Бизнис ИНФО, број 337

Page 1

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

Број 337

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

26.01.2018

СО СООДВЕТНИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ОТПАД, ВОДОВОД И ЗА ПАЗАРИ ЗА ЕФИКАСНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ НА ЛОКАЛНО НИВО ПОДДРШКА НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ


2

БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОДВЛЕЧЕНО

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

СО СООДВЕТНИ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ОТПАД, ВОДОВОД И ЗА ПАЗАРИ ЗА ЕФИКАСНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ НА ЛОКАЛНО НИВО Измени на законските прописи кои го регулираат вработувањето работници во комуналните претпријатија на локално и на државно ниво, интервенција во Законот за јавни набавки и активно вклучување во изработка на новиот закон за управување со отпад се активностите на кои Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија ќе работи приоритетно во следниот период, - истакна Даниела Михајловска Василевска на прес-конференцијата одржана на 22.01.2018 година. Здружението ќе иницира измени и дополнувања на прописите за вработување во комуналните претпријатија, бидејќи постојните закони го отежнуваат вработувањето во еден дел, пред се` при ангажирање сезонски работници, но и во други услови кога е потребно да се направат одредени поместувања поради работните активности на одредени работни позиции во компаниите, информираше Звонко Јованоски, претседател на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Ќе се бара и средба во Министерството за информатичко општество, со цел да се предочи за проблемите со коишто се соочуваат вработените во комуналните претпријатија согласно нивното евидентирање како јавна администрација по Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Во моментов дел од вработените се ангажираат и по трет закон - Законот за работни односи. Истовремено, Здружението ќе се вклучи во активностите околу донесувањето на новиот закон за управување со отпад кој е во почетна фаза и согласно укажувањата на Министерството за животна средина треба да се донесе до октомври годинава. Здружението има забелешки и на постојниот Закон за јавни набавки, согласно кој голем дел од тековните работи на комуналните претпријатија се отежнуваат. Проблемот е во понудената најниска цена која не соодветствува со квалитетот, како и во лимитот од 500 евра согласно кој може да се вршат интервентни набавки, што е многу мал износ, - посочи Јованоски. Здружението на комуналните дејности минатата недела имаше изборна седница на којашто се избраа нов претседател и двајца заменици-претседатели, а беа избрани нов претседател и двајца заменици-претседатели и на Групацијата на пазарите во рамките на Здружението на комуналните дејности. Во таа насока, на денешната прес-конференција претседателот на Групацијата на пазарите Звонко Стојчев информираше дека Групацијата дава поддршка и се согласува со донесениот Закон за трговија на зелени пазари, имајќи предвид дека ова законско решение е иницирано токму од Групацијата уште пред 10 години. Законот пред се` ќе ја регулира позицијата на закупците на тезги на пазарите, а ќе ги дефинира и условите за работа на самите организатори на пазари, а предвидува оваа дејност да може да ја вршат трговци регистрирани согласно Законот за трговски друштва со нивни средства и имот. Во делот на идните активности, Групацијата на пазарите ќе работи на носење стратегија за пазарите преку која можностите за преземање чекори во насока на нови вложувања, аплицирање за средства преку ЕУ-фондови и други облици на поддршка ќе бидат многу пореални во насока на модернизација на пазарите. Даниела Михајловска Василевска


bsi.

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

5

те ај

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач ар Н

БИЗНИС ИНФО

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

СРЕДБИ

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ СО АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД

Министерот за животна средина и просторно планирање господинот Садула Дураки денес, во Стопанската комора на Македонија одржа работна средба со претставниците на колективните постапувачи со отпад организирани во Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад при Комората. Темата на состанокот беше: „Колективните постапувачи и досегашното имплементирање на обврските согласно со законите“. Целта на оваа средба, како што истакна министерот Дураки, е да се оствари потесна соработка на претставниците на бизнис секторот и Министерството за животна средина и просторно планирање, да се разменат информации околу имплементирањето на постојната регулатива и да се договорат идни активности во насока унапредување на овој сегмент од животната средина. Претставниците на колективните постапувачи со отпадот од пакување, отпадните батерии и акумулатори и отпадната електрична и електронска опрема, членки на


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

7

СРЕДБИ Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, во куси презентации ги прикажаа податоците за нивното работење, за реалните количини на преземен, складиран и рециклиран отпад за којшто поседуваат лиценца за управување со истиот, како и за начинот на финансирање на овие активности, досегашните инвестиции во процесот на управување со отпадот, соработката со општините и јавните комунални претпријатија и за активностите за подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од собирање и рециклирање на отпадот. Во дискусијата со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Управата за животна средина беа посочени отворените прашања во управувањето со посебните текови на отпадот, како што е потребата од вклучување во системот на што поголем број производители на отпад од пакување, батерии и акумулатори и електрична и електронска опрема, потоа за висината на надоместоците утврдени со Законот, за потребата од поголема соработка со општините и друго. Асоцијацијата со свои предлози и сугестии активно ќе партиципира во постапката на донесување на рамковниот закон за отпад и во измените на постојните законски регулативи за посебните текови на отпад во насока на подготовка на практично применливи законски решенија. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

СОРАБОТКА

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите - ПОДДРШКА НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ

На седницата на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, одржана на 24.01.2018 година се расправаше по Предлогзаконот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и за состојбата во производството на градежни и неметални производи. Кратко образложение за предложените измени даде претставникот на Министерството за економија, кој нагласи дека истите се прават заради забелешките дадени од експерти од Европската комисија за градежништво, кои го реализираат Проектот „Квалитетна инфраструктура во земјите од Западен Балкан“, потоа номотехнички грешки, но и поедноставување и внесување на поразбирливи изрази. Текстот на предлог-измените е изработен од Работна група составена од наши експерти, при што ги имаа предвид сите предлози од страна на европските експерти, но и забелешките воочени во самата имплементација. Во обемната дискусија беше потенцирано дека Законот мора да се применува,


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

9

СОРАБОТКА како од страна на компаниите, така и од страна на надлежните институции, од причина што станува збор за законски решенија кои имаат влијание во тековното работење на компаниите. Посебно како проблем, беше истакнато дека и покрај тоа што Законот е донесен во 2015 година, се` уште не се донесени правилниците кои произлегуваат од овој Закон, кои сепак претставуваат пречка за негова целосна имплементација. Имајќи предвид дека согласно законските решенија, се бара имплементација на европските стандарди кои се усвоени во нашата земја. Во последните две години, Здружението организираше обуки за компаниите во Комората, но и по региони во државата, но се` уште постои инертност кај нив и многу малку ги имаат имплементирано европските стандарди. Откако е побарано и на тендери да се бара користење на европските стандарди, компаниите се соочуваат со проблемот околу исполнувања на барањата, па дури и губење на тендери. На состанокот се заклучи да се побара официјално пролонгирање на периодот на транзиција, за што ќе се побара средба со министерот и заменик-министерот и да се разговара околу целиот процес на имплементација на законските одредби, со цел компаниите да немаат пречки во добивањето на тендерите. Се препорачува да биде ограничено дозволено пролонгирање, но со краен рок. Кај производството на градежни и неметални производи, како што беше истакнато, и покрај тоа што има зголемување на индустриското производство, сепак се увезуваат градежни производи кои се произведуваат во нашата земја, како што се тулите, цементот, битуменски производи, арматура и друго. Посебно беше нагласено дека мора да се води контрола при увозот, пред се` заради самиот квалитет на производите, кои се вградуваат во нашите објекти. За таа цел, се заклучи да се побара средба со претставници на Царинската управа, со цел да се преземат мерки околу контролата на увезените производи и нивниот квалитет, не само покриени со документи, туку и со испитувања за потврда на квалитетот. Градежниците се залагаат и препорачуваат општините во град Скопје да ги почитуваат заложбите за заштита од загадувањето, но исто така се залагаат, донесените мерки да не предизвикуваат застој во нивното тековно работење, од причина што на прагот е градежната сезона, а донесувањето на деталните урбанистички планови, издавањето градежни дозволи, претставуваат основа во нивното тековно работење.

Марија Петроска


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

РЕГИОНАЛНА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНА БИТОЛА На 24.01.2018 година, претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски оствари работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Од страна на претседателот Велковски беа истакнати желбата и подготвеноста на Комората и на битолското стопанство за поблиска соработка со локалната самоуправа на конкретни активности и проекти кои би придонеле за развојот на бизнис климата и унапредување на стопанските текови во регионот. Уште еднаш беа нагласени приоритетите за соработка, пред се` развојот на инфраструктурата, како и секторските зафати за подигнување на конкурентноста на локалните компании.


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Градоначалничката Петровска искажа особено задоволство од иницијативата на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Битола за развој на соработката меѓу Општината и бизнис секторот. Таа се осврна на плановите кои би ја витализирале соработката и активностите за поддршка на економијата во општината и во регионот, како понатамошни заеднички иницијативи и активности на регионален и на меѓународен план. Притоа, таа образложи и некои од веќе започнатите активности и проекти и идеите за развој во иднина. Особено ја истакна потребата од поддршка на стопанството во овој поглед и на Регионалната комора со седиште во Битола. На крајот на работната средба, соговорниците заеднички донесоа заклучок овој вид на директна комуникација да продолжи и во иднина, со цел подобрување на општествено-економската ситуација на граѓаните и на целиот регион. м-р Никола Димковски


12

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

СТОПАНСКА КО

Os

ECONOMIC CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

snovana 1922

FS 549642

AMBER OF MACEDONIA

Founded 1922

13


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30.1.2018 година (вторник) 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

Безбедноста на информациите и воспоставување контрола е многу важно, но кога безбедноста на информациите не е загрозена може да се случи да се загрози интегритетот на податоците, односно информациониот систем да биде недостапен или несигурен. Како и во ИТ-безбедноста, пропустот може да не се забележи веднаш кога е направена штетата. Дефинирање на ИТ-контролата, нејзината примена и соодветен третман на ИТ-ризиците можат да бидат добра основа за безбедно користење на напредните технологии, во насока на остварување на целите на компанијата. Редовна контрола на ИТ-системите и континуирано унапредување може да резултира со бенефиции од истите, што ќе се рефлектира со постигнување на посакуваните резултати преку ефикасен и ефективен начин. Предавач: - доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија; Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска - Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30.1.2018 година (вторник) 1200 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА: ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“

Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис партнер, ве поканува на бесплатна презентација на Групацијата „ГГЕ” од Словенија, на тема: Проекти за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на оперативните трошоци по моделот на „ESCO“. Групацијата „ГГЕ“ нуди широк спектар на решенија со иновативен модел на соработка со таканаречениот „ESCO“ модел (Energy Service Company), којшто нуди решенија за имплементација и финансирање на вашиот проект за енергетска ефикасност. Партнерството помеѓу клиентот и компанијата „ГГЕ“ којашто го користи „ЕSCO“ моделот му овозможува на клиентот да ја подобри енергетската ефикасност на објектите и постројките без да ги троши сопствените средства или да користи кредитни поволности. Ве молиме, вашето присуство на презентацијата да го потврдите со пополнување на пријавниот лист (во прилог), најдоцна до 26 јануари 2018 година. Бројот на учесници е ограничен. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Kонтакт: м-р Сања Николова Е-адреса: sanja@mchamber.mk Телефон:+389 2 3244 091


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

09.02.2018 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат

CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

Социјалните медиуми заземаат сè поголемо место во маркетинг комуникацијата на брендовите во светот, а вистинскиот пристап е тоа што ги издвојува најдобрите. Повеќе не е доволно еден бренд да е само достапен во електронска верзија (онлајн), денес е неопходно брендовите да имаат активна комуникација приспособена на потребите на пазарот и целната публика. Употребата на content marketing им дава на брендовите можност да ја ангажираат и да ја мотивираат целната публика на начин кој е релевантен за неа, притоа остварувајќи најдобри резултати од електронската комуникацијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 9 февруари 2018 година организира интерактивен семинар на тема: „CONTENT MARKETING – како да го добиете најдоброто од дигиталната комуникација?“, којшто се фокусира на теоретско и практично изучување на content marketing како метод на комуникација на дигиталните медиуми. Предавач: - Ива Дујак, доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација за дигитален маркетинг. Дујак има седумгодишно работно искуство како менаџер на дигитални операции во најголемата дигитална маркетинг агенција во Македонија,„Brand Union“. Краен рок за пријавување: 02 февруари 2018 година. Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

14.02.2018 година (среда) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5ти кат

Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊАЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

Стопанската комора на Македонија, на ден 14.02.2018 година, во просториите на Комората организира еднодневен семинар нa тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА- ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА, чија цел ќе биде длабинска разработка на реализацијата на регресните побарувања. Притоа, во текот на разработката најпрво ќе дадеме една сублимирана дефиниција поимот регрес односно истиот ќе го извлечеме од сите законски одредби кои истиот го третираат, за да понатаму продолжиме со посочување на сите законски одреби кои го задираат реализирањето на правото на регрес. Имајќи го предвид ограниченото време, во текот на семинарот ќе се задржиме на најчесто присутните побарувања по основ на регрес во праксата на работењето на правните лица (согласно подолу утврдената програма). Притоа, во текот на семинарот ќе биде оставен простор за разработка и на останатите правни ситуации кои го задираат правото на регрес, а за која разработка би пројавиле интерес присутните слушатели Предавач: - М-р Тања Петковска адвокат од Скопје

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

27 февруари - 1 март 2018 година Штутгарт, Германија

Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018

Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Германија – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, што се организираат во рамките на Саемот „R + T 2018“ што ќе се одржи од 27 февруари - 1 март 2018 година, во Штутгарт, СР Германија. „R + T 2018“ е водечки светски саем за ролетни, врати, системи за заштита од сонце, противпожарни врати и опрема за безбедност. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате најдоцна до 27 февруари 2018 година на следниот линк: https://www.b2match.eu/RT-2018. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 март 2018 година, Лондон, Велика Британија

Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Европската мрежа на претприемачи ЕЕН Македонија при Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Велика Британија, ве покануваат да учествувате на деловните средби на најголемиот саем во светот за одржливо градежништво „EcoBuild“. На овој настан главен акцент ќе се даде на: европските можности на градба, влијанието на енергетската ефикасност врз градбите, рециклажа како и новини и трансфер на технологии во енергетиката. Меѓународните деловни средби во рамките на Саемот „EcoBuild“ ќе се одржат на 7 март 2018 година, во ExCel конференциски центар во Лондон, Велика Британија. Учеството на деловните средби на Саемот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://ecobuild2018.b2match. io/signup до 5 март 2018 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година.

БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018”

Enterprise Europe Network, Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ве информираат дека Стопанската комора на Србија, во соработка со ЕУ Делегацијата во Република Србија, го организира Бизнис настанот, на 31.01.2018 година, под покровителство на Европскиот парламент. ГЛАВНИ ТЕМИ - Аграр; - Дигитализација; - Индустрија 4.0; - Бизнис услуги. ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? Настанот ќе претставува единствена можност за претпријатијата, со цел: - испитување на бизнис можностите за инвестирање; - испитување на пазарот во Србија и неговите клучни играчи; - воспоставување прекугранични контакти со локални компании; - реализирање состаноци со потенцијални деловни партнери. Учеството е бесплатно. За конференцијата ќе биде обезбеден превод. Регистрација: 11 декември 2017 година - 26 јануари 2018 година, на http://eu-serbia.talkb2b.net/ Селекција на состаноци: 8 јануари 2018 - 26 јануари 2018 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 1-2 февруари 2018 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

Стопанската комора на Македонија на 1-2 февруари 2018 година организира акредитирана дводневна тренинг-обука за интерни проверувачи под PECB (Professional Evaluation and Certification Board) www.pecb.com акредитација, што ќе ја спроведува акредитиран PECB-партнер „TQM KONSALTING“ на тема: „ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007“. На оваа тренинг-обука учесниците имаат можност да полагаат тест со што ќе се стекнат со сертификат којшто ќе им овозможи да се стекнат со CPD (Continuing Professional Development) бодови неопходни за аплицирање за водечки аудитор за систем менаџмент (ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, ISO 27001…). Целта на обуката е учесниците да стекнат потребни вештини и знаења за самостојно вршење на интерна проверка во рамките на своите компании. Притоа, обуката ќе им овозможи доволно ниво на самостојност и ефикасност при спроведувањето на проверки на квалитетот на услугите и производите, во насока на зголемување на вкупната ефикасност на работењето на компанијата како и задоволување на побарувачката на пазарот. Под поимот „проверка на квалитет“ се подразбира процес на усогласување на низа мерки и нивно спроведување, како би се постигнале одредени цели во рамките на организацијата. Предавач: - Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која продава hi-tech кабелски производи кои се користат во изградба, производство, снабдување со енергија, транспорт, железнички пруги и други продуктивни индустрии. Покрај тоа, нуди широк спектар на електрична опрема од светилки за домаќинства до трафостаници. Компанијата бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман да производи. UA00000042036 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Иран Реномирана фармацевтска компанија од Иран која има производство на терапевтски протеини базирани на рекомбинантна ДНК, ендогени хормони и леукотриен кои ги контролираат основните функции на телото бара соодветна компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042134 Иран Иранска компанија која произведува мерни апарати, броила за потрошувачка на електрична енергија како и други контролни апарати и мерни инструменти бара компанија од Македонија за соработка и пласман на своите производи. IR00000042133 Мексико Компанија од Мексико која има целосни податоци за 5 милиони фирми и 120 милиони корисници, нуди комерцијални услуги за обезбедување контакт со минимален ризик, со фирми за пласман на ваши производи или набавка на стоки и услуги. MX00000042095

Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939


Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

БИЗНИС ИНФО

23

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632

Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 26 јануари 2018, Бр. 337

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2017

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.