Бизнис ИНФО број 95 од 26.04.2012 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

1

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk Број 95 од 26.04.2012

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Порака од Собранието на Стопанската комора на Македонија

АКЦЕНТОТ ТРЕБА ДА Е НА ИЗВОЗОТ, ТОЈ ГО ГЕНЕРИРА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ Промени

Дебата

Советот на странски инвеститори со ново раководство

Приватниот сектор и маргиналните слоеви во општеството

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМО ВКЛУЧУВАЊЕ НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО ПРОИЗВОДНИОТ ПРОЦЕС

ПРЕТСЕДАТЕЛ ДАНИЕЛ САС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЏАТИН ТРАКЕР И ВЕРНЕР ХЕНГСТ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО ДЕНАРОТ СТАНА ЦЕНЕТА И ШИРОКО ПРИФАТЛИВА ВАЛУТА Воведувањето своја валута, односно денари е еден од најзначјните чекори што го одбележа осамостојувањето на Македонија пред 20 години. Во овие две децении денарот стана ценета и широко прифатлива валута, кој во 15 од тие 20 години е стабилен. Преку одржувањето стабилна валута во последнтие 15

Средствата од новиот заем од Светската банка ќе се трошат во наредните години за конкретно утврдени проекти. Македонија има ниско ниво на задолженост кое е едно од најниските во Европа и има простор за зголемување, но на долг рок тој да биде одржлив. Во време на криза треба да се зголемува буџетскиот дефицит, а во услови на раст треба да се намалува. (М-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија) ПРЕКУ БАНКАРСКИ КАНАЛИ СЕ ПРЕЛАВА КРИЗАТА ОД ЕВРОЗОНАТА

години се одржува ниска инфлациј, а која е споредлива со инфалцијата во еврозоната. Тоа е онаа цел што ја таргетираме. Преку таргетирање стабилен девизиен курс таргетираме инфлација на ниско ниво, а на тој начин не губиме од конкурентноста, туку ја одржуваме конкуреноста на македонската економија. Курост на денарот треба да биде стабилен за стабилност на економијата, а растот треба да се бара во други политики. Резултат на прудентната монетарна политика е секако и погоелeмата доверба во денарот преку поголемото штедење во денари. Во моментов вкупните депозити се 247 милијарди денари, од кои 46 проценти се во денари, а 54 во девизи. Ова е највисок процент на депозити во денари досега. На највисоко ниво се и девизните резерви кои изнесуваат 2,065 милијарди евра.

Секако дека Македонија е силно поврзана со целата еврозона, како што впрочем, се поврзани и другите земји од Југоисточна Европа, така што врските меѓу нив, всушност, се главните ризици. Пред се, мислам на трговската поврзаност меѓусебе, но и на опасноста за прелевање на кризата преку банкарските канали. Како што знаете, има многу европски банкарски брендови коишто имаат сопствени подружници во овие земји и тоа се најопасните канали преку кои може да се прелеат негативните ефекти од еврозоната. Затоа, сметам дека е исклучително важно во следниот период еврозоната да остане посветена на спроведувањето на реформите, за да се избегне поголема економска криза. (Кристин Лагард, извршен директор на ММФ)

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

БРОЈОТ НА ВЕБ ПРОДАВНИЦИ ПОСТОЈАНО РАСТЕ Бројот на веб продавници во Македонија се зголемува постојано. Од десетина кои работеле во 2010 година нивниот број годинава достигна 200. Во првиот квартал од минатата година, само 4,1 процент од корисниците на интернет направиле нарачки преку интернет за купување стоки и услуги за лична намена, а 6,7 проценти тоа го направиле во последните 12 месеци, претежно за купување облека или спортска опрема, односно 20,4 проценти. Во 2011 година сопствена веб локација имале 58,9 проценти од деловните субјекти, а кај 10,4 проценти веб локацијата овозможувала он-

лајн нарачка. Во 2010, 6,9 проценти од деловните субјекти со најмалку 10 вработени имале веб-продажба, односно примиле нарачки за стоки и услуги преку веб, додека 7,1 проценти испратиле нарачки за купување стоки и услуги на тој начин. (Иво Ивановски, информатичко администрација )

Министер општество

за и

ПОТРЕБНО Е МАКЕДОНИЈА ДА СЕ БРЕНДИРА КАКО ВИНСКА ЗЕМЈА Најголемите пречки за пласман на македонското вино на странските пазари е тоа што Македонија с` уште не е брендирана како винска земја во Европа и во светот. Повисоката додадена вредност и крајната цена на извезеното вино е вечна борба

на винарниците. Во Македонија има 86 официјално регистрирани винарници со вкупен капацитет од 2.165.447 хл. што е за двапати повеќе од вкупното производство на вино или тоа е половина од искористеноста на вкупни капацитети. Kапацитетите за полнење вино во шишиња остануваат

неискористени бидејќи најголем дел од виното се пласира како налевно со ниска, нерентабилна цена. Сведоци сме на силно нарушување на продажбата на европскиот пазар предизвикана од појавата на вино од т.н. Нов свет – земјите како Чиле, Аргентина, Јужна Африка, Нов Зеланд и Австралија. Традиционалните производители на вино како Франција, Италија, Шпанија имаат предност во тоа што имаат многу конкурентни цени за квалитетот што го нудат. Тие, меѓу другото, успеваат да ги постигнат овие цени преку масовното производство и транспортот на вино по морски пат. И она за што никој не зборува - извозните субвенции кои овие производители на вино ги добиваат од своите држави. Поради тоа овие земји успеваат да постигнат ниска цена на крајниот производ. Во последните 20 години производството на вино во Македонија е значително подобрено и напреднато како резултат на сериозните инвестиции во лозарството и во винарството, но сепак успеавме да го задржиме традиционалниот начин на производство на вино, каде што речиси целиот производен процес е рачен и строго контролиран од страна на експертите. (Дане Јованов, директор на винарницата „Стоби’)

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер

Покровители

на


БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

3

АКТУЕЛНО

Порака од Собрание на Стопанската комора на Македонија

АКЦЕНТОТ ТРЕБА ДА Е НА ИЗВОЗОТ, ТОЈ ГО ГЕНЕРИРА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ Собранието на Стопанската комора на Македонија одржа седница на 19.4.2012 година под раководство на претседавачот Антони Пешев. На седницата присутните ги проследија презентациите на д-р Глигор Бишев, генерален извршен

населението да поминат низ процес на раздолжување, при што банките ќе бидат многу повнимателни од досега и ќе следи кредитирање на пониско ниво. Со оглед што без висока кредитна експанзија, редистрибуцијата

директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, а воедно и потпретседател на Стопанската комора на Македонија за „Ефектите од глобалната економска криза врз македонската економија“ и на Гордана Поповиќ Фридман, која ги пренесе погледите на Светската банка за состојбите во македонската економија и можностите за нејзиниот раст. При тоа, Бишев истакна дека глобалната економска криза која започна во 2008 година, по својата јачина од аспект на негативните економски ефекти на светско ниво, е прва по кризата од 1929-1930 година. Она што таа исфрли на површина е тоа дека денес економските текови се многу подинамични од порано и соодветно на тоа, истите наметнуваат потреба од подинамични приспособувања на националните економии, поради што мора да се менуваме во таа насока на макро и микро-план. Имено, растот на економиите не може веќе да се базира на кредитна експанзија, како досега. Тоа налага претпријатијата, државата и

на доходот нема веќе да биде преку финансискиот сектор, потрошувачката на граѓаните, како основ за раст на економијата ќе се стимулира преку соодветна фискална политика, која преку прогресивно оданочување ќе ги намали разликите во куповната сила на граѓаните, или преку буџетска поддршка ќе ги поттикне посиромашните граѓани да трошат повеќе. Што се однесува до Македонија,

иако во однос на Турција, како на пример за компарација, макроекономски е со поповолни аргументи за економски развој (ниска инфлација, мал трговски дефицит, пониска задолженост), сепак имаме ниска стапка на раст на БДП. Со заклучокот, изведен врз основа на споредбените параметри со турската економија, дека мораме многу побрзо да се прилагодиме и преструктуираме, д-р Бишев го заврши своето излагање. Според зборовите на Гордана Поповиќ Фридман, која ги пренесе оценките на Светската банка, Канцеларијата во Скопје, одржливоста на спроведените реформи во земјата се согледуваат во стабилната на макроекономската и финансиската клима, поволното деловно опкружување, членството во СТО, склучените договори за слободна трговија и статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ. Но и покрај сите овие достигнувања, БДП расте поспоро од очекуваното, а невработеноста упорно е висока согласно регионалните и мерилата на ЕУ. За да се „одлепи“ земјата од оваа лер-позиција, според Гордана Поповиќ Фридман, потребно е таа да се фокусира на извозот. Со оглед на малиот национален пазар, компаниите единствено преку извозот можат да го остварат растот. Само 5% од вкупниот број македонски компании се извозници, што претставува само 15% од сите производни фирми. Во овие 5% компании, се генерираат


4

АКТУЕЛНО

БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

55% од тоталните извозни приходи, при што 85% од извозот го создаваат производните компании. Една третина од вкупно вработените се во тие 5% компании и нивната продуктивност е шест пати поголема отколку во компаниите кои не се извозници. Но, во компаниите-извозници и понатаму се произведуваат производи со ниски технолошки карактеристики. Во последните 10 години, повеќе од 75% извозници се од порано постоечки фирми кои ги извезуваат истите производи на истите пазари. Во зголемениот извоз новите производи учествуваат само со 6%. Со влегувањето на странските инвестиции во производство, особено во технолошко-индустриските развојни

влијаат хоризонтално на зголемување на трговијата. Две странски инвестиции во производството на автомобилски делови, во 2010 година учествуваа со 86% во приходите од производството. Во иднина, за развојот на овој сектор, „тесни грла“ можат да бидат недоволно обучената работна сила и продуктивноста. Препораката е и понатаму да се привлекуваат други мултинационални компании и да се зајакнуваат домашните синџири на добавувачи. Странските инвеститори можат да влијаат на вклучување на други локални компании во синџирот на добавувачи и во креирањето на програмата за набавки, со што ќе се зголеми и ефикасноста на технолошко-

малиот обем на ангажираност и ниската цена на работната сила не влијаат врз развојот на оваа гранка. Препораката е специјализација за мали, но софистицирани набавки со развиена додадена вредност. Странските инвестиции во оваа гранка треба да бидат насочени кон компаниите кои развиваат високи вештини во доработката, како дел од мултинационалните синџири на добавувачи. Покрај ова, нужно е развивање на развојни програми на ниво на претпријатија и користење грантови за кофинансирање на обуките за изработка на конфекцијата. Даночната политика мора повеќе да биде во функција на поддршка на извозот на финалниот производ.

зони, се почувствува забрзан извозен раст во земјата. Странските компании претставуваат 7% од вкупниот број на компании во Македонија, но учествуваат со 29 % во вкупниот извоз на земјата и вработуваат 13% од сите вработени во земјата. Според оценката на Светската банка, имајќи ја предвид сегашната структура на извозот, странските инвестиции, мерките на поддршка на извозот, образованоста на работната сила и капацитетот за иновативност, може да се издвојат автомобилската инсустрија, агробизнисот, конфекцијата/текстилната индустрија и логистичките услуги, како секторите кои ветуваат натамошен раст на извозот. Тие можат да влијаат на отворање на нови работни места, да создадат услови за зголемување на продуктивноста и да

индустриските развојни зони. За да се привлечат и други мултинационални компании да инвестираат во Македонија, потребно е да се олесни добивањето на работни визи и согласноста за времен престој, за да можат полесно да се ангажираат странски професионалци кои вештините би ги пренеле на локалната работна сила. Текстилната индустрија е се` уште еден од извозните столбови на македонскиот извоз, со учество од 28% во вкупниот извоз и со исто толкава бројка во апсорбирањето работници од вкупниот број вработени во земјава. Таа се судира со проблеми во остварување на конкурентност, базирана на репутација за квалитетно производство, брз обрт и приспособливост, како и со ниската цена на работната сила. Релативно

В3о Македонија, аграрот е неискористен потенцијал на економскиот раст, оценува Светската банка. Иако извозот на аграрни производи е двојно зголемен во последните пет години, тој се` уште се справува со ниска продуктивност и раст. Преработувачката индустрија е неразвиена, а искористеноста на капацитетите е 40 %. Производите се со ниска додадена вредност. Од вкупниот извоз на вино во ЕУ само 10% е во шишиња. Светската банка препорачува: да се интензивира воведување стандарди за да се зголеми извозот во ЕУ; преку пазарните механизми што побргу да се постигне консолидација на земјиштето; постапно да се приватизира државното земјиште; да се преориентира јавната директна поддршка за зголемување


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

на продуктивноста и да се преиспита царината за увозните компоненти инпути во преработувачката индустрија. Западен Балкан има одлични референца за да стане глобален логистички центар. За тоа е потребно подобрување на патната и железничката инфраструктура. Долги се инспекциските процедури на границите. Логистичката индустрија е фрагментирана - 96 % од компаниите се со помалку од 10 вработени, 50% од компаниите располагаат со возила под стандардот ЕУРО 3, а најголем број компании ги обезбедуваат само основните услуги. Трошоците на македонскиот извоз директно се поврзани со степенот на развој на инфраструктурата и логистиката. Препорака е да се зајакне приватно-јавното партнерство со цел унапредување на транспортните коридори, да се надминат проблемите со кои се среќаваат транспортерите во однос на инспекциите, да се обезбеди поддршка во постигнувањето

Советот на странски инвеститори со ново раководство

БИЗНИС ИНФО и подобрувањето на еколошките стандарди во транспортот, а повеќе внимание да се посвети на едукацијата. Генерално, оценка на Светската банка е дека конкурентните предности на Македонија се подобрени со здрави политики, но за да може извозот да стане катализаторот на економскиот раст, потребно е и понатаму да се подобрува бизнисот и инвестиционата клима, преку институционално зајакнување и привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, секторски да се утврдат специфичните „тесни грла“, со посебен ангажман за унапредување на пазарните фактори, како што се пазарот со недвижности, окрупнување на земјиштето, пазарот на труд, едукација и работни вештини. Членовите на Собранието на Стопанската комора на Македонија ги поздравија членовите на Советот на странски инвеститори при Комората, тело кое со својата големина, моќ и активност е вистински фактор каде се решаваат отворените прашања и

5

АКТУЕЛНО активно се доставуваат предлози до релевантните институции. Воедно, Собранието упати честитки до избраното ново раководство на Советот до: претседател на Советот, Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“ АД - Скопје и до потпретседателите на Советот, Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ АД - Скопје и Џатин Такрар, генерален менаџер на „Џонсон Мети“. На работниот дел на Собранието на Стопанската комора на Македонија беа усвоени Извештајот за активностите на Стопанската комора на Македонија во 2011 година и Финансискиот извештај на Стопанската комора на Македонија за 2011 година, а беа усвоени и одлуките за разрешување и за избор на членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, како и за верфикација на мандат за член на УО.

ПРОМЕНИ -Како претседател заедно со потпретседателите Џатин Тракер и Вернер Хенгст, како и со другите членови

целокупната економија и животниот стандард на граѓаните во Република Македонија, - истакна Даниел Сас.

на Советот ќе работиме заедно во интерес на актуелните и идни странски инвестиции во Република Македонија. Како бизнис-заедница ќе продолжиме да го споделуваме нашето интернационално искуство и know how за развојот на македонското општество. Заедно со владините институции ќе работиме на воспоставување на бизнис-клима и опкружување, што ќе привлечат што повеќе странски инвеститори во земјава, што пак ќе има позитивно влијание на

Освен претседател, на седницата беа избрани и двајца потпретседатели Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и Џатин Такрер, извршен директор на „Џонсон Мети“, како и 8 членови на менаџмент-одборот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

ПРЕТСЕДАТЕЛ ДАНИЕЛ САС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЏАТИН ТРАКЕР И ВЕРНЕР ХЕНГСТ Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 19 април 2012 година, го избра Даниел Сас, главниот извршен директор на „Македонски Телеком“, за нов претседател на Советот. Даниел Сас е главен извршен директор на „Македонски Телеком“ и претседател на Одборот на директори на „Т-Мобиле Македонија“ од 1 јули 2011 година. Има 10 години искуство во автомобилската индустрија во „Генерал Моторс“, пред да се приклучи кон телекомуникациската индустрија во „ТОнлајн“ Унгарија во 2004 година. Во 2007 година стана претседател на Одборот на директори и на менаџмент-колегиумот на „Црногорски Телеком“, а подоцна беше назначен и за главен извршен директор. Истовремено ја вршеше должноста претседател на Црногорскиот совет на странски инвеститори и потпретседател на Црногорско-унгарскиот деловен совет. Даниел Сас е избран за претседател на Советот на странски инвеститори во Македонија со мандат од две години.


БИЗНИС ИНФО

6

ФОКУСИРАНО

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

Приватниот сектор и маргиналните слоеви во општеството

СТИМУЛАТИВНИ МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМО ВКЛУЧУВАЊЕ НА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ВО ПРОИЗВОДНИОТ ПРОЦЕС Компаниите во Македонија се општествено одговорни за што постојат повеќе позитивни примери, но се` уште треба да се работи на промовирање на овие активности со цел поголемо вклучување на ранливите и маргинализирани групи во работниот процес. Ова беше оценето на јавната дебата на тема „Корпоративна социјална одговорност на претпријатијата и вклучување на маргиналните групи во приватниот сектор“, што се одржа во Стопанската комора на Македонија

и социјални влијанија, истовремено придонесувајќи македонската економија да стане поконкурентна на глобалниот пазар, - истакна м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Според нејзините зборови, македонските компании се општествено одговорни за што потврда е и присуството на голем број претставници од приватниот сектор на јавната дебата во Комората. - Како приватен сектор заедно со надлежните институции ќе се обидеме

на Акциониот план имаат серија мерки насочени кон промоција на општествената и корпоративната одговорност на компаниите и ме радува што голем број претпријатија ја препознаваат, - рече Ибрахими. Амбасадорката на Кралството Холандија Мариет Шурман оцени дека е од огромно значење вклучувањето на жртвите на семејно насилство во работниот процес затоа што со тоа им се дава можност на избор, односно да излезат од ситуацијата во која се наоаѓаат. Ова, додаде Шурман, е особено важно за жените кои се невработени бидејки тие се наоѓаат во ситуација на економска и финансиска зависност од сторителите на ШТО БАРААТ КОМПАНИИТЕ

(24.4.2012 година). На дебатата учествуваа претставници на компании од Република Македонија, на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РМ, претставници на дипломатскиот кор во РМ, меѓународни организации и експерти. Ова беше последната од серијата дебати што ги организираше Стопанската комора на Македонија во соработка со УНДП. Целта беше да се зголеми свеста за проблемот на семејното насилство со посебен акцент на насилството врз жените, како и да се изнаоѓаат мерки за вклучување на бизнисзаедницата во препознавање на оваа ранлива категорија на граѓани и нејзино вклучување во работниот процес - Стопанската комора на Македонија како најстара и најбројна бизнис-асоцијација на приватниот сектор во континуитет учествува во сите проекти поврзани со корпоративната општествена одговорност на компаниите со цел да ги мобилизира претпријатијата и сите засегнати страни да ја вклучат општествената одговорност како клучна стратегија во своето работење и со тоа да ги подобрат своите еколошки

да извлечеме добри препораки кои првенствено ќе значат мотивациски и стимулативни мерки за компаниите од финансиски и нефинанскси акспект, односно поддршка за да ги вклучуваат овие ранливи групи во работниот процес, - истакна Георгиева. Заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими смета дека постојат многу можности кои може да придонесат за поттикнување на општествено корпоративната одговорност на компаниите.

- Министерството за труд и социјална политика и Владата во рамки

• Даночни поттикнувања за донаторите • Ослободување од плаќање на ДДВ • Данок на добивка: донациите да се признаваат како расход (3-5% од вкупниот приход) • Ослободување од данок на имот, наследство и подарок • Поттикнувања за вработување и обезбедување адекватни работни услови за инвалидни лица • Ослободување од персоналниот данок на доход за надоместокот на трошоци за волонтерската работа насилството. Во рамките на отворената дебата компаниите кои веќе имаат искуство со вработување на лица од маргиналните групи, во случаите жени кои доаѓаат од семејни насилства искажаа позитивни искуства од вработување на истите и посочија дека институциите и приватниот сектор мора да соработуваат во интерес на зголемување на бројот на вработени лица од ранливите групи. Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, истакна дека преку серија на активни мерки Владата на РМ ги поддржува компаниите со финасиски средства, но и со организирање на подготвителни обуки и подготовка на овие лица, со цел психофизички подготвени да влезат во производствените процеси на компаниите.


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

БИЗНИС ИНФО

7

МОЖНОСТИ

Конзервната индустрија во земјава со големи неискористени можности

ИНВЕСТИЦИИ ЗА ЕКСПАНЗИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Еден од главните потсектори во прехранбената индустрија и важен сегмент од агроиндустрискиот комплекс е конзервната индустрија, односно индустријата за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук. Во оваа индустрија се регистрирани 43 фирми со вкупно 1.165 стално вработени лица. Од нив, 22 претпријатија преработуваат само зеленчук, 4 се занимаваат само со преработка на овошје, додека 17претпријатија имаат комбинирана преработка (овошје и зеленчук). Општо земено, околу 91% од сите активности опфаќаат преработка на зеленчук, додека само околу 9% се преработка на овошје.

Во однос на типот на преработувањето, најголем дел од преработувачите, 29 од нив се занимаваат со конзервирање, 2 компании се капацитети за сушење и 7 капацитети за замрзнување, додека останатите 5 имаат комбинирани производни линии. Најголем број од претпријатијата за преработка на овошје и зеленчук се класифицирани како микро (16) и мали претпријатија (21). Во индустријата за преработка на овошје и зеленчук нема големи претпријатија, што се должи на сезонскиот карактер на производството, што пак од своја страна создава можности само за сезонско вработување. Овие податоци можеа да се слушнат на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија на тема: „Со инвестиции во конзервната индустрија до експанзија на земјоделството и руралниот развој“ (20.4.2012 година). Конзервната индустрија е речиси целосно зависна од домашното производство и понуда на земјоделски производи и во целост се потпира на аранжманите со индивидуални земјоделци, претпријатија и задруги. Цените значително варираат во зависност од побарувачката за свежи земјоделски производи во регионот и поголемото или помало производство во земјата. Тоа претставува сериозна пречка што ја оневозможува индустријата да го достигне својот полн потенцијал и да се впушти во поголеми извозни договори. Во просек само 40-50% од потребните суровини за индустријата се однапред договорени и се испорачуваат од производителите/ трговците). Недостигот на капацитети за

ладење и складирање кај преработувачите е уште една голема пречка што оневозможува подобро организирање, планирање и извршување на производните планови. Во 2011година, индустријата откупила вкупно 71,4 илјади тони суровина, или 3% повеќе отколку во 2010 година (69,4 илјади тони), Црвената пиперка, како и претходно, е најважната суровина за преработувачката индустрија. Индустријата во последните години покажува постојано зголемување на производството, најмногу поради зголемената побарувачка за македонските преработки од страна на странските купувачи, како и порастот на домашниот пазар, што е резултат на силната пенетрација на малопродажните синџири и промените во животните навики на населението (купување на преработени производи наместо домашно подготвување). Во 2011 година индустријата го зголеми вкупното производството во споредба со претходната година, главно како резултат на зголеменото производство на овошје и зеленчук. Индустријата за преработка на овошје и зеленчук е силно извозно ориентирана. Како резултат на високото реноме кое нашите производители го имаат кај странските увозници, постои позитивен тренд на зголемување на количините за извоз. Интересно е дека домашната продажба исто така се зголемува. Во 2011 година, домашната продажба изнесува 8,5 илјади тони или 3% повеќе во споредба со 2010 година. Преработувачката индустрија на овошје и зеленчук е високо ориентирана кон извоз, извезувајќи околу 80% од вкупното производство. Пазарите на ЕУ и на соседите се главните дестинации на извоз за домашно произведените и преработени производи. Прекуокеанските пазари (особено Австралија) е исто така важна дестинација на извоз поради големите заедници на имигранти од Македонија, но исто така, и од другите балкански држави. Вредноста регистрирана во врска со количеството на извоз укажува дека домашните преработувачи главно извезуваат производи со ниска додадена вредност, кои се сметаат како стандардни производи или „стока за широка потрошувачка“. Од производите најмногу се извезувало ајвер, лутеница (22%), конзервирани домати, краставици корнишони (10%), конзервирани пиперки (11%), печена пиперка (10%), мешан зеленчук, разни додатоци и зачини за јадења, природни сокови од овошје, пастеризирана вишна и вишна во алкохол и др. Сепак, скромните резултати

во последните неколку години не можат да го засенат постојниот потенцијал за подобрување на меѓународната конкурентност на овој сектор во блиска иднина: погодните природни услови за одгледување, особено на овошје и зеленчук, како и образованата работна сила; долгата традиција во преработката на храна, каде се` повеќе постои голема побарувачка за некои производи кои се типично македонски и за традиционалните полу-преработени македонски производи, технологијата која се користи им овозможува на македонските производи да ги исполнуваат хигиенските стандарди на ЕУ и како последно, но не и помалку значајно, се поголемиот број нови приватни претпријатија кои успешно работат. „ВИПРО“ - Гевгелија е една од најреномираните компании во оваа област во земјата и пионер во конзервната индустрија, посебно во делот на ајверот и преработките од црвена пиперка. Сопственото искуство го презентираше Виктор Петков, генерален менаџер на компанијата. Тој истакна дека со моментален капацитет од 3 милиони единици производство, од кои 2,5 милиони се за извоз и приход од 3 милиони евра по тој основ, компанијата навлезе во нова инвестиција со нови погони, како и нови и посовремени производни линии. Целта е зголемување на обемот на производство на 6 милиони единици, нови вработувања и пред се` зголемен асортиман на производи наменети за извоз, но и за домашниот пазар. По двегодишната стагнација на оваа инвестиција од приближно 3 милиони евра заради нерешеното прашање со градежното земјиште, кое конечно доби позитивна разврска, компанијата, која делумно инвестира свои средства но и банкарски средства од Охридска банка и ЕБРД, е во завршна фаза со инвестицијата, а како што изјави и сопственикот на компанијата, „ВИПРО“ ќе може да користи средства и од ИПАРД-програмата, со што ќе се заокружи уште една инвестицијата во конзервната индустрија. Васко Ристовски


8

ПРЕГОВОРИ

БИЗНИС ИНФО

Исклучоци од примената на Наредбата за забрана за вршење на внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од метали

ПРИФАТЕНИ ПРЕДЛОЗИТЕ НА ДВЕТЕ КОМОРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

Врз основа на укажувањето на претставниците на здруженијата на енергетика, црна и обоена металургија и на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија, низ заеднички дијалог со претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, подготвен е Допис - Известување за исклучоци од примената на Наредбата за забрана за вршење на внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг за период од 6 месеци во кое се прецизирани производите кои не се предмет на забрана за внатрешен промет и извоз. Во известувањето стои: Забраната се однесува само на производи кои се декларирани како отпад и се составени од споменатите метали. Имено, тоа се предмети чиј век на користење е завршен т.е. се искористени и нивното користење понатака е невозможно и се предмет на преработка и рециклирање. Тарифните ознаки со кои се бележат овие отпадоци и остатоци се следните: -отпадоци и остатоци од леано железо

7204100000

-отпадоци и остатоци од легиран челик

7204211000 7204219000 7204290000

-отпадоци и остатоци од калаисано железо и челик

7204300000

-отпадоци и остатоци од бакар

7404001000

-отпадоци и остатоци од легури на бакар-цинк (месинг)

7404009100

-отпадоци и остатоци од легури на бакар (бронза)

7404009900

-отпадоци и остатоци од алуминиум

7602001900 7602009000

-отпадоци и остатоци од олово

7802000000

-отпадоци и остатоци од цинк

7902000000

-отпадоци и остатоци од калај

8002000000

Оваа наредба не се однесува на индустриските отпади кои се јавуваат при разни производствени процеси и кои не наликуваат на погоре споменатите групи и на отпадни материјали од метал. Забраната не се однесува на индустриските отпади од тирот на троски, згури, метална прашина, метални берни, кои се јавуваат при чистење и сервисирање на опремата која се користи при преработка на овие минарелни суровини. Забраната за промет, откуп и извоз не се однесува на отпадоци и остатоци од производство или од механичка обработка на метали и метални стоки, конечно неупотребливи, како и метални инготи од железо и челик предвидени за претопување (технолошко-металуршки отпад). Забраната не се однесува на отпад од сопствени производни процеси како и на отпадни батерии и акумулатори кои спаѓаат во групата опасни отпади согласно Листата на видови отпади и Законот за батерии и акумулатори. Двете здруженија при Стопанската комора на Македонија остануваат на ставот дека е потребно забраната да биде повлечена, но при тоа неопхопдно е да се засили контролата на предметите од јавен интерес и општите добра, односно доследно да се применуваат законските одредби и новите предложени мерки од бизнис-заедницата во таа насока.

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

Наскоро нови правила при откупот на старо железо

КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ ВО НАМАЛУВАЊЕ НА КРАЖБИТЕ, ПА УКИНУВАЊЕ НА ЗАБРАНАТА! Забраната за вршење внатрешен промет, откуп и извоз на отпадоци и остатоци на производи од железо, челик, алуминиум, бакар, олово, цинк, калај, бронза и месинг ќе се укине кога ќе се видат резултатите од мерките што Министерството за животна средина и просторно планирање ги предложи до Владата, со кои треба да се намалат кражбите на предмети од јавен интерес, ифнормира министерот Абдулаќим Адеми. Тој посочи дека на последниот Економски совет дискутирале за предложените мерки за кои, како што рече, ќе се разговара и на седница на Владата. - За да се тргне забраната очекуваме конкретни резултати. Да се намалат кражбите, отпадите да се однесуваат според законите, да соработуваат со државните органи со цел материјалите кои се забранети за откуп да не се откупуваат понатаму, изјави Адеми одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на семинарот „Градење на капацитетите за имплементирање на ЕУ директивата за депонии - затворање на нелегалните депонии и инспекција“ што се одржа во Стопанската комора на Македонија. МЖСПП по барање на Асоцијацијата на секундарни суровини при Стопанската комора на Македонија предложи построг надзор од државните институции, не само од државниот инспекторат за животна средина, туку од сите инспекторати, поригорозни мерки околу добивање на дозволата за отпад, при аплицирање да имаат банкарска ганација за добивање дозвола за откупување отпад со цел доколку се нанесе некоја штета на јавниот интерес Министерството да може да ја надомести од тој фонд... - Сите отпади, односно оние кои вршат дејност на отпад и сакаат да се ликвидира во наредните три години да не може да добијат дозвола за истата дејност, за оние за кои ќе констатираме дека не го почитуваат Законот да им биде конфискуван целиот имот и следните три години да не можат да се занимаваат со истата дејност, рече Адеми. За добивање дозвола за откуп на секундарен отпад ресорното Министерство ќе предвиди локациски услови, на кои површини треба да биде отпадот, 24-часовен видео надзор и посебни локации на кои ќе се товараат камините за извоз, каде треба да има 24-часовен видено надзор и во секое време инспекторатите да може да ги проверуваат снимките. Исплата за откупен отпад, додаде Адеми, да се врши исклучиво преку трансакциска сметка, да нема плаќање во кеш, а видео надзори да има и во леарниците и топилниците во процесот на примање на робата. При обновување на дозволите, министерот појасни дека откупувачите треба да ги исполнуваат условите за банкарски гаранции, за површината, видео надзорот и исплатата. Собирачите и транспортери на секундарни суровини минатата недела остварија средба со министерот Адеми и со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на која презентираа предлог-мерки со цел да се укине Наредбата за забрана на откупот и извоз на отпад и остатоците од железо, челик, алуминиум, бакар, цинк, олово, калај, бронза и месинг.


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

Семинар за економски аспекти за заштита при работа НАЈМНОГУ СЕ ШТЕДИ СО БЕЗБЕДНИ РАБОТНИЦИ На 19.04.2012 година во рамките на Стопанската Комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема “Економски аспекти за заштита при работа’’. На овој еднодневен едукативен настан беше објаснето значењето на безбедноста и здравјето при работа, дефинирано како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола за опасностите кои се јавуваат во или од

работното место кои можат да го нарушат здравјето на работниците, замајќи го во предвид можното влијание врз околните заедници и животната средина. Имено, човечките, општествените и економските трошоци кои произлегуваат од несреќите при работа и професионалните заболувања долго време преставуваат причина за загриженост на сите нивоа – од индивидуалното работно место до национално и меѓународно ниво. Токму затоа, а со цел за унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ја организираше и реализираше оваа стручна тематска обука. Правните субјекти, раководителите и други лица беа запознаени со улогата на заштитата при работа, влијание на несреќата на индивидуата, компанијата, семејството, воедно економската оправданост на заштитата при работа во однос на тоа како да се разбере и да се практикува заштитата при работа во секојдневното работење.

БИЗНИС ИНФО Обучувачи на семинарот беа Милан Петковски – Д.И. ЗПР, претседател на Македонското здружени за заштита при работа, Дејан Мираковски, универзитетски професор од УГД Гоце Делчев – Штип и претставник од Државниот инспекторат за труд, Горан Поповски. Од страна на обучувачите беше презентирана економската оправданост од имплементирање на Законот за БЗР, Правилникот за заштита при работа, Основните директиви, Европските нормативи, директни и индиректини трошоци на една несреќа, влијанија врз вработениот, директни трошоци од

повреди на вработениот, економски загуби на работодавачите, економска анализа на несреќите, индиректни трошоци на работодавачот, Законски казни предвидени со закон во Р.Македонија. На крајот на овој едукативен настан учесниците имаа можност да постават прашања и проблеми со кои истите се сретнуваат во пракса, а беа презентирани и практични примери во интеркција помеѓу обучувачите и присутните членови. Стопанската комора на

9

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Македонија на присутните членови на крајот од овој еднодневен семинар им додели сертификати за стекнатите вештини и знаења. Анита Митревска Семинар за можности за кофинансирање од ИПАРД фондот ВО ФУНКЦИЈА НА ОЛЕСНУВАЊЕ НА АПЛИЦИРАЊЕТО На 20.04.2012 година во рамките на Стопанската Комора на Македонија се одржа еднодневен семинар на тема: “Можности за кофинансирање од ИПАРД фонд”. Имено, на ден 31.03.2012 од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој –ИПАРД беше објавен повик за поднесување на барања за проекти кои ќе бидат кофинансирани. Оттука, а согласно фактот што голем број компании и поединци не се доволно или воопшто запознаени со критериумите за аплицирање за проектите, документацијата потреба за аплицирање како и во однос на тоа што всушност претставува проектот за кој се поднесува апликација, Стопанската Комора на Македонија одлучи да го организира овој еднодневен едукативен настан се со цел да им ја доближи оваа проблематика на своите учесници, особеноо на фирмите и фички лица кои се преработувачи и производители на храна , фирми и физички лица кои се занимаваат со туризам и занаетчии. Согласно ИПАРД проектот поддржани се проекти на ниво на цела територија на Република Македонија во повеќе сектори и тоа: преработувачи на овошје и зеленчук, откупни центри за овошје и зеленчук, млекари,преработувачи на месо, кланици,винарии, производители на леб , колачи и тестенини (пекари и млинови ), производители и преработувачи на чаеви , лековити билки , преработувачи


10

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА на лековити билки, производители на печурки , собирачи на печурки, туризам – сопственици на семејни и викенд куќи, фирми кои се занимаваат со угостителство или планираат да градат угостителски објекти и рекреативни капацитети, занаетчии и фирми кои се занимаваат со производство и преработка на дрво во мебел , граѓа и други дополнителни производи, занаетчии кои преработуваат железо, други занаетчиски гранки примарно земјоделие во секторите овошје и зеленчук на отворено и затворено сточарски фарми. Обучувач на семинарот беше Марија Васкова, тренер за ИПАРД програми и советник за пристап до финасии за кредити и фондови. Учесниците беа запознаени со програмата, со критериумите за учество – финансирање и кредити, потоа им беше презентирана специфичната докумнтација која одделни сектори треба да ја поседуваат, а воедно беа презентирани и тендерски постапки за аплицирање за соодветни набавки во мерки 101,102,302. На крајот се одржа презентација на проект за аплицирање по што на присутните членови им беше дадена можност да постават прашања или да покренат дискусија околку некои проблеми со кои тие се сртнуваат во реалноста во врска со оваа проблематика. На сите присутни членови им беа доделени сертификати за стекнатото знаење во врска со “Можности за кофинансирање од ИПАРД фонд”.

БИЗНИС ИНФО комунален инспекторат. Претседателот на Здружението за комунални дејности, Златко Ристески го поздрави донесувањето на овој закон со забелешка на неколку членови. Како клучна забелешка е определување на начинот на кој во иднина ќе треба да се плаќа трошокот за комунални услуги. Претставниците на јавните комунални претпријатија ги информираа присутните од министерството за транспорт и за други забелешки, дел технички, но и суштински, а беше договорено тие во писмена форма да бидат доставени до ресорното министерство за да можат да бидат разгледани од стручните служби со можност за инкорпорирање во текстот на предлог - законот. Даниела Михајловска Василевска

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

РЕЗУЛТАТИ Успешна посета на гастрономскиот фестивал „Бисерот на морето“ во Хрватска МАКЕДОНСКО СЛАТКО И СОКОВИ ВО ХОТЕЛИТЕ НА ОСТРОВОТ БРАЧ На интернационалниот натпревар во кулинарство “Бисерот на морето 2012“ што се одржа во Брач во Република Хрватска, покрај учеството на македонските кувари во гастрономски натпреварувања во што освоија бројни медали, земјава имаше и изложувач на производи кои се дел од македонската традиција. Горан Самарџиски од Берово се занимава со производство на домашно слатко и природни сокови направени од шумски плодови собрани од Малешевските планини. Производите се подготвуваат на традиционален начин кој со векови се пренесувал од колено на колено. Голем број на учесници на гастрономскиот фестивал и посетители на островот Брач имаа можност да ги дегустираат производите. Видливо беше нивната импресионираност од природниот вкус на производите подготвени без

Здружението на комунални дејности ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НОВАТА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ОД ОВАА ОБЛАСТ Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија расправаше за Предлогзаконот за комунални дејности изработен од ресорното министерство за транспорт и врски (23.4.2012 година). За таа цел, на состанокот беа присутни и претставници на Министерството, како и од државниот

никакви хемиски додатоци. Крајниот резултат од ова петдневно дегустирање и претставување на природните сокови и слатка, беше големиот интерес за соработка и пласман на беровските производи на пазарот на островот Брач за почеток во хотелите на Супетар, а понатаму и низ цела Хрватска. Ова искуство беше уште еден доказ дека македонската традиционална храна е ценета и постои изгледна можност за нејзиниот пласман на пазарите во светот. Венера Андриевска


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

Интервју на Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на Бордот на директори на „Брако“ за „Капитал“ ВО БРАКО ГО РЕАЛИЗИРАВ МОЈОТ СОН ЗА УСПЕШНА ФАБРИКА * Името на Кочо Анѓушев во јавноста обично се поврзува со бизнисот со трговија со струја и компанијата ЕФТ која е најголем увозник на струја во Македонија. Многу помалку луѓе Ве поврзуваат со Брако, компанијата која со години наназад е меѓу најголемите извозници во Македонија. Во кои сè бизниси сте вклучени?

Не можам јас самиот да кажам каква е перцепцијата на јавноста за мене. Она што јас можам да го кажам за моето досегашно работење е дека сум исклучително горд на активирањето и развојот на фабриката Брако. За споредба, од 2003 година кога ја купивме фабриката Брако како фабрика во стечај, која тогаш беше во една поприлично лоша состојба, со 80 стечајни работници, денеска Брако е фабрика којашто има вработено околу 420 вработени, 93% од производството е за извоз, со повеќе од 20 милиони евра приходи, со повеќе области на производство од кои многу се апсолутно нови и развиени од нула. И ако Брако од поранешна Југославија беше позната по производство на приколки, денеска приколките ги произведуваме сосема малку, само 50-ина годишно, што е помалку од 1% од производството. Откако ја презедовме фабриката Брако се фокусиравме на развој на жичаниот програм. Во напорите да ги оптимизираме трошоците во производството, а посебно во транспортот, сфативме дека мораме да се позиционираме на место каде што ќе имаме поевтин транспорт и со самото тоа и поконкурентен пристап до другите пазари. За таа цел одлучивме да отвориме фабрика и во Србија. Во 2005 година во процесот на приватизација успеавме да купиме две хали од поранешната воена индустрија на Југославија, поточно халите каде што некогаш се склопуваше авионот Галеб 4. Тие денеска се во 100%

БИЗНИС ИНФО сопственост на Брако, што секако е меѓу ретките примери на македонски фирми да поседуваат фабрики надвор. * Дали од денешен аспект тоа беше добар потег? Да, поради тоа што купувањето објекти во Србија во тој период беше многу поволно, а второ затоа што со овој потег успеавме да се зацврстиме и да настапиме на сите пазари северно од Панчево. Јас многу сликовито ќе се обидам да ви објаснам. Станува збор за големи количини на железо, не помали од 1.500 тона месечно и таа суровина во големи количини доаѓа со бродови од Русија, Украина или од Зеница. Таа суровина требаше да се донесе до Македонија, а потоа готовите производи од Македонија да се враќаат назад на странските извозни пазари. Тоа е многу долг и скап транспорт кој извозот го прави неконкурентен и ја подјадува маржата.Затоа во тој момент проценивме дека е најдорбо да се отвори фабрика во Панчево, што беше добра проценка која ни овозможи да се носиме со конкуренцијата и да растеме. Па така денес слободно можам да кажам дека Брако е најголем производител на жичани производи во Југоисточна Европа или во Западен Балкан. Конкуренција секако имаме, но засега успеваме многу успешно да се бориме со неа. Од грдо пајче Брако го претвориме во голем индустриски капацитет Во делот на производството на Брако посебно сум горд што успеавме од една фабрика што беше руина и во која никој не веруваше, да изградиме фабрика која ќе биде меѓу најголемите извозници во Македонија. Гордост ни е што едно такво индустриско грдо пајче денеска е најдобар индустриски капацитет во Велес, којшто вработува најмногу луѓе, кој исплаќа најмногу плата, каде што луѓето се осигурани, се исполнуваат обрските навреме, а денеска во ова тешко време тоа само по себе е успех. * Колку инвестиравте во развојот на Брако и како се случуваше тој развој? Беше тешко, особено на почетокот беше исклучително тешко, поради тоа што Брако беше фабрика во стечај, тотално руинирана, со 80-ина стечајни работници на возраст меѓу 50 и 60 години, во која требаше да се развие производство. На почетокот банките нормално не ни веруваа и почетниот раст одеше постепено и со многу повеќе напор. Но, кога дојдоа првите резултати и по неколку години позитивно работење, веќе беше полесно. Добивме финансиско следење од банките, а доверителите и добавувачите почнаа да ни

11

ПРЕНЕСЕНО веруваат. Она што сакам да го потенцирам и што за мене е исклучително важно е тоа дека Брако е компанија која навремено си ги исполнува сите обврски, како кон државата, така и кон банките. Брако е една од ретките фирми која во овие 10 години не доцнела ниту еден ден во исполнување на обврските кон банките, и како резултат на добриот банкарски рејтинг во секое време можеме да повлечеме пари за да направиме дополнителна инвестиција, што многу ни помага во развојот. Најголемиот дел од добивката на Брако во изминатите години беше реинвестирана во развојот на фабриката. Оттука, можам да кажам дека во развојот на Брако во изминатите години се инвестирани сигурно повеќе од 10 милиони евра. * Што е досегашниот најголем успех на Брако? Еден од главните успеси на Брако е што успеа да произведува производи со голема додадена вредност. Тука се, пред сè, медицинскиот мебел и опрема. За медицинскиот мебел видовме дека не можеме добро да го развиваме и продаваме во странство под брендот на Брако и одлучивме дека е добро да се поврземе со некоја поголема групација. Се поврзавме со Ромедики Хендикеа, таа е шведско-норвешка групација која произведува медицински мебел и разни помагала. Брако стана екслузивен и главен производител и речиси целокупната гама на нивни производи сега се произведуваат во Велес. Голем успех е што по две години работа успеавме да го откупиме целокупниот машински парк од нивната фабрика во Данска и да го пренесеме во Македонија. Така што тие практично ја затворија фабриката во Данска и целокупното производство го пренесоа во Македонија. Притоа ни го доверија и дизајнирањето и развојот, односно целокупниот развој на таа компанија моментално се случува во Македонија, поточно во велешки Брако.


12

ПРЕНЕСЕНО Не можете да направите големи дела ако немате големи соништа Кои беа Вашите очекувања на почетокот кога влеговте во Брако и какви се сега проценките, до каде може да оди развојот на Брако? Не можете да постигнете големи цели ако не сонувате големи соништа. Јас можеби имав малку и фамилијарни предиспозиции да направам нешто повеќе во реалниот бизнис. Уште во времето на поранешна Југославија мојот дедо имаше фабрика за производство, и мојот идеал во животот уште од дете беше да изградам фабрика којашто ќе произведува нешто. И мојата струка машински инженер и професор на Машински факултет е апликативна, односно струка која би требало да се искористи во практиката. Идеја и желба ми беше да направам некаква фабрика без притоа да се оптоварувам колку таа ќе биде голема, колку пари ќе ми донесе... Главната идеја ми беше да ја поставам фабриката да биде функционална. Еве времето покажа по 10 години дека успеавме Брако да ја поставиме да работи како функционална фабрика. Дали јас мислев дека Брако денеска ќе има толку вработени, дека ќе има толку извоз, дека ќе биде толку функционална...? Да бидам искрен, не очекував ни јас тоа да се случи толку брзо и во толкав обем. Нормално дека имав желба и сонував да се случи тоа. Но, работата и екипата којашто го правеше тоа, истрајноста и желбата да се успее ги донесе тие резултати без ние да мислиме и да планираме однапред колкави ќе бидат тие резултати. Покрај медицинскиот мебел, Брако усвои и други производни програми како телекомуникациска опрема. Малкумина знаат дека еден добар дел од мобилната мрежа на Косово, односно околу 200 базни станици, се целосно дизајнирани и произведени во Брако. Овој бизнис го добивме на тендер на Европската банка за обнова и развој, на кој конкурираа и 17 други европски компании. Како резултат на тоа Брако изгради доверба да работи за Телеком Австрија груп. До 2015 година сме ексклузивен добавувач на телекомуникациски системи на Телеком Австрија груп во сите земји каде што компанијата има мобилен оператор. Брако оствари повеќе соработки со фабрики коишто се занимаваат со опрема за копање и пренос на земја за кои призведува корпи за ровокопачи. Сега имаме некакви обиди да почнеме соработка со Липкер Швајцарија, претходно работевме со Нино Ди Мартис Австрија. Развивме соработка и со Вип Ап Холандија, фирма

БИЗНИС ИНФО за производство на машини, за кои целокупната челична конструкција се произведува во Брако. Најнов проект е соработката со италијанската фирма Био Страда којашто прави специјализирани камиони за урбано чистење. За таа компанија Брако го прави целокупното производство на метални делови, а во преговори сме и целото склопување на камионите да биде доверено на Брако. Значи сите производи од Брако излегуваат како финални производи и се пласираат до крајните потрошувачи. Брако моментално извезува во 19 земји во Европа и во светот. Главно извезуваме во европските земји, но извезуваме и во Јапонија и Америка. Имаме произведено и повеќе специјализирани проекти, транспортни системи за рудници, тутунски комбинати, дел од опремата во малите хидроцентрали е произведена од Брако. Се обидуваме да произведеме колку што може повеќе производи со поголема додадена вредност во кои има вградено повеќе интелектуален труд. Моментално Брако ја водат млади инженери на возраст меѓу 20 и 30 години, и мислам дека тоа е клучот кој ја води фабриката кон уште поголем успех. * Што значи сега конкретно да се биде извозник од Македонија. Како се поставени институциите кон извозот, дали имате поддршка? Не можам да зборувам за сите гранки во индустријата. Кога станува збор за метална индустрија тогаш Македонија како држава е премногу мал пазар. Оттука јасно е дека и Брако мора да биде стратешки извозно ориентирана компанија ако сака да расте и да се развива, во спротивно ќе пропадне. Ние не чекавме институциите да ни обезбедат некаква поддршка во продажбата, иако тие се обидуваа. Доаѓаа некои промотори и затоа би било некоректно да кажам дека нема обиди да се помогне, меѓутоа главно се потпираме на сопствените ресурси и самите ги наоѓаме партнерите, сами ги развиваме соработките. Се обидуваме да се докажеме со квалитетот и со почитувањето на динамиката и рокот на испорака, што се најважни критериуми за успех при извоз. Бенефитот од извозот доаѓа ако успеете да остварите соработка која трае со години, ако изградите партнерски однос на доверба со клиентите. * Кои политики и мерки може да го олеснат извозот на металната индустрија? Мислам дека е добро доколку може да се направи една програма со која на некој начин ќе може да им се помогне на македонските компании кои сакаат и можат да направат аквизиции на компании во регионот со цел да го окрупнат својот потенцијал и да бидат што

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

поконкурентни и што поголеми на пазарот. Конкретно за Брако би било добро да купи уште една фабрика во Хрватска или во Словенија. Значи доколку Владата успее да најде начин да ги поддржи компаниите во таквите активности, компаниите многу похрабро би настапиле во тој дел. Суштината не е во тоа вие да бидете јаки

само дома, туку суштината е да успеете да освоите колку што можете поголем дел од туѓиот пазар, а да го задржите својот пазар. За да се освои туѓиот пазар морате да бидете присутни таму, да бидете агресивни, што е компонента која им недостига на македонските компании. Затоа ако се најде некој начин да им се помогне, мислам дека тоа би го зголемило извозот, што би требало да биде императив за македонската индустрија и целата економија. Вториот момент каде што можат институциите на системот да помогнат е во побрзо ослободување на готовите парични средства. Изворно ориентираните компании се оние кои чекаат поврат на најмногу ДДВ од државата, бидејќи кога увезувате мора да платите ДДВ, кога извезувате не можете да го повратите толку брзо. Па така извозно ориентираните компании по дефиниција се побарувачи на ДДВ. Доколку се враќа побрзо ќе им се обезбедат поголеми средства на извозните компании за развој. Средставата кои веќе ги имаат во банките ќе нема потреба да се држат како обртни средства, туку ќе може да се користат за инвестици во нови техлогии и во проширување на капацитетите. Мислам дека тие две мерки се суштински. Инаку кога нам како стопанственици не ни оди работата, не можеме да се жалиме и да чекаме некој од државата да дојде и да ни го организира работењето во компанијата или да ни ги решава финансиските проблеми. Успех е да направите добар тим Што е според Вас клучно за да се успее во бизнисот? Мое видување е дека ако сакате да направите големи работи треба да имате големи соништа и не треба да се плашите дека тоа е нешто неостварливо. С$


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

е остварливо, само треба да имате визија што сакате да направите и, нормално, да знаете како да го направите. Треба да умеете да се опкружите со луѓе коишто ќе ви помогнат тоа да го направите, бидејќи сам ништо не можете да направите. Треба да имате цел, да имате желба, да не ве мрзи да го направите тоа и да имате екипа која ќе ви помогне да го направите тоа. Ете тие се клучните фактори за успех. *Дали имате проблеми во соработката со банкиите? Јас немам никакви проблеми во соработката со банките. Баш напротив, секогаш имам отворена врата да повлечам средства колку што ми треба и колку што можам. *Дали држи тезата на банкарите дека сега е најголема конкуренцијата меѓу банките за добрите компании? Држи. Банките сакаат тие средства што ги имаат да ги пласираат во сигурни клиенти. А сигурни клиенти се оние кои имаат сигурен бизнис и сигурно портфолио. Такви нема многу, а банките сакаат да соработуваат со тие клиенти. *Вие сте влезени и во бизнисот со малите хидроелектрани? Што Ви е целта во овој бизнис и зошто токму производство на струја? Електраните се работа којашто претставува втора дејност од техничката област со којашто јас се занимавам. Гледате дека не одам во проекти што се надвор од мојата струка и дека сè со што се занимавам главно е инженерство и техника. Втора област во којашто почнавме да се развиваме се малите електрани или пошироко обновливите извори на енергија. Уште од моментите кога почна да се дискутира за малите електрани ние формиравме екипа која ги истражуваше локациите што беа понудени. Во малите хидроелектрани, само зборот мали е мал, бидејќи не се мали ниту како објекти, ниту се мали како инвестиција, а не се мали ни по значење, така како што некој сака да каже. Една мала хидроелектрана којашто има инсталирана снага од 500 киловати чини повеќе од еден милион и двеста илјади евра, а оние со снага од 15 мегавати чинат 30 милиони евра. Тоа како проект навистина не е мал. Значи Фероинвест, фирмата која истовремено е сопственик и на 50% од Брако е 100% сопственик и на 7 електрани, а во останатите 15 електрани е партнер со Гранит 50%-50% сопственост. Од одобрените 64 концесии во Македонија, Фероинвест има сопственост во 9 електрани. *Која е иднината и потенцијалите на овој бизнис?

БИЗНИС ИНФО Потенцијалите се географски предодредени, колку што има вода една земја, толку хидроелектрани можат да се изградат. Мене ми е жал што останатите компании многу споро ги градат тие хидроелектрани. Фероинвест, заедно со Гранит, ги изградија хидроелектраните, што е последица на долготрајна работа. Формиравме сопствено проектантско биро, сопствен мониторинг-центар, формиравме сопствена екипа за имплементација. Значи морате да ангажирате сериозни ресурси ако сакате успешно да го завршите проектот хидроелектрана. Ако некој мисли дека тоа ќе го направи со човек-фирма и со фирма којашто ќе бара аутсорсинг за сè, тоа ќе оди бавно или никогаш нема да се реализира. Во енергетиката морате да обезбедите финансиско следење и не постои друго освен проектно финансирање. Ние обезбедивме проектно финансирање од Шпаркасе Австрија и од ЕБРД. Од друга страна, морате да бидете подготвени хидроелктраните градежно да ги изградите. Поради тоа е и партнерството со Гранит, бидејќи градењето на елекраните е тешко, се одвива во планински предели, со многу минирање, во тешки услови на градба... Секоја електрана е дизајн за себе и не можете да ископирате електрана. Мора да се пристапи аналитички и систематично кон проектирањето и изведбата на секоја елктрана. Ако не се реализира сè како што треба, електраната нема да произведува струја и затоа тука не смее да има импровизации. Сите оние кои мислат дека малите хидроелектрани се бизнис од кој некој може преку ноќ да се збогати се лажат. Во енергетиката проектите коишто се враќаат за 8 до 10 години се сметаат за добри проекти. Тоа не е трговија, денес купувате, утре продавате и парите се тука. *Дали планирате да влегувате во некој нов бизнис? Не планирам да влегувам во нови бизниси и области кои се надвор од инженерството. Но, во овие постојаниве планирам да инвестирам. Тоа е, пред сè, во делот на Брако. Мојата амбиција е да имаме колку што е можно повеќе нови производи, тоа да бидат финални производи коишто ќе имаат што е можно поголема додадена вредност и вклучен интелектуалниот труд на инженерите. Мислам дека кон тоа добро се движиме. Што се однесува на електраните, без разлика дали ќе инвестираме во наши нови електрани, нашата цел е знењето коешто го стекнавме со градењето на нашите девет електрани досега, од вкупно 15 планирани електрани, да го споделиме и со останите компании. Тоа значи да им понудиме проекти клуч на рака, односно да ги направиме електраните за нив. Амбиција ни е да земеме еден дел од балканскиот пазар и таму да бидеме

13

ПРЕНЕСЕНО присутни првично како компанија која ќе проектира хидроелктрани, а потоа да работиме и по принципот клуч на рака и да гарантираме пред банките. *На што посебно се гордеете во бизнисот? Градењето на хидроелектраните за мене е посебна гордост, бидејки тоа е пионерски потег во нашата држава и бидејќи станува збор за исклучително важни и сложени проекти. Ние покажавме дека можеме да ги реализираме, да ги изградиме на време и тие да бидат функционални.Во делот на производството на Брако посебно сум горд што успеавме од една фабрика што беше руина и во која никој не веруваше, да изградиме фабрика која ќе биде меѓу најголемите извозници во Македонија. Гордост ни е што едно такво индустриско грдо пајче денеска е најдобар индустриски капацитет во Велес, којшто вработува најмногу луѓе, којшто исплаќа најмногу плата, каде што луѓето се осигурани, се исполнуваат обврските на време, а денеска во ова тешко време тоа само по себе е успех. Сакам да потенцирам дека еден човек може да има визија, но сам ништо не може да направи. Мора да има околу себе тим и сакам да ја искористам оваа можност на сите соработници да им се заблагодарам и да им го честитам заедничкиот успех. *Колку е лесно да се усгласи бизнисот со приватниот живот? Цената што еден човек ја плаќа со ваква динамика на живеење е приватниот живот. Тој е сведен на минимум, на некакви не многу долги одмори, на дружење со пријатели кога имате време, кое е сè помалку. Не можете да работите толку долго ако тоа не ви претставува задоволство. На некој начин работењето ви станува живот. *Дали би сакале Вашите деца да ве наследат во бизнисот и која е најважната лекција која сакате тие да ја научат? Имам два сина едниот има 15, другиот 11 години. Главната порака која им ја кажувам е да не се лажат со каква било благосостојба, поради тоа што не е само суштината да уживате во благосостојбата. Во самото создавање и градење има поголемо задоволство. Не е задоволство да го потрошите тоа што сте го створиле или некој друг го створил. Ако успеам да им го пренесам мојот нагон и желба за создавање и градење, тогаш мислам дека сум успеал од нив да направам добри личности, без разлика со што ќе се занимаваат. Јас ќе ги поддржам во која било област и нема да имаат никаква обврска, ниту притисок од мене дека мора да го работат ова што јас го работам.


14

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ

БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

MK - Скопје, фармацевтски производи

Назив на Проектот

Развој и поддршка на база на податоци

Референца

ECZ75853 – земји-кандидати

Референца

WB83-04/12

Финансиска референца

2012/S 70-117149

Финансиска референца

Вид на набавка

Испораки

Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Европска комисија

Финансиер

Светска банка

Земја

Македонија

Објавено на

11.4.2012 година

Краен рок за апликација

22.5.2012 година

Сектори

Здравство Испорака на лекови кои ги надоместува и кои не ги надоместува Фондот за здравство

Контакти

www.juzr.org.mk

Назив на проектот

MK-Скопје: ИПА - реконструкција и проширување на пречистителната мрежа во Прилеп, дополнување

Референца

EuropeAid/130914/D/WKS/MK

Земја Afghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua and Barbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas, Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, GuineaBissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Grenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trinidad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Финансиска референца Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

11.4.2012 година

Краен рок за апликација

12.7.012 година

Објавено на

12.4.2012 година

Сектори

Градежништво -инженеринг Урбан развој Прецизирање на условите во тендерот

Краен рок за апликација

25.4.2012 година

Контакт

h�p://cfcd.finance.gov.mk/

Сектори

Назив на Проектот

ME-Подгорица: ИПА - испорака на опрема за Институтот за трансфузија

Информатичка технологија Зајакнување на информатичката опрема за евалуација на податоците

Контакт

Референца

EuropeAid/132851/C/SUP/ME

h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Финансиска референца Вид на набавка

Испорака

Финансиер

Европска комисија

Земја

Црна Гора

Објавено на

11.4.2012 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори

Информатичка технологија Здравство Испорака на лабораториска опрема и ИКТопрема

Контакт

European Union, represented by the European Commission, on behalf of and for the account of the beneficiary country, Podgorica, MONTENEGRO. 6

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА www.mchamber.mk Контакт: М-р Ацо Спасовски тел. 3244044 факс.3244088 aco@mchamber.mk


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Билатерални средби и Конгрес на 3 и 4 мај 2012 година, во Турција „ИНОВАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА“ ВО ИСТАНБУЛ Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Билатерални средби и на Конгрес на тема ,,Иновации за безбедност на храна,, во Истанбул, Турција, на 3 и 4 мај 2012 година. Билатералните средби ќе се одржат во Воениот музеј и Културен центар во Истанбул, а ќе учествуваат претставници од реалниот сектор, од јавниот сектор, НВО, експерти, истражувачи и професионалци. На однапред договорени билатерални средби, ќе имате прилика да: • разговарајте за можностите за соработка за безбедноста на храната; • најдете нов партнер и • воспоставете нови бизнис-односи. Учеството на билатералните средби во Истанбул е бесплатно.

На Конгресот главни теми се безбедноста на храната поврзана со растителното производство, одгледувањето на животните, рибарството, прехранбената индустрија, мрежата за снабдување со храна. Учеството на Конгресот за безбедност на храната е со котизација. Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Моб. 070 387745 laze@mchamber.mk Од 8 до 12 мај 2012 година Меѓународен саем за водостопанство, отпад и отпадни води, суровини и технологии за заштита на животната средина во Германија IFAT ENTSORGA 2012 ВО МИНХЕН Организирана посета на Саемот со превоз и хотелско сместување ! Во периодот од 8 до 12 мај 2012 година, во Минхен, Република Германија, ќе се одржи светскиот водечки Саем за технологии за заштита на животната средина, за водостопанство, отпад и отпадни води, суровини IFAT ENTSORGA

2012.

Саемот IFAT ENTSORGA 2012 за прв пат ќе биде поставен во сите хали на Минхенскиот саем. Како и досега, најзастапени ќе бидат следниве сектори: водовод и канализација, третман на отпад и рециклажа. Нова област која ќе биде опфатена на овогодишниот саем е геотермалната енергија, за прв пат со заеднички штанд и со свој конгрес во рамките на саемот.

Атрактивни дополнителни програмски содржини Актуелните трендови, најновите технологии и развојот на пазарот – сето ова ќе биде во фокусот на големиот број конференции, симпозиуми, работилници и форуми што се планирани во рамките на саемот. Стопанската комора на Македонија организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 8 до 12 мај 2012 година, со автобуски и авионски превоз. Цената за автобуски превоз со

хотелско сместување (две ноќевања) изнесува 320 евра по лице. Сместувањето е во хотел со 3 sвезди „Hotel Zur Post„. Посетителот ги покрива патните и сместувачките трошоци, како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 30 април 2012 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk

На 9 мај 2012 година eднодневен семинар „УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ” (10:00 - 15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Семинар за успешно учество на постапките за доделување договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании - понудувачи не им се познати последните измени и дополнувања на Законот за јавни набавки („Службен весник на РМ“ бр. 185 од 2011 година) и најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции. Предавачи: експерти од областа за електронски постапки за јавни набавки и е-аукции. Програма на семинарот: • Закон за изменување и дополнување на ЗЈН („Службен весник на РМ“ бр.185/11); • портал за мали јавни набавки (задолжително објавување на малите јавни набавки); • воведување технички дијалог со деловната заедница; • негативни референци; • квалификациски системи; • користење на ЕСЈН и е-аукции; • креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор; • пребарување на објавени тендери и договори; • задолжителни 100% е-аукции; • дигитално потпишување на понудите; • доднесување на понудите преку системот; • учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда. Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: • лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и • менаџментот кој одлучува за содржината на понудите.


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се: • како да се креира кориснички профил;

• основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот; • како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН; • како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери; • како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат; • што е електронска аукција и како да учествувате на неа и др. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 8 мај 2012 година. Учесниците треба да донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk Од 10 до 13 мај 2012 година во Измир, Република Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПЛАСТИКА, ПАКУВАЊЕ И ТЕХНОЛОГИЈА 2012 • Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот во Измир организира учество и посета на македонски компании, со бесплатно хотелско сместување, 2 ноќевања, бесплатни влезници за Саемот и трансфер од аеродром - хотел - саем. Меѓународниот саем за пластика,

пакување и технологија, во организација на саемскиот организатор од ИЗФАС од Измир, ќе се одржи од 10 до 13 мај 2012 година. На оваа меѓународна саемска манифестација ќе има изложувачи од над 60 земји од целиот свет, со производи од областа на: пакувањето, машини за пакување, автоматски машини, материјали за пакување, пластика и пластични производи, врати и прозорци, системи за рециклирање, производи на хемиската индустрија, производи за градежништвото, пластични производи за автомобилската индустрија, производи за пакување на прехранбени производи, индустријата за печатење и др. Саемот претставува добра можност македонските компании да се запознаат со странските производители и со стопанските потенцијали на земјите

кои ќе настапат на овој реномиран саем. За време на манифестацијата, ќе бидат одржани повеќе промоции и бизниссредби. Минатогодишното издание на Саемот го посетиле над 500.000 посетители, а учествувале 1500 излагачи од 60 земји од целиот свет. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи, за што е неопходно да се пополни пријавниот лист и да се достави до Комората најдоцна до 3 мај 2012 година. Пријавниот лист може да се преземе од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk Контакт: Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244 016 Факс:++ 389 2 3244088 stanka@mchamber.mk

На 15 мај 2012 година eднодневен семинар „ВНАТРЕШНАТА РЕВИЗИЈА КАКО АЛАТКА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат Додека во развиениот свет внатрешната ревизија претставува алатка за поддршка на развојот на компаниите, една година по нејзината примена кај нас, истата е се` уште во својот зародиш. Од друга страна, потребите од иновативни решенија за намалување на оперативниот ризик, стандардизирање на процесите и процедурите, подобро планирање и сл., година по година растат се` повеќе и повеќе. Верувајќи дека знаењето е делива категорија, а со цел создавање ефективен контролен мониторинг, Стопанската комора на Македонија на 15 мај 2012 година, организира еднодневен семинар на тема: „Внатрешната ревизија како алатка на трговските друштва и јавните претпријатија во Република Македонија“. Програма: - Предуслови за добра внатрешна ревизија; - Улогата на внатрешниот ревизор; - Внатрешната ревизија како менаџмент алатка; - Практична изработка на акти за внатрешна ревизија;

- Фази на внатрешна ревизија; - Видови на внатрешна ревизија; - Ревизорски вештини и техники. Семинарот е наменет за компаниите, aкционерските друштва, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или во кои државата е акционер. Предавач: Александар Бужаровски, обучувач за финансиски менаџмент и внатрешна ревизија на MF I MDF на Холандија и надворешен соработник во Друштвото за консалтинг СФиД.


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 11 мај 2012 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 be�@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk Од 16 до 18 мај 2012 година во Босна и Херцеговина МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНВЕСТИЦИИ „САРАЕВО БИЗНИС-ФОРУМ 2012“ Во периодот од 16 до 18 мај 2012 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи 3. Меѓународна конференција за инвестиции „Сараево бизнис-Форум 2012“. На овогодинешното издание се очекува учество на голем број реномирани учесници од политичка и економска провениенција, со голема медиумска промоција.

Конференцијата е од меѓународен карактер, на којашто ќе се презентираат потенцијалите за странски инвестиции во регионот, како и за пронаоѓање деловни партнери. Работниот дел на конференцијата ќе се одвива три дена, преку организација на пленарни и тематски сесии и билатерални средби меѓу компаниитеучеснички. Стопанската комора на Македонија ги поканува македонските компании да учествуваат на оваа реномирана меѓународна манифестација, за што е предвидено организиран превоз и хотелско сместување. Се покануваат заинтересираните компании да го пријават своето учество најдоцна до 24 април 2012 година.

Повеќе информации за настанот на: h�p://www.sarajevobusinessforum.com Контакт: Влатко Стојановски Тел.02 3244 004 факс:02 3244 088 vlatko@mchamber.mk Од 16 до 19 мај 2012 година, Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија во Косово „ЕКСПОКОС 2012“ ВО ПРИШТИНА Стопанската комора на Македонија ве носи на Саемот за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина, Република Косово, од 16 до 19 мај 2012 година. ЗА ИЗЛАГАЧИТЕ 15 ОТСТО ПОПУСТ НА САЕМСКИОТ АРАНЖМАН *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници и бесплатен превоз. Во периодот од 16 -19 мај 2012 година, Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2012“ во Приштина - Косово. „EXPOKOS 2012“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел,

паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, индустрија на електрична енергија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце,

гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот, ќе се одржат и прес-конференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување на сертификати на излагачите ,а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи. Контакт : Станка Дамјановска Тел: ++ 389 2 3244016 Факс:++ 389 2 3244088

Од 23 мај до 11 јули 2012 година oбука „ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД” 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Времетраење на обуката: 8 недели, еднаш неделно по 6 часа дневно. Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад, компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад; • да води евиденција и изготвува извештаи; • да ја спроведува годишната програма на својата компанија; • да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад; • да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ и да предлага конкретни решенија. Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука со која се стекнува со потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина. Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето тоа ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 20 мај 2012 год. Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk На 30 и 31 мај 2012 година дводневен семинар „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА ПОТТИКНУВАЊЕ ЦИКЛУС НА РАСТ НА ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“ (9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија,сала3 на 3-ти кат) Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија?

вработените и целокупниот менаџмент за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување. Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните ресурси и варијабли неопходни за успешна реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат спротивно од можностите на опкружувањето. Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт оо финансиии и организациски промени Едукација: 2010 - EBU – HRM and Change Management, Geneva, Swiss 2004 - MBA Henley Management College, Oxford 2003 - Diploma in Management - Henley Management College, Oxford 2001 - Execu�ve Cer�ficate, Henley Management College, Oxford 1991 - 1996 Универзитет во Осиек - Економски факултет - Финансиски менаџмент Работно искуство: - директор за човечки ресурси во ХРТ (Хрватска Радио Телевизија); - директор на друштвото EKS d.o.o.; - корпоративен директор за човечки потенцијали на ADRIS GRUPA d.d.; - директор за човечки потенцијали во TVORNICA DUHANA - Ровињ; - раководител на заводот за вработување HZZ – Осиек; - стручен соработник за финансии, заменик на Директорот на финансии; стручен соработник за управување со човечките потенцијали SAPONIA d.d.

Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2012 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 anita.mitrevska@mchamber.mk

Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 be�@mchamber.mk На 30 и 31 мај 2012 година, дводневниот семинар на Скопски саем УЧЕСТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРИТЕ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Стопанската

комора

на


четврток, 26 април 2012, Бр. 95

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИ), ги поканува своите членки да земат учество на дводневниот семинар на тема: „Учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации“, што ќе се одржи на 30 и 31 мај 2012 година (среда), со почеток во 11:00 часот, на Скопски саем во Скопје. На семинарот претставниците на координативното тело на одделенијата за набавки на агенциите на ОН ќе ги претстават можностите за учество на македонските компании на тендерите на Обединетите нации. Сите агенции на ОН годишно имаат набавки во износ од 23 милијарди САД долари. Производите кои се предмет на набавка се: платна за шатори, ќебиња, основни прехранбени стоки, градежни материјали и др. Сите производи подлежат на тендерска постапка и се отворени за компаниите од сите држави-членки на ОН, што претставува одлична прилика за македонските компании

кои досега не учествувале на тендерите на ОН. За време на семинарот македонските компании ќе имаат можност да се запознаат со условите и критериумите за аплицирање на тендерите на веб-страната на ОН: www.un.org/en и со можностите за нивно учество на тендерите за набавки организирани од страна на агенциите на ОН. За учество на тендерите на Обединетите нации, македонските компании треба да ги исполнуваат следниве услови за пријавување: - 3 години минимум искуство во бизнисoт и - финансиски извештај за последните 3 последователни години. За успешна реализација на семинарот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес во Стопанската комора на Македонија. Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088 E-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 E-адреса: vlatko@mchamber.m

Од 30 до 31 мај 2012 година дводневен семинар „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕЦЕСИЈА И ВЕШТИНИ НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЦИКЛУС НА РАСТ НА ПАЗАРОТ ВО РЕЦЕСИЈА“ (9:00-17:00 часот, Стопанска комора на Македонија,сала 3 на 3-ти кат) Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт по финансиии и организациски промени Што кога започнуваме процес на промени во моменти на криза? Кој е одговорен за управувањето со промени, а кој е носител на целиот процес? Кои се алатите со кои успешно ќе управувате со промените во рецесија? Кои се најчестите грешки? Кои се проактивните стратегии? Кои се стратегии на раст во услови на рецесија? Каков мора да биде лидерот за да обезбеди раст на својата компанија? Обуката е наменета за сите нивоа на менаџментот, а пресудна е за врвниот и средниот менаџмент во целина, како и за сопственици на помали компании. Целта на овој тренинг е да се запознаат учесниците со основниот „категоријален апарат“ за управување со промените во рецесија; како ефективно да ги мобилизираат вработените и целокупниот менаџмент за да се обезбеди неопходна синергија за остварување на деловните резултати во рецесиското опкружување. Ќе бидат истакнати неколку типови на можни стратегии со кои може да се поттикне раст во ограничувачки околности, запознавање со критичните ресурси неопходни за успешната реализација на деловниот раст. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сетот на компетенции и вештини кои се неопходни за лидерите на системот кои сакаат да растат

31 мај до 2 јуни 2012 година, во Истанбул, Турција МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТКАЕНИНИ И МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА КОНФЕКЦИСКИ МАШИНИ, Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување!

спротивно од можностите на опкружувањето. Предавач: Сабина Шкртиќ, Р. Хрватска, експерт по финансиии и организациски промени Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество.

Во периодот од 31 мај до 3 јуни 2012 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат две меѓународни саемски манифестации и тоа: - 8. Меѓународен саем за ткаенини – „FABRIC EXPO 2012“ и - 23. Меѓународен саем за конфекциски машини, машини за везење и модни додатоци – „CLOTHING MACHINERY 2012“. Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми од овој тип во Евроазискиот регион во 2012 година, на којшто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: конфекциски машини, машини за везење, за кроење, ласерски машини за кроење, за пакување, за чистење, контрола на квалитет и машини за мерење, машини за пеглање, за печатење дизајн, машини за шиење и везење предива, додатни материјали како етикети, еластични ленти и останато. Во 2010 година, на Саемот се претставија над 370 учесници од преку 30 земји од целиот свет, а над 40.000 посетители ги видоа најновите достигнувања. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 31 мај до 2 јуни 2012година, со автобуски превоз. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 4 мај 2012 година.

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057 Факс:(02) 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk

Контакт: Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: be�@mchamber.mk

Контакт: Огнен Гаревски Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 ognen@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 26 април 2012, Бр. 95

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Америка бара да откупува бел мермер, воедно и за соработка со компании кои извезуваат процесиран мермер или мермер во блокови од Република Македонија. Валидност do: 2.12.2012 година Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во областа на хотелиерството и угостителскиот бизнис во Република Македонија. Валидност do: 2.9.2012 година Компанија од Србија заинтересирана е за воспоставување соработка со компании од Македонија кои се занимаваат со производство на челично поцинкувани патентирани жици, со пречник од 2 до 3,2мм. Станува збор за потреба од воспоставување на подолгорочна соработка, но во моментот има потреба за набавка на 5 тони од споменатата жица со пречник од 2 мм. Валидност do: 2.9.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пилешко месо и производи од пилешко месо. Валидност do: 3.7.2012 година Компанија од Германија нуди so�/hardwar индивидуални и системски безбедносни решенија, како и комплет инструменти за безбедност во сообраќајот во Република Македонија, кои се однесуваат на мерења на брзината и растојанието, безбедност во тунел, мониторинг на црвено светло, евалуација на сообраќајки, биометрика, опрема за контрола, читање и оценување на земјиштето. Валидност do: 3.7.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија на мебел произведен со најсовремена технологија, софтвер за керамика и дизајн на мебел за кујни, бањи, софтвер за керамика. Валидност do: 3.7.2012 година Македонска компанија изнајмува комплетно нов индустриски административен објект со вкупна квадратура од 4400м2 и земјиште од 25.000 м2 во индустриската зона Негорци – Гевгелија, на само 10 км од границата со Грција и 60 км од границата со Бугарија. Компанијата е заентерисирана за заедничко вложување со странски партнер во производствен погон (за почеток со договорен пласман на производите). Валидност do: 3.7.2012 година Компанија од Канада заинтересирана е да увезува прехранбени производи од Република Македонија. Валидност do: 5.12.2012 година Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на медицински помагала и опрема, како и директна продажба на истите во болници, клинички центри амбуланти итн. Валидност do: 5.7.2012 година Компанија од Германија нуди аналитички,технички

и оперативни решенија во областа на транспорт,животна средина, и енергетика во Република Македонија Валидност do: 05.08.2012 година

Валидност do: 28.9.2012 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за одржување на зеленило. Валидност do: 29.8.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на градежни машини за бетон и дробилки за камен и резервни делови. Валидност do: 6.8.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои произведуваат работна облека. Валидност do: 29.7.2012 година

Компанија од Република Македонија бара инвеститор и нуди простор од 500 м2 во општина Илинден со комплетна инфраструктура, наменет за конфекција. Погонот е климатизиран. Валидност do: 23.3.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на самолепливи ленти во разни димензии и се употребуваат во електроиндустријата. Валидност do: 29.7.2012 година

Компанија од Германија бара соработка во областа на преработувачката индустрија во Република Mакедонија за пласман на пластични садови за складирање производи. Валидност do: 26.9.2012 година

Компанија од Германија бара соработка со македонски компании од ИТ-технологијата и вработување на искусни компјутерски програмери. Валидност do: 30.7.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за услуги за одржување на индустриски постројки во Република Македонија. Услугите се во долгорочни проекти во планирање, производство и монтажа на постројки вo областа на производство на цемент, гипс, индустрија за камен, електрани, дрвна и хемиска индустрија и постројки за согорување на ѓубрива. Валидност do: 27.9.2012 година Француска консултантска компанија е заинтересирана за соработка со компании од различни дејности во Република Македонија во врска со зголемувањето на продуктивноста, оптимизација на трошоците, зголемување на продажбата, подобрување на вештините за управување и организациска култура на менаџерите. Валидност do: 27.7.2012 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот од 45.000m2 во кој се лоцирани два објекта, ресторан и мотел со 11 соби. Во близина на мотелот има бања со минерална вода, со можност да се изгради бањски комплекс и спортско-рекреативен центар. Валидност do: 27.3.2013 година

Kомпанија од Србија заинтересирана е да соработува со македонски компании со понуда за доставување цвеќе, како мешавина од уметност, филозофија и занаети, со идејата на уредените цвеќиња, внимателно одбрани во согласност со повод и лице, секогаш испорачани на време и на саканата локација. Својот успешен бизнис за пласман на цвеќе во Белград, Србија, екс Ју-републики и во 185 земји во светот сака да го прошири во Република Македонија. Како претставник на Teleflora Interna�onal, меѓународен синџир за испорака на цвеќе, е поврзана со околу 82 000 цвеќарници во светот. Само во Србија, Teleflora може да се пофали со 20.000 клиенти, од кои околу 3.500 компании. Со континуирано подобрување и проширување на опсегот на своите активности, Teleflora сега е призната како експерт со високо професионална организација и декорација на свадби, коктели, забави, ентериери и екстериери, како и декорација на деловни простори, годишнини и други настани . Teleflora е секогаш посветена на будењето на уметноста на претставување на цвеќето и проширување на културата за цвеќето. Мотото на Teleflora е „Самите цвеќиња зборуваат“. Валидност do: 30.4.2012 година Македонска компанија нуди комплетни решенија за печатење, копирање, скенирање, како и визуелна презентација во рамките на компанијата, надвор од неа од програмата на SHARP Electronics, комплет програма, репроматеријали, делови и сервис на канцалариски уреди од сите познати брендови. Валидност do: 30.3.2013 година

Компанија од Босна и Херцеговина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на средства за одржување на хигиена, козметика и пластична амбалажа. - Производна програма на средства за хигиена за домаќинства од марката TISАl, Citral i Lilla. - Производна програма на козметички препарати „Royal line“. - Проиводна програма на еколошка пластична амбалажа (PET, PE, PP). Валидност do: 28.7.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал www.mchamber.mk

Компанија од Германија заинтересирана е за дистрибутер во Република Македонија за пласман блиндирани возила.

Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.