БИЗНИС ИНФО
bsi.
Quality Management
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО Број 285
www.mchamber.mk
ISO 9001
FS 549642
goodini
192
2 - 2016
25.11.2016
wiiw The Vienna Institute for International Economic Studies Стопанската комора на Македонија потпиша договор со Виенскиот институт за меѓународни економски студии за
ПОДГОТОВКА НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА СТУДИЈА ЗА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ И ОГРАНИЧУВАЧКИТЕ ФАКТОРИ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА м-р Димитар Богов, Гувернер на Народната банка на Република Македонија
Нов интегриран систем за известување на НБРМ
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ПРЕМИУМ Покровители
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ
Групација за безбедност и здравје при работа УНАПРЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ПРИ РАБОТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА На прес-конференцијата, одржана на 21.11.2016 година, претседателот на Групацијата за безбедност и здравје при работа при Стопанската комора на Македонија, Сашко Стојмановски истакна дека истата е формирана пред две година, а нејзини основни цели и задачи во работењето се: разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, економска пропаганда, усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на дејноста, усвојување заклучоци и предлагање мерки, покренување иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти,
иницирање и остварување соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, поттикнување имплементација на европските правила и стандарди и др.
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Потпретседателот на Групацијата Борче Стојчевски истакна дека во овој перид се навршуваат 6 години од издавањето на првите овластувања на правни субјекти за извршување работи поврзани со безбедноста при работа согласно Законот за безбедност и здравје при работа кој пак е со „старост“ над 9 години. Ако една од целите на Законот е заштита на вработените и намалување на бројот на несреќи на работа, а со тоа бројот на повредини вработени или изгубени животи, тогаш оваа цел не е постигната.
Стапка на фреквентност на повредени вработени*
Стапка на фреквентност со смртни последици*
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
Во недостаток на податоци не може да се направи анализа за последните две години, но сознанијата на Групацијата укажуваат на зголемување на бројот на несреќи при работа. * Податоци од ДИТ (број на повреди) и Државниот завод за статистика (број на вработени)
Со одредени законски измени е подобрен начинот на пријавување на повредите и можеби оттаму зголемениот број на повреди, но повредите со смртни последици никогаш не можеле да се сокријат, а и тие покажуваат зголемување. Како правни субјекти, членки на оваа Комора, кои учествуваат во процесот на безбедност при работа не се задоволни од видливите „резултати“. Дел од вината за оваа состојба мора да се префрли и на правните субјекти. Нивната активност како овластени правни лица се состои во услуги за работодавачите, како изготвување и спроведување на обуки за безбедно работење, мерење на физички, хемиски и биолошки штетности, проценка на ризици, испитување на опрема за работа и др. Затоа од идната влада на Република Македонија се бара: 1.
Промена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ, особено во начинот на полагање на стручен испит за стручно лице за безбедност при работа, начинот и условите за овластување на правните субјекти, начинот на контрола над нивната работа, како и ослободување на пазарот (сега постои ценовник на услугите дефиниран од Министерството за труд и социјална политика). 2. Промена на подзаконските акти кои се недоречени, несеопфатни и наместа конфузни и носење на нови за областите кои не се целосно опфатени 3. Координација меѓу министерствата при дефинирање и доделување на ингеренции и носење на законска регулатива. 4. Поголемо вклучување на сите учесници во безбедноста и здравјето при работа при носење на стратешки документи и законски решенија кои треба да бидат базирани на реалните состојби, а не на желби на поединци или групации. Војкан Николовски
6
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВОТО
НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ НОВИОТ ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ - приспособување на националниот систем кон европските стандарди
Пред претставниците на комерцијалните банки и другите финансиски институции во Република Македонија - членки на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, беше претставен новиот Интегриран систем за известување на банките кон Народната банка на Република Македонија. Важноста за воведувањето на овој систем ја истакна гувернерот на НБРМ м-р Димитар Богов, а подетално образложение за намерата и функционалноста на новиот систем даде д-р Анита Ангеловска - Бежоска, вицегувернер на НБРМ. На средбата беа истакнати глобалните трендови во статистиката во посткризниот период, концептот и опфатот на новиот систем за известување, како и придобивките што ги нуди. „Кризата покажа дека недоволната регулација и следење на финансискиот сектор во развиените економии имаше далекусежни последици во глобални рамки“, - истакна Ангеловска - Бежоска. Затоа, целта на овој систем е да се постигне рано детектирање на
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВОТО
меури во финансискиот систем, меѓународна споредливост на националните податоци, како и навремена расположливост на податоци за носителите на политиките. Меѓународното статистичко тело, во кое учествуваат Европската централна банка и Евростат, ги идентификува клучните статистички јазови и предвидува временска рамка за нивно надополнување преку измени во националните регулативи во 4 области:
финансиска стабилност, прекугранични финансиски врски, ранливоста на домашната економија на екстерни шокови, како и подобра комуникација на статистиката, а согласно на тоа европските статистички барања за финансиските институции се значајно зголемени. Како причини за промената на постојниот систем на известување на финансиските институции до НБРМ беше истакната потребата за хармонизирање на системот за известување со барањата на Европската централна банка, Евростат и останатите европски институции, како и збогатениот сет на статистички податоци во функција на носителите на макроекономските политики во Република Македонија. На средбата беше заклучено Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија да номинира претставници на банките и другите финансиски институции за членови во Работната група при Народната банка на РМ со цел практична имплементација на системот. М-р Борис Тримчев
БИЗНИС ИНФО
8
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
НАУКАТА И БИЗНИСОТ
Стопанската комора на Македонија потпиша договор со Виенскиот институт за меѓународни економски студии за ПОДГОТОВКА НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА СТУДИЈА ЗА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ И ОГРАНИЧУВАЧКИТЕ ФАКТОРИ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА
Денес во Виена, во рамки на воспоставената институционална соработка, извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева и извршниот директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, д-р Елизабет Хаген, потпишаа договор со кој Виенскиот инситут ќе спроведе истражување и ќе изготви научно-истражувачка студија за потенцијалите и ограничувачките фактори на македонската економија, преку анализа на основните економски показатели за учеството на приватниот сектор во националната економија. На потпишувањето на договорот присуствуваше и д-р Владимир Глигоров, виш економист при Виенскиот институт, кој ќе биде раководител на истражувачкиот проект, како експерт за земјите од Балканот, кој во својот фокус на истражувања ги има долгорочниот раст во земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари. Потребата за подготовка на ваква научно-истражувачка студија произлезе од потребата и барањата на компаниите-членки на Комората, со цел согласно добиените резултати од истражувањето изготвено од независна научно-истражувачка институција со меѓународно реноме, како што е Виенскиот институт, да се добие реален приказ на состојбите во македонската економија, а особено да се даде одговор на прашањата: кои се основни дејности во македонското
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО НАУКАТА И БИЗНИСОТ
стопанство; колкаво е учеството на приватниот сектор во БДП и во извозот, расчленето и по учество на мали, средни и големи компании; колкаво е учеството на приватниот сектор во вработувањето и каква е неговата улога врз процесот на миграција (забавување/забрзување); кои се основните недостатоци кои влијаат врз намалените можности на компаниите за натамошен развој, вклучувајќи ги проблемите поврзани со недостаток на знаење, добар маркетинг, несоодветно управување со ресурсите, немање соодветен кадар за определена дејност и слично; кои други параметри значајни за работата на приватниот сектор имаат клучно влијание за унапредување на растот и развојот на македонската економија. Се очекува дека резултатите од научно-истражувачката студија ќе придонесат да се создаде јасна слика за приватниот сектор со помош на вообичаените показатели (на пример, показателите што ги следи ОЕЦД), детално ќе се разгледа секторот на разменливи добра и ќе се проучат неговите конкурентност и компаративни предности, а исто така ќе се добие јасна претстава за индустриските политики што ги спроведуваат владата и централната банка, експлицитно или имплицитно (преку фискалниот систем и регулаторната рамка). Врз таа основа, а согласно наодите и препораките за политики, Стопанската комора на Македонија ќе добие темелен преглед на податоци и методологија за тоа како да се следат понатамошните случувања на овие полиња. Имено, Стопанската комора на Македонија редовно изготвува компаративни истражувања и анализи кои се од значење за развој на стопанството за чија подготовка се потребни статистички и други податоци за земјите од регионот и пошироко. За исполнување на оваа активност потребно е користење на надворешни ресурси кои ќе обезбедат анализи и студии од ваков карактер, а со крајна цел надградување и осовременување на стопанството во државата. Токму од овие причини, согласно Програмските насоки на Стопанската комора на Македонија, потребно е Комората да соработува со научни институции и да работи на унапредување на стопанството со една крајна цел, а тоа е целосно и успешно застапување на интересите на своите членки. За да може да се исполнат овие активности потребно е Комората постојано да се надградува и да се поврзува регионално и меѓународно со институции и тела кои работат во делот на стручни анализи и студии и кои се меѓународно признати. Од овој вид се и научните институции кои со своите ресурси и можности можат да допринесат за развој на стопанството. Виенскиот институт за меѓународни економски студии е еден од главните центри за истражувања за Централна, Источна и Југоисточна Европа со четириесетгодишно искуство. Во текот на годините тие го имаат проширено полето на стручност и ја зголемиле покриеноста на земји и теми во регионот, кои сега вклучуваат и европска интеграција, земји од поширокиот круг на Европа и одредени прашања од областа на глобалната економија. На тој начин ги имаат проширено и областите за истражување во кои работат. Во моментов, работата им е сосредоточена на макроекономски случувања и структурни промени, меѓународна економија, пазари на трудот и општествени прашања, како и одбрани прашања во врска со секторските и регионалните економски случувања. м-р Елена Милевска-Штрбевска
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ИНДУСТРИСКИ МЕНАЏМЕНТ ИМ ПОМАГА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕКУ НАМАЛУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЕНЕРГИЈА
На 23 ноември 2016 година, Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија и Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент, ја организираа 3. Тркалезна маса на тема: „Зголемување на конкурентноста во индустриските компании преку континуирано подобрување на управувањето со потрошувачката на енергија“. Учесниците на настанот – претставници од бизнис заедницата, владини институции, УСАИД и други меѓународни организации, имаа можност да слушнат за позитивните искуства на компаниите вклучени во Проектот од воведувањето на системите за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во самите компании, како и за техничката поддршка што ја добиваат од Проектот при идентификација и избор на мерки за подобрување на енергетската ефикасност. На настанот присуствуваше Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој при Мисијата на УСАИД во Македонија, кој ги поддржа придобивките од имплементацијата
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
11
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ на системот за управување со енергија во македонските компании. Олгица Кржева, генерален директор на компанијата „ДС Смит“ АД - Скопје, истакна: „Преку ефективното користење на системот за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија успеавме да ги увидиме можностите за заштеда на енергија и што треба да направиме со цел да ги намалиме своите трошоци. Проектот на УСАИД за индустриски менаџмент ни помогна во разработката на серија на решенија од подобрување на системот за греење, вентилација и климатизација, искористување на отпадната топлина, па се` до реконструкција на котларницата во фабриката. Нашата одлука за инвестирање во овие решенија за подобрување на енергетската ефикасност не само што ќе ја зголеми конкурентноста на компанијата на домашниот пазар, туку со овие мерки придонесуваме и кон одржлив развој и заштита на животната средина“. Со воведување на систематски пристап во управувањето со потрошувачката на енергија во индустрискиот сектор (базиран на ИСО 50001:2011), Проектот ја подобрува конкурентноста и енергетската сигурност во земјата, ја намалува емисијата на стакленички гасови и ги поддржува инвестициите во чиста енергија. Проектот за индустриски менаџмент им помага на компаниите во подготовка на проекти за енергетска ефикасност прифатливи за финансиските институции, врши обуки на домашни инженерски компании за проектирање, инсталирање и одржување на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија и организира работилници за индустриските компании на теми поврзани со најдобрите практики за енергетска ефикасност. Перо Авакумовски
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ ВО РАБОТАТА НА ЛИЦЕНЦИРАНИТЕ УПРАВИТЕЛИ И ТЕКОВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЧЛЕНКИТЕ - тема на состанокот на Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија
Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор при Стопанската комора на Македонија, на заедничкиот состанок со претставници на Регулаторната комисија за енергетика, во делот на регулирање на односите на лиценцираните управители (кои во име на станарите во влезовите имаат деловна соработка со „ЕВН Македонија“), Регулаторната комисија за домување и „ЕВН Македонија“, дискутираа за досегашната активна комуникација меѓу лиценцираните управители преку Групацијата и „ЕВН Македонија“, при што беше констатирано дека е постигнат напредок во соработката, но се` уште на терен постојат проблеми со кои се соочуваат управителите од аспект на дефинирање на позицијата корисник во сметките, односно фактурите за потрошена електрична енергија. Како што објаснија управителите, проблемот настанува бидејќи тие како правни субјекти се даночни обврзници и на нивен товар паѓа и ДДВ од фактурите кои ги плаќаат во име и за сметка на влезовите со кои управуваат. За таа цел, побараа да се направат промени во овој дел и наместо името на нивната фирма да стои Куќен совет – управуван од конкретниот лиценциран управител. На состанокот беа предочени уште неколку проблеми за кои и двете страни констатираа дека во натамошна заедничка соработка ќе може да се надминат, но истовремено од „ЕВН Македонија“,
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
13
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ како и од Регулаторната комисија за енергетика, посочија дека за одредени недоречености или проблеми со кои се соочуваат управителите добро би било да се покренат иницијативи за измени и дополнувања на матичниот Закон за домување, бидејќи Законот за енергетика е многу посложен и пообемен и во него се дефинирани условите за работа за повеќе од 800 илјади броила, односно потрошувачи. Во таа насока и претседателот на Регулаторната комисија за домување Ракип Малоски, пред присутните информираше откако ќе добијат и писмени забелешки од состанокот и заклучоци, истите ќе бидат предмет на анализа од страна на Комисијата, со цел разрешување на проблемите и обезбедување соодветен деловен амбиент за работа. На состанокот се дискутираше и за имплементацијата на Законот за извршување и Законот за нотаријат во работата на лиценцираните управители, кои треба да стартуваат со примена од 1 јануари 217 година. Исто така, на состанокот присуствуваа и Ненад Трипуноски, како претставник на Нотарската комора на РМ и Ангелка Ефкоска, член на Управниот одбор на Комората на извршители на РМ. Во дискусијата управителите побараа одговор на повеќе прашања. Согласно Законот за нотаријат, за лиценцираните управители дилема е: 1. Кои исправи ќе се сметаат за веродостојни, односно дали покрај фактурата како веродостојна исправа ќе се сметаат и заверените деловни книги на управителите изготвени врз основа на фактури? 2. Во кој случај предлогот за укинување на клаузули е основан во кој не, дали доколку е основан трошоците паѓаат на доверителот, бидејќи и сега управителите имаат проблем со обезбедување податоците што не е по нивна вина, туку е резултат на одредби од Законот за заштита на лични податоци. 3. На кој начин ќе се врши доставување со јавна објава, кои ќе бидат трошоците за истата, што во случај кога предлогот испратен од доверителот не содржи матичен број бидејќи во тој случај, должникот може да се повика во секој момент дека објавата не се однесува на него како должник . Согласно Законот за извршување пак дилемата е: 1. На чиј товар ќе паднат трошоците за изготвеното барање за извршување испратено од адвокат до извршителот, ако должникот го плати долгот по примањето на тоа известување? 2. Дали се донесени актите за вонсудска наплата на долгови, начинот на наплата на надомест на извршителот, дали ќе биде во форма на аванс на трошоци и што се случува во однос на проблемите со податоци кои ги имаат управителите? Имено, за сите овие прашања интересот е особено голем бидејќи дејноста на лиценцираните управители е од многу мал обем во вредност, а од друга страна ваквите постапки во многу случаи ќе значат дека трошоците за спроведување на постапката ќе има поголеми трошоци од износот на една неплатена фактура кај управителите. Даниела Михајловска Василевска
14
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА помеѓу Регионалната комора со седиште во Штип и Општина Карбинци
На 23.11.2016 година во просториите на Општина Карбинци, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Регионалната комора со седиште во Штип, од страна на претседателот Наум Барзов и Општина Карбинци, од страна на градоначалникот Зоран Минов. Во присуство на бројни компании-членки на Стопанската комора на Македонија, како и претставници на локалната самоуправа, овој настан го отвори претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип Наум Барзов, кој истакна дека делувањето на Регионалната комора има за цел да придонесува за подобрување на условите за работа и развој на компаниите во штипскиот регион и таа соработка треба да продолжи
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
15
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ да се развива со поддршка на локалната самоуправа и со помош на сите релевантни институции во земјава. - Иако главно обележје на стопанството од овој регион е текстилната и кожната индустрија, сепак постојат бројни сектори со одлични можности за инвестирање, како што се развојот на земјоделството, на руралниот туризам, прехранбената индустрија и подобрување во делот на графичката индустрија и печатењето, металопреработувачката индустрија, градежништвото и трговијата, - истакна Барзов. На настанот се обрати и градоначалникот на Општина Карбинци Зоран Минов, кој истакна дека соработката на Регионалната комора со седиште во Штип со Општина Карбинци ќе се продлабочи и ќе придонесе за креирање и реализација на идни заеднички активности и проекти, форуми, стручни расправи, работилници и други настани кои се од заеднички интерес на двете страни. Во продолжение на настанот се одржа Работилница на тема: „Актуелни состојби и чекори за приближување на македонското земјоделство до стандардите на земјоделството во ЕУ“, на којашто предавач беше м-р Васко Златковски од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тој пред присутните компании од земјоделскиот сектор осврт даде на интегрираното земјоделско производство, а посебно се задржа на органското производство и на самата сертификација на производите. Понатаму, Златковски ја образложи Заедничката земјоделска политика на ЕУ и рефлексиите врз идниот развој на земјоделството во Македонија, односно како македонското земјоделство да стане поконкурентно на европскиот пазар. На потпишувањето на Меморандумот за соработка и на Работилницата присутните ги поздрави Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Моника Стоичева
16
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
БИЗНИС СРЕДБИ НА РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ВО СТРУМИЦА НА МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ
На 22 и 23 ноември 2016 година, во хотелот „Сириус“ во Струмица, се одржа Саемот „Струмица експо“, за прекугранична соработка помеѓу општините Струмица и Кичево од Р. Македонија и Кукуш и Поликастро од Р. Грција. Целта на Саемот беше создавање поволни услови за побрз економски развој на прекуграничниот регион преку обезбедување можности за вмрежување и соработка помеѓу малите и средните претпријатија бидејќи стопанството и стопанствениците се моторната сила за економски раст и двигатели на развојот. На свеченото отворање на Саемот поздравен збор имаа претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов, претседателот на Советот на Општина Кичево, Ќамил Алиу, градоначалникот на Општина Пеонија, Христос Гуденудес, од Општина Кукуш, Констатинос Пападакис и претставник од Регионалната единица Кукуш, Михаела Карамисакис, кои истакнаа дека овој саем е уште еден доказ дека бизнисот најдобро ги совладува далечините, границите
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
17
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ и бариерите. По отворањето пред бројните гости од бизнис заедницата од двата региона, каде присуствуваше и претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, се одржаа презентации за економските можности на општините Кичево и Кукуш, презентација на добри практики на тема: „Општествено одговорни компании“ од Струмица - Фондацијата „Елена Лука“, од Кичево -фирмата „МСС-95-Акватика“, од Кукуш - фирмата „Зинкометал“, како и презентација на стартап бизнис од Струмица. Во изложбената сала на Саемот, над четириесет компании од Струмица, Кичево, Кукуш и Поликастро се претставија со своите производи и остварија бизнис средби, а беше организирана и дегустација на струмичко и грчко вино и кичевска риба. На вториот ден од Саемот се продолжи со презентација на претпријатие од Кукуш, а воедно беше организирана и дегустација на вкусот на традиционалниот струмички ајвар, кичевско овчо сирење и грчки леб. Саемот се затвори со доделување на наградата на претпријатие со најдобра саемска манифестација, која е добија компаниите „Престиж декор“ од Кичево и Винарницата „Татсис“ од Кукуш. Саемот се одржа во рамките на Проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“, којшто се спроведува од страна на три проектни партнери и тоа: Општина Струмица и Општина Кичево од Р. Македонија и подрачната единица Кукуш од Р. Грција. Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007 – 2013 година. Дијана Лазороска Јованоска
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
МЕДИЈАЦИЈА
ОДРЖАНИ БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ СО ПРЕДАВАЊЕ ВО КУМАНОВО И ТЕТОВО
На 16-ти ноември 2016 година пред повеќе од 30 учесници во Куманово и на 17.11. во Тетово, Стопанската комора на Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора, продолжи со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари за медијација како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците и останатите заинтересирани посетители од градот Куманово. На овој семинар кој е продолжение на агендата на Комората со неколку месечна презентација на медијацијата беа потенцирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката. Како и на претходно реализираните семинари во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес и Гевгелија така и сега од сите дискусии на учесниците во Велес произлегуваат и одредени прашања кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација. Во Куманово пред одржување на семинарот, Регионалната комора со седиште во
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
19
МЕДИЈАЦИЈА Куманово одржа и своја редовна седница на која се дискутираше за програмските активности за 2017 година. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација и користење на медијацијата би се растеретиле судските постапки и би се зголемила ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката. Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвори и канцеларија за вршење на дополнителните услуги. Стопанската комора на Македонија продолжува со организација и реализација на циклусот на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Исто така со цел активно вклучување на сите заинтересирани страни во овој процес на поддршка на медијацијата, Стопанската комора на Макеоднија на 15.07.2016 година формираше посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората каде освен лиценцирани медијатори, вклучени се експерти со познавање од оваа област, компании и други институции кои ќе работат на искористување на бенефитите од оваа алатка. Со формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија ќе продолжат сите активности за промоција и поддршка на медијацијата преку разни начини, алатки и облици на промоција и тоа за сите фирми (и членки и нечленки на Комората) и за сите заинтетесирани страни во РМ.
20
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
ШЕФОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
На 23 ноември 2016 година, новиот шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар ја посети Стопанската комора на Македонија. На работниот состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески беа разгледани моменталната економска состојба во Република Македонија, како и бизнис релациите помеѓу македонските компании и компаниите од ЕУ. Претседателот Азески истакна дека во моментот економската состојба во Македонија е релативно стабилна, што се должи на зголеменото трговско салдо и трговската размена со земјите од ЕУ, пред се` со СР Германија којашто е најголем трговски партнер на Република Македонија од сите земји-членки на Европската унија. Растот на извозот во СР Германија се должи на странските инвеститори кои што произведуваат во слободните трговски зони во Република Македонија. Република Србија е втор трговски партнер на Македонија, пред се` поради извозот на домашни производи, што значително е олеснето поради ЦЕФТА-Договорот
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
21
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
од којшто се дел и двете земји. Во разговорот, Азески додаде дека приватниот сектор е главен двигател на македонската економија и дека во иднина ќе треба поголемо внимание да им се посвети на малите и средни претпријатија, со цел развивање на капацитети за зголемување на побарувачката од странските пазари. Воедно, неопходно е малите и средни претпријатија од Република Македонија да бидат поконкурентни во однос на компаниите од Европа и пошироко. Амбасадорот Самуел Жбогар додаде дека плановите за развивање на македонското стопанство и проширување на сите пазари на ЕУ во блиска иднина ќе се остварат и ќе се преземат сите потребни реформи коишто ќе и` помогнат на Македонија во целокупниот процес на ЕУ-интеграција. М-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •
Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;
•
• • • • •
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29.11.2016
Еднодневна обука на тема: БИЗНИС МОДЕЛ CANVAS – СТРАТЕГИСКА АЛАТКАЗА КРЕИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО БИЗНИС МОДЕЛИ
Во времето во коешто живееме се појавуваат разновидни иновативни бизнис модели. Се формираат целосно нови индустрии, додека други индустрии исчезнуваат. Новите растечки ѕвезди ја предизвикуваат старата гарда која трескавично се бори за реиновирање на застерените бизнис модели. Оттука се поставуваат прашањата: • Како ќе изгледаат одредени бизнис модели после две, пет или десет години од сега? • Дали постојните компании ќе продолжат да постојат помеѓу доминантните играчи во нивните индустрии? • Ќе можат ли овие компании да се соочат со иновираните бизнис модели на нивните главни конкуренти? Бизнис моделот објаснува како една компанија креира, испорачува и добива соодветна вредност (надомест) од потрошувачите за кои е наменета вредноста. Најверојатно, најпопуларната стратегиска алатка за работа со бизнис моделите претставува Business Model Canvas. Овој систематски пристап претставува стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на бизнис модели. Целосно интегрирана и комплементарна алатка на Business Model Canvas претставува Value Proposition Canvas. Ова е стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на производи и услуги. Овие две алатки ги прават вредноста за потрошувачите и бизнис моделот кој ја испорачува вредноста целосно видливи и опипливи, едноставни за анализирање, дискутирање и нивно менаџирање. Предавач: Д-р Стојан Дебарлиев - вонреден професор на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Магистрирал и докторирал во областа на бизнис и стратегиското планирање. Неговиот едукативен и истражувачки интерес е во областа на бизнис планирањето, стратегиите и бизнис моделите, претприемништвото и меѓународниот менаџмент. Тој е автор на универзитетски учебници, како и повеќе научни и стручни трудови. Има одржано бројни предавања на летни школи, работилници, семинари и други видови на научни и професионални собири.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30 ноември 2016 година, 11:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневна обука на тема: „ЕВРОПСКИ ПРОГРАМИ И МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР“
Стопанската комора на Македонија во рамките на Партнерскиот проект со Унијата на трговско-индустриските комори на Германија и коморите од ЦЕФТА-земјите (ДИХК - ЦЕФТА) на 30 ноември 2016 година (среда), организира еднодневна обука на тема: „Европски програми и можности за финансирање на проекти за јавниот и приватниот сектор“. Главен акцент на обуката ќе се стави на примената на расположливите Central European програми на Европската унија за Free Trade Agreement приватниот сектор во Република Македонија, како земја-кандидат за членство во ЕУ. Европската комисија за следниот седумгодишен период (2014-2020 година), креираше грантови во рамките на ЕУ-програмите „КОСМЕ“ и „ХОРИЗОНТ 2020“ за подигање на конкурентноста и иновативноста на компаниите зацртани во Европската стратегија 2020. Од особен интерес за компаниите е новиот Инструмент за МСП како дел од Програмата „Хоризонт 2020“, кој е наменет исклучиво за мали и средни компании. Воедно, ќе биде претставен и новиот инструмент за претпристапна помош (ИПА II) како дел од пакетот за надворешни односи на Унијата. ИПА, како и останатите елементи од тој пакет и ЕУ-програмите, претставуваат голема можност за поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании, како и за поддршка на целокупниот економскиот развој, социјалната кохезија и развојот на демократските вредности во земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство. Со овие програми се поддржуваат истражувањето и иновациите, со цел поголема конкурентност и креирање нови работни места. Република Македонија е дел од земјите кои имаат целосен пристап до наведените програми. Сите компании заинтересирани за учество на обуката, можат да го најават своето присуство најдоцна до 28 ноември 2016 година.
CEFTA
Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Меѓународни бизнис средби
„LOVEAT 2016“
02.12.2016 - 03.12.2016 Бизнис средби Венеција, Италија
Настанот е инициран од страна на Здружението на Стопанската комора на регионот Венето - Eurosportello и има за цел да им помогне на компаниите да најдат нови можности за бизнис во следните области: • производство на храна и пијалаци; • иновативни технологии и машини за производство на храна и пијалаци; • туризмот и производството на храна и пијалаци. „LOVEAT 2016“ е првиот меѓународен саем за храна и пијалаци, што ќе се одржи во Венеција, во просториите на „Expo Aquae Venice Pavillon”. Предности и услуги за вашата компанија: • 2 дена деловни состаноци; • оптимално учество на настанот, што се должи на можноста состаноците да се организираат однапред; • застапеност на голем број сектори и земји; • контакт на изложувачите со посетителите на саемот; • стручна помош и совети од страна на персоналот пред, за време и по настанот; • бесплатен влез и билет за саемот; • организирање сместување за излагачите (ве молиме, контактирајте со главниот организатор за надоместоци). Учеството на настанот е бесплатно. Ве молиме, имајте предвид дека глоба во износ од 100 € ќе се фактурира со цел да се задржи квалитетот на настанот во случај компаниите да го откажале учеството 5 дена пред настанот или доколку не се претстават во текот на деловните состаноци. За повеќе информации во врска со официјалните состаноци, ве молиме погледнете го официјалниот сајт: http://www.een-matchmaking.com/loveat2016 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
26
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 30 ноември 2016 година (среда) 10:30-14:00 часот Хотел „Глигоров“ Струмица
Бесплатен еднодневен семинар на тема: МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. Заради поголема информираност на компаниите од една страна, како и тргнувајќи од нивните барањата од друга страна, Стопанската комора на Македонија започна со креирање и нудење нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на медијацијата, како за членките, така и за нечленките, согласно горенаведените законски одредби. Со цел да се информираат компаниите за измените во Законот за парнична постапка, текот на постапката за медијација, како и за можноста за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија, на 30 ноември 2016 година (среда) од 10:30-14:00 часот, во Хотел „Глигоров“ во Струмица ќе одржи бесплатен семинар за медијација, како продолжение на веќе започнатиот циклус на бесплатни семинари кои се реализираат со предавачи – лиценцирани медијатори и со експерти од областа на медијацијата. Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1 декември 2016 година (четврток) 10:30-14:00 часот Хотел „Александар Парк“ - Виница
Бесплатен еднодневен семинар на тема: МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ
Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. Заради поголема информираност на компаниите од една страна, како и тргнувајќи од нивните барањата од друга страна, Стопанската комора на Македонија започна со креирање и нудење нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на медијацијата, како за членките, така и за нечленките, согласно горенаведените законски одредби. Со цел да се информираат компаниите за измените во Законот за парнична постапка, текот на постапката за медијација, како и за можноста за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија, на 1 декември 2016 (четврток), од 10:30-14:00, часот во Хотелот „Александар Парк“ во Виница ќе одржи бесплатен семинар за медијација, како продолжение на веќе започнатиот циклус на бесплатни семинари кои се реализираат со предавачи – лиценцирани медијатори и со експерти од областа на медијацијата. Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
28
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг обука 24.11.2016 16.12.2016 Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
Тренинг-програма во соработка со Институтот за промо
ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛ
По успешно завршената прва тренинг-програма, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, организира втора Тренинг-програма на тема: ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, , водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции.
Цели на програмата: * надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; * можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; * искуство од странски експерти; * можност за соработка со австриски компании; * меѓународно признат WIFI сертификат.
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
оција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI
ЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА ПРОГРАМА: Модул 1: Ефективна продажба и развој на продажни вештини Период на одржување: 24-26 ноември 2016 година. Предавач: д-р Виктор Дедиќ, сертифициран WIFI-тренер, консултант и обучувач со повеќе од 20 години домашно и интернационално работно искуство во Албанија, Ерменија, Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Косово, Литванија, Латвија, Словенија, Молдавија, Русија, Турција, Украина и други земји од Источна Европа. Екпертиза во повеќе области: CRM, меѓународен маркетинг, организирање, управување со човечки ресурси, менаџмент, управување со време, стратешко планирање и оценување во земјите од Југоисточна и Источна Европа. Работен јазик на обуката: англиски јазик. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 1-3 декември 2016 година. Предавач: Младен Јовановиќ, сертифициран WIFI-тренер, консултант и обучувач со долгогодишно интернационално искуство. Од 1997 година учествувал во иницирање и развој на многу иницијативи, како National Coalition for Decentralization, Nis Investment Forum (200809), BCIF (TRAG Foundation), Protecta, Proactive, Training Within Industry training program in companies on Balkans, како и во создавањето на првата мрежа на обучувачи и консултанти за непрофитни организации во Србија. Работен јазик на обуката: српски јазик. Модул 3: Управување со односи со клиенти и деловна комуникација Период на одржување: 14-16 декември 2016 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други.
Работен јазик на обуката: српски јазик.
БИЗНИС ИНФО
30
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Париз, Франција, од 6-9 декември 2016
Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“
Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016
Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар на тема: ОГЛАСУВАЊЕ НА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ
16.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија, на 16.12.2016 година, организира еднодневен семинар на тема: „Огласување на потреба од работници, права на кандидати за вработување, избор на кандидат за вработување како дискреционо право на работодавачот, содржина на договорот за вработување, одредбите на договорот за вработување како основен акт за уредување на работниот однос, разлики во постапките за отказ на договорот за вработување на работниците и заштитените категории на работници“. Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос во Република Македонија. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика. Предавачи: -Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје и -Хилда Мешкова, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 14.12.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19.12.2016 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат
Еднодневен семинар на тема: БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА
Стопанската комора на Македонија на 15 декември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: „Барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната“. Целта на семинарот е да ги запознае учесниците со основните барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната – барања по ИСО и ХАСАП стандарди. Семинарот е наменет за сите лица кои се вклучени во процесот на производство на храна (примарна амбалажа, подготовка и послужување на храна, производство на безалкохолни пијалаци и сл.), снабдување и безбедност на храната. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
33
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата
2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
34
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
2 - 4 декември 2016 година Тирана, Р. Албанија
„PACK & TECH ALBANIA EXPO 2016“
Трите работни дена на сите учесници ќе им биде обезбедена идеална можност да ги промовираат, а на посетителите да ги видат најновите иновации во делот на технологијата на машините за пакување, материјалите за пакување и печатење, складирање и логистика. Саемот е наменет за сите: • големи, средни и мали претпријатија, производители, увозници, извозници; • дистрибутери на храна, пијалаци, козметика, козметички производи, производи од тутун, лекови, хемикалии, масла, нафтени производи, детергенти, облека, чевли, играчки, подароци, накит...; • производители на материјали за пакување за сите видови на индустриски, технолошки, електронски, земјоделски, рачно изработени и производи за широка потрошувачка; • откупни и дистрибутивни центри на земјоделски производи; • трговци на големо и мало, синџири на хипер и супермаркети; • угостителски објекти; • добавувачи, купувачи, вработени, менаџери, инженери, технолози, техничари и специјалисти; • дистрибутивни, транспортни компании, центри за складирање; • студија за дизајн и печатење; • услужни компании, агенции за маркетинг, истражување, акредитации, софтверски решенија, осигурување, консултанти, итн.; • издавачки и новинарски куќи; • истражувачки и образовни центри, универзитети, лаборатории; • институции, задруги, здруженија и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 21.11.2016 година (понеделник). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон: + 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk.
БИЗНИС ИНФО
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
36
БИЗНИС ИНФО
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка кој се занимава со трговија на големо и дистрибуција на разни прехраnбени производи, енергетски, алкохолни и безалкохолни пијалaци, како и храна за животни, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка производител на различни освежителни безалкохолни газирани и негазирани пијалaци, како природна изворска вода, енергетски пијалаци, овошни сокови, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.01.2017 година.
Локална компанија од Словачка која врши продажба и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, како и зачини и кондиторски производи бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка чија главна дејност е дистрибуција, продажба на пиво и алкохол, како и безалкохолни пијалаци бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Словачка која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на пиво, алкохолни и безалкохолни пијалaци и храна, бара
Компанија од Украина, голем производител на мелнички производи бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. Валидност до 31.01.2017 година. Домашна компанија од јануари 2017 година издава ново изградени ладилници (температура од -25 до +4) и деловен простор, лоцирани во индустриската зона во Визбегово, Скопје. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Украина, составен дел на голем концерн, бара компании од Р. Македонија заинтересирани за купување на нивните производи. Произведуваат ротори за турбини, цилиндри за турбини, компресори со висок, среден и низок притисок, работни лопатки за парни турбини, дијафрагми, заптивки за дијафрагми, спроводни апарати, резервни делови за rегулирање и системи за дистрибуција на пареа,
петок, 25 ноември 2016, Бр. 285
БИЗНИС ИНФО
37
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА аксијално лежиште, неповратни вентили и сл. Валидност до 31.01.2017 година. Компанија од Украина која е производител на разни еколошки, природни сокови и вина бара соработка со компании од Р. Македонија за соработка, пласман и дистрибуција на нивните производи. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Шри Ланка, која произведува горна и долна облека (панталони, кошули, маици и боксерки), бара партери од Р. Македонија за пласман на своите производи. Валидност до 31.12.2016 година. Холдинг компанија од Шри Ланка заинтересирана е да соработува со компании од Р. Македонија и бара да купи ориз, кромид и шеќер. Валидност до 31.12.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Шри Ланка сака да соработува со компании од Р. Македонија кои сакаат да инвестираат во изградба на складишта, логистички парк и возен парк. Валидност до 31.12.2016 година. Компанија од Македонија е заинтересирана да пронајде трговски партнер за експорт и дистрибуција на брендирани пива на пазарот во Албанија. Брендови кои може да се дистрибуираат се: Корона, Хоегарден, Хајнекен и многу други. Валидност до 31.12.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088