БИЗНИС ИНФО
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
bsi.
ISO 9001
goodini
Quality Management
192
2 - 2016
FS 549642
БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
Број 268
www.mchamber.mk
26.5.2016
НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ ЗА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ И НИВНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ, КВАЛИТЕТОТ И ДОСТАПНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДОБАВУВАЧИ И ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ Македонско словенечки бизнис средби
ЈАКНЕЊЕ НА ИЗВОЗОТ И СЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ И СЛОВЕНЕЧКИТЕ КОМПАНИИ
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
2
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
БРИЛИЈАНТЕН Покровител
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
СИЛВЕР Покровители
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
WUDQVSRUW FRPSDQ\
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
3
МЕЃУНАРОДНИ ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
11. МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ
НЕОПХОДНО Е ПОВРЗУВАЊЕ НА ЕКОНОМИИТЕ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО УСЛОВИ НА ЗАСИЛЕНИ ГЛОБАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, учествуваше на 11. Меѓународен симпозиум за корпоративно управување, што се одржа во Бања Вруќица, БиХ, во чиј фокус беше темата за економиите на малите земји во услови на зголемени глобални предизвици. На симпозиумот посебно се дискутираше за прашањата поврзани со глобалните притисоци и одбранбените механизми на економиите на малите земји, трасформацијата
на регионот од трустна кон атрактивна инвестициска дестинација, приспособеноста на содржината на финансиските извештаи во согласност со потребите на инвеститорите, деловната филозофија како фактор за подобрување на квалитетот на корпоративното управување и други актуелни прашања кои несомнено укажуваат на постоењето на неоткриени можности за глобален раст и позитивни промени кои мора да се искористат во име на иднината на човештвото. Во услови кога живееме во брз, поврзан свет, нашите постојни системи, структури и формални институции веќе не се доволни.
4
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
АКТУЕЛНО Брзо и без никакво предупредување може да се соочиме со итни глобални проблеми. Бариерите меѓу економските и општествените прашања ги снемува. Новата реалност на нашето поврзано општество е дека глобалните, регионалните и индустриските случувања се целосно поврзани. Технолошките револуции го менуваат контекстот за носење одлуки и ги нарушуваат традиционалните процеси на носење одлуки. Денес, за да може да одговори на овие предизвици на светот му е потребно ниво на глобална соработка, што станува се` потешко да се постигне, заради се` поголемата зависност во светот, – истакна претседателот Азески. На сесијата „Деловната филозофија како фактор за зајакнување на квалитетот на корпоративното управување”, м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор
на Стопанската комора на Македонија, го изложи рефератот на тема: „Иницијатива за поврзување на претприемачите од малите земји“. Таа посочи дека во нашите активности мораме да се водиме од помислата дека општествените проблеми не можат да се решаваат рестриктивно и поединечно. Економската иницијатива е многу помоќно оружје во споредба со сите други мерки и активности кои ги преземаат општествените чинители во определени ситуации (ембарга, затворање на границите, блокади, нетарифни бариери итн.). Поради тоа, сите активности треба да се насочат
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
5
МЕЃУНАРОДНИ ПОДВЛЕЧЕНО АКТИВНОСТИ
кон : • обединување на напорите за соработка на претприемачите и малите држави меѓусебно; • дефинирање на предизвиците, решенијата и активностите секогаш во духот на еднаквите можности; • градење на одржливи заедници преку интегриран концепт на состаноци на високо ниво, мрежи за истражување и дигитална соработка; • градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави; • проучување на општествената структура во малите земји заради развој на претприемништвото; • осмислување стратегии за малите држави во глобален контекст; • унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави; • поттикнување на младите претприемачи од малите држави и • претставување на претприемништвото во рамките на локалниот јавен интерес на ист начин како и на глобалниот јавен интерес. М-р Елена Милевска Штрбевска
БИЗНИС ИНФО
6
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
АКТУЕЛНО
Анализа на Советот на странски инвеститори
НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ ЗА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ И НИВНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ, КВАЛИТЕТОТ И ДОСТАПНОСТА НА ЛОКАЛНИТЕ ДОБАВУВАЧИ, И ЗА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ Истражувањето за деловната клима спроведено од страна на Советот на странски инвеститори, беше направено помеѓу 118 компании-членки на Советот, и тоа во периодот март-април 2016 година, пред и за време на актуелните случувања во земјава, што секако се одразија и на очекувањата и оценките на странските инвеститори во земјава. Резултатите од истражувањето беше презентирано од страна на Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, на редовната прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (23.5.2016 година).
Минатата година, 68 отсто од испитаните компании ја оцениле како задоволителна на економски план, а на прашањето какви се очекувањата за наредниот период, 72 отсто одговориле дека нема да има промени, 20 отсто дека очекуваат подобрување, а 8 отсто дека состојбата ќе се влоши.
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
7
ПОДВЛЕЧЕНО АКТУЕЛНО
FOREIGN INVESTORS COUNCIL within Economic Chamber of Macedonia
Сепак, менаџерите се многу пооптимисти кога станува збор за секторите во кои работат, а особено за состојбите во компаниите што ги претставуваат. Така, над половина од анкетираните компании очекуваат дека нивната деловна состојба ќе се подобри, 40 отсто сметаат дека ќе остане иста, а само 4 отсто прогнозираат дека ќе има влошување во споредба со 2015 година. - На прашањето упатено до компаниите кои инвестирале тука, дали повторно би ја одбрале Македонија како земја за нивната инвестиција, 84 отсто од нив дале позитивен одговор, што наведува дека странските компании се генерално задоволни од бизнис-климата во земјава, – истакна Петер. Според оценките за клучните фактори за инвестирање и водење бизнис во земјава, членките на Советот како најглавни ги идентификуваат: квалификуваната работна сила и висината на трошоците за водење бизнис, даночниот систем и ниските даночни стапки, правната сигурност и стабилната деловна клима, геостратегиската позиција на земјата и близината до пазарот на ЕУ, како и политичката и макроекономската стабилност. Во делот на оценката на поединечните услови за водење бизнис, добро се оценети факторите во однос на пазарот на труд: продуктивноста на вработените и нивните квалификации, како и квалитетот и достапноста на локалните добавувачи. Позитивно е оценет и даночниот систем и даночните оптоварувања, но исто така и работата на Агенцијата за катастар на недвижности, Царинската управа и напорите на Владата за привлекување странски инвестиции . Според резултатите од истражувањето, странските инвеститори најмногу се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, работата на Царината и ЕУ-интегративните процеси. Согласно резултатите од анкетата, поголемиот дел од компаниите (68%) сметаат дека непредвидливоста на деловната клима и честото и брзо носење закони без консултација со бизнис-заедницата негативно се одразува на водењето бизнис и го спречува нивното долгорочно планирање. Голем дел од странските инвеститори, односно 84%, сметаат дека пристапувањето на Македонија кон ЕУ значително ќе го унапреди нивното работење во земјава и истовремено повикуваат да се посвети посериозно внимание кон оваа стратешка определба.
БИЗНИС ИНФО
8
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
ЕДУКАЦИЈА
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНА СО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ПРИЗНАТИ ТРЕНИНГПРОГРАМИ ВО СОРАБОТКА СО WIFI Стопанската комора на Македонија во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, лидер во образование и обука, кој овозможува пренос на know-how и ангажира странски експерти со долгогодишно искуство во светот на бизнисот, на 26.5.2016 година започна со обука на првата група учесници, согласно тренинг-програмата на тема „GO - INTERNATIONAL - ТРЕНИНГ ЗА ВАШАТА ЛИДЕРСКА ИДНИНА“.
Тренинг-програмата се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. За време на тренингот се разработуваат модулите: Корпоративни финансии и финансиско известување; Управување со резултати во
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
9
ПОДВЛЕЧЕНО ЕДУКАЦИЈА меѓународните активности и Менаџмент на човечки ресурси и мотивационо лидерство. Методологијата се заснова на индивидуален пристап во текот на обуката, развивање на упатства и насоки за потребите на секој учесник индивидуално, фокусирана на практични примери, дискусии и анализи на специфични студии на случај за време на работилниците во текот на обуката. Програмата се состои од 9 дена обука, со 3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена, кои ќе се реализираат во текот на мај и јуни 2016 година, по коишто следува тестирање. Учесниците кои ќе положат согласно правилата ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат и можност за тридневен престој и учество на деловните средби со компании од нивен интерес, организирани во соработка со Австриската федерална комора во Виена. Првата група која ја следи оваа обука е составена од менаџери од десетина успешни компании од Република Македонија од прехранбената индустрија, фармацевската индустрија, информатичката технологија, трговијата и графичката индустрија. Програмата овозможува надградување на личните вештини, но и вештини потребни за водење бизнис и потребниот know-how за основање и развој на сопствениот бизнис со високо ниво на квалитет. Целта на обуката е на учесниците да им се пренесат знаења како да профитираат на пазарот во услови исполнети со предизвици кои произлегуваат од недостаток на време, знаења, искуства, финансии, стручен кадар и други ресурси. Преку ангажирањето на лиценцирани странски експерти со повеќегодишно искуство, акцентот се дава на пренесување на искуствата како на најефикасен начин да се искористат стратегиските парнерства со цел компаниите да обезбедат повеќе можности, да го развијат својот бизнис и да ги имплементираат иновативните стратегии, како алатки за нивен иден раст и развој. м-р Анета Трајковска
БИЗНИС ИНФО
10
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС СРЕДБИ
ЈАКНЕЊЕ НА ИЗВОЗОТ И СЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНСКИТЕ И СЛОВЕНЕЧКИТЕ КОМПАНИИ Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Македонија и Стопанско-индустриската комора на Словенија организираше деловни средби помеѓу македонски и словенечки компании. На настанот присуствуваа повеќе од 20 македонски компании кои имаа можност да остварат директни контакти и да разменат искуства и идеи за потенцијална понатамошна соработка со словенечки компании.
Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска го отвори настанот, изјавувајќи дека надворешно-трговската размена на двете земји, во последните неколку години се одвива на релативно
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
11
БИЗНИС ПОДВЛЕЧЕНО СРЕДБИ
исто ниво, со мали осцилации како во извозот така и на страната на увозот и покрај потенцијалите на двете страни и присутноста на словенечки инвестиции во Македонија кои во најголем дел се присутни во финансискиот и во осигурителниот сектор, како и во металопреработувачката индустрија. М-р Елена Милевска Штрбевска истакна дека вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Словенија во 2015 година достигнала вредност од 184,6 милиони САД $, што претставува намалување од 14% во однос на 2014 година. При тоа, остварен е извоз од 55,7 милиони САД $ или намалување од 1,7%, додека увозното салдо од 128,9 милиони САД $ бележи пад од 18,45% споредбено со 2014 година, со што дефицитот на македонска страна изнесува 73 милиони САД $. Во првиот квартал од 2016 година има подобри остварувања, имено вкупната размена од 46,3 милиони САД $ е зголемена за 19,7% во однос на истиот период лани. Извозот во вредност од 14,24 милиони САД $ има пораст од 18,65%, додека увозното салдо изнесува 32 милиона САД $ што претставува раст од 20,2%. Согласно структурата на досегашната соработка во извозот и увозот, размената најмногу се заснова на производи од металната и електроиндустријата, секторот на производство на основни метали, хемиската и земјоделско-прехранбената индустрија и постојат реални можности за продлабочување на соработката во овие сектори, главно во остварување на заедничко производство на компании од двете држави кои имаат
12
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС СРЕДБИ компатибилни техничко-технолошки капацитети, заеднички настап на трети пазари, а можна е соработка и во делот на увоз на технологија и земјоделски машини, како и понуда на производи од конзервната индустрија, вино и свежо овошје и зеленчук за потребите на словенечкиот пазар. Оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија истакна дека целта на овие настани е продлабочување на деловните контакти меѓу словенечките и македонските стопанственици. Особено треба да се потенцира фактот дека зајакната меѓусебна комуникација со поврзувањето на заедничките бизнис-интереси на македонските и словенечките компании ќе придонесе во размената на квалитетни бизнис-информации и реализација на плодни заеднички проекти во иднина. Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, господинот Бранко Раковец искажа голема благодарност, посочувајќи дека деловните средби се ефикасни за зацврстување на меѓусебните врски помеѓу компаниите, како и давање
помош на компаниите за изнаоѓање на нови партнери во државите. Тој истакна дека во Република Македонија има голем број словенечки компании, пред се` од областа на енергетиката, туризмот, земјоделието, па дури и науката. Амбасадорот на присутните им порача дека Амбасадата на Р. Словенија секогаш има отворени врати и секогаш е спремна да ги поддржи напорите за подобрување на соработката. Матеј Рогељ, заменик-директор на Дирекцијата за меѓународна соработка
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
13
БИЗНИС СРЕДБИ ПОДВЛЕЧЕНО при Стопанско-индустриската комора на Словенија, посочи дека билатералните средби се главен начин за остварување на нови контакти со партнери за соработка. Тој воедно додаде дека минатата и оваа година во Р. Словенија има подобрување на економската ситуација, и намалување на стапката на невработеноста. Господинот Рогељ ги покани македонските компании сами да се уверат за поволноста на словенечката бизнисклима преку директни средби со компаниите, коишто се најдобро олицетворение на
она што се случува на пазарот. Трајче Андонов, претставник на компанијата „Македонија Трејд“ од Словенија, истакна дека голем период во Словенија главен проблем претставувало влегувањето на големи синџири на маркети и потрошувачите најчесто оделе на опцијата цена пред квалитетот на производот. Тој продолжи дека оваа практика веќе се менува, и дека на пазарот се` повеќе се бараат домашни производи, коишто се препознатливи за потрошувачите. Исто така, тој додаде дека дел од компаниите коишто се присутни на средбите покренале иницијатива за формирање на Здружение на мали трговци, чија главна цел е на пазарот да има што поголема застапеност на добри производи препознатливи за секојдневниот купувач. М-р Сања Николова
БИЗНИС ИНФО
14
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ФОРУМИ
Асоцијација на автомобилската индустрија при Советот на странските инвеститори
РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА „CONNECT&SUPPLY 2016“ ВО НОВИ САД На 24-25 мај 2016 година, во организација на Автомобилскиот кластер на Србија и на Агенцијата за промоција на инвестициите на Војводина –ВИП, во Нови Сад, Република Србија, се одржа Конференција за автомобилската индустрија во Југоисточна Европа „Connect&Supply 2016“. Во фокусот на конференцијата беа темите:„Преглед на автомобилската индустрија - трендови и идни планови на компаниите од овој сектор во Југоисточна Европа“, со посебен акцент на„Предизвиците и можностите за соработка со локалните добавувачи“, како и „Потенцијалите за истражување и развој и иновативните трендови во регионот“.
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
15
БИЗНИС ПОДВЛЕЧЕНО ФОРУМИ
FOREIGN INVESTORS COUNCIL within Economic Chamber of Macedonia
Преку 200 учесници од над 100 компании земаа учество на настанот и имаа можност да остварат билатерални средби со претставници од водечките автомобилски компани како „BMW“, „FIAT“, „Volkswagen“, „Federal Mogul“, „Magna“, „Bosch“ итн. Претставниците на Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странските инвеститори остварија работна средба со директорот на Автомобилскиот кластер на Србија и со дел од учесниците на настанот, при што новите трендови и можностите за соработка со компаниите од Југоисточна Европа ќе ги претстават на компаниите-членки на Асоцијацијата. На оваа меѓународна конференција, како претставник од Македонија, освен Асоцијацијата на автомобилската индустрија, учествуваше и Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Влатко Стојановски
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА
ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ
ШПАРКАСЕ БАНКА ДОБИ СОГЛАСНОСТ ДА СТЕКНЕ АКЦИИ ВО МАКЕДОНСКА БЕРЗА И ЦЕНТРАЛЕН ДЕПОЗИТАР Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија денеска на „Шпаркасе банка” ад Скопје и даде согласност за стекнување квалификувано учество во „Македонска берза” ад Скопје и во „Централниот депозитар за хартии од вредност” ад Скопје, чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од двете акционерски друштва. Како што соопшти по седницата КХВ, согласно одлуката за купување, „Шпаркасе банка” ад Скопје има намера да стекне 278 обични акции од „Македонска берза” ад Скопје што претставува 9,95 проценти од акционерскиот капитал на берзата и 842 обични акции од „Централниот депозитар за хартии од вредност” ад Скопје, односно 14,03 проценти од акционерскиот капитал на депозитарот. КХВ укажува дека доколку „Шпаркасе банка” ад Скопје ја реализира намерата и ги купи акциите, заедно со оние што претходно ги поседува, вкупно би имала 15,97 проценти од акциите на „Македонска берза” ад Скопје и 19,98 проценти од акциите на „Централниот депозитар за хартии од вредност” ад Скопје.
БИЗНИС ИНФО
Бизнис центар за тренинг и оБука Bussines center for traning and education bsi.
ISO 9001
Quality Management
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА FS 549642
Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Founded 1922
Бизнис акаДеМиЈа за контроЛинг МенаЏер настаВна ПрограМа од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија
Уписите се во тек!
БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА
БИЗНИС ИНФО
BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION
bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk
Симона Ристоска Тел. +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk
Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088
Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 мај 2016 година саем во Република Србија
„МИКРО БИЗНИСИ И СЕМЕЈНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ ВО БЕЛГРАД
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Белград, ве поканува да бидете дел од Саемот „Микро бизнис и семејно претприемништво“. Овогодинешната манифестација ќе се одржува во периодот од 26 - 28 мај 2016 година, во Белград, Р. Србија. Првиот саем за „Микро бизниси и семејно претприемништво“ е манифестација која на едно место ќе собере голем број претприемачи кои меѓусебно ќе си ги разменат своите искуства и идеи. Стопанската комора на Македонија за заинтересирани компании обезбени штанд за заедничко учество и ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават, со доставување на пополнетиот пријавен лист најдоцна до 23.5.2016 година (понеделник). Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
20
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 27.5.2016 година (петок) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОДАЖЕН КАНАЛ И КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА
Стопанската комора на Македонија на 27 мај 2016 година, ве поканува на еднодневна обука на тема: Управување со продажен канал и критичко размислување во продажбата. ПРОГРАМА: - Системски дел на продажба; - Канали на продажба и нивно управување; - The Relationship-centric Методологија; - Конверзија на можностите во продажба - Converting opportunities into sales; - Менаџирање на врските со клиентите - Managing relationships; - Воспоставување односи со нови клиенти - Acquiring relationships; - Менаџирање на процесите; - Идентификација на недостатоците во продажбата кај учесниците на работилницата и утврдување на можностите за унапредување на сопствените продажни вештини, како и креирање на акционен план којшто ќе резултира со зголемување на продажбата. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? Обуката е наменетa за раководител на продажба, раководител на комерција, раководител на набавка, вработени во продажба, комерција и набавка. ПРЕДАВАЧ: Јасмина Илиевска, консалтинг менаџер во компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ВО РЕАЛНИОТ СЕКТОР КОИ ЧЕСТО ПОГРЕШНО СЕ ПРИМЕНУВААТ И ПРЕКРШУВААТ И НЕКОИ РАЗЛИКИ ВО ПРАВНИТЕ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР УРЕДЕНИ СО ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ НАСПРОТИ ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
27.5.2016 година(петок) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на IV кат
Стопанската комора на Македонија на 27.5.2016 година организира еднодневен семинар на тема: Правни институти од работните односи во реалниот сектор кои често погрешно се применуваат и прекршуваат , и некои разлики во правните институти од работните односи за вработените во јавниот сектор уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници наспроти Законот за работни односи. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник и - Злате Стојановски, раководител во Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд. Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 26.5.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневен семинар: 1 јуни 2016 година (среда) 10:00-15:00 Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА TУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ И ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ
Поради големиот интерес пројавен од страна на туристичките агенции, како и вршителите на угостителска дејност, а имајќи ги предвид значењeто и важноста при вршењето на инспекцискиот надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора на Македонија на 1 јуни 2016 година (среда), со почеток во 10:00 часот, во сала 1 на V кат ќе организира еднодневен семинар на тема: НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА TУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ И ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ. Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни кои може да се вршители на туристичка дејност, кои се нивните права и обврски, која е постапката за добивање лиценца за вршење туристичка дејност, лиценца за туристички водич, за туристички придружник и во вториот дел кои се вршители на инспекциски надзор, кои се најчестите проблеми со кои се соочуваат вршителите на угостителска дејност. Учесниците на семинарот ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења и да споделат искуства поврзани со најзначајни прашања кои ќе бидат третирани на семинарот и пред се` со практични искуства од работењето на државните пазарни испектори. Целна група: лица вработени во туристичките агенции, хотели, ресторанти и останати угостителски објекти и останати лица кои со секојдневното работење имаат допирни точки со предметната материја.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА СРЕДИНА И РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ОЗНАЧУВАЊЕ НА ИСТАТА
Еднодневен семинар: 2 јуни 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 2 јуни 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА СРЕДИНА И РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА И ОЗНАЧУВАЊЕ НА ИСТАТА („Службен весник на РМ“, бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16). Согласно членовите 33 – 35 од Законот за безбедност и здравје при работа („Сл. весник на РМ“, бр. 92.07), работодавачот е должен да изврши повремени прегледи и испитувања на работното место, околината и средствата за работа. Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 27 мај 2016 година.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 - 8 јуни 2016 година Скопје, Р. Македонија
САЕМ НА ИНДУСТРИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ
Република Македонија, ве поканува да бидете дел од Саемот на индустрија и образование, што ќе се одржи од 7 - 8 јуни 2016 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Примената и користењето на стандардите претставува битен услов за подигање на квалитетот на производите и на услугите, како и за конкурентно и рамноправно учество на македонските стопански субјекти на домашниот, но и на европскиот и на светските пазари. На настанот се очекува присуство на претставници од околу 60 земји и преку 250 претставници на земјите-членки на CEN и CENELEC. Помеѓу учесниците и гостите на Генералното годишно собрание се наоѓаат и директори и еминентни претставници од најголемите европски компании. Во организацијата на овој настан ИСРМ предвиде можност македонските компании и стопански субјекти како и високообразовните институции од државата да ги претстават своите компании, производи, услуги и институции пред ваков европски аудиториум. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 1 јуни 2016 година (среда).
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
25
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
7 јуни 2016 година Стопанска комора на Македонија
МАКЕДОНСКОАВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби. Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Амбасадата на Р. Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со коишто македонските компаниии ќе имаат можност да оставарат директни бизнис-средби од различни области и тоа: • преработка на сурово дрво; • производство на машини и опрема за преработка на помали колични млеко и месо, пред се` наменени за ресторани и кантини; • лечење и рехабилитација на болни лица и старечки домови; • производство на специјализирана козметика; • производство на алати, машини и опрема кои се потребни за производство на технички профили од стандардни материјали како (PVC, WPC, PP, PE, ABS etc.); • снабдување на решенија за електрични спојки, пренос и кондиционирање на енергија, како и на сигнали и податоци во индустриски средини; • производство на теренски возила. Македонско-австриските деловни средби ќе се одржат на 7 јуни 2016 година (вторник), со почеток во 12:30 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
D CE ON IA
M
A
БИЗНИС ИНФО
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
27
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
VII МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА - ММЕ
Од 9 до 12.6.2016 година во Охрид, Република Македонија
Организатори се Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, со поддршка од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија. Конгресот е поддржан од владини институции и од македонската индустрија. Претседателот на Организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски ги повикува авторите од универзитети, истражувачки центри, институти, како и претставници на индустријата да ги пријават своите студии за широкиот спектар на разни теми.
Теми: • Физичка и механичка металургија (PMM); • Екстр активна металургија (ЕМ); • Пластична деформација и обработка на метали (PDMP); • Заварување (W); • Леење на метали (КО); • Electrometallurgy (Е); • Корозија и заштита на метали (CPM); • Процес инженерство и менаџмент (PEM); • Nanomaterial и Нанотехнологија (НН); • Нови и напредни материјали (ДНЗ); • Заштита на животната средина (ЕП); • Минимизирање на отпадот и рециклирање (WMR); • Огноотпорни материјали (РМ); • Образование (EDU).
Котизацијата за конгресот изнесува 100 евра по учесник. Во цената е вклучено: - коктел за добредојде;- претставување документи; - работни материјали и - свечена вечера. Дополнителни информации: cmum16@tmf.ukim.edu.mk www.tmf.ukim.edu.mk/cmum16
Контакт: Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: zorica@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дводневна обука: 7-8 јуни 2016 година ( вториник-среда) 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
МАГAЦИН И ДИСТРИБУЦИЈА
Стопанската комора на Македонија на 7-8 јуни 2016 година организира дводневна обука на тема: МАГИЦИН И ДИСТРИБУЦИЈА. Целта на семинарот е запознавање на учеснците со: - Како поефективно да управуваат со магацинот? - Што е совршена дистрибицја/испорака? - Како да се подобри ажурноста (точноста) на залихите? - Како ефективното водење на магацинот може да помогне за подобрување и зголемување на продажбата, профитот и на готовинскиот ток? - Како да се користи „benchmarking“ во магацин? - Што е „cross dockin“? - Како да се зголеми продуктивноста? - Како ефикасно да се користи повратна логистика? Семинарот е наменет за сите вработени кои се вклучени во магацинско работење и дистрибуција и тоа: - Warehouse менаџерите; - директорите на логистика и набавка; - раководителите во магацините и со логистичката поддршка со претприемачите; - сите оние кои се дел од орагнизацијата и кои сакаат да ја унапредат ефективноста во секторот на магацин, логистика и дистрибуција. Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Аплицирај електронски / on-line Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
29
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
ПРВ ИНТЕР-БАЛКАНСКИ ФОРУМ ВО СОЛУН
На 7 и 8 јули 2016 година во Р. Грција
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Македонија, ве поканува да бидете дел 1. Интер-балкански форум. Овој форум ќе се одржи во периодот од 7 – 8 јули 2016 година, во просториите на саемот HELEXPO во Солун, Р. Грција. Земји-учесниснички на Форумот се: Грција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Романија и Србија. Со оглед на динамичниот развој на индустријата за храна и пијалаци кој води кон подобрување на бизнис-климата, Интер-балканскиот форум ги повикува сите истакнати индивидуалци од светот на политиката и Балканската бизнис-заедница да учествуваат во дебатата, на којашто ќе ги утврдат проблемите со цел да ги подобрат своите уникатни производи кои би отвориле можности за инвестиции. Главен акцент на форумот ќе биде ставена на можностите за инвестирање кои можат да бидат поддржани од меѓугранични партнерства и примена на нови технологии на полето на програмите за рурален развој, државната помош и мерките за финансирање. Теми на коишто ќе се дискутира на Интер-балканскиор форум: • Меѓугранична економска соработка; • Можностите за зголемување на просперитетот и одржливиот развој; • Презентација на секторите за храна и пијалаци од страна на државите учесници и потенцијални можности за инвестиции; • Промоција на истражувања; • Промоција на производи; • Бенифициите на медитеранската храна; • Презентација и проучување на успешни бизнис-идеи; • Проблемите кои го засегаат банкарскиот сектор (програми за финансирање, програми за развој на руралниот сектор, државна помош итн.). Во рамките на Форумот ќе бидат организирани и деловни средби. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Форумот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 10 јуни 2016 година (петок).
Аплицирај електронски / on-line
Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk
30
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Од 26 до 28 август 2016 година во Сиан, НР Кина
САЕМ ЗА БИЗНИС И РЕКРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ 2016 (CXSRITE)
Стопанската комора на Македонија, како и претходните така и оваа година има чест да ве покани да земете учество или да го посетите 3. Интернационален саем за бизнис и рекреативен туризам 2016 (CXSRITE), што ќе се одржи во Сиан, Народна Република Кина. Целта на Саемот е да ги поттикне и да ги продлабочи интернационалните трендови во туризмот, а воедно и да ги промовира некогаш актуелните програми и пакети за патувања по Патот на свилата. Посетителите на Саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во туризмот низ целиот свет преку организирани семинари што детално ќе ги разработат дадените теми. Како и претходните години, така и оваа година на Саемот се очекува да учествуваат повеќе од 500 изложувачи од повеќе од 30 држави, а се очекуваат и над 50.000 посетители од целиот свет. Саемот е наменет за сите компании што се занимаваат со туристичко-угостителска дејност. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество или за посета на Саемот најдоцна до 1.4.2016 година (петок). Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
31
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
„КИНА – ЦИЕ“ - САЕМ ЗА ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА НА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА Стопанската комора на Македонија, во соработка со Меѓународниот изложбен центар „НИНГБО“, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот „Кина ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа. Настанот ќе се одржува во Меѓународниот изложбен центар „Нингбо“, во провинцијата Жеџијанг, НР Кина. „Кина - ЦИЕ“ - Саем за инвестиции и трговија на Централна и Источна Европа е првиот сеопфатен тематски настан што ќе се занимава исклучиво со инвестиции и трговска размена меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Главни организатори на настанот се Министерството за трговија на НР Кина и Владата на провинцијата Жеџијанг, а како коорганизатори се надлежните служби и бироа во рамките на Министерството за трговија, Владата на Нингбо и Министерството за трговија на провинцијата Жеџијанг. Со тема „Промовирање на соработката и заеднички развој”, ЦИЕ Експо оваа година ги постави своите активности во четири групи: • Инвестициски симпозиум во којшто се вклучени владини и коморски претставници; • Саем на којшто ќе бидат претставени
Од 9 до 12 јуни 2016 година во провинција Жеџијанг, Нингбо, НР Кина
повеќе од 3.000 најразлични производи за широка потрошувачка, на површина од над 5.000 м2; • Конференции и форуми - соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 2. Форум на тема: Меѓуопштинска соработка - Кина и земјите од Централна и Источна Европа; Соработка во едукативниот систем и др.; • Културна размена - промоција на туристичката соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа; 3. Светска изложба на фотографии - Како Кина го гледа светот; јазични работилници и др. Како и претходните, така и оваа година, со цел зајакнување на одличната партнерска релација со Саемот „НИНГБО“, Стопанската комора на Македонија обезбедува дополнителни поволности и бенефиции за сите заинтересирани посетители и излагачи на претстојниот настан. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk
32
БИЗНИС ИНФО
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА
Компанија од Хрватска која произведува урбана опрема со вградени фотоволтаични ќелии, бара компании од Р. Македонија за соработка или врз основа на франшиза или дистрибуција на територијата на Македонија. Валидност до 22.7.2016 година. Реномирана компанија од Р. Македонија продава или дава под наем комплет
фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, во која машините се од производителот - фабриката „TPI“ од Монца -Италија. Квалитетот на производот е наменет и за употреба во производство на „Coca-Cola“, „Pepsi Cola“ и други видови газирани сокови. Капацитет на производната линија е cca 1.000 кг / ч готов производ - течен јаглен двеоксид, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во челични боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни секоја од по 50 тони капацитет и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите од 18 -19 тони капацитет, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Оваа наша фабрика за течен CO2 се нуди: 1) да се продаде комплетната опрема, градежниот објект и двата извора (бунари) на вода и пренос на сопствената концесија за земјиштето; 2) да се продаде само опремата за производство, со вклучени две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите; 3) во заедничко производство, со годишен договор за откуп на произведената количина и 4) давање под наем на целиот објект и опремата, за да може наемопримачот
четврток, 26 мај 2016, Бр. 268
БИЗНИС ИНФО
33
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА самиот да произведува течен јаглен двеоксид. Цена по договор. Валидност до 30.6.2016 година. Компанија од Полска која врши преработка на зеленчук (сушен и смрзнат), бара компании од Р. Македонија за соработка и пасман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година. Компанија од Полска која произведува голема палета на производи од компир, бара компании од Р. Македонија за соработка и за пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година.
www.mchamber.mk
Компанија од Полска која преработува компири и произведува готови производи и полупроизводи од компири, бара компании од Р. Македонија за соработа и пласман на своите производи. Валидност до 8.7.2016 година.
Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088