Бизнис ИНФО, број 389

Page 1

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

Број 389 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

97 godini

192

2 - 2019

23.03.2018 29.3.2019

ПОТРЕБНО Е ДА СЕ ДОПРЕЦИЗИРААТ ОДРЕДЕНИ РЕШЕНИЈА ПРЕДВИДЕНИ СО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ОСТВАРУВАЊЕ НА НЕГОВАТА ЦЕЛ И ЕФИКАСНА ПРИМЕНА

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ВО ТРСТ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

2

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

3

АРБИТРАЖА

ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО ПРАВО ДО ПОДОБРО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ – ЗАПОЧНА АРБИТРАЖНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОСТОЈАНИОТ ИЗБРАН СУД – АРБИТРАЖА ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Во присуство на голем број претставници на бизнис заедницата, адвокати, арбитри, професори со децениско искуство, домашни и странски експерти од областа на арбитражното право и претставници на државните органи и институциите, во Стопанската комора на Македонија на 28.3.2019 година започна дводневната Меѓународна арбитражна конференција „ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО ПРАВО ДО ПОДОБРО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ“, која Постојаниот избран суд Арбитража при Стопанската комора на Македонија ја организира со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и Амбасадата на Швајцарија. Претседателот на Постојаниот избран суд - Арбитража, д-р Горан Рафајловски, во своето поздравно обраќање пред присутните истакна дека арбитражата со многубројните предности во однос на редовните судови изминатите години се докажа како брз, економичен и ефикасен механизам за решавање на споровите, кој е потребен на бизнис заедницата, додека настаните од ваков карактер се неопходни за компаниите и пошироката јавност да се запознаат со модерните трендови од областа на арбитражното право и перспективите за натамошен развој на арбитражното решавање на споровите во нашата држава.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

АРБИТРАЖА Image with no description-Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија во рамките на своето работење континуирано се залага за афирмирање и развој на арбитражата како алтернативен метод за решавање на споровите во бизнис секторот. Во таа насока, би сакал да се заблагодарам на поддржувачите на Конференцијата – Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) и Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Мaкедонија кои ги препознаа нашите заложби и да Ви се заблагодарам Вам што денес сте присутни во толку голем број со што потврдувате дека тие заложби се оправдани и дека арбитражата веќе има стекнато и ужива углед на правната сцена и во деловното опкружување во Северна Македонија, - заклучи д-р Рафајловски. Поздравно обраќање на Конференцијата имаа и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, како и н.е. Сибил Сутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија.

Д-р Кочо Анѓушев, во своето обраќање посочи дека арбитражата може да се покаже како многу поефикасен механизам за решавање на споровите од редовните судови, при што за пофалба е просечното времетраење на арбитражните постапки по трговските спорови заведени пред Постојаниот избран суд - Арбитража, каде податоците покажуваат дека има постапки кои завршиле во рок од 4 месеци со донесување на правосилна и извршна одлука, што е значително пократок период од постапките пред


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

5

АРБИТРАЖА редовните судови кои траат по неколку години. Со цел натамошен развој на арбитражата во нашата држава, потребно е активно да се дејствува во насока на подигнување на свеста кај деловните субјекти и државните институции за многубројните предности кои ги нуди арбитражата, како и Постојаниот избран суд - Арбитража да продолжи да го развива својот капацитет и углед кој го ужива во деловното опкружување, додека

Владата е подготвена да учествува и да го поддржи тој процес преку договарање на арбитражната клаузула во договорните односи кои се однесуваат на прашања кои се арбитрабилни и може да и` бидат доверени на Арбитражата, - истакна д-р Анѓушев. Н.Е. Сибил Сутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија, говореше за искуствата на Швајцарија во однос на арбитражното решавање на споровите, при што истакна дека арбитражата како ефикасен и ефективен метод за решавање на споровите придонесува за остварување на начелото на владеење на правото и економски развој. Затоа, потребно е да се дејствува во насока на нејзина натамошна промоција и развој, што е токму целта на оваа Конференција, - посочи амбасадорката Техада. Во рамки на денешната програма на Конференцијата предвидени се три панели во кои учество ќе земат 8 говорници од земјата и од странство, кои ќе се осврнат на повеќе актуелни прашања од областа на арбитражното решавање на споровите, регионалните искуства и перспективите за натамошен развој на арбитражата. м-р Нена Николовска Ана Стерјовска


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ НА КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ВО ТРСТ Претседателот на Стопанската комора на Македонија и заменик претседател на Управниот одбор на Коморскиот Инвестициски Форум на Западен Балкан, деновите е во посета на Генералниот секретаријат на Коморскиот Инвестициски Форум во Трст. Пред зградата на Генералниот секретаријат на Коморскиот Инвестициски Форум во центарот на Трст Целта на посетата е разгледување на актуелните проектни активности и институционалниот капацитет на Генералниот секретаријат на Коморскиот Инвестициски Форум во пресрет на Самитот во Познан, Република Полска на кој ќе биде разгледувана работата на КИФ како многу сериозна алатка на Берлинскиот процес. Општ е впечатокот дека институционалниот капацитет е постигнат, канцелариите и во Трст и во Подгорица се оперативни, бројот на вработените е доволен за извршување на планираните активности и преостанува именувањето на експертскиот персонал на шесте комори основачи на Коморскиот Инвестициски Форум кое ќе биде завршено во текот на месец април оваа година. Програмските активности се одвиваат во повеќе насоки. Во тек е иницијативата за формирање на заедничка арбитража за решавање на стопанските спорови за сите шест земји, како и иницијативата за формирање на заедничко кредитно биро како прв чекор во создавањето заеднички институции во интерес на регионот на Западен Балкан. Се разработува и иницијативата за формирање на заедничко Министерство за регионален развој за сите шест земји, со што би се потикнал процесот кон неговата основна цел, а тоа е создавање на единствен регионален економски простор. Активностите врзани за дуалното образование, дигитализацијата и заедничкиот настап на странските пазари продолжува со предвиденото темпо, а следната активност на Коморскиот Инвестициски Форум е врзана за „Дигиталниот Самит“ кој ќе се одржи на 4 и 5 април 2019 година во Белград.


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

7

СОВЕТ НА СТРАНКИ ИНВЕСТИТОРИ

ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ПРОЕКТОТ „ДЕН СО МАКЕДОНСКИТЕ ВОДЕЧКИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ” Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и претседателот на Советот на странски инвеститори во Македонија, г. Штефан Петер, денеска ги доделија сертификатите на учесниците во проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”. Десетте студенти од додипломски и постдипломски студии кои учествуваа во проектот имаа можност непосредно да се запознаат со работниот ден на менаџерите, да навлезат во процесите на водењето на една компанија и да се стекнат со знаења, практични искуства и вештини во насока на развој на нивниот претприемачкиот дух. Македонскиот претседател изрази задоволство од спроведувањето на овој проект, што се реализираше под негово покровителство, а во организација на Советот на странски инвеститори од Стопанската комора на Македонија и посочи дека оваа иницијатива е дел од поголемиот проект „Школа за млади лидери”, која на овој начин се разгранува. Претседателот Иванов на доделувањето на сертификатите истакна дека преку оваа иницијатива, младите на кои им се овозможува да поминат време со извршни директори на успешни компании, имаат можност да видат како се носат одлуки и како се одлучува за крупни прашања во доменот на компаниите, додавајќи дека преку проектот, исто така и странските инвеститори гледаат дека во Македонија има млади и способни луѓе со кои може да соработуваат. Оваа програма се реализираше по втор пат во Република Македонија во периодот од декември 2018 година до март 2019 година, а меѓу успешните менаџери коишто ја спроведуваа обуката беа Штефан Петер од ЕВН Македонија, Ирена Јакимовска од „Комфи ангел”, Волфганг Марингер од „Арчелор митал”, Ајхан Узун, од „Рамстор” и Алпер Ерсој од „ТАВ Македонија”.


БИЗНИС ИНФО

8

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

ПРОЕКТИ

ПРОЕКТОТ „ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ – ТРАИНЕЕ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕНЕРГЕТИКАТА Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на која беше претставен Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење – ТРАИНЕЕ“. Проектните активности ги спроведува Стопанската комора на Македонија, како координатор, во партнерство со: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија. Преку Проектот, ќе се врши обука на стручен и технички кадар за инсталирање фотоволтаици и топлински колектори со цел зголемување на енергетската ефикасност на објектите. Обуките во рамките на Центарот ќе се развијат за сите занимања во градежниот сектор, како и за сите нивоа на квалификации, од работници до инженери, тоа се околу 10 занимања, кои би требало да ги надградат своите знаења за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, особено до делот на искористување на сончевата енергија. Инсталирањето на фотоволтаици и термални колектори на градби и во индустријата е многу важен сегмент со цел да се зголеми енергетската ефикасност на објектите, но притоа мора да се има предвид дека треба да се запазат процедурите за инсталирање на истите и испораката на вишокот на енергија која треба да се врати во енергетскиот систем. Во рамките на Проектот, Здружението на енергетиката при Стопанската комора на Македонија активно ќе учествува во креирањето обуки за работници и инженери за инсталирање фотоволтаици со цел да се обучи кадар кој ќе може да одговори на се` поголемиот интерес за искористување енергија создадена од обновливи извори на енергија. Се очекува голем интерес на фирмите кои работат во областа на обновливи извори, за обуките кои ќе се спроведуваат во рамките на овој проект. Перо Авакумовски


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

9

ПРОЕКТИ

ПРЕДАВАЊЕ НА ПИТЕР РИГИ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВНИТЕ НАЧИНИ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧИТЕ На 27.3.2019 година, во Стопанската комора на Македонија, предавање одржа Питер Риги, глобален директор на Програмата на Центарот за претприемништво и развој на извршни директори (CEED). Настанот беше организиран од страна на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори при Комората. Посетата на предавачот е поддржана од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава. Предавањето беше на тема: „Улогата на креативниот менаџмент и приватните инвестициски фондови во создавање успешен бизнис“. Господинот Риги се фокусираше на фазата кога претприемачот доживува брз раст на бизнисот и треба да направи исчекор кон повисоко ниво на развој. Имајќи го предвид таквиот контекст, тој зборуваше за различните, некласични видови на финансирање што им стојат на располагање на малите и средни компании за финансирање на бизнисот. Господинот Риги се осврна и на значењето на одредени фактори во поставеноста на малите и средни фирми, како подготовка за полесно привлекување капитал од приватни инвестициски фондови. Тој посочи дека за потенцијалниот странски инвеститор кој сака да вложи во некоја фирма многу се важни транспарентноста и начинот на управување на фирмата. Притоа, ја истакна потребата од поставување и соодветно екипирање на средното менаџерско ниво во фирмата.


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

ОФИЦИЈАЛНО ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА КОНКУРЕНТНОСТA НА МСП ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВНАТА КОНКУРЕНТНОСТ НА СТРАНСКИОТ ПАЗАР

На настанот, одржан на 29.3.2019 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, пред претставниците на јавниот и приватниот сектор, бизнис заедницата и странските институции во земјава, се обратија д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Фрик Јанмат, Раководител на Секторот за проекти/операции, од Делегацијата на ЕУ во Скопје, г-ѓа Анка Јоана Јонеску, претставник на ЕБОР во Северна Македонија. - Програмата за поддршка на конкурентноста на македонските компании преку кредити и грантови им помага на малите и средни претпријатија (МСП) за зголемување на конкурентноста и капацитетот во трговијата со клиенти на ЕУ, како и на нивните домашни пазари, преку олеснување на нивните инвестиции за посебни намени, - истакна д-р Кочо Анѓушев. Новата кредитна линија обезбедена од ЕБОР преку партнерските банки, заедно со 15% грант и бесплатна техничка помош финансирана од ЕУ, им помага на МПС да ги идентификуваат нивните инвестициски барања за надградба кон усогласување со приоритетните директиви на ЕУ.


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

11

Фрик Јанмат, раководител на Секторот за проекти/операции од Делегацијата на ЕУ, напомена дека Програмата ги комбинира пристапот до финансии и поддршката со грантови со бесплатна техничка поддршка за зајакнување на знаењата кај МСП. Програмата е развиена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а грантовите и техничката поддршка се финансирани од Европската унија (ЕУ) и од националниот Инструмент за претпристапна помош во Република Северна Македонија. - Директивите на ЕУ можат да изгледаат застрашувачки на прв поглед. Често, некое едноставно решение може да ги исполни барањата, но понекогаш е потребен покомплексен приод. Компонентата за техничка помош на Програмата е посебно дизајнирана за решавање на ова, потенцира Јанмат. Анка Јоана Јонеску, претставникот на ЕБОР во нашата земја, наведе дека освен финансирањето, преку Програмата која располага со фонд од 30 милиони евра во кредити и 4,5 милиони евра во грантови, малите и средните претпријатија можат да имаат корист од пристапот до know-how за зголемување на конкурентноста на домашните и меѓународните пазари. Без разлика дали се врши воведување нов систем за управување со квалитет, се развива маркетинг план за извоз на производи или ги приспособуваат процедурите на работното место на нови стандарди, компаниите можат да спроведат советодавен проект со локални консултанти и меѓународни советници во рамките на Програмата врз основа на поделба на трошоците. За да се поедностави процесот, сите финансиски механизми се канализираат преку партнерските банки, кои добиваат континуирана поддршка од проектните консултанти на Програмата. Засега, во Програмата за поддршка на конкурентностa на МСП се вклучени три локални банки и тоа: Шпаркасе банка - Скопје, Охридска Банка - Сосиете Женерал - Скопје и Комерцијална банка АД - Скопје. Досега 10 македонски компании ги искористиле придобивките преку финансиската поддршка на оваа Програма за зајакнување на нивната конкурентност и извозни перформанси. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

ПРОЕКТИ

ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ДЛАБИНСКИ АНАЛИЗИ ВО КОМПАНИИТЕ ОД МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА - РАБОТЕН СОСТАНОК ВО КОМПАНИЈАТА „БРАТСТВО“ ОД ОХРИД Во рамките на Проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извозно ориентираните МСП“, кој е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој со средства од Светската банка, во тек е одржување на работни состаноци со селектирани компании од металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор. Во рамките на Проектот, реализирана е работна средба со компанијата „Братство“ од Охрид од страна на оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, Анета Трајковска и Дарко Лазаров, професор на Економскиот факултет во Штип. Компанијата „Братство е дел од селектираните компании каде директно ќе се направи длабинска анализа и ќе се идентификуваат технолошките, производните и организациските слабости со цел дизајнирање на план кој ќе биде насочен кон решавање на технолошките капацитети и надградба на истите со цел зголемување на извозната конкурентност. За таа цел, најпрво ќе биде спроведена длабинска анализа во насока на детално скенирање на постојните производни и технолошки процеси со цел детектирање на потребите (производни, техничко-технолошки, организациски, менаџерски, кадровски, еколошки) кои треба да бидат задоволени и мапирање на дополнителните условите кои треба да бидат исполнети во насока на постигнување поголема пазарна, стратешка и трошочна конкурентност. Планот за подобрување ќе биде изготвен во соработка со компаниите врз база на длабински технолошки анализи и економски студии со детално скенирање на производните перформанси, мапирање на технолошките слабости и идентификување на точните потреби за производни, технолошки, менаџерски, кадровски и организациски подобрувања како главен предуслов за зголемување на извозната конкурентност. Реализацијата на длабинската анализа во компанијата„Братство“ од Охрид ќе поттикне инвестициски активности преку набавка на нови машини и опрема, инсталирање на нови производни линии и деловни процеси и организациски подобрувања во насока на зголемување на извозната диверзификација на производите и подобрување на извозната структура преку подобрување на технолошките способности. Јадранка Аризанковска


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

13

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ

КОРИСТИ ЈА ПОВРАТНАТА ИНФОРМАЦИЈА (FEEDBACK) ВО ТВОЈА КОРИСТ Една од главните активности на Клубот на менаџери - претприемачи, покрај организирање едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата Годишна програма за 2019 година и со цел обезбедување сe` поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 21.3.2019 година како седми настан во агендата на Клубот, беше реализирано предавањето на тема: „Користи ја повратната информација (feedback) во твоја корист“, во соработка со предавачот Катерина Ангеловска, која е прв сертифициран тренер на Балканот за принципи за успех по методот на Џек Канфилд (Jack Canfield). Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгите „333 афирмации“ и „Будење на свеста“. Програмата „Успех без граници“, по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Џек Канфилд. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. „Користи ја повратната информација (feedback) во твоја корист“ е една од најефективните алатки која во голема мера го забрзува процесот на постигнување на успехот. Доколку сакаме да бидеме успешни, тоа не можеме да го направиме без повратна информација (feedback). Ваквиот начин на повратна информација (feedback), ни овозможува да увидиме дали сме на вистинскиот пат во остварување на нашите цели и нашата визија. Овој принцип е дизајниран да ни овозможи да ја препознаеме повратната информација (feedback) како корисна, а барањето за повратна информација (feedback) ја ја демонстрира нашата посветеност во остварувањето на целите. Целта е да ја користиме повратната информација (feedback) едноставно како информација, да не се плашиме од истата или пак да ја прифаќаме како навреда или критика .Оваа повратна информација (feedback), како што истакна предавачката Катерина Ангеловска, не е нешто што не го знаеме, туку, напротив, треба ја користиме во нашето секојдневие. Преку својата презентација Катерина Ангеловска на многу интересен и сликовит начин успеа на сите присутни да им го приближи патот како да ја искористиме повратната информација (feedback) во своја корист или за подобрување на нашето секојдневно работење. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО

14

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

ПОРАКИ

ИНФРАСТРУКТУРАТА И РАБОТНАТА СИЛА ПРИОРИТЕТНИ ЗА РЕШАВАЊЕ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН – ПОРАКА ОД БИЗНИС СЕКТОРОТ ДО ВЛАДАТА Бизнисмените од Пелагонискиот регион на работна средба со највисокиот владин тим во Прилеп ги испорачаа клучните економски проблеми кои се дефинирани како кочница за нивниот среднорочен и долгорочен развој. Стопанствениците членки на регионалните комори со седиште во Прилеп и во Битола при Стопанска комора на Македонија се сретнаа со премиерот, со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и со министерот за транспорт и врски и во директна комуникација ги презентираа за нив приоритетните прашања. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска, како домаќин на состанокот, потенцираше дека за бизнис секторот најинтервентно е потребно решавање на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион, од која во еден значаен дел зависат и понатамошните вложувања во регионот со цел негов економски развој. Од исклучително значење е изградба на експресниот пат Градско - Прилеп - Меџитлија, автопат на релација Битола - Прилеп, соодветно решавање на патниот правец Битола - Охрид. Но се бара изградба и на експресниот пат Битола – Прилеп - Велес за што, како што велат, проекциите се дека ќе се скрати патувањето за најмалку 30 километри на оваа релација. Втор значаен проблем кој мора да се реши е преземање активности во рамки на образовната политика за постепено решавање на се` поголемиот недостаток на квалификувана работна сила, со акцент на функционирање на дуалното образование во средните стручни училишта и блиска соработка со компаниите при негова реализација, со можност за воведување и стипендирање за потребните кадри. Третиот клучен проблем, како што посочи претседателката Јакимовска, е изработка на оперативна програма (поддржана со стратешко планирање), преку која ќе се обезбеди потенцијална работна сила во земјата со либерализирање на дозволите за увоз. Согласно нејзиното укажување, од исклучително значење за овој регион е дефинирање на конкретен план како овие три клучни проблеми и во кој временски рок ќе бидат реализирани, со цел бизнис секторот да може да прави реални планирања за своето работење. Нема план за развој на државата без план за развој на компаниите, а тие пак се соочуваат со многу сериозен проблем - недостигот на работна сила поради што не може да го планираат својот развој, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со стопанствениците. Поддржувајќи ги барањата на бизнис секторот, премиерот констатираше дека намерата на Владата е преку соодветни политики да обезбеди амбиент за бизнис секторот да може да инвестира, да вложува и да креира раст и продуктивност во своето работење. При тоа, тој изрази уверување дека со отворање на поглавјата со Европската унија за влез на земјата во ЕУ-семејството, најголем број од средствата ќе бидат насочени кон поддршка на бизнис


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

15

ПОРАКИ секторот, а за тоа реално да биде искористено, потребно е компаниите да работат на својата иновативност, подигнување на степенот на конкурентност, за се` заедно да доведе до поголема продуктивност на производните процеси. Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори во Владата, д-р Кочо Анѓушев, сослушувајќи ги барањата на стопанството од Пелагонискиот регион, посочи дека проблемот од недостиг на работна сила e констатиран и од владиниот тим како едно од најсериозните прашања кое има потреба од итни мерки. За таа цел, Владата преку Агенцијата за вработување има обезбедено за оваа година 20 милиони евра средства коишто компаниите може да ги користат за преквалификација и доквалификација на потребниот кадар во своите фирми. Не помалку важно е и воведувањето на дуалното образование како успешен модел на образование во неколку развиени европски земји вклучително и Германија, за што заменик-претседателот на Владата истакна дека е систем кој бара одреден временски период за да се реализира. Во таа насока, ефектите кои би ги дал овој систем не може да се видливи веднаш, но на одреден среден рок ќе бидат успешен модел. Оттука, Владата веќе разгледува опции како дуалниот образовен систем да го имплементира во домашното стручно техничко образование, за што се користат и искуствата на Германија, Австрија, Швајцарија, а ќе има потреба за соработка и законско усогласување со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика. За инфраструктурните проблеми и барања на бизнисот, министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, пред стопанственици кои во огромен број беа присутни на состанокот, информираше дека согласно владиниот план во следните две години ќе се работи на еден автопат, неколку експресни и повеќе локални патишта во Пелагонискиот регион. Ќе се реализира автопатското решение меѓу Прилеп и Битола, експресниот пат на потегот Градско - Прилеп и Битола - Меџитлија, ќе се реконструираат веќе постојниот правец Прилеп Тополчани и повеќе локални патишта меѓу населените места. Сугарески информираше и за инвестицијата на гасификацијата во регионот, како и за железничкото поврзување во насока на подигнување на инфраструктурниот капацитет на регионот со цел бизнис секторот да обезбеди поголема конкурентност на своето производство. Претседателот на Регионалната Комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, како претставник на бизнис секторот од Пелагонискиот регион кој е еден од трите најзначајни плански региони во земјата со Скопскиот и Југоисточниот по учеството во креирање на националниот бруто домашен производ, истакна дека инфраструктурните проекти се основата за генерирањето на економскиот раст во регионот и со тоа ја посочи потребата за нивно што побрзо реализирање. м-р Никола Димковски Горан Попоски


16

БИЗНИС ИНФО

ОБЈАВЕНИ НОВИ ПРОПИСИ

Петок, 29 март 2019, Бр. 389


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

17

НОВИ ПРОПИСИ

ЗАКОНИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА ЗАКОНИ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ 25.03.2019 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ Со важечкиот Закон за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија“бр. 38/2004, 77/2007, 103/2008, 24/2011, 164/2013, 97/2015, 152/2015 и 140/2018) се уредуваат правата и обврските на потрошувачите. ... 25.03.2019 ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ , ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Целта на донесувањето на Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции е да се надминат констатираните недоречености и да се овозможи ефикасно спроведување на Законот. Осно ... 26.03.2019 ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ, ВИДОВИТЕ МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ТРАНСАКЦИЈАТА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРИНЦИПОТ НА „ДОФАТ НА РАКА“ И НАЧИНОТ НА НИВНА ПРИМЕНА Донесен подзаконски акт на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РСМ“ бр. 59 од 20 март 2019 година):Врз основа на член 12-а став (3) од Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“ ... 29.03.2019 Донесен подзаконски акт на Законот за домување („Службен весник на РСМ“ бр. 63 од 27 март 2019 година): Врз основа на член 10 став (14) од Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18), министерот за транспорт и врск ... 29.03.2019 Донесен подзаконски акт на Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 63 од 27 март 2019 година): Врз основа на член 18 став (14) од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), министерот за транспорт и врски, донес ... Контакт лице: Љупка И.Самарџиска Телефон: ++ 389 2 3244018 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: ljupka@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


18

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 29 март 2019, Бр. 389

СТОПАНСКА КОМО

Osnovan

ECONOMIC CHAM

Founded


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 29 март 2019, Бр. 389

bsi.

ISO 9001

Quality Management

ОРА НА МАКЕДОНИЈА

na 1922

FS 549642

MBER OF MACEDONIA

d 1922

19


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ај ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

ар Н

20

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

21

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапува на сила новиот Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 10 април 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки. Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение. Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ. Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Анита Митревска Телефон: ++ 389 2 3244057 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: anita@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


БИЗНИС ИНФО

22

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

11 април 2019 година, Диселдорф, СР Германија

Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Германија (Северна Рајна Вестфалија во западна Германија), преку Европската мрежа на претприемачи ЕЕН, ве покануваат да учествувате на Mеѓународните деловни средби на стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Германија „Startup-Woche“, што ќе се одржат на 11 април 2019 година во Диселдорф, СР Германија. Пазарите на Источна Европа се развиваат брзо и се сметаат за најбрзо растечки економии во Европа. Овие економии дефинитивно имаат што да понудат, но и да научат од високо развиените европски земји преку техники и начини за водење бизнис, деловни стилови за преговорање и договарање, трансфер на технологии и знаење. Ниските трошоци на работна сила, човечките ресурси со добри квалификации, географската близина, се битни фактори што земјите од Источна Европа можат да ги понудат на западноевропските развиени земји. На настанот ќе присуствуваат голем број источноевропски стартап компании, мали и средни компании кои ќе ги споделат своите бизнис планови, идеи, можности и проекти. Тие ќе работат во групи со ментори за да најдат соодветни решенија за одредени прашања, кои потоа ќе бидат презентирани пред посетителите. Ова ќе биде проследено со неформални деловни средби, кои ќе бидат почеток за воспоставување нови партнерства. Учесниците на овие деловни средби ќе имаат можност да се запознаат со најновите трендови во повеќе области: енергија, мобилност, здравје и паметни градови. Исто така, на присутните ќе им бидат понудени голем број различни настани во периодот од 5-12 април 2019 година преку работилници, разговори и семинари. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, ве молиме, испратете електронска порака, со профил на вашата компанија на англиски јазик, на следнава е-адреса: gregor.stolarczyk@nrw-international.de, најдоцна до 28.02.2019 година. Краен рок за избор и потврда за учество е 8.3.2019 година.


Петок, 29 март 2019, Бр. 389

БИЗНИС ИНФО

23

СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Април-мај 2019 година

ВЕШТИНИ ВО ФИНАНСИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Согласно верифицираната Програма на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение УП1 бр.10-10 од 7.8.2017 година, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обука од Охрид, го организираат специјалистичкиот курс: „Вештини во финансиското работење“. По успешното завршување на програмата и позитивната оценка, учесникот добива сертификат за стекнати вештини во финансиското работење кој е признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија. Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење и вештини потребни за работа во финансискиот сектор и општото благајничко работење. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со финансиското работење, а кои се од особена важност за непречено функционирање и работење на сметководствено-финансискиот сектор. Според наставниот план, обуката трае 70 училишни часа, од кои 30% од наставата е теорија и 70% практична настава. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со правилна имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција, како и стекнување на практично знаење за правилна имплементација на одредбите од поврзаните закони и подзаконски акти. Курсот може да го посетуваат лица вработени во секторите финансии, сметководство, благајна, како и сите други заинтересирани лица, со основни познавања од сметководствено-финансиска област или без работно искуство кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат кој е валоризиран и препознатлив на пазарот на труд.. Елизабета Андриевска-Ефтимова Телефон: ++ 389 2 3244074 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Beti@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015

Михајло Донев Телефон: ++ 389 2 3244056 Факс: ++ 389 2 3244088 Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk Контакт центар: (02) 15015


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 24.05.2019 Малешевска аронија Потекло на понудата: Турција Валидност на понудата: 18.07.2019 Декоративни и структурни бои за слики од марката АРТЕГО ЕКСЕЛАНС Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 - Заеднички инвестициски проект на локалната самоуправа на Керзон и ЈП „Компанијата Мастер Фиш“ Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Кондиторски производи „СВИТ АРТЕ“ (шеќерни колачи и бисквити од путер) Потекло на понудата: Украина Валидност на понудата: 15.07.2019 Производител на метални мрежи Контакт: Белинда Миновска и огради

Тел: +389 2 3244-036 belinda@mchamber.mk

Потекло на понудата: Македонија Валидност на понудата: 23.10.2019 Компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.


T

O

15

БИЗНИС ИНФО

IS

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

9001:20

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

D CE ON IA

M

A

Founded 1922

Excellent

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Веб-сертификат EXCELLENT SME Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје Република Македонија

Контакт: Валентина Цветковска T: (02) 3244063, (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

25


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА IS

O

Петок, 29 март 2019, Бр. 389

T

15

26

9001:20

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

97 godini 1

922 - 2019

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.