Бизнис ИНФО, број 275

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БИЗНИС ИНФО Број 275

www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2016

FS 549642

26.08.2016

Одржан состанок на претседателите на коморите од регионот членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ)

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИОТ АМБИЕНТ ВО РЕГИОНОТ И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО „БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“ СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОСПЕРИТЕТОТ НА РЕГИОНОТ

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 26 август 2016, Бр. 275

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО МЕДИЈАЦИЈА

ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА СЕ ОТВОРА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ВРШЕЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА СО ЛИЦЕНЦИРАН МЕДИЈАТОР ЗА ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

На 8-ми јули 2016 година во Кичево и 9-ти јули во Охрид, Стопанската комора на Македонија продолжи со организација и реализација на семинарите за медијација како ефикасен начин на решавање на споровите пред стопанствениците од овие градови и региони. И на овие семинари беа апострофирани предностите на медијацијата, беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети, како и се даде осврт и на медијацијата во работните спорови, и заштитата на потрошувачите во постапката за медијација. Како и на претходно реализираните семинари во Штип и Кавадарци така и сега од сите дискусии на учесниците произлегуваат и одредени дилеми кои се јавуваат при практична примена на медијацијата и потребата од усогласување на повеќе закони со Законот за медијација. Стопанската комора на Македонија од


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

МЕДИЈАЦИЈА сите забелешки дадени од учесниците е во фаза на подготовка на информација до носителите на законските решенија со цел отстранувања на пречките или разјаснување на процесите а се со цел целосна поддршка и поголема апликативност на медијацијата. Оваа информација Комората ќе ја достави на 14 септември по завршување на првиот циклус на семинарите за медијација, најнапред до Министерството за правда и Министерството за финансии бидејќи забелешките ги задираат некои од законите за кои се надлежни токму тие министерства и низ конструктивна соработка каква што постојано Комората и има со министерствата, ќе се насочиме кон пронаоѓање на соодветни решенија.

Инаку, Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката. Оттука, согласно потребите на компаниите од една страна како, и заради поголема афирмација на оваа ефикасна алатка, од друга страна, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвара и канцеларија во која ќе се вршат медијациите со лиценциран медијатор согласно Законот за медијација. Како пристапи Комората во овој процес? Со цел најпрво да се информираат компаниите и за законските измени на ЗПП кои се поврзани за медијацијата, за


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО МЕДИЈАЦИЈА текот на постапката на медијацијата, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни и да се поттикне користењето на доброволната медијација, Стопанската комора на Македонија започна со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација. Така, првите семинари за промоција на медијацијата беа одржани на 1-ви и 2-ри јули во Штип, односно Кавадарци пред голем број на компании од тие региони. Потоа продолживме со семинарите во Кичево и Охрид, а следните бесплатни семинари ќе се реализираат на 2-ри септември во Прилеп и 3-ти септември во Битола а заокружувањето на првиот циклус на семинари ќе биде со одржување на семинар во Скопје, во Стопанската комора на Македонија на 14-ти септември 2016 година. Како информација наведуваме дека со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од 1-ви февруари 2016 година. Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија – Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација. Со отварањето на канцеларијата за медијација во Комората ќе продолжат и сите активности за промоција и поддршка на медијацијата преку разни начини, алатки и облици на промоција и тоа за сите фирми (и членки и нечленки на Комората) и за сите заинтетесирани страни во РМ. д-р Јелисавета Георгиева.


БИЗНИС ИНФО

6

петок, 26 август 2016, Бр. 275

ЕДУКАЦИЈА

Во Охрид започна Летната школа на тема: „НАПРАВИ РАЗЛИКА – СТАНИ ЛИДЕР ВО ПОДОБРУВАЊЕТО НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПРЕКУ МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЦАРИНАТА“ Во периодот од 8 - 13 август 2016 година, во реализација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Стопанската комора на Македонија, во Охрид се реализира Летната школа на тема: „Направи разлика – стани лидер во подобрувањето на регионалната соработка преку модернизација на царината“. Предавачи на оваа меѓународна летна школа се професори од Економскиот факултет од Скопје, предавачи од Царинската управа на Република Македонија, како и гости предавачи од Делегацијата на Европската унија, од Азербејџан, Австрија, Австралија и други. Оваа летна школа е проследена со зголемен интерес од студенти од повеќе земји кои во наредните неколку дена освен зголемување на знаењата од областа на царините, ќе имаат и повеќе можности да се запознаат со македонската култура и традиција.


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО ЕДУКАЦИЈА

На првиот работен ден на Летната школа свои обраќања имаа деканот на Економскиот факултет, проф. Д-р Љубомир Дракулевски, господин Ангел Јанев, заменик-градоначалник на Охрид, како и претставник од студентите. Првиот работен ден беше збогатен и со присуството на академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во текот на работните сесии предвидена е подетална елаборација на темите поврзани со меѓународната трговија, ЦЕФТА-Договорот, интернационализацијата на компаниите, менаџментот во царината, зголемувањето на царинската сигурност, компјутеризираниот транзитен систем и слично. Оваа летна школа несебично е поддржана и од компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија, кои на различни начини помогнаа во реализацијата на истата. Освен тоа, претставници од компаниите вклучени се и во работата на сесиите на летната школа со цел студентите да добијат реална претстава како функционира системот на царини во праксата. Со овие активности компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија уште еднаш ја покажаа на дело грижата кон заедницата, овој пат преку инвестирањето во младите луѓе. М-р Борис Тримчев


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Одржан состанок на претседателите на коморите од регионот членки на Коморскиот инвестицики форум (КИФ)

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИОТ АМБИЕНТ ВО РЕГИОНОТ И АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО „БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС“ СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОСПЕРИТЕТОТ НА РЕГИОНОТ На 20 август 2016 година (сабота), во Охрид, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов прими висока делегација од коморите од земјите од регионот - членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година како платформа на регионално поврзување во насока на поддршка на коморите на „Берлинскиот процес“. Коморските делегации беа предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Косово, Сафет Ѓерѓелиу. На состанокот претседателите на коморите го информираа претседателот на Република Македонија за сите активности кои ги преземаат коморите а се во насока на поддршка на „Берлинскиот процес“. На средбата акцент беше ставен на активностите и нивната реализација врска усвоениот Акциски план на делување на КИФ преку повеќето работни групи: • формирање на заеднича Е-платформа којашто ќе ги обедини сите информации и коморски услуги за потребите на компаниите од регионот и пошироко; • формирање на заеднички Инвестицки фонд за функционирање и поттикнување на старт-ап иновативни мали и средни претпријатија во земјите на Западен Балкан; • формирање на КИФ иновациска и РиД платформа, која ќе послужи за поврзување на науката и стопанството; • формирање на Конзорциум за настап на големите извозни пазари и заеднички настап на тендери; • формирање на заеднички туристички производ од регионот; • заедничко имплементирање на процесот на дуално образование, со што во земјите на КИФ би се решил проблемот на неусогласеноста на образованието со пазарот на труд и


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

9

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

• формирање на заеднички Регионален едукативен центар преку поттикнување и промоција на развојот на претпиемничката едукација и тесна соработка со Регионалниот центар за развој на претприемничките способности на земјите од Југоисточна Европа (SEECEL), со седиште во Загреб. За таа цел, во 2015 година се потпиша Договорот за соработка и учество во заедничките проекти со Регионалниот центар за развој на претприемничките способности на земјите од Југоисточна Европа (SEECEL), центар формиран на барање на 8 земји од Југоисточна Европа: Алабнија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција), којшто е формиран со 30 милиони евра, средства од ЕУ со цел унапредување на претприемништвото и доживотното учење во согласност со политиките и праксите од ЕУ. Во рамките на „Берлинскиот процес“, кој започна на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година до сега се одржаа три од петте планирани самити до 2018 година, и тоа во Берлин во 2014 година, во Виена во 2015 година и годинава во Париз. Целта на сите самити е следење на постигнатиот напредок на регионот, како и повторно потврдување и зајакнување на европската перспектива на сите земји и забрзување на реформите, зголемување на економските можности и поттикнување на соработката. Свесни за значењето за забрзување на економската интеграција на регионот, коморите се единствени во ставот дека ресурсите на стопанските комори треба да се насочат


10

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ кон имплементација на приоритетните Основачи на КИФ се: Унијата регионални иницијативи и развојни на стопански комори на Албанија, проекти во специфични сектори, како што Надворешно-трговската комора на БиХ, се инфраструктурата и енергетиката, за Стопанската комора на Србија, Стопанската директно да се поттикне економскиот развој комора на Косово, Стопанската комора на регионот во целина. Овие, како и темите на Црна Гора, Стопанската комора на во однос на поврзаноста, вработувањето, Македонија, Стопанската комора на образованието, човековите права, Хрватска и Стопанската комора на владеењето на правото и демократијата, Словенија, кои на 27 август 2015 година, во регионалното поврзување и сл. беа Виена, на Вториот состанок на коморите од дебатирани до сега на трите самити во земјите од Западен Балкан во рамките на рамките на „Берлинскиот процес“ со цел Виенскиот самит како дел на „Берлинскиот како да се унапреди деловниот амбиент во процес“, го склучија Договорот за основање регионот и како бизнис заедницата да биде на Коморски инвестициски форум. активно вклучена во „Берлинскиот процес“ КИФ и плановите за развој на заради зголемување на просперитетот на регионалната платформа којашто ги регионот преку одржлив раст. обединува осумте комори од регионот Да потсетиме дека со имплементација (од Македонија, Србија, Косово, Албанија, на заклучоците од „Берлинскиот процес“, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска преку јакнењето на регионалната соработка, и од Словенија), се моќен репрезент на претседателите на коморите од Западен економиите од овие земји со 350.000 Балкан во август 2015 година, во Виена компании. за време на одржувањето на Виенскиот самит, потпишаа Спогодба за формирање на Коморски инвестициски форум (КИФ), со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Основачи на КИФ се: Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Хрватска и Стопанската комора на Словенија, којшто на 27 август 2015 година, во Виена, го склучија Договорот за основање на Коморски инвестициски форум. Во КИФ, во чија реализација на активностите учестуваат искусни професионалци, се гледа како на инструмент кој работи на поттикнување на економската соработка со јасно дефиниран акционен план и добро организирана структура со цел исполнување на зацртаните цели.


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

Со цел јасно специфицирање на проблематиката и постигнување конкретни задачи во КИФ се формираа работни групи за: сообраќајна и енергетска инфраструка и комунални дејности, унапредување на деловната и инвестициска клима, развој на приватниот сектор, а Управиот одбор на КИФ го сочинуваат претседателите на стопанските комори од земјитечленки на Западен Балкан, а членовите на работните групи се во постојна интензивна меѓусебна комуникација. Иницијативата за формирање на КИФ е поддржана и од меѓунардните организации во чии агенди е и развојот на Западен Балкан, и тоа Светска банка, EBRD, UNDP, IFC, GIZ, а КИФ постојано ги презентира своите активности и степенот на реализација на средбите кои се одржуваат меѓусебно, со цел дел од проектите на КИФ да бидат финансирани од расположиви средства од овие организации. Со цел компаниите од регионот полесно да доаѓаат до одредени финансиски средства по поволни услови се работи на формирање на регионален инвестициски фонд во рамките на КИФ. За сите активности преземени во рамките на КИФ, се информираат и владите на земјите-членки на Западен Балкан. Силната порака која коморите преку формирањето на КИФ ја праќаат до владите на земјите-членки на Западен Балкан, е дека постои економска перспектива за Балканот, преку силната економска соработка, заедничкиот развој на заеднички регионални проекти. д-р Јелисавета Георгиева


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 26 август 2016, Бр. 275

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКО УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТИ ДОГОВОРЕНИ НА СОСТАНОК СО ИТАЛИЈАНСКО-МАКЕДОНСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Во посета на Стопанската комора на Македонија на 5 август 2016 година присуствуваше делегација на Италијанско-Македонската стопанска комора со која Стопанската комора на Македонија веќе има потпишано меморандум за соработка. Енрико Петрела, претседател на Италијанско-Македонската Стопанска Комора и Јадранка Аризанковска, виш советник во Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка ја потенцираа можностите за соработка и заедничко учество во проекти, како и можностите за учество на саеми. Од македонска страна беа посочени неколку клучни сектори за соработка и тоа во пренхрамбената индустрија како приоритетна во соработката, проследена со интерес за соработка и во туризмот, енергетиката и транспортот. Од италијанската страна беше истакнато дека Енрико Петрела,како претседател на Италијанско-Македонската стопанска комора имал средби со претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов за време на официјалната посета во Рим, каде за првпат била промовирана идеата за продлабочување на соработката и пререгистрација на Асоцијацијата


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПОДВЛЕЧЕНО

во Италијанско-Македонската стопанска комора , како и средба со Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Ернесто Масимино Белели – истакна Енрико Петрела, претседател на Итало-Македонската Стопанска Комора . Беа споменати и можности за соработка со определени региони од северна Италија од каде голем број претприемачи покажале желба за интензивирање на соработката со Република Македонија, преку развивање на трговија и преселување на производствени линии во земјата. На состанокот беше потпишан и анекс на меморандум за соработка помеѓу Коморите како резултат на пререгистрацијата на Асоцијацијата во Италијанско-Македонската стопанска комора и добивање на официјален документ за регистрација на комората од Италијанското министерство за развој , што е еден чекор повеќе кон остварување на целта за поголема соработка помеѓу двете земји. Како следни чекори во следните месеци беа договорени интензивни средби на компаниите од двете страни како на билатерални основи така и со заеднички настапи и посета на саемите во Италија. Михајло Донев


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

ПОСЕТА НА НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА МЕКСИКО, H.E. МАРКО АНТОНИО ГАРСИЈА БЛАНКО амбасадорот на Мексико задолжен за Република Македонија со седиште во Белград на Стопанската комора на Македонија На 19.8.2016 година Стопанската комора на Македонија ја посети H.E. Марко Антонио Гарсија Бланко, новоименуваниот амбасадор на Мексико задолжен за Република Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со седиште во Белград. Работната средба во Стопанската комора на Македонија беше во рамките на неговата дводневната посета на земјава, по повод предавањето на акредитивните писма на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов. За подобрување на економската соработка меѓу двете земји, со гостинот разговараа Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија и Ирена Мојсовска, советник во Стопанската комора на Македонија. На состанокот беа разгледани можностите за иницирање соработка меѓу двете земји. На гостинот му беа презентирани поволните услови за инвестирање во земјава во слободните индустриски зони во различни сектори и индустрии, како што се: прехранбената, фармацевтската, текстилната, градежната индустрија и во туризмот. Амбасадорот Бланко истакна дека економијата на Мексико е голема и има огромен потенцијал за извозно ориентираните фирми како и за мексиканските производители кои сакаат да инвестираат во Република Македонија, имајќи ја предвид можноста за извоз на производите во САД и во земјите на Европската Унија, Канада со кои Мексико има склучено договори за слободна трговија со европски земји и со Јапонија во повеќе сектори. Можности за соработка постојат особено за малите и средните македонски фирми и тоа во автомобилската индустрија (за изработка на различни делови за автомобилите), транфер на знаење и специјализирана опрема за потребите на јавните и приватните болници, вклучување на мексикански фирми во тендери заедно со македонски фирми како изведувачи за инфраструктурни проекти (автопатишта, мостови, згради), итн. Исто така Амбасадорот Бланко даде иницијатива да се потпише Меморандум на разбирање меѓу стопанските комори на Македонија и на Мексико за зајакнување на економските и билатералните односи на Р. Македонија и Мексико, а потоа коморите преку своите членки да доставуваат иницијативи по сектори за можните потенцијали за соработка преку презентации, деловни средби, саеми и посети.


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

15

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА

Вкупната трговска размена во периодот јануари-мај 2016 година изнесува 9,4 милиони САД $, што претставува раст од 212,37 % споредено со истиот период од 2015 година. Извозот изнесува 1,8 милиони САД $, што претставува зголемување од 169,39 %, додека увозното салдо изнесува 7,55 милиони САД $, или зголемување од 225,12 % во споредба со 2015година. Трговскиот дефицит изнесува 5,6 милиони САД долари во периодот јануари-мај 2016 година. Федеративна Република Мексико е 41-ви трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари-мај 2016 година. Иако трговската размена е на многу ниско ниво, постојат можности да се продлабочи и интензивира деловната соработка меѓу компаниите од двете земји, со поддршка од страна на амбасадите, владите и коморите од двете земји. М-р Ирена Мојсовска


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Остварена работна посета во Стопанската комора на Србија

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ВО НАСОКА НА ПРИМЕНА НА НОВИ УСЛУГИ

Стопанската комора на Македонија во својата лепеза на услуги која ја нуди на компаниите во Република Македонија постојано се адаптира првенствено на барањата и потребите на самите компании и секако на новите европски и светски текови. Оттука, пред извесно време Комората интензивно започна и продолжува и од септември со циклус информативни предавања за медијацијата како ефикасна алатка за решавање на споровите со цел промоција на новата алатка на Комората за поддршка на Медијацијата во Република Македонија. Исто така, преку Клубот на менаџери претпиемачи кој започна со своите активности од декември оваа година а до сега прерасна во место кое постојано работи на промоција на бизнисите на малите и средни компании се претставува корисната услуга на вмрежување, едукација и постојано растење


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

17

МЕЃУНАРОДНА ПОДВЛЕЧЕНО СОРАБОТКА на фирмите, која услуга како пакет корисни информации се нудат на едно место во Клубот е на располагање на сите компании во нашата држава. Со цел олеснување на работењето на компаниите при подготовка и апликација на документи за одредени потреби при соработката со домашните компании но и при подготовка за соработка со странски компании и извоз, Стопанската комора на Македонија е во подготовка на нова услуга која ќе биде наскоро на располагање на компаниите а е во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите. За таа цел беше направена и работна посета во Комората на Србија со која се разменија повеќе информации и искуства и се разгледа и можноста за заедничка подготовка на платформа на база на податоци и информации за компаниите во рамките на Коморите од земјите од Западен Балкан. Ова во насока на зголемување и олеснување на соработката на македонските со компаниите од балканскиот регион и пошироко а помогнати со искуствата и поддршката на Стопанските комори на Германија и Австрија. Посетата во Комората во Србија беше реализирана од страна на д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Комората, Ѓорѓи Петрушев, член на УО на Комората и м-р Анета Трајковска , директор на дирекција за едукација и нови услуги во Комората. Од страна на Комората на Србија беше направена презентација и разговор со колегите од секторите за ИТ, регионална соработка, едукација и нови услуги. д-р Јелисавета Георгиева


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Работен состанок со претставници на АСОЦИЈАЦИЈАТА НА НЕЗАВИСНИ БИЗНИСМЕНИ И ИНДУСТРИЈАЛЦИ ОД ТУРЦИЈА - МУСИАД Македонија Стопанската комора на Македонија на 12 август 2016 година ја посетија претставници од Асоцијацијата на независни бизнисмени и индустријалци од Турција - МУСИАД Македонија. Д-р. Билал Кара, претседател на МУСАИД Македонија, кој воедно е и сопственик на Групацијата Санте Плус од Турција и заменик-претседател на DEIK (Foreign Economic Relations Bord) за Македонија ги претстави досегашните активности на МУСИАД, како и разните видови активности кои во наредниот период планираат да ги реализираат во соработка со Стопанската комора на Македонија, нагласувајќи ги посебно секторските бизнис-средби меѓу македонски и турски компании, врз основа на претходно добро разработен план и организација, посета на саеми и слично. М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија и Јадранка Аризанковска, виш советник во Дирекцијата за регионални комори и меѓународна соработка ги презентираа накратко работата и активностите на Стопанската комора на Македонија во делот на соработката со турските компании и бизнис-асоцијацииte, истакнувајќи ја можноста за унапредување на соработката. Двете деловни асоцијации ќе соработуваат на полето на организирање на што поголем број на заеднички настани и активности. Посебно ќе се инсистира на интинзивирање на соработката преку организација на бизнис средби, помош и поддршка на македонските компании за настап на трети пазари и други бизнис настани, со цел вмрежување на компаниите од двете земји. Вкупната трговска размена во 2015 година изнесува 392,8 милиони САД $, што претставува намалување од 11,44% споредено со 2014 година. Извозот изнесува 73,4 милиона САД $, што претставува раст од 8,7%, додека увозното


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

19

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

салдо изнесува 319,4 милиони САД $, или пад од 14,6% во споредба со 2014 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Турција во 2015 година остварен е трговски дефицит од 246 милиони САД $. Во 2015 година, Турција е осми трговски партнер на Македонија. Ивона Каранфиловска


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ИНФОРМАЦИЈА - СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА СО ЦИКЛУС НА БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ НА ТЕМА: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член судот ќе ја отфрли”. Оваа одредба од ЗПП е влезена во сила од февруари 2016 година. Според новиот Закон за медијација и неговите измени и дополнувања („Службен весник на Република Македонија“ бр. 188/13, 148/15, и 55/16), постапките за медијација може да ги спроведува единствено медијатор на кого му е издадена лиценца за вршење на медијаторски работи согласно член 46 од Законот за медијација, од страна на Министерството за правда на Република Македонија - Одбор за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата. Медијаторот врши работи согласно ЗПП и погоре потенцираната законска одредба, како и спроведување на постапки за решавање на сите видови медијабилни спорови за кои спротивставените страни ќе изјават волја доброволно, спорот да го решат по пат на медијација. Динамиката на бизнисите, трендот на интензивно намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста, технолошките придобивки со можности за моментален трансфер на информации, мобилност во сите сегменти од живеењето, ја наметнуваат потребата да се надмине традиционалното водење на судските постапки и да се бараат нови начини за ефикасно разрешување на споровите и конфликтите преку иницирање постапки со ефикасни начини на решавање на споровите како што е медијацијата. Стопанската комора на Македонија ја поддржува медијацијата, со главна цел популаризација на овој ефикасен начин на вонсудско решавање на споровите. Со популаризација на медијацијата ќе се намалат непотребно долгите и скапи судски постапки и ќе се зголеми ефективноста во надминување на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ за двете страни и нивна идна соработка поради доверливоста на постапката, што не е случај во најголем дел од споровите кога се води јавна судска постапка. Оттука, согласно потребите на компаниите, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, започнува со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведува поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките, согласно горенаведените одредби. Со цел најпрво да се информираат компаниите за законските измени на ЗПП, текот на постапката за медијација, како и за можностите за тоа кои спорови се медијабилни, Стопанската комора на Македонија започнува со циклус на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи лиценцирани медијатори, согласно последните промени на Законот за Медијација, за компаниите на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“. Во прилог е дадена табела со распоредот на одржување на семинарите: Датум 2 септември 2016 година (петок) 3 септември 2016 година (сабота) 14 септември 2016 година (среда)

Место Хотел „Салида“ - Прилеп Хотел „Милениум“ - Битола Стопанска комора на Македонија

Час 10:30-14:00 10:30-14:00 10:30-14:00

ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ: * Запознавање со поимот на медијацијата (предности на медијацијата); * Медијацијата во Република Македонија согласно законските прописи: - Медијабилни предмети - предмети погодни за медијација; - Медијацијата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2015); - Медијацијата во работните спорови – решавање на работните спорови според Законот за медијација и Законот за мирно решавање на работните споровите; - Надомест на штета и медијацијата; - Заштита на потрошувачите во постапка за медијација; - Придобивките од медијацијата.

ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на сектор за човечки ресурси. Контакт: Елизабета А. Ефтимова тел: 02 32 44 074 Е-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕУ ПРОГРАМИ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ КОМПАНИИ

Презентација Хотел “Романтик”, Велес 02.09.2016

Бизнис Центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион во соработка со Стопанската комора на Македонија – Регионална комора со седиште во Велес и Германското друштво за соработка и развој (ГИЗ) организираат информативен настан на тема: Презентација на ЕУ програми со тема : “Поттик на иновативни проекти за мали и средни компании преку европски програми”. Настанот се организира со цел поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонските компании за активно аплицирање и искористување на средствата од европските фондови. Информативниот настан ќе се одржи на 2.9.2016 година (петок), со почеток во 10.00 часот, во хотелот „Романтик“ - Велес. Контакт: Ирена Жарова Тел: ++ 389 43 22 77 36 Факс:++ 389 43 22 77 36 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.zarova@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар: ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

13 септември 2016 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, Стопанската комора на Македонија на 13 септември 2016 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ИСПИТУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ОПРЕМА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА („Службен весник на РМ“, бр. 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16). Согласно членот 33 од Законот за безбедност и здравје при работа („Сл.весник на РМ“, бр. 92.07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15, 129/15, 192/2015 и 30/16): (1) Работодавачот е должен средствата за работа да ги одржува во исправна состојба, да ја проверува исправноста и безбедноста за работа со повремени прегледи и испитувања кои ги врши на начин и во рокови пропишани со актот што тој го донесува, односно со упатството на производителот, техничките прописи и стандарди. (2) Ако со упатството на производителот и со другите прописи од ставот (1) на овој член не се предвидени други рокови, работодавачот е должен средствата за работа од став (1) на овој член да ги прегледа и испита: - пред првата употреба; - по реконструкција или хаварија и - по преместувањето од едно на друго место (дигалка и слично). (3) Работодавачот не смее да стави во употреба средства за работа кои не се прегледани и испитани за безбедно работење, односно ако не се исправни за безбедна работа, ниту пак вработениот смее да употреби такви средства за работа. Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 7 септември 2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„6. ДУНАВСКИ МЕЃУНАРОДЕН БИЗНИС-ФОРУМ“

13 септември 2016 година Виена, Република Австрија https://www.b2match. eu/donauraumlogistik2016

Стопанската комора на Австрија, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организира посета и учество на бизнис-делегација од Македонија на „6. Дунавски меѓународен бизнис-форум“, што ќе се одржи на 13 септември 2016 година во Виена, Република Австрија. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со голем број претставници на компании од целиот свет со кои ќе можат да остварат билатерални средби и разговори за решавање прашања и предизвици поврзани со автомобилската, прехранбената индустрија, транспортот и логистиката во Дунавскиот регион. Учесниците на Бизнис-форумот ќе имаат одлична можност да се запознаат со потенцијални партнери од академски и владини институции и компании, а преку индивидуални деловни средби да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Украина и Русија. Ве молиме, Вашиот интерес за посета или за учество на овој форум да го наведете во Пријавниот лист, како и да се регистрирате електронски (online) на следниов линк: https://www. b2match.eu/donauraumlogistik2016/sign_up, за да одредите со кои од наведените компанииучесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби.

Пријавниот лист да се достави најдоцна до 1.9.2016 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15.9.2016 година (четврток) 09:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

„ОПТИМИЗАЦИЈА НА НИВОАТА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ“

Цел на семинарот: Разбирање на причините за настанување на залихите и запознавање со методите за ефикасно управување со залихите кои водат до заштеда на финансиски средства, задоволувајќи ги потребите на корисниците. Како да се мери управувањето со залихите (ажурност на залихите, обрт на залихите и сл.)? Кои се двигателите на трошоците при управуање со залихи и како да се намалат? Методи на управување со залихи. Минимум и максимум нивоа на залихи – дали ни е тоа потребно и зошто служи?

За кого е наменет семинарот:

За сите оние кои се вклучени во управувањето со залихи – раководители на продажба, набавка, магацин, менаџери за продажба, набавка, шефови на магацин како и менаџментот на организацијата. Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ И ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО, ПРОЦЕНУВАЊЕТО И УПРАВУВАЊЕТО СО РИЗИКОТ

20.9.2016 година (вторник) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, внимателно следејќи ги постојните и новите законски решенија, континуирано подготвува и реализира наменски, односно специјализирани обуки со цел полесна имплементација на новините и решенијата во тековното работење. Генерално прифатена стратегија во модерниот менаџмент е редуцирање на загубите, контрола на опасностите и загрозувањата преку управување со ризикот (Riskbased Management) и се однесува на повеќеслоен пристап кон ублажување на штетите, односно загубите од неконтролираното дејство на ризиците - актуелна тема за која е подготвен наменски тренинг семинар. За таа цел, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДРЖАВНИОТ И ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО БАРАЊАТА ВО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Цели на семинарот: Ризикот континуирано и директно влијае врз вредностите, а консеквенциите од неговите несакани дејствија манифестирани во форма на пропусти, грешки, незгоди, несреќи, прекршоци и кривични дела, делуваат на стабилноста и на успешноста. Ризиците се негативни фактори и непожелни настани кои може да продуцираат загуби, а посебно доаѓаат до израз кога во управувањето постојат или се манифестирани слабости. За да се редуцираат овие чувствителни точки во административниот - деловен процес неопходно е организацијата да имплементира комбинирани превентивни контра-мерки.

Краен рок за пријавување: 15.9.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Тренинг - обука: „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение бр.11-20103/2-14 од 09.01.2015 година

Методологија Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат три пати неделно. • Обуката започнува на 22 септември 2016 година и ќе се реализира со следната динамика: - Модул 1 – 22 и 23 септември 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 2 – 29 и 30 септември 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 3 – 6 и 7 октомври 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 4 и 5 – 13, 14 и 15 октомври 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; - Модул 6 – 20 и 21 октомври 2016 година од 10:00 до 16:30 часот; • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит.

Целна група: Обуката можат да ја посетуваат лица кои се ориентирани кон градење кариера во делот Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова на управување со човечки ресурси, вработени Тел: ++ 389 2 3244074 од секторите за управување со човечки ресурси Факс:++ 389 2 3244088 во компаниите кои сакаат да го надградат своето Контакт Центар : (02) 15015 знаење или истото да го потврдат и да стекнат E-адреса: beti@mchamber.mk сертификат признат од Министерството за образование и наука.


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Тренинг-обука на тема: РАЗВОЈ НА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАКО ВАЖЕН ФАКТОР ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

22.9. – 22.12.2016 година (секој четврток во неделата) Стопанска комора на Македонија

Современите истражувања посветени на емоционалната интелигенција потврдуваат дека поврзаноста на општите интелeктуални способности и животниот успех расте доколку личноста поседува и емоционална писменост. За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Методологија на обуката Обуката е креирана на тој начин што учесниците преку теоретски дел и практични вежби ги изучуваат трансакционите техники за емоционална писменост (вежби за самоанализа, анализа на секојдневни ситуации, играње на улоги, вежби за директна употреба на трансакции во секојдневниот живот на секојдневни ситуации). Целата обука е распоредена во 13 модули, при што секој модул се одржува еднаш во неделата, во траење од два часа. Рок за пријавување до 14 септември 2016 година. Повеќе информации за котизацијата и учеството може да се добијат на следните контакти: Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23 септември 2016 година (петок) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Закон за градежно земјиште (кој започна со примена на 1.8.2016 година)

Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште. Целта на семинарот е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Програма на семинарот: • Општи одредби на Законот за градежно земјиште; • Права на градежното земјиште; • Начин и постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, пренесување право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, со посебен осврт на новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба (целосна електронска постапка од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите) со посебен осврт на начинот на поднесување на барањата во новиот информационен систем; • Пренесување на право на сопственост на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, како нова предвидена постапка во Законот за градежно земјиште; • Запишување во јавната книга за запишување на правата на недвижностите; • Уредување на градежното земјиште; • Преодни и завршни одредби; • Отворени прашања, одговори и дискусија во врска со новиот Закон за градежно земјиште. Предавач: - Анета Јорданова, дипломиран правник, раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски.

Краен рок за пријавување: 19 септември 2016 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Тренинг-обука на тема: РАЗВОЈ НА ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАКО ВАЖЕН ФАКТОР ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

22.9. – 22.12.2016 година (секој четврток во неделата) Стопанска комора на Македонија

Современите истражувања посветени на емоционалната интелигенција потврдуваат дека поврзаноста на општите интелeктуални способности и животниот успех расте доколку личноста поседува и емоционална писменост. За кого е наменета обуката? Обуката е приспособена за вработените од бизнис заедницата од различни сектори кои сакаат да ги развијат вештините за самодоверба, за тоа како во дадени ситуации правилно да реагираат, како да донесуваат правилни одлуки, да се справуваат во конфликтни ситуации, а при тоа да не се повреди вработениот или клиентот. Методологија на обуката Обуката е креирана на тој начин што учесниците преку теоретски дел и практични вежби ги изучуваат трансакционите техники за емоционална писменост (вежби за самоанализа, анализа на секојдневни ситуации, играње на улоги, вежби за директна употреба на трансакции во секојдневниот живот на секојдневни ситуации). Целата обука е распоредена во 13 модули, при што секој модул се одржува еднаш во неделата, во траење од два часа. Рок за пријавување до 14 септември 2016 година. Повеќе информации за котизацијата и учеството може да се добијат на следните контакти: Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21-25 септември 2016 година Будва, Р. Црна Гора

САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ, ВОДОВОДИ И САНИТАРНИ ТЕХНОЛОГИИ

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Јадранскиот саем, ве поканува да бидете дел од Саемите за градежништво, енергетика и води, водоводи и санитарни технологии. Овогодинешните манифестации ќе се одржуваат во периодот од 21 - 25 септември 2016 година, во Будва, Р. Црна Гора.

Во овој период ќе бидат организирани повеќе манифестации:

• на Саемот за градежништво оваа година на јавноста ќе и` бидат претставени нови производи и технологии, како и можноста за директно воспоставување соработка на сите нивоа во рамките на оваа диманична стратешка гранка. На оваа манифестација ќе се претстават сегменти од градежната индустрија, како и најистакнатите претставници од сите области на градежната дејност; • Саемот за енергетика е можност да ги престават своите нови технологии и достигнувања компаниите, државните и академските институции, стручните и професионалните здруженија и поединци кои се насочени кој истражување, развој, производство, пренос, дистрибуција и разионализација на користењето на енергијата; • саемската платформа и компаративната предност која ја нуди Саемот за води, водоводи и санитарни технологии претставува прилика за унапредување на бизнисите и остварување на добри комерцијални резултати. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 5 септември 2016 (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk

- Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ПРВ ЕКОНОМСКИ, ТРГОВСКИ И КУЛТУРЕН ФОРУМ

27-29 септември 2016 година Шенжен, Народна Република Кина

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Кинеските совет за промоција на меѓународна трговија во Шенжен, Кинеската комора за меѓународна трговија во Шенжен и Економската и културна асоцијација за Централна и Источна Европа во Шенжен, ве поканува да бидете дел од Првиот економски, трговски и културен форум. Манифестација ќе се одржи во периодот од 27-29 септември 2016 година во Шенжен, Народна Република Кина. Целта на овој форум е темелна имплементација на националната стратегија за развој „One belt, One road“, како и зајакнување на пријателството и соработката со државите од Централна и Источна Европа. Покрај тоа, главен акцент ќе биде ставен на промоцијата на градот Шенжен и сите неговите потенцијали за економска и културна соработка. На Форумот се очекува учество да земат околу 100 претприемачи од земјите од Централна и Источна Европа. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 август 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот и сите поволности за учесниците, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091 е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

5-6 октомври 2016 година Краков, Р. Полска

7. МЕЃУНАРОДЕН ТРГОВСКИ САЕМ ЗА КОМПОЗИТНИ МАТЕРИЈАЛИ, ТЕХНОЛОГИИ И ПРОИЗВОДИ „KOMPOZYT – EXPO“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен трговски саем за композитни материјали, технологии и производи „Kompozyt – Expo“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 5-6 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Седмиот меѓународен трговски саем за композитни материјали, технологии и прозиводи е еден од најзначајните настани за индустријата за композитни материјали, во Полска и во Централноисточна Европа. Меѓународни посетители, бројни индустриски новитети, машини, зона за техничка презентација – се само мал дел од понудата на оваа манифестација. „Kompozyt Expo“ дава можност за реализирање деловни контакти, проследени со демонстрирање на машини, како и богата програма на семинари и престижни награди за учесниците. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • суровини и материјали; • меѓупроизводи; • композитни производи; • животната средина; • истражување и развој; • машини и алати; • услуги. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да изложуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 9 септември 2016 година (петок). За сите заинтересирани што сакаат да го посетат Саемот, рокот за пријавување е до 16 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„31. TRADE EXPO INDONESIA“

12-16 октомври 2016 година Џакарта, Р. Индонезиjа

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Републик Индонезија, ве поканува да бидете дел од „31. Trade Expo Indonesia“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 12-16 октомври 2016 година во Џакарта, Република Индонезија. Како и изминатите години, Саемот има за цел да ги прикаже најдобрите извозни производи на Индонезија од индустријата, рударството, земјоделието, па се` до секторот за ракотворби. Минатата година настанот успешно привлекол повеќе од 10.000 посетители од повеќе од 100 земји од светот и генерирал трансакции со обрт од повеќе од 900 милиони САД$. Фактот дека илјадници купувачи од повеќе земји од светот доаѓаат секоја година да го посетат саемот докажува за големата посветеност на трговските партнери низ светот. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • производство на добра и услуги; • монтажни куќи и мебел за градина; • храна и пијалаци; • мода, животен стил и креативни производи; • висококвалитетни производи за мали и средни претпријатија. Стопанската комора на Македонија на прво-пријавените учесници им овозможува: • 2 бесплатни ноќевања; • трансфер (аеродром – хотел - саем и обратно); • вечери организирани од страна на Амбасадата на Република Индонезија со претставници од бизнис-заедницата на Индонезија со цел да се зголемат шансите за потенцијална соработка помеѓу двете држави. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании за посета на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 31 август 2016 година (среда). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

13-15 октомври 2016 година Софија, Р. Бугарија

„SOFIA SPORT& HEALTHY LIFE EXIBITION“ 13-15.10.2016-СОФИЈА, БУГАРИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Via Expo“, ве поканува да бидете дел од „Sofia Sport & Healty Life Exibition“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 13-15 октомври 2016 година во Софија, Р. Бугарија. Второто издание на Саемот за спорт и здрав живот повторно ќе ги обедини темите на здрав живот и спорт и рекреација. Главната цел на настанот е да им се даде шанса на домашните и на странските компании да ги презентираат своите производи на бугарскиот пазар и да најдат нови бизнис-контакти, да остварат директни средби со дистрибутери и произведувачи. На Саемот ќе бидат изложени: • спортска опрема; • производи за заштита; • природна и органска храна и козметика; • диетална храна; • нутриционистички и хербални суплементи. Стопанската комора на Македонија во соработка со „Via Expo“ за сите заинтересирани учесници обезбеди 10% попуст на цената за изложбениот простор. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на Саемот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 август 2016 година (вторник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

23. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ВО ТИРАНА

24 - 28 ноември 2016 година Тирана, Р. Албанија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Klik Ekspo Group“, ве поканува да бидете дел од 23. Интернационален саем во Тирана. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 24 – 28 ноември 2016 година во просториите на Конгресната палата во Тирана, Р. Албанија. Минатогодишниот 22. Интернационален саем во Тирана беше прогласен за еден од најзначајните деловни настани во Албанија. На манифестацијата повеќе од 280 учесници ги изложија своите производи. Компании од Италија, Грција, Полска, Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Шпанија, Австрија, Еквадор, Франција, Турција, Македонија, Косово, Финска, беа посетени од повеќе од 20.000 посетители. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • градежништво; • енергија и обновливи извори на енергија; • туризам; • образование; • храна; • земјоделие. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за учество на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 12 октомври 2016 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Марија Дукоска Тел: ++ 389 2 3244035 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18-20 октомври 2016 година Краков, Р. Полска

21. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА МАШИНИ, АЛАТИ, УРЕДИ И ОПРЕМА ЗА ПРЕРАБОТКА НА МАТЕРИЈАЛИ – „EUROTOOL“

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Targi w Krakowie“, ве поканува да бидете дел од 21. Меѓународен саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали –„Eurotool“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 18-20 октомври 2016 година во Краков, Р. Полска. Меѓународниот саем за машини, алати, уреди и опрема за преработка на материјали – „Eurotool“ е еден од најзначајните настани кој на едно место ги обединува професионалците од Источна и Централна Европа. Секоја година овој саем ги отвора своите врати за водечките компании од Полска и од странство за да го презентираат своето портфолио. Саемот е наменет за оние кои се занимаваат со: • машини за редуктивна обработка; • машини за пластика; • алати; • мерни и контролни инструменти и уреди; • опрема за машини; • опрема за индустриски работилници; • услуги и други консултации и др. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да бидат дел од овој саем да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 30 септември 2016 година (петок). За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk - Марија Дукоска, телефон: +389 32 44 035 е-адреса: marija.dukoska@mchamber.mk


петок, 26 август 2016, Бр. 275

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


40

БИЗНИС ИНФО

петок, 26 август 2016, Бр. 275

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Македонија. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Кина која произведува спортска опрема за пливање, маски, перки, дишалки и сл. бара компании за соработка од Р. Македонија, за дистрибуција и пласман на своите производи. Реномирана Валидност до 2.9.2016 година. Компанија од Р.Хрватска нуди сликарски платна кои се нов и иновативен производ и бара компанија за дистрибуција на платната за територијата на Р. Македонија и за други соседни земји. Валидност до 2.9.2016 година. Компанија за превод и толкување од Македонија, како една од најголемите агенции за јазични услуги во Република Македонија со над 35-годишно искуство во преведувачката дејност, нуди квалитетни услуги по поволни цени: превод и толкување од/на сите европски јазици, заверка на документи од овластен судски преведувач, лекторирање и уредување. Валидност до 29.7.2016 година. холдинг компанија од Романија која може да обезбеди комплетни решенија за енергетска контрола, консултантски услуги за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија; програми, дизајн и специјализирани инженеринг услуги, претприемништво за сложени електрични инсталации, производство на среден и низок напон, опрема, електрична опрема, практичната примена на обновливите извори на енергија (ОИЕ), бара соработка со компании од Р.

Контакт: Ванчо Спасески Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-095 Факс: +389 2 3244-088 vanco@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.