Бизнис ИНФО број 51 од 28.04.2011 година

Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

1

Членка на: Број 51 од 28.04.2011

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Наскоро ќе се потпише Регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло

ПРОИЗВЕДЕНО „MADE IN EURO MEDITERAN” ЗАФАТИ АД ЕЛЕМ во Богданци почнува со реализација на првиот поголем проект во земјава за користење на обновливи извори на енергија

ВЕТЕРОТ ВО БИЛАНСОТ ЌЕ „ДУВА“ СО 100 ГИГАВАТ ЧАСОВИ ГОДИШНО

МОЖНОСТИ Македонија е идеално место за производсто на здрава храна

ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СЕ ШИРИ ПО НИВИТЕ И МЕЃУ ПОТРОШУВАЧИТЕ


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 28 април 2011

ПОДВЛЕЧЕНО ДРЖАВАТА СЕ ОТКАЖА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДА ГО УБЛАЖИ ЦЕНОВНИОТ УДАР Владата секогаш има волја да седне со бизнис секторот и да разговара за начините и предлозите за да и се помогне на економијата и да се ублажи ценовниот удар кај нафтата. Имаме подобар предлог за дистрибутерите и за „Макпетрол“ и останатите што ги дале предлозите, да ја намалат нивната маржа за 1,5 денар и со тоа да ги помогнат граѓаните. Нивната маржа е 3,2 денари на секој литар. Сметам дека мерката на Владата со 4,5 денари, какво и да е движењето на цената

на нафтата, значи за 4,5 денари по литар граѓаните ќе плаќаат помалку. Ако на светските берзи доаѓа до покачување на цената со мерката на Владата кај нас тоа покачување ќе биде помало за 4,5 денари и тие секогаш ќе завршуваат во корист на граѓаните и на фирмите. Интервениравме секаде каде можевме и со онолку средства колку што е можно. Никој не може целиот товар од светските движења да го понесе сам. Потребно е сите субјекти и стопанството и дистрибутерите на нафта и сите други да понесат дел од товарот. На таков начин ќе може сериозно да се чувствува излегувањето од оваа ситуација каде што движењата на светските берзи се неповолни. Ние направивме максимално што може. Се откажавме од 10 милиони

евра и сметам дека тоа е голем придонес на државата за заживување на стопанството и ублажување на ценовниот удар. Десет милиони евра е одразот врз буџетот. Но, од тие средства во оваа ситуација оценивме дека треба да се откаже државата, бидејќи ефектот од тоа откажување ќе биде сочувување на динамиката на економска активност и стандардот на граѓаните. Ние ќе го компензираме тоа преку заштеди на други места во буџетот, како што се избегнување на сите расходи каде министерствата можат да направат помали расходи во однос на тековните трошења и на тој начин ќе успееме да ги надоместиме. Тоа се однесува на сите институции кои треба да штедат во овој период се додека дали има последици од кризата или се чувствуваат последици од светската инфлација мора државата да се однесува одговорно и домаќински.

Зголемена побарувачка за нашата ламарина имаме во Хрватска, што се должи на новите инвестиции во бродоградбата, како и во Бугарија. Како резултат на тоа, отпуштените работници веројатно наскоро ќе се вратат на работа, а на тие што останаа да работат за време на кризата има шанси да им се зголеми платата. (Александар Панов, директорот во „Макстил“) НЕМАМЕ ПРОБЛЕМИ СО НАПЛАТАТА, ПА РОКОВИТЕ ГИ ЗАПАЗУВАМЕ

(М-р Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии во Владата на „Бетон“ во моментов е ангажиран Република Македонија) на повеќе проекти кои се финансирани од Владата на РМ, како што се Арената ПОБАРУВАЧКАТА НА ЧЕЛИК РАСТЕ, „Филип Втори“, на СЕ ОЧЕКУВА ВРАЌАЊЕ НА ОТПУШТЕНИТЕ М и н и с т е р с т в о т о РАБОТНИЦИ за надворешни работи, на Јавното Потрошувачката на челик и на о б в и н и т е л с т в о , другите метали, како и нивната цена се уште на фонтаната во не е стабилизирана. Според тоа, не можеме центарот на градот, да планираме ништо на подолг период. како и на други Тоа што не радува е што побарувачката на проекти. челик има нагорен тренд, ама тој пораст не И н в е с т и т о р и т е е толку висок како што беше пред кризата. немаат замерки, Извозот на челична ламарина од „Макстил“ ние како фирма сме задоволни и се е зголемен во споредба со 2009 година и надеваме дека ќе се јават и нови градби. со 2010 година, но е многу помал од 2008 Немаме проблеми со наплатата до сега година, кога имаше економска експанзија во и се надеваме дека роковите што сме ги целото стопанство. „Макстил“ пред кризата зацртале ќе ги запазиме. извезуваше за бродоградилиштата во (Трајко Трпевски, Хрватска 120.000 тони ламарина годишно, а генералниот директор на „Бетон“) сега тој извоз е драстично опаднат.

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнер за 2011 година

Покровители

на


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

3

АКТУЕЛНО Наскоро ќе се потпише Регионална конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло

ПРОИЗВЕДЕНО „MADE IN EURO - MEDITERAN”

ЕУ-иницијативата во 2002 година, преточена во политичката одлука донесена во Лисабон во октомври 2007 година, па се` до формално-правниот акт потврден на 25 март 2011 година во Брисел - да се поврзат југоисточниот Медитеран со Западен Балкан преку дијагоналната кумулација на потеклото со ЕУ и ЕФТА во преференцијалната зона на трговија, стана реалност со финализирање на Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло. Годинешните политички настани во повеќето југоисточни медитерански земји влијаеја на Брисел да го забрза процесот на трговска интеграција и поврзување на Медитеранот со Западен Балкан и олеснување на пристапот кон пазарите во двете насоки, како директен чин на поттикнување на националните економии и креирање на условите за побрз стопански раст на регионите и на ЕУ со соседите. Со постигнување на економските ефекти, Регионалната конвенција треба да се рефлектира врз стабилноста на регионите и врз намалувањето на миграциските притисоци кон ЕУ.

Што значи во практиката Регионалната конвенција? Во моментот ЕУ има преференцијални трговски договори со неколку југоисточно медитерански земји, со Западен Балкан и ЕФТА. За да може производот да има бенефит од преференцијалната царинска стапка, тој мора да има потекло од една од тие земји, подразбирајќи дека во процесот на производство, во земјата на потеклото, мора да се постигне одреден степен на додадената вредност. Досегашните правила на потекло не дозволуваа да се произведе додадената вредност во повеќето земји од горе спомнатите региони. Сега, Регионалната конвенција тоа ќе го овозможи без оглед дали одреден производ е сообразен на преференцијалниот третман или не. Втората причина за донесување на единствени правила е и мрежата на поврзување на повеќе од 60 билатерални протоколи за потекло, како и потребата од модернизација на правилата согласно техничкотехнолошките промени во изминатите децении. Охрабрувачки е што Регионалната конвенција овозможува пристапување и на новите земји од Програмата за соседство. Една конвенција ќе ги замени сите 60 билатерални протоколи за потекло За да се утврди методот на ревизија на правилата за потекло во Регионалната конвенција за пан-евро-

медитерански правила за потекло, формирана е Пан-евромедитеранската работна група (28.10.2010 година) со четири подработни групи. Република Македонија е во групата земји од Западен Балкан. Предлозите за изменување на правилата за потекло ќе се разгледаат во рамките на работните групи и во јули месец ќе се дадат на увид, од септември до ноември ќе се врши усогласување меѓу четирите работни групи, за да може на крајот да се потврдат компромисни решенија. Регионалната конвенција треба да се применува од 2012 година. Во Стопанската комора на Македонија се одржа информативна средба на компаниите со претставници на Царинската управа на Македонија и Министертвото за економија заради информирање за процесот на пристапување на Република Македонија кон Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло (21.4.2011 година). Следејќи ја динамиката на процесот, заклучено е компаниите да ги достават предлозите до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 6 мај 2011 година. Стопанската комора на Македонија има обврска истите да ги достави до Министерството за економија до 10 мај 2011 година, тие да се форматираат и до 13 мај, кога е крајниот рок, да се достават како предлози до Работната група за Западен Балкан. Во моментот стопанствениците од Република Македонија имаат можност да дадат свои предлози по однос на ревизијата на правилата за потекло и процедурите, иако рокот не овозможува многу простор. Но, без билатералните договори за слободна трговија со земјите од југоисточен Медитеран, Република Македонија нема да може да ја имплементира Регионалната конвенција за пан-евромедитеранско потекло. Во моментот, тоа е можно со Турција, Србија, Црна Гора и ЕУ, како и со ЕФТА. Во целиот овој процес, најважна е транспарентноста и навремената информираност на бизнис-секторот, како и јасната стратегија во однос на индустрискиот и регионален развој. Менувањето на правилата на потеклото, во смисла на нивна либерализација, може да има директно влијание врз згаснување или поттикнување на одредени индустрии или некои нивни производни фази. Со предлозите за изменување на правилата треба да сме внимателни, особено во секторот земјоделие и преработки, со цел од производители да не станеме само потрошувачи. Разликата во концептот на правилата на потекло меѓу Генералниот систем на потекло (ФОРМ А) и правилата на потекло кои ги промовираше ЕУ (ЕУР1) е дека европските правила, кои беа со низа барања и ја следеа индустриската развиеност на своите земји, истовремено влијаеја на развојот на индустриите во партнерскте земји и градење на нивните индустриски капацитети. Новите либерални правила за потекло особено ќе влијаат врз можноста капиталот од Европската унија, но и од други подрачја од светот, да влезе во зоната на пан-евро-медитеранската дијагонална кумулација и да го забрза проток на стоки и услуги. Двата документа: Regional Conven�on on panEuro-Mediterranean preferen�al rules of origin (Регионална конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила за потеклото) и EEA AGREEMENTPROTOCOL 4 ON RULES OF ORIGIN (Европски економски простор, Протокол за потекло - 4) може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=55&evt=2&evId=8941.

Љубица Нури


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 28 април 2011

АКТУЕЛНО

Бројки и факти ТРГОВИЈАТА МЕЃУ ЕУ И ЈУГОИСТОЧЕН МЕДИТЕРАН ВО 2009 ГОДИНА Во рамките на Евро-медитеранското партнерство во 2009 година, ЕУ има извезено во земјите на југоисточен Mедитеран 119 милијарди eвра, a увезено 105 милијарди евра. Вкупната размена изнесува 10% од вкупната трговска размена на ЕУ со светот. Вкупната интра-регионална трговска размена меѓу југоисточните медитерански земји во 2009 година изнесувала само 15 милијарди евра, што претставува најниско ниво на регионална економска интеграција во светски размени. Дотолку повеќе што земјите од Евромед-партнерството заклучно со 2010 година се влезени во зоната на слободна трговија. До 2008 година, ЕУ има инвестирано 41 милијарда евра во земјите на Магреб, главно во инфраструктура, енергетика, водни ресурси, во земјоделството и развојот на бизниси преку

поддршка на малите и средни компании. Во рамките на Евро-мед-партнерството 2011-2013, Европската комисија има одвоено 288 милиони евра за поддршка на регионалната интеграција, инвестициите, за промена на законодавството, за одржлив развој и културен дијалог. ЕУ во овој регион извезува свои технологии и опрема, потоа енергија, индустриски финални и полуфинални производи, црна и обоена металургија, транспортни средства, хемиски и прехранбени производи, а увезува енергентни, суровини и репроматеријали, земјоделски производи... Во 2009 година земјите од Агадирската спогодба (Јордан, Египет, Тунис, Мароко) кои имаат воспоставено зона на слободна трговија меѓусебно имаат истргувано 15 милијарди евра.

НАГЛАСЕНО СОРАБОТКА ВО РЕГИОНОТ - МЕСТО КОНКУРЕНЦИЈА Може да личи на техничка работа, но во стварноста тоа отвора врати кон поедноставување на начинот на кој ЕУ може да тргува со земјите од Југоисточен Mедитеран и Западен Балкан. Тоа ќе помогне во растежот и економскиот просперитет на регионот и ќе ја олесни регионална интеграција, што придонесува кон општа стабилност на целиот регион. (Штефан Фуле, ЕУ-комесар за проширување по повод одобрувањето на Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански правила за потекло)

Приоритети за зајакнување на Евромедитеранските трговски односи во 2011 година ЗАДАЧИ ЗА БРЗО ИСПОЛНУВАЊЕ А. Механизми за олеснување на трговијата и инвестициите - Обезбедување на транспарентност, достапност на пазарните, инвестициони и други релевантни информации за трговија и инвестиции преку основање на фокални информативни точки и по пат на ИТЦ - креирање на Порталот по урнекот на EU Export Help Desk. - Формирање на министерска експертска работна група за трговија, која ќе има мониторинг врз

фокалните точки, ќе дава поддршка, ќе работи на отстранување на тесните грла во протокот на стоки, ќе предлага и други мерки кои ќе ја поддржат Евро-медитеранската интеграција, ќе поттикнува и ќе дава експертска помош во регулаторната хармонизација. - Функционалноста на механизмите ќе биде финансиски поддржана со ЕУ-фондови наменети за тие цели.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

5

АКТУЕЛНО

Б. Зајакнување на соработката со бизнисзаедницата за развивање на Евро-медитеранските трговски и инвестициони односи - Министрите се согласија дека е неопходно вклучување на Евро-медитеранската бизнисзаедница во дефинирањето и имплементацијата на Евро-медитеранската трговска агенда. На овој начин ќе се подигне свеста на бизнис-заедницата за можностите што ги нудат Евро-медитеранските договори за слободна трговија и ПанЕвроМед системот за дијагонална кумулација на потеклото. Утврдените приоритети треба да се достават до бизнис-заедницата, за консултации, а потоа да се организира Евро-медитерански бизнис-Форум. В. Обновување на соработката во борбата против пиратеријата и фалсификувани производи во Евро-медитеранскиот регион - Евро-медитеранските царини и експерти за трговија, во 2009 и 2010 година се договорија како да се организираат и да соработуваат во борбата против пиратеријата и фалсификуваните производи. Министрите се согласија да се испитаат можностите на идните Евро-медитерански механизми за олеснување на трговијата и инвестициите, со цел да се воспостави електронска експертска мрежа за размена на информации и експертизи во оваа област. Министрите го поддржуваат организирањето состанок на оваа тема и во 2011 година, со учество на носители на овие процеси, но и на бизнис-заедницата, а со цел зајакнување на јавното мислење, размена на искуства, промоција на најдобрата практика

и зајакнување на координацијата меѓу службите и нивната ефикасност во таа борба. Особено е нагласена потребата од соработка на царинските управи во целиот Евро-медитерански регион. Г. Зајакнување на секторската соработка Министрите се повикуваат на секторската листа, договорена на Трговската министерска конференција, што се одржа во Марсеј, во 2008 година, којашто ги вклучува традиционалните социоекономски сектории кои се од важност за Евро-медитеранскиот регион: текстил, кожа и обувки, земјоделски и прехранбени производи, но и други сектори, како што се: енергијата, високите технологии, автомобилскиот сектор, хемиската индустрија, кои можат да придонесат за економски раст, отворање на нови работни места и регионална интеграција. Министрите се договорија да се даде предност на оние сектори кои нудат можности во смисла на Евро-медитеранска индустриска и технолошка соработка, дијагонална кумулација на потеклото и зголемување на инвестициите. Министрите дадоа инструкција, во 2011 година да се организираат средби на експерти за трговски и индуистриски политики за да се разговара за хоризонталните прашања во однос на индустриските сектори, а со цел да се утврдат приоритетните индустриски сектори, со вклучување на релевантни индустриски федерации и специфични компании. (Евро-медитеранска унија , акт на министрите за трговија, ноември 2010 година)

Трговска размена на Република Македонија со земјите од југоисточен Медитеран без Турција 2010 година Име на земја

Извоз количина во кг

Увоз УСА$

количина во кг

Вкупно УСА$

количина во кг

УСА$

Либан

79.965

292.843

44.216

56.716

124.181

349.559

Тунис

840.956

496.121

128.633

683.650

969.589

1.179.771

Мароко

190.451

297.612

224.448

1.354.080

414.899

1.651.692

Сирија

86.260

287.518

38.613

126.849

124.873

414.367

Алжир

135.170

224.018

0

0

135.170

224.018

Египет

958.831

1.217.154

31.233.391

4.614.368

32.192.222

5.831.522

Јордан

106.667

97.167

25.736

28.797

132.403

125.964

Израел

438.204

843.757

10.241.233

18.272.988

10.679.437

19.116.745

Либија

152.581

269.627

472.791

2.731.340

625.372

3.000.967

2.836.504

4.025.817

41.936.270

27.868.788

44.304.376

31.894.605

Вкупно Еуро Мед


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Народната банка на Република Македонија одбележа 19 години монетарна самостојност УСПЕШНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА СВОЈАТА УСТАВНА И ЗАКОНСКА ФУНКЦИЈА Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во изминатите 19 години ги совлада сите детски и младешки болести и денес е целосно созреана институција, оспособена успешно да ја исполнува својата уставна и законска функција, оцени гувернерот на НБРМ, м-р Петар Гошев, на одбележувањето на 19-годишнината од монeтарното осамостојување на Македонија (26.4.2011 година). НБРМ, според Гошев, брзо учела преку искуствата на водечките централни банки и преку не многу долгото, но возбудливо и предизвикувачко сопствено искуство. - Резултатите што ги покажуваше досега сами говорат за тоа: импресивно долга низа на ниска и стабилна инфлација и здрав банкарски систем, којшто не беше разнишан ниту за време на големата светска рецесија. Но, учењето никогаш не е завршен процес, порача Гошев, а го пренесува МИА.

- Но реалноста во државата, во целина, е далеку од посакуваната. Ни треба крупна доработка на законите за да се искристализираат јасни мандати, јасни цели, јасни одговроности за различните учесници во остварувањето на целите на финансиската стабилност, - истакнал Гошев. Според него, одлуките поврзани со финансиската стабилност бараат поголема координација и интеракција со Владата, за разлика од одлуките за монетарната политика. - Како да се организира и регулира таквата интеракција на начин што ќе ја заштити автономијата на Централната банка е искушение коешто ќе претстои и нема да биде лесно. За да се сочува автономијата во услови на зголемена интеракција со Владата ќе биде нужно да се разработи добро специфициран механизам на координација, - смета Гошев. На одбележувањето на 19-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на НБРМ беше доделена годишната награда за млади истражувачи и за најдобар труд во областа на макроекономија, што се доделува по петти пат. Добитник на наградата годинава е професор Никица Мојсоска Блажеска од Универзитетот Американ колеџ. Нејзиниот труд на тема „Детаксикација: Ефектот на трошокот на трудот врз вработеноста во Македонија“, е оценет за најдобар во конкуренција на вкупно 11 трудови.

Советот на Народната банка на Република Македонија за работењето во 2010 година ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ ДОСТИГНАА 1,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Централните банки, забележа тој, веќе добиваат или ги зајакнуваат мандатите во врска со финансиската стабилност, а пред нив стојат значајни концептуални и оперативни предизвици. - Финансиската стабилност е инхерентно помалку погодна за прецизно специфицирање и мерење отколку ценовната стабилност. Од друга страна, одговорноста за справување со системскиот ризик е поделена со други надлежни институции. Затоа, Централната банка мора да дејствува врз основа на јавна стратегија за финансиска стабилност, со јасно формулирани цени и добро дефинирани функции и одговорности за неа и за сите други надлежни институции. Без тоа, опасноста на несоодветен начин да биде вовлечена во политичкиот дискурс во земјата е голема, смета гувернерот на НБРМ. Според него, со новиот Закон за НБРМ обврската за придонес во остварувањето на финансиската стабилност на банката и` е зададена како втора цел. Воедно, укажа Гошев, Меморандумот за соработка за прашања од областа на финансиската стабилност со Министерството за финансии зборувал за, според него, формалниот процес на соработка, без жешкото прашање на спецификација на конкретните обврски во случај на криза на совлентноста на системот. М-р Петар Гошев верува дека со објавувањето на Годишниот извештај за финансиската стабилност и формирањето посебно одделение за нејзино следење НБРМ почнала да влијае врз ширењето на свесноста за значењето на тие прашања.

Советот на Народната банка на Република Македонија го усвои Годишниот извештај за работењето на НБРМ во 2010 година, во кој е утврдено дека монетарната политика во 2010 година беше водена во поповолен амбиент во споредба со претходната година, којшто овозможи постепено олабавување на монетарните услови во текот на годината. Во соопштението од НБРМ се наведува дека каматната стапка на благајничките записи на НБРМ беше намалена во седум наврати за вкупно 4,5 процентни поени, со што во декември 2010 година се сведе на историски најниското ниво од 4 отсто. Ваквиот карактер на монетарната политика беше овозможен од постојаното подобрување на трендовите во надворешниот сектор во текот на годината и ниската инфлација. При поволни движења на девизниот пазар, НБРМ речиси во континуитет остваруваше нетооткуп на девизни средства, што пак придонесе за пораст на бруто девизните резерви за 117 милиони евра, со што на 31 декември 2010 година тие достигнаа 1.714,5 милиони евра. Домашната економија забележа скромен реален раст на БДП во 2010 година од 0,7 отсто. Структурата на растот е одраз на позитивниот придонес на нето-извозот, при негативен придонес на домашната побарувачка. Просечната стапка на инфлација во 2010 година изнесуваше 1,6 отсто и главно беше предизвикана од фактори на страната на понудата. Најзначителен ефект врз инфлацијата имаа растечките цени на енергијата, а во втората половина на годината и зголемените цени на храната на глобалниот пазар. При бавно закрепнување на економијата и нејзино функционирање под потенцијалот, не беа забележани инфлациски притисоци преку каналот на побарувачката. Базичната инфлација беше минимална и изнесуваше 0,2, отсто, се наведува во извештајот.


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

7

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

М-р Петар Гошев Надворешната позиција на македонската економија продолжи да се подобрува и во 2010 година. Дефицитот во тековната сметка се сведе на 2,8 отсто од БДП, што во однос на претходната година претставува намалување за 4 отсто од БДП. Со тоа, негативниот јаз во тековната сметка продолжи да се намалува втора година по ред. Стеснувањето на дефицитот на тековната сметка се должи на растот на нето-приливите преку приватни трансфери за 2,9 отсто од БДП и намалениот дефицит во размената на стоки со странство за 1,9 отсто од БДП, во услови на повисок раст на извозот од увозот на стоки. Во 2010 година нето-приливите на капиталната и финансиска сметка (без официјалните резерви) изнесуваа 231,6 милиони евра, или 3,4% од БДП, со што овозможија целосно финансирање на дефицитот на тековната сметка и дополнителен раст на девизните резерви. Од аспект на структурата, најголемиот дел од нето-приливите потекнуваат од странските директни инвестиции и задолжувањето преку заеми од странство. Паралелно со процесот на закрепнување на економијата во текот на 2010 година, значителни позитивни поместувања беа забележани и кај вкупните депозити и вкупните кредити на банките. Растот на паричната маса во економијата во 2010 година беше двојно поголем во споредба со претходната година, а годишниот раст на најшироката парична маса М4 на крајот на годината достигна 12,2%. Вкупните депозити (со депозитните пари) се зголемија за 13,7% на годишна основа (наспроти 7,1% во претходната година), при поголемо штедење во денари во однос на штедењето во странска валута. Поповолниот глобален и домашен макроекономски амбиент услови раздвижување и на кредитниот пазар, како на страната на понудата, така и на страната на побарувачката за кредити, со што на крајот на 2010 година кредитите остварија двојно повисока стапка на раст од 7,1 отсто наспроти растот од 3,5 отсто на крајот на 2009 година. Во текот на 2010 година, Народната банка продолжи да ги инвестира девизните резерви во државни хартии од вредност и во краткорочни депозити кај странски централни банки на земји кои имаат високи кредитни оцени и водат претпазливи макроекономски политики. Приоритетноста на сигурноста и ликвидноста на инвестираните девизни резерви, како основни принципи при управувањето, услови насочување на значителен дел од инвестициите во сигурни и ликвидни државни хартии од вредност, на краткиот дел од кривата на приноси, и на тој начин ги услови остварувањата на девизните резерви од аспект на профитабилноста. Приходите од инвестирањето во текот на 2010 година изнесуваат 22,2 милиона евра, при

што вкупната стапка на поврат изнесува 0,82% на годишно ниво, стои во извештајот. Советот на Народната банка го усвои и Извештајот за банкарскиот систем и банкарската супервизија во Република Македонија во 2010 година, во кој е заклучено дека 2010 година беше постабилна година за банкарскиот систем. Во услови на постабилен домашен макроекономски амбиент, подобри очекувања на банкарскиот и на реалниот сектор, позитивни сигнали на монетарната политика на Народната банка, се зголемија активностите на банките. Во 2010 година, активата на банките се зголеми за 13,7 отсто, што е речиси двојно поголема стапка на раст во однос на стапката остварена во 2009 година. На 31 декември 2010 година, вкупната актива изнесуваше 305.290 милиони денари. Во рамките на овој пораст, значителен придонес имаа вложувањата во нискоризични хартии од вредност (благајнички записи и државни записи) со 44,1 отсто и кредитите на нефинансиските субјекти со 30,5 отсто. Главниот двигател на растот на активата, како што е наведено, беше растот на депозитите од нефинансиските лица, кои на 31 декември 2010 година достигнаа 213.270 милиони денари. Во 2010 година депозитите се зголемија за 13,5 отсто, што е трипати повисока стапка на раст во однос на 2009 година. Воедно, склоноста на депонентите за штедење во домашна валута, која почна во последниот квартал на 2009 година, се задржа и во 2010 година. Така, во текот на 2010 година, депозитите во денари се зголемија за 29,3 отсто, додека девизните депозити пораснаа за 8 отсто. Кредитите на нефинансиските субјекти, исто така, забрзано растеа и на 31 декември 2010 година изнесуваа 186.545 милиони денари. Во 2010 година, тие остварија раст од 7,4 отсто, што е двојно повисок во однос на растот остварен во претходната година (кога изнесуваше 3,5 отсто). Во 2010 година се забележува забавување на трендот на влошување на квалитетот на кредитното портфолио на банките. На 31 декември 2010 година, годишната стапка на раст на вкупните нефункционални кредити (за сите сектори, вклучително и финансиските институции) изнесуваше 9,3 отсто и е пониска за 29,6 процентни поени во однос на годишната стапка на раст на нефункционалните кредити во 2009 година. Забавувањето на динамиката на нефункционалните кредити произлегува од нивниот исклучително брз раст во текот на 2009 година, но свое влијание има и засилената наплата на кредитите, вклучувајќи ја и наплатата преку преземање на обезбедувањето. Учеството на нефункционалните кредити на нефинансискиот сектор во вкупните кредити изнесува 9,3 отсто Во 2010 година ликвидноста на банкарскиот систем на Република Македонија значително се подобри во однос на претходната година. Обемот на ликвидни средства забележа висок годишен раст (за 36,8 отсто, односно за 24.822 милиона денари) предизвикувајќи нагорна динамика на сите показатели за ликвидноста. Учеството на ликвидната актива во вкупната актива изнесуваше 31 отсто. Покриеноста на депозитите на населението со ликвидна актива достигна 62,6 отсто, а на краткорочните обврски - 47 проценти. Солвентноста на банкарскиот систем е висока и на 31 декември 2010 година, стапката на адекватност на банкарскиот систем изнесува 16,1 отсто. Добивката на банките остварена во 2010 година, во износ од 2.307 милиони денари, е поголема за 37,7 отсто во споредба со 2009 година. Овој раст на добивката овозможи подобрување на основните показатели за профитабилноста. Повратот на активата изнесуваше 0,8 отсто (во 2009 година:


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 28 април 2011

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО 0,6 отсто), додека повратот на капиталот изнесуваше 7,3 отсто, а во 2009 година изнесуваше 5,6 отсто. Советот на НБРМ разгледа и усвои повеќе одлуки меѓу кои се и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и постапката за воспоставување и примена на програмата на банка за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, како и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.

СТАВ

и губење на девизните резерви. Погледнете го примерот на Србија. Таа во моментов има референтна каматна стапка повисока од 12,25 отсто, инфлација од 12 отсто и постојано интервенира на девизниот пазар, а домашната валута постојано депресира. Македонија може да влезе во еврозоната и со фиксен курс на денарот. Таков е примерот на Естонија. (Димитар Богов, неодамна избран за гувернер на Народната банка наРепублика Македонија)

ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ, А НЕ ПОЛИТИКА НА КУРСОТ

НЕМА ПРОСТОР ЗА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ

Погрешно е да се врзува економскиот пораст со политиката на курсот. Економскиот пораст зависи од квалитетот на економските политики, а не од политиката на курсот. Дали девалвацијата од 1997 година го подобри економскиот пораст? Не. За мала и отворена економија со високо ниво на евроизација на домаќинствата, претпријатијата и банките флуктуирачкиот курс би имал многу негативни ефекти. Ако се погледнат малите економии од Балтикот, преку Централна Европа до Балканот, ќе се види дека доминираат земјите со политика на фиксен курс. Ако се споредат стапките на економски пораст што ги остварувале во последните 10 години, ќе се види дека воопшто не е точно дека земјите со флуктуирачки курс остварувале подобри економски резултати. Дури и некои од малите економии што имаат флуктуирачки курс постојано интервенираат на девизниот пазар за да спречат поголема девалвација. Цената за тоа се високи каматни стапки, висока инфлација

Каматните стапки во секоја земја зависат од економската состојба во државата и од монетарната политика на централната банка, но и од висината на пасивните каматни стапки, односно од каматите на депозитите, кои во Македонија се релативно високи. Иако 2011 година е пооптимистична од 2009 и од 2010 година, сепак, имајќи ги предвид економската состојба во земјата, инфлаторните притисоци, ликвидносните проблеми со кои се уште се соочуваат претпријатијата барем на краток рок или ако не се случи некоја значителна промена на економски план, нема голем простор за драстично намалување на висината на каматните стапки на кредитите. Но, не трба да се заборави дека од крајот на минатата година и почетокот на оваа повеќето банки, како и ПроКредит, значително ги намалија каматните стапки, следејќи ја политиката на Народната банка. (Јованка Јолеска-Поповска, директор на ПроКредит банка)

Здружение на банкарство - СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА УСЛУГИ ОД БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ Во име на Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, Ве информираме, дека согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години. Важечката законска регулатива во Република Македонија предвидува обврска сите банки и штедилници да ја ажурираат базата на своите постојни клиенти со валидни податоци за нивна лична идентификација најдоцна до мај 2012 година. Бидејќи потврдување и ажурирање на податоците за своите клиенти на овој начин го забавува редовното работење на шалтерите во банките и штедилниците и е обемна работа, која одзема време, а со цел исполнување на горенаведените законски обврски, Здружението на банкарство при Стопанската Комора на Македонија, донесе заклучок за поставување сопствен рок за спроведување на оваа акција за ажурирање на податоци (01.05.2011 година) и ги повикува сите физички и правни лица во РМ кои имаат отворено сметки во банките и штедилниците, да пристапат кон истите со цел ажурирање на нивните податоци. Во насока на наведеното, најљубезно ги замолуваме и ги повикуваме, сите наши клиенти, физички и правни лица, соодветно да се идентификуваат во нивните банки и штедилници, односно истото да не го одложуваат и да го извршат при нивната наредна посета во банката/штедилницата и заклучно со 01.05.2011 да ги ажурираат своите податоци. По истекот на наведениот рок, работењето со сметките не ќе може непречено да се одвива, се до моментот на целосна идентификација и потврда на идентитетот на клиентот од страна на банката/штедилницата. Банките и штедилниците ги бараат Вашите лични податоци и податоците за вашата трансакција, единствено со цел да ги почитуваат барањата на важечката законска регулатива, без можност и дискреционо право да постапат поинаку. Воедно, сакаме да Ве известиме дека ажурирањето на овие податоци е и во Ваш интерес, бидејки банките и штедилниците ќе бидат во можност да донесат издржана одлука базирана на повеќе валидни информации и по однос на сите Ваши барања, ќе можат навремено и на точни адресни податоци да ги испраќаат месечните извештаи, соопштенијата и дополнителните материјали со кои се олеснува соработката, меѓу клиентите и нивната банка/штедилница. Со почит,

ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВО ПРИ СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

9

ПОСЕТИ

Регулаторното тело за информациски и Ачарер, претседател на турското регулаторно комуникациски технологии на Република Турција тело, најави настап на експерти од Турција, кои ќе во посета на Стопанската комора на Македонија ги пренесат своите искуства на македонските ИТкомпании. ВОСПОСТАВЕН ЛИНКОТ ЗА СОРАБОТКА -Потребно е организирање на билатерални ВО ИКТ ИНДУСТРИЈАТА средби меѓу ИКТ компаниите од двете земји заради подобро меѓусебно запознавање и Иако Република Турција е наш запознавање со можностите кои во овој домен традиционален трговски партнер, со жалење ги нуди македонскиот пазар, – истакна Пешев. може да се констатира неприсутноста на соработка Можности за соработка постојат, Македонија има во ИКТ секторот меѓу двете земји – истакна високо стручен ИКТ кадар кој постојано вложува Антони Пешев, претседавач на Собранието на во своето надградување, а во прилог на тоа, Стопанската комора на Македонија на средбата секако, оди и познавањето на англискиот јазик во Комората (20.4.2011 година) со претставниците меѓу младата популација. на турското Регулаторно тело за информациски и Според Ачарер, ИКТ секторот е многу комуникациски технологии. активен сектор, кој во Турција лани забележал -Тоа е изненадување, имајќи предвид раст од 8,9 проценти, со вкупна вредност од 35 колкава е економската соработка на Македонија милијарди долари. со Турција во другите индустриски гранки. Нашиот пазар е мал, но можности за соработка има многу, посебно тргнувајќи од податокот дека РЕГУЛАТОРИ Интензивни контакти во уште една област меѓу Македонија и Турција РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ СО МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ

можеби најголемите инвестиции се токму во телекомуникацискиот сектор, – додаде Пешев. На средбата присуствуваше и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, кој потенцираше дека денешното потпишување на Меморандум за разбирање меѓу АЕК и турското регулаторно тело создава добра подлога за соработка во областа на електронските комуникации. Двете регулаторни тела ќе соработуваат преку размена на информации и искуства за развојот и стратегиите за електронските комуникации, како и размена на податоци од јавен карактер за нивните активности и националните пазари од таа област. Ова подразбира и соработка на делегации на ниво на експерти за одделни прашања кои ќе произлезат од состојбите на одреден пазар. Во таа насока на претстојната Конференција во областа на електронските комуникации која ќе се одржи во Охрид следниот месец, Таифун

Раководствата на македонската Агенција за електронски комуникации (АЕК) и на турското Регулаторно тело за информациски и комуникациски технологии со потпишување Меморандум за разбирање најавија соработка во областа на електронските комуникации. Двете регулаторни тела ќе соработуваат преку размена на информации и искуства за развојот и стратегиите за електронските комуникации, како и размена на податоци од јавен карактер за нивните активности и националните пазари од таа област. Предвидена е и соработка на делегации на ниво на експерти за одделни прашања кои ќе произлезат од состојбите на одреден пазар. - Меморандумот отвора можности за соработка која може да ја искористиме за доброто на регулаторните тела и на двете држави. Сигурен сум дека договорот ќе ни


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

ПОСЕТИ

помогне во подобрување на македонскиот пазар на електронски комуникации со користење на турските искуства бидејќи нивниот пазар е многу поголем, информира директорот на АЕК, Роберт Орданоски кој го потпиша Меморандумот со претседателот на турското регулаторно тело Таифун Ачарер.

ТВИНИНГ – ПРОЕКТИ Со помош од ЕУ ЗАЈАКНАТ КАПАЦИТЕТОТ НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Македонската Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) ги зајакна своите институционални капацитети за исполнување на преземените обврски од Договорот на Енергетската заедница, како и за надзор над вршителите на енергетските дејности, ефикасен мониторинг на енергетскиот пазар и поголема транапарентност и соработка со институциите, претпријатијата и потрошувачите. Таков заклучок изнесоа учесниците на

завршна конференција на твининг-проектот „Институционално зајакнување на Регулаторната комисија за енергетика“, финансиран од Европската унија. Министерот за економија, д-р Фатмир Бесими оценил, како што пренесува МИА, дека заокружувањето на проектот претставува испочитување на препораката за зајакнување на улогата на Регулаторната комисија за енергетика, односно нејзино институционално зајакнување по донесувањето на новиот Закон за енергетика. - Денеска праќаме јасна порака до инвеститорите заинтересирани за инвестиции во енергетиката, до стопанството и граѓаните како директни корисници на енергијата, дека

Република Македонија постојано работи на зајакнување на своите институции за да бидат успешни на пазарот, рекол Бесими, истакнувајќи оти очекува конкретни ефекти од твинингпроектот. Со такви очекувања е и шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Петер Соренсен. - Верувам дека овој твининг-проект ќе покаже одржливост за што ќе бидат потребни натамшни заложби од РКЕ која треба да обезбеди натамошно почитување на препораките, нагласил Соренсен. Според него, преку твининг-проектот се потигнати конкретни резултати кои ја подобриле работата на РКЕ во следењето на пазарот и лиценцирањето. Тоа, истакна Соренесен, е од суштинска важност за функционирање на либерализираниот пазар на енергетика. Твининг-проектот за институционално зајакнување на РКЕ беше спроведен во изминатите 16 месеци од страна на австриското Регулаторно тело за енергетика „Енерџи контрол“, Агенцијата за европска интеграција и економски развој и македонската РКЕ. Според претседателот на РКЕ, Димитар Петров, поставените цели се исполнети и се работело на четири суштински компоненти, односно на следење на сообразноста со лиценците, следење на пазарот на енергија, како и на компонентите за управување со квалитетот и за соработка со останатите заинтересирани страни. Петров најави дека препораките од твининг-проектот ќе бидат преточени во подзаконските акти што во следниот период треба да ги донесе РКЕ . Проектот се потпираше на експертиза и искуство од „Енерџи контрол“ во однос на либерализацијата на австрискиот енергетски пазар, а со цел да ја подготви Македонија за интеграција во ЕУ и за спроведување на законите од областа на енергетиката. Вкупниот буџет изнесуваше 600.000 евра.


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

11

УСОГЛАСУВАЊА

Семинар за новиот Закон за хемикалии и европската регулатива REACH ДОЛГО, ПОСТЕПЕНО И СКАПО ПРИЛАГОДУВАЊЕ Република Македонија го донесе новиот Закон за хемикалии кој е комплетно усогласен со европското законодавство во таа област. Целта на тие директиви е да се користат хемикалиите онаму каде што треба, но при тоа да се заштити здравјето на населението, животната средина, воздухот, водата, почвата и да се спречи контаминација од какви било хемикалии. Ова го истакна директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев во обраќањето пред учесниците на еднодневниот семинар на тема „Новиот Закон за хемикалии и европската регулатива REACH“ во организација на Бирото во соработка со Стопанската комора на Македонија (27.4.2011година). Тој посочи дека имплементирањето на новиот Закон во Македонија ќе биде постепено и оти Европа дала 10 години рок. На годишно ниво во Европа, рече Захариев, имплементацијата на Законот значеше 30 милијарди евра штети.

и во рударството, текстилната индустрија, металургијата, козметичкото производство, градежништвото. Захариев појасни дека секаде мора да бидат исполнети овие стандарди, што ќе значи издвојување на многу финансиски средства, но крајниот ефект ќе биде позитивен - поздрава средина, помала контаминација и ќе нема услови да се каже дека хемикалиите влијаат лошо врз здравјето на населението. Според него, во делот на фармацевстската индустрија исполнувањето на директивите ќе значи нова амбалажа за лековите.

ЕНЕРГИЈА АД ЕЛЕМ во Богданци почнува со реализација на првиот поголем проект во земјава за користење на обновливи извори на енергија ВЕТЕРОТ ВО БИЛАНСОТ ЌЕ „ДУВА“ СО 100 ГИГАВАТ ЧАСОВИ ГОДИШНО АД „Електрани на Македонија“ во соработка со германската консултантска куќа „Фихтнер“ почна со реализација на активности за изградба на Парк на ветерни електрани „Богданци“. Согласно предвидената динамика, како што соопштуваат - Принципите со работењето со хемикалиите од ЕЛЕМ, активностите ќе се спроведат во рок од во Европа се издигнати на многу високо ниво 20 месеци, а ќе почнат со изработка на тендер во смисла на тоа што треба да исполнува еден за набавка на опрема, изградба на пристапни производител на хемикалии, што значи промет со патишта, трафостаница и приклучок на мрежа. нив, увоз, извоз, пакување и уништување. Многу Компанијата „Фихтнер“ ќе биде партнерсе строги директивите, нивната имплементација консултант на АД ЕЛЕМ до целосно завршување на ќе значи исфрлање на голем број супстанции кои изградбата на паркот на ветерни електрани. Покрај нема веќе да се користат, нивната имплементација подготовката на тендерската документација, значи преструктуирање на производството консултантот ќе подготви основен проект, ќе биде во многу погони каде што мора да има нови надзор на градежните работи, на испораката и технологии, каде ќе се сведе контаминацијата монтажата на опремата, како и на вклучувањето на минимум, ќе има сигурно производство, нови на објектот во електроенергетскиот систем на пакувања, а начинот на уништување ќе биде Република Македонија, а ќе врши и регистрација строго дефиниран, потенцира Захариев, а го на сертификати за механизмот за чист развој. цитира МИА. Средствата за реализација на овие активности Хемикалиите ги има и во земјоделството во износ од 1,2 милиона евра се дел од кредитот


12

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

УСОГЛАСУВАЊА

обезбеден од германската КфВ Банка, потпишан на 9 април годинава. За проектот вреден вкупно 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

околината од загадување. – објавува скопската телевизија „Алфа“ -Само топлинска енергија би се произвела околу 50 мегавати на час, што значи дека топланата Скопје - север, која може да произведе толку МW, може да работи комплетно на комунален отпад, без да трошиме природен гас, - изјави Славе Арменски - универзитетски професор. Професорот Арменски вели дека под итно треба да се започне со согорување на ѓубрето, зашто само една печка во санитарната депонија “Дрисла“, е премалку за согорување на тоните пластика, хартија, метал и текстил. -Ако од тој комунален отпад согориме 50 % , тоа значи дека за 50% ќе ја намалиме количината на отпад во Дрисла, ќе го продолжиме векот на експлоатација на Дрисла, на 30, па дури и 60 години, - изјави Арменски. Надлежните пак велат дека работат на

Во ПВЕ „Богданци“, на 29 хектари ќе се постават 15 до 18 ветерници, секоја со инсталирана моќност од 2 до 3 мегавати. Вкупното производство на Паркот на ветерни електрани „Богданци“ ќе биде 100 гигават часови годишно, а инсталираната моќност во првата фаза од реализацијата ќе изнесува 37 мв, додека во втората фаза предвидено е да се инсталираат ветерни турбини со кои моќноста на ПВЕ „Боданци“ ќе се зголеми до вкупно 50 мегавати. Целта на овој пилот-проект е тој да ја промовира енергијата на ветрот како возможен и остварлив извор на електрична енергија во Република Македонија. Со изградбата на ПВЕ „Богданци“, ќе се зголеми изнаоѓање на концесионери за изградба на уделот на обновливите извори во производството термоцентрали за производство на топлинска и на електрична енергија. електрична енергија од комунален отпад. Засега со 8 компании се заинтересирани за изградба на постројки во Полошкиот регион и во Југоисточниот дел на земјава. Ѓубрето воопшто не се користи за производство За разлика од кај нас, во европските на топлинска енергија земји огромни количини ѓубре се користи за ТОПЛАНАТА СКОПЈЕ-СЕВЕР МОЖЕ затоплување на домаќинствата. Само во Франција ДА РАБОТИ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД! има повеќе од 130 термоцентрали. Комуналниот отпад, го има низ цела Македонија, особено во Скопје, но воопшто не се користи за да се произведе топлинска енергија, велат експертите. Објаснуваат дека со 500 тони ѓубре колку што дневно се собира само во главниот град, може да се произведат големи количества на топлина. Препорачуваат што е можно поскоро да се изградат термоцентрали за оваа намена, зашто освен што би се заштедило на производство на енергија, би се заштитила и


четврток, 28 април 2011

ЕВН Македонија ја реконстрира дистрибутивната мрежа во Пелагонискиот регион ИСКЛУЧЕНИ ЕВЕНТУАЛНИТЕ ДЕФЕКТИ ПРИ СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЕВН Македонија соопштува дека во рамките на активностите за подобрување на квалитетот на дистрибутивната мрежа во Пелагонискиот регион е реконструирана нисконапонската мрежа во битолските селата Муслинци, Лажец и Трново. Со

БИЗНИС ИНФО - Пролетните проекти на ЕВН Македонија за обновување на мрежата се интензивиираа и на средно напонско ниво. Реконструирани се далноводите Сопотница – Зашле и Новаци, со што значително ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија за 2.000 корисници. Зокружена е и реконструкција на 10 киловолтниот далекувод Плетвар, со што се очекува да се намалат испадите, а се создава и можноста за брзо лоцирање на дефектот, а со тоа и побрзо санирање. ЕВН Македонија во овие зафати инвестира 100 000 евра, се вели во соопштението. Донација на ЕВН за Електротехничкиот факултет во Скопје ИНСТРУМЕНТ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА

тоа, според ЕВН, се подобрени напонските прилики и е отстранет проблемот од евентуални дефекти при снабдувањето со електрична енергија. - Заменети се старите дрвени со нови бетонски столбови, а постоечките кабли со нови со поголем пречник. Направено е и растоварување на нисконапонски изводи со што се добива многу поголема сигурност во снабдувањето. Честите прекини во снабдувањето поради преоптоварување се минато за 200 корисници од битолските улици Иван Милутиновиќ и Пецо Божиновски како и населбата Коле Канински, каде што нисконапонската мрежа е целосно обновена, - информираат од ЕВН Македонија. Според нив, моментно се врши замена на нисконапонската мрежа во селата Кукуречани и Горно Оризари во вкупна должина од 2.000 метри, со што напонските прилики и сигурноста во снабдувањето ќе се подобрат за 300 жителите од тие населени места. Сервисирање и зајакнување е направено и на 10 киловолтни трафостаници во пелагониските села Путурус, Мегленци и Загориче.

ЕВН донираше инструмент за испитување на квалитетот на електричната енергија што ќе служи за обука на студентите при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Вредноста на инструментот, како што информираат од компанијата, е 10.000 евра, а неговото користење ќе биде од големо значење за студентите за следење на новите достигнувања во областа на мерењето и подобрувањето на квалитетот на електричната енергија. Донацијата е потврда и континуитет на добрата соработка на ЕВН Македонија со Електротехничкиот факултет со кој компанијата има реализирано повеќе заеднички проекти преку овозможување обука за апсолвенти и дипломирани електроинженери, како и стипендирање и вработување на најдобрите кадри.

13 ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

„Алкалоид“ АД Скопје ДИВИДЕНДА 150 ДЕНАРИ ПО АКЦИЈА Најголемата македонска фармацевтска компанија Алкалоид” на акционерите ќе им исплати дивиденда во висина од 150 денари нето, односно 166,67 денари бруто, за една акција.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово, почнувајќи од 11 мај 2011 година, на трансакциските сметки на акционерите. Право на исплата на дивиденда за 2010 година имаат сите акционери на Алкалоид” кои се евидентирани во книгата на акции на 6 мај 2011 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 3 мај 2011 година, додека пак прв ден на тргување без право на дивиденда е 4 мај 2011 година. Според финансиски податоци на Алкалоид” компанијата ја заврши 2010 година со нето-добивка во висина од 581,5 милиони денари. НЛБ “Нов пензиски фонд” АД Скопје во 2010 година НЕТО ДОБИВКАТА 470 ИЛЈАДИ ЕВРА И покрај намалените приходи од управување со фондот од 41.296.000 денари (671.5 илајди евра) во 2009 година на 31.413.000 денари (510,8 илјади евра) во 2010 година, НЛБ “Нов пензиски фонд” АД Скопје оствари зголемена нето-добивка споредено со 2009 година. Податоците говорат дека 2010 година е затворена со нетодобивка во износ од 28.959.000 денари (470,9 илјади евра), додека пак годината претходно добивката била на ниво од 21.323.000 денари (346,7 илјади евра).


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА Почна реализацијата на твининг проект со Холандија за зајакнување на внатрешната финансиска контрола и финансиска ревизија ЦЕЛТА Е ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ Министерството за финансии на Република Македонија и холандското Министерство за финансии во наредните 24 месеци ќе спроведуваат твининг проект за зајакнување на капацитетите на државните институции за внатрешна финансиска контрола и финансиска ревизија. Проектот, во вредност од 1,3 милиони евра, е финансиран од ЕУ, а ќе се одвива во над 70 државни институции и на централно и на локално ниво во земјава. - Развојот на систем за стабилно финансиско

управување и контрола и независна внатрешна ревизија останува наш приоритет во рамки на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на конференција со која се означи почетокот на реализацијата на твининг проектот, а пренесува МИА. Тој додаде дека Република Македонија веќе докажа дека гради систем на јавна внатрешна финансиска контрола согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики на ЕУ. Донесен, е појасни, Законот за внатрешна ревизија во јавниот сектор во 2004 година и Законот за јавна внатрешна финансиска контрола од 2007 година, а продолжи со донесувањето на новиот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола од 2009 година и подзаконските акти што произлегуваат од него. Министерот Ставрески посочи дека процесот на зајакнување на финансиската контрола во Македонија е почнат и се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализирана одговорност на раководството и воспоставување функционално независна внатрешна ревизија, односно развој на сите три компоненти на јавна внатрешна финансиска контрола - финансиско управување и контрола, внатрешната ревизија и нивното хармонизирање. Целта, како што рече министерот, е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на јавните средства како и спречување на неправилности, сомнежи за измами и корупција. Воведувањето на ваквиот систем на внатрешна контрола е во согласност со барањата на acquis во однос на финансиската контрола што подразбира изградба на модерни системи за внатрешна контрола во јавниот сектор, што води кон доследна комбинација на менаџерската одговорност и функционално независната внатрешна ревизија. Во областа на финансиското управување и контрола постигнат е напредок во институциите на централно ниво. Министерот истакна дека во 97 отсто од институциите се назначени одговорни сметководители, во 76 отсто се назначени лица задолжени за неправилности, во 51 отсто се основани единици за финансиски прашања и во 42 отсто се назначени раководители на единиците за финансиски прашања.

Во областа на внатрешна ревизија на централно и локално ниво, пак, како што истакна министерот, основани се 117 единици за внатрешна ревизија, вработени се 159 внатрешни ревизори и назначени се 55 раководители на единиците за внатрешна ревизија. Според амбасадорката на Холандија во земјава Симоне Филипини, проектот ќе придонесе кон зголемување на довербата во институциите на патот на земјата кон ЕУ, но ќе придонесе и кон подобра наплата на даноците. - Концептот е многу значаен во процесот на децентрализација и има за цел да ја спречи корупцијата и да ја зголеми транспарентноста, рече Филипини и додаде дека онаму каде јавноста нема доверба не ги плаќа даноците, а владата во тој случај е таа која треба да преземе мерки за да ја убеди јавноста. Проект менаџерот Јос Ноувт информира дека во Македонија работат од 2007 година и оти сега целта е да се имплементираат донесените закони и правилниците произлезени од него: - Во државата е тешка имплементацијата на законите зашто во одредени моменти постои одреден тип на резистентност во раководните служби, односно раководните лица кои понекогаш сакаат да ја избегнат одговорноста што треба целосно да ја преземат на себе со цел да ги избегнат ризиците и грешките. Меѓутоа, во тоа се состои и предизвикот. Одбележан Светскиот ден на интелектуална сопственост ДИЗАЈНЕРИТЕ ДА КРЕИРААТ ВО НАСОКА НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Република Македонија денеска го одбележа 26 Април - Светскиот ден на интелектуалната сопственост кој годинава се прославува во знакот на дизајнот како право на индустриска сопственост. Иницијативата на Светската организација за интелектуална сопственост е во насока на справување на државите со отпадот кој не ги задоволува критериумите за биолошка разградливост, а генералниот директор на организацијата Франсис Гари во годинашната порака ги повикува дизајнерите ширум светот да креираат во насока на заштита на животната средина. Според директорот на Државниот завод за индустриска сопственост во Македонија, Сафет Емрули, дизајнот е едно од правата на индустриска сопственост во кое стопанствениците имаат реални предуслови да инвестираат и на тој начин да ја зголемат конкурентноста на своите производи и услуги. - Во иницијативата на WIPO се инсистира на креирање кое ќе ги задоволува не само критериумите на потрошувачите за оригиналност и привлечност на производите и услугите, туку и на еколошката компонента на производите заради зачувување на човековата околина, рече Емрули на свеченоста организирана по повод одбележувањето на 26 Април, а го цитира МИА. Тој додаде дека огромните количества на отпад од хардверска, мобилна и слична природа се проблем што сериозно му се заканува на човекот и оти оттаму произлегува инсистирањето за дизајнирање производи кои покрај задолжителните, ќе ги задоволуваат и дополнителните еколошки барања. Претседателот на Координативното тело за интелектуална сопственост Мите Костов изјави дека Македонија повеќе не ја прекршува Спогодбата за стабилизација и асоцијација во делот на интелектуалната сопственост и оти има силен напредок во делот на заштита


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

15

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

на интелектуалната сопственост. По повод 26 Април на депонијата Дрисла беа уништени околу 30 илјади пиратски ЦД и 3.600 штеки цигари. Промовирана новата интернет-страница Органска Македонија WWW.ORGANICMACEDONIA.ORG.MK ЗА ЗДРАВА ХРАНА

бараат, не само на домашниот, туку и на странските пазари, органското јагне, брусницата, медот и виното. Македонија располага со 3.000 хекатри органски житни култури, околу 1.000 хектари фуражни култури, 350 хектари овоштарници, 245 хектари лозови насади и 200 хектари градинарски култури. Забрзано се развива и органското сточарство. Во 2009 година како орагански беа сертифицирани 377 грла крупен добиток, а лани нивниот број изнесуваше над 2.500. - Минатата година значително е зголемен бројот на сертифицирани органски овци, од 22.000 во 2009 година на повеќе од 98.000. Трендот на пораст го следи и органското козарство. Минатата година се евидентирани 2.000 грла повеќе од 2009 година кога имаше само 1.039, - нагласил Димовски. Како резултат на зголемувањето на сертифицираните површини за органско производство и на бројот органски фармери Владата годинава ја зголеми финансиската поддршка за оваа категорија земјоделски производители од ланските 70,8 милиони денари на 110 милиони денари. Во Македонија стручната контрола и сертификацијата на органското земјоделско производство ја вршат две сертификациски тела овластени од Министреството за земјоделство, а целосната контрола и супервизија над работењето на сертификациските тала е во надлежност на Државниот инспекторат за земјоделство. - Имајќи го предвид значењето на органската храна, како и промоцијата на новата национална ознака за органски производ, МЗШВ почна со реализација на Национална кампања за подигнување на свеста на потрошувачите. Резултатите се евидентни. Органските производи веќе си го наоѓаат своето место на домашниот пазар, а купувачите препознаваат квалитет, знаат што е природно, истакна министерот, додавајќи дека во поголемите маркети се` поголем е бројот на македонски органски производи.

Лесен, брз пристап до информации за македонските производители на органска храна и за понудата на домашни органски производи овозможува интернет-страницата www. organicmacedonia.org.mk што ја промовираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Веб-порталот е едноставен, но многу функционален, и засега има две верзии, на македонски и англиски јазик. Изготвен е во соработка со Федерацијата на органски производители по принципот на јавно-приватно партнерство како дел од неодамна почнатата кампања за популаризација на македонското органско производство. - Интернет-страницата Органска Македонија е алатка која ќе ги даде основните информации за органската храна и на полесен начин непосредно ќе ги поврзе потрошувачите со Земјоделците деновиве исплатени по три основи: фармерите. На едно место нуди информации за количините и за растително, сточарско и органско земјоделско за местата каде можат да се купат органски производи. Со овој производство. ЗА СУБВЕНЦИИ 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА

Вкупно 2,2 милиона евра субвенции за поддршка на земјоделството исплати неодамна Министерството за финансии. Парите се веќе легнати на сметка на земјоделците по три основи: растително производство, сточарско производство и органско земјоделско производство. За растително производство се префрлени 51,8 милиони денари од кои најголем дел, околу 37, 8 милиони, за поледелски култури. Во оваа група се исплатени и средства за лозови и овошни насади. На сточарите им се наменети 76 милиони денари, најмногу за произведено и продадено кравјо млеко, 60 милиони денари. Исплата е извршена и по основ субвенции за овчарство, козарство, свињарство и пчеларство. За органско земјоделско производство се исплатени портал сакаме уште повеќе да ја популаризираме органската 7,6 милиони денари во кои најголемо учество има мерката храна, да ја доближиме до потрошувачите кои веќе прават финансиска поддршка во органско овчарство и козарство. разлика, знаат што е здраво, квалитетно, чисто и природно, рекол министерот Љупчо Димовски, а го цитира МИА. Линкот „што да купам“ нуди достапни органски производи, а „каде да купам“ упатува на секој производител поединечно, по општини, вклучувајќи и негов контакт. Според министерот Димовски, во Македонија интересот за органски производи е се` поголем. Особено се


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА Стоковната куќа „МОСТ“ дел од турската групација Еш груп ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА И 120 НОВОВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Македонска пошта лани со добивка од 77,8 милиони денари СЛЕДИ ПРИВАТИЗАЦИЈА, МОДЕЛОТ СЕ` УШТЕ НЕУТВРДЕН

Стоковната куќа „Мост“ стана нов трговски центар, како дел од турската групација Еш груп. Инвестицијата е 1,5 милиони евра, а ќе вработува 120 лица. Официјалиот старт го означија министерот за економија, д-р Фатмир Бесими, министерот без ресор Хади Незир и претседателот на УО на Еш груп Левент Аксу. - Стоковната куќа „Мост“ претставува важен елемент во нашите инвестиции и партнерство во Македонија, а посетителите ќе можат да најдат најквалитетна стока по најповолни цени, рече Аксу, а го цитира МИА.

Македонска пошта минатата година оствари добивка од 77,8 милиони денари, што е финансиски резултат од деловните активности двапати поголем од тој во 2009 година, информира директорот Ејуп Рустеми на одбележувањето на Денот на поштенските работници, 22 Април. Моделот за приватизација на поштенската компанија, чиј акционер е Владата, според Рустеми, уште не е утврден, а одлуката треба да ја донесе Собранието на акционери. Книговодствената вредност на Македонска пошта изнесува 22 милиона евра, рекол Рустеми, а го цитира МИА. Вкупните приходи на Поштата во 2010 година изнесуваат 1.456.642.652 денари, односно се зголемиле за 6,6 проценти во однос 2009 година. Добивката пред оданочување за деловната 2010 година изнесува 9.211.206 денари. Во 2010 година, во однос на 2009, навел Рустеми, Македонска пошта бележи зголемување на обемот на поштенските услуги во внатрешниот сообраќај примени за отпрема за 16,5 проценти, а кај писмоносните услуги за 20,7 проценти.

Тој истакна дека тие работат повеќе од четири години во Македонија и оти се надева дека и во иднина се планираат други инвестиции. Според министерот Бесими, отворањето на оваа стоковна куќа е потврда за она што се работи дека поважно е не само да се донесат инвеститорите во Македонија, туку тие и да се одржат и да го прошират бизнисот. Министерот без ресор Хади Незир посочувајќи на реализираните турски инвестиции во Македонија, рече дека Владата е посветена на носење нови инвеститори. Стоковната куќа на потрошувачите им нуди женска, машка, детска, текстилна, долна и спортска облека, парфимерија, играчки, а на најгорниот спрат е сместен и кафе ресторан. Застапени се добро познатите светски брендови, како Goldmaster, Bimbibo Kids, Dickies, Eliksir, Gossip Girl, Mak-Deco, Mixage, Murano, Nike, Orsay, Penelope Jewel & Watch, Pen� & Sara Fashion, Societa, Star Lady`s, Stylish Silver, Taç, Verdi, Wenicе и многу други.

Зголемениот обем на работа, како што рекол, бил причина за новите 269 вработувања, од кои 95 се поштари. За вработувањата е добиена согласнот од Министерството за финансии. -Ваквата слика на компанијата ја подобрува нејзината позиција на пазарот на услуги, а позитивните резултати во 2010 година дополнително не мотивираат и обврзуваат да продолжиме со исто темпо во 2011 година, рекол Рустеми, нагласувајќи дека 2010 е втора година по ред во која Македонска пошта бележи позитивни финансиски резултати. Според него, резултатите во минатата година се оптоварени со вонредни расходи како резултат

на постапувањата по заклучоци на Владата и препораки на ревизиите, во износ од 68,6 милиони денари. Се постапувало по отпис на побарувања од 2006 и 2007 година од МРТВ во износ од 34,6 милиони денари, како и од Министерството за финансии по основ на отстапени акции на Стопанска банка АД - Скопје во 1997 година во износ од 3,6 милиони денари. Постапено е по препораките од екстерните ревизии за прикажување резервации за оштетување на постарите побарувања и кражбите во износ од 29,8 милиони денари. По повод Денот на поштенските работници менаџерскиот тим на Македонска пошта додели признанија на 15 вработени кои покажале најдобри резултати во работењето. Македонска пошта располага со 331 единица на поштенска мрежа, над 500 шалтери, кадровски потенцијал од 2.400 вработени и возен парк од над 1.700 возила. Винарница „Далвина“ од Струмица ИЗВОЗОТ СТИГНА ДО КИНА Вината на струмичката визба „Далвина“, едни од најдобрите во Македонија, последните две години добро котираат на странските пазари, посебно во Кина. Според експертите, тоа е мошне значајно за пласман надвор од Европа каде што македонските производители се` уште не се добро познати. Кинескиот пазар не само што има одлична апсорпциска моќ, туку се постигнуваат и многу поволни цени за квалитетните македонски вина. Нашата винарница постои само четири години, а зад себе веќе има бројни успеси и признанија за квалитет кој се темели, пред се`, на богатата македонска традиција. Практикуваме да ја негуваме и настојуваме да постигнеме максимален квалитет преку инвестирање во нови плантажи и сорти грозје, како и во постојан развој на технологијата, - вели Зоран Пеев, раководител „Далвина“, а го цитира МИА. Винарницата располага со 370 хектари сопствени лозови плантажи во месноста Хамзали. Годишниот капацитет изнесува околу 4,2 милиона литри вино, или двапати повеќе од сегашното произведство на 15 различни видови бели и црни вина.


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

17

ОПШТИНСКИ БИЗНИС Во Струмица забрзано се гради системот за гасификација НАЕСЕН ПРИКЛУЧОК ЗА ДОМАЌИНСТВА, А ПОТОА ЗА ПЛАСТЕНИЦИТЕ И ОРАНЖЕРИИТЕ Во Струмица забрзано се гради системот за гасификација на општината. Овој капитален проект е единствен од ваков вид во земјата. За поставувањето на примарната гасоводна мрежа во должина од 13 километри, односно за завршувањето на првата фаза што ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, со локалниот буџет се планирани 57 милиони денари. Виртуелниот гасовод, за кој вкупно ќе бидат инвестирани околју 235 милиони денари, треба да биде даден во употреба во октомври годинава пред почетокот на новата грејна сезона. - Првата фаза практично ќе значи основа за приклучување на домаќинствата во градот на примарната мрежа. Во втората фаза, на гасоводниот систем ќе бидат приклучени пластениците и оранжериите за производство на зеленчук, како и населените места во непосредната околина на Струмица. Исто така, на примарниот гасовод ќе бидат приклучени и сите локални и државни јавни установи, како и заинтересираните с т о п а н с к и објекти, фабрики и слично, изјави градоначалникот Зоран Заев, а го цитира МИА. Струмица За Струмица овој проект значи економски раст и развој, отворање на нови фабрики и работни места, како и зголемување на конкурентноста на струмичкото стопанство. Гасификацијата ќе значи заштеда на енергија и намалување на трошоците за скапите нафтени деривати и други енергетски горива. - Со оптималното искористување на природниот гас ќе се заштедуваат повеќе од 20 милиони евра годишно, а истовремено супституцијата на нафтата, струјата и огревното дрво ќе значи и поголема грижа за зачувување на животната средина, вели Зоран Китанов, директор на новоформираното претпријатие „Струмица-гас“. Покрај гасоводната мрежа, до почетокот на октомври во Струмица ќе бидат изградени и две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој ќе се носи од мајката-станица лоцирана во Петрич, Република Бугарија, како и набавка на специјални цистерни за транспорт на природниот гас. Струмичкиот гасоводен систем ќе биде компатибилен со најавуваниот проект на Владата за гасификација на државата, бидејќи ќе може без никакви проблеми да се приклучи на гасоводот кој во догледно време ќе минува низ источна Македонија. Општина Струмица ќе ја проширува инфраструктурата во околината на Габровските водопади КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ Со програмата за развој на руралниот туризам во општина Струмица за 2011 година, покрај постојната

патека до првиот Габровски водопад, се планира да бидат изградени пристапни патеки и до останатите три слапови кои го комплетираат овој познат водопад на планината Беласица. – објавува МИА. - Со изградбата на целокупниот систем од патеки и уредување на околината, дефинитивно ќе го заокружиме Габровскиот водопад како туристички локалитет и тој ќе стане исто толку атрактивен за гостите и посетителите како што се Колешинскиот и Смоларскиот водопад, велат во Одделението за локален економски развој. Според нив, досега е комплетно уредена само патеката до првиот, а се планира да бидат изградени пристапни патеки и до вториот, третиот и четвртиот водопад кои се лоцирани подлабоко во планинскиот масив. Ќе биде завршена и целата инфраструктура за обезбедување неопходни услови за потенцијален развој на туризмот во Габрово. За реализацијата на проектот ќе бидат обезбедени средства од општинскиот буџет и од Бирото за регионален развој. Легализиран првиот стопански објект во Карбинци ВО ИНВЕСТИЦИИ БЕЗ РИЗИК Фабриката за преработка на овошје и зеленчук „Фрукатана“ во село Аргулица е првиот стопански објект легализиран во општина Карбинци. Советникот за урбанизам во општината Весна Зенделова изјави дека решението за легализирање на дивоизградениот објект е дадено на сопственикот на фабриката. - Објектот опфаќа површина од 2.500 м/2, а согласно условите за легализација, надоместокот за легализација изнесува 376.110 денари, информира Зенделова, а ја цитира МИА. Сопственикот на фабриката Горан Митев изјави дека со добиеното решение за легализација имаат можност да аплицираат за средства преку европските фондови. Добивањето на решението ќе ни овозможи и да го прошириме капацитетот и да инвестираме во нова опрема без ризик, рече Митев. Покрај постапките за легализација на стопански објекти, во општината очекуваат дека до септември ќе пристигнат и барања за легализирање на индивидуални куќи, кои според нивната евиденција, ги има околу 100тина.


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

РЕГИОН Д-р Владимир Глигоров за Радио Слободна Европа БАЛКАНОТ СПОРО ИЗЛЕГУВА ОД РЕЦЕСИЈА По глобалната економска криза, која кулминираше во 2008 година развиените земји побавно се развиваат од т.н земји во развој, особено оние во Азија, а делумно и во некои европски земји и во Латинска Америка, изјави Владимир Глигоров, експерт на виенскиот Институт за меѓународна економија во интервју за Радио Слободна Европа. Тој истакнува дека според анализите во Институтот, кога станува збор за Балканот се смета дека економскиот пораст е помал од три проценти, бидејќи земјите како што се Хрватска, Романија и Црна Гора имаат намален пораст или се уште се наоѓаат во рецесија, јавува дописникот на МИА од Прага. - Генерално би кажал дека овој регион од Балканот еден од најлошите кога станува збор за излегување од рецесија во светот воопшто, истакнува Глигоров. Во врска со изјавата на претседателот на Светската банка, Роберт Зелик дека само еден финансиски удар го дели светот од нова глобална криза, Глигоров смета дека тоа е можно доколку дојде до некои системски проблеми во банкарскиот сектор на САД или во евро-зоната.

искомплицираат, особено во Србија и Хрватска, вели економскиот експерт потенцирајќи кога станува збор за Балканот не треба да се исклучи и опасноста од појава на нови политички тензии. На прашањето колкава е опасноста од преголемо задолжување на земјите на Западниот Балкан, Глигоров потсетува дека задолжувањето, особено она кон странство е сериозен проблем и препорачува дека тоа треба да биде привремено.

Грција им објавена војна на фантомските даночни должници ЦРНА ЛИСТА „ТЕШКА“ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - Проблемот е што долговите растат, а системските проблеми не се решаваат. Тоа не е само прашање на инвестициските трошоци туку првенствено е решавање на прашањето на рамнотежа во индивидуалниот и стопанскиот сектор. Неликвидноста е екстремно висока, помалку или повеќе насекаде тоа е проблемот, па можно е да бидат потребни пари за санирање на банките или домаќинствата, како што гледаме во Србија. Санацијата не е можна без задолжување на државата, а тоа нема да биде можно ако државата е веќе задолжена и тогаш настанува сериозен проблем, изјави Владимир Глигоров за Радио Слободна Европа. Зелените партии и движења на Балканот со заедничка декларација ФОРМИРАЊЕ НА БАЛКАНСКА АНТИНУКЛЕРНА АЛИЈАНСА

Д-р Владимир Глигоров - Кога станува збор за Балканот мислам дека, за разлика од претходните кризи клучните ризици сега се внатрешни, социјалните и политичките тензии се високи. Голем број на бизнисмени се во сложена ситуација, да не речам во стечај и се разбира сето тоа врши притисок врз финансискиот сектор. Во овој момент банките немаат некои големи слабости, но доколку дојде до зголемување на инсолвентноста тогаш работите во банкарскиот систем би можеле да се

Екологистите и Зелените од Балканот повикуваат на затворање на сите постоечки нуклеарни централи и за изградба на соодветна инфраструктиура за безбедно управување и чување на нуклеарниот отпад откако централите ќе престанат да работат.

Зелените партии на Балканот потпишаа декларација за формирање на балканска антинуклеарна алијанса која силно ќе се залага против употребата на нуклеарната енергија во Југоисточна Европа. Во декларацијата потпишана од партии и движења на зелените и екологисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција и Романија се инсистира на промена на целото јавно финансирање кон енергија од обновиливи извори, како и за усвојување на мерки за енергетска ефикасност.

Грчките власти почнаа пресметка со даночните должници по примерот на американската даночна служба, при што за таа цел објавија црна листа, на која се поместени имињата на десет илјади физички лица, меѓу кои има лекари, адвокати, пејачи, носители на слободни професии.

Формирана е специјална група на инспектори, кои од следната недела ќе ја почнат акцијата за справување со даночните должници. Грчкото Министерство за финансии се надева дека даночните проверки ќе обезбедат дополнителни приходи во момент, кога земјата се соочува до длабока рецесија и треба да се справи со буџетскиот дефицит и големиот државен долг. Од почетокот на април досега од ваквите даночни проверки во државната каса се внесени 84,2 милиони евра. Властите во Атина се надеваат дека до крајот на оваа година во буџетот од неплатени даноци ќе бидат собрани 500 милиони евра.


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

Проценка на Светската банка РОМАНИЈА СО НАЈБАВНО ЕКОНОМСКО ЗАЗДРАВУВАЊЕ ВО ЕУ 10

Истражување на Евростат ИРСКА СА НАЈГОЛЕМ БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ, ГРЦИЈА СО НАЈГОЛЕМ ДРЖАВЕН ДОЛГ

Романија оваа година ќе забележи најбавно економско заздравување меѓу земјите од Источна Европа, но веќе следната ќе има најбрзо темпо во регионот, се наведува во извештајот на Светската банка. Светската банка очекува економски раст од 1,5 проценти во 2011 година во Романија, а за 2012 година 4,4 проценти.

Ирска е со најголем буџетски дефицит меѓу земјите од ЕУ за 2010 година, кој изнесува 32,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. На второ место се наоѓа Грција со дефицит од 10,5 отсто од БДП. Претходно, Евростат го имаше пресметано грчкиот дефицит за минатата година на ниво од 9,4 отсто од БДП.

Букурешт Економскиот извештај на СБ за макроекономскиот развој и реформите, што се објавува четирипати годишно, ги опфаќа новите 10 земји-членки од Европската унија: Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Словенија. Литванија оваа година ќе има најдобар економски развој со раст од 4,3 проценти, по неа следи Словачка со 4,1 процент, Полска со 4 проценти, Бугарија со 2,5 проценти и Словенија и Чешка со по 2,2 проценти. Според прогнозата на СБ во 2012 година Романија ќе има економски раст од 4,4 проценти, Словачка ќе забележи 4,3 проценти, а Полска 4,3 проценти. Словенија и Чешка ќе имаат најнизок раст на бруто домашен производ од 2,5 и 2,7 проценти. СБ смета дека целокупниот економски раст на ЕУ 10 за 2011 година ќе изнесува 3,1 процент, а во 2012 година 3,8 проценти. Економската прогноза на СБ за Романија е иста како и од ММФ и романската Влада.

19

ЕВРОПСКА УНИЈА долг просечно се зголемил од 74,4 проценти на 80 отсто од БДП. Грција има највисоко ниво на државен долг, што изнесува 142,8 отсто од БДП. На второ место се наоѓа Италија со 119 проценти, а по неа следуваат Белгија со 96,8 проценти и Ирска со 96,2 отсто. Државниот долг на Португалија минатата година се задржа на 93 проценти од БДП. Грчкиот дефицит во 2010 година порасна на 10,5 проценти НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТ ВО ЕВРОЗОНАТА Буџетскиот дефицит на Грција минатата година пораснал на 10,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Европската унија. Дефицитот од 10,5 процетни од БДП е значително поголем од прогнозата на Европската комисија (ЕК) - 9,6 отсто, што беше објавена во есента.

Даблин Велика Британија се наоѓа на трето место со буџетски дефицит од 10,4 отсто од БДП. Буџетскиот дефицит на Португалија, која исто како и Грција и Ирска побара меѓународна финансиска помош, изнесува 9,1 процент за 2010 година. Дефицитот на една од најзадолжените земји во еврозоната, Шпанија, е 9,2 отсто од БДП. Просечно во државите од еврозоната дефицитот се намалил до шест отсто од БДП, наспроти 6,3 проценти во 2009 година. Сепак, тоа се` уште е двојно повеќе од дозволениот плафон на Европската централна банка од три проценти од БДП. Горната граница на државниот долг во земјите од еврозоната е фиксирана на 60 проценти од БДП. Овој показател се зголемил од 79,3 проценти кон крајот на 2009 година до 85,1 отсто кон крајот на 2010 година. Во ЕУ просечниот буџетски дефицит се намалил од 6,8 на 6,4 отсто од БДП лани, а државниот

Атина Според податоците на агенцијата на ЕУ за статистика (Евростат), јавниот долг на Грција во истовреме пораснал на 142,8 отсто од ДБП, што е најголем процент во еврозоната. Поголемиот број економисти очекуваат дека Грција на крајот ќе мора да ги реконструира своите долгови со тоа што ќе побара од кредиторите повеќе време за отплата на кредитите дури и намалување на износот кој го должи. Претставниците на ЕУ досега ја отфрлаа таквата можност.


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 28 април 2011

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Назив на Проектот

BA-Бања Лука:Рехабилитација на патишта

Референца

EIBZ64579

Финансиска референца

2011/S 76-123473

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

ЕИБ

Земја

Босна и Херцеговина

Објавено на

19.4.2011 година

Краен рок за апликација

27.5. 2011 година

Сектори

Градежништво-инженеринг

Опис на проектот

Рехабилитација на регионалниот пат R477 Козарац-Мраковица

Контакт General Roads Directorate A�n: Mr Ylli Gjoni Deputy Director General Rr. Sami Frasheri no. 33 Tirana, Albania Tel & Fax: +355 4 225 98 98 Назив на Проектот

MK-Скопје: IPA —надзор над инвестициониот проект за пречистителна станица во Прилеп надополнување

Референца

EuropeAid/130913/D/SER/MK

Финансиска референца Вид на набавка

Услуги

Финансиер

Европска комисија

Контакт Јавно претпријатие “Патишта на Република Српска Trg Republike Srpske 8/X, 78000 Banja Luka Republic of Srpska, Bosnia and Herzegovina tel. +387/51/334-500 fax +387/51/334-545 www.putevirs.com info@putevirs.com

Земја

Македонија

Објавено на

19.4.2011 година

Краен рок за апликација

21.5. 2011 година

Сектори

Градежништво-инженеринг Човекоова околина Управување со програми Урбан развој

Назив на Проектот

Проект за подобрување на сигурноста на патиштата

Опис на Проектот

Надзор над пречистителна станица во Прилеп

Референца

WBZ64594-d

Финансиска референца

P100580

Вид на набавка

Изведбени работи

Контакт Министерство за финансии, Централна единица за финансирање и договарање (CFCD), Скопје, Република Македонија. Internet: h�p://cfcd. finance.gov.mk/

Финансиер

Светска банка

Земја

Украина

Објавено на

19.4.2011 година

Краен рок за апликација

9.6. 2011 година

Сектори

Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот

Проект за подобрување на сигурноста на патиштата

Контакт Yuri Sribniak PIU 51 Antonovicha Str., office 1108 Kyiv 03150 Ukraine Telephone: 38 044 5019482 38 044 5019482 Email: sribnyaky@mail.ru Назив на Проектот

Изградба на клучка на патот Фиер-Влора

Референца

EBRDZ64556

Финансиска референца

6364-GPN-42319

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

ЕБРД

Земја

Албанија

Објавено на

19.4.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори

Градежништво-инженеринг

Опис на Проектот

Изградба на клучка на патот меѓу Фиер и Леван, Леван-Влоре и Леван -Тепелена

Назив на Проектот

HR-Загред: Обнова на патишта - PHASE B, SECTION No 19: D205 – Intersec�on Zaprešic

Референца

EIBZ64625

Финансиска референца

2011/S 77-125216

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

ЕИБ

Земја

Хрватска

Објавено на

20.4.2011 година

Краен рок за апликација

31.5. 2011 година

Сектори

Градежништво-инженеринг Транспорт Урбан развој

Опис на Проектот

Обнова на хрватските патишта II PHASE B, SECTION No 19: D205 – Intersec�on Zaprešic

Контакт Hrvatske ceste d.o.o. Procurement Department. Address: Voncinina 3, 10000Zagreb, Croa�a. Tel.: ++385-1-4722-510; Fax: ++385–1–4722-511 Назив на Проектот

HR-Загреб:Обнова на патишта - PHASE B, SECTION No 1: Cilipi-Karasovici

Референца

EIBZ64628

Финансиска референца

2011/S 77-125214

Вид на набавка

Изведбени работи

Финансиер

ЕИБ

Земја

Хрватска

Објавено на

20.4.2011 година

Краен рок за апликација

31.5. 2011 година

Сектори

Градежништво-инженеринг Транспорт Урбан развој


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

21

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија превземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната организација за Франкофонија

Земја

Македонија

PHASE B, SECTION No 1: Cilipi-Karasovici

Опис на Проектот

Обнова на хрватските патишта II

Објавено на

21.4.2011 година

Контакт Hrvatske ceste d.o.o. Procurement Department. Address: Voncinina 3, 10000Zagreb, Croa�a. Tel.: ++385-1-4722-510; Fax: ++385–1–4722-511

Краен рок за апликација

10.6. 2011 година

Сектори

Телекомуникации

Опис на Проектот

Дигитални преносни апарати

Контакт ЈП Македонска радиотелевизија бул. Гоце Делчев, бб Лазе Новески 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 25511786 +389 25511786 E-mail: tenderi@mrt.com.mk Fax +389 23221104 Internet address(es) www.mrt.com.mk

Назив на Проектот

MK-Скопје: Услуги на патишта

Референца

ECZ64670-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 78-128829

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Назив на Проектот

MK-Скопје: Природен гас

Објавено на

21.4.2011 година

Референца

ECZ64715-земји кандидати

Краен рок за апликација

3 .6. 2011 година

Финансиска референца

2011/S 79-130553

Сектори

Здравство Транспорт

Вид на набавка

Испораки

LOT 1. Front Wheel Drive LOT 2. four wheel drive

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

22.4.2011 година

Краен рок за апликација

10.5. 2011 година

Сектори

Енергетика

Опис на Проектот

Систем за филтрирање на главната регулаторна станица (MMRS) Скопје Север, Скопје - Југ и Скопје - Исток

Опис на Проектот

Контакт Министерство за здравство 50 дивизија бр.6 : Mr. Be�m Lamallari 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23112500 +389 23112500 E-mail: be�m.lamallari@zdravstvo.gov.mk Fax +389 23113014 Internet address(es) www.moh.gov.mk

Контакт ГА-МА АД - Скопје Бул. Свети Климент Охридски бр..54 Контактt:Владо Петровски 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23117110 +389 23117110 E-mail: vlado.petrovski@gama.com.mk Fax +389 23110409

Назив на Проектот

MK-Скопје: Медицинска опрема

Референца

ECZ64669-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 78-128830

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Назив на Проектот

MK-Скопје: Градежни работи на проекти за вода

Објавено на

21.4.2011 година

Референца

ECZ64714-земји кандидати

Краен рок за апликација

6.6. 2011 година

Финансиска референца

2011/S 79-130554

Сектори

Здравство

Вид на набавка

Изведбени работи

Опис на Проектот

LOT 1. Inroducers LOT 2. Guide wire LOT 3. Catheters

Финансиер

Европска комисија

Земја

Македонија

Објавено на

22.4.2011 година

Краен рок за апликација

23.5. 2011 година

Сектори

Градежништво - инженеринг Урбан развој

Опис на Проектот

Подобрување на хидролошкиот режим на реката Вардар низ Скопје - прва фаза

Контакт Универзитетска клиника за кардиологија Водњанска бр. 17, A�n: Meri Mandalova 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23147181 +389 23147181 E-mail: ukkardiologija@gmail.com Fax +389 23164134 Назив на Проектот

MK-Скопје: Дигитални преносни апарати

Референца

ECZ64668-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 78-128832

Вид на набавка

Испораки

Финансиер

Европска комисија

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Контакт М-р Ацо Спасовски тел. 3244044

Контакт Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање Бул. Гоце Делчев бб A�n: Bashkim Xhombaliq 1000 Скопје Република Македонија Tel. +389 23251418 +389 23251418 E-mail: B.Xhombalic@moepp.gov.mk Fax +389 23220165 Internet address(es) www.moepp.gov.mk

факс.3244088 е-маил-aco@mchamber.mk www.mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 и 21 јуни 2011 година при официјалната посета на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија АВСТРИСКО-МАКЕДОНСКИ БИЗНИС-ФОРУМ ВО ВИЕНА

Од 12 - 14.5.2011 година САЕМ ЗА КАЛАПИ ВО БУРСА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА Организирана посета на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување

Во рамките на најавената официјална посета на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, на Република Австрија, на 20 и 21 јуни 2011 година, планирано е одржување на Австриско-македонски бизнис- форум, во Виена, доколку за истиот постои интерес од страна на македонските компании. Бизнис-форумот претставува можност за продлабочување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Австрија, како и развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу македонски и австриски компании. За успешна реализација на настанот, неопходно е македонските компании да го идентификуваат својот интерес за соработка со австриски компании најдоцна до 13.4.2011 година, преку пополнување на пријавниот лист кој може да се превземе од веб порталот на Стопанската комора на Македонија www.mchamber.mk, со цел конкретна финализација на билатералните средби. Врз основа на наведениот интерес на македонските компании, ќе бидат идентификувани посочените сектори и соодветно на тоа ќе се обезбеди учество на австриски компании.

Во периодот од 12 до 15 мај 2011 година, во Бурса, Република Турција, ќе се одржат четири меѓународни саемски манифестации: • 5. Саем за технологија на калапи; • 10. Саем за пакување, пластика и гумена индустрија; • 4. Саем за автомобилска индустрија, гаражи и опрема, бензински пумпи и нивна опрема и ЛПГ-системи и • Саем за безбедносни системи и индустриско чистење.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Од 6 до 8 мај 2011 година, Струга АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари ГОДИШНО СОБРАНИЕ АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари, Ве информира за претстојното редовно 16. Годишно собрание на АЦИ Македонија кое оваа година ќе се одржи во Струга, од 6 до 8 мај 2011 година. Вообичаеното присуство на претставниците од сите релевантни финансиски институции (банки, НБРМ, Министерство за финансии и други), ќе биде надополнето со гости (претставници од компании, странски банки и финансиски и др.институции), што секогаш претставувало извонредна можност за размена на искуства и конструктивни дискусии. Програмата на 16. Годишно собрание на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари може да се преземе и од вебпорталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber. mk АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари (www.acimacedonia.org) тел: 02/ 3218001 / 3107558 / 075359297 Email: Jakimov@kb.com.mk

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор, АДОНИС ГРУП, организира посета на саемската манифестација со групен автобуски превоз од 12-14 мај 2011 година. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфер од аеродром до хотел и од хотел до саем, како и бесплатни влезници за Саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци за саемскиот организатор Адонис, 95 евра по лице со автобус (доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15 април 2011 година. Пријавен лист и детали на веб сајтовите: h�p://www.mchamber.mk и h�p://www.mouldeurasia.com

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 venera@mchamber.mk

Од 9-13 мај 2011 година во Белград, Република Србија САЕМ ЗА ТЕХНИКА И ТЕХНИЧКИ ИНОВАЦИИ И БИЛАТЕРАЛНИ РЕГИОНАЛНИ СРЕДБИ Организирана посета на Саемот и учество на билатерални средби со компании од регионот! Во периодот од 9 до 13 мај 2011 година, во Белград, Република Србија, ќе се одржи 55. Меѓународен саем за техника и технички иновации, на кој минатата година учествуваа над 700 реномирани излагачи од преку 30 земји од Европа. Оваа саемска манифестација претставува најважен стопански и технолошки настан во Србија и во Југоисточна Европа, со исклучително влијание врз индустрискиот развој во регионот, преку претставување на најновите технички достигнувања и иновации. На овогодинешното издание ќе бидат посебно претставени неколку стопански сектори: • комплетна програма на ИТ-индустријата; • телекомуникации;


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ • електроенергетика; • електроника; • расвета; • процесна техника; • логистика и транспорт; • заварување; • опрема; • иновации и нови технологии итн. Стопанската комора на Македонија, преку Партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК ќе учествува на Саемот на заеднички ЦЕФТАштанд со коморите од регионот. На овој штанд македонските компании можат бесплатно да се претстават преку промотивни материјали, брошури и каталози. Стопанската комора на Македонија организира посета на Саемот во Белград за македонските компании и учество на мултилатерални деловни средби со голем број компании од регионот, што ќе се одржат на 9 мај 2011 година, со почеток во 14:00 часот, во хала 4 на Белградскиот саем. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација или да достават промотивни материјали за изложување на штандот најдоцна до 1 мај 2011 година.

Контакт : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk Од 10 до 12 мај 2011 година Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа во Република Србија „SEE AUTO COMPO NET 2011“ ВО КРАГУЕВАЦ Од 10 до 12 Мај 2011 година во Крагуевац, Република Србија, ќе се одржи Втор меѓународен саем на производители на авто компоненти на Југоисточна Европа „SEE Auto Compo Net 2011“. На овој саем ќе се престават нај еминентните производители, добавувачи, купувачи и корисниците на производите и услуги за производство на компоненти од Србија и Југоисточна Европа. Со неговото повторно одржување овој саем станува централно место на кое учествуваат добавувачи, купувачи и монтажери, производители на опрема и машини заедно со корисниците на производите и услуги за производство, одржување и сервисирање на автомобили и комерцијални возила. Саемот „SEE Auto Compo Net 2011“ ќе се одржи на 1.600 м2 изложбен простор. Саемот ќе трае три дена, при што е планирано во рамките на истиот да се организираат и одржат многубројни манифестации од типот на тркалезни маси, презентации, програм за развој на добавувачите, средби со купувачи и сл. Со учество на оваа манифестација на која производителите на компоненти можат да ги презентираат своите производи, ќе можат да остварат деловно комерцијални резултати. На првиот ден на Саемот ( 10 мај 2011 година) како централен настан се најавува „Средба со купувачите“, што ќе го привлече вниманието на производителите на компоненти од земјата поради можноста за директни деловни средби со производителите од Југоисточна Европа.

Исто така, во рамките на саемот ќе се одржи средба на коморите и автомобилските кластери од регионот. Подетални информации може да се добијат во Стопанска комора на Македонија.

Контакт: Војкан Николовски, тел.02 3244068 E-mail vojkan@mchamber.mk На 11 мај 2011 година промоција на книга во Стопанската комора на Македонија „МЕЃУНАРОДНО ТРАНСПОРТНО ПРАВО - МЕЃУНАРОДНА ШПЕДИЦИЈА - ДОГОВОР ЗА ШПЕДИЦИЈА“ Динамичниот развој и сложениот процес на меѓународната трговија ја наметнува потребата од соодветни активности во сите области на технологијата, инфраструктурата, правото, економијата и вкупното општествено живеее и уредување. Издвојувањето на Меѓународното транспортно право како посебна правна дисциплина е алка од тој динамичен и сложен процес, кој најбрзо се развива и константо е подложен на чести промени и трансформации. Најважен белег и значење на меѓународната трговија и транспорт дава меѓународната шпедиција, како креатор меѓу овие два процеса. Затоа денес кога се зборува за меѓународна шпедиција треба да се има предвид дека таа се наоѓа во средиштето, кое ја регулира, координира, креира и организира меѓународната трговија и транспортот. Можеби затоа меѓународната шпедиција со право ја нарекуваат архитект на меѓународниот транспорт и двигател на меѓународната трговија, која неминовно ги следи од почетокот на производството до пласманот на крајниот потрошувач. Затоа, имајќи ја во предвид содржината, местото и улогата на меѓународната шпедиција, денес во многу земји во светот се издвојува и изучува посебна правна дисциплина како наука, а тоа е шпедитерското право. Во таа насока е создадено и делото “Меѓународно транспортно право - меѓународна шпедиција - договор за шпедиција”, чија официјална промоција пред македонската стопанска јавност ќе се одржи на 11 мај 2011 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат. Појавувањето и целта на оваа книга е да ја следи меѓународната шпедиција во нејзиниот динамичен развој на современите текови и промени во меѓународната трговија и меѓународниот транспорт. Преку оваа книга ќе се запознае меѓународната шпедиција како важна алка во општественото и економското живеење, со посебен аспект на правната регулатива во Македонија. Посебно место и улога му се дава на шпедитерот како креатор и носител на сите бројни активности во рамките на науката, праксата и законската регулатива на македонското законодавство. Со оваа книга ќе се пополни правната празнина и литература од областа на меѓународното транспортно право во Македонија и ќе се следи нејзиниот динамичен развој во наредниот период. Присуството на промоцијата задолжително да се најави најдоцна до 6 мај 2011 година.

Контакт: Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 14 - 21.5.2011 година во Република Србија МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО НОВИ САД * Стопанската комора на Македонија организира учество на македонските компании на заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови ! Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад е најважен саемски настан во регионот и еден од најголемите во Европа од агроиндустрискиот сектор. Новосадскиот саем на едно место ги собира најзначајните компании од Европа од земјоделскиот сектор, аграрното производство, механизацијата, најдоброто во сточарство итн. На овогодинешното издание на Саемот ќе бидат претставени стопански сегменти од областа на: прехранбената индустрија; органска храна; земјоделски производи; вино; земјоделска механизација; сточарство; агрохемија и билкарство; индустриски машини и градежништво; амбалажа и пакување и др. Се очекува оваа година да настапат над 1500 излагачи од преку 60 земји и тоа најзначајните компании од агроиндустријата, земјоделското производство, агромеханизацијата, сточарството, прехранбената индустрија и др. За време на манифестацијата ќе бидат одржани повеќе од сто стручни предавања, промоции, едукативни семинари и советувања. Оваа година, земја-партнер на Саемот е Португалија. Стопанската комора на Македонија, имајќи ја предвид одличната соработка со Новосадскиот саем, обезбеди заеднички штанд од 100 м2 под повластени услови за македонските компании (10% попуст за неопремен штанд во хала 3 и 80 евра попуст за задолжителна објава во каталог (како соизлагач). Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад за заинтересираните македонски компании со организиран превоз и сместување. Вкупните трошоци за превоз и сместување, како и на внатрешното уредување (стандардната опрема) на штандот се на товар на секој учесник/фирма. Стопанската комора на Македонија ги повикува заинтересираните македонски компании да го пријават своето учество на Саемот најдоцна до 12 април 2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004; Факс:(02) 3244088 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037; Факс:++ 389 2 3244088 venera@mchamber.mk

На 16 мај 2011 година, во Иматија, Република Грција Бизнис-форум меѓу компании од регионите на Иматија и Серес и компании од регионите на Скопје, Битола, Прилеп и Струмицаж Регионалната стопанска комора на Иматија, Република Грција, е домаќин на Бизнис-форумот што ќе се одржи на 16 мај 2011 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Регионалната стопанска комора на Иматија. Бизнис-форумот претставува можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, како и за воспоставување повисоки облици на соработка и развивање на деловните односи меѓу компании од регионите на Иматија и Серес со компании од регионите на Скопје, Прилеп, Битола и Струмица.

Во рамките на оваа посета ќе се одржат билатерални средби меѓу компании од двете земји, главно од земјоделскиот сектор, прехранбената индустрија и земјоделска механизација, со цел воспоставување деловни односи и пронаоѓање нови деловни партнери. Стопанската комора на Македонија организира заеднички автобуски превоз за македонските компании кои се заинтересирани за учество на Бизнис-форумот. Своето учество компаниите можат да го пријават најдоцна до 10.5.2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk

Од 18 до 21.5.2011 година во Република Косово САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА, ТЕХНИКА, ДРВНА ИНДУСТРИЈА „EXPOKOS 2011“ ВО ПРИШТИНА

*За излагачите 10 отсто попуст на саемскиот аранжман *За посетителите на Саемот што ќе патуваат со Стопанската комора на Македонија обезбедени бесплатни влезници Стопанската комора на Македонија, во соработката со CEO – Congress & Event Organiza�on, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за градежништво, енергетика, техника и дрвна индустрија „EXPOKOS 2011“ во Приштина, Косово. „EXPOKOS 2011“ ќе ги собере на едно место водечките локални и светски производители на: градежни материјали, градежни системи и опрема, градежни полуфабрикати, хемиски помагала за индустријата, керамика, врати и прозорци, изолација, греење и санитарна технологија, електрична инсталација, обработка на метални декорации, метална и неметална опрема, обработка на масивно дрво, домашен и канцелариски мебел, бела техника, санитарен мебел, паркет и дрвени подови, куќи од дрво, декорации од дрво, патишта, електроиндустрија, алтернативни извори на енергија како што се вода, ветер, сонце, гас, јаглен, масла, мерни инструменти и опрема, автоматика и роботика, хемиска и пластична индустрија, телекомуникации, транспортна опрема и др. Воедно,во рамките на Саемот ќе се одржат и пресконференции, заедничка вечера на сите излагачи, доделување сертификати на излагачите, а ќе се организираат и бизнис-средби, кои ќе создадат поволни услови за поттикнување на комерцијални ефекти. Стопанската комора на Македонија организира посета на заинтересирани компании на Саемот, но ќе биде и логистичка поддршка на заинтересираните за учество на Саемот како излагачи.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk


четврток, 28 април 2011

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Регионалната комора со седиште во Скопје, ве води на Меѓународниот саем за висока технологија во НР Кина, од 18 do 21 мај 2011 година „CHITEC 2011” ВО ПЕКИНГ Обезбеден бесплатен штанд за излагачите! Во периодот од 18 до 21 мај 2011 година, Регионалната комора со седиште во Скопје, во соработката со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, организира учество и посета на македонски компании на најголемиот Меѓународен саем за висока технологија “CHITEC 2011”, во Пекинг, Народна Република Кина. Саемот за висока технологија во Пекинг е исклучителен настан во својата област, се простира на површина од преку 60 илјади м2, а на кој преку 2000 организации и компании вообичаено учествуваат секоја година. Саемската манифестација ја посетуваат над 200 илјади луѓе од Кина и од светот. На Саемот се излагаат најновите достигнувања во индустријата на високата технологија, вклучувајќи ја електрониката, комуникациските и информатичките технологии, енергијата и заштитата на животната средина, во биомедицината, технологијата за автомобилската индустрија, индустријата за рециклажа, зелени и иновативни технологии, а присутни се и компании кои бараат инвеститори и вложувања во постојни проекти. Регионалната комора со седиште во Скопје врз основа на својата соработка со Стопанската комора на Белград и Стопанската комора на Пекинг, која е еден од организаторите на Саемот, обезбеди бесплатен штанд за излагачи кои ќе се претстават на колективниот штанд на Стопанската комора на Белград. Покрај тоа, на сите излагачи им се нуди можност за организирање деловни средби со кинески стопанственици и презентација на нивните производи, идеи, проекти и изнаоѓање на адекватни партнери за соработка. Компаниите својот интерес за учество и посета на овој Саем можат да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 1 април 2011 година. Пријавниот лист, регистрациониот формулар и програмата може да се преземат од веб-порталот на Комората: www.mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Тел:02 3244037; Факс:02 3244088 venera@mchamber.mk Од 20 до 22 мај 2011 година, информатичка манифестација во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје „LAN FEST CONFERENCE 2011“ Организаторот Learn, Develop and Manage Ideas (LDMI) Ви ја овозможува Информатичката манифестација „LAN Fest Conference 2011“, единствена сеопфатна манифестација од ваков карактер, што за прв пат се организира во Македонија и се одржува во мултинаменскиот Спортски центар „Борис Трајковски“ ,од 20 до 22 мај 2011 година. Во рамките на „LAN Fest Conference 2011“ ќе се одржат: 1. Саем за информациони и комуникациски технологии; 2. конференции, предавања и ИТ-обуки и 3. најголем Дигитален фестивал во ЈИЕ и квалификации за светското првенство во електронски спорт - Кореја 2011. Покрај саемското изложување на штандови, учесниците ќе се претставуваат и со презентации, обуки и конференции. На Саемот ќе се презентираат: - WAN-услуги и опрема - провајдери, TeleExchange простории, менаџирање и безбедност; - LAN и WLAN-решенија и опрема, како и брендови

присутни на локалниот ИКТ-пазар; - пасивни и структурни кабелски технологии и производи; - Е-услуги, софтверски решенија и консултантски услуги; - Outsourcing и кадровски услуги за туѓи пазари; - финансиски софтвер; - водечки дистрибутери и брендови на пазарот на локално ниво (Хардвер и Софтвер); - ИКТ-образование, консултантски услуги и литература; - сателитски и GPS уреди; - производи, интерактивни и иновативни технологии развиени од страна на локалните компании и др. Зошто да присуствувате на „LAN Fest Conference 2011“? • Присуство на единствениот ИКТ-саем во регионот од ваков вид; • можност да најдете технички решенија, производи и услуги кои Ви се потребни на Вам и на Вашиот бизнис; • можност за проширување и зголемување на Вашата информатичка едукација, со преку 80 конференции, обуки и предавања што ќе ги реализираат од министерствата, ИКТ-експерти и фирмите-изложувачи; • преглед на најголемото и најкомплицирано техничко решение од јавен карактер во ЈИЕ, во вредност од 200.000,00 САД долари; • преглед на технологии, услуги и производи кои се нудат од локалните и странските ИКТ-субјекти. Подетални информации можат да се добијат на www.lanfest.mk

Контакт: LDMI – Learn, Develop and Manage Ideas – Skopje Михаил Чаков 7а/1/1 тел: 02 2772 568 моб: 078 33 03 03 Раководител на манифестацијата – Лазар Поп Трајков www.lanfest.mk contact@lanfest.mk Контакт : Софче Јовановска Тел: (02) 3244060 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: sofce@mchamber.mk Стопанската комора на Македонија

Од 28 до 31 мај 2011 година Меѓународен саем за текстил, предива, трикотажа и машини во Република Турција “TEXPO EURASIA 2011’’ ВО ИСТАНБУЛ * Организирана посета за македонски компании на Саемот со обезбедено бесплатно хотелско сместување !

Во периодот од 28 до 31 мај 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат три меѓународни саемски манифестации и тоа: • 28. Саем за текстил, ткаење, предива, плетење, везење, трикотажа и машини за текстил „TEXPO EURASIA 2011“; • 8. Меѓународен саем за предива „INTERNATIONAL ISTANBUL YARN RAIR“ и • Саем за ткаенини „FABRIC EXPO 2011“. Станува збор за еден од поголемите меѓународни


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 28 април 2011

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ саемски манифестации на којашто ќе земат учество голем број реномирани турски и странски компании и производители на: текстилни ткаенини, текстилни предива, трикотажа, машини за шиење, везење, боење и печатење, текстил за домаќинство, теписи и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор АДОНИС ГРУП, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 28-30 мај 2011 година, со автобуски превоз. Обезбедено е бесплатно сместување, две ноќевања со појадок, трансфери од хотел до саем и бесплатни влезници за саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 95 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 35 евра), како и организационите трошоци кон Комората. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25 април 2011 година.

Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 vlatko@mchamber.mk

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 venera@mchamber.mk

Од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина САЕМ ЗА АВТОДЕЛОВИ CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo) Од страна на Канцеларијата за економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина, Стопанската комора на Македонија е информирана е дека од 8 до 10 септември 2011 година во Пекинг, Кина, ќе се одржи 5. Саем CIAPE (China Interna�onal Auto Parts Expo). На Саемот ќе се презентираат најеминентните производители, купувачи и корисници на автоделови, електроника, автогалантерија од Кина и регионот. Минатата година на Саемот учествуваа 1.356 компании од 122 земји, а истиот беше посетен од околу 50.000 посетители. Доколку има заинтересирани компании да го посетат Саемот CIAPE, организаторот ги покрива трошоците за две ноќевања во хотел, како и трошоците за транспорт од хотелот до местото на одржување на Саемот. Исто така, организаторот зема обврска да договори средби со најмалку 10 кинески компании со македонските компании-посетители на CIAPE. Подетални информации за посета на Саемот може да се добијат во Стопанската комора на Македонија или во Канцеларијата на економски и трговски односи на Амбасадата на НР Кина ( e-mail: eco@t-home.mk, тел.: 02 3069-658 и 02 3069 668). Заинтересираните за посета на Саемот можат да се регистрираат на веб-страницата www.iapechina.com, најдоцна до 10 август 2011 година.

Контакт: Војкан Николовски Тел.: 02 3244 068, Факс: 02 3244 088 Call Центар : (02) 15015 vojkan@mchamber.mk Од 4 до 13 ноември 2011 година во Швајцарија САЕМ ЗА ПРЕХРАНА И ПИЈАЛАЦИ „COMPTOIR BROYARD” ВО ПАЈЕРН * Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди специјални повластени услови за настап

Во периодот од 4 до 13 ноември 2011 година, Стопанската комора на Македонија, организира учество на македонски компании на 6. Регионална саемска манифестација за прехрана и пијалаци „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. Доколку постои интерес за настап на македонски компании, Управниот комитет на Саемот во Пајерн, ќе ја прифати Р. Македонија како земја-партнер на овогодинешниот саем и на македонските компании ќе им ги понуди следните услови: бесплатен неуреден изложбен простор од 80м2, со можност за негово проширување; во еден од рестораните, простор од околу 200 м2, кој ќе биде определен за промоција на македонски специјалитети и пијалоци; за лицата кои ќе бидат ангажирани во ресторанот (двајца готвачи и 2 келнера, облечени во народна носија), бесплатно сместување и храна; за лицата кои ќе бидат присутни на штандот во текот на целата саемска манифестација,ќе има голем попуст за хотелското сместување и храна (истите ќе бидат околу 60 франци дневно). „COMPTOIR BROYARD“ е една од најголемите специјализирани регионални саемски манифестации во Пајерн и клучно место каде се среќаваат многубројни производители и трговци од областа на прехраната и пијалаците и тоа: месо и месни производи, опрема за месна ндустрија и месарници; млеко и млечни производи; риба; какао, бонбони, чоколади, сладолед; брашно и производи од брашно; диетална, макробиотичка храна; производители на здрава, био и органска храна; пакување (хартија, фолија, пластика); конзервирана храна; природна минерална и изворска вода; безалкохолни и енергетски пијалаци; сокови сирупи и екстрати; пиво, суровини и опрема за индустријата за пиво; вина од сите винарски земји и региони; вински и овошни ликери, овошни и други ракии; јаки алкохолни пијалаци, опрема и машини за производство; опрема и машини за винарство. Програмата на „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија. покрај промоција на производителите на храна и пијалаци, нивно дегустирање и продавање, нуди и можност на учество и во други програмски содржини. Целта на оваа заедничка соработка е промоција и изнаоѓање деловни можности за македонските компании кои се занимаваат со производство и продажба на производи и услуги од областа на прехранбенатаиндустрија. Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD”, претежно е наменета за производители на храна, пијалаци (алкохолни и безалкохолни) туристички агенции, хотелско-угостителски објекти, производители на здрава, био и органска храна. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании својот интерес за учество за излагање на Саемската регионална манифестација „COMPTOIR BROYARD” во Пајерн, Швајцарија, да го пријават најдоцна до 15.3.2011 година. Контакти: Венера Андриевска тел:3244037; факс:3244088 E-mail:Venera@mchamber.mk

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: (02) 3244034; Факс:(02) 3244088 biljana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 28 април 2011

27

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Германија бара соработка со фирми во Република Македонија во областа соларна технологија, нудат термален соларен систем преку сончеви колектори, инсталација на технологија Ен Ев 2009, планирање и спроведување на фотонапони, пасивна и не-енергетска техника и објект менаџмент за вкупниот недвижен имот Валидност до:14.10.2011

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални камери кои се употребуваат при кварови во канализација и водовод Валидност до:08.09.2011

Хрватска компанија има интерес да соработува со македонски компании кои сакаат да купат мастер франшиза за продажба на бела техника Валидност до:18.09.2011

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на енергетска технологија Валидност до:08.09.2011

Компанија од Израел заонтересирана е да пласира контејнери во Република Македонија Валидност до:18.09.2011

Швајцарска компанија заинтересирана е да купи фабрика за производство на цигари во Република Македонија Валидност до:14.12.2011

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на сточна храна Валидност до:09.07.2011

Компанија од Египет бара соработка со нафтени компании во Република Македонија и нудат опрема за бушење Валидност до:14.12.2011

Компанија од Полска бара застапник во Република Македонија за пласман на детски пелени и хигиенски влошки Валидност до:09.05.2011

Македонска компанија бара партнер/ дистрибутер за пласман на камини на палети со 6,8,10,12kW на топол воздух како и 25kW камин на палети за парно греење на странски пазар Валидност до:14.12.2011

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на топлинска техника за бања и дизајн радијатори, печки на цврсти горива Валидност до:09.09.2011

Компанија од Израел бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на микробранови компоненти и антени за воена и цивилна примена Израелски производител на високо квалитетни микробранови пасивни компоненти, вклучувајќи таласоводи, спојници, завршетоци, филтри, мултиплексери, адаптери, разделници и др. и микробранови антени од сите видови, специјализирани за фрекфенција од 0.5-40 ГХз. Валидност до:18.09.2011

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични производи( палети,гајби и сифони за одвод) Валидност до:15.07.2011 Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува од Република Македонија ребрасти бетонски челик-шипки фи 14/12 количина 25 тони,топловалана жица во котур мазна фи 6 количина 8 тони и топловалана жица во котур мазна фи 8 количина 7 тони Валидност до:15.12.2011

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да пласира во Република Македојиа сточно брашно од 50 до 100 тона и брашно од 300 до 400 тона месечно Валидност до:11.09.2011 Турска компанија бара соработка со текстилни фабрики во Република Македонија за пласман на користени машини за производство на текстил Валидност до:11.09.2011 Реномирана Македонска компанија производител на мебел бара дистрибутер за продажба на мебел во други земји Валидност до:11.12.2011

Компанија од Германија бара застапник во Република Македонија за пласман на ефикасни комбинирани електрани за топлинска и електрична енергија со јачина од 10 до 400 КЊ(ел) а врши и нивно одржување Валидност до:29.06.2011

Француски бизнисмен е заинтересиран за инвестирање во Република Македонија да купи или изгради луксузни хотели со казино на Охридското езеро или во некој од зимските туристички центри Валидност до:11.12.2011

Компанија од Црна Гора заинтересирана е да откупува бучимски кромид и столно грозје од Република Македонија Валидност до:07.12.2011

Британска компанија со седиште во Загреб заинтересирана е да инвестира во Охрид и новиот зимски туристички центар Кожув Валидност до:12.12.2011

Германска компанија производител на ТВ опрема за инспекција и системи за испитување на протекување нуди решенија за различни области на инспекција на канализација, од главна инспекција на канализација па се до дреназни системи Валидност до:08.07.2011

Хрватска компанија бара соработка со печатници кои се занимаваат со печатење на весници,книги и друг вид на печатење во Република Македонија за пласман на репроматеријали Валидност до:15.09.2011

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електрични апарати за домаќинство Валидност до:18.09.2011 Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластична амбалажа за течности Валидност до:18.09.2011 Компанија од Црна Гора бара соработка со живанрски фарми за пласман на конзумни јајца Валидност до:18.09.2011 Компанија од Црна Гора заинтресирана е за соработка со македонски компании кои прозведуваат амбалажа за јајца Валидност до:19.09.2011 Белгиска компанија бара застапник во Република Македонија на бетон во боја кој се употребува за подни облоги за внатрешни површини, ваквиот бетон врши замена на подни плочки, многу е декоративен,целосно е водотпорен и не фаќа прашина Валидност до:19.09.2011 Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб портал

www.mchamber.mk

Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088 тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.