Бизнис ИНФО, број 281

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

Quality Management

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО Број 281

www.mchamber.mk

ISO 9001

FS 549642

goodini

192

2 - 2016

28.10.2016

РАЗВОЈНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

ЕЗБЕД ОБ У

B

SE

C

UR

O

НИКО

Б

ЊЕ ВА

СИЛВЕР Покровители

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

Делегација на Стопанската комора на Македонија учествува на дводневната Регионална конференција

“РАЗВОЈНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ во Будва, Црна Гора

Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Комисијата за Источна Европа за економски односи од Берлин, го организираат најважниот регионален економски настан, кој се одржува по шести пат во Будва, на 27-28 октомври 2016 година, каде што се собраа околу 500 учесници - претставници на владите, бизнис-заедницата и експертите од Балканот и Германија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески учествува и на Панел-дискусијата заедно со претседателите на коморите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Албанија. Стопанските комори од регионот може да бидат важна имплементирачка структура за спроведување на економската политика на регионот, каде што сеуште е неопходно да се спроведуваат одредени реформи, оценија претседателите на коморите на денешната панел-


4

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА дискусија на тема “Реформите на земјите од Западен Балкан“ во рамките на дводневната Конференција која се одржува во Будва, Црна Гора. Тие зборуваа за економските перспективи на нашиот регион преку разговор кој го модерираше Ричард Ален, специјален пратеник на претседателот на Франција Франсоа Оланд задолжен за Западен Балкан. Тој посочи дека постои јасна економската перспектива за Западен Балкан, и јасно е дека буџетските и фискалните прашања се движат во вистинската насока. Франција го поддржува европскиот пат на развој на Западен Балкан. - Најголема потреба на сите земји од регионот е да ги забрзаат инвестициите кои ќе придонесат за модернизација на економијата. Франција е заинтересирана на земјите од регинот да им понуди технологија, иновации и да влијание за промената на економскиот пејзаж на регионот, - истакна Ричард. Според него, потребно е да се реформира административната и правна рамка во насока на олеснување на меѓународните бизнис партнерства. Овие подобрувања се потребни во секоја земја, а посебно за земјите кои се на патот за пристапување кон ЕУ. - Коморите треба да бидат иницијатори и носители на подобрувањето на бизнисклимата. Кадрите во коморите имаат капацитет и можност да го помогнат развојот на бизнисот, а ЕУ е спремна да финансира проекти за нивното понатамошно едукација, - рече Ричард. Претседателката на Сојузот на стопански комори на Албанија, Инес Мукостепа истакна дека коморите и досега работат заедно за подобрување инвестициската клима и подобрување на конкурентноста на економите во регионот, а ваквата подршка ќе ги поттикне за развој на нови проекти. - Посебно не’радува развојот на заеднички инфраструктурни проекти што го поврзуваат регионот, како што е автопатот Ниш-Приштина -Тирана, кој е многу важен за проток на инвестиции и човечки ресурси,- истакна Мукостепа. Велимир Мијушковиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора, потсети дека коморите подог период наназад работат на поврзување на земјите во регионот, дури и во времето кога беше одсутна и поддршка од политичарите. Тогаш како комори ја имавме подршката на коморите на високо-развиените земји од Европа, пред се Германија, која го поддржа формирањето на Асоцијацијата на балканските комори, давајќи насоки за тоа како е да се работи во услови на пазарна економија и кои услуги да им се обезбедат на компаниитечленки. Процесите на интеграцијата на пазарот во регионот понатаму продолжија преку имплеметација на ЦЕФТА Договорот. Економијата е свесна дека без заедничка соработка е тешко да се биде конкурентен на пазарите на ЕУ. Нашите комори во рамките на Берлинскиот процес го формираа Комроскиот


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО инвестициски форум ( КИФ) кој ќе го следи спроведувањето на проектите, давајќи насоки како нашите компании да се вклучат во нивната имплементацијата. Ние веруваме дека овој процес ќе продолжи да живее и дека ние како бизнис-заедница уште повеќе ќе бидеме вклучени во него – истакна претседателот на Комората на Црна Гора. Потпретседателот на Хрватската стопанска комора, Желимир Крамариќ верува дека ова Коморскиот инвестициски форум треба да се фокусира на проекти како што се дигитализацијата на услугите со цел информирање на компаниите-членки како да се поврзат со компании од ЕУ.

- Знаењето и конкурентноста се особено важни за економијата и мислам дека ние треба да го следиме моделот за зајакнување на стручното образование според моделот на оние кои се развиени во Германија, Австрија и Швајцарија, со цел што побрзо да се вклучиме во синџирот на висока додадена вредност, - рече Крамариќ. Тој истакна дека треба да се инвестира повеќе пари во иновативни истражувања и развој и поддршка, а коморите од КИФ мора да ја дадат во заедничка спрега, синергија. Ако коморите не развиваат нови услуги, нема да можат да бидат конкурентни на пазарот, - рече тој, додавајќи дека гласот на коморите мора помоќно да се слушне во владите, а кои мораат да ја сватат клучната улога на овие бизнис-асоцијации во имплементацијата на економските политики.


6

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Според Сафет Герѓалиу, претседател на Стопанската комора на Косово, регионот нема да има перспективи се’ додека потсои корупцијата. Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија, спротивно на ставовите на претходните панелисти, истакна дека земјите од Западен Балкан немаат перспектива токму поради постоењето на корупцијата. - Тоа е причината за економската стагнација и произлегува од правосудните системи во нашите земји, - рече Азески, идентификувајќи ги проблемите и во царинските служби. Тој ја повика ЕУ да помогне во борбата против корупцијата, ставајќи на располагање нивни експерти кои ќе помогнат во борбата против корупцијата.

-Исто така проблем е немањето доволно квалификувана работна сила, бидејќи се’ што е добро си замина. Ние не може да најдеме работници, и само се вртиме во круг. Се прашувам како преживуваат компаниите на Балканот. На сите нив треба да им се даде медал, - вели Азески. Тој рече дека Берлинскиот процес е последна надеж за сите земји во регионот, дека може да се стори нешто. - Тој додаде дека, ако можат коморите да се здружат, и да направат таков пресврт, тогаш и политичарите треба малку повеќе да се позанимаваат со овој процес. Во фокусот да имаат помалку историја и повеќе бизнис, - додаде Азески.


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПОДВЛЕЧЕНО Претседателот на Стопанската комора на Косово Сафет Герѓалиу рече дека треба да се свртиме кон иднината, а не кон она што беше во минатото. - Ако ги слушате политичарите, тие зборуваат за она што беше во претходните години. Стопанските комори зборуваат каде сме сега, а што ќе биде за пет години или 15 години. Ние гледаме кон иднината, а не она што било некогаш, - рече Герѓалиу. Тој истакна дека Комората на земјите во регионот направија 50 чекори понапред од политиката. - Колку повеќе ќе се меша политиката, во економијата се формираат бариери кои го ограничуваат растот и иднината, - додаде Герѓалиу. Невработеноста и малиот економски раст се заеднички проблем на земјите од регионот. - Ние мора да работиме меѓусебе и да ги елиминираме бариерите. На Балканот многу повеќе се зборува за интеграција од политичка платформа, и ние мораме да го предвидиме процесот како треба да биде од економски аспект - рече Герѓалиу. Тој додаде дека треба да се зајакнат дијалогот и партнерството меѓу земјите. Претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж рече дека, ако регионот има намера да опстане,, мора заеднички да одговори на некои прашања, кои не можат да се направат без политичката елита од САД и Европа. Очекувам многу повеќе од нашите влади заедно да разговараат за прашања за тоа како да се решат некои проблеми. Ние како комори секојдневно работиме и соработуваме за да се поврзат нашата економии,- рече Чадеж. Тој рече дека коморите за прв пат работат на создавање на заеднички сервиси кои ќе ги помрзат МСП со финансиските институции. Претседателот на Стопанската комора на Словенија Марјан Мачкошек изјави дека економијата има направено многу за политиката во овој регион и дека сега е време политиката да го врати долгот на економијата. - Треба да се изврши притисок врз политиката да најде сила за да се надминат сите проблеми кои се резултат на историјата и да се свртиме кон иднината, - смета Мачкошек. Стопанските комора, како што наведе се пример и доказ како тоа треба да се направи. - Политиката не треба да фаворизира еден или два сектори на економијата, туку напротив треба да создава такви услови што секој кој има идеи, иновации и други вештини може да работи, – смета Мачкошек. Ова се видувањата на говорниците на првиот ден на Конференцијата. Софче Јовановска


БИЗНИС ИНФО

8

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

ГС1 МАКЕДОНИЈА

ЗГОЛЕМЕНА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ГС1 Македонија, на 25.10.2016 година одржа еднодневен едукативно-информативен семинар, на којшто присутните имаа можност да се запознаат со примената на ГС 1 стандардите во текстилната индустрија и бенефитите од нивното користење. Тоа беше можност да се запознаат најновите трендови во означувањето на производите кои имаат влијание на подобрување на деловните процеси и модели, како и новите техники и технологии во глобалната трговска размена и водењето на бизнисот во светот. Според анализите и согледувањата на Стопанската комора на Македонија, македонските текстилни компании се` уште се интересни за странските партнери, пред сѐ поради близината до европскиот пазарот и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена. За 8-те месеци од 2016 година извозот во оваа дејност изнесува 397,5 милиони САД долари, а поодделно кај производството на текстилни ткаенини изнесува 51,5 милини САД долари, додека кај производството на облека изнесува 346 милиони САД долари, што е зголемување од 4-5% во споредба со истиот период од претходната година, а тоа претставува околу 12,7 % од вкупниот извоз во државава. Учеството на додадената вредност на текстилната индустрија изнесува околу 3% од БДП за 2015 година. Со цел да бидат конкурентни во однос на опкружувањето, сопствениците, менаџерите на текстилните компании мора да направат


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

9

ГС1 МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО вложувања во автоматизација на производните процеси, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување на поголема продуктивност од страна на самите компании, - истакна Билјана Пеева Ѓуриќ, директор во Комората. Неспорно е дека со примената на ГС 1 стандардите, остварувањето на очекуваната цел значајно ќе придонесе за значително подобрување на конкурентноста на македонската текстилна индустрија, а бенефитите од тоа ќе се почувствуваат како економски ефекти во самите компании. Соодветен придонес во таа насока даде и предавачот на семинарот, Маркус Милер, стручњак од Меѓународната ГС1 организација, кој го пренесе своето долгогодишно практично искуство од најголемите текстилни брендови ширум светот, давајќи акцент на корисното и потребното, со конкретни оценки, согледувања и предлози за подобрување на состојбата на оваа значајна дејност. Со примената на ГС 1 стандардите се овозможува автоматска идентификација, примена на соодветни информациски и деловни комуникациски системи, ефикасна соработка со деловните партнери од целиот свет, се зголемуваат извозот, ефикасноста и рационалноста во работењето, се намалуваат грешките и залихите, а се зголемуваат и конкурентноста и профитабилноста на компаниите. Самата примената на овие стандардите им овозможува на компаниите да ги намалат трошоците, да ги подобрат транспортните и логистичките операции, да ги одржат залихите на оптимално ниво, а со тоа и да ја зголемат продажбата и извозот. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

10

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

СОРАБОТКА

Одржана средба со дополнителниот заменик министер за финансии

РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО ЕКОНОМСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА КОМПАНИИТЕ

На 25.10.2016 година во Стопанската комора на Македонија се одржа средба на извршниот директор на Стопанската комора на Македонија д-р Јелисавета Георгиева со дополнителниот заменик министер за финансии во Министерството за финансии на Република Македонија, Кире Наумов, заедно со нивните соработници. На средбата, која се одржа на барање на дополнителниот заменик министер за финансии, накратко беа изложени активностите на Комората, како и иницијативите и барањата на Стопанската комора на Македонија во однос на прашањата кои се во надлежност на Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Царинската управа на Република Македонија. Во однос на покренатото прашање од страна на господинот Наумов во врска со наплатата на доспеаните побарувања од државата и повратот на ДДВ, од стручниот тим на Стопанската комора на Македонија беа презентирани и резултатите од последното


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

11

СОРАБОТКА

анкетно истражување, спроведено од страна на Комората во месец август 2016 година, кое се однесува на повратот на ДДВ, наплатата на побарувањата и ликвидноста, на коешто е добиен одговор од околу 800 компании од различни стопански сектори. На средбата се дискутираше и за актуелните состојби во стопанството, како и за предизвиците за обезбедување на одржлив раст на македонската економија, кои ги опфаќаат прашањата за докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот, обезбедување на континуирана поддршка и едукација за микро, малите и средни претпријатија, обезбедување на поддршка за извозно ориентираните домашни компании, уредување на посебен даночен режим за поврзаните друштва, воведување на е-фактурата, преиспитување на парафискалните давачки со кои дополнително се оптоваруваат деловните субјекти, преиспитување на казнената политика во насока на нивелирање на санкциите со економската моќ на компаниите и нивно понатамошно намалување, гарантирање на редовното исполнување на обврските на јавниот сектор спрема приватниот сектор, воведување на системот на дуалното образование во Република Македонија, како и проширување на можностите за задолжително консултирање на бизнис заедницата при донесувањето на законски и подзаконски акти. м-р Татјана Штерјова


БИЗНИС ИНФО

12

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

СОРАБОТКА

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОБЛАСТА НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ЕДУКАЦИЈА

Стопанската комора на Македонија и Народната банка на Република Македонија потпишаа меморандум за соработка во областа на унапредување на финансиската едукација. Едукативните активности претставуваат клучен дел од работењето на Комората за унапредување на пазарното стопанство, претприемаштвото и поттикнување на конкурентноста кај нејзините членови. Овие активности, конкретно, се остваруваат преку организирање и поттикнување соодветни облици за постојано функционално образование и иновации во знаењата на раководните кадри, како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување. Едукативните активности на Проектот за финансиска едукација на Народната банка којшто опфаќа: интерактивни предавања, семинари и работилници, национални и меѓународни конференции, посети на Банката, објави и публикување едукативни материјали за различни целни групи и возрасти, остварување билатерална соработка со институции и организации, се наменети за зголемување на финансиската писменост кај населението во државата. Потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Комората и Народната банка е со цел да се подигне финансиската свест кај населението во земјата, да се


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

13

СОРАБОТКА

подобри финансиската писменост кај младото и возрасното население и тоа да се стекне со соодветни вештини и знаења коишто ќе му овозможат да донесува рационални и ефективни одлуки при управувањето со парите и финансиските услуги и производи. Потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор напред во унапредувањето на долгогодишната успешна институционална соработка меѓу Комората и Народната банка. Улогата на Комората е преку здруженијата во рамките на Комората да ја информира и да ја поттикнува бизнис-заедницата да даде поддршка за спроведување проекти во полето на финансиската едукација, согласно со нивните можности и интереси. Со тоа, Комората активно се вклучува во постојниот Проект за финансиска едукација на Народната банка. Истовремено, Народната банка ги поддржува проектите за финансиска едукација на Комората (преку Центарот за едукација во рамки на Комората и Бизнис-центарот за тренинг и обука) за спроведување едукативни активности, како што се: одржување предавања, семинари, работилници, тркалезни маси, конференции, интерни обуки и други настани, организирање промотивни едукативни настани, публикување едукативни материјали, летоци, брошури и други активности од областа на финансиска едукација, коишто се од заемен интерес за двете институции, како и за сите субјекти коишто се вклучени во наведените проекти. м-р Елена Милевска Штрбевска


14

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

СОВЕТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ Претседателот на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија одржа протоколарна

СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, одржа протоколарна средба со шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар , во просториите на ЕУ Делегацијата во Скопје (26.10.2016 година). Штефан Петер го запозна новиот шеф на ЕУ Делегацијата со целите и активностите на Советот на странски инвеститори, во насока на унапредување на деловното опкружување и инвестиционата клима во Македонија, промовирајќи добрa бизнис етика и позитивен придонес за севкупниот економски развој на државата. Во рамки на дискусисијата, стана збор за актуелните состојби во економијата од аспект на согледувањата на странските инвеститори во земјава и како актуелната политичка криза влијае на бизнисите и на економските параметри генерално. Штефан Петер најави дека Советот на странските инвеститори работи на нова публикација со препораки за унапредување на деловната и инвестиционата клима во Република Македонија, како продолжение на првото издание на „Белата книга“ објавено на почетокот на 2015 година. Амбасадорот Жбогар истакна дека Европската Унија и понатаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Европската Унија, со акцент на спроведување на економските реформи во земјава. На крајот на средбата беше истакната обострана подготвеност за унапредување на соработката во секоја сфера од заемен интерес во наредниот период. Во рамки на средбата, Претседателот на Советот на странските инвеститори му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Жбогар во Република Македонија. Влатко Стојановски


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

15

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Промоција на Регионалната комора со седиште во Кичево

„ОТВОРЕН ДЕН НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ“ ВО КИЧЕВО

Регионалната комора со седиште во Кичево во рамките на манифестацијата „Отворен ден на мултикултурализмот”, што се одржа на 22.10.2016 година, пред платото на Домот на културата во Кичево, ги промовираше своите услуги и активности на граѓани од сите етнички заедници кои живеат во овој град. Манифестација беше организирана од групата „Вреди да си од Кичево” во која членуваат претставници од сите заедници, како и бизнис заедницата. Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, во своето излагање рече овој град е пример каде што заедно живеат различни националности во слога и разбирање. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески заедно со членките на Комората присуствуваа на настанот и ги посетија штандовите. Голем број од услугите што ги нуди Стопанската комора на Македонија се презентираа на компаниите од Општина Кичево, кои го посетија штандот. На манифестација беа изведени народни песни од сите етнички заедници кои живеат во Кичево, додека програмата заврши со дегустација на традиционални јадења од сите кујни кои се негуваат во Кичево и кичевскиот регион. Дијана Лазороска Јованоска


16

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Mеѓународна економска конференција во Битола

УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

На 26 октомври 2016 година во Битола се одржа меѓународна економска конференција на тема „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион” и бизнис средби со компании од регионот на Измир, Република Турција. Организатор на настанот е Центарот за развој на пелагонискиот регионЦРППР со поддршка на Регионалните комори со седиште во Битола и Прилеп. Целта на реализацијата на оваа конференција е унапредување на економскиот развој во пелагонискиот регион, привлекување на странски инвеститори во индустриските зони и останатите слободни локации и дополнително развивање на директната соработка помеѓу компаниите од двете држави.Од учесниците беше нагласено дека Република Македонија и пелагонискиот регион имаат голем потенцијал и инвеститорите треба да ја искористат конкурентската предност на производствените зони. Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиса Витон истакна дека ваквата иницијатива за спојување на деловната заедница од Измир, Турција и деловната заедница од пелагонискиот регион е широко поддржана од програмата за развојна обединетите нации.


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

17

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Министерот за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Џери Наумоф во својот поздравен говор нагласи дека посебно треба да биде привлечно вклучувањето на турските компании во програмата за мотивирање зав работување на млади луѓе која содржи многу поволности и финансиски ослободувања во период од 36 месеци. Особено го потенцираше фактот дека ова е одлична можност за турските инвеститори, особено од регионот на Измир и особено за малите и средни компании кои сакаат да го прошират својот бизнис и да настапат на европскиот пазар, да дојдат и да инвестираат тука. Оваа меѓународната конференција и намерите на учесниците ги поздрави министерката за локална самоуправа Ширет Елези која очекува директните контакти меѓу бизнисмените од Македонија и Турција да отворат можности за нови соработки. Како претседател на Советот на пелагонискиот плански регион, градоначалникот на Општина Ресен, Ѓоко Стрезовски ги посочи капацитетите кои им се ставени на располагање на турските инвеститори и им се заблагодари за нивното учество, а директорката на Центарот за развој на пелагонискиот регион, Емилиа Ѓероска, истакна дека овозможувањето на директните средби и контакти со македонските компании ќе донесат инвестиции во овој регион. Во продолжение на конференцијата со свои презентации пред присутните им се претставија и претставници на Владата на Република Македонија за поволностите


18

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ при инвестирање во нашата земја, како и претставниците на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион кои пред турските потенцијални инвеститори им ги презентираа можностите кои им се на располагање, а тоа се една технолошко индустриска зона, 12 индустриски зони, „браунфилд“ локации и најави за отворање на

нови зони за странски инвеститори во регионот. Како претставник на Регионалната комора со седиште во Битола своја презентација имаше и м-р Никола Димковски, кој на присутните им ја претстави моменталната бизнис клима и состојби во пелагонискиот регион, пред се инфраструктурната поврзаност, примарните стопански гранки и инвестицискиот потенцијал. Стопанството во пелагонискиот регион во 2015 година достигна 11,3 % од БДП на Република Македонија, односно 56,53 милијарди денари, т.е. 234 279 денари по глава на жител. Вкупната трговска размена со странство во 2014 година изнесувала 446 милиони евра, од кои 229 милиони евра извоз, а 217 милиони евра увоз на разни стоки. Во пелагонискиот регион стопанисуваат околу 8000 компании и тоа; 3897 во Битола, 2706 во Прилеп, 459 во Ресен, 236 во Демир Хисар, 233 во Крушево, 194 во Долнени, 158 во


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

19

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Могила, 105 во Кривогаштани и 83 во Новаци. Од нив 43% се во секторот трговија, 14% во индустрија и земјоделие, 14% во градежништво, 8% во угостителство и туризам итн. Регионалните комори во Битола и Прилеп ја истакнаа својата поддршка за соработката со компаниите од Република Турција и во претходните години со бројни средби и настани. Исто така беше и напоменато неодамнешното потпишување на Mеморандумот за соработка помеѓу Стопанска комора на Македонија и Асоцијацијата на бизнисмени и индустријалци од Турција – „МУСИАД Македонија“ како дополнителен поттик за соработка за компаниите од двете држави. Во продолжение на настанот околу 50-тина македонски остварија директни средби со 30-те компании од Измир, Р. Турција и на свои штандови го претставија дел од асортиманот на производството во пелагонискиот регион, меѓу кои и бројни членки на Стопанска комора на Македонија како Витаминка, Хемометал, Комфи Ангел, Свисслион Агроплод, Чокомил, ФОД, Дониа, СИЗ Компани, Вазар и други. Гостите од Турција, во текот на утрешниот ден ќе престојуваат во Ресен и Прилеп каде ќе им бидат претставени инвестициските можности и во тие општини од пелагонискиот плански регион. м-р Никола Димковски


20

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 01.11.2016 Семинар Хотел „Гардениа“ - Велес, 10:30-14:00 часот

Бесплатен еднодневен семинар на тема: МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. ЦЕЛНА ГРУПА: вработени во стопанскиот сектор, во банки, судови, локална самоуправа и осигурителни компании, како и сите останати кои што се заинтересирани да го надградат своето знаење по дадената проблематика. Контакт: Ирена Жарова Тел: ++ 389 43 22 77 36 Факс:++ 389 43 22 77 36 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena.zarova@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

• Теоретскиот дел од обуката се одвива во посебно опремени простории во рамките на Стопанска комора на Македонија; • Практичната настава се одвива во соработка со реномирани македонски компании во зависност од понудената струка; • Сертификат признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. • Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок. • Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците. • Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници. За повеќе информации: Борис Тримчев Тел. +389 2 32 44 043 Моб. +389 72 20 70 91 boris@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Акредитирани програми кои можете да ги следите: • • • • • • •

Готвач во угостителски објект; Гипсер – монтер; Фасадер; Аргон заварувач; Келнер – гастроном; Изработувач на бели печива; Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси;

• • • • •

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење; Рецепционер; Службеник во книговодство; Туристичко - агенциски службеник; Фризер - основен курс; Шивач и кројач на конфекциски материјали.


22

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 2 ноември 2016 година (среда) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Eднодневна обука на тема:

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ, КВАЛИТАТИВНО ДОПОЛНУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА

Со цел подобрување на вештините и зголемување на конкурентноста на компаниите преку користење на дигиталниот маркетинг, Стопанската комора на Македонија на 2 ноември 2016 година (среда) организира еднодневна обука на тема: ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ, КВАЛИТАТИВНО ДОПОЛНУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБАТА, на којшто детално ќе се обработат темите за зголемување на онлајн видливоста на брендот на компаниите, креирање стратегии за содржински маркетинг и за зголемување на продажбата со користење социјални медиуми, раст и развој на бизнисот со помош на SEO.

ЦЕЛ И ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА Семинарот ќе помогне да се актуелизира прашањето за развој и унапредување кај компаниите за нивниот бренд, искористување на можностите за успешни кампањи на интернет, правилно избирање на медиум за презентирање на својот производ, таргетирање на вистинската целна публика, создавање трајна врска со потрошувачите, олеснување на продажбата по пат на интернет, информирање на клиентите за своите новитети, следење на трендовите и технологијата, стратегии за победување на конкуренцијата, организација и создавање на вистински тим за успешно работење, дефинирање на цели и годишен буџет за влог во маркетинг, развој на бизнисот со помош на SEO, креирање квалитетни содржини за зајакнат бренд. На обуката претставниците на компанииите ќе ги увидат проблемите со кои се соочуваат во тековното работење и ќе осознаат нови можности или начини за унапредување на продажбата, ќе можат да научат начини и техники со кои би се обезбедила ефективност на секој претставник во компанијата каде работи, како и споделување практични искуства од оваа област и дискусија во однос на темата. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС ФОРУМ ТУРЦИЈА – АФРИКА „TABEF 2016“

2 - 3 ноември 2016 година Истанбул, Турција Lütfi Kırdar International Convention and Exhibition Center (ICEC)

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција и земјите од африканскиот континент, Стопанската комора на Македонија организира посета на Стопанската комора на Турција, при што ќе бидат организирани и деловни средби меѓу македонски, турски и африкански компании. Овогодинешниот Турско-африкански бизнис форум („TABEF 2016“) ќе се одржи под покровителство на Н.Е. Реџеп Таип Ердоган, претседател на Република Турција, во соработка меѓу Министерството за економија на Р. Турција, Африканската унија (АУ) и Одборот за надворешно-економски односи (ДЕИК). Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 2-3 ноември 2016 година, во просториите на Интенационалниот конвенциски и изложбен центар (ICEC) – Lütfi Kırdar, во Истанбул, Р. Турција. Главна тема на овогодинешниот Бизнис форум е: „Финансирање на африкански инвестициски проекти: инфраструктура, транспорт и енергија”. Форумот претставува уникатна платформа за претставници од високо ниво, носители на одлуки, бизнис организации, бизнис асоцијации и други учесници од Африка,Турција и од Македонија, коишто ќе имаат можност да дискутираат за предизвиците и можностите за бизнис вмрежување. Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог, најдоцна до 25 октомври 2016 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 02.11.2016 Семинар Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема: „ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА, ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА’’

Стопанската комора на Македонија на 2.11.2016 година организира еднодневен семинар на тема: „ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА, ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ВНАТРЕШНА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА’’. Предавачи: - Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, - Лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. - М-р Рено Рисковски, - адвокат во Адвокатска канцеларија Рисковски, консултант во областа на концесии, геолошки истражувања и рударство, магистер во областа на стратегиски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси, активен учесник на многубројни семинари и тренинг-обуки од областа на правните науки и човечките ресурси. - Д-р Павлина Стојанова, - вонреден професор на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе и Битола, на прв и втор циклусна студии по предмети од областа на Сметководство и ревизија. Автор и коавтор на повеќе трудови и книги од областа на финансиите, сметководството и ревизијата, со многубројни учества на семинари и научни конференции. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 30.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународен форум „Building Green Connections“

2-3 ноември 2016 година, Копенхаген, Данска

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на деловните средби на Форумот за градежништво „Building Green Connections“, најголем во Европа. На овој форум главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, дизајн, како и влијанието на животната средина врз градбата. „Building Green Connections“ кој по петти пат се одржува во Данска, ги собира на едно место сите иновативни компании и организации кои сакаат да воспостават взаемна комерцијална и технолошка соработка. Досега на овој форум присуствувале повеќе од 350 компании од 16 европски земји кои имаат остварено околу 620 средби. Билатералните средби на учесниците обезбедуваат одлична можност за наоѓање потенцијални партнери за соработка со цел да се откријат нови и иновативни производи и услуги, како и можност за поврзување со нови производители, подизведувачи и тоа: градежни компании, архитекти, изведувачи, дистрибутери, трговци, развојно истражувачки центри и универзитети. Меѓународните деловни средби во рамките на „Building Green Connections“ ќе се одржат на 2-3 ноември 2016 година, во Копенхаген, Данска. Учеството на деловните средби и на Форумот е бесплатно. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/greenconnections2016/contact.

Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


26

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 03.11.2016 Стопанска комора на Македонија

Еднодневен семинар на тема:

ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

Дигитална форензика претставува примена на техники за компјутерска истрага и техничка анализа со цел утврдување на потенцијалните докази. Докази собрани преку форензички методи може да се користат во повеќе видови на истражувања неопходни на реалниот сектор. Семинарот е наменет за раководители и вработени во ИТ-служби, лица одговорни за заштита на работните информации, ИТ-ревизори, програмери и личности задолжени за интерен развој на софтвер, мрежни инженери, службите за финансии, обезбедување, правна служба, извршителите на банкарски и други работи, осигурителните друштва, лицата одговорни за управување со бази на податоци, управување со ИТ-ризици, спроведување контрола на ИТ-стандардите, заштита на системите за плаќања и платежни картички, добавувачите во врска со информациониот систем, како и сите кои сакаат да го надоградат своето знаење. Предавач: Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија. *Напомена: заради практичниот карактер на семинарот, учесниците треба да носат лап-топ компјутер. Краен рок за пријавување: 28.10.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатен еднодневен семинар на тема: МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

03.11.2016 Семинар Хотел „Apollonia hotel“ Гевгелија, Македонија

Тргнувајќи од фактот дека скоро секаде во коморите една од главните цели и активности е и поддршка на алтернативните начини на ефикасно решавање на споровите, како медијацијата, и Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка на тој процес. Практично, поддршката се гледа преку активностите кои досега ги презема Стопанската комора на Македонија за промоција на медијацијата, како и преку формирањето на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата како форма на организирање и работење во рамките на Комората. Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) се формираше на 15.7.2016 година, со основна цел да обезбеди поголема промоција и афирмација на медијацијата. Во неа, освен лиценцирани медијатори согласно Законот за медијација, доброволно учествуваат и членуваат и експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други кои што даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени кон афирмација на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и изнаоѓање прифатливи решенија за споровите на компаниите и продолжување на нивната деловна соработка. ЦЕЛНА ГРУПА: вработени во стопанскиот сектор, во банки, судови, локална самоуправа и осигурителни компании, како и сите останати кои што се заинтересирани да го надградат своето знаење по дадената проблематика. Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 05-06 ноември 2016 година Хотел “Радисон Блу Латвија“, РигаЛатвија

„Бизнис Форум 5. Самит на шефови на влади од земјите од Централна и Источна Европа и Кина“

Стопанската комора на Македонија со особена чест и задоволство ве поканува да бидете дел од овогодинешниот Бизнис Форум и 5. Самит на шефови на влади од земјите од Централна и Источна Европа и Кина, што ќе се одржува во Рига, Латвија во периодот од 5 до 6 ноември 2016 година. Оваа година Латвија е земја домаќин на Меѓународниот бизнис форум со тема “подобрена конекција за заеднички напредок”, во чест на зголемената соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Бизнис Форумот има за цел да покрие широк дијапазон на теми од значење за подобрување на соработката, земајќи ги предвид различните аспекти од начините на комуникација и претприемништвото на 21. век. За време на панел дискусиите водени од експерти во својата област ќе бидат покриени теми од особено значење од областа на транспортот и логистиката, инвестициите и финансирањето, трговијата, туризмот, индустријализацијата и орджливиот развој во рамки на 16+1 иницијативата. Овогодинешниот самит на шефовите на влади на земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и Кина, пред се е во насока да се направи детален преглед на напредокот и резултатите од ЦИЕ-Кина (16 + 1) соработката, откако Кина ја најви сеопфатната иницијатива за соработка со 16 земји од Централна и Источна Европа во 2012 година, како и имплементацијата на краткорочната агендата за соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ според насоките од Суджоу. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Бизнис форумот со пополнување на on-line регистрацијата најдоцна до 24.10.2016 година (понеделник). Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар: ,,УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА”

8 ноември 2016 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Со цел подобрување на вештините на компаниите (концесионери) во писмената комуникација со концедентот и управните органи, изготвување стратегии и решавање на тековни проблеми, Стопанска Комора на Македонија на 8 ноември 2016 година, организира еднодневен семинар на насловната тема. Семинарот ќе помогне концесионерите да се стекнат со знаења и искуства за тоа како да ги менаџираат правилно документите кои се потребни за добивање дозвола за експлоатација, како да ги толкуваат роковите, да се стекнат знаење за правните механизми/лекови за заштита на нивните права, како и кои се условите за одземање на една концесија, а кои се за пренос на концесија. Семинарот е наменет за друштвата кои се учесници во постапка за добивање на концесија за детални геолошки истражувања/експлатација, тековни концесионери, баратели на дозвола за експлоатација и други правни и физички лица заинтересирани во областа на минералните суровини.

Предавачи: - д-р Eјуп Љативи, раководител на Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - м-р Александра Митреска, советник во Секторот за минерални суровини во Министерството за економија. - Рено Рисковски, Адвокат од Скопје, претходно Заменик Раководител на Правната служба во Цементарница Усје АД Скопје и вработен во истата од 20082016, учесник во многубројни постапки поврзани со Законот за минерални суровини. Краен рок за пријавување: 4.11.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 09.11.2016 Бизнис средби Темишвар, Романија

Меѓународни бизнис средби „Innomatch 2016“ 9 ноември 2016 година, Темишвар, Романија

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичкокомуникациските технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Меѓународни бизнис средби „Innomatch 2016“ 9 ноември 2016 година, Темишвар, Романија На 9 ноември 2016 година во Темишвар, Романија, ќе се одржат Конференцијата и Меѓународниот брокерски настан „Innomatch 2016“. Настанот е во организација на Агенцијата за регионален развој на Романија и „Tehimpuls“ - Центар за трансфер на регионални иновации и технологии и има за цел да се промовираат и да се поттикнат сите форми на иновации и создавање на нови врски меѓу менаџерите од регионот и претприемачите и истражувачите од Европа. Меѓународните бизнис средби се организирани под покровителство на Enterprise Europe Network и се однесуваат на бизниси, истражувачи и иноватори од областа на ИКТ, автомобилската индустрија и производството на храна. На настанот може да учествуваат и претставници од други сектори, под услов однапред да се пријават, со цел навреме да се направат потребните аранжмани. Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на настанот: https:// www.b2match.eu/innomatch2016 Регистрацијата е отворена до 8 ноември 2016 година, а билатералните средби можат да се закажуваат од 15 октомври 2016 година. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

9.11.2016 година (среда) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија на 9 ноември 2016 година организира еднодневен семинар на тема: ПРАВНИ ИНСТИТУТИ ОД РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, на којшто со посебно внимание ќе бидат обработени и елементите како: плата, додатоци, надоместоци на плата, годишен одмор, дополнителен одмор, судска одлука за незаконски престанок на работен однос и нејзино извршување, вршење на работи надвор од договорот за вработување и видови договори и права кои можат да произлезат од истите. Целта на семинарот е опсервирање на дел од најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса, во однос на темите кои ги разработува семинарот преку прашања од присутните и посочување на одредени разлики во законските решенија и практичната работа на компанијата кога се работи за права од работен однос на работници од приватниот и државниот сектор. На семинарот ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи. Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.

Предавачи: •Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и •Злате Стојановски, раководител во Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Краен рок за пријавување: 4.11.2016 година. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 15.11.2016 16.11.2016 Семинар сала 1 на 5-ти кат

Семинар: БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ ВО БАНКИТЕ

Повеќе од две третини од компаниите преферираат соработка со банки кои имаат добра репутација за заштита на податоците. Оние банки за кои безбедноста на податоците на клиентите претставува приоритет и кои ги преземаат сите можни мерки за да се осигураат од финансиските измами на интернет се во предност кога е во прашање задржување на постојаните и стекнување на нови клиенти. Раководството на банките е ставено пред сериозен предизвик за безбедноста на информациониот систем од една страна и потребата од воведување на нови услуги од друга страна. Дигиталната трансформација, демографските промени и потребата од користење на услугите од новите генерации на корисници се сериозен предизвик за банката исто така и: Градење на свест од опасност меѓу вработените (и корисниците); Значење на безбедност на информациите; Интеграција на безбедноста на информациите и бизнис потребите; Усогласеност на стандардите со финансиските институции. Семинарот е наменет за: раководни лица и вработени во службите за безбедност на инфорамациониот систем, одговорни лица за заштита на деловни информации, интерни и екстерни ИТ ревизори, лица задолжени за развој на софтвер и апликации, лицата одговорни за системи за плаќање, платежни картички, банкомати, ПОС терминали како и вработени кои се занимаваат со развој на нови услуги засновани на ИТ инфраструктурата, како и сите оние кои имаат потреба од заштита на пристапот и заштита на самите информации заради високиот степен на одговорност и ризик во банкарскиот сектор. Клучни прашања на кои треба да обрне внимание се: Кои информации се важни? Каде се наоѓаат? Кој има пристап до нив?


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Како им се пристапува? Какви каналите и уреди? Која е насоката на информациите? Како да се открие дали е во тек закана за безбедноста на информациите во банката? Како да се припремите за одговор од сериозна закана и инцидент во ICT системот? Корисникот има право да побара од банката список на безбедносните мерки кој е должен да ги примени за остварување на правата кои произлегуваат од договорот, вклучувајќи ги и услугите на e-banking и m-banking.

Предавачи:

· Доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Основач на Агенцијата за безбедност на податоци – SECIT security consulting, каде е извршен директор. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови објавени во меѓународни и домашни списанија; · Лука Милинковиќ, ИТ-ревизор во Комерцијална банка АД – Србија, каде имплементира безбедносна контрола и процени на ризикот на ИТ-системите на банките. Со информациона безбедност и едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, каде моментално е на докторски студии. Има работено на развој и имплементирање на безбедносни методи, мрежни технологии и алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и меѓународни научни конференции, а член е на ИТ-списанието „PC Press“. Тој исто така е сертифициран внатрешен ревизор за ISO/IEC 27001 и ISО 31000 управување со ризик.

Рок за пријавување: 3 ноември 2016 година.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17-19 ноември 2016 година Хотел „Queen’s Astoria Design ****” Белград, Р. Србија

Советување на тема: ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ОД СТРЕС ДО ЛИДЕРСТВО

Стопанската комора на Македонија, од 17-19 ноември 2016 година Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ - ОД СТРЕС ДО ЛИДЕРСТВО, што ќе се одржи во хотел „Queen’s Astoria Design ****” Белград, Р. Србија, каде ќе имате можност да го следите предавањето кое е всушност работилница исполнета со интерактивни вежби да научите како да ги унапредите своите комуникациски вештини како на деловен план, така и на приватен план, да разберете која е разликата помеѓу лидерство и управување; правилно да оцените во кои ситуации да се водите по разум, а кога по емоции; како да стекнете вистински авторитет; зашто постојат „работни маски“; како во деловната комуникација да се научите „читање меѓу редови“; начини за унапредување на личните и тимските вештини и останати техники кои ќе Ви помогнат полесно да се реализирате на деловен план. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес; менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други. * Рок за пријавување: 4 ноември 2016 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународна конференција „BUILD AND CONNECT 2016“

22-23 ноември 2016 година, Стразбур, Франција

Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да учествувате на меѓународната конференција за градежништво „Build and Connect 2016“ најголема во Европа. „Build and Connect 2016“ конференцијата е дел од програмата за соработка меѓу кластерите од регионот на Горна Рајна. Целокупната организација е на пет големи професионални мрежи, на германски, француски и швајцарски мрежи, кои со своите вештини и експертиза учествувале на повеќе од 400 градежни трговски асоцијаци и центри за обука. На оваа конференција главен акцент ќе се даде на зелените градби: одржливи градби, нови економски модели за реновирње, дизајн, промоција на енергетско ефикасни објекти како и влијанието на животната средина врз градбата. Регистрацијата за учеството на деловните средби на конференцијата се наплака по учесник, ве молиме внесете го дополнителниот промотивен код EEN06E при регистрацијата. Регистрацијата за учеството на деловните средби на конференцијата пред 10 ноември 2016 година изнесува € 85 без ДДВ, а после 10 ноември € 100 без ДДВ. Превозот и сместувањето се на товар на учесниците. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: https://www.b2match.eu/ buildandconnect2016?locale=en.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Тренинг обука 24.11.2016 16.12.2016 Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Тренинг-програма во соработка со Институтот за промо

ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛ

По успешно завршената прва тренинг-програма, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Институтот за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI, организира втора Тренинг-програма на тема: ЕФЕКТИВНА ПРОДАЖБА КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА. Оваа обука се спроведува согласно меѓународно призната методологија којашто ја користат голем број врвни компании. Со цел постигнување максимални резултати во текот на Тренинг-програмата, методологијата се заснова на индивидуален пристап со фокус на практичниот аспект. Програмата се состои од 9 дена (3 поединечни модули, секој во времетраење од 3 дена) по коишто следува тестирање. Учесниците кои успешно го поминале тестот и кои оствариле 75% редовност на предавањата, ќе се стекнат со меѓународно признат WIFI сертификат и ќе добијат право да учествуваат на деловните средби во Виена организирани од Австриската федерална комора. Водени од мотото на „доживотно учење“, целта на WIFI е да им овозможи на индивидуите кои се ориентирани кон успех и подобри перформанси можности за одржливо и глобално знаење кое е потребно за да се исполнат идните општествени и економски предизвици. Програмата е наменета за: менаџери, сопственици на компании, шефови на оддели и организациони единици, , водачи на тимови, експерти и други лица на раководни позиции.

Цели на програмата: * надградување на личните вештини, know-how за основање и развој на бизнис со високо ниво на квалитет; * можност за вмрежување со претприемачи и менаџери од австриски компании; * искуство од странски експерти; * можност за соработка со австриски компании; * меѓународно признат WIFI сертификат.


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

оција на економскиот развој на Австриската федерална комора – WIFI

ЛТАТ НА УСПЕШНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА ПРОГРАМА: Модул 1: Ефективна продажба и развој на продажни вештини Период на одржување: 24-26 ноември 2016 година. Предавач: д-р Виктор Дедиќ, сертифициран WIFI-тренер, консултант и обучувач со повеќе од 20 години домашно и интернационално работно искуство во Албанија, Ерменија, Бугарија, Романија, Србија, Македонија, Косово, Литванија, Латвија, Словенија, Молдавија, Русија, Турција, Украина и други земји од Источна Европа. Екпертиза во повеќе области: CRM, меѓународен маркетинг, организирање, управување со човечки ресурси, менаџмент, управување со време, стратешко планирање и оценување во земјите од Југоисточна и Источна Европа. Работен јазик на обуката: англиски јазик. Модул 2: Комуникациски вештини и техники за преговарање Период на одржување: 1-3 декември 2016 година. Предавач: Младен Јовановиќ, сертифициран WIFI-тренер, консултант и обучувач со долгогодишно интернационално искуство. Од 1997 година учествувал во иницирање и развој на многу иницијативи, како National Coalition for Decentralization, Nis Investment Forum (200809), BCIF (TRAG Foundation), Protecta, Proactive, Training Within Industry training program in companies on Balkans, како и во создавањето на првата мрежа на обучувачи и консултанти за непрофитни организации во Србија. Работен јазик на обуката: српски јазик. Модул 3: Управување со односи со клиенти и деловна комуникација Период на одржување: 14-16 декември 2016 година. Предавач: Александра Веселиновиќ, сертифициран WIFI-тренер, со повеќе од 15 години работно искуство на високи менаџерски позиции во менаџирање со човечки ресурси во прекугранични програми во Западен Балкан, Централна и Источна Европа и на Блискиот Исток; експертиза во повеќе области: развој на човечки ресурси во сите фази, проектен менаџмент, бизнис комуникации, управување со конфликти, управување со време и управување со стрес. Таа е менаџмент консултант во повеќе компании како што се: Gebrüder Weiss Gesellschaft m.b.H., National Chambers of Commerce in Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Leoni Wiring Systems Southeast, Institute for Sustainable Communities Civil Society Forward Program (CSF) и други.

Работен јазик на обуката: српски јазик.


БИЗНИС ИНФО

38

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

29.11.2016

Еднодневна обука на тема: БИЗНИС МОДЕЛ CANVAS – СТРАТЕГИСКА АЛАТКАЗА КРЕИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО БИЗНИС МОДЕЛИ

Во времето во коешто живееме се појавуваат разновидни иновативни бизнис модели. Се формираат целосно нови индустрии, додека други индустрии исчезнуваат. Новите растечки ѕвезди ја предизвикуваат старата гарда која трескавично се бори за реиновирање на застерените бизнис модели. Оттука се поставуваат прашањата: • Како ќе изгледаат одредени бизнис модели после две, пет или десет години од сега? • Дали постојните компании ќе продолжат да постојат помеѓу доминантните играчи во нивните индустрии? • Ќе можат ли овие компании да се соочат со иновираните бизнис модели на нивните главни конкуренти? Бизнис моделот објаснува како една компанија креира, испорачува и добива соодветна вредност (надомест) од потрошувачите за кои е наменета вредноста. Најверојатно, најпопуларната стратегиска алатка за работа со бизнис моделите претставува Business Model Canvas. Овој систематски пристап претставува стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на бизнис модели. Целосно интегрирана и комплементарна алатка на Business Model Canvas претставува Value Proposition Canvas. Ова е стратегиска алатка за дизајнирање, тестирање, креирање и менаџирање на производи и услуги. Овие две алатки ги прават вредноста за потрошувачите и бизнис моделот кој ја испорачува вредноста целосно видливи и опипливи, едноставни за анализирање, дискутирање и нивно менаџирање. Предавач: Д-р Стојан Дебарлиев - вонреден професор на Катедрата за менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Магистрирал и докторирал во областа на бизнис и стратегиското планирање. Неговиот едукативен и истражувачки интерес е во областа на бизнис планирањето, стратегиите и бизнис моделите, претприемништвото и меѓународниот менаџмент. Тој е автор на универзитетски учебници, како и повеќе научни и стручни трудови. Има одржано бројни предавања на летни школи, работилници, семинари и други видови на научни и професионални собири.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Меѓународни бизнис средби

„LOVEAT 2016“

02.12.2016 - 03.12.2016 Бизнис средби Венеција, Италија

Настанот е инициран од страна на Здружението на Стопанската комора на регионот Венето - Eurosportello и има за цел да им помогне на компаниите да најдат нови можности за бизнис во следните области: • производство на храна и пијалаци; • иновативни технологии и машини за производство на храна и пијалаци; • туризмот и производството на храна и пијалаци. „LOVEAT 2016“ е првиот меѓународен саем за храна и пијалаци, што ќе се одржи во Венеција, во просториите на „Expo Aquae Venice Pavillon”. Предности и услуги за вашата компанија: • 2 дена деловни состаноци; • оптимално учество на настанот, што се должи на можноста состаноците да се организираат однапред; • застапеност на голем број сектори и земји; • контакт на изложувачите со посетителите на саемот; • стручна помош и совети од страна на персоналот пред, за време и по настанот; • бесплатен влез и билет за саемот; • организирање сместување за излагачите (ве молиме, контактирајте со главниот организатор за надоместоци). Учеството на настанот е бесплатно. Ве молиме, имајте предвид дека глоба во износ од 100 € ќе се фактурира со цел да се задржи квалитетот на настанот во случај компаниите да го откажале учеството 5 дена пред настанот или доколку не се претстават во текот на деловните состаноци. За повеќе информации во врска со официјалните состаноци, ве молиме погледнете го официјалниот сајт: http://www.een-matchmaking.com/loveat2016 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Париз, Франција, од 6-9 декември 2016

Меѓународен брокерски настан „MIDEST 2016“

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве покануваат да учествувате на Меѓународниот брокерски настан „MIDEST 2016“, што ќе се одржи на Саемот во Париз, Франција, од 6-9 декември 2016 година. Билатералните средби се поддржани од Enterprise Europe Network и од многу други професионални организации во светот, со цел да се олесни и дополнително да зајакне развојот на билатералната трговија меѓу заедниците и склучување договори во Европа и пошироко. Саемот „MIDEST“ е познат како еден од најважните клучни платформи во светот за компаниите на меѓународно ниво, на којшто учествуваат повеќе од 1.600 изложувачи,со над 41.000 посетители - професионалци од 78 различни земји во светот. На билатералните средби во „MIDEST“ од 2011 година до денес имало: 723 компании од 28 земји; 5.400 деловни средби; повеќе од 50 партнери организации кои се вклучени. Услови за учество: За изложувачите: 95,00 евра (нето цена), вториот учесник плаќа 50,00 евра. За посетителите: специјална цена за партнери на ЕЕН: 125,00 евра (нето цена), за вториот учесник 75,00 евра. Настанот matchmaking оваа година ќе се прошири и на „Конвергенција за индустрија на иднината”, главниот тематски настан под покровителство на Франсоа Оланд, претседател на Република Франција, која ќе се одржи во рамките на„MIDEST 2016“. Настанот ќе собере организации и компании кои напредуваат кон големи промени во моментов. Германија ќе биде почесен гостин во рамките на овој настан оваа година. Посетете ја веб-страната: www.een-matchmaking.com/midest2016

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


петок, 28 октомври 2016, Бр. 281

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата

2-4 април 2017 година Дубаи, Обединети Арапски Емирати

Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Annual Investment Meeting“, ве поканува да бидете дел од Годишниот инвестициски собир на тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата. Манифестација ќе се одржи во периодот од 2-4 април 2017 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Годишниот инвестициски собир е еден од најочекуваните настани кој на едно место ги поврзува инвеститорите, експертите и практичарите од целиот свет. Фокусот на конференцијата е промените кои настанале во периодот од една година и новите форми на инвестирање кои се на располагање. На настанот во Дубаи фокусот ќе биде на новите политики кои ќе бидат имплементирани. Воедно, ова е погодно место за истражување на нова законска регулатива којашто ќе помогне да се стимулира локалната економија преку нови можности за инвестирање. Дополнително, настанот претставува можност да се погледнат најдобрите практики во индустријата и некои од иновациите кои се на повидок. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании коишто сакаат да учествуваат на настанот да се пријават со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 26 март 2017 година. Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.