Бизнис ИНФО, број 346

Page 1

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

Број 346 345

БИЗНИС Ваш деловен соработникИНФО во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

bsi.

ISO 9001

Quality Management

1

FS 549642

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 30.03.2018

АМБАСАДОРОТ НА ГОЛЕМОТО ВОЈВОДСТВО ЛУКСЕМБУРГ ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Деловна средба на компаниичленки на регионалните комори со седиште во Штип и во Битола - ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОТТИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПРОЕКТ „ДЕН СО МАКЕДОНСКИТЕ ВОДЕЧКИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ“ ОРГАНИЗИРАН ОД СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ПОКРОВИТЕЛ Претседател на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов

Советoт на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, во периодот од април до август 2018 година, организира Проект:„ДЕН СО МАКЕДОНСКИТЕ ВОДЕЧКИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ”. Според м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвестори, главна цел на Проектот е десет млади амбициозни луѓе од Македонија да поминат еден ден со македонските водечки извршни директори, со што ќе добијат ретка можност да се запознаат како изгледа работниот ден на еден врвен менаџер, квалитетно навлегување во процесите на водењето на компанија, стекнување нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.


БИЗНИС ИНФО

4

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Учеството на извршните директори во Проектот е доказ за нивната посветеност да ги поддржат најдобрите поединци во нивниот кариерен развој кои еден ден ќе ги преземат лидерските позиции во македонските компании, обезбедувајќи им не само знаење, туку и практични вештини и искуства. Програмата е намената за студенти за додипломски, постдипломски или докторски студии на науки од областа на организациски менаџмент, човечки ресурси, бизнис администрација или од областите директно поврзани со примарната дејност на компаниите кои ќе бидат посетени. Советот на странските инвеститори и неговите членови - странските компании во земјава, преку Проектот за поврзување со младите таленти и идните лидери и претприемачи ја презема улогата на генератор на современи практики, технолошки иновации и нови знаења, во насока на воспоставување мрежа на лидери и следбеници. Аплицирањето е по пат на пополнување на онлајн апликацијата на страната на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија: www.fic.mk најдоцна до 5.4.2018 година, а целиот проект трае до крајот на август 2018 година, кога ќе се реализираат средбите со успешните менаџери и бизнис лидери од странските компании во земјава.

Влатко Стојановски


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФАКТОРИНГ КАКО ФИНАНСИСКО РЕШЕНИЕ КОЕ ОВОЗМОЖУВА РАСТ НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА На 27 март 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, во организација на Проектот на УСАИД за факторинг, во соработка со Стопанската комора на Македонија, се одржа конференцијата на тема: „Факторинг како финансиско решение кое овозможува раст на мали и средни претпријатија“.

На конференцијата беше презентиран Проектот за факторинг којшто е тригодишен проект, а започна во октомври 2017 година, чијашто основна цел е зголемување на конкурентноста и проширување на пазарните можности на малите и средни претпријатија во Македонија преку едукација и информирање за пристап и користење на алтернативни извори на финансирање. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

КОНФЕРЕНЦИЈА Проектот за факторинг обезбедува техничка помош и имплементира низа активности преку три главни компоненти: подигнување на свеста и знаењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности; имплементација на правната регулатива за факторинг и финансиска едукација на малите и средни претпријатија.

- Компаниите во Македонија, посебно микро, малите и средните фирми, многу малку или воопшто не користат факторинг. На ниско ниво се и свеста, како и информираноста за овој алтернативен начин на финансирање, - истакна Ловре Ристевски, директор на УСАИД Проектот за факторинг. Тој додаде дека факторингот помага во подобрување на готовинскиот тек на компаниите, обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога им е најпотребен, го поддржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот претставува преземање на недоспеани побарувања. Според него, одложеното плаќање е голем проблем за нашите мали и средни претпријатија, а факторингот може да го скрати рокот, па наместо да чекаат трговецот да им ги даде парите за 90 дена, фирмите ќе ги добијат веднаш и ќе ги искористат во некој друг, поприоритетен правец. - За разлика од банкарските кредити, факторингот не бара дополнително обезбедување, истакна Ловре Ристевски. Министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима на домашните компании, д-р Зоран Шапуриќ, во своето обраќање накусо истакна дека поддршката на микро, малите и средните компании која е една од клучните владини определби,


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

7

КОНФЕРЕНЦИЈА мора да се спроведува на долг рок. Во таа насока, една од мерките е настојувањето да се зголемат средствата во МБПР и значително да се намалат каматите. Факторингот во Република Македонија засега го користат банките и само некои фирми што слушнале и што знаат дека истиот претставува опција да си помогнат во даден момент, а го нудат и осигурителните друштва, како и Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) како придружен производ на осигурувањето за извоз. -Во Европската унија обемот на факторинг изнесува повеќе од 10 отсто на БДП, а во Словенија чиј пазар е поразвиен од останатите во регионот, достигнува три проценти од БДП или 1,2 милијарди евра, - истакна Дарко Стефановски од МБПР, којшто воедно беше и модератор на панел дискусијата во вториот дел на конференцијата. На панел дискусијата гостите Дејан Барбутовски, директор на „АБС Факторинг“ од Словенија, Борис Абрамовиќ, експерт за факторинг од Хрватска, Владо Рошич, директор на „АБЛ Фактор“ од Србија, Драган Гичев, заменикдиректор на сектор за кооперативно банкарство од Стопанска банка АД - Скопје и Станиша Јовановиќ од „Јуникс“ ДОО – Скопје, дискутираа и разменија искуства за факторингот од регионот како алтернативен начин за финансирање, како и за можностите и предностите коишто ги нуди факторингот како финансиска алатка за микро, малите и средните претпријатија. м-р Сања Николова


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

ИНВЕСТИЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА МЕЃУНАРОДНА ПОСЕТИ

АМБАСАДОРОТ НА ГОЛЕМОТО ВОЈВОДСТВО ЛУКСЕМБУРГ ВО ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА По повод предавањето на акредитивните писма, новоименуваниот амбасадор на Големото Војводство Луксембург, Н.Е. Кристиан Бивер, на 27 март 2018 година, реализираше работна средба со Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Амбасадорот Бивер изрази голема благодарност за приемот и покрај тоа што како нерезидентен амбасадор својата функција ќе ја извршува од Луксембург. Притоа, тој истакна дека во иднина ваквиот вид на средби треба да станат редовна пракса со Стопанската комора на Македонија и на ниво на претставници на бизнис заедниците од двете земји. Бидејќи ова беше прва посета на амбасадорот на Комората, претседавачот на Собранието ја претстави целокупната работа на Комората, нејзината историја, залагањата за бизнис заедницата кои дополнително ќе придонесат за развој на бизнис секторот во Македонија, како и условите кои им се на располагање на потенцијалните инвеститори.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

9

ПОСЕТИ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА На средбата беа дискутирани и разгледани можностите како да се продлабочи релацијата помеѓу Луксембург и Македонија и да се зголеми економската и трговската соработка, која засега е на ниско ниво и се одвива главно во металуршкиот сектор. - Македонија за Луксембург, како и за голем број други земји, претставува одлична можност за инвестирање особено во делот на енергетскиот сектор, прехранбената индустрија, информатичко-комуникациските технологии, со одлични поволности за инвестирање и развој на бизнисите според потребите на земјите од ЕУ, - истакна Пешев

Според Пешев, размената на информации и искуства е многу важен фактор за креирање позитивна перцепција за условите за водење бизнис и привлекување инвестиции, а искуството од повеќегодишното работење на компанијата „АрцелорМиттал“ во Македонија, чие седиште за Европа е во Луксембург, може да биде добар пример за останатите компании кои се заинтересирани да влезат на овој пазар. Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Луксембург во 2017 година изнесува 3 милиони САД$, која бележи опаѓање од 20% споредено со 2016 година. Извозот изнесува 1,06 милиони САД $, со пад од 13,11%, додека увозното салдо изнесува 1,95 милиони САД $ и исто така бележи опаѓање од 23,8% споредено со 2016 година. Во 2017 година евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 889,7 илјади САД$, кој во споредба со 2016 година е опаднат за 32,1%, што според податоците се должи на намалениот увоз. Македонија во Луксембург извезува заварени цевки со попречен кружен пресек и апарати за загревање, неелектрични, од железо или челик на гас или други горива. Билјана Пеева-Ѓуриќ


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

ИНВЕСТИЦИИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ЗДРУЖЕНИЈА

СЕДНИЦА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОЖАРСКОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА На 27.3.2018 година во Стопанската комора на Македонија се одржа седница на Здружението на кожарско-преработувачката индустрија, на којашто беше истакнато дека Република Македонија е земја со традиција во оваа индустрија, каде компаниите се познати по својот висок квалитет на производите и производството го извезуваат, што придонесува за ублажување на девизниот дебаланс на земјава. Лидија Миладиновска, сопственичка на компанијата „Де Марко“ од Куманово, беше избрана за претседател на Здружението на кожарско-преработувачката индустрија.

На состанокот беа согледани и актуелните состојби и проблеми во работењето на компаниите од оваа дејност, каде според податоците за индустриското производство за 2017 година споредено со истиот период од 2016 година кај производството на кожа и слични производи од кожа има намалување за 6,3%, а учеството во БДП е минимално и изнесува 0,3%.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

11

ЗДРУЖЕНИЈА И РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Во 2017 година извозот во оваа дејност изнесува 67,8 милиони САД долари, а поодделно кај производството на кожа и производи од кожа изнесува 2,9 милиони САД долари, додека кај производството на обувки изнесува 64,9 милиони САД долари и тоа претставува околу 1,2% од вкупниот извоз на државава. Во истиот период, увозот изнесува 103,9 милиони САД долари, од кои извезени се обувки во износ од 44,1 милиони САД долари, а кожа и производи од кожа во износ од 59,8 милиони САД долари, или 1,35% од вкупниот увоз во државава. Како проблеми со кои се соочуваат компаниите во работењето беа наведени застарениот машински парк кој мора компаниите под итно да го модернизираат ако сакаат да бидат поконкурентни и попродуктивни во работењето, немањето стручна и квалификувана работна сила, неопходноста да се подобрат условите за работа во самите компании, како и насочување и стимулирање на извозот на оваа дејност. Компаниите-членки на Здружението ги согледаа и досегашните ефекти од примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата кој почна да се применува од месец септември 2017 година. Беше истакнато дека само околу 10% од вкупните средства на месечно ниво предвидени со овој Закон се искористени од страна на компаниите и не е постигнат бараниот ефект од примената на истиот. Но и покрај тоа, на компаниите на кои им се одобрени овие финансиски средства од страна на Управата за јавни приходи, тие се` уште не се целосно исплатени, односно се доцни со нивната исплата. Сашо Деспотоски


БИЗНИС ИНФО

12

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ ДЕЛОВНА СРЕДБА

Деловна средба на компании-членки на регионалните комори со седиште во Штип и во Битола - ЗАЕДНИЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОТТИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАСТ Регионалните комори со седиште во Штип и во Битола при Стопанската комора на Македонија, на 28.3.2018 година, организираа заедничка деловна средба на компании од двата региона. Средбата се одржа во Штип, а на деловната средба присуствуваа Наум Барзов и Мирко Велковски, претседатели на управните одбори на регионалните

комори со седиште во Штип и во Битола, како и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата активно учество земаа околу триесетина компании од двата региона. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, Наум Барзов, ја потенцираше можноста за воспоставување поинтензивна деловна соработка по одржувањето на вакви средби кои се во интерес на компаниите, со цел да се разгледаат сите прашања кои се битни за развој на соодветните региони и заеднички да се делува во насока на подобро деловно опкружување.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

13

ДЕЛОВНА СОРАБОТКА СРЕДБА Поддршката од локалната самоуправа е значајна во целиот процес и токму со неа може да се очекува развој на локалната економија. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакна дека му претставува чест што присуствува на денешниот настан насочен кон унапредување на соработката меѓу двата најголеми и економски најразвиени региона во Република Македонија, во организација на двете најголеми регионални комори при Стопанската комора на Македонија.

Во своето поздравно обраќање, претседателот Азески ја потенцираше важноста на овие два плански региона за Република Македонија. Источниот плански регион со седиште во Штип, којшто претставува 14% од територијата на Република Македонија, има 4 пати помал пораст на населението во споредба со наталитетот на Македонија, што директно се одразува врз стопанството. Во Источниот плански регион 14% отпаѓа на земјоделската индустрија, додека носител е текстилната индустрија со 70% застапеност. Во овој регион во интензивен развој се малите и средни претпријатија коишто доминираат со 72% од целокупното стопанство споредено со Пелагонискиот плански регион, каде што малите и средни претпријатија се застапени дури со 90 %. Во Пелагонискиот плански регион има вкупно 5.000 правни субјекти, од коишто 20 се големи компании, 100-150 се средни, а останатите се мали и микро компании. Двата економски центри на источна и западна Македонија, учествуваат со вкупно 24% во вкупниот БДП на Република Македонија.


14

РАБОТНА СРЕДБА ИНВЕСТИЦИИ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ДЕЛОВНА СРЕДБА

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

СОРАБОТКА

- Мораме со трпение и постепено да ги менуваме начините на работа со цел успешно приспособување на моменталната ситуација во Република Македонија, но и во регионот. Наместо со заеднички сили да се користат потенцијалите на земјите од регионот и да се создаваат подобри услови за соработка, ние се оддалечуваме. Статистичките податоци укажуваат на пад меѓусебната соработка на сите земји од Западен Балкан. Од тие причини, потребно е македонските компании да ја интензивираат меѓусебната соработка и со заеднички сили да се пробиваат на странските пазари, истакна Азески.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, заблагодарувајќи им се на компаниите за изразениот интерес за соработка, подвлече дека бизнисот од овие два региона ќе се раздвижи со самото меѓусебно запознавање на деловните луѓе од двата региона и дека се надева на соработка помеѓу регионалните комори со седиште во Штип и во Битола. Барзов истакна дека Штип е град со најмал број на невработени, трговски град кој ја развива индустријата, но се грижи за зачувување на околината (еколошка индустрија). Исто така, тој истакна дека е добра економската клима и општествената одговорност е на повисоко ниво. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, додаде дека е потребно почесто да се одржуваат средби од ваков вид, со цел зголемување и интензивирање


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

15

ДЕЛОВНА СРЕДБА на соработката, како и воспоставување директни контакти и средби меѓу бизнисмените, со значајна поддршка на локалната самоуправа.

Присутните претставници на компании од двата региона ги презентираа своите дејности и потенцијали за идна соработка. Во оваа прилика застапени беа компании од областа на кожарската, текстилната и прехранбената индустрија, градежништвото, металургијата, земјоделието и трговијата. Бизнисмените разменија искуства и мислења за мерки кои се потребни да се преземат за подобрување на климата за инвестирања, а го посочија и проблемот со недостатокот на квалификувана работна сила според потребите на стопанството. Исто така, деловната средба беше искористена како директна можност за воспоставување меѓусебна соработка. Моника Стоичева м-р Никола Димковски м-р Сања Николова


16

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

СТАВ

АЗЕСКИ: НАМЕСТО ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ, ТРЕБА ДА Г ЛЕДАМЕ НА УСПЕШНИ И НЕУСПЕШНИ

Бранко Азески, претседател Стопанска комора на Македонија Странските инвестиции за економијата на било која земја имаат повеќедимензионално значење - тие не само што придонесуваат за зголемување на пазарната конкуренција, за раст на извозот и на вработеноста, туку носат и нови практики, технолошки иновации и нови знаења, како и поефикасно корпоративно управување. Несомнено е дека странските инвестиции овозможија напредок во македонската економија, а бенефитот од нив веќе се чувствува во економијата.Работењето на странските инвестиции во последните години влијаеше на диверзификација на нашиот извоз, како во поглед на производите и дестинациите, така и во поглед на зголемената технолошка интензивност. Речиси 40% од целиот годишен извоз на Македонија во 2016 година го сочинуваа производи кои се произведени во слободните економски зони. Вкупниот извоз на компаниите од зоните во 2016 година изнесува 1,71 милијарди евра и порастот на извозот во однос на 2015 година изнесува 16,33%. Овој тренд продолжи и во 2017 година - извозот на компаниите од слободните економски зони надмина 2 милијарди евра, што претставува пораст од 29,2% во однос на остварениот извоз во 2016 година.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

17

СТАВ Потребно е да се истакне значењето на странските инвестиции и во диверзификација на производите што се извезуваат во странство, имајќи во предвид дека листата на донеодамна традиционалните главни производи од домашните металска, текстилна и хемиска индустрија, кои имаа доминантно место во извозот, сега е проширена на производи кои се произведуваат во претпријатија со странски капитал, како што се катализаторите, автобусите, автомобилските делови, производи од хемиската индустрија, опремата и машините. Имено, дури половина од извозот на Македонија во 2016 година се прави со 10 производи, од кои седум се произведуваат во фабриките кои странските производи ги произведуваат во слободните економски зони. Ако претходно најизвезувани производи беа челикот, нафтените деривати, сега по влезот на странските фабрики, Македонија најмногу извезува автомобилски делови, односно катализатори и филтри за прочистување, спроводници за автомобили, автобуси, седишта за автомобили…. Треба да се потенцира и фактот што производните капацитети на странските инвеститори се градат низ сите региони во земјава, што е многу важно за рамномерен регионален развој и намалување на невработеноста на регионално ниво. Сепак, разликувањето на домашни и странски компании е одамна надминато. Тоа што секој економски модел треба да го има во вид е дали компанијата е успешна или не, и да се настојува со сите ресурси да се поддржат и поттикнат успешните компании, за да придонесат да ја достигнеме посакуваната стапка на економски раст. Единствено успешните компании можат да бидат главните носители на економскиот раст. Се поставува прашањето како државата може да им помогне на успешните компании да станат поуспешни? Прво, тоа би вклучувало промена на целиот економски модел, така што ќе се создадат еднакви услови за игра, без оглед на потеклото на капиталот на компанијата. Единствениот критериум што треба да биде земен предвид е успешноста на компанијата, и изгледите таа да генерира висок економски раст. Тоа би вклучувало обезбедување на рамноправен третман на домашните со странските инвеститори. Во таа насока, потребно е да се донесат повеќе мерки во насока на подобрување на условите за водење на бизнис, односно за зголемување на конкурентноста на домашните фирми.Ова пред се`, се однесува на рамноправен третман на домашните компании со странските во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива, како и субвенционирање и на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување.


18

СТАВ

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

СОРАБОТКА

Исто така потребно е и државата да даде импулс и поддршка на домашните компании за модернизирање на производството, зголемување на капацитетите и подигнување на стандардите.Континуирано мора да се работи на подобрувањето на конкурентноста на домашните компании до степен да можат да се вклучат во синџирот на добавувачи на мултинационалните компании локално, а и во глобални рамки. Паралелно со тоа, Македонија како држава мора преку образовниот систем мора да почне да ги насочува младите кон дефицитарните професии во нашата економија и креирање на што поквалитетен кадар кој ќе поседува апликативно знаење и вештини. Второ, потребно е да се поттикнат успешните компании да соработуваат помеѓу себе. Тоа би вклучувало и поттикнување за унапредување на соработката помеѓу домашните компании со странските компании. Во моментов, се проценува дека околу 500 домашни фирми соработуваат со странските инвеститори со испорачана вредност од 50 милиони евра. Додадената вредност, т.е. „чистата“ нова вредност генерирана од компаниите во ТИРЗ изнесува околу 617 милиони евра, за последните четири години. Вредноста на вкупните инвестициски набавки (набавка на основни средства) направени од домашни субјекти е проценета на околу 148 милиони евра, додека вредноста на вкупните расходи за стоки и услуги набавени на домашен пазар изнесува околу 78 милиони евра. Од просечно учество во БДП од 0,6% за периодот 2011 - 2013 година, нето-извозот на компаниите од ТИР зоните достигна 3,8% од БДП во 2016 година. Учеството на извозот на компаниите од ТИРЗ во вкупниот извоз на стоки од економијата постојано се зголемува, достигнувајќи 47,1% од вкупниот извоз во 2016 година. Како резултат на тоа, растот на извозот на новите фирми претставува основен движечки фактор за раст на целокупната извозна активност на земјата, во услови кога придонесот на останатите традиционални извозни сектори е мал или во изминатите години, негативен. Од друга страна, имајќи предвид дека овие компании увезуваат репроматeријали и опрема од странство, учеството на увозот на овие капацитети во вкупниот увоз на стоки, исто така, континуирано расте, но сепак со побавна динамика во однос на растот на извозот (учество од 27,3% во вкупниот увоз, во 2016 година). Ваквите движења на извозот и увозот на стоки на избраните компании, во анализираниот период условуваат и континуирано намалување на увозната компонента на извозот т.е. постојан раст на додадената вредност на извозот на стоки.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

19

СТАВ

Заклучок Тоа што странските компании го имплементираат како работен процес, менаџерски пристап и размислување, етичко работење, ефективност, заштита на животна средина, професионално усовршување, како и трансфер на технологија и знаење се најголеми придобивки кои би го подобриле нашето ниво на конкурентност. Со тек на време преку локалната соработка ваквиот систем на корпоративно управување ќе премине и кај домашните компании и ќе придонесе за долгорочно подобрување на имиџот на државата. За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и секако можност за извоз на странски пазари. Од тие причини македонските компании треба да се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава, да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании, а тоа значи пред сé со квалитетни производи, конкурентни цени и поседување на потребните сертификати за квалитет. Заедно со нив можат да остварат технолошки напредок, како и воведување современи менаџерски знаења. А, кога еднаш ќе се стане добавувач на странска компанија, тогаш е полесен и патот кон странските пазари.


20

БИЗНИС ИНФО

САМИТ МАЛИТЕ ЗЕМЈИ КЛУБ НАНА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

СОРАБОТКА

Oдржано предавање на тема: „КОЛАБОРАТИВНО ПРЕГОВАРАЊЕ – ПАТ ДО ЛОЈАЛНИ КЛИЕНТИ“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ Задоволниот купувач дава препораки на други потенцијални купувачи, се враќа повторно да купи, а понекогаш е спремен и да плати дополнителен износ за соработка со компанијата на којашто и` верува. Ниту една компанија не смее да си дозволи себе си да ја занемари важноста од задоволството и лојалноста на клиентите. Често се повторува изреката дека колку што е скапо да се придобие нов клиент, толку е скапо да се задржи постојниот. Истовремено, поради профитабилноста мораме да ги идентификуваме клучните фактори кои придонесуваат за задоволството на клиентите и да преземеме мерки кои ќе имаат најсилен ефект во подобрување на искуството на купувачите. Без оглед дали се работи за процес на купување на производ во супермаркет, или за процес на одлучување за користење на одреден вид на банкарска, осигурителна или друг вид на услуга, клиентот се јавува во тој процес како комплексна личност која е под влијание на бројни фактори. Колаборативното преговарање не е начин да го добиете она што го сакате по која и било цена, туку да се балансира. Тоа подразбира да водиме сметка не само за сопствените желби и цели, туку и за аспирациите на другата страна. Помагајќи и` на другата страна да ги оствари своите барања, ќе си го олесниме и постигнувањето на сопствените цели.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

21

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ РЕГИОНАЛНИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ КОМОРИ Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџерипретприемачи, на 29.3.2018 година, се одржа предавањето на темa: „Колаборативно преговарање – патот до лојални клиенти“, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Институтот за индивидуален и организациски развој „Симбиотика“. Учесниците за време на настанот имаа можност интерактивно да се запознаат како и кои се методите на колаборативно преговарање се` до остварувањето на крајната цел - лојални клиенти, бидејќи денес иако секоја компанија сака да овозможи услуга која ги задоволува потрошувачите, тоа не е единствената цел, бидејќи иста компанија може да изгуби контрола врз други бизнис цели, како што се достигнувањето на конкурентна предност или профит. Меѓутоа, задоволството на клиентот донесува многу предности. Повисок степен на задоволство води кон поголема лојалност. На долг рок, попрофитабилно е да се задржи добар клиент отколку константно да се привлекуваат нови клиенти кои што ги заменуваат оние кои што си одат. Задоволните клиенти шират позитивни реакции и во суштина стануваат „подвижна реклама“ за компанијата, со што ги намалуваат трошоците за привлекување нови клиенти. Висок степен на задоволство значи обезбедување на компанијата од т.н. „лоши нешта“, затоа што долгорочните клиенти вообичаено се потолерантни во ситуации каде што истоименото лошо искуство ќе биде заменето со претходните позитивни искуства. Задоволството на клиентот често е поврзано со неговото задржување. Според д-р Ѓуров, преговарањето е процес од кој зависи успехот на целиот бизнис. Со добриот договор се отвора или се затвора просторот за работа на компанијата. Затоа, способноста да се постигне поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата. Денес е многу тешко да се најдат луѓе кои имаат развиени силни преговарачки вештини. Способноста во исто време да се гради релација на доверба и да се преговара, внимавајќи на своите интереси и цели е редок квалитет кај луѓето. Тие или премногу се фокусираат на релацијата или премногу се фокусирани да победат и да извлечат повеќе за себе, занемарувајќи го односот и не градејќи релација за долгорочна соработка.


22

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ - ПРЕТПРИЕМАЧИ Посебно предизвикувачки за преговарање е амбиентот во просторот во кој функционираат македонските компании. Тука традиционално се преговара со „winlose“ пристап. Тоа предизвикува состојба на постојано надитрување и лоши релации. Токму колаборативното преговарање кое се карактеризира за „win-win“ пристап е можност да се постигне договор, профит и да се стекнат лојални клиенти. Тоа се карактеризира со вештини кои овозможуваат противникот да стане партнер кој на долг рок ќе сака да прави бизнис со нас и со нашата компанија. Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери. Валентина Цветковска


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

РАБОТНА ПОСЕТА

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

23

ар Н

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


24

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

САМИТ НА МАЛИТЕ РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ ЗЕМЈИ

Седница на Регионалната комора со седиште во Кичево – РАЗГЛЕДАНИ МЕРКИТЕ ОД ТРЕТИОТ СТОЛБ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ

Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија, на 29.3.2018 година, ја одржа 13. седница на Управниот одбор во проширен состав, на којашто присуствуваа и претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Центарот за вработување во Кичево при АВРМ, како и од Општина Кичево. Седницата ја водеше Шасим Османи, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Кичево. Ирена Ѓоргиеска, од Фондот за иновации и технолошки развој, ги претстави мерките од Планот за економски раст на Владата на РМ, од столб 3: финансиска поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој, преточени во Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој. Во Програмата на Фондот за иновации и технолошки развој, којашто неодамна ја усвои Владата на РМ, предвидени се пет мерки. Првата мерка претставува финансиска поддршка во износ од 30% од прифатливи директни трошоци за поддршка на микро, мали и средни компании, со тенденција на брз пораст („газели“), но не повеќе од 10.000.000 денари за инвестициски проекти како што се изградба на погон, набавка на опрема, купување земјиште, за имплементација на европски технички прописи за безбедност на производите, за воспоставување системи за управување со отпад и друго. Втората мерка од Програмата е финансиска поддршка за овие намени за микро претпријатија (со годишен приход до 3.000.000 денари) со покривање до 30% од прифатливи директни трошоци, но не повеќе од 5.000.000. денари.


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

25

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Бидејќи мерките се однесуваат пред се` за развој и примена на иновативни решенија, најголем процент на покривање на трошоците, до 70% (не повеќе од 20.000.000 денари) е предвиден за третата мерка од Програмата, односно за развој и воведување на нови производи или услуги или значително подобрување на постојните, како и за изработка на индустриски дизајн или редизајнирање на производите, нова амбалажа, изработка на маркетингпланови, подобрување на постојниот или воведување на нов производен процес и друго. Финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени е предвидена во четвртата мерка, со покривање до 30% од трошоците за обука и стручно усовршување на нововработени млади лица до 29-годишна возраст, но не повеќе од 1.000.000 денари. Поддршката преку Фондот ќе има и за „еквити“ и „мезанин“ инвестиции. За мерките во 2018 година превидени се средства во износ од 10,5 милиони евра и истите ќе се доделуваат по пат на три јавни повици. Директорот на Центарот за вработување во Кичево при АВРМ, Трајче Којчески, ги презентираше јавните повици за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Во тек се програмите за субвенционирање на плати, практикантство, обука на работно место за познат работодавач, а пријава може да се поднесе се` до исполнување на предвидениот опфат на корисници, додека за мерката за обуки за персонални асистенти за инвалидни лица пријави може да се поднесуваат до 5.4.2018 година, а за мерката за обука на побарувани занаети, фирмите можат да се пријават најдоцна до 20.4.2018 година, а спроведувачите на обуките, во зависност од занаетот и времетраењето на обуката која може да биде од 3-6 месеци, ќе добијат до 30.000,00 денари паричен надомест по обучено лице. Присутните дваесетина членки дискутираа и за прашања од даночната и царинската сфера со кои секојдневно се соочуваат во своето работење, како и за Предлог-активностите на Регионалната комора со седиште во Кичево во 2018 година. Дијана Лазороскa Јованоска


26

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

27


БИЗНИС ИНФО

28

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 3.4.2018 година (вторник) 9:30-15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

КОНТРОЛИНГ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

Стопанската комора на Македонија на 3 април 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Контролинг во магацинското работење“. Контролингот ги обединува сите процеси од работењето на компанијата, преку него менаџментот може да добие квалитетни информации за сите активности на компанијата и врз основа на истите да креира деловни одлуки кои го унапредуваат работењето. Предавач: - Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting” ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Работен јазик: српски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

10.4.2018 (вторник) Мостар, Босна и Херцегови

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „МОСТАР“ 10 АПРИЛ 2018 ГОДИНА

Интера технологија парк во Мостар, заедно со Стопанската комора на Македонија,Стопанската комора на Србија, Хрватската стопанска комора и Комората занадворешна трговија на Босна и Херцеговина организираат на Меѓународни Б2Бсредби на првиот ден од саемот Мостар, 10 Април 2018 година, со почеток во 15часот на првиот кат на Комора 1 (административна зграда). Како учесник ќе имаат и можност да се слушне деталите за можностите зафинансирање преку програмите на ЕУ (Хоризонт 2020 / SME инструмент) и на услугиза развој и интернационализација на бизнисот понудени од страна на Европскатамрежа на претпријатија (ЕЕН). ЗОШТО ДА СЕ УЧЕСТВУВА? Овие меѓународни Б2Б средби ќе олеснат и ќе ги забрзаат наоѓањето намеѓународните партнери на саемот затоа ние ви нудиме можност за избор напотенцијални партнери во согласност со нивните потреби и информации заделовните партнери и интересите на партнерите. Ова потоа се претвора во листана состаноци што се одвиваат на одредено место и место. Секој учесник добивасвоја сопствена листа на состаноци најмалку еден ден пред самиот B2B настан. РОКОВИ до 04. 04. 2018. - Онлајн регистрација (поставување на профил за соработка) до 09. 04. 2018. - Изберете интересни профили и закажете B2B средби 10. 04. 2018.год - Меѓународни B2B Состаноци Мостар 2018 Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 12 април 2018 година (четврток) 10:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година 100% ќе бидат електронски јавни набавки, а голем број понудувачи се` уште не се подготвени за учество, односно не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција / конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба „Тендерско досие“, поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично. Предавачи: - Марија Јовановска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија. Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - примерок од водичот „Е-Јавни набавки: Подготви се!“ - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13.4 2018 година 9:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ДЕЈСТВИЈА И ТРАНСАКЦИИ ПРЕЗЕМЕНИ ОД СТРАНА НА ДОЛЖНИКОТ НА ШТЕТА НА ДОВЕРИТЕЛОТ – КАКВА ЗАШТИТА МОЖЕ ДА ДОБИЕТЕ ВО СУДСКА ПОСТАПКА?

На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, односно за побивањето на правните дејствија на должникот според одредбите од Законот за облигационите односи, со посебен осврт и на спецификите предвидени во Законот за стечај во однос на побивањето на правните дејствија на стечајниот должник, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. Предавачи: - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје; - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручек и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 5.4.2018 година.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13-14.04.2018 година Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина

МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН МРЕЖА 13–14 АПРИЛ 2018 ГОДИНА, БАЊА ЛУКА РЕПУБЛИКА СРПСКА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Европската мрежа на претприемачи од Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Република Српска, Босна и Херцеговина, ве покануваат да учествувате на 6. Конференција на„РЕДЕТ 2018“ за претприемништво и економски развој на земјите во транзиција и на меѓународните деловни средби што се организираат од 13 - 14 април 2018 година, во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Зошто да учествувате? Имате можност да пронајдете бизнис партнери за соработка, нови клиенти, добавувачи, дистрибутери, да иницирате можности за заедничка деловна или проектна соработка. Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате на следниот линк: http://www.redete.talkb2b.net/members/register. Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24.04.2018 - 29.04.2018 Истанбул, Турција

СОВЕТУВАЊЕ ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА

Стопанската комора на Македонија од 24 до 29 април 2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето во Истанбул, Република Турција, на тема: „Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, можности за распоредување на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, проблеми за распоредување на работниците согласно Законот за работните односи - непредвиденост на поимот рапоредување на работник, поим на повреда на работниот ред и дисциплина според Законот за работните односи и предвидени мерки за ваква повреда, дисциплинска неуредност и дисциплински престап како повреди предвидени во Законот за административните службеници, одговорност на вработените во јавниот сектор за извршувањето на работните задачи“. Предавач: - Бојана Велковска, судија во Основен суд Скопје II – Скопје, Одделение за работни спорови.

Контакт: Михајло Донев Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034

Италија Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005

Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032 Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939


Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

БИЗНИС ИНФО

35

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937

Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483

Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632

Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. Кина CN00000041921

Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930 Кина Компанија од Кина се занимава со производство и обработка на алуминиумски фолии,алуминиумска лента и лим.Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041912

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 30 Март 2018, Бр. 346

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.