Бизнис ИНФО, број 359

Page 1

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

Број 359 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 29.06.2018

ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЧЛЕНКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ГУВЕРНЕРКАТА НА НБРМ ПОГОЛЕМАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ УЧЕСТВОТО НА ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

3

СВЕТСКИ ПИКНИК

ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го организираа 3-от по ред хуманитарен светски гурмански пикник со авентични гурмански специјалитети од различни земји, промовирајќи ја културата и традицијата на своите компании членки преку автентични кујни. Во Советот на странските инветитори при Комората се присутни компании од Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Франција, Холандија, Хрватска, САД, Словенија, Кина, Турција, Швајцарија и др. земји од светот.

Ова е трет пат како Советот на странски инвеститори им оддава почит на странските инвеститори со Светскиот пикник. Странските инвеститори во Македонија директно вработуваат околу 50 илјади работници во своите компании. Тие не само што нудат работни места, туку исто така нудат и обуки и квалификации за своите вработени, при што користиме најсовремените методи и проекти. Ние не само што ја менуваме работната култура во Македонија, туку со овој настан би сакале да ја доближиме и културата на земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори до македонските граѓани - изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СВЕТСКИ ПИКНИК Особено сме горди што странските инвестиции во изминатите години постојано растат. Во првиот квартал од 2018 година, има раст на обемот на странски инвестиции за 3,3% повеќе споредено со цела 2017 година, што е добар показател за враќање на довербата во институциите, констатираше в.д оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија м-р Анета Трајковска. Големиот хуманитарен гурмански пикник во Градскиот парк во Скопје, понуди содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца. Македонските граѓани и претставниците на бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со различните вкусови на интернационалните кујни и да уживаат во музиката на годинешните македонски претставници на Евровизија – музичката група Ај кју, беа дел и од хуманата намера на настанот бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, а собраните парични средства ќе бидат донирани на народната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ и на Хуманитарното здружение „Ел-Хилал“. Оддееление за информирање


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА

ПОГОЛЕМАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ УЧЕСТВОТО НА ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА Поради намалената активност на градежните компании во изминатиот период, како резултат на запирањето или забавувањето на крупните инфраструктурни проекти, како и забавената инвестициска активност на приватниот сектор, градежништвото

забележа негативни резултати, што беше причина и за пад на учеството на овој сектор во бруто домашниот производ (БДП) во 2017 година за 17,3 %. Ваквиот тренд продолжи и во првото тримесечје од 2018 година, кога споредено со истиот период лани, градежништвото во БДП забележа пад од 37,2%, истакна Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија (25.6.2018 година). Во првите четири месеци оваа година, издадени се значително помалку одобренија за градење во однос на истиот период лани, односно бројот на издадени одобренија е намален за 40,54%, додека предвидената вредност на објектите е намалена за 43,2 %. Овој пад најмногу се чувствува во делот на нискоградбата, каде предвидената вредност на објектите за овој период, во однос на истиот период од минатата година е намалена за 58,7%.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА КОМОРИ ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Најголем застој во работата има на големите капитални проекти, патните делници Кичево – Охрид, Миладиновци – Штип и експресниот пат Градско – Прилеп. Сепак, Здружението очекува дека брзо ќе се надминат причините кои доведуваат до ваквите застои и ќе се продолжи со работа на овие два проекта, во кои се ангажирани голем број градежни компании, имајќи ги предвид заложбите на надлежните органи и

активностите кои се преземаат во насока на отстранување на пречките кои ја забавуваат нивната реализација. Притоа, Серафимовски нагласи дека застојот се однесува само на наведените проекти додека на останатите активно се работи и Здружението ги поздравува сите активности кои Владата ги презема во насока на нивна успешна реализација. Покрај застојот на проектите, беше истакнато дека падот во нискоградбата во изминатите 3 месеци се должеше и на лошите временски услови кои резултираа со реализирање на мал број работни часови. Во однос на високоградбата, во делот на станбената изградба каде се ангажирани најголем број компании, забележано е намалување на предвидениот број на станови од 29,64%, информираше претседателот на Здружението на градежништвото. Но и покрај тоа, изградбата на станбени објекти продолжува. Според податоците од Годишниот извештај за работа на Агенцијата за катастар на недвижности, во 2017 година, во Република Македонија, се регистрирани вкупно 11.363 продажби, од кои само 963 (8,5%) продажби на новоградби, односно прва продажба на недвижноста. Во таа насока, Серафимовски истакна дека во услови на намален обем на трансакциите и зголемена понуда на станови, во иднина само квалитетот ќе ја определува цената на пазарот, при што апелираше граѓаните да одбираат квалитетни градби, односно градби кои обезбедуваат соодветни услови за живот, располагаат со доволен број на паркинг места и зелени површини.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ Во контекст на наведеното, Серафимовски напомена дека во повеќе општини има застој или мораториум околу издавањето одобренија за градење, од причина што се врши ревизија на деталните урбанистички планови. Здружението ја поздравува секоја одлука и активност која е во насока на обезбедување планско работење и урбано живеење, меѓутоа компаниите се надеваат дека активно и забрзано се работи на ревизијата на плановите и очекуваат и позитивни резултати од извршената ревизија кои се во насока на рационално уредување на просторот и обезбедување услови за хумано живеење. Во спротивно, ваквата одлука на општините би довела само до значителни штети и загуби за градежните компании. Во изминатиот период, значително намалување има и во однос на градежните работи во странство, посочи претседателот на Здружението Серафимовски. Во првото тримесечје од 2018 година споредено со истиот период лани, падот на договорени градежни работи во странство изнесувал 61,1 %, додека падот на извршените работи од страна на градежната оператива забележал пад од 12,6 %, што покажува дека се реализираат веќе започнатите проекти, но намалено е договарањето нови проекти. Во таа насока, апелираше до надлежните институции во идниот период да се изнајдат решенија со коишто ќе се зајакне поддршката на градежните фирми кои се препознатливи по својот квалитет и имаат стекнато референци да работат и вршат градежни работи во странство. Сепак, и покрај статистичките податоци коишто во овој период покажуваат негативни трендови, градежниот сектор се надева дека работните активности ќе се придвижат во позитивна насока во следниот период, што влева надеж дека има можност за подобрување на состојбите во оваа стопанска гранка која претставува сериозен двигател на македонската економија. Во градежниот сектор, во моментот се евидентирани 4.814 активни деловни субјекти кои вработуваат околу 53.300 лица што претставува околу 7% од вкупно вработените на ниво на државата. Дополнително, градежништвото со себе повлекува и околу 25 други гранки кои заедно имаат значително големо учество во создавањето на БДП во нашата земја, но се значајни и за развој на производствените и услужните дејности во државата. м-р Нена Николовска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СТАВ ПРЕС СВЕТСКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: ДРЖАВА- ПРИВАТЕН СЕКТОР И покрај свесноста дека преголемата регулираност на односите во државата може да создаде лавиринт од правила во кој ретко кој може да се снајде, и покрај личниот став за потребата од дерегулација во одредени области, сепак ценам за потребно да укажам на потребата од уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор „на хартија“.

Во што се состои оправданоста за ваков чекор? Во важноста секој да си го знае местото во системот. Како следбеници на континенталниот правен систем, се практикува односите во државата да се уредуваат со пропис, па можеби затоа оние области и релации кои не се регулирани со закон, договор или друг пропис, сметаме дека не се ни значајни. Поради тоа, сметам дека со склучување на договор помеѓу државата и приватниот сектор, односот помеѓу двата субјекти ќе добие поголемо значење.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

9

СТАВ Со ваков договор прецизно ќе се дефинира каде престанува мешањето на државата во приватниот сектор; кои се обврските на приватниот сектор спрема државата и како ќе се спроведуваат тие за да бидат ставени во функција на економскиот развој, наместо како да се дејствува стихијно и инцидентно во градењето на релациите со бизнис заедницата и дефинирањето на стратешките приоритети, почнувајќи од обврската за консултација на бизнисот при донесување на прописите, зголемување на квалитетот и брзината на јавната администрација, поддршката и промоцијата на извозот, па се до подобрувањето на состојбите во правосудството, создавање кадар во согласност со потребите на стопанството, квалитетен економско-социјален дијалог, индустриски политики и стратегии за развој. Менаџерите и сопствениците на капиталот се свесни дека мораат да ги исполнуваат своите обврски кон државата, вклучувајќи го особено плаќањето на јавните давачки, но истовремено сакаат да бидат уверени дека тие средства ќе бидат искористени во интерес на бизнисите и на граѓаните, и тоа мора да биде регулирано на соодветен начин. Како организации кои најдиректно ги претставуваат бизнис-интересите на претприемачите, сме единствен природен, незаобиколен партнер на јавниот сектор и единствено во партнерство можеме да ја постигнеме заедничката цел – забрзан економски развој. Бранко Азески, претседател Стопанска комора на Македонија


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕЗЕНТАЦИЈА СВЕТСКИ ПИКНИК

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ Во Стопанската комора на Македонија, пред голем број стопанственици, министерката без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на РМ, Зорица Апостолска, го презентираше Законот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно кој ќе се имплементираат Мерките од Планот за економски раст. При тоа, таа посочи дека Владата е посветена на економскиот раст и развој во земјата, а во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски

раст“, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании. - Целта на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, посочи Апостолска, е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија, преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија, а со кој се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на деловните субјекти кои ќе инвестираат. В.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана ПееваЃуриќ, истакна дека на денешната презентација присутните претставници од заинтересираните компании ќе имаат можност да добијат одговор на одредени прашања околу начинот на аплицирање, постапката за доделување и исплата на финансиската поддршка, како и за начинот на прибирање на документите и подготовка на апликативните решенија, со цел компаниите да ги користат поволностите кои им се


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС нудат со мерките наведени во Законот. Пред стопанствениците, презентацијата ја реализираше Иван Андревски, член на Кабинетот на министерката задолжена за странски инвестиции, објаснувајќи ги мерките од Столб 1 и Столб 2 за кои компаниите може да аплицираат, а притоа ги истакна и трите главни предуслови кои компаниите мора да ги исполнат при аплицирањето. Воедно, беше посочено дека со новите мерки се дава уште посилна поддршка како за странските, така и за домашните инвеститори, кои се креатори на економскиот раст и развој на земјава. Исто така, беше презентиран и калкулаторот за финансиска поддршка на инвестициите, со кој секоја компанија врз основа на внес на своите резултати ќе добие информација за износот на поддршка што може да ја очекува за своите инвестициски проекти. Присутните претставници од компаниите на презентацијата отворија поширока дискусија за дефинирање на техничките детали околу потребната документација и прецизирање во делот на одредени услови во Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Истовремено, за сите дополнителни информации заинтересираните компании кои имаат интерес за аплицирање, а при тоа имаат одредени нејаснотии, ќе имаат можност во следниот период да се обратат директно во Кабинетот на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата на РМ и во директна комуникација со владините претставници да добијат конкретни информации. Законот за финансиска поддршка на инвестициите, правилниците за доделување и исплата на финансиска поддршка, барањата за доделување финансиска поддршка, моделите на писмо за намери и за деловен план, како и калкулаторот за пресметка, се достапни на следниот линк на веб-страната на Стопанската комора на Македонија. http://www.mchamber.mk/(S(gnxohkvf1rkz5kerjqmown45))/default.aspx?lId=1&m Id=55&evt=2&evId=35491 Сашо Деспотоски


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ РЕГИОНАЛНА ЕВРОПСКИ СВЕТСКИ ПИКНИК ФОРУМ ПРЕЗЕНТАЦИЈА

РЕГИОНАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ОХРИД НА ПРОЕКТОТ „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА Проектот „Образование за вработување во Македонија“, поддржан од швајцарската Агенција за развој и соработка, а имплементиран од Helvetas Swiss Intercooperation, Стопанската комора на Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование, започна со реализација на информативни сесии по регионите во Македонија. На 26.6.2018 година во Охрид се одржа првата регионална презентација која имаше за цел пред компаниите од регионот, претставниците на локалната самоуправа и останатите засегнати страни да ги претстави активностите кои ќе бидат имплементирани во наредниот период.

Пред присутните свое обраќање имаше Н.Е. Сибиле Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија во Република Македонија. Зборувајќи за важноста на постоењето систем за развој на стручни вештини во една земја, швајцарската амбасадорка Сутер посочи дека намерата на овој проект не е да се претстави швајцарскиот модел во Македонија, туку преку приспособување на одредени елементи од швајцарскиот систем, соодветни за тоа, да се развие посебен систем за развој на стручни вештини кој ќе биде карактеристичен за Македонија. „Еден таков елемент е принципот на партнерство“, истакна амбасадорката Сутер.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА ПРЕС РЕГИОНАЛНА НОВА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФОКОМОРА ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА „Партнерството помеѓу стручните училишта и приватниот сектор е од клучно значење за да се осигури дека младите ги стекнуваат вештините што им се потребни на работодавците и кои ќе им помогнат полесно да добијат вработување. Ова е причината зошто вклучувањето на приватниот сектор е во суштината на нашиот Проект“. Во фокусот на работа на Проектот е соработка со компаниите и оттука поддршката од бизнис секторот е клучна, затоа во своето обраќање Наташа Јовческа, претседател на Регионалната комора со седиште во Охрид, ги истакна заложбите на компаниите од регионот и поддршката која ќе ја дадат при имплементацијата на активностите на локално ниво. „Соработката помеѓу бизнис секторот и средните стручни училишта е клучна за зголемување на квалитетот на образованието. Сите страни треба да дадеме несебичен придонес во подобрување на образовните програми и подобрување на квалитетот при реализација на практичната настава во компании. Така, ние компаниите ќе можеме да добиеме подобри стручни лица кои побрзо ќе можат да се вклучат во работните процеси“, - истакна Јовческа. На самиот настан беше даден детален опис на активностите и целите кои ги има Проектот. Настанот беше проследен со засилено медиумско присуство и со голем интерес од компаниите од регионот, претставниците на локалната самоуправа и средните стручни училишта. м-р Борис Тримчев


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СТАВ

СООДВЕТНО ПЛАНИРАНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, ЗА ДОЛГОРОЧЕН РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА Градежништвото како сектор – двигател на македонската економија од којшто зависат околу дваесетина други стопански гранки, во изминатите години го даваше импулсот за остварување на растот на домашната економија. Меѓутоа, намалената активност на градежните компании во 2017 година доведе до пад на учеството на градежниот сектор во бруто домашниот производ (БДП) за 17,3 %. Ваквиот тренд со уште позасилено темпо продолжи и во првото тримесечје од 2018 година, кога споредено со истиот период лани, учеството на градежништвото во БДП забележа пад од 37,2%. Воедно и во самата структура на бруто-домашниот производ, градежништвото во 2017 година (учество од 6,17% во БДП) е намалено за 1,23 процентни поени во однос на 2016 година (учество од 7,45% во БДП), додека за првиот квартал на 2018 година наспроти истиот период лани намалувањето изнесува 2,25 процентни поени. Очекувано, забавеното темпо на градежништвото се одрази и врз вкупно остварениот бруто-домашен производ (БДП) на државата кој за првото тримесечје на 2018 година забележа раст од само 0,1%. Падот најмногу се почувствува во делот на нискоградбата, каде изведените градежни работи во првиот квартал од 2018 година, во однос на истиот период лани бележат намалување од 68,4 %. Во овој период забележано е намалување и на бројот на издадени одобренија за градење за 40,3%, додека во однос на предвидената вредност на објектите намалувањето изнесува 82,42 %.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД СТАВ ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Негативните показатели во најголем дел се должат на застојот во реализацијата на капиталните проекти, пред сé на изградбата на патните делници Кичево – Охрид, експресниот пат Градско – Прилеп и гасоводната линија Неготино – Битола во кои се ангажирани голем дел од градежните компании. Запирањето на проектите доведе и до ниско ниво на реализација на капиталните инвестиции предвидени во државниот буџет, при што реализацијата за првите четири месеци изнесува само 11 % од предвиденото. Дополнително, причина за падот во нискоградбата и ниското ниво на реализација, беа и лошите временски услови, кои резултираа со нецелосна искористеност на потенцијалот на градежните компании и мал број на остварени работни часови, особено во Источниот регион. Паралелно, активно се работи на реконструкцијата на патот Кочани – Делчево, како и на изградбата на патиштата, Демир Капија – Неготино, Свети Николе - Штип, Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка. Овие градежни активности, но и најавите за деблокирање на застоите за изградба на големите инфраструктурни проекти автопатот Кичево – Охрид и експресниот пат Градско – Прилеп, навестуваат дека може да се очекуваат подобри резултати во идниот период, бидејќи сите заедно повлекуваат сериозен ангажман на градежната оператива. Изградбата на транспортната инфраструктура која е од меѓународно значење, ќе ги придвижи во позитивна насока и другите сектори, на начин што ќе го олесни транспортот на стоки и услуги и поврзувањето на нашата држава со земјите од регионот и Европа. Искуството, покажува дека без големи и соодветно планирани инфраструктурни проекти неможе да се креира долгорочен тренд на раст на економијата. Во спротивно, секое остранување на пропустите направени при проектирањето, ќе значи дополнително трошење на време и финансиски средства, кои неминовно се одразуваат врз градежниот сектор и економијата во целост. М-р Нена Николовска Стопанска комора на Македонија


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СРЕДБА

ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЧЛЕНКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СО ГУВЕРНЕРКАТА НА НБРМ Денес, во организација на Стопанската комора на Македонија, се одржа заедничка средба на претставници на компаниите членки на Комората со гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

На средбата беа разгледани повеќе прашања, меѓу кои и тековниот макроекономски амбиент и состојбите во банкарскиот систем. Имајќи го предвид значењето на макроекономската и финансиската стабилност при носењето на деловните одлуки и планови на компаниите, посебен акцент беше ставен на разгледувањето на последните очекувања на Народната банка во овој поглед, а особено на макроекономското сценарио за периодот 2018-2019 година. Во овој контекст, гувернерката на НБРМ даде детален осврт на клучните претпоставки за надворешното окружување, коешто е особено важно за мала и отворена економија како македонската. Притоа, беше потенцирано дека глобалната економија и понатаму закрепнува, но со понагласени ризици во контекст на сè поизразениот глобален трговски протекционизам.


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА СРЕДБА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Во понатамошниот тек на дискусијата се разгледуваа проекциите на Народната банка во однос на економската активност, инфлацијата, надворешната позиција на економијата и кредитната активност на домашниот банкарски систем. Гувернерката истакна дека и овие последни проекции посочуваат на здрави фундаменти на економијата, со потенцијал за раст, без притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, коишто се во сигурната зона. Поддршка на економијата се очекува и од банкарскиот систем, којшто и натаму е стабилен, ликвиден и добро капитализиран. На средбата беа разгледани и најновите економски и финансиски показатели, при што беше заклучено дека тековите се главно во согласност со очекувањата, со исклучок на економската активност којашто е послаба заради инвестицискиот пад и ја покажува потребата од побрзо и посилно ревитализирање на циклусот инвестиции. Посебно внимание им беше посветено и на можните внатрешни и надворешни ризици во периодот што следува.

Во вториот дел на средбата, гувернерката на НБРМ водеше плодна дискусија и со присутните претставници на членките на Комората, при што одговори и на бројни прашања упатени од нивна страна. На средбата беше укажано дека ваквата дискусија и отворен дијалог со гувернерката на централната банка е од исклучителна важност за подобро запознавање на бизнис-заедницата со видувањата на НБРМ, коишто се клучни при одлучувањето на централната банка, што потоа се одразува и на целокупната економија.


БИЗНИС ИНФО

18

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СРЕДБА Оваа средба беше одржана заради унапредување на јавно-приватниот дијалог. Во завршницата на средбата, гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Комората, г. Бранко Азески, заеднички нагласија дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина и дека дополнително ќе се работи на унапредување на соработката и комуникација меѓу централната банка на Република Македонија и бизнис заедницата.

Одделение за информирање


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

19

ар Н

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

РАБОТНА СРЕДБА

ИСПЛАТЕНИ 89 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЛАНСКИТЕ ШТЕТИ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ НЕПОГОДИ, НАД 25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО НЕГОТИНСКИОТ РЕГИОН Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во Неготино одржа работна средба со лозарите од тиквешкиот регион. Оваа средба се одржува на еден месец пред бербата на годинешното грозје, со цел навреме да се планира откупот на годинешниот род. Ваков тип на средба министерот Николовски

одржа и со винарските визби. На средбата министерот Николовски ги информираше лозарите за мерките што ги презема МШЗВ во делот на лозарството, како и за првичните проценки за план за откуп на грозје што го имаат доставено винарските визби. „Веќе имавме средба со винарските визби и се доставени првичните проценки за откуп на винарските визби. Оваа година винарските визби немаат залихи и ќе побаруваат околу 150 илјади тони грозје. Денеска сме на средба со лозарите која ја одржуваме навреме пред бербата. Во следниот период ќе разговараме заеднички, МЗШВ ќе биде постојано медијатор и ќе го води овој дијалог помеѓу лозарите и визбите, се со цел како и за другите земјоделски производители, активно да го следиме производството и откупот, и како држава да реагираме навреме тогаш кога е потребно. Во делот на лозарството, како Влада покажавме дека постојано носевме одлуки во интерес на лозарите“, посочи министерот Николовски. Министерот информираше дека за земјоделците од неготинскиот регион изминатите два дена се исплатени над 25 милиони денари за обештетувањата од временските непогоди што се случија минатата година, од мразот. Вкупно и за дел од останатите региони од државата, по основ на обештетувања Агенцијата за финансиска


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

21

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ РАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА СРЕДБА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 89 милиони денари. Пред неколку недели се исплатија околу 100 милиони денари по овој основ за преспанскиот регион. Преостанатите исплати на обештетувањата ќе се реализираат во текот на следната недела. Министерот потенцираше дека минатата година се исплаќаа заостанатите субвенции за лозарството од 2016 година, за 10 отсто со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година се зголемија субвенциите за одржување на лозови насади, односно од 40.000 денари по хектар на 44.000 денари, а поради намалениот род, Владата донесе и дополнителна мерка од 2 денари за килограм грозје предадено во регистрирани винарски визби. Овие субвенции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се исплатија навреме пред почетокот на новата производствена сезона. „Најголем дел се исплатени во декември 2017 година и во јануари, или вкупно над 745 милиони денари пред новата производствена сезона исплативме за субвенции за одржување на лозови насади и дополнителна поддршка од 2 денари. Оваа година воведовме нови мерки, сите кои имаат помеѓу 1 и 10 хектар ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади, и ова е дел од нашите од нашите развојни мерки за лозарството. Со дополнителни 12.000 денари по хектар ќе се подржуваат сите лозари кои ќе извршат промена на сортата на насадите, мора да се научиме да го модернизираме земјоделството и да создаваме конкурентни производи. Зголемен е интересот за мерките од ИПАРД 2 Програмата од страна на винариите и лозарите и тоа се плус пари во земјоделството“, изјави министерот Николовски. Николовски појасни дела МЗШВ ќе ги објави производствените цени на годинешното грозје, што е обврска на министерството и што ќе биде основ за дијалогот со лозарите и винарските визби. Во делот на начинот на исплата, Николовски посочи дека МЗШВ континуирано ќе ја следи состојбата на терен, и ќе се земат во предвид предлозите на лозарите во измените на Законот за вино. Одделение за информирање


22

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

23


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12.7.2018 година (четврток) 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА, ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ

На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика. Предавачи: - Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и - Викторија Спасовска, правен консултант во „Консалтинг Интер Груп“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.7.2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ: Семинарот за вовед во ISO 37001 Ви овозможува да ги разберете основните поими на системот за борба против подмитување (ABMS). Со учеството на воведниот семинар ISO 37001, ќе ја разберете важноста на системот за борба против подмитување и предностите кои организацијата, општеството и Владата ќе ги добијат. Ќе ги научите поимите, методите, техниките и пристапите кои се користат за имплементација на системот за борба против давање мито. Ќе ги разберете основните елементи на системот за борба против подмитување (ABMS). Предавач: Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации - Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 7ми јули (сабота), 2018 година Национална палата на културата, 1, плоштад Бугарија, Софија

7МИ САМИТ И БИЗНИС ФОРУМ НА ШЕФОВИТЕ НА ВЛАДА НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА И КИНА

Министерството за економија на Бугарија, Бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија (БСМЕПА) и Деловниот совет Кина - СЕЕС, би сакале да Ве информираме дека Република Бугарија има чест да биде домаќин на 7-та Средба на шефовите на Влади на земјите од Централна и Источна Европа (СЕЕС) и Кина што ќе се одржи во Софија на 7 јули, 2018 година. Давајќи голема важност на процесот на зацврстување на соработката со Кина и СЕЕС согласно Иницијативата 16+1, Министерството за економија на Бугарија и БСМЕПА организираат Деловен форум во рамките на 7-та Средба на шефовите на Влади, кој ќе се одржи исто така на 7-ми јули, 2018 година во Софија во Национална палата на културата. Во рамки на Деловниот форум ќе бидат организирани четири панел дискусии за секторите: - Високи технологии, инвестиции, индустриско партнерство, заедничко вложување; - Инфраструктура (вклучувајќи и транспортна и патна инфраструктура, енергетика); - Земјоделство; - Туризам. Паралелно ќе бидат организирани и Б2Б средби за вмрежување и сесија за презентација на проекти во рамките на кои ќе се презентираат инвестиции и проекти за кои Кинеските инвеститори бараат партнери.

Контакт: Сашо Деспотоски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: saso@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

БИЗНИС ИНФО

29

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 29 Јуни 2018, Бр. 359

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.