Бизнис ИНФО, број 378

Page 1

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

Број 378 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 28.12.2018

СОРАБОТКА МЕЃУ ЕТАБЛИРАНИТЕ И СТАРТАП КОМПАНИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

СОРАБОТКА МЕЃУ ЕТАБЛИРАНИТЕ И СТАРТАП КОМПАНИИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНОВАЦИИТЕ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА

Зајакнувањето на соработката помеѓу големите, етаблирани компании и на стартап компаниите кои сега започнуваат со деловни активности, може да донесе заемни придобивки, забрзан раст и зголемена конкурентност во македонската економија, истакнаа д-р Татјана Штерјова од Стопанската комора на Македонија и Игор Маџов од „Стартап Македонија“, на денешната прес-конференција во Комората (24.12.2018 година). Во таа насока, Стопанската комора на Македонија, како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во земјата, започнува соработка со стартап заедницата во Македонија, претставена преку Здружението „Стартап Македонија“. Оваа соработка треба да придонесе за да се иницира потенцијалот на партнерство меѓу етаблирани


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА компании / стартап компании / млади и иновативни таленти, како и да се иницира корпоративна иновација и дигитална трансформација во Македонија. Во рамките на соработката, планирани се активности за заемно вмрежување на етаблираните компании и стартапите, работилници за размена на знаења и искуства, обуки и тренинзи. Освојувањето на нови пазари, но и задоволувањето на барањата на новите генерации на потрошувачи, кои континуирано се менуваат во согласност со новите трендови, од компаниите бараат постојано да воведуваат нови решенија, односно иновации во однос на производите и услугите кои ги нудат на крајните потрошувачи, но истовремено и во начинот на организација на производствените процеси и дистрибуцијата. Традиционалните етаблирани компании низ Европа и светот, со цел да ја одржат и да ја подобрат својата позиција на пазарот, решението го бараат во изнаоѓање иновативни концепти поврзани со нивните бизнис процеси, производи или услуги, и тоа мора да претставува континуиран процес. На пример, во рамките на САД, дури 88% од компаниите кои се нашле на рангирањето на 500-те најголеми компании на списанието „Fortune“ првиот пат кога било направено ова рангирање, во 1955 година, денес не постојат – тие се банкротирани, преземени, или се` уште постојат, но веќе не се на врвот на листата на најголеми компании. Како што се намалува очекуваниот период на постоење и успешно работење на компаниите, очигледно е дека компаниите мора континуирано да бидат во процес на унапредување, а иновациите мора да бидат составен дел од нивното работење. Проценките на списанието „Форбс“ се дека додека минатиот век просечниот животен век на најуспешните компании изнесувал 67 години, денес тој изнесува 15 години, што го наметнува императивот компаниите постојано да иновираат за да ги побијат овие очекувања. Од друга страна, новооснованите компании на почетокот на своето дејствување се соочуваат со многу предизвици. Тие имаат ниско ниво на продуктивност и ниска конкурентност и мали можности за позначајно позиционирање на надворешниот пазар се` додека не ја зголемат својата продуктивност, односно нивната конкурентност на приближно просечно ниво со компаниите во земјите – извозни дестинации. Статистиките покажуваат дека просечно, на годишно ниво приближни се бројките на основани и згаснати деловни субјекти. Ова е уште повеќе изразено ако се имаат предвид податоците од петгодишен циклус на едно новоосновано претпријатие – според последните расположливи податоци на Државниот завод за статистика, во 2016 година само една третина, или 37,1 % од новосоздадени претпријатија во 2011 година сѐ уште биле активни во 2016 година и само 38,0 % од новосоздадените претпријатија во 2012 година, и овие бројки не се разликуваат многу и од светските трендови.


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Демографијата на претпријатијата во Македонија покажува дека доколку се земе предвид критериумот број на вработени, малите и средните претпријатија учествуваат со 99,7%, а големите компании кои имаат над 250 вработени - само со 0,3%, во структурата на активните деловни субјекти. Но, неспорно е дека македонските претпријатија, без разлика дали станува збор за големи компании, или за микро и мали претпријатија, се карактеризираат со потпросечна, односно ниска профитабилност и продуктивност. Тие имаат стапка на профитабилност од 11,7% за 2016 година и ниска продуктивност од 657.077 денари (10.659 евра) додадена вредност по вработен, наспроти 50.782 евра по вработен кај истите во ЕУ 28. - Ова упатува на заклучокот дека многу поголеми можности за забрзан раст и на големите, етаблирани компании, и на стартап компаниите, кои сега започнуваат со деловни активности, можат да бидат обезбедени единствено преку зајакнување на нивната заемна соработка. Соработката која се воспоставува ќе им помогне на стартапите полесно да го изодат патот од иновации и претприемништво до бизнис, а на етаблираните компании од традиционален до иновативен и технолошки конкурентен бизнис, - посочи д-р Штерјова. Игор Маџов од „Стартап Македонија“ посочи дека додека етаблираните компании се во постојан процес на зголемување на нивната иновативност и конкурентност на домашниот и на светските пазари, технолошките стартапи - флексибилни, креативни и иновативни по природа, имаат потреба да ги тестираат своите решенија во реален контекст, кај потенцијалните клиенти, но и да обезбедат предуслови овие компании да растат. - Богатството на знаење, искуството, пристапот до пазари и мрежи кои ги поседуваат етаблираните македонски компании, ќе им помогне на младите претприемачи од иновативни идеи да создадат успешни бизниси. Од друга страна, креативноста, технолошката супериорност и ориентираноста кон иднината кои ги поседуваат стартапите ќе им помогне на искусните компании дигитално да ги трансформираат и да ги иновираат своите бизниси, производи или услуги, да се модернизираат и да станат уште попрофитабилни и поконкурентни на странските пазари, - посочи Маџов. д-р Татјана Штерјова


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС ЗА 2019 ГОДИНА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА (МЕА) Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на 24.12.2018 година, го разгледуваше Енергетскиот биланс за 2019 година. Енергетскиот биланс на Република Македонија за 2019 година е изработен во согласност со Законот за енергетика и со Правилникот за енергетски биланси и енергетска статистика и претставува индикативен плански документ каде се прикажуваат потребите од вкупните количества на енергија и од одделни видови енергија во државата и можностите за нивно обезбедување со производство од домашните капацитети и од увоз. Во 2019 година се предвидува дека потрошувачката на финална енергија ќе изнесува 2007,5 ktoe, што претставува зголемување за 0,7 % во однос на потрошувачката на финална енергија во 2018 година. Во поглед на потрошувачката на енергенти, нафтените продукти остануваат со најголемо учество од 50,4 % (1011,4 ktoe), електричната енергија со 27,5 % (552,5 ktoe), биомасата со 11,4 % (206,4 ktoe) и јаглените со 6,1 % (120,8 ktoe). Сообраќајот го има приматот на секторот со најголема потрошувачка. Неговата потрошувачка во 2019 година се предвидува да биде 750,4 ktoe што е 37 % од вкупната потрошувачка на финална енергија, а по него следуваат секторот домаќинство со 526,8 ktoe (26%), секторот индустрија со 422 ktoe (21%), комерцијалниот и услужниот сектор со 231 ktoe (12%), земјоделството со 22,2 ktoe (1%) и неенергетските потреби со 55,1 ktoe (3%). Предвидените потреби од енергија за 2019 година се проектирани на 2653 ktoe што е зголемување за 2% во однос на 2018 година. Во 2019 година се предвидува нафтените продукти да учествуваат со 37 % (1027,1 ktoe), а јаглените 32 % (871,9 ktoe). Исто така, се предвидува, биомасата да учествува со 8 % (220,6 ktoe), природниот гас со 8 % (210,3 ktoe), хидроенергијата 5 % (144,1 ktoe), а ветерната (8.2 ktoe), геотермалната (5,9 ktoe), биогасот (4,5 ktoe) и соларната енергија (2.1 ktoe) со нешто над 0% учество. Нето увозот во 2019 година ќе изнесува 1716,6 ktoe и ќе претставува 65 % од вкупно потребната енергија. Електрична енергија: Производството на електрична енергија на ниво на генератор во Република Македонија во 2019 година се предвидува да биде 5989 GWh што е за 7,1 % повисоко во однос на 2018 година. Природен гас: За 2019 година се предвидени 256233 илјади Nm3 природен гас, од кои 203586 илјади Nm3 е предвидено да бидат потрошени за производство на


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

7

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

електрична и топлинска енергија. За финална потрошувачка се предвидени 51343 илјади Nm3 од кои 43185 илјади Nm3 се за индустријата. Нафтени продукти: Во 2019 година се прогнозира речиси иста потрошувачка на нафтени продукти како и во 2018 година, односно прогнозирано е таа да изнесува 1012,4 ktое. За енергетски трансформации, во термоелектраните на јаглен за потпала и поддршка во просецот на согорување, е предвидено да се употребат 16,4 ktое, додека останатите 996,1 се предвидува да се употребат за финална потрошувачка во секторите. Јаглени: Вкупно 5480 kt од кои 5260 kt лигнит, 100 kt суб-битоминозен јаглен (увозен лигнит со повисока калорична вредност), 3 kt кокс се предвидува да се потрошат во 2019 година. Потрошувачката на јаглен за енергетски трансформации се очекува да биде околу 5278.2 kt, количество што е наменето за производство на електрична енергија. Биомаса: Вкупните потреби од биомаса се предвидува да бидат 1127.9 илјади m3 огревно дрво, 82.8 kt дрвени отпадоци, брикети и пелети и 33.4 илјади m3 дрво од овошни насади или друг вид на растителни отпадоци. Топлина: Во 2019 година предвидено е производство на топлина од 2610 ТЈ. Од овие потреби 18121 ТЈ се предвидени за домаќинствата, 337 ТЈ за комерцијалниот и услужниот сектор, 118 ТЈ за индустријата и 340 ТЈ (13 %) се загуби. Перо Авакумовски


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

ПОТРЕБЕН Е ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ Согласно најавата за седница бр. 78 на Собранието на Р. Македонија, закажана на 28.12.2018 година во 13:00 часот, на која на дневен ред е единствена точката: Дополнет Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (понатаму ЗААВМУ) - II читање, операторите на јавни комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси (понатаму: оператори), на 27.12.2018 година, одржаа состанок на покана на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија, на која беа присутни претставниците на сите оператори. На состанокот се разгледа предлогот на ЗААВМУ согласно последните достапни информации за материјалите достапни на веб-страната на Собранието на РМ, со посебен осврт на измените на член 143, став 3 и 4, како и член 47, со коишто се предлагаат преодни и завршни одредби во однос на примената на член 143. Во дискусијата во која учествуваа претставниците на операторите се донесоа следните Заклучоци: 1. Со предложените одредби се предвидува воведување одговорност на страна на операторите за реемитувани програми која е без преседан и која е целосно спротивна на суштината на дефиницијата на поимот - реемитување утврдена со Закон, во услови кога операторите ниту имаат уредувачка одговорност ниту контрола врз реемитуваните програми која во целост припаѓа на страна на радиодифузерите. 2. Предложените одредби воведуваат целосна дискриминација на странските радиодифузери наспроти домашните радиодифузери по однос на обврските кои тие треба да ги исполнат за да може да бидат реемитувани на територијата на РМ, со што практично ќе се стави ненадминлива пречка за реемитување на странски ТВ-програми, а се спротивни на ЕУ Директивата за реемитување и Директивата за телевизија без граници. 3. Доколку се усвојат предложените измени, операторите ќе бидат доведени до ситуација да не можат да реемитуваат странски ТВ-програми, што ќе резултира со катастрофално назадување на изборот на претплатниците за следење на програмски содржини, поради фактот што најмалку 5/6 од постојните програмски пакети содржат


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

9

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

странски ТВ-програми. Ова би придонело за сведување на достапните програмските пакети само на локални содржини, односно тотален „медиумски мрак“. 4. Со овие одредби се прекршуваат сите основни принципи на радиодифузната дејност и медиумската политика утврдени од страна на ЕУ и на постојните законски решенија по однос на слобода на изразување и телевизии без граници. 5. Членот 47 е потполно нејасен и доведува до сериозна правна несигурност во работењето на операторите. 6. Од погоре наведените факти и аргументи, сите оператори се согласни и предлагаат бришење на овие одредби од страна на предлагачот. За Заклучоците на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на Македонија соодветно ќе се информираат претставниците на Делегацијата на ЕУ во РМ, Делегацијата на ОБСЕ и релевантните амбасади во РМ (засегнати од примената на ваквиот Предлог-закон). Доколку дојде до изгласување на овие предложени законски решенија во Собранието на Република Македонија, операторите ќе бидат приморани согласно законските норми да ги исклучат странските програмски сервиси/канали кои ги реемитуваат и тоа исклучување ќе трае се` додека не се променат спорните законски одредби. Лазо Ангелевски


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

НЕДОСТИГОТ ОД СТРУЧЕН КВАЛИФИКУВАН КАДАР И ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА ТЕМА НА СЕДНИЦАТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО Актуелните состојби во стопанството на регионално ниво, проблемите со кои се соочува бизнис секторот и перспективите на локалната економија беа предмет на дискусија на седницата на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, која се одржа, во проширен состав (25.12.2018 година). Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево, Игор Соколески, ги истакна и проблемите од недостиг на квалификуван стручен кадар, надополнети со процесот на брза миграција на населението од регионот. Во таа насока, од исклучително значење за компаниите во Кичево и општините кои припаѓаат на тој регион е на краток рок недостигот да се надомести со имплементирање на системот на дуално образование. На седницата беше потенцирано дека е потребна поголема институционална поддршка на компаниите од регионот, заокружување на инфраструктурните проекти во делот на патната инфраструктура, а не помалку важна е и можноста да се користат средства од европските програми во насока на подигнување на степенот на конкурентност на производството. На седницата беше презентирана услугата Excellent SME MACEDONIA, што претставува сертификат за деловно работење, кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг „COFACE“ од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија. Компаниите беа информирани дека главна цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигури бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното - нејзиниот бонитет. Основата за сертификацијата е кредитниот извештај и континуираниот мониторинг на „COFACE“ - Хрватска. Истовремено, SafeSigned™ веб-сајт технологијата спречува печатот за квалитет Excellent SME МACEDONIA да биде копиран и користен на кој и да било друг веб-сајт. Бенефити од сертификатот, покрај сопственикот на сертификатот, имаат и клиентите,


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

партнерите и другите посетители на веб-сајтот. Сертификатот за Excellent-SME MACEDONIA се издава, доколку компанијата ги задоволува следниве критериуми: годишен промет од најмалку 25.000 евра и други локални критериуми за класификација на МСП, бројот на вработените да се движи од 1-250 вработени и компанијата да добие оценка за кредитниот рејтинг од „Coface“ - Хрватска од најмалку „6“ за да се квалификува за Excellent-SME сертификат. Дијана Лазороскa Јованоска


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

ПРОМОЦИЈА

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО ОРГАНИТЕ НА УПРАВУВАЊЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Во насока на реализација на програмските цели и задачи на Стопанската комора на Македонија, поефикасно извршување на активностите за унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и поттикнување на конкурентноста кај компаниите членки, Комората го продолжува процесот на континуирано унапредување на своето работење. Во таа насока, во органите на Комората се приклучуваат менаџери и стопанственици кои со своите професионални квалификации, стручноста, деловното искуство и ентузијазам, ќе придонесат за постигнување на овие цели - Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ Банка“ АД - Скопје, како нов потпретседател на Стопанската комора на Македонија, како и Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска Пиварница“, Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кроација осигурување - Друштво за неживотно осигурување“, Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ и Нина Ангеловска, основач и директор на „Групер“, како нови членови на Управниот одбор на Комората. Со нивното именување во органите на Комората, Стопанската комора на Македонија го потврдува своето позиционирање како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во државата, насочена кон процесите на извозната диверзификација, модерната реиндустријализација, дигитална трансформација и унапредување на иновативноста, како процеси кои сметаме дека треба да го поведат економскиот раст на земјава. Одделение за информирање


15

T

O

IS

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

13


14

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

15


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23.01.2019 година (среда) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ - МАРКЕТИНГ СО ДОБРА КАЗУА -

Овој семинар ќе разработи нов модел на синергија на маркетинг комуникациите со општествено одговорните активности кои компанијата ги презема. Забележани се бројни напори на многу македонски компании да се позиционираат како „добри“, но со силно отсуство на постојаност, стратегија и скоро никакво систематско поврзување на општествено одговорните проекти со бизнис моделот и маркетинг стратегијата на компанијата. Корпоративно-општествената одговорност е дисциплина која сè уште нема дефинирана форма и припадност во организациите. Како активност која зазема сè поголема улога, може многу силно да помогне во реализацијата на подобри резултати во смисла на имиџ и репутација, а во некои случаи и подобрување на продажбата доколку стратешки се реализира и во склад со маркетинг активностите. Оттука, се јавува потреба од интегрирање на општествената одговорност во маркетинг комуникацискиот микс и негово надградување во функција на зголемена ефикасност. Овој модел на нов интегриран маркетинг комуникациски микс коресподира со потребите и навиките на современиот купувач, новонастанатите пазарни услови и нови медиуми. Предавач: -д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Рок за пријавување: 18.01.2019 година. Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 25.01.2019 година (петок) 10:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

Дигиталниот маркетинг е од клучно значење за успехот на сите бизниси. Потребата да се биде присутен на дигиталниот пазар секојдневно се зголемува и се` повеќе компании се одлучуваат да ги оптимизираат трошоците преку насочување на своите „офлајн“ маркетинг активности, кон „онлајн“. Секој бизнис има различни потреби и можности за остварување на својот потенцијал на пазарот. Она што е добро за дигиталниот маркетинг е што сите податоци се мерливи и реално го прикажуваат успехот или неуспехот на активностите. Затоа, од особено значење е сите компании кои сакаат да бидат во чекор или пред конкуренцијата, да бидат активни во дигиталниот свет. Во време кога голем дел од популацијата во светот поминува барем по еден час дневно на својот мобилен телефон, компаниите сфаќаат дека дигиталниот маркетинг е многу голем фактор за успех на бизнисот. Предавач: -Теодора Николовска, сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг, маркетинг консултант и тренер. Николовска има седумгодишно работно искуство во областа на маркетингот, од кои веќе две години работи со клиенти од светот. Таа е директор на „Startup Grind“ за Скопје (иницијатива поддржана од Google for Startups). Како консултант, главни области кои ги опфаќа се дигитален маркетинг, маркетинг стратегија, координација на маркетинг процеси и продажба, организациска структура, претприемништво и лидерство.

Контакт лице: Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 24.12.2018 година (понеделник) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Стопанската комора на Македонија, на 24 декември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Исполнување на паричните обврски помеѓу правните субјекти и начини за наплата на побарување“. Правната, но и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Оттука, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: Како настанува исполнување на паричните обврски и кој е најдобриот и најсигурниот начин за наплата на побарувањата помеѓу правните субјекти, и тоа како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти? Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. При тоа, детално ќе бидат објаснети сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски. Предавач: - Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми - Викторија Спасовска, правен консултант и предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право. Контакт: Елизабета АндриевскаКонтакт лице: Анита Митревска Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244088 Тел: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 19-20 февруари 2019 година (вторниксреда) 9:00 -14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

Стратегиското планирање е иницијална фаза во стратегискиот менаџмент, а претставува процес на дефинирање на приоритетните области, цели и активности што организацијата ќе ги реализира во иднина. Иако не може да се даде приоритет на било која од фазите на стратегискиот менаџмент, сепак квалитетниот стратегиски план е повеќе од половина завршена работа. Цел на обуката: Основна цел на обуката е да им помогне на организациите во процесот на стратегиско планирање и изработка на квалитетни стратегиски планови како солидна основа за нивниот развој, а со тоа и исполнување на мисијата за постоење на организацијата. Познавањето на основите за методологијата, формата и содржината на стратегискиот план ќе овозможи ефикасно остварување на целите и активностите предвидени во нив, како и соодветно управување со човечките и финансиските ресурси кои треба да ги поддржат програмите и активностите. Предавач: - проф. д-р Лидија Стефановска е професор во наставната област Стратегиски менаџмент и заменик директор на високата стручна школа „Бизнис академија Смилевски“(БАС) - Скопје, високообразовна установа која нуди студии на прв и втор циклус на студии од областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент. Ангажирана е како самостоен консултант во ДЕТРА Центар каде се стекнува и со експертиза за примена на СКИТОП методологијата, посебно во делот на организациска дијагноза и стратегиско планирање. Контакт лице: Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244088 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 28 Декември 2018, Бр. 378

T

15

20

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk

goodini

192

2-2

018

Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.