Бизнис ИНФО, број 292

Page 1

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО Број 292

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

www.mchamber.mk

27.01.2017

ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА ВО СОРАБОТКАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија, по повод 95-годишнината од коморското организирање во Македонија, ќе организира тркалезна маса на тема: „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ“

goodini

192

2 - 2017


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ КОМОРИ

СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РАМКОВНАТА ДИРЕКТИВА ЗА ОТПАД И ДИРЕКТИВИТЕ ЗА ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД

(отпад од пакување, отпадни батерии и акумулатори и отпадна електрична и електронска опрема)

ВО НАСОКА НА КВАЛИТЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ Изработка на нов закон за управување со отпад во согласност со новата Директива на ЕУ за управување со отпад 2008/98 и Регулативата 333/2011 и приоритетни подзаконски акти беа предмет на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (23.01.2017 година).

М-р Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад при Управата за животна средина, информираше дека


БИЗНИС ИНФО

4

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ

кон крајот на минатата година започна Твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема“ и истиот како резултат треба да постигне развиен нацрт на Законот за управување со отпад во согласност со споменатите директиви. Господинот Греам Брн, постојан твининг советник на Проектот, во своето обраќање накусо се осврна на начинот на функционирање на овој вид проекти, а притоа истакна дека за реализација на постојниот е формиран Управен одбор на проектот, чии членови се високи претставници на МЖСПП, Делегацијата на Европската унија, Секретаријатот за европски прашања и Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии, како и претставник од Стопанската комора на Македонија. Една од суштествените измени на Законот за управување со отпад ќе се однесува на разграничувањето на отпадот од секундарните суровини, а како што истакна Мазневска, ќе се смени хиерархијата на приоритети, при што првиот акцент ќе биде ставен на намалувањето на количините отпад коишто се создаваат. Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија која преку својот претставник во Управниот одбор на Проектот активно ќе учествува во постапката на донесување и имплементирање на новините во Законот за управување со отпад и законите за посебните текови на отпад очекува дека истиот треба да придонесе во унапредување на дејноста управување со отпад, особено во делот на непречено движење на неопасниот отпад, без административни процедури, како дозволи и согласности, како што е впрочем регулирано во земјите од Европската унија. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

5

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ВО ШТИП ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ Регионалната комора со седиште во Штип при Стопанската комора на Македонија на 24.01.2017 година организираше бесплатна работилница за кариерно советување на тема: „Инвестирање во стручниот кадар и јакнење на капацитетите на тимот во компанијата“. Пред

бројни

компании

од источниот регион, преку интерактивно во

учество

работилницата,

беа

презентирани повеќе модули за кариерно советување. Посебен осврт се даде на тимската работа и лидерството, како и на комуникациските и

лидерските

вештини.

Предавач на работилницата беше

Валентина

дипломиран работник,

Дрмова, социјален

сертифициран

советник за водење и обука за кариерно советување. Таа истакна дека консултациите направени во рамки на советувањето за кариера се насочени кон помош на поединци од која било возраст и во која било фаза од нивниот живот во изборот на образование, професионална обука и занимање, и во контрола на кариерата. Понатаму, во делот на тимската работа и лидерство, преку одредени вежби присутните можеа да го одредат лидерот што се издвојува во самата група. Исто така беа спомнати и стиловите на лидерство коишто се карактеризираат со: авторитарен, убедувачки, консултативен и партиципативен стил. На крајот имаше голема дискусија на оваа опширна тема, на којашто учесниците искажаа интерес за учество и во иднина на вакви или слични работилници коишто се од голема важност како за работодавачите така и за вработените во компаниите. Моника Стоичева


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

АКТУЕЛНО

ЕКОНОМИЈАТА ПР ВО СОРАБОТКАТА МЕЃУ М Република Македонија и Република Србија традиционално имаат одлични билатерални политички и економски односи, а интензивно соработуваат и во различни регионални и мултилатерални иницијативи. Економските врски помеѓу Србија и Македонија се засноваат на надворешно-трговска и инвестициона соработка, регионално поврзување и заедничка реализација на проекти во рамките на достапните европски фондови за двете земји. Врз основа на економските параметри може да се заклучи колкаво е значењето на економската соработка помеѓу Македонија и Србија. Последните пет години обемот на трговската размена преминува 600 милиони евра годишно, со тенденции за раст. Од друга страна, кога ќе се погледнат инвестиционите вложувања помеѓу двете земји, евидентни се позитивни текови низ годините, а трендот на раст треба да продолжи и во иднина. Во рамките на регионалната соработка посебно треба да се истакне основањето на Коморскиот инвестициски форум во август 2015 година, со цел со заедничко коморско дејствување, соработка и усогласување на активностите заеднички да се придонесе за развој на конкурентноста на економиите во регионот. Секако, треба да се истакнат


7

БИЗНИС ИНФО

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

АКТУЕЛНО

РЕД ПОЛИТИКАТА МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА и иницијативите за унапредување на соработката по дејности, особено во металната и електроиндустријата, како и во градежништвото, со формирање на конзорциуми и други облици на здружување, со цел заеднички настап на пазарите во Западен Балкан, како и на трети пазари. Ефикасната соработка во областа на градежништвото и индустријата за градежни материјали помеѓу сите стопански комори од регионот на Западен Балкан ќе придонесе за заедничка реализација на конкретни проекти и заеднички настап на трети пазари. Во текот на последната од низата работни средби, која се одржа во Скопје, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, се согласија дека економската соработка треба и мора да оди пред политиката и во таа смисла апелираа до владите на двете земји да направат се` што е потребно да не се нарушат добрососедските односи, бидејќи негувањето на добрите политички односи е предуслов да се отстранат преостанатите препреки за зголемување на билатералната трговска размена, како и меѓусебните инвестициони активности. Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

ЈУБИЛЕЈ 95 години

ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА

1922

-предности и недостатоци-

2017 goodini

... Големите глобализираат, малите соработуваат ... Стопанската комора на Македонија на 17 февруари 2017 година (петок) ќе одбележи значаен јубилеј - 95 годишнината од коморското организирање и работење во Република Македонија. По тој повод, продолжувајќи ја традицијата на организирање значајни настани на овој ден, поврзани со реализација на клучните коморски иницијативи, Комората, под покровителство на НЕ проф. д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија, ќе организира тркалезна маса на тема: ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА - предности и недостатоци -

Дел од учесниците на тркалезната маса: Мило Ѓукановиќ

Стипе Месиќ

црногорски државник

хрватски државник

Проф. д-р Александар Влаховиќ

Д-р Владимир Глигоров

главен организатор на Копаоник бизнис форумот во регионот познат како „Српскиот Давос“

меѓународен економски експерт од Виенскиот Институт за меѓународни економски студии

Проф. д-р Драган Микеревиќ

Џемал Инаишвили претседател на Конфедерацијата на азископацифичките трговскоиндустриски комори и член на Генералниот совет на Светската коморска федерација

државник и професор од Босна и Херцеговина

Марко Чадеж

Сафет Ѓерѓалиу

претседатели на Стопанските комори на Србија и Косово – прв српско-косовски бизнис тандем


БИЗНИС ИНФО

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ ЈУБИЛЕЈ 95 КОМОРИ години

1922

2017 goodini

На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници од бизнисот, научната и стручната јавност, значајни за политичкиот и економскиот живот порано, сега и понатаму... Тркалезната маса ќе биде организирана во еден несекојдневен амбиент, со проследување на излагањата од учесниците од страна на најуспешните 1000 компании-членки на Стопанската комора на Македонија.

Бранко Роглиќ

Светозар Јаневски

хрватски милијардер, водечки европски дистрибутер

македонски бренд во бизнисот и менаџерството

Санди Чешко

Проф. д-р Кочо Анѓушев

„Орбико“

„Студио Модерна“ најбогат Словенец 2013-2015, творец на најголемиот TV shop бренд „Top Shop“

ВВ „Тиквеш“

„Енерџи Деливери Солушнс“ ЕДС професор и успешен македонски бизнисмен и претприемач

Андреј Јовановиќ

Филип Ван Хоол

српски бренд лидер (Chipsy, Clipsy, Pardon, Max, Minut, Gud, Imlek, Bambi i Knjaz Miloš)

белгиец кој не прави чоколадо, туку автобуси

„Моји брендови“

“Van Hool” NV

Модератор на тркалезната маса ќе биде проф. д-р Глигор Бишев, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје“.


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

ЈУБИЛЕЈ 95 години

Стопанската комора на Македонија, по организирање во Македонија, ќе о „ПОЗИЦИЈАТА НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ В ПРЕДНОСТИ И Н

goodini

192

2 - 2017

Кои се нашите очекувања од тркалезната маса? Големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба. Исто така, на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои можат негативно да влијаат врз нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното

опкружување. Очекуваме дека врз основа на излагањата и дискусиите на оваа тркалезна маса, проследена од домашната деловна заедница организирана преку Комората, ќе се утврдат конкретни заклучоци кои ќе имаат значајна улога во дефинирањето на идните чекори насочени кон обединување на напорите за соработка на претприемачите и малите држави меѓусебно и дефинирање на предизвиците, решенијата и активностите за градење единствени вредности за сите претприемачи од малите држави и унапредување на капацитетот на претприемачите од малите држави. Очекуваме дека активностите на планот на поврзување на претприемачите од малите земји нема да завршат ни потоа. Тркалезната маса ќе биде првиот чекор кон реализација на нашата повисока цел: организација на првиот самит на претприемачите од малите држави. Тој самит треба да ja прикаже моќта на здружувањето со директно состанување на најдобрите претприемачи од малите земји. Секој самит ќе се одржува еднаш годишно во различна мала земја. Планираме првиот состанок да се одржи во 2017 година во Скопје, а вториот во 2018 година на Арапскиот Полуостров. Разликата во споредба со останатите деловни состаноци и конференции


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО ЈУБИЛЕЈ 95 години

о повод 95-годишнината од коморското организира тркалезна маса на тема: ВО МЕЃУНАРОДНАТА ЕКОНОМИЈА НЕДОСТАТОЦИ“ ќе биде во тоа што ова нема да биде самит со говорници, каде намерата е да се слуша и учи, ова нема да биде академско излагање на разни теми. Ова е создавање на организација со две мисии кои претходно ги образложивме: унапредување на економската соработка меѓу малите земји и унапредување на економската соработка меѓу претприемачите од тие земји. Суштина на иницијативата ќе биде непрекинатата активност. Во функција на првиот самит ќе се изработи меѓународна студија за состојбата на бизнисите од малите држави на меѓународниот пазар која ќе даде одговор на следните прашања: тековната состојба; кои се предностите и недостатоците, кои се идеите и мерките за подобрување на состојбата, како најдобро да се вклучат политичките елити кон оваа иницијатива за да се остварат подобри резултати? Во таа насока ќе се изработи и посебна стратегија за комуникација за континуирано дејствување после првиот самит. Основните цели на стратегијата ќе се состојат во создавање услови каде претприемачите ќе можат слободно да дискутираат за своите гледишта, да се сретнат со партнери од другите земји и да разменат информации, како и создавање услови за промена на менталитетот и размислувањата на луѓето во малите држави. Нашите очекувања се големи, но не се неостварливи... секако, со помош на претприемачите од малите земји и нивните идеи и предизвици кои обично се поголеми од нашите... Затоа, нема сомнежи дека нема да успееме во нашите намери. М-р Елена Милевска Штрбевска


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ започна со редовните активности за 2017 година

СКМ ♦ КМ

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

-ПРВО ПРЕДАВАЊЕ ОД МОДУЛОТ: „МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ“-

По циклусот успешно реализирани 26 едукативни настани во рамките на Клубот на менаџери - претприемачи во изминатата година на кои присуствуваат повеќе од 300 учесници. На ден 27 јануари 2017 година членовите на Клубот имаа можност да присуствуваат на предавање кое го одржа со г-дин Љупчо Георгиев, лиценциран Густав Кезер тренер и генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово на тема „Менаџерски вештини“. Пред учесниците тренерот Љупчо Георгиев потенцираше дека позитивните промени во стратегијата на однесувањето на вработените во менаџментот, продажбата и целокупната организација, се темел за успешна политика на секоја фирма. Во динамично бизнис опкружување секојдневните предизвици на менаџерите стануваат се поголеми и потешко се доаѓа до правилниот одговор и решение на многубројните прашања, проблеми и предизвици. Успешните претприемачи знаат да останат фокусирани. Водењето сопствен бизнис значи соочување со многу фактори кои влијаат на бизнисот на дневна база. Успешен претприемач знае кои фактори се најзначајни и се фокусира на нив, но покрај секојдневните активности, менаџерите треба да имаат дефинирано долгорочна визија за бизнисот, а само успешни претприемачи се способни да визуелизираат – истакна г-дин Георгиев. Клубот на менаџери –претприемачи веќе една година успешно работи во рамките на институција која е бренд за коморско организирање во Република Македонија, но и


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

пошироко. Со знаењето, професионалноста и добрите бизнис контакти, но и одличната соработка која Комората ја има воспоставено со домашните и меѓународните институции, овозможи преку Клубот на менаџери –претприемачи , да се обединат сите бенефити, понуди и нови услуги на едно место сè со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странскитеи партнери. Доколку визијата за Вашата компанија е да креирате претприемачки дух и конкурентност во работењето, тогаш ни претставува задоволство да Ве поканиме да ни се придружите во остварувањето на целта – Да растеме заедно. Михајло Донев


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

15

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

,,УСПЕШНО ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОНУДИ, КОРИСТЕЊЕ НА ЕСЈН-СИТЕ АЛАТКИ И МОДУЛИ (ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, ДИГИТАЛНО ПОТПИШУАВАЊЕ, Е-АУКЦИИ/КОНЕЧНА ЦЕНА), ТЕНДЕРСКО ДОСИЕ, МОДУЛ ЗАВРШЕНИ ПОСТАПКИ“

01.02.2017 Семинар Стопанска комора на Македонија сала 1 на V кат

Согласно задолжителното спроведување на електронските јавни набавки предвидени со

Законот за јавните набавки („Службен весник на РМ“ бр. 78/15)и тоа:

- во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и

- во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година, како и фактот дека голем број на

понудувачи се` уште не се подготвени за учество на електронски постапки, не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) - регистрација, поставување на прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ и слично.

Поучени од искуството од 2016 година, кога над 40% од постапките беа спроведени целосно

по електронски пат, се јавува потребата од ИТНО запознавање на ЕСЈН од страна на деловните субјекти, како и нивна обука и подготовка за учество на постапките за е-Јавни набавки. Со користење на електронските постапки се зголемува довербата на понудувачите во целокупниот систем на јавни набавки - користење на електронски средства во функција на оставање трага, односно снимање на сите дејствија преземени во текот на постапката за јавна набавка.

На овој семинар ќе бидат презентирани најчестите грешки при учество со електронска понуда,

технички препораки, проблеми со електронско потпишување, невалидни сертификати, електронски банкарски гаранции, исто така ќе бидат претставени сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН (електронски систем за јавни набавки), учеството на електронски јавни набавки, сите предизвици во врска со е-набавките во РМ. Исто така, ќе бидат презентирани и дискутирани предлози за надградување, подобрување и редизајн на системот со цел попрегледно и олеснето користење.

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


16

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2 и 3 февруари 2017 (четврток и петок) 10:00 – 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО ДЕЛОВНОТО ОПКРУЖУВАЊЕ

Во современите барања на деловното опкружување за дизајн и имплементација на информацоните системи на големите компании стануваат се` повеќе комплексни. Ваквите системи вклучуваат се` поголем број на услуги, апликации, улоги и ресурси. Во исто време, концептите на дистрибуција, приспособливост, присутност, достапност на информации, управување со дигиталните идентитети, бараат нови пристапи и решенија. Проблемот на безбедноста и управување со информации и податоци е една од најважните насоки на истражување во областа на е-бизнис системите. Преземените мерки за зачувување на информации и податоци се различни за секој поединечен случај, а пред се` во зависност од важноста и вредноста на самите информации. Решавање на проблемот на безбедноста на информациите е имплементација на Интранет платформа за интелигентно управување со информации и електронски документи кои им овозможуваат безбеден, брз, едноставен и ефикасен начин за контрола на пристап до информации и податоци во големите бизнис системи. Целна група: Менаџери и вработени во служба за безбедност на информатичките системи, одговорните лица за заштита на бизнис информации, внатрешни и надворешни ИТ-ревизори, лица задолжени за развој на софтвер, бизнис и клиент апликации, како и за вработените во организационите единици кои се вклучени во развој на нови услуги врз основа ИТинфраструктура. Предавачи: - Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. - Доц. д-р Драган Ѓокиќ, со повеќе од дваесетгодишно искуство во организирање и реализирање на работи кои се однесуваат на ИT-корисничка поддршка, ИT-едукација и безбедно управување на дигиталните содржини во ЈП „Пошта Србија“. Контакт: Ивона Каранфиловска

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова

Тел: ++ 389 2 3244084

Тел: ++ 389 2 3244074

Факс:++ 389 2 3244088

Факс:++ 389 2 3244088

Контакт Центар : (02) 15015

Контакт Центар : (02) 15015

E-адреса: ivona@mchamber.mk

E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ КОЈ ЗАПОЧНА СО ПРИМЕНА ОД 1.01.2017 ГОДИНА

3.02.2017 година (петок) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Со Законот за нотаријатот се уредува организацијата на нотаријатот како јавна служба и

неговите органи, постапката за именување и разрешување на нотарите, делокругот на работата и службените дејствија на нотарите, овластувањата на нотарите, составувањето на нотарски исправи, надзорот и дисциплинската одговорност на нотарите, составување на нотарски исправи, надзорот и дисциплинската одговорност на нотарите, како и други прашања кои се однесуваат на нотаријатот.

Целта на семинарот е запознавање на заинтересираните страни со новините во Законот за

нотаријатот кој стапи на сила на 1 јануари 2017 година („Службен весник на Република Македонија“, бр.72/2016, 142/2016), како и со постапките кои се водат пред нотар. Целна група се сите заинтересирани учесници од приватниот и од јавниот сектор, банките и осигурителните компании.

Предавач: Васил Кузманоски, нотар и в.д. претседател на Нотарската комора на РМ.

- Новини и дилеми во новиот Закон за нотаријатот

Предавач: Марјан Коцевски, нотар, член на Управниот одбор на Нотарската комора на РМ.

- Нотарски платен налог согласно одредбите на новиот Закон за нотаријатот

Предавач: Олга Димовска, нотар, член на Стручниот совет на Нотарската комора на РМ.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 8 февруари 2017 година (среда), 11:00 – 13:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

„ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ХОТЕЛИТЕ,ОСВЕТЛУВАЊЕ,BMSУПРАВУВАЊЕ И ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ“

Компаниите „И-Импулс“ (www.i-impuls.com.mk) и „Кабтел“ (www.kabtel.com.mk) во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираат бесплатна презентација на имплементација на проекти за енергетска ефикасност во хотели и други угостителски објекти за сместување, финансиска поддршка за проекти за енергетска ефикасност и хотелски BMS-решенија - Интелигентоно управување со хотели за висок комфор и ниски трошоци. „И-Импулс“ повеќе од 10 години работи во областа на проектирање и е специјализирана за професионално енергетски ефикасно осветлување со користење на иновативна LED-технологија и традиционални решенија за сите типови на објекти. Македонската компанија „Кабтел“ повеќе од 15 години е активна на пазарот во областа на комуникациите, телефонијата, поврзувањето, ППдојава, јавен разглас и иновативни БМС-системи, со посебно внимание на хотелските иновативни решенија. Подетални информации ќе бидат дадени на презентацијата која ќе се одржи на 8 февруари 2017 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат. Вашиот интерес за присуство на презентацијата, Ве молиме, да го најавите најдоцна до 6 февруари 2017 година. Контакт: Даниела Михајловска Василевска, тел: 32 44 021; е-адреса: daniela@mchamber.mk


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ, ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ И КОНТРОЛА

8-9.02.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

На дводневниот семинар учесниците ќе се запознаат со вештините кои се потребни за да се

надминат предизвиците на современите организации. Овој семинар е наменет за менаџери, шефови на оддели и организациони единици, шефови на смени, водачи на тимови, супервизори и за други раководни позиции. Семинарот дава приказ на современите функции на менаџментот, како и на методите по кои вработените ефективно се раководат. Предавач:

Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“,

компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување функцијата на човечките ресурси, структурна транформација на функцијата на човечките ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечките ресурси со повеќе од 10-годишно искуство од областа, вклучувајќи меѓународни средини во јавни и приватни претпријатија, како и поранешни јавни претпријатија трансформирани во приватни ентитети. Докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечките ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Широко познавање и практично искуство во законската регулатива, буџетирање, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациско порамнување, управување со промени и односи со синдикати и вработени.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

20

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 20.2.2017 година (понеделник) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

Стопанската комора на Македонија на 20 февруари 2017 година организира еднодневен

семинар на тема: „Контролинг во набавките“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето.

Цел на семинарот:

Запознавање на учесниците на семинарот со:

• Управувањето со набавките; • учесниците во набавките – купувачи и добавувачи; • интерна комуникација во организацијата – набавка наспроти магацин; • комуникација со добавувачите; • приоритети во набавката; • WIN-WIN стратегија за стратешко поврзување со добавувачите; • оценување на добавувачите – критериуми за оценување.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во управување на

процесите на набавка – раководители на набавката, менаџери на набавка, како и оние чии работни задачи вклучуваат логистика во организацијата (организирање на набавките, магацинско работење, транспорт и сл.).

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

21 февруари 2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:

„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.

Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот

циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.

По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

АПМ


БИЗНИС ИНФО

22

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.02.2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОПТИМИЗАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ

Оптимизација на производството и управување со проекти во реална околина, претставува

клучен предизвик за многу компании кои како главни процеси имаат различни типови на производство, поради фактот дека во 2017 година потребно е да се реализира баланс помеѓу одржувањето на тековните деловни процеси (профитабилност, квалитет на услугите, односи со клиентите, продуктивност, компетентност на вработените итн.), од една страна, а од друга страна т.н. деловен напредок и имплементација на интерни промени, кои ќе дадат максимален придонес.

PRINCE2 претставува една од корисните алатки и знаење во сите клучни процеси во

компанијата, посебно во делот на производството. Клучните ефекти во работењето на една компанија можат да се добијат преку имплементација на систем на работење кој има за цел трансформација (во континуитет на работењето) од управување на бизнисот во управување на проектно работење во реална и контролирана околина. Целта на овој семинар е учесниците да се стекнат со клучни знаења за PRINCE2 методологијата и истите да ги применат во реалното работење земајќи ги предвид реалните услови во Македонија. Речиси во секој производствен процес постои потреба за проектно управување и имплементација на знаење и создавање на мултифункционални тимови.

Овој семинар е наменет за проектни менаџери и раководители на проекти, раководители на

набавка, раководители на производство, интерни проверувачи (контрола на квалитет), раководители во големопродажба, како и за сите оние кои сакаат да го надградат своето знаење.

Рок за пријавување: 21.02.2017 година. Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

6. МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ

2 - 3 март 2017 година Нови Сад, Република Србија

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Новосадскиот саем, ве покануваат да бидете дел од 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите, собир на енергетсккиот сектор и инвестициите, што ќе се одржи во периодот од 2 - 3 март 2017 година во Нови Сад, Република Србија. Настанот 6. Меѓународни денови на енергетиката и инвестициите има за цел да ги поттикне бизнис контактите и соработката помеѓу сите релевантни чинители во областа на енергетиката, градежништвото, заштитата на животната средина и локалниот развој во Србија и во регионот, како и да се стимулира поголема инвестиција во овие области. Настанот ќе се одржи во пресрет на 5 Март - Денот на енергетската ефикасност. Целта е да се обезбедат презентации на проекти и изнаоѓање соодветни финансиски и технички партнери за нивно спроведување Во фокусот на Меѓународниот ден на енергијата и инвестициите ќе бидат темите во областа на енергетиката, финансирањето и изградбата, како и специјални градежни обврзници и енергија преку енергетската ефикасност во зградите. Исто така, посебен акцент ќе биде ставен на најактуелната тема денес - борбата против климатските промени. Настанот на сите учесници им нуди единствена можност за дводневна презентација на своите компании, технологии и проекти пред компании инволвирани во енергетскиот сектор, како што се претставници од локалната самоуправа, агенции, здруженија, како и воспоставување директна цврста врска со посетителите и учесниците на настанот.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават

за посета на настанот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.02.2017 година (четврток).

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.3.2017 година (петок) 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

Стопанската комора на Македонија на 3 март 2017 година организира еднодневен семинар на

тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.

5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и

воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија.

5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска

методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места.

Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на

однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.

Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација

(Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или

производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„WIN EUROASIA METALWORKING“ САЕМ ЗА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА

9 - 12 февруари 2017 година Истанбул, Република Турција

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Hannoover fairs Turkey“, ве покануваат да бидете дел од „WIN EUROASIA Metalworking“ - Саем за металопреработувачката индустрија. Овогодинешниот саем ќе се одржува во периодот од 9 - 12 февруари 2017 година, во Истанбул, Р. Турција. Саемот „WIN EUROASIA Metalworking“, како секоја, така и оваа година на едно место ќе ги собере водечките компании од металопреработувачкиот сектор. Саемот на сите посетители и учесници им нуди можност на едно место да ги видат сите најнови видови технологии поврзани со браварството, заварувањето и третманот на металните производи. Овогодинешниот Саем о отворен за сите компании од металопреработувачката индустрија и сите комплементарни индустрии и сектори. Стопанската комора на Македонија на компаниите им овозможува: • бесплатни влезници за Саемот; • бесплатни трансфери од аеродром до хотел и обратно; • бесплатни трансфери од хотел до саем и обратно; • бесплатно сместување во хотел со 4* или 5* (зависно од расположливите капацитети на хотелите); • организиразни билатерални деловни средби со компании • посета на компании и фабрики. Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 23.01.2017 година (понеделник).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: Сања Николова, телефон:+ 389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

21.03.2017 година (вторник) 10:30-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема:

„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжува со зацртаната агенда за оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ќе ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацијата низ сите градови во Македонија.

Оттука, согласно големиот интерес за семинарите за медијација, Ве информираме дека новиот

циклус на бесплатни семинари за 2017-та година на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“ започна од јануари 2017-та година, со првиот семинар кој се одржа на 24-ти јануари.

По завршување на овој циклус на бесплатни семинари во Скопје, од април 2017-та година активно ќе продолжиме со реализација на нови циклуси на бесплатни семинари како со други активности за промоција на медијацијата не само во Скопје туку и во другите градови и регионални канцеларии на Стопанската комора на Македонија, се` со цел запознавање на сите заинтересирани учесниците со предностите на медијацијата. Дополнително, навремено, ќе Ве информираме за агендата за сите активности поврзани со медијацијата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

„Global Business & Markets“

Enterprise Europe Network Македонија при Стопанската комора на Македонија ви овозможува

да воспоставите контакти со нови деловни партнери

Бизнис средби „Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

Тринаесеттото издание на меѓународните средби во Хановер, водечки светски индустриски настан, ќе се одржи од 24-28 април 2017 година. Над 23.000 деловни средби меѓу повеќе од 3.000 компании биле организирани во рамките на овој брокерски настан од 2005 година до денес.

Меѓународните деловни средби ќе се организираат од страна на Европската мрежа за

поддршка на бизнисот (Enterprise Europe Network) и многу други професионални организации од целиот свет во соработка со Форумот „Глобалните бизниси и пазари“ на Саемот во Хановер.

На Саемот и на средбите ќе учествуваат компании од сите сектори. Но, оваа година посебна

соработка е воспоставена со иницијативата “Младите Tech претпријатија” од Хановер, со цел да се нагласи учеството на иновативните старт-ап компании. Целта на оваа нова иницијатива на Саемот е да се охрабрат старт-ап компаниите да ги зголемат своите контакти и да го привлечат вниманието на потенцијалните клиенти и инвеститори. Повеќе информации може да се најдат на следните веб-страни:

www.b2fair.com/hannovermesse2017 и на

www.een-matchmaking.com/hannovermesse2017.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Босна и Херцеговина чија основна дејност е увоз и дистрибуција на алкохолни и безалкохолни пијалаци, вино, кондиторски производи, чаеви и многу други производи наменети за угостителството, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на голем број разни семки, како и суровини за кондиторската индустрија бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.

Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка со акцент на кондиторски производи, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на нивните производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со увоз и дистрибуција на кондиторски, хемиски производи козметика, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на производи на пазарот во Б и Х. Валидност до 28.02.2017 година.

Компанија од Полска која врши големопродажба и дистрибуција на безалкохолни и енергетски пијалаци е заинтересирана за соработка со компании од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Полска компанија која врши дистрибуција на освежителни безалкохолни пијалаци бара компанија од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите компании од Полска кои вршат дистрибуција на алкохолни, безалкохолни, газирани и негазирани пијалаци, како и пиво, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Една од најголемите дистрибутерски компании од Босна и Херцеговина,


петок, 27 јануари 2017, Бр. 292

БИЗНИС ИНФО

31

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА којашто врши дистрибуција на огромен број познати брендови со врвен квалитет, со широк асортиман на козметика, прехранбени и непрехранбени производи, технички и електрични апарати, фармацевтски производи, текстил, играчки, цигари и моторни масла, бара компании за соработка од Р. Македонија. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на цигари, производи од тутун, прехранбени производи и стока за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуција на разновидни

www.mchamber.mk

производи за широка потрошувачка, бара компании од Р. Македонија за соработка. Валидност до 28.02.2017 година. Компанија од Босна и Херцеговина која се занимава со дистрибуциоја на прехранбени, кондиторски производи и сокови, бара компании од Р. Македонја за соработка. Валидност до 28.02.2017 година.

Контакт: Александро Крстевски Дирекција за регионални комори и меѓународна соработка Тел: +389 2 3244-036 Факс: +389 2 3244-088 aleksandro@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.