Бизнис ИНФО, број 393

Page 1

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

345 Број 393

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 26.4.2019

УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) ДОГОВОРИ АКТИВНОСТИ ЗА ОЛЕСНЕТА ТРГОВИЈА И ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНОТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Можностите за македонските компании да најдат странски партнери ПРЕКУ ЕВРОПСКАТА МРЕЖА НА БИЗНИС - МОЖНОСТИ

Можностите за македонските компании да најдат странски партнери преку европската мрежа на бизнис-можности (Enterprise Europe Network) беа презентирани на пресконференцијата во Стопанската комора на Македонија, на која присуствуваа проф. д-р Виктор Стојмановски, проект-менаџер на „ЕЕН-Македонија“ и м-р Александар Филипоски, член на тимот на „ЕЕН-Македонија“. За таа цел на прес конференцијата беше презентирана бесплатната мобилна апликација „ИноБиз“ преку која македонските компании имаат можност да пронајдат странски партнери за бизнис соработка, трансфер на технологии и учество во проекти за истражување и развој, информираше на прес конференцијата Филипоски од Фондацијата „МИР“. Компаниите преку мобилната апликација ќе бидат во тек со сите случувања во областа на иновациите и технолошкиот развој, ќе добиваат известувања за отворени повици за


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА финансирање, барања од странски компании за соработка, како и можности за учество на конференции и настани за вмрежување. Покрај тоа, апликацијата содржи и ресурсен центар кој ќе им понуди на компаниите корисни содржини за подигнување на нивните капацитети за иновации, како и можност за проценка на степенот на технолошка подготвеност преку прашалникот за технолошки аудит. Филипоски посочи дека повеќе од 300 компании ја користат оваа апликација во земјата и истата треба да се промовира кај македонските компании со цел да се информираат за придобивките. Проф. д-р Виктор Стојмановски, проектен менаџер на „ЕЕН Македонија“, посочи дека повеќе од 10 години „ЕЕН Македонија“ е присутна во нашата земја и заедно со Словенија се први земји на Балканот кои се вклучени во ЕЕН мрежата. „ЕЕН Македонија“ е носител на еден важен дел од Поглавјето 20 од Програмата за индустриска политика и претпријатија на Европската комисија, која во иднина ќе биде ориентирана кон зголемување на трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти, - додаде проф. Стојмановски. Годишно, во просек повеќе од 250.000 мали и средни претпријатија на ниво на ЕЕН мрежата добиваат некаква услуга од партнерските организации, при што просечно 52.000 мали и средни претпријатија добиваат совети од експертите во мрежата во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека повеќе од 20.000 претпријатија преку мрежата учествуваат на меѓународни настани, форуми и средби. Мрежата има за цел да им овозможи на претприемачите што полесно и што побрзо да пронајдат партнери на европските пазари. Користењето на услугите е целосно бесплатно. Стопанската комора на Македонија е дел од Европската мрежа на бизнис можности, преку Националниот конзорциум во којшто, покрај Комората, партнери се и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување „МИР“. м-р Ирена Мојсовска


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

5

БИЗНИС ПРОЕКТИ

ГРАНТОВИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ ПРЕД БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ШТИП Во соработка со Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија и Центарот за развој на Источниот плански регион, Фондот за иновации и технолошки развој го презентираше инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации пред компаниите - членки на Комората. Потпретседателката на Регионалната комора со седиште во Штип, Весна Ангеличкова, констатираше дека ваквата форма на соработка со Фондот е во насока на поддршка на компаниите за иновативни решенија и технолошки развој за што претставниците од заинтересираните компании присутни на презентацијата беа информирани за условите за аплицирање, како и за можностите за поголема соработка помеѓу бизнисот и високообразовните и научноистражувачките установи и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. Тања Илијевска, претставник од Фондот за иновации, информираше дека овој инструмент е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друг деловен субјект. Бранислав Марковски од секторот за мониторинг во Фондот истакна дека преку јавниот повик ќе се поддржат проекти до 325.000 евра. Зависно од големината на правното лице апликант максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот е 70% за микро и мали правни лица и 60% за компании со средна големина. Вкупниот буџет за овој повик е пет милиони евра. Времетраењето на проектот може да биде до 24 месеци, а аплицирањето трае заклучно со 15.5.2019 година. Моника Стоичева


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ПРОЕКТИ

КОМПАНИИТЕ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН СЕ ИНФОРМИРАА ЗА ГРАНТОВИТЕ ЗА ИНОВАЦИИ Пред присутните претставници на компании од вардарскиот регион од металната, текстилната индустрија, производството на вино и винова лоза, трговијата, производството на вода, градежништвото и прехранбената индустрија, во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци, беше презентиран Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, информираше дека со ваквата форма на комуникација целта е да се приближат можностите за финансирање до домашните компании. Големиот интерес досега за програмите говори за потребите за свежи средства во економијата, но и за довербата што фирмите ја имаат кон процедурите што ги развива Фондот. Директорот Деспотовски посочи дека очекува успешен повик и голем број квалитетни инвестициски планови. Целта на инструментот за комерцијализација на иновации е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации. Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се` до преткомерцијална (претпазарна) фаза. Јавниот повик, како што информираше директорот на Фондот, Јован Деспотовски, се однесува на кофинансирање на предлог-проекти до максимален износ на финансиска поддршка од страна на Фондот до 325.000 евра и зависно од големината на правниот субјект ќе се поддржи 60%, односно 70% од проектот. Пред присутните компании беа презентирани и успешно имплементирани проекти кои добиле средства од претходниот повик. Во таа насока, „Хемија комерц“


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

7

БИЗНИС ПРОЕКТИ

како компанија која веќе аплицирала на првиот повик и е во фаза на имплементација на проект од Фондот за иновации со претставниците на бизнис секторот го сподели своето искуство од фазата на аплицирање. -Искуството кое компаниите ќе го стекнат во подготовка на апликациите треба да им помогне на компаниите да стекнат искуство за аплицирање на поголеми фондови кои ќе им бидат на располагање на компаниите од страна на Европската комисија во периодот на преговори што следи, - истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, информираше дека на располагање на компаниите им се консултанти кои можат да им помогнат во подготовка на проектните документи, паралелно со поддршката која можат да ја добијат и во Стопанската комора на Македонија. Тања Мицева


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ПРОЕКТИ

ПРЕЗЕНТИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР ВО ШТИП Во соработка со Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Царинската управа ја презентираше Програмата за Овластен економски оператор пред компаниите - членки на Комората и пред студентите на Економскиот факултет. Потпретседателката на Регионалната комора со седиште во Штип, Весна Миладинова, посочи дека преку оваа форма на континуирана соработка со Царинската управа може да се очекува во идниот период компаниите преку примена на новитетите да се приближат и да го хармонизираат своето работење во согласност со последните законски решенија усогласени со законодавството на Европската унија. Пред присутните членки свое излагање имаше Билјана Гаџовска од Царинската управа, која ја презентираше Програмата за овластен економски оператор (ОЕО) чија имплементација е во согласност со последните законски решенија хармонизирани со законодавството на Европската унија. При тоа, беше истакнато дека целта е да се промовира концептот на овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори како меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во земјата (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царинската управа, во таа насока силно ги охрабрува домашните економски оператори, да се стекнат со статус на овластен економски оператор, за да можат да се вклучат во глобалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да добијат меѓународно признавање. Од Царинската управа информираа дека заинтересирани компании имаат можност да се обратат и директно до Управата за дополнителни информации и образложенија со цел примената на концептот на ОЕО значително да придонесе кон поедноставување и забрзување на царинските постапки и олеснување на трговијата, за имплементирање на истиот во што поголем број кај компаниите. Моника Стоичева


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

9

БИЗНИС ПРОЕКТИ

МОДЕЛИРАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ГРАДБА –ТРЕНД ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО – „ТРАИНЕЕ“ ПРОЕКТ Подобрувањето на вештините на градежниот сектор за градење енергетски ефикасни објекти е еден од приоритетите во рамките на Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (ТРАИНЕЕ), кој е дел од повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017, од Програмата „Хоризонт 2020“. Во таа насока, во Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИННО ФЕИТ, се одржаа две работилници за промоција на БИМ моделирање, кои беа поделени на две сесии: прва фаза на проектирање на објект, фаза на градење и оперативна фаза. БИМ моделирањето на информациите за градба е концепт кој е тренд во градежништвото и подразбира генерирање и управување на дигиталната претстава на физичките и функционалните карактеристики на градбата. БИМ моделот ги содржи сите информации за градежната структура - нејзиниот дизајн, процесот на градење и оперативната фаза. Овој модел содржи илјадници складирани податоци поврзани со градбата, од најмалата навртка или завртка, до најголемиот бетонски столб во градбата. На интерактивните работилници кои беа придружени со реални студии на случај, учесниците имаа можност да се запознаат со техниките за користење на информации за градбите со примена на БИМ моделот и различните улоги на БИМ професионалците кои го користат истиот. Исто така, присутните учесници имаа можност да го погледнат БИМ Проектот и на најдобар начин да го осознаат видот и обемот на податоци што тој ги содржи, можностите што тој ги нуди и генерирање на 3Д документи од плановите за изведба. Настанот го отвори Јадранка Аризанковска, координатор на Проектот „ТРАИНЕЕ“, од


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ФОРУМ Стопанската комора на Македонија, која даде информации за процесот и напредокот во спроведувањето на активностите на Проектот „ТРАИНЕЕ“. Активностите во рамките на Проектот се планирани во повеќе области со цел подигање на конкурентноста на македонските компании од градежниот сектор. Ристо Иванов, претседател на Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, ги претстави алатките за зголемување на видливоста на Проектот „ТРАИНЕЕ“ и видливоста на активностите преку претставување на стратегијата на Проектот за да се видат и да се усогласат очекувањата и целите на Проектот. Игнаси Перез Арнал од ВИТС Институтот БИМ Академија од Шпанија, партнер за обука и истражување за билдинг СМАРТ Шпанија, даде краток осврт за важноста на БИМ од почетната фаза на дизајнирање на проектот, улогата на визуелизација во интеракција со клиентот до склучување договор. На работилницата присуствуваа над 50-тина претставници на градежни компании, инженери, архитекти, инвеститори, изведувачи и претставници од јавната администрација, кои преку предавањата и презентациите од страна на БИМ-експертите од Шпанија, Словенија и од Словачка се запознаа со процесот на БИМ-алатката и придобивките од нејзиното користење при проектирање, изведба и одржување објекти. Со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на БИМ-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, се спроведува со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на БИМ-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење. Проектот „ТРАИНЕЕ“ е дел од повикот за енергетска ефикасност 2014-2016, Програма „Хоризонт 2020“ и се спроведува од Стопанската комора на Македонија како координатор во партнерство со: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) - Академијата БИМ од Шпанија. м-р Ивана Крстевска


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

11

РАБОТНА СРЕДБА

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА МНР НА ГРЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНИ И ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ ВО ПОСЕТА НА КОМОРАТА Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Грција за меѓународни и економски односи, Јоанис Брахос, во придружба на амбасадорот на Грција во нашата земја, Димитрис Јанакис, денеска во Стопанската комора на Македонија оствари средба со претседавачот на Собранието на Комората, Антони Пешев. Во фокусот на дискусијата беше залагањето за продолжување на позитивниот дијалог и политика на отворени врати во насока за постигнување повисок степен на трговска соработка помеѓу нашите две економии. Стана збор и за заедничките комитети кои треба да се воспостават согласно Преспанскиот договор, а кои таргетираат одредени области кои се од меѓусебен заеднички економски интерес. -Клучни прашања кои ги тангираат нашите компании - членки се однесуваат на условите кои ги нуди новиот менаџмент на Солунското пристаниште, како и комплетирање и заокружување на процесот на нафтоводот и негово ставање во функција, а со цел натамошно градење на конкурентска предност на нашето стопанство, потенцираше Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија. На средбата се истакнаа и се` поголемите заложби за одржување редовни деловни средби помеѓу бизнис заедиците од двете земји, кои може да се очекува дека ќе се интензивираат во периодот кој следи. Инаку, Република Грција е втор трговски партнер на нашата земја, со остварена вкупна трговска размена во 2018 година од скоро 1 милијарда САД долари и зголемување од 20,7% во однос на 2017 година и е еден од најзначајните инвеститори во земјава, при што ако се следат тековите на странските директни инвестиции од 1997 до 2018 година, во континуитет има инвестирано 500 милиони евра. Игор Тасевски


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ) ДОГОВОРИ АКТИВНОСТИ ЗА ОЛЕСНЕТА ТРГОВИЈА И ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНОТ На седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) во Трст, беше дефиниран акцискиот план за реализација на учеството на деловната заедница од регионот на претстојниот Самит за Западен Балкан, којшто во рамките на Берлинскиот процес, оваа година, ќе се одржи во јули во Познањ, Полска. -На Самитот во Познањ, во рамките на бизнис форумот на којшто учество ќе учествуваат 30-те најголеми компании од регионот, по 5 од секоја од државите од Западен Балкан, како и претставници на најголемите корпорации од Европската унија, вклучувајќи повеќе од 50 германски и австриски компании, планираме да ја лансираме платформата за дијалог помеѓу деловната заедница од регионот на Западен Балкан со институциите на ЕУ кои се надлежни за политиките и прописите кои се однесуваат на деловното опкружување, - изјави Марко Чадеж, претседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Србија.

Во рамките на платформата ќе се решаваат сите прашања од значење за стопанството, како што се олеснување на трговијата, унапредување на конкурентноста на економиите од регионот, скратување на траењето на прекуграничните процедури, како и подобрување на


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

13

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ пристапот до финансии. На состанок во Трст беше договорено во пресрет на Самитот во Познањ, во партнерство со „Financial Times“, кон крајот на јуни во Лондон да се организира бизнис форум на кој пред меѓународната инвестициска заедница регионот на Западен Балкан ќе биде претставен како единствена инвестициска дестинација и ќе бидат презентирани можностите за водење бизнис и за инвестирање во регионот. Членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) разговараа и за производите и услугите кои КИФ ќе ги понуди за компаниите кои работат регионално. -Во насока на развивање нови производи и услуги на КИФ, договорено е да се работи на воспоставување заедничка регионална арбитражна институција, воспоставување заеднички кредитни бироа, како и воспоставување министерства за регионална соработка во рамките на владите во секоја од земјите на Западен Балкан, - посочи Бранко Азески, заменикпретседател на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Македонија. Пред започнувањето на седницата беше реализирана работна средба со генералниот секретар на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, како и со претставници на ГИЗ (Германското здружение за меѓународна соработка), на која беше договорено да биде потпишан заеднички меморандум за соработка меѓу трите институции, во насока на спроведување заеднички активности за усогласување на придружната документација за прекугранично движење на стоките, заемно признавање на ветеринарните и фитосанитарните сертификати и креирање единствени точки за поддршка на компаниите кои сакаат да станат овластени економски оператори, со што значително би се забрзала регионалната размена. КИФ ќе обезбеди целосна поддршка во примената на договорените решенија и во организацијата на состаноци на компаниите од регионот со претставници на царинските служби од сите земји од регионот на Западен Балкан. Истовремено, КИФ ќе се залага за прифаќање на нов пристап кон функционирањето на ЦЕФТА-Договорот и воспоставување на принципот на одговорност во ситуациите на постоење прекршувања на спогодбата со воведување на нетарифни бариери. Чадеж и Азески по завршувањето на седницата во Трст, во Љубљана реализираа и работна средба со Блаж Бродњак, генерален директор на НЛБ Групацијата, на која беше разговарано за соработката која се воспоставува, која ќе овозможи НЛБ Групацијата, како водечка финансиска групација во регионот, која има свои подружници во пет од шесте држави од регионот на Западен Балкан, да обезбедува поповолни услови за користење на финансиските услуги за компаниите кои работат регионално, или за две или повеќе компании од регионот кои заеднички настапуваат на трети пазари. За таа цел, во идниот период ќе биде потпишан заеднички меморандум за соработка. д-р Татјана Штерјова


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРЕДЛОГ-ТАРИФНИКОТ ЗА НАДОМЕСТОЦИТЕ ЗА ДОЗВОЛИ, КОНЦЕСИИ ЗА ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ Во Стопанската комора на Македонија на 23.4.2019 година се одржа работна средба на компаниите - членки на Комората кои вршат дејности од областа на геолошките истражувања и експлоатацијата на минерални суровини со претставници на Секторот за минерални суровини при Министерството за економија, на која се разгледуваше Предлог-тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи, концесии за детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини.

Претседателот на Македонската асоцијација на рударството (МАР), Николајчо Николов, кој ја водеше работната средба, истакна дека на средбата се присутни компании - членки на Комората од повеќе сектори, меѓутоа измените предвидени со Предлог-тарифникот се од заеднички интерес и го засегаат работењето на сите присутни компании. -Целта на средбата е тие да ги презентираат своите забелешки и коментари по текстот на Предлогтарифникот пред претставниците на Министерството за економија и да се отвори дискусија за предложените решенија во врска со концесиските надоместоци, - посочи Николов.


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

15

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВОТО Претставниците на Министерството за економија информираа дека Тарифникот подолг период нема претрпено измени во однос на надоместоците за издавање дозволи за концесии за детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, како и дека предложените надоместоци се дадени по претходно спроведена компаративна анализа за висината на концесиските надоместоци за експлоатација на минерални суровини во земјите од регионот и Европа. Во таа насока, со Предлог-тарифникот се предлага зголемување за сите видови надоместоци во висина од 50% од стариот износ, освен за металичните минерални суровини каде зголемувањето изнесува 75%.

Во рамки на заклучоците од средбата, беше истакнато дека при измената на Тарифникот и зголемување на концесиските надоместоци, потребно е Министерството да ги земе предвид целокупните услови за стопанисување во земјата, импликациите на предложените решенија врз работењето на деловните субјекти, како и врз привлекувањето на потенцијалните инвеститори од наведените дејности. Во таа насока компаниите посочија дека е потребно пред изменување на Тарифникот, Министерството уште еднаш да ги разгледа наведените прашања и да ги преиспита предложените износи на надоместоците, а коментарите и забелешките на компаниите разгледани на денешната средба ќе бидат сумирани и доставени до Министерството. м-р Нена Николовска


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

ИНИЦИЈАТИВИ

КОМОРАTA СЕ ВКЛУЧИ ВО АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ Стопанската комора на Македонија, како општествено одговорна асоцијација, активно се вклучи во масовната акција за чистење на диви депонии во Скопје, која денес ја организираше Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ - Скопје и Град Скопје. Тоа е само една од бројните активности кои Стопанската комора на Македонија, заедно со компаниите - членки, ги поддржува со цел подигнување на јавната свест за негување на концептот на корпоративна општествена одговорност, посебно во делот на заштитата на животната средина и директен придонес за подобрување на пошироката општествена средина. -Целта на акцијата е потсетување за штетноста од несовесното постапување со отпадот и создавање диви депонии, - истакна директорот на ЈП „Комунална Хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани. -Европските вредности кои ни се главна задача да ги промовираме треба да се насочат на секое поле, а едно од нив се и еколошките аспекти каде треба да ги решиме и реалните проблеми на граѓаните, - истакна вицепремиерот за економски прашања, Бујар Османи. Според статистичките податоци кои ги истакна градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов, во 2018 година еден граѓанин произвел 8 проценти повеќе отпад во однос на 2017 година. Оттука, градот спроведе неопходни постапки како набавка на нови контејнери со поголем капацитет од 3,2 литри, нови возила, како и нови корпи за отпад. Стопанската комора на Македонија со примена на таканаречениот „Модел на создавање заеднички вредности“ гради нова стратегија, со цел своите активности и во наредниот период да ги фокусира кон градење профитабилни и конкурентни бизниси, вклучувајќи го и општествено одговорното работење како дел од нивната секојдневна корпоративна стратегија. Тоа е императив за опстанок на пазарот, од една страна, но и активен придонес за подобрување на благосостојбата на разните интересни групи во општеството, од друга страна. Игор Тасевски


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

17

ИНИЦИЈАТИВИ

ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ ЗА НАТПРЕВАРОТ „ЛИДЕР НА СТРУКА“


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

ИНИЦИЈАТИВИ

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПРОМОЦИЈА НА ЗАНИМАЊАТА ЗА КВАЛИТЕТЕН СТРУЧЕН КАДАР На иницијатива на Стопанската комора на Македонија, а поддржано од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, се одржа работилница на тема: „Предизвици за подобрување на имплементацијата на дуалното образование (споделување искуства)“. На работилницата, покрај претставници од Комората како партнер од бизнис секторот во Проектот„Е4Е“, присуствуваа и претставници од Центарот за стручно образование и обука, средни стручни училишта и компании кои имаат започнато активности во областа на учење преку работа на самото работно место или пак своите следни активности ги насочуваат кон соработка со средните стручни училишта по принципот на јавно-приватно партнерство. М-р Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, пред присутните ја презентираше потребата преку ваков тип работилници да се поврзат на едно место оние образовни институции каде се креира идната работна сила и бизнис секторот кој има потреба од квалификувани работници. Вака организираните настани врз основа на споделените искуства, како што посочи Јаневска, ќе бидат основ за одржување работилници на регионално ниво, по сектори. -Досегашните ангажмани беа насочени кон учењето преку работа, каде се’уште функционира предметно-часовен систем, кој во себе вклучува елементи на дуално образование, но самиот по себе не претставува дуално образование, - посочи м-р Зоран Јовчевски, советник во Центарот за стручно образование и обука. Имено, дуалното образование не е само зголемување на фондот на часови по практична настава, туку концепт на соработка помеѓу компаниите и стручните училишта во облик на јавно приватно партнерство со учество на бизнис секторот во развивање на образовната програма, изведување на образовниот процес и трансфер на стручните компетенции на учениците. - Потребата од соработка на стручните училишта со компаниите е повеќе од нужна, но сериозен проблем е што училиштата не располагаат со соодветна опрема, што упатува на предизвикот дуалното образование да се уреди со посебен закон. Од следната 2019-2020 година, феријалната практика ќе стане задолжителна за сите сектори и преку овој модел до 8.000 ученици од стручните училишта ќе може да се вклучат во практична настава, за што преку Проектот „Е4Е“ е изработено и упатство за феријална практика, - додаде Јовчевски. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска, посочи дека Комората и нејзините членки го поддржуваат дуалното образование,


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

19

ИНИЦИЈАТИВИ разбирајќи ја потребата ученикот да реализира практична обука кај работодавач, како една од можностите за воспоставување рамнотежа помеѓу потребите за квалитетна работна сила на пазарот на труд и оспособените и лесно вработливи стручни кадри кои излегуваат од образовниот систем и пред се`, намалување на невработеноста и подобрување на состојбата во стопанството и економијата. Пред присутните беше споделено искуството на компанијата „ЕВН Македонија“ АД, кои пред 3 години пионерски ја започнаа соработката со СЕУГС„Михајло Пупин“ од Скопје, водени од тешкотиите на долг рок да обезбедат работна сила од профилот на електромонтери, кои претставуваат дури 40% од вкупниот број на вработени во компанијата. За таа цел, пилотнаставата по Програмата „20-20-20“, предвиде поголем процент од наставната програма да се базира на практична обука која се изведува по корисничко енергетските центри на компанијата. - „ЕВН Македонија“ инвестираше и во опремување на училница-лабораторија, лична опрема на учениците, а во тек е и подготовка на полигон во рамки на училиштето каде би се изведувале теренските активности, - информираше Силвана Космач од „ЕВН Македонија“. Согласно овој проект наставата веќе ја следат 33 ученици од втора година и 21 ученик во прва година. Најголемиот предизвик за компанијата е што во 2020 година завршува првата генерација од 20 ученици кои ќе се вработат во компанијата. - Потребата од стручен кадар беше мотив и за вклучување на компанијата „Костал Македонија“ преку свој придонес да се вклучи во изведување на практичниот дел наставата и да обезбеди продуцирање на кадар кој ќе одговара на барањата и потребите на компанијата. За таа цел, во соработка со „ОДВ Електрик“ и „ЛТХ Леарница“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид беше формирана паралелка од 18 ученици кои 1 ден во неделата ќе посетуваат практична настава во една од трите компании, - додаде Нада Мисоска, од„Костал“ Македонија. Концептот на јавно приватно партнерство е применет и во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид каде е запишана паралелка од образовниот профил автомеханичар-мехатроничар. Како проблеми и предизвици за следниот период од страна на директорот на училиштето, Сашо Недески, беа потенцирани законскиот минимум за паралелка од 25 ученици, но и потребата од вклучување на повеќе компании кои се подготвени да го поддржат образовниот процес. Пред присутните, м-р Борис Тримчев го презентираше и Вториот повик од Фондот за можности во рамки на Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“, кој е наменет за понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката. Во рамките на предвидената дискусија помеѓу учесниците беа изнесени неколку заклучоци, а тоа се: потреба од хармонизација на законските регулативи кои се во колизија, потреба од закон за дуално образование како и недостиг од промоција на стручните занимања. Михајло Донев


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

ИНИЦИЈАТИВИ

ИНОВАТИВНИТЕ ГРАНТОВИ ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД БИЗНИСМЕНИТЕ ВО КИЧЕВО Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука во соработка со Стопанската комора на Македонија, одржаа свечена манифестација по повод доделување дипломи за натпреварот „Лидер на струка“. На истата присуствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Центарот за стручно образование и обука, ученици и наставници од средните стручни училишта и компании. На манифестацијата се доделија дипломи на учениците кои покажаа најдобри резултати на натпреварите за избор на најдобар ученик во 9 струки, во рамките на Проектот „Лидер на струка“. Воведен говор на манифестацијата имаше министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми, кој истакна дека е чест да се присуствува на настан за доделување награди на најдобрите кои се иднината и богатсвото на нашата земја. Министерот потенцираше дека стручното образование овозможува квалификации барани на пазарот на труд и брзо вработување, а овој натпревар е можност компаниите да ги изберат најдобрите. - Стручното е иднината, - потенцираше министерот Арбер Адеми и испрати порака до учениците од основните училишта добро да размислат каде ќе го продолжат своето образование. М-р Анета Трајковска, опративен директор во Стопанската комора на Македонија, истакна дека без стручно образование, базирано на знаења, вештини и компетенции, нема развој на економијата, ниту развој на општеството во целина, но поддршката за стручното образование нема да биде целосна без вклученост на Стопанската комора на Македонија која помага во промовирањето на компаниите. Таа ги препознава потребите на работодавачите и ги


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

21

ИНИЦИЈАТИВИ поврзува со училиштата, од каде што, преку практичната обука на учениците во компаниите, тие можат да го препознаат и да го обезбедат потенцијалниот кадар за вработување. - И, токму затоа, посебно е задоволството што оваа манифестација, за избор на најдобриот во својата сфера на интерес за стекнување квалификации „Лидер на струка“, се одржува во Стопанската комора на Македонија. Стопанската комора е алката која ги поврзува образованието и компаниите, а денес на едно место се собрани сите чинители потребни за развој на општеството, - истакна м-р Анета Трајковска. Таа потенцираше дека од резултатите на натпреварот имаат сите придбивка. За учениците тоа е настан каде ги покажале своите стручни вештини и практично го примениле теоретското знење, но истовремено го стимулирале и својот претприемничкиот дух, самостојност и креативност, за компаниите - потенцијал за вработливост во нивните компании, додека за родителите на учениците можност да ги видат способностите и амбициите на нивните деца кои ќе им овозможат квалитетна и сигурна иднина. - Стручното е клучно, - беа завршните зборови на м-р Анета Трајковска. - Крај на убав почеток, крај на активностите на натпреварот, но и почеток на патот на учениците кои во образованието се стекнале со соодветни знаења, вештини и компетенции, напомена Ајше Селмани, директорка на Центарот за стручно образование и обука. Учесниците во натпреварот имаат голем ентузијазам и посветеност што резултираше со називот „Лидер на струка“. - Натпреварот е можност да ги покажеме знаењата и вештините кои ги стекнале во текот на своето стручно образование и да бидеме чекор напред пред другите ученици во применливост на стекнатите знаења, - истакна ученикот Хари Димески од СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп, лидер во хемиско-технолошката струка. Дипломи за најдобрите ученици - лидери на струка беа доделени на: - Никола Индовски во електротехничката струка, - Хари Димески во хемиско-технолошката струка, - Адриан Тасески во машинската струка, - Мирјана Милеска во сообраќајната струка, - Адријан Ѓорѓиев во земјоделско-ветеринарната струка, - Татјана Давидивска во угостителско-туроистичката струка, - Лабинер Небиу во текстилно-кожарската струка, - Стефан Маринчевски во економско-правната струка и - Ермира Муртезани во струката лични услуги. Дипломите претставуваат клучот за полесна вработливост во иднина и професионален развој. м-р Наташа Јаневска


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

ПРАЗНИЦИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА М-р Зоран Јовановски Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања

Време е на празници. Неработни денови се Велики Петок, па понеделникот после Велигден, па среда Први мај, а за многумина и вторникот помеѓу нив, како делче што ја спојува низата. Ова е убаво време, можност за одмор на вработените и за дружење со семејствата, со пријателите. Патем, сите овие денови се денови на платено отсуство од работа. Но, убавите празнични денови некому му носат и по некоја главоболка. На пример, како да го организирате бизнисот ако сте менаџер и се соочувате со ситуација во која, во две седмици, од десет работни денови три стануваат неработни, а треба да одлучите и за тој едниот помеѓу нив, дали да работите или да го споите со другите неработни денови. Менаџерот треба да донесе одлуки и да најде решенија за организација на производствениот процес, за ангажманот на работната сила, кој кога и колку евентуално ќе работи, како и за паричните текови на фирмата. Празниците се празници, ама бизнисот е бизнис. Празниците, како неработни денови, имаат свој одраз на перформансите на економијата. Тие предизвикуваат одредена загуба, но носат и корист. На пример, празниците предизвикуваат прекин на производството, односно на активностите на фирмата. Помалиот број работни денови води до помало производство, помала додадена вредност на економијата, помал економски раст. Понатаму, празниците предизвикуваат зголемени трошоци на фирмите за работната сила. Во денови на празник работат трговските фирми и работниците продавачи треба да бидат платени повеќе кога работат во такви денови.


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

23

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР Од друга страна, празниците, како неработни денови, носат и одредена корист за економијата. Така, во деновите на празници населението има повеќе време за купување, па се зголемува личната потрошувачка. Исто така, расте и потрошувачката за услуги во туризмот. За економијата корист носи и фактот дека работната сила има повеќе време да се одмори. Тоа овозможува човечкиот капитал да има зголемена креативност, што води кон иновации и повисока продуктивност. Важен елемент во оваа приказна е бројот на неработни денови по основ на празници во текот на годината. Како стои нашата земја во тој поглед? Ако се земе збирот на државни и верски празници, ние имаме најголем број неработни денови по основ на празници од сите земји во регионот на Западен Балкан. На пример, во 2019 година Косово и БиХ имаат 9 неработни денови, Црна Гора 11, Албанија 12 и Србија 15 денови. Истовремено, вработените во нашата земја, оние од православна вероисповест, имаат 16 неработни денови по основ на празници. Ако се земе предвид фактот дека од 2001 година наваму економиите на земјите од Западен Балкан (без нашата) во просек растеле за 0,9 процентни поени годишно повеќе во споредба со македонската економија, тогаш саркастично погледнато, се поставува прашањето како овие земји со помалку одморена работна сила имаа повисок раст? Но, не е само бројот на неработни денови по основ на празници фактор што влијае врз перформансите на економијата. Одредени економски истражувања покажуваат дека она што е исто толку важно како и бројот на неработни денови по основ на празници, е предвидливоста на празниците. Тоа значи празниците да не се обзнануваат во последен момент, туку да се знаат однапред уште на почетокот на календарската година. Во тој поглед, бизнис секторот во земјава ужива задоволителна предвидливост.


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ д-р Елена Милевска Штрбевска Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања Една од клучните иницијативи, коja Стопанската комора на Македонија ја покрена за прв пат пред 5 години, а ќе продолжи да ја актуализира и во наредниот период пред носителите на државната власт, е иницијативата за воведувањето на холдингот во македонското законодавство, како форма на поврзување на компаниите за подобри деловни резултати. Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 117-та седница одржана на 29.01.2019 година, со кој се задолжи Министерството за економија да пристапи кон измени на Законот за трговски друштва и да ја вклучи Стопанската комора на Македонија во работната група за измените на Законот, токму во делот што се однесува на можноста за воведување на холдингот, претставува своевидна потврда на оправданите барања на бизнис заедницата за законско нормирање на ова значајно прашање. Имајќи ја предвид потребата ефикасно да се придонесе во согледувањето на компаративните искуства по прашањето на холдингот и да се предложи најдоброто законско решение, Стопанската комора на Македонија, на барање на Министерството за економија, делегираше свои претставници во работната група за подготовка на измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва, кои се однесуваат на прашањата за прекуграничните спојувања на друштва, како и законско нормирање на холдингот. На наше големо изненадување, после неколку средби на работната група и дискусија околу предлогрешенијата, Министерството за економија одлучи регулирањето на прашањето за холдингот да го одложи до следните измени на Законот за трговски друштва и го објави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва на ЕНЕР, во кој прашањето за холдингот не е предмет на уредување. Стопанската комора на Македонија понуди и финансиска поддршка за дополнителна експертска помош во изготвувањето на предлог-решение за уредување на холдингот во Законот за трговските друштва, но, за жал, ова прашање повторно се заобиколи и се остави на уредување за некој следен пат. Останува да се надеваме дека и тогаш, работната група нема да биде формирана за да не се заврши работата. Да не зборуваме за постојаното префрлање на работата по ова прашање од едно на друго министерство, во смисла кој прв треба да се ја заврши работата во својот дел. Имено, кога Комората во 2017 година, на барање на бизнис заедницата, повторно го актуализираше прашањето за холдингот, во поднесената Иницијатива


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

25

НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР за законско нормирање на холдинг друштвата, преку уредување на даночен режим приспособен на специфичностите на нивното функционирање, ги образложи причините за таквото барање, при што наведе дека ова прашање треба да се уреди, како во Законот за трговски друштва, така и во даночната регулатива, за што соодветно својата надлежност ја имаат Министерството за економија и Министерството за финансии. Од Министерството за финансии, очекувано, добивме одговор дека холдингот како посебна форма на поврзани друштва прво треба да биде уредено со Законот за трговски друштва, за да може потоа да се пристапи и кон прашањето за даночниот третман на холдингот и да се предвидат, како што е наведено, даночните ослободувања согласно Законот за данокот на добивка. Веднаш потоа, Министерството за економија, во официјалниот одговор, наведе дека Информацијата која била изготвена и доставена до Владата околу формирање работна група за пристапување кон уредување на ова прашање, била разгледана на 94 седница на Владата одржана на 15.02.2017 година, но дека потоа Секретаријатот за законодавство, со своето мислење во делот на предложените заклучоци создал забуна, затоа што различно биле толкувани заклучоците, поради што од Министерството за економија до Владата била доставена „информација од информативен карактер, без заклучоци“, која поради тоа што не била потпишана од министерот, не можела да се проследи до Владата и така, по однос на ова прашање, како што се вели во дописот, од страна на Министерството за економија, не се спроведени дополнителни активности. Иако мошне збунувачки, официјалните одговори од надлежните институции, не не` поколебаа, како Комора, да продолжиме со застапување на интересите на нашите членки, што е наша должност согласно закон и статут и можам да констатирам дека нашите напори не беа залудни, бидејќи дури после 2 години од поднесувањето на иницијативата, конечно се пристапи кон формирање на работната група и тоа, сепак, влеа надеж дека работата конечно ќе тргне. И, пак не се заврши... но следниот пат, крајно време е да се заврши. Не ни преостанува ништо друго, освен да бидеме истрајни во барањата за реализација на нашите иницијативи. На крајот, само ќе споменам дека поминаа 5 години од неприфаќањето на Иницијативата, и покрај реалните потреби за законско нормирање на холдингот во Законот за трговски друштв а, како основа за натамошни измени во даночната регулатива, како потреба на современите бизнисмени кои имаат желба да ги направат уште поуспешни и потранспарентни своите бизниси, да овозможат повеќе вработувања во своите поврзани субјекти, повеќе инвестиции, развој, иновации и проширување на дејностите, а за сметка на тоа да добијат и определени даночни олеснувања кои ќе го поттикнат нивното натамошно успешно дејствување. Зошто детално го образложив патот од иницијативата до нејзината (не)реализација? Сигурно не за да ги критикуваме или напаѓаме државните органи и институции за нивната лежерност, неефикасност или бирократизираност; секако не и за да привлечеме внимание или за да бидеме интересни; секако не и за да се пофалиме колку и како ние сме ги согледале состојбите... Нашата цел не е тоа... Нашата цел е согледувајќи ги состојбите, да бидеме активен чинител во подобрувањето на економските текови во државата, во подобрувањето на условите за водење бизнис, во зголемување на економскиот раст, во работа на подобрување на инфраструктурата, инвестициите и извозот. А како ќе бидеме активен чинител? Со предлагање конкретни иницијативи, како оваа, наместо критикување, со директно учество во сите процеси кои го засегаат бизнисот наместо набљудување, со вклученост во креирањето стратегии и политики кои се клучни за поттикнување на економскиот раст, наместо со давање забелешки на истите... Комората е веќе подготвена за тоа со умствен, кадровски и административно-логистички капацитет. Но за да се постигне сето тоа, не треба само Комората да биде подготвена, туку и институциите на системот треба да и ` овозможат на Комората да биде тоа што и доликува - гласот на бизнис-заедницата која е значаен фактор во создавањето на БДП, во плаќањето на даноците, во вработувањето и создавањето нови работни места, и воопшто во севкупниот економски живот.


26

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 26 април 2019, Бр. 393


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

27

НОВИ ПРОПИСИ 19.04.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ Според известувањето на Министерството за финансии, со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови се врши доусогласување со Директивата 2009/65/ЕУ за Друштва за колективно инвестирање во преносливи хартии од вредност. Измените и дополнувањата на Законот имаат за цел олеснување на условите за основање и работење на инвестициските фондови, зајакнување на заштитата на интересите на инвеститорите, уредување на постапките за статусни промени на инвестициските фондови, отварање на филијали и пренос на управувањето со инвестицискиот фонд на друго друштво за управување и воведување на нови видови инвестициски фондови - главен фонд и фонд напојувач, при што фондот напојувач да може да инвестира 85% од прибраните средства во друг фонд – главен фонд. Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


28

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 26 април 2019, Бр. 393

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 26 април 2019, Бр. 393

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

29


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 14.05.2019 Бизнис средби Меѓународен саем за земјоделство, Нови Сад

Бизнис средби „AgroB2B@NSFair“

Enterprise Europe Network Македонија и Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери на Меѓународниот брокерски настан „AgroB2B@NSFair“, кој ќе се одржи на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, на 14 мај 2019 година. Главни сектори на настанот се: * производители на храна и пијалаци и трговци; * машини за земјоделство и опрема; * хемиски производи за земјоделство; * пакување; * обновлива енергија; * обработка и опрема за стаклена градина; * применета наука и истражување; * иновативни технологии во земјоделството. AgroB2B Зошто да учествувате? Меѓународните брокерски настани обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите со цел да најдат меѓународни партнери. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа ќе се објави распоред на состаноци што ќе се одвиваат на одредено место и точно определено време. Секој учесник добива своја лична листа најмалку еден ден пред настанот. Учеството во „AgroB2B@NSFair“ Б2Б бизнис средбите е бесплатно. Пријавете се на: http://agrob2b2019.talkb2b.net/


Петок, 26 април 2019, Бр. 393

БИЗНИС ИНФО

31

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

4-5 јуни 2019 година, Виена, Австрија

Конференција и деловни средби „FUTURE OF BUILDING“

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 4-5 јуни 2019 година, во Виена, Австрија. Учесниците на Конференцијата ќе имаат единствена можност, преку различни предавања, панел-дискусии, работилници и други активности да се запознаат со најновите технологии за иновативни решенија и идни трендови во следниве области на градежништвото: - модерно урбанистичко планирање (Smart City-Виена); - интелигентни згради; - нови градежни методи и роботика; - нови градежни материјали / компоненти и склопови; - енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи); - одржлива и зелена зграда; - градежна конструкција; - природни материјали со нулта емисија; - патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура; - интелигентна и домашна автоматизација; - дигитализација BIM и VR; - модерно реновирање на градот; - социјално и достапно домување. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористите можноста да остварите директни средби со над повеќе од 60 австриски фирми и 300 интернационални фирми, поврзување со повеќе од 600 учесници од 50 земји и организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни објекти во Виена. Во прилог се програмата и дополнителни информации за настанот, а следниот линк ве води директно на веб-страната на настанот каде можете електронски да се регистрирате: https://buildings2019.b2match.io/home, почнувајќи од 18.3.2019 година.


32

БИЗНИС ИНФО

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

33


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 26 април 2019, Бр. 393

T

15

34

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.