Со цел подобро информирање на субјектите од Република Македонија за активностите во Комората, секој петок се објавува електронското гласило на Комората Бизнис ИНФО на интернет и социјалните мрежи. Во гласилото се објаавуваат информации за приеми и посети во Комората, информации од одржани седници на здруженијата и групациите, информации за нова законска регулатива итн.
Можноста Бизнис ИНФО-то да е достапен и на луѓето надвор од Република Македонија, придонесува за афирмирање на потенцијалите на македонското стопанство и активностите на Комората на меѓународен и на домашен план.
Дипломатските претставништва на Република Македонија, како и претставништата на Комората, можат да бидат во тек со секојдневните случувања во Комората преку on-line изданието на Билтенот на Комората.