Бизнис ИНФО, број 305

Page 1

петок, 28 април 2017, Бр. 305

Број 305

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

1

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

28.4.2017

Стопанската комора на Македонија домаќин на Регионалната конференција

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ


2 2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 28 април 2017, Бр. 305 петок, 17 февруари 2017, Бр. 295

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

3

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА Стопанската комора на Македонија домаќин на Регионалната конференција

МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ Стопанската комора на Македонија во заедничко партнерство и со поддршка на ДИХК – ЦЕФТА Проектот (Асоцијација на трговско-индустриските комори на Германија и ЦЕФТАкоморите) беше домаќин на Регионалната конференција на тема: „Медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови“, со цел подигнување на јавната свест за мирно решавање на споровите со помош на алтернативни начини на решавање на споровите како што е медијацијата и тоа со посебен осврт на стопанските спорови, тргнувајќи од фактот дека коморите по вокација се застапници на интересите на бизнис заедницата и стопанството (26.4.2017 година). Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на овој процес што се гледа преку активностите кои ги презема за промоција на медијацијата преку формирањето и на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата е формирана на 15 јули 2016 година, а потоа со лиценцирани медијатори и експерти од областа на медијацијата, од втората половина на 2016 година до денес започна со промоција на медијацијата организирајќи повеќе од 15 бесплатни семинари низ целата територија на Република Македонија, на кои земаа учество над 500 претставници од компаниите од различни сектори, како и претставници од државните институции, истакна д-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, лиценциран медијатор, лиценциран арбитер и помирувач. Во Република Македонија медијацијата е институционализирана преку Законот за медијација во 2006-та. За запознавање на македонските компании со законските измени е дека, со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка („Службен весник на РМ“, бр.124./15) со член 47 од Законот, извршена е измена на член 461 од пречистениот текст на ЗПП според кој: „ Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација.

При поднесување на тужбата, тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која не е приложен доказот судот ќе ја отфрли, подвлече д-р Георгиева. Република Македонија следејќи ги трендовите од нормативно правен аспект е подготвена на своите граѓани да им овозможи правна рамка и можности за алтернативно решавање на


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

5

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА споровите како со медијацијата и улогата на Министерството за правда има главна улога во целокупниот процес. Министерството е надлежен орган за изготвување на Законот како и за подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за медијација. Предвидени се и субвенции за страните кои ќе се одлучуваат нивниот спор да го решат по пат на медијација и сето тоа во олеснување на нивниот пристап до правдата, истакна м-р Миљазим Мустафа, државен советник во Министерството за правда на Република Македонија. Актуелните случувања и искуства од областа на медијацијата во земјите членки на Европската Унија, ги споделија амбасадорот Н.Е. д-р Кристине Д. Алтхаузер на Сојузна Република Германија во Република Македонија и Н.Е. Воутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија. Влијанието на новиот Закон за медијација, кој започна да се применува во 2016 година во Германија, досега беше доста ограничено. Во последните години во Германија, на годишно ниво околу 80.000 до 100.000 случаи беа решени преку медијација. Оваа бројка е доста ниска доколку се земе во предвид фактот дека тоа се само 1,6 случаи по адвокат. Но, уште сега можеме да кажеме дека отворено е ново поглавје и во следните години се очекува поинтензивна употреба на овој инструмент, нагласи д-р Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија. Практикувањето на медијацијата е во пораст и се очекува во иднина да порасне уште повеќе и тоа поради глобализацијата, приватизацијата, намалувањето на буџетите и желбата граѓаните да имаат поголемо влијание врз своите работи. Кралството Холандија е трета земја во Европа по користење на медијацијата како ефикасна алатка за решавање на споровите, додаде Н.Е. Воутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија. Од голема важност е усогласувањето на законодавството на Р.Хрватска со Директивата на Европската Комисија за одредени аспекти на медијацијата и граѓанските и трговските прашања, истакна г-дин Стипе Шола, претседател на Центарот за медијација „Медијатор“ од Загреб, Република Хрватска. Во вториот дел од Конференцијата преставниците на Коморите во Регионот и Македонија ги истакнаа своите заложби и гледишта за промоција на медијацијата во матичните земји. Во Република Македонија денес се потребни 500 евра за започнување на судски спор, па оттука Ве охрабруваме да започнете постапка за медијација чии трошоци изнесуваат една петтина од судските трошоци, истакна м-р Илија Манасиев Манасиев, член на Асоцијацијата за подршка на медијацијата при Стопанската комора на Македонија, лиценциран медијатор, арбитер и помирувач. Во однос на идните насоки за подршка на медијацијата, м-р Манасиев препорача задолжителност на обидот за медијација и кај работните и осигурителните спорови, презентирајќи ги податоците од Fortune 1000 кои говорат за фактот дека најдобрите 1000 компании за 2011 година, споровите ги водат во вонсудска постапка избегнувајќи го судот како последна


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА инстанца. Правејќи паралела кон јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, м-р Манасиев потенцираше дека јавниот сектор сеуште скептично гледа на медијацијата за разлика од приватниот сектор. Трговско-индустриската комора на Бугарија ги поддржува и активно учествува во настаните поврзани со развојот и промоцијата на медијацијата во Бугарија и воедно нуди поддршка на Центарот за спогодба и медијација во Регионалниот суд во Софија, истакнаа г-ѓа Мирјана Калчева, член на Извршниот совет на Трговско-индустриската комора на Бугарија и г-ѓа Елиза Николова, претседател на Здружението на медијатори во Република Бугарија, но нагласија дека и покрај напорите на Комората на Бугарија да ја промовира медијацијата, случаите на медијациски постапки во Центарот за медијација во рамките на истата сè уште не се доволни за да служат како основа за веродостојни статистики и анализи односно дека трговските субјекти не покажуваат доволно интерес да го користат овој инструмент како средство за решавање на споровите.


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

7

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА Во рамките на Министерството за правда на Турција функционира и Оддел за медијација кој е овластен за контрола законодавството кое се однесува на медијацијата и поддршка на активностите за промоција на медијацијата во спорови кои се соодветни за да бидат решени со помош на медијатор. Одделот за медијација има дозвола да овластува организирање на обуки за медијатори. ТОББ е установа која има дозвола за спроведување на овие обуки. Медијаторите и обуките за медијација се организирани во Центарот „Etü Sem“ во рамките на Универзитетот за економија и технологија на ТОББ, кој е основан од страна на ТОББ. Со ова овластување, кандидатите за медијатори може да се пријават во Центарот „Etü Sem“ и по обуката тие мора да го полагаат испитот за медијатори кој го подготвува Министерството за правда во соработка со ТОББ, истакна г-ѓа Тугченаз Угурлу Џихангир, правник во Унијата на комори и стокови берзи на Турција (ТОББ). Во последниот дел од Конференцијата, преставниците на Коморите од земјите членки


8

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА на ЦЕФТА регионот, ги истакнаа своите ставови околу предизвиците и идните чекори кои ги преземаат истите за да ја истакнат ефикасноста на медијацијата. Во 2008 година Владата на Република Црна Гора го формираше Центарот за медијација со цел да се спроведуваат професионалните и административните активности поврзани со медијацијата. Седиштето на Центарот е во Подгорица, а има и две канцеларии кои се наоѓаат во Котор и во Бијело Поље. Во моментов, кога станува збор за решавањето на трговските спорови преку медијација, не можеме да кажеме дека медијацијата во стопанските спорови во Црна Гора вродила со плод а како основна причината за недоволната примена е ниското ниво на свесност на граѓаните за медијацијата и за нејзините придобивки, подвлече г-ѓа Лидија Голубовиќ, секретар на oрганите на Стопанската комора на Црна Гора. Медијацијата, како институција за алтернативно решавање на споровите, во Република Молдавија за прв пат беше промовирана во 2007 година кога беше донесен и Законот за медијација. Сè до 2014 година медијацијата во Молдавија се соочуваше со пречки поради нецелосната законодавна платформа, напоменаа преставниците од Молдавија, г-дин Лефтер Димитру, директор и г-ѓа Тинка Бодиу, медијатор во Центарот за медијација при Трговско-индустриската комора на Молдавија. Во 2013 година, како одговор на барањето на Министерството за правда на Република Молдавија, Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) обезбеди техничка помош чија намена беше да ја унапреди и да ја олесни употребата на трговската медијација во нашата земја. Центарот за ефективно решавање на спорови (ЦЕДР) беше назначен за технички консултант поради експертизата во областа на алтернативното решавање на споровите и искуството во проектите за граѓанско право во многу законодавства во светот. Капацитетите на медијацијата во решавањето на трговските спорови во Србија не се користат доволно. За очекување е дека Проектот „Трговска медијација во Србија“ кој се спроведува со поддршка на Европската банка за реконструкција и развој и Инвестицискиот фонд на Обединетото Кралство ќе придонесе за зголемување на свеста за придобивките од користењето на оваа постапка, како и за подобрување на квалитетот на оваа интервенција, нагласи г-ѓа Дивна Димитријевиќ, лиценциран медијатор и едукатор од Стопанската комора на Србија. Трговско-индустриската комора на Тирана преку мисијата на Националната комора на медијатори на своите граѓани им ја нуди медијацијата како нова можност за решавање на конфликтите и споровите без да поведуваат судски парници, со многу помали трошоци и за многу пократко време, преку транспарентен процес во чии рамки самите странки се оние кои ја донесуваат одлуката. „Медијацијата оди во полза и на двете страни“. Законот за постапка за медијација во Босна и Херцеговина беше усвоен во јуни 2004 година во кој се дефинира методот за медијацијата, принципите и улогата на медијаторот во процесот и роковите. Согласно нацрт- законодавството во БиХ се нуди можноста за медијација надвор


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

9

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА од судот, истакна г-ѓа Љубица Петричевиќ, директор на Правната служба при Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина. Како сублимат од Регионалната конференција и како прирачник за поголема промоција на медијацијата со апострофирање на позитивни примери од праксата кои се решени по пат на медијацијата, Стопанската комора на Македонија подготви и брошура на македонски и на англиски јазик која се промовираше на самиот настан. Како заклучоци и препораки од Конференција беа нагласени следните: • Да се работи на зголемување на довербата за користење на медијација кај страните, a за таа цел e неопходно продолжување на вакви и други активности за промоција и афирмација на медијацијата како ефикасен и алтернативен начин на решавање на споровите; • Скоро во сите Стопански комори од регионот, Европа и пошироко, во склоп на Коморите постојат посебни центри за промоција и поддршка на медијацијата, така треба да се продолжи и понатаму, со цел организирање настани, семинари и други активности преку кои ќе се пружа поголема достапност на сите информации до заинтересираните страни; • Бидејќи европските земји, посебно Кралството Холандија и други, со многу висока застапеност ја имаат медијацијата во решавањето на споровите (пр. Холандија е топ 3 земја во Европа со применливост на медијацијата во решавањето на споровите) , потребно е и останатите држави од регионот да ги следат нивните искуства и да ги имплементираат истите во своите активности; • Продолжување на соработката со релевантните државни институции, пред се` со Министерствата за правда во државите и усогласување, менување или дополнување на законската или подзаконската регулатива со цел создавање на применливи решенија кои ќе бидат во функција на доследно користење од страните; • Искористување на бенефитите од медијацијата, како што се: доверливоста на постапката, исклучување на јавноста од постапката, економичноста и ефикасноста на постапката и секако останување во добри деловни односи со страната во постапката на медијација. Стопанската комора на Македонија и во иднина ќе продолжи да биде промотор на медијацијата, партнер на Комората на медијатори, Министерството за правда и другите надлежни органи и институции со цел афирмирање на предностите на овој ефикасен начин на решавање на споровите. Елизабета А.Ефтимова Михајло Донев


БИЗНИС ИНФО

10

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ТУРИЗМОТ ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ХРАНА ВО ЦЕФТА - РЕГИОНОТ Во изминатите неколку години, констатирано е дека трговската размена меѓу земјитечленки на ЦЕФТА-регионот е зголемена, но, суштинската врска помеѓу економиите во регионот, односно помеѓу компаниите не е формиран синџир на снабдување. За таа цел, во рамките на Партнерскиот проект со Унијата на трговско–индустриските комори на Германија и коморите од ЦЕФТА-земјите (ДИХК-ЦЕФТА), каде е вклучена и Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Црна Гора беше домаќин на Конференцијата на тема: „Туризмот во насока на развој на производството на храна во ЦЕФТА-регионот”, што се одржа на 20 април 2017 година во Будва, Р. Црна Гора. На Конференцијата беа разменети искуства за поврзаноста на угостителството и производителите на храна, односно колку развојот на туризмот во секоја од земјите во регионот стимулира зголемување на потрошувачката на домашни производи, конкретно производи во рамките на ЦЕФТА-регионот и на кој начин се прави таквото поврзување, истакна Даниела Михајловска Василевска, на прес-конференцијата на Стопанската комора


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

11

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА на Македонија (24.4.2017 година). Ваков тип на активности се познати во развиените земји во Европа и во светот, каде растот и развојот на туризмот, а со тоа и на угостителството се поврзуваат со раст на потрошувачката на храна, бидејќи се` поизразен станува фактот дека неминовно со развојот на туризмот како дејност се` поголемо внимание се посветува и на гастрономијата. Туристите се` повеќе изразуваат интерес автентичната храна во земјата во која патуваат да биде дел од вкупната туристичка понуда. Во таа насока и се работи на поврзување на туризмот со домашните производители на храна. Согласно дискусијата на Конференцијата беше констатирано дека најголем напредок во тие рамки има постигнато Црна Гора, како земја каде туризмот учествува со 22 % во бруто домашниот производ.

Извор: Светски совет за патување и туризам Во Црна Гора, министерствата за одржлив развој и туризам и за земјоделство и рурален развој, преку Стопанската комора на Црна Гора, вклучувајќи ги конкретните сектори по дејности (туризмот и земјоделско-прехранбениот сектор), а во соработка со Националната туристичка организација, веќе одреден период континуирано соработуваат во насока на поактивно поврзување. Се одржуваат и наменски состаноци на угостителските субјекти (хотелиери и ресторани), со винарските визби, производителите на сирење, на мед и на други домашни производи со цел воспоставување континуиран процес на снабдување со домашни производи. При тоа се иницира формирање на специјални дистрибутивни центри за снабдување на угостителските објекти и хотелите со производи потенцирајќи систем 3К што значи - Квалитет, Континуитет и Квантитет. Угостителско-туристичките работници во рамките на студиско патување во Словенија, а со цел користење на нивното искуство за поврзување на туризмот и прехранбениот сектор, како продуктивен го посочуваат моделот на формирање невладини организации


12

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА кои работат на маркетингот и продажбата на земјоделски домашни производи кои туристичко-угостителскиот сектор ги користи како дел од своите гастро понуди, во делот на промоција на земјата преку разни видови автентични домашни производи кои се продаваат во мали атрактивни амбалажи со цел дегустација на храната или пак како сувенири. За таа цел, таквите невладини организации користат средства од европските фондови (бидејќи Европа, согласно посоченото на Конференцијата, оваа година особено акцент става на поддршка на проекти со кои се стимулира домашното производство како дел од туристичките понуди). На тој начин продажбата на производите има и до 10 пати повисока цена споредено со дистрибуцијата на домашните производи во продажната мрежа преку постојните трговски синџири. Сепак, за да се реализираат ваквите активности за агросекторот е значајно потенцирање на 3С системот, што значи: 1. Специјализација – селаните да работат само тоа што знаат и при тоа да бидат ослободени од сите додатни административни обврски, со цел фокусирање на конкретно производство. 2. Субвенции – модел на поддршка на агросекторот во сите развиени европски земји каде туризмот има значајно учество во домашната економија. 3. Сега и веднаш - што значи веднаш со предавање на своите производи земјоделците да бидат исплатени за својот труд. Свежите пари, тие повторно ќе може да ги вложат во производствениот процес што ќе им овозможи ново производство, нова понуда и можност за поголем обрт на стоките.

-Во Црна Гора преку Инвестицискиот развоен фонд, се обезбедува кредитна линија за помош и поддршка на угостителски објекти кои набавуваат домашни производи. Сепак клучниот проблем тука е што малите производители се соочуваат со недостиг на стандарди и сертифицираност на производствениот процес, нешто што може да биде сериозна пречка


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

13

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

за обезбедување континуирана соработка, - посочи Даниела Михајловска Василевска. За Македонија искуството на Словенија може да биде од голема корист, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија, како од аспект на третирање на малите земјоделски производители, така и од аспект на развој на гастро понудите кои Словенија ги поврзува со викенд туризам и по тој основ обезбедува голем број туристи од соседните земји, пред се` од Италија и Австрија. За развојот и поврзаноста на прехранбениот сектор со развојот на туризмот нашата земја треба особено акцент да стави на користење на ИПАРД-Програмата преку Мерката 302 која сега е слабо искористена. Според достапните податоци нема директна поврзаност на македонски производители со големи хотелски комплекси во рамките на ЦЕФТА-регионот, но статистичките податоци покажуваат дека во екот на летната туристичка сезона расте драстично извозот на земјоделско-прехранбени производи од Македонија во земјите од ЦЕФТА-регионот. Согласно дискусијата на Конференцијата во Будва беа донесени следните Заклучоци: 1. Популаризација на домашното производство преку државните институции, коморите и со активно вклучување на земјоделците во целиот процес. 2. Формирање на Агроберза како модел преку кој угостителско-туристичкиот сектор ќе има континуирана информација за достапност на одредени производи на пазарот. 3. Здружување на производителите со цел обезбедување подобар квалитет на производите, поголем квантитет и следствено на тоа полесен пласман на пазарот. 4. Креирање квалитетни туристички понуди. 5. Поддршка на туризмот преку соодветна кредитна политика во интерес и на секторот. 6. Поддршка на етно-туризмот преку мотивирање на младите да се занимаваат со овој тип туризам, со цел заживување на селата, а истовремено афирмирање на овој тип туризам, кој во рамките на ЦЕФТА-регионот има големи можности и простор за развој. Заклучоците ќе бидат доставени до надлежните државни институции во секоја од земјите од ЦЕФТА-регионот со цел во следниот период да се преземаат активности во насока на реализирање на идејата - растот на бројот на туристи да биде во функција на развојот на производството на храна. Даниела Михајловска Василевска


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Групација на агрегати, бетони и асфалти КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА АГРЕГАТ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ЗА КВАЛИТЕТЕН ПРОИЗВОД Согласно заклучокот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на одржаниот состанок (5.4.2017 година), новините од Законот за градежни производи, кои воведуваат промени во начинот на контролата на производството кај градежните производи, на начин што се дава многу поголема одговорност на производителот на градежен производ во поглед на контролата на квалитетот и одржување на постојаност на својствата на градежниот производ, да се разговара по региони во државата, така што 26.4.2017 годиан се одржа состанок со концесионери од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија. Во присуство на голем број заинтересирани концесионери, презентацијата насловена „Концепт на контрола на градежните производи согласно Законот за градежни производи и националниет (европски) стандарди“, подготвена од старна ан пресатвници на ГЕИНГ, ГИМ и ЗИМ ја направи Марјана Топаловска Ангелевска од ГЕИНГ – Скопје. На состанокот, во обемната дискусија беа поставени повеќе прашања околу самиот процес на контрола на квалитетот, односно беше потенцирано дека одговорноста е на самиот производител, кој треба сам да го контролира континуирано квалитетот на агрегатот, било со сопствена лабораторија или да ангажираат акредитирана лабораторија. Концесионерите можат, но и не мораат да имаат сопствена лабораторија, меѓутоа се препорачува истата да се поседува, од причина што опремата треба да биде калибрирана и со неа треба да раководи стручно техничко лице, кое ќе биде компетентно. Надзор на производството и ФКП (фабричка контрола на производство) се спроведува 1 до 2 пати годишно – Тело за сертификација, при што се проверуваат: - Постапките на производство, мострирање и испитување, - Проверка на резултатите од испитување на производителот согласно Планот за ФКП, фреквенцијата на испитување и резултатите од добиените испитувања дали се во согласност со техничката спецификација и почетното испитување на типот, - Одржување на производната опрема, - Опремата за испитување (нејзиното одржување, преглед и калибрација), - Складирање/депонирање на составните материјали. Производителот на градежниот производ согласно Законот ќе може да издаде своја


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Изјава за својства, врз основа на добиениот Сертификат за сообразност на ФКП, издаден од страна Телото за сертификација. Со тоа се создадени услови производот да се пласира на пазарот. Од страна на г-ѓа Елена Маневска од Државниот пазарен иснспекторат, беше потенцирано, дека согласно Законот, пазарна инспекција од средина на мај, ќе треба и мора да прави контроли и кај концесионерите, односно производителите, меѓутоа на почеток, доколку се увидат неправилности или недостатоци во самиот процес на контролата на производството, ќе се изречуваат мерки, во кои ќе биде даден рок за нивно отстранување. За квалитетен производ, а на крај квалитетен градежен објект, сите присутни се сложија, при што беше потенцирано дека голем дел од концесионерите веќе имаат искуство во своето работење, но со помош на акредитеирани лаборатории и Телата за сертификација постепено ќе бидат усвоени сите стандарди, со што ќе се елиминира и нелојалната конкуренција. Исто така, доколку во иднина, производителот нема да поседува изјава за својства, нема да може да учествува на тендери. На крај се заклучи презентацијата да се достави до сите присутни, а доколу имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат до Комората, до ИСРМ, но и до фирмите кои имаат Решение за тело за цертификација за оцена и потврда на постојаност на својствата на градежните производи, а тоа се ГЕИНГ – Скопје и Скопје и ГИМ - Скопје, додека ЗИМ - Скопје е во постапка на добивање. Марија Петроска


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Деловна средба на компаниите од Регионалните комори со седиште во Прилеп и Кавадарци – СООБРАЌАЈНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И ГАСИФИКАЦИЈАТА КЛУЧНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕГИОНИТЕ Регионалните комори со седиште во Прилеп и во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, на 26.4.2017 година, организираа заедничка деловна средба на компаниите од двата региона, која се одржа во Прилеп во хотел ,,Салида’’. Свои воведни обраќања имаа Симон Наумоски, претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп, кој воедно и ја водеше седницата. О Регионалната комора со седиште во Кавадарци, присутните ги поздрави Игор Мицев од ,,Кожувчанка’’. На средбата активно учество земаа околу триесетина компании од двата региона и тоа од различни дејности. На присутните им се обратија, градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, како и градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов. Деловната средба беше во функција на зголемување и интензивирање на соработката, како и воспоставување директни контакти и средби меѓу бизнисмените, со значајна поддршка на локалните самоуправи. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Симон Наумоски, ја потенцираше можноста интензивирање за веќе воспоставената деловна соработка на


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

компаниите од двата региони. Наумоски предложи како предмет на деловните средби, да бидат актуелните настани од временските услови (измрзнувањето на земјоделските култури), која беше прифатена. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, истакна дека оваа втора по ред деловна средба помеѓу двете регионални комори е од големо значење за развојот на локалната економија, зајакнување на деловните односи, како и придонес за зголемување на странските инвестиции во регионот. Ристески го истакна значењето на гасоводот и текот на неговата изградба како и можноста за гасификација на целиот регион, исто така истакна дека е во тек подобрување на патната инфраструктура, бидејки патиштата претставуваат еден вид крвоток и не смеат да бидат запоставени. Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов истакна дека гасификацијата е капитален проект. Барање од страна на градоначалникот е Комората да поднесе иницијатива за забрзување на постапката за обештетување на лозарите и овоштарите. Присутните деловни луѓе ги презентираа своите дејности. Бизнисмените разменија искуства и мислења за мерки кои се потребни да се преземат за подобрување на климата за инвестирање, проблемите во ликвидноста, во извозот, како и недостигот на квалификувана работна сила. По завршувањето на деловната средба, присутните беа запознаени со новите потполно компјутеризирани погони за производство на чоколадо, на „Витаминка“ АД Прилеп. Ристо Најдоски Мицева Тањa


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

Во Тетово одржана IX-та Инфо сесија на тема: „ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ“ Во насока на олеснувањето на примената на законите во Република Македонија, преку Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), продолжуваат со спроведување на инфо сесии предвидени за микро, малите и средни компании. Како дел од предвидените инфо сесии, на 25.04.2017 година, во Тетово, се одржа IX-та сесија на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работните односи и колективните договори“. Предавачот, Снежана Петковска, адвокат по деловно право, во својата презентација се осврна на обврските кои за работодавачите произлегуваат од Законот за работните односи, висината на казните пропишани за непочитување на законските обврски, како и начинот на нивното одмерување согласно Законот за прекршоците. „Работодавачите треба активно да соработуваат со инспекторите во случај на инспекциски надзор и да ги користат сите легални средства кои им се на раполагање, да даваат изјави, забелешки, да приложуваат докази, се` со цел на правилно утврдување на фактичката состоја“ – порача


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И АСОЦИЈАЦИИ

г-ѓа Петковска. Присутните претставници на компаниите беа информирани и за поновите одредби на Законот за работните односи кои се однесуваат на забрана на дискиминација и вознемирување на работното место (мобинг). Особен акцент во презентацијата беше даден на договорите за вработување, како клучен документ во регулирањето на правата и обврските меѓу работодавачот и работникот, на одредбите од Законот за работните односи кои се однесуваат на платата, надоместоците, годишниот одмор, регресот за годишен одмор, боледувањата и другите случаи на отсуство од работа. Компаниите покажаа интерес за одредбите од Законот за работните односи кои се однсуваат на можноста за вработување работници во случај на итни потреби без јавно огласување, регулирање на прекувремената работа, на договорите на определено време и на договорите за дело. Во дискусијата од страна на компаниите меѓу другото беше посочено дека во Законот за работните односи треба да се регулира практиканството на учениците и студентите, да се допрецизираат одредбите кои се однесуваат на отказните рокови во случај на престанок на работниот однос со отказен рок, на користењето на годишните одмори во случај на отказ од страна на работникот, можноста за објавувањето на потреба на работници со ист профил на занимања но за различни работни места со еден јавен оглас. Љупка Илиевска Самарџиска


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Одржан настан во КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИПРЕТПРИЕМАЧИ на тема: Типови менаџери и начин на раководење (Life piano performance) Следејќи ја својата годишна програма за 2017 година и со цел обезбедување на поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 26.04.2017 година како дел од агендата на Клубот, беше реализирано предавањето: Типови менаџери и начин на раководење реализирано преку настап во живо на пиано (Life piano performance), во соработка со предавачот Михаил Китановски, предавач и консултант со долгогодишно домашно и меѓународно искуство, сопственик и управител на компанијата „Д2ЕМ Консалтинг“. На забавен начин со настап во живо на пијано, Михаил Китановски ги водушеви учесниците во Клубот на менаџери-претприемачи и на невообичаен начин ги претстави способностите и карактеристики кои лидерите треба да ги поседуваат како би биле успешни во реалниот свет на бизнисот и комуникациските процеси. Комбинирањето на џез и класична музика со управување, создаде ефикасна и забавна атмосфера и можност да се научат нови вештини за менаџмент, тимска ефикасност, како да се стане вистински лидер и да се претстават подобро во продажба. Беа преставени шест менаџерски модели и тоа: 1. Менаџерски модел преку директиви 2. Авторитативе менаџерски модел 3. Хармоничен менаџерски модел 4. Демократски менаџерски модел 5. Менаџерски модел со огледало ефект 6. Обучувачки менаџерски модел Менаџерите кои ги практикуваат различни начини на вршење на клучните функции во раководењето покажуваќи зголемена самосвест, флексибилност и сигурност можат да се фокусираат на долгорочните организациски потреби. Тие се сигурни во знаењето на нивните тимови кои се компетентни и мотивирани да се справат со оперативните задачи.


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

21

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

Клубот на менаџери-претприемачи покрај тоа што овозможува учење во релаксирана, но продуктивна атмосфера, придонесува преку споделувањето на знаењата и искуството помеѓу компаниите, да се креираат нови бизнис идеи и партнерства кои се одлична прилика за остварување раст на бизнисот на компаниите членки. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

22

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

4.5.2017 година (четврток) 10:00-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен семинар на тема: „Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат

на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во Деловодникот како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

Цел на семинарот:

Да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на

деловодникот и е-деловодник како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.

За кого е наменета обуката?

Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите,

вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.

Предавач:

Валентина Тодоровска, магистер по економски науки и управител на „Акаунтинг Солушнс“

ДООЕЛ – Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење, како консултант, обучувач и специјалист во областа на финансиски менаџмент.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

5 мај 2017 година (петок), 11:00-14:30 часот Хотел „Изгрев“ Штип

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот. Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центарот Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“. Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони. Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот ќе се одржи на 5 мај 2017 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Изгрев“ во Штип. Предавач на информативниот настан е м-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, инж. на животна средина, консултант за животна средина со повеќе од 15 години искуство во областа на животната средина, оценка на влијание на проекти врз животната средина, управување со отпад, води, емисии во воздух и квалитет на воздух, управување со хемикалии и длабински анализи во поглед на управувањето со животната средина. Таа има искуство во развивање на политики од областа на животната средина, апроксимација на ЕУ-законодавството во националното законодавство, национален и локален одржлив развој, развивање на еколошки критериуми за одредени производи. Контакт: Моника Стоичева Тел: ++ 389 32 300 282 Факс: Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: monika@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

24

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

8 - 10 мај 2017 година Будимпешта, Република Унгарија

„MACH-TECH & INDUSTRY DAYS 2017“ Саем за металната и металопреработувачката индустрија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Унгарската национална трговска куќа во

Македонија ве покануваат да земете учество на претстојниот „MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017“ што ќе се одржува во Будимпешта, Р. Унгарија, во периодот од 8 до 10 мај 2017 година.

Саемот „MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017“ како и претходните, така и оваа година, за цел

има на едно место истовремено да ги претстави новитетите во речиси сите сегменти на металната и металопреработувачката индустрија, од машинско производство, нови технологи на заварување, автоматизација и заштита на животната средина, до новитети во безбедноста во електронската технологија.

Стопанската комора на Македонија во соработка со Унгарската национална трговска куќа на

сите заинтересирани посетители на Саемот им обезбедуваат:

• бесплатен превоз;

• бесплатни влезници за Саемот;

• организирана заедничка вечера за сите посетители;

• можност за организирани индивидуални билатерални средби;

• можност за посета на одредени компании согласно интересот на компаниите.

Сите пријавени учесници сами ги покриваат трошоците за сместување (2 ноќевања).

Саемот можат да го посетат максимум двајца учесници од една компанија.

Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават

за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 3 мај 2017 година (среда).

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со:

- Сања Николова, телефон:+ 389 32 44 091

е-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“

6 - 8 јуни 2017 година Сараево, Р. Босна и Херцеговина

Стопанската комора на Македонија, ве поканува да бидете дел од 7. Меѓународен саем за енергетика „Енерга 2017“. Овогодинешната манифестација ќе се одржи во периодот од 6 - 8 јуни 2017 година, во Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Во изминатите години Саемот и Конференцијата „Енерга“ се етаблираат како успешни и атрактивни бизнис-настани, а со тоа и си го зацврстија местото меѓу најзначајните манифестации во областа на енергетиката во Босна и Херцеговина и во регионот. Саемот е место за средба на угледни компании и институции, кои на стручната јавност и` ги презентираат своите разновидни истражувачки и производствени достигнувања, трендови и остварувања во модерната енергетика, како и различни облици на меѓусебна соработка. Организаторите на Саемот им овозможуваат на учесниците во рамките на деловните средби да остварат директен контакт и да запознаат потенцијални деловни партнери. Структурата на деловната и стручната јавност заинтересирана нза учество на оваа манифестација го потврдуваат стекнатиот углед и позиција на „Енерга“.

За подетални информации во врска со настанот, ве молиме контактирајте со: - Игор Тасевски, телефон + 389 (02) 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk - Сања Николова, телефон:+ 389 (02) 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9-10 мај 2017 година во Луксембург

Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”

Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при

Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург

Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа

2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.

„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и

технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .

На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на

филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.

Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и

партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,

Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник

од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “

15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9 мај 2017 година 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Еднодневен семинар на тема: БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

Градежниот сектор во моментот е локомотива на македонската економија. Според податоците

од Државниот завод за статистика учеството во вкупниот бруто домашен производ на градежништвото е 7%. Без градежништвото економијата во вториот квартал од 2016 година би била во негатива од 0,1%. Државата со инфраструктурните проекти ја стимулира градежната експанзија. Како сектор кој е носител на економската активност во земјата градежништвото се соочува со различни предизвици. Едно од нив е буџетирањето, односнно менаџирање на парите и менаџирање на трошоците.

Семинарот е наменет за: менаџери на градежни компании, менаџери за финансии и

сметководство, проект менаџери, вработени во секторот за финансии и сметководство, аналитичари, новинари, како и за сите оние кои имаат интерес да го надополнат своето знаење во областа.

Целта на семинарот е стекнување на знаеања за буџетирање, буџетирање во градежништвото,

буџетирање на градбата, буџетирање на општите административни трошоци, менаџирање со пари, менаџирање на трошоци. Предавач:

Вејсел Сарач, консултант и тренер од областа на финансии. Дипломиран менаџер на

Факултетот за деловна администрација при Истанбулскиот универзитет. Директор за сметководство во градежната компанија „Лимак“ – Скопје, која е дел од Групацијата „Лимак Холдинг АШ“ од Турција.

Претходно работно искуство:

o2014-2016 година - директор за финансии и сметководство во градежната компанија „Елиф

Инсаат“ ДООЕЛ;

2006-2010 година - извршен директор во „Сабах Трејд“;

2003-2005 година - кредитен аналитичар и советник за клиенти во Прокредит банка Македонија;

од 2005 година - предавач и консултант.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Eднодневен семинар: ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

11 мај 2017 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

Стопанската комора на Македонија на 11 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗРО, што се однесуваат на: преземените мерки и процесуираните постапки од надлежниот орган, потпишувањето на договор за вработување, со посебен осврт на неговата форма, содржина, измена, време за кое се склучува договорот, склучување на договор со странски државјани, видови договори, дополнителна работа, договор за работа во странство, посебни договори и престанок на договорот за вработување. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и од државниот сектор. На семинарот ќе бидат изнесени најчестите повреди на одредбите од законските решенија во областа на работните односи наведени во програмата, како и сите дилеми што се јавуваат при примена на истите во пракса. Дополнително на учесниците ќе им бидат одговорени прашања и за други проблеми кои ги имаат при примена на легислативата од областа на работните односи, а кои не се предвидени во агендата. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

9-10 мај 2017 година во Луксембург

Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017”

Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко-комуникациските технологии при

Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017” 9-10 мај 2017 година во Луксембург

Ве информираме дека на 9 и 10 мај 2017 година, се организираат средби „ИКТ пролет во Европа

2017” во Европскиот конвенциски центар, во Луксембург. Во 2016 година, беа организирани средби за 93 компании од 15 земји во текот на овој настан.

„ИКТ пролет во Европа“ е една од најголемите меѓународни информатичко-комуникациски и

технолошки конференции во Европа. Настанот е посветен на излагање и прикажување на најновите релевантни трендови и иновации и се дискутира за нивното влијание врз општеството и работниот свет. За повеќе информации во врска со „ИКТ пролет во Европа 2017“ посетете ја веб-страната: www. ictspring.com .

На годинешново издание ќе има неколку главни теми: ИКТ во банкарството, Иднината на

филмовите и дигиталната реалност, простор за апликација: технологија, финансирање, конкурентност, претприемништво, истражување на вселената: освојување на просторот, рударски простор, набљудување на Земјата, просторни ресурси и индустријата со иднина на автоматизација и текови на економијата.

Настанот ќе понуди: два дена деловни средби, можност да се изградат силни врски и

партнерства во ИКТ-секторот, мрежно поврзување за дигитални лидери, менаџери, иновации, истражувачи, стартап, итн,

Услови за учество: еден претставник од компанија плаќа: 100,00 евра, а секој нареден учесник

од иста компанија плаќа 75,00 по лице. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair “

15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери БИЗНИС-СРЕДБИ „ AgroB2B@NSFair “ НА САЕМОТ ВО НОВИ САД Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија Ве повикуваат да учествувате на бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” во Нови Сад, Република Србија, на 15.5.2017 година. Овие средби ќе се организираат за време на одржувањето на Меѓународниот саем за земјоделие во Нови Сад. Главна целна група се производителите и трговците на мало со храна и пијалаци, но сепак, настанот е отворен и за сродните сектори, како што се земјоделские машини, вештачки ѓубрива и пестициди, пакување, земјоделството како извор на обновлива енергија, опрема за производство и преработка на храна, применета наука и истражување итн. „AgroB2B@NSFair“ jа охрабрува деловната соработка, изразена преку поголем обем на трговија на прехранбени производи во странство, со поврзување на производството, инвестициите и заедничкиот настап на трети пазари, како и соработката во размената на знаењето и технологиите и особено во подобрувањето на конкурентноста преку заедничко учество во националните и европските програми и фондови. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е водечки саем на агробизнисот во Југоисточна Европа. Учеството на настанот е бесплатно, но потребно е да обезбедите билет за влез на Саемот, како и да се покријат трошоците за превоз и сместување во Нови Сад. За учество на меѓународните бизнис состаноци „AgroB2B@NSFair“ можете да се пријавите преку линкот http://agrob2b2017.talkb2b.net Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

15 мај 2017 година Стопанска комора на Македонија

БИЗНИС ФОРУМ МАКЕДОНИЈА - ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија

и Велика Британија, Стопанската комора на Македонија во соработка со Стопанската комора на Јужен Лондон (London Southside Chamber of Commerce) организира Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и од Велика Британија.

Целта на Бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со

можностите за соработка со Велика Британија во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Настанот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка меѓу двете земји.

Претставниците на компаниите од Велика Британија се заинтересирани да остварат средби со

македонски компании од следните области: • прехранбена индустрија - месна индустрија, производители на алкохолни и безалкохолни пијалаци; • туризам – тур-оператори и туристички агенции; • хотелиерство и угостителство - опрема и мебел, декоративни материјали; • банкарство и финансии; • консултантски услуги; • развој и управување со недвижности и имот; • медицинска и лабораториска опрема и опрема за техничка и стручна обука; • македонска уметност и антиквитети.

Настанот ќе се одржи на 15 мај 2017година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во

Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество

можат да го пријават најдоцна до 11 мај 2017 година (четврток).

Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист

даден во прилог.

Контакт: Сања Николова, телефон: 3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17-18 мај 2017 година, Виена, Австрија

Стопанската комора на Македонија во организација на Стопанската Федерална комора на Австрија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на Конференцијата и деловните средби на настанот „THE FUTURE OF BUILDING“ – (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР), на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Овој настан е организиран од страна на Advantage Austria во соработка со Европската мрежа на претприемачи на Австрија и Австриската агенција за истражување и промоција (FFG). Исто така настанот е подржан и од страна на Министерството за наука на Австрија, Министерството за истражување и економија на Австрија и од страна на Австриската Федерална Стопанска комора. Учеството на Конференцијата и деловните средби е бесплатно. Превозот и сместувањето за останатите учесници се на товар на компаниите и на учесниците. Конференцијата и деловните средби ќе се одржат на 17-18 мај 2017 година, во Виена, Австрија. Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан. Контакт лица: Ирена Мојсовска, ЕЕН Македонија Телефон: ++ 389 2 3244 009 E-адреса: irena@mchamber.mk Herwig Wutscher, ЕЕН Австрија Austrian Federal Economic Chamber - Enterprise Europe Network www.wko.at +43 5 90 900 3662 herwig.wutscher@wko.at


БИЗНИС ИНФО

34

петок, 28 април 2017, Бр. 305

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Хотел „Фени “ Кавадарци 17.05.2017

ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија

преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори.

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија,

Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република

Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.

Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни

односи и односи и колективни договори ќе се одржи на 17ти Мај 2017 година (среда), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Фени“ - Кавадарци.

Предавач на информативниот настан е Снежана Петковска, која почетоците на своето

професионално искуство ги започнува како адвокат за стопанско право, а од 1999 одина се вработува во Министерството за економија на Република Македонија, во Секторот за правни работи, како раководител на Одделението за правни работи и како раководител на Секторот за инспекциски надзор во чија надлежност е и областа за заштита при работа каде што работи се`до 2015 година. Од 2015 година до денес работи како адвокат за деловно право.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 16ти мај 2017 година (вторник), со

регистрирање директно на следниот линк Ctrl+Click: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSejty tn3uoOzTVg20MOdOx4Za8-4ou5Y2ztIpbsJ96BY1pnOQ/viewform?c=0&w=1 Контакт: Тања Мицева Тел: ++ 389 43 415 044 Факс:++ 389 43 415 044 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

bsi.

ISO 9001

BSI

TM

Quality Management

ISO 9001:2008

FS 549642 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Osnovana 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

35


36

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина

Валидно до: 2017-07-01

Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хем икалии,полипропилен,полиестер итн Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-30

Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик,алуминиум,пластика итн). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-07-01

Компанија од Кина се занимава со дистрибуција и транспорт на разновидна стока.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-07-01

Компанија од Кина се занимава со производство на челик,градежни материјали,обложување на хемикалии итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-25

Кина

Валидно до: 2017-07-10

Компанија од Кина се занимава со производство на самолепливи траки наменети за транспорт на стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Пакистан

Валидно до: 2017-07-10

Компанија од Пакистан се занимава со производство на хир ушки,стоматолошки,ветеринарни инструменти.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-07-01

Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед осветлувања.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кинеска компанија се занимава со производство на водоводни производи од (месинг,челик,бакар,железо итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-25

Kомпанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови.Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Кина е меѓу поголемите производители на лед осветлувањето во различни типови. Таа има заинтересираност за соработка со компании од Р.Македонија.

Грција

Валидно до: 2017-06-20

Грчка компанија е голем производител на ламинат рачно


петок, 28 април 2017, Бр. 305

БИЗНИС ИНФО

37

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА изработени кујни и врати.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Кина се занимава со транспорт,дистрибуција,увоз и трговија на различна стока.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Грција

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Кинеска компанија која се занимава со производство и продажба на квалитетни градежни дигалки.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-22

Компанија од Кина се занимава со обработка и производство на пластика и специјални облици и прототипови од пластика произведува.Таа има интерес за соработка со компании од Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-25

Компанија од Кина e голем производител на челик кастинг,нерѓосувачки челик и свое леење.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Шведска

Валидно до: 2017-06-20

Шведска компанија произведува хигиенски марамчиња,заштитни елечиња и инвалидски колички за подобра нега на пациентот.Таа има интерес за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Производител од Кина на селотејп, ПВЦ ленти за заштита од опасности на патишта.Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Кина е голем производител на сите видови на пвц и хартиени картички(иц карта,сдкарт,метал карт итн).Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Португалија

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Португалија се занимава со производство на тела за автобуси и камиони.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Компанија од Кина е една од поголемите производители на квалитетни гумени подлоги во различни модели. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија.

Кина

Валидно до: 2017-06-20

Специјализирана компанија од Кина се занимава со производство на челична жица ,спирала хидроулични црева,метални црева итн.Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. Контакт: Стево Серафимов Тел: +389 2 3244-032 Моб: +389 72 236 484 stevo@mchamber.mk

www.mchamber.mk


38

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

петок, 28 април 2017, Бр. 305

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2 - 2017

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.