Бизнис ИНФО, број 366

Page 1

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

Број 366 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 28.09.2018

„ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО“ - ТРИБИНА ВО БИТОЛА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ СO ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РМ, ЗОРАН ЗАЕВ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ШТО ДОБИВА МАКЕДОНИЈА И ДАЛИ НЕШТО ГУБИ ОД ИНТЕГРАЦИИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА И НАТО - ПОРАКА НА ШТЕФАН ПЕТЕР, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Денес ви зборувам какао австриски европеец и голем поддржувач на европската идеја уште од 1995 година кога Австрија го одржа својот референдум и стана полноправна членка на ЕУ. Секако, поволностите да се биде државјанин на ЕУ се бројни, на пример, да се патува без граници, да се студира без посебни дозволи, да се консумираат различни производи и услуги каде што изборот е огромен во која било ЕУ-земја, - изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори на денешната прес-конференција одржана во Стопанската комора на Македонија (25.9.2018 година). -Освен пофалби, имам и доста критики кон политиките на ЕУ, којашто се соочува со актуелни проблеми. Преку Брекзит, за првпат една земја излегува од рамките на Европската унија, додека во поглед на надворешната политика земјите-членки на ЕУ имаат различни политики, ЕУ функционира бавно во процесот на донесување одлуки и се соочува со огромна бирократија. Но неспорно е дека бенефитите се далеку поголеми, отколку да се остане надвор од европското семејство, - потенцира Петер. Сепак Европската унија е најуспешен проект на европскиот континент во 21-от век, ако не и во последните 1000 години, во поглед на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. ЕУ е регион со највисока стапка на животен век во светски рамки и регион со највисок индекс на човековиот развој. Европската унија е една од најдоминантните економии во светот, со пазар од преку 500 милиони жители и учество од 23% во номиналниот БДП во светот. Половина од финансиската помош во


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА светот доаѓа од земјите на ЕУ и ова не е модерен начин на колонизација, туку искрен обид да се пренесат европските вредности. Зборувам за европскиот начин на живот и верувам дека вратата за европскиот начин на живот за Македонија е отворена. Поканата во овој момент не може да биде појасна, ЕУ не е целосна без Македонија, порача Штефан Петер. -Како претседател на Советот на странски инвеститори го пренесувам ставот на нашите компании-членки дека сакаме да ја видиме Македонија интегрирана во ЕУ и да изградиме подобри бизнис услови за странските инвестиции и подобри услови за работа за нашите работници. Членството во ЕУ и НАТО ќе придонесе за поголема демократизација и подобро владеење. Земјите-членки покажуваат поголем напредок во однос на кредибилноста на институциите, ефективност на Владата, владеење на правото, слободата на изразување и контрола на корупцијата. Динамиката на реформите се забрзува со членството во НАТО и ЕУ. Но што доколку преовлада негативното мислење за евроатланските интеграции на Македонија? Во таа конотација, земјата ќе се соочи со губење на својот кредибилитет, а со тоа и со губење на довербата и на вербата на граѓаните во подобра иднина. Став на претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, е дека ако Македонија сега не ја искористи шансата и не стане дел од ЕУ и НАТО, разочарувањето кај младите ќе се зголеми, иселувањето ќе се интензивира, ќе се намалат странските инвеститори, извозот и вработувањата, а домашните компании можат да ја загубат својата конкурентност на меѓународниот пазар. - Ќе се изгубат и милијардата евра што ЕУ е подготвена да и` ги даде на Македонија по евентуалното членство, иницијативите за заштита на животната средина, врските со меѓународните универзитети и со Е-инфраструктурата, - оценува Петер. Обемот на странски директни инвестиции ќе се намали поради непостоење на долгорочни економски перспективи и опасност од нивно преселување во соседните земји и во земјите - кандидати за членство во ЕУ. Многу позитивни аспекти коишто го поттикнуваат развојот на земјата, а кои доаѓаат од ЕУ ќе недостасуваат, а тоа се владеење на правото, заштита на животната средина, правата на потрошувачите, монополските права, застој со усогласувањето со образовниот систем, посебно за Болоњскиот процес, дигиталната агенда за широкопојасниот интернет, како и немањето пристап до меѓународните стоковни берзи. -Мотото на Европската унија е: „Обединети во различностите“, а тоа одлично и` прилега на Македонија, поради што оваа шанса не смее да се пропушти, - нагласи Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

5

те ај ач ар Н

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

6

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

ТРИБИНА

„ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕКУ ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО“ - ТРИБИНА ВО БИТОЛА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ СO ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РМ, ЗОРАН ЗАЕВ Со цел реализирање на основните стратешки определби за интензивирање на инвестициските и извозните активности, како основен предуслов за динамичен економски раст и развој, поддржани со вложување во инфраструктурата, како и поврзување и проширување на соработката на внатрешен и на меѓународен план со партнери од потесното и поширокото опкружување, Стопанската комора на Македонија организираше трибина со претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, на тема: „Перспективите на македонската економија преку членство во ЕУ и НАТО“. Главниот акцент на трибината беше ставен на можностите и начините како да се обезбеди поголема конкурентност и иновативност на македонското стопанство и како да се

обезбеди стимулирање на инфраструткурата. - Податоците од Народната банка на Република Македонија покажуваат дека за само шест месеци во земјата се влезени 327 милиони евра, што е за три пати повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога нивото на инвестиции изнесуваше 105 милиони евра. Неспорно е дека на мала економија како нашата ѝ се потребни странските директни инвестиции, бидејќи економските бенефити се повеќекратни. Во таа насока и беше организирана оваа трибина во кругот на фабриката „Кромберг и Шуберт Македонија“, во Битола, - информираше на трибината в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Билјана Пеева-Ѓуриќ. Компанијата која 6 години работи во Индустриската зона е од особено значење за македонската економија со 6200 вработени од Битола и околината, Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, бидејќи е втора на листата на топ 100 извозници со реализиран извоз во 2017 година од 141 милион


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

7

ТРИБИНА

евра и 2,82% учество во вкупниот извоз на Македонија во светот. Компанијата произведува кабелски снопови за автомобилската индустрија, за производителите „Мерцедес“ и „Ауди“. -Она што е од особена важност за македонската економија е како да се мотивираат домашните компании да работат на извозниот капацитет, - посочи в.д. извршниот директор на Комората. Статистиката покажува дека од вкупно регистрираните правни лица во државата, само околу 6% извезуваат. Од нив 81% од компаниите се микро и мали компании, 3,2% се големи компании кои го креираат 80% од вкупниот извоз во државата. Оттука, пораката дефинитивно треба да биде поддршка и стимулирање на извозната ориентираност преку раст на конкурентноста и иновативноста на домашните компании што и сега се покажува како слабост на македонското стопанство. Во таа насока, претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, пред присутните бизнисмени на трибината во Битола, констатираше дека е неминовно да се обезбеди поддршка за бизнис секторот која сега им стои на располагање преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Фондот за иновации и технолошки развој. Една од клучните активности за кои Владата обезбеди финансиски стимул е поддршката на процесот на соработка на домашни добавувачи со странските инвеститори, што само по себе е мотив македонските мали и микро фирми да работат на воведување стандарди и имплементација на сертификати согласно европската регулатива, што ќе им обезбеди потврда за квалитет, но им ги отвора и вратите за работа со странските компании, иако беше оценето дека овој процес на усогласување на домашните добавувачи согласно потребите и стандардите на странските компании трае премногу долго. -Во јуни 2019 година очекуваме почеток на преговори со Европската унија, информираше претседателот Заев. Тоа ќе треба да ги отвори вратите на ЕУ-фондовите со средства и до 10 пати повеќе од оние кои сега ѝ се на располагање на Македониа. Такво е искуството со Хрватска, Бугарија и со други земји кои пристапуваат кон Унијата. -Она што е значајно, потенцираше премиерот, е дека фирмите треба да работат на иновативноста и треба да се


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

ТРИБИНА креира амбиент за обезбедување поголема конкурентност на домашните компании и раст на инвестициската активност.

-Во таа насока, од особена важност е и реализирањето на Договорот со Грција, вели премиерот Заев, кој посочи дека многу малку се зборува за економските аспекти што ги нуди овој договор. Овој документ, вели премиерот, ги отвора вратите кон ЕУ, овозможува и поттикнување и интензивирање на соработката, меѓу другото, и со Грција, имајќи го предвид фактот дека Пелагонискиот регион согласно местоположбата има приоритет во обезбедување трговски релации со бизнис секторот од Грција. Членството во НАТО ги отвора вратите за македонските компании од аспект на можноста за пласирање производи за повеќе милионскиот пазар. НАТО-базата има околу 16 милиони добавувачи со повеќе од 32 милиони производи со кои се снабдува Северноатлантската алијанса. -Имено, со 17% раст на извозот, 3,1% раст на бруто домашниот производ во вториот квартал од 2018 година, особено со раст на производството во реалниот сектор, македонската економија покажува позитивен сигнал. Доколку на ова се надоврзат и најавите за повторно започнување инвестициски активности на патот Кичево - Охрид, што значи активирање на капиталните инвестиции во нискоградбата, очекувањата се дека економскиот раст на земјата може да достигне и над 4 до 5 %, - констатираше заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев. Според него, перспективата на македонската економија е во раст на конкурентноста на производите кои на светските пазари немаат други видови бариери освен пазарните. Определбата на Македонија за надворешно-трговска соработка останува Европската унија. Според статистиката, 80 % од извозот на македонски производи завршуваат на пазарите во Европската унија, приближно 50 % се за германскиот пазар како наш најголем трговски партнер, една од ретките земји со кои дури и остваруваме суфицит во размената. Премиерот Заев веќе најави дека ќе се формира Комитет со владини претставници од Македонија и од Германија во насока на унапредување на соработката со Германија. За таа цел, Заев


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

9

ТРИБИНА информираше дека се очекува нов советник во делот на образованието кој ќе треба да помогне во имплементирање на дуалниот систем на образование во услови на недостиг на стручен кадар за потребите на бизнисот. Клучната поддршка што во следниот период ќе се бара од Германија ќе биде за надминување на проблемот со недостиг на стручен кадар за потребите на бизнис секторот. Во таа насока и се очекува Управниот одбор на Комитетот што се формира со Германија во следниот период да стави акцент на реформи во образованието. За ваквата активност од клучно значење е поддршката што ја дава и Проектот „Е4Е Образование за вработување“, поддржан од Владата на Швајцарија, во којшто Стопанската комора на Македонија е партнер во интерес на бизнис секторот. Сепак, една од клучните претпоставки за развој и раст е инфраструктурата за што беше дебатирано и на денешната трибина. -Без добра инфраструктура нема инвестиции, а без вложување во инфраструктура нема развој, - констатираше премиерот Заев. -Инвестициските активности во инфраструктурата се континуирана определба на Владата, вели пеиерот. По завршување на инвестициските активности кои се во тек се најавуваат нови на потегот Скопје - Блаце, пругата од Куманово кон Бугарија и секако автопатско решение за поврзување на Скопје со Битола, преку експресен пат. Значењето на пругата Солун – Вертекоп – Битола било препознаено уште пред 127 години (1891 година), со цел поврзување на Егејското Море со јадранскиот брег по трасата на старата римска магистрала Виа Игнација. По железничката пруга Битола - Лерин до 1986 година секојдневно сообраќал попладневен воз. Денеска обновата на пругата е речиси завршена работа. Пругата од Битола до Кременица со должина од 16 километри ќе биде готова до ноември годинава. Ќе се овозможи железничко поврзување на Пелагонија со Пристаништето во Солун. Инвестицијата е 17,2 милиони евра, од кои 6 милиони евра се од ИПА-фондовите, а 11,2 милиони евра од домашниот буџет. Ако пругата профункционира, ќе се олесни транспортот на стоката до Пристаништето во Солун и ќе се намалат трошоците за превоз. Железницата до Лерин ќе ја заживее и Индустриската зона „Жабени“. Во делот на инфраструктурата не помалку значајна е и гасификацијата на земјата. Во оваа насока, според информациите од компанијата „Македонски енергетски ресурси“, премиерот најави дека до 2019 година би требало да биде донесен прстенот за гасификација до самиот влез на градот, што е најава за гасификација на Битола. Ова може да има од два аспекта поволности за Битола. Прво, од аспект на користење евтин енергенс за греење на граѓаните, а второ, уште позначајно е користење на енергенсот во компаниите. Премиерот Заев потенцираше дека во Струмица од 2010 година за 60% се намалени трошоците од аспект на користење енергија, а 27,5% директно во компаниите. Тоа овозможува поголема конкурентност на компаниите. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

10

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

РАБОТИЛНИЦА

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА: ЈАВНОПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ВО СОО – ШВАЈЦАРСКИ ИСКУСТВА И МОЖНОСТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во рамките на Проектот „Образование за вработување во Македонија“ (Е4Е@ mk), на 25 септември 2018 година, во Стопанската комора на Македонија се одржа работилница на тема: Јавно-приватно партнерство во стручното и професионално образование и обука - Швајцарски искуства и можности во Република Македонија. Пред присутните свое обраќање имаше Мергим Јахиу, советник во Швајцарскиот федерален институт за стручно образование и обука, кој го презентираше швајцарскиот модел на стручно образование кој се базира на јавно-приватно партнерство со силна вклученост на компаниите и истиот претставува избор на две третини од учениците во Швајцарија. Таквиот облик на дуално образование овозможува пазарно ориентиран едукативен систем со широк спекар на работни места и оспособувања. Концептот во суштина опфаќа три главни партнери: приватниот сектор, кантоните и Конфедерацијата. Притоа, особено внимание се дава на приватниот сектор како клучен актер кој активно


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

11

РАБОТИЛНИЦА е вклучен во процесите на креирање на содржините на обуките, имплементација на практичниот дел и обезбедување на позициите за практиканти. Во Швајцарија 30% од компаниите се вклучени во процесот на дуално образование, 310 стручни училишта нудат на располагање образовни програми за 236 образовни профили и на годишно ниво таквиот систем произведува 90.000 нови практиканти, односно ученици кои преку овој систем директно стекнуваат квалификации кои ги прават компетитивни на пазарот на труд. Пред присутните исто така беше споделено позитивното искуство од дуалното образование преку Проектот „20-20-20“ кој го имплементира компанијата „ЕВН Македонија“ АД во соработка со СЕТУГС„Михајло Пупин“, Проект кој претставува типичен пример за јавно-приватно партнерство. Со Проектот „20-20-20“, „ЕВН Македонија“ нуди уникатна шанса за младите ученици во Македонија. - Дваесетина средношколци во 2020 година ќе имаат можност веднаш по завршувањето да заработуваат загарантирана нето месечна плата од 20.000 денари“, - изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“ и претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Моделот на дуално образование е особено развиен и препознатлив за Швајцарија, Австрија и Германија и истиот тесно е поврзан со високиот економски раст и ниската невработеност која ја бележат овие земји. Проектот „Образование за вработување во Македонија“ (Е4Е@mk) има за цел да го стимулира вработувањето во Македонија преку подобрување на стручните вештини, преку зајакнвуање на соработката помеѓу училиштата и работодавачите. Истиот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија и се имплементира од страна на „Хелветас Македонија“, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија. Михајло Донев


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО БИТОЛА : ФАКТОРИНГ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ На 26.9.2018 година, во Регионалната комора со седиште во Битола, се одржа презентација на Проектот на УСАИД за факторинг, имплементиран од „Фактор Труст“ од Скопје, во соработка со Стопанската комора на Македонија на тема: ,,Факторинг како алтернативен извор на финансирање’’. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите. На презентацијата детално беа објаснети темите: • Како функционира факторингот; • Кои се трошоците за факторинг; • Кој е бенефитот од факторинг? Претставниците на „ФакторТруст“ - Скопје, Капитал банка и Македонска банка за поддршка на развојот, пред 20-тина компании детално ги презентираа специфичностите на факторингот кој е услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш. Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарувања, наплата на побарувања и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање. Проектот на УСАИД за факторинг има за цел да им помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски средства. м-р Никола Димковски


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

13

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Одржано предавање во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ВИСОКОЕФЕКТИВНИ ТИМОВИ“ Тимот е група на луѓе кои работат или се однесуваат на начин кој им помага да ги постигнат заедничките цели. За да ја постигне својата цел и да ја реализира поставената задача, тимот треба да го поттикнува секој член да ги развива сопствените вештини. Секој член, врз основа на сопствените перцепции што ќе ги сподели со останатите, низ чувството за припадност што ќе го изгради, кооперативност и дискусии ќе може успешно да ја прифати и да ја реализира секоја поставена задача. За да може еден збир на луѓе да се перципира себеси како група, тој мора да одржува и релативно стабилна структура на односи, взаемна наклонетост на членовите, заедничка одговорност и идентитет, силна свест за заедничките приоритети и цели, ентузијазам, заедништво и пријателство меѓу членовите, победнички менталитет, надополнување на улогите, знаењата и вештините, способност за постигнување консензус, флексибилно размислување, високи професионални стандарди и стремеж кон квалитет, како и доброволно прифаќање на лидерство во тимот. Tимската работа се смета како современа форма на организација на врвот на менаџерската структура. Оттаму, од исклучително големо значење е сe` повеќе организации во Македонија да ги осознаат предностите на тимската работа како еден од начините за унапредување на извршувањето, зголемена ефективност и ефикасност во работењето, како и постигнување квалитетни и конкурентни по цена, продукти и сервиси. Токму во таа насока беше предавањето на тема: „Управување со високоефективни тимови“, што се одржа на 27 септември 2018 година во Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија во соработка со Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“ од Скопје. Валентина Цветковска


14

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

15


15

T

O

IS

БИЗНИС ИНФО

16

9001:20

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

На 26 септември 2018 година, во Нови Сад, ќе се одржи Меѓународен брокерски настан – Бизнис средби, за време на Регионалниот бизнис форум. На Регионалниот бизнис форум и на бизнис средбите ќе бидат претставени секторите: - Земјоделство и храна; - Метална преработувачка индустрија; - Туризам. Настанот ќе ја промовира деловната соработка меѓу регионите, вклучувајќи и договори за трговија и производство, заеднички вложувања и заеднички пристап на трети пазари, како и размена на технологија и „know-how“ и соработка на проекти со цел зголемување на конкурентноста и иновациите, финансирани од ЕУ и други донатори. Зошто да учествувате: Бизнис средбите обезбедуваат дополнителна поддршка на компаниите да најдат меѓународни партнери на Форумот. На учесниците им се нуди да ги изберат своите потенцијални партнери според нивните сопствени потреби и информации за бизнисот и интересите на партнерот. Потоа се изготвува листа на состаноци што се одвиваат на одредено место и во точно одредено време. Секој учесник ја добива својата листа на состаноци најмалку еден ден пред настанот. Учеството на меѓународниот брокерски настан е бесплатно. Пријавете се преку линкот: http://rbf2018novisad.talkb2b.net/ Забелешка за учесниците: превозот од аеродромот во Белград до Нови Сад го обезбедуваат организаторите. Контакт лице: Лазо Ангелевски Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 26 септември 2018 година (среда) 10:00 - 15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година се 100% ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ, а голем број на понудувачи се` уште не се подготвени за учество, недоволно ги познаваат можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција/конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“ поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. Предавачи: - Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија. Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници. На семинарот ќе бидат презентирани и некои од новините кои се однесуваат на областа на е-набавките, а кои се предложени во Нацрт-законот за јавни набавки, како што се: концепт на е-пазар за набавки од мала вредност и е-каталози; објава на е-план измени/дополнувања; новиот концепт на Економски најповолна понуда; е-жалба; пристап до сите понуди на конкретен тендер и останати теми. Контакт лице: Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 28.9.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

Стопанската комора на Македонија, на 28.9.2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за договорен залог кои го регулираат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека), и Законот за облигациони односи, кои предвидуваат воспоставување на заложно право, како и судски спорови кои произлегуваат од реализацијата на заложното право. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки.

ПРЕДАВАЧ: - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7 октомври 2018 година Стопанска комора на Австрија, Виена https://food2018. b2match.io

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ГОЛЕМО И МАЛО

Стопанската комора на Австрија, заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, организираат деловни средби меѓу австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. Настанот ќе се одржи на 17.10.2018 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и на мало со храна и пијалаци од целиот свет. На средбите ќе учествуваат најпознатите увозници и трговски фирми на прехранбени производи од регионов, како, на пример: „Atlantic Grup“, „Delhaize“ - Србија („Maxi“- супермаркети), „Delta DMD“, „METRO Cash & Carry“ - Србија, „Orbico“, „Al Grosso“ - Србија, „Balfin Group-Spar“ - Албанија, „Distribution & Development ADD“ - Албанија, „RE WE-Group-Billa“ - Хрватска и други, кои се пријавени и ќе учествуваат на овој настан. За дополнителни информации во врска со настанот, обратете се до лицата за контакт од Стопанската комора на Македонија: м-р Ивана Крстевска, телефон: 02 3244-051, е-адреса: ivana@mchamber.mk и м-р Ирена Мојсовска, телефон: 02 3244-009, е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk.


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 Стопанската комора на Македонија е поддржувач на настаните. - За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија. За обезбедување на поединечен или групен штанд ќе добиете посебен попуст. Пријавете се на: http://seeitsummit2018.talkb2b.net/

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

БИЗНИС ИНФО

23

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Белинда Миновска Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 28 Септември 2018, Бр. 366

T

15

24

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.