Бизнис ИНФО, број 350

Page 1

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

Број 350 345

БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

1

FS 549642

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 27.04.2018

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ШТО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ТРАДИЦИОНАЛНО ГИ ДОДЕЛУВА НА СВОИТЕ ЧЛЕНКИ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

УГОСТИТЕЛСКИОТ СЕКТОР ДОСТАВИ ЗАБЕЛЕШКИ ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, повеќе години активно го следи процесот на креирање на законската рамка за уредување на авторското право и сродните права во делот што го дефинира Колективното управување, а во насока на дефинирање и на обврските што произлегуваат за угостителските објекти (хотелите и рестораните), согласно Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела.

-Ова пред се` е поради фактот што по основ на Правилникот со тарифа за користење авторски музички дела, угостителите имаат законски обврски за плаќање кон Здружението за заштита на авторски музички права по три тарифи 2, 4 и 5, согласно кои нивните трошоци по овој основ се многу големи, - посочи Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. Имајќи предвид дека во тек е постапка за давање мислење по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права изработен од Министерството за култура, Здружението на угостителството и туризмот


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА при Комората, одржа работен состанок на кој се разговараше по Предлог-законот и достави Предлози за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права и предлози по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Во таа насока се бара: 1. Во постојниот Закон за авторското право и сродните права за организираните настани за кои не се остварува приход, односно се од хуманитарна природа да не се наплатува средства ниту кон ЗАМП бидејќи нема економска оправданост ако се организира хуманитарен настан, за истиот да се плаќаат обврските кон колективниот управувач. 2. Да се направи разлика кога угостителскиот објект се јавува како организатор на манифестации од ситуациите кога организацијата на настанот е од трето лице, се` со цел да се дефинира кој подлежи на плаќање на обврската кон ЗАМП. 3. Во насока на претходното барање е и барањето на угостителите да плаќаат надомест само кога се тие организатори на манифестации. Во секоја друга ситуација угостителските објекти само го отстапуваат просторот и даваат угостителски услуги и немаат никаква допирна точка со користењето на авторските и сродните права. Во одбрана на ова свое барање, угостителите се повикуваат на член 55 од Уставот на РМ, став 1, кој вели: „Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.“ Во став 2 од истиот член е наведено дека „Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот.“ Во став 3 од истиот член е наведено дека „Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.“ 4. Се бара да нема можност организацијата за колективно управување да остварува средства од камати на вложени средства во банка и други приходи. Сметаме дека вака формулиран член е правно неиздржан и контрадикторен со правниот субјективитет на организацијата за колективно управување со авторски или сродни права, во услови кога организациите за колективно управување на авторски и сродни права се всушност непрофитни организации. Ова е од причина што основна цел за која се формира, постои и функционира организацијата, е заштита на авторските и сродните права и прибирање и распределба на надоместоците од користењето на тие права во име на нивните носители, а не остварување на приходи по кој и да било основ. -Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, од месец март 2018 година акцентот на нашите барања го ставаме на тоа Комисијата за посредување во авторското право и сродните права да има надлежност да давање мислење по Предлог-тарифата, - посочи Михајловска Василевска.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во таа насока, сакаме да укажеме дека членките на Здружението се согласуваат со констатацијата дадена во Предлог-законот дека досегашната имплементација на овој Закон покажа оти моделот утврден во постојниот Закон го отежнува функционирањето на системот на колективното управување со наметнување на несоодветни обврски, надлежности и процедури, од една страна, а од друга отсуствува регулирање на прашања битни за ефикасно и соодветно колективно управување, како и фактот дека во голем дел во примена на колективното управување не се земени предвид и соодветно транспонирани одредбите од ЕУ-директивите со кои се регулира областа на авторското право и сродните права. Членките на Здружението на угостителството и туризмот ја поздравуваат одлуката со измените на Законот за авторското право и сродните права да се дефинираат критериумите за определување на висината на надоместоците за користење на авторските дела, односно предметите на сродните права, со целосно усогласување со Директивата 2014/26/EC, односно при определување на висината на надоместоците, да се поаѓа од економската вредност на користењето на делата. Имајќи предвид дека овој Закон опфаќа една широка категорија на правни лица, припадници на бизнис заедницата, за кои се предвидени материјални и други законски обврски по однос на користењето на авторските и сродните права, посебно истакнуваме дека нашите коментари и забелешки по однос на предложените законски измени, како и по однос на важечкиот текст на Законот, не се во насока на избегнување на плаќање за користењето на авторските и сродните права, туку со цел за ставање на користењето на овие права, како и правата и обврските кои произлегуваат од истите, во една цврста законска рамка, од која нема да произлегуваат штетни последици ниту за носителите на авторски и сродни права, ниту за корисниците на истите. Истовремено, од големо значење е што во Законот се внесува неопходноста, основите за определување на надоместоците за користење на авторските дела и предметите на сродните права, да бидат издржани и прецизни и да кореспондираат со реалните економски состојби во Република Македонија и целосно да се хармонизираат со Директивата 2014/26/EC . Здружението дава поддршка и на дефинирањето на рокови за распределба на надоместоците, односно приходите од правата, рокови за нивната исплата, за идентификација на неидентификувани носители или дела, односно предмети на сродните права, како и начинот и рокови за користење на нераспределените надоместоци. На јасен и прецизен начин да се уредуваат правилата за прибирање и распределба на надоместоци на организациите кои за тоа ја овластиле соодветната организација за колективно управување. Даниела Михајловска Василевска


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ИНВЕСТИЦИИ АРБИТРАЖА - МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на состанок на КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ во Подгорица Стопанските комори мора да го поттикнуваат развојот на меѓусебната трговија, инвестициите и дигитализацијата во регионот, како предуслов за успешен напредок кон евроинтеграциските процеси на регионот.

Стопанската комора на Црна Гора беше домаќин на седницата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), што се одржа на 21 април 2018 година во Подгорица. На работната средба, покрај претседателите на стопанските комори од регионот – членки на КИФ (Стопанската комора на Македонија, Црна Гора, Србија, Косово, БиХ, Албанија, Словенија и Хрватска), учествуваа и претседателот на EUROCHAMBRES, Кристоф Лајтл, и потпретседателот Волфганг Гренке, како и претставници од стопанските комори на Турција и Војводина, како и на слободните зони на Србија. На средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, претседателот на Eurochambres, Кристоф Лајтл ја пренесе пораката на еврокомесарот Јоханес Хан дека коморите мора да го поттикнуваат развојот на меѓусебната трговија,


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ инвестициите, што покрај процесот на дигитализација во регионот, се многу значајни за заедничкиот европски пат. На состанокот на КИФ беше посочено дека EUROCHAMBRES ги поддржува процесите на интеграција на Балканот, а притоа мошне значајно е почитување на владеењето на правото за поттикнување на инвестиционите иницијативи во регионот. Западен Балкан мора да придонесе за развојот на Европа. Коморите од Западен Балкан се соочуваат со европските предизвици - интеграција во бизнис-заедницата на ЕУ -– истакна Лајтл.

Членките на КИФ ги разгледаа и заедничките иницијативи и проекти за намалување на невработеноста, првенствено на младите луѓе, преку воспоставување заеднички проекти за стручно образование, имплементација на дуалниот систем на образвание и обезбедувањето стручен и квалификуван кадар, во согласност со потребите на работодавачите, како заеднички предизвик за соочување со невработеноста на земјите од регионот. Исто така, во наредниот период, КИФ своите активности ќе ги насочи кон унапредување на онлајн - Инвестиционата платформа, активностите околу Форумот за регионално поврзување, односно развој на единствен економски простор, како и други значајни регионални проектни активности. М-р Елена Милевска Штрбевска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ИНВЕСТИЦИИКОМОРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНА

ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП Регионалната комора со седиште во Прилеп при Стопанската комора на Македонија, на ден 23 април 2018 година, одржа Пленарна седница на која пред бизнис заедницата, градоначалникот на Општина Прилеп, медиумите и другите присутни поздравно обраќање имаше претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, господинот Симон Наумоски.

Тој во своето обраќање направи краток осврт за успешното работењето на Регионалната комора со седиште во Прилеп и нејзините придонеси за бизнис заедницата, при што им се заблагодари на присутните за досегашната соработка и поддршка и најави повлекување од функцијата. Во понатамошниот тек на седницата беа предложени кандидатите за претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп, при што едногласно се донесе Одлуката за претседател да биде избрана Ирена Јакимовска, главен менаџер и косопственик на компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА КОМОРА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во продолжение, новиот претседател го презеде водењето на истата, при што покрај досегашниот и актуелен заменикпретседател, генералниот директор на „Прилепска Пиварница“, Сашко Самарџиоски, се изврши избор на уште еден заменик-претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп. За ова место едногласно беше избрана Јасна Ажиевска Петрушева, извршен директор на АД „Мермерен комбинат“ - Прилеп. Потоа се пристапи кон избор на членови на Управниот одбор и верификација на мандатот на променетите претставници на компаниите-членови на Управниот одбор. Во продолжение на седницата, директорот на Проектот за факторинг Ловре Ристевски, одржа предавање за „Факторингот како алтернативен извор на финансирање“, а Валентина Цветковска од Стопанската комора на Македонија го презентираше Сертификатот за деловно работење EXCELLENT – SME и бонитетни извештаи за компаниите. Горан Попоски


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ИНВЕСТИЦИИ ПОСЕТА

АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ФИНСКА ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА На 24 април 2018 година Амбасадорот на Република Финска во Белград, Република Србија, задолжен за Република Македонија Н.Е. Перти Иконен реализираше официјална посета на Стопанската комора на Македонија и работен состанок со претседателот на Стопанската комора на Македонија, господин Бранко Азески. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена помеѓу двете земји, и беше постигната согласност дека е неопходно бизнис секторот да биде главниот носител на економскиот раст.

Претседателот Азески на состанокот потенцираше дека Македонија како мала земја во моментот е фокусирана на пазарите од земјите членки на ЕУ, коишто во вкупниот удел на извозот на Македонија имаат дури 70%. За таа цел потребно да се отворат нови пазари и да се пренасочи фокусот кон креирање нови можности за соработка за македонските компании. Потребно е да се работи на промоција на земјата и да се стремиме кон проодлабочување на бизнис релациите и економската соработка со земји како што е Република Финска – истакна Азески. Во Република Македонија постои голем потенцијал за развивање на дигитализацијата и напредните технологии, за што Република Финска може да и послужи како одличен пример, но и како партнер во имплентацијата на истите - истакна Амбасадорот Иконен. Тој додаде дека Владата на Република Финска е целосно ориентирана кон бизнис секторот, и се подготвени да ги поддржат и унапредат економските релации со земјите од Балканот. За таа цел, амбасадорот предложи организирање на бизнис форум чиј


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

11

ПОСЕТА фокус ќе биде поврзување на македонските и финските компании што ќе придонесе за зајакнување на нивната соработка.

Во насока на што поскоро релизирање на бизнис форумот, двете страни се согласија истиот да се реализира на 4 октомври 2018 година во Стопанската комора на Македонија. Претседателот Азески додаде дека оваа посета ќе биде во насока на ревитализација на економските врски и зацврстување на можностите кои ќе се постигнат преку интензивирање на соработка меѓу двете земји и поттикнување на заедничките активности меѓу бизнис заедниците од Република Македонија и Република Финска. Во иднина, со организирање на вакви настани бизнис заедниците од двете земји би имале директна можност да се запознаат едни со други и да разменат искуства. Двете страни се согласија со заеднички сили интензивно да се работи на создавање предуслови за поттикнување и продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји. Вкупната трговска размена во периодот јануари - февруари 2018 година изнесува 5,6 милиони САД $, што претставува раст од 260,86% споредено со истиот период јануарифевруари во 2017 година. Извозот изнесува 191 илјади САД $, што претставува раст од 11,36%, додека увозното салдо изнесува 5,4 милиони САД $, или раст од 291,46% во споредба со истиот период од 2017 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Финска во периодот јануари - февруари 2018 година остварен е трговски дефицит од 5,2 милиони САД $. Во периодот јануари февруари 2018 година, Финска е 38-ми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република Македонија. М-р Сања Николова


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ГРУПАЦИЈА

ОДРЖАН ЕДУКАТИВЕН СЕМИНАР: „ОЦЕНА НА СООБРАЗНОСТ НА БЕТОНОТ СО ПОТРЕБНИТЕ СТАНДАРДИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНИТЕ ПРОИЗВОДИ“ На 25.4.2018 година, во Стопанската комора на Македонија, во организација на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти при Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали се одржа едукативен семинар на тема: „Оцена на

сообразност на бетонот со потребните стандарди согласно Законот за градежните производи“. На семинарот присуствуваа производителите на бетон, како и претставници од Министерството за економија, Институтот за стандардизација на Република Македонија, телата за сертификација „Градежен институт „Македонија“ (ГИМ), ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл – Скопје и од Заводот за испитување на материјалите и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје (ЗИМ). Воедно, на настанот беа поканети и учество земаа претставници од Инспекцискиот совет на Република Македонија, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Г-дин Никола Крајчевски, претседател на Групацијата за агрегати, бетони и асфалти во своето поздравно обраќање истакна дека Стопанската комора на Македонија преку


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ГРУПАЦИЈА ДЕЛОВНА СРЕДБА Групацијата континуирано презема активности во насока на подетално запознавање на производителите на градежните производи со нивните обврски согласно Законот за градежните производи од јуни 2015 година, чија основна цел е обезбедување на квалитетни градежни производи со точни информации поврзани со нивните својствата и истиот е усогласен со Европската регулатива за градежни производи 305/2011. Новиот директор на Институтот за стандардизација на Република Македонија, м-р Џеват Кицара во своето поздравно обраќање пред учесниците изрази поддршка на едукативните семинари поврзани со оцената на сообразноста на градежните производи кои ги организира Комората и порача дека Институтот стои на располагање за понатамошна соработка, заедничко унапредување и промовирање на стандардизацискиот систем во Република Македонија.

Љубомир Митров од Министерството за економија истакна дека последните измени на Законот за градежните производи во моментот се во владина процедура и дека во нивното изготвување учествувала работна група во којашто покрај претставници од Министерството, учество земале и претставници од сертификационите тела. Д-р Соња Черепналковска, раководител на Секторот за стандардизација во рамките на Институтот за стандардизација на Република Македонија подетално говореше за прашањата уредени со Законот со цел запознавање на учесниците со примената на стандардите и придобивките од нивната примена, постапките за пласирање на


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ГРУПАЦИЈА квалитетен градежен производ на пазарот, како и контролата на градежните производи. Д-р Черепналковска истакна дека Законот точно ги дефинира обврските на економските оператори, односно на производителите, овластените застапници, увозниците, дистрибутерите и трговците, а во својата презентација ги појасни и документите за сообразност и техничката документација. На едукативниот семинар преку заедничка соработка беше одржана презентација од страна на Лилјана Сиљановска од Заводот за испитување на материјалите и развој на нови технологии „СКОПЈЕ“ АД Скопје, Горан Ѓошевски од Градежниот институт Македонија (ГИМ) и Игор Ѓорѓески од ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл – Скопје. Во рамки на нивните излагања беа појаснети обврските на производителите и сертификационите тела согласно стандардот МКС EN 206:2014+А1:2017, лабораториската опрема која е потребно да ја поседуват прозиводителите на бетон, како и чекорите во постапката за сертификација кои ги преземаат производителите и телата за сертификација. Акцентот беше ставен на Изјавата за својства (Declaration of performance), со која производителот во целост ја презема одговорноста за сообразност на производот во согласност со националните (европски) стандарди. На семинарот беше посочено дека економските оператори кои пуштаат на пазарот градежен производ од хармонизирано подрачје, своите производи ќе треба да ги усогласат до 30.9.2018 година, додека економските оператори кои пуштаат на пазарот градежни производи од нехармонизирано подрачје, да ги усогласат до крајот на годината. М-р Нена Николовска


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

15

СТАВ НАГРАДИ

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ШТО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ТРАДИЦИОНАЛНО ГИ ДОДЕЛУВА НА СВОИТЕ ЧЛЕНКИ Стопанската комора на Македонија традиционално како и секоја година и оваа, додели награди и други признанија на компании членки кои во изминатата 2017 година оствариле позитивни резултати во работењето врз основа на однапред утврдени критериуми. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески потенцираше дека станува збор за фирми кои имаат свој удел во домашната економија, посакувајќи секоја следна година да имаме што поуспешни и перспективни компании. Награди и признанија во 11 категории добија 15 компании членки на Стопанската комора на Македонија. Во категоријата за реализирани инвестиции во земјата во 2017 година, награда им беше доделена на Мермерен Комбинат АД Прилеп и „Кожувчанка“ ДОО – Кавадарци. Мермерниот комбинат од 2010 година до сега, забележува инвестиции во основни средства во износ од 13.700.000 евра. Во 2017 година инветирани се над 2.000.000 евра и остварен е раст на производството од 26%, а планирани се нови 3.200.000 евра инвестиции за тековнава 2018 година. Вкупната инвестиција на компанијата ,,Кожувчанка“ во делот за производство и дистрибуција на пиво, вклучувајќи го и процесот на производство и дистрибуција на Свежо Точено Пиво изнесува 1.270.000,00 евра. За оваа 2018 година планирани се нови инвестиции за зголемувањето на вкупното производство од 50%. Стопанската комора на Македонија додели награда за континуирано успешно работење и реализирана инвестиција со цел присутност и на странските пазари на компанијата„Слога Пром“ која како резултат на брзо растечкиот процес и побарувачката на домашниот пазар, е во фаза на градба на нов капитален објект составен од три инвестициски циклуси, од кој првиот е завршен со изградба на јавен царински склад и ладилник со 7 комори, а во тек е изградбата на вториот дел од овој ладилник. Во категоријата - компанија со долгогодишна успешна работа, која континуирано воведување иновации и едукација, Стопанската комра на Македонија за 2017 година доделува награда на Компанијата СЕМОС од Скопје, која е сопственик на многу достигнувања во областа на ИКТ образованието и ИКТ меѓународно признати програми. Континуирано се стреми кон раст и проширување на бројот на производи и услуги -


16

НАГРАДИ

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

СОРАБОТКА

сите врз основа на различните потреби на клиентите, како и технолошките, деловните и работните промени на пазарот. За инвестиција во нов концепт за унапредување на производството на здрава храна и етно туризам, Комората доделува награда на„Кораб Трница“ која во 2015 година по 70 години од формирањето почнува циклусот на инвестиции со задржување на традиционалниот дух, но со направено модернизирање и проширување на дејностите, воведувајќи концепт „од природа до трпеза“, што подразбира природно производство и продажба преку сопствени канали. За континуирано инвестирање во нови технологии и опрема, награда е доделена на БИOTEK лабораторијата, прва специјалистичка молекуларна, микробиолошка и биохемиска лабораторија, направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема. Стопанската комора на Македонија доделува и специјални признанија за долгогодишна коморска активност за двајца истакнати и докажани бизнисмени. Аце Антевски, претседател на Здружението на металната и електро-индустријата на Комората од 24.02.2005 година до денес и е активен член на Собранието и на Советот на Стопанската комора на Македонија. Како управител на „Раде Кончар сервис и поправка на електрични производи“ ДОО Скопје, е активен стопанственик и учесник во работата на органите, телата и облиците на организирање и работење на Стопанската комора на Македонија преку 20 години. Компанијата е еден од најзначајните стопански субјекти во електроиндустријата во земјата, со над 50 вработени и годишен обрт од неколку стотици милиони денари, од кои 40% се реализираат на странските пазари, со


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

17

НАГРАДИ целосното обезбедување на репроматеријали од домашно производство, во голем дел придонесува за супституирање на увозот, односно намалување на трговскиот дефицит на државата. Второто признание е за Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор на Витаминка АД Прилеп, активен стопанственик и учесник во работата на Стопанската комора на Македонија на сите нивоа повеќе од 30 години. Со активно учество во унапредување на кондиторската дејност преку Групацијата за кондиторски производи во рамките на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија. „Витаминка“ АД – Прилеп е на 39-то место на листата на најголеми работодавци, на 74-то место на листата најголеми компании во Република Македонија за 2016 година, согласно податоците од Централниот регистар на РМ и меѓу трите водечки компании од кондиторската дејност во земјата. Специјално признание за компанија која инвестира во подобрување на практичната работа на ученици е дадено на ЕВН Македонија. Стопанската комора на Македонија ги следи компаниите и ги поддржува во процесот на усовршување на знаењата и вештините на нивните сегашни и идни вработени. Комората реализира обуката по соодветна програма за тие лица кои се веќе вработени во компаниите, а по успешно реализираната обука добиваат назив - ментор во компанија во која се реализира практична настава. Во таа насока „ЕВН Македонија“ даде особен придонес во таа област во текот на 2017 година и обучи вкупно 42 ментори во компанијата кои ја спроведуваат практичната настава.


18

БИЗНИС ИНФО

САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ НАГРАДИ

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

СОРАБОТКА

Компанија со најголем број учесници на едукативни настани во Стопанската комора на Македонија во 2017 година е „Арцелор Миттал“ е водечка светска компанија за челик, со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работат во повеќе од 60 земји, со објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и се лидер во сите главни пазари за челик. „Арцеролмиттал“ Скопје е компанија чии вработени присуствуваа на најголем број едукативни настани во 2017 година, организирани од страна на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија и тоа со 34 учесници на вкупно 15 настани. Стопанската комора на Македонија додели специјално признание за најактивна членка во клубот на менаџери во 2017 година на компанијата„Б-воч“со активно учество на сите 24 одржани едукативни настани во 2017 година, процесите на вмрежувања со компании од Советот на странски инвститори и во организираните тим билдинг настани одржани во рамки на Клубот. Во рамки на специјалното признание на Стопанската комора на Македонија за најдобри EXCELLENT – SME, добитници се три компании: „Чезакомерц“ која соработува со партнери во повеќе од 40 земји од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, со над 70 вработени, со различен степен на стручна подготовка и годишниот обрт од 15.000 тони. Компанијата е дел од Excellent проектот уште од самиот почеток од 2013 година. Со успешите економски параметри што ги покаува од работењето, Coface секоја година ја рангира со една од највисоките оценки што ја издвојува како најдобра компанија на пазарот. „Екстра меин“ во своите речиси две децении постоење, разви и усвои софистицирана технологија за преработка на месо, континуирано инвестира во високотехнолошка опрема за преработка. Согласно бонитетниот извештај добиен од Coface –Хрватска, бројот на вработени за 4 години е пораснат за 40%. И покрај сложената економска ситуација, е една од највисоко рангираните компании во Република Македонија според бонитетот. Компанијата „ИНТ ТРЕЈД“ се најде во специјалното издание на Капитал Газели, за најбрзо растечки компании во Република Македонија. Сериозноста и квалитетот во работењето ја докажува и листата на препораки на светските брендови. Континуираната инвестиција во нови технологии е со цел да се подобри квалитетот на работа и да се следат светските стандари. Во сопствени фабрики и во фабриките со склучено партнерство произведуваат скоро комплетна производна палета на облека. „Инт Трејд“ веќе две години е во делот на компании со највисока оцена, добиена од страна на Coface – Хрватска. И традиционално Стопанската комора на Македонија секоја година доделува награда за најдобар партнер од редот на институциите во државата. За 2017 година наградата ја добива Народна Банка на Република Македонија. Стопанската комора на Македонија, како најголем репрезент и застапник на интересите на стопанството


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНИНАГРАДИ КОМОРИ ја цени како исклучително значајна соработката што ја остварува со Народната банка на Република Македонија, како носител на монетарната власт во државата. Посебно се нагласува соработката во областа на финансиската едукација, за што е потпишан и Меморандум за соработка. Поддржувајќи ја општата економска политика, без да го загрози остварувањето на својата основна цел и во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција, Народната банка на РМ успеа да се наметне како вистински партнер на бизнисот. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, на крајот констатираше дека наградата ќе биде поттик и обврска за наградените компании, а предизвик за останаите за натамошно докажување и постигнување на уште подобри резултати. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

НАГРАДИ

ПОЕФИКАСНА И ПОБРЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА, ПОБАРА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ОД ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОД УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

Даночната администрација се’ уште се движи во рамките на просечноста, има простор за поедноставување и поевтинување на административните процедури. Во делот на царинските формалности се бара олеснување на царинските процедури, кратење на времето за царинење, брз и слободен проток на стоките и услугите - ова е само дел од резултатите од истражувањето спроведено од Стопанската комора на Македонија кај 270 компании, од кои 153 компании од различни стопански дејности, одговориле на прашалникот. Целта на анкетниот прашалник беше да се добијат информации и сознанија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во тековното работење, во насока на заеднички придонес во современите процеси на поедноставување, модернизирање и хармонизирање на царинските и даночните постапки. Во таа насока следуваше и организацијата на денешниот работен состанок со директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски и со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

21

НАГРАДИ

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, поздравувајќи ги присутните на денешниот работен состанок, посочи дека овие две институции се значајни партнери на компаниите и дека е потребно да се гради меѓусебен деловен однос. Сепак, потенцираше Азески, постои разлика меѓу двете страни бидејќи за бизнисот значаен сегмент е брзината, а кај администрацијата, бавноста во работењето. -Резултатите од спроведената анкета претставуваат основа за градење на заеднички ставови во насока за надминување на отворените прашања на бизнис-заедницата на ова поле, за што од страна на Стопанската комора на Македонија ќе се преземат конкретни активности во периодот кој следува, - истакна претседателот Азески. Поради тоа, во иднина ќе работиме на креирање ставови на задоволство и во интерес на двете страни. На состанокот беа презентирани резултатите од истражувањето со цел да се добијат информации и сознанија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во тековното работење, во насока на заеднички придонес во современите процеси на поедноставување, модернизирање и хармонизирање на царинските и даночните постапки. Укажувањата на компаниите сублимирани во конкретни заклучоци се: -Системот е-Даноци претставува големо олеснување за компаниите, но потребно е негово надградување и усовршување со намалување на трошоците, како и надградување на мерките на даночната инспекција кон компаниите во насока „советодавната“ и „едукативната“ мерка.


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

НАГРАДИ Се забележува дека е присутна селективност на даночната администрација кон компаниите во спроведувањето на даночните формалности. Само 20% од компаниите остваруваат директен контакт „лице влице“ со УЈП во поглед на појаснувања за обврските кои произлегуваат од даночните прописи. Да се искорени праксата зачестените контроли да се спроведуваат постојано на исти компании и раководни лица. - 52% од компаниите сметаат дека пропишаните казни во даночната сфера се премногу високи и нереални и речи сите дале идентичен предлог - казните треба да се намалат двојно, - посочи м-р Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање и работење во Стопанската комора на Македонија.

Во делот на царинските процедури, компаниите согласно анкетниот прашалник одговориле дека се бара да се подобри функционалноста на царинските системи (Асикуда, Ексим, НЦТС) за да се подобри протокот и достапноста на информациите по службена должност, да се пристапи кон мрежна поврзаност на сите надлежни институции вклучени во процесот на царинење (Царина, УЈП, инспекциските служби, банките, Централниот регистар, Основен суд, ПИОМ и др.), вклучувајќи ги и самите гранични премини. Не помалку важно е и протокот на информации да оди по службена должност и да се обезбеди доставување на целокупната документација во електронска форма и електронска обработка на податоци.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

23

НАГРАДИ За бизнис секторот од големо значење е да тече процесот на инфраструктурно подобрување на граничните премини, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на увозно-извозни ленти, да се подобри професионалниот однос и стручноста на вработените, преку соодветни обуки, а Агенцијата за храна и ветеринарство да се врати на царинските терминали како внатрешна инспекција. Се оценува дека постои координираност меѓу царинските и инспекциските служби, но истата не е ефикасна на ниво на кое би требало да биде, односно е премногу бавна. Квалитетот на стручното знаење на царинските службеници е со висока оцена, но со порака дека процесот на нивно надградување и остручување треба да продолжи. Дури половина од анкетираните фирми потврдиле дека процесот на „поедноставените царински постапки“ е се’ уште на незадоволително ниво, - објасни Трајковска во презентацијата.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, рече дека даночната институција е отворена за даночните обврзници, притоа ги посочи новините и активностите на кои се работи во моментов и информираше дека се работи на текстот за персоналниот данок на доход кој ќе почне да се применува од 2019 година за воведување на прогресивното оданочување, како и на активности за повратот на ДДВ кај граѓаните.


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

НАГРАДИ Директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски, најави дека голем број од дозволите кои досега им биле потребни на компаниите нема да им требаат и дека со цел олеснување на движењето на стоките на граничните премини ќе почне заедничкото царинење со Србија, а се работи и за заедничко царинење со Албанија и со Косово. Според него, големо олеснување ќе биде и воведувањето на овластен економски оператор на компаниите. Тој најави дека се подготвува и нов закон за акцизи кој ќе предвидува нов начин на пресметка на акцизите при увозот на енергенсите. Златко Ветеровски, помошник-директор на Секторот за царински систем во Царинската управа на Република Македонија, зборуваше за предизвиците со кои Македонија како дел од регионот на Западен Балкан ќе се соочи како резултат на фактот за формирање на Регионална економска област, што значи дека регионот до 2023 година треба да функционира без царини меѓу земјите од Западен Балкан, за Договорот за олеснување на трговијата и за предизвиците по БРЕГЗИТ, односно можностите и начините за тргување со Велика Британија по нејзиното излегување од Европската унија. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

25

ар Н

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ПОСЕТА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БРАНКО АЗЕСКИ НА РАБОТНА ПОСЕТА ВО КРИВА ПАЛАНКА Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со претставници од стручната служба на Комората, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. На средбата присуствуваа и претставници на Kоординативното тело на Општината, во кое учествуваат стопанственици од прехранбената индустрија, текстилната индустрија, трговијата и угостителството. Овие сектори се значајни за развојот на кривопаланечкиот регион, коишто покрај работењето на домашните, ги освојуваат и странските пазари.

На средбата беа дискутирани повеќе прашања од значење за работењето на компаниите од овие дејности и беа разгледани предлози за унапредување на нивната економска активност, а воедно и за развивање на стопанството во овој регион.

Азески на средбата посочи дека стопанствениците од општините на североисточниот регион на Македонија се соочуваат со истите прашања и состојби со коишто се соочува стопанството во целина, со одредени специфики во однос на општините кои се поблиску до главниот град како центар во којшто се сконцентирани главните стопански активности.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

27

ПОСЕТА

Тој порача дека со цел надминување на проблемите и понатамошно развивање на стопанската активност во регионот, важно е стопанствениците да се поврзат со Стопанската комора на Македонија како најбројна и најголема бизнис асоцијација во земјата која располага со капацитети за прецизно лоцирање на проблемите и давање на конструктивни предлози за нивно надминување, што може да го забрза развојниот процес. Азески истакна дека е потребно да се работи во насока на обезбедување модел на економски раст од 5 до 7%, за што се потребни заеднички напори на Владата, локалната самоуправа и бизнис секторот како активни чинители во процесот. Втора активност во таа насока е прашањето на обезбедување стручен кадар според потребите на домашното стопанство, како и решавање на проблемот поврзан со енергенсите со цел намалување на трошоците на производството на компаниите и зголемување на нивната конкурентност на странските пазари. Исто така, Азески посочи дека за да се обезбеди економски развој на овие компании, потребна е поголема искористеност на европските фондови, со посебен акцент на регионалните, имајќи ја предвид местоположбата на Крива Паланка која се наоѓа во пограничниот регион, при што Општината, заедно со локалните самоуправи од соседните држави, со бизнис заедницата и невладиниот сектор, може да конкурира за ЕУ-фондовите. Градоначалникот на Општина Крива Паланка информираше дека со цел активно поврзување на стопанствениците на локално ниво со Стопанската комора на Македонија и органите на Општината, а во насока на развивање на стопанската дејност и поттикнување на инвестициите во регионот, во следниот период ќе се отвори


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ПОСЕТА локална канцеларија со вработено лице кое ќе биде линк помеѓу Стопанската комора на Македонија, локалната бизнис заедница и локалната самоуправа. На состанокот беа усвоени следните заклучоци: - во следниот период ќе се формира асоцијација на стопанственици како тело кое ќе ги претставува интересите на стопанствениците на локално ниво и ќе работи во насока на унапредување и развивање на локалната бизнис клима; - одржување на едукативни средби на формираната асоцијација со Стопанската комора на Македонија во насока на зајакнување на капацитетите на бизнис секторот од регионот; - изготвување Стратегија за локален економски развој, со детектирање на сите специфики и карактеристики на регионот, која ќе биде поддржана од страна на кадровските капацитети на Стопанската комора на Македонија; - отворање локална канцеларија во која ќе биде вработено лице од страна на Општината која ќе биде линк помеѓу Стопанската комора на Македонија, локалната бизнис заедница и локалната самоуправа. М-р Нена Николовска


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

29

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

Клуб на менаџери - претприемачи: Предавање на тема „ОЦЕНУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ“ Поставувањето на работните стандарди, за веќе постојните вработени, е составен дел на анализата на успешноста од работењето и таа не се разликува многу во однос на поставувањето на работните цели кај новите вработени или менаџери, освен во една суштинска работа – кај новите вработени и менаџери нема историја на работењето и минати резултати во самата организација што ја отежнува анализата и споредбата на остварените резултати и новите резултати.

Клучно за мотивираноста на секој вработен и менаџер е прецизно да знае што треба да сработи и како ќе биде мерен, дали и колку го сработил договореното. Ова поставува два клучни параметра во поставувањето на работните цели: • Што и до кога треба да се сработи? • Како и кога ќе биде мерено сработеното? Стандардот претставува начин за претпоставените да ги мерат резултатите и продуктивноста на вработените и истовремено начин вработените сами да ги измерат своите резултати и продуктивност.


30

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ Стандардот е резултат од работата од аспект на квалитет и квантитет кој се очекува од вработениот или од менаџерот и тие се основа за следење на резултатите од работењето (performance appraisal). Работните стандарди ги опишуваат во мерлива форма, резултатите и покажуваат дека вработениот или менаџерот успешно сработил конкретна клучна функција специфична за тоа работно место. Работните стандарди ни кажуваат како да потврдиме дека одредена клучна функција е направена како што треба. Додека описот на работното место, што е резултат на анализата на работното место, му кажува на вработениот и на менаџерот што треба да се направи, работните стандарди ги даваат специфичните очекувања од работењето или очекувани резултати за секоја поважна активност. Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџерипретприемачи, на 26.4.2018 година, се одржа предавањето на темa: „Оценување на вработените“, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“. Учесниците за време на настанот имаа можност интерактивно да се запознаат што значи успешно оценување. Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се коригираат во текот на работењето. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни , каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работењето на своите вработени, но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење и на ефикасноста на организацијата. Креирањето на ефикасен систем за оценување и поддршка на развој на вработените е еден многу важен процес кој мора да се „инсталира“ и практикува во организацијата. Преку него ќе им се помогне на вработените да сфатат во што се добри и каде треба да се поправат. Воедно, менаџерите ќе станат свесни за механизмите за развој и ќе се започне процесот за развој на нивните вештини за поддршка на развојот на нивните вработени. Само организација во која вработените растат и се развиваат ќе расте, ќе се развива и ќе биде успешна!

Според д-р Ѓуров,треба да се има предвид дека успешната работа најчесто е поширока од само техничка експертиза, бидејќи постои и одредено однесување, како на пример, пријателски однос, подготвеност за помош на другите, љубезност, точност, итн. Многу често, токму овие елементи на однесувањето одредуваат дали успешната работа е прифатлива, бидејќи ако има добри резултати, а несоодветно однесување –


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

31

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

тоа не е сеопфатно успешно работење. И обратно, ако има добро однесување, но нема резултати и тоа не е прифатливо, односно не е успешно работење. Наједноставно кажано, за еден вработен да биде одличен во својата работа треба да има минимум две работи: добри резултати и добро однесување. Стандардите ги опишуваат очекувањата од секој компетентен и квалификуван вработен или менаџер на тоа работно место, што значи дека стандардите не се креваат, ако има врвен вработен или менаџер на тоа работно место, ниту пак се спуштаат, ако има послаб вработен на тоа работно место. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ФОРУМ

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Со цел ревитализирање и продлабочување на билатералните и економските релации меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран, на 26 април 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржаа Бизнис форум и деловни средби со делегација од Исламската Република Иран.

Во своето поздравно обраќање, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека оваа посета на делегацијата од Иран, составена од еминентни бизнисмени, членки на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделие, една од најзначајните комори во тој регион, претставува чекор кон отворање нови пазари и нови можности за соработка за македонските компании. -Сметаме дека сега е вистински момент да се вложат напори да ги поврземе бизнис заедниците од двете земји, да ги ревитализираме економските врски и да ја интензивираме меѓусебната соработка. На македонските компании им се потребни нови пазари и обврска на коморите е да ги поврзат компаниите и да ги отворат вратите за соработка, - додаде Азески.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

33

БИЗНИС ФОРУМ

Азески истакна дека за олеснување на постапката за зголемување на трговската размена, потребно е двете земји со заеднички напори да ги елиминираат проблемите со кои се соочуваат компаниите при обид за меѓусебна соработка. Потребно е во што поскоро време да се решат проблемите со издавање визи, нецаринските бариери, процедурите за вадење потребна документација за увоз-извоз на стоки, како и да се елиминираат сите пречки коишто стојат на патот кон продлабочување на соработката. Исто така, потребно е двете земји меѓусебно да си помагаат и во мултилатералната соработка, особено за настап на трети пазари согласно економските компетенции кои ги имаат нашите економии. Претседателот на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделие, господинот Голам Хосеин Шафеи, истакна дека Исламската Република Иран со своите економски можности и инфраструктурни ресурси зема значајно место во светот. Тој додаде дека постои можност за соработка меѓу двете земји во делот на прехранбената и фармацевтската индустрија, медицинска опрема, земјоделието и рударството. Тој ја покани Стопанската комора на Македонија со своја бизнис делегација да ја посети Иранската комора во следниот период. На Бизнис форумот, д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, ги запозна присутните со поволностите кои инвеститорите ги добиваат доколку одлучат да инвестираат во Македонија, а воедно Аднан Ќахил, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, ја претстави програмата


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ФОРУМ за раст на Владата на РМ во делот на инвестициите и во делот на поволностите за македонските компании и ги повика присутните домашни компании да соработуваат со цел да се овозможи развој на економијата и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Македонија.

Амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Хосеин Карими, потенцираше дека е потребно зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и поттикнување на потенцијалите коишто постојат, за што поскоро надминување на постојните бариери.

За унапредување на соработката, Стопанската комора на Македонија на денешниот Бизнис форум потпиша и Меморандум за соработка со Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјоделие, со цел воспоставување и развивање деловна соработка во рамките на дејностите, активностите, знаењето и искуството на секоја договорна страна, со цел заедничко унапредување на активностите, усогласување на посебните и заедничките интереси и за обезбедување на единствен професионален интерес на договорните страни. На настанот учествуваа триесеттина претставници од македонски компании, кои што, по завршувањето на официјалниот дел, имаа можност да остварат директни средби со делегацијата од Исламската Република Иран.


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

35

БИЗНИС ФОРУМ Вкупната трговска размена за првите два месеца од 2018 година изнесува 2,6 милиони САД $, и бележи пораст од 158% во споредна со истиот период минатата година кога е забележана трговска размена од 741.991 САД $. Извозот изнесува 847,5 илјади САД $, со раст од 922,6%, додека увозното салдо изнесува 1,81 милиони САД $, со зголемување од 174,5% во споредба со периодот јануари - февруари 2017 година. Трговскиот дефицит во периодот јануари февруари 2018 година изнесува 0,96 милиони САД$ и истиот е зголемен за 66,9% во споредба со истиот период лани. Исламска Република Иран е 49-ти трговски партнер во надворешнотрговската размена на Република Македонија во период јануари - февруари 2018 година. м-р Сања Николова


36

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА

Одржана 11-та информативна сесија во Струмица за советодавни услуги во земјоделието - ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, се одржа информативна сесија на тема: „Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија“, во Струмица, на 26.4.2018 година.

Пред присутните се обрати м-р Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија, која ги поздрави присутните и истакна дека целта на овие информативни сесии e да ја доближат правната регулатива до компаниите на начин кој ќе овозможи размена на информации и простор за дијалог. Таа посочи дека во рамките на Проектот пет клучни сектори: земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива и дека оваа информативна сесија претставува исклучителна можност да се слушнат проблемите на малите, микро и средните претпријатија од областа на земјоделието со цел да послужат како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот.

Свое обраќање имаше Љубомир Димовски, директор на „Епицентар“, главен имплементациски партнер на Проектот на УСАИД, кој ги објасни активностите на Проектот и ги поттикна присутните на дискусија со цел да ги истакнат проблемите


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

37

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА со кои се соочуваат во секојдневното работење. Тања М а р к о в с к а , претставник од Канцеларијата за економски раст на УСАИД Македонија, ги посочи потребите од спроведувањето на активностите на овој проект и ги претстави останатите активности кои се спроведуваат во рамките на Канцеларијата за економски раст на УСАИД Македонија. Предавач на информативниот настан беше д-р Драгослав Коцевски, експерт за советодавни услуги со долгогодишно искуство и професор на Факултетот за земјоделски науки и храна. Во првиот дел од сесијата, беше даден краток осврт на моменталната состојба на советодавните услуги во земјоделието во РМ, претставена преку резултатите од теренското истражување. Од вкупниот број анкетирани испитаници, анализите покажаа дека 70% од испитаниците се од струмичкиот регион, а 30% од испитаниците се од радовишкиот регион. Резултатите од спроведеното истражување главно се однесуваат на информациите поврзани со условите за кредитирање од комерцијалните банки, ИПАРД фондовите, како и од користењето на советодавните услуги од АПРЗ (Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството). Од страна на предавачот беа презентирани структурата и организацијата на постојниот систем на советодавни услуги, предизвиците пред кои се наоѓа постојниот систем на советодавни услуги, како и целите на воспоставување на системот на советодавни услуги. Во вториот дел од сесијата експертот даде краток осврт на Предлог-законот за советодавни услуги, целите на законот, начелата, целите на воспоставување на системот на советодавни услуги, во кои области се обезбедуваат советодавни услуги во земјоделството, засегнати страни опфатени со законот за советодавни услуги, мониторинг на системот за советодавните услуги, како и финансирање на системот за советодавни услуги.

Целта на овој информативен настан беше да се информираат сите микро, мали и средни претпријатија за Предлог-законот за советодавни услуги со цел да се иницираат конкретни предлози и решенија за идниот развој на советодавните услуги во


БИЗНИС ИНФО

38

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА земјоделието, финализирање на предложените законски промени, како и дополнување на определени законски акти коишто детално би го регулирале спроведувањето на овој систем, како и одредувањето на државната поддршка. Овој настан претставуваше одлична можност да се слушнат проблемите со кои секојдневно се соочуваат микро, малите и средните претпријатија во Струмица, како и можноста за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во наредните години. Организирањето на овие информативни сесии е веќе започнато и досега беа одржани 10 информативни сесии од вкупно 20 предвидени за 2018 година, на теми поврзани со работни односи, животна средина, јавни набавки, земјоделие, даноци и царина, пазарна инспекција и лиценци за угостителска дејност. Предавачи на сесиите беа истакнати експерти во наведените области, кои преку презентации ги објаснија законските регулативи на овие теми и поттикнаа дискусии со цел идните конкретни предлози да бидат дополнително разработени од страна на коморите и доставени како предлог-документи до Владата на Република Македонија. На настанот присуствуваа повеќе од 20 учесници од повеќе сектори и тоа: од прехранбената и конзервната индустрија, претставници од пазарите и оранжериите кои ги истакнаа своите проблеми со кои се соочуваат при откуп и извоз на производи, како и со неефективните и неефикасни административни служби при Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел истите да се разработат и да се подобри соработката меѓу државните институции. Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог за донесување на подобра бизнис-регулатива ќе бидат главните приоритети на овој четиригодишен Проект предводен од четирите стопански комори во Македонија и тоа: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. М-р Ивана Крстевска


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

39

РЕГИОНАЛНА КОМОРА

ВО БИТОЛА ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА СЕРТИФИКАЦИЈАТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ПАЗАРНА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ Во организација на Организацијата на потрошувачи на Битола, Регионалната комора со седиште во Битола и Регионалната занаетчиска комора од Битола, на 25.4.2018 година, се одржа презентација за значењето на воведувањето на сертификација како алатка за пазарна препознатливост на малите и средни претпријатија (МСП). Пред околу дваесеттина компании од битолскиот регион, претставници на Организацијата на потрошувачи и на Регионалната комора со седиште во Битола

претставија неколку видови на сертификација според ИСО стандардите и добрите ЕУ -практики за подигнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија, меѓу кои ИСО 9001, ИСО 26000, Сертификатот Фер со потрошувачот и Excellent SME сертификатот. Организацијата на потрошувачи на Битола го претстави својот нов Проект за внимание кон потрошувачите и животната средина до поголема пазарна препознатливост. Проектот ќе развие и ќе промовира иновативен модел за соработка меѓу граѓанскиот и бизнис секторот преку воведување сертификат за фер однос кон потрошувачите, што ќе го доделуваат граѓански организации како услуга насочена кон бизнис заедницата.


40

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

РЕГИОНАЛНА КОМОРА Проектот исто така има за цел да се изработи софтвер за прием, регистрација и справување со жалби на потрошувачите од страна на деловните субјекти, како и водење соодветен електронски регистар, според стандардите и практиките на Европската унија. Овој сертификат во пилот-фазата на имплементација ќе се додели бесплатно на три компании од битолскиот регион кои ги исполнуваат критериумите за препознатливост на пазарот и се пример за добри деловни практики. Претставникот на Регионалната комора со седиште во Битола, м-р Никола Димковски, на присутните им ги презентираше услугите на Центарот за квалитет при Стопанската комора на Македонија, како и Проектот на Excellent SME сертификатот и бенефитите од неговата имплементација. Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг „COFACE“ од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тоа ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори. Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното нејзиниот бонитет. Со инсталирање и користење на потенцијалот на сертификатот и постојните партнери може да прават разлика меѓу успешни и помалку успешни компании, а со тоа и препознатливоста на пазарот. М-р Никола Димковски


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

41

РЕГИОНАЛНА КОМОРА

РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО УЧЕСТВУВАШЕ НА БИЗНИС СРЕДБИ СО КОМПАНИИ ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО СТРУГА На 26 април 2018 година, во Струга, се одржаа бизнис средби на компании од општините Кичево, Струга и Пласница од Македонија со компании од општините Штрбце, Витија и Драгаш од Република Косово.

На бизнис средбите присуствуваа потпретседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Шасим Османи, секретарот на Општина Струга, Дашмир Насуфи, претставник од УНДП Мехмед Рушити, и извршниот директор на „Глобал Консалтинг & Девелопмент асоциетес“, Арсим Врабовиќ, кои имаа поздравно обраќање пред присутните компании и се заблагодарија за искажаниот голем интерес за меѓусебна соработка. Потпретседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Шасим Османи, ја претстави Регионалната комора со седиште во Кичево, како и дејностите на членките и посебно ја истакна и поддршката на Општина Кичево.


42

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

РЕГИОНАЛНА КОМОРА

Над 30 компании од Косово имаа можност да остварат директни контакти со бизнисмени од Македонија, од областа на: индустријата за млеко и млечни производи, одгледување на сите видови свежо овошје и зеленчук, производство на овошни сокови, производство на мед, производство на прехранбени производи, производство на месни производи, производство на разни теста, одгледување на кокошки и собирање ароматични билки. Преку овој настан им се даде можност на компаниите од трите партнерски општини од југот на Косово, да воспостават потенцијална соработка и деловни врски со компании од југозападна Македонија. Бизнис средбите беа во организација на „Глобал Консалтинг & Девелопмент асоциетес“ од Косово, во соработка со општините Струга и Кичево, поддржани од Проектот „Генерирање на трудот и интегриран територијален развој” на локално ниво 2“, финансиран од УНДП и од Австриската развојна агенција. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово во 2017 година изнесува 262,84 милиони САД $, и бележи раст од 8,6% споредено со 2016 година. Извозот изнесува 225,58 милиони САД $, кој бележи зголемување од скоро 8%, додека увозот изнесува 37,26 милиони САД $, и исто така бележи зголемување од 12,4% во споредба со 2016 година. При тоа, во трговската размена остварен е суфицит на македонска страна од 188,32 милиони САД $ кој бележи зголемување од 7,15% во споредба со 2016 година. Во 2017 година, Република Косово е тринаесетти трговски партнер на Р. Македонија. Дијана Лазороска Јованоска


БИЗНИС ИНФО

D CE ON IA

M

A

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME

43


44

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

45


БИЗНИС ИНФО

46

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 8-9 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористете можноста за претставување на вашата фирма и да остварите директни средби со австриски фирми, поврзување со повеќе од 500 учесници од 40 земји, организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни проекти во Виена и околината (6 различни тури) и вечерен прием во Австриската дипломатска академија на презентација и доделување на наградата на владиниот Проект „Austrian Green Planet Building”. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби со австриски фирми, ве молиме, да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https:// buildings2018.b2match.io/, најдоцна до 30.4.2018 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби „AgroB2B@NSFair” 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

ГЛАВНИ ТЕМИ: * Прехранбени производи и пијалаци и трговци; * Машини за земјоделство и опрема; * Хемиски производи за земјоделство; * Пакување; * Обновлива енергија; * Обработка и опрема за стаклена градина; * Применета наука и истражување; * Иновативни технологии во земјоделството. РОКОВИ * 10 мај 2018 година: Онлајн регистрација (внесете го вашиот профил за соработка). * 10 мај 2018 година: Изберете интересни профили и закажете ги вашите деловни состаноци. * 16 мај 2018 година: Брокерски настан „AgroB2B @ NSFair”.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

48

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24.04.2018 - 29.04.2018 Истанбул, Турција

СОВЕТУВАЊЕ ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА

Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“. Предавач: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија, во организација со Стопанската федерална комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „FUTURE OF BUILDING“ („ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР“), што ќе се одржат на 8-9 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Доколку сте заинтересирани, можете да ја искористете можноста за претставување на вашата фирма и да остварите директни средби со австриски фирми, поврзување со повеќе од 500 учесници од 40 земји, организирано посетување и разгледување на иновативни австриски градежни проекти во Виена и околината (6 различни тури) и вечерен прием во Австриската дипломатска академија на презентација и доделување на наградата на владиниот Проект „Austrian Green Planet Building”. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби со австриски фирми, ве молиме, да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https:// buildings2018.b2match.io/, најдоцна до 30.4.2018 година.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

50

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29 мај – 4 јуни 2018 година Сицилија, Италија

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА БЗР ВО Р.МАКЕДОНИЈА)

Целта на работилницата: Целта на работилницата е унапредување на безбедноста и здравјето при работа и зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на БЗР, воедно анализирајќи ги проблемите со кои се соочуваат работниците и работодавачите, анализирајќи ги и следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за БЗР, согледувања и правилна примена на ЕУ директивите, како и постапувања според Законот за безбедност и здравје при работа во согласност со Законот за работни односи, со цел да се развие модул за подобрување на здрава и безбедна работна средина, а со тоа и да се намали и ризикот за поврeда на работно место. *(Плаќањето на котизацијата е по добиена про-фактура од страна на Стопанската комора на Македонија на Вашата електронска пошта). *Поради ограничен број на места крајниот рок за пријавување е до 4 мај 2018 година. * Резервацијата се смета за потврдена со извршената уплата, најдоцна до 4 мај 2018 година. Пријавувањето за работилницата после овој рок ќе зависи од распoложливите капацитети на хотелот. Сигурна реализација е со пријавени минимум 15 учесници.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

51

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

30 мај – 1 јуни 2018 година Белград, Р. Србија

Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Стопанската комора на Македонија во соработка со„Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на: • агроиндустријата; • инфраструктурата; • енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија; • информатичките технологии и • туризмот. Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: ++ 389 2 3244066 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: igor@mchamber.mk


52

БИЗНИС ИНФО

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278


Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

БИЗНИС ИНФО

53

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


54

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 27 Април 2018, Бр. 350

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.