петок, 26 мај 2017, Бр. 309
Број 309
БИЗНИС ИНФО
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот
БИЗНИС ИНФО
bsi.
1
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
www.mchamber.mk
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОРГАНИЗИРАА ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ
26.05.017
2 2
БИЗНИС ИНФО
ПОКРОВИТЕЛИ
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
петок, 26 мај 2017, Бр. 309 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295
НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО
ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES
СТАНДАРД Покровители
ЕЗБЕД ОБ У
B
SE
C
UR
O
НИКО
Б
ЊЕ ВА
СИЛВЕР Покровители
I TY NI
K
НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.
дос тапни насек аде ...
ISO 9001:2015
Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015
Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
3
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА ПЛАТФОРМА НА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ, ПРЕРАБОТУВАЧИТЕ, НАУКАТА И ПОТРОШУВАЧИТЕ ДО ПОГОЛЕМИ ЕФЕКТИ ВО ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА Пад на извозот на храна во првиот квартал годинава регистрира статистиката на Народната банка, а Државниот завод за статистика евидентира пад и на откупот и на продажбата на земјоделски производи. Сето тоа наметнува низа мерки со цел зголемување на производството и неговиот квалитет, како би се избориле со конкуренцијата од регионот, изјави Васко Ристовски, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија, одржана на 22.5.2017 година. Во првите три месеци од годинава од извоз на прехранбени производи остварени се 57,4 милиони евра, што е за 8,7 милиони евра помалку споредено со првиот квартал лани кога извозот на храна изнесувал 66,3 милиони евра. Процентуално гледано извозот е помал за 13,4 отсто. Истовремено, за 10 милиони евра е зголемен увозот на
БИЗНИС ИНФО
4
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА храна во првиот квартал годинава. Увезени се прехранбени производи во вредност од 136,6 милиони евра што е за 8,3 отсто повеќе од претходната година. Дека не му оди на земјоделскиот сектор говорат и податоците на Државниот завод за статистика, според кои во првиот квартал од годината се намалени и откупот и продажбата на земјоделски производи и тоа за 14,2 отсто во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување дури за 30 отсто. Ваквата состојба е резултат на пазарните законитости кои се крајно изменети во последните години во Југоисточна Европа каде што припаѓаме, но и на целокупните состојби во секторот. Лани имавме исклучиво родна година во сите земји од Југоисточна Европа каде што треба пошироко да се гледаме. На пазарот имаше хиперпонуда, а нашето производство кое е мало тешко се пробива во такви услови. Тоа беше причина за намалениот извоз. Таа хиперпонуда исто така имаше влијание голем дел од производите од соседните земји да ги потиснат домашните земјоделски производи и на домашниот пазар. ЦЕФТА-Договорот и сè поголемото внимание што го посветуваат земјите од регионот на производството на храна влијае на состојбите во секторот во земјава. Србија и особено Албанија интензивно работат на зголемување на земјоделското производство под пластеници и на извозот кој најчесто е насочен кон Македонија. Бугарија и Грција, исто така се големи земјоделски производители. Спротивно на овие состојби во соседството кај нас земјоделското производство стагнира и нема некаков напредок во однос на квалитетот и конкурентноста. Лошата земјоделска политика, неправилната распределба на субвенциите влијаат на намалување на земјоделското производство, високите цени на репроматеријалите и несоодветната откупна политика која овозможува откуп по цени под производната цена, влијаат на намалување на производството од година во година. Ваквата политика влијае и на намалување на бројот на млади кои остануваат во земјоделството. Актуелни состојби во производството на органска храна Иако надлежните институции тврдат дека во Македонија има постојано зголемување на производството на органска храна, податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) како да ги демантираат. И покрај големите субвенции за овој земјоделски сектор производителите се жалат на проблеми особено со откупот и пласманот од една страна, како и зголемениот увоз на земјоделски производи од регионот, од друга. Ниската свест во однос на здравата храна и нискиот стандард си го прават своето, па повеќе се гледа цената, а помалку квалитетот. Ова предизвикува проблем за производителите на
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
5
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА органска храна. Ако немаат однапред договорен извоз, она што ќе остане на домашниот пазар најчесто завршува на купче со конвенционалната храна. Сепак, според последните податоци од ДЗС во 2016 година во земјава имало само 3.239 хектари или 0,56% од вкупните обработливи површини со сертификат за органско земјоделство што претставува намалување една половина во однос на 2011 година. Државата дава голема поддршка за органското производство. Тоа во просек добива до 30% повисоки субвенции од примарното производство. Најголема стимулација има за органските градинари – до 70% и за лозарите и овоштарите до 100% повеќе од конвенционалните производители. Половината од трошоците за сертификатот за органски производи ги покрива државата, по 3.500 денари за хектар следуваат и за зеленото ѓубриво. Еден производ за да се смета дека е органски треба да има сертификат, а за да го добие треба да исполнува строги услови: не смее да содржи никакви вештачки и хемиски состојки, тие не смеат да се користат ниту за ѓубрење на почвата ниту за заштита од штетници, има и многу строги ограничувања во примената на антибиотици кај добитокот и на адитиви и конзерванси во конечниот производ, апсолутно е забранета употребата на генетски модифицирани организми, површината на која се одгледува најмалку две претходни години не смее да биде третирана со недозволени препарати и мора да има јасно означени граници, односно растенијата да се заштитени од можна контаминација од препаратите кои се користат на соседните површини. Целиот процес е строго контролиран како би се дошло до називот „органски“, „биолошки“ и „еколошки“. Секоја земја се определува за еден од називите или кратенка која се користи во праксата. Велика Британија, САД, Австралија, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија во законската регулатива и пракса го користат називот органски производ, исто како во Македонија.
БИЗНИС ИНФО
6
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ
Во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Данска и Шведска се користи изразот еколошки производ. Терминот биолошки производ се употребува во Германија, Холандија, Франција, Италија, Португалија и Грција. Со ознаката„Деметер” се обележува биодинамички производ при чие производство освен методите за органско производство се користат и биодинамички препарати и се земаат предвид вселенските влијанија. За да се добие сертификат за органско производство треба да се поминат повеќе процедури и контроли, а и во текот на целиот процес се прават проверки. Регулативите во овој сегмент се усогласени со европските, а Македонија постојано работи и на надградба на капацитетите на институциите. Кратка историја на органското производство во Македонија Органските производи во Македонија се појавуваат пред помалку од две децении. Првиот чекор го прави „Алкалоид“ во 1997 година кога почнува да прави органски чаеви од собрани самоникнати растенија. Следната година 5 земјоделци почнуваат да ги практикуваат правилата за вакви производи и да ги пласираат на однапред познати купувачи. Првиот Закон за органско производство беше донесен во 2001 година кога беа основани и првите здруженија на органски производители. Во 2010 година почна да се спроведува Национална кампања за промоција за органското земјоделско производство. Данска најмногу вложува во органско производство. Само лани преку буџетот биле исплатени 53 милиони евра за поттикнување на земјоделците да се преориентираат кон природните начини. Целта на државата е до 2020 година да стане 100% органска. Акцискиот план кој веќе е усвоен предвидува веќе од оваа година храната во јавните институции, како училиштата и болниците да биде 60% органска, а кај војската и 100%. Во Лихтенштајн веќе 27% од пазарот зазема органската храна, а во Австрија 20%. Меѓу најголемите производители се и Австралија, како и Шпанија и Италија, каде што најмногу се произведуваат овошје и зеленчук, а најголем потрошувач на оваа храна во Европа е Германија. Индија, пак, е прва по бројот на органски земјоделци што и не е чудно ако се земе предвид бројот на населението на земјата. Сепак, таму има дури 500.000 регистрирани органски производители. Васко Ристовски
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
7
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОРГАНИЗИРАА ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ На 21 мај 2017 година, на Светскиот ден на културни различности, во Градскиот парк во Скопје, Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори организираа хуманитарен јавен настан со автентични гурмански специјалитети од различни земји. По големиот успех од минатогодишното издание на Светскиот пикник, Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори продолжија со идејата за промовирање на културата на странските компании - членки на Советот на странски инвеститори преку нивната традиционална храна. Странските инвеститори кои доаѓаат од Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Франција, Холандија, Хрватска, САД,
8
БИЗНИС ИНФО
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ПРОМОЦИЈА СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
Словенија, Турција и Швајцарија ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат гастрономијата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни. Денот беше збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца. -Овој настан беше одлична можност да се прослави долгогодишната посветена работа на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и ветување за понатамошни успешни проекти, настани и случувања кои ќе ја потврдат
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
9
СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ
нивната општествена одговорност, - изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори. Компании - членки на Советот на странски инвеститори вработуваат повеќе од 50.000 граѓани. Среќни сме што Советот за странски инвеститори успешно функционира и работи во рамкки на Стопанската комора на Македонија. Денес, заеднички го организиравме овој настан што претставува своевиден доказ дека и домашните, но и странските инвеститори, покрај тоа што работат во насока на раст и развој на своите компании, подеднакво придонесуваат и за општото добро за граѓаните и општеството во целина, истакна оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска. Македонската јавност - граѓаните и претставниците на бизнис заедницата кои присуствуваа на Светскиот пикник покрај можноста да се запознаат со различните вкусови на интернационалните кујни и да уживаат во музиката на годинешната македонска претставничка на Евровизија - Јана Бурческа, беа дел и од хуманата намера на настанот бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, а собраните парични средства ќе бидат донирани на народната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ и на Хуманитарното здружение „Ел-Хилал“. м-р Милена Перчинкова Влатко Стојановски
10
БИЗНИС ИНФО
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ПОСЕТИ
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРАНКО АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески оствари средба со Бранко Роглиќ, сопственик и претседател на Надзорниот одбор на „Орбико“ ДОО Загреб, најголемиот дистрибутер на производи за широка потрошувачка во Европа. На средбата се разговараше за натамошната реализација на Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји, а во врска со Заклучоците и препораките од Тркалезната маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија, предности и недостатоци“, која се одржа во февруари оваа година, а на којашто еден од учесниците беше и господинот Роглиќ. Тој е сопственик или мнозински сопственик на над дваесет компании во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Србија, Косово, Албанија, Молдавија, Германија, Австрија, Романија, Унгарија, Црна Гора, Чешка, Словачка, Полска и Украина. Вкупниот промет на сите компании во 2016 година, со 5000 вработени, изнесувал приближно една милијарда и 800 милиони евра, додека во 2017 година се очекува истиот да достигне 2 милијарди евра, со 5500 вработени. Бранко Роглиќ во септември оваа година ќе биде гостин во Стопанската комора на
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
11
ПОСЕТИ
Македонија и пред компаниите-членки на Комората ќе ги презентира своите искуства и предизвици во работењето и развојот на Групацијата „Орбико“, како еден успешен пример во бизнисот, кој станува не само регионален, туку и европски препознатлив бренд и лидер во дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка. Во насока на реализација на Заклучоците поврзани со Иницијативата за поврзување на претприемачите од малите земји, претседателот Азески во Загреб оствари средба и со господинот Стипе Месиќ, поранешен претседател на Република Хрватска и еден од учесниците на тркалезната маса за позицијата на малите земји во меѓународната економија, како и со Сафет Ѓерѓалиу, претседател на Стопанската комора на Косово. Врз основа на дадените предлози за унапредување на соработката со претприемачи од малите земји и натамошно вклучување на успешни бизнис-лидери од регионот, во натамошниот период ќе бидат остварени и нови деловни средби . Еден од нив е и господинот Енвер Моралиќ, еден од најпознатите хрватски бизнисмени, основач на компанијата „Кемо Комплекс“ која годишно остварува повеќе од 300 милиони САД долари, сопственик на Земјоделскиот комбинат „Кутјево“ кој се простира на 7500 хектари и „Божјаковина“ на 2500 хектари, со кого ќе биде остварена средба во текот на денот. м-р Елена Милевска Штрбевска
12
БИЗНИС ИНФО
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ
КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржано предавање на тема: “Еден од главните принципи за успех е Биди јасен(на) зошто си тука”
Една од главните активности на Клубот на менаџери – претприемачи, покрај организирање на едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата годишна програма за 2017 година и со цел обезбедување сѐ поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 12.05.2017 година како дел од агендата на Клубот, беше реализирано предавањето “Еден од главните принципи за успех е Биди јасен(на) зошто си тука.” во соработка со предавачот г-ѓа Катерина Ангеловска, која е прв сертифициран тренер за Принципи за успех по методот на Jack Canfield на Балканот. Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата 333 Афирмации. Програмата Успех без граници по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. Вклучува различни техники и алатки за личен развој и психолошките теории се дел од секојдневната пракса. Се` што ни се случува во животот и сe` што даваме на оваа планета некако е целосно поврзано со нашата животна мисија. Овој модул е дизајниран да им помогне на учесниците да препознаат што е тоа што прави да чувствуваат радост и страст, што ќе им даде трага за нивната животна цел (мисија). Овој модул е дизајниран со идејата дека сите ние имаме животна мисија и кога ги усогласуваме нашите избори и акции со нашата животна цел
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
13
ПРОЕКТИ
(мисија), работите стануваат полесни и поедноставни, и тогаш искусуваме повеќе успех, исполнетост и радост. Беше спроведена интерактивна вежба која беше дизајнирана да им помогне на учесниците да добијат поголема јасност во врска со нивната животна мисија ја усогласат својата визија и целите со нивната животна цел. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска
14
БИЗНИС ИНФО
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК петок, 26 мај 2017, Бр. 309
СТОПАНСКА КО
Os
ECONOMIC CHA
F
БИЗНИС ИНФО
РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА петок, 26 мај 2017, Бр. 309
bsi.
ISO 9001
Quality Management
ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
snovana 1922
FS 549642
AMBER OF MACEDONIA
Founded 1922
15
bsi.
ISO 9001
Quality Management
те ај
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
ач
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ар
FS 549642
Н
16
БИЗНИС ИНФО
ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
17
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
29 мај 2017 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4 кат
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Стопанската комора на Македонија, на 29 мај 2017 година, следејќи ги проблемите на
компаниите при прибирање и презентирање соодветни докази во настанатите судски спорови, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со видовите на докази согласно Законот за парничната постапка. Предмет на разгледување ќе бидат особено видот на докази кои можат да бидат употребени во текот на судката постапка, времето до кога можат истите да бидат предложени, на кого лежи товарот на докажувањето, со посебна анализа на доказите – сведок, странка, вештак, нивен распит, начин на определување на вештачењето и супер-вештачењето, увидот на самото место. Ќе се анализираат поединечните одредби од Законот за парнична постапка, ќе се посочи различното регулирање со одредбите од новелата на Законот за парнична постапка, проблемите и можните решенија.
Ќе им се овозможи на учесниците на семинарот да ги искажат своите гледишта, ставови,
проблеми во врска со примената на ЗПП и ќе се дадат можни солуции - решенија за нивно надминување. ПРОГРАМА • Видови докази согласно ЗПП, видови, рокови за нивно користење, товар на докажување во парницата; • Видови докази, распит на сведок, странка, вештак, вештачење, супер-вештачење и увид на самото место.
Целна група: Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата,
адвокатите и за законските застапници на трговските друштва.
Предавач: Маринела Јакасановска, судија во Трговскиот оддел на Основен суд Скопје 2 -
Скопје, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
18
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
30.5.2017 година ( 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал
Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат
на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во Деловодникот како и распределувањето на документите по вработени во институциите.
Цел на семинарот: Да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното
водење на деловодникот и е-деловодник како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.
За кого е наменета обуката?
Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите,
вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.
Предавач: Валентина Тодоровска, магистер по економски науки и управител на „Акаунтинг
Солушнс“ ДООЕЛ – Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење, како консултант, обучувач и специјалист во областа на финансиски менаџмент.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
19
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ
31 мај 2017 година (среда) 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Стопанската комора на Македонија на 31 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ. „Постои ризик, а постои и сигурност. Чамецот во пристаниште е сигурен, но со тек на време му скапува дното.” Џ Браун (J. Brown) Во согласност со ISO 9001:2015, секоја организација има обврска да утврди дали постои ризик во работењето, како и да најде адекватни решенија и можности кои треба да се имплементираат, се` со цел системот на менаџмент со квалитет да ги постигне посакуваните цели, односно производите и услугите да се усогласени, да се спречи непосакувано надворешно и внатрешно влијание и да се оствари подобрување на системот, на производите и на самите процеси. Пред организациите секогаш постојат нејасни прашања за тоа како да извршат проценка на ризикот, во кои процеси е неопходно да се процени ризикот, кој треба да ја спроведе проценката на ризикот и како понатаму да постапува со значајните ризици и истите да се намалат или елиминираат. Во текот на семинарот на учесниците ќе им бидат посочени алтернативни можности и одговори на повеќе недоумици. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ Менаџерите, претставниците на раководството од различни системи на менаџмент и вработените во организацијата одговорни за управување со различни видови на ризик, како и вработените кои се или ќе бидат вклучени во процесот на идентификација, проценка и следење на ризикот во организацијата, како и на сите оние кои сакаат да научат повеќе како да ја подобрат својата работа преку примена на техники за намалување на различните видови на ризик во прифатлива мерка. Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
20
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
6 јуни 2017 година (вторник) 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL
Несомнено е дека со развојот на технологијата се развиваат и разни софтвери кои помагаат
при анализа на разни податоци особено од сферата на финансиите. Но, сепак употребата на Excel како алатка за анализа на разни податоци се` уште е општо прифатлива алатка за сите менаџери на финансии. Поради големите очекувања од финансиските менаџери истите треба да имаат големи аналитички алатки. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 6 јуни 2017 година го организира еднодневниот семинар: ФИНАНСКИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL.
Excel е една од најважните алатки што треба да ја поседува еден финансиски менаџер. Со
доброто познавање на Excel финансиските менаџери ќе бидат во можност да создаваат модели, да го менаџираат ризикот, да ја зголемат тимската работа и комуникацијата во одделот. ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:
Целта на семинарот е на практичен начин да се развиваат аналитичките вештини на
финансиските менаџери, со што ќе придонесат за донесување на побрзи и поефективни одлуки. Правилното толкување на финансиските извештаи ќе доведе до реални информации за трошоците и нивното влијание во секојдневното работење, што ќе придонесе за планирање и буџетирање на финансиските средства за наредниот период, обезбедување финансиски средства за тековно работење или дополнително инвестирање.
Предавач:
Вејсел Сарач, консултант и тренер од областа на финансии. Дипломиран менаџер на
Факултетот за деловна администрација при Истанбулскиот универзитет. Директор за сметководство во градежната компанија „Лимак“ – Скопје, која е дел од Групацијата „ Limak Holding A.Ş.“ од Турција.
Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
21
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишување, е-аукции/ конечна цена), тендерско досие, модул на завршени постапки
14 јуни 2017 година (среда) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат
Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15) и тоа: - во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и - во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично. Имајќи предвид дека голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување и слично, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: Успешно подготвување на електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули (електронски јавни набавки, дигитално потпишуавање, е-аукции/конечна цена), тендерско досие, модул за завршени постапки. Семинарот ќе се реализира на 14 јуни 2017 година (среда), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ и најчестите грешки при учество со електронска понуда, електронско потпишување, невалиди сертификати, електронски банкарски гаранции итн. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk
Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
22
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
19 - 21 септември 2017 година Сиднеј, Австралија
10. Светски Коморски Конгрес 10th World Chambers Congress
Во периодот од 19 до 21 септември 2017 во Сиднеј, Австралија ќе се одржи десеттиот по ред
Светски Коморски Конгрес во организација на Меѓународната Стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF). Oваа година, почесен домаќин на настанот е Бизнис комората на Сиднеј како една од најголемите регионални комори на Бизнис Комората на Нов Јужен Велс (NSW Business Chamber), а самиот настан ќе се одржи во просториите на новоотворениот „International Convention Center Sydney“ http://www.iccsydney.com.au/.
Светскиот коморски конгрес, почнувајќи од 1999 година се одржува на секои две години
во различни делови од светот. Светскиот конгрес е единствен меѓународен форум за коморски и бизнис лидери, место кадешто се нуди можност да се споделат најдобрите практики, да се разменат идеи и искуства, да се воспостават контакти во интерес на најновите бизнис прашања кои влијаат на заедниците од кадешто доаѓаат учесниците и да се добијат информации за најновите иновации од коморите од целиот свет.
Како во претходните години така и оваа година, настанот има за цел на учесниците да им
создаде услови за :
- Вмрежување: Конгресот на сите учесници им овозможува да се поврзат и да ги зајакнат
односите со разновидна, меѓународна група на поединци, претставници на повеќе од 100 земји. Со формални и неформални состаноци и вмережувања, ова е идеална можност да се воспостават институционални поврзувања и промовирање на можности за поголема трговска размена и инвестиции од присутните компании, земји и региони.
Знаење: Со постојаното менување на бизнис климата, на Конгресот учесниците ќе имаа
можност да се запознаат со најзначајните глобални прашања и промени пренесени од искуствата на реномирани говорници, визионери и експерти во своите области. Во богатата 3 дневна програма учесниците ќе имаат можност да се запознаат со широк број на важни теми и да се вклучат во дискусии и информативни разговори со експерти од дадените области.
- Know-how: Светскиот Коморски Конгрес претставува динамичен форум којшто ја олеснува
размената на идеите од реалниот свет и активностите на коморите и бизнис секторот. Преку Светскиот Коморски Натрпевар, Конгресот им оддава признание на најиновативните проекти од целовкупната коморска заедница. Таа служи како информативен репер за останатите да учат и да поттикнува позитивни промени и развој.
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
23
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ За времетраење на тродневневниот конгрес, во рамки на организираниот конференциски дел , реномирани имиња и експерти во своите области ќе покријат различни теми почнувајќи од туризам, инфраструкура, поддршка на млади претприемачи, нови модели на коморско работење, до диверзификација на работното место и нови алатки и вештини за подобрување на бизнис секторот во секое поле. Зошто да се биде дел од Светскиот Коморски конгрес? - таргетирани се милиони бизниси од целиот свет преку меѓународната коморска мрежа; - стопанските комори се синоним за гласот на малите и средните претпријатија; - создавање на нови партнерства и можност за вмрежување со лидерите на стопанските комори кои ќе работат со вас за привлекување на нови клиенти; - претставување на вашиот бренд пред повеќе од 1.500 лидери на стопански комори од повеќе од 100 земји од светот; - презентирање на вашите производи и услуги и промовирање на можностите за инвестирање во вашата земја, регион или бизнис-заедница. Како и секоја, така и оваа година Стопанската комора на Македонија ќе органзира посета и учество на македонски бизнисмени на Светскиот Коморски Конгрес како дел од македонската делегација предводена од г-дин Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македониј и г-дин Антони Пешев, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македoнија. Во рамки на посетата на Сиднеј, делегацијата на Стопанската комора на Македонија на 19 септември во рамки на Светскиот Коморски Конгрес ќе учествува и на 31. CACCI Конференција организирана од страна на Конфедерацијата на азиско-пацифичките стопански и трговски комори на којашто ќе бидат споделени искуства и можности за поголема трговска размена и инвестиции во и од земјите од азиско-пацифичкиот регион. Покрај учеството на конференцијата, делегацијата ќе ја посети и Бизнис комората на Сиднеј како и македонски компании и стопанственици од Република Македонија коишто успешно работат на австралискиот пазар. Стопанската комора на Македонија за сите заинтересирани учесници, во соработка со туристичка агенција, ќе организира заедничко патување на македонската делегација со дополнителни поволности за обезбедување визи, патување, сместување, учество на конгресот и слободни активности за разгледување на градот.
За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
24
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ
Бизнис средби „Ready2GO” во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија Европската комисија (ЕК) и Европската медиуми, музика, изведувачки уметности, агенција за мали и средни претпријатија уметност, рекламирање, фотографија,
(EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO” со дизајн, игри, дигитална анимација); цел да ги поддржат европските мали и средни • животна средина; претпријатија да се интернационализираат и • здравство и фармација; да станат активни во пет целни пазари на трети • ИКТ; земји.
Проектот на Европската комисија е
развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.
Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција). Целни сектори се: • агро-храна; • биотехнологии; • хемикалии; • занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.); • креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.); • клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника); • материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, биобазирани материјали); • нано и микро-технологии; • трговија на мало и услуги; • одржлива изградба; • текстил и мода; • дрво и мебел. Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk
БИЗНИС ИНФО
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
bsi.
ISO 9001
BSI
TM
Quality Management
ISO 9001:2008
FS 549642 FS 549642
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
D CE ON IA
M
A
Founded 1922
Excellent
Small & Medium Enterprises
ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA
Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија
Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk
25
26
БИЗНИС ИНФО
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Коска, Нигерија, Мароко, Гана, Сенегал, Етиопија, Саудиска Арабија, Кувајт, Јордан и други. Големата разновидност и квалитетот на нашите производи се клучот за нашиот успех. Нашите производи вклучуваат: ламинирана облога, ламинати пресирани под висок притисок, дополнително обработен ламинат, двостран компатен нормален ламинат и огноотпорен за внатрешна и надворешна употреба, фурнир од природно дрво, компактна фибер-армирана пластика за потреби на градежништвото
Украина Валидно до: 31.07.2017 Компанија од Украина која произведува, постелнина, креветски чаршави (детски и за возрасни), женски шамии и марами, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи на нашиот пазар.
Украина
Украина Валидно до: 31.08.2017 Компанија од Украина која има широк спектар на услуги и производи како што се: шпедиција, бродски транспорт, тргување и посредување со земјоделски производи, семиња, растителни масла, зеленчук и други производи и полупроизводи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на широката палета на стоки и услуги.
Валидно до: 02.06.2017 Компанија од Украина која е производител на свинско, говедско, пилешко, мисиркино месо, сончогледово масло, јајца и пијалаци, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи.
Украина Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Украина која произведува брашно со капацитет од 5.000 метрички тони месечно, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на брашно.
Пакистан
Украина
Валидно до: 31.10.2017 Пурипласт Либан С.А.Л. е производител на ламинат пресуван под висок притисок и е компанија која функционира од 1972 година со седиште во Либан. Пуриласт Либан денес доставува голема палета производи до многу земји како што се: Франција, Италија, Романија, Украина, Русија, Грција, Германија, Англија, Брегот на Слоновата
Валидно до: 31.05.2017 Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа.
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
БИЗНИС ИНФО
27
ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина
Кина
Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Валидно до: 30.06.2017 Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.
Пакистан Валидно до: 10.07.2017 Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина
Кина
Кина
Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија.
Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
Валидно до: 01.07.2017 Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.
Кина Валидно до: 25.06.2017 Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг, челик, бакар, железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.
www.mchamber.mk
Контакт: Ванчо Спасески Тел: +389 2 3244-095 vanco@mchamber.mk
28
БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.
петок, 26 мај 2017, Бр. 309
ISO 9001
Quality Management
FS 549642
Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia
Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk
goodini
192
2 - 2017
Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088