФТА коморскиот форум во 2011 година. На одржаната прес - конференција по средбата претставниците на коморите ги запознаа новинарите со состојбите во имплементација на ЦЕФТА договорот помеѓу четирите земји потписнички и потребата од понатамошната либерализација и меѓусебно интегрирање на економиите.
Фокусот врз транспортната инфраструктура и енергетиката
Представниците на коморите истакнаа дека регионот, без странските инвестиции ќе се развива со поспоро темпо. А, за да се привлечат странските инвестиции, регион треба да се фокусира на подобрување на транспортната инфраструктура, енергетски да се оспособи, да ја подобри прекуграничната инфраструктура, да елиминирање нетарифни бариери и да го забрза процесот на создавање на заеднички економски простор согласно ЦЕФТА обврските. Овој процес е нужно потребен за приватниот сектор, но без политичка воља тешко е да се постигне економски развој. Токму тој, пак, е предуслов за политичка стабилност. - Треба да мислиме глобално, а да работиме локално! И што е најважно треба интензивно да соработуваме. Патот до ЕУ интеграциите бара време. Неопходен е заеднички притисок и врз владите за да се забрзаат процесите на прилагодување и усогласување. – подвлече Антони Пешев, претседавач на Стопанската комора на Македонија. Едвард Шварц, во име на Унијата на германските индустријски и трговски комори нагласи дека Република Гераманија и ЕУ се, пред се, заинтересирани за политичката стабилност на регионот. Подршката што ја дава Германската влада на регионот и имплементација на ЦЕФТА договорот е во правец на што побргу создавање на заеднички пазар со истите деловни и инвестициони услови. За германскиот приватен сектор, пазарот на југоисточна Европа, на Западен Балкан е релевантен од аспект на големина, но под услов да е прилагоден на регулативата и условите кои се во примена во ЕУ. Представниците на коморите беа примени и од Бесим Беќај, министер за ЕУ интеграцији во Владата на Република Косово, кој ги запозна гостите дека косовските компании ќе ги користат посебните автономни трговски преференцијали во извозот во ЕУ до 2015 година. Во процесот на доближување на Косово кон ЕУ, приоритет е подготовка на компаниите за учество во ЕУ пазарот. Министерството со ГТЗ има договорен проект за реализирање на оваа цел во вредност од 33 милиона евра.
Мултирателарни приоритети во соработката во идната година
Со цел унапредување на имплементацијата на ЦЕФТА 2006 договорот, поддршката на приватниот сектор и унапредувањето на стопанската соработка меѓу Република Албанија, Република Црна Гора, Република Македонија и Република Косово, Стопанска комора на Македонија предлага во 2011 година, коморите, заеднички да се заложат кај своите влади за: » Забрзување на протокот на стоки и намалување на трошоците, унапредување на прекуграничните царински и други процедури кои ги следат стоките во извозот и увозот. Тоа подразбира усогласување на процедурите на заедничките прекугранични премини на Албанија, Црна Гора, Македонија и Косово. » Подобрување на прекуграничниот промет на стоки подразбира и унапредување на прекуграничната инфраструктура и отстранување на тесните грла. Во тој контекст е и унапредувањето на патното и железничко поврзување. » Земјите кои не постигнале билатерални конвенции за одбегнување на двојното оданочување и заштита на инвестициите, да инсистираат кај своите влади тоа да се овозможи што побрзо (такви конвенции нема со Црна Гора и Косово). Исто така, да се инсистира и на други конвенции кои би го поддржале претприемништвото, како што се регулирање на сезонска работа и друго.
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
7
Соработка » Во пресрет на формирањето на заеднички регионален енергетски пазар, да се интензивира соработката на надлежните ресори. Косово за Република Македонија претставува значаен фактор за целокупниот енергетски систем на земјата. Во електроенергетиката, сегашниот електроенергетски систем е поврзан со далновод од 400 КВ со Косовските термоцентрали, оттука и работата на истите е од големо значење за стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Македонија. Исто така, во недостаток на директна врска со Република Албанија, размената на електрична енергија меѓу Република Албанија и Република Македонија се одвива преку постојната далноводна врска со Косово. Потенцијалите во опрема за одржување на енергетските постројки и техничката подготвеност на инженерскиот кадар со коишто располага Република Македонија во голема мера можат да бидат искористени во процесот на ревитализација на електроенергетскиот систем на Косово. » Меморандумот за разбирање, потпишан од страна на претседателите на четирите комори, во Валона 2009 година, а којшто се однесува на соработката за заедничко учество во регионалните проекти, треба секоја година да произведе заеднички акционен план. » Коморите во 2011 година да иницираат бизнис-форуми и директни контакти меѓу стопанствениците, со цел поттикнување и унапредување на производното, трговското и услужното поврзување кое нуди либерализирана трговија со ЕУ и со други земји, а пред се` во рамките на ЦЕФТА 2006. Љубица Нури Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Република Косово
ЗА ПОЛОВИНА ГОДИНА СКОК ОД 73,3 ОТСО
Вкупната трговска размена на Република Македонија со Косово во првите шест месеци од 2010 година достигна вредност од 200,5 милиони САД $, или 5,2% од вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија. Споредбено со истиот период од минатата година, вкупната размена со Косово е зголемена за 127 милиони САД $, или раст од 73,3%. За првите 6 месеци Косово е седми партнер на Македонија во вкупната размена со светот. Остварен е извоз во вредност од 191 милион САД $. Македонскиот извоз во Косово за првата половина од 2010 година учествува со 13,3% во вкупниот извоз на земјата. Извозот е зголемен за 120 милиони САД $ или е зголемен за 67%. И увозното салдо бележи големо покачување од 7,7 милиони САД $, или раст од 419%. Од Косово се увезени стоки во вредност од 9,5 милиони САД $, што претставува 0,4% од вкупниот македонски извоз. Во рамките на трговската размена на Република Македонија со ЦЕФТА, во првите 6 месеци од оваа година, 42% од македонскиот извоз во ЦЕФТА-земјите е реализиран во Косово, а вкупната трговска размена со Косово учествува со 27% во трговијата со ЦЕФТА. Најголемо учество во извозот на Република Македонија во Косово во 2009 година имаат стоките: • прехранбени производи, зеленчук и овошје со вкупна вредност од 40 милиони САД $. Во секторот прехрана најголемо учество имаат производите: вода, минерална и газирана - 17 милиони САД $; пекарски производи - 4 милиони САД$); • градежни материјали - 31,6 милиони САД $; • топло и ладно валани и други производи од железо и челик - 13,8 милиони САД $; • цигари што содржат тутун – 8,5 милиони САД $ и останати производи од помала вредност. Во првите 6 месеци 2010 година, стоките кои се извезени во вредност поголема од 1 милион САД $ се: пекарски производи 2,4 милиони САД $; газирани пијалаци и минерална вода 7,8 милиони САД $, пиво 1,8 милиони САД $; цигари 5 милиони САД $; руди на никел и концентрати 2,3 милиони САД $; нафтен кокс 3,9 милиони САД $; водород, кислород и други ретки гасови 1 милион САД $; портланд цемент 11,4 милиони САД $; производи од гипс 1,6 милиони САД $; ладновалани производи 1,5 милиони САД $; топловалани прачки од железо 6,1 милиони САД $; ткаенини, мрежи и
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 25 ноември 2010
Соработка огради од кована жица и други производи за транспорт и пакување на производи од пластика 1,3 милиони САД $. Државниот завод за статистика на Македонија не го евидентира извозот на нафта и нафтени деривати и вода кои учествуваат во голем обем во македонскиот извоз. Во увозот во Република Македонија од Косово најголемо учество во 2009 година имале: прехранбени производи, зеленчук, овошје и градежни материјали. Оваа година најзастапени производи се: брашно од пченица или наполица, чоколади, прехранбени производи кои содржат какао, минерална вода и други газирани пијалоци, метални отпадоци, 2,8 мил. САД $, мрк јаглен и лигнит, заварени цевки, отпадоци од батерии...
ОПШТИ СОГЛЕДУВАЊА ЗА СТОПАНСКАТА СОРАБОТКА » Увозната зависност на Косово овозможува максимално пазарно позиционирање на македонските стоки. Високото учество на Косово во македонскиот извоз е добро, но компаниите треба да сфатат дека оваа угодна позиција на косовскиот пазар не е долгорочна и дека треба и понатаму да работат на изградување на конкурентниот капацитет на нашето производство, пред се` преку квалитет и меѓународни стандарди. » До сега, кон овој пазар немало стратешки пристап. Кон ова придонесе фактот дека до 2009 година немаше транспарентност во податоците на ниво на нашата држава, така што билатералната трговска размена во услови на немање јавен пристап кон податоците оставаше впечаток на импулсивна размена. Но, исто така се` уште нема јавност и во однос на други податоци, како што се оние кои се однесуваат на инвестиционите активности во двете насоки. Доколку би постоело заедничко мешовито тело кое би ја следело билатералната размена, би можело да се изгради и стратешки пристап кон овој пазар. Со цел осознавање, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово во најскоро време треба да организираат бизнис-форум. » ЦЕФТА 2006 создава услови за унапредување на регионалната трговска размена преку мултилатерална соработка, што до сега не се користи оптимално. Мултилатералното поврзување на македонското стопанство со косовското, за сега е можно само со Албанија, БиХ, Црна Гора и Хрватска, бидејќи со овие земји Косово има билатерални договори за слободна трговија и ограничено билатерално во однос на ЕУ, со оглед дека УНМИК/ Косово од страна на ЕУ имплементира автономни трговски преференцијали, таканаречени “извонредни мерки”. Соработката меѓу двете стопанства нема само билатерална димензија. Доброто меѓусебно познавање и информирање е значајно и од аспект на започнатите процеси за создавање на единствен регионален пазар и зона на слободна трговија. » Со Косово се` уште не се имплементира систем на одбегнување на двојното оданочување и нема конвенција за заштита на инвестиции. » Тоа што Косово не е пристапено кон АТА-конвенцијата, создава проблеми во одредени извозно-увозни операции. Треба да се најде заедничко решение меѓу двете комори и царинската администрација. » Комората гледа унапредување на стопанската соработка преку заедничко учество во проекти финансирани од меѓународните институции и програми, особено во областа на енергетиката и транспортот. Во тој контекст, со поголемо внимание треба да се следат јавните повици за јавни набавки и други тендери. Меморандумот за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора и Унијата на албанските комори (Валона, 9 јуни 2009 година) е во функција на иницирање заеднички проекти кои би биле финансирани од достапните меѓународни фондови. » Со цел унапредување на стопанската соработка и трговската размена, потребно е да се подобри инфраструктурата на граничните премини, вклучувајќи и оспособување на преминот Јажинце. Во 2007 година, македонските комори се обратија до Владата на Република Македонија со такво барање. Завршувањето на автопатот со кој се поврзува Албанија со Косово преку Кукс (Албанија), може да влијае на зголемувањето на транзитите преку македонско-косовскиот граничен премин. » Во однос на функционирањето на прекуграничните процедури постои извесна неусогласеност во делот на извозните и транзитните процедури, особено во делот на транзит на нафта и нафтени деривати. Од нашата страна ветеринарната и фитосанитарната контрола се на повик. Разгледувањето на можноста да се спроведува заедничка царинска контрола треба да е приоритет на двете земји. Потребно е во најскоро време да се организира билатерална средба на македонскиот и косовскиот национален прокомитет за олеснување на трговијата и транспортот.
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
9 Можности
Примената на дигиталните тахографи и на мемориските картички во патниот сообраќај
МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ
Обврската за користење на дигиталните тахографи произлегува од европската Конвенција АЕТР (Европска спогодба за работа на екипажите на возилата ангажирани во меѓународниот патен транспорт). Задолжителната примена на дигиталните тахографи во Република Македонија стапи на сила од 16 јуни 2010 година. Поради неможноста во целост да се применуваат обврските за користењето на дигиталните тахографи почнувајќи од определениот рок, на барање на членките на АЕТР е одобрен “период на толеранција“ за негова примена (заклучно со 31.12.2010 година) во кој период ќе се применуваат и одредени мерки во поглед на имплементацијата на дигиталниот тахограф. -Сигурни сме дека овој рок ќе го испочитуваме и ќе почнеме со редовна примена на новите прописи во оваа област. За тоа се е подготвено. – истакна Златко Кочовски, управител на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ на редовната прес конференција во Стопанската комора на Македонија на тема „ Примената на дигиталните тахографи и на мемориските картички во патниот сообраќај.
Тие мерки се однесуваат на калибрацијата на возилата што се веќе регистрирани и опремени со дигитални тахографи, под што се подразбира дека до официјалното отпочнување со издавање на мемориските картички од страна на договорната страна на АЕТР, возилата регистрирани во таа земја се активираат и калибрираат во овластена работилница за време на првото патување во рамките на АЕТР во првата земја преку која тие поминуваат; како и на доказите за усогласеност со правилата за времето на возење и на одмор со помош на користење на однапред отпечатен испис, листови за евиденција, атестирање на активности согласно АЕТР и сл. Примената на дигиталните тахографи во Македонија е регулирана со Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија„ бр. 161/09) според кој возилата мора да имаат вграден тахограф со кој ќе се мери и контролира работното време на мобилните работници и нивниот задолжителен одмор. Со овој
закон подетално се уредуваат работното време и задолжителниот одмор на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај, времето на возење и периодите на паузи на возачите за превоз на товар и патници, како и начинот, условите и постапката за стекнување на дозволи за работилници, уреди за записи во патниот сообраќај (тахографи), условите и начинот на контрола, надлежност на органите за надзор и нивните овластувања, евиденција, прекршоци и казнени одредби и сл. Во Законот мошне обемен е делот на казнени одредби, кои се прилично ригорозни, со цел за подоследна примена на обврските од истиот и тоа како од страна на екипажот на возилата по кои тие мора да се придржуваат, така и од управителите на компаниите при давањето на налозите за работа. Златко Кочовски Инсталирање, проверка, контрола и поправка на тахографите можат да вршат правни лица овластени од министерот за транспорт, преку посебни работилници што ги задоволуваат условите за таа цел. За да се користат тахографите, истите мора да употребуваат мемориски картички, коишто може да ги издаваат само правни лица овластени од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Мемориска картичка е картичка која се користи со тахографскиот уред и овозможува идентификација на идентитетот на сопственикот на картичката (или идентитетот на групата) и овозможува префрлање на податоците и нивно складирање од тахографскиот уред. Во Република Македонија, врз основа на тендер, а со Решение на Министерството за транспорт и врски, СИЗ „Македонија сообраќај„ – АМЕРИТ - Скопје доби јавно овластување за извршување на работи за издавање на мемориски картички за период од 15 години, кое опфаќа: спроведување на постапка за издавање или одземање на картички, вклучувајќи го начинот на издавање на картичките, водење на евиденцијата од член 25 од споменатиот Закон за работно време..., издавање на податоците од евиденцијатa и извршување на работи поврзани со генерирање на потребните електронски клучеви потребни за изработка на мемориските картички. Со оглед дека премногу се строги правилата и обврските за задолжителната примена на работното време и на одморите на возачите и на мобилните работници во возилото, користењето на дигиталниот тахограф и мемориските картички овозможува доследна примена на овој Закон, чија крајна цел е подобрување на безбедноста во сообраќајот.
10
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
Членки на Комората АД ЕЛЕМ: ХЕ „Глобочица“ со рекордно производство
НАЈДОБАР РЕЗУЛТАТ ВО 44�ГОДИШНОТО ПОСТОЕЊЕ
Хидроелектраната „Глобочица“ од почетокот на годинава до првата декада од месецов произведе 252 гигават часови електрична енергија со што го надмина досегашниот најдобар резултат во 44-годишното постоење од 250 гигават часови, остварен во 1986 година, информира АД ЕЛЕМ. - Вредноста на остварениот резултат е од исклучително значење за овој капацитет, затоа што хидроелектраната и натаму продолжува да произведува електрична енергија во согласност со потребите на електроенергетскиот систем, - велат од компанијата. Енергетскиот биланс за 2010 година предвидуваш ХЕ „Глобочица“ да произведе 181 гигаватчас електрична енергија, што е реализирано пред истекот на јули. Од ЕЛЕМ очекуваат ХЕ „Глобочица“ 2010 година да ја заврши со произведство од околу 270 гигаватчасови електрична енергија, што ќе претставува убедливо најголемо производство од отворањето на хидроелектраната во 1966 година. - Агрегатите на хидроелектраната се во одлична техничка кондиција и се подготвени да одговорат на потребите за производство на електрична енергија и максимално да ги преработат дотоците во акумулацијата, нагласуваат од ЕЛЕМ. И останатите хидроцентрали на ЕЛЕМ произведуваат многу повеќе електрична енергија од предвиденото со Енергетскиот биланс за 2010 година и од почетокот на годината досега на електроенергетскиот систем му предадоа 1964 гигаватчасови електрична енергија, што е за цели 69 отсто повеќе од планираното. - Овие производствени резултати на хидроелектраните на АД ЕЛЕМ се должат на добрата хидролошка состојба, одличната техничка подготвеност и квалитетно реализираната прва фаза од проект за ревитализација на хидроелектраните со кредитот од Светска банка, но и на добрата термо и хидро координација на ниво на целата компанија, - велат од ЕЛЕМ.
Банкарство ПроКредит Банка значително ги намали каматни стапки на бизнис кредитите
ЗА СоМНОГУ МАЛИТЕ БИЗНИСИ ПОНИСКО ОД 1% ДО 5% цел да им излезе во пресрет на трговските друштва и да ги намали нивните трошоци, притоа следејќи ги сигналите од
Народната Банка на република Македонија и бизнис заедницата, ПроКредит Банка ги намали каматните стапки на кредитите за многу малите претпријатија од 1% до 5%. – се истакнува во соопштението на Банката. Истовремено со намалувањето на каматните стапки ПроКредит Банка ги зголеми и роковите на отплата на овие кредити до 60 месеци, притоа нудејќи фиксна каматна стапка. -Сакаме да дадеме поголем придонес во обемот на кредитирање. Банките се оние што создаваат попозитивна бизнис клима. Токму затоа ги намаливме каматните стапки на кредитите, верувајќи дека ќе ги поддржиме активностите на претпријатијата и ќе помогнеме во нивниот раст.- истакнува Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка. ПроКредит Банка е развојно ориентирана Банка, која нуди комплетна палета на услуги и чија мисија е поддршка и развој на малите и средни бизниси. Акционерите на ПроКредит Банка сметаат дека приватниот бизнис сектор создава најголем број на работни места, и дава значителен придонес за развојот на економијата во земјата.
Можности На 17 и 18 ноември 2010 година во Белград, Република Србија
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „ХАИМТЕКСТИЛ 2011“ ВО ФРАНКФУРТ На 17 и 18 ноември 2010 година во организација на фирмата „Зодах“ од Белград, кој е официјален застапник на Франкфуртскиот саем за Србија, Црна Гора и Македонија, се одржа регионална прес-конференција по повод презентација на активностите и програмата на „Хеимтекстил 2011“. На овој саем се презентираат новите трендови на развојот во текстилната индустрија. На презентацијата присуствуваа претставници од Словенија, Хрватска, претставник од Стопанската комора на Црна Гора, како и претставници од Стопанската комора на Македонија, меѓу кои и претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата, Ангел Димитров. Свое излагање и презентација на активностите имаше Маике Керн, директор на Саемот „Хеимтекстил„, која што истакна дека овој саем е водечки саем во областа на текстил за домаќинството и текстил за опремување објекти и има реноме на еден од најпосетуваните саеми, кој во Франкфурт се одржува секоја година. Во рамките на овој саем во 2009 година имало излагачи од 120 земји. Од нив, 85 отсто биле странски излагачи, а останатите 15 отсто домашни излагачи. Исто така, Маике Керн се осврна и на текстилната индустрија во Германија чија продажба во 2010 година е на истото ниво како во 2009 година. Во 2011 година се очекува зголемување како на производството, така и продажбата на текстилни производи. Зоран Јаксиќ, сопственик на фирмата „Зодах“ и организатор на оваа манифестација, истакна дека преку настапот овој саем се прави одлична можност преку промоција да им се помогне на компаниите од регионов во освојување на европскиот пазар. Сите учесници на оваа манифестација истакнаа дека меѓународните саеми се насочени кон воспоставување долгорочни партнерски односи меѓу компаниите во регионов, со компании од Европа и светот, а воедно ја истакнаа и големата важност за претставување на овој светски саем, како начин на промоција и договарање средби со потенцијални бизнис-партнери од Европа и пошироко. Сашо Деспотоски
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
11 Земјоделство
Контролата на храната од 1 јануари 2011 година под една институција
ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ
Од 1 јануари 2011 година почнува со работа Агенцијата за безбедност на храна. Ингеренциите во оваа област што досега ги делеа секторите здравство и земјоделство се обединуваат во едно, самостојно тело, - објавува МИА. Агенцијата ќе има контрола врз целокупната храна во Македонија со исклучок на примарното земјоделско производство. Половина од вработените ќе бидат инспектори. - Контролата на храната е ефикасна и сега, но од идната година ќе биде уште подобра. И досега јадевме, но и понатаму ќе јадеме безбедна храна. Системот за контрола не се воспоставува еднаш засекогаш, напротив, постојано се надоградува, - истакнува Дејан Рунтевски. директорот на Управата за ветеринарство. Во Агенцијата на почеток ќе нема дополнителни вработувања. Двете институции кои практично се соединуваат, Дирекцијата за храна и Ветеринарната управа, ќе влезат со постојниот кадар. Агенцијата ќе стартува со околу 280 вработени, од Дирекцијата за храна и од Ветеринарната управа, од кои 140 ќе бидат инспектори. Над дваесетина ќе работат на граничните премини, а останатите по објекти во внатрешноста. Агенцијата ќе функционира самостојно, првично со буџет од неполни 500 милиони денари, но генерално ќе биде под надлежност на Министерството за земјоделство. Кон системот за контрола во следните две години ќе преминат уште две институции, Фитосанитарната управа и Управата за семе и саден материјал. Агенцијата за безбедност на храна произлезе од
најновите законски измени што моментно се во собраниска процедура, а треба да бидат донесени кон средината на идниот месец. Директорот на Ветеринарната управа не очекува поголеми проблеми во работата на
Агенцијата иако периодот од донесувањето на измените до 1 јануари е многу краток. Агенцијата ќе биде голем бенефит за фирмите зашто ќе можат да ги решаваат проблемите на едно место.
Од јануари 2011 година се поедноставува увозот на производи од животинско потекло
ДОЗВОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ
Од 1 јануари идната година документи за увоз на производи од животинско потекло ќе се вадат на граничните премини, а не како досега во Ветеринарната управа, – објавува МИА. Оваа новина е се` уште во фаза на тестирање, но по воведувањето значително ќе ја поедностави и скрати процедурата која траеше до еден месец. - Увозниците ќе вадат влезни документи на граничните премини со што се укинува досегашната пракса на издавање решенија кај нас, процедура која законски траеше максимум еден
месец. Практично, целосно го поедноставуваме системот, вели директорот на Управата за ветеринарство Дејан Рунтевски. Според него, нема веќе издавање решенија. Наместо тоа, фирмите, на граничните премини, со доставување на ветеринарниот сертификат за пратката што сакаат да ја увезат, ќе добијат влезен документ. Управата обврзно ќе ја контролира документацијата по увозот на местото каде што ќе биде истоварена пратката.
И покрај противењето на тутунската индустрија
СЗО ИЗДАДЕ ДИРЕКТИВА ПРОТИВ АДИТИВИТЕ ВО ТУТУНОТ
Повеќе од 170 земји, присутни на конференцијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Уругвај, усвоија диртектива за засилување на борбата против пушењето, пред се`, со регулирање на користењето на хемиски адитиви, што ја ублажуваат цигарата и ја чинат попривлечна. Директивата ќе им помогне на државите да ги прилагодат своите закони и да одговорат на лажните аргументи на тутунската индустрија, а на секоја од земјите е да го одреди најдобриот начин за нивна примена со цел промоција на здраво население, пренесоа агенциите. Во СЗО наведуваат дека во тутунските производи се користат стотици хемиски супстанци за тие да се направат поатрактивни. Целна група на оваа иднустрија, пред се, се младите кои можат да се привлечат со вкусот на чоколада или ванила во чадот од цигарата. Производителите на тутун протестираа заради директивата, наведувајќи дека регулирањето на употребата на адитиви во цигарите може да резултира со забрана на одредени видови цигари, со што ќе се загрозат повеќе милиони работни места.
Паралели Европска комисија презентираше план за Заедничката земјоделска политика
ТРИ ВАРИЈАНТИ ЗА ИДНАТА РЕФОРМА
Европската комисија објави план кој се однесува на „Заедничката земјоделска политика до 2020 година - справување со предизвиците на иднината, поврзани со храната, природните ресурси и територијата“. Реформите, содржани во документот се насочени кон претворање на европското земјоделство во подинамичен и поконкурентен сектор, кој ефикасно придонесува за постигнување на целите на стратегијата „Европа 2020“ - да се стимулира стабилен, интелигентен и заеднички раст. Три главни цели на заедничката земјоделска политиката се продуктивно производство на храна, стабилно управување на природните ресурси и преземање мерки за заштита на животната средина и зачувување на територијалниот баланс и на разноликоста на земјоделските региони. Документот содржи три варијатни за идната реформа. По разгледување на тие идеи, Комисијата ќе ги претстави официјалните законски предлози кон средината на 2011 година. Еврокомесарот за земјоделски прашања и за развој на руралните региони Дачијан Чолош ја потенцира важноста земјоделската политика да стане поеколошка, поправедна, пооптимална и поефективна.
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
Признанија Најдобри архитекти за 2010 година на Град Скопје
„ДСЦ ДИЗАЈН“ ДОБИТНИК НА ГЛАВНАТА НАГРАДА ДСЦ Дизајн – Скопје е добитник на годинашнава главна награда за архитектура на главниот град, што беше доделена во рамки на манифестацијата „АСК - Архитектура Скопје 2010“. Признанијата на архитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров за проектот административна зграда на „Граве недвижности“ им ги додели градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, – објавува МИА. Веќе единаесет години манифестацијата „АСК - Архитектура на Град Скопје, претставува место каде што се среќаваат архитектонските идеи, проекти и визии што го креираат лицето на Скопје и проникнуваат во неговата душа, и тоа токму на празникот на градот - 13 Ноември. АСК-архитектура Скопје 2010 отвора можност да се погледнат одговорите на нашите архитекти и градители на сложени архитектонски предизвици кои ги наметнува современото живеење на Скопје. Големата награда на архитектура АСК 2010 оддава почит на архитектите кои даваат посебен придонес Скопје да добие лик на вистинска метропола, истакнал Коце Трајановски во Музејот на Град Скопје. Добитници на признанијата за посебен придонес во архитектурата на
Скопје за 2010 година се архитектите на „Делта инвест“, Никола Велковски, Светлана Јончевска и Марко Трајковски за проектот за административно-деловниот објект со магацински простор СТИХЛ, што се наоѓа во индустриската зона Визбегово. Добитници на ова признание се и Јовица Стефановски, Катерина Петрушевска и Ивана Стефановска за проектот за апартманско-деловен објект од архитектонската фирма „Јасива“ од Скопје. Наградени се и архитектката Зорица Блажевска за проектот ЕКО-ХАУС, монтажна дрвена куќа и ателје „Ајвар“ за проектот за катната гаража во населбата Аеродром. Автори на проектот за катната гаража се Миодраг Радоњиќ и Ранчо Христов, а нивни соработници Ана Пановска-Докузовска и Дамјан Христов. На годинешниов конкурс за манифестацијата „АСК 2010“ биле пријавени 45 проекти, а селекторската комисија избрала 37 архитектонски дела. „АСК Архитектура Скопје“ традиционално се одржува во рамки на одбележувањето на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.
Надлежности Државно градежно земјиште
ОД 1 ЈУЛИ 2011 ГОДИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНИТЕ Општините од 1 јули следната година ќе располагаат со државното градежно земјиште, односно добиваат надлежности за негова продажба и давање под закуп, активности што сега се под ингеренции на Министерството за транспорт и врски. Тоа е предвидено со Предлог-законот за градежно земјиште што го усвои Владата и наскоро ќе биде доставен во собраниска процедура, информира на прес-конференција, како што наведува МИА, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. - Со оваа новина се овозможува на едно место по принципот на едношалтерски систем во општините граѓаните, односно заинтересираните домашни и странски инвеститори да можат да ја остварат целата постапка околу купување и закуп, добивање локациски услови и одобрение за градење, се до моментот на реализација на урбанистичката планска документација, односно изградба на предвидените објекти на земјиштето, - појасни Миле Јанакиески. Општините ќе можат да располагаат со градежното државно земјиште доколку исполнат одредени услови со предложениот закон меѓу кои изготвување едногодишна програма за работа во областа на располагање со градежното земјиште, да имаат потребен број вработени лица кои ќе имаат овластување
за таа работа, како и да формираат комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање. Сите постапки за отуѓување на градежното земјиште ќе се одвиваат по електронски пат за што, според министерот Јанакиески, ќе се изготви унифициран електронски систем за наддавањата за сите општини. Министерството за транспорт ќе врши надзор на постапките при располагањето со градежното земјиште и во случај на прекршување на законот ќе ги одзема ингеренциите на општините. Цената на земјиштето ќе ја определуваат градоначалниците на општините во консултации со општинските совети и потврда од Владата. Големината на градежните парцели односно нивниот број ќе зависи од самите општини и нивниот ангажман за урбанизација. Јанакиески истакна дека моментно ниту една општина не ги исполнува условите за располагање со градежното земјиште со оглед дека ќе треба во претстојниот период до стапувањето во сила на законот да вработи лица со овластување, но очекува најголемиот дел од нив од 1 јули 2011 година да почнат да управуваат со земјиштето.
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
13 Свет
Загрижените инвеститори бараат спас во златото
СИГУРНО ПРИСТАНИШТЕ ВО ВРЕМЕ НА ВАЛУТНА КРИЗА
* Цената на златото расте, додека нервозните инвеститори од целиот свет вртат грб речиси на сè друго. Слабеењето на доларот, лошата состојба на берзата, депресивната економска ситуација, се` поголемиот буџетски дефицит, дарежливите државни резерви на САД - сето тоа ги натера луѓето во трката за злато. “Ова е всушност една јасна слика дека нешто не е во ред со моменталната финансиска политика”, - истакнува Абхај Дешпанде, менаџер во First Eagle Funds и долгогодишен инвеститор во злато. “Луѓето се однесуваат како поединечни банки, бидејќи златото е предност со тоа што делува како засолниште во време на валутна криза.” Индикацијата дека компании од Вол Стрит ќе тргнат кон повисоки цени и неодамнешните најави на политичките лидери ја потврдија и онака силната побарувачка на злато. И така златото стана мерка на креаторите на политиката и на инвеститорите. На 8 ноември 2010 година претседателот на Светската банка Роберт Зелик ги изненади инвеститорите со изјавата дека златото треба да стане финансиски инструмент, со што би се поништиле последните 40 години, колку што во меѓународниот монетарен систем вредноста се определува со хартиена валута. Со илјадници години златото се смета за вредност и како заштита од зголемувањето на инфлацијата и од политичката и економската несигурност. Златото повторно стана пристаниште за спас, бидејќи инвеститорите се плашат дека потегот на Сојузните резерви во банкарскиот систем на САД да воведат дополнителни 600 милијарди САД $, како и зголемување на кредитите во целиот свет, ќе ја намалат вредноста на хартиените валути. Во изминативе два месеца вредноста на доларот опадна за 6 отсто во однос на водечките валути, додека вредноста на златото се зголеми за 17 отсто. Од почетокот на тешката финансиска криза пред две години, вредноста на златото се зголеми за 91 отсто. На 9 ноември цената достигна 1.424 САД $ за унца, што е 40 отсто пониска од највисоката цена достигната во 1980 година, кога цената била прилагодена поради инфлацијата. Поттикот за неодамнешниот раст дојде од Вашингтон. “Додека Сојузните резерви печатат пари, на пазарите се очекува повеќе пари отколку материјални добра, со што цените ќе раснат”, - истакнува Даниел Арбес, менаџер на фондот Хerion, при њујоршката компанија Perella Weinberg Partners. Освен отпорот на инвеститорите, Сојузните резерви наидоа и на остра критика о д страна на некои клучни трговски партнери на САД, а тоа се, меѓу другото, Германија, Кина и Бразил. Тие тврдат дека преплавувањето со несакан капитал во време кога нивните економии забрзано растат, ќе ја зголеми можноста за инфлација и ќе поттикне некои држави да ја намалат вредноста на нивните валути. Бидејќи вредноста на доларот падна, Тајланд, Бразил, Јапонија и други земји ја ослабнаа својата валута, што наскоро би можело да се претвори во трка кон дното. “Ова наликува на триесеттите години на минатиот век и на стратегијата на осиромашување на соседите, со што се натпреваруваа фунтата, франкот, германската марка и доларот”, - тврди Џејмс Стил, главен аналитичар на стоковите пазари во ХСБЦ. “Во овој период, златото стоеше добро.” Со месеци се зголемува атрактивноста на златото, а
познатите играчи од Вол Стрит, како што се Џорџ Сорос и Џон Полсон, исто така go откриja шармот на овој метал. Но златната треска не се ограничи само на менаџерите на хеџ-фондовите кои раководат со милијарди долари. Пристап до изворот бараат и индивидуални инвеститори, собирајќи златни монети, како што се американскиот орел од една унца и јужноафриканскиот кругеранд. “Се купуваат по 50 до 100 златни монети одеднаш, што е навистина многу за индивидуални клиенти”, - објаснува Марк Олиари, извршен директор на ЦНТ АД од Масачусетс, што се занимава со посредување при купопродажба на монети. “Не станува збор само за богаташи.” Изјавата на Роберт Зелик ја потврди новиот статус на златото. “Системот треба да го разгледа златото како нова меѓународна вредност во проценката на пазарните очекувања во врска со инфлацијата, дефлацијата и вредноста на валутите во иднина”, - изјави Зелик во една статија за “Фајненшел тајмс”. Но долгогодишните инвеститори во злато, како што е Абхај Дешпанде, загрижени се дека новиот ненадеен интерес може да доведе до нови проблеми. „Тоа ми наликува на почетна фаза на криза„ – истакнува тој. “Секоја инфлација мора да се доведе во нормала или валутите ќе продолжат да паѓаат, со цел да се оправда постојаниот пораст.” Промена на центарот на трговијата со суровини
ЛОНДОН ИЗЛЕГУВА ОД МОДА, ЖЕНЕВА ВЛЕГУВА ВО ТРЕНД Женева наскоро би можела да го надмине Лондон и да стане најважен центар за трговија со суровини, пред се` со нафта, имајќи предвид дека се` повеќе компании од петрохемискиот сектор ги селат своите берзански дилери од Велика Британија во Швајцарија, - наведува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“. Според весникот, ваквото селење на дилерите ја загрозува лидерската позиција на Лондон во трговијата со нафта, нафтени деривати и други суровини, која британскиот глaвен град ја држи уште од крајот на 80тите години на минатиот век. Женевската трговска и карго асоцијација проценува дека обемот на трговија на берзата во Женева е изедначен со оној во Лондон, меѓутоа голем број дилери на нафта тврдат дека швајцарскиот град ја презема водечката улога на ова поле. - Лондон излегува од мода, а Женева влегува во тренд, изјави анонимен менаџер на нафтена комапнија за „Фајненшл Тајмс“. Ваквите оценки на лондонскиот весник ги подгреа фактот што третата по големина брокерска куќа за тргување со нафта „Трафигура“, пресели една четвртина од своите 300 вработени од Лондон во Женева, а овој пример го следи и лидерот во оваа сфера „Витол“, кој целата трговија со гас и енергетици ја префрли од британскиот главен град во Швајцарија.
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 25 ноември 2010
Проценки, трендови, движења Организацијата на ОН за храна и земјоделие (ФАО)
ЦЕНАТА НА ХРАНАТА ВЕРОЈАТНО И НАТАМУ ЌЕ РАСТЕ Цената на пченицата и на главните посеви во последната година „алармантно“ се зголеми, се наведува во најновиот извештај на Организацијата на ОН за храна и земјоделие (ФАО), покрај стравувањето дека може да се повтори кризата за храна од 2008 година, која доведе до граѓански немири со човечки жртви во некои земји. Веројатен е натамошен раст на цените, доколку не дојде до значително зголемување на родот на главните прехранбени посеви во 2011 година, предупредува ФАО, со напомена дека глобалната сметка за увоз на храна во 2010
година може да надмине билион долари, пренесоа американските медиуми. Расположливите количества на главните прехранбени посеви денеска се значително поголеми отколку од пред две години, што го намалува ризикот да се повтори тогашната криза, истакнуваат стручњаците на ФАО. Во однос на претходниот извештај, во кој ФАО за годинава прогнозираше зголемување на светскиот род на житарки за 1,2 отсто, сега, заради неповолните временски прилики, прогнзоора намалување за два отсто.
Олег Дерипаска, извршниот директор на рускиот „Русал“
АЛУМИНИУМОТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ
Цената на тон алуминиум во четвртиот квартал од оваа година ќе порасне за 200 долари и на крајот на 2010 година ќе изнесува 2.500 долари, изјави деновиве извршниот директор на рускиот „Русал“ Олег Дерипаска. Тој очекува дека цената на алуминиумот да порасне, пред се, благодарение на зголемувањето на побарувачката на азискиот пазар. Прогнозите се дека во азиските земји побарувачката за алуминиум постепено да се зголемува за 20 до 22 милиони тони во следните четири години, пренесуваат агенциите. Дерипаска на новинарите во Токио им повтори дека „Русал“ не е заинтересиран за продажба на 25 отсто од уделот во компанијата „Норилск Никел“, најголемиот светски производител на паладиум и никел.
ОАЕ, Австралија и САД се најголеми емитери на штетни гасови (1)
БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ НА ВРВОТ
Обединетите Арапски Емирати, Австралија и САД имаат најлоши резултати кога станува збор за емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина, покажува индексот на британската консултантска компанија „Мејплкрофт“ која ги вклучува сегашните и емисијата во минатото. На врвот на листата од 183 земји, која ја состави британската фирма, се наоѓаат главно богатите земји и членките на Организацијата на земјите извознички на нафта. ОАЕ се наоѓаат на првото место на листата првенствено поради брзото зголемување на емисијата на јагледор диоксид во изминатите години, поврзано со работењето на уредите за десалинизација, но и поради целосната зависност на стопанството од фосилни горива. - Пречистување на солената вода е добар начин за решавање на проблемот со водоснабдувањето, но високата емисија на штетни гасови укажува на потребата да се пронајдат енергетски поефикасни решенија, се наведува во соопштението на „Мејплкрофт“. Австралија, чија економија во голема мера зависи од јагленот го зазема второто место, пред САД кои се најголемиот емитувач на јаглерод диоксид од 1900 година. На листата десет земји со најлоши резултати во областа на емисијата на шетни гасови се наоѓаат и Канада, Холандија, Саудиска Арабија, Сингапур, Русија, Белгија и Казахстан. Индексот се формира на тој начин што, 50 отсто отпаѓаат на моменталната емисија на штетни гасови по глава на жител, а по 25 отсто на вкупната национална емисија и кумулативната емисија низ историјата. Кина се наоѓа на 26-то место, бидејќи емисијата на јаглерод диоксид по глава на жител на оваа земја со 1,3 милијарди жители е само мал дел од таа кај индустриски развиените земји.
ОАЕ, Австралија и САД се најголеми емитери на штетни гасови (2)
НАМАЛУВАЊЕТО НЕ СЕ ОДВИВА СПОРЕД ПЛАНОТ
Намалувањето на емисиите на штетни гасови, што земјите го ветија оти ќе го исполнат согласно климатскиот договор од минатата година, е далеку од неопходното, за да се избегнат најнеповолните последици од глобалното затоплување, покажува извештајот објавен на Програмата на ОН за зачувување на животната средина (УНЕП). Извештајот на еколошката организација на ОН се појавува во момент пред следниот круг од преговорите по промените во климата, кои ќе се одржат во Канкун, Мексико, следната седмица. Дури и да се исполнат целосно доброволните ветувања во
незадолжителниот Копенхашки договор, тоа ќе значи покривање на едвај 60 проценти од намалувањата на емсиите до ниво, што ќе го задржи зголемувањето на температурите до два степени во споредба со прединдустријалните нивоа и да ги спречи најтешките последици од глобалното затоплување, се вели во документот. Осумдесет и пет од 140-те земји од Копенхашкиот договор ветија дека ќе ги скратат емисиите на штетни гасови или ќе го совладаат нивното зголемување до 2020 година.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
15
Документи
ЗАВРШЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ФОРУМ НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ОД ЦЕФТА�РЕГИОНОТ СТОПАНСКА КОМОРА НА СРБИЈА, 9 НОЕМВРИ 2010 ГОДИНА
1. Седмиот форум на стопанските комори на ЦЕФТАрегионот се одржа во Белград, во рамките на Неделата на ЦЕФТА 2010. На Форумот учествуваа претставници на Унијата на трговските и индустриски комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Хрватска, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Молдавија и на Стопанската комора на Србија.
Целта на овој Форум беше преку коморска соработка и дијалог да се обезбеди поддршка на економиите на земјите-учеснички, со цел постигнување на најголем можен позитивен резултат за создавање на слободна зона во регионот. Во рамките на Форумот на ЦЕФТА, беа одржани состаноци на три работни групи: Работната група за технички и нетарифни бариери во трговијата, Работната група за царина и за правилата за потеклото на стоките и на Работната група за земјоделство. Задача на работните групи беше во рамките на нивниот делокруг на работа да се идентификуваат проблемите со коишто се соочуваат бизнис-заедниците-членки на ЦЕФТА во економската соработка во регионот, и тие да се изнесат пред надлежните државни органи со цел да се отстранат тие бариери и да се покренат соодветни иницијативи кај надлежните институции на ЦЕФТА. Посебно внимание Форумот посвети на: • неопходноста од натамошна соработка меѓу приватниот и јавниот сектор; • подготвеноста за натамошен развој на економската соработка и трговијата во овој дел од Европа; • повторно се истакна дека потписничките на ЦЕФТА се фокусирани на меѓусебната соработка; • фактот дека целосната
имплементација на ЦЕФТА-договорот е основа за натамошно проширување на трговијата.
потеклото на стоката.
Во врска со заклучоците на работните групи, важно е да се обрати внимание на следново: а) Работна група за техничките и нетарифните бариери во трговијата Коморскиот ЦЕФТА форум дава целосна поддршка на идејата за воведување на единствена методологија за отстранување на сите
видови пречки во регионот, како и да се воспостават приоритети и мерки што треба да се преземат на тој пат. Форумот укажа на тоа дека голем број од постојните бариери се отстранети, но и дека наместо нив, создадени се нови. Тоа е главната причина за продолжување на нашата работа насочена кон отстранување на сите пречки коишто настанаа во последно време. Коморскиот ЦЕФТА форум го поздрави отпочнувањето со работа на ЦЕФТА-порталот и укажа на фактот дека овој портал ќе обезбеди целосен пристап до релевантни податоци коишто им се неопходни на заинтересираните страни во регионот. Една од истакнатите пречки беше недостатокот на акредитирани лаборатории, со што се спречува можноста за прифаќање на сертификат за квалитет од страна на соодветните потписнички во ЦЕФТА-регионот. Една од пречките за трговија беше и долготрајната и комплицирана процедура за добивање визи, а потврдена е потребата за целосна либерализација на визниот режим во ЦЕФТА-регионот. б) Работна група за царина и за правилата за потеклото на стоките Беше нагласена потребата да се продолжи со едукација на сите нивоа во областа на правилата за
Повторно е истакната потребата да се објави “Информативен гласник” за правилата за потеклото на стоката во регионот, а чие издавање би го поддржал партнерскиот проект со ДИХК. Неопходно е да се забрза процесот на билатерална либерализација на трговијата со земјите-членки на ЕУ-медитеранското партнерство. Неопходно е да се продолжи со работа на промовирањето на единствените услови за јавни набавки во регионот. в) Работна група за земјоделство Беше укажано на значителниот развој на трговијата со земјоделски производи во ЦЕФТА-регионот. Беше укажано на фактот дека во изминатиот период е направен голем чекор напред во усогласувањето на законите во рамките на странитепотписнички на ЦЕФТА и на ЕУ. Беше нагласена важноста на потпишувањето на договорите за соработка во областа на ветерината. Беше укажано дека е неопходно да се забрза процесот на потпишување на договори за меѓусебно признавање на сертификатите, што е особено важно за работата на секторот земјоделие. 2. Работната група за технички и нетарифни бариери во трговијата ги усвои следните заклучоци: слични пречки се евидентирани во земјите на ЦЕФТАрегионот; - кај потписничките на ЦЕФТАдоговорот постои добра волја да се размислува на глобално ниво; - покренување иницијатива за воведување на еднообразни сертификати и процедури;
16
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
Документи - неопходна е целосна транспарентност меѓу коморите-потписнички на ЦЕФТА-договорот; - соработка меѓу коморите-потписнички на ЦЕФТАдоговорот во остварувањето на ист пристап, истовремено и со владите, со цел отстранување на нетарифните бариери; - преместување на процедурите од граничните премини на пазарот; - забрзување на процедурите за хармонизација на инфраструктурата за квалитет; - да се одделат концептите за квалитет и безбедност, бидејќи како прв чекор мора да биде безбедноста, а втор квалитетот; - да се продолжи со следење, чекор по чекор, како земјата се приближува кон пристапувањето во ЕУ; - отпочнувањето со работа на ЦЕФТА-порталот со цел да се обезбеди подобра информираност за сите релевантни прописи и процедури; - покренување иницијатива за либерализација на визниот режим, во соработка со релевантните државни органи; - коморите ќе организираат соодветна обука за бизнис-заедницата со цел подобро запознавање со прописите и измените; - протоколи за меѓусебно признавање на процедурите за издавање документи што ги издаваат акредитираните органи.
3. Работната група за царина и за правилата за потеклото на стоките ги усвои следните заклучоци: - имајќи го предвид се` уште недоволното познавање на предностите на работењето во ЦЕФТА – регионот, како и предностите на кумулацијата на потеклото на стоките, особено дијагоналната, од клучно значење е да продолжи процесот на образование, како и изготвувањето на единствен ЦЕФТА Гласник за потеклото на стоките, со поддршка на партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК; - констатирана е потребата од поактивна поддршка на ЦЕФТА-комитетот и на ЦЕФТА-секретаријатот, вклучувајќи го и решавањето на конкретни проблеми како што се: - исто така, од суштинско значење е изнаоѓање решение за проблемот со добивањето EUR1 од страна на компаниите кои се од Транзнистрија во Република Молдавија, што директно ја спречува имплементацијата на ЦЕФТА-договорот и развојот на слободната трговија меѓу Молдавија и другите членки на ЦЕФТА; - покрај тоа, приватниот сектор очекува поголема поддршка и помош од Секретаријатот на ЦЕФТА во решавањето на други конкретни проблеми во доменот на примената на ЦЕФТА-договорот; - кога станува збор за примената на членот 35 од ЦЕФТА-договорот, односно за принципот на недискриминација во постапките за јавни набавки, констатирана е потребата од хармонизирање на условите за учество, како средство за отворање на можноста за создавање на интегриран пазар за јавни набавки во
регионот; - во тој контекст е истакната потребата од меѓукоморско вмрежување со цел да се постигне транспарентност во поглед на можностите за бизнис и условите за учество, според ЕУ-моделот; - неопходно е да се поттикне учество на претставници на царинските и другите органи кои се директно инволвирани во имплементацијата на ЦЕФТА, бидејќи само на тој начин брзо се разјаснувааат евентуалните недоумици, како и проблемите во праксата и може поефикасно да влијаат за нивното решавање, што придонесува за унапредување на регионалната соработка; - владите на земјите-потписнички на ЦЕФТА треба да ги интензивираат своите активности во насока на што побрзо пристапување на земјите од Западен Балкан во Паневро-медитеранската кумулација за потекло и дијагонална кумулација во ЦЕФТА-регионот - ЕФТА - Европската унија. 4. Работната група за земјоделство ги донесе следните заклучоци: - стопанските комори ги поздравуваат преземените активности за обезбедување натамошна либерализација на трговијата со земјоделски производи преку билатерални аранжмани, доколку нема можност сите потписнички на ЦЕФТА 2006 истовремено да го прифатат дополнителниот Протокол и Анексот, а се` со цел имплементација на новите концесии од 1 јануари 2011 година. стопанските комори го поздравуваат потпишувањето на Договорот за меѓусебно признавање на сертификатите меѓу Босна и Херцеговина и Србија. Стопанските комори, исто така, ги поздравуваат и активностите на другите заинтересирани потписнички на ЦЕФТА 2006, во согласност со заклучоците од Третата седница на Поткомитетот за земјоделство и СПС-прашањата, што ги преземаа на отворањето на преговорите за меѓусебно признавање на сертификатите и бараат што побрзо завршување на преговорите и потпишување на соодветни договори; стопанските комори го поддржуваат започнувањето со работа на порталот на ЦЕФТА и очекуваат неговото функционирање да обезбеди намалување на постојните, како и превентивно спречување на нови нецарински бариери во трговијата. 5. Во согласност со заклучоците на Конференцијата ‘’Осигурувањето во ЦЕФТА- регионот„, што беше организирана од страна на Стопанската комора и се одржа во Златибор во октомври 2010 година, Стопанската комора на Србија предлага во рамките на Коморскиот форум на ЦЕФТА да се основа и меѓукоморска работна група за осигурување, чијашто прва задача би била согледување на ограничувањата и можностите за либерализација на работите за соосигурување во рамките на осигурувањето, услугите на актуарите и услугите при посредување во осигурувањето. Стопанската комора на Србија ќе го свика првиот состанок на Работната група за осигурување и ќе предложи план за работа за 2011 година.
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
17
Документи 6. Работилница на тема: Улогата на странските директни инвестиции (СДИ) во јакнењето на конкурентноста на економиите на земјите-членки на ЦЕФТА Во текот на првиот ден на манифестацијата “ЦЕФТА недела 2010”, на 9 ноември 2010 година беше одржана Четвртата сесија на тема: “Улогата на странските директни инвестиции во јакнењето на конкурентноста на економиите на земјите-членки на ЦЕФТА„. Предавачи беа еминентни експерти од ЕРЕФ, професор д-р Борис Цизељ и д-р Марјан Светличич. Странските директни инвестиции беа анализирани од два аспекта: 1) од гледна точка на земјата во којашто се инвестира и 2) од гледна точка на инвеститорите кои инвестираат.
Дефинирани се препораки во форма на предлози коишто земјите треба да ги исполнат со цел да привлечат странски директни инвестиции (СДИ). Неопходно е да се создадат услови за транспарентно законодавство, да се обезбеди проактивно водење дијалог со инвеститорите, да се јакнат сопствените преговарачки капацитети, да се обезбеди добра информираност на инвеститорите за состојбата во секторот во којшто се инвестира, да се обезбеди соработка на институциите на државата и да се изготват стратешки документи релевантни за привлекување на СДИ, да се обезбедат одржливи инвестиции во истражувачки и развојни капацитети за сопствен економски раст, но и како фактор за привлекување на СДИ и да не се преценува значењето на улогата на инфраструктурата (вистински предизвик е на инвеститорите да им понуди бизнис-средина што ги задоволува нивните потреби). Кога е во прашање Србија, странските инвеститори кои работат во Србија се најдобра препорака до идните инвеститори. Не треба да се менуваат условите за бизнис, односно треба да се задржат “истите правила” во текот на целиот процес на преговарање со странските инвеститори. На веќе присутните инвеститори треба да им се обезбеди одржливо давање услуги со цел за полесно работење, постојано да се работи на подобрување на инфраструктурата, да се креира стратешки пристап до образованието, да се зголемат државните вложувања за истражување и развој, да се спречат монополите и да се намали јазичната бариера во комуникацијата со инвеститорите.
Растот на БДП влијае директно на растот на потрошувачката, што е сигнал за инвеститорот дека постои пазарен потенцијал за побарувачка за неговите производи или услуги. Државните стимулации за странски инвестиции треба да бидат времени, насочени и креирани така да можат да помогнат во развојот на помалку развиените региони, со што се остварува порамномерен регионален развој и поширок потенцијал на пазарот. Неопходно е да се промовираат странските инвестиции, да се насочуваат СДИ во насока на одржливи и “зелени” инвестиции, да се зајакнуваат инвестициите меѓу земјите кои се културно и економски блиски и да се работи на подобрување на општите услови на бизнисот. 7. Коморскиот ЦЕФТА форум ја истакна потребата од конзистентна, целосна и ефикасна имплементација на ЦЕФТА-договорот. Трговија без царини и единствени услови за работа, како и отстранување на пречките во трговијата во согласност со правилата на СТО и стандардите на ЕУ ќе придонесе за зголемување на производството и вработеноста, за поширок асортиман на производи, за поголема конкурентност и за поголем прилив на инвестиции во регионот. Стопанските комори во ЦЕФТА-регионот значително ќе придонесат за развојот на економската соработка и трговијата и за создавање на интегрирана трговска клима во овој дел од Европа. Заедно со овој процес, коморите очекуваат да станат значаен партнер на владите, ЕУ, Советот за регионална соработка, како и на други субјекти кои ја поддржуваат и учествуваат во градењето и воспоставувањето на зона на слободна трговија во регионот. Традиционалната соработка меѓу потписничките и имплементацијата на ЦЕФТА-договорот претставуваат основа за раст на трговијата и воспоставување на посеопфатни форми на заедничка економска соработка. Коморскиот ЦЕФТА форум заклучи дека активното учество во промоцијата на економскиот развој, зголемувањето на извозот и на странските директни инвестиции, поголемата конкурентност на стопанството и развојот на претприемништвото, како и промовирањето на економскиот потенцијал на регионот, како една значајна дестинација за инвестирање, претставуваат стратешка цел на стопанските коморипотписнички на ЦЕФТА. (Белград, 9 ноември 2010 година)
БИЗНИС ИНФО
18
четврток, 25 ноември 2010
ПОВИК
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ИЗБОР НА КОМПАНИЈА СО ДОБРО КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ ВО 2010 ГОДИНА
3. 4.
Невладината организација “Транспарентност – Нулта корупција” во соработка со Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија, во рамките на активностите за имплементација на Декларацијата Нула толеранција за корупцијата, тимот на експерти составен од претставници на стопанските комори, јавниот сектор, универзитетски професори и претставници на медиумите и невладиниот сектор, изготвија листа на критериуми врз основа на кои ќе се врши евалуација на компаниите.
5.
6.
МЕТОДОЛОГИЈА
Експертскиот тим ги утврди следната постапка и рокови за избор на компанија со добро корпоративно управување: 1. право на учество во изборот имаат сите компании регистрирани во Република Македонија; 2. компаниите треба да достават одговор на секое
од поставените прашања од критериумите за евалуација. При тоа треба да се наведе точниот број на прашањето на кое се однесува објаснувањето; со доставениот одговор да се достават документи, образложенија и други информации од кои може да се потврди тврдењето; одговорите на прашалникот и документите да се достават најдоцна до 26 ноември 2010 година, на адреса: “Транспарентност – Нулта корупција”, ул. Наум Наумовски Борче 58, П. Фах 270 1000 Скопје; експертите ќе ги разгледуваат документите и ќе го извршат изборот на компаниите. Сертификати ќе им бидат доделени на компаниите кои ќе освојат 90% од предвидените бодови; сертификатите на избраните компании ќе им бидат доделени на Светскиот ден за борба против корупцијата - 9 декември 2010 година.
Ве повикуваме да се вклучите во оваа активност која е насочена кон зајакнување на стандардите во корпоративното работење, но и кон засилување на севкупните мерки за нулта толеранција на корупцијата во Република Македонија.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОМПАНИЈА СО ДОБРО КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ 2010 Бр.
Критериуми за евалуација
Одговори
Бодовна скала
1.
Како менаџментот ги спроведува своите активности?
35
1.1
Дали во компанијата се донесени, се спроведуваат бизнис -планови на среден рок/годишни?
5
1.2
Дали компанијата користи/ангажира независни ревизорски услуги за контрола на финансиското работење?
10
1.3.
Дали ревизорските извештаи се објавуваат јавно?
5
1.4
Дали менаџментот на компанијата имал обуки, стручно усовршување или специјализација во последните три години? во РМ во странство во РМ и странство
5
1.5
Дали во последните три години компанијата го подобрила квалитетот на работење со воведување ISO- HASAP или други сертифицирани стандарди за квалитет? -започната постапка -сертификација - одржување
10
2.
Како се однесувате со своите вработени?
35
2.1.
Дали директорите се придржуваат кон Меѓународната декларација за човекови права?
5
2.2
Дали компанијата е потписник на Колективен договор?
10
2.3
Дали во компанијата постои лице или единица задолжена за човечки ресурси на вработените?
5
2.4
Дали постои систем на обука (интерна и надворешна, формална и неформална)?
5
2.5
Дали во компанијата постои подеднаков пристап до работните места за сите категории на граѓани?
5
2.6
Дали компанијата имала судски спорови или решенија на трудовата инспекција во врска со спроведувањето на прописите од работното законодавство?
5
3
Комуникација со потрошувачите/ клиентите
10
3.1.
Со колку клиенти компанијата има континуирана соработка во последните пет години?
6
3.2.
Дали производството/услуги за одреден временски период се планира врз основа на барањата на купувачите?
2
3.3
Дали компанијата врши испитувања на мислењето на потрошувачите/клиентите?
2
4
Како се однесувате со вашите снабдувачи?
10
4.1
Дали спецификациите на производство се во согласност со пропишаните етички стандарди (дали содржат целосни/вистинити податоци)?
5
4.2
Колку рекламации и судски спорови сте имале со добавувачите во последните пет години?
5
5
Како влијаете врз заедниците и околината во различни локации на кои дејствувате?
10
5.1
Дали се придржувате кон пропишаните стандарди за заштита на животната средина, индустриски стандарди, дали се почитува Еколошката декларација?
4
5.2
Дали се даваат средства во вид на донации (согласно покажаните финансиски резултати) за различни хуманитарни активности?
4
5.3
Дали компанијата е отворена за комуникација со сите надлежни органи, социјални, јавни и интересни групи?
2
ВКУПНО
100
Подетални информации на: www.transparency.org.mk, www.mchamber.mk и www.oemvp.org .
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
19 Тендери
Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија
Назив на проектот Референца Финансиска референца. Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори Опис на проектот
Контакт
Назив на проектот Референца Финансиска референца. Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори Опис на проектот
Контакти
Проект за техничка помош за бизнис околина WBZ60962-d Grant No.H167-0 KOS; Project ID.No.P088045 Услуги, набавки Светска Банка Косово 15.11. 2010 10.01. 2011 Информатичка технологија: - Hardware / Equipment / So�ware Мионистерството за трговија и индустрија го спроведува проектот BETA и има намера дел од средствата да ги искористи за информатичка технологија Јавната набавка ке биде водена користејќи ги меѓународните процедури за набавки од Светската Банка за Behram Abazi Mother Teresa Street, Germia Building 4(four) floor; room A402 10 000, Pris�na, Kosovo Tel: +381 38 200 15 08 +381 38 200 15 08 Fax: +381 38 211915 E-mail:behram.abazi@ks-gov.net TR-Ankara: IPA — Изградба на фабрика за прочистување на вода во Орду и подесување на ваква фабрика во Кумбаси EuropeAid/128751/D/WKS/TR IPA budget item 13.05.02 of the general budget of the EC (75 %) and na�onal contribu�on (25 % Изведбени работи Европска комисија Турција 15.11.2010 11.02 2011 Градежништво-инжинеринг: Околина Проектот опфака дизајн, изградба,водење и одржување на фабрика за прочистување на води во Орду. Договорот вклучува 1 година тренинг на општината, водење и одржување. Фабриката во Орду ке биде механичка-биолошка фабрика, со физички и биолошки фази која ке опслужува 213 000 население во 2025 (фаза 1). Фабриката ке биде дизајнирана да опслужува 287 000 население во 2045 (фаза 2). Фабриката во Кумбаси е во функција и ке биде подесена за биолошко отстранување на хранливите материиl. Central Finance and Contracts Unit — CFCU, Eskisehir Yolu 4. km 2. Cad. (Halkbank Kampüsü) No:63 C-Blok, 06580 Sögütözü, Ankara, TURKEY
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
Тендери
Назив на проектот Референца Финансиска референца. Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори
Опис на проектот
Контакт
Назив на проектот Референца Финансиска референца. Вид на набавка Финансиер Земја Објавено на Краен рок за апликација Сектори Опис на проектот
Контакт
Twinning project - Подршка на Главниоот државен инспекторат за надзор на пазарот, метрологија и заштита на потрошувачите, ENPI AAP 2008 EuropeAid/130760/L/ACT/MD Услуги, грант Европска комисија Молдавија 15.11.2010 14.02 2011 Трговија-Индустрија Законска рамка Заштита на потрошувачи Целта на овој проект е да придонесе за спроведување на национално законодавство за контрола на пазарот за непрехранбени стоки во согласност со барањта на Европската Унија- EU regula�on 765/2008/EC. Вработените во овој инспекторат треба да добијат соодветни вештини и знаење да ги применат нивните задачи за заштита на потрошувачите Времетраење на проектот е 21 месец Износот на средства е максимум EUR 1 000 000 Подетални инфиормации за овој повик се содржани во прирачникот на European Union Member States Na�onal Contact Points for Twinning Twinning project - Зајакнување на капацитетот на Центарот за акредитација во областа на усогласување на оценките на стоките во Молдавија, ENPI AAP 2008 EuropeAid/130759/L/ACT/MD Услуги, грант Европска комисија Молдавија 15.11.2010 22.02. 2011 Трговија-индустрија: Заштита на потрошувачите Целта на овој проект е даго подготви Центарот за акредитација за потпишување на мегународни договори со ЕУ и да воспостави услови за иднно препознавање на Молдавските тестирања, сертификати за калибрација, инспекциски извештаи и сертификати за усогласеност Времетраењето на проектот е максимум24 месеци Износот на средства е максимум EUR 1 040 000 Подетални инфиормации за овој повик се содржани во прирачникот на European Union Member States Na�onal Contact Points for Twinning
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 е-маил: aco@mchamber.mk www.mchamber.mk
четврток, 25 ноември 2010
БИЗНИС ИНФО
21 КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ
Од 9 до 12 декември 2010 година во Република Турција
“FOODIST 2010” ВО ИСТАНБУЛ * Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на Саемот “FOODIST 2010” со обезбеден бесплатен штанд и регистрација за излагачите и 50 % попуст за хотелско сместување, а за посетителите бесплатно хотелско сместување Во периодот од 9 до 12 декември 2010 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи 4. Меѓународен саем за храна и пијалоци “FOODIST 2010”. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира учество и посета на македонски компании на саемската манифестација, од 8 до 10 декември 2010 година. За излагачите на Саемот е обезбеден бесплатен штанд и регистрација, како и 50 % попуст за хотелското сместување (транспортот е на товар на излагачите). За посетителите, пак, обезбедени се бесплатно две ноќевања со доручек, влез и ручек на Саемот, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотел, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителите ги покриваат патните и административните трошоци за саемскиот организатор АДОНИС ГРУП во висина од 95 евра по лице, за тие што патуваат со организиран автобус (доколку е со сопствен превоз партиципацијата е 35 евра за административни трошоци). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество и посета на саемската манифестација најдоцна до 30 ноември 2010 година. Пријавен лист на h�p://www.tuyap.com.tr Контакт: Венера Андривска Тел.02 3244 037 Факс:02 3244 088 mail: venera@mchamber.mk **********************
На 26 ноември 2010 година во Стопанската комора на Македонија
НАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА БИЗНИС � КОМПЕТЕНЦИИ “ CHAMPIONS LEAGUE 2010”
ученици, студени и млади претприемачи (до 30 години). Предуслов за учество на овој натпревар е учесниците да имаат положено EBC*L Level A или да го имаат положено on-line тестот што може да се најде на следниот линк: h�p:// www.ebcl.eu/ChampionsLeague/Champions_League_mk_ 2010/quiz.htm За победниците (првите 3 места од секоја категорија) се предвидени награди, како и бесплатен превоз и сместување во Виена за сите учесници на интернационалниот натпревар. Повеќе информации на долу наведените контакти. Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 lence@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 anita.mitrevska@mchamber.mk
**********************
На 29.11.2010 година семинар во Стопанската комора на Македонија
“ИНКОТЕРМС 2010”
(Стопанска комора на Македонија, 29 ноември 2010 година, од 17 до 20 часот сала 3 на 3 кат) - Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило? -Дали сте информирани за најновите измени на Меѓународните трговски правила – Incoterms® 2010 by the
Бидете шампион на најголемиот национален натпревар за бизнис-компетенции во Европа и станете патник на интернационалниот натпревар во Виена, Австрија (Стопанска комора на Македонија, почеток во 10 часот, сала 4, на V кат) Оваа година Македонија за првпат, заедно со уште други 11 земји-членки на ЕБЦ*Л е вклучена во проектот Chamipons League 2010, преку ЦИП-програмата на Европската комисија, којшто предвидува организирање бизнис-натпревар, на национално и интернационално ниво, каде што ќе се бираат најдобри учесници во три категории:
Interna�onal Chamber of Commerce (ICC)? Во насока на еднообразното толкување на правилата во меѓународната трговија коешто ја олеснува размената
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 25 ноември 2010
КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ
и помага да се избегнат меѓународните спорови и недоразбирање меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија организира серија на семинари на тема: “Инкотермс 2010”, што ќе се одржат во следниве термини: 29.11.2010 (Скопје), 06.12.2010 (Скопје), 13.12.2010 (Куманово), 20.12.2010 (Скопје), 17.01.2011 (Гевгелија), 24.01.2011 (Скопје), 31.01.2010 (Битола). Исто така, изготвено е македонско стручно издание со последните измени на меѓународните комерцијални термини за користење во домашната и меѓународната трговија под називот “Практичен прирачник за Инкотермс 2010“, во коешто се содржани и практични совети за нивна примена. Предавач: Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во „Макпетрол„ АД – Скопје. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 26 ноември 2010 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за Инкотермс 2010. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk
Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 anita.mitrevska@mchamber.mk
**********************
На 29.11.2010 презентација во Стопанска комора на Македонија
“ПРАКТИЧЕН ПРИРАЧНИК ЗА ИНКОТЕРМС 2010“ И “МЕЃУНАРОДНИ ТРГОВСКИ ДОКУМЕНТИ ВО МАКЕДОНИЈА“ За значењето, ползата и примената на изданието “Практичен прирачник за Инкотермс 2010“ свое обраќање ќе имаат: - м-р Јелисавета Георгиева, генерален секретар на Стопанската комора на Македонија; - Зоран Арнаутов, заменик-претседател на Групацијата на меѓународните шпедитери и логистички оператори при Комората и рецензент на книгата, Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција при “Макпетрол“ А.Д. -Скопје, автор на изданието. Промоцијата ќе биде збогатена со промоција на изданието “ М е ѓ у н а р од н и трговски документи во
Македонија“. За неговата потреба и практичност обраќање ќе има: - Лазо Ангелевски, од Стопанската комора на Македонија – Европски информативен и иновативен центар во Македонија, автор и уредник на изданието. Промоцијата ќе се одржи на 29 ноември 2010 година (понеделник), со почеток во 13:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат. Пријавата за присуство на промоцијата, која може да ја превземете од веб порталот на Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.mk) , неопходно е да се достави најдоцна до 25 ноември 2010 година. Контакт: Митко Митевски Тел: (02) 3244015 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 mite@mchamber.mk
Контакт: Ирена Мојсовска Тел: (02) 3244009 Факс: (02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 irena.mojsovska@mchamber.mk
**********************
Од 2. до 5.12.2010 година, во Бурса, Република Турција
САЕМИ ЗА МЕТАЛ И ЕНЕРГЕТИКА * Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 до 3 декември 2010 година Во периодот од 2 до 5.12.2010 година во Бурса, Република Турција, ќе се одржи 9-тиот традиционален Меѓународен саем за метал и енергетика: - “BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR 2010’’ – Саем за машини за обработка на метал, за заварување, за рачен алат, пневматика и хидраулика; 8. Меѓународен саем за електрична енергија, електронска автоматизација, просветлување и комуникацијаELECO 2010; - 2. Меѓународен саем за лим, цевки и нивна обработка - BURSA SHEET METAL TECHNOLOGIES 2010 и - Бурса хардвер и безбедност на работното местоBURSA HARDWARE AND JOB SECURITY FAIR. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми за метал и енергетика, на кој свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор- АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 - 3 декември 2010 година. Обезбедено е бесплатно хотелско сместување со две ноќевања и вклучен доручек, трансфер од хотелот до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор Адонис во износ од 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз, само 35 евра административни трошоци). За реализација на автобускиот превоз потребно е обезбедување на минимум 17 патници. Уплатените
БИЗНИС ИНФО
четврток, 25 ноември 2010
23 КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ
средства до Адонис и Стопанската комора на Македонија не се рефундираат, доколку учесниците одлучат да го откажат патувањето после истекот на рокот за пријавување. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 26 ноември 2010 година (петок). Повеќе информации за саемската манифестација се достапни на веб-страната: h�p://www.tuyap.com.tr. Контакт: Билјана ПееваЃуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 biljana@mchamber.mk
други технологии, машини и материјали од пластичната индустрија. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 1 до 3 декември 2010 година.
Контакт: Војкан Николовски Тел: (02) 3244068; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk
**********************
Од 22 до 30 јануари 2011 година во Дизелдорф, Германија
САЕМ ЗА БРОДОВИ И ЈАХТИ “BOOT 2011”
Oд 22 до 30 јануари 2011 година, во Дизелдорф, Германија, ќе се одржи саемската манифестација , “BOOT 2011” - Меѓународен саем за бродови, јахти, и опрема”. На oваа саемска манифестација, ќе бидат изложени најновите модели на: • бродови; • јахти; • мотори и моторна техника; •опрема за бродови и јахти; •услуги; •кајак и кану; • скијање на вода; •сурфање; •риболов и тн. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонските компании на саемската манифестација “BOOT 2011” по претходно пополнета пријава за учество на настанот. Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004;Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk **********************
Oд 2 до 5 декември 2010 година Меѓународен саем за пластика, во Истанбул , Република Турција
“PLAST EURASIA 2010” Во периодот од 2 до 5 декември 2010 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 20-ти традиционален Меѓународен саем за пластика “PLAST EURASIA 2010. Ова е еден од најголемите меѓународни саеми за индустријата за пластични маси во светот, на кој се очекува учество на преку 880 светски познати компании од 43 земји од светот (Германија, САД, Австралија, Австрија, Турција, Италија, Бразил, Канада, Кина и др.). На овогодинешното издание на манифестацијата ќе бидат промовирани и претставени најновите технологии и иновации на машини за производство на пластика, хемикалии и суровини, машини од помошните индустрии, инсталации за контрола и топлина, опрема за лиење на калапи, хидраулични и пневматски апарати и многу
Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, влез за саемот, трансфер од хотел до саемот, ручек за два дена и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци за саемскиот организатор „Адонис„ - 95 евра со автобус по лице, а доколку е со сопствен превоз 35 евра адмистративни трошоци. Заинтересираните компании можат да се пријават најдоцна до 25 ноември 2010 година. Подетални информации на: h�p://www.tuyap.com.tr и на www.mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 Факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk
Зорица Мешкова тел.02 3244 019 факс:02 3244 088 zorica@mchamber.mk
**********************
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 25 ноември 2010
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Македонска компанија нуди машини за пакување и репроматеријали Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 5.11.2011 ************ Германска компанија бара соработка со увозници на свинско месо и месни производи за пласман на македонскиот пазар Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 5.03.2011 ************ Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на скроб од компир Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 5.03.2011 ************ Австриска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на топло валани бесшавни цевки Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 5.01.2011 ************ Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 8.03.2011 ************ Грчка компанија бара производители на чорапи во Република Македонија кои би произведувале по нарачка воени чорапи за пласман во Грција Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 5.06.2011 ************
************
************
Романска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пумпи и компресори Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 6.12.2010
Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за производство на сладолед Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011
************ Македонска компанија бара дистрибутер во Европа за пласман на болнички програм на производи во кој посебно место завземаат чаршави за заштита на јоги од мокрење ,изработени од ПВЦ фолија и опшиени со ластик,памучни чаршави,перници, постелнина,хирушки мантили,одела бели мантили и др. Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:30.12.2010 ************ Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,складирање,преработка и дистрибуција на храна во Република Хрватска Вид на соработка: Заедничко вложување Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010 ************
************
Грчка компанија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на комплет системи за лифтови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 8.03.2011
Грчка компанија бара соработка со македонски компании кои собираат употребувано масло (по основа на нафта) од кое се произведуваат регенерирани масла Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:1.01.2011
************ Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пченка јачмен, пченица,црвена леќа,наут и шеќер Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 8.03.2011 ************
Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на тарана со разни вкусови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до 5.12.2010 ************
************
Македонска компанија бара партнери за соработка за пласман на кафе,кафетерии,ресторани и супермаркети Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Угостителство Валидност до 5.12.2010
Германска компанија нуди услуги во развој и во одржливо снабдување со електрична енергија и начини на заштеда на ефикасно користење на енергијата Вид на соработка: Консултанска услуга Област на соработка : преработувачка индустрија Валидност до 18.02.2011
Македоска градежна компанија нуди на продажба ексклузивен нов деловен простор во Дебар малооСкопје Вид на соработка: Изнајмување на деловен простор Област на соработка : Трговија со недвижнини Валидност до 5.12.2010 ************ Македонска компанија нуди на продажба ексклузивен брендиран угостителски објект бизнис-кафетерија, во центарот на Скопје Вид на соработка: Изнајмување на деловен простор Област на соработка : Угостителство Валидност до 5.12.2010
************ Компанија од Америка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на лепила,индустриска херметика, лепливи траки, брусани материјали и специјални производи за потребите на производители во градежништвото,транспорт,машинска и печатарска индустрија, индустрија на мебел и уредување на ентериери,индустрија на пластика и гума Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:1.11.2011
Германска компанија нуди софтвер и хардвер системи за менаџирање со времето,безбедноста и контрола на безконтактна идентификација на лични документи Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Јавни институции Валидност до 8.02.2011
************
************ Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидраулични системи за лифтови Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.03.2011
************ Грчка компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на дрвен и метален канцалариски мебел Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011 ************ Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сладолед во прав, млеко во прав и преливи Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:9.04.2011
Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски
************ Српска компанија бара соработка со македонски компании во машинската индустрија за пласман на машински елементи по цртеж и мостри и материјал по барање на купец како сто се завртки навртки,подлошци, осигурачи за кочници,чивии,клинови, лежишта Вид на соработка:Соработка во производстводоработка Област на соработка : Производство на машини и апарати Валидност до:2.02.2011 ************ Српска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија на чоколадни бонбони и чоколади со врвен квалитет во ексклузивни пакувања Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.03.2011 ************ Хрватска компанија е заинтересирана за изнаоѓање на деловен партнер од Република Македонија заинтересиран за заедничка инвестиција во проект за производство,складирање,преработка и дистрибуција на храна во Република Хрватска Вид на соработка: Заедничко вложување Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:2.12.2010
Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088
тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk